Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално...

330
Хари С. Потер СТРАШНИОТ АЛШАР Издавач Хари С. Потер Публикум Главен уредник Марија Арсенкова Дизајн Андреј Арсенков Печати Клик Нет Компјутери ______________________________________ _______ Сите права на изданието ги има Хари С. Потер Публикум Бул. Авној 106/3-14, Скопје

Upload: mile-donakov

Post on 26-Dec-2015

76 views

Category:

Documents


2 download

DESCRIPTION

страшниот алшар, август 2014

TRANSCRIPT

Page 1: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Хари С. ПотерСТРАШНИОТ АЛШАР

ИздавачХари С. Потер Публикум

Главен уредникМарија Арсенкова

Дизајн Андреј Арсенков

ПечатиКлик Нет Компјутери

_____________________________________________ Сите права на изданието ги има Хари С. Потер ПубликумБул. Авној 106/3-14, СкопјеТел.: 02 / 2440 879

Page 2: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Оваа книга му ја посветувам на мојот вујко Боцо, кој е главниот виновник за тоа што приказната за Алшар ми влезе како чивија. Неговото раскажување за мистеријата на Лорандитот, македонскиот „д-р Сонце“ и можноста за создавање вештачки сонца ме потпали како шкорче и пламенот заврши во оваа книга. Ти благодарам, вујко.

2

Page 3: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Предговор

Долго, многу долго време оваа приказна вриеше во мене, ми излегуваше пред очи и не ми излегуваше од мислите, врескајќи по мене без престан да ја кажам на сите. Едно време, додека зборував за тоа со тие околу мене, почнав сериозно да го губам кредибилитетот на нормален член на општеството, па дури и во сопствените очи. Меѓутоа, огледалото ми зборуваше поинаку, малото човече во мене инсистираше да истраам, и јас и немав многу избор, освен да седнам и, збор по збор, камче по камче, да го исплукам мојот калеидоскоп.

Се надевам дека, сега, кој знае колку време по првата идеја за ваков вид разговор со другите, сите мои лични ситни бодежи ќе исчезнат и дека ќе ми ја снема маглината што ме делеше од небото над мене. А, и дека некој ќе се согласи со мене, барем доволно за да почнеме муабет на темата на овој расказ.

Ете, им благодарам на сите што ќе се качат на истиот воз со мене и ќе ми помогнат да ја минам оваа моја река од чудења, воздивнувања, падни-стани, но и моменти на слатко откровение и бескрајна благодарност за можноста да се биде делче од овој огромен механизам наречен универзум.

Скопје, декември 2012 3

Page 4: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

СОДРЖИНАГЛАВА 1 ГОЛЕМАТА ВОЗБУДА ........................5ГЛАВА 2 РАЗДЕЛБА, ПОДГОТОВКИ .............28

ГЛАВА 3 ПАТУВАЊЕ ДО ЦРВЕН ДОЛ ..........41

ГЛАВА 4 КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ..............63

ГЛАВА 5 НА МАЈДАНОТ....................................78

ГЛАВА 6 УШТЕ НА МАЈДАНОТ .............. ...... 85

ГЛАВА 7 ВЛЕЗ ВО ЈАМАТА ..............................94

ГЛАВА 8 КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ДОМА 100

ГЛАВА 9 СТРАШО ПИНЏУР И ДРУГИТЕ ...112

ГЛАВА 10 НАЗАД ВО ШТИП . . . . . . ...............121

ГЛАВА 11 СООЧУВАЊЕ....................................126

ГЛАВА 12 СТРАШНА РАБОТА ....... . ..............140

ГЛАВА 13 НА МАЈДАНОТ – ПО ТРЕТ ПАТ ..144

ГЛАВА 14 НА ТИКВЕШКОТО ЕЗЕРО.............152

ГЛАВА 15 СÉ ПОБЛИЗУ ........ . .........................172

ГЛАВА 16 ПОВТОРНО ЗАЕДНО ......................189

ГЛАВА 17 ПОТРАГА ........................ ..................198

ГЛАВА 18 ОСВЕСТУВАЊЕ .......................205

ГЛАВА 19 ПРЕМИЕРОТ ....................................209ГЛАВА 20 ДОМА .................................................215

4

Page 5: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

ГЛАВА 1

ГОЛЕМАТА ВОЗБУДА

Ееее, Ја се тресам цел у мрак, А си врне баш у парк, аман бе, На звукот од ритамот – стоп и чек, чекај бре!А Хари нема гајле, и ако не успее – Си има работа, и пријавен е!Dire Straits, Султани на свингот

„Професоре! Професоре! Ве молам, само една минута“, - задишано викаше Роберт по својот ментор низ ходникот на старата зграда на Геолошкиот факултет во Штип, борејќи се истовремено да ги задржи книгите во своите раце.

Стариот, речиси сосема ќелав професор подзастана и се заврти. Во моментот кога го здогледа својот омилен студент, ликот му се рашири во задоволна насмевка и дури и се подисправи од подгрбавениот од.

„Се разбира, Роберт. За тебе, во секое време. Повели?“

5

Page 6: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Најдов овде... еве, во ова списание... само да ја најдам страната... некои работи за Алшар, за кои сакав да го чујам вашето мислење. Ако имате време...“, исфрлаше возбудено Роберт, копајќи по купот книги и белешки што непослушно се разлетуваа, паѓаа и никако не сакаа да останат подредени. Не беше ниту свесен за другите студенти, кои го заобиколуваа со негодување и со потсмешливи коментари.

Со очигледна симпатија, професорот Стоев го покани да влезе во неговиот кабинет. Внатре беше темно, мирисаше на застоен воздух, а бирото на професорот одвај се гледаше од натрупаните книги, списанија, студентски трудови и парчиња камења.

„Најди место и седни, само да го подотворам прозорецот. Ете, така, да нé види и нас сонцето“, изморено се спушти во столот веќе остарениот вљубеник во науката за Земјата. Секојпат кога ќе седнеше во својот одамна излижан стол и ќе ги здогледаше купиштата хартии и примероци од карпи, не можеше, а да не зажали што не е дваесетина години помлад... „Толку многу работа, а толку малку време... толку проклето малку време. Кој ли ќе го доврши сето ова...“, жалеше занесено, додека не стана свесен за гласот на Роберт, кој возбудено расприкажуваше за

6

Page 7: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Сонцето, неутриното, наоѓалиштето во Мајдан, можностите...

„Застани, полека! Ајде, со ред. Што е со Алшар, дај да видам што си прочитал.“

„Еве, овде, во ова француско списание, има објавено статија од вашиот колега, професорот Силјановски токму за темата што ни ја предававте минатата недела... Само да го најдам делот што сакав да ви го прочитам... А, еве! Вели вака – нискотемпературниот хидротермален минерал Лорандит, по состав изотоп на Талиумот и... доообро... а, еве! ...и кој по своите својства засега е единствената можна подлога за подобро разбирање на својствата на неутриното, кое, пак, е резултат на нуклеарни реакции како оние кои се одвиваат на Сонцето, откриен е за првпат во 1894 година во рудникот Алшар, крај Кавадарци, Република Македонија и, освен на таа локација, може да се најде само на уште неколку места во светот – во Кина, во САД...“

Не успевајќи да ја следи брзината на возбудениот студент, професорот го прекина.

„Добро, де, добро. Тоа го кажавме и на предавањето. Друго?“

„Да, да, знам... Но, рудникот Алшар е тука, кај нас, седи така затрупан и неискористен, а со такво богатство... А, сигурен сум, може да се земат

7

Page 8: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

примероци и да се испитаат, дури и во нашата лабораторија, овде... Денес, кога, еве, веќе постои се поголем интерес за таквата можност и во развиените земји и кога веќе има технологија за ископување каква сакате и сигурно не е толку тешко како пред 30-40 години, кога за последен пат Алшар бил експлоатиран... Вие сте угледен и почитуван, вие можете да издејствувате такво нешто многу лесно... Треба само да се јавите кај некој што е надлежен и да...“ рафално и без прекин истураше Роберт, несвесен дека во занесот сосема се префрлил на својот тиквешки дијалект.

„Полека, полека, застани! Не е толку едноставно. Примероци биле земани и испитувања биле вршени од многу наши, германски и американски институции. Досега е докажано само дека Лорандитот навистина може да задржи дел од неутриното, но тоа се скапи процеси и потребни се тимови, време...“

„Знам, знам“, нестрпливо и за момент заборавајќи на авторитетот на својот ментор, младиот Роберт го прекина, цврсто убеден во можностите и решен да извлече од професорот каква-таква согласност. „Но, замислете само! Ако се истрае и ако резултатите покажат дека навистина својствата на неутриното, односно на самото Сонце може да се издвојат во

8

Page 9: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

лабораторија, тоа значи... тоа значи дека...“ и не успеа дури ни да ја доврши мислата од возбуда пред големината на сликата што јасно му се исцртуваше во мислите.

„Пааа... да, но...“ смешкајќи се подзастана стариот професор, потсетувајќи се на својата младост и жарот со кој и тој самиот се забораваше во светот на прекрасните тајни на геологијата, со часови, со денови не кревајќи глава од книгите и микроскопот. „Знаеш, за тоа е потребна...“

„Само дозвола од надлежните, а вас ќе ви ја дадат!“ – повторно му влета во збор младиот Роберт, непоколебливо уверен во тоа дека големото, огромно откритие е премногу значајно за да се кренат раце поради таму некакви неважни бирократски процедури.

„Хммм... Знаеш, си спомнувам, кога јас за првпат, на околу твоја возраст, дознав што се крие во окната на Црвен дол, и јас не спиев со ноќи пред помислата дека е можно да се дојде до нешто што ќе ни ги открие тајните на тоа што се одвива во срцето на сонцето... нешто што ќе ни овозможи да ја решиме кризата со енергија... но, тоа, знаеш, бара многу пари, долга и макотрпна работа на цели тимови, одрекувања...“ – од него се уште зборуваше резигнираноста и изгубената верба во монументални откритија.

9

Page 10: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Да, да, но помислете само! Помислете!“ – еланот и натаму експлодираше од занесеното момче, не оставајќи простор за отстапување. Станат, стоеше над професорот и, со молба што, чиниш, ја исполнуваше собата, очекуваше барем некаков знак на согласност и одобрување од професорот.

„Можеби би можел и да се јавам некому... Имам поранешни студенти што се сега во Министерството...“ – почна да попушта пред ентузијазмот на момчето и да пребарува низ мислите, обидувајќи се да се сети на името на студентот од пред две-три генерации.

„Супер! Одлично! Топ! Знаев дека...“„Смири се, смири се“, веќе смеејќи се го

прекина професорот. „Ајде, оди на предавања, ќе видиме што ќе излезе. Без преголеми очекувања, слушна!“

Но, Роберт веќе беше во ходникот, повторно судирајќи се со сите пред себе и повторно губејќи ја битката со торбата и хартиите што му се разлетуваа на сите страни и го забавуваа на патот кон Снеже. „Кога само ќе чуе што ми рече Сталин!“, леташе во мислите, автоматски прифаќајќи го прекарот што студентите му го беа дале на стариот професор, не толку поради неговиот мустаќ, туку поради строгоста и затоа

10

Page 11: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

што постојано ги упатуваше на руската литература во геологијата и понекогаш дури и цитираше одредени делови на чист руски јазик.

Професорот остана загледан пред себе и замислен над младоста и енергијата на неговиот студент. Стана, погледна кон распролетениот двор на факултетот и, сфаќајќи дека, по којзнае колку време, во него повторно се потпалува истражувачко жарче, со насмевка уште долго гледаше низ прозорецот...

******

Снеже го здогледа оддалеку и радосно се стрча накај него низ градината пред нејзината куќа.

Напросто го обожуваше – го сакаше неговиот брилијантен ум, долгите разговори во кои тој толку паметно и ги објаснуваше значењето на геологијата, прапочетоците на светот и врските и односите помеѓу минералите и хемиските елементи, додека таа не можеше да го оттргне погледот од неговите немирни, сивкасто-зелени очи и секогаш разбушавената коса. Му го сакаше и челото, особено кога ќе го збрчкаше додека сериозно зборуваше на некоја тема; таа често и не

11

Page 12: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

го разбираше, но занесено го слушаше со часови, едноставно среќна поради тоа што тој е тука, до неа, и што може да му ги чепка и мести немирните перчиња на полу-витканата црна коса. А, кога ќе ја бакнеше! Секојпат и одново, тоа беше вистински вулкан, неконтролирана треска и безмалку неиздржливо задоволство...

„Каде гори?!“ – се пошегува со него, гледајќи го како ита кон неа, прекрасно неуреден и природно прекрасен. Не давајќи му веднаш да Ѝ одговори, силно го прегрна и се залепи за неговото цврсто тело, топејќи се од чувства и губејќи се во неговата прегратка – нејзиниот Роберт беше за глава и половина повисок од неа.

„Ти не знаеш... само да ти кажам што ми рече Сталин... досега бев кај него и... Престани за момент, погледни ме! Ова е важно, колосално, епохално... тој се согласи!“

„Со што, срце? Извини, кажи ми сè по ред“, се топеше таа и натаму ненаситно, местејќи му го перчето над челото.

„Ама остави ја сега косата, жити се! Ти велам, разговаравме за Алшар, му ја покажав статијата во француското списание и му реков дека е можно да почнеме нешто, а тој ми рече дека е тешко, но дека ќе се обиде... Ме слушаш ли ти мене?!“

12

Page 13: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Како не, како не, само ништо не те разбирам. Каков Алшар, што е можно...?“ – таа се уште не го испушташе од раце.

„Ама Алшар, бе Снежано, рудникот крај Кавадарци, толку пати сум ти зборувал што има во тие длабочини, за изотопите на Талиумот, за Лорандитот и неговото својство да ги задржи неутрината, за фисијата што тие ја предизвикуваат... Нели се сеќаваш?“ – веќе по малку нервозен, тој несвесно седна на клупата и ја повлече и неа до себе. „Треба само да земеме примероци, за да може да ги испитуваме, да видиме дали навистина може да се утврдат неговите основни својства и процесите што ги овозможува. Нели ти кажував дека тоа доаѓа од самата срж на сонцето!“ –

„Да, злато. Па, што?“ – збунета и, сега веќе исплашена да не Ѝ се налути што не го слуша онолку сериозно колку што тој сака, таа одвај се натера да престане да го чепка по косата.

„Како, па што?!? Ако некој успее да ги сопре неутрината, а Лорандитот донекаде може, и ако го открие нивниот состав, не само што ќе може да се докажат – пази, да се докажат! – многу работи околу создавањето на нашиот сончев систем, туку можеби ќе може и...“, подзастана, како подисплашен и самиот од големината на

13

Page 14: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

помислата, „...да се создаде вештачко сонце!“ Запре, испотен од трчањето и мислите што не престануваа да му навираат, конечно се смири и ја погледна. Толку кротко и подадено го гледаше со крупните сини очи, што, дури сега станувајќи свесен дека таа и физички е тука, до него, се врати во реалноста и сфати дека премногу силно и ги стиска рацете.

„Па, тоа е супер, душо“, милно му одврати таа, покорно трпејќи ја болката и, не знаејќи што друго да каже, чекаше тој да продолжи.

„Нели? Нели?“ – неговата возбуда сè уште не престануваше и не можеше да сфати како и таа не е исто толку одушевена. Сепак, нејзината смиреност, која на почетокот дури и го раздразнуваше, полека го сталожи и него и тој ја прегрна, сакајќи да ја пренесе својата радост на неа. „Замисли само, што сè може да излезе од тоа...“, веќе речиси шепотеше, загледан во ниту една одредена точка и веќе гледајќи се себе како му помага на својот професор да дојде до откритието на векот.

„Вечерва ќе ми раскажеш сè, срце“, испеа Снежана кревајќи се од клупата. „Знаеш дека моите одат на викенд во Бугарија и дека целата куќа е наша до понеделник. Ајде, да одиме на кафе некаде.“

14

Page 15: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Ни оддалеку задоволен од нејзината реакција – очекуваше таа многу, многу повеќе да се израдува, да го распрашува, да не престанат да зборуваат за денешното чудо – тој, сепак, помирливо стана и тргна по неа преку мостот кон центарот на градот, во себе одново преживувајќи го секој момент од разговорот со професорот.

Додека таа потскокнуваше и црцореше околу него по испокршениот бетон на тротоарот и околу заштитените дрвја крај кејот на пресушената Отиња, тој – висок, убав на око и поради атлетската градба и поради лежерното држење што беше одраз на неговиот однос кон сè освен кон науката – привлекуваше многу погледи на девојки низ градот. Пред да појдат со Снежана, не му беше јасно зошто многу од колегите некако го одбегнуваа и повеќе беше опкружен со колешки, кои некако и не беа многу заинтересирани за учење, иако секогаш го викаа да им помогне со одредени делови од материјата кои не им биле сфатливи. И уште помалку му беше јасно зошто, еве, Снеже, по која отворено и прикриено воздивнуваа многу од неговите колеги, па и момци од целиот Штип, Снеже, која ем беше вистинска слика, ем од богато семејство, се решила токму за него.

15

Page 16: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

На Снежана, пак, Ѝ беше потребно многу време да го охрабри да го направи првиот чекор, но таа, за разлика од сите нејзини сопернички кои се откажуваа од Роберт кревајќи раце по неколку недели отворени сигнали, стрпливо чекаше и демнеше, спокојно уживајќи за целото тоа време во неговото друштво. И сега, додека тоа петочно попладне се шетаа гушни се - пушти се, таа не можеше, а да не триумфира поради скриените и нескриените погледи на девојките упатени кон нејзиниот Роберт, кој самиот не го ни забележуваше тоа.

„Срце, а, сакаш да отидеме и да си купиме по некоја кошула или маичка?“ – весело го убедуваше Снежана, истовремено нежно одвлекувајќи го кон бутикот. „Ми кажаа добиле нови работи. А? А? Ај, те молам, те молам!“

„Не, не, пак ли ти со таа гардероба...“- негодуваше тој. Секогаш му беше непријатно што таа му купува облека со нејзини пари, иако знаеше дека нејзините родители се повеќе од добростоечки и тоа за неа не претставуваше ништо друго, освен чисто задоволство. Навикнат од детството на немаштија – роден и израснат до пред факултет во малото село Конопиште, кавадаречко, во семејство на ситни земјоделци – нему веќе одамна не му беше многу грижа за тоа

16

Page 17: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

што ќе облече и никако не можеше да сфати зошто Снеже толку инсистира тој да носи скапи марки облека и обувки. Сепак, на крајот попушти, зашто знаеше дека повеќе време ќе изгуби на тоа да ја одврати од идејата и дека, можеби, како многу пати досега, таа и без тоа ќе му купи нешто.

„Добар ден, повелете! Да помогнам некако?“ – младата продавачка во бутикот видно го смени и гласот и држењето штом го здогледа Роберт, поднаместувајќи се и безобѕирно поставувајќи се меѓу убавиот муштерија и неговата придружба.

„Да видиме некоја убава, зеленкаста кошула“, одговори Снеже наместо него, ставајќи и на продавачката со тоа до знаење дека тој е нејзин и дека е решена така и да остане.

„А, да видиме прво кој број ви одговара?“ – не попуштајќи лесно, црвенокосата продавачка повторно му се обрати директно на Роберт, местејќи ја својата најубава насмевка и гледајќи во него над главата на Снежана. „Еве, дојдете со мене наваму, да ви покажам што добивме вчера. Не се многу скапи, а се многу пријатни на допир и не се пеглаат.“ И таа повторно и го заврти грбот на Снеже, нежно поттурнувајќи го Роберт кон отворените модели.

За целото тоа време, Роберт незаинтересирано стоеше со рацете во џебови и не ни криеше дека

17

Page 18: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

попрво би бил на многу други места одошто овде. „А, да ми одберете вие и да завршиме побргу? Сигурно имате подобар вкус од мене.“

Но, продавачката беше решена да не го пушти толку бргу. „Благодарам, но тоа е сепак лична работа, а и треба да пробате. Еве, видете ја оваа, мислам дека најмногу ви одговара и ќе ве направи уште позгоден“, веќе отворено го гледаше податливо. „Ваму, во гардеробата.“ И го испрати до пред завесата, не пуштајќи му ја раката.

Но, веднаш зад нив беше и Снежана, која, штом Роберт влезе, ја погледна толку луто и гневно, што дури ликот, обично повеќе од пријатен, и стана страшно искривен. „Некако сте премногу љубезна. Со сите муштерии вака, сигурна сум. Одбиј!“ – сосема тивко, но заканувачки прос’ска таа кон продавачката, која, не очекувајќи толку жесток напад, несвесно се повлече наназад.

Сепак, од безбедна дистанца, продолжи: „Како ви се чини, господине? Токму ли ви е? Може и да излезете, ако ви треба мислење“, дофрлаше, гледајќи истовремено и во Снеже. Кога Роберт навистина излезе, таа занеми и буквално нагонски го голташе секое делче од него. „О! Па... досега на никого не му стоела олку совршено...“ – со шепот и како за себе изусти и, сосема

18

Page 19: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

заборавајќи на Снежана, тргна да го допре. Во истиот момент, се најде залепена на ѕидот од силината на поттурнувањето од Снежана.

„Пардон! Душо, па навистина ти стои убаво. Заврти се малку, да те погледнам. Да, ама ајде да пробаме уште некоја, а?“

„Не, те молам, ако тебе ти е добра, мене ми е супер. Одлична! Поубава не сум имал“, очајно се обидуваше Роберт да им стави крај на своите маки.

Плаќајќи со изнасилена насмевка и став на борбена лавица, Снеже Ѝ се заблагодари на продавачката, која, веднаш штом тие излегоа, се фати за телефонот и почна возбудено да и раскажува на својата пријателка за доживеаното...

***

Во полутемнината на дневната соба, Снеже, како вистинска домаќинка и вљубена женка, милно го двореше Роберт, гледајќи го постојано со ненасит.

„И ѕвоното и телефоните ги исклучив, сосема сме сами и настрана од сите...“ му шепотеше заводливо. „Сакаш да се искапеме во базенот? А? Ај’!“ И веќе се слекуваше без ни трошка срам пред него, на некој начин и малку злобно свесна

19

Page 20: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

за моќта на своето младо тело, мамејќи го заводливо кон полупокриениот базен во задниот двор. Како секој запален мажјак, тој послушно и како маѓепсан ја следеше и со поглед и со нескриена желба, додека таа полека и намерно предизвикувачки влегуваше во топлата вода, а бојата на нејзината кожа се менуваше под подводните рефлектори, додавајќи надреалност на целата глетка. Многу беше убава: уште од мала внимаваше на своето тело и го негуваше и со вежби и со сите потребни препарати. Сé на нејзиното младо и совршено мазно тело беше привлечно – вечерва и многу повеќе од привлечно, поради нејзината истовремена безрезервна податливост и игра на мамење и предигра без допири. Додека Роберт подголтнуваше и се бореше со неиздржливиот копнеж, таа те нежно се припиваше кон него, те му бегаше токму кога тој ќе пружеше рака кон неа. „Па, застани веќе!“ речиси молежливо и со болка извикна тој, а таа, смеејќи се грлено, му бегаше на другиот крај од базенот. „Па, еве сум, душо, дојди..“ го задеваше таа и се нурнуваше под вода, сé додека тој не успеа да ја фати и, допуштајќи му да верува дека не може да се истргне од неговите силни прегратки, му се

20

Page 21: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

подаде како прв пат, како последен пат, како Ева на Адам и како сите Еви одеднаш...

Лежејќи задоволно крај неа, Роберт неколку моменти не беше во состојба ниту да размислува за ништо, едноставно одживувајќи го и продолжувајќи го моментот на задоволство.

„Срце! Сакаш да пуштам музика? Го имам најновиот албум на Дајар Стрејтс. А?“

„Ммм-х...“ нејасно се согласи Роберт, уште во чувството на блаженство, само дополу свесен за тоа што таа му зборува.

„Или, сакаш пак да ја слушаме Нина Симоне? Знаеш колку убаво ни беше минатиот пат? А?“

„Ммм-х...“ беше сè што изусти Роберт повторно, полека поткревајќи се од плочките и загледувајќи се, божем кришум, а всушност втренчено, во нејзините набрекнати и неодоливи гради.

Единствената музика што Снеже успеа да ја пушти беше симфонијата на заедничките воздишки измешани со мелодијата на нивната љубов. Роберт повторно Ѝ се нафрли, ненаситен како цицалче и незапирлив како цунами.

Одеднаш, подзастана и ја поткрена главата. Снеже го повлече кон себе, не престанувајќи да го бакнува насекаде. Но, тој престана да ја милува. „Слушај! Слушаш ли?“

21

Page 22: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Слушам, душо, тоа моето срце потпевнува.“„Не, не, како да ми ѕвони мобилниот. Чекај!“

Се подистави и со раката и даде знак да престане. И, пред таа да може да изусти нешто, тој веќе трчаше кон софата на која му беа фрлени панталоните.

„Да, јас сум. О, професоре! Повелете!“„Да, секако. Како не!“„Веднаш, за десет минути! Како не, како не!“Радосниот лик малку му се измени кога виде

дека Снеже го гледа прашално и прекорно. „Слушај, мора да тркнам до кај Сталин, сакал да ми каже нешто, веднаш се враќам, ти ветувам. Кој знае колку е важно, штом успеал да ми го најде бројот и да ми се јави во ова време...“ исфрлаше оправдувања и извинувања, со смекнат, но одлучен глас.

„Сталин!? Па, токму сега ли, мил...“ се бунеше сè во неа. „Нека почека до утре, а?“

„Кој да чека?! Професорот да ме чека мене?! Се слушаш ли ти што зборуваш? Освен тоа, близу е факултетот, ќе тркнам и ќе се вратам додека да трепнеш, верувај ми!“ - и веќе одеше кон вратата, оставајќи ја Снеже недокрајчена и одбегнувајќи да се сретне со нејзиниот поглед. Токму кога сакаше да се обиде повторно да го разубеди, Снеже слушна како вратата нестрпливо се затвори и

22

Page 23: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

остана сама во празната тишина на незадоволството, на работ на солзи и бес.

***

Професорот Стоев стоеше на влезот од зградата на факултетот и, штом го здогледа Роберт, тргна кон него и го потфати под рака, речиси сосила влечејќи го кон својот кабинет. На збунетите прашања и потпрашања на Роберт, одговараше само кусо: „Дојди, дојди со мене!“

„Седи, најди некаде место и седни,“- му рече кога влегоа во неговата секогаш задушлива канцеларија. Додека го отвораше прозорецот да влезе свежина, стариот професор изгледаше како сосема друг, поинаков човек од оној што Роберт го познаваше – годините како веќе да не му тежеа, вообичаената растроеност како да беше неповратно исчезната за сметка на некој чуден, нов фокус, а и движењата како да му беа некако во хармонија со мислите, небаре илустрирајќи како со пантомима сè што зборуваше. И ликот, дури, му беше изменет – на Роберт на момент му се причини дека го разбира и без да проговори.

„Види, вака“ – почна професорот внимателно, но како да се имаше подготвено за говорот што уследи. „Понекогаш, како судбата да ни ги мести

23

Page 24: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

коцките во нашите мозаици („Не ми се верува дека јас, заколнат противник на постоењето на необјасниви натсили, го зборувам ова“ – му мина низ мислите во моментот). Денес, додека се шетав низ градот со сопругата, ми пријде никој друг освен – погоди кој!?“

„Вашиот поранешен студент кој работи во Министерството!“ – без тешкотии погоди Роберт, сигурен дека не можел да биде никој друг освен токму тој човек.

„Од каде знаеш?“ – го погледна професорот и, не чекајќи го одговорот, продолжи. „Да, ете токму Миле се појави пред мене и нѐ покани на кафе. Ама, токму како да знаел за нашиот разговор од вчера! Почна да ми раскажува до каде стигнал, колку е благодарен за основата што ја добил кај нас, дека веќе е одговорен за цел сектор, и така натаму и така натаму. И тогаш јас, полека, полека и одоколу, почнав да го потпрашувам за заштитените подрачја и тој, самиот, веднаш и на прво место ми го спомна...“

„Алшар?!!“ – извика Роберт, заборавајќи да дише од возбуда.

„Да.“ Професорот за миг подзастана и го погледна некако сојузнички. „Нејсе, муабетот се разврза и јас му нафрлив дека нашите наоѓалишта на Лорандит никогаш не биле доволно испитани,

24

Page 25: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

што од технички и финансиски, што од политички причини, чисто да видам како ќе реагира...“

„И, тој ви вети дека ќе дадат дозвола за ископување и истражување?!“ – му влета Роберт, повторно без воздух и ни малку трпение.

„Ама не, не, почекај. Трпение, сослушај ме!“И му раскажа сè по ред – како со најновите

стратегии на Владата за заштита на националното наследство и богатства се донесени одлуки да се вложат значајни средства не само во конзервација, туку и во поддршка на издржани проекти за грижлив и одржлив развој на подрачјата во земјата кои се уникатни, значајни и потенцијално интересни за привлекување странски инвестиции во областа на развој на нов, алтернативен вид туризам, кој ќе почива на она што Македонија може да го понуди како своја специфика и нешто што ќе и помогне да се ’одлепи од дното’ и конечно да почне да се издвојува со препознатливост по оригинални места, култура, обичаи, па дури и легенди и ’прикаски’.

За целото тоа време, тој толку живо гестикулираше и внесено го пренесуваше разговорот, што Роберт се почувствува како среде кино-проекција. И полутемнината на просторијата и мирисот на стара хартија го правеа целото доживување донекаде филмско.

25

Page 26: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Како и да е, јас решив.“ И тука професорот значајно застана.

Сѐ уште под влијание на ’проекцијата’, Роберт, сепнувајќи се, погледна кон Стоев прашално.

„В понеделник ќе побарам платен одмор и ќе ги откажам сите предавања наредната недела. Ти доаѓаш со мене во Црвен дол.“ И повторно молкна.

„Но, кога... како... а, моите обврски?“ – пелтечеше Роберт, сосема затекнат од последната реченица.

„Не секирај се ти за тоа, само спакувај се. Ајде, сега, одам да одморам.“

***

Враќајќи се кон својата изнајмена соба, Роберт во полусвест се обидуваше да ја ’соџвака’ целата случка. Соочен со извесната реалност на исполнување на неговите најголеми надежи, неговиот ентузијазам почна полека да им отстапува место на несигурноста, стравот и сè друго што не му дозволуваше ниту да се сконцентрира на тоа по кој пат оди и на автомобилите што му свиреа да се истави од патот...

26

Page 27: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Што може тој да понуди, како може тој да му биде потребен на еден професор како Сталин? Па, тој не успева да разбере ниту зошто толку многу ја сака музиката на Моцарт и на Рахмањинов, на пример, а камо ли да навлезе во тајните на создавањето на таков еден неразјаснет феномен како што е универзумот... во што ли се вплетка и како ли сето тоа ќе заврши?

На ветувањето дека веднаш ќе се врати кај Снеже сосема, ама сосема заборави.

27

Page 28: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

ГЛАВА 2РАЗДЕЛБА, ПОДГОТОВКИ

Неделното утро во кое Снеже се разбуди беше целото намуртено, со сиви и ниски облаци над градот и мачна тишина во празната куќа. Првата мисла и беше неубава, тешка до реална физичка мачнина и дури и застрашувачка и, не само што не можеше да ја оттурне, туку, во речиси истиот момент во кој Ѝ дозволи да се формулира, по неа незапирливо протекоа безброј други, секоја пострашна од претходната. Снежана беше таква отсекогаш – уште како мала, му дозволуваше на умот да си игра опасни игри со неа и од некоја ситна, мала мисла да ја одведе директно во виор на неконтролирани слики и прикази на сè страшно што може да се случи. Сепак, тоа утро беше убедена дека со право чувствува тегоба и мачнина на душата.

„Зошто не се врати? Како можеше да не се врати? Знаев ли јас, требаше ли да знам уште веднаш кога замина дека нема да се врати? И, вака ли ќе биде секогаш кога ќе треба да избира меѓу мене и другите негови интереси? Ми рекол ли тој некогаш воопшто јасно и без размислување дека ме сака и дека без мене не може? Што ако тој...“ и толку

28

Page 29: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

многу ја заболе сомнежот, што не можеше ниту да ја заврши мислата.

„Поарно да станам, можеби сега ќе дојде“ – сепак се фати за надежта дека тој ќе дотрча со објаснување, со прифатливо извинување и дека толку убаво ќе си го поминат остатокот од викендот, што подоцна ќе си се смее на сопствениот будалест страв и грижи.

Многу подоцна вечерта, докрај исцрпена од борбата со неубавите мисли и неподносливата самотија што Ѝ ја искинаа душата, Снеже реши веќе да не го очекува и го направи она што често го правеше кога не знаеше веќе како да се справи со таква пресилна бура на бескрајни монолози – клекна и се сврте кон малата икона на мајчицата Богородица над креветот и почна полека да разговара со Бога.

***

А, наредниот ден, во понеделникот, на факултетот...

На челото на големата тркалезна маса во салата за состаноци седеше веќе сосема побелениот Декан, Ѓорѓи Стојменов, пребирајќи по белешките за итно свиканиот состанок по барање на неговиот долгогодишен колега, докажаниот геолог Столе

29

Page 30: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Стоев. Додека салата полека се полнеше со членовите на колегиумот, тој за момент се присети на нивната соработка, која уште од првите нивни денови на факултетот прерасна во искрено и пријатно пријателство. Да беше одлуката само негова, си помисли, тој без никакво двоумење би му дозволил на Столета да земе колку и да сака долго отсуство и, при крајот на неговата напорна кариера, да им се врати на радоста и слатката неизвесност на истражувачката работа. Па, тој и самиот неброено пати се каел и се прекорувал себеси што се одрекол од своите младешки цели и од пријатното чувство на трпки што пролазуваат при секоја помисла на можните откритија... И, за што? За да седи во канцеларијата по цел ден и постојано да биде принуден да ја игра ’играта’ на други, претворајќи се пред сите – а најмногу и зачудувачки лесно пред самиот себе – дека ужива во ’заслужената позиција и одговорноста на раководење со факултетот’, како што го убедуваа и полтроните, но и оние кои очекуваа тој да ги поддржи заради тоа што ’безрезервно ја поддржале неговата кандидатура и именување’. Ех, да може да го врати времето...

Ја крена главата од белешките и виде дека сите чекаат да ја отвори седницата. Ајде, да видиме како ќе реагираат, си рече.

30

Page 31: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Добар ден, колеги и колешки. Сите знаете зошто сме собрани овде, ве молам да бидеме конструктивни и да не го губиме попусто и нашето и времето на студентите. Значи, нашиот ценет колега Стоев побара неплатено отсуство на неодредено време и, ако немате ништо против, јас веднаш би прешол на гласање по неговото барање...“

„Со сета должна почит, Декане, јас мислам дека, сепак, редот е колегата Стоев да образложи како неговите активности за време на неплатеното отсуство ќе бидат од корист и во интерес на нашата институција, со оглед на тоа што, како прво, некој од нас ќе треба да ги преземе неговите редовни обврски, а, како второ, за тоа треба да се одлеваат финансии од факултетскиот буџет, за кој верувам дека нема потреба да објаснувам во каква состојба е. Благодарам.“

Интервенцијата на младиот, дотеран професор по математика го предизвика токму она што Деканот се надеваше да го избегне – спротивставување, како сигурен знак дека состанокот ниту ќе заврши бргу, ниту лесно.

„Во ред, во ред, ве молам. Можеби помладите колеги како професорот Лисинов и не знаат колкави се навистина заслугите на колегата Стоев уште од самото основање и почетоците на работата на нашата институција, но повеќето од вас, кои се или мои

31

Page 32: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

врсници или со приближно еднакво искуство и стаж, сигурно си спомнуваат дека Столе... пардон, професорот Стоев, настрана од долгите години водење на неговата катедра, има изнапишано бројни трудови...“ и тука неговиот, повторно неуспешен обид да го подвлече придонесот на својот пријател и колега, беше грубо прекинат од многумина членови на колегиумот, кои во ист глас проговорија во протест.

„Сепак, ред е да ги чуеме причините...“„Лисинов е прав...“„Па, зар ние не сакаме така – да ни плаќаат, а

да можеме да си уживаме во истражувачка работа, без одговорност и без одобрен план...?!?“

Деканот Стојменов погледна во Столета и, откако се увери дека овој е согласен да одговори на барањето на мнозинството членови на колегиумот, дури нестрпливо подвикна:

„Добро, добро, во ред! Тогаш, повелете, колега Стоев.“

Очигледно борејќи се да се воздржи да не избувне, професорот Стоев се напи вода и, заблагодарувајќи му се на Деканот за дадениот збор, им се обрати на присутните, не гледајќи во никого одредено.

„Пред околу дваесеттина години, кога јас уште бев апсолвент на геолошкиот факултет во

32

Page 33: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Москва...“ - тука почека да стивнат очекуваните реакции на неговата реминисценција, па продолжи со несмалена одлучност – „како и секој што најмногу им се радува на своите корени, одвај чекав да завршам и да се вратам во родниот Штип и да дадам сè од себе, за и нашите студенти да можат да почнат да пијат од изворот на знаењето директно и да се оспособат за...“

Професорот по математика, со нескриена нетрпеливост, повторно ги поттикна другите да го прекинат овој монолог и да го ’замолат’ постариот колега да прејде на главното.

Деканот, кревајќи ги рамениците во немоќ, со поглед го замоли Стоев да биде поконцизен.

Допивајќи ја водата, професорот Стоев повторно се избори за збор.

„Во ред, ќе се обидам да скратам. Извинете.“Во моментот на тишина што го издејствува,

почна со одмерени зборови, но течно и непоколебливо, да го изложува своето барање.

„Деновиве ми пријде еден необично талентиран студент, со возбуда која, сигурен сум, на сите вас ви била една од причините да се бавите со геологијата. Наишол на напис во француско списание за обновен интерес на одредени тамошни научници да се испитаат можностите за вадење Лорандит од Алшар и да се проучат неговите

33

Page 34: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

својства поврзани со способноста да задржи дел од неутриното. Тој студент успеа да ме поттикне да се поврзам со некои познаници од Министерството за животна средина и, ете, добив ветување дека ќе поддржат активности кои имаат за цел промовирање на македонските природни богатства. Меѓутоа, за да бидат одобрени потребните средства, мора да се поднесе темелна анализа и образложение на оправданоста на таквиот проект. Јас мислам дека, со помош на студентот, можам да го изработам тоа и...“

Тука беше повторно прекинат со неодобрување.

„А, кој е тој студент и како тој ќе успее да ги надомести пропуштените предавања? Зар нашите предмети се помалку важни?“

„Се работи за извонреден млад човек, чии досегашни резултати по сите премети се беспрекорни и кој, што е уште поважно, има сериозен истражувачки капацитет, кој би било грев да не се искористи и да не се насочи правилно. Тој е согласен да работи напоредно и на проектот и на студиите. Неговото име е Роберт Мишков, повеќето од вас го знаете. А, што се однесува до моите редовни обврски, мојот асистент се нафати да ме замени во целост. Со оглед на тоа што работиме заедно веќе неколку години и тоа што бројот на студенти на насоката за која јас сум одговорен е

34

Page 35: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

доста намален годинава, убеден сум дека ќе биде и повеќе од задоволителна замена.“

„А, вашите примања? Зошто факултетот би го плаќал вашето отсуство? Можете да си земете и неплатено отсуство...“ не попушташе колегиумот.

„И за тоа разговарав со Министерството. Со најновите измени во законите што се однесуваат на високото образование, предвидени се посебни издвојувања од буџетот за истражувачката компонента на работата на сите високообразовни институции. Она што мене ми беше ветено во тој поглед е дека, доколку овој проект се покаже успешен, државата не само што ќе ги покрие сите трошоци поврзани со него, туку ќе одреди и годишна редовна квота за истражувачки активности на нашиот факултет за идните пет години.“

И покрај тоа што уште се слушаа коментари од типот ’зошто баш овој проект, можеби и ние имаме нешто да понудиме, треба да има процес на избор на предлог-проекти’, гласовите на протест стивнуваа пред изнесените аргументи и професорот веќе беше посмирен и сигурен дека целата работа оди во добра насока. Погледна кон Деканот и виде дека и нему му олеснило и дека е благодарен што не мора да Ѝ се спротивставува на групата нови професори, главно назначени од политичките врвови и повеќе ангажирани околу вршење ’надзор’ на

35

Page 36: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

работата на другите, одошто околу нивната улога на пренесувачи на знаење и создавачи на нови геолози.

Откако одлуката да му се одобри платено отсуство на професорот беше официјално усвоена и состанокот беше прогласен за завршен, членовите на колегиумот се разотидоа и во салата останаа само Деканот и Стоев.

„Па, Столе, да бидам искрен, многу ми олесни што ова помина. Знам колку ти значи, а рацете ми се врзани со проклетиве протоколи и процедури... Туку, кажи ми ти мене, како ти се чини, има ли изгледи истражувањево да ги даде резултатите што ги очекуваш?“

„Види, Ѓоко, ти знаеш дека таа приказна е многу постара и од нас двајцата. Искрено, да не беше ентузијазмот на момчево, немаше ни да ми падне на памет на овие години да се нафаќам на такво нешто. Неговата верба и надеж ме понесоа и мене. Освен тоа, прашањето последниве неколку години сè повеќе добива на сериозност и на интензитет – Јапонците вршат многу обемни испитувања и веќе имаат некакви резултати. Ене, и во Церн сигурно ќе откријат нешто. Ама, ќе видиме, тешко ќе биде и со локалните власти, знаеш како сето тоа функционира – ќе треба да ги истрпам сите локални моќници и нивната убеденост дека светот се врти заради нив, за да ми ја дадат потребната поддршка. Сепак,

36

Page 37: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

навистина мислам дека можеби и ќе успееме да направиме нешто со Роберт. Јас постојано ќе те известувам, секако. Имам само уште една молба до тебе.“

„Повели, кажи.“„Има ли некакво службено возило да нѐ

однесе нас двајцата и опремата до Кавадарци? Малку е мачно да носиме сè со автобус, знаеш...“

„Најмал проблем. Ќе му речам на шоферот да ве земе изутрина и да ве однесе до кај што треба. И јас да ја искористам еднаш позицијава за правилна работа, а не само за глупави формалности. Знаеш дека од срце ти посакувам да успееш. И, јавувај се, па можеби и јас еднаш ќе слезам дотаму да те видам и да избегам од секојдневниве нервози. Пријатно сега, одам.“

„Пријатно, Ѓоко, и фала ти... навистина.“Со насмевки на лицето, старите пријатели се

разделија, а професорот Стоев тргна кон новата цел, со обновен елан и подмладувачка возбуда.

***За тоа време, Роберт седеше во кафетеријата

на факултетот со Снеже и се чудеше како да Ѝ каже дека веројатно ќе замине со професорот на месец или два во кавадаречко.

37

Page 38: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Снеже не беше весела и зборлеста како обично и во себе се мачеше да најде начин на кој ќе расчисти неколку важни работи со нејзиниот сакан, а тоа, сепак, да не биде префрлување или обвинување. Гледаше вземи и молчеше, не претпоставувајќи дека ја чека уште поголемо и понепријатно изненадување.

„Слушај...“ – полека и внимателно почна Роберт. „Вчера којзнае до кога си ме чекала и многу, многу ми е жал за тоа. Извини, ама просто се занесов и ме понесе веста што ми ја кажа Сталин и не знам ни сам како сум стигнал до дома. Верувај ми, кога ќе ти кажам, ќе видиш и самата дека овој пат беше поинаку, со причина што не може, а да не се признае како посебна, вонредна, извонредна!“ – редеше зборови кои на Снеже не Ѝ значеа многу: во нејзината глава, таа некако веднаш знаеше дека овојпат страшното допрва следуваше. Колку што се плашеше да праша, толку и беше решена по синоќешната случка да расчисти, не толку со Роберт, колку со самата себе. Мораше да знае дали може да смета на неговата стабилност, на неговата решеност и способност да и се посвети на нивната врска и понекогаш и да направи понекој компромис во име на нивната заедничка иднина, исто како што таа ги правеше толку често. Инаку, си мислеше, зошто ми е толкава неизвесност, зошто само јас да давам и да вложувам, а тој постојано да очекува да му биде

38

Page 39: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

простено за секој очигледен доказ дека не е исто толку посветен како и јас? Од неа веќе зборуваше бунт, целата нејзина самопочит и гордост испливуваше и ја навладуваше.

„Е, кажи, де, кажи“, одвај изусти таа во паузата во која Роберт очигледно очекуваше некаква реакција.

„Професорот ме покани да му бидам помошник во истражувањето на потенцијалот на Лорандитот... Во Алшар, на лице место... на неколку недели, можеби и до два месеци...“ – полуисплашено и одеднаш се истури Роберт, не осмелувајќи се да каже ништо друго.

„А-ха...“ едноставно изусти Снеже, воздивнувајќи пред новоста. „А, кога тргнувате?“

„Утре.“

***

По разделбата со Снеже, Роберт одеше накај својата соба, борејќи се истовремено и со уште свежото сеќавање на кукавичлукот што го покажа додека се простуваше со неа и со незапирливата радост што го облеваше поради претстојниот проект.

„Па, таа треба да ме разбере – ова навистина не се случува секој ден, колку студенти би дале сè да се најдат на мое место... не сфаќам

39

Page 40: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

како не ја гледа големината на ова. Освен тоа, имаме мобилни, а јас сигурно и ќе се вратам неколку пати во Штип додека трае ова...“ – се обидуваше тој да се оправда, иако и самиот знаеше дека таа имаше потполно право да го праша дали тој на нејзино место со радост би дочекал таква вест. Никако не можеше да ја исфрли од мислите нејзината тага, смирениот, дури и резигнираниот поглед што му го упати додека тој како на трње чекаше нивната разделба да заврши. Несвесен дека во меѓувреме заврнал дожд, тој низ неосветлените улички се пробиваше низ мракот и низ своите мисли, подалеку од одговорноста и поблизу до возбудата...

40

Page 41: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

ГЛАВА 3ПАТУВАЊЕ ДО ЦРВЕН ДОЛ

Тој есенски, а како да е пролетен, вторник се разбуди разведрен и свеж. Целиот некако треперлив и нестрплив, денот некако одеднаш влезе во сите домови во градот, будејќи ги луѓето и не дозволувајќи им да пропуштат ниту дел од почетокот, од моментот.

Роберт беше веќе одамна готов и, цели петнаесеттина минути пред договореното време, чекаше на скалите од влезот на факултетот. Додека низ главата уште му минуваа остатоци од синоќешната разделба со неговата девојка и додека се обидуваше да не мисли на своите постапки, во исто време се појавија и професорот и возачот на „Фиестата“ со која требаше да одат до неговиот роден крај.

Се сместија и тргнаа, без многу муабет и секој со своите мисли. Попат минуваа крај диво-зелената и необработена рамница на патот кон Велес.

Возачот прв ја прекина тишината. „Да ви кажам нешто професоре, вие сте учен

човек и ќе ме разберете“ – како да сакаше себе си да си докаже дека може да разговара барабар со луѓе од

41

Page 42: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

сите нивоа и да ја урне невидливата преграда меѓу него и двајцата патници на задното седиште. „Пред неколку години, во седмо одделение, ќерка ми учеше географија и ме замоли да ја испрашам. Додека ја слушав, јас и самиот се потсетив на некои места низ кои сум возел многу пати и можев дури и да и помогнам околу некои имиња на планини, градови и слични географски поими. По некое време, раскажувајќи дека близу 90 отсто од територијата на нашата земјичка е или зеленило или под вода, таа подзастана и прашањето некако само и излета од устата. Ако Македонија е толку полна со природни богатства, тато, ми вели таа, зошто тогаш ние сме сиромашна земја? И, не знаејќи што да Ѝ одговорам, професоре, едноставно и реков дека, како народ, веројатно заслужуваме сите африкански и други земји кои природата не ги надарила со такви ресурси да дојдат и сите по ред да ни залепат по една силна шлаканица и да не освестат. Да имаш, а да немаш – е, тоа го можеме само ние...“, воздивна тој.

И професорот и Роберт се изнасмеаја на шегата на возачот, меѓутоа професорот го потфати муабетот и почна да раскажува колку навистина Македонија е ретко богата земја.

„Замислете, кај нас, само во кањонот Матка живеат 77 видови мали пеперутки, кои се ендемични... типични само за Балканот. И не само

42

Page 43: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

тоа, уште околу 18 други видови пеперутки се видови со кои науката за првпат се среќава. Понатаму, во Македонија растат повеќе од, ми се чини, три илјади растенија, од кои за околу десеттина отсто фармацевтските испитувања докажале дека имаат некакво лековито својство! Па, сигурен сум дека само овие неколку факти може да бидат вистински магнет за многу голем број луѓе од светот – веќе одамна туристите се заморени од класичното ’пржење’ на плажите во монденските летувалишта, а и богами исплашени од сè поштетното сонце. Да сум помлад, јас најверојатно би отворил туристичка агенција која ќе го нуди тој аспект на Македонија, заедно со нашата историја и традиционалните начини на живот по селата. Да ги прошеташ по Мариово со приказните за Итар Пејо, да го видат Вевчани и да им ја раскажеш историјата на нивната ’република’, да ги одведеш на дивото планинско езеро над Боговиње, крај кој може да се претстави како ’татковина’ на сладоледот заради многуте семејства слаткари кои оттаму се распрснати по целиот Јадран, да им ги покажеш Кокино, Куклици, па кочанските, струмичките и сите други водопади што ги имаме, а не се дури ниту означени или пристапни...“

43

Page 44: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Па, да ги качиш на Алшар, заради приказната за Неутриното!“ – не се предаваше Роберт.

„Ха-ха-ха... да, Роберте, ете токму местото каде што одиме го заборавив. Сериозно, во тоа сигурно има убава заработка – илјадници студенти, а и професори и геолози би биле пресреќни да видат парче така редок минерал како Лорандитот и да посетат едно од само неколкуте места на коишто може да се најде, а да не зборувам и за можноста тука, кај нас да се изгради еден истражувачки центар во кој би дошле најголемите умови да го проучуваат Лорандитот од аспект на можно разгатнување на процесот на фузија; освен тоа, и за земјава на тој начин би се пренесол гласот надалеку, и тоа не само без да се трошат како сега големи пари за дипломатските напори за промоција, ами уште и да се влеваат девизи и да се трошат кај нас.“

„Да сте ми жив, професоре!“ – извика возачот. „Дури и сигурно би се отвориле многу повеќе мотелчиња и меанчиња по патиштата, како во Турција, да речеме. Сега, од Скопје до Гевгелија нема каде ни ’по надвор’ да отиде човек, со извинување. А би никнале и многу малечки, семејни фирмички кои на странците би им продавале наши специјалитети, работи што не ги виделе и не ни сонуваат дека постојат и се толку вкусни – еееј,

44

Page 45: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

кавадаречки пешии со маџун, крушевско чомле, слатка од што ти душа сака од сите краишта и стокмени по различни рецепти на нашите баби, домашна ракија, вина, чаеви од кантарион... ете, слушам, во Германија во последно време луѓето масовно се префрлаат од дијазепами и други хемикалии против депресија кон некој препарат од природен, чист кантарион... Само, не се наоѓа некој да го направи тоа и кај нас.“

„А, кога сме веќе кај ресторани, да застаневме и да касневме нешто? Може ли, Славко?“ – го праша професорот возачот.

„Се разбира, професоре. На неколку километри одовде има едно пријатно ресторанче и одлична риба. Бива?“

„Бива, како не! Одлично!“Ресторанчето беше типично попатно местенце

под сенка од голем даб, во кое деведесет отсто од гостите беа токму шофери. Штом ја отворија вратата, како да прејдоа во друга димензија – речиси ништо не се гледаше од густиот чад од цигари, а гостите се обидуваа да ја надвикаат Цеца, која грмеше од огромниот звучник среде кафеаната. Целото место мирисаше на изгорено масло и пржена риба. Газдата, кој истовремено беше и келнер и шанкер и готвач, го поздрави Славко како стар познаник и му покажа со

45

Page 46: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

поглед кон слободната маса крај единствениот прозорец.

Се сместија и одвај успеаја да нарачаат од бучавата што доаѓаше од соседните маси. Сакајќи-несакајќи, го слушаа муабетот што го водеа двајцата најблиски и очигледно веќе поднапиени гости, без оглед на тоа што беше одвај пладне.

„Нацисту нацистички! Ти не си бил нормален, бе! Те знаев дека си чудак, ама дека си толкав будала, не сум знаел...“ – нервозно викаше попијаниот од нив, мавтајќи со тупаница кон повозрасниот на масата зад професорот. Тој, пак, смирено и со тон со кој покажуваше дека е навикнат на ваквите испади на својот пријател, продолжи да изнесува аргументи, очигледно во недостиг на рамноправен соговорник, но и со потреба да изнесе што го мачи.

„Слушни ме, сослушај некого еднаш во животот до крај, пред да почнеш да скокаш наоколу како јо-јо. Знаеш ли што се по националност едни од најголемите писатели?“

„Е, не, ти ќе ми кажеш, есесовец низаеден!“ – се правеше пијаниот мустаклија дека знае, а беше очигледно дека последната книга што ја прочитал била задолжителната лектира во основно училиште.

„И ќе ти кажам – Германци, како на пример, Гете. Да не ти набројувам други, зашто и него до

46

Page 47: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

вечер ќе го заборавиш. Четворица писатели од Германија добиле Нобелова награда за само една декада на почетокот на дваесетиот век. Исто како што и голем број од најголемите научници се повторно од Германија, како што ќе знаеше да си внимавал на часови – ете, на пример, сигурно дури и ти си чул за Алберт Ајнштајн.“

„Е, не, ти си чул! Јас и пред него знаев дека се е релативно, бе! Само што не умеам тоа да го напишам онака, како него, со формули. И се заради онаа кокошкана што се правеше дека нѐ учи физика, а само чекаше да заврши часот и да отрча кај директорот во канцеларија за да се...“

„Добро, добро, ја знаеме таа приказна. Понатаму, од каде е еден од најголемите економски теоретичари во историјата? На пример, Карл Маркс?“

„Е, добро де, од Германија!“ – мустаклијата отворено ликуваше што и тој знае нешто.

„Интересно, а? А, знаеш ли од каде е, на пример, Емануел Кант? Кој, патем, е еден од најголемите умови досега и кому се му било јасно и покрај тоа што во животот – замисли, слично како и ти, само што тоа ви е единственото заедничко нешто – немал поминато повеќе од педесет километри подалеку од својот дом во Прусија, односно Германија. А да не зборувам за успешни бизнисмени,

47

Page 48: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

како што се основачите на еден Мерцедес, БМВ, Сименс, Бајер, БАСФ... Или за спортисти. За твоја информација, во фудбалот, што за мене, да бидам искрен, е една по малку и здодевна игра, ама за тебе е поважен и од жената и од децата, Германија е земја која има освоено најголем број трофеи на светските првенства; не најмногу шампионски титули, ама најголем број трофеи од прво до четврто место.“

Тука веќе дури и професорот и Роберт отворено се заинтересираа за разговорот и дури и се свртеа кон соседната маса, во очекување на поентата на смирениот и, очигледно, далеку попаметниот гостин.

„Ако, бе, ненормален, нека е и така! Ама тоа не им дава за право да убиваат и сосила да покоруваат други народи! Да ги гушат во комори, да ги палат, да им ги убиваат дечињата пред нивни очи во логорите и уште да ги тераат да пејат ’Дојчланд ибер алес’. Ти тоа сакаш да се врати, знам! Ама, за среќа, тука се браќата Руси...“

„Кои го гушеа, палеа и убиваа својот народ во нивните гулази...“ се уфрли другиот.

„И Американците...“ – продолжуваше пијаниот, не обрнувајќи внимание на коментарот.

„Кои најпрво речиси ги истребија кутрите Индијанци, па довлечкаа едно чудо уште покутри

48

Page 49: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Црнци во синџири дури од Африка...“ – потсмешливо го побиваше попаметниот.

„... кои го ослободија светот од твоите пријатели, Нацистите! И мороните знаат дека твојот Адолф бил обичен ментален случај и ѕвер и дека, да не се убиел како најголема кукавица, и ден-денес ќе се пржел тивко на огнот на одмаздата на потомците сите Евреи, Словени, Цигани и не-Германци – а, богами, и Германци – што ги убил за својата Велика Германија! А, ти овде ми продаваш некаква глупост за тоа дека светот ја направил најголемата грешка во историјата кога се здружил да победи такво едно животно! Марш, бе, Хитлеру еден оберштурмфирерски...“ – веќе во занес се пенеше пијаниот, тропајќи по масата со сета сила.

Газдата на кафеаната, очигледно навикнат на ваквото однесување на гостите, сосема смирено им дотураше нови бокали црвено вино и ги собираше парчињата скршени чаши околу масата, не пропуштајќи да запише сè што е испиено и изедено во својот бележник.

„Е, па, ајде вака размисли, иако размислувањето е тежок спорт за тебе, зашто се игра со глава“, не престануваше да го зајадува попаметниот. „Сите тие што Хитлер ги убивал тогаш, денес или се убиваат меѓу себе, како нашите браќа Словените, или убиваат други нации – како, на

49

Page 50: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

пример, истите тие напатени Евреи кои, ене, ги требат Палестинците, или, пак, се жртви на сите други нации, кои себеси се сметаат за подобри од, да речеме, Ромите. Ако погледнеш на тоа најфилозофски што ти можеш, Хитлер не направил ништо што и пред него не правеле други нации и ништо што и ден-денес не прават разни сили, сами или здружени. Тој, значи, само им помагал на едните да ги остварат нивните желби за уништување на другите. И тоа, на трошок на Германија.“

Роберт и професорот се погледнаа, поднасмевнувајќи се истовремено на последниот аргумент на паметниот.

„И послушај уште само малку, пред да се долееш со виното, за да ти остане нешто во главата. И по двете војни, Германија им плати репарација на сите што ги оштетила – според некои извори, тоа се околу четири-пет буџета на цела Европа во денешна вредност. И покрај тоа, само неколку децении по последната Војна, Германија не само што успеа да му стави крај на советското злосторство на поделба на земјата со ѕидови, туку инвестираше уште којзнае колку пари во нормализирање на состојбите во Источна Германија и се обедини во економски најсилната нација во Европа, која во моментов, повторно со големи пари и повторно на своја штета, ги спасува неразумните Грци.“

50

Page 51: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Мамето нивно пиратско!“ – како автомат се уфрли пијаниот. И почна рафално и сочно да ги пцуе сите Грци од Аристотел наваму, колнејќи ги сите идни поколенија што завршуваат на –ис, -ос, -ас и на сите други грчки презимиња. „Па, и Зорбас, семето негово пијано!“ – веќе одвај разбирливо ги исплукуваше пцостите мустаклијата.

„И Турците, кои отсекогаш биле непријатели на Германија, сега се најбројното малцинство во Германија, благодарение на германската политика на – замисли! – толеранција. И им дадоа дури и право на школување на мајчин јазик на трошок на германските даночни обврзници, за разлика од твојот Црвенковски, кој пред само дваесеттина години со пушка ги спречуваше ’нашите’ Албанци да отворат факултет на нивниот јазик во Речица...“

„Еј, немој за Шиптарите, жити се! Само за нив немој! Сѐ им дадовме, мамето нивно, а они со пушки ни вратија, проклетите...“

„Што им дадовме? Цел живот им трубиме дека ние сме мнозинството и дека треба да бидат благодарни што не се во Албанија или на Косово, дека само Македонија е демократска средина во која и тие имаат еднакви можности и права, а ваму не им даваме да се образуваат на својот јазик и да станат дел од заедницата...“

51

Page 52: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Што ти е, бе? Па, ти си бил сосема разболен! За тебе нема лек! Ако сакаат албанско знаме, нека одат во Албанија, а не овде да ми шверцуваат дроги и пиштоли и да не плаќаат струја...“- се разгневи повторно пијаниот и одново почна да ја удира масата, небаре тепа Албанци. „И тој Тачи и тој Алити и таа Теута, сите тие се велико-шиптарски агенти и сакаат да не претворат во провинција на Голема Албанија. Нив ли си нашол да ги браниш, бе? Ти Христијанин ли си или Шиптар?“

„Полека, полека. Си помислил ли некогаш зошто не сакаат да ги викаме ’Шиптари’, иако нивното име на нивниот јазик е токму тоа – Шиптари? Еве, ќе ти кажам – зашто само во нашите глави тоа е погрдно нешто, нешто што е подолу од Македонците, големите потомци на Александар, ха-ха-ха... Си помислил ли на тоа? Најдов и јас кого да прашувам дали помислил...“ – смирениот едноставно уживаше да го буцка својот веќе напиен пријател.

„Ма, што има да мислам за нив, мамето нивно, само со ’таквото’ не победија, прават по дванаесет деца и купуваат сè што стигнат. Шурата и сестра ми мораа бадијала да ја продадат куќата во Џепчиште, ееееј! Во сопствената татковина, сопствената родина, принудени се да го распродаваат имотот што сватот со пот го стекнал, бе...“ – веќе

52

Page 53: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

наострен и за физичка пресметка, мустаклијата стоеше исправен во борбен став.

„Е, па, кога ние ги оставивме само со ’таквото’ в раце, со што друго да не победат? Наместо да учиме од нив, наместо да сме благодарни што на ова наше парче земја има и поинакви од нас и да црпиме од разновидноста што ни е незаслужено подарена, ние со двете раце ги покриваме очите и ушите, слепи и глуви за сè што не е македонско, правејќи се ’небески народ’, како нашите неумни соседи, Србите. Е, па, на небескиот народ, местото му е на небото, а на земјата остануваат тие со план, со цел и со разум“, и попаметниот на крајот попушти и му се придружи на пијаниот во неговиот гнев.

„Море, ќе ти дадам јас тебе ’небески’, терорист низаеден!“

„Еех, а да владееја Германците со светот, денешната приказна ќе беше сосема поинаква – ќе се знаеше ред, ќе имаше организација, отчетност, работа, култура... па, дури и повеќе жени премиери и претседатели...“ – веќе како за себе носталгично уживаше во мислата попаметниот.

Не довршувајќи го зачудувачки вкусниот ручек докрај, професорот и Роберт како по договор му дадоа знак на возачот дека е време да си одат и побараа сметка. Газдата, ни малку вознемирен од

53

Page 54: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

сцената, им се заблагодари на посетата и ги покани повторно да свратат, честејќи ги тулумби за попат.

***

Службената ’Фиеста’ повторно тргна по изабениот асфалт, послушно забрзувајќи и забавувајќи меѓу белите испрекинати и полни линиии. По инерција, професорот размислуваше за разговорот во кафеаната.

„Хмм... тоа беше, во најмала рака, интересно. Непијанион имаше дури и валидна поента. Штета што немаше достоен соговорник. Што ќе кажеш ти за неговата теза, а, Роберт?“

„Пааа, искрено, една мисла ми се роди од се што чувме, професоре – греота е што ние, како држава, немаме доволно ресурси и умови како една Германија за во целост да можеме да го испитаме Неутриното...“

„Ха-ха-ха... ти не се предаваш, а? Е, па, сега ќе ти кажам неколку вистини за Алшар.

„Извинете, професоре, а што е тоа Неутрино? Ве слушам цело време и ништо не ми е јасно,“ – праша возачот.

„Види, Славко, Неутриното е една елементарна честичка која ја емитуваат ѕвездите како последица на нивните нуклеарни реакции или

54

Page 55: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

радиоактивното распаѓање, која патува со брзина блиска до брзината на светлината и која минува низ обичната материја, притоа воопшто не менувајќи ја својата форма. Пресметано е дека на секој квадратен сантиметар на Земјата, колку што е, на пример, површината на еден нокт, секоја секунда поминуваат 65 милијади соларни неутрина1. Толку мало, а толку силно – како и нема да биде, кога ’извира’ од јадрото на самите ѕвезди. Првпат е откриено токму во рудникот Алшар во 1894 година, со помош на еден од тамошните минерали, Лорандитот, кој, инаку, содржи Талиум, Арсен и сулфати. Лорандитот е многу редок и, освен над Кавадарци, го има само на уште неколку места во светот, а името го добил по еден унгарски физичар, баронот Лоранд фон Етвос.“

Додека професорот раскажуваше, Славко почна несвесно да се чеша по целото тело и речиси зажали што го поставил прашањето.

„Легендата вели,“ – продолжи професорот, „дека, уште во времето на Александар Велики, водите од Мрежичка река – реката што го мие Мајданот – се користеле за подмивање на челикот со кој се зајакнувале рабовите на неговите бродови. И, не само тоа – велат дека и штитовите на неговите војници биле измивани со истата вода и дека токму

1 Извор: http://www.badijala.com/showthread.php?t=290173, liveshit1903, 16-05-2009, он-лајн форум за Алшар

55

Page 56: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

затоа толку силно сјаеле на сонцето што го заслепувале противникот. Нејсе, во поновата историја, Јосип Броз Тито – се надевам знаеш кој бил тој, Роберт, иако си млад...„

„Знам, како не знам – претседател на поранешна Југославија и основач на движењето на неврзаните. Баш лидер, онака светски!“

„Е, да. Тој добил неповратен кредит од Американците веднаш по војната – некаде околу четириесеттина милиони долари – за да изгради пристап до окната на Алшар. За возврат, се согласил да им даде по еден примерок од сите минерали кои се ретки и кои може да се ископаат од Мајданот...“

„Извинете, професоре, ама дали знаете како Алшар го добил името?“

„Па, има неколку верзии, ама таа што ја раскажуваат локалните жители е дека многу одамна, некаде во седумнаесеттиот век, двајца браќа – Алатини по презиме, инаку Евреи од италијанско потекло, а со место на живеење во Солун, заедно со некојси француски инженер Шарто – ги здружиле силите и направиле фирма која ќе ги експлоатира рудниците, па ја крстиле по првите букви од нивните имиња. Денес, во зградата која на почетокот била летна резиденција на браќата Алатини, е сместена општината, а во 1926-та во неа бил отворен Универзитетот на Солун.

56

Page 57: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Како и да е, патот бил изграден со американските пари, ама Тито не го исполнил ветувањето и не ги испорачал минералите во американскиот институт за астро-физика, чија надеж била дека токму со испитување на Лорандитот ќе се дојде до тајните на создавање на енергија како онаа што ја создава нашето сонце. Се зборува дека Американците, лути поради измамата, ангажирале луѓе кои украле сандак од нашиот факултет, во кој имало по еден примерок од сите дванаесет минерали од Алшар. Не знам дали тоа е вистина, но подоцна, кога Македонија се стекна со независност, еден од нашите први премиери, наводно, склучил договор со некоја француска фирма за концесија или дури и продажба на Црвен дол, но ниту од тоа не испаднало ништо, поради реакциите на македонските експерти. Којзнае...

Нејсе, фактите се дека во целата област околу Мајданот растат растенија – како, на пример, синоличките – кои се и до пет пати поголеми од обично и кои, поради арсенот што го впиваат од почвата, се отровни, па краварите и овчарите одбегнуваат таму да ги водат своите стада. Освен тоа, се верува и дека токму тешките изотопи на Талиумот се една од причините поради кои во Тиквешкото езеро, на дното, лежат огромни сомови, кои не можат ниту да се помрднат и живеат од тоа

57

Page 58: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

што ќе им падне во уста. Дури и највештите нуркачи одбиваат да се спуштат до дното на езерото...“

„Да, ми текнува – една година во езерото се преврте чамец со свадбари и не можеа да ги извадат телата, иако беа повикале нуркачи дури од Словенија или од Далмација, не сум сигурен,“ извика Роберт.

Во таков разговор, одвај и да забележаа дека веќе стигнале до првите куќи во малото село Конопиште. Кога стана свесен за тоа, Роберт повторно се возбуди, како секојпат кога се враќаше дома. Му прелетаа најубавите спомени од неговото безгрижно детство и со насмевка му се обрати на професорот.

„Знаете, кога им кажав на моите дека ќе отседнете кај нас, мајка ми дури се расплака од радост по телефон. За нив тоа е голема чест и, иако немаме којзнае каква куќа, сепак...“

„Полека, Роберте, застани малку. Можеби е, сепак, позгодно да се сместам во некој хотел или мотел, да не ги деранжираме луѓето...“

„Ха-ха-ха! Па, во Конопиште нема ни хотел ни мотел, професоре. А, освен тоа, колку што јас ја познавам мајка ми, таа веќе сигурно ви ја наместила собата и многу би се разочарала ако не се сместите кај нас. А, вака и ќе останат повеќе пари за истражувањето – ќе ангажираме повеќе помошници,

58

Page 59: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

лабораторија, рудари...“ – не престануваше Роберт, не оставајќи простор за поинакво решение.

Професорот немаше избор освен без збор да попушти пред искреното убедување на момчето.

„Еве, Славко, тука лево и до крај на уличката. Ене ги моите, веќе чекаат пред порти!“

Пред дрвената порта со железни окови и алка наместо ѕвоно, со послужавник во рацете стоеше забрадена женичка со избразден лик и топла, неизнасилена насмевка на добредојде. Зад неа стоеше исто толку избразден мустаклија, целиот побелен во косата, со очигледно најубавата кошула на себе.

„Добредојдовте! Добредојде, синко!“ – се топеше мајката, нудејќи ги сите тројца со слатко од тикви и пресна, студена вода. „Еве, каснете си рачели! Домашно слатко, од нашите тикви“, со нескриена гордост се истопори, небаре ги нудеше со најскапиот кавијар.

„Дајте да ви помогнам со торбите“, рече таткото. „И елате, ваму, под лозницата, настрана од сонцето.“

Речиси веднаш зад портата почнуваше вистински тунел од железни рамки околу кои беа сраснале лози, домаќински искастрени во вистински сеник кој водеше до влезната врата во еднокатната куќичка. На тремот беа наредени плетени столчиња и

59

Page 60: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

масичка прекриена со најбелиот чаршав на светот, од која се ширеше мирис од тукушто свареното кафе.

„Седнете си, професоре. Седи, Робертче, на мама. Седнете и вие, простете, не ви го знам името“, редеше мајката.

„Славко, госпоѓо. Благодарам, но јас морам веднаш назад.“

„Ами, назад! Како назад, Славко – ќе каснеме сите малку за да се закрепите, па по едно кафе, па дури тогаш може да си одите. Како тоа, веднаш!“ – го подискара мајката, речиси навредено и налутено.

Славко се заврте кон таткото на Роберт, но тој само ги поткрена рамената, покажувајќи му на возачот да седне. „Жал ми е, тоа се наредби и тука нема избор, освен да послушате“, со насмевка му се извини.

„Како си поминавте по пат?“ – ги праша мајката сите, а за сето време имаше очи само за синот – го немаше видено речиси четири месеци.

„Добро, мајко, убаво. Јас, пак, не ве претставив – ова е мојот ценет професор Столе Стоев, а ова е возачот Славко. Татко ми, Орданчо, и мајка ми, Александра.“

„Драго ми е“ – ги поздрави професорот. „Уште веднаш да ви кажам дека вашиот син е ’виновникот’ за тоа што сме овде. Да не беше тој толку упорен во инсистирањето да се обидеме да го

60

Page 61: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

направиме истражувањево, јас уште ќе седев во мојата задушлива канцеларија во Штип и ќе ги броев влакната што ми преостанаа на главата“, се нашали професорот.

„Да, уште од мал беше таков – кога ќе запне за нешто, нема крај додека не бидне по негово. Тука е на татка си. Славко, земете од сиренцето со пешиите, а ракија не ве нудам зашто ќе возите, нели?“ – мајката никако не престануваше да им поттура на сите од јадењето на скромната, ама домаќинска трпеза.

„Ќе земам, мајче, благодарам“ – немаше каде возачот, ’жив фатен’ во обидот да се провлече набрзина и да тргне назад.

„А, вие, професоре и ти, синко, пробајте ја и ракијата – оваа е од чичко ти, лежена, лежена, сигурно околу 7-8 години. Лек!“

„Фала, тате. Како сте вие, каде е сестра ми?“„Добро, Роберт, добро е. Си работиме,

грозјето уште малку ќе стаса за брање, оваа година, фала му на Бога, се изнароди. А, сестра ти – знаеш како е, некаде со другарките низ село, сигурно сега од некаде ќе се појави. Ај’, да живееме!“

Наздравија и неврзаниот муабет полека се претвори во пријатна тишина, во која професорот љубопитно разгледуваше наоколу, а по некое време

61

Page 62: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

го замоли таткото да се прошетаат низ местото, откако ќе го испратат возачот кон Штип...

62

Page 63: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

ГЛАВА 4КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

Наредното утро, професорот, одморен и издиган уште рано, тргна во уште една прошетка по околината. Тивко излезе низ портата и зачекори по калдрмата, без одредена цел, едноставно уживајќи во тишината и гладно вдишувајќи ги мирисите на неиспоганетата земја и бујното зеленило. Зад себе оставаше типични македонски домови во вакви мали места – голем број од нив беа неваросани однадвор, ниту една куќа не беше повисока од два ката, но сите имаа пространи дворови и овошки кои фрлаа убави, заштитнички сенки. Селото не беше големо и тој наскоро се најде на крајот од последната куќа, од каде пред него се исправи Кожуф, онака темен во далечината, шилест и цврст – како што треба да биде браната на една земја од преголемите јужни влијанија. Вистински бедем! – си мислеше професорот, опфаќајќи ја во умот целата планина, од реката Блашница на запад, па преку правата линија што ја исцртува од селото Мрежичко, преку Конопиште, по текот на реката Бошава и се до другиот бедем – Демир Капија.

„Наместо досега да ја знаеме секоја педа на природново чудо, тоа, ете, така си седи, во неуморно очекување да се просветлиме, Бог да ни се

63

Page 64: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

јави и на доволно од нас да ни светне што се ни лежи тука, пред носот...“

Во такви мисли и на тоа место го најде Роберт, кого мајка му го беше пратила да го прибере професорот на појадок.

„Професоре! Ајде, да појадеме набрзина, па да одиме на состанокот со градоначалникот. Знаете, ако не бидеме таму точно во 11, ќе си замине и денот отиде јабана.“

„Ајде, Роберт, ајде.“Додека се враќаа, Роберт повторно во мислите

за момент се врати во Штип, кај Снеже. Откако заминаа и се немаше јавено – сè си мислеше денес ќе Ѝ се јави онака, натенане, само што сега беше многу рано, нема да можат да се изнаприкажат...

Наеднаш и со олеснување се сврте кон професорот и омилената тема.

„Ако сè испадне како што треба, уште утре можеме да се искачиме до окната. А?“

„Да видиме што ќе рече градоначалникот. Знаеш ли каков човек е?“

„Па, да, Кавадарчани го сакаат – ова му е втор мандат. Некако првите четири години повеќе резултати се гледаа од неговото владеење, во целата општина. Дури и започнаа работите на изградба на одводна канализација во нашето село, ама некако запреа по два-три месеци...“

64

Page 65: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Хмм...“ – промрморе професорот.

***

Пред канцеларијата на градоначалникот на општината Кавадарци беше гужва. Ама баш гужва – луѓе и стари и млади, стиснати еден до друг во густ полукруг околу вратата на канцеларијата, се гушеа во сопствената пот и близината и баздот на другите, но никој не се осмелуваше да прозбори, а камо ли да се побуни. На секое излегување на секретарката, во совршена, небаре извежбана хармонија веднаш правеа место за таа да пројде со нејзиниот неизбежен дрзок и потценлив коментар, а штом пројдеше, кругот повторно веднаш се затвораше зад неа, со истите луѓе на истите места. Како да не им пречеше ниту провевот што ги биеше од отворениот прозорец и влезната врата на зградата, луѓето стрпливо чекаа во тивок џагор.

Роберт и професорот, затекнати од глетката, подзастанаа на влезната врата.

„Почекајте овде, јас ќе одам да дознаам што се случува со нашиот термин“, рече Роберт и замина низ ходниците. По неколку минути, се врати во придружба на надмено дотераната и неприродно љубезна секретарка, го зеде професорот под рака и тргнаа кон толпата. Овојпат, гледајќи дека

65

Page 66: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

секретарката – која, изгледа, имаше неприкосновено право по колку пати сака да го разбива полукругот – не оди кон ’неговата’ канцеларија сама, се јавија неколку гласови полугласно, но бунтовно. Меѓутоа, доволен беше само еден брз и остар поглед на секретарката и сите повторно молкнаа.

Тројцата влегоа во канцеларијата на градоначалникот и секретарката ги претстави. Градоначалникот, очигледно окрупнет од ненајсоодветна диета, со скап костум што пукаше на него, со тешкотија се исправи и почека професорот и Роберт да дојдат до него и да ја прифатат неговата рака, великодушно испружена во поздрав.

„Па, добредошле, добредошле академици! Крајно време беше некој и од вашата фела да наврати! Седнете, повелете. Жано, види што сакаат господата и кажи им на сите надвор дека за денес е крај. Не сум веќе тука за никого.“

Не знаејќи ни сам од каде му дојде токму таа мисла, Роберт во тој миг се потсети на Шерифот од Нотингам и неговата фигура, онака како што ја беше замислувал додека ја читаше книгата како мал.

„Добро ве најдовме, градоначалниче“, рече професорот, “но, можеби не е најзгодно да ги враќате сите оние луѓе пред вратата само заради нас. Којзнае колку долго чекаат...“

66

Page 67: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Професоре, професоре! Е, што ти е даскал – само што дојде и веднаш сакаш и овде да туриш ред. Не бива таа така, професоре. На факултетот, ти си си цар, а овде јас знам како е најубаво и како треба. Тие луѓе не се толку кутри како што изгледаат, а и сите ги знам од еден до последен и веќе наизуст им ги знам маките. Овде се секој ден и можат... море, не само што можат, туку, биди сигурен, пак ќе дојдат, и утре, и задутре. Ич да не им береш гајле. Што ќе се напиете? Може ли по една жолта? Имам посебна, што не се дава секому.“

„Па, малку е рано...“ – се побуни професорот, „а и би сакале да не ви го одземаме времето и да ве ослободиме од нашето присуство што е можно побргу...“

„Таман работа! Знаеш како велат – за убава жена и вистинска ракија, никогаш не е рано“ – во моментот измисли поговорка градоначалникот. “Жано, не стој таму како да имаш детска парализа, носи чаши и од онаа, мојата! Извини, момче, а ти чиј си?“

Роберт се подмести во кожниот стол и несигурно, како да се плашеше не знеајќи ни сам од што, кажа од кое семејство е. Му се чинеше дека пострашно од големата фигура на градоначалникот во собата беше само уште поголемиот портрет во

67

Page 68: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

масло од него лично, веднаш до сликата од Тивкешкото езеро.

Градоначалникот го фати неговиот поглед и, горд на езерото како и на се во тиквешкиот крај, почна да прикажува. „Слушај сега ваму, момче. Еве, од овој крај на езерото – или, поточно, од почетокот – па се до манастирот, целиот брег е пристапен, питом и погоден и за капење и за риболов и за скара и пијачка. Долж целиот брег луѓето си направиле викендички, да избегаат таму преку викенд од тешкотиите на работата на лозјата. Некои имаат и струја и вода, некои немаат, ама повеќето се дивоградби. Е, јас лани цела година се думав што да им правам – да им барам пари за комуналии, ем немаат, ем ќе ми се налутат, па нема да гласаат за мене, нели, хе-хе-хе! Па, си реков, дај да им простиме на тие што се изнамачиле да ги превезат циглите и цементот преку езеро со чамци – зашто, пат уште немаме – и да ги легализираме без пари. И така, годинава им ветив дека не само што ќе ги внесеме сите во деталниот план, туку бесплатно и вода и струја ќе им доведеме на тие што немаат. Можеш да замислиш каква беше радоста на луѓето!“ – самозадоволно си го милуваше стомакот ’шерифот’ и очигледно очекуваше пофалба.

„Одлично, како не!“ – се уфрли професорот, гледајќи дека на Роберт му е незгодно. „Тоа ќе

68

Page 69: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

придонесе и за промоција на езерото во целата земја, а и во соседството. Ако не друго, рибари има колку сакате...“

„Еј, немој, даскале! Токму рибарите од Скопје и другите градови се тие што ми задаваат најголема главоболка – знаеш, ние уште немаме широк пат до езерото и средени паркинзи, мотелчиња и слични туристички реквизити. А, тие кога ќе навалат, господ да те чува! Ни за ред знаат, ни за ништо! Да не ти зборувам какво и колку ѓубре оставаат зад себе. А, бе, тоа е една невоспитана багра, не си видел...“

“Да, знам, луѓето се такви“, потфати професорот, „но, затоа сте тука вие, како општина, да ги поддржите сите претприемници што се осмелуваат да си ги вложат парите во такви потфати. Да речеме, првите неколку години да ги ослободите од давачките сите што ќе изградат паркинг или некое туристичко објектче, да им помогнете да дојдат до ефтини заеми...“

„Ееее, да имам јас вистина приходи колку што ветуваа пред децентрализацијата, лесно ќе беше и убаво за сите... и заеми и техничка помош и се... туку, нека ја таа, дај да видиме што може да направиме за вас.“

„Да, ние сме дојдени тука со конкретна молба. Нашиот факултет и Министерството за животна средина ни одобри скромен буџет за да отпочнеме со

69

Page 70: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

истражување на еден од минералите на Алшар. Арно, ама, таму ископувања, колку што знам јас, не се вршени многу одамна и потребна е опрема и луѓе кои би ни помогнале да ископаме неколку примероци од, главно, Лорандит...“

„Лесна работа“ – го пресече градоначалникот. „Сите приватни фирми во општината на овој или оној начин ми должат услуги. Имаме и една фирма што сигурно ја има опремата што ви треба – ’Рудкоп’, ако сте чуле...“

„Да, како не. Тие сигурно ќе имаат, само дали ќе се согласат...“

„А, бе, како нема да се согласат! И оро ќе заиграат, ако треба! Препушти ми го тоа мене, даскале. Ај, сега, наздравје и нека ви е аирлија работата!“ – градоначалникот веќе ја држеше чашата. „Напиј се, студент!“

„Наздравје, наздравје...“ – рекоа во еден глас и професорот и Роберт. Веднаш по првата голтка, професорот се закашла и повторно погледна во чашката, а градоначалникот силно и самозадоволно се насмеа.

„Е, јака е, даскале, јака! Ама, стара, квалитетна, природно пожолтена во даб и не боли глава! Хе, хе, хе...“

„Богами, вакво нешто не сум пробал. Не дека сум голем стручњак, ама... А, Роберт?“

70

Page 71: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Ваква коњак-боја можеше да постигне само дедо ми Диме, ама на никого не го кажа рецептот и го однесе со себе кога почина.“

„Ееее, да. Ова е ракија, вистински да те окрепи... А, сега, ако нема ништо друго, даскале...“

„Па, има уште една работа што многу би ни олеснило сè...“ – колебливо почна професорот.

„Кажуј!“ – го прекина градоначалникот, сосема убеден дека нема нешто што тој не може да го направи.

„Кога би можеле да ни помогнете и со некој џип, зашто до таму тешко се стигнува...“

„За-вр-шено! Го-то-во!“ – развлечено ги извика зборовите градоначалникот, мислиш тој лично е сопственик на Лада. „Само кажете Ѝ на секретарката од каде треба да ве земе и кога, и одете си со здравје и без гајле.“

„Е, па, градоначалниче, навистина сме ви благодарни. Искрено, не се надевавме на вака голема подршка и ова е веќе половина завршена работа...“

„А, бе, даскале, ти уште не знаеш со кого си фатил работа. Сѐ што треба ќе побараш, и тоа директно од мене, чу ли? Еве ти го мојот број и врти кога сакаш, а јас сигурно ќе најдам време и самиот да се качам на Мајданот и да видам како течат работите. Ај, сега, да одам и јас на ручек, ме чекаат некои инвеститори од вчера, нема смисла.“

71

Page 72: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„До видување, и благодариме уште еднаш“, се приклучи и Роберт на крајот.

„Ајде, ајде, пријатно“, ги испрати до вратата градоначалникот, целосно и нескриено задоволен со самиот себе.

Излегувајќи од општинската зграда, професорот и Роберт неколку моменти не зборуваа ништо, како да се плашат да не расипат нешто. Прв проговори Роберт.

„Навистина не знам што да кажам – а, толку неубави работи сум се изнаслушал за градоначалникот: те украл олку, те отворено барал и примал мито... А, еве, со нас се покажа и повеќе од широкоград. Којзнае...“

„Не е наше да кршиме глава околу тоа, си има надлежни. Важно, можеме да одиме и да се пакуваме за утре. Уште да свратиме и до ’Рудкоп’ и да видиме што ќе речат тие. Знаеш ли каде им се канцелариите?“

„Знам, близу се, овде се е близу. Ајде!“

***

72

Page 73: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

ЈагнеЈагне мало, кој те створи?Кој те створи, знаеш ли?

Живот кој ти даде, па и храна, Крај потокот, над ливадана?

В. Блејк, 1789

На патот кон дома, Роберт одеднаш се сепна, нешто му пројде низ градите и го вознемири, без некоја видлива причина и форма – само боцкава мисла, го жегна како оса, но не сакаше да престане. Што е ова, што, претресуваше низ умот... можеби е од жешкото, сега ќе стигнат дома, па ќе мине...

Но, кога влегоа под лозницата во неговата родна куќа, осилото уште му шеташе низ душата и мајка му веднаш го забележа.

„Крајно време беше, ќе ве отепаат жештиниве. Ајде, седнете, закрепете се со ладна вода, само што ја наточив од бунарот“, веќе ги двореше таа, загрижено погледнувајќи кон синот. „Робертче, мама, да ти дадам слатко? Или да апнеш нешто? Имам и јанија, ти многу ја сакаш, а?“

„Добро, мајко, добро“, малку посрамен од тоа како мајка му го третираше како да има не повеќе од 10 години, Роберт се уште ја држеше раката на градите. И, таман сакаше да проговори – му светна! Снеже! Да Ѝ се јави, не Ѝ се јавил веќе два дена... Па,

73

Page 74: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

ниту она му нема завртено, му прелета одеднаш, но веќе трчаше кон мобилниот во неговата соба.

„Веднаш ќе се вратам!“ – се извини во трк.Во својата стара соба, Роберт нервозно го

вртеше бројот на Снежана, превртувајќи низ главата што да рече.

„Да?“ – се зачу од таа страна. „Снеже? Здраво, јас сум“, со стегнат глас

проговори Роберт. „О, Роберт! Здраво...“„Па, како си? Зошто не се јавуваш?“ – Роберт

попушти пред потребата да се одбрани со јалов напад.

„Не сакам да ти пречам во работата... а, и не сум јас таа што замина“, веќе малку нетрпеливо се побуни таа.

„Да, да, знам, извини, ама овде работите се одвиваат со брзина на… неутрино, хе-хе, па некако се така се случи...“ – се обиде да се пошегува Роберт, истиот момент знаејќи дека тоа е можеби најпогрешното нешто што го кажа. „А, ти, како си? Што се случува таму?“

„Добро, добро, сè е како што си беше пред да заминеш... освен што тебе те нема.“

„Знаеш, мислам дека наредната недела професорот ќе мора да се врати во Штип да го поднесе првичниот извештај и тогаш и јас ќе дојдам,

74

Page 75: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

па ќе се видиме. А?“ – не знаејќи веќе што да рече, тој направи пауза.

„Далеку е тоа... ако дојдеш, супер. Ќе направам најубава торта на светот и ќе се сладиме. Оди сега, да не те чекаат...“ – и го спушти телефонот, без да го дочека неговиот поздрав.

Роберт остана сам во собата уште некое време, држејќи го отворениот телефон пред себе и немо изговарајќи го поздравот што не стигна да го изговори. А, што можеше да рече – што може воопшто некој да рече на таков крај на разговор? Полека, боцкањето во градите и отстапи место на голема, огромна празнина што го исполни и, не дозволувајќи му да слушне дека го довикува мајка му, му го затемни погледот и му ги затапи сите сетила...

Одеднаш, се најде на Алшар, пред една од затрпаните јами, стоејќи со лопата в рака до некој постар човек, кој наликуваше на професорот по гласот и говорот, но беше некако многу посмирен, позвучен и поодлучен. Не сфаќајќи како може да разговара со тој човек без да ги мрда усните, Роберт со воодушевување му раскажуваше зошто дошол токму пред таа јама и зошто сака да ископа влез во неа. Одеднаш, како да доаѓа од сите страни во исто време, гласот му проговори:

75

Page 76: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„А, зошто е тоа што ми го зборуваш добро за сите, за други, а не само за тебе? Зошто би те пуштил долу?“

„Како зошто? Тоа може да излезе најголемото откритие на професорот, да го прослави, да ни овозможи средства за нови истражувања...“, редеше Роберт и без да проговори збор.

„Да, да, но што е со другите? Зошто другите, освен ти и професорот, би сакале да те пуштам внатре?“ – упорно повторуваше сеприсутниот глас.

„Ако се докаже дека сме на вистински пат, можеме да направиме мали, вештачки сонца, кои ќе Ѝ дадат бесплатна светлина и енергија не само на Македонија, туку и на сите други...“ – ни Роберт не се предаваше.

„А, кој ќе решава кому ќе даде, а кому не такво сонце?“

„Пааа... тоа не знам, не сум размислувал...“, Роберт се најде во небрано.

„Оди си сега и дојди со одговор на тоа прашање. Дотогаш, влегување нема!“ – одговори гласот, не оставајќи место за приговор.

„Но, не можам ако не...“„Оди, Роберт! Оди!“„Но...“„Роберт!“ – гласот веќе грмеше.

76

Page 77: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Роберт, Роберт!“ – не престануваше гласот, додека не се свести дека над него се надвиснати и мајка му, и татко му и професорот.

„Уф, сум задремал....“ – на Роберт му олесни. „Мајка, да не не си арен? Да ти сварам чајче,

а? Или сакаш сокче од лимони?“„Не, мамо, не. Добро ми е.“

77

Page 78: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

ГЛАВА 5НА МАЈДАНОТ

Рано тргнаа тоа утро. Од што толку очекуваше побргу да стигнат, на Роберт му се причинуваше дека Алшар, наместо да се приближува, сè повеќе како да бега од нив. Нестрпливо се поместуваше, не можеше ни да одбере која од мноштвото мисли да ја изговори и го подгледнуваше професорот под око.

Овој, пак, љубопитно го разгледуваше крајот низ кој минуваа – преку Моклиште2 (И ова име сигурно има некое значење, ќе мора да го прашам некогаш Роберт дали знае зошто се вика така, му прелета мисла), па по истрасираниот, но неасфалтиран пат угоре, кон планината од чија друга страна лежеше Грција. Се потсети дека на врвот кон кој одат, таму некаде, постои некој стар манастир или црква, веќе не беше сигурен. Да, му текна – тоа е Полошкиот манастир, од 14-иот век или така некако, познат, меѓу другото, по прекрасно изработениот крст на кој е распнат Исус...

2 Моклиште е село со околу 2 000 жители, на помалку од десеттина километри од Кавадарци, сместено близу истоименото, Моклишко езеро. Село со такво име има и во Србија, близу Бела Паланка, во Пирот, со тоа што таму живеат едвај 500 жители.

78

Page 79: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Уште колку има до таму?“ – ја прекина Роберт тишината.

„Па, да сме живи и здрави, за пола час сме до крајот на патот, а оттаму до Мајданот има уште малку пеш“, одговори возачот.

Џипот се искачуваше мачно и полека, не само поради угорнините и кривините, туку и поради бројните дупки и камења на патот, кој како да ги носеше назад во времето пред да биде измислен асфалтот.

Кога, по она што на Роберт му се чинеше како цел ден, стигнаа на крајот од патот, таму веќе ги чекаше тим од „Рудкоп“ со потребната машинерија, токму како што се беа договориле.

Рамнината на која застанаа со автомобилот беше прекриена со темјанушки и трева, густо израсната над каменото тло. Имаше нешто чудно во изгледот и на темјанушките и на тревата – цветовите беа некако невообичаено големи и бојата им беше силна, продорна, човек некако не можеше долго да гледа во нив. А и тревата беше некоја неприродна комбинација на жолта и кафена боја, повеќе наликуваше на закана одошто на природно изникнат декор. Стигнаа на само триесеттина метри од рудникот: пред нив зјаеше отворот во затвореното окно – влез во најголемите тајни на планетата, во самиот извор на знаењето, во објаснувањето на

79

Page 80: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

прапочетокот и предвидувањето и менувањето на иднината...

„Добар ден!“ ги поздрави професорот луѓето од „Рудкоп“.

„Добар ден, професоре!“ одвратија тие, веќе запознаени со кого си имаат работа.

Најкрупниот од нив, Ифтим, полека, како да пребира по зборовна харфа, ги покани да го следат.

„Има ли нешто што не знаете за местово, а сакате, можеби, да ви го кажам?“

„Се што ќе чуеме од некој овдешен е плус“, побрза професорот.

„Така ли?“ таинствено се поднасмевна Ифтим.

По неколку долги минути молк, тој почна, исфрлајќи наоколу чист ракиен здив.

„Рудите со златни жили... ама, и ретки и вредни минерали, како што се Талиумот и Лорандитот, се ’цревата’ на утробата на Мајданот. Самиот рудник е стар, велат, околу 5 000 години, но тоа ми го кажаа децата, прочитале на она Интернетот, на некоја Викип... така нешто. Нејсе, 1986-та, американски и англиски компании зеле примероци од тие минерали и почнале да ги анализираат, за, пред сè, да проверат што е тоа што го поттикнало древниот Александар Македонски да ги тера своите мајстори за оружје да одат дури до

80

Page 81: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Мрежичка река – ене, онаму долу - и во таа вода да ги потопуваат штитовите и врвовите на копјата и стрелите на неговите фаланги. Велат, испитувањата покажале дека заслепувачкиот сјај на штитовите и неизлечивиот убод на стрелите се резултат токму на дејствието на талиумскиот облог нанесен на нив.“

„Но...“ заусти Роберт и веднаш се повлече пред погледот на ’џинот’ Ифтим. Откако овој се увери дека нема веќе да го прекинуваат, приказната продолжи.

„А, четириесетина години пред тоа, по капитулацијата на Германците, Тито склучил договор со Труман, мислам, или таков некој, да им дозволи на Американците да изградат пристап до Мајданот, а тој да им даде по еден примерок од сите ретки минерали, зашто вакви има само овде и, можеби, на Шри Ланка. И тоа, како што се договориле нашите и нивните, не за да прават нови оружја, ами за да видат што точно може да дадат овие ретки руди. И, така, Американците го направија овој пат по кој одиме, ама лисецот Тито, ем ги зел парите, ем не им дал минерали.

Во тоа време, одговорен пред маршалот за Македонија беше наш Столе. Кажуваат дека една недела, додека си ручал дома, на Столе му се јавил лично Тито и го прашал што се случува со Алшар и со договорот. Столе рипнал махинално и, така

81

Page 82: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

здрвен, му одговорил дека Американците го исполниле својот дел од договорот и дека сега е ред да им се даде по еден примерок од Лорандитот и другите минерали. На тоа, маршалот му рекол: ’Полека, Столе, да видиме што ќе речат Русите и Французите, сонцето нивно!’ И, вистина, по само една недела се јавиле и руски и француски државни геолози и понудиле подобри услови за да го добијат истото што им било ветено на Американците. Дали Тито ги зел нивните пари или не, не се знае. Нејсе, неколку години подоцна, сандак со сите минерали од Мајданот исчезнал од лабораторијата на факултетот во Штип, а наредната година и Германците, прв пат по Војната, објавија дека вршат опити со Лорандит, кристалот на талиумот, ископан токму овде. Се сеќавам, тоа лето на онаа ливадана подолу не можеше човек ни добитокот да го напасе од странски коли, а хеликотери не престануваа да го облетуваат местото. Селаните се побунија кај кметот, но до есента сите странци, како што одеднаш се појавија, така и ги снема, некако во еден миг. А, уште многу пред тоа, до пред Балканската војна, сите Рожденци работеле како рудари, а ископаниот арсен – тогаш ваделе арсен – го носеле дури во Солун. Оно, Турците ваделе и антимон, ама јас, пустиот, не знам ни што е тоа, ни зошто служи. Знам само дека научниците, од Франција, Германија, Америка и каде

82

Page 83: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

ли не, најмногу го сакаат Лорандитот, бидејќи олку многу го има само кај нас, во Македонија, а со него, да кажам, сакаат да решат некоја си ’неутринска загатка’. А, знам и дека од триесеттината минерали на талиумот најдени овде, дури седумнаесет ги има само во „Алшар“. И, уште дека арсенот го има толку многу, што може со него да се отепа сè живо на Земјата. Понекогаш, си велам...“

И така, сред недовршената мисла на Ифтим и неосетно, дојдоа до затрупаниот влез во една од осумте јами. Сите, некако заедно и во еден миг, замолчеа, качени на карпата што наликуваше на раме на некој џин. Малку потаму над јамата, кружеа мршојадци – еден, чиниш, најголем и најумен, а многуте други, помали, слепо го следеа.

Роберт го погледна професорот, но овој не беше тука – мислите го беа одвлекле во којзнае кое време и на којзнае кое место. Како некој источен, прастар мудрец, помисли Роберт – и во тој момент, неговата колебливост и отстапи место на решителноста. Без тој самиот да биде свесен за тоа, се разбира.

83

Page 84: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

ГЛАВА 6

84

Page 85: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

УШТЕ НА МАЈДАНОТ

Во Штип има една поговорка - арните круши свињи ги јадат.

Тој ден, после веќе три недели откако Роберт замина, Снеже шеташе по дворот пред нејзината куќа. Сама.

И, што сега? - си мислеше таа. Кој е паметниот што ќе ми каже што треба јас да сторам? Ако продолжам со ’играта’ со Роберт, дали тоа значи дека се залажувам дека јас ги поставувам правилата, или, пак, моево е само реакција на неговото? До кога вака? И до каде? Се раскинав, сменив и напуштив сè во што верував до пред него. Каде е границата? Која е цртата после која веќе сите обиди да се успее во нешто – и покрај стравот дека и тоа е личен пораз – навистина и дефинитивно немаат никаква смисла? Зошто не можам да размислувам чисто, јасно, без Него во секое ехо на моите здивови? Каде да одам, кого да прашам?

Баааам! И беа потребни неколку мига да сфати дека се

удрила во дрвото што го беа посадиле таа и нејзините пред десетина години. Болката во главата дојде многу подоцна – дури откако сфати дека токму тоа дрво долго време беше истото тоа кое, како

85

Page 86: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

спомен и како сегашност, ем ја радуваше, ем ја тажеше. И дека лисјата не паѓаат како што ние сакаме, туку како што дрвото оди угоре-удолу.

„Добар ден!“ – сосема неочекувано и отрезнувачки допре до неа машкиот глас на градинарот.

„Добар ден“, одговори таа по инерција, со речиси прашална интонација.

„Да не ви треба помош? Извинете, сакав да кажам, кога сум веќе тука, да се обидеме заедно да го спасиме дрвово од нови удари... ете, пак тропнав глупост, простете... само сакав да кажам...“

„Во ред е, Миле, те молам немој да ми персираш и да се чувствуваш виновен за мојата несмасност. Јас сум таа што треба да се извини.“

„Да...мислам, не, не! Наместо да скокнам и да ве одбранам од гранката, јас...“

„Гранката, веројатно со право, ќе рече дека нејзе Ѝ треба одбрана од мене. А, зошто лисјата Ѝ паѓаат?“

„Е, па, видете, госпоѓице – ние само мислиме дека лисјата паѓаат и ги жалиме дрвјата. А, ваму, дрвјата си се, всушност, бербери самите на себе и со нивните невидливи ножички си се поткаструваат секоја есен. Мислам... знам дека тие се многу среќни кога, конечно, ќе успеат да го искористат ветрот и со негова помош ќе ги отфрлат непотребните лисја.

86

Page 87: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Пред тоа, тие ги користат своите ’ножици’ за полека, полека да ги одвојат несигурните лисја од нивниот корен. Значи, не е ветрот тој што ги откинува, како што ние сакаме да веруваме, туку самото дрво, сакајќи да ги искористи своите порти на храна што е можно повеќе, ги отфрла оние кои не се баш најумни и кои бадијала и како некорисни паразити упорно го окупираат местото на кое треба да дојдат нови лисја. Така, дрвото се ослободува од дотогашните лисја и не им остава ниту најмала шанса да останат премногу долго на нивниот корен... ете, пак се заборавив, ова мое дрдорење...“

Ти, Миле, ваков каков што си, можеш лесно да бидеш и од Скопје... што зборувам глупости, од Италија. Снеже се сепна од сопствената мисла и бргу-бргу ја смени темата.

„А, сестра ти, каде е таа? Заврши ли школо?“„Оооо, да, да! На неа сме сите горди. Не само

што заврши како првенка на генерацијата, туку доби и стипендија и сега студира во Скопје. Архитектура!“ со нескриена насмевка, Миле дури престана и да ги потсекува гранките што му тежеа на дрвото под кое стоеја и повторно се разбори.

И Снеже се поднамести за да продолжи да го слуша, заборавајќи на времето...

ТТигру, тигру, Ти што гориш

87

Page 88: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

В темните на ноќта зори...Која рака вечна или око

Симетрија таква страшнаДа замрзне може, а?

В. Блејк, 1794

А, Роберт, во тој момент, веќе беше занесен во длабочините на окното пред нив и со нетрпение очекуваше професорот да го изложи планот за нивните испитувања. Тој просто знаеше дека тие се навистина на прагот на големо откритие. Откритие кое неповратно ќе ја смени целата земја. На подобро. И не му се чекаше веќе - црвот не му беше навлезен само во умот, туку и во сите сетила.

„Ајде, Роберт, одиме назад. За денес е доста, утре рано се враќаме пак и почнуваме.“

„Професоре, знаете што? Одете вие со Ифтим, а јас ќе останам со другиот џип, само уште нешто да видам. Може ли?“

„Се разбира дека може, Роберт. Овде, јас и ти сме еднакви. Остани колку што милуваш“, смеејќи се замина професорот.

Роберт повторно отиде до јамата. Пред самиот влез, почна да му се врти, да му се гади и застана, па седна. Под него, неверојатно зелена трева. Тој, замислен, скина една тревка и ја стави во устата, потпевнувајќи си ја ’Е, да могу послати јој Сузе... Сузе би јој рекле све’. Си мислеше на некоја замислена Сузана... Кога се разбуди, јамата беше

88

Page 89: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

отворена, сосема, и тој влезе без размислување. Ниту ламба во џебот, ниту компас во раката, се заврти околу себе и го разгледуваше рудникот. Како некој да му имаше пикнато софтвер во главата – одеднаш сфати каде е секоја жила, каде се дваесетте тони злато, каде арсенот, каде талиумот, а каде Лорандитот. И, тогаш, повторно гласот, меѓутоа овој пат некако посмирен, понејасен, како изговорен низ брада и некоја заднинска мисла.

„Роберт! Па, кај си ти? Од кога те чекам...“„Кој е тоа? Кај си?“„Тука, над тебе, погледни угоре!“Не знаеше ниту дали се поти или некој му ја

отворил чешмата во главата и водата се течеше без тој да може да направи нешто. Страшно!

А, бе, страшно!Горе не виде ништо, освен сенка зад која

сонцето осветлуваше се, како сред летен ден. Чудно, си помисли, па уште е лето, а веќе е октомври. Како некое циганско лето!

„А, кој си ти? И, како знаеш кој сум јас?!?“„Ееее“, проморе гласот одозгора, „јас те

паметам уште кога беше бебенце. Татко ти, мајка ти и јас те носевме овде, на Мајданот, во една куќа крај десната страна од патот. Јас сум братучед на татко ти по дедовата страна.“

„И...?“„Само што ние сме од Србија, од Бор, близу

Мајданпек. Кога, понекогаш, застанувам на нашата планина, погледнувам во небото и, следејќи ја белата

89

Page 90: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

светлина, сигурен сум дека можам да видам се до овде, долу!“

„Н-н-не е можно...“„Кога ти велам! Туку, ај, ти си веќе долу, те

молам подај ми еден од тие црвените кристали, да не слегувам јас, а?“

„О-о-од кои кристали?“„Па, од тие, до тебе, Роберт! Не терај ме

да викам! Слушаш ли, Роберт?!?“Но, Роберт се разбуди под рацете на двајца од

„Рудкоп“, кои го тресеа да се свести и зад кои светеше попладневното сонце.

Уште еден кошмар, само уште еден кошмар, воздивна тој и, извинувајќи се што заспал, стана и тргна удолу, кон автомобилот.

******

Вечерта, кај Роберт дома, професорот се впушти во разговор со татко му на Роберт. Додека мајка му ги собираше трошките од вечерата и преку рамо подгледнуваше кон телевизорот, професорот го праша татко му на Роберт нешто за минатото на местото.

„Ееее, даскале, да сте ми жив и здрав. Конопиште го носи името по еден замок во Чешка, изграден уште во тринаесеттиот век, како палата за

90

Page 91: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

тогашниот владетел, ама ги менувал газдите многу пати. Едно време, кажуваат, го освоиле дури и Швеѓани или така нешто, по дури двегодишна опсада. А може и не беше баш така... нејсе, последниот познат стопан на замокот бил оној принцот од Хабзбурговците, што го отепаа во Сараево. Денес, замокот е во државна сопственост и туристичка атракција....“

„Е, домаќине, и ти ја оптегна. Не мачи го гостинот со тие твои истории“, го прекори жена му.

„Ај, ти, глеј си работа и не мешај се во машки муабети!“- на ’свој’ терен, таткото се осмели, како ретко кога, да се испрчи пред професорот и синот. „Убаво си ги гледаш тие турските серии. Плачи си таму и остај не да си прикажуваме!“

„Јас ли, бре домаќине, да плачам? А, на кого му носам шарветки кога гледа американски филмови? И тоа, тие со среќен крај – чиниш во Америка нема зло и секој секого сака...“ полека се губеше нејзиниот глас, а професорот со поглед го поттикна домаќинот да продолжи.

„Дури сега, лани, во тој ист замок е снимен и дел од еден познат, американски, филм, ’Илузионист’ или така нешто. Нека го тоа, приказната е дека првите кои го населиле ова место биле повратници од Чехословачка и, во спомен на тоа место, така му дале име и на ова нашево селце.

91

Page 92: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Жално е што толку малку луѓе останаа овде, а местото е толку богато – од тука, на пример, се вади една од најубавите води, Горска, па имаме стара црква, Свети Стефан, со икони од пред цел век, а и една понова, Свети Атанас; потоа, тука има дури 40 вида ретки птици, а на само дваесеттина километри одовде е и единственото место во цела Европа каде што живее и може да се види гологлавиот орел!“ – како тој лично да има удел во сите тие нешта, таткото на Роберт не можеше веќе да се запре.

„А, може ли утре да појдеме до црквата, да ја видиме?“ праша професорот.

„Вие само кажете, веднаш сме таму – тука е, многу близу. Ја има дури и на онаа рекламата за Македонија, на американската (тука значајно се заврте кон жената) телевизија што оди. Баш ме радува што некој како вас се интересира. Договорено, професоре!“

„Арно, арно, не туку скокај пак со тие твои Американци, небаре мајка ти е од Њујорк... Американци!“ повторно се уфрли жената, а професорот се извини и се повлече на спиење.

Домаќинот го испрати и со ветување дека утре, ако имаат време, ќе му раскаже и за борбите во тој крај и за неговите паднати претци...

*****

92

Page 93: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Инаку, Конопиште не е на голема височина, меѓутоа планината на која се вгнездило местото е со вулканско потекло, што е и причината за страшниот земјотрес кој од корен го разурнал местото во 1909 година. Неговата локација – крстопат во тиквешката област – го направила Конопиште и вистинското место на кое Власите ја подигнале првата ’фабрика’ (бараки од дрва со полуавтоматска производна линија) за кашкавал, кој потоа го носеле на сите четири страни од Конопиште за да го продадат. Сведоците кажуваат дека кашкавалот – и свежо направениот и еднонеделниот, па и постариот - бил со неодолив вкус. Денес, во селото дали има дваесетина семејства и куќи од кои излегува чад.

ГЛАВА 7

93

Page 94: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

ВЛЕЗ ВО ЈАМАТА

„...во автомобилот била и менаџерката на Тоше Проески, која минала само со незначителни гребнатинки. Телото на нашиот пејач е веќе во Македонија, на обдукција. Сите политичари, и од позицијата и од опозицијата, и од македонските и од партиите на другите националности, до семејството Проески упатија телеграми со сочувство за големата загуба..“ – на сите радио станици веста не престануваше да се врти, како вест во која е многу тешко да се поверува.

И Роберт, професорот и возачот на ’ладата’ одеднаш престанаа да зборуваат. Професорот веќе почна да размислува да ги одложат работите на неколку дена. Сепак, откако ги ислушаа вестите на сите можни радио-станици, продолжија кон Алшар молкум.

Таму, на врвот, веќе беше стасал и градоначалникот на Кавадарци. И тој сериозен и свечено намрштен поради веста за Тоше. Околу него трчка секретарката и се нешто запишува, телефонира...

„Професоре! Добредојдовте на овој тежок ден. Што можеме ние, смртници, против волјата Божја! Толку го сакавме сите, а пак не можевме ни половина од неговата љубов да почувствуваме едни

94

Page 95: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

кон други. Ако ништо друго, барем не замисли сите над нашите постапки.“

„Токму така, градоначалнику. Убаво кажано!“„Туку, да продолжиме ние со нашата работа,

а? Студент! Ај ти, како најмлад, кажи од каде да почнеме ние со работава, а?“

„Пааа... јас мислам дека, според она што го знаеме, во ова окно пред нас може најлесно да се влезе. Тука треба да ископаме десет-дваесет метри и да видиме според нацртите како најбргу да стигнеме до жилата и да извадиме малку Лорандит. Би рекол, за една недела ќе може да ја завршиме целата работа овде и да се вратиме во лабораторијата во Штип“ – испука ’рафал’ Роберт, и задоволен од тоа што, ете, и него го сметаат за еднакво важен за проектот.

„Аааа, даскале, добра работа си завршил. Дооо-бра!“

Професорот се поднасмевна. „Да, да не беше Роберт, ни јас немаше да бидам овде денес. Тој е моторот на целава работа.“

„Океј, вие почнете со аирлија, а јас да слегнам во градот, има купишта работа! Ифтим! Кај си, бре?! Кај е Ифтим, мори, што туку трчкаш како брзи Гонзалес околу мене, најди го Ифтим! Одма!“

„Веднаш, шефе, веднаш!“„Значи, професоре, еве студентот нека ги води

работите под ваш надзор, јас навистина мора да

95

Page 96: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

одам, тука е Ифтим со екипата, бркајте работа. И ќе ме известите вечер - поканети сте на вечера со студентот кај мене дома!“

„Договорено, градоначалнику. Благодариме уште еднаш.“

„Ајде, ајде... пријатно!“Само што замина градоначалникот, Ифтим,

крупен човек со впечатлив мустак и густа избелена коса, се појави, мрморејќи нешто, за професорот и Роберт сосема неразбирливо.

„Извините, не ве разбрав.“„Кажете кај треба да се копа, даскале, и да

почнеме со луѓето“ – овој пат прозбори пополека и гледајќи го професорот во очи.

„А! Е, па, не знам. А, Роберт?“„Јас мислам најубаво ене, онаму, крај

големиот камен и вдесно, па да видиме каде ќе не одведе.“

„Значи, од овде?“ Ифтим веќе покажуваше кон местото, обраснато до недостапност. „Ајде, луѓе! Да завршиме до ручек! Коста, ти донеси го динамитот од кола!“

Во тој момент, на Роберт телефонот заѕвони. „Па, нели овде нема сигнал?!?“ помисли тој и

се тргна настрана.

96

Page 97: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Ало? Еееј… што правиш? Па, како ме доби, чудо едно. Овде сме со професорот на врвот на планината, не се ни надевав дека ќе има сигнал.“

Гласот на Снеже му беше некако далечен, невообичаено низок и речиси непрепознатлив.

„Еве, Роберт, реков да те чујам, те нема. Како одат работите? Добро ли си?“

„Да, да, одлично, еве почнавме со копање пред малку. Вечер ќе одиме на вечера кај градоначалникот, да му кажеме што сме нашле. Тој ептен помага, навистина ја олесни целата работа. И…“ погледна преку рамо, па со потивок глас продолжи: „Мене ме назначи за главен на проектов, само професорот е над мене!“

„Одлично, мил. Што значи тоа?“ несигурно праша Снеже. „Дека ќе се задржиш подолго од планираното?“

„Не знам, сè зависи од денес. А... зошто?“„Има работи за кои сакам да поразговараме,

душо. Одвај чекам да те видам. Нели овој викенд требаше да дојдеш?“

„Па, да, да, ама прво да видиме што ќе ископаме. Молам? Извини, ме викаат, мора да одам да видам. Ќе ти се јавам или вечер или утре, а?“

„Важи, душо, важи. Те чекам. И, среќно!“„Фала, фала, поздрав!“

97

Page 98: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Остана со телефонот в рака уште неколку мига, не можејќи да го отфрли нејасното, неубаво чувство. Но, штом тргна кон јамата, сè друго престана да биде важно.

Местото што тој го беше одредил беше премногу тврдо и луѓето го убедуваа дека е подобро да се обидат на друга точка да се пробијат. Меѓутоа, Роберт инсистираше дека токму оттаму е најлесно да се влезе. Не можеше ни самиот да си објасни зошто, но, ете, некако едноставно знаеше. Најпосле, погледна накај професорот, обраќајќи му се за помош со поглед. Овој, пак, се загледа во големиот камен што им се беше препречил на патот и даде предлог да се обидат најпрво со земјата околу каменот, да ги тргнат вкоренетите грмушки и испреплетени треви, па потоа под него да постават динамит. Неговиот авторитет не остави место за приговор и ’екипата’ почна одново и поорганизирано да се надмудрува со камената ’порта’. За тоа време, Роберт ги донесе од колата плановите и со професорот, по којзнае кој пат, ја обележуваа и исцртуваа патеката по која требаше да дојдат до барем едно, доволно големо парче Лорандит.

„Де, професоре, застанете сега малку подалеку, ставивме една прачка динамит, да видиме дали ќе го поместиме она чудовиштено.“

98

Page 99: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Сите се засолнија на безбедна оддалеченост. Над нивните глави и натаму кружеше мршојадецот, овој пат сам.

Тресокот беше неколкупати посилен од обично – веројатно заради ехото. Дури и Ифтим и неговата екипа, иако навикнати на такви експлозии со текот на времето, се стресоа од силината на звукот. Од чадот ништо не можеше да се види цели дваесеттина минути. Роберт не можеше да распознае дали тоа е јаве или повторно низ прашината и бучавата на тишината му се присторува сеприсутниот глас.

„Стојте! Не копајте!“Замрзна од страв.Погледна најпрво во професорот, па потоа во

сите други поединечно, за да се увери дека тоа е само глас во неговата глава. И, токму сакаше нешто да изусти, кога погледот на професорот, вкопан во местото на експлозијата, го замолкна...

99

Page 100: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

ГЛАВА 8 КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ДОМА

Вечерта, додека Роберт и професорот се одмораа кај родителите на Роберт, заѕвони телефонот.

„Да! Да, повелете... О, градоначалнику! Тука се, тука, ама сега не може ниту еден да ви се јави. Па, одмораат малку. Ќе им кажам. Добро, фала му на Бога! Вие? А госпоѓата? Да, благодарам, сè најубаво...“

Додека го пиеја кафето, мајката на Роберт им кажа дека се јавил градоначалникот и дека околу 8 часот ќе испрати кола по нив двајцата. А, таткото, пак, на тоа малку се намршти – тој веќе се имаше испофалено во селската кафеана дека ’најумниот професор од Македонија е кај него на гости’ и дека ќе го доведе токму околу 8 часот, за да им го претстави на сите.

Професорот се сети за нивниот договор и му се извини на домаќинот, уверувајќи го дека така е можеби дури и подобро.

„Еве, утре е сабота и никој нема да сака да работи со нас на рудникот. Особено не после она денес. Така што, ќе имаме време ние двајцата да се испрошетаме и до старата и до новата црква, а

100

Page 101: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

можеби дури и до леглото на гологлавиот орел. А, домаќине?“

„Да. Да! Уште поубаво!“ веќе потсмирен, домаќинот со олеснување прифати. „Ќе одиме и до најстариот човек во селото, тој ќе ни раскаже за борбите против Турците!“ сега веќе како мало дете се радуваше на утрешниот ден.

„Да, да, професорот нема попаметна работа одошто да ги слуша глупостите на извеани старци. Ајде, ти се молам!“

Но, тој веќе ја имаше ’исклучено’ жената и задоволно гледаше како усните немо и се движат...

Подоцна, во колата, Роберт го праша професорот до каде е умно да се раскаже тоа што го видоа утрината.

„А, зошто би криеле нешто, Роберте?“„Не знам, професоре, некако, откако се чу

оној глас, некако постојано ме напаѓа мислата дека Лорандитот, сепак, може некако да се злоупотреби, да се искористи за лоши цели или да предизвика нешто неубаво...“

„Хммм...“ се подзамисли стариот професор и не одговори ништо.

Градоначалникот ги пречека пред портите на неговата голема, бела куќа, со сопругата и ќерката крај себе. Очигледно дотерани како и секој ден, семејството ги поздрави гостите во речиси еден глас.

101

Page 102: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Роберт се претстави, не можејќи да го тргне погледот од ќерката.

„Драго ми е, Сузана.“„Повелете, влезете, да не стоиме на порти,“

градоначалникот нежно го поттурна професорот кон куќата. На патеката, на која немаше ниту една излишна тревка, а самата беше прекрасен мозаик, професорот подзастана.

„Браво! Честитки, градоначалнику! Се гледа дека со љубов сте го средиле дворот.“

„Ааа, таа работа е направија на жената. Голупка е одговорна за декорот во оваа куќа. Се што гледате, а што е убаво, е од неа. Јас, нормално, не сум,“ се пошегува тој.

Голупка беше жена на околу четириесетина години, со руса коса вешто врзана во пунџа, фатена со кафена штипка, украсена со светлечки каменчиња. Ставата Ѝ беше совршена, а насмевката откриваше грижливо сочувани заби, со симпатична раздвоеност меѓу горните единици. Свесна за својот изглед, таа не пропушташе да го дополни впечатокот со одмерени фрази на љубезност, изговорени со мек глас.

„Да не беше Љупче мој, ништо од ова немаше да имаме.“

Љупче задоволно испушти звук на мачор кој преде и испушти дим од хаванската пура.

102

Page 103: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Вечерта е пријатна, да седнеме на тремот на по една чашка за добредојде, а професоре? Сузана, ти за тоа време покажи му ја куќата на студентот!“

Голупка без збор се упати накај куќата и веднаш се појави со шише ракија и скапи чаши.

„Повелете, професоре. Оваа е од татко ми, сега ќе донесам и малку мезе.“

„Богами, како ме дворите овде, човек да размисли да се пресели во Кавадарци,“ се насмевна професорот. „А, и после она што го видовме денес, горе...“

„Да, кажете, професоре. Што се случи? Луѓето се вратија целите напнати, некако подзинати...“

„Мислам дека не би било право да му го земам на Роберт тоа задоволство тој да раскаже,“ се подзаврти професорот околу себе, барајќи го Роберта со поглед.

За тоа време, Роберт како послушно кутре одеше по Сузана, не слушајќи ниту еден, единствен збор од она што таа му го зборуваше за куќата. Се гледаше дека Сузана е на мајка си – телото Ѝ беше речиси копија, но косата Ѝ беше сосем црна, долга и пуштена слободно да се шета околу лицето и разголените рамења. На левиот образ, малку под окото, имаше прекрасен, мал младеж и токму тоа

103

Page 104: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

беше местото од кое Роберт никако не можеше да го оттргне погледот.

„Па, вие мене ништо не ме слушате!“ со плачлив глас се побуни таа.

„Слушам, како не слушам...“ сакаше да излаже Роберт од љубезност, но не му успеа. „Извинете...“ прошепоти.

„Ништо, ништо, знам дека има многу поинтересни работи од моето дрдорење за куќата,“ сега веќе отворено кокетно се насмевна таа. И, во тој миг, Роберт почувствува дека е целосно предаден, роб на таа убавина – ништо веќе не беше важно. И Алшар го изуми!

Што... што е ова? Не ми се верува! Не е можно да...“ мислите му беа сосема збунети, надојдуваа одеднаш, во групи и без предупредување. Не можеше да ги контролира и, плашејќи се да не истресе некаква глупост, тој праша каде е тоалетот.

„Ене, онаа врата до скалите. Дојдете, ќе ви покажам.“

Сузана не се ни надеваше дека толку интересно ќе биде со овој див убавец. Кога татко Ѝ Ѝ кажа дека ќе дојде некој сиромашен студент, па уште и од Конопиште, првата мисла Ѝ беше да замоли да ја извинат и да си излезе со другарките. Но, ова... ова беше навистина неочекувано. А, и татко Ѝ вели дека работел со професорот на нешто многу значајно.

104

Page 105: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Кога излезе надвор да им се придружи на другите, мајка Ѝ веднаш ги забележа нејзините мисли и се насмевна.

„А, каде е младиот господин?“„Отиде до тоалетот, сега ќе дојде. Тате, може

ли јас подоцна да го прошетам низ градот, да го запознам со другарките?“

Љупче ја погледна сопругата, а таа кимна со главата.

„Па, може, сине, ама тој нели е тукашен, наш? Го знае Кавадарци, сигурен сум.“

„Да, ама, ете, студира во Штип и некои работи се промениле, особено откако си ти градоначалник...“

„Е, да, да! Моо-же! Одете, уживајте, само прво да ни раскаже што направиле денес со професорот. Студент!“

„Фала, татенце!“ Сузана се наведна и силно го бакна татка си, а овој се стопи како восок на стотка.

„Еве ме и мене, извинете. Прекрасен дом, госпоѓо.“

„Благодарам, сигурна сум дека и вашиот е исто толку убав,“ Голупка не забораваше на манирите.

„Седнуј, студент и зимај чашка, да ни раскажеш што чудо се случило сабајлево!“

105

Page 106: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Роберт уште под око ја подгледнуваше Сузана, која му возврати милно и значајно.

„Значи, првите половина час залудно се мачевме да направиме отвор, каменот на влезот во јамата каде што нé оставивте беше премногу голем и цврст. Но, потоа професорот ги подучи Ифтим и другите како да направат дупка за динамитот и кога пукна, пукна сé! Буквално сé – се отвори земјата и нé пушти да влеземе. Уште по првите неколку чекори, јасно беше дека не сме се мачеле залудно – Лорандит колку што ти душа сака. Но...“

Се стресе и молкна за момент, соземајќи се. „Но?“ – не можеше да издржи

градоначалникот. Погледна во професорот барајќи одобрување

и продолжи: „Тогаш, како да зачувме глас, кој доаѓаше од сите страни. Некој... или нешто ни довикна да престанеме.“

„И, и?“ Љупче веќе не можеше да ја издржи тензијата.

Сега веќе сите тројца домаќини без здив гледаа во Роберт.

„И, ништо.“„Како, ништо?!? Студент, не се играј со мене!

Професоре?“„Па, да, сите се согласивме дека сме го чуле

истото ’Стојте! Не копајте!’, а потоа веќе гласот се

106

Page 107: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

изгуби. Продолживме да копаме и, по неколку часа, успеавме да собереме доволно за првите проби. Ете, и покрај случката со гласот, што може и да беше само во нашите глави, јас сум презадоволен од денешниот ден. Одвај чекам да се вратиме со Роберт во лабораторијата и да почнеме.“

„Е, тоа ли било? Јас, пак, мислев нешто страшно се случило. Професоре, и јас кога бев млад слушав гласови насекаде, ама тоа може да било и од ракијата, ха-ха-ха!“ – градоначалникот сам се изнасмеа на сопствената шега и си тури уште една чашка, сипајќи им и на гостите. „Невесто, дај од тоа маџунот3, да се смират луѓето.“

„Апни си, студент, па бегајте со Сузето на чаршијата, да видиш малку живот и да заборавиш на ’гласот’. Ништо не е тоа, не се коси.“

Сузана само тоа и го чекаше, го погледна Роберт уште еднаш и отрча да се промени.

Голупка изнесе пешии и маџун во длабок сад.„Повелете, послужете се. Пешиите тукушто се

направени и топли се, а со маџунот се уште послатки. Повелете, Роберт. Професоре...“

3 Маџун – турски збор, чие општо значење е ’пифтиеста маса’. Овде, зборот означува безалкохолен сируп од грозје, кој има лековито дејство врз најмалку четири работи: џигерот, желудникот, белите дробови и депресијата. Заради историјата и навиките на населението во Македонија, зборот најдобро се објаснува со (повторно) турскиот збор ’пекмез’.

107

Page 108: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Двајцата земаа по една пешија, а Роберт веднаш и без срам го потопи врвот во гроздовиот шеќер.

„Да ти е алал, бре студент! Така се јаде маџун, се гледа дека си наш! Слободно, професоре, не срамете се. Да ви кажам како се прави маџун. Тоа е нешто што не го прават дури ни Неготинци4. Ние го правиме секоја година, по рецептот на мојот дедо. Знаете што е шира, нели? Е, на сто кила шира, ако грозјето има околу 27 – 28 малигани, не се тура ни грам шеќер. Не ти ни треба, тоа е чиста гликоза, нели? Тогаш се става пепел или бела земја (денес ставаат и некои посовремени супстанци), за да се спречи ферментацијата. Потоа, тоа долго и полека врие, за пепелта да излезе на површината и да може да се собере од садот и да се исфрли. Не е готов сé додека не стане маалку потечен од мед, а погуст од слатко. Е, тоа е рецептот. Освен што е многу важно од каде ќе се земе грозјето; велат, најубаво било од Дисан.“

4 Кавадарчани се гордеат дека, ете, само во нивното место се прави овој „иљач“. Всушност, ако се следи логиката на моќта и практиката на Природата да даде соодветен лек секаде онаму каде што е и причината за некоја болест, можеби фактот што лекот за црн дроб оштетен од алкохол се прави само во Кавадарци и не е некоја причина за гордеење. Чисто за илустрација, се зборува дека, во поранешна Југославија, потрошувачката на вињак по глава на жител во овој град била поголема одошто во сите други градови заедно.

108

Page 109: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Навистина интересен вкус,“ дофрли професорот. „Роберт, зошто ти досега не си ни донел вакво нешто во Штип?“

Но, Роберт веќе беше станат и само чекаше пауза во разговорот, за да му ја летне со Сузана насамо.

„Нека го, ќе се поправи. Ајде, бегајте вие двајца! Бе-гај!“

Голупка нежно ја погледна ќерка си и Ѝ даде одобрение за нејзиниот изглед, а и за Роберт, потсетувајќи ја само да не се враќа предоцна, зашто утредента се договорени да патуваат за Солун.

„Ќе видиме за Солун утре, сега одам! Чао! Довидување, професоре!“ – процвркоти таа и го фати изгубениот Роберт под рака.

„Пријатно, деца, и со усул!“ – отпоздрави професорот.

******

Додека одеа низ чаршијата, Роберт без престан беше свесен за погледите на машките, кои ја одгледуваа Сузана од горе до долу, а кон него фрлаа погледи полни отворена пцости. И, навистина, си помисли, таа е прекрасна, сигурна во себе, забавна, мириса прекрасно, а тој... не можеше да се изначуди како тоа таа да го избере него.

109

Page 110: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Влегоа во првото кафуле – „Ал Пачино“ или така нешто. Внатре – преполно. Кога влегоа, никој не се заврти. Но, кога видоа дека влегла Сузана, одеднаш сите се завртеа кон него, прашално...

Сузана не престануваше да се поздравува со сите и, на само еден нејзин знак, тие што седеа на централната маса, веднаш станаа и ја расчистија за тие да може да седнат. На Роберт му беше непријатно, но Сузана очигледно уживаше во моќта.

„Што ќе се напиеш?“ – го праша таа него, наместо обратно.

„Не знам... Швепс.“„... ?!?! Како тоа, Швепс? Не си дома, земи

нешто жестоко.“„Не можам, утре треба рано да станам, имаме

работа...“„Не, не, не! Јас овде имам репутација и мора

да ја бранам. Те молам, заради мене, а? Те молам, те молам, те молам...“

„Е, па, ај, тогаш, една вотка.“„Коки! Дај овде дупла вотка и мартини!“„Мартинито за тебе?“„Е, не, за Цацко!“„Па, не мора баш така да му одговориш...“ –

прошепоти Роберт.

110

Page 111: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Море, ќе му кажам јас на него. Не ги знаеш ти нив, тој сака друго нешто да каже, остај ме мене да се разберам со нив.“

Роберт, навикнат на скромност и повлеченост, не се чувствуваше најпријатно. Но, само еден поглед на нејзиниот младеж и – се друго престануваше да биде важно. Одвај се додржуваше да не ја пипне за рака, за џемпер, за било што.

„Не е важен тој... Фала ти многу! Кажи ми ти за тебе, за Алшар, за девојка ти...“ – рече таа и божем случајно го допре за рака.

„За к-к-која девојка... Откаде знаеш...“ – Роберт беше веќе сосема исфрлен од рамнотежа.

ГЛАВА 9

111

Page 112: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

СТРАШО ПИНЏУР И ДРУГИТЕ

Смешки

Еден вруток, кој сака од ситепоточиња по него и околу него да направи нови врутоцисамо зашто тој е вруток и знаедека е вруток,весел и силен, заборава – тој (таа) е вруток, а се по течението на потокотшто тој (таа) го раѓа е нов вруток, сам за себе, кој само сака да тече со течението на потокот по него….Најпрвиот вруток не можеда го изврти, намести и стокмитечението на врутоците и потоцитенадвор од себе...луд, убав вруток!

Х. С. Потер, Скопје, 2010

За тоа време, професорот и градоначалникот седеа под сенката на лозницата во дворот на градоначалникот, удобно навалени и вдлабочени во разговор за сенешто.

„Знаете, градоначалнику“, зборуваше професорот, „секој народ... не, секое племе, пред дури и да помисли како колективна, доволно критична маса дека е можеби време да се обедини, да се оформи, да се осмисли во рамките на

112

Page 113: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

општествените концепти што досега ни се познати, неминовно минува низ период на жестока ерупција, внатрешни немири и меѓусебни борби на патот кон единство и постепено смирување... се до следната фаза од наредниот циклус. Се чини и дека нема суштински промени – барем немало досега. Течејќи од единечното кон општото и кон физички сеопфатното, процесот е однапред даден, дефиниран во моментот на својот постанок; сепак, истиот тој процес како да е истовремено и постојано толку желен (чиниш, свесен е за самиот себе) да биде изменет, што се обидува да ги принуди неговите единечни составни елементи да зовриваат, да катализираат и да спречуваат зовривања без краен производ. Но, по сé изгледа, во неговата дефинираност лежат многу одговори и, само да може човекот да сфати како тој се дефинира, лесно ќе го редефинира... на подобар начин, се разбира.“

„Хммм....“, го преџвакуваше сето тоа градоначалникот. „А, еве, па, мене што ми текна. Ќе да е нешто со земјоделскиот карактер на Македонија – многу од нејзините славни синови наместо презиме имаат растение.

На пример, Јордан не се презивал Пиперката отсекогаш, сигурно. Ама, како да се истакне и запамети уникатноста на еден Јордан, ако не можеш со презимето (името може да збуни, ако е македонско, а може да биде и јорданско, нели?) да кажеш некому на кого мислиш и тој некој веднаш да те разбере? Не за друго, се штеди на време, а комуникацијата тече полесно.

113

Page 114: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Или, Страшо (кој ли го крстил така – некој што се плашел од него или некој што сакал тој други да страши?) сигурно не бил од семејство кое единствено правело пинџур. Тоа кај нас, во Македонија, се прави во секој дом. За ако дојдат гости, а и децата да имаат што да каснат, па да пораснат.

И, додека за мажите се чини се резервирани прекари по разни рани и доцни зеленчуци и преработки од зеленчуци, за познатите жени од Македонија поприродно е некако прекарот да упатува на овошка. Така, на пример, Невена Георгиева-Дуња сигурно била дуња во очите на многумина, па така ја заслужила додавката на моминското презиме. Ете, и девојките во народните песни најчесто се споредуваат со јаболчиња (иако и доматите се исто толку црвени, а дури и повкусни) или цреши, а не со бабури...“

*****

ОДА ЗА ПОСТОЈАНОСТА

114

Page 115: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Леснотијата на изведбатаЕ единствено виднаБез превезот на конвенцијатаИ, тогаш, сега, секогашСолца малку и леб сушен, насушенОдат во од постојан, Лесен, а тежи и жежи. Велат, во секоја манџаЛеб и сол има; А, Тој - единствениот, Ко Титан, Аладин и Волфганг,Оди во мир со чекорот.

Х. С. Потер, Скопје, 2000

Наредниот ден, во неделата, професорот се разбуди рано, пред зорите. И веднаш стана од креветот. Разговорот со градоначалникот од претходната вечер уште му се вртеше во главата и тој, и не сакајќи, се насмевна. Водата со која се изми беше толку чиста и студена, чиниш сега истекла од изворот.

Првата работа што ја здогледа кога излезе од дворот на куќата на Роберт беа два мршојадци.

Можеби се истите оние кои летаа над Мајден... или, полошо, можеби се сосема други, нови. И, што е сега ова, Господи? Знак? Претскажување? Или се, просто, чувари на нешто? На огнот? Ќе дојде ли ден кога огнот, оној уништувачкиот, ќе го замениме со оган на единство, на корисни ефекти?

„Професоре! Професоре! Добро утро!“ – од зад него се развика гласот на таткото на Роберт, кој,

115

Page 116: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

очигледно, и самиот не можел да спие повеќе. „Како спиевте?“

„Одлично, домаќине, благодарам. Вие?“„А, јас и не спијам веќе со години. Само се

преправам така, лежам, мижам, да не се секира домаќинката. А и немам веќе зошто – сите сништа ми се остварија. Еве, и вашето доаѓање со Роберт во Конопиште, ми се чини, е некој мој сон...“

Додека шетаа по сокакот без цел, заѕвонеа камбаните за...

„Ете, веќе е шест часот! Време за на работа, нели?“

„Не денес, нели е недела?“„Да, да, недела е, ден во кој се преправаме

пред Бога дека не работиме, а всушност ја вршиме најголемата работа – си размислуваме што сме направиле шесте дена пред неа, а и што треба да направиме наредните шест дена. Еве, погледнете на небото – сега, во октомври, на крајот од октомври, два месеци пред крајот на годината, ѕвездите се редат како по некоја наредба. Како да им се придружила некоја нова ѕвезда и другите и прават место. Можеби е она Крушевчанчето, а професоре?“

„Можеби, можеби, кои сме ние да знаеме...“„Ееее, да... голем е само Тој.“„А, вие имате и ќерка, нели?“„Да, да, таа е во Скопје, таму сакаа со зетот да

живеат. А, јас им велев: поседете си тука, во Конопиште, некое време, додека да се изродат деца, па после фаќајте џенем... бесплатен капитал – нивје,

116

Page 117: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

шуми, цела дедовина им ја понудив како почетен... како се вика...“

„Катализатор?“„Да, токму така!“„Ама, ете, не послушаа и сега се мачат во

нездравиот воздух на пренатрупаното Скопје - зетот работи како таксист, а завршил електро факултет, а ќерката чува туѓи деца за пари, деца на странци. Ужас, професоре... Нека, важно се сакаат и така е сé полесно...“ – се заврти настрана, за професорот да не ги види солзите.

„Да ви раскажам една приказна, може ќе ви го олесни родителствувањето. Јас, кога бев млад, се мислев дали да се вработам во геолошкиот институт во Скопје или да си останам дома, во родниот Штип и да предавам, да бидам учител. Сега, од оваа дистанца, многу сум среќен што го одбрав ова второво. Зашто, многу бргу сфатив колку е одговорно да се нафатиш да им пренесуваш знаење на децата – но, колкаво беше моето задоволство кога неколку дечиња од првата генерација на кои им бев класен раководител, години подоцна, се сретнаа со мене и полни со гордост ми раскажуваа дека веќе успеале или дека се на пат да успеат во Скопје! И јас, со насолзени очи, се радував бескрајно на сите нивни приказни. А, да се бев решил да отидам во Скопје, во геолошкиот институт, ќе бев затворен во некоја несончева канцеларија и немаше да можам да го направам она што е прва и единствена обврска на секој возрасен... родител... – да им ставам на толку многу деца нешта, опции на располагање, за изборот

117

Page 118: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

да им биде полесен, како што вели еден мој пријател (чувар на огнот – му пролета низ мислите!). Ете, и ваш Роберт – не само што самиот тој е сега целиот обземен со нашата работа на Алшар, туку и мене успеа да ми го врати импулсот, еланот и вербата да ја претвори во цел на нашето постоење...Мора да им оставиме на децата самите да си ја следат внатрешната искра и да го најдат својот пат, знаете.“

„Хмммм...“„И, уште нешто – да си замислиме дека

мајката или таткото на некои наши, успешни Македонци не застанале да подразмислат кога ги советувале своите деца кој пат да го фатат, туку, од страв и грижа за своите чеда, инсистирале децата да го следат нивниот совет, а не своето срце? Дали тие деца, за кои подоцна знаеме дека успеале да го постигнат својот зенит, ќе можеле да се остварат до крај ако слепо ги слушале своите родители? Замислете само, тоа значи дека на патот кон убавините што ги доживеале и ги споделиле и со сите нас ќе биле спречени луѓе како, ете кутриот Тоше, како Влатко Стефановски, Миладинови, Коста Солев, Никола Бадев, Милчо Манчевски, Дани, Бени, Бранимир Штулиќ, Мијата?“

“Да, сега ве разбирам. Сосема. Многу ви фала!“

„Да, тешко е да се биде родител, ама и дел од нашиот живот што го вади од нас најдоброто. Кажете ми, спомнавте нешто за вашите претци, за борбите...?“

118

Page 119: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Да! Ајде, да тргнеме кон Свети Стефан и по пат ќе ви кажам се што сакате, а?“

„Да, ајде.“Се наметнаа со по нешто, зашто есента веќе

беше длабоко навлезена во селото, и тргнаа.„Значи, таму некаде 1895., се појавиле Срби

во Тиквешијата и почнале да ги заменуваат нашите даскали со нивни. И, се е тоа убаво – си мисли човек, учители, од која и да се вера или нација, не може да направат беља. Важно да ги научат децата на она што е важно – да почнат самите да размислуваат, да се подготват за животот, да знаат што им треба, каде да го најдат и кога да го применат, нели? Плус, ќе ги научат и нов, странски јазик, а тоа, велат, им помага на детските мозоци да вртат посилно, да сакаат да се искачат на нови, понови и сé понови височини... Нејсе, српските учители, веројатно поучени така од таму од каде што дошле, мислеле дека Македонија е нивна земја и дека сите ’Македончиња’ што не мислат така треба – дури и со сила – да се научат дека Вардар е српска река и дека меѓу Србија и Грција нема ништо, освен Вардарска бановина. Народот се побунил, меѓу другото, зашто дури и Отоманите ги оставале поробените да си учат на својот, мајчин јазик. И така, револтирани зашто по борбата за слобода од Турците, луѓето само паднале во уште потешко ропство, луѓето жестоко, силно и брзо се организирале во чети и кон крајот на мај, се состанале во Бегниште, едно мало село. Таму збор

119

Page 120: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

зел војводата Лазаров5 и го подзапалил присутните, по што се ределе говори и на крајот се договориле за стратегијата и тактиките за отфрлање на српската власт. Меѓу тие револуционери бил и нашиот дедо Трајко... Од женина страна, од нејзината понамачена лоза. Е, таа што приказна има, професоре! Страшна, страшна!“

И додека тој неуморно раскажуваше, заѕвонеа камбаните, означувајќи точно седум часот. Крај нив пројдоа првите трактори, со луѓе уште недоразбудени, возејќи кон лозјата или полињата со тутун. Продавниците се отвораа, првите дедовци веќе одеа по млеко за внуците...

Одненадеж, од некаде засвири ’Учи ме, мајко, карај ме...’ и тие, како по договор, подзастанаа да слушаат.

Прв пат по којзнае колку години, професорот фати да потпевнува, без да му е грижа дали некој ќе го види. Имаше нешто во изведбата на песната што го поведе. И, се потсети – секој од нас има своја ѕвезда...

ГЛАВА 105 Дончо Лазаров, на чело на месната чета во кавадаречката околија, испратил покани до сите централисти и сите војводи преку легендарниот курир Христо Рипата, па така револуционерниот состанок во с. Бегниште се одржало од 28 до 30 мај. – Револуционерните борби во Тиквешијата, Книга 1, стр. 481, Скопје 2001, Државен архив на Република Македонија

120

Page 121: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

НАЗАД ВО ШТИП

„Па, Роберт, сакам уште еднаш да ти се заблагодарам за тоа што ме убеди да почнеме со овој проект. Да не беше твојот елан и возбуда, јас оваа недела немаше да се подмладам барем дваесеттина години,“ го започна професорот разговорот во колата што градоначалникот љубезно им ја даде да се вратат во Штип.

„Таман работа, професоре! Ова за мене е остварување на мојот најголем и најубав сон – секоја минутка таму, горе, уживав и заборавав на се друго,“ се обиде Роберт да го прекине професорот, но, сепак, повнатре во душата, му дојде многу убаво што, ете, една таква големина во геолошката наука во Македонија му оддава признание нему, на Роберт. Му го заскокотка егото толку, што веќе во мислите почна да се гледа на пиедесталот, окружен со блицеви, толпа новинари, бескрајна благодарност од масите и девојки... Тука се сепна. Леле, Снеже! Како ли ќе изгледа средбата со неа? Се немаа видено веќе повеќе од цели четири недели, а тој се јави се на се два пати. Оно, и таа не се уби од јавување, му прелета една релативизирачка и ѓаволски смирувачка мисла. Па, тој и кажа уште пред разделбата дека нема да има многу време за ништо, а, освен тоа, и токму толку и рече дека ќе отсуствува од Штип. Не, сигурно нема да биде страшно, се тешеше. А, сепак, да одложи за уште еден ден?

121

Page 122: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Овој пат ги возеше самиот Ифтим, кој некако го засака професорот и самиот се понуди бесплатно да ги извози до Штип.

„Професоре! Ова патување и за мене ќе биде уживање по долго време. Градоначалникот ми дозволи да преспијам и да не се враќам веднаш. Јас, пак, имам еден шура во Пробиштип, му се јавив и ќе ме чека вечер со прасенце и негово, црвено вино. Еееј, со него што сме не сме правеле пред неколку години! Саде песна, па вино, па пак песна, па вино... Сите планини околу Пробиштип сме ги искачиле и сме слегле од нив, без ниту еднаш да паднеме, ха-ха-ха! И Црни Врв и Пониква и Глобица! Се за само два дена! Оно, се одмаравме во рибникот „Злетовица“, ама газдата секогаш знаеше дека ние доаѓаме и ни ги вадеше од ’под маса’ најубавите риби на светот!“ – грмеше тој со неговиот длабок тенор, огрубен од возраста. „Па, жена му, шурнајката! Таа работи во нивниот Центар за дечиња со... специјални потреби, или така некако го викаат. Добра – лепче! Си спомнувам, една година за Мајот, шурата нé викна мене и сестра му да прославиме на Лесновскиот манастир. Каква софра ни направи шурнајата! Оно, и во селото си имаат манастир – Св. Гаврил, ама во Лесновскиот, горе, таму е милина и божева убавина, баш!“

„Знам, Ифтим, знам. Ние сме тука, соседи со нив. И јас често одев порано, ама, ете, сега со работата... И јас имам убави спомени од Лесново и манастирите. Таму има и богати минерални лежишта, сум одел и службено, тоа се недокрај

122

Page 123: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

испитани количини на руди. Туф, шкрилци, кварцит... многу работи.“

„Професоре, ние ќе треба да поживееме уште барем по двесте години, ако сакаме да испитаме сé што има оваа наша земја!“ – Роберт, уште во прво лице – овој пат множина – се уште не беше подготвен да го види крајот на фалбите за неговите заслуги.

„Ха-ха-ха, да, Роберте. Да. Сигурно.“„Е, уште ова да ви кажам и речиси ќе

стигнеме. На Пониква, а сигурно и на сите други места каде што ловеле уште Пеоните и Печенезите, за време на Самоил, сме газеле со денови и ноќи во потрага по мечка. Арно ама, не сме некои ловци, а и ракијата, наместо да нé загрее, ни го заматуваше и умот и погледот. Така, еднаш, јас здогледав голема дива свиња, на само 30-35 метри од мене. Си велам, не е мечка, ама, како за прв пат... Собрав сила, сопрев здив и – пукнав од едното, незамижаното око со берданката на дедо. Животното, кутро, се струполи без глас. Не можев да се соберам од радост! Кога, одам таму, а тоа да ти било некое заскитано теленце. Оф, мори мајко! Колку сме се туфкале со шурата, да го сокриеме, да го најдеме стопанот, да му платиме, не знаевме што да правиме сé до зорите. Тогаш, веќе отрезнети и ококорени, слегнавме до селото сосе телето и ја најдовме куќата на стопанот на телето. Му се извинивме, му плативме како да го продал на пазар и тој, за чудо, бргу ни прости. Нé седна кај него на тремот, извади ракија, домаќинката испече од месото и – сé почна

123

Page 124: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

одново. Ама, во лов веќе никогаш не отидов. Кога за нешто не те бива, не те бива, нели?“

„Така е. Човек треба со сите сили да го прави она што го знае, а експериментите, посебно тие што може да им наштетат на други, да ги остави за во мислите,“ – се согласи професорот. „Ете, и тој дел од крајов е сигурно недоволно искористен – строго контролиран лов и риболов на ендемски див свет е, сигурен сум, голема можност за Пробиштип, па и другите, околни општини. Само, многу работи зависат од локалните власти и составот на советите. Ако тие се избрани внимателно и професионално, децентрализацијата, како што рече градоначалникот на Кавадарци, е навистина убава можност секоја општина да се истакне со својата посебност и да го отвори небото над граѓаните.“

Така, во муабет, по неколку минути навистина стигнаа во предградието на Штип. Роберт веќе подолго не беше присутен во разговорот, ниту со збор, ниту со мисла. Снеже стануваше сé поголема извесност и поголем... страв!

*****

Во градот, сé беше во знак на траур, чемер по предвреме заминатиот Тоше. Свеќи и цвеќиња по тротоарите, млади плачат, постарите таговно шепотат и се крстат.

Ифтим ги извози професорот и Роберт до пред вратата на факултетот.

124

Page 125: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Излезе и им помогна да ги однесат сандаците со минерали во кабинетот на професорот, се поздрави и нестрпливо јурна кон својот шура во Пробиштип.

„Е, па, Роберте, стигнавме. Каков месец, а?“„Да, професоре. Најмалку од сé – здодевен!“„Далеку од тоа, Роберт, многу далеку. А, сега,

одам јас да одморам, па ќе се чуеме утре-задутре. И ти сигурно треба да се извидиш со едно чудо луѓе. Пријатно!“

„Да... да. Пријатно, професоре, се слушаме!“Сам, надвор пред факултетската зграда,

Роберт застана закопан в место. Веќе беше приквечерина и градот полека се боеше во ноќните, мрачни нијанси на црвено.

И сега? Во мојата соба? Право кај нејзе?Собра решителност и тргна кон Снеже. Нога

пред нога, мисла зад мисла. На дваесеттина метри пред нејзината куќа, подзастана и се загледа во нејзиниот прозорец. Темница. Се фати за телефонот и полека го заврти нејзиниот број.

„Ало, Снеже! Јас стигнав...“

ГЛАВА 11

125

Page 126: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

СООЧУВАЊЕ

Шетаа рака под рака по ’нивната’ патека – од куќата на Снеже кон музејот, па накај Баргала. Крај десната нога на Снеже поттрчнуваше и нејзиниот нов кокер-шпаниел.

„Од кога имаш куче?“ не знаејќи со што друго да ја прекине тишината по првата прегратка и бакнеж, праша Роберт.

„А, од пред две недели. Тате ми го донесе од Скопје“, живо прозбори таа, небаре одвај дочекувајќи таква тема, неповрзана со нив двајцата. „Го крстив Среќко. Многу ме забавува, да видиш колку е умно, милно и послушно. Не се двои од мене, дури и спие во мојот кревет, крај моите нозе. Многу се сакаме. Нели, Среќко?“

„Да. Убав е.“Полека, полека, стигнаа до првите урнатини.

Месечината веќе беше високо издигната и си поигруваше со сенките околу нив. Студот ги натера да се зближат, но рацете некако не им се сплотуваа природно и сами од себе, како порано. Снеже го подгледнуваше под око, но штом тој ќе го фатеше нејзиниот поглед, таа се вртеше настрана.

„Па, кажи нешто за таму, во Конопиште? Како се твоите?“

„Добро, добро, фала. Ми се чини дека таму времето стои во место. Тие се исти какви што ги оставив, само што беа дури и порастрчани, заради професорот. Едно време паднав во сенка, хе-хе-хе...“ се насмевна тој кисело.

126

Page 127: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„А, истражувањето? Алшар?“„Ааа, тоа излезе одлично! И професорот е

многу задоволен, донесовме и повеќе од што се надевавме. Утре... не, задутре ќе се најдеме на факултет и ќе почнеме со првичните тестови во лабораторијата. Одвај чекам!“ – му се испушти и дури тогаш сфати што рекол.

„Хммм, да, сигурна сум. А, учењето? Како ќе надокнадиш?“

„Не знам, за тоа не сум ни размислувал. Видиш, да...“ – се замисли Роберт.

„Таков ум како тебе, сигурна сум дека лесно ќе постигнеш. Туку, ми достуди, што велиш да тргнеме наназад?“

„Да, ајде!“Молкум се вратија по истиот пат – таа тркајќи

се со кучето, тој по неа, со главата вземи. Па, зошто е сега вака? И, дали да ја спомнам Сузе? А, што да речам? Оф, мори мајко, дали ќе дојде утре?

„Фаќај! Фаќај!“ – му фрлаше стапчиња таа на Среќко.

Кога виде дека многу се оддалечиле од Роберт, таа застана да го почека, не испуштајќи го кучето од вид. „Ајде, Роберт! Побрзај, те молам!“

Да му кажам ли за Миле? Што е со мене? Никогаш досега не сум криела ништо од него! Зошто не му кажав дека Среќко ми го подари Миле? Леле, каква лажга сум! Одеднаш Ѝ се слоши и се потпре на него. Тој почувствува дека не Ѝ е арно и ја прегрна.

„Сакаш да седнеме малку? Ене клупа, а?“

127

Page 128: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Не, не, добро ми е, само малку се зашеметив. Дали од тоа што не вечерав, кој знае...“

„Добро, ајде полека. Дај ми го кучето, јас ќе го водам.“

„Не, не!“ – извика таа и цврсто го стегна ременот. Истиот момент се зацрвени и ја заврти главата од него.

Роберт зачудено ја погледна, но не рече ништо.

Стигнаа до нејзината порта и постојаа во тишина.

„Е, па, ќе се видиме утре, а?“ – праша тој. „Да, само попладне, зашто претпладне... ќе

одиме со мајка на гробишта“, бргу изговори таа и, засрамена од самата себе и од тоа колку бргу смислува лаги, го бакна кратко и речиси со трк влезе во куќата.

Роберт тргна кон својата соба. По патот, сам со своите мисли, беше сосема збунет. Не знаеше од каде да почне со мислите. Запетлан до грло, пребаруваше по средбата со Снеже, не знаејќи ни самиот што беше тоа што недостигаше.

Толку време бевме разделени, а не ме ни покани кај неа. Тоа досега се нема случено! И, блискоста со тоа кучето – не сум ја видел некого така да гледа освен мене. Што ли се случува? Утре се отворено ќе Ѝ кажам и ќе ја распрашам зошто е поинаква, што е тоа во неа и на неа што не го препознавам...

128

Page 129: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Кога влезе во собата, се фрли на креветот сосе алишта и веднаш заспа, преморен од патот, од мисли, од Снеже...

*****

Новиот ден ги замрзна дури и поточињата вода што течеа удолу по улиците, на радост на дечињата, кои одвај дочекаа да се излизгаат до училиште, па и покрај него. Сепак, сонцето како да не се предаваше – со заби, ама јасно, цело на исчистеното небо, му се нафрлаше на градот од сите агли, уште од рано утро смалувајќи ги сенките до точки.

Роберт се разбуди дури во девет часот, во полу-бунило. Уште пред да ги отвори очите, свеста го нападна со сите случки и слики од синоќешната средба со Снеже. Му се измешаа ликовите на Снеже и на Сузе, па те се смешкаше, те замолкнуваше. Сигурно почнал и да вика на глас, штом стопанката кај која што беше под кирија затропа на вратата.

„Млад господине! Роберте! Добро ли сте?!“„Да, да, нешто сонував. Благодарам!“„Да ви ставам кафе?“ – добрата жена го

понуди загрижено. „Да, може, фала. Веднаш доаѓам!“ – тој, штом

го виде часовникот, скокна како на федери. Набрзина се зами, се облече и во трк го сркна топлото кафе во кујната.

„Многу ви благодарам, одам, доцнам!“

129

Page 130: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Но, јас, еве, испржив јајца – на око, како што ги сакате...“ – протестираше таа.

„Друг пат, доцнам!“ – излета тој низ вратата на малата куќичка и се стрча кон факултетот.

По пат, му се пристори дека реката е малку надојдена. Минуваше забрзано крај луѓето, кои го загледуваа и вртеа со главите. Кога стигна на факултетот, застана за миг пред огласната табла, да види кога му почнуваат предавањата. Тука и го начека професорот.

„Добро утро, Роберт! Се наспа ли?“„Овааа... да, професоре. Како не!“„Види кога си слободен, па дојди кај мене во

кабинетот, да се договориме што ќе правиме, а?“Другите студенти и студентки со завист ја

гледаа сцената меѓу Роберт и професорот, убедени дека Роберт има силни ’врски’ и дека затоа и другите оцени му се такви. Го сметаа за ’гребатор’, за ’шиткач’ на студентските начела, па така и се однесуваа со него. Се разбира, машките многу погрубо од женските, кои не пропуштија да забележат дека денес, прв пат по којзнае колку време, тој не е со Снеже.

Погрешно запетлан, неизбричен и недочешлан, Роберт влезе на првиот час, по хидрогеологија, кај една од најстрогите професорки.

„Оооо, па добро утро, господине Мишков! Значи, конечно се смилувавте да ни се придружите!“

„Д-д-добро утро, професорке. Извинете, јас...“„Да?“„Па... ете, некако се успав и...“

130

Page 131: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„А, вредеше ли сонот, барем?“Роберт не одговори. „Ајде, седнете некаде и ве молам, ова нека ви

биде последен пат. Инаку, од мене потпис нема, па нека дојде и Министерот лично!“

Девојките веднаш почнаа да шепотат дека, дури и вака, недотеран, Роберт е ’баш срцка’ и дека онаа Снеже, прчлата, со ништо не го заслужува.

Подоцна дента, Роберт отиде во кабинетот на професорот. Го најде како чита, препрочитува, нафрла книги на бирото, вади списи од прашината – беше заборавил дури и да запали светло. Кога влезе, Роберт махинално го притисна прекинувачот и кабинетот се осветли.

„А! Роберте! Па, ти на сите начини ме осветлуваш, ха-ха-ха! Како си помина на предавања?“

„Добро, нормално. Вие немате предавања денес?“

„Не, се видов со Деканот и, откако ми кажа дека и без мене се можело - ха-ха-ха, се вратив овде и оттогаш пребарувам сé што сум запишувал, прибележувал и ставал настрана во врска со неутринската загатка. Седни, еве, овде до мене, имам мала мака со овој текстов на англиски. Ајде, те молам, протолкувај ми од овој пасус, па надолу.“

„На пример, критичната маса на изотопот на ураниум-233 изнесува 15 кг. Според пишувањето на Аничин од Физичкиот факултет во Белград, кога од Одборот за оценка на проектот го прочитале ова, го прогласиле и проектот и рудникот од

131

Page 132: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

посебна важност за државата и ги ставиле под контрола на војската. Мистериозните воени хеликоптери кои, според кажувањата на локалното население, на Мајден слетувале во тој период може да се претпостави дека се поврзани со тој проект, затоа што малку е веројатно дека проектот со Неутриното бил од интерес за војската.

„Да, ама сето ова не се однесува на Алшар, туку, јас колку што знам, на рудникот... не ми текнува во моментот на името ..., во кој се наоѓа и ураниум, како дел од бизмутот што се вади. Треба малку повеќе да истражуваат и да дојдат до прецизни податоци, пред да ги објават. Добро, понатаму, те молам.“

Под раководство на Рибникар и Антанасиевиќ, биле извршени неколку експерименти во потрага по ека-талиумот. Едниот, за кој бил направен специјален детектор со гадолиниум, траел една година, додека другиот траел 10 години. Сите експерименти покажале дека ека-талиумот не е присутен во Лорандитот и какви и да биле намерите за што да се користи неоткриениот елемент, пропаднале. Благодарност на д-р Томислав Иванов, еден од најдобрите познавачи на Алшар, за корисни информации и помош околу локалитетот на рудникот. Дали и тој знаел за каков проект станува збор и дали воопшто некој од политичките структури во Македонија биле информирани, може само да се претпоставува.

Одговорот на прашањето кој бил вистинскиот мотив зад овие истражувања малку е

132

Page 133: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

веројатно дека може да се најде во Македонија; тој треба да се бара во архивите на југословенската влада и/или во генералштабот на ЈНА во Белград. Познато е дека во Југославија постоела опсежна програма за мирнодоска примена на нуклеарната енергија. Покрај институтот во Винча, постоеле и два други институти каде се вршеле нуклеарни истражувања: „Руѓер Орданчовиќ“ во Загреб и „Јожеф Штефан“ во Љубљана, а постоеле и други поспецијализирани институции, како што се Институтот за примена на нуклеарна енергија во земјоделство, ветерина и шумарство во Земун, Истражувачкиот развоен центар за термотехника и нуклеарна технологија во Сараево, Институтот за геолошки и рударски истражувања и експлоатација на нуклеарни и други суровини, Истражувачкиот и развоен центар за топлина и нуклеарно инженерство на Енергоинвест, итн. Вкупниот број на инженери и научници кои се занимавале со нуклеарни истражувања во Југославија според некои процени изнесувал меѓу 1.200 и 2.000, а освен нив имало и 600 до 1.000 нуклеарни техничари. Југославија, како водечка земја во движењето на неврзаните, се залагала за разоружување и веројатно немала програма за нуклеарно оружје, но не е исклучена можноста дека развивала потенцијал, [за евентуална]... таква потреба. Дали новиот елемент со претпоставена мала критична маса требало да биде адутот во ракав? Ако мотивот да се исклучат Русите од истражувањата бил новиот хемиски елемент да

133

Page 134: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

биде самостојно откриен, што навистина ќе било голема работа, зошто истражувањата се држеле во толкава тајност?

„Професоре, пред некој месец многу се замислив над својствата на Лорандитот и никако не ми беше јасно зошто неутриното само кус период се задржува на минералот. Тогаш, го сретнав мојот пријател Златко и тој ми кажа - прочитал дека, всушност, Лорандитот е чист Талиум 14, со време на полураспаѓање од 4,9 милисекунди. По тоа, станува Талиум 13 и веќе не може да го задржи неутриното. Во стабилна состојба (која сé уште не е достапна), го задржува околу 8 – 20 секунди.“

„Да, ама големи се изгледите на Лорандитот во јамите на Алшар да има траги од задржано неутрино, кои може да се испитуваат од аспект на тоа дали неутриното има или нема маса, што е, пак, најважното парче од целиот мозаик за конечно докажување или побивање на Стандардниот соларен модел. Понатаму, те молам.“

Со други зборови, Алшар е извонредно интересен рудник по својот минеролошки состав, кој во еден период бил експлоатиран заради рудата, а кон крајот на минатиот век бил „експлоатиран“ заради чисто фундаментални истражувања во физиката и хемијата. Случајно се совпаднале и речиси истовремено се вршени две независни научни истражувања – резултатите од тие истражувања се доста скромни и достапни на научната јавност. Остануваат отворени мотивите за едното истражување, а за нив мора да постојат одлуки на

134

Page 135: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

сојузната влада на Југославија; а, тоа кој, колку и дали бил информиран во Македонија се прашања што би било интересно да се одговорат. Се надевам дека ова ќе биде провокација да се започне со пребарување во архивите во Белград, за да се разјаснат некои од овие дилеми.“

Така занесени во читањето, ја дочекаа доцната вечер во кабинетот. Околу 21 часот, Роберт срипа и му рече на професорот дека мора да оди. Се договорија утре, по предавањата, да одат право во лабораторија и да се организираат.

*****

Ах, каде е мој’то либе

135

Page 136: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Дали мисли тој на менеЈас за него само венамИ за него јас ќе умрам!

Македонска народна песна

Кога стигна кај неа дома, нејзините му рекоа дека таа веќе излегла и дека тие мислеле дека е со него. Не кажала каде ќе оди, и Роберт, извинувајќи се набрзина, се затрча кон нивното омилено место – повторно кај камените ѕидини на древната населба Баргала.

Таму ја немаше. Ја немаше ни под нивното дрво крај црквата Св. Ѓорѓи, ниту, пак, зад музејот. Роберт веќе не знаеше каде да оди, а не можеше да и се јави – батеријата на телефонот му беше испразнета. Целиот во прашалници, тој тргна накај својата соба околу половина час пред полноќ.

Со главата наведната, тој веќе почнуваше да се прекорува за тоа што толку долго ја беше запоставил. Ете, и денес заборави да ја наполни батеријата, а вчера пристигна и средбата им мина некако не баш најубаво. Токму да се искачи по првата скала на влезот во куќата, некој го довикна одзади.

„Роберт! Пст!“Таа стоеше таму, сама со кучето, сокриена зад

бандерата. „Па, каде си?!? Цела ноќ те барам насекаде...“„Пст, те молам, потивко. Дојди ваму, не

викај!“

136

Page 137: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Го зеде под рака и го пушти кучето слободно да трча пред нив.

Подголтна и, решителна во гласот, започна. „Мил, ти знаеш колку те сакав...“ – подзастана

да види дали ќе реагира на минатото свршено време, но Роберт молчеше и чекаше... небаре следува пресуда.

„Многу, многу, најмногу на целиот свет и век! Ти ми беше и првата мисла наутро и последната мисла пред да потонам во сон. Секој ден. Ама, баш секој. И, мислев дека никој од мене не е и нема никогаш да биде посреќен. И така и беше, сé до... сé додека не замина во Конопиште со професорот. Првите неколку дена и не очекував често да се јавуваш, знаев колку си возбуден од проектот. Но, после две недели без никаков глас од тебе, па дури ни порака, почнаа сами да ми надоаѓаат прашања. Дотогаш, сметав дека и јас тебе сум ти сé на светот, како и ти мене. Но, едно утро, како гром, како твоето Неутрино...“ се обиде со шега да ја ублажи мачната атмосфера – „...ме погоди право в срце мислата дека, ако јас и ти бидеме заедно засекогаш, како што сакав, тебе работата секогаш ќе ти биде поважна од мене. И, се замислив по десет години – се видов како јас и нашите дечиња те чекаме да дојдеш на нивните родендени, на славата наша – нели се договаравме да си имаме наша слава откако ќе се скуќиме – а, тебе те нема со денови, недели. И така, мил, сé такви мисли се редеа, не можев никако да ги избркам од главата, од книгите, од секој залак...

Кажи нешто...“

137

Page 138: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Роберт заусти да почне со оправдувања и ветувања дека нема да биде баш така, кога му текна дека таа, најверојатно, е сосема во право.

„Не знам ни сам, Снеже, што да одговорам. Дека Лорандитот и Алшар ме занесоа, тоа и самата го знаеш. Мислам дека тоа е навистина најголемо нешто што досега... Но, тоа сега не е тема. И јас не ни помислував на други девојки освен на тебе, сé до...“ – оваа реченица веќе не знаеше ни како да ја почне, а камо ли како да ја заврши.

Снеже го крена погледот и му се загледа в очи без збор.

Тој сакаше да погледне настрана, но таа не му дозволи, одејќи по него со погледот.

„Сé до...?“ – го потсети каде застанал.„Види, ништо не се случи, излеговме само

еднаш со Сузе, ама...“„Сузе? Која Сузе?“„Па, ќерката на градоначалникот на

Кавадарци. Бевме со професорот кај нив на гости и таа се понуди да ме изведе в чаршија и јас... некако... не знам...“

„Добро, добро, не мачи се, јасно ми е.“Таа застана и се замисли, терајќи ги солзите

наназад в грлото. „И јас имам да ти признаам нешто. Се видов

неколку пати со Миле, нашиот градинар, онака пријателски. Еве, и вечерва, пред да дојдам пред твојата куќа, бевме со него на прошетка. И јас сум збунета. Тој е толку спротивен на тебе, толку различен... неук, а сепак...“

138

Page 139: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Па, зошто не си ми кажала ништо досега? Колку трае тоа?“

„Кога да ти кажам? И, како, кога ни јас не знам што ми е, во главава ми е целосна збрка...“

„Па, не е фер, Снеже! Не е фер! Зад мојот грб!“

Роберт, всушност себично среќен што, ете, и таа погрешила и може да ја искористи ситуацијата да ја префрли вината на неа, без ниту еден збор повеќе ја остави среде улица и си замина кон собата.

Снеже уште долго стоеше и гледаше кон него. Зошто, Роберте? Зошто ме зеде здраво за

готово, зошто се затвори за мене и за мојата љубов? Сé ќе ти дадев, сé, без резерви...

ГЛАВА 12СТРАШНА РАБОТА

139

Page 140: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Околу 9 часот следното утро, професорот, по којзнае кој пат, претураше по торбите и сандаците што ги беа донесле со нив од Конопиште. Се обидуваше да се смири, да си спомне каде може да ги оставиле примероците, но веќе цел час само студена пот го облеваше и никако не можеше да го најде Лорандитот и другите минерали.

Добро, ајде уште еднаш – торбите ги товаравме јас и Роберт, а сандаците Ифтим... Не, не е можно, зашто јас лично ги имав запечатено и тој запечатени ги изнесе сандаците од куќата на Роберт и ги стави во багажникот. А и од багажникот ги однесе директно во мојот кабинет. Не е можно да е тој... тој ниту смеел да стори такво нешто, ниту, пак, го разбира вистинското значење на Лорандитот. Значи, ќе да е некој кој влегол ноќеска... А, заклучив ли јас синоќа? Па да - утринава отклучив...

Во такви мисли и збрка го најде Роберт, кој, по синоќешните случки, немаше веќе нерви ни да отиде на предавања од страв да не ја види Снеже и отиде директно во лабораторијата.

„Добро утро, професоре!“„Море, какво добро, Роберте! Страшно!

Неверојатно!“„Ш-ш-што...?“„Ти си спомнуваш ли вчера, кога

пристигнавме, кој го внесе сандакот со примероците?“

„Па, Ифтим, нели? Зошто...“

140

Page 141: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Е, па, го нема!“И се струполи изнемоштено во старата

фотелја. И двајцата, во истиот миг, и не сакајќи се сетија на приказната што им ја раскажа токму Ифтим за мистериозното исчезнување на сандак со минерали од факултетот во Штип пред педесетина години. Но, професорот се обидуваше да најде логично објаснување во мислите, а Роберт се сети на неговиот ’роднина’ од Мајданпек и на првото привидение, кое му велеше дека не треба да влегува, сé додека не биде сигурен дека ќе се знае кој и на кој начин ќе добие пристап до Лорандитот.

Во тој момент, влезе Деканот и Роберт махинално срипа од столчето.

„Седете си, г-не Мишков, седете си. Јас само да ве ѕирнам, да чујам што се случува таму каде што е возбудата...“ – но, по еден поглед на неговиот стар колега, му беше јасно дека нешто е многу лошо.

„Столе! Што се случило?“„Остај, колега, страшна работа! Сé што

донесовме од Алшар овде вчера, денес го нема. Мислам, она важното – примероците од сите 13 минерали едноставно исчезнаа преку ноќ. А, никој нема клуч освен мене. И, чистачката, се разбира.“

„Чекај, чекај, застани. Како тоа, исчезнале? Ајде, да се обидеме да се присетиш каде си ги ставил вчера. Отвори малку прозорец овде, да влезе светлина... а и воздух, а?“

„Бадијала, сé пребарав, тука сум од 7 часот изутрина. Страшно...“ – не можеше да се соземе професорот.

141

Page 142: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Роберт молчеше во аголот. А и како да им каже за привиденијата? Кој ќе поверува во такво нешто? Дури ни тој самиот не знаеше што од сето тоа било јаве, а што сон.

„Да не останал во колата на возачот? А, имате ли број од него? Ако сакаш, ќе отидеме и до Пробиштип, Столе“, Деканот не знаеше веќе како да го утеши својот пријател.

*****

Наредниот ден, Роберт и професорот повторно се најдоа во кабинетот. Рано, уште пред да дојдат другите професори и студенти.

„Роберт, цела ноќ мислев – или ќе пријавиме в полиција, што значи многу испитувања, денови изгубени, повикување сведоци и вмешување други, веројатно и твоите родители. Или, пак, да најдеме начин да се вратиме пак на Мајден и да ископаме нови количини и – никому ништо. Што мислиш ти?“

„Јас... не знам како да ви го кажам ова, професоре. Од завчера носам камен во душата и немам храброст да кажам на никого. Се сеќавате, последниот ден вие отидовте со Ифтим, а јас останав со другите од ’Рудкоп’? Е, тогаш некаков замор ме совлада и прилегнав под сонцето. На сон ли беше, на јаве ли, ни самиот веќе не знам, ама ми се појави некој брадест човек и ми побара да му дадам макар едно парче Лорандит. Јас одбив, ама тој, ми се чини, некако беше решен да стори сé за да дојде до парчето минерал. Можеби се глупости, можеби не. Едно знам

142

Page 143: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

– мене ми е веќе страв да заспијам и оттогаш ноќе се будам на секои петнаесет минути, да не ми се појави некој нов дух, ново страшило. А, и Ифтим и другите го слушнаа она „Стој! Не копај!“ првиот ден, кога ја отворивме јамата...“

„Роберт, Роберт! Те молам, јас и ти сме премногу научно воспитани за да веруваме во такви празноверија. Мора да има логично објаснување за ова. Ајде, сепак, размисли дали можеме само ние двајца, овој пат без никакви помпи и други луѓе, утре да заминеме и уште утревечер да се вратиме со барем еден-два минерали, а?“

„Па, можеме... зошто да не...“„Тогаш, договорено! Оди, наспиј се и утре

рано, уште пред седум часот, дојди пред факултетот и одиме со мојот автомобил. Имаш возачка?“

„Да...“„Одлично! Добра ноќ!“Роберт остана подзинат и полека тргна кон

своето затвор-сопче, мислејќи како ли и тој да стане толку решителен и непоколеблив како Сталин.

ГЛАВА 13НА МАЈДАНОТ – ПО ТРЕТ ПАТ

143

Page 144: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Сами двајцата, професорот на совозачкото, а Роберт на возачкото седиште, тргнаа уште пред денот да го осветли Штип како што треба. Небото како да ги беше затворило од сите страни – на Роберт му се чинеше дека облаците ја забавуваат старата ’пезетка’ на професорот. Бришачите беа стари, па тој се напрегаше да го види патот меѓу капките ситен дожд и замачканиот дел на стаклото.

Ни тој, ни професорот не прозбореа ниту еден збор дури до Велес.

„Роберт, ај’ те молам, застани некаде, да земам малку воздух“, рече професорот некаде пред Стоби.

„Еве, професоре, веднаш зад наплатната рампа кај Градско. Може?“

„Да, да, не е далеку дотаму“- и професорот повторно им се врати на мислите зад затворените очни капаци.

Застанаа веднаш зад рампата. Роберт подисплашено го гледаше професорот. За овие неколку недели, толку се без сплотиле околу истражувањето, што тој веќе си мислеше дека го познава професорот колку што може да се познава друг човек. Но, ете, денес му се чинеше дека професорот е, како тогаш на Мајданот, повторно на некоја своја планета, чиниш мислите му се пишуваа на челото.

„А, да им се јавиш на твоите, сепак? Да не ги исплашиме луѓето, а?“

„Да, еве, веднаш“, рече Роберт и веќе го вртеше бројот. „Ало! Тато! Јас и професорот ќе

144

Page 145: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

дојдеме за околу половина час. Молам? Не, не, сé е во ред. Ајде, се гледаме!“

И дотаму не прозбореа веќе ниту еден збор. Кога влегоа во Конопиште, сé си беше во

вообичаениот тек – тракторите полека чадеа кон нивите, децата се влечеа поспани накај училиште, а камбаните означуваа половина од осум часот.

„Ајде, повелете!“ – ги пречека татко му на Роберт, очигледно задоволен што толку бргу пак ги гледа, но и некако збунет.

„Домаќинката тури кафе, седнете си, да се закрепнете од патот. Што добро...?“ – не издржа да не праша.

„Видете, Орданчо, јас веќе сигурно ви додеав...“

„Таман работа!“„Да, веќе знам колку сте добри и

гостопримливи, но сепак... Како и да е, со Роберт се решивме да отидеме уште еднаш до рудникот и уште вечер да се вратиме назад, во Штип. Овој пат, би сакале да не ангажираме никого, сами да се качиме и да завршиме работа.“

„Добро...“„Вас само ќе ве замолам да ни дадете по еден

копач и лопата и некој стар сандак.“„Лесна работа, но да каснете прво нешто...“„Па, и не мора...“„Ама, како не мора! Не морало! Појадокот си

е начинот на кој треба да почне денот, професоре. Како така!“ – се појави Александрина со кафето и

145

Page 146: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

гурабиите. „Добредошле, повелете. Каснете си и од рачелите малку, да се заблажите пред кафето.“

И повторно, професорот не можеше веќе да се буни пред аргументите на мајката на Роберт и знаеше дека колку побргу послуша, толку побргу ќе тргнат.

„А, ти, Орданчо, и така немаш многу работа денес, облечи се и појди со нив. Роберт може и да го утне патот, а таму и треба да се копа. Ајде, оди, а јас ќе ги послужам.“

Орданчо без збор, како едвај да дочека, само прашално го погледна Роберт. Овој слегна со рамениците, а таткото не ни дочека професорот да заврши со протестирањето и летна во куќата да се преслече.

„А, кога ќе завршите, ќе ручаме јанија. Робертче многу ја сакаше кога беше мал. Таман имаме и заклано теленце...“

„Ама, госпоѓо, ве молам не деранжирајте се заради мене, навистина не ми е пријатно толку многу да ви додевам...“

„Да, да. Кажете, имате ли вие сопруга, деца? Простете што вака директно, ама сакав по вас да им испратам едно тегло маџун. Видов дека ве бендиса минатиот пат...“

„Да, имам, но навистина...“„Одлично. Роберт, ти, мама, се виде ли со

девојката?“Отсекогаш ме читала како отворена книга,

помисли Роберт. „Да, се видов. Ве поздрави“, излажа

146

Page 147: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

толку неуверливо, што и самиот го заврти погледот настрана.

„Одиме!“ – таткото веќе беше на врата, со сиот алат и налик на возрасен Том Соер, целиот зацрвенет од возбуда.

*****

Додека Роберт возеше кон врвот, професорот се обиде со разговор да ги смири мислите.

„Кажете ми, Орданчо, минатиот пат спомнавте нешто за ретките птици во овој крај. Тоа беше белоглав орел или...?“

„Па, да, ама го викаат и мршојадец, а зошто прашувате?“

„Онака, минатиот пат кога бевме на рудникот, ми се пристори дека над нас летаа баш такви птици.“

„Може, може.“До крајот на патот, сепак сите потонаа во

своите сеќавања, сегашности, иднини. Стариот автомобил на професорот одвај се искачуваше, потскокнувајќи без амортизација на секое едно камче. Мораа да се возат со затворени прозорци заради прашината, а клима немаа. Одвај допатуваа до крајот на угорницата.

„Вака, тате, ти ела со мене и јас и ти ќе влеземе во јамата, а професорот нека не почека надвор. Бргу ќе завршиме, професоре.“

„Благодарам, Роберт. Еве, ќе пробам да најдам некоја ладовина.“

147

Page 148: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Професорот се намести зад една карпа која го затскриваше сонцето, седна, ги испружи нозете и ги прекрсти рацете удобно. Заборавивме да понесеме вода, си помисли. Занесен и опуштен, скина една тревка и почна да ја џвака...

Какви чудни бои – како на оној џиновскиот еукалиптус што расте во Нова Гвинеја и на Филипините... сите бои на едно место, како што ниту еден уметник не може целиот свој живот да ги искомбинира заедно.

„А, тоа сте вие, професоре!“ – одеднаш зачу глас зад себе. Се заврти, но таму немаше никој.

„Тука сум, тука. Не е важно каде сум јас, кажете ми што се случи со она што го ископавте минатиот пат?“ – гласот како да грмеше отсекаде, но некако трпеливо, полн со разбирање.

„Паа...“- се обѕрнуваше професорот, „...се чини некој ни украл сé.“

„Ете, а му реков на вашиот штитеник да размисли добро пред да ја отвори јамата. И, сега?“

„Па, дојдовме да земеме нови примероци. Да го почнеме испитувањето.“

„А, како овој пат ќе ги сочувате?“„И, што ако ја одгатнете неутринската

мистерија? Како ќе ја задржите контролата над неговата огромна моќ?“

„Видете...“ – се колебаше професорот дали да зборува или да открие од каде доаѓа гласот. „Ние овој пат не кажавме никому и само јас, Роберт и татко му знаеме дека сме тука. Можеби таквиот мал публицитет, за разлика од минатиот пат, ќе ни

148

Page 149: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

помогне незабележано да ги однесеме минералите во Штип. А, ако нашите очекувања се покажат точни... тогаш... не знам!“

„Е, професоре, професоре... Е, мој професоре...“ – одекнуваше планината.

„Професоре, професоре!“ – Роберт и татко му стоеја над професорот, будејќи го. „Сте задремале. Ајде, да си одиме, зедовме сé што ви треба.“

„Фала богу! Ајде, тогаш.“И тргнаа назад кон Конопиште.

*****

„Завршивте ли работа?“ – ги дочека мајката со засукани ракави.

„Да, завршивме, а ти турај да каснеме по нешто со професорот и ние веднаш заминуваме.“

„Еве, Робертче, еве, уште некоја минута и готово е. Седнете си, професоре, раскомотете се.“

Додека јадеа, Роберт и професорот се договараа што понатаму.

„Што мислиш ти, Роберт, дали да вклучуваме и други во опитиве или сами да тераме до каде што можеме?“

„Токму за тоа си размислував и јас вчера. Сега веќе се поставуваат многу прашања, пред сé поврзани со избор на тимот што можеби треба да се направи. Не само од стручен аспект, туку и од аспект на доверливост, да не речам тајност. Досега, сите истражувања се вршени надвор од Македонија, во супер-модерни и опремени лаборатории, од страна

149

Page 150: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

на врвни геолози и астрофизичари. Кај нас дали има уште една рака луѓе со вашето познавање на геологијата, а тие сите се или на политичка функција или престари... со извинување...“

„Не, во ред е. И јас имам слична дилема. Замисли да излезе она на што се надеваме, а? Сé повеќе мислам дека тоа е многу поголемо од нас двајцата, позначајно од сите досегашни проекти на ова поле. Мора да се известуваат надлежните, да се бараат средства за опремата, просториите – и факултетот нема, како што и самиот знаеш, туку-така да ни дозволи да ја окупираме лабораторијата... Не знам што е умно.“

На Роберт одеднаш му текна. Подголтна и праша:

„А, што мислите извесно време да не кажуваме ништо и да работиме сами, сé додека не дојдат првите резултати? Ќе биде мачно без современите помагала, ама, од друга страна, ќе ги избегнеме сите гужви со медиумите, институциите, разните поединци кои ќе сакаат да го присвојат откритието...“

„Хмммм.“„Само уште да смислиме каде би било

најзгодно да се прикриеме, така да речам, едно месец-два...“

„Робертче, а зошто не останете овде? Татко ти ќе ја испразни визбата, имате кај да седите, Алшар ви е близу...“

Роберт и професорот се погледнаа. Како мене не ми текна! – си помисли Роберт. Возбуден од

150

Page 151: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

леснотијата и очигледноста на решението, Роберт чекаше реакција од професорот, кој почна да се смешка...

ГЛАВА 14НА ТИКВЕШКОТО ЕЗЕРО

151

Page 152: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Во Горно Коњари плива осаменото ракче6, А во езерските води – морското коњче!

Смешки, смешки... ама сериозни!

Професорот се јави во Деканатот, му рече на Деканот дека не се чувствува добро и дека му треба мал одмор. И го замоли да среди со отсуството на Роберт. Деканот почувствува дека тоа не ќе да е целата вистина, но беше премногу пријател со професорот и веќе доволно возрасен и мудар за да чепка понатаму, па веднаш даде одобрение.

„Само ти раб... одмарај, Столе! И јави се од време на време, да кажеш како си и што се случува, слушаш?“

„Фала ти, сигурно ќе ти се јавам. Сé најубаво, се гледаме!“

Роберт, кој отстрана го слушаше муабетот, во себе извика: „Јесс!“ и тргна да му каже на татко си што се им треба и како да го среди подрумот.

„Роберт, те молам, застани малку. Седи. Ова што го правиме ќе мора да ги замолиме и твоите да не го кажуваат никому, ама баш никому. Гледам дека твоите се прекрасни луѓе, ама работава станува премногу деликатна и мислам дека е поубаво ти да им го кажеш тоа, да не помислат дека барам преку леб погача или нешто слично.“

„Нема проблем, професоре. Ќе им кажам.“

6 Гоце Трпковски, Н. Македонија, 13.1.2011 г.

152

Page 153: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„И, друга една работа што мора јас и ти да ја решиме – јас сакам некако да си платам за престојот, оброците и просторот што ни го даваат.“

„Е, тоа веќе не знам како ќе ви пројде кај мајка ми. Внимавајте што и како ќе речете, да не се налути, па да не избрка сосе партали, ха-ха-ха!“

„Да, имаш право, тоа ќе го средам јас. Ајде, сега, оди!“

Само што излезе Роберт од дневната соба, влезе мајка му.

„Како сте, професоре? Да појадеме нешто? Или сакате прво кафе, чај...?“

„Александрина, токму вас сакав да ве побарам. Седнете малку, ве молам.“

„Еве, седнувам, професоре. Повелете!“„Вака... јас сум веќе во години и со години со

моите деца не сум се ниту чул, ниту видел како што треба. Тие, знаете, си имаат свои семејства, деца за гледање, а јас, пак, презафатен со работата... Како и да е, се запоставивме малку последниве десеттина години и сосема ја разбирам вашата и на Орданчо радоста што Роберт повторно ќе мине извесно време дома, со вас.“

„Ех, мој професоре, професоре... да ви кажам колку е страшна мојата приказна, дури тогаш навистина ќе разберете дека таа радост е единствената што во моево и на Орданчо срцата е навистина радост...“

„Сигурен сум дека ќе најдеме време да си поприкажеме, а од она што го чув од вашиот сопруг, уште посигурен сум и дека со задоволство би ја

153

Page 154: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

слушнал таа приказна. Туку, имам уште само една молба до вас.“

„Секако, кажете.“„На мене и на Роберт, кога го изнесовме

планот пред колегиумот во Штип, ни одобрија отсуство, а Министерството за животна средина дури и ни одобри средства...“

„А, ве молам, немојте ни да спомнувате! Ве молам! Јас не можам никогаш да ви се заблагодарам доволно што таму, во Штип, се грижевте за Робертче како да е ваш, а пак тоа што го донесовте овде, нема цена за нас. Не сакам да слушнам!“

„Ве молам, само сослушајте ме. Сакам да ви предложам нешто. Ние секако ќе треба да ангажираме некој да ни помогне околу копањето, превозот, набавката на опрема за во подрумот. Може ли тоа ваш Орданчо да ни го организира и надгледува, за да може ние да се сконцентрираме на она што за нас е многу важно?“

„Па, се разбира дека може, но не и да му плаќате.“

„Добро, добро. Но, некои делови од таа опрема се скапи и ќе мора да се набават од Скопје, ни требаат и помош која не се состои само од физичка работа... Сакав само да бидам сигурен дека сé ќе тече, а да не бидеме премногу на товар. Што велите? А, пак, јас, по две-три недели, ќе ја замолам и сопругата моја да слезе овде и сите заедно да прошетаме до езерото. Што велите?“

„Да. Под еден услов. Јас да водам евиденција на сите трошоци и да ви поднесувам сметка еднаш

154

Page 155: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

неделно. Орданчо тие работи не го интересираат, тој е целиот возбуден повеќе и од Роберт и не сакам да излезе некоја глупост со парите, како што со парите најчесто и излегува во животот.“

„Договорено!“„А, сопругата може да ја викнете кога сакате

и на колку време сакате. И јас да си направам муабет со жена во куќава...“

„Ха-ха-ха... Договорено, ви благодарам!“„Одам сега да ја поставам масата. И... уште

еднаш, од срце сум ви благодарна за сé што правите за нас и нашиот Роберт“, се заврти таа нагло, за да не се забележат солзите, се прекрсти и замина во кујната.

Професорот излезе во дворот, да му се нарадува на денот и да здивне од маката што од вчера наваму го беше истоштила. Под лозницата, смирен, ги наполни градите со чистиот воздух и си помисли дека животот и не мора да биде само грижи, болни сеќавања и бегство во обврски кои и немаат многу смисла и изгледи да остават некоја подлабока трага.

Едни двајца домаќини од вакво мало селце под небото многу повеќе го разбираат животот од сите кабинетски ’социолози’, ’философи’, ’аналитичари на човечката природа’ и ’доктори на науки по антропологија’. Како да ги доведам клучните политичари овде, да направат муабет со овие прекрасни луѓе овде, ама со отворен ум и подготвени да се променат од корен, за да можат ја водат земјата на ваков, домаќински начин и со

155

Page 156: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

едноставната мудрост на Александра? Заради земјата наша и нивна, а не...

„Професоре!“ го довикна Роберт. „Ве молам, дојдете да ни решите едно недоразбирање!“

Професорот слезе во визбата, во која влагата го имаше трајно изменето и воздухот и изгледот на просторијата. Доволно е топло и пространо, си помисли.

„Јас му велам на татка дека главната работна маса и помошните масички треба да бидат свртени кон исток, за најголем дел од денот да работиме под дневна светлина, но тој се противи – наводно, од таа страна доаѓала смрдеа од свињите. Што велите вие?“

„Орданчо, послушајте ме. Веќе доволно долго го познавам Роберт... сигурно не како вие и сопругата, се разбира, но, досега во моето искуство со него, научив дека без приговор треба да му верувам кога за нешто е ’загреан’. Сé што тој кажал од прва, без размислување за оваа работа, се покажа и повеќе од точно. Освен тоа, кога ние ќе се занесеме во миризбите што ќе ги испуштат минералите со кои ќе работиме, мирисот на свинчиња ќе биде благодет, верувајте ми.“

„Е, па, добро, професоре, штом и вие така велите. Јас само не сакав да ви пречи грофтањето и миризбата... Во ред, вие си знаете. Кажете ми само, кога сакате да почнете? Роберт ми кажа што сé е потребно, јас ќе го викнам шурата...“

„Тато! Зборувавме за други луѓе – никако! Јас ќе ти помогнам со сé, јасно?“

„Да, да, извини, Роберте. Значи, професоре?“

156

Page 157: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Ете, Орданчо, како што ќе каже Роберт, така е најисправно, сигурен сум.“

Во тој момент, Александра заповеднички ги покани на појадок и сите тројца веднаш се качија, да не ја налутат домаќинката.

За време на појадокот, професорот ја набљудуваше Александра – таа беше жива машина: ниту еден одвишен потег, постојано присутна, притура со едната, меша со другата рака, со еден поглед здогледува што недостига на софрата и веднаш пополнува. Неверојатно ефикасно и ефектно, дури, искористено време! – си помисли професорот. Јапонци да учат од женава за она, како беше, синергија, шест сигми или така веќе некои теории за ефикасност и квалитет во исто време, ха-ха-ха, сам си се насмеа на сопствената шега.

„Робертче, денес, додека татко ти ви ја средува визбата, прошетај го професорот до нашето лозје, а?“

„Да не му додеваме со нашите работи, мамо“, се побуни Роберт.

„Не, не, со задоволство ќе отидам со тебе, Роберт. Не е многу студено, а и, како што вели мајка ти, до попладне нема да можеме да почнеме со ништо. Ако тебе не ти е тешко, се разбира.“

Тешко?! Па, јас ни на сон не можев сé вака добро да испланирам. Е, оваа мајка ми... злато! Утре сабајле дури ќе отидам и до Кавадарци, може ќе ја видам... Животот бил убав!

„Таман работа. Само вие дојадете се, јас отидов да земам чизми и за двајцата и ќе одиме.“

157

Page 158: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Лозјето почнуваше од под патот и се ширеше во форма на правоаголник. И овде се гледаше влијанието на Александра – секој ред беше совршено прав, стегнат и некако чист, на место. Дури и парцелата беше одбрана како што треба – свртена на вистинската страна, навалена под вистинскиот агол: речиси сé сама да прави Природата, а ти само да боцнеш, а оно да порасне!

„Кога бев мал, не сакав да јадам многу. Што не правеа моите да ме разјадат, особено мајка ми – ме качуваа дури и на магаре и се шетавме низ селото, а мајка ми околу мене, да ми потпикне некој залак. Бадијала. И, така, ќе се вратиме дома – сите разочарани, а јас весел, сум ги победил сите уште еднаш! Тогаш, со нас живееше и мајката на татко ми, Богдана. Гледа, слуша, гледа и, одеднаш, викна колку што може: „Дајте му на детето маџун!“

Таа беше стара, но авторитет. И, почнаа да ми даваат маџун секое сабајле, со пешии и навечер, во козјото млеко. И, полека-полека, маџун-маџун и денес сум олкав колкав што сум.“

„Па, добро, тој маџун се продава ли некаде?“„Вистинскиот маџун не се продава, се дава.

Тоа е лек. А и нема цена добра. Некои во Кавадарци го продаваат, ама за смешни пари – мислам, 150-200 денари за тегла. А, замислете, една тегла јаворов сируп, што се прави од нешто што расте над земја, се продава некаде околу 50-60 долари! Освен тоа, вистинскиот маџун, велат старите, нема рок на траење – тоа е чиста гликоза. Не гроздов сок, тоа е веќе разредено, туку маџун, како што рече

158

Page 159: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

градоначалникот, малку погуст од мед, а потечен од, да речеме, пифтија.“

„Хммм, ќе мора да ја прифатам понудата на мајка ти и да земам една тегла. Мојата сопруга ептен ќе се израдува – откога сака да ми го излечи желудникот. А, тоа можеш да го пиеш колку што сакаш, или...?“

„Да, тоа е обичен засладувач, нема правила. Освен, претпоставувам, ако имате проблеми со нивото на шеќер во крвта.“

И така, расправајќи за нешто друго освен за Лорандитот прв пат откако се впуштија во оваа авантура, двајцата истражувачи се вратија кај Роберт, на ручек.

*****

Кога се вратија, веќе беше некаде околу 2 часот попладне. Тивко, без да ги чуе домаќинката, влегоа во подрумот, да видат што направил домаќинот.

И двајцата воздивнаа одеднаш и гласно. А, таму, во ќошот, седеше Орданчо и уживаше во нивната реакција. Сега знаеше дека завршил добра работа.

„Тато!“ – му излета на Роберт. „Па, ти си шампион! Ти си... ти си Тесла!“

„Да, Орданчо, честитки. Токму како што го замислував. Многу ти благодарам“, несвесно прејде на ’ти’ професорот.

159

Page 160: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Молкум, Орданчо стана погледна уште еднаш наоколу и ги замоли да се качат во куќата, зашто ручекот е веќе готов и поставен.

„Па, ајде! Од кога е веќе поставено!“ – полуналутено подвикна домаќинката.

„Добро, де, добро“, ја смируваше Орданчо. „Ама, не е добро, бре! Како добро! Ред мора

да има. Сега јадењето веќе не е како што треба!“Сите тројца се погледнаа и седнаа како под

команда. Од големата чинија насред масата испаруваше

супа, кокошкина. Уште лута, Александра почна да им сипа во

нивните пијата. „Дај, Робертче, мама, прво тебе да ти турам, а ние сме постари. Извинете, професоре.“

Молкум ја исркаа супата, без глас. „А, сега, да чујам. Задоволни ли сте со

визбата?“ И таа седна, да слуша.„Да, мамо, да видиш само што направил тато!

Баш како што сакавме со професорот – сé има и може да почнеме уште вечер!“

Професорот само тивко климаше со главата и се смешкаше.

„А-ха. Е, сега, вака да ви кажам. Утре е недела и ние мора да одиме на манастирот на езерото, таков е адетот. Чичко ти ќе нé одвезе со глисерот, а ти и професорот вечерва работете колку што ќе работите, утре рано тргнуваме сите заедно. Професоре?“

„Па, дообро, нас планот не ни беше таков...“„Јас мислам дека е тешко да се сфати

планината и нејзината внатрешност, ако не се тргне

160

Page 161: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

од подножјето – таму е и нејзиниот почеток, ама и сé она што таа го испушта од себе, се влева долу, во водите на Тиквешкото езеро.“

„Да, кога веќе така размислуваме...“„Одлично! Тогаш, да јадеме, поработете, а

утре рано, околу девет-десет часот, ќе тргнеме. Пријатен ручек!“

„Благодарам, благодарам.“

*****

Утредента, Роберт отиде рано до Кавадарци, да купи некои работи за дома и да прошета по чаршијата, во надеж дека ќе ја види.

Студенилото полека им отстапуваше место на пријатната свежина и чистиот здив на денот.

Роберт го сакаше Кавадарци. Како младо момче, тука мина многу пријатни моменти – ете, баш на чаршијата толку многу пати со другарите, возбудени, кришум потпивнуваа од ракијата украдена од визбите на родителите, да ги развесели и да им даде храброст за со девојките. Се присети на многуте лудории што ги правеа, на безгрижните авантури во кои влетуваа со цело срце и уживаа во секој дел од секој ден... Така занесен, дојде до кафулето во кое седеа онаа вечер и – ѕирна внатре преку матното стакло. Ја повлече вратата и влезе.

„Добро утро“, Ѝ рече на девојката што стоеше зад шанкот. „Едно еспресо, молам“.

Виде дека има уште половина час пред да мора да биде дома и го зеде весникот да прочита што

161

Page 162: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

се случува. Меѓутоа, умот не му беше тука и набргу го остави, препуштајќи им се на мислите.

Во тој момент, влегоа градоначалникот и Сузе. Веднаш му пријдоа и весело го поздравија. Роберт одеднаш се смали, се збуни и не знаеше што да прави со рацете.

„Па, како си, студент? Што има?“„Ете, ништо, кафе да се напијам и се

спремаме со моите да појдеме малку до езерото, да се одмориме. Вие?“

„Па, и ние денес одиме таму, кај еден пријател во вилата. Одлично! Ќе се видиме, значи.“ И тој ги остави, за да среди нешто со келнерката.

Сузе седна и нарача кафе. „Не си многу фер, да знаеш“, веднаш прејде

во отворен напад.„Зошто? Што направив?“ – пропелтечи тој. „Па, колку време пројде од онаа вечер! Од

тебе ни трага, ни глас. Ти, само за работа ли живееш или, можеби, не си помина убаво со мене?“

„Ма, како не си поминав, супер беше, само...“„Тогаш, еве можност денес да ми покажеш

дека е така. Ќе ми дозволиш јас да те прошетам до манастирот и во шумичката каде што ми беше најубаво кога бев мала. Договорено?“

„Да, да, како не, како не!“„Ај, тогаш, одам јас, па се гледаме. Чао!“„Чао, поздрав“, промрморе тој, а во главата

почна да се врти Сачмо и Животот во розово.

*****

162

Page 163: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Кога се врати дома, неговите веќе се беа спакувале и го чекаа пред портите. Бргу стигнаа до глисерот на брегот на езерото, во кое ги чекаше зетот на Александра, видливо нестрплив. За час беа на половина езеро, кога Александра почна да му раскажува на професорот за својата семејна историја.

„Е, па, професоре, ми дојде и мене редот да ви раскажам нешто за нашата фамилија. Ако не ви пречи, се разбира“.

„Воопшто не, задоволство ми е“. „Вака – нашиот дедо Трајко бил партизан, во

чета на војводата Лазаров...“„Јас тоа веќе му го кажав!“ – се замеша

Орданчо.Таа го погледна прекорно и продолжи.

„Добро, тогаш да скокнеме на крајот од востанието во 1913 година, кое заврши успешно, благодарејќи во голема мера на мудрото водство на Хаџи Васил, кој бил еден од нашите сограѓани испратен на ’најдолгиот пат’ до Мала Азија, а кога го амнестирале, заминал за Ерусалим7 и оттука и името. Подоцна, неговиот познат внук Мито Хаџи-Василев Јасмин...“

Уште еден голем син со прекар по растение, му прелета на професорот низ мислите.

„...го организирал востанието во Тиквешијата заедно со другите водачи. По ослободувањето на Кавадарци, Мито Хаџи-Василев Јасмин држе говор од балконот на куќата на Ифтим Апостолов -

7 ТЕМКОВ, Кирил, ХАЏИ-ВАСИЛЕВ, Александар-Цане, Мито Хаџи Василев Јасмин, Човек и дело, Музеј-галерија Кавадарци, 2002, стр. 7

163

Page 164: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Џамбазот8, во која е сместена и берберската работилница на мојот татко. Ние бевме седум деца, од кои две починале многу млади, скоро при породување, а двајца од моите три браќа умреа од жолтиот отров на Тиквешијата – од проклетата ракија. Кога бевме мали, бегавме пред Германците и завршивме во стопанството во Демир Капија, каде што татко ми, меѓу другото, работеше во лабораторијата, мешајќи разни вина за да го најде најдобриот вкус и состав. Е, таму се роди мојата помлада сестра, баш во вилата Марија, која српскиот крал ја изградил за својата сестра, кога оваа била во депресија или така нешто. Мојата сестра, пак, мораше да ја дадеме на доење на една пријателка на мајка ни, зашто таа беше многу болна и мораше на операција. ’Страшната’ животна прикаска на мојата сестра, всушност, почнува со тоа што таа и ден-денес мисли дека тогаш мајка Ѝ ја напуштила, а подоцна, кога мајка ми се вратила од болница и веќе лежела на смртна постела, сестра ми била сама во собата и ја видела мајка ми како се грчи, во напор да Ѝ каже нешто, кога и гласот веќе ја бил издал. Можете да замислите каква глетка било тоа за сестра ми, тогаш девојче на околу 7-8 години! Подоцна, сестра ми морала да преземе и голем дел од обврските во домот, зашто јас бев едно време во Скопје, на работа и на запознавање со мојот Орданчо... А, мојата кутра мајка беше толку добра, толку добра. Но, каква била сиромаштијата во тоа време, професоре! Ја закопавме во истиот фустан во кој се венчала со

8 Ибид, стр. 16, фотографија

164

Page 165: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

татко ми. Ееее...“ – и таа замолче, пренесена во своите спомени.

Никој не прозборе ништо околу 2-3 минути, кога ’капетанот’ на глисерот извика дека речиси стигнале, да се подготват.

На брегот веќе ги чекаа сестрата на Александра и нејзините две деца, со трите внуци. Уште под силен впечаток на езерото, пријатниот пејзаж по пат и приказната на Александра, професорот лесно искокна од глисерот и се поздрави со домаќинката и со децата. Најмалите со нескриена љубопитност гледаа во ’странецот’, па баба им ги предупреди и му се извини на професорот, канејќи ги сите во вилата, на добредојде-кафе. Вилата не беше раскошна, но имаше сé што треба – веранда, надворешна скара, изѕидана и секогаш подготвена со ќумур што тлее, чиста патека до езерото и неколку сопчиња за удобен одмор. Немаше струја и вода за пиење, но сопственикот се снаоѓаше – што со стар генератор, што со батерии и свеќи, а вода имаше во Полошкиот манастир, со црквата Св. Ѓорѓи, на само десетина минути прекрасна прошетка од викендичката. Всушност, една од тајните причини поради која и професорот толку лесно се согласи да се одвои од визбата и минералите беше токму тој стар манастир, изграден некаде меѓу 13-иот и 14 век. Знаеше дека во 17-иот век на црквата Ѝ е додаден нарткес, а и дека во 19-иот век бил целосно обновен.

„Може ли подоцна, да се одморите малку, да ме одведете или да ми го покажете патот до манастирот?“ – не издржа тој.

165

Page 166: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Ќе ве одведеме, без гајле. Како тоа, да ви го покажеме патот! Па, и ние не сме биле од лани“, рече Александра. „Што знаете вие за манастирот?“

„Не многу, само дека е познат по дрвената проповедница, кој датира некаде кон крајот на 15-иот век и по насликаниот крст на иконостасот. Знам и дека фреските ги насликале игуменот Сава и калуѓерот Партение.

„Уууу, толку да знаат и Кавадарчани, многу повеќе пари би се збирале за монасите да го одржуваат. Уште нешто да ви кажам – во повелбата на српскиот цар Душан од 1340 година стои дека неговиот брат Драгушин е погребан во нашиот манастир. И, така, на барање на неговата мајка, Душан го претворил манастирот во истурена кота на оној на Хилендар, дарувајќи го целиот имот на нашиот манастир. Само 40-ина години подоцна, браќата Дејановиќи повторно го прекрстиле, овој пат во продолжена ’рака’ на рускиот манастир Св. Пантелејмон на планината Атос. Во 16-иот век имало само околу 5-6 свештеници, а фреските што ги споменавте се одраз на култот на Иларион Меглески9. Според една белешка од 16-иот век, тој и самиот живеел овде.“

„Па, вие можете да заработувате огромни пари како водич! Сега со уште поголемо нетрпение чекам да отидеме дотаму.“ И седнаа да се напијат од топлото кафе.

Додека сестрите си разговараа, а домаќинот почна да ја подготвува скарата за младо телешко и

9 Наведи извор – книгата во Матица, со илустрации...

166

Page 167: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

чорба, професорот уживаше во глетката пред себе – езерото распослано на која што сака страна, спокојно и безгрижно, како да знае дека ритчињата околу него го чуваат од несакани и зли посетители. Одеднаш, зад него се зачу силен глас.

„Професоре! Студент! Ееееј! Еве не и нас!“Искрено, на професорот не му беше многу

мило што градоначалникот се појави токму тогаш и токму таму – тој во мислите веќе шеташе низ манастирот и црквата, а знаеше дека тоа сега нема да биде толку бргу.

„Добар ден, како сте?“ – љубезно одговори тој.

„Зошто се криете од мене, професоре? Да не го видевме студентот сабајле, немаше ни да знаеме дека сте овде, во Тиквешијата.“

„Знаете, ние со Роберт сега сме овде повеќе на одмор и уживање, а работите малку ги одложивме...“

„Да не има проблем? Кажујте, што треба да се помогне?“

„Не, не, се е во ред.“„Повелете, градоначалник, седнете си.

Повелете, госпоѓо, еве овде. Робертче, мама, ајде донеси уште некое столче за Сузето. Сузе беше, нели?“ – ги канеше Александра, а во позадината домаќинот нешто мрмореше, разбирлив само за себе.

Сите се растрчаа, а Сузе со поглед го ловеше Роберт додека седнуваше.

„Еве, баш му расправав на професорот нешто за нашиот манастир. И тој знае доста...“

167

Page 168: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Е, за манастирот има и една овдешна легенда!“ – грубо ја прекина градоначалникот. „Имено, додека таткото ја градел овдешната црква Св. Ѓорѓи, неговиот син градел друга, во Дреново. Синот толку се вообразил кога ја завршил неговата, што рекол дека ниту Свети Илија не може да ја сруши. Во тој момент, небото се изѓурултисало и Свети Илија ја расцепил црквата на две. Народот верува дека, доколку црквата повторно ја здроби гром на два дела, тие самите повторно ќе се состават. Ете, луѓето веруваат во разни работи.“

„Интересно“, рече професорот кратко. „Ако не почнале овде со готвење ручек, да ве

поканам вас и студентот кај нас? Имаме дивеч, штотуку ни го донесоа, а готвачот го зедов од хотелот „Фени“, специјалист е за дивеч.“

„Ама, како така, градоначалник! Па, ние го канивме професорот веќе цела недела, срамота е. Повелете и вие со семејството на теле кај нас. Не е диво, ама...“ – срипа Александра, а домаќинот и сестра и ја погледнаа со благодарност.

„Не би било во ред, градоначалник, но благодарам. Можеби друг пат.“

„Така е, така е. Не сакав да навредам никого. Извинете, домаќини. Тогаш, да одиме ние, нé чекаат гостите. Невесто! Сузе!“

„Тато, одете вие, јас му ветив на Роберт дека ќе му го покажам крајов, а? Те молам?“

„Добро, добро. Еее, млади... јас, пак, уште мислам дека е дете. Еее, професоре, остаревме.“

168

Page 169: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Ха-ха-ха... далеку сте вие од стар, градоначалник. Уште многу добра ќе направите.“ И тој потстана, од почит кон госпоѓата градоначалничка, која полека се креваше од столот.

„Ни направивте чест, градоначалнику, што свративте“, рече конечно и Орданчо, откако сопругата го подбуцна под маса и го прострела со поглед.

„Таман работа, таман работа. Пријатно и уживајте. Професоре, навратете до кај мене на работа, ако останете подолго. Со здравје!“

„Пријатно, пријатно...“Професорот му се врати на мирот и глетката,

а Роберт и Сузе исчезнаа од видокругот со брзина на новооткриени сродни души. Всушност, Роберт само ја следеше Сузе и не можеше да ја стигне ниту во одот, ниту во мислите. Таа, пак, не престануваше да раскажува и очигледно уживаше во таквата поставеност на улогите. Одеднаш, стигнаа пред едно дрво и таа застана.

„Погоди што пишува зад мене...“ – прошепоти таа, потпирајќи се со грбот на старото дрво.

„Откај да зн...“„Ајде, погоди! Еве, од три пати! Две имиња...“Не смееше да се осмели да помисли, а камо ли

да се понадева дека таа напишала нешто поврзано со него на дрвото.

„Едното женско, другото машко име...“ – го водеше таа.

Молк. „Ајде, бе, гукни!“

169

Page 170: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Добро, да речеме... Сузе...“„Бинго! А, машкото?“Молк. Нема храброст. Како да изусти...Одеднаш, го почувствува нејзиниот прекрасен

здив толку близу, што му се чинеше дека ќе изгуби свест. Уште толку се здрви и...

Сузе го зграпчи со двете раце, го привлече кон себе и го бакна така жестоко и диво, што Роберт помисли дека му ја пие душата. Целото тело му реагираше одеднаш и со сите делови поединечно, ама во толку совршена хармонија...

Како што го бакна, така и се тргна од него – нагло и како и да не се ни случило.

„Ајде, побргу, побргу!“ И веќе ја снема кон манастирот.

*****

Кога Роберт стигна до влезот во манастирот, таму веќе беа сите – и професорот и неговите со тетка му и братучетката. Застанувајќи да се напие студена вода од чешмата десно од црквата, Роберт со очите ја бараше фантомската Сузе.

Во тој момент, професорот веќе беше навлезен во тивок, но фокусиран разговор со игуменот на манастирот. Мајка му отстрана слушаше и кимаше со главата во знак на одобрување, а дечињата трчкаа наоколу. Роберт пријде и се поздрави, сé гледајќи наоколу.

170

Page 171: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Сузе излезе од црквата со свеќи во рацете и со гестикулација му побара запалка. Додека тој Ѝ ја палеше свеќата, од црквата излезе и градоначалникот и со раката го повика Роберт да отиде кај него.

„Слушај сеа ваму, студент. Само што зборував со еден пријател од Скопје по телефон, тој е директор на геолошкиот институт ли, завод ли, како се вика тоа. Е, ми рече дека бараат млад човек да им раководе со некакви си проекти, платата била убава и мене веднаш ми текна на тебе. Ти закажав... извини, без да те прашам, ама мислам дека и ти го сакаш тоа... средба во среда, во 12 часот кај него. Треба да отидеш и да се претставиш во најдобро светло, зашто таму ќе ти дадат на располагање сé што ти треба од опрема и друга логистичка поддршка, наместо да се пикаш кај твоите во визбата...“

„Од каде...?!?“„Знам јас сé, тоа ми е работа. Ајде, сега, оди,

те чека Сузето.“

ГЛАВА 15СÉ ПОБЛИЗУ

Работите се одвиваа со таква брзина, што Роберт полека се откажа од обидите да ги следи, а камо ли да ги разбере. Веќе беше вторник, ден пред големата средба, а тој беше сместен кај сестра си и

171

Page 172: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

зетот. Се распакува и отиде во дневната, да се поздрави со нив како што треба.

„Робертче, уште не ми се верува! Па, ти, ти.. никогаш немаше да помислам дека ти ќе оставиш наука за да работиш. Изгледа, зрееш, а?“ – сестра му бликаше и постојано го гушкаше.

„Седи, шура, да наздравиме. Утре ти е голем ден и треба да се подготвиш. Јас познавам некои луѓе таму и се распрашав кога ми кажа Антонија.“

„Па, што да се подготвувам, сé се случи толку бргу, што не знам ни каде одам, ни зошто...“

„Де, бре, на дада, полека. Полека, сé ќе биде. Да ти турам да апнеш нешто?“

„Не, не сакам...“„Ама, како ќе пиете ракија без мезе? Чекај, да

видиш Зоран каква туршија направи!“

*****

Наредното утро, Роберт веќе нестрпливо ги броеше минутите до моментот кога ќе тргне кон институтот. Ќе го одвезат сестра му и зетот, а тој потоа ќе треба да седне очи в очи со некоја комисија, па да одговори на прашањата што ќе му ги постават... Се препоти.

„Роберт! Одиме!“ – довикна Антонија и тој се стрча кон излезната врата.

„Ајде, и гледај попат, за да запомниш полесно. Ние се враќаме дома околу 4 и половина, а ти качи се на број 5 до центар, па оттаму со 57-ца. Ок?“

172

Page 173: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Добро, де, добро, не сум морон.“„Не си, сигурно дека не си, штом си ми брат,

само не сакам да те мислам, а?“„Ок, ок. Еве, стигнавме. Се гледаме попосле.“„Пријатно, шура!“ - довикна зетот и тие си

заминаа, оставајќи го сам пред големата, стара зграда. Имам уште пет минути, да се преслушам уште еднаш. Вака: најпрво, што би рекол професорот на мое место? Како би одговарал тој на нивните прашања? И, во кој момент би се пофалил со постигнатото, а во кој искрено би кажал дека има уште многу да се работи? Знам – сам ќе го почувствувам тоа. Благодарам, професоре. Понатаму – што би рекла мајка ми или татко ми? Знам – дека можам да постигнам сé што сакам, но... А, што сакам јас да бидам? Знам ли со сигурност каде ми е целта и кој е мојот пат?

Во тој момент, го заслепи сонцето и тој веднаш знаеше дека тоа е она што го радува – тие, малите, ситните зраци што носат и значат живот.

Ете, кога би имало начин и јас да станам едно Неутрино, ништо друго не би ми било важно. Влегувам, па што биде! А, ако ме примат? Што тогаш? Како ќе се носам со толку радост, да не забегам пак...

И, така замислен, влезе и отиде право во канцеларијата на директорот, како што му беше рекол градоначалникот.

Затропа, почека покана и влезе...

*****

173

Page 174: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Во големата и топла канцеларија во која го внесе секретарката, на делови од ѕидовите, на работната маса и – кога го крена погледот, виде – на таванот имаше прекрасни резби, издлабени во најубаво дрво од махагони. Тука би можел да се заборавам со денови, си помисли тој.

Директорот ја крена главата од хартиите пред него и стана да се поздрави. Роберт притрча и ја подаде раката.

„Добар ден, млад господине, повелете. Како сте?“

„Добро, благодарам. Малку е студено надвор, а можеби и јас не сум навикнат.“

„Да, за жал, Скопје не е толку чисто и пријатно место како Конопиште... ми кажаа дека сте од тоа место, нели? Во Тиквешијата?“

„Да, да... таму сум роден и ми мина голем дел од детството, но потоа...“

„Знам, знам, градоначалникот ми раскажа сé за вас. И, не рече ниту еден единствен лош збор. Убав впечаток сте оставиле.“

„Благодарам.“„Кафе? Чај?“ – и тој Ѝ даде знак со главата на

секретарката, која стоеше до вратата откако Роберт влезе.

„Па, да прејдеме на работа. Вака: нашиот проект го започнавме пред точно 10 години, со речиси сите луѓе и пари што ги имавме. Пред две години, кога почна прераспределбата на кадрите од

174

Page 175: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

централно на локално ниво и обратно, престанавме, за новите луѓе да се обучат и да се воведат.“

„А, старите, тие кои веќе знаеле...?“„Остајте, стари рани – секојпат одново

почнуваме. Нејсе, овојпат и ЕБРД ни одобри средства, со тоа што ни побараа и вие и професорот да се вклучите, зашто дознале дека сте стручни и дека веќе сте почнале нешто сами.“

„Па, да, импровизираме нешто.“„Значи, директно – јас, по препораката на

градоначалникот, не се ни сомневам дека ти си во состојба да го преземеш истражувањето и да нé упатиш во вашите најнови откритија. Имаме и канцеларија, сега-засега е мала, но кога ќе стигнат парите од ЕБРД, ќе го реновираме стариот дел, ќе донесеме и опрема и – нека ни е со среќа!“

„А, од кога може да се почне?“„Ако ти сакаш, можеме уште утре. Искрено,

парите не се големи, ама редовни и веќе предвидени и во нашиот план и во донацијата од европската банка.“

„Утре?! Да, јас можам, но...“„Имаш ли каде да спиеш? Имаме и соба овде,

а подоцна ќе изнајмиме и некое станче и така...“„Одлично, одлично! Доста е, ова е и повеќе од

сите мои надежи!“ „Супер, тогаш. Се гледаме утре сабајле.

Пријатно.“

*****

175

Page 176: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Состанокот заврши многу порано одошто Роберт се надеваше, па му остана доста време пред да се најде со сестра му и со зет му. Првото што му падна на памет беше да го сподели чувството со неа.

„Ало...“„Да, срце! Одвај дочекав да се јавиш!

Кажувај!“„Па... од каде да почнам... уште не ми се

верува.“„Те примија или не?“„Да.. мислам...“„Не може да ’мислиш’ – или те примиле или

не!“„Да, да, дури и ми понудија неверојатни

услови – со пријавување, патни трошоци, сместување, лабораторија... сé!“

„Одлично! Во ’Бисер’ на кафе! Доаѓам веднаш!“

„Како.. веднаш...“ – но, Сузе веќе беше спуштила.

Некако работиве како да се одвиваат без и да знам, без и да вложам напор... А, студиите, Штип... Дури тогаш, по којзнае колку време, му текна на Снеже. Каде ли е сега таа? Со оној градинарот? Или, сепак, сама? Баш би сакал да ја видам, со неа сé беше некако поедноставно, по... поискрено! Што зборувам?!? Ќе ме чуе Сузе од некаде...

Така замислен, не ни забележа дека оди полека преку булеварот на необележано место. Сирената од автомобилот и пцуењето на таксистот го

176

Page 177: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

вратија во стварноста. Се извини со гест и претрча на другата страна. Седна на првата слободна маса на првото кафуле во трговскиот центар „Бисер“ и нарача планински чај.

И, што сега? А, факултетот? Треба да му се јавам на Сталин, тој ќе знае што е најпаметно, а и сево ова е негова заслуга. И, ете, ме примија што ме примија, ама очекувањата од мене им се многу големи... преголеми. Како ли ќе се снајдам, од каде да почнам.. Што ми требаше ова?

Во такви мисли и наведнат над чајот го здогледа Сузе. Постоја малку на 2-3 метри зад него, си направи план во главата и му ги стави рацете над очите од зад грб.

„Погоди кој!“„Па, на грбот чувствувам дека машко не е,

сигурно...“ – спонтано направи шега Роберт. „А-ха-ха-ха... што си ти!“ – и таа му се

спушти во скутот, како само таа да припаѓа таму и како тоа да се подразбирало веќе долго, долго време.

„Од каде излезе толку бргу?!?“„А, што си мислеше ти? Дека ќе чекам во

Кавадарци да ми се јавиш и дека ќе патувам цел час и половина во нетрпение да те видам?“

„Ама...“„Нема никакво ’ама’, ’но’, ’ова-она’!“ – не му

даде таа ни да помисли да ја заврши мислата, а камо ли да ја изговори. „Јас веќе и се распакував во станот на тате. Допиј го тоа и одиме! Сметка, молам!“

„Ама...“„Без ’ама’! Станувај!“

177

Page 178: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

*****

„Уууууу, Роберт! Мајко мила!“ – извика Сузе, лежејќи на неговото раме. „Па, ти не си бил само за наука!“

И, веднаш откако го изговори тоа, таа повторно се пикна под чаршавот...

Еден час подоцна, Роберт стана и се искраде до бањата, користејќи го моментот на дремка на Сузе. Се погледна во огледалото и повторно, неочекувано, неконтролирано и незадржливо, помисли на Снеже.

Што е ова? Зошто во вакви моменти ми текнува на неа? Па, таа сигурно е со оној... А, можеби и не е? Нели ми рече дека...

„Супермен! Доаѓај ваму! Те чекаме јас и мојата желба!“

Оф, мори мајко...

*****

Две-три недели пред тоа, професорот се беше вратил во Штип, но сé уште не беше тргнал на работа. Му требаше време сам со себе, време да ги среди сите коцки во главата по најновиот развој на настаните. Седеше дома, главно замислен и без дури и да чита дневни весници. Неговата сопруга стануваше сé позагрижена.

Тој никогаш и не бил некој којзнае колку друштвен тип, си мислеше таа, но ова, дури и за

178

Page 179: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

мене, по четириесеттина години заеднички живот со него, е некако ново, невообичаено. Што ли му се случило таму долу, во Тиквешијата? Да не е друга жена...? И веднаш ја отфрли таа мисла како крајно смешна и како мисла што Ѝ дошла само како инерција на некое дамнешно време, кога беа млади и кога многу други жени Ѝ завидуваа на Столе дотаму, што на секој чекор и секој ден им правеа интриги и им плетеа приказни, ’сигурни’ предвидувања за скорешниот крај на таквата ’неприродна’ врска – демек, таа била богата и ’размазена’, а тој – дете од село, отепано од сиромаштија и без изгледи да се снајде во нејзиниот свет. Се поднасмевна и воздивна.

„Столе! Ајде, поставив да каснеме!“„Хм-м-м..“ – промрморе тој отсутно. „Ајде, те молам, да не се олади, ќе треба пак

да подгревам. Слушаш ли?“„Еве, идам, идам...“ – професорот знаеше,

повеќе по тонот одошто по текстот, дека е време да послуша.

Во тој момент, заѕвони телефонот. „Ало! Да? Да, да, тука е. Веднаш! За тебе е,

некој студент!“Професорот, чиниш, долета до слушалката. „Да? Па, каде си, момче! Те нема веќе цел

месец!“„Како тоа, не даваат податоци?“ – рече по

подолго внимателно слушање на соговорникот. „Па, нели те зедоа за да го довршиш истражувањето? Како, тогаш, очекуваат ти да... Молам? Кога доаѓаш?

179

Page 180: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

А, тука си веќе? Е, па, повели до кај мене дома, па ќе ми раскажеш се. Не, не, не пречиш. Ајде, те чекам!“

„Кој беше?“„Роберт, студентот кај чии родители бев во

Конопиште. Се вработи во Институтот во Скопје, ама, ете, има некакви проблеми. Постави и за него, те молам.“

Професорот почна да шета горе-долу низ трпезаријата како неговиот колега Балтазар од цртаните филмови, речиси оставајќи трага на килимот. Ќе застанеше, па по еден миг веднаш продолжуваше нестрпливо да шета, нервирајќи ја сопругата.

„Ајде, Столе, те молам престани да се врткаш како животно во кафез! Седни, смири се, сега ќе дојде.“

„Кога би знаела колку сево ова е важно, не би... Еве го!“

Во тој момент, го здогледа Роберт низ прозорецот и, не дочекувајќи тој да дојде до влезната врата, отвори и со раширени раце го покани да влезе.

„Добредошол, Роберте! Ајде, влегувај, влегувај! Со Павлина се знаеш, нели?“

„Не, но како да се знаеме, толку често и многу ми зборува Столе за вас“, прва рече сопругата. „Повелете, повелете.“

Таа му подаде слатко од смокви, зелени, од Дојран.

Несвесно, Роберт касна од смоквите и, само што сакаше да прозбори, уште еднаш погледна во празното чинивче, со зачуден и задоволен поглед.

180

Page 181: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Павлина, смешкајќи се, му дотури уште две смокви, од најголемите.

„Павлино, доста веќе со тие адети! Раскажувај, Роберт, после ќе јадеме и ќе пиеме, те молам!“

Роберт ја доголта водата и, со очите уште ’фрлени’ кон смоквите, почна да раскажува како одлично го пречекале првиот ден, му дале одлични услови, вториот ден се запознал со сите колешки и колеги (по тој редослед), а веќе третиот ден можел да почне со работа, во својата мала, но тивка канцеларија. И минералите (од подрумот од Конопиште) ги сместил во кабинетот и направил дури и нова брава, од која само тој (и Сузе, ама сега засега нема потреба ова да се каже, си помисли) има клуч. По една недела, дошол директорот со заменикот кај него во канцеларијата и го замолил тој ден тие тројцата да ручаат, за да може на раат, без телефони и други луѓе, да им каже како му оди. На ручекот во “Три бисера“, им раскажал дека е веќе сосема сигурен дека плочите со Лорандит на нив содржат траги од неутрино и дека е потребно многу повеќе време одошто се надевал, а и многу повеќе луѓе. Кога го прашале со кого би сакал од институтот да соработува, да му доделат помошник или колега, тој им рекол дека секоја помош би му била добредојдена, но дека најмногу би се радувал кога би го викнале него, неговиот ментор и најстручен професор во оваа област во земјата...

„Благодарам, Роберт, но јас веќе почнувам да се мислам околу целата работа. На пример, што ќе

181

Page 182: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

правиш ти со студиите, како прво. Понатаму, многу бргу ова ќе излезе од наша контрола и се плашам дека... па, ќе се вмеша и политиката и тогаш е повеќе од сигурно дека науката ќе излезе на задната врата... не знам, навистина не сум умен...“

„А, да седнеме сите на масата и да јадеме, може ќе ни дојде ум, а?“ – ги покани Павлина.

„Имаш право, Павлино. Ајде, Роберт, повели.“

„Благодарам, само да се замијам. Каде...?“„Ете, првата лево, слободно отвори.“„Инаку, професоре, јас веќе составив барање

до Деканатот да ми одобрат статус на мирување наредната година!“ – дофрли тој попат.

Професорот загрижено погледна накај својата сопатничка и се замисли. Не му се допаѓаше патот по кој Роберт, очигледно, веќе тргнал. Да направи мала пауза од еден, два месеци – тоа е во ред, но цела година, и тоа на почетокот на студиите, тоа веќе не е добро, си мислеше тој.

„Еве ме и мене, ама јас и не сум толку гладен...“

„Седнете, г-не Роберт, седнете си, стомакот сам ќе каже. Да се напиете по една чашка со Столе пред ручек? Не е кавадаречка, но убава е, домашна.“

„Дај, дај. Не ме гледај, Роберт, овие вести заслужуваат по една. Ајде, и јас којзнае од кога се немам напиено. На здравје и нека ти е честито!“

„На здравје, на здравје...“

*****

182

Page 183: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Утредента, Роберт, по обичај, стигна на работа веднаш по чистачките. Уште живееше кај сестра му, но веќе размислуваше да го потсети директорот на институтот за ветеното сместување, зашто му беше далеку да пешачи, и покрај тоа што ја сакаше утринската прошетка во тишината и празните улици, сам со пците и мачињата, кои се натпреваруваа со врапците и гулабите околу остатоците од храна по улиците. Ќе го потсетам директорот на првиот разговор и ќе видам каква е таа соба што ја имаат овде, во институтот. Доволно е само да ги збира моите работи и да има бања...

„Кафе, професоре?“ – го прекина чистачката во мислите.

„Не сум јас никаков професор, Ратке“, се насмевна Роберт благо. „А, кафе би сакал, благодарам. Средно, ако не ви е тешко.“

„Таман работа, секако правам и за нас. Веднаш!“

И, мора некако да најдам начин да дојдам до податоците од досегашните истражувања на Лорандитот. Зошто сите ми велат дека е толку тешко да се добијат од архивите во Белград, кога знам дека на ниво на држави постои договор за соработка на сите научни полиња преку размена на податоци, особено оние од времето кога сме биле една, заедничка држава... Сепак, мора поодлучно да побарам да одобрат средства за Сталин да ми се придружи, ова сам не можам да го избоксувам.

183

Page 184: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Добро утро, Роберте!“ – на вратата се појави токму директорот.

’Лупус ин фабула’, му излета на Роберт во мислите.

„Добро утро, директоре. Како сте?“„Добро, фала ти. Знаеш, денес се најави лично

Министерот за економија, до него допреле гласините за тоа дека го обновуваме истражувањето на Алшар. Подготви се... мислам, знам дека си подготвен на темата да зборуваш со денови, ама да се обидеме некако поконцизно да му изнесеме до каде сме и што ни треба, знаеш дека тој нема толку време како нас, а? Напиј се кафе, среди се и дојди околу 12:00 кај мене, да се искоординираме за состанокот. Тој е најавен за во 12:30. Договорено?“

„Се разбира, директоре... туку, си мислев, ако имате време...“

„Повели, повели.“„Прво, некако ми е веќе заморно да доаѓам

откај сестра ми секое утро, таа живее далеку, па ми текна на собата што ми ја понудивте овде...“

„Да, добро што спомна - баш минатата недела им реков да ја средат, треба да се избели и да се зачисти и да донесат нов кревет. На вториот кат е, ќе биде готова наредната среда или така нешто, па можеш да се вселиш. Тоа беше или има уште нешто?“

„Пааа, сакав и уште еднаш да потсетам од колкава полза би било за проектот да ни се придружи и професорот Стоев. Сепак, неговото искуство во

184

Page 185: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

истражувачката работа воопшто и познавањето на темата е такво, што...“

„Да, да“, го прекина директорот. „Ете, видиш, и тоа е едно од прашањата што треба да се покренат со Министерот. Тие секако треба да префрлат средства за барем уште еден човек, не можеш ти сé сам, колку и да си полн елан; јас ќе се заложам со сиот свој авторитет денес, па ќе видиме. Во ред, одам сега да видам што прават оние моите, таму, па се гледаме.“

„До видување!“Само што остана сам, му заѕвони телефонот.

Сузе, знаеше тој и без да погледне. „Што правиш, срцка?“„Еве, пијам кафе. Ти?“„Планирам каде ќе ручаме денес. Резервирав

маса во новиот ресторан кај Католичка црква во 2 часот, велат бил супер.“

„Чекај,чекај, застани малку. Можеби нема да стигнам, се најавил Министерот за економија во 12:30 и не се знае до кога ќе трае состанокот...“ – се побуни Роберт.

„О-па, бато! Министерот? На состанок со тебе, срцка?!?“

„Па, не со мене, туку со управата на институтот, ама и јас треба да бидам присутен, баш со директорот зборувавме...“

„Добро, добро, тогаш ќе чекам да ми се јавиш. Веднаш штом завршите, слушна?! Да не си ме оставил да чекам ни минутка, ок?“

„Добро, Сузе, сега стварно мора да работам...“

185

Page 186: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Роберт здивна и истиот момент почна да си го замислува состанокот.

*****

„А, еве го и него, лично! Министре, ова е младиот студент за кого Ви зборував, момчето кое со силни препораки и уште посилен ентузијазам ни се придружи од пред неколку недели, за да ни помогне да го оживееме проектот. Здраво, Роберт!“

„Добар ден, директоре.“„Се знаете ли со Министерот?“„Па... н-не лично, мислам...“Министерот стана, пријателски ја пружи

раката и се претстави со име и презиме.„Мило ми е, Роберт Мишков.“„Многу убави работи се изнаслушав за вас.

Одамна немам добиено толку позитивни информации од толку различни извори како за вас.“

„Благодарам...“„Се сместивте ли? Директорот ми кажа дека

овде имаат и апартман за вас.“„Па, не е и некој апартман, Министре“, се

топеше директорот. „Соба со ходник и бања. Нарачав и мебел за работниот дел, ама... знаете... не носат без барем 20% однапред...“

„Уште денес пушти допис до мене, утре ти префрлам. За толку, има. Кажете ми, Роберт, како ви се чини вас? Има ли во целата таа работа некаква основа да се надеваме на конкретни резултати?“

186

Page 187: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Да.. да, како не. Она што јас и мојот професор го истражуваме е ново, најново и многу ветува...“

„Кој професор?“ – Министерот прашално го погледна директорот.

„Паа... Стоев е неопределен, како да кажам, од постар ков... инаку, многу почитуван надвор, а овде е редовен професор во Штип...“

„Зошто јас не знам за тоа?!“„Не сум стигнал да Ви кажам, среде реформи

сте и...“„Глупости! Директоре, глупости! Па, токму

вакви работи ни го креваат рејтин... мислам, моралот на сите – нешто по што Македонија, конечно, ќе се прочуе. Веднаш да ми закажеш средба со тој професор! Извинете, ние малку се оддалечивме. Ви треба ли нешто друго?“

„Не, не... но, кога би можел професорот да ми се придружи, се би било многу полесно. Лесно!“

„Готово! Завршена работа! Многу ви благодарам“, Министерот повторно потстана во знак на поздрав, а Роберт уште не можеше да се совлада и одвај излезе од пространата канцеларија на директорот, преполна со примероци од минерали и целата во дрворез.

Ѝ се јави на Сузе пред таа да почне да ѕврцка и отидоа на ручек во новиот ресторан, па потоа во нејзиниот стан...

187

Page 188: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

ГЛАВА 16ПОВТОРНО ЗАЕДНО

****

188

Page 189: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Не, не, не и не!“ упорно одбиваше професорот Стоев да и признае на жена си дека Роберт е прав кога вели дека сега мора да направи пауза во студиите, заради повисоката цел што си ја има поставено.

„Едно е тој да асистира, а некој... не, цел тим од искусни домашни и странски геолози и физичари да ја водат работата. Вака, премногу товар паѓа на млад човек, кој е извонредно талентиран и се троши пред време...“

„Па, уште и политичари кога ќе му се пуштат, душата ќе му ја искорнат!“ му текна и, крајно изнервиран, почна да се пакува за на пат.

„Ама, каде тргна, човеку?“„Нема јас да бидам тој што ќе го остави на

цедило, ете каде!“„Но, тој можеби и не сака никој да му помага.

Можеби сака...“„Не кажувај ми ти што сака тој! Го знам од

првиот час, тој беше единствениот кој слушаше со вистински интерес, таков студент не сум имал досега. Тој самиот ми пријде со идејата да се обноват истражувањата и сто пати ми има речено дека мојата поддршка му е потребна за да дојде до резултатот што го очекува.

Што стоиш, дај две-три кошули!“За три часа, професорот веќе беше на

автобуската станица во Скопје и тргна пеш кон Институтот. Знаеше дека сега, кога нивната возбуда и вистинска научна работа е под контрола на

189

Page 190: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

државата, работите ќе стануваат сложени и сé помалку убави.

Роберт му ја отвори вратата неуреден, разбушавен и очигледно ненаспан.

„Професоре! Од каде вие... Мислам, повелете, повелете“, се чудеше Роберт, набрзина средувајќи си ја косата и запетлувајќи ја кошулата.

„Ете, решив да ти се придружам во твојот потфат, ако ми дозволиш“.

„Да ви дозволам?! Ништо поубаво не сум можел да посакам! Да знаете само какви гужви се изнаправија овде вчера, јас навистина не разбирам ништо веќе, се вмешаа еден куп луѓе од владата,

„Од Деканатот ти одобрија само уште 5 месеци отсуство од настава, знаеш.“

„Јас си размислував, професоре. Можеби ќе можам да студирам вонредно и одовде, преку Интернет. А?“

„Знаеш што јас мислам за тоа, Роберте. Но, сепак, ти најубаво си знаеш.“ Откако почека доволно и виде дека на Роберт тоа не му е најважно во моментот, прејде на актуелното.

„Туку, кажи ми, дали добро постапив што дојдов да се понудам? И, што сте зборувале со директорот и со Министерот?“

Роберт му прераскажа сé – како директорот и Министерот за економија, вториот посебно, му ветиле дека ќе му дадат сé што е потребно (досега си ги исполнуваат ветувањата – ете, стигна и нов кревет, во бањата постојано има топла вода, новото

190

Page 191: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

биро е пространо, има и телескоп, дури), само да има резултати секој месец.

„Не е лошо, а професоре?“„Послушај ме, сега, Роберте. Одлично, сето

тоа е прекрасно. Ти си го заслужи сето ова и немој да мислиш дека некој, особено политичарите, ти даваат нешто бадијала. Меѓутоа, дозволи ми и малку татковски да се поставам кон тебе. Никогаш нема да бидеш тоа што го сакаш пред да го завршиш она што го започна во Штип. Нема самоактуелизација без потребната основа. Ова овде е сјај, блесок и може да те застрани од твојот пат, а тој, јас мислам, е пред сé оформено формално образование. Не фрлај ги во вода сите досегашни години работа и мака за површински успеси.“

„Но, професоре, па јас ќе продолжам, но до година...“

„До година е далеку и науката ќе напредне, па ќе ти треба двојно повеќе време да бидеш каде што си сега. Ти си знаеш, но јас да си кажам. Инаку, знај дека ќе дојдам овде и ќе се обидам да ти помогнам да го довршиме она што го започнавме. Не секирај се за тоа.“

*****

Сузе се нацрта пред вратата во истиот момент во кој тој сакаше да излезе на прошетка. Тој се сепна и не успеа дури ниту да го прикрие изненадувањето.

„Пак ти по свое, а? Не, срце, се шегувам, може ли да ти се придружам?“

191

Page 192: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Може, може...“Во паркчето во Ново Лисиче, Роберт се

чувствуваше најубаво – имаше сé што тој сакаше: и убаво зеленило и осветление, но најмногу го разгалуваше тоа што населението овде се самоорганизирало и поставило разни музички инструменти на разни места во паркот, а и информации за тоа што се прават младите од населбата – жив доказ дека, доколку возрасните им дозволат на креативноста и иновативноста на младите да се разиграат во полн танц, се изгледа можно и хармонично.

Тука и се прошетаа со Сузе, на вообичаениот начин – таа не престануваше да зборува, да прави планови во негово име, да потпрашува кој и што и како рекол, дали овој го истакнал Роберт или не, а тој само кусо одговараше или потврдуваше. Но, мислите не му беа во тој муабет.

Како се најдоа во нејзиното станче и како тој се разбуди крај неа следното утро, не можеше ниту да си објасни, а веќе му стануваше и мачно да мисли на тоа. Можеби ми става нешто во пијалаците? Или, јас претерувам со моите паранои? Вака, кога спие крај мене и кога не зборува, уште е убава како и првиот ден... ама, тие едни мисли кога ќе Ѝ излетаат од главата и кога ќе почне да ми го организира денот... одам во ве-це, па на работа!

„Добро утро, тигру!“ – како да имаше сензор.„Добро утро, одам во ве-це и одам на работа!“„Хммм-да.. да... а, кафе да пиеме?“

192

Page 193: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

*****

Добро, што треба јас, всушност, конкретно да направам за работите да мрднат? Ми треба поддршка не само од нашите институции, туку и од земјите кои досега имаат вршено проби со Лорандитот ископан кај нас. Германија, Франција, САД... Кому да се обратам? Ќе позборувам со директорот... – си размислуваше Роберт одејќи пеш накај работа. Тогаш, на само неколку метри пред себе го здогледа Деканот како купува весници и цигари. Реши да му пријде.

„Добро утро, професоре“ – го поздрави, застанувајќи близу до Деканот, за овој да може да го види и да го препознае.

„Добро у-утро...“, малку го растегна поздравот Деканот, пребарувајќи по умот дали овој млад човек е сегашен или поранешен студент.

„Јас сум Роберт Мишков, професорот Стоев ми е ментор и заедно работиме на истражувањето на Лорандитот“, се насмевна Роберт, прекинувајќи му ги маките.

„О-о-о, да, да! Па, како си? До каде си со факултетот? Што откривте вие двајцата?“ – го избомбардира професорот откако го позна миленикот на својот колега.

„Пааа, ете, решив да направам мала пауза со студиите додека да видиме што ќе излезе од испитувањата... Сега сум во Рударскиот институт, имам мала канцеларија и таму работам.“

193

Page 194: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Што зборуваш? Па, и јас сум тргнат натаму, баш со твојот директор имаме неколку заеднички состаноци денес. Ајде, одиме заедно, да ми раскажеш до каде сте.“

Раскажувајќи му на Деканот, Роберт и самиот се сепна кога сфати дека работите се веќе премногу сериозни за некој воопшто и да помисли да престане или да се повлече од целиот проект. Ете, само оваа недела тој и директорот на Институтот имаат договорено три средби со политичари од самиот врв, а веќе в понеделник и со амбасадорите на САД, на Германија...

Во канцеларијата на директорот, веќе беше бучно и муабетот течеше без контрола и без пардон.

„Стојте, стојте, почекајте...“ напразно се обидуваше да ги смири страстите директорот на Институтот. „Ама, луѓе, бре, застанете малку!“

Меѓутоа, сите присутни како да зборуваа во ист момент, а секој тегнеше на своја страна. И Министерот за економија и оној за финансии, па дури и Деканот на штипскиот факултет (кој се вклучи уште неседнат и ненапиен кафе). толку многу се имаа развикано, што Роберт се најде во чудо и малку подисплашен.

Што им стана? Па, ова што им го кажав некни ниту е ново, ниту толку невозможно. Треба само да се избројат трагите на плочите Лорандит, да се види кои од тие се траги од Неутрино, тие да се издвојат и да се испита нивниот состав... Ништо не разбирам. Да кажам нешто, да молчам... што да правам?

194

Page 195: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Еве, Роберт нека каже. Што велиш ти, Роберте?“ – до него допре гласот на директорот. „Колку време би ни требало за да дојдеме до некој конечен факт?“

„Јас... мислам дека за едно шест-седум... најмногу дванаесет месеци би можеле да почнеме со работа на издвојување на својствата на Неутриното. Се разбира, со помош на признати странски физичари и без пречки од типот на дозволи, административни бариери, со мала лабораторија долу, во окното...“

„Ете!“ триумфално извика директорот. „Добро, добро, не ликувај ти! А, Роберт...

Роберт беше, нели?“ И не дочекувајќи го одговорот, Министерот за финансии почна да поставува прашања поврзани со ’практичните’ аспекти на нештата. „Дали тоа значи дека и ти и тие физичари и научници ќе треба и да користите некаква специјална опрема? Зашто, во тој случај, ќе треба да се носат формални одлуки за набавка, се ќе треба да пројде на Собрание, па медиумите ќе се нафрлат... на Премиерот ќе треба да му се објасни дека приоритетите треба да се изместат... Не е тоа така лесно, мој директоре, како што тебе ти се чини од кај што седиш. Само да знаеш колку би ми било мило да можам да си ги заменам местата со тебе – немаш претстава каква лудница е сега, предвремени избори тропаат на врата, јас треба да го намалам бројот на вработени за да може да добиеме позитивен извештај од Европската комисија...“

195

Page 196: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Знам, знам, Министре, ама вака голема работа не сме имале од... од Тито наваму!“ – собра храброст и изговори директорот. „Јас, еве, целиот персонал ќе го ставам на располагање и...“

Роберт тука веќе престана да го следи муабетот и побара спас во слики што обично го смируваа, слики исполнети со мали сонца што излегуваат од Мајданот, насмеани лица на луѓе што не мора веќе да се секираат колку пари им се потребни за нафта, бензин, струја, хармонија во која секој се бави со тоа што го интересира и не се грижи за тоа кој е од која политичка партија, деца што безгрижно си детствуваат...

Состанокот заврши без тој да каже ниту еден збор повеќе и, прв пат, му беше искрено мило што ќе оди кај Сузе. Речиси со трчаница отиде до нејзиниот стан.

„Ууууу, каде гори? Што е, маче? Седи, седи, веднаш ќе ти турам чајче...“ – таа го почувствува неговиот внатрешен оган и, милувајќи го без престан, го смести на софата.

„Ти не знаеш што се случи... Никој веќе никого не слуша, а не сме ни почнале да разговараме за вистинското нешто, ни оддалеку не сум им кажал колку целата работа е едноставна... Којзнае каде е Сталин сега...“, неповрзано си ја коментираше тој својата реалност.

„Ајде, ајде, напиј се чај, од мајчина душица е, мајка ми ми спакувала неколку кесички...“

********************

196

Page 197: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

После неколку часа препотување, бладање и такаречи месечарење, Роберт заспа со јасна, избистрена мисла – небаре просветлено, чувствуваше дека сето време знаел дека решението не е тука, на Институтот, па ниту во Министерството.

„Па, да! Колку сум глупав! Ќе се јавам во амбасадата на Америка, ќе им објаснам сé и бргу ќе ја решиме целата оваа збрка околу тоа кој што треба да направи, колку пари се потребни и ќе почнеме со Сталин уште следната недела...И, тоа на лице место, а не овде, по канцелариине и на состаноцине... Само да се сетам кого знаев во амбасадата... А, и денов, ќе осамне ли веќе еднаш...“

ГЛАВА 17ПОТРАГА

Следното утро, Роберт стана со мислата со која и заспа - амбасади!

После ќе се капам, нема сега време за тоа, мора да одам до кај Сузе... море, каква Сузе, одам

197

Page 198: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

право кај Милета, па кај сестра ми, можеби тие ќе знаат да ми кажат некој број, некоја адреса...

Не ни погледна на часовникот, инаку ќе знаеше дека олку рано само тој и чистачите на улиците се издигале од под јорган. Тргна, речиси трчајќи пред сонцето, чиниш фрлајќи по неколку сенки одеднаш. Миле, неговиот другар од Конопиште, живееше некаде во Скопје. Се немаа видено којзнае колку години.

И ова Скопјиштево! Бетони, сé зацементирано, а никаде знак каде да го барам Милета! Чекај, смири се, сети се што ти рече мајка му кога ја сретна лани во Конопиште... Френетично размислуваше, преоѓајќи ги улиците на слепо. Одеднаш, се најде на Партизанска. Пред него стоеше мал, бел пес. Како голема топка со ноџиња, песот му се насмевнуваше и непрестајно мавташе со опашот. Роберт сакаше да го одмине, но кученцето некако постојано се појавуваше пред неговите нозе, сé така мавтајќи и бревтајќи.

„Еј, другарче! Што сакаш? Остај ме, те молам, брзам. Друг пат ќе си играме, сега мора да...“

Но, кучето пушти глас како да се смее, како вистински да се смее од срце и Роберт подзастана во чудо.

„А, бре, ти си знаел да се смееш! Како ти е името?“

„Знам! Ќе те викам Смешко. Ај со мене, а? Заедно, полесно ќе го најдеме Милета.“

Кученцето како само тоа да го чекаше - се заврте кон булеварот и, постојано врткајќи се меѓу

198

Page 199: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

нозете на Роберт, полека како да го туркаше да прејдат од другата страна.

„Ха, ха, ха! Ама, чекај, бре ѓаволче! Ќе те згазнам, па и двајцата ќе плачеме. Кај си тргнал, чекај да не налета некоја кола, полека!“ - Роберт брцаше по џебовите, надевајќи се дека ќе најде некое останато парче од синоќешниот сендвич. „Еве! Повели, само ова останало, братче.“ Му ги подаде стутканите трошки од сендвичот, а Смешко ги лапна како да се последните на светот.

„Стој, стој... Па, еве, на оваа улица ми рече мајка му на Миле дека... Па, да на Рузвелтова ќе да беше, само кој број... Ааа, знам, знам, до некое си кафене „Деус“, ли, „Меус“, ли...“

Тогаш песот повторно се изнасмеа, силно и гласно.

„Што е?“Песот мавташе со главата горе-долу и, колку

и силно да влечеше Роберт, стоеше в место како закопан.

Кревајќи го погледот угоре, Роберт го здогледа балконот што му го имаше опишано мајката на другар му.

„Ха-ха-ха-ха-ха! Па, ти си го нашол, пријателче, а јас глупав....“

На вратата, тој стоеше нестрпливо, префрлајќи се од нога на нога и тропајќи и ѕвонејќи истовремено. По неколку минути, вратата се отвори и на неа се појави некој во нешто што требаше да изигрува баде-мантил, пењуар или наметка со бои

199

Page 200: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

кои не дозволуваа да се погоди дали под тоа има машко или женско.

„М-м-миле?!“ - несигурно изусти Роберт. „Даааа...??“ - проѕевајќи се, одговори

фигурата со разбушавена коса и непријатна миризба. „Па, јас сум, Роберт! Не ме познаваш ли?“„Кој Роберт, бе.... чек, да те видам...“ -

одговори Миле, триејќи ги крвавите очи со краевите од валканата и испокината маица. „Вчера заглавивме со колегите од работа, којзнае колку нé фати...“

Сè така чешајќи се по целото тело, Миле конечно си ги најде очилата, ги подзачисти и погледна трепкајќи накај Роберт и удолу, кон кучето. Се гледаше дека меморискиот софтвер панично му пребарува по минатото, до вжештување и до преоптовареност.

„Роберт, Роберт...““Роберте, бе, брату!“ се развика толку силно,

што Смешко се подисплаши и се врати половина чекор наназад, вадејќи го десното горно запче и местејќи ја муцката за одбранбено ’ржење. „Па, ти не си нормален! Така ли се стоело, на врата, кај мене, побратимот по газози, првиот сопаталец по девојчиња! Па, влези, мајку му стара! Влегувај!“

Веќе буквално влечејќи го за ракавот, Миле сакаше да му ја затвори вратата на песот пред нос, но виде дека тоа ќе заврши со бескрајно лаење во влезот и се премисли и го пропушти и него. Станот беше сè, само не дом - валкани и чисти алишта на ист куп, остатоци од храна и пиење на сите страни,

200

Page 201: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

телевизорот очигледно неисклучен со недели, документи расфрлани врз нечистите садови...

„Миле, брату! Па, тебе ти е итно потребна жена!“

„Ех, жена, како не! Од нив ми е преку глава - ги има многу повеќе одошто сакам. Туку, остај тоа, шо праиш ти? Како си? Не ли ти е срам дури сега да ме најдеш? Ајде, раскажуј бргу!“ - го опсипа Миле својот пријател од времето на растење по сокаците на Конопиште.

И, додека Роберт му раскажуваше за своите возбуди, маки и дилеми, денот неосетно минуваше крај нив, таму надвор, зад прозорците затемнети со непробојни завеси, помодрени од наслагите прав и што сè не. По првите неколку минути, Смешко задоволно се склупчи крај нозете на Роберт и чиниш со внимание дремеше и слушаше што си раскажуваа старите другари. Некаде околу 5 часот попладне, Миле веќе не издржа и предложи да одат да каснат нешто во блиското кафене.

„Ајде, само да фрлам друго нешто на себе и одиме! Ќе видиш, ќе те бендиса! И јадењето и келнерката - не знаеш што попрво да пипнеш! Само секунда... да, ене ја зелената блуска, само да ја подисправам со малку вода и ојме!“

„Да, да, само јас немам многу пари при себе, знаеш...“ - Роберт малку се загрижи.

„Ич да не те боле! Тоа, барем, има колку сакаш. А и ако претераме, тука има и вересија за мене, со години веќе сум гостин. Ајде, ајде, мрдај!

201

Page 202: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Таму и ќе размислиме како да дојдеш до главните кај нас, во амбасадата...“

На улицата, луѓето веќе се прибираа дома низ општиот молк од замор. Светилките се палеа една по една, а боите на квечерината весело си играа некоја нивна игра со сенките што паѓаа од секаде. Пред кафенето стоеше стопанот, сè пребришувајќи ги масите и кимајќи со главата во поздрав на минувачите. Кога го здогледа Милета, насмевка му се разлеа на збрчканото лице.

„Ооооо, г-дине Миле! Па, каде сте вие цели два дена? Синоќа ве чекав со младо јагненце, го донесоа од далеку, мелем!“

„Остај, газда, не прашувај! Прај софра за двајца, те молам!“

Седнаа во аголот што беше најоддалечен од вратата, на маса на којашто Миле очигледно се чувствуваше како дома. Се појави келнерката - стројна мома на околу 25 години, со густа, црвена коса немарно подврзана одзади, нечуен од и грациозност на благородничка. Ликот и беше издолжен, а лицето чисто, невино дури - лице што уште не било ниту еднаш покриено со вештачки бои и хемикалии.

„Повелете, г-дине Миле! Ракиичка, како обично? Со сезонска салата?“

„Еј, бре, Павлино! Значи, кога ќе ти се изнагледам тебе?! Како да си од слика откината, секојпат ме маѓепсуваш одново! Да, дај ни едно бокалче и многу салата! Ама, ти да ја сецкаш, разбра ли?“

202

Page 203: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Павлина се оддалечи со насмевка, навикната на дофрлувањата од гостите и со мислите којзнае каде.

„Оваа ме изгоре, брату, ќумур ме стори... Туку, види сеа вака. Јас сум во амбасадата веќе одамна и со некои од новава гарнитура и не се согласувам многу, ама со човекот најблизу до главниот сме „газ и гаќи“, нели. Ќе мора да почекаме да дојде некој подолг празник, за да го однесам на викенд во Моклиште, одамна му ветувам. Таму, без телефони и гужви, ќе му поткажам нешто, па ќе дојдеш и ти и тој твој професор, ќе му изнацртате сè што сакате, па ќе видиме што ќе каже. Ако некој може да помогне, тоа е тој, биди сигурен. Шо велиш?“

„Па, јас не знам, Миле, како ти ќе кажеш, не се снаоѓам многу во тие...“

Павлина се појави со целата нарачка одеднаш и Миле веќе не го ни перципираше Роберт, голтајќи го секое движење на убавата келнерка.

„Да, да, договорено...“ - отсутно потврдуваше тој, горејќи од желба таа да му возврати на воздишките. „Ах, Павлино, Павлино, ти ме збудале, ме престори во кукла без ум. Вечерва ќе излезеш ли со мене? Само јас и ти, далеку некаде, а? А?“

Одеднаш, Роберт се сети да излезе и да види дали, можеби, кучето уште чека пред вратата. Излета набрзина, како да се запалило цело село...

203

Page 204: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

ГЛАВА 18ОСВЕСТУВАЊЕ

Следното утро, се разбуди со глава тешка ’ко тешкото. Му требаше околу половина час да сфати каде се наоѓа, што се случило и што се случувало пред да се најде в кревет. Бум, бум, бум... одекнуваше во главата, од таму некаде, од надвор.

204

Page 205: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Професоре! Професоре! Ве чека Директорот!“

Додека да му текне дека тоа е гласот на Ратка, чистачката, главата го заболе на сите можни места. Што, по ѓаволите... си помисли и полека стана од растурениот кревет. Придржувајќи се за ѕидот, отиде до вратата, се заблагодари не отворајќи ја и се пикна во бањата. Петнаесетте минути топло-ладно под тушот донекаде го прибраа. Миле, келнерката, муабетот за големи и мали фаци - сè му се враќаше полека кон свеста. Кога излезе да се облече, пред вратата на бањата го чекаше Смешко. Дури и тогаш, во тој момент на збунетост, кучето успеа да му извлече насмевка. И што сега? Од Миле веројатно нема многу помош, та тој е и самиот за помагање, компасот фрлен којзнае кога и којзнае каде... А, и ова со Директорот - што ли сака, зошто олку рано (го погледна стариот часовник до креветот: немаше ни 9 часот), нема ли попаметна работа... си мислеше додека го делеше појадокот со песот.

Секретарката на Директорот се поднасмевна значајно кога Роберт влезе да се најави. И оваа знае повеќе од мене за мене, му пролета.

„Влези, Роберт, те чекаат“, рече таа, не криејќи го уживањето во надмоќта поради тоа што таа знае нешто што тој не знае.

Во познатата канцеларија, првиот шок (по изненадувањето од свежината и пријатниот мирис што секојпат го затекнуваше) беше - Сузе! Сиот наведнат кон неа, Директорот се топеше во некој далечен и тивок муабет, додека таа се подместуваше

205

Page 206: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

за да овозможи подобра глетка. И двајцата се сепнаа кога Роберт влезе.

„Роберт! Се наспа ли, конечно? Дојди, дојди, седни овде до мене. Ах, ти, мангуп низаеден. Не кажуваш ништо за љубовниот живот, со девојка ти се расприкажавме додека те чекавме. Кафе?“

„Да, ако може без шеќер...“„Здраво, душо. Извини што не ти кажав дека

ќе дојдам, ама тате ми се јави синоќа и - еве ме...“Што е, пак сега, ова? Сузе?!? Има ли крај ова

нејзиново...?„Нема проблем, ама не ми е јасно...“„Еве, вака, Роберт. Се јавија од

Министерството, те виделе синоќа со некој од американската амбасада, па добив задача да видам да не има нешто ново. Кажувај, што се случи синоќа?“

„Ама, ништо, тоа ми е само другар од детството, го замолив да види дали може да ми помогне со податоци од испитувањата што Институтот за нуклеарна физика на САД ги вршеле на Мајданот...“ тука се замисли и никако не можеше да се сети како точно завршил муабетот со Милета.

„И?“„И... не знам, се договоривме да почекаме да

пројдат некои си гужви таму, во амбасадата, па да видиме подоцна. Ете, тоа беше сé,“ заврши Роберт, се уште прашално подгледнувајќи во Сузе. Каква врска има, пак сега, татко ù?

„Е, па, да, душо. Тоа го дознал некако и тате, а дознал и дека планирате да одите во Моклиште со некој службеник во амбасадата. Затоа сум јас тука,“

206

Page 207: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

како да му ги читаше мислите. „Тате рече никако да не одите без да се видите и со него и тој да ве прошета како што доликува. Јас сум слободна оваа недела и ќе си поседам тука, па ќе се договориме, не бери гајле.“

Тогаш Директорот срипа и ги ’покани’ на ручек во „Три Бисера“. Таму седеа до околу три часот, а Директорот не престануваше да зборува и да ја шармира Сузе, како Роберт воопшто и да не беше таму. А, Роберт и навистина како да не беше таму.

Во еден момент, телефонот на Директорот заѕвони и тој, гледајќи го бројот, пребледе. Изрипа и замина на другиот крај на големата сала, а Роберт само успеа да чуе „Да, господине Министре, да, секако...“

Тогаш се заврте кон Сузе и Ѝ објасни дека би сакал, во иднина, најпрво да се консултира со него пред да презема вакви нешта. Уште еднаш ја потсети колку му е важен потфатов со Алшар, дека сè друго подредил на тоа, дека таа е една од малкумината на кои им се доверил, така што не е убаво таа да вовлекува други луѓе во оваа негова интима...

„Еј, еј, еееј!“ подвикна таа тивко и прекорно. „Ти многу убаво знаеш дека мене, пак, ти си ми најважен од сè и сиве овие работи... ете, и одморот што го зедов од работа, ги правам единствено за да бидам сигурна дека со тебе е сè во ред. Ако тоа не ти е доказ за мојата искрена грижа... тогаш... тогаш јас...“ и почна да липа, по којзнае кој пат потегнувајќи го оружјето што Роберт најмногу го мразеше - крупни солзи Ѝ потекоа низ шминката и

207

Page 208: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

таа одеднаш го потсети на циркусот во кој одеше како мал и страшно-смешните лица на кловновите.

Сепак, стана и се стрча по неа кога таа, возбудена, замина кон тоалетот. Но, не успеа ништо да Ѝ каже, зашто по него дојде речиси веднаш и Директорот. Му кажа дека платил сè досега и дека мора итно да замине, не заборавајќи да го замоли да ја поздрави Сузе од него.

Стоејќи така, сам, на скалите на ресторанот, Роберт уште еднаш си ги претресе мислите и се сети на сè што се случи за време на вечерата со Миле. И - му текна! Миле, поднапиен, уште вечерта почна да врти телефони и да ја раскажува неговата приказна којзнае на колку луѓе, секој пат „дувајќи“ ја од поинаков агол. Не помогна ни тоа што Роберт го преколнуваше да престане. „Седи и уживај, јас ќе ја направам работава голема, ќе мора да ти помогнат, ич да не се косиш, пријателу.“

ГЛАВА 19ПРЕМИЕРОТ

Првата последица се случи уште следното утро! Околу 9 часот, на вратата го разбуди тропање. Човекот кому Роберт му отвори беше како од филмовите - облечен во црно и со очила за сонце, висок одвај повеќе отколку што беше широк.

208

Page 209: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Добро утро, господине. Ве молам да се облечете и да појдете со мене, Премиерот замоли за средба со вас.“

„К-каков премиер?!?“„Па, еден премиер имаме ние, господине.

Премиерот, кој воедно е и Претседател на нашата партија...“, почна џубоксот во црно одело и очила.

„Да, де, да, извинете... Јас уште не сум се разбудил како што треба. Еве, веднаш, само да се замијам...“

Што е, бре, ова? Премиерот? Оф, мори мајко....

Во црната лимузина пред зградата и шоферот имаше црно одело и неизбежни црни очила.

Кафка! Му пролета на Роберт низ главата. Автомобилот пред нив тргна прв, завивајќи

силно и непрестајно. За прв пат во животот, Роберт го виде градот од овој агол - пешаците го пцуеја неприкриено, а од брзината со која минуваа по улиците, не можеше да распознае дали фигурите крај кои пролетуваа се дрвја, канти за ѓубре или луѓе...

Во гаражата под зградата на Владата, трет човек со црн костум и очила му ја отвори вратата, јавувајќи некому дека стигнал „научникот“. Со Роберт не проговори ниту „добро утро“, но го одведе до лифтот со чекор на господар на подземјето.

А, бе, ова мора да е заебанција, некоја скриена камера! - се понадева Роберт за момент. Но, само за момент - кога се отвори вратата од лифтот, пред него стоеше Премиерот лично! И, по еден во костум и очила од секоја страна...

209

Page 210: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Добро утро, добро утро!“ - срдечно му ја стегаше раката на Роберт. „Извинете што морав да ве разбудам, но ми беше страв дека повторно ќе ми побегнете!“

„К-како тоа, повторно? Ова, добро утро, г-не Премиер.“

„Да, да, повторно - минатата недела за малку сум ве испуштил во Три бисера, ми рекоа сте биле таму, побрзав, ама од пусти обврски не стигнав на време. Ништо, денес сте мој гостин цел ден, ќе надоместиме. Повелете, влезете во мојот кабинет. Нека дојде Гордана!“ - викна Премиерот зад себе.

Гордана? Која е таа Гордана, како тоа цел ден ’гостин’...

„Седи, Роберт, седи слободно каде сакаш“ - по име и со раката на неговото рамо, Премиерот речиси го седна Роберт токму до себе.

„Б-б-благодарам, благодарам,“ - пелтечеше Роберт, збунет и смотан ’ко недовиткана сарма.

„Што ќе се напиеш?“„Па, кафе...“„Какво? Ирско, турско, нес, макијато...?“„Наше, обично...“„Дај едно, убаво, со две лажички кафен

шеќер, како за мене праено!“„Веднаш, господине Премиер“ - се извитка

Гордана, ’ко да е од лигавица направена.„Па, Роберт, како животот, љубовта...?“„Добро, добро, г-не Премиер...“„А, бе, остај тоа ’Премиер - мемиер’, за тебе

сум Никола...“

210

Page 211: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

„Добро, г-не Премиер.“„Пак тој! Добро, добро, ќе си дојде и тоа.

Кажувај!“„Што да кажувам, не е моето интересно...“„Како не е! Слушнав, со Сузе одлично ви

оди.“„Со која Сузе? А, Сузе! Паа, да, да, се гледаме

одвреме-навреме..“„Е, како да не, одвреме-навреме. Ја знам дека

и свршувачката е закажана, дури и усно ме поканија вчера.“

„Каква свршувачка? Јас ништо не сум...“„Ајде, ајде, сами сме овде, двајца мажи... Еве,

ако ми дозволиш, ја ќе организирам ’момачко’, а?“„Ама, какво ’момачко’, бре Ник... господине

Премиер!“„Ај, ај, не бери гајле! Да видиш само каква

забава ќе приредам! Сакаш машко-танчер, сакаш женско, сакаш трансексуални лудории...“

„Ама, Ви се колнам дека јас...“„А, плус, можеш да го викнеш и оној копиљон

од американската амбасада, кога веќе толку запнал.“Во заднината свиреше Стинг, а Роберт никако

не можеше да престане да се чуди што сé следеше по тој разговор. Кога вечерта го вратија пред Институтот, долго стоеше пред влезот, на дождот....

Да сум му ги предал СИТЕ материјали и документи... Да сум мислел на националните интереси, да сум се приклучел кон партијата и да го

211

Page 212: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

водам проектот во целосна тајност, до конечната продажба на Алшар...

Сталин, каде си? Помоооош! Барем Смешко да беше тука...

Кореја се јави... Некојси Жак Ширак ли, само на корејски. Нешто прозборе (како да опцу на лош кавадаречки) и спушти телефон.

Украина се збудале. Збесна по најглупавите нешта – религии, пари, патриотизми, поделби на „наши“ и „нивни“. Го будат заспаниот џин во мајка Русија. А и Русија веќе не е мајка со оној Пут(к)инон. Тој, пак, се заканува дека нема да дал никому од нивниот паладиум за да прават оружја. Шуќур!

Лихтенштајн пак мудро си седи настрана и не се жали како некои други земји што е мала. Мала земја да ти била предност, а не изговор за неспособност. И легло на сѐ поголем степен на автократија, на штета на деца, мајки, мудри старци... Анархија му е мајката!

Македонија... уште без идентитет. Ни Ченто, ни Воинот, ни Даме... Сите збунети.

Италија, наводно, ќе ја решела корупцијата и мафијата во (својата!!!) земја. А, да се вратат на статусот на романтични, небрежни и неуморни љубовници? Некој Србин рекол: „Мајку му стара, кога оној Италијанецон чита извод од матична книга

212

Page 213: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

на родени, мислиш пее некоја прекрасна песна. А, јас, во Србијава моја небеска – полн согласки – крв, смрт, српско, хрватско... Ни на кирилица, ни на латиница не изгледа и не звучи убаво.“

Нема ништо ново на Запад... Освен Ангела Меркел. Германцине, кутри, не знаат дека и Ангела е сигурно некаде од нашиве краеви. Па, по името се познава.

Америка уште се создава, извозува сила и смрт, сега со Африканецон па и по боја црна. Што да кажам – од таму дојдоа најголемите закани и планови да се украдат минералите. Се стресе не само Роберт, туку и цела компилациска коалиција од партии на власт.

Циле го нема. Во некој комитет на Олимп ќе да е. Некој голем Олимп.

И Швајцарија се јави. Ама, за да се изнасмее. Не нè бивало нас за македонски Церн и акцелератор. Можеби освен за да бидеме заморчиња во некој иден експеримент.

Јасер Арафат, бог да го прости, сега ќе кажеше сешто во ООН. И сигурно ќе речеше, „ај, бе да го викнеме пак оној Столе Андов, па да направиме некој план со ова лорандитов и малите сонца. Тој убаво се снајде во дипломатијата.“

А Грција... параполи!!!

213

Page 214: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

ГЛАВА 20 ДОМА

Како се најде во Штип, кој ден во која година беше - не беше веќе важно. Го преплави познатото и пријатно чувство на сигурност. Дома! Повторно дома!

И уличките, сосе пукнатините и дупките, и неваросаните фасади на недовршените куќи сега му

214

Page 215: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

се видоа совршени. Мижејќи, дури, му се чинеше дека може да го пропешачи градот без да погреши.

Снеже! Мајко мила, колку ја сакам! Колку сум будала! Колку многу... а, можеби и не е доцна, да отидам до кај неа, а? Па што и ако ме испцуе, само нека ми се насмее на крајот како некогаш... Или, татко и ако ми врзе една шлаканица - ќе пројде. Еве, ќе купам сто рози од кај тетка Лиле и ќе се обидам. Да! Одам!

Само што изгуби од вид дека е прерано и дека пазарот уште не е ниту отворен. Седна на каменото ѕидче што толку добро го познаваше и се замисли, враќајќи се наназад, во долгите прошетки крај реката. Одеднаш, стана и се затрча кон мостот. Застана. Па повторно тргна, се затетерави и падна директно на коленици. И - не стана.

Луѓе почнаа да се збираат околу него, полека, плашливо. Еден старец дури и го буцна со бастунот неколку пати, вртејќи сомничаво со главата. Конечно, од толпата се издвои таа - Снеже и клекна над него, земајќи му ја главата в скут.

„Викнете брза помош, ве молам! Еве, од мојот телефон, ако никој нема...“

Сé така галејќи го и милно покривајќи му ја половината, Снеже сосема заборави на сé околу себе. Дури и на Градинарот, кој стоеше молкум на триесеттина метри оттаму и полека се оддалечуваше. И покажа на брзата помош каде треба да оди и - се изгуби.

215

Page 216: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

****

Во болничката соба, сликата сега веќе беше променета: Роберт буден, гледајќи задоволно во Снеже, која беше заспала на неудобниот стол до неговиот кревет. Тој излезе од собата на прсти и, не обрнувајќи внимание на тоа што сестрата викаше по него, истрча до пазарот по цвеќе. На тезгата пред тетка Лиле ги истури сите пари што ги имаше и ја замоли побргу да му даде рози за сите пари. Тетка Лиле значајно го погледна, му намигна и му ги избра најубавите цветови, сите во една боја - алово црвени, со една розникава во средината, уште со пупка наместо отворен цвет.

Нестрпливо потскокнувајќи од нога на нога, Роберт речиси и го истргна букетот од раце и се стрча назад кон болницата. Му олесни кога влезе во собата и виде дека Снеже уште спие. Го стави цвеќето во валканото шише што требаше да изигрува вазна, тивко најде убава музика на радиото и седна карши неа.

Будала, колкав будала... колку изгубено време. Ако е тука, ако дошла и уште седи со мене, можеби има и шанси да... чекај, барем да се средам, изгледам како манијак некојси. Ене, има и брич, којзнае чиј е, ама не е важно.

По пат ја искина историјата што висеше на неговиот кревет, фрлајќи ја низ прозорецот. Ја подзачисти и кошулата и се заслуша во Јас сум тотално луд на локалното радио.

216

Page 217: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

И јас, Бени, и јас, пототално и од тебе. Погледни, само погледни колку е ТАА убава, колку е ЗА МЕНЕ. Ќе можам ли некогаш да ја заслужам, да станам барем малку како неа...

Како мислите да ги изговори гласно и како Снеже да го чу, таа ги отвори очите и му се насмевна. Тој падна на коленици до неа, овој пат свесно, и со поглед ја праша.

„Ама, стани, Роберте, стани, те молам, ќе дојде некој...“

„Ма, може да дојде кој сака, јас не мрдам веќе од тебе. Никогаш!“

„Будалче, не е чист подот, ајде да одиме на појадок ако ти е поарно.“

Излегоа од болницата рака под рака и, како никогаш и да не се делеле еден од друг, како да се една целина, зачекорија во слога кон непознатото, решени да гледаат сонце и во најоблачниот ден... Од некаде доаѓаше гласот на Павароти...

Ш’о уб’о неш’оЕден сончев ден, Ветрот е смиренПо бурата ш’о беше. Воздухче свежо – К’о да си е празник, Ш’о уб’о неш’оЕ еден сончев ден! Но, друго сонце,

217

Page 218: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

Посветло уште, Е моето сонцеНа твојот лик!О, сонце, о сонце мое, На твојот лик, на твојот лик!O Sole mio, Лучиано Павароти

Благодарност

Освен што сум му благодарен на моето семејство што ме истрпи целиот овој период додека пишував, како и на моите драги пријатели што ме поддржуваа,

218

Page 219: Страшниот Алшар, Август 2014 - Подготвен За Печат Финално - For Merge

а особено на Лазар Попов кој со бескрајно трпение и бесценети совети беше од неизмерна корист, би сакал да Ѝ се заблагодарам и на професорката др. Соња Лепиткова за тоа што одвои време да ми објасни што точно се случувало, се случува и може да се случи на планината Кожуф во врска со ова богатство на Македонија.

Се разбира, огромна благодарност и до „Македонија турист“ А.Д. Скопје, единствениот финансиски спонзор на овој мој труд, без чија помош уште којзнае колку долго ќе чекав да осамне оваа книга, како и до кафулето „Шоу рум“ во Аеродром, каде што и се роди голем дел од неа.

Х. С. Потер, 2014

219