МОЈ КЛУБ 100

46
ГОЦЕ СМИЛЕВСКИ БЛАГОЈ НАЦОСКИ КРИСТИЈАН ДАНИЛОВСКИ РОСИЦА МРШИЌ САШКО КОЦЕВ КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ Нови телефони Гости: SAMSUNG S6 EDGE+ HUAWEI P8 ОКТОМВРИ 2015 ПРОДОЛЖУВАМЕ ЗАЕДНО, ВО СВЕТОТ НА ЕДЕН ТЕЛЕКОМ!

Upload: telekom-mk

Post on 23-Jul-2016

253 views

Category:

Documents


0 download

DESCRIPTION

МАГАЗИН ЗА ТЕХНОЛОГИЈА И МОДЕРНО ЖИВЕЕЊЕ

TRANSCRIPT

Page 1: МОЈ КЛУБ 100

ГОЦЕ СМИЛЕВСКИБЛАГОЈ НАЦОСКИКРИСТИЈАН ДАНИЛОВСКИРОСИЦА МРШИЌ САШКО КОЦЕВ КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

Нови телефони

Гости:

SAMSUNG S6 EDGE+HUAWEI P8

ОКТОМВРИ 2015

ПРОДОЛЖУВАМЕ ЗАЕДНО,

ВО СВЕТОТ НА ЕДЕН ТЕЛЕКОМ!

Page 2: МОЈ КЛУБ 100

The

NEW DW ON MAXTV

Channel 653

dw.com

dw.comDeutsche Welle | 53110 Bonn | [email protected]

Local heroesneed

globalinsights

Page 3: МОЈ КЛУБ 100

СОДРЖИНА4 Продолжуваме заедно

во светот на еден Телеком!

Гоце СмилевскиБлагој Нацоски Fx3x, Кристијан Даниловски Росица Мршиќ Сашко Коцев

Samsung S6 Edge+Huawei P8

Нека биде музика!

Добредојдовте во комуната на рамнотежата

НАСТАН ЗА ПАМЕТЕЊЕ

ГОСТИ НА МОЈ КЛУБ:

ТЕЛЕФОНИ:

ЖИВОТ ВО „ОБЛАЧИЊА“

СПОРТ ИЛИ ЗАБАВА

КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

6-20

22

24

32

39Списание за членовите на Мој клуб; излегува секој втор месец; Уредник: Оливера Ќорвезироска; Дизајн: Издава: Македонски Телеком; Oдговорен сектор: Маркетинг и Комуникации.

Контакт: Кеј 13-ти Ноември бр. 6, Скопје; тел.: 02 3242 585.

Page 4: МОЈ КЛУБ 100

4 НАСТАН ЗА ПАМЕТЕЊЕ

ЗАЕДНО ВО СВЕТОТ НА ЕДЕН ТЕЛЕКОМНа 19 септември вечерта, сите патишта водеа кон Порта Македонија. Повеќе од 60.000 посетители 6 часа уживаа во незаборавната атмосфера која различните вкусови ги обедини во заедничко задоволство! Каролина, Северина и DJ David Morales беа наши и ваши гости!

Page 5: МОЈ КЛУБ 100
Page 6: МОЈ КЛУБ 100

6 ГОСТИН НА МОЈ КЛУБ

Гоце Смилевски

РОМАН-ВИЗА ЗА НАШИОТ (МАЛ) ЈАЗИК Најновиот роман на Гоце Смилевски „Враќањето на зборовите“ е позначаен за нашава книжевност и за нашиов јазик, отколку за самиот автор: докажан и покажан мајстор на раскажувањето, преведуван и уживан на триесетина јазици. Македонската книжевност и македонскиот јазик сѐ додека вдомуваат ваков раскажувач – нема од што да се плашат и нема зошто да се грижат. Токму затоа и „Враќањето на зборовите“ е поважен настан за сите нас, отколку за авторот: виза за нашиот мал јазик слободно да патува на која било точка на Книжевната топка.

Page 7: МОЈ КЛУБ 100

77

Мој клуб: „Враќањето на зборовите“ излезе непосредно пред летото, пет години по „Сестрата на Зигмунд Фројд“, тринаесет години по „Разговор со Спиноза“ и петнаесет години по Вашиот првенец „Планетата на неискуството“. Тој донесе повеќе читачка тишина отколку каква било критичка врева. Сите го читаат, речиси никој сè уште не пишува за него. Како гледате на тоа?

Г. Смилевски: Во овој контекст во кој живееме, а кој, за жал, во голема мера го дефинираат движечки сили кои се дел од „сеопштата историја на бесчесноста“ (и тоа со едно специфично значење, кое е блиско и до она кое го подразбираат расказите кои Хорхе Луис Борхес ги собира во книгата под тој наслов, „Historia universal de la infamia“, но и она друго значење, кое го објаснува Данило Киш во своето автопоетичко дело „Homo poeticus“), отсуството на критичката врева е пред сè благослов за пишување следни дела. Секако, благодарен сум за единствениот критички осврт, кој го напишавте токму Вие. Но тој Ваш текст е драгоцен исклучок, кој го потврдува правилото за молкот кој, во еден ваков контекст и ваква врева, носи благослов да се пишува понатаму.

Сметате ли дека книжевната критика во Македонија е пребавна или дека, можеби, е потребно некое дефинирано минимум/максимум време? Колку

брзината на реакцијата на критиката му е потребна на едно ново дело? Особено на Ваше ново дело, затоа што молкот во овој случај може да се толкува и како комплимент. Како функционира книжевната критика низ светот, наспроти нашата, домашната?

Во повеќето земји, критичките осврти следуваат непосредно по објавувањето на едно дело, а најдоцна три месеци по самата објава. Таму постои поинаква стратегија во однос на презентацијата на делата. Каталозите се печатат една година пред да излезат книгите застапени во нив, а пилот – примероци од книгите им се испраќаат на критичарите неколку месеци пред делото да биде дистрибуирано во книжарниците, така што критиките се објавуваат во исто време кога и самите дела, па читателите се запознаени со она што е тукушто отпечатено. Кај нас, како што знаеме, практиките се поинакви.

„Едност во која се среќава сè“Историската зададеност во Вашите дела станува препознатливо место, самозададен творечки императив. Метафорично кажано, ја негувате како орхидеја. Зошто? Како гледате на временските, а како на географските растојанија?

Се обидувам сè да согледувам како да е дел од една единствена точка, и,

ГОСТИН НА МОЈ КЛУБ

истовремено, како да е дел од бескрај. Како сè да се случува во еден единствен миг, и истовремено, како секој миг да се протега во бесконечност. Во таквото поимање на просторот и времето, сè е овде и сè е насекаде, сè е сега и сè е секогаш. Секако, можете да кажете дека таквото поимање на просторот и времето е само концепт, но тоа за мене е реалност, барем во миговите на создавање на едно дело. Од друга страна, не мислам дека таквото искуство е повластица само на некој кој пишува за други времиња и простори. Верувам дека такво доживување на просторот и времето, на некаква Едност во која се среќава сè, искусуваме сите, тоа искуство е дел од нашето секојдневие, иако не се случува секој ден.

„Враќањето на зборовите“ од една страна е роман за за Елоиза и Абелар во 12 век, од друга - за крволочноста на изборот помеѓу „да се знае“ или „да се сака“ во еден беспрекорен универзален и безвремен контекст. Бегате во минатото, се криете во него или таму најлесно се пронаоѓате себеси?

Мислам дека пишувањето никогаш не може да биде бегање или криење, туку само (само)пронаоѓање. Без разлика за кого се говори, без разлика во кој временски и просторен амбиент се одигрува едно пишано дело, тоа е едно парче од себе кое оној кој пишува му го дава на оние кои ќе го читаат.

ЈАЗици, ЈАЗици...

Романите на Гоце Смилевски досега се преведени на: англиски, албански, амхарски, арапски, босански, бразилски португалски, бугарски, чешки, хрватски, дански, фински, француски, германски, унгарски, малајаламски, хебрејски, италијански, корејски, латвиски, литвански, холандски, норвешки, полски, португалски, романски, руски, српски, словенечки, шпански, турски...

Page 8: МОЈ КЛУБ 100

„Пат кон преводите“: „пат“ на јазикотКако стојат работите со „Враќањето на зборовите“ во смисла на преводи во други земји и на други јазици?

Секој роман си има свој пат кон преводите, и на тој пат може да се движи побргу или побавно. Мојот претходен роман, „Сестрата на Зигмунд Фројд“, за овие пет години стигна до тоа да може да биде читан на триесетина јазици низ светот, а во изминативе неколку месеци, потпишав договори за објавување на новиот роман на десетина јазици. Според тоа, постои веројатност дека, по пет години, и „Враќањето на зборовите“ ќе биде преведен на исто онолку јазици колку и претходниот.

Македонскиот јазик смета на Вашите романи (не се грижи за своето постоење сè додека вдомува вакви книжевни писма). Сметаат ли вашите романи на него? Каде се гледате себеси во јазикот на којшто пишувате?

Пред многу години, како постдипломец на Централно-европскиот универзитет во Будимпешта, го напишав мојот магистерски труд за Милан Кундера на англиски јазик, но тогаш не помислив дека романот на кој во тој миг работев („Разговор со Спиноза“) треба да го пишувам исто така на англиски. На претставувањата на моите романи во странство, честопати ми го поставуваат прашањето зошто не почнам да пишувам на некој од т.н. големи јазици. Иако тоа прашање ми го поставуваат често, јас самиот себе никогаш не сум си го поставил, во смисла со таа запрашаност да си дадам поттик да пишувам на јазик преку кој полесно и побргу ќе стигнувам до што поголем број читатели. Пишувањето е, меѓу другото, и уживање во самиот јазик, задоволство кое го носи обликувањето на цел еден свет преку зборовите, а јас најудобно се чувствувам во македонскиот јазик, и ако некогаш се случи да напишам роман на друг јазик, тоа ќе биде само краткотраен излет.

Како го замислувате вашиот идеален читател? Од каде е, колку е стар? Маж е или жена?

Да се биде идеален читател значи да се биде отворен кон светот и кон себе, да се доживеат радоста и болката на другите како свои, да се влезе во дијалог со размислите на авторот и на ликовите, и во миговите на читањето да се избрише границата меѓу себе и книгата пред себе.

О. Ќорвезироска

8 ГОСТИН НА МОЈ КЛУБ

Љубовта на Елоиза и Абелар е маркантна историска вистина од 12 век на која низ времето се „смалиле“ фактите и не можејќи повеќе да се облекува во нив, израснува во некаква книжевна универзалност, раскажувачка „наметка“ за Тристани и Изолди, за професори и ученички, за безусловни љубови и жртви, за одрекувања, лишувања, престапи и злосторства сторени од страст… Недораскажлива, недоиспишлива, љубовната приказна на Елоиза и Абелар е стожерот во овој роман околу кој се врти кругот преку фиксираното раскажувачко јаже за гласот на Елоиза. Ова е јас-роман, раскажува Елоиза за себе, за својот (погрешен?) Абелар, за астролабот како единствено наследство од својот (погрешен?) татко, за синот Астралаб именуван во чест и во спомен на детската зборовна грешка при изговорот на омилениот наследен предмет-фетиш-амајлија од незнајниот татко, но и роден како општествена грешка-престап. Елоиза двапати се откажува од науката, од знаењето,

од себеси: првиот пат, откажувајќи се од својот син заради Абелар, вториот пат откажувајќи се од своите морални начела, исто така заради Абелар. Абелар е кастриран, двајцата се замонашуваат и до крајот на животот со различна фреквенција си пишуваат писма каде што зборовите се единствениот кревет за нивната страст... Целиот роман, целиот живот, Елоиза го бара, го замислува и индиректно го пресоздава својот син когошто и го наоѓа паралелно со смртта на остарениот, снеможен и покајан Абелар. Елоиза и нејзиниот син Астралаб се среќаваат во чудна ситуација: тогаш кога таа ја губи својата половина (Абелар), а Астралаб тукушто ја стекнал во својот љубовник, во своето Сè, именувано како Збор/Verbum! Ова грандиозно романескно финале е маестрално раскажано и до толку сеопфатно што воспоставува универзална рамнотежа

и универзална (не)правда. Знаењето на Елоиза е подгазено и не користи низ животот, речиси идентично како што љубовта на Абелар е подгазена за да може целосно да се искористи (само) знаењето. Поради можноста за широка идентификација на современите читатели и многуте точки за актуелизација на состојбите од 12 век доведени во корелација со проблемите и прашањата на нашево време, овој роман на Гоце Смилевски е многу повеќе од историографска фикција. Овој роман е вистински жанровски празник.

НиЗОК ПРЕЛЕТ НАД „ВРАќАњЕТО НА ЗбОРОВиТЕ“

Page 9: МОЈ КЛУБ 100

Белкантото на нашиот Благој Нацоски никогаш не ја остава рамнодушна ниту најпрефинетата публика, одовде до најдалечните континенти. Тој живее во Италија од 1998 година, но по неговото професионално оперско деби во 2003 во престижната Римска опера (Teatro dell’Opera di Roma), настапува насекаде - во речиси сите оперски куќи во Италија, во Германија, Австрија, Полска, Чешка, Унгарија, Франција, Белгија, Хрватска, Шпанија, Кипар, Швајцарија, но и во Канада, САД, Бразил, Уругвај, Тајланд, Јапонија... Ако Миланската скала на многумина им останува вечен сон, за Благој таа (Миланската скала) годинава стана прекрасна реалност. Отсега улогата на Пинг од операта „Турандот“ вечно ќе биде врежана во неговите најубави сеќавања, но и во аналите на македонската оперска историја.

За неговиот глас и најстрогата оперска критика не штеди епитети – прецизен, елегантен, светол, луксузен, добро насочен, музикален, никогаш претеран до карикирање на ликовите, толку убав и мазен што некои ги потсетува на кремавиот десерт „маскарпоне“...

НАШЕТО МУЗИЧКО „МАСКАРПОНЕ“

99ГОСТИН НА МОЈ КЛУБ

Благој Нацоски

Прво лице еднинаМој клуб: Имаме слушнато дека малиот Благојче пее арии откако знае за себе. Како оди приказната за ова дете и операта, во прво лице еднина?Б. Нацоски: Ах, мислам дека таа приказна подобро би можеле да ја раскажат моите родители, или пак, мојата баба, но, еве, ќе се обидам и јас. Потекнувам од семејство кое изобилува со музичари и моите допири со музиката, односно операта, датираат уште пред да се родам. Мајка ми (оперската певица Лидија Нацоска) настапувала во претстави и додека била бремена со мене. Инаку, ми имаат раскажувано дека на двегодишна возраст, моите баба и дедо (тогаш членови на хорот на МОБ) ме качиле на оперската сцена за време на операта „Палјачи“, така што ете и денес се шегувам дека веројатно тоа би било моето „оперско деби”. Значи,

Page 10: МОЈ КЛУБ 100

пеам од кога знам за себе. Ги знаев, а и сè уште ги знам на памет сите улоги на мојата мајка. Дури и се облекував како неа, па ја имитирав и во пеењето и во глумењето. Имам многу случки од детството за раскажување, но ќе ви кажам само уште една. Се сеќавам дека во второ одделение еднаш си потпевнував за време на часот и наставничката ми рече да не пеам тука туку да одам и да пеам надвор. Јас, дете како дете, ја сфатив буквално и спокојно излегов да продолжам да си пеам во ходникот на училиштето. За миг излегоа сите од околните училници за да видат што се случува, така што мене ми се случи и првото „концертно деби“.Рано покажаниот талент не значи секогаш и професионална определба. Каков беше вашиот пат до елитното европско и светско оперско семејство? За многумина до оперската Мека, Италија, се стасува по пат кој води низ многу земји, но за вас таа како да беше судбински предодредена. Вие токму оттаму целевте кон останатите оперски дестинации.За време на моите средношколски денови во музичкото училиште во Скопје не знаев каде точно ќе го продолжам моето натамошно образование, но со сигурност знаев дека тоа ќе биде во странство. Во таа смисла, од пресудно значење беше една битолска средба со двајца италијански професори, кои веднаш во рамките на својата оперска мајсторска школа ме ставија на „испит“. Ми зададоа за само два дена да подготвам една, за мене, непозната арија и да ја исполнам на закажаниот финален концерт. За среќа, добро се снајдов во овој голем предизвик и се случи онаа заемна професионална „љубов на прв поглед”. Така заминав во Рим каде го школував гласот со светски познатите педагози Мирела Паруто и Антонио Боаје и во 2003 се здобив со дипломата од конзерваториумот „Личинио Рефиче“ во Фрозиноне. Но, со тоа не сопре наобразбата, па вокалната техника ја усовршував и со Ана Ванди во Рим, со специјалистот за тенорските улоги во оперите

на Росини, Раул Хименез во Барселона, како и со Силвија Боса во Фиренца.

„Гром од ведро небо“ или сепак.. Ако Италија ви се случи веднаш, за Миланската скала требаше да чекате повеќе од една декада. Требаше ли тоа да биде порано или токму годинава беше вистинското време? Поминаа токму 12 години од моето римско деби до дебито во Милано, односно во престижната „Ла Скала“. Само малку требаше тоа да се случи уште пред точно 10 години (во октомври 2005), но од денешна дистанца сум убеден дека е подобро што се случи оваа година. Тогаш ми беше понудена една главна улога, но како дел од третата поделба. Заради сплет на специфични околности со некои менаџерско-бирократски игри, тоа не се реализира. И подобро, зашто по овие 12 години плодна оперска кариера, се чувствувам многу позрел во интелектуална и уметничка

10 ГОСТИН НА МОЈ КЛУБ

Page 11: МОЈ КЛУБ 100

смисла за настап на сцената на оваа престижна и историски важна оперска куќа. Инаку, самата покана за ангажман во операта „Турандот“ во „Скала“ дојде како „гром од ведро небо”, тогаш кога најмалку очекував такво нешто. Тоа не беше обична претстава туку продукција која беше во центарот на вниманието на целиот свет. Беше наменета за свеченото отворање на ЕКСПО 2015, беше првата продукција на маестро Рикардо Шаји откако беше назначен за нов музички директор (шеф-диригент) на „Скала“, целиот настан беше емитуван на националното радио и телевизија, а наскоро се очекува и издавање на операта на ДВД. Едно е да се гледа од страна, но велат дека тоа возвишено чувство на станување дел од оперската историја може да се почувствува единствено кога сте „лице в лице“ со секое ќоше од овој оперски храм. Вам за кратко време ви успева тоа да го сторите два пати. Добивте ангажман во уште една продуција, веднаш по дебито. Можете ли да ни пренесете макар мал дел од атмосферата за време на вашиот прстој во „Скала“? Во периодот на пробите и претставите на „Турандот“ како дека живеев во еден друг свет. Во „Скала“ навистина има една уникатна магија која не можете да ја почувствувате во ниеден друг театар во светот. И она што е најбитно, уште кога ќе влезете во театарот сите придонесуваат да се чувствувате како да сте најважната личност на планетава. Ништо не ви недостасува. Имаше моменти на голема возбуда, но едноставно не ве оставаат да пеете лошо. На пример, на првата сценско-оркестарска проба таа возбуда ме попречи да започнам да пеам во моето вистинско светло. Маестро Шаји го запре оркестарот и ми се обрати пред колегите со следниве зборови: „И јас сум нервозен, сите сме нервозни, но ти немаш потреба да бидеш нервозен, зашто си одличен. Улогата ја имаш совршено подготвено и ја пееш прекрасно, така што

сега ќе почнеме пак од почеток, а ти само пеј онака како што се договоривме на претходните ансамблови проби”... Круна на овој голем успех за мене беше приоѓањето на кастинг директорот на „Скала“ (меѓу чиновите од третата претстава), кој ми понуди улога во операта „Тоска“, веднаш по завршувањето на сите претстави од продукцијата на „Турандот“. Спомнавме дека поминаа цели 12 години од дебито во Рим до она во Милано. Но, тие не поминаа како било, туку исполнети со многу настапи, нови откритија, големи успеси. Ќе ви успее ли да ги издвоите најважните улоги кои ја маркираа вашата професионална угорница? Во февруари навршуваат 13 години од мојата уметничка дејност и досега имам испеано дваесетина главни и повеќе од десетина средни улоги. Би сакал да поминат уште неколку години, односно да испеам уште неколку (главни) улоги пред да донесам заклучок која улога би ја нарекол животна. А статистиката вели дека следниот месец ќе ја испеам мојата десетта продукција на операта „Дон Џовани“, а во декември и 11-тата, што значи дека улогата на Дон Отавио е рекордна во мојата кариера. По неа следува Грофот Алмавива во „Севилскиот бербер“, во ноември во Јужна Кореја ќе го пеам во 8-ма продукција, околу 60 пати досега...

Што понатаму? Правите ли проекции за деновите од вашата оперска зрелост и професионалниот залез? Ах, по „Скала“ би можел и да се пензионирам (се шегувам). Во моментов навистина се чувствувам реализирано, како професионално, така и приватно, така што немам некои посебни мечти. Знам дека ќе се вратам повторно во „Скала“ и тоа ме полни со радост. Доколку дојдат понуди од Метрополитен, Ковент Гарден или Париз се разбира дека ќе ги дочекам со радост, но тие не се пресудни во моментов. Откако ќе ја завршам кариерата на изведувач би сакал да раководам со некој театар или со некој музички фестивал, па и да создадам некој. Многумина млади, особено по настапот во „Скала“, ме прашуваат дали би ги подучувал, но засега не би се занимавал со редовно академско предавање, освен во форма на мајсторски курсеви. Многумина меѓу уметниците сакаат да се пофалат дека се вистинските амбасадори на својата земја, но малкумина се такви како вас кои без престан и во слободното време и надвор од своите официјални настапи лобираат за Македонија. Нема да заборавам дека еднаш за време на еден лет кон Италија зборувавте за македонската историја што натера еден италијански новинар да признае дека имал погрешна слика за нашата земја и тоа да го објави во својот весник...Јас лично сум добро подготвен што се однесува до историјата, фактите и неправдите кон мојата татковина, така што е тешко некој мене да ме „победи” во однос на тоа прашање. Малкумина знаат дека поседувам ретки документи и извадоци од италијански весници од почетокот на ХХ век каде што се зборува за Македонија, а кои ги откупив од колекционери. Исто така, посветувам и должно внимание на изведбата на домашното творештво и негова афирмација во меѓународни рамки. Едноставно, тоа сум јас, иако понекогаш и самиот се прашувам од каде тој особен активизам кога Македонија не ми возвраќа со истата мерка.

Текст: Б. К.МФоотграфии: Е. Николова-Лиере

1111ГОСТИН НА МОЈ КЛУБ 1111ГОСТИН НА МОЈ КЛУБ

Page 12: МОЈ КЛУБ 100

fx3x, Кристијан Даниловски

НA ВРВОТ ОД ФИЛМСКИОТ СВЕТНајрепрезентативно интервју од областа на филмската уметност кое може да се направи за јубилејниот, стоти број на Мој клуб магазинот е токму со компа-нијата за визуелни ефекти fx3x, најуспешниот македонски извозен бренд на филмски план. Приказната фино се заокружи летово со промоцијата на универ-зитетското помагало и збирка бизнис студии на случај, насловена „Кршење на мраз на претприемачки начин: Процеси и студии на случај за успешни претпри-емачи од Централна и Источна Европа”, во која македонската компанија влезе меѓу петнаесетте фирми чии стории зборуваат за освојување на меѓународните пазари, доаѓајќи од економии во транзиција, чија движечка сила е трансфор-мацијата кон поконкурентни економии. Во исто време, се случи и скопската и светската премиера на петтиот дел од серијалот „Терминатор“, каде што „вме-шаа прсти“ и нашите аниматори. За сево ова, и многу повеќе, низ разговорот со еден од основачите на fx3x, Кристијан Даниловски.

12 ГОСТИН НА МОЈ КЛУБ

Page 13: МОЈ КЛУБ 100

13ДРУГАТА СТРАНА НА ТЕХНОЛОГИЈАТА

Приказна за успехот Мој клуб: Финализацијата на приказната за успешноста на Вашата компанија во книга, всушност, започна во 2011 година во Варшава. Кој, освен Вас, беше виновен за ваквиот развој на настаните и како се одвиваа тие од пред четири години до денес?К. Даниловски: За тоа што нашата приказна заврши како case study за успешна приказна во академски учебник, покрај нашиот тим се заслужни професорките Македонка Димитрова и Илијана Петровска од Универзитетот Американ колеџ Скопје. Од нив потекна идејата да се напише студијата и да нè номинираат за Европски шампиони за претприемништво во 2011, и повторно по освојувањето на наградата со нивни труд произлезе овој академски учебник, кој го претставивме на промоцијата во ФХ3Х, што воедно беше и првото претставување на оваа книга. Благодарност до нив и до сите кои беа на промоцијата, од мене, од коосновачот Миливое Ѓорѓевиќ, како и од целата екипа на ФХ3Х.Димитрова и Петровска на конференцијата за новинарите ја раскажаа онаа романтичната, ентузијастична приказна дека една од причините за Вашиот меѓународен успех е визијата и упорноста да се истурка до крај она што сте го замислиле. Но, што, всушност, содржи поглавјето во книгата во кое сте претставени, каков тип податоци им нуди на младите претприемачи кои ќе имаат можност да ја прочитаат книгата, до која мера сте „соголени“ од приредувачите на книгата, коавторите Џулија Пратс, Марк Сосна и Силвија Шишко – Романчук?

Пред конкретно да го одговорам прашањето, сакам нешто да појаснам: свесен сум дека сме единствена македонска компанија која влегла во ваков учебник, и тоа со намера го преформулирам во „прва“, наместо „единствена“, зашто очекувам многу други наши компании да го дадат својот пример преку иновативноста, упорноста и професионалноста. Околу соголувањето, па реално и не би го нарекол така – сепак беше процес при кој наоѓавме модели како да го прикажеме развојот, а да ги испочитуваме нашите клиенти, а воедно да биде интересно мотивациско четиво за оние кои ќе го користат учебникот. Книгата опфаќа повеќе моменти од работењето на ФХ3Х, како и клучни одлуки и активности врзани за нашиот развој. Верувам дека го најдовме вистинскиот баланс, и дека со ова придонесовме да се издаде еден интересен учебник кој ќе се користи во Универзитетите низ светот. Дури и самите професорки, по две и полгодишното истражување и работа со Вас, на крајот рекоа дека не откриле кои се тие моменти кои можат да се сметаат за клучни при финалниот успех на Вашата компанија. Според Вас, сепак се работи за неколку клучни моменти во вашето, еве веќе осумнаесетгодишно опстојување на пазарот...Досегашното искуство ми покажува дека не постои нешто што би го нарекол финален успех, секогаш може подобро. Но, сепак, имаше многу клучни моменти, во повеќе наврати чувството беше како да почнуваме од почеток, а повторно, не можам да издвојам само еден момент како клучен. Мислам дека не постојат работи како финален успех или неуспех,

некои места кои ги претставуваат врвот или дното. Многу е поважно да ги следите идеите кои ве поттикнале да ја започнете авантурата и одвреме навреме да се проверите дали сте на вистинскиот пат. За нас оваа динамика претставува вистински предизвик, и ако знаете кој е вашиот пат, ќе се чувствувате инспирирани, мотивирани, и со малку среќа, и задоволни. Особена мотивација ни биле моменти, како на пример кога го добивме првиот холивудски филм – „Авијатичарот” на Скорсезе - беше навистина нешто ново и голем чекор кон она што ни беше идејата. Втор таков момент беше кога започнавме соработка со Industrial Light and Magic на Џорџ Лукас, и тоа на филмот „Terminator: Salvation”, понатаму започнувањето соработка со MPC Technicolor, и ред други.

Не ДАЛИ туку КАКОКои беа првичните замисли во средината на 90-те со Вашиот партнер Миливое Ѓорѓевиќ кога ја стартувавте компанијата? Дали уште на почетокот сонувавте за Холивуд, или сепак бевте поскромни во очекувањата?Имавме среќа со Мишко да ја споделуваме истата идеја од самиот почеток. Уште пред да ја основаме ФХ3Х нашата амбиција беше да работиме на холивудски филмови, и во поглед на нашите цели воопшто не бевме скромни. Нè инспирираа филмови како „Терминатор 2“ и „Паркот Јура“. Не се фокусиравме на очекувањата, се посветивме на тоа како да ги постигнеме. Како дојде до моментот да „скокнете во тавче“ и да почнете да работите на холивудски остварувања?

Page 14: МОЈ КЛУБ 100

Ние сакавме да работиме на филмови, фирмата во која бевме тогаш немаше такви планови, и решението беше очигледно, ако никој не ја споделува нашата идеја - тогаш самите треба да си ја реализираме. Прашањето не беше ДАЛИ туку беше КАКО. Бидејќи во тој момент оваа индустрија забрзано се развиваше, имаше доволно примери глобално, и наше беше да бидеме отворени за промени и да бидеме подготвени да учиме.Како функционира тој момент при финализација на замислените сцени - колку Вие нудите решенија, или сепак се работи за режисерска визија при која Вие сте само извршители на бараното? Се работи за колаборативен процес. Главните решенија од областа на визуелните ефекти во еден филм се решаваат помеѓу режисерот и супервизорот на визуелните ефекти. Имено, супервизорот е задолжен да ја реализира режисерската визија, и притоа да ги предложи најефективните решенија. Понатаму главниот супервизор за визуелни ефекти го комуницира договореното со компанијата или компаниите задолжени за изработка на визуелните ефекти.

Дневни премрежија и свежо цеден сокКако изгледа еден вообичаен работен ден на Кристијан Даниловски? Низ какви премрежија треба да помине во текот

на денот, за проектите кои се во тек да бидат готови на време?Секој ден е различен, дотолку повеќе што работиме со повеќе клиенти во различни временски зони, но ако бараме по нешто заедничко, тоа би било утринското кафе со Мишко (всушност, кафето е свежо цеден сок), брифинзи со продуцентите од визуелните ефекти и анимација, прегледување на некој понапреден кадар од филм за show reel, разговори со супервизорите за најновите проекти, а попладне и со клиентите, со некои на конференциски повик, со некои по е-пошта...Веќе имате повеќе од двесте вработени, претежно млади луѓе, вљубеници во филмската анимација. Колку е лесно или тешко да се најде квалитетен кадар во Македонија?Она што е најважно е дека во Македонија има луѓе што сакаат да работат, кои се вредни и кои се гордеат со она што ќе го сработат. Тоа е она што заедно нè придвижува напред. Кадар кој е подготвен веднаш за работа не е можно да се најде, за што бевме свесни уште од почетокот, така што ни беше вклучено во нашите размислувања и планови за развој. На почетокот моравме целосно да му се посветиме на овој процес, а сега е полесно од порано, бидејќи со текот на годините започнавме да остваруваме контакт и соработка со сите образовни

институции во Македонија со кои имаме каков било допир со она што се работи кај нас. Без оглед дали се универзитети, приватни или државни, од кои посебно би гo напоменал Финки, или приватни академии како New Man’s, на пример, веќе креиравме успешни модели на обука со коишто добиваме кандидати со вистински солидна основа. Понатаму нивните знаења можеме многу лесно да ги подигнеме на бараното ниво, преку нашиот интерен тренинг каде што се стекнуваат со знаење за да можат да започнат да работат на проектите. Што им е повозбудливо на момците и девојките - да работат на 2Д или 3Д филмови?Мислам дека повеќе зависи од филмот и комплексноста на работата во него, отколку дали е 2Д или 3Д. Секако дека работењето во 3Д претставува поголем предизвик поради дополнителните барања за стереоскопија, но добар дел од основните процеси и постапки се идентични, така што на крај сепак решава самиот филм.

Минутажа, грабање на филмскиот колач и останувањето во играПоследниот филм во кој имате удел е петтото продолжение на „Терминатор“, еден од најуспешните филмски серијали. Тоа на некој начин е остварување на

УСПЕСи, НАгРАДи и ПРиЗНАНиЈА Мој клуб: На колку и на кои холивудски филмови работевте досега, и колку (групни) награди стојат зад Вас?К. Даниловски: Досега сме учествувале во над 60 холивудски проекти, десетина македонски и регионални продукции, неброен број реклами. Во однос на наградите, во 2007 година бевме номинирани за наградата ЕМИ за телевизиската серија „Патот до 11 септември” на Дејвид Канингам, a по ова признание имавме среќа да работиме на филмот „Златниот компас” на Крис Вајз, кој во 2008 освои Оскар за визуелни ефекти. Во последниве неколку години, речиси секоја година некој од филмовите на кои работиме е номиниран за Оскар за визуелни ефекти, секако посебно се истакнува 2012 година, кога работевме на три од петте номинирани филмови: „Avengers”, „Prometheus” и добитникот на Оскар за најдобри визуелни ефекти – „Животот на Пи“.

14 ГОСТИН НА МОЈ КЛУБ

Page 15: МОЈ КЛУБ 100

сонот на секој филмофил. Колкав е Вашиот удел во филмот, врз кои сцени работевте и воопшто, со колкава минутажа во просек сте присутни во филмовите во кои досега сте работеле?„Терминатор 2“ ни беше еден од филмовите кои нè инспирираа да се занимаваме со визуелни ефекти. Ова е веќе втор филм од серијалот на којшто работиме по „Terminator Salvation”, и за нас е навистина задоволство што, еве, сега работиме на филмови за кои некогаш само сме „сонувале” да работиме. За „Terminator Genisis“ изработивме 7 секвенци, во период од два месеца и екипа од 20 артисти. Минутажата и работата во филмовите варира, на пример, на проектот „Tomorrowland: A World Beyond“ како дел од екипата на најстарата, најголемата и најистакнатата компанија Industrial Light & Magic, работеа 70 артисти во текот на 9 месеци, и тоа е најобемен проект досега во целокупното наше работење. Се разбира, работата

на проектите се зголемува, така што сум сигурен дека наскоро ќе зборуваме и за проекти со уште поголем обем на работа. Претпоставка е дека конкуренцијата низ светот во овој бизнис е голема. Колку пазарната цена, која варира од земја во земја, е фактор за грабање на дел од филмскиот колач?Нормално е дека цената игра важна улога, сепак е глобален пазар, но она што ние го нудиме е врвен квалитет, знаење и искуство, како и достапност на клиентите во секое време. А она што нè прави квалитетни е постојаното учење и приспособувањето на новите техники и технологии. Често патувате на бизнис состаноци во Лос Анџелес. Колку тие се задоволство, а колку напор да се остане во игра, во тек со настаните, филмот, бизнисот? Со какви луѓе се соочувате?На тие состаноци им посветувам многу време и енергија, сепак, тоа се состаноци со врвот на нашиот бизнис глобално, се среќаваме со врвни професионалци

од „нашиот свет“ и го вложуваме трудот, мораме секогаш да сме фокусирани и да се презентираме во најдобро светло. Ниту едно задоволство не доаѓа без многу вложена енергија, почитувањето на нашите клиенти и соработници во Холивуд не го сметам за напор, всушност, нашето мото уште од почетокот е Star Quality without the Star attitude – „Ние не сме ѕвезди, ѕвездите се на екранот!“.И за крај, што е она што Ве опушта, покрај филмовите кои се Ваша професионална определба. Имате време да прочитате некоја книга, да отидете на концерт, можеби на рибарење со пријателите? Некое хоби?Си посветувам квалитетно време на семејството и на пријателите, и ако барем мене ми е премалку таквото време, тогаш исклучувам сè друго, и сега засега функционира. Правам сè што во моментот ме прави среќен. Игор Анѓелков

Page 16: МОЈ КЛУБ 100

16 ГОСТИНКА НА МОЈ КЛУБ

Таа учи од големите мајстори на Академијата за визуелни уметности и дизајн во Утрехт, Холандија, ја усовршува мајсторијата на создавање облека на Иститутот за уметност во Чикаго, САД, комплетно создавајќи го денес веќе добро препознатливи-от дизајнерски потпис. Росица Мр-шиќ. Со една шармантна едноставност зачинета со доволна доза на роман-тична женственост и авангардност, Росица создава креации кои непре-тенциозно ја раскажуваат нејзината творечка визија. Таа им препушта на формите, боите и уникатните кроеви да говорат сами за себе, не опто-варувајќи ги со непотребни украси, модни додатоци...

Водена од за неа својствениот минималистички пристап, каде што помалку говори повеќе, Росица Мршиќ ја создава својата пролет/ лето 2015 колекција, претставена на Модниот викенд во Скопје. Колекцијата е извонреден спој на навидум неспоивите елеганција и безгрижна лежерност, при што чистите линии се спротивставуваат на необичните геометриски форми и бои и говорат за нејзината дизајнерска суптилност, но и желба за иновативност и автентичен моден израз.

Асмитерија, контраст и униформаМој клуб: Росица, како вие би ја опишале новата колекција?Р. Мршиќ: Сметам дека веќе доволно темелно и детално го доловивте изгледот на новата колекција. Идејата зад секоја колекција е првично да се создаде концепт кој е нов и различен од претходниот. Овој пристап секогаш ми претставува предизвик, затоа што ми овозможува да истражувам и да дефинирам нови форми во изразувањето, како и нови силуети при креирањето на целосната колекција. Вториот важен чекор е да се дефинира

Росица Мршиќ

ГРАНИЦИТЕ НА (НЕ)МОЖНОТО

Page 17: МОЈ КЛУБ 100

17

рамката во која ќе се развива колекцијата, за да се задржи препознатливиот дизајнерски израз кој веќе подолго време се обраќа на својата публика, а кој треба да е нов, свеж, и во исто време практичен и удобен. А како би ја дефинирале во три збора? Асмитерија, контраст и униформа. Колекцијата е современа, со употреба на едноставни линии кои интригантно се прекршени и претворени во асиметрични кроеви, и е наменета да се носи од утро до вечер. Парчињата од колекцијата претставуваат одговор на потребите на секоја урбана жена која го сака индивидуалниот, неконвенционален начин на модно изразување, и која хедонистички ужива во секое парче создадено со многу внимание и посветеност. Тие се пред сè удобни, изработени од високо квалитетни природни материјали, ја имаат препознатливата игра на контраст, носат суптилност која се меша со женственост, а преку јасните геометриски линии покажуваат став и одлучност во изгледот. Архитектурата со сето нејзино шаренило на геометриски форми и облици е она што постојано ве поттикнува. Но, каде на друго место мисловно „талкате“ по инспирација? Инспирацијата за секоја колекција зависи од интересите и расположението во моментот на создавање. Постојано ги држам очите отворени и љубопитни, и тоа ми помага дополнително да истражувам и дефинирам нови идеи/концепти при создавање.Велите дека ве привлекува традиционалната естетика, а секогаш посегнувате по храбар и смел пристап кој им пркоси на правилата и очекувањата. Имате ли свои правила во дизајнот кои не милувате да ги прекршувате? Секогаш ме привлекува традиционалното од аспект што ми овозможува да ги прекршувам правилата и со тоа да градам сопствена естетика. Со текот на работењето низ годините, успеав да изградам правила кои строго ги почитувам и кои се одраз на мојот сложен, перфекционистички однос кон создавањето модна облека.

„Модата е одговор на стилот“ Доследноста во вашиот дизајн, како и неговата препознатливост, но во истовреме и изненадувањето и иновативноста кои со себе го носи секоја ваша нова колекција, докажуваат дека модата и стилот не мора да си противречат, ами некојпат стануваат едно, совршен спој... Како вие ја гледате релацијата помеѓу нив? За мене модата постои само како одговор на стилот. Модата без личен печат и без идеја, односно која е само одраз на претходно дефинирани модни трендови, завршува како сезонска понуда која веќе наредната е мината и непривлечна. Модата треба да е одраз на нашите потреби, вкусови, естетики, ставови, додека стилот е тој што нè дефинира како индивидуи.Убавината на вашиот дизајн ја препознаваат и надвор од границата на Македонија. Вашите колекции се продаваат во концептуални бутици во Дубаи, Виена, Софија, Лозана, што говори за постоењето на универзална убавина која ги спојува разликите... Девојката во креацијата на Росица Мршиќ е девојка со космополитски дух, жена која се познава себеси и која ужива во својата едноставност. Како вие ја „гледате“ идеалната девојка за вашите креации? Идеалната девојка за моите креации е храбра, но и нежна, интелигентно софистицирана, љубител на фини и уметнички нешта, со секојдневна потреба за квалитетен моден изглед и индивидуално градење на стилот.Освен на вашата интернет продавница www.rosica-mrsik.com, парчињата облека кои ги создавате од неодамна се достапни и на онлајн платформите, Nineteenth Amendment, Etnico и Young Republic. Колку е тешко македонскиот дизајн да допре до светскиот пазар?Секој производ може да излезе од рамките на локалното. Одредено од идејата, употребниот квалитет, естетика, материјал, зависи потенцијалот на производот.

СОН ЗА ОСТВАРУВАњЕ Мој клуб: Имате ли сон кој чека да биде остварен? Р. Мршиќ: О, да. Постојат многу сонови кои постојано чекаат да се станат дел од сработеното. Постојано работиме на отворање нови можности и реализирање на нови идеи/ проекти, а тоа нè држи да бидеме креативно будни.

ГОСТИНКА НА МОЈ КЛУБ

Page 18: МОЈ КЛУБ 100

Моето искуство покажа дека прво треба темелно да се оформи производот и да се дефинира приказната што ја носи. Покрај концептот, квалитетот на изработка и материјал, тој треба да носи глобално прифатена естетска нишка за да се пласира на нови странски пазари.

Најкреативното ќоше на светот Вашите професионални ангажмани, како и соработките со имиња надвор од границите на Македонија ви овозможуваат многу патувања. Па, кое според вас е најкреативното ќоше во светот? Каде луѓето се најподготвени за модни експерименти и кршење на модните правила?Сметам дека на многу места во светот луѓето уживаат во носењето храбри и иновативни модни парчиња. Креативноста најмногу се чувствува во градови каде што постои мултикултурно општество, каде што разноликоста од бои и шари, придонесува за иновативни и автентични модни решенија. Најблиската географска одредница до мојот естетски сензибилитет е англиската улична мода.Што мислите за модните блогери како нови двигатели на модната сцена?Очекувано е да се менуваат трендовите во начините на изразување и пренесување на новините. Уличниот стил прави модата да живее надвор од модните случувања, списанија,

каталози, телевизија... Ставањето личен печат во начинот на носење модни парчиња укажува на индивидуален пристап кон градење на сопствениот стил. Иако секогаш сум поборник за новото и различното, не посветувам многу внимание на работата на модните блогери. Тоа што мене ме интересира е готовиот облик и форма на самата облека, како и следење на новостите во другите области на визуелното изразување и дизајн.Актуелна и особено интересна е новоста за вашата соработка со луксузниот синџир на продавници Macy’s. За вас ќе речат дека сте една од неколкуте индивидуални дизајнерки имиња во светот кои наскоро ќе имаат чест да се претстават на Macy’s интернет купувачот. Откријте ни повеќе за тоа...Измината година беше во фокусот на остварување соработки со значајни американски ТВ куќи и онлајн платформи. Една од нив е соработката со платформата Nineteenth Amendment која ни отвори можност за пласирање на моите колекции во Macy’s, која треба да започне некаде од септември. Секој успех е мотив плус да се вложува уште повеќе, а оваа соработка ни покажа дека иако создаваме во мала и ограничена средина, сами сме одговорни за тоа колку и до каде ќе ги бутнеме границите на можното.

Текст: Ц. Беличанска-БожиновскаФотографии: Е. Николова-Лиере

18 ГОСТИНКА НА МОЈ КЛУБ

Page 19: МОЈ КЛУБ 100

1919ОДБЛИЗУ СО:

НАШИОТ И ВАШ ДОБАР ПРИЈАТЕЛ – САШКО КОЦЕВ

Page 20: МОЈ КЛУБ 100

Тој е театарски и филм-ски актер, водител, стендап комичар кој одлично се снаоѓа во секоја од овие уло-ги. Неговиот мобилен постојано ѕвони и ни-когаш не е недостапен. Вистински професионалец кој никаде не излегу-ва без својата насмев-ка. Публиката ужива во неговата смисла за хумор, а тој возвраќа со константна посвете-ност и впечатлива умеш-ност со што трајно го освојува вниманието на сите. Сашко Коцев е наш пријател подолго време, и е дел од еден нерас-кинлив круг на добра соработка. Специјално за стотиот број на Мој клуб, лежерно разго-вараме со нашиот и ваш добар пријател - Сашко Коцев.

Корпоративно загревање Мој клуб: Се сеќавате ли на првата соработка со нашата компанија? С. Коцев: Да, секако. Тоа беше денот на ребрендирањето на МобиМак во Т-Mobile кога на плоштадот „Македонија“ имаа концерт „Пет шоп бојс“. Имав водителска задача, да го означам ребрендирањето, да го најавам бендот и да го отворам концертот. Се сеќавам дека дојде еден од менаџерите зад сцена и ме праша: „Кој си ти, момче“? Му реков „Јас сум актер, а вечерва сум водител“. Посака да го прегледа текстот за да одобри што смеам да зборувам .Откако го прегледа, остави само неколку зборови – добро вечер, МобиМак, T-Mobile и уживајте, хахаха. Човекот со најдобра намера ми ја уништи мојата духовитa најава. Еве едно прашање, за корпоративно загревање: Колку често патувате? Дали ова лето приватно или можеби професионално ги искористивте

поволносите на новите цени на нашата роаминг услуга?Патувам, не многу често, но сепак доволно. И приватно и професионално. Информациите за роаминг услугите ги знам, особено ми е важна онаа за сурфање во роаминг, а за разговор единствено користам ѕвонење со *123*#, тоа сум го запомнил. Имам мал проблем со иницијатива, ги знам услугите, ги знам поволностите, ама никако да ги активирам и да ги искористам. Добро ме потсетивте да го направам тоа веднаш, па макар и откако поминаа одморите, хахаха.

Животна и професионална „ролја“Кој дел од едно деноноќие ви е најинспиративен или, на човек како вас, 24 часа му се секогаш малку? Имам една ефектива од 11 до 13 часот, тоа е времето на пробите во театар. Следната е од 20 до 22 часот – претстава. Но, креативноста ми е најсилна во фаза на полусон, некаде околу 2 по полноќ. Тогаш работите од изминатиот ден почнувам да ги гледам низ некоја чудна призма од потсвеста. Многу често се расонувам за да запишам нешто. Можеби звучи чудно, но мислам дека не сум единствениот кому вистинската инспирацијата му доаѓа длабоко во ноќта.Животот е како претстава, не е важно колку ќе живееш туку каква животна „ролја“ ќе ти биде доделена. Колку сте задоволен од вашата животна ролја? Мислам дека многу од работите што сум си ги замислувал и зацртал, се реализирале. Чудно е како во животот нешто што си сонувал и замислувал, еден ден се претвора во јаве и станува дел

од твоето секојдневие. Улогата што си ја имам зацртано, планирам да ја доработам уште малку. Не мислам дека „претставата“ ми е довршена. Недостасуваат неколку театарски награди кои како низ магла ги гледам некаде пред мене... Тука некаде е и ризикот да ја добиеш улогата која публиката ќе ти ја додели, дека ти си само тоа и ништо друго. Моја задача е да го докажувам спротивното. Сега засега сум многу задоволен и вљубен и во својата животна, и во својата професионална „ролја“. Секоја нова улога краде дел од тебе, ако не се трошиш, значи дека на сцената ќе мамиш... Се случува ли некогаш едноставно да сте „распродадени“ и да немате од што да изделкате нов лик?Секако, имало многу такви случаи, особено кога чувствуваш некоја одговорност дека од тебе многу се очекува, дека треба да го дадеш најдоброто. Тогаш се раѓа еден психолошки притисок, кој е како црв во дрвото, работи внатре сето време и сите идеи стануваат шупливи. Почнуваш да мислиш само на тоа дека мора да биде најдоброто нешто, а немаш капацитет, ниту, пак, конкретна идеја. Но, со личното искуство доаѓаат начини како да го победиш тоа, се покажало дека најдобрите идеи се раѓаат спонтано и без намера тоа да биде светска генијална идеја туку едноставно идеја родена во даден момент која произлегла од вашата креативност. Да се потсетиме набрзина на вашите актуелни театарски и филмски улоги... „Тероризам“ е претстава која е магистерски труд на колегата Јордан Симонов. Немав никакви дилеми дали да прифатам, пред сѐ затоа што сме блиски

20 ОДБЛИЗУ СО:

Page 21: МОЈ КЛУБ 100

колеги и имаме слични размислувања. Тоа е еден одличен текст за тероризмот што си го правиме самите себеси, на тие околу нас или обратно. Соработката со Јордан беше многу лесна, а исто така и со партнерката Николина Кујача. Многу лесно се разбравме и мислам дека имаме одлична претстава. Нека му се множат на Јордан!

Мојот последниот излезен филм е „Ќе бидеме светски прваци“. Соработката дојде сосем случајно, се работи за мала улога која прерасна во едно пријателство со целата екипа, нови контакти, искуства и нови можности. Тоа е мој втор филм надвор од Македонија и беше навистина тешко. Не познавав буквално никого, и морав да се докажам во најдобро светло и да создадам добра репутација за себе. Мислам дека во тоа успеав и се надевам на понатамошни соработки... Следниот филм што го очекувам е краткометражниот на Ѓорѓи Унковски, една многу духовита приказна за двајца полициски инспектори. Тоа го гледам како сценарио за играна серија кај нас во догледно време.

Публиката, Ферарито и една (или две)

SMS пораки Каква публика сакате, и колку заемно актерите и гледалиштето можат да направат добра претстава? Хм, каква публика посакувам… Невозможно е да избираме. Иако

меѓу нас има коментари од типот дека оваа вечер не ни се погодила публика. Можеме да разговараме какви претстави сака публиката и какви имаме да им понудиме. А, инаку, секако дека сакаме публика која ќе ги обожава нашите претстави, ќе плаче или ќе се смее заедно со нас, ама невозможно е да ја посакаме и токму таа да дојде. Секој во публиката си има свој вкус и своја естетика со која ја прифаќа или не претставата. Но, има моменти кога стануваме едно со публиката. Забораваме дека тие се тука, тие забораваат дека ние глумиме, и сè станува вистина. Е тие моменти се најдрагоцени. Не велам дека се ретки, но е многу тешко да се стаса до нив. Рецептот не е познат, но точно знаеме сите кога тоа ќе се случи. Магијата на филмското платно или театарските штици? Каде Сашко Коцев е поопуштен, поодомаќинет? Секако дека моето театарско искуство е поголемо и пообемно од филмското. Дури до пред неколку години воопшто не размислував за филм. Но, работите се сменија. Сега театарот е мојата ментална хигиена, мојот дом каде што ги одмерувам силите со себеси и се чувствувам комплетно опуштен и сигурен. А, филмот, пак, тој е тест каде што го вложувам горенаведеното искуство, една кратка екскурзија, едно кратко уживање на благодатите да си актер на филмскиот сет... Потоа пак се враќам покрај неколкуте сијалици во гардеробата каде што го прелистувам текстот пред да влезам на сцена и да станам едно со публиката... Бевте дел од нашата наградна игра на векот, тешко ли се „стига“ Ферари во животот? Ако го гледаме во буквалната смисла на зборот, како автомобил, Ферари не е по мој вкус, па не го ни бркам. А, како метафора – да! Тешко е да се остварат соништа, ама пострашно е ако престанеш да сонуваш нови, уште понедостижни соништа. Летна дестинација за паметење... Во една SMS порака, за да завршиме корпоративно... Може ли 2? Првата: Малдиви, под третата палма-лево. Јас и Таа. Втората: Охрид, со другарите на педалинка.

Рашела Гинова

2121ОДБЛИЗУ СО:

Page 22: МОЈ КЛУБ 100

22 ТЕЛЕФОН

Huawei P8 е потомок или технолошки достоен наследник на ланскиот модел Huawei Ascend P7 чиешто куќиште овојпат е целосно метално и внесува вистински луксуз во вашата дланка. Со високиот квалитет на изработка, овој модел не треба да се срами ни пред многу поскапата кон-куренција, како на пример, iPhone 6 или HTC One M9. Заради тенкоста и делумната лизгавост, Huawei P8 совршено „спие“ в џеб или в рака, но за полесен сон на тврди подлоги (асфалт, на пример), препорачу-ваме некаква гумирана маска која не би го здебелила премногу, а сепак ергономијата би му станала подобра. И побезбедна.

... и за очи соколови!Huawei P8 има одличен 5,2-инчен (13,2 cm) IPS NEO LCD екран со резолуција 1080 x 1920 што му овозможува околу 424 ppi, давајќи своевидна гаранција дека приказот на него е остар за сите, дури и за оние со очи соколови. Во пакет со острината на сликата, доаѓа и одличната читливост под агол, што значи Huawei P8 нема да ве изневери ни внатре ни надвор. За предниот дел се грижи Gorilla Glass 3 заштитата која нуди вистинско удопство при сурфање и мултимедијални игри.

Бидете (речиси) што сакате,

дури и фотографHuawei P8 има една главна 13 MP OIS камера и една дополнителна 8 MP селфи-можност. Huawei располага и со новиот RGBW сензор кој овозможува подобра ре-продукција на бои и подобри фотографии

во услови на послаба осветленост. Секако, тој е вграден и во P8. Подлабоко во по-ставките на камерата можете да бирате големина на фотографијата и квалитет на видеата, да „чепкате“ по ISO вредностите и да си поиграте со балансот на белата, со експозицијата, контрастот и другите па-раметри. Со Huawei P8 можете да бидете речиси што сакате, дури и фотограф.

Филмско уживање во целата дијагонала Доколку ви е итно да гледате филм (или новата епизода на „Фарго“, на пример), Huawei P8 го може и тоа за вас. Тој, вашиот нов Huawei пријател, хардверски без про-блем „врти“ и full HD филмови кои одлично изгледаат на неговиот екран, особено поради можноста навигациската трака да се повлече и да се ужива во целата дијаго-нала. Репродукцијата на звукот исто така е солидна, а со помош на кул слушалките можете и да не им пречите на другите околу вас, а звукот и понатаму да остане добар (само за еден човек). Перформан-сите за игри се исто така солидни, што значи, Huawei P8, исто како и вие, може да биде речиси што сака, дури и телевизор и играчка машина. Игрите брзо се вчитуваат и потоа речиси без проблем и се вртат.

„Дрангулии“ и... местење аларм за будење Не се може без ситните мали нешта, без „дрангулиите“ кои не се којзнае колку битни, ама сепак забележуваме кога ги нема. Затоа, покрај преинсталираните апликации (ги издвојуваме Управувањето со датотеките и Управувањето со телефо-

нот), ги бележиме и огледалото, лупата и ламбата, како (не)потребна опрема на овој уред. Кармин нема, но затоа со WPS Office ќе можете да задоволите други канцела-риски потреби. Ако кон сево ова ја додадеме интегрирана-та батерија со капацитет 2680 mAh, имате буквално цел ден на располагање, дури и ако не ги тргате рацете и погледот од ва-шиот смартфон. Колку да се ориентирате, 30-минутно играње Real Racing ќе ви ја испразни батеријата за 13%, а 60-минутно гледање видеа – 14%. Ако 5 часа екранот не ви бил изгасен во текот на денот, пред спиење треба да имате уште 15% за да го наместите алармот за будење на раат, ако ништо друго.

Заклучокот е мошне едноставен: ние ста-вивме лајк за одличниот екран, одличните перформанси, солидниот фотоапарат и примамливиот дизајн на Huawei P8, а вие не чекајте, правец – најблиската Телеком продавница!

Huawei P8

ДОСТОЕН НАСЛЕДНИК

КарактеристикиДимензии/ тежина

144,9 x 72,1 x 6,4 mm; 144 g

Екран 5.2” IPS NEO LCD 1080 x 1920 (~424ppi); Gorilla Glass 3

RAM 3 GB

Податочен простор

16 GB + microSD

Камери Предна: 13 MP; HDR; LED; 1080p;

Задна: 8 MP; 1080p

Батерија Li-Po 2680 mAh интегрирана

Оперативен систем

Android 5.0.2 Lollipop + Emotion UI 3.1

Huawei веќе се специјализираа за исклучително тенки уреди во премиум смартфон сегментот, па токму на тоа поле и треба да ја „бараме“ нивната нова перјаница - Huawei P8.

Page 23: МОЈ КЛУБ 100

Корејскиот гигант во мобилната индус-трија веќе се подготви за директната конкуренција од Apple и нивниот iPhone 6S и iPhone 6S S… ух, второ S. Нивнaта подобрена верзија на супер популарниот Galaxy 6 наречена Galaxy 6 edge+ на хар-тија го „растура” надополнетиот iPhone, благодарение на одличниот процесор, 4 GB RAM, одличната 16 MP камера и фе-номеналниот дисплеј. Велиме на хартија, бидејќи Apple се секогаш на врвот од за-дачата кога станува збор за оптимизација. Но, да се навратиме на новините кои ги нуди edge+.

Импресивни спецификацииНа прв поглед, Galaxy 6 edge + ќе ве освои со својот елегантен и „скап” дизајн, благо-дарение на стилизираниот Gorilla Glass 4 заден панел во спрега со 5,7-инчниот Super AMOLED екран на допир сo веќе препо-знатливиот заоблен дизајн. Ова неспорно е масивен телефон кој го редефинира значењето на „фаблетите”, особено при директна споредба со Galaxy Note 5 кој до-аѓа со stylus pen (опција која не е содржа-на во оваа итерација на Galaxy). Samsung се потрудиле заоблените рабови да бидат од корист (а не само фини за гледање), па така, можете да го сетирате телефонот да прикажува нотификации од омилените контакти во различни бои додека телефо-нот е во мирување. Со резолуција од 1440 x 2560, ова е еден од најдеталните и најдобрите екрани на пазарот. Техничките спецификации се во најмала рака – импресивни, што и не изненадува за модел од највисок ранг. Зборувам за последната итерација на Quad-core 1.5 GHz Cortex-A53 и

Quad-core 2.1 GHz Cortex-A57 процесорите и дури 4 GB RAM меморија. Телефонот доаѓа со 32 GB внатрешна меморија. За проспективните фотографи и видео ентузијасти, edge + во голема мера ги задоволува сите потреби благодарение на одличната 16 MP камера и огромниот број на опции за снимање во 4К, HD, 60fps, итн.

„Мазно“ сурфање и неодоливо користењеОтсуството на stylus pen не ја намалува извонредната функционалност на Galaxy 6 edge +. Корејскиот производител ги „копира” сите свои успешни апликации за обработка на податоци, средување слики и видеа, како и гледање видеа и слушање музика и на овој модел, но со далеку по-среден UI и помалку непотребни опции. Благодарение на хардверската супери-орност, ќе уживате во „мазно“ сурфање на нативниот Samsung прелистувач (или Chrome / Mozilla доколку ги преферирате) и ќе гледате филмови во 4К или ќе играте игри без никакво губење квалитет или застој во работата. Батеријата е уште една силна страна на телефонот – не само што трае ден и пол при агресив-но корис-тење

(сурфање на 4G, гледање филмови, играње игри) туку располага и со неколку супер ефективни модови за нејзиното за-чувување. Кога станува збор за полнењето на телефонот, Samsung уште еднаш дока-жуваат дека се на самиот врв благодаре-ние на нивната fast-charge опција со која вашиот S6 edge + ќе биде полн за само 90 минути! Кога на ова ќе се додаде и wireless charge додатокот, телефонот станува на-вистина неодолив за користење.

По толку фалење, редно е да се споменат и неколкуте елементи на кои Samsung може да поработи во иднина. На пример, Samsung Galaxy S6 edge + не поседува microSD слот што е необично за уред од 2015, особено ако се знае дека не постои верзија со 128 GB. „Недостаток“ (или пред-ност) на овој телефон е (и) неговата голе-мина, поради која, за жал, потешко можат

да го користат луѓето со мали дланки. Се раз-

бира

дека ова

е шега, а вистината е дека

во целина Samsung Galaxy S6 edge + е вред-

но надополнување на Galaxy серијата и вистински „фаблет” со

4К видео и бројни додатоци вредни за брендот на Samsung.

М. Аритоноски

Samsung Galaxy S6 еdge +

ДЕСТИНАЦИЈА: ФАБЛЕТ!Samsung успеваат да го редефинираат „фаблет” сегментот од пазарот за мобилни телефони со подобрената верзија на нивни-от flagship Galaxy S6 edge – односно, edge +. Со поголем ек-ран, одлична функционалност и извонредна батерија, овој те-лефон е подеднакво одличен за работа и за забава.

23ТЕЛЕФОН

Page 24: МОЈ КЛУБ 100

24

Rainbows за преземање со назнака дека корисникот сам ја одредува цената за преземањето.Тие беа предвесници на времето кое доаѓа, време кога музичката колекција веќе не се мери во гигабајти туку е една бесконечна листа која постои во некое „облаче“.

Преселбата во „облачиња“Сигурно сте слушнале дека сè се сели во „облачиња“. Сите наши документи, слики, музики, стари и нови спомени, работни документи и рецепти,.. одат во „облаче“ Ова значи дека тие некаде се зачувани безбедно, ние не треба да се грижиме за тоа, а им пристапуваме преку некое фино мени кои ни го обезбедиле, со лесни инструкции за пристап, линкчиња и сликички.

Истото важи и за музиката. Сега сервисите кои ова ѐ го овозможуваат на нашата музика се многубројни и (полу)бесплатни. Можете да ги користите бесплатно, а се наплаќаат само некои понапредни функционалности. Некои од попознатите сервиси за музички облачиња се Spotify, Rdio, Vessel, Apple Music. Kонкуренцијата оваа година навистина се згусна, зад Vessel стои Jay Z, а за Apple верувам не треба посебно

Уметниците пред „облачињата“Уште пред да се отворат и намножат овие музички „облачиња“ кои ни ја ставија музиката достапна на еден клик, имаше индивидуалци од музичките уметници кои први настапија на небото на дигиталната музика. Nine inch nails објавија албум во 4 дела исклучиво на дигитално преземање, a Radiohead, исто така, го објавија својот албум In

да се раскажува. Борбата за корисници навистина е жестока, со Apple најава за 3 месеци бесплатно користење, а само неколку недели пред тоа - огромен промотивен настан на Vessel со педесетина најголеми ѕвезди.Бумот допрва доаѓа, дали се сите подготвени?

„I’m an ordinary man, burning down the house“Веќе е голема веројатноста дека секојдневно користите некои од овие сервиси и иако на прв поглед сè изгледа розово и совршено, некои уметници и групи не се толку приемчиви за големиот замав кој владее со корисниците во моментов.Легендардна е борбата на Apple, каталогот на Beatles да влезе во нивната музичка колекција која беше повеќегодишна голгота. Metallica не сака ни да чуе за дигитални сервиси по нивната борба со нелегално преземање во деведесеттите, а Дејвид Брн од Talking Heads исто така, го повлекол целиот свој каталог кој не е со други артисти. Како што оди нивната позната песна „I’m an ordinary man, burning down the house“, има столбови на авторитет, со голема база на обожаватели зад себе, кои прават

24 ЖИВОТ ВО „ОБЛАЧИЊА“

НЕКА БИДЕ МУЗИКА!Белите мали слушал-ки в уши беа мар-кетишки трик за статусен симбол на една нова генера-ција слушачи на му-зика, „ајподџии“. Оттогаш, музиката стана нослива на-секаде со нас. Fast forward на десети-на години подоцна, сега музиката е на-секаде, а не ја но-симе ние. Ние само го бираме „облаче-то” од кое сакаме да ја симнеме. Се појавија многу му-зички облачиња и многу бука за нив оваа година. Кое е најдоброто, во што се разликите и кој ќе остане да владее на големото музичко небо?

Page 25: МОЈ КЛУБ 100

25ЖИВОТ ВО „ОБЛАЧИЊА“

дупки во сликата дека сè е совршено и прекрасно во организацијата на музиката во „облачиња“ и последиците врз уметниците, публиката и светот воопшто.

Тејлор Свифт пее „Shake it off”Борбата на одредени уметници против етаблираните музички облачиња кои го преземаа музичкиот бизнис беше тивка и незабележлива, сè додека една од најголемите музички ѕвезди на денешницата и идол на најмладите генерации на музички слушатели не искажа став. Кога се појави Apple Music и најавата за 3 месеци бесплатно слушање, дел од таа зделка беше дека музичките уметници нема да бидат платени за тој период. Тејлор Свифт гласно за’рже на оваа еднострана одлука на Apple, и за еден ден, одлуката беше свртена за 180 степени во обратна насока. Аха, значи можело да се биде фер, ама никој не повикува на одговорност и преиспитување. Супер, фала Тејлор, друг пат нема да се провлечат.

Различни и истиСите сервиси во „облачињата“ веќе се натпреваруваат во полето на перцепција, затоа што објективните мерки се до максимум: неограничен простор, неограничено користење. Борбата станува кој е пошизик во моментот, за кого се зборува најмногу, кој објавил нова вест која ја подобрува услугата за промил од процент и кои музички

уметници ги поддржуваат или кудат. Одлуките за користење и избор се тешки при вакво „матење“ на објективноста, но секој ден имаме можност да решиме и да го промениме мислењето, и секој ден да ни биде полн со музика.

И како секогаш, големата надеж е дека сè ќе се сведе на публиката, на

корисниците, на сите нас кои ќе решиме и ќе пресудиме (со нашата верност) за тоа кој е најзаслужен да го преземе приматот. Пуштете си ја омилената песна и учевствувајте на вистинската страна!

Калина Зографска

„ЗА ВКУСОВиТЕ НЕ СЕ РАСПРАВА!“И доаѓаме до нас, корисниците. Нашите омилени музички уметници направиле она што можеле, некои ги има на овие сервиси, некои гласно зборувале за темите на дигиталната музика, а некои творат и не се искажале на темата.Музички новинари и технички експерти има на тони, секој со свое мислење, медиумски војни за тоа кој е најкул, со најдобар изглед, најбрз за стотинка од секунда. Сите се во право и никој не е во право, затоа што се работи за музика, и исто како големите караници на клупа во маало – „За вкусовите не се расправа“!

Page 26: МОЈ КЛУБ 100

26 „НАУЧНИЦИ-ПРОРОЦИ“

Целта не ни е да ги наброиме сите достигнувања на научниците во последните 150 години, иако така изгледа на прв поглед. Идеиве од погоре, концептите и пронајдоците се само еден и тоа мал дел од она што го реализираше, откри и предвиде, според многумина, најголемиот научник, филозоф и мислител на 20 век – Никола Тесла.

Погрешно време?

Човештвото памети дека низ историјата се појавиле многу големи умови, храбри истражувачи и мислители коишто со својата работа ни дале многу работи и откритија со што нашиот живот денес е онаков каков што е. Сепак, се издвојуваат неколкумина за кои само да ги наброиме нивните достигнувања, пронајдоци и идеи ќе ни бидат потребни тони хартија или мегабајти компјутерска меморија. За таквите „научници – пророци“ можеме да кажеме дека имале само еден недостаток – се родиле во погрешно време кога „околината“ не била подготвена да ги прифати нивните напредни идеи, а технологијата премногу заостаната да ги материјализира нивните пронајдоци и откритија. Еден од нив е секако Леонардо да Винчи кој иако го знаеме како голем ренесансен сликар, пред сè бил брилијантен научник кој дал огромен придонес во медицината, воената индустрија, аеронаутиката итн. Уште „позанимлив“, пореволуционерен и посеопфатен научник од поново време, кој спаѓа во групата на бесмртни визионери за кои во иднина уште повеќе ќе се зборува е Никола Тесла. Нам, на обичните смртници, овој научник најмногу ни е познат по откривањето на наизменичната електрична енергија која денес ја користиме, но она што тој го открил, експериментирал, предвидел или навестил – едноставно не може да се замисли и целосно да се сфати

ни денес – цел век подоцна од обзнанувањето на некои од неговите најголеми идеи и планови.

Генијот заробен во погрешно време

Никола Тесла во неговиот живот дал неколку интервјуа кои денеска се пренесуваат, толкуваат и анализираат Многу од нив се на филозофско ниво, не толку од научен аспект, туку повеќе за смислата на постоењето, на она што треба човек да мисли, како да ги негува телото и духот, стремејќи се да го направи светот подобро место за живеење. Неговите погледи на работите се уникатни, научните мисли му се јасни и прецизни, а пронајдоците и теориите звучат како да се извадени од книга на некој научно-фантастичен писател со многу дарба. Сакајќи да му направиме омаж во јубилејниов стоти број на „Мој клуб“, се решивме за едно можно, замислено интервју.

Безжична комуникација на неограничени далечини, бесплатна и бесконечна струја директно од земја-та, радио бранови и сите нивни примени, вибра-ции со кои можат да се создадат земјотреси, радијација и делење на атомот, космички зраци и роботи...

ЗАМИСЛЕНО ИНТЕРВЈУ СО НИКОЛА ТЕСЛА

Page 27: МОЈ КЛУБ 100

2727„НАУЧНИЦИ-ПРОРОЦИ“

Се работи за многу едноставен, а сепак интересен начин да се креира интервју со некој кој физички не е присутен меѓу нас. Едноставно, креиравме прашања кои сакаме да му ги поставиме, а потоа благодарение на нашето омилено глобално поврзано село – интернетот, баравме дали постои негов автентичен одгвор што би се вклопил во нашите прашања.

Мој клуб: Кој сте вие, господине Тесла, од каде потекнувате?

Н. Тесла: Потекнувам од местото викано Лика, денешна Хрватска, од српско православно семејство. Татко ми имаше богата библиотека во која го поминував детството читајќи и учејќи

странски јазици, а од мајка ми го наследив талентот на изработка на различни уреди за олеснување и забрзување на секојдневните работи. Знаете, таа иако немаше некое формално образование, сепак беше позната како многу вешта и паметна жена со многу таленти која со своите изуми го олеснуваше животот на луѓето на село.

За вас се тврди дека 21 век каков што е денес, вие одамна сте го создале во сопствената глава. Научниците и футуристите насекаде низ светот на

вас гледаат како на некаков пророк. Во вашата лабораторија се прават молњи,

тука за прв пат е разбиен атомот, креирано е оружје кое со помош на вибрации создава

земјотрес, создадени се радио бранови, првата светилка...

Да, тоа се дел од моите откритија, но на крајот јас сум само еден обичен поразен човек. Не успеав да го направам она што најмногу го сакав, а можев да го направам...

Тоа е?Не успеав да ја осветлам Земјата. Во неа има

доволно електрицитет да биде второ Сонце. Светлоста можеше да сјае околу екваторот како прстените на Сатурн. Познат сте како трпелив и јасновиден човек, многу од вашите изуми и предвидувања се реализирани дури

по многу години.Да, така е. Требаше да поминат

19 години за да проработи електраната на Нијагара која

е креирана според мој систем, поминаа повеќе

од 15 години пред мојот патент за безжичен

пренос на сигнал објавен уште во

1893 година, да најде

универзална примена. Космичките зраци и радиоактивноста ги најавив уште во 1896 година. Едно од најголемите откритија, резонантноста на Земјата како основа за безжичен пренос на енергија, го објавив во 1899 година, а има многумина кои ни до ден денешен не го разбираат тоа. Моите современици тврдеа дека преку Атлантикот не е можно да се пренесе ни обичен безжичен сигнал, а не пак енергија. Предвидов и уште многу други работи, меѓу кои, секако, и овие кога се појавуваат во вашиот 21 век... Како го гледате светот во 2100 година?Луѓето во 2100 година ќе бидат многу посвесни за природната околина, отколку ние сега. Многу повеќе луѓе ќе умираат од загадени вода и воздух, отколку од сите штетни супстанции кои ги внесуваме: кафе, алкохол, цигари и лоша исхрана. Верувам дека во 2100 година, јадењето месо воопшто нема да биде модерно, дури ни потребно и дека луѓето ќе се свртат кон здравата исхрана која ја нуди природата: мед, млеко и житарки кои ќе ги има во доволен број за сите, па и за милионите гладни во Индија и Кина. Нашата земја е пребогата, а ако дојде до недостаток, тогаш може да се обнови почвата со азотот од воздухот – нешто што самиот го развив во 1900 година, а германските хемичари по 14 години го усовршија овој процес. Енергијата ќе се создава од водата и сонцето, а нејзиниот безжичен пренос ќе му овозможи на секое семејство пристап до евтина енергија и ќе нема потреба од согорување на различни материјали за нејзино добивање. Кој ќе победи? Науката или војната? Во 2100 година ќе победат науката и образованието пред војните, незнаењето и криминалот. Весниците ќе пишуваат за научни откритија, а таму на крајот на весникот ќе бидат лошите вести за убивања, крадења и слично. На крајот од 21 век, автомати и машини ќе ги работат повеќето работи. Роботите се веќе реалност, јас самиот имам конструирано неколку од нив. Предвидувам дека на крајот од 21 век, тие ќе бидат она што беа робовите во минатото. Тие ќе ја извршуваат севкупната тешка физичка работа.Познати сте по тоа дека можете да го регулирате сонот и да се фокусирате само на важните работи?Да. Некако со време успеав да управувам со спиењето и со сонот. Заспивам и се будам тогаш кога самиот сум определил. Ако нешто не успеам да сфатам додека сум буден, се приморувам себеси да мислам на тоа и кога спијам, па така некои решенија доаѓаат и на сон.Никогаш не сте се женеле, зошто?Постојат два начина на живот. Еден е со многу љубов и посветеност на жената, а другиот е воздржување од сите телесни задоволства. Она што е во средина е само за размножување и зачувување на човековиот род. Јас се определив за вториот пат и не жалам за тоа.

Мој клуб му се заблагодарува на „научникот-пророк“ – Никола Тесла, оставајќи го во минатото заедно со сите негови громови, молњи, светлости и идеи за еден поубав свет за сите нас.

Гоце Постоловски

АНАТОМИЈА НА ЕДНА МОЖНОСТ

Page 28: МОЈ КЛУБ 100

28

ТИБЕТСКИ ЧЕВЛИЧКИ ЗА (НЕ)РОДЕНИОТ СИН

НЕКАДЕ...

Page 29: МОЈ КЛУБ 100

Со прстот покажуваше накај снежните карпести врвови што ѕиркаа зад другите голи грамадни планини кои се беа надвиснале над околните планини покриени со долги сплескани статични облаци како прекривки од памук. Планини над планини, врвови над врвови, како триаголниците на моето омилено Тоблероне, само што следните беа секогаш повисоки од претходните... и сè така до бескрај нагоре. Под естетската драма достојна за местото под врвот на светот, младиот будистички монах облечен во типичната наметка со боја на тиквешки вранец и во фалсификат Адидас патики, пополнувајќи си го периодот помеѓу два циклуса молитви се согласи да се прошета со мене и да ми раскаже од каде беа дојдени луѓето кои го користеа комплексот објекти каде што го поминав речиси целиот ден. Тие таму планински врвови беа Канченџонга и Чомолунгма, или вториов попознат во западниот свет како Монт Еверест. Од зад овие планински бедеми, родителите на младите монаси беа дошле тука, во предградието на Дарџилинг во индиските Хималаи, наоѓајќи прибежиште од тамошната политичка ситуација. За нив, отаде беше нивната вистинска татковина, одовде - нивниот предолго привремен дом.

Во тибетскиот бегалски кампДо овде стасав пеш, следејќи козји патеки и минувајќи крај полиња со најквалитетниот чај на светот. Мирисот на вреќите чај крај собирните пунктови, глетките кон врвовите, ѕвонежот на малите метални ѕвончиња на попатните храмови диригирани од хималајскиот ветрец – толку од овие нешта, инаку одамна предмет на моите фантазии, одеднаш беа околу мене на јаве, правејќи оргија со моите сетила – не знаев каде

Конечно се сретнаа чифтот рачно направени чевли со чифтот бели ножиња на моето дете кои, иако сѐ уште премали и пренежни за обувки, сепак се договорија да се здружат во блиска, патувачка иднина.

Page 30: МОЈ КЛУБ 100

попрво да погледнам, да застанам, да вдишам, да фотографирам или само да запомнам. Влегов најпосле во комплексот на тибетскиот само-помагачки бегалски центар и прочитав на таблата со информации дека меѓу основачите на овој центар со несекојдневно долго име е Тензинг Норгај, еден од двајцата планинари, поточно шерпа, носач на Едмонд Хилари - двајцата први освојувачи на Монт Еверест во далечната 1953 г. И ден денес не се знае кој бил прв на врвот – и двајцата одбиваа да кажат. Норгај договорената тајна ја однел во гробот, тука близу центарот, веднаш до инспиративниот Хималајски планинарски институт – објект кој и денес е трансплантиран дел од душата на овој славен планинар.

Сонцето тој период од денот беше осамено на небото и немаше никакви објективни препреки да не си ја заврши својата замислена функција за денот – печеше толку силно, што без очила за сонце не можев да фрлам ни најмал поглед накај магнетно-привлечните врвови чиј заробеник станав уште од рано утрото. Училиштето Сент Џозеф во близината на комплексот имаше голем одмор. Момчиња играа кошарка во дворот на центарот, кревајќи врева и прашина. Ним не им пречеше ништо, ни сонцето, ни надморската височина. Униформите од училиштето им беа веќе извалкани, а и онака црвените обравчиња уште позаруменети. Молитвените шарени будистички знамиња наредени како суви пиперки под стреите на објектите во дворот на центарот се вееја аритмично, се

30 НЕКАДЕ...

разресуваа и на тој начин ја исполнуваа својата намена – молитвите изречени додека се прават, обесуваат и гледаат, катадневно, да се услишуваат од Боговите. Се разбира, сè во свое време. Се бара малку трпение, бидејќи чудата секако се случуваат, но во вистинско време, на вистинските луѓе.

Сувенир за носењеВо центарот постоеше и дел каде што вештите раце на талентираните жени бегалки ги продаваа своите ракотворби – се разбира, се наоѓаме во Индија на крајот од краевите – тука речиси сè е на продажба, па и овде високо под покривот на светот. Сакав да ѕирнам и во тој дел на центарот, не толку поради

Page 31: МОЈ КЛУБ 100

купувањето сувенири кои и онака мислам дека ги имам премногу, колку да научам што и како изработуваат. Но, ништо од мојата решителност - не се извлеков со празни раце. Вниманието веднаш ми го привлече една од продавачките - мајката работеше заедно со своето дете. Заедно шиеја, крпеа и продаваа стилизирани волнени чевли со тибетски дизајн на многу ненаметлив начин. Односот кон работата на жената беше повеќе мајчински отколку

трговски. Можев да забележам дека ова го прават веќе некое време: семејна фотографија беше закачена на една од сталажите, веднаш до онаа на Далај Лама, а и чевличките очигледно имаа поминато развоен пат сè додека не дошле до овој конечен дизајн. За разлика од нивните Хинду сограѓани од долу во рамниците на Индија кои беа многу попретприемчиви и знаеја со упорност да ти продадат дури и нешто што никогаш нема да ти затреба, Тибетанците ми изгледаа резервирани и тивки, и можеби токму затоа и ми привлекоа повеќе внимание. Ги разгледав сите чевли што беа наредени на пултот како шарени велигденски јајца и забележав дека сите се мали по големина. Им реков дека ми е жал што не можам да купам нешто, бидејќи сите тие чевлички се премали за мене, а навистина ми се бендисаа. Но, жената со црвени образи не сакаше да се откаже и реши да ми проговори на тој малку англиски што го знаеше: „Купете за Вашето дете!“ ми рече. И реков дека

немам деца и дека во блиско време не планирам да имам и веќе бев свртен да заминам, но таа веќе почна забрзано да ги замотува во стари весници со кинески знаци... На тие два пара искрени црни продорни очи вперени кон мене, не можев да им противречам. Беа пресреќни дека направиле добар пазар, а јас се почувствував заслужен и корисен. Единствено се прашував каде по ѓаволите ќе најдам место во мојот и онака веќе претесен и тежок ранец...

Одложено чудоРазличните луѓе за различни нешта сметаат дека се чуда. И покрај сите ововековни феномени, аномалии, економски кризи, промени во

системот на глобалните вредности, климатските промени и слични хаштагови на 21век – чудата сепак си продолжуваат да се случуваат - во вистинското време, кај вистинските луѓе, при одредена констелација на ѕвезди и планети... Се случи мало чудо и во моето семејство. Годинава, многу години по мојата посета на тибетскиот бегалски камп, чевличките конечно излегоа од креденецот удавен во мирисот на вреќичките полни лаванда, преферираното оружје на мајка ми против волнољубивите молци. Беше јуни, и тие го видоа она исто силно сонце кое печеше во Хималаите пред десетина години. Беа како нови, без ниедно дупче или оштетување. Бронзените копчиња на едната страна од чевличките ѕвечкаа како ѕвончињата на тибетските будистички манастири. Светнаа боите на природно бојадисаните волнени платна како очите на мојот тукушто роден син. Конечно се сретнаа чифтот рачно направени чевли со чифтот бели ножиња на моето дете кои, иако сè уште премали и пренежни за обувки, сепак се договорија да се здружат во блиска, патувачка иднина. Ги вратив привремено назад во друштво на лавандата со ветување дека стрпливо ќе чекам да ги видам обуени на нозете на мојот потпораснат син, тајно надевајќи се дека мојата страст за патување е впишана и во неговата ДНК.

Текст и фотографии: Роберт Смилески

Page 32: МОЈ КЛУБ 100

32 СПОРТ ИЛИ ЗАБАВА

Специфичната група „лудаци“ кои одат по специјални ленти рас-пнати преку Монте Пиана на Алпите и овој септември му порачаа на светот дека постигнувањето рамнотежа е исклучително важно во сите сегменти од животот. Како и секој фестивал, и овој го следат добрата храна, забавата, бројни настапи на музички бен-дови, јога часови...

Се релаксирате во вреќи, ветерче ви ја поткрева косата, го држите својот омилен пијалак во раката, или опуштено ги истражувате можностите на различни музички инструменти, си правите ќеиф на душата и друштвото... Сето ова изгледа како стандарден фестивалски призор, сè додека не разберете дека ваквото сценарио се случува на стотици метри над земјата. Тогаш инстантно излегувате од веќе зададениот шаблон и маѓепсани влегувате во една сосема поинаква фестивалска матрица, во еден уникатен (над) свет во кој слакерите, или светските експерти за одење по специфично еластична лента која виси над амбисот, се свои на своето.

Зрното на лудоста Во септември годинава вљубениците во адреналинот и еден сосема поинаков вид опуштање четврти пат по ред беа главните протагонисти на најлудиот, а некои ќе се сложат, и најстрашниот фестивал во Монте Пиана на италијанските Алпи. На височина од 2.324 метри се уживаше во

практикување на екстремната дисциплина чија суштина е битката со гравитацијата и рамнотежата. Добар дел од денот и ноќта како лилјаци поминуваа во висечките лежалки монтирани на лентите распнати меѓу стрмните падини. Кој би рекол дека во суровиот свет на пазарана битка за сè и сешто, на крајот и за добар одмор ќе ви бидат неопходни храброста и силата!? Е, кога таа урнебесна забава се случува на така застрашувачки височини, тука, секако, треба да го додадеме и зрното на лудоста. Фестивалот стартуваше во 2012 година. Негови креатори се двајцата големи пријатели - Highlinersi (Highline е екстремна практика на Slackline) - Алесандро Емилија и Армин Холцер и нивната желба да ја споделат спектакуларната сцена на Монте Пијана со сите ентузијасти кои сакаат да се обидат во овој спорт. Ова место беше избрано не само поради своите природни убавини кои овозможуваат фантастичен панорамски поглед кон најпознатите планини, меѓу кои и Кортина Дампецо туку и поради својата историска важност.

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО КОМУНАТА НА РАМНОТЕЖАТА!

Дух на почит кон природата и историјатаОбласта, всушност, е отворен меморијален музеј во чест на 18.000 млади војници кои загинале тука за време на Првата светска војна. Нивната храброст на некој начин е во интеракција со сегашноста. Организаторите сакаат да ги симулираат случувањата на ова место на поинаков нов и оригинален начин. Интернационалниот фестивал на Алпите е местото каде што и денеска одат најхрабрите. Дел од фотографиите можеби шират спокојство, но навистина се работи за мошне опасно задоволство, иако за учесниците ова е еден од најопуштените фестивали. Сепак, филозофијата на овој фестивал не лежи во голото изложување на опасност. Слеклајн-мотото на последната средба минатата година беше: да се искачите тука е облик на почитување на секоја емоција која ја чувствуваме кон своето постоење, од својата точка на гледиште. Организаторите пратија порака дека екстремниот спорт кој го практицираат

Page 33: МОЈ КЛУБ 100

СПОРТ ИЛИ ЗАБАВА

носи дух на почит кон природата и историјата и дека луѓето кои учествуваат имаат посебен менталитет и култура.Слеклајн или движењето по специјалната затегната лента уште се нарекува и спорт на рамнотежата, бидејќи за разлика од одењето по обичното јаже слеклајн-лентата динамички се растегнува, што има сличен ефект како да се движите по трамболина. Древните учења велат дека рамнотежата е човековата природна состојба и смисла на животот. Вистинската рамнотежа се постигнува со целосна смиреност и опуштање.

„Прошетка по лентата“Историски оваа активност започнува некаде во 80-тите години и брзо се развива, проширувајќи се кај спортистите како дополнување на нивната активност, но и како самостоен спорт. Алпинистите од Јосемити во Калифорнија започнуваат интензивно да го тренираат по карпите во долината заедно со качувањето. Во последниве години бројот на луѓето кои го практикуваат рапидно расте. Според нив чевечкиот ум е оној кој предизвикува сериозни проблеми во изнаоѓањето рамнотежа или баланс воопшто во сите сегменти во животот. Слеклајнот е своевидно размислување. Слеклајнот секако првенствено е телесна вежба за развивање на силата, подвижноста и кординацијата, потоа ментална вежба која ја подобрува брзината на реакцијата и

подобра поврзаност со левата и десната хемисфера на мозокот. За него може да се каже дека е и рехабилитација, бидејќи ја зацврстува мускулатурата, зглобовите на стапалата и колената. При практицирањето важно е да го насочите погледот во некоја фиксна точка, да заборавите на сè околу себе и да дозволите на рамнотежата да ве наведува каде да ги ставите нозете. За тивката „прошетка по лентата“ неопходна е хармонија помеѓу телото и умот. Изненадувачки е, велат актерите, колку вештини интересни и корисни за животот можат да се научат со провокација на умот во играта со рамнотежата. Како луѓе, се нагласува во нивната филозофија, стабилни сме само тогаш кога сме свесни за нестабилноста и опасноста од неа. Застрашувачкиот поглед во амбисот ве предупредува дека секогаш се можни изненадувања во животот. Слеклајфот или менталитетот на самите актери е поважен од самиот слеклајн. Тој содржи и медитативни елементи - барањето на внатрешниот мир.

„Мислам дека има многу луди луѓе...“„Живееме во брз свет, каде што владее материјализмот и каде економскиот раст е единствен репер за напредок, преполни сме со информации и постојано се соочуваме со притисоци од секаде. Затоа е многу важно да знаеме како да се игнорираат ирелевантните работи.

Тоа е тренинг на мозокот. Слеклајнот е една од таквите дисциплини“, велат организаторите на фестивалот. Со „рутината“ во одот на лентата тие практично се борат против рутината во животот. Надминувањето на блокадите и ограничувањата е нивната главна цел. Стандардните „глетки“ го прават фестивалот уникатен. Многу луѓе им се восхитуваат на овие авантуристи желни за адреналин. Но, потешко се одлучуваат да им се приклучат. Тоа го прават од безбедните „одаи“ - канцелариите и домовите. Во Македонија владее мал интерес за оваа дисциплина. Само неколку десетици ентузијасти од неодамна се занимаваат со одење по јаже оптегнато меѓу две дрва. „Бизарната“ филозофија на слакерите, сепак, ни е сè уште далечна. Огромното мнозинство резонира во стилот на Клементс Грамонт, постара жена од Британија која под фотографиите од урнебесниот фестивал во Италија кои кружат на интернет има напишано: „Мислам дека има многу луди луѓе на Алпите!“.

Наум Котевски

33

СЛЕКЛАЈН СТиЛОВиДенес постојат најразлични стилови на слеклајн од Urbanlining каде што слеклајнот се практикува во урбана средина, паркови и улици, Tricklining каде што јажето се користи за најразлични трикови и егзибиции, Waterlining претставува одење над вода, Highlining – одење на екстремна висина каде што јажето обично се оптегнува помеѓу две карпи над кањон, Tunelining – одење додека свирите музички инструмент, Slackline Yoga – како што самото име кажува е одење со одредени јога вежби, Freestyle slacklining каде што се работи на неоптегнато јаже кое се ниша со големи амплитуди, додавајќи посебна динамика на егзибициите, Windlining – практикување на слеклајн на ветровити услови итн., итн... Од 2010 година, Светската слеклајн федерација се обидува да го воведе Tricklining-от како натпреварувачки спорт во кој триковите се оценуваат според тежината, техниката, разликите, амплитудата, изведбата и сл.

Page 34: МОЈ КЛУБ 100

34 PICKBOX ВО MAXTV ВИДЕОТЕКАТА

Оваа услуга од 2014 година беше достап-на за корисниците во Македонија преку нивните паметни уреди (смартфони,таблети, компјутери и Smart TV), но новитетот кој го воведува MaxTV е што отсега корисниците можат да уживаат во содржините на Pickbox на голем екран, преку својот обичен телеви-зор, приклучен на MaxTV приемник. „Откако го активиравме сервисот, Pickbox

Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора и може да се користи преку уреди со iOS или Android оперативен систем, како и на веб и Smart TV. Pickbox нуди содржини од најдобрите студија во светот на четири јазици, а отсега е достапна и за корисници-те на Македонски Телеком.

не престана со развојот и подобрувањето на услугата. Ние сме многу задоволни што успеавме да најдеме одличен партнер и сега нашата премиум содржина може да биде достапна до уште повеќе корисници во Македонија“, изјави Сања Божиќ Љуби-чиќ, извршен директор на Pickbox. Pickbox.tv услугата е воведена во мај 2014 година во Хрватска, Словенија, Србија,

Pickbox, eдна од најпопуларните претплатнички услуги за гледање видеа на барање во регионот, стана достапна и во MaxTV видеотеката на Македонски Телеком. Повеќе од 2.000 часови ТВ серии, детски и филмски содржини од врвните продукциски куќи BBC, Disney, CBS, Sony, MGM и други и тоа со македонски превод, чекаат на вашиот интерес.

СО PICKBOX ДО НАЈНОВиТЕ СЕРии и ФиЛМОВи

Page 35: МОЈ КЛУБ 100

НАШ ИЗБОР НА СЕРИИ НА PICKBOX 35

Замислете си едно обично, добростоечко семејство во кое сопружниците се разведени (но во добри односи), децата се возрасни и секој се занимава со својот живот како знае и умее. Еден член во семејството има тајна по чие разоткривање ништо повеќе нема да биде исто. Гледајте дали таа личност ќе ја сподели тајната и ќе ризикува да го загуби семејството или и понатаму ќе продолжи да го крие она што го криела целиот живот?

ОД МОРТ ДО МОРТА„Личноста“ е пензионираниот професор Морт и тој ја одбира првата можност – да ја сподели својата тајна. Роден е како маж и целиот свој живот бил маж. Во 68-мата година од животот решава повеќе да не крие, зашто заклучува дека нема да

се чувствува целосен додека на своите возрасни деца не им го соопшти својот нов идентитет. Морт станува Морта, а фокусот на серијата од првата пилот-епизода е врз децата на Морт, кои ни во сон не би помислиле дека татко им има токму ваква тајна. Децата на Морт се толку далеку од она што се случува, што нивната прва помисла е дека татко им веројатно има рак.

ОТКАчЕНА АТМОСФЕРА Авторка на серијата е Џил Соловеј, која најмогу ја паметиме по работата на серијата „Два метра под земја“ (Six Feet Under) и таа е лично поврзана со темата за трансродовиот идентитет. Нејзиниот татко, баш како и Морт, решил да стане жена и таа одлука најпрво ја споделил со

своето семејство... Според атмосферата, „Транспарентно“ најмногу потсетува на серијата „Девојки“ (Girls) на Лина Данам со која се на иста бранова должина во однос на ситуациите, инвентивноста на дијалозите и сцените кои се толку реални што гледачите спонтано се поврзуваат со нив. Во „Транспарентно“ се преплетуваат трагикомедијата и драмата, слично како и во серијата „Два метра под земја“. Освен Морт/Морта, главни ликови во серијата се и неговите/нејзините деца (Сара, Џош и Али), кои, иако се возрасни, и понатаму се однесуваат како разгалени, егоцентрични деца. Можеби најинтересниот аспект на серијата го даваат токму саркастичните дијалози што тие ги водат меѓусебно. Сара (Ејми Ландекер) е возрасна жена која, баш како и Морт, има тајна. Џош (Џеј Дипла) е по малку повлечен, но добродушен тип, кој се плетка и во музичката индустрија. Најмладата Али (Габи Хофман) е невработена и слободоумна жена на триесеттина години, која екпериментира со дроги и се впушта во необични ситуации од кои претежно извлекува само уште едно интересно искуство. Сите тие, заедно со Морт и со разведената мајка, прават една многу сликовита екипа која секогаш има нешто да каже, да прокоментира, па дури и да опцуе.Гледајте кога сакате, каде сакате и со кого сакате! PickBox во MaxTV видеотеката ви го овозможува тоа.

„ТРАНСПАРЕНТНО“ (TRANSPARENT)Ако ви недостасуваше фантазија во холивудските серии, конечно ќе можете да уживате во серијата што се подготвува да ги освои сите награди „Еми“ и која веќе е достапна на Pickbox. „Транспарентно“ ги урива половите и сексуалните табуа и во телевизискиот свет на голема врата ја воведува темата за трансродовоста и хомосексуалноста.

ПОМЕСТУВАњЕ НА гРАНициТЕ

„Транспарентно“ на емотивен и топол начин го преиспитува чувствителното прашање за родовиот идентитет, што дури и во либералниот Холивуд е вистински новитет. Количеството „Златни глобуси“ кои серијата „Транспарентно“ ги освои и количеството награди „Еми“ за кои е номинирана, доволно зборуваат за подготвеноста и желбата на општеството конечно „мејнстрим“ културата да почне да зборува за тоа што се случува околу нас. А посебен шмек е кога за една таква тема не се зборува од оддалечена позиција со која гледачите тешко можат да се поистоветат и во која е тешко да поверувате, туку од една нормална, секојдневна перспектива.

Page 36: МОЈ КЛУБ 100

36 НАШ ИЗБОР НА СЕРИИ НА PICKBOX

Сите коишто го имаат гледано оригиналниот филм „Фарго“, сигурно ги помнат највпечатливите и најнеобични сцени. На пример, убиствената двојка што беснее низ северниот град покриен со снег, бремената детективка Марџи како ги бара убијците, но и безбројните сцени во кои актерите ги развлекуваат зборовите на начин типичен за северот.Новиот „Фарго“ не е обработка на филмскиот претходник туку „преземач“ на најдобрите работи од него. Ја има истата атмосфера во истата мала средина, средбата помеѓу доброто и злото и студенилото од кое, како што вели Били Боб Торнтон, мозокот престанува да работи.Првата сезона од десет епизоди претставува вистинска приказна која започнува кога во докторската чекалница се среќаваат Лестер Најгард и Лорн Малво и кога Лорн му предлага на Лестер да го убие неговиот долгогодишен злоупотребувач. За човек што нема совест, вакво нешто не е проблем, но за плашливиот Лестер тој настан е пресвртница во животот.Освен за Лестер, тука започнува приказната и за младата, интелигентна детективка Моли Солверсон, која со својата инвентивност и остроумност го отплеткува клопчето на злосторството што го потресе нејзиниот град.Наспроти истоимениот филм кој доби

два Оскара, серијата може да се пофали дури со три награди „Еми“, со два „Златни глобуса“ и со прилично подобри оценки од страна на публиката.

АКТЕРСКиОТ КРЕМ ВО НОВиОТ ФАРгОБили Боб Торнтон го игра необичниот негативец и психопат Лорн Малво, кој нема страв од претставниците на законот и кој често морализира и негува изглед на мрачен тип со детска фризура. Генијалниот Мартин Фримен, кој помеѓу снимањето на „Шерлок“ и „Хобит“ најде доволно време да патува до далечниот Калгари во Канада, каде што се снимаше серијата, внесе живот во симпатичниот и повлечен Лестер Најгард кому, по цел живот поминат во малтретирање од сите можни личности во неговата околина, му пука филмот и решава да премине на страната на злото. Остатокот од екипата го сочинуваат одличните Колин Хенкс, Боб Оденкирк, кого го гледавме во улогата на расипаниот мафијашки адвокат во „Лоши навики“ и во серијата „Подобро јавете му се на Сол“, Алисон Толман, која е попозната како театарска актерка, Колин Хенкс и Кит Карадин.

ВиСТиНА иЛи НЕ... Првата реченица во првата сцена на истоимениот филм беше: „Ова е вистинита

приказна“. Иако многумина за време на гледањето на филмот беа убедени во вистинитоста, самите браќа Коен признаа дека вистината во која верувавме баш и не е вистина. Имено, во осумдесеттите се случило слично злосторство, но никогаш не е забележено дека се случила толку комплексна низа од злосторства кои понатаму сами од себе се комплицирале како во „Фарго“. Новиот „Фарго“ го следи овој пример и тврди дека е снимен според вистинит настан, кој наводно се случил во 2005 година и во кој исто така сè започнува од еден повлечен продавач на осигурувања... Pickbox нуди уште многу серии од поновата продукција, како „Доктори за секс“, третата сезона на „Викинзи“, втората сезона на „Животно семе“ и други кои можете да ги побарате на pickbox.mk.

НОВиОТ „ФАРгО“Оваа есен, криминалистичката серија којашто инспирацијата ја влече од култниот оскаровски филм од 1996 година на браќата Коен, ќе ве воодушеви на Pickbox. Новиот „Фарго“, чии извршни продуценти повторно се браќата Итан и Џоел Коен, целосно е напишана од страна на Ноа Холи, човек што досега беше релативно непознат во телевизискиот свет, но кој има напишано четириесетина епизоди на серијата „Коски“ /Bouns.

СЛАВА „ПРЕКУ НОќ“

Славата и реномето што успеа да ја постигне „Вистински детектив“ за само една сезона, „Фарго“ ги постигна „преку ноќ“. Форматот од десет епизоди, сосема поинаквата приказна и актерската постава носат неодолива привлечност.

Page 37: МОЈ КЛУБ 100

телеком,ПРИЈАтел НА СкоПСкИот џез ФеСтИВАл

ЏЕЗОТ ПОбЛиСКУ ДО ТЕбЕ

telekom.mk/jazz

Page 38: МОЈ КЛУБ 100

МОЈ КЛУБ Е ПРОГРАМА НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ СО КОЈА ЈА НАГРАДУВАМЕ ВАШАТА ЛОЈАЛНОСТ КАКО НАШ КОРИСНИК. КОРИСТЕЈЌИ ГИ УСЛУГИТЕ НА НАШАТА КОМПАНИЈА ОСТВАРУВАТЕ ПОЕНИ СО КОИ ДОБИВАТЕ ВРЕДНИ ПОДАРОЦИ. УШТЕ ПОВЕЌЕ, МОЈ КЛУБ НУДИ МОЖНОСТ ЗА СОБИРАЊЕ ПОЕНИ И ПРИ КУПУВАЊЕ ПРОДУКТИ КАЈ НЕКОИ ОД НАШИТЕ МОЈ КЛУБ ПАРТНЕРИ.

Мој клуб ви овозможува заедничко користење на собраните поени, а тоа значи уште поскратен пат до придобивките од члeнувањето во најголемата програма за лојалност во Македонија:- Поените што ги собирате секој месец можете да ги користите

за да нарачате уреди и дополнителна опрема од Каталогот што целосно се објавува на www.mojklub.mk или да ги искористите во комбинација со поволна доплата во една од нашите продавници;

38 КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

42 Мој клуб

Доколку сте Т-Mobile корисник

Kритериуми за добивање поени број на поени

Доколку сте и T-Home корисник:

Производ/услуга Поени

Мој клуб – поголемa лична слобода и повеќе избор

Најголемата програма за лојалност во Македонија постојано се збогатува, во чекор следејќи го зголемувањето на вашиот број како членови на програмата. Со спојувањето на програмите за лојалност на Т-Mobile и Т-Home, ве обединивме во едно големо семејство кое може да ги комбинира поените и да ги користи за подароци и услуги, а со новините што наскоро ќе ги воведеме, програмата ќе добие целосно нова димензија. Лојалноста кон T-Mobile и Т-Home ќе биде наградувана речиси секојдневно. Новиот, збогатен концепт на програмата со ново име Мој клуб ќе овозможува собирање и користење на Мој клуб поени низ широката продажна мрежа на нашите партнери. Ќе можете при секое купување во партнерските продавници да собирате поени и потоа со собраните поени да купувате или да доплаќате производи по ваш избор или да нарачате подароци и услуги од нашиот Каталог.

Целиот процес и сите информации за програмата ќе бидат објавени на нашата веб страница www.mojklub.mk и на www.t-mobile.mk/mojklub . А дотогаш, изберете подарок од Каталогот на Мој клуб, не заборавајќи ги ниту неколкуте други вредни придобивки од членувањето во најголемата програма за лојалност во земјава:

▪ Комбинирајте ги Мој клуб поените со поволна доплата и земете го мобилниот телефон што најмногу ви се допаѓа во Доверба!

▪ Одберете Мој клуб Бесплатни викенд раз-говори или Мој клуб Бесплатни разговори во Мојот круг користејќи ги своите поени и активирајте веднаш со јавување на 122 или во најблиската продавница! Услугите можете да ги активирате на сопствени-от број доколку сте постпејд приватен корисник или пак да ги подарите на друг постпејд број по ваш избор.

▪ Изненадете ги вашите пријатели – подарете кредит на нивната припејд сметка!. Одберете електронски ваучер во износ од 300, 590, 900 или 2 000 денари и надополнете ја припејд сметката на вашите блиски користејќи ги Мој клуб поените. Јавете се на 122 или појдете во најблиската продавница и приредете некому убаво припејд изненадување.

Наскоро! Новото име веќе го имаме, а очекувајте и нова, неодолива димензија на најголемата програма за лојалност во Македонија! Подготвуваме многу поголеми придобивки буквално за сите корисници на T-Mobile и T-Home, кои поседуваат мобилен број на T-Mobile!

Каталог на подароци

- Можете да ја надополните припејд сметката на вашите блиски со електронски ваучер во износ од 300, 590, 900 или 2.000 денари;

- Можете да плаќате со поените при купување телефон во Доверба;- Собраните поени можете да ги користите во коај било

продавница на нашите партнери („Тинекс“, „Космо“, „Нептун“, продавниците на Fashion Group – Okaidi, Bata, Mango, Golden point, Geox, Timberland, Hugo Boss, Fashion ID, Giovanni Gall, Celio, Fashion&friends, Women’s secret, Parfois, Springfield, Blanco, Bitsiani), Travel Solution и Sigma.

МОЈ КЛУб, НАЈгОЛЕМАТА ПРОгРАМА ЗА ЛОЈАЛНОСТ ДОСЕгА!

Доколку сте корисник на мобилни и интегрирани услуги Доколку сте корисник на фиксни услуги

За секој месец како наш корисник

Page 39: МОЈ КЛУБ 100

ПАРТНЕРСКи ПРОДАВНици

КОЈ МОЖЕ ДА ЈА КОРиСТи ПАРТНЕРСКАТА ПРОгРАМАОваа поволност важи за сите корисници кои имаат мобилен број од македонски телеком и го носат својот телефон во моментот на купување во продавниците кај нашите партнери.

Припејд корисниците исто така можат да собираат и да користат поени во продажната мрежа на нашите партнери. Корисниците на мобилните и интегрираните услуги, кои се корисници и на фиксни услуги, ќе продолжат да собираат поени од користењето на услугите, а преку својот мобилен број и телефон ќе можат да собираат и користат поени со секое купување кај нашите партнери.

КАКО СЕ СОбиРААТ и КОРиСТАТ ПОЕНиТЕПоените се собираат едноставно и брзо при плаќање на сметката на каса во која било продавница од партнерската мрежа. Сите собрани поени од користењето на нашите услуги и од купувањето кај нашите партнери, можете да ги искористите во која било продавница на нашите партнери. Постпејд корисниците можат да ги искористат поените.за нарачка на подароци од каталогот на Мој клуб, за купување на уред од понудата во Доверба или во партнерската мрежа.

КОЈ МОЖЕ ДА СОбиРА ПОЕНи■ секој припејд корисник на Македонски Телеком, ■ секое физичко лице со поединечна претплата, ■ секој член од фамилијарните тарифни модели при што

собраните поени ќе бидат ставени на заедничкото салдо на Мој клуб поени,

■ секој член од Team тарифните модели при што собраните поени ќе бидат ставени на заедничкото салдо на Мој клуб поени,

■ компании со назначени вработени, при што собраните поени ќе бидат ставени на компаниското салдо на Мој клуб поени и

■ вработени во компаниите, при што собраните поени ќе бидат ставени на индивидуалното салдо на Мој клуб поени.

ПРЕгЛЕД НА СОбРАНиТЕ и иСКОРиСТЕНиТЕ ПОЕНи ВО ПАРТНЕРСКАТА МРЕЖАПостојат повеќе начини за преглед на собраните и искористените поени:

■ Со секоја направена трансакција веднаш добивате SMS за собраните или искористените поени,

■ Преглед на месечната сметка или месечна SMS порака, ■ На Мој Телеком портал www.moj.telekom.mk,■ Со праќање SMS на 070 142 566 (5,9 ден.) со текст: Мojklub ■ Во сите Телеком продавници или на 122.

За повеќе детали, посетете ги веб страниците: www.telekom.mk или www.mojklub.mk

СОбиРАЈТЕ и КОРиСТЕТЕ ги ПОЕНиТЕ ВО НАД 250 ПРОДАВНици!

КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ 39

Page 40: МОЈ КЛУБ 100

40 КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

МОЈ КЛУб

ШИФРА: 30081ЗАШТИТНА ФУТРОЛА – РК ВАРДАР1 395 ПОЕНИ

ШИФРА: 30077JBL СЛУШАЛКИ SYNCHROS E109 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 30559XQISIT СЛУШАЛКИ IE H20 БЕЛИ2 495 ПОЕНИ

ШИФРА: 30088SAMSUNG ФУТРОЛА ЗА S5 МИНИ5 850 ПОЕНИ

ШИФРА: 30552XQISIT СЛУШАЛКИ IE H20 РОЗЕВА 2 495 ПОЕНИ

ШИФРА: 30553XQISIT СЛУШАЛКИ IE H20 ЦРНИ 2 495 ПОЕНИ

ШИФРА: 30112DRE™ СЛУШАЛКИ СО МИКРОФ. IN-EAR HEADPHONE - БЕЛИ33 400 ПОЕНИ

ШИФРА: 30087SAMSUNG ФУТРОЛА СО КАПАК ЗА NOTE 48 350 ПОЕНИ

ШИФРА: 30096SAMSUNG GALAXY GEAR54 995 ПОЕНИ

ШИФРА: 30078JBL СЛУШАЛКИ SYNCHROS E3019 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 30538XQISIT БАНКА БАТЕРИЈА MICRO USB 2600MAH ЦРНА3 495 ПОЕНИ

ШИФРА: 30083ДРЕС ВАРДАР5 995 ПОЕНИ

ШИФРА: 30073HARMAN KARDON® ESQUIRE MINI39 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 30537XQISIT БАНКА БАТЕРИЈА MICRO USB 2600MAH СИВА3 495 ПОЕНИ

ШИФРА: 30076JBL СЛУШАЛКИ TEMPO T100A4 495 ПОЕНИ

ШИФРА: 30079JBL СЛУШАЛКИ SYNCHROS E40BT27 950 ПОЕНИ

Page 41: МОЈ КЛУБ 100

ШИФРА: 30113BEATS СЛУШАЛКИ СО МИКРОФОН URBEATS™ - МАТ ЦРНИ22 135 ПОЕНИ

ШИФРА: 30115BEATS STUDIO 2.0™ СЛУШ. СО МИКРОФ. OVER EAR - БЕЛИ60 360 ПОЕНИ

ШИФРА: 30116BEATS EXECUTIVE™ СЛУШАЛКИ СО МИКРОФОН - ЦРНИ60 360 ПОЕНИ

ШИФРА: 30555XQISIT FOLIO ФУТРОЛА ЗА XPERIA E1 ЦРНА 2 350 ПОЕНИ

ШИФРА: 30534XQISIT ЦВРСТА ФУТРОЛА ЗА IPHONE 5S ЦРНО-ЗЕЛЕНА 2 225 ПОЕНИ

ШИФРА: 30532XQISIT ФУРТОЛА ЗА HTC ONE M9 ЦРНА1 995 ПОЕНИ

ШИФРА: 30535XQISIT УНИВЕРЗАЛНА ФУТРОЛА ЦРНА XL1 550 ПОЕНИ

ШИФРА: 30536XQISIT УНИВЕРЗАЛНА ФУТРОЛА ЦРНА M1 550ПОЕНИ

ШИФРА: 40122PHONE PANASONIC KX-TG 8611 (BLUETHOOT&BABY SURVEILANCE) 21 295 ПОЕНИ

ШИФРА: 30114BEATS СЛУШАЛКИ СО МИКРОФОН URBEATS™ - МАТ БЕЛИ20 150 ПОЕНИ

ШИФРА: 30557XQISIT ЗАШТИТНА ФУТРОЛА ЗА SAMSUNG ACE 4 БЕЛА1 750 ПОЕНИ

ШИФРА: 30560ADIDAS СПОРТСКА ФУТРОЛА ЗА GALAXY S5/S6/S6 EDGE8 450 ПОЕНИ

ШИФРА: 30556XQISIT FOLIO ФУТРОЛА ЗА XPERIA E1 БЕЛА2 350 ПОЕНИ

ШИФРА: 41031ТЕЛЕФОН PANASONIC KX-TG 6811 11 495 ПОЕНИ

41КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ 41КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

ШИФРА: 41028 ТЕЛЕФОН GIGASET DA3104 595 ПОЕНИ

ШИФРА: 41029ТЕЛЕФОН GIGASET A2207 645 ПОЕНИ

Page 42: МОЈ КЛУБ 100

ШИФРА: 30058GIZMOBIES ДЕКОРАТИВНА ФОЛИЈА ЗА 10'-11' ЛАП ТОП4 550 ПОЕНИ

ШИФРА:30541SAMSUNG WIRELESS CHARGER7 995 ПОЕНИ

ШИФРА: 30075JBL CLIP13 450 ПОЕНИ

ШИФРА: 30548KINGSTON MICROSD 8 GB МЕМ.КАРТИЧКА КЛАСА 41 995 ПОЕНИ

ШИФРА: 30099SAMSUNG ФУТРОЛА СО КАПАК ЗА GALAXY ALPHA8 350 ПОЕНИ

ШИФРА: 30104JBL CHARGE 239 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 30103JBL FLIP 226 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 30098KINGSTON MICROSD 32GB МЕМ.КАРТИЧКА КЛАСА 46 995 ПОЕНИ

ШИФРА: 30097KINGSTON MICROSD 16GB МЕМ.КАРТИЧКА КЛАСА 43 495 ПОЕНИ

ШИФРА: 30060GIZMOBIES ДЕКОРАТИВНА ФОЛИЈА ЗА 15'-16' ЛАП ТОП6 050 ПОЕНИ

ШИФРА: 30554KINGSTON MICROSD 64GB МЕМ.КАРТИЧКА 10 995 ПОЕНИ

42 КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ42 КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

ШИФРА: 30106ДАЛЕЧИНСКИ УПРАВУВАЧ MR1004 995 ПОЕНИ

ШИФРА: 30550XQISIT USB ДАТА КАБЕЛ ЗА IPHONE 5 AND 6 БЕЛ3 100 ПОЕНИ

ШИФРА: 30109ЏЕБНА СВЕТИЛКА SWAROVSKI BLACK WILD BLOSSOM 9 995 ПОЕНИ

ШИФРА: 10478РАНЕЦ ЗА LAP TOP CASE LOGIC16 678 ПОЕНИ

ШИФРА: 40120ФОТОАПАРА FUJIFILM FINEPIX T35021 495 ПОЕНИ

Page 43: МОЈ КЛУБ 100

ШИФРА: 30544ФОТРОЛА XQUIST СО КАПАК SAMSUNG S6 ЦРНА2 495ПОЕНИ

ВАшАТА НАРАчКА МОЖЕТЕ ДА ЈА НАПРАВиТЕ1. Со јавување на 070122;2. Во нашите продажни места;3. Преку Mojот T-Mobile портал (www.my.t-mobile.mk).

Покрај можноста за достава на Мој клуб подароци во продавница по избор, можете да одберете и достава и на адресата на која ја добивате вашата месечна сметка. Цената на услугата изнесува само 50 ден. за која било локација во цела Македонија!

ШИФРА: 30549XQISIT USB ДАТА КАБЕЛ ЗА IPHONE 5 AND 6 ЦРН3 100 ПОЕНИ

ШИФРА: 30101SAMSUNG ФУТРОЛА СО КАПАК ЗА GАLAXY S5 БЕЛА 6 700 ПОЕНИ

ШИФРА: 30107ПРИВРЗОК ЗА МОБИЛЕН SWAROVSKI TINKER BELL 9 995 ПОЕНИ

ШИФРА: 30108ПРИВРЗОК ЗА МОБИЛЕН NYMPHE FUCHSIA NECKLACE 12 995 ПОЕНИ

43КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ 43КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

ШИФРА: 120001Е-ВАУЧЕР 3001 500 ПОЕНИ

ШИФРА: 120003Е-ВАУЧЕР 9004 500 ПОЕНИ

ШИФРА: 120002Е-ВАУЧЕР 5903 000 ПОЕНИ

ШИФРА: 120004Е-ВАУЧЕР 20008 000 ПОЕНИ

300 ден. 900 ден. 2000 ден.590 ден.

ШИФРА: 30080HUAWEI TALKBAND B1 BLACK27 450 ПОЕНИ

ШИФРА: 70005ВАУЧЕР 590 3 000 ПОЕНИ

ШИФРА: 70006ВАУЧЕР 900 4 000 ПОЕНИ

ШИФРА: 70007ВАУЧЕР 2000 8 000 ПОЕНИ

ВРЕДНОСНА КАРТИЧКА

590ВРЕДНОСНА КАРТИЧКА

2000ВРЕДНОСНА КАРТИЧКА

900

Page 44: МОЈ КЛУБ 100

44 КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

44 КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

ШИФРА: 20535ACER LIQUID Z20529 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20490ALCATEL IDOL MINI34 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20502ALCATEL OT POP 8 WIFI 39 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20533ALCATEL POP 2 (4.5)29 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20500LG L4027 250 ПОЕНИ

ШИФРА: 20506LG L7034 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20526NOKIA 53029 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20509NOKIA LUMIA 63039 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20503HTC DESIRE 61064 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20529LENOVO A536 34 950 ПОЕНИ

ВАшАТА НАРАчКА МОЖЕТЕ ДА ЈА НАПРАВиТЕ1. Со јавување на 070122;2. Во нашите продажни места;3. Преку Mojот T-Mobile портал (www.my.t-mobile.mk).

Покрај можноста за достава на Мој клуб подароци во продавница по избор, можете да одберете и достава и на адресата на која ја добивате вашата месечна сметка. Цената на услугата изнесува само 50 ден. за која било локација во цела Македонија!

ШИФРА: 20496HUAWEI Y53034 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20527HUAWEI ASCEND G620S52 250 ПОЕНИ

Page 45: МОЈ КЛУБ 100

45КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ 45КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

ШИФРА: 20511SAMSUNG 359019 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20487SAMSUNG GALAXY CORE PLUS 39 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20499SAMSUNG GALAXY S5 134 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20522SAMSUNG S5611 VE 19 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20536SONY XPERIA ™ E4G32 450 ПОЕНИ

ШИФРА: 20534SONY XPERIA Z3 BLACK144 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20509NOKIA LUMIA 63047 250 ПОЕНИ

ШИФРА: 20518SAMSUNG Е1200 VE 6 250 ПОЕНИ

ШИФРА: 20514SONY XPERIA E1 29 950 ПОЕНИ

Page 46: МОЈ КЛУБ 100

НАЈДОбРОТО ОД ТЕЛЕКОМ

СеГА е еДНоСтАВНо!НАЈДОбРАТА КОМУНиКАциЈА, иНТЕРНЕТ и ТЕЛЕВиЗиЈА ВО ЕДЕН ПАКЕТ Magenta 1 - Сè што му треба на вашето семејство:

Два постпејд броја со неограничени разговори, cупербрз 4G мобилен интернет, Mobile MaxTV и Loop дигитален фото албум

Најбрзиот интернет за дома MaxTV- најдобрата телевизија со најмногу спортски содржини

Дознајте повеќе на telekom.mk, на 122 или во најблиската Телеком продавница.