Наративен извештај 2014

20
наративен извештај 2014

Upload: mladite-mozat

Post on 08-Apr-2016

246 views

Category:

Documents


7 download

DESCRIPTION

Наративниот извештај претставува краток осврт на имплементираните активности, оствареното влијание и финансиските резултати на Младите можат во 2014 година.

TRANSCRIPT

Page 1: Наративен извештај 2014

наративен извештај 2014

Page 2: Наративен извештај 2014

МИСИЈА

да ги оспособи младите луѓе да земат активно учество во развојот на

својата заедница преку социјален и младински активизам, но и да

одговорат на своите потреби во заедницата.

ВИЗИЈА

младите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни

граѓани кои самостојно или здружено влијаат и учествуваат во

позитивните промени и развојот во општеството

2

Page 3: Наративен извештај 2014

ВОВЕД

Драг читалелу, Во годината во која Младите можат прослави 5 години од своето постоење ни претставува чест и задоволство да го претставиме годишниот извештај за 2014 година. 2014 беше година со најголем импакт и најголем опфат на млади во досегашното постоење на организацијата. 2014 беше година на проекти, иницијативи, настани, обуки, работилници, нови членови...2014 беше уште една година на младите што можат. Во оваа година го имплементиравме првиот проект во национални рамки од ИПА програмата заедно со нашите партнери Фондација Корона од Романија. Проектот опфати 27 основни и средни училишта од целата земја. Понатаму, во 2014 ја продложивме соработка со 5 општини од Скопје (Карпош, Гази Баба, Чаир, Илинден и Кисела Вода), во кои вклучивме 65 млади да идентификуваат локални предизвици и да најдат соодветни решенија. Во 2014, проектот Make a change: be a volunteer! прерасна во прва програма на Младите можат имплеметнирана целосно со сопствени капацитети и средства. Исто така една од иницијативите од проектот Мотивациски ден, прерасна во Мотивациски викенд и во една од најпрепознатливите иницијативи која опфати 370 млади луѓе. И нешто на кое што сме горди, е бројот на зголемени членови на Младите можат за 2014 година. Вкупно 113 млади ни се придружија оваа година за зголемување на бројката од 534 членови од основањето на организацијата. За крај, сакаме да изразиме благодарност до сите членови, партнери, соработници, донатори и индивидуалци кои продонесоа за 2014 да биде успешна година на Младите можат. Со почит, Иван Јованов Претседател на Младите можат

Со почит, Иван Јованов Претседател на Младите можат

3

Page 4: Наративен извештај 2014

1.351

133

лајкови на

Facebook

нови членови

учества на

саеми и

промоции на

Младите можат

хуманитарни

акции

организирани

јавни настани

5

5

9

8 реализирани

проекти

35 одржани

обуки

17 одржани

работилници

спроведени

иницијативи од

членовите на

Младите можат

24

Page 5: Наративен извештај 2014

4.891 млади, учесници во

активностите на

Младите можат

2 3.487 испратени ЕВС

волонтери во

Германија

пристап на

социјалните медиуми

37 членови на Младите

можат, учесници на

тренинзи и размени

22 млади и успешни

луѓе – поддржувачи

на Младите можат

26 компании

поддржувачи на

активностите на

Младите можат

34 остварени

соработки со

организации

остварени

соработки со

училишта

22 17 остварени

соработки со

институции

5

Page 6: Наративен извештај 2014

Make

a change

be a

VOLUNTEER

октомври 2013 - мај 2014

6

Page 7: Наративен извештај 2014

Make

a change

be a

VOLUNTEER

Донатор: Швајцарски национален младински

совет

Зошто: 51,2% од младите во Македонија

никогаш не волонтирале и немале никакви

информации за волонтирањето

Активности: Како продолжение од трите

модули на тренинзи, 25 волонтери на Младите

можат успеаја да реализираат 3 волонтерски

активности и тоа:

МОТИВАЦИСКИ ДЕН: 6 млади волонтери

успеаја да мотивираат над 120 млади луѓе кои

имаа прилика да ги слушнат испиративните

приказни на говорници за нивниот пат кон

успехот, како и да учествуваат во работилниците

кои имаа за цел да ја прикажат важноста на

неформалното образование и да ги запознаат

младите какви можности неформалното

образование нуди за личен и професионален

развој.

ХУМАНИТАРНИ АКТИВНОСТИ СО УЛИЧНОТО

СПИСАНИЕ “ЛИЦЕ В ЛИЦЕ”: Младите можат ги

поддржаа уличните продавачи на списанието

Лице в Лице преку организирање на промоција

на списанието кај студентите на Филозофскиот

факултет во Скопје.

РАБОТИЛНИЦА ЗА ТОЛЕРАНЦИЈА: Третата

иницијатива во рамките на проектот вклучи

организирање на работилница за 20 млади луѓе

на тема промоција на толеранција.

7

Page 8: Наративен извештај 2014

...и мотивирани до БЕСКРАЈ!

8

Page 9: Наративен извештај 2014

Целта на Мотивациски викенд беше да ги

мотивираме младите да работат на себе, на

приватен и професионален план, преку млади и

успешни луѓе кои ќе ја споделат својата приказна

за нивниот досегашен успех и работилници за

личен и професионален развој.

Она што не поттикна да ја започнеме оваа

иницијатива се неколку загрижувачки податоци:

53% младинска невработеност во Македонија;

Само 4% од младите работат на позиции

релевантни на нивната стручна подготвеност

(податок на ООН), како и очигледното отсуство на

претприемнички дух кај младите во Македонија.

Активности:

Мотивациски говори од дванаесет

млади и успешни луѓе од Македонија;

Две едукативни работилници;

Две забавни работилници;

Нетворкинг забава на која сите присутни

имаа можност да поразговараат со

својот омилен говорник, како и со

организаторите на настанот.

9

Page 10: Наративен извештај 2014

Амбасада на САД во Р.Македонија

МЛАДИНСКИ

ЛОКАЛНИ

ИНИЦИЈАТИВИ

Целта на овој проект е јакнење на граѓанското

општество преку неформално образование и промоција на

младинското учество во локалните граѓански и политички

процеси во 5 општини.

Надградување на младите со знаења од областа на

младиснкиот активизам, општинските надлежности и

тимска работа и обучување на младите со вештини за

проектен менаџмент. Реализација на две локални

иницијативи на претходно детектирани проблеми.

април 2014 - февруари 2015

10

Page 11: Наративен извештај 2014

Проектот во 5-те општини беше спроведен преку 3 модули:

Модул 1 – Обука: Работа во заедницата и идентификување

на локални проблеми.

Модул 2 – Обука: Проектно планирање, тимска работа и

лидерство.

Модул 3 – Имплементирање на локална иницијатива.

Спроведени иницијативи:

Гази Баба:

- Организирање на хуманитарна забава за собирање средства

за дневниот центар за деца со посебни потреби во Железара;

- Собирна акција за зголемување на книжниот фонд на

библиотеката во Автокоманда;

Илинден:

- Спроведување на обуки за личен развој и кариерно

насочување за младите од о. Илинден;

- Билијард натпревар и собирна акција за средства за

реконструкција на здравствениот дом во о. Илинден;

Чаир:

- Спроведување работилници во основни училишта за

зголемување на свесноста на младите за хигиената;

- Работна акција за чистење на паркот во Чаир;

Карпош:

- Спроведување на обуки за ЦВ, мотивациско писмо, интервју

за работа и комуникациски вештни за средношколците од о.

Карпош;

- Креирање видео за подигнување на свеста за лошите

инфраструктурни услови со кои се соочуваат лицата со

телесна попреченост;

Кисела Вода:

- Хуманитарна собирна акција за социјално загрозено

семејство од о. Кисела Вода;

- Керирање на аудио книга, наменета за лицата со

оштетување на видот.

11

Page 12: Наративен извештај 2014

За време на четирите модули

научив многу нови нешта и

сфатив дека ние младите

имаме идеи, МОЖЕМЕ и треба

да работиме на нив. Мирјана Неделковска,

учесник на Проектот 12

Page 13: Наративен извештај 2014

Make a change be a VOLUNTEER Vol. 2

Целта на проектот е да се охрабрат младите да се вклучат

во волонтерски активности и преку свои иницијативи да

придонесат кон подобрување на заедницата.

Минатогодишното искуство со овој проект претставуваше

мотивација да вклучиме 23 млади луѓе во проектот и преку

серија обуки да научат за концептот на волонтирањето, да

научат повеќе за тоа што е лидерство и тимска работа, да се

стекнат со вештини за работа во тим за потоа тие самите,

поделени во тимови, да иницираат промени во својата

заедница, директно влијаејќи на изворот на проблемите.

Активности:

Тренинг, поделен во три модули кои се одржуваа во

три различни викенди во периодот ноември-

декември 2014.

Учесниците, поделени во три тима и со помош на

ментори, работат на планирање и имплементирање

на иницијативи за подобрување на проблеми кои

тие самите ги детектираа, во периодот јануари-март

2015.

ноември 2014 - април 2015

13

Page 14: Наративен извештај 2014

ФОРМИРАЊЕ НА ЛОКАЛНИ МЛАДИНСКИ СОВЕТИ октомври 2014 – март 2015 ДОНАТОР: Фондација Конрад Аденауер и Вилфрид Мартенс Центар за Европски Студии. ЗОШТО? Вклучувањето на младите во процесот на донесување на одлуки е еден од првите чекори за нивно активирање. Во моментот на планирање на проектот, само една третина од општините во Македонија имаа формирано Локални младински совети. ЦЕЛ: Да се креира модел за формирање на локални младински совети и да се истражат потребите на младите во општините Аеродром, Карпош и Гази Баба. АКТИВНОСТИ: Тренинг за формирање на модел за локални младински совети во

Велес од 11-14 декември. На тренингот присуствуваа 34 претставници на младински организации, подмладоци на политички партии, студентски организации и општини.

Истражување на потребите и предизвиците на младите во трите општини преку 6 фокус групи. Предвидено е резултатите од истражувањето да послужат како основа за креирање на локални младински стратегии.

ЛАБОРАТОРИЈА НА МЕЃУСЕБНО РАЗБИРАЊЕ: ИСКУСИ

КОЈ СУМ ЈАС

21 декември 2013 – 21 декември 2014

ДОНАТОР: Европска Комисија (ИПА)

Промоцијата на меѓукултурен дијалог помеѓу младите е една од

стратешките цели на Младите можат. Оттаму, во партнерство со Романската

фондација “Корона”, Младите можат го имплементираше првиот проект во

рамките на ИПА програмата.

Тренинг за тренери за 20 „Малцински поддржувачи”. Од 18-23 мај,

20 младински работници беа подготвени за имплементација на

кампања низ 20 училишта низ Македонија.

Организација на 200 дебати, во 22 училишта низ цела Македонија.

Од мај до октомври 2014 година беа организирани вкупно 200

дебати со вкупен опфат од 4170 ученици.

Натпревар за есеи и креативни творби „И јас сум дел од

Македонија”. Учесниците во дебатните активности имаа можност да

учествуваат во овој натпревар. Од вкупно 119 апликации, проектниот

тим селектираше 28 победници на натпреварот.

14

Page 15: Наративен извештај 2014

ДОНАТОР: UNDP Македонија

Зошто? Дизајниран од нашите

партнери А.Р.Н.О и инспириран од

светски познатиот готвач Џејми

Оливер проектот е меѓу првите во

Македонија кој го промовира

концептот на младинско социјално

претприемништво.

За првпат во Македонија беа

креирани продукти преку кои јавна

образовна институција (СУГС “Лазар

Танев”) ќе има можност да го

зголеми својот потенцијал за

самоодржливост.

На прес конферецијата покрај

претставнитеи на Младите можат и

А.Р.Н.О говорници беа и Марјан

Спасески - директорот на Агенцијата

за млади спорт и претставник на

мисијата на УНДП – Луиза Винтон.

МЛАДИНСКА

ПРОФЕСИОНАЛНА

КУЈНА

АКТИВНОСТИ: Втората фаза од проектот опфати

прес конференција за промовирање на:

- www.mojketering.mk – веб сајт преку кој

сите граѓани ќе можат да праќаат

нарачки за кетеринг.

- www.coolinari.mk – веб-сајт за

промоција на млади готвачи од СУГС

“Лазар Танев”

септември 2013 – јуни 2014

15

Page 16: Наративен извештај 2014

Младинска размена:

“Creative youth = Active youth”

5 – 14ти мај 2014 год.

Лесковац, Србија

Организација: “People’s

Parliament”

ЗОШТО: Поради согледаната

потреба дека на невработените

млади од Србија, Македонија,

Босна и Херцеговина, Бугарија,

Романија и Унгарија е потребно

да им се помогне да откријат

повеќе начини за активно учество

во периодот на невработеност

беше организирана оваа размена

на која имаа и можност да ги

споделат своите искуства со

другите учесници и да ја подигнат

свеста за потребните вештини и

знаења со кои може да се

здобијат во периодот на барање

работа.

РЕЗУЛТАТИ: 35 мотивирани

млади се стекнаа со вештини

околу тоа како се креира своја

компанија, кое е потребното

знаење за отпочнување свој

бизнис, колку е важен добриот

маркетинг за добивање на

посакуваните резултати кога

станува збор за промоција на

својот производ.

Младински тренинг:

„New communication and new

technology for NGO 2”

2 – 10ти август 2014 год.

Звиерадој – Здрој, Полска

Организација: Wroclaw

Youth Club - Stowarzyszenie

ЗОШТО: Невладината

организација “Wroclaw Youth Club

- Stowarzyszenie” од Вроцлав,

Полска реши своите успешни

практики во делот на

комуникациски и проектен

менаџмент вештини да ги

сподели со своите партнерски

организации од различни земји и

нивните претставници на овој

тренинг, а и воедно да се

споделат успешните практики и

на организациите од споменатите

земји околу тоа како тие

комуницираат со своите членови,

партнери, соработници, што е тоа

што ги прави нивните проекти

успешни и да се креира

атмосфера за понатамошна

соработка на Erasmus+ проекти.

РЕЗУЛТАТИ: Успешно совладани

вештини како да се „продаде“

организацијата меѓу посакуваната

таргет група, кои елементи се

клучни за успешно спроведен

проект, како правилно да бидат

искомуницирани членовите на

организацијата и најважно,

креирана е мрежа за

понатамошна соработка меѓу

организациите учесници.

Младинска размена:

„Multiculturality for all”

17 – 29ти ноември 2014

год. Краиова, Романија

Организација: “Regional

Voluntary Centre – CRV”

16

ЗОШТО: Оваа размена е

организирана со цел да се увиди

дека е од суштинско значење да

се развијат и поттинат сите

аспекти на секојдневниот и

професионалниот живот во

интеркултурна смисла со акцент

на меѓукултурната

чувствутелност. Сево ова им беше

успешно пренесено на

учесниците преку територијата на

Милтон Бенет - „Развоен модел

на интеркултурна

чивствителност”.

РЕЗУЛТАТИ: На оваа размена

учествуваа вкупно 42 учесници од

6 земји од различна култура и

менталитет (Македонија,

Романија, Шпанија, Албанија,

Турција и Чешка). По оваа

размена учесниците се стекнаа со

вештини за промовирање

соработка, телеранција и

соживот. Исто така се мотивираа

да делуваат како фактори на

промена во нивните заедници.

Page 17: Наративен извештај 2014

УСАИД – Проект мрежа ЈЕС

Вештини за вработување и за работа

Зошто: Целта на проектот е подобрување на вештините за вработување кај младите

преку трансфер на знаење и професионални „меки“ вештини и инклузија на млади

лица со попреченост.

Што: Спроведување на програма обуки насочени кон подобрување на вештини кои се

сметаат за најпотребни за младите при процесот на вработување и за задржување на

стекнатото работно место, како и вклучување на млади лица со попреченост.

Како:

Одржана 5-дневна обука преку која се опфатени 8 модули:

1. Воведен модул

2. Личен развој

3. Комуникациски вештини

4. Однесување на работно место

5. Вештини за стекнување на работа (ЦВ, мотивациско писмо, интервју за работа)

6. Тимска работа и лидерство

7. Права и обрски на работно место

8. Финансиски вешти

УСАИД – Проект мрежа ЈЕС

Вештини за вработување и за работа

Зошто: Целта на проектот е подобрување на вештините за вработување кај младите преку

трансфер на знаење и професионални „меки“ вештини и инклузија на млади лица со

попреченост.

Што: Спроведување на програма обуки насочени кон подобрување на вештини кои се сметаат

за најпотребни за младите при процесот на вработување и за задржување на стекнатото

работно место, како и вклучување на млади лица со попреченост.

Како:

Одржана 5-дневна обука преку која се опфатени 8 модули:

1. Воведен модул

2. Личен развој

3. Комуникациски вештини

4. Однесување на работно место

5. Вештини за стекнување на работа (ЦВ, мотивациско писмо, интервју за работа)

6. Тимска работа и лидерство

7. Права и обрски на работно место

8. Финансиски вештини

17

Page 18: Наративен извештај 2014

УНФПА – Фонд за население на ОН

кампања – Идеите ги споделувам гласно

Зошто: Целта на кампањата е да се мобилизира младината од Македонија и да се

соберат пораки од млади луѓе со различни општествени позадини во врска со

националните приоритети за развој.

Што: Онлајн и теренска кампања за подигање на свеста и собирање препораки за

развојните цели на Обединетите Нации.

Како: Кампањата се спроведе во три фази:

Фаза 1: Теренска кампања за собирање на младински пораки на повеќе локации низ

градот Скопје;

Фаза 2: Едукативни театарски претстави и изложба на фотографии од собрание пораки;

Фаза 3: Конференција и тркалезна маса со претставници од сите чинители во

младинскиот сектор, со цел собирање препораки за приоритетите на младите.

УНФПА – Фонд за население на ОН

кампања – Идеите ги споделувам гласно

Зошто: Целта на кампањата е да се мобилизира младината од Македонија и да се соберат

пораки од млади луѓе со различни општествени позадини во врска со националните приоритети

за развој.

Што: Онлајн и теренска кампања за подигање на свеста и собирање препораки за развојните

цели на Обединетите Нации.

Како:

Кампањата се спроведе во три фази:

Фаза 1: Теренска кампања за собирање на младински пораки на повеќе локации низ градот

Скопје;

Фаза 2: Едукативни театарски претстави и изложба на фотографии од собрание пораки;

Фаза 3: Конференција и тркалезна маса со претставници од сите чинители во младинскиот

сектор, со цел собирање препораки за приоритетите на младите.

18

Page 19: Наративен извештај 2014

*ставките се изразени во МКД.

СПЕЦИФИКАЦИЈА НА ПРИХОДИ

0%

10%

20%

30%

40%

50%

60%

70%

80%

90%

100%

Проекти Донации Услуги

Основа на приход Извор Износ Проект: Make a change: Be a volunteer!

Швајцарски национален младински совет

103,868.00

Проект: Говор на омраза

OSI Budapest 75,764.00

Проект: Подготвеност за вработување и за работа

USAID Македонија 122,900.00

Проект: Младински локални иницијативи

Амбасада на САД во Р. Македонија

443,914.00

Проект: Лабораторија на меѓусебно разбирање: Искуси кој сум јас

Европска комисија 1,396, 888.00

Проект: Идеите ги споделувам гласно

UNFPA 366,258.00

Приходи за ЕВС волонтер

Christische Yung 25,607.00

Услуги

Правни лица 94,879.00

Донации

Приватни и правни лица 188,500.00

ВКУПНО 2,792,971.00

19

Page 20: Наративен извештај 2014

www.youthcan.org.mk www.facebook.com/mladite.mozat

наративен извештај 2014 година