Поглавје 1 - okno.mk home.pdf8 | ome Ух-ох! Со оглед на судбината на...

23
Поглавје 1 Стариот татко, стариот мајстор

Upload: others

Post on 09-Aug-2020

15 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: Поглавје 1 - okno.mk HOME.pdf8 | OME Ух-ох! Со оглед на судбината на Икар, кој откако не ги послушал советите на

Поглавје 1

Стариот татко, стариот мајстор

Page 2: Поглавје 1 - okno.mk HOME.pdf8 | OME Ух-ох! Со оглед на судбината на Икар, кој откако не ги послушал советите на
Page 3: Поглавје 1 - okno.mk HOME.pdf8 | OME Ух-ох! Со оглед на судбината на Икар, кој откако не ги послушал советите на

7

Како и многу други татковци и мојот повремено можеше да се наговори на играта „Авиони“.

Кога ме подигнуваше сета тежина беше на средишната точка меѓу неговите стапала и мојот стомак.

Во циркуските акробации кога една личност лежи долу и балансира друга - тоа се нарекува „Икарови игри“.

Тоа беше непријатност вредна за реткиот физички контакт, а особено за моментот на совршена рамнотежа кога лебдев над него.

Оф!

Page 4: Поглавје 1 - okno.mk HOME.pdf8 | OME Ух-ох! Со оглед на судбината на Икар, кој откако не ги послушал советите на

8 | FUN HOME

Ух-ох!

Со оглед на судбината на Икар, кој откако не ги послушал советите на татка си летнал преблиску до сонцето кое му ги растопило крилата, веројатно во тоа има и малку црн хумор.

Но, пред тоа успеваше да направи многу нешта.

Килимов е валкан. Донеси правосмукалка.

А после донеси ми мал чекан. Се

одлепи украсниот фриз.

несомнено најголем успех му беше опсесивната обнова на нашата стара куќа.

Повторно!

Во нашата реконструк-

ција на тој митски однос не

настрадував јас, туку татко ми

беше тој кој паѓаше од

небото.

Page 5: Поглавје 1 - okno.mk HOME.pdf8 | OME Ух-ох! Со оглед на судбината на Икар, кој откако не ги послушал советите на

9

Тоа е само куќа.

Испрати ја Тами, имаш

работа.

Испери ги стариве завеси, па ќе ги

поставиме рачно везенине чипкани што ги најдов на таванот на госпоѓата Страмп.

Да?

Алисон!

Негодував кога другите деца ја нарекуваа нашата куќа палата. Ме лутеше импликацијата дека сме богато или на кој било начин необично семејство.

Позлатени корнизи, мермерен камин, кристални лустери, полици со книги во кожа – не купувавме такви нешта бидејќи татко ми многу добро ги импровизираше.

Впрочем, бевме необични иако долго не знаев точно зошто, но не бевме богати.

Page 6: Поглавје 1 - okno.mk HOME.pdf8 | OME Ух-ох! Со оглед на судбината на Икар, кој откако не ги послушал советите на

10 | FUN HOME

Татко ми знаеше од ѓубре... ...да направи злато.

Знаеше без многу труд да ја доведе просторијата до полн сјај.

Можеше да замисли цел ентериер од некој период само гледајќи парче падната боја.

Неверојатно.

Ме боли раката.

Беше алхемичар за алат, професионалец за површини, Дедал за декор.

Речиси совршено.

Ова би требало да стои под

агол.

Page 7: Поглавје 1 - okno.mk HOME.pdf8 | OME Ух-ох! Со оглед на судбината на Икар, кој откако не ги послушал советите на

11

Оти ако татко ми беше Икар, беше и Дедал... Вешт мајстор, луд научник кој на својот син му направил крила и го осмислил славниот лавиринт...

Тапети за мојата

соба?

Ама мразам розово! Мразам

цвеќиња!

Штета баш.

(Англиски за

матуранти)

Историските реставрации не му беа работа.

Тоа му беше страст. Мислам, страст во секоја смисла на зборот.

Либидинална. Манична. Маченичка.

...и кој не ги прифаќаше општествените закони, за разлика од оние на својот занает.

Page 8: Поглавје 1 - okno.mk HOME.pdf8 | OME Ух-ох! Со оглед на судбината на Икар, кој откако не ги послушал советите на

12 | FUN HOME

Нашата куќа од периодот нова готика беше изградена 1867 година за време на краткиот економски процут на пенсилванското гратче, поради дрвната индустрија.

Но од тој момент богатството како да бегало од гратчето. Кога моите родители во 1962 година ја купиле куќата, таа имала само траги од некогашниот сјај.

Ролетните и резбаријата исчезнале. Фасадата беше обложена со груба шиндра.

Page 9: Поглавје 1 - okno.mk HOME.pdf8 | OME Ух-ох! Со оглед на судбината на Икар, кој откако не ги послушал советите на

13

Светлото од голите светилки ги откривало старомодните тапети од времето на војната и дрвенаријата обоена во пастелно зелена боја.

Сé што останало од сјајот на куќата од славното доба на дрвната индустрија - раскошната стреа на тремот.

Но, во следните 18 години татко ми ја врати куќата во првобитна состојба и многу повеќе од тоа.

Исусе! Ова сигурно е

оригинален украс за стреата на

тремот.

Како Дедал, повремено покажуваше восхитувачко мајсторство.

Page 10: Поглавје 1 - okno.mk HOME.pdf8 | OME Ух-ох! Со оглед на судбината на Икар, кој откако не ги послушал советите на

14 | FUN HOME

Го обработуваше неплодниот двор... ...и бујниот расцветан пејзаж.

Ракуваше со камења од половина тон...

...како и со најтенките нежни златни ливчиња.

Тоа можеше да биде

романтична приказна како од филмот

Прекрасен живот кога

Џими Стјуарт и Дона Рид

ја поправаат старата куќа

и таму прават семејство.

Здраво, драга!

Здраво, тато!

Page 11: Поглавје 1 - okno.mk HOME.pdf8 | OME Ух-ох! Со оглед на судбината на Икар, кој откако не ги послушал советите на

15

Но, во филмот една вечер Џими Стјуарт ќе дојде дома и ќе почне да им вика на сите...

Држи ја исправе-

но.

Еден од моите браќа.

Томи, престани со тоа! Џејн, нели ја научи веќе таа

глупава песничка?

...тоа не е нормално однесување.

Игличките се остри!

Бестрага!

Постојано го свириш истото... Сега престани!

И Дедал беше рамнодушен кон човеч-кото страдање заради своите проекти.

Не ме тепај!

Со леснотија го измамил кралот кога кралицата го замолила да ѝ направи маска од крава за да го заведе белиот бик.

Џорџ, зошто мора да ги

малтретираш децата?

КУХ-КЛИНК!

Page 12: Поглавје 1 - okno.mk HOME.pdf8 | OME Ух-ох! Со оглед на судбината на Икар, кој откако не ги послушал советите на

16 | FUN HOME

И, навистина, резултатот на таа измама – чудовиштето, половина човек, половина бик – го инспирираше дотогаш најдобриот изум на Дедал.

Минотаурот го сокри во лавиринтот... Во сплет од премини и простории кои бескрајно се отвораа една во друга...

...а од кој, како што за жал откриваа залутаните момчиња и девојчиња...

...бегството беше невозможно.

Потоа, тука се и познатите крила. Дали Дедал навистина заболел од тага кога Икар паднал во морето?

Или само бил разочаран од неуспешната конструкција?

Page 13: Поглавје 1 - okno.mk HOME.pdf8 | OME Ух-ох! Со оглед на судбината на Икар, кој откако не ги послушал советите на

17

Понекогаш, кога сé одеше како што треба, тато уживаше што има семејство.

Или барем во атмосферата на автентичност која ја дававме на неговиот експонат. Своевидна мртва природа со деца.

Секако, моите браќа и јас бевме бесплатна работна сила. Тато нé сметаше за продолжение на своето тело, како раце на роб.

Истури ја врелата сапуница и донеси

ми чиста крпа.

Во таа смисла, не нé одгледуваше Џими, туку Марта Стјуарт.

Теоретски, неговиот аранжман со мама беше многу покооперативен.

Што мислиш за плинскиов

лустер?

Бордел.

Практично - не.

Page 14: Поглавје 1 - okno.mk HOME.pdf8 | OME Ух-ох! Со оглед на судбината на Икар, кој откако не ги послушал советите на

18 | FUN HOME

Секој од нас пружаше отпор на свој начин, но бевме подеднакво беспомошни пред конзерваторските испади на тато.

Курварлук. Одвратно е. Ех-ех-ех-

ех! Пкргх!

Изгледа како

черепи.

Моите браќа и јас не можевме да се натпреваруваме со астралните светилки, ѕидните свеќници и хеплвајт столиците - беа совршени.

Тргни ги смрдливите

нозе од мене.

Алисон, дојди да ми помогнеш

да го обесам огледалово во твојата соба.

Растев замерувајќи му на татко ми што мебелот го третираше како деца, а сопствените деца како мебел.

Повисоко. Не мрдај.

Ја мразам собава.

Рано ја открив склоноста кон ненакитеното и исклучиво функционалното.

Кога ќе пораснам мојата куќа целата ќе биде од метал, како

подморница.

Page 15: Поглавје 1 - okno.mk HOME.pdf8 | OME Ух-ох! Со оглед на судбината на Икар, кој откако не ги послушал советите на

19

Бев Спартанец, а тој Атињанин. Модерна, а тој викторијанец.

Буч, а тој Нели.

Кому е грижа ако засеците не се

совпаѓаат?

Жолтата долчевита.

Веднаш.

Утилитарист, а тој естет.

Каква е целта да се направи нешто од кое

е толку тешко да се избрише правта?

Убаво е.

Page 16: Поглавје 1 - okno.mk HOME.pdf8 | OME Ух-ох! Со оглед на судбината на Икар, кој откако не ги послушал советите на

20 | FUN HOME

Развив презир кон бескорисните украси. Каква е функцијата на свитоците, ресичките и украсчињата со кои беше преплавена куќата?

Почеток на жолта

белод-робна

треска.

Ако ништо друго, ја замаглуваа функцијата. Беа украси во најлоша смисла.

ПЛИНГ

КЛИНК

Беа лага.

Тато изгледаше морално сомнителен одамна пред да дознаам дека има мрачна тајна.

Мама вели да

побрзаш.

„Стик за самопотем-нување“

Својата вештина и мајсторството не ги користеше за да создаде нешто, туку работите да ги направи онакви какви што не се.

Мисата ќе заврши пред да

стигнеме.

Односно, беспрекорни.

Page 17: Поглавје 1 - okno.mk HOME.pdf8 | OME Ух-ох! Со оглед на судбината на Икар, кој откако не ги послушал советите на

21

На пример, се чинеше како идеален сопруг и татко.

Но, дали идеалниот сопруг и татко би имал полови односи со тинејџери?

Ретроспективно, примамливо е да се твр-ди дека нашето семејство беше измама.

Дека нашата куќа не беше вистински дом, туку симулакрум на дом, музеј.

Сепак, навистина бевме семејство и живеевме во тие историски соби.

Не можам да ги најдам

ножиците! Погледни во чипендејлот.

Page 18: Поглавје 1 - okno.mk HOME.pdf8 | OME Ух-ох! Со оглед на судбината на Икар, кој откако не ги послушал советите на

22 | FUN HOME

Сепак, фалеше нешто важно.

Па?

Јас, четири години.

Брат ми Кристијан, три години.

Еластичност, маргина за грешка.

Како вазнава се нашла толку близу до работ

на масата?

Но, не направив

ништо!

Претпоставувам дека повеќето луѓе нау -чуваат да прифатат дека не се совршени.

Дури и ситна забелешка за краватата, додека појадувавме, можеше да го исфрли од колосек.

Мир, човеку.

Page 19: Поглавје 1 - okno.mk HOME.pdf8 | OME Ух-ох! Со оглед на судбината на Икар, кој откако не ги послушал советите на

23

Не ја менувај, доцниме!

И таа подучува книжев-

ност.

Мајка ми постави правило.

Не коментирајте како изгледа.

Јасно?

Добро, лошо, сеедно.

Што ако нешто е добро?

Освен што не смеевме да го критикуваме татко ми, искажувањето љубов беше уште поризично.

На пример, никој во семејството не се изразуваше телесно. Но, еднаш ме обзеде желба да го бакнам за добра ноќ.

Бидејќи немавме навика да го правиме тоа, успеав само да му ја фатам раката и лесно со усните да му ги допрам прстите...

...како да е бискуп или елегантна дама, пред да избегам од собата од непријатност.

Page 20: Поглавје 1 - okno.mk HOME.pdf8 | OME Ух-ох! Со оглед на судбината на Икар, кој откако не ги послушал советите на

24 | FUN HOME

Тој срам беше намален модел на татковото многу поразвиено гадење спрема себеси.

Неговиот срам ја населуваше нашата куќа, незапирлив и невидлив како мирис на стар махагон.

Впрочем, педантно уредените ентериери беа посебно осмислени за да го прикријат.

Огледала, збунувачки бронзени кипови, повеќекратни врати, поради кои посетителите на катот често залутуваа.

Боже, ќе поминев директно низ ова!

Page 21: Поглавје 1 - okno.mk HOME.pdf8 | OME Ух-ох! Со оглед на судбината на Икар, кој откако не ги послушал советите на

25

Мајка ми, браќата и јас ги знаевме патеките доволно добро. Но, беше невозможно да се знае дали минотаурот се наоѓа зад следниот агол.

Трајно оштетен

линолеум

А постојаната напнатост беше зголемена од фактот дека некои средби беа и пријатни.

...па и тој влече, влече и влече, при што на слончето носот му стануваше сé подолг – и страшно го болеше.

Неговите изливи на добрина беа прекрасни исто како што изливите на бес му беа мрачни.

...Кога заоѓа сонцето денот што го позла-

тува, едно дете сонува...

Не гаси светло во

претсобјето.

Page 22: Поглавје 1 - okno.mk HOME.pdf8 | OME Ух-ох! Со оглед на судбината на Икар, кој откако не ги послушал советите на

26 | FUN HOME

Иако добро ги набројувам маните на својот татко, тешко ми е долго да му се лутам.

Престани да прскаш!

Верувам дека делумно е така зашто е мртов, а делумно зашто летвичката е пониска за татковците отколку за мајките.

Ми влегува во очи!

Биди мирна,

бестрага!

Мајка ми сигурно ме капела стотици пати. Но најјасно се сеќавам како татко ми ме полева со металниот виолетов бокал.

Топлината што ме преплавуваше од водата што се слева низ мене...

...ненадејното, неподносливо студенило на нејзината отсутност.

Пак!

Дали беше добар татко? Би сакала да кажам „барем беше тука“. Секако не.

Page 23: Поглавје 1 - okno.mk HOME.pdf8 | OME Ух-ох! Со оглед на судбината на Икар, кој откако не ги послушал советите на

27

Вистина е дека се уби дури кога имав речиси 20 години.

Но неговата отсутност резонира-ше ретроактивно, одекнувајќи низ целото време додека го познавав.

Можеби налик на болката што ја чувствуваат инвалиди во отсечените екстремитети.

Навистина беше присутен сите тие години, тој од крв и месо, со пареа ги вадеше тапетите, копаше дупки за стеблата, ги полираше украсите...

...мирисаше на струготини, пот и дизајнерски парфеми.

Но, мене ме болеше како веќе да го нема.