Тони Заткоски - Програма 2013-2017

22

Upload: toni-zatkoski

Post on 08-Mar-2016

246 views

Category:

Documents


2 download

DESCRIPTION

Тони Заткоски - Програма 2013-2017

TRANSCRIPT

Page 1: Тони Заткоски - Програма 2013-2017
Page 2: Тони Заткоски - Програма 2013-2017

ПРОГРАМАI. ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Локалниот економски развој значи потреба од директна работа за економско зајакнување на локалните области со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. За подобрување на конкурентноста, главниот импулс за економски раст мора да произлезе од приватниот сектор, затоа што само тој може да создаде економска благосостојба и нови работни места на долг рок. ВМРО ДПМНЕ смета дека Општина Кривогаштани поседува потенцијал за развој и затоа локалната власт на Општина Кривогаштани, во соработка со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период ќе биде силно фокусирана на Локален економски развој и градење партнерство со бизнисот и земјоделците за остварување на интересите на граѓаните.

Нашите најважни проекти, во новиот мандат ќе бидат:

Изградба на индустриска зона во село Славеј (КО Врбјани)На влезот од селото Славеј во рамки на поранешниот комплекс ЗИК Кузман Јосифовски Славеј, каде веќе постојат преработувачки капацитети, на површина од десетина хектари предвидена е изградба на Индустриска зона „Славеј“. Во тек е изработка на урбанистички план вон населено место. Од 2014 година, локациите Индустриска зона „Славеј“ ќе бидат објавени на продажба. За инвестирање во капацитети во индустриската зоната општината ќе обезбеди поволни услови, со што се очекува да се изградат економски објекти кои ќе обезбедат нови работни места.

Рок на реализација: 2013-2015 година

Континуирана поддршка на малите и средните фирми со седиште во општината и поддршка за формирање на нови мали и средни бизниси и семејни бизниси

Општинската администрација континуирано ќе излегува во пресрет на потенцијалните инвеститори и ќе обезбедува информации за ресурсите со кои располага општината (земјиште и слично), како и за погодностите кои ги нуди централната и локалната власт за започнување на бизнис.

Рок на реализација: континуирано

Промоција на општинското стопанствоЈакнење на соработката со општините Прилеп, Долнени, Крушево, Могила и другите соседни општини, пред со во креирањето на стратегијата за локален економски развој на овој регион и зајакнување на економската соработка, како и негова заедничка меѓународна промоција.

Рок на реализација: континуирано

ТОНИ ЗАТКОСКИ - КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Page 3: Тони Заткоски - Програма 2013-2017

Понатамошно унапредување и промоција на производството на тутун и раноградинарски култури

Општина Кривогаштани е дел од проектот лидер Пелагонија, во чии рамки се континуирано се врши обука на земјоделците за примена на современи агротехнички методи во земјоделството со цел унапредување на земјоделското производство.

Рок на реализација: континуирано

Проект за развој на претприемнички вештиниВо партнерство со Агенцијата за вработување на Република Македонија, Општина Кривогаштани и понатаму ќе се залага за развој на претприемнички вештини на граѓаните. Во оваа насока, ќе продолжи одржувањето на семинари во соработка со бизнис клубот од Битола.

Рок на реализација: 2013-2017 година

Изградба на покривна конструкција на зелениот пазар во Кривогаштани

Со цел подобрување на условите за стопанисување на зелениот пазар, ќе биде изградена покривна конструкција на истиот.

Рок на реализација: 2013 - 2014 година

II. ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКАВладата на ВМРО-ДПМНЕ континуирано ги зголемува инвестициите во образованието, бидејќи веруваме дека најдобриот начин за развој на една земја и најдобриот начин да се излезе од сиромаштијата е преку знаењето и моќта која ја дава образованието. Основни приоритети на ВМРО-ДПМНЕ во областа на образованието се осовременување и унапредување на квалитетот на образованието на сите степени, создавање на млади кадри кои ќе бидат конкурентни на пазарот на трудот и развивање на здрава психо-физичка личност.

Наши најважни проекти, во функција на остварување на оваа цел во следниот четиригодишен период ќе бидат:

Изградба на спортска сала во ОУ Манчу МатакВо рамки на проектот „145 спортски сали”, а со цел поттикнување на правилен физички развој и поттикнување на спортскиот и натпреварувачкиот дух кај младите ќе изградиме една спортска сала во ОУ Манчу Матак.

Рок на реализација: јули 2015 година

Реконструкција на системот за греење во ОУ Манчу МатакСо цел обезбедување на просторни услови за одвивање на квалитетна настава во основните и средните училишта на територијата на Република Македонија ќе продолжиме со реконструкција на училишната инфраструктура. Во општина Кривогаштани ќе извршиме реконструкција на системот за греење во ОУ Манчу

ТОНИ ЗАТКОСКИ - КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Page 4: Тони Заткоски - Програма 2013-2017

Матак. Средствата ќе бидат обезбедени од Банката за развој при Совет на Европа и Владата на Република Македонија.

Рок на реализација: јули 2014 година.

Реновирање на подрачното училиште во село Годивле Со проектот се предвидува изработка на Основен проект и реконструкција на училишната зграда во село Годивле со што ќе се обезбедат подобри услови за работа на учениците и вработените.

Средства: 1.900.000 денари

Рок на реализација: 2013 – 2014 година

Изградба на ограда на училишниот двор во село КрушеаниСо цел обезбедување на поголема безбедност на учениците и вработените ќе се огради училишниот двор во село Крушеани.

Средства: 450.000 денари

Рок на реализација: 2013 – 2014 година

Реновирање на подрачното училиште во село Славеј Со проектот се предвидува изработка на Основен проект и реконструкција на училишната зграда во село Славеј со што ќе се обезбедат подобри услови за спроведување на образовниот процес.

Средства: 1.800.000 денари

Рок на реализација: 2014 – 2015 година

Реконструкција на старата училишна зграда во КривогаштаниСо проектот се предвидува изработка на Основен проект и реконструкција на старата училишна зграда во Кривогаштани со што ќе се обезбеди простор за едносменско работење на ЦОУ “Манчу Матак” во Кривогаштани.

Средства: 1.350.000 денари

Рок на реализација: 2014 – 2015 година

Бесплатен интернет во сите основни училиштаРок на реализација: континуирано.

Проект “Општината ги наградува најдобрите” Со цел да ги поттикнеме најдобрите ученици, средношколци и спортисти, како општинската администрација предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во соработка со приватниот сектор и донатори, ќе обезбедуваме средства за наградување на најдобрите ученици, средношколци и спортисти.

Рок на реализација: континуирано

Проект за опремување на училиштата и училишните кабинети

ТОНИ ЗАТКОСКИ - КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Page 5: Тони Заткоски - Програма 2013-2017

Во насока на обезбедување на квалитетна практична настава ќе ги доопремиме училиштата со потребните наставни материјали и алатки (со поддршка на Владата на Република Македонија).

Рок на реализација: континуирано

Проект: превенција од девијантно однесување Целта на проектот е децата во училиштата освен класичното образование да добијат и неформално образование кое дава посебен осврт на неколкуте големи проблеми на денешницата - насилството и пороците. Часовите кои ќе бидат посветени на превенција од девијантно однесување ќе се одржуваат еднаш во текот на месецот од страна на педагошките, психолошките служби во училиштата и наставниците и на истите ќе бидат организирани како дебата со учениците на која тие ќе можат да ги споделат своите размислувања за темата за која ќе се говори.

Рок на реализација: 2014 година.

Проект: „Клупата во која седам - сведок засекогаш“Целта на проектот е зачувување на школскиот инвентар преку едукација на децата.

Рок на реализација: континуирано

III. СПОРТ И МЛАДИСпортот и физичката култура како цивилизациски придобивки претставуваат моќно средство за човечкиот развој. ВМРО-ДПМНЕ е силно фокусирана на развој на услови за спортување на целата територија на државата и досега се реализирани бројни проекти за изградба на спортски сали, фудбалски и тениски игралишта. Спортот претставува ресурс за развој и инвестирањето во него неодминливо повратно влијае врз вкупниот развој. Затоа и во новиот мандат во Општина Кривогаштани, во соработка со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Агенцијата за спорт и млади ќе ги реализираме средните проекти:

Изградба на едно повеќенаменско спортско игралиште Најдобар начин да се создадат услови за развој на масовниот спорт и спортот за сите е преку изградбата на повеќенаменските спортски игралишта, кои ќе бидат ставени на располагање на сите граѓани за спортување, рекреирање и за натпреварување. Игралиштата ќе можат да се користат деноноќно и ќе бидат место за собирање и дружење на младите генерации, како и основа за создавање на здрава младина и одлична превентива од пороците на модерното живеење. Игралиштето ќе биде изградено во близина на ОУ „Манчу Матак“. (во соработка со Владата на Република Македонија и Агенцијата за млади и спорт) Рок на реализација: 2013- 2015 година

Средства: 6.000.000 денари

ТОНИ ЗАТКОСКИ - КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Page 6: Тони Заткоски - Програма 2013-2017

Афирмирање на спортот и спортската култура и поддршка за возобновување на ракомет, кошарка, одбојка, карате и други спортови

Во насока на афирмирање на спортот и спортската култура активно ќе ги поддржуваме локалните спортски клубови и ќе организираме спортски активности и манифестации. Општината активно ќе ги поддржува фудбалските клубови Младост и Партизан Обршани кои се натпреваруваат во третата лига, како и другите помали клубови од општината.

Рок на реализација: континуирано

Проект: Училишни лиги Во општина Кривогаштани ќе се воведе постојана практика на организирање на училишни лиги во различни спортови (фудбал, кошарка, ракомет и сл.), со цел најнапред да се одиграат натпревари помеѓу различните одделенски екипи во едно училиште, по што најдобрите екипи ќе се квалификуваат за меѓуучилишни натпревари. Со воведувањето на училишните лиги ќе се поттикне натпреварувачкиот дух кај најголем дел на учениците и на ваков начин ќе се селектираат најдобрите спортисти во училиштата.

Рок на реализација: 2013-2017 година

Исто така, за правилен развој на младите ќе продолжиме со реализација на следните активности:

Поддршка на културните друштва Илинден од Кривогаштани и Пелагонка од Обршани

Во овие културни друштва учествуваат голем број млади луѓе од општината, кои го негуваат македонскиот фолклор и традиционални песни и ора.

Рок на реализација: континуирано

Трибини за неформално образование и подигнување на свеста кај младите за претприемништво

Општина Кривогаштани преку организирање на јавни трибини и други настани ќе ги промовира важноста и потенцијалните придобивки од неформалното образование, со кое се подобруваат вештините, познавањата и способностите на младите луѓе и се зголемуваат можностите за нивна вработливост. На трибините ќе се истакнат и можностите за младите кои се создаваат преку развивање на претприемничката иницијативата, а ќе се презентираат и позитивни примери на успешни претприемачи и ќе се дискутира за поволностите кои ги нуди државата за започнување на сопствен бизнис.

Овие трибини ќе се организираат во соработка со Центарот за едукација од Прилеп и Народниот универзитет од Прилеп, каде и досега се организираат обуки за разни занимања и занаети.

Рок на реализација: континуирано

Хуманитарна акција за помош на младите од социјално загрозени семејства

ТОНИ ЗАТКОСКИ - КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Page 7: Тони Заткоски - Програма 2013-2017

Известување на веб страната на Општината за потребата од донирање на парична помош, облека, спортска опрема, спортски реквизити со назив ДОНИРАЈ!!!

Рок на реализација: 2013 – 2017 година

Кампања на локално ниво за борба против зависностите на 21 век-дрога, алкохол, цигари

Преку системот на образование, но и преку одржување на трибини во населените места во општината ќе се влијае врз младите со цел избегнување на штетните последици од консумирање на наркотични средства и алкохол.

Рок на реализација: континуирано

Поддршка на доброволна крводарителска акција во која учество ќе земаат и спортистите

Во соработка со Заводот за трансфузиологија од Прилеп ќе продолжиме со организирање на доброволни крводарителски акции во Кривогаштани. Во овие акции учество ќе земат и спортистите, со цел давање на позитивен пример кај младите за подигнување на хуманитарната свест.

Рок на реализација: континуирано

IV. ИНФОРМАТИЧКИ РАЗВОЈСо оглед на се поголемото значење на информатичката технологија, како општинската власт од Општина Кривогаштани ќе спроведеме низа активности за едуцирање на граѓаните за користење на компјутерите и интернетот, како и за зголемување на користењето на интернет во општината.

Отворање на два интернет клубовиИнтернет клубовите ќе бидат сместени во рамки на двете централни основни училишта Манчу Матак и Јонче Смогрески. Проектот се реализира во соработка со Владата на Република Македонија.

Рок на реализација: 2013 – 2014 година

Изработка на веб страна на Општина Кривогаштани и редовно ажурирање на содржините со што ќе се овозможи граѓаните да бидат постојано информирани за активностите во општината.

Рок на реализација: 2013 година и континуирано

Надградба на постојниот и воведување нов софтвер во рамките на општинската самоуправа, со цел подобрување на е-услугите кои им се нудат на граѓаните.

Рок на реализација: континуирано

V. УРБАНИЗАМ И ЖИВОТНА СРЕДИНА

ТОНИ ЗАТКОСКИ - КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Page 8: Тони Заткоски - Програма 2013-2017

Основа на развојот на секоја општина се соодветните урбанистички планови усогласени со потребите на граѓаните и деловните субјекти. Согласно потребите општина Кривогаштани ќе работи на измена, дополнување и донесување на нови урбанистички планови, со што ќе се овозможи брзо и лесно да се дојде до дозволи за градење, што ќе придонесе за забрзан економски развој на општината.

Изработка на планска документација за изградба на индустриска зона во село Славеј (КО Врбјани) и нејзино уредување

Рок на реализација: 2014 – 2015 година

Изработка на Урбанистички план за населено место Кривогаштани – со површина од 12 хектари.

Рок на реализација: 2013 – 2015 година

Изработка на Урбанистички план за населено место Воѓани - со површина 5 хектари

Рок на реализација: 2013 – 2014 година

Изработка на Урбанистички план за населено место Подвис – со површина 20 хектари

Рок на реализација: 2014 – 2015 година

Изработка на Урбанистички план за населено место Врбјани - со површина 2 хектари.

Рок на реализација: 2015 – 2016 година

Општината мора да ги почитува принципите на заштитата на животната средина. На проблемот со отпадот општина Кривогаштани ќе му посвети посебно внимание преку имплементирање на проекти за спречување на загадувањето, а преку набавка на потребната опрема ќе го зајакнеме јавното комунално претпријатие, со што услугите за граѓаните ќе ги подигнеме на највисоко ниво. На тој начин ќе придонесеме за подигање на еколошката свест кај граѓаните и подобрување на квалитетот на животната средина.

Набавка на нова механизација за справување со отпад

Преку подобрување на функционирањето на јавното комунално претпријатие и набавка на нова механизација ќе го подобриме организираното изнесување на смет од населените места Крушеани, Обршани, Бела Црква, Воѓани, Пашино Рувци, Боротино и другите населени места.

Рок на реализација: 2013 – 2014

Програма за енергетска ефикасност во општинатаОпштина Кривогаштани секоја година ќе продолжи со донесувањето и спроведувањето на Програма за подобрување на енергетската ефикасност и ќе презема мерки за заштеда на енергија.

Рок на реализација: континуирано

Трибини за енергетска ефикасност и за намалување на емисијата на

ТОНИ ЗАТКОСКИ - КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Page 9: Тони Заткоски - Програма 2013-2017

штетни гасови Општина Кривогаштани ќе се грижи за едуцирање на граѓаните како да живеат по еколошки, да не трошат многу електрична енергија и фосилни горива а со тоа и да заштедат пари но и да ја заштитат природата. Советите ќе се однесуваат на различните методи преку кои се троши помалку електрична енергија, еден од кои е користење на нови светилки, инсталирање на сончеви колектори во поголем број на домаќинства и др.

Рок на реализација: 2013-2017 година

Проект: „Нула толеранција за дивите депонии“ Со проектот ќе се спроведат акции за чистење на дивите депонии, а потоа сметот ќе се транспортира до регионалната депонија. Граѓаните ќе се вклучат во акцијата со доброволна работа, а покрај нив ќе се вклучат и фирми кои се занимаваат со собирање на смет. Потоа врз основа на дневна контрола, непочитувањето на прописите и создавањето на диви депонии ќе се санкционира.

Рок на реализација: континуирано

VI. КОМУНАЛНИ РАБОТИСнабдувањето на населението на Општина Кривогаштани со чиста и квалитетна вода преку водоводна мрежа на територијата на Општината и едновремено намалување на загубите на вода во водоснабдителниот систем ќе биде наш врвен приоритет во новиот мандат.

Исто така, еден од нашите најважни приоритети ќе биде доизградба на канализационите системи во општината, како важен предуслов за поздрава и почиста животна средина на граѓаните.

Водоснабдување: Изградба на екплоатационен бунар во бунарско поле село Славеј

Со проектот се предвидува изработка на техничка документација за изградба на нов екплоатационен бунар во близина на бунарот 2 во село Славеј. Со изградбата на бунарот ќе се обезбедат дополнителни количини на вода и ќе се овозможи приклучување на други населени места во регионалниот водоснабдителен систем Кривогаштани.

Средства: 1.000.000 денари

Рок на реализација: 2013 – 2014 година

Изградба на доводен цевковод од приклучна шахта на регионалниот водовод Студенчица кај село Житоше до резервоар во Кривогаштани

Со проектот се предвидува да се изработи техничка документација за изградба на доводен цевковод од регионалниот водовод Студенчица на приклучната шахта кај село Житоше до резервоарот во Кривогаштани. Со изработената документација ќе може да се искористат средствата од кредитот од Европска

ТОНИ ЗАТКОСКИ - КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Page 10: Тони Заткоски - Програма 2013-2017

Инвестициона Банка за изградба на водоводни системи.

Извор на финансирање: ЕИБ 600.000 денари (за техничка документација), 3.000.000 денари за изградба

Рок на реализација: 2014 – 2016 година

Изградба на дистрибутивна водоводна мрежа во населено место Воѓани

Со проектот се предвидува изградба на дистрибутивна водоводна мрежа во населено место Воѓани и приклучување на истата на постојната главна водоводна линија.

Средства: 1.000.000 денари

Рок на реализација: 2013 – 2014 година

Изградба на доводен цевковод од Кривогаштани до главен цевковод од „Студенчица“ за резервоар во село Годивле

Со проектот се предвидува изградба на доводен цевковод за вода од Кривогаштани до главниот цевковод кој носи вода од Регионалниот водоснабдителен систем Студенчица за село Годивле. При недостаток на вода од Студенчица ќе се врши дистрибуција на вода од општинскиот водоснабдителен систем Кривогаштани до резервоарот во село Годивле кој ги снабдува со вода населените места Годивле и Кореница.

Средства: 2.150.000 денари (ЕЛС буџет)

Рок на реализација: 2013 – 2015 година

Изградба на ревизиони шахти на дистрибутивната мрежа во село Пашино Рувци

Со проектот се предвидува да се изградат ревизиони шахти на чворните места на дистрибутивната мрежа во село Пашино Рувци.

Средства: 300.000 денари

Рок на реализација: 2014 – 2016 година

Канализациони системи: Доизградба на фекална канализациона мрежа во Кривогаштани

Со проектот се предвидува да се доизгради канализационата мрежа во Кривогаштани, која е започната во 2000 година. Доградбата на фекалната канализациона мрежа го опфаќа северниот дел од Кривогаштани. Должината на трасата изнесува 1.312 метри, а должината на спојот на куќната со уличната канализација изнесува 700 метри. Со проектот ќе се комплетира канализацијата во Кривогаштани, ќе се реши проблемот со отпадните води и ќе се заштити животната средина.

Рок на реализација: крај на 2013 година

Средства: 91.851 евра од ЕИБ

Изградба на канализациона мрежа во село Крушеани Проектот предвидува изградба на канализационата мрежа во село Крушеани

ТОНИ ЗАТКОСКИ - КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Page 11: Тони Заткоски - Програма 2013-2017

што ќе придонесе за поздрава и почиста животна средина на граѓаните во селото. Проектот ќе се реализира во три фази.

Средства: 5.500.000 денари

Рок на реализација: 2013 – 2015 година

Изградба на канализациона мрежа во село Славеј Проектот предвидува изградба на канализационата мрежа во село Славеј што ќе придонесе за поздрава и почиста животна средина на граѓаните во селото.

Средства: 6.300.000 денари

Рок на реализација: 2013 – 2015 година

Изградба на канализациона мрежа во село Обршани, Бела Црква и Воѓани

Со изградбата на оваа канализациона мрежа ќе се обезбеди третман на отпадните води во овие населени места, а со тоа и поздрава и почиста животна средина.

Рок на реализација: 2014 – 2017 година

Регулација на речно корито во КривогаштаниПроектот предвидува регулација и уредување на речното корито во Кривогаштани во должина од 300 метри.

Средства: 60.000 денари (техничка документација), 3.800.000 денари

Рок на реализација: 2014 – 2017 година

VII. ЗЕМЈОДЕЛСТВОЗемјоделството е основно занимање на најголемиот дел од граѓаните на Општина Кривогаштани. Затоа, како општина ќе овозможиме максимална поддршка на нашите земјоделци со цел да помогнеме во практичното реализирање и промовирање на мерките за финансиска поддршка и субвенционирање на земјоделското стопанство во насока на структурно прилагодување од традиционално кон модерно конкурентно земјоделство.

Особено во земјоделството е посигурно кога знаеш дека некој искрено го цени твојот тежок труд и секогаш е тука подготвен да помогне.

Затоа преку отворен дијалог со земјоделците во соработка со Владата на Република Македонија во новиот мандат ќе се залагаме за:

Отворање на канцеларија на подрачната единица од Прилеп на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Во насока на поддршка на граѓаните кои се занимаваат со земјоделство и сточарство, во општина Кривогаштани ќе се залагаме да се отвори канцеларија на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Изградба на сточен пазар

ТОНИ ЗАТКОСКИ - КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Page 12: Тони Заткоски - Програма 2013-2017

Со реализацијата на овој проект општина Кривогаштани ќе добие модерен сточен пазар, каде граѓаните од општината и пошироко ќе можат да набавуваат крупен и ситен добиток.

Рок на реализација: 2014 – 2015 година

Продолжување со трибините за добри земјоделски практики Општина Кривогаштани ќе продолжи со организирањето на трибини на кои ќе поканиме и како пример ќе ги истакнеме успешните земјоделци кои низ дискусија со присутните земјоделци ќе го презентираат сопственото искуство во конкретна земјоделска област. На трибините ќе се врши и непосредно советувања за употреба на добри земјоделски и хигиенски практики за сточарите за подобрување на квалитетот на млекото, производството на месо и подобрување на приносот во полјоделските култури и овоштарството.

Рок на реализација: континуирано

Проект: „Полски пат“ Со изградба на повеќе полски патчиња на територијата на општината значително ќе се олесни пристапот на земјоделците до обработливите површини.

Рок на реализација: 2013-2017 година

Промоција на потребата за органско производство Органското производство, шумските плодови, чаеви и другите самоникнати растенија со кои изобилува околината, а истите се се повеќе барани на пазарот. Оттаму, Општина Кривогаштани во соработка со претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го промовира и популаризира развојот на органското производство и собирањето и третманот на самоникнатите растенија.

Рок на реализација: 2013-2017 година Поддршка за искористување на ИПАРД средствата

Со цел зголемувањето на искористувањето на средствата од програмите за финансиска поддршка и ИПАРД, како и олеснување на пристапот на земјоделците од Општина Кривогаштани до средства со кои ќе можат да го прошират сопственото производство Општината ќе организира советувања за земјоделците со претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и други експерти.

Рок на реализација: 2013-2017 година

VIII. КУЛТУРАКултурата е трајна и се надградува. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да го развива актуелното творештво и да го заштитува културното наследство, а во тој контекст нашата општина Кривогаштани се обврзува да ги негува и чува

ТОНИ ЗАТКОСКИ - КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Page 13: Тони Заткоски - Програма 2013-2017

локалните традиции, фолклор и духовност. Во таа насока ќе ги реализираме следните

Уредување на Домот на културата и кино салата во КривогаштаниСо оглед на тоа што домот на културата е институција која во целост ќе ги организира сите културни настани во општина Кривогаштани, ќе го уредиме ентериерот на овој објект со што ќе се обезбедат услови за негово непречено функционирање. Проектот опфаќа и доградување на влезниот дел од кино салата и внатрешно опремување истата, со што би се подобриле условите за одвивањето на културниот живот на граѓаните.

Средства: 1.000.000 денари

Рок на реализација: 2013 – 2014 година

Поддршка на манифестацијата „Избор на најубава народна носија“Оваа манифестација се одржува речиси 40 години каде учествуваат претставници од сите општини во Македонија.

Рок на реализација: континуирано

Поддршка на културните друштва Илинден од Кривогаштани и Пелагонка од Обршани

Организирање на активности и манифестации во насока на промовирање и зачувување на културното наследство

IX. МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКАНашата Општина ќе биде насочена кон соработка и збратимување со општини во и надвор од нашата земја и комуникација со иселениците кои живеат и работат во европските и прекуокеанските земји. Ќе ја продолжиме и негуваме 80 годишната соработка со населеното место Мраморак од општина Ковин, Србија.

Ќе продолжиме со поддршка на проектот за унапредување на земјоделството, кој се спроведува во рамки на прекуграничната соработка помеѓу Општина Кривогаштани, Техничкиот факултет од Битола, градот Лерин и факултетот Аристотел од Солун.

X. БЕЗБЕДНОСТ И ПРОТИВПОЖАРНАЗАШТИТА

Противпожарната заштита ќе биде на листата на приоритети за создавање на ефикасен систем на превенција и заштита од пожари во општината. Во општина Кривогаштани од неодамна функционира професионална противпожарна единица, а со оглед на важноста на противпожарната заштита, како општинска администрација ќе ги преземеме сите мерки и активности за

ТОНИ ЗАТКОСКИ - КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Page 14: Тони Заткоски - Програма 2013-2017

функционирањето на противпожарната заштита да го издигнеме на повисоко ниво.

Во следниот период континуирано ќе спроведуваме активности за јакнење на капацитетот на општина Кривогаштани за справување со пожари.

Проверки на екипираноста, формациската поставеност, степенот на обученост и спремноста на професионалната противпожарна единица.

Организирање на обуки за справување со пожари на професионалната противпожарна единица, обуки во земјоделските и шумските средини за справување со пожари и обуки во образовните институции.

Размена на искуства и меѓународна соработка во областа на противпожарната заштита, со посебен акцент на опасностите од пожарите кон работната и животната околина.

XI. СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТАСоцијална заштита и социјална превенција е основен императив на политиката на ВМРО ДПМНЕ и ние како општинска власт се грижиме за подобрување на положбата на ранливите групи во нашата општина.

Грижата за децата останува да биде во фокусот на нашите заложби. Секое дете треба да се вклучи во процесот на социјализација преку згрижување во предучилишните установи. Ќе се залагаме за подобрување на условите за престој во градинките со цел да им обезбедиме сигурно и безбедно детство на најмладите. Како општина ќе се грижиме и за обезбедување на достоинствен живот на старите лица, лицата со инвалидност, децата без родители и родителска грижа и децата во ризик.

Во таа насока ќе продолжиме да се грижиме за:

Социјализација на најмладите и нивно згрижување во предучилишните установи. ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага подобрување на условите за престој за на најмладите во постојните детски градинки и за ширење на мрежата на нови.

Обезбедување на достоинствен живот на старите лица преку развој на сервисни служби за нив и развој на мрежата на домови за стари лица и поддршка на клубот на пензионери

Ширење на мрежата на институционални и вонинституционални облици за социјална заштита на лицата со инвалидност, децата без родители и родителска грижа, како и децата во социјален ризик.

Во соработка со Центарот за Социјални грижи од Прилеп ќе овозможиме еден ден во неделата во општината да доаѓа лице од центарот, со цел излегување во пресрет на потребите на граѓаните

ТОНИ ЗАТКОСКИ - КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Page 15: Тони Заткоски - Програма 2013-2017

XII. ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТАВМРО–ДПМНЕ во континуитет спроведува реформи за подобрување и унапредување на квалитетот на здравствената заштита на граѓаните на Република Македонија. Во соработка со Владата на Република Македонија, ќе продолжиме континуирано да го унапредуваме системот на здравствена заштита, со што ќе се овозможи корисниците на здравствените услуги да бидат задоволни, а нивните проблеми брзо и ефикасно решени.

Здравствената заштита во општина Кривогаштани функционира добро, имајќи го во вид пред се бројот на приватни здравствени установи по жител.

Во новиот мандат ќе ги реализираме следните проекти:

Кампања во Општина Кривогаштани за рано спречување на рак на матка и дојка

Во соработка со стручни лица ќе се организираат трибини на кои пред засегнати групи ќе се презентира потребата од превенција и рано откривање на рак на матка и дојка. Исто така на овие трибини ќе се презентира можноста за бесплатна ХПВ вакцина за спречување на ракот на матката кај женската популација и скрининг на матка и дебело црево.

Рок на реализација: континуирано

Бесплатни здравствени превентивни прегледи Општина Кривогаштани, во соработка со Министерството за здравство ќе организира пунктови за проверка на холестерол, гликемија во крв и ќе се грижи за навремено информирање на населението од нашата општина за можноста за бесплатни прегледи. На пунктовите ќе се делат брошури и материјали за промоција на здрав начин на исхрана и стил на живеење. Прегледите ќе ги вршат медицински екипи, а целта на оваа акција е поттикнување на свеста кај населението за потребата од навремени превентивни прегледи и редовна контрола на своето здравје.

Рок на реализација: континуирано

Систем за закажување на прегледи за преглед Општина Кривогаштани, во соработка со матичните лекари активно ќе се вклучи во промоција на проектот „Мој термин‘‘ со кој во голема мера ќе се придонесе кон намалување на времето на чекање на пациентите за одредени здравствени услуги и дијагностички процедури, пред се при посета на здравствените установи во Прилеп или Скопје.

Рок на реализација: континуирано

XIII. ТРАНСПОРТ И ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА

Важен предуслов за економскиот развој е транспортната инфраструктура, која влијае врз деловните можности, но и врз вкупната привлечност на Општината

ТОНИ ЗАТКОСКИ - КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Page 16: Тони Заткоски - Програма 2013-2017

за работа и инвестирање. Ефикасната и сигурна патна инфраструктура ја олеснува и поттикнува мобилноста на луѓето и стоките, ја надминува ограниченоста на локалните пазари и создава претпоставки за рамномерен регионален развој.

Оттука, вложувањата во инфраструктурата се од витално значење за намалување на невработеноста и сиромаштијата, за зголемување на конкурентноста на економијата, постигнување забрзан економски раст и порамномерен регионален развој.

Поправка и санација на магистралниот пат Кривогаштани – Бучин (општина Крушево) – Вашареица (Општина Могила)

Овој пат е од особено значење за општината бидејќи ја поврзува со соседните општини, пред се Битола каде голем дел од населението секојдневно патува заради извршување на работни обврски.

Реконструкција на локален пат Пашино Рувци – манастир Св. Ѓорѓија - во должина од 1260 метри. Проектот се реализира во соработка со Владата на Република Македонија.

Средства: 6,1 милиони денари.

Рок на реализација: втора половина на 2013 година.

Изградба и асфалтирање на улици во населените места: Кривогаштани, Воѓани, Врбјани, Обршани и Славеј.

Со проектот се предвидува изградба и асфалтирање на улици во населените места Кривогаштани, Воѓани, Врбјани, Обршани и Славеј.

Рок на реализација: 2013 - 2016 година

Изградба на улица во населените места: Пашино Рувци, Воѓани, Боротино и Кривогаштани

Со проектот се предвидува изградба на улица во населените места: Пашино Рувци, Воѓани, Боротино и Кривогаштани во вкупна должина од 1500 метри.

Рок на реализација: 2014 - 2015 година

Средства: 250.000 денари (техничка документација)

Изградба на локален пат Подвис-Вранче Проектот опфаќа тампонирање и асфалтирање на локалниот пат во должина од 1.5 километри.

Рок на реализација: 2014 – 2015 година

Средства: 4.145.000 денари

Изградба на улици во населените места: Кривогаштани, Воѓани, Кореница, Славеј и Боротино

Со проектот се предвидува да се асфалтираат улиците Никола Карев во Кривогаштани во должина од 450 метри, улица во Кореница во должина од 100 метри, улица во Воѓани во должина од 200 метри, улица во Славеј во должина од 200 метри и како и Боротино (втора фаза Л=250 метри).

ТОНИ ЗАТКОСКИ - КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Page 17: Тони Заткоски - Програма 2013-2017

Рок на реализација: 2015 - 2016 година

Средства: 6.500.000 денари

Уредување на улица Маршал Тито во централното подрачје во Кривогаштани

Проектот ќе се спроведува во три фази преку кои ќе се уреди централното подрачје во Кривогаштани во должина од 900 метри.

Рок на реализација: 2014 – 2016 година

Средства: 3.100.000 денари

Уредување на улица Маршал Тито во централното подрачје во Крушеани

Со проектот се предвидува да се уреди централното подрачје во Крушеани во должина од 400 метри.

Рок на реализација: 2014 – 2015 година

Средства: 300.000 денари

Изградба на јавен паркинг простор до сточниот пазар Рок на реализација: 2013 – 2014 година

Средства: 4.350.000.000 денари

Изградба на јавен паркинг простор до фудбалско игралиште во Кривогаштани и Обршани

Рок на реализација: 2015 година

Средства: 4.000.000.000 денари

ТОНИ ЗАТКОСКИ - КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ