МЕНАЏМЕНТОТ, МЕНАЏЕРИТЕ И ОРГАНИЗАЦИЈАТА...

4
1 м-р Весна Гроздановска UDK UDK 65.012 (045) МЕНАЏМЕНТОТ, МЕНАЏЕРИТЕ И ОРГАНИЗАЦИЈАТА ВОВЕД Менаџментот е комплексна задача која во денешни услови тешко може да биде вршена само од еден човек и затоа, по правило, управувањето во големите организации е доверено на група луѓе менаџери кои мора да имаат соодветни знаења, искуство и вештини потребни за успешно изведување на задачата. Четирите основни предизвици со кои се соочуваат менаџерите во денешно време се: остварување на конкурентска предност; одржување на етичките стандарди; раководење со разнородна работна сила; и користењето на новите технологии и информатички системи. Остварувањето на конкурентската предност е поврзано со искористеноста на ресурсите (работната сила и суровините), зголемената ефикасност, квалитетот, внесувањето иновации во работењето и задоволување на барањата од потрошувачите и корисниците на услугите. Одржувањето на етичките стандарди е многу важен принцип, особено кога се врши притисок врз менаџерите од страна на акционерите за повисок профит и остварување дивиденда. Во такви услови менаџерите треба да најдат начини преку подобро организирање и планирање да ја постигнат целта без да прибегнат кон драстични мерки и тортура врз вработените. 1. Менаџерите и организацијата Со користењето на информатичките технологии менаџментот значително е унапреден, особено со продорот на информациите и знаењата како постојана потреба на менаџерите и другите вработени, како и можноста за моментален увид и пресек на состојбата на сите компоненти од работењето на организацијата во кое било време. Исто така, соработката на научните установи со бизнис - заедницата и користењето на научните сознанија со практична примена во реални услови, континуираните истражувања и развојот, придонесоа за натамошно осовременување и унапредување на менаџментот. 1.1. Перформанси на организацијата Перформанси на организацијата се мерката и показателот колку ефикасно и ефективно менаџерите ги користат ресурсите на организацијата за да ги постигнат организациските цели и истовремено да ги задоволат барањата на потрошувачите за своите производи и услуги. Организации со високи перформанси се оние организации кои истовремено се ефикасни и ефективни. Ефикасноста е мерка колку добро и колку продуктивно се користат ресурсите за постигнување на организациските цели. Организациите се ефикасни кога менаџерите ги намалуваат влезните ресурси (суровинте, бројот на извршитете, и бројот на компонентите за составување одредени делови од финален производ), како и

Upload: vuongthu

Post on 06-Feb-2018

232 views

Category:

Documents


4 download

TRANSCRIPT

Page 1: МЕНАЏМЕНТОТ, МЕНАЏЕРИТЕ И ОРГАНИЗАЦИЈАТА 12/09_Menadzerite.pdf · таквите организациски цели ги постигнуваат

1

м-р Весна Гроздановска UDK UDK 65.012 (045)

МЕНАЏМЕНТОТ, МЕНАЏЕРИТЕ И ОРГАНИЗАЦИЈАТА

ВОВЕД

Менаџментот е комплексна задача која во денешни услови тешко може да биде вршена само од еден човек и затоа, по правило, управувањето во големите организации е доверено на група луѓе – менаџери кои мора да имаат соодветни знаења, искуство и вештини потребни за успешно изведување на задачата.

Четирите основни предизвици со кои се соочуваат менаџерите во денешно време се: остварување на конкурентска предност; одржување на етичките стандарди; раководење со разнородна работна сила; и користењето на новите технологии и информатички системи.

Остварувањето на конкурентската предност е поврзано со искористеноста на ресурсите (работната сила и суровините), зголемената ефикасност, квалитетот, внесувањето иновации во работењето и задоволување на барањата од потрошувачите и корисниците на услугите.

Одржувањето на етичките стандарди е многу важен принцип, особено кога се врши притисок врз менаџерите од страна на акционерите за повисок профит и остварување дивиденда. Во такви услови менаџерите треба да најдат начини преку подобро организирање и планирање да ја постигнат целта без да прибегнат кон драстични мерки и тортура врз вработените. 1. Менаџерите и организацијата

Со користењето на информатичките технологии менаџментот значително е унапреден, особено со продорот на информациите и знаењата како постојана потреба на менаџерите и другите вработени, како и можноста за моментален увид и пресек на состојбата на сите компоненти од работењето на организацијата во кое било време. Исто така, соработката на научните установи со бизнис - заедницата и користењето на научните сознанија со практична примена во реални услови, континуираните истражувања и развојот, придонесоа за натамошно осовременување и унапредување на менаџментот. 1.1. Перформанси на организацијата

Перформанси на организацијата се мерката и показателот колку ефикасно и ефективно менаџерите ги користат ресурсите на организацијата за да ги постигнат организациските цели и истовремено да ги задоволат барањата на потрошувачите за своите производи и услуги.

Организации со високи перформанси се оние организации кои истовремено се ефикасни и ефективни.

Ефикасноста е мерка колку добро и колку продуктивно се користат ресурсите за постигнување на организациските цели. Организациите се ефикасни кога менаџерите ги намалуваат влезните ресурси (суровинте, бројот на извршитете, и бројот на компонентите за составување одредени делови од финален производ), како и

Page 2: МЕНАЏМЕНТОТ, МЕНАЏЕРИТЕ И ОРГАНИЗАЦИЈАТА 12/09_Menadzerite.pdf · таквите организациски цели ги постигнуваат

2

времето потребно да се изработи определен производ или да се обезбеди определена услуга.

Ефективноста е мерка на соодветност на целите кои менаџерите ги поставиле како организациска цел како и степенот на исполнување на таквата цел од страна на организацијата. Организациите се ефективни кога менаџерите избираат и поставуваат соодветни цели и на крајот истите ги постигнуваат и исполнуваат.

Ефективни се оние менаџери кои избираат прави и соодветни цели кои како производи и услуги се прифатени од потрошувачите и корисниците на услугите, а таквите организациски цели ги постигнуваат и исполнуваат со вештини и знаења и со најмало користење на ресурсите на организацијата.

1.2. Видови менаџери

Менаџерите, зависно од својата позиција во хиерархијата на раководење во

организацијата, припаѓаат на:

-менаџери на највисоко ниво, (врвен менаџмент); -менаџери на средно ниво, (среден менаџмент) и -менаџери на најниско ниво, (менаџмент на пониско ниво)

Врвниот менаџмент се грижи за подготвувањето и имплементирањето на

политиката со која се насочуваат активностите за остварување на поставените цели на организацијата и определува кои производи и услуги треба да се произведуваат и извршуваат, одржува комуникации и контакти со надворешната околина, го следи функционирањето на организациската структура, ги определува целите и задачите на главните организациски единици, го следи работењето на менаџерите од средно ниво.

Активностите на врвниот менаџмент се насочени кон остварување успех, или постигнување резултати на подолг рок, создавање клима и градење добри меѓусебни односи во средината во која работат.

Средниот менаџмент се грижи за спроведување на утврдената политика и за успешно работење на пониските организациски нивоа. На ова ниво на менаџментот се развива индивидуалната иницијатива и размислување за реализација на политиката и насоките на врвниот менаџмент, се подготвува предлог до врвниот менаџмент за вршење ревизија на поставената политика, се предлага нова и се поставуваат целите за остварување на зададените задачи.

Менаџментот на пониско ниво се грижи за конкретното извршување на политиките и за остварување на поставените цели на организационите единици преку процедурите поставени од средниот и врвниот менаџмент. На ова ниво на менаџментот се следи извршувањето на планските задачи преку секојдневен надзор врз работењето на извршителите. 2. Менаџерската улога и вештини на менаџерите

Задачите кои менаџерите ги извршуваат во процесите на планирањето, организирањето, раководењето и контролирањето, може да се сведат на три категории : меѓуперсонални, одлучувачки и информативни.

Page 3: МЕНАЏМЕНТОТ, МЕНАЏЕРИТЕ И ОРГАНИЗАЦИЈАТА 12/09_Menadzerite.pdf · таквите организациски цели ги постигнуваат

3

(1) Меѓуперсонална улога

Предводникот - ги објаснува организациските цели на вработените; лидерот - Ги обучува и им објаснува на вработените како на најдобар начин да ги извршуваат задачите во процесот на производството и давањето услуги; координаторот - ги координира активностите на вработените во рамките на самата организацијата како и со субјекти надвор од организацијата.

(2) Информативна улога

Мониторингот – ги анализира информациите кои доаѓаат од самата организација како и информациите кои доаѓаат надвор од организацијата. дисеминаторот – ги информира вработените за настанатите промени од кој било вид во самата организација како и за промените настанати во надворешното опкружување; портпаролот – ги информира надлежните власти (градските, општинските и

др.) за активностите на организацијата.

(3) Улога на одлучување

Претприемачот - одлучува за тоа кои програми и проекти ќе ги во ди организацијата; кризниот менаџер – управува со состојбите во организацијата во услови на вонредни околности и кризи предизвикани одвнатре или однадвор; буџетарот - го подготвува буџетот и врши алокација на финансиските средства во организацијата; договарачот - комуницира со други менаџери од истата организација или од други организации за склучување договори.

Задачите и одговорностите на менаџерите на сите нивоа во последните години драстично се изменети и како главни фактори кои доведоа до ваквите промени се глобалната конкуренција и воведувањето на информатичките технологии и електронската трговија. Силната конкуренција и строгите пазарни услови во сите сегменти на работењето предизвикаа поинакво делување на организациите и менаџерите, така што на менаџерите им се поставуваат задачи кои се многу пошироки и посеопфатни од нивните традиционални задолженија.

За да обезбедат успешно работење на организацијата, менаџерите ја унапредуваат и зголемуваат ефикасноста и ефективноста во работењето и ги подобруваат вкупните перформанси на организацијата.

Користејќи ја предноста на информатичките технологии и електронската трговија, менаџерите во голема мера ги намалуваат оперативните трошоци на организацијата, но истовремено вршат и реструктуирање на организацијата, при што ги издвојуваат несуштинските бизниси од основните (outsourcing) и ги продаваат или на друг начин ги о туѓуваат и на то ј начин индиректно го намалуваат бројот на вработените.

Процесот на реструктуирање, со цел намалување бројот на вработените, се врши и како последица на користењето на информатичките технологи преку кои вработените се здобиваат со нови знаења потребни за извршување на конкретни работни задачи, а времето за извршување на задачите значително се скратува и на тој начин вработените добиваат дополнителни обврски и одговорности за сметка на голем број вработени кои ги губаат своите работни места.

Page 4: МЕНАЏМЕНТОТ, МЕНАЏЕРИТЕ И ОРГАНИЗАЦИЈАТА 12/09_Menadzerite.pdf · таквите организациски цели ги постигнуваат

4

Друг начин за намалување на трошоците е креирањето на т.н. самоуправни тимови со формирање групи и тимови со дадена одговорност за надзор и контрола врз сопственото работење и супервизија врз квалитетот на производите и услугите што тие ги произведуваат и обезбедуваат.

Успешниот менаџмент покрај другото, треба да вклучи: · целосна контрола врз квалитетот на производите и услугите - Total Quality

Мanagement (TQM); · креирање на самоуправните групи и тимови од разни специјалности со

комплементарни знаења и вештини; · пренесување на овластувањата од менаџерите на групите и тимовите заради

мотивирање и постигнување на поголема одговорност кај извршителите; · создавање креативна атмосфера, воведување и негување систем на идеи и

иновации и охрабрување за можните ризици; · континуирано систематско учење за сите субјекти во организацијата; · фаворизирање на тимската работа, добрата комуникација, довербата,

меѓусебната почит и дијалог со вработените. ЗАКЛУЧОК

Промените настанати во севкупното живеење како последица од појавата на новите технологии и информатичките системи, неминовно доведоа до промени во менаџментот при што менаџерите даваат насоки како поединецот да го најде своето место во структурата на организацијата, и со своето знаење и вештини на најдобар можен начин да се вклопи во севкупниот амбиент.

Со појавата на глобализацијата, границите на организациите исчезнуваат и со своето растење и ширење тие ги надминуваат локалните, регионалните и националните рамки и прераснуваат во широко распространети низ целиот свет. Во такви услови опфатот на менаџментот значително се зголемува и усложнува и менаџерите ќе бидат истовремено експерти за развој и организација, експерти за планирање, експерти за лингвистички стилови и мултинационални култури, медијатори и многу друго.

ЛИТЕРАТУРА

1. Essentials of Contemporary Management, Gareth Jones& Jennifer George 2. Correctional Leadership and Competencies for the 21st Century- Nancy Campbell 3. Graziadio Business Report 4. Carter McNamara, Management Skills for the 21st Century Contemporary Theories in

Practices 5. Stephen Robbins& Paul de Cenzo Management, Contemporary Management