Извештај од самоевалуација 2015

96
Извештај од самоевалуација на ООУ„Св.Кирил и Методиј“ Велес

Upload: rodnep8628

Post on 14-Dec-2015

52 views

Category:

Documents


6 download

DESCRIPTION

Извештај од самоевалуација на ООУ„Св.Кирил и Методиј“ Велес

TRANSCRIPT

Page 1: Извештај од самоевалуација 2015

Извештај од самоевалуацијана ООУ„Св.Кирил и Методиј“ Велес

Август, 2015г.

Page 2: Извештај од самоевалуација 2015

Содржина:

Вовед ........................................................................................................................................................................................................ 3

Лична карта .............................................................................................................................................................................................. 4

Идентификување на училиштето ........................................................................................................................................................... 6

Тим за спроведување на самоевалуацијата ......................................................................................................................................... 7

Организација и реализација на наставата и учењето .......................................................................................................................... 8

Постигања на учениците ............................................................................................................................... .........................................22

Професионален развој на наставниците, стручните соработници и на раководниот кадар ........................................................... 33

Управување и раководење .................................................................................................................................................................... 39

Комуникации и односи со јавноста ........................................................................................................................................................ 44

Училишната клима и култура ................................................................................................................................................................. 51

Соработката со родителите и со локалната средина .......................................................................................................................... 63

Предлог мерки за подобрување на квалитетот на наставата .............................................................................................................68

2

Page 3: Извештај од самоевалуација 2015

Вовед Самоевалуацијата на училиштето е процес на систематско и континуирано следење, анализирање и вреднување на оствареното во

изманитите години со единствена цел: Унапредување и обезбедување квалитет во работата на училиштето. Таа се изготви преку тимска работа во која беа вклучени директорот на училиштето, педгошко - психолошката служба и сите наставници преку одредени активности реализирани преку стручните активи. Во изработката на самоевалвацијата на училиштето беше вклучен и претставник од Совет на родители. Со цел да се анализира квалитетот на севкупната работа на училиштето, се согледаа условите во кои училиштето работи, процесите кои се одвиваа во него, континуирано се следеа сите активности, резултатите и постигнувањата на наставниците и учениците. Со примена на SWOT анализа се анализираа и определија силните и слабите страни на училиштето, расположливите ресурси и неговото окружување и се поставија главните тези за изготвување на извештај од самоевалавацијата.

Врз основа на овие предности и слабости произлегоа одредени приоритети од кои потоа ќе се развиваат развојни цели со задачи и активности.

Самоевалуацијата е спроведена во периодот од две наставни години (2013/2014г. и 2014/2015г.) согласно член 147 од Законот за основно образование и ги опфаќа следниве области:

организација и реализација на наставата и учењето, постигања на учениците, професионален развој на наставниците, стручните соработници и на раководниот кадар, управување и раководење, комуникации и односи со јавноста, училишна клима и култура, соработка со родителите и со локалната средина.

3

Page 4: Извештај од самоевалуација 2015

Лична карта

Општинското основно училиште „Св.Кирил и Методиј” се наоѓа на десната страна на реката Вардар, во стариот дел на градот на ул.„Археипископ Михаил“ бр.156, тел и факс:043/233-676, e-mail: [email protected], www.svkim.blogspot.com.

Училиштето кое го носи името на големите Сесловенски просветители светите браќа Кирил и Методиј е едно од најстарите училишта во државата.

Започнало со работа уште во далечната 1856/57година кога црковно училишната општина го предала на училишните власти новото реновирано и проширено училиште со име „Св.Кирил и Методиј“. Во приземјето на зградата биле сместени училниците додека на првиот кат биле просториите на метохот.

Во текот на своето постоење и дејствување училиштето поминало низ разни реконструкциии за во 1977/78 година да биде целосно реконструирано и проширено на вкупно 5109 m2. Последната реконструкција училиштето ја доби во учебната 2013/14 година. Во учебната 2013/14 година училиштето влезе во проект од МОН за рехабилитација, со што во него се изврши целосна реконструкција на кровот, прозорите, подот во новиот дел на училиштето и се постави термо изолација во новиот дел на училиштето. Со помош на општина Велес се изврши делумна реконструкција на парниот котел. Во подрачното училиште во с.Црквино се направи комплетна реконструкција на подот, се заменија старите врати со ПВЦ врати се реконструира кровот.

4

Page 5: Извештај од самоевалуација 2015

Целокупниот простор е распределен на приземје и два ката. Во склоп на работата на основното делува и подрачно училиште во с.Црквино кое располага со површина од 156 m2.Училиштето „Св.Кирил и Методиј“ е верифицирано со акт број 10-487/2 од 1994 година на Министерството за образование и наука. Во него наставата се изведува на македонски јазик во вкупно 28 паралелки од кои 26 во централното и 2 комбинирани паралелки во

подрачнато училиште во с. Црквино.Структурата на училиштето ја сочинуваат членови на УО, членови на Совет на родители, стручни активи, одделенски совети и

членови на ученички заедници. Со својата богата историја, долг век на постоење и дејствување, специфична местоположба, прекрасна и специфична архитектура,

а посебно со огромниот број на награди и признанија, училиштето воодушевува и е гордост на секој вработен и секој ученик во него.Низ нашите училишни простори растеле и се образувале денес многу познати и значајни имиња за нашата држава: Панко Брашнар,

познатите велешки Гемиџии, Коста Солев Рацин, Петре Прличко, Никифор Смилевски, Тихо Најдовски, Васил Тоциновски, Александар Донев, Пепи Манасков, денешниот градоначалник Славчо Чадиев и многу други.

Секојдневното делување во училиштето, со цел следење на сите новитети и промени кои се неминовен, секојдневен и потребен процес во образованието е повеќе од очигледно. Се менува изгледот и амбиентот во училиштето и се создаваат пријатни катчиња за образување, едуцирање, рекреирање и одмор на нашите ученици.

За едукација на учениците користиме современи форми, методи и техники на учење применувајќи современи нагледни средства во наставата. Наставниот кадар со кој располага училиштето е стручно оспособен и истиот редовно следи разни видови на едукации, семинари, трибини учествува во изработка на проекти и притоа со успех го прати современиот тек за реализација на наставата.

Сите чинители во воспитно образовниот процес активно учевствуваат во сите промени и истите со интерес и внимание ги прифаќаат. Доказ за тоа се големиот број на награди и признанија кои учениците и наставниците ги освојуваа низ годините: Климентово слово, Курирче, Спомен плакета по повод 9 Ноември, Признание за 150 години постоење на ООУ „Св. Кирил и Методиј“, како и прва награда на светско ниво за најдобро изработен проект „Иднината едно место во светот“ колективна стихозбирка, со што се здобивме со пиетет „Најдобри во светот“. Тим од училиштето зема активно учество на вториот Глобален светски форум на Microsoft во Чешка за изработка на анимации и му помогна на македонскиот претставник да ја освои високата втора награда, а беше и единственото основно училиште од државава кое успеа со свој проект да се пласира за учествуво на VI Интернационален фестивал на саем на знаење во Бурдур, Турција. Доминираат и голем број на први и втори меѓународни литературни и ликовни награди во Нови Сад, Бања Лука, Белград, Чешка, Кина и голем број на државни, регионални и општински награди и признанија.

Во учебната 2013/14 година ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Велес по втор пат го доби зеленото знаме, како резултат на упорното ангажирање и подигањето на еколошката свест кај сите чинители во воспитно образовниот процес во областа на екологијата.

5

Page 6: Извештај од самоевалуација 2015

Идентификување на училиштето

Општинско основно училиште „Св.Кирил и Методиј“ е училиште во кое се организира и реализира современа, унапредена и квалитена настава. Наставниот процес го реализира високо и стручен образовен кадар, кои со својата амбиција, желба за напредок и усовршување постигнуваат многубројни резултати, на општинско, државно и меѓународно ниво.

Сите чинители на воспитно образовниот процес настојуваат училиштето да биде пријатна средина каде нашите ученици ќе добиваат и стекнуваат квалитетни и трајни знаења, умеења, навики и ставои, средина во која постои меѓусебна соработка со родителите и наставниот кадар. Успешната работа на училиштето се должи на постојано следење на современите трендови во образовниот процес, создавање стимулативна атмосфера и креативна средина за учење преку интегрирана настава и современа информатичка технологија од страна на директорот, стручните соработници, наставниот кадар и останатите вработени, како и постојана соработка со локалната заедница и родителите.

Постојано се менува изгледот и амбиентот во училиштето, неговиот надворешен и внатрешен естетски изглед и се создаваат пријатни катчиња за образување, едуцирање, рекреирање и одмор на нашите ученици. Во воспитно образовниот процес се применуваат современи наставни средства и материјали, современи форми, методи и техники на учење. Сите чинители во воспитно образовниот процес активно учествуваат во сите промени и истите со интерес и внимание ги прифаќаат. Мотивираноста на наставниците и учениците, нивната посветеност, професионалност и ангажираност е традиција која ќе продолжи и во иднина да се негува.

6

Page 7: Извештај од самоевалуација 2015

Тим за спроведување на самоевалуацијата

Согласно со член 147 од Законот за основно образование, Училишниот одбор на предлог на Директорот на седницата одржана на 29.01.2015г. ја формираше Училишната комисија за спроведување на самоевалуација. За членови на комисијата беа избрани:

1. Стефанка Ценева - психолог2. Искра Таневска - педагог3. Родне Петрушева - наставник4. Сузана Павловска - наставник5. Весна Славевска - родител

Со цел да се подобри квалитетот на работата и самоевалуацијата на училиштето избрани се координатори на тимови за секоја област, и тоа:

1. Павлина Харалампиева - предметен наставник2. Родне Петрушева - предмeтен наставник3. Павлина Карова - предмeтен наставник 4. Весна Бочварова - одделенски наставник5. Менче Андреева - предмeтен наставник6. Јелена Тодевска - одделенски наставник7. Костадинка Стојановска - одделенски наставник

7

Page 8: Извештај од самоевалуација 2015

Област: 1. Организација и реализација на наставата и учењето

Индикатори за квалитет:

1.1. Реализација на наставните планови и програми

1.2. Квалитет на наставните планови и програми

1.3. Воннаставни активности

1.4. Планирање на наставниците

1.5. Наставен процес

1.6. Искуства на учениците од учењето

1.7. Задоволување на потребите на учениците

1.8. Оценувањето како дел од наставата

1.9. Сместување и просторни капацитети

1.10. Наставни средства и материјали

8

Page 9: Извештај од самоевалуација 2015

Област: 1. Организација и реализација на наставата и учењето 1.1. Реализација на наставните планови и програми

Документи кои се прегледани Кои информации се собрани?

Наставни планови и програми донесени од БРО Годишни и тематски планирања на наставниците Педагошка евиденција и документација Е-дневник Записници од родителски средби Записници од Наставнички совет Записници од стручни активи на училиштето Годишна програма за работа на училиштето

Наставните планови и програми се во согласност со донесените програмски документи од МОН и БРО. Наставните планови и програми се реализираат во пропишаниот обем и ја следат визијата на училиштето - Успешно училиште со еднакви можности за развој и напредување.

Според наставниот план на Бирото за развој на образованието од учебната 2014/2015 година во училиштето започна изучување на предметите математика и природни науки според адаптираните наставни програми од Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ (Cambridge International Examination Centre). Оваа Наставна програма е наменета за ученици од прво до трето одделение на деветгодишното основно образование.

Наставните планови и програми ги имаше секој наставник во електронска форма за секое одделение и истите се користеа во секојдневното работење.

Училиштето ги информираше родителите со наставните планови и програми преку родителски средби на почетокот на учебната година, индивидуални средбии со родители, совет на родители, флаери, брошури, презентации и преку порталот на училиштето, а преку Совет на родители и Училишен одбор ги зема во предвид мислењата на родителите во врска со квалитетот и обемноста на наставните планови и програми.

Училиштето има програми за работа со деца со посебни образовни потреби и истите се прилагодени според нивните можности и потреби.

Училиштето ги нуди сите изборни предмети според наставниот план за деветгодишно основно образование. Изборните предмети се избираа од страна на учениците (во согласност со родителите) на почетокот на учебната година со помош на анкетни ливчиња.

Училиштето е отворено за промени и реализира проекти кои му овозможуваат истото да биде поефективно и посовремено. Применуваните наставни планови и програми се во согласност со донесените програмски документи од МОН.

Во училиштето се реализираше продолжен престој за учениците од прво до петто одделение.

9

Page 10: Извештај од самоевалуација 2015

Област: 1. Организација и реализација на наставата и учењето 1.2. Квалитет на наставните планови и програми

Документи кои се прегледани Кои информации се собрани?

Записници од стручни активи на училиштето Записници од родителски средби

Наставниот план и програма во целост го помагаше личниот и општествениот развој на машки и женски ученици од различно етничко потекло преку еднаква полова и етничка застапеност преку реализирање на содржините од: Образование за животни вештини, Еко содржини во наставата, Меѓуетничка интеграција во учењето, Вештини за живеење, Математика со размислување во одделенска настава и други предмети, преку реализација на одредени теми на часовите на одделенските раководители и преку соработка со педагошко психолошката служба.

Од страна на БРО и МОН се организираа семинари за едукација на наставниците по одделни програми, за кои потоа во училиштето се спроведуваше дисеминација.

Од увидот во годишните и тематски планирања може да се види дека наставниците ја користеле својата креативност и умешност и изработувале нагледни средства за реализација на што поквалитетна настава.

При реализирањето на наставните програми училиштето ги следеше приоритетите на општината и имплементираше содржини и активности поврзани со културата и традицијата на локалната средина.

При планирањето на наставните содржини кај учениците во училиштето се поставија и цели кои се однесуваат на развивање и јакнење на еколошката свест кај учениците и почитување на различностите а се поттикнуваше и развивањето на претприменичките вештини.

Во училиштето функционираа 4 стручни активи: актив на одделенска настава, природно-математичката група на предмети, општествено-јазична група на предмети и стручен актив на физички и естетско образование. Истите планираа и реализираа часови со интегрирање на меѓупредметните цели.

10

Page 11: Извештај од самоевалуација 2015

Област: 1. Организација и реализација на наставата и учењето 1.3. Воннаставни активности

Документи кои се прегледани Кои информации се собрани?

Годишни планирања Работен дневник Е-дневник Разговор со директорот

Училиштето планираше и во целост ги реализираше воннаставните активности кои се одраз на интересите и потребите на учениците.

Училиштето овозможуваше најголем број на ученици да бидат вклучени во воннаставни активности во зависност од нивните желби и можности не исклучувајќи ги притоа учениците со посебни потреби и учениците кои потекнуваат од семејства со низок социоекономски статус или од различен етникум.

Учениците се вклучуваа во воннаставните активности по сопствен избор и тие имаа водечка улога при изготвувањето на воннаставните активности, а наставниците ја имаа советодавната координативна улога.

Учениците беа секогаш стимулирани и поддржани од училиштето и наставниците да учевствуваат на локални и државни натпревари и манифестации и со подршка од училиштето и наставниците се трудеа да постигнат високи успеси на натпревари од различни области што се организираат на локално, државно и меѓународно ниво.

За постигнатите резултати секогаш беа јавно пофалени и наградени.

11

Page 12: Извештај од самоевалуација 2015

Област: 1. Организација и реализација на наставата и учењето 1.4. Планирање на наставниците

Документи кои се прегледани Кои информации се собрани?

Годишни, тематски и дневни планирања на наставниците Евидентни листи на дирекотор и стручни соработници Записници на стручни активи на училиштето Годишна програма за работа на училиштето

Пред почетокот на секоја учебна година, а со цел квалитетна реализација на наставниот план и програма, наставниците изработуваат годишни глобални планирања, тематско - процесни планирања (изработени една до две седмици пред започнување на темата) и ги доставуваат до стручната служба, додека пак, во текот на годината изработуваат дневни подготовки во електронска или писмена форма.

Училиштето за поефикасно планирање на наставата, на наставниците им дава морална и материјална подршка и тоа:

- обезбедува Наставни планови и програми кои им се достапни на наставниците во секое време,

- обезбедува стручна литература, дидактички средства, современа компјутерска технологија, нагледни средства.

Континуирано стручната служба ги следи и анализира планирањата на наставниците и дневните подготовки преку евидентни листи, дава помош и укажува како да се изготвува поквалитетна програма.

Дневните подготовки наставниците ги изготвуваа секојдневно и тие ги содржат сите неопходни елементи за успешна организација и реализација на часот. Јасно беа утврдени целите на наставата (групирани според Блумовата таксономија), очекуваните исходи од учењето, како и наставните методи и форми на работа. Исто така, во планирањата беа вклучени и различни методи на оценување и беа нагласени и инструменти преку кои се спроведува оценувањето. Информациите добиени од оценувањето наставниот кадар ги користише за да ги идентификува потребите на учениците и да ги планира следните чекори во учењето.

Наставниците планираа активности во рамките на стручните активи и разменуваа искуства и идеи за планирањето преку примена на ИКТ и се консултираа со колеги од други стручни активи.

Своите планирања ги изготвуваа електронски, а стручната служба ги чува во портфолио. Следењето на квалитетот на планирањата го вршеше стручната служба и директорката на училиштето, два пати во текот на едно полугодие. Дел од нивните работни обврски беше и поддршката што им ја даваа на наставниците за непречено одвивање на воспитно образовниот процес во училиштето, за што има пропишани

12

Page 13: Извештај од самоевалуација 2015

приоди и утврдени процедури. Поддршката доаѓаше до израз кога се организираа обуки во училиштето, во други градови и преку семинари.

Во рамките на стручните активи се водеше разговор со колеги од колективот или со колеги од истородни предмети од други училишта и се разменуваа идеи или информации за планирање на наставниот процес. Исто така се применуваа и укажувањата и насоките на советниците.

Распоредот на часови го изготвуваше наставник од училиштето, во консултации со стручната служба и другите наставници. Притоа се водеше сметка за можностите и потребите на учениците, потребите на предметот и искористеноста на просторните капацитети.

13

Page 14: Извештај од самоевалуација 2015

Област: 1. Организација и реализација на наставата и учењето 1.5. Наставен процес

Документи кои се прегледани Кои информации се собрани?

Досие на ученици Контролни ливчиња Работен дневник Е-дневник Педагошка документација Извештаи за постигањата на учениците по класификациони периоди

Наставниците користеа разновидни наставни методи, форми на работа и техники на учење кои се соодветни на потребите на учениците и нивните стилови на учење. Користеа добро испланирани методи во работата со учениците: индивидуално, во парови, во групи и со целата паралелка. На овој начин наставниците успешно ги развиваа индивидуалните вештини за учење кај секој ученик, како и вештините за соработка и комуникација.

Наставниците ги планираа задачите и активностите кои треба да се реализираат во училиштето или како домашна работа, а истите беа прилагодени на потребите на учениците со цел да се постигнат предвидените цели на наставата. Повеќето од наставниците користеа различни извори и приоди за учење. Редовно се користеше и ИКТ во наставата како и друга помошна литература..

Учениците беа запознати со целите на учењето. Во процесот на поучување и учење се користеа различни методи на интеракција со учениците, а се со цел да се подобри учењето и да се гради доверба помеѓу наставниците и учениците. Наставниците користеа позитивни приоди да ги поттикнат и мотивираат учениците и активно да земат учество во наставниот процес (преку пофалби, разговори и сл). Во зависност од наставниот материјал и типот на час учењето беше помалку или повеќе активно и динамично. Наставниците се однесуваа со учениците на начин кој промовираше взаемно почитување, помош, соработка и разбирање без оглед на нивниот пол, социјалната положба и етничката припадност.

Во текот на учебната година најмалку два пати во годината се вршише увид на час од страна на стучната служба и директорот кај сите наставници, а потоа се вршеа консултации со секој наставник се со цел да се подобри и унапреди наставата.

14

Page 15: Извештај од самоевалуација 2015

Област: 1. Организација и реализација на наставата и учењето 1.6. Искуства на учениците од учењето

Документи кои се прегледани Кои информации се собрани?

Годишни извештаи Постигнат успех во работен дневник и Е-дневник Евидентни листи за следење на наставен час Анкетни листови

Во училиштето постоеше стимулирачка и поттикнувачка средина, која будеше интерес за учење. По извршените анкети учениците и родителите целосно се изјаснија дека им се допаѓа средината за учење. Исто така 98% од нив сметаа дека училниците се во многу уредна состојба, а и самите тие ја имаа можноста да учествуваат со свои трудови во нивно разубавување. Трудовите на учениците беа транспарентни и се изложуваа во училницата и во холот на училиштето на определени места.

95,5% од учениците сметаа дека начинот на кој се учи во училиштето е интересен и со охрабрувања од страна на наставниците кои истовремено мотивираа што поголем број на ученици да земат активна улога во самиот час.

Анкетата со учениците покажа дека тие сметаат дека хигиената е на високо ниво.

Учениците континуирано се поттикнуваа, мотивираа и им се овозможуваше солидна соработка меѓу самите нив, а добиваа континуирана соработка и со наставниците.

Нивната активност во училиштето се гледа од учеството во проектни активности, организирање еко-трибини, квизови, натпревари, изготвување флаери, дебати и друго. Преку изготвувањето на трудови брошури и пораки со еко содржини се вршеше влијание на свеста на учениците, за консумирање здрава храна, чување на природата и околината во која се учи и живее.

15

Page 16: Извештај од самоевалуација 2015

Област: 1. Организација и реализација на наставата и учењето 1.7. Задоволување на потребите на учениците

Документи кои се прегледани Кои информации се собрани?

Извештаи за постигањата на учениците по класификациони периоди Разговор со стручни соработници

Наставниот кадар и стручната служба ги препознаваа образовните потреби на учениците, а пречките во процесот на учење на секој ученик се идентификуваа систематски.

Се преземаа многубројни активности за исполнување на образовните потреби и отстранување на пречките.

Образовните потреби се идентификуваа според постигнатите резултати по одреден предмет, активност на час, интересот на одредени ученици во одредени области и сл. За своите образовни потреби учениците разговараа со одделенскиот/класен раководител на одделенските часови и по потреба или барање на ученикот, родителот или наставникот. За истото се запознаваа и останатите наставници на одделенски и Наставнички совет, а родителите на Совет на родители. Според потребите и способностите на учениците можеа да посетуваат дополнителна настава (за ученици кои имаат потешкотии во учењето ) и додатна настава (за учениците кои покажуваат посебен интерес за одредена област или подрачје).

За воспитно образовните потреби и проблеми учениците дискутираа и на ниво на ученичка заедница. За проблемите во врска со учењето или социјализацијата, секој ученик можеше да се обрати и до педагошко-психолошката служба и да разговара за истите, како и за начинот на нивно решавање.

Во изминатите две учебни години сите наставници присуствуваа на обуки за унапредување на образовниот процес и со тоа го продолжија своето стручно усовршување во функција на подобро исполнување на образовните потреби на учениците.

Наставниците водеа грижа за образовните потреби на секој ученик преку организирање и реализирање: редовна настава, изборна настава, дополнителна и додатна настава, преку темелно објаснување на материјалот, разговор за нивните интереси, разговор за актуелни теми, проблеми од лична природа и слично. За поефикасно решавање на проблемите со учење на учениците се водеа индивидуални разговори со родителите.

16

Page 17: Извештај од самоевалуација 2015

Област: 1. Организација и реализација на наставата и учењето 1.8. Оценувањето како дел од наставата

Документи кои се прегледани Кои информации се собрани?

Извештаи за постигањата на учениците по класификациони периоди Распоред за индивидуални средби со наставен кадар Запосници од Наставнички совет и Совет на родители

Училиштето ги применуваше законските прописи што го регулираат оценувањето на учениците. Учениците на почетокот на учебната година и родителите на првата родителска средба се запознаа со критериумите и стандардите за оценување, како и со кодексот на оценување.

Учениците од I – III се оценуваа описно, од IV – VI се оценуваа описно и со бројчани оценки, а учениците од VII – IX се оценуваа само со бројчани оценки. Поведението на учениците се оценуваше како примерно, добро и незадоволително.

Наставниците користеа различни инструменти и методи за оценување при што континуирано го следеа и оценуваа напредокот на учениците (формативно и сумативно). Оценувањето се одвиваше преку усни и писмени проверки со примена на листи на оценување (аналитичка листа, скала на проценка, холистичка листа), тестови на знаења по тежински нивоа, контролни задачи, работни листови, самостојни и групни проекти и сл. Учениците се вклучуваа во оценувањето преку самооценување и меѓусебно оценување. Оценувањето беше праведно, транспарентно и честопати проследено со дискусија од страна на наставникот и учениците, која пак во голема мера им помогна на учениците да ги подобрат своите постигања.

Секој наставник водеше евиденција за постигањата, редовноста и поведението на учениците, како и извештаи и анализи за секој класификационен период.

Наставниците редовно им даваа повратни информации на учениците за нивната работа.

Наставниците ги користеа информациите добиени од оценувањето, за да го евалуираат и подобрат планирањето во наставата.

17

Page 18: Извештај од самоевалуација 2015

Област: 1. Организација и реализација на наставата и учењето 1.9. Сместување и просторни капацитети

Документи кои се прегледани Кои информации се собрани?

Пописни листи Годишна програма за работа на училиштето Записници од Наставнички совет Записници од Совет на родители Записници од Училишен одбор

Училиштето се наоѓа во централното градско подрачје. Во негов состав влегува и едно подрачно училиште во с.Црквино каде учениците беа опфатени во две комбинирани паралелки (I-II-III и IV-V одд). Просторот со кој располага училиштето ги задоволува потребите на учениците.

Училиштето опфаќа ученици од I – IX одделение распоредени во 28 паралелки. Наставниот процес се реализираше во 8 специјализирани училници во централното и 3 специјализирани училници во подрачното училиште во с.Црквино. Истите се добро опремени со потребни технички помагала и нагледни средства. Наставата за учениците од шесто до деветто одделение се реализираше во 13 кабинети опремени со компјутери, смарт табла, мимио интерактивна табла, голем број на технички помагала, нагледности и спортска сала.

За учениците од I – V одделение се организираше продолжен престој во кој тие се образуваа и едуцираа. Нивниот престој се изведуваше во една специјализирана училница, една помошна просторија и игротека.

Сите училници се со големина која соодветствува на бројот на учениците во паралелките. Во сите училници и холови во новиот дел на училиштето беше обновен подот и заменет со винес подлога. Комплетно промена на подот беше направена и во подрачното училиште во с.Црквино.

Енергетската ефикасност на училишната зграда беше подобрена со поставување на надворешна изолациона фасада на новиот дел од училишната зграда и целосна замена на прозорите со нови ПВЦ прозори. Со тоа естетскиот изглед на училиштето беше значително подобрен.

Целосна реконструкција беше направена на кровот на училишната зграда, а делумно беше саниран и парниот котел. Во училиштето комплетмо беше реконструирана и пуштена во употреба мини спортска сала.

Училиштето имаше јасен план и распоред и максимално ги користеше расположливите капацитети за изведување на наставата и воннаставните активности, со што се задоволуваа потребите на учениците.

18

Page 19: Извештај од самоевалуација 2015

Област: 1. Организација и реализација на наставата и учењето 1.10. Наставни средства и материјали

Документи кои се прегледани Кои информации се собрани?

Пописни листи Годишна програма за работа на училиштето Работен дневник на библиотекар Записници од Наставнички совет Записници од Совет на родители Записници од стручни активи

Училиштето располага со голем дел на стручна литература и наставни средства кои соодветствуваат со современите наставни текови. Училиштето перманентно ги утврдува потребите од наставни средства и помагала и истите континуирано ги обновува. Компјутерите и интернетот редовно се користат во наставата, како и ЛЦД проекторите, телевизорите, ДВД и ЦД плеерите, Мимио и Смарт електронската табла. Но и покрај овие наставни средства и материјали, доопремувањето со нови нагледни средства и материјали е секогаш неминовно.

Применливоста на наставните средства и материјали се следеше преку посета на јавни работни денови и нагледни часови по одделни наставни предмети, работилници и слично, од страна на директорот, стручни соработници, наставници, советници од Биро за развој на образованието.

Училишната библиотека располага со голем број литературни и лектирни изданија, но дел од нив се стари наслови кои повеќе не се во употреба. Во последните неколку години литературните изданија редовно се обновуваат. Евиденцијата во библиотеката се води компјутерски и со картици.

Училиштето планира и навремено обезбедува потрошен материјал во потребната количина за непречена реализација на наставните и воннаставните активности, согласно со планот и програмата на училиштето.

19

Page 20: Извештај од самоевалуација 2015

Област: 1. Организација и реализација на наставата и учењето

Клучни јаки страни

Целосна реализација на наставните планови и програми по предмети и одделенија.

Редовно информирање на родителите за напредокот и постигањата на учениците.

Навремено планирање на воннаставните активности.

Активно учество на учениците во вонанставните активности.

Навремено изготвување на тематско-процесни и дневни планирања од страна на наставниот кадар.

Јавно и транспарентно оценување на учениците.

Слабости

Наставните планови и програми по предмети и одделенија не соодвестуваат со учебникот.

Недоволен простор за реализација на целосна кабинетска настава.

Доопремување на училиштето со нагледни средства и материјали.

Недостаток на учебници, прирачници и стручна литература за наставниците.

20

Page 21: Извештај од самоевалуација 2015

Област: 1. Организација и реализација на наставата и учењето

Анализа на резултатите:

Врз основа на досегашните изнесени аргументи може да се забележи дека во училиштето, наставните планови и програми

по одделенија и наставни предмети се реализираа преку годишните и тематските планирања на наставниците, кои беа прилагодени според можностите и способностите на учениците. Наставниците применуваа современи форми, методи и техники на учење, методи на формативно и сумативно оценување и современи наставни средства и помагала (компјутери за секој ученик во секој кабинет, лаптоп за секој ученик од одделенска настава, LCD проектори, телевизори, CD и DVD плеери, MIMIO интерактивна табла, SMART електоронска табла и сл.) за успешна реализација на истите.

Училиштето имаше изготвено програми за работа со деца со посебни образовни потреби и истите се прилагодени според нивните можности и потреби.

Училиштето ги информираше родителите за наставните планови и програми преку родителски средби на почетокот на учебната година, на индивидуалните средби со родителите, преку советот на родители, преку изработка и делење на флаери, брошури, презентации и преку порталот на училиштето, а преку Совет на родители и Училишниот одбор ги зема во предвид мислењата на родителите во врска квалитетот и обемноста на наставните планови и програми.

Училиштето ги понуди сите изборни предмети според Законот за основно образование, наставните планови и програми по одделенија и наставните предмети, а на почетокот на учебната година преку анкетни листови, учениците сами (во согласност со родителите) ги избираа своите изборни предмети кои што ги изучуваа во текот на годината.

Училиштето овозможуваше поголем број на ученици да бидат вклучени во воннаставнна активност во зависност од нивните желби, интереси, потреби и можности. Во овие активности беа вклучени сите ученици според полот и етничката припадност. Наставниот кадар овие активности ги реализираше според однапред изготвена програма и тоа за дополнителната и додатната настава.

Приоритети:

Набавување на прирачници и стручна литература за наставниците.

Доопремување на училиштето со нагледни средства и материјали.

21

Page 22: Извештај од самоевалуација 2015

Област 2: Постигања на учениците

Индикатори за квалитет:

2.1. Постигања на учениците

2.2. Задржување/осипување на учениците

2.3. Повторување на учениците

2.4. Известување за напредокот на учениците

2.5. Следење на напредокот на учениците

2.6. Промовирање на постигањата на учениците

22

Page 23: Извештај од самоевалуација 2015

Област 2: Постигања на учениците 2.1. Постигања на учениците

Документи кои се прегледани Кои информации се собрани?

Дневник на паралелките Е-дневник Евидентни листови за успех и поведение Записници од Наставнички совет и Oдделенски совети Извештај за работа на училиштето Увид во педагошката евиденција и документација Полугодишен и годишен извештај Записник од Училишен одбор Записник од Совет на родители Работен дневник на педагошко-психолошката служба

Училиштето ги следеше постигањата на учениците според пол и етничка припадност, по сите наставни предмети и за сите квалификациони периоди во учебната 2013/2014 и 2014/2015 година.

Учениците од I - III одделение беа оценети описно, а додека пак учениците од IV до IX одделение беа оценети со бројчани оценки. Учениците беа уредно оценети и постигнаа позитивни солидни резултати.

Според анализата од средниот успех на учениците во последните две учебни години може да се види дека имаме приближно еднакви постигнувања: 2013/2014 - 4,31 и 2014/2015 - 4,26. Средниот успех од екстерното проверување на учениците е 4,15 во 2013/2014 и 3,97 во 2014/2015 година.

Постигнувањата на учениците од I - III одд. од различен пол по нивоа на описно оценување во изминатите две години се следните:

учебна година

Постигнувања на учениците од I - III оделение

високо ниво (%) средно ниво (%) ниско ниво (%)машки женски вкупно машки женски вкупно машки женски вкупно

2013/2014 38 41,3 79,3 12 6,8 18,8 0,9 1 1,9

2014/2015 39,6 35,9 75,5 12 10,9 22,9 1 0,6 1,6

Постигнувањата на учениците од IV до VIII односно IXодд. од различен пол во изминатите две години се следните:

учебна година

Постигнувања на учениците од IV - IX оделениеодлични (%) многу добри (%) добри (%) доволни (%) со слаби оценки

м ж вк. м ж вк. м ж вк. м ж вк. м ж вк.2013/14 25,4 30,0 55,4 12,3 10,3 22,6 11,3 7,9 19,2 1,3 1,5 2,8 / / /

2014/15 26,5 31,4 57,9 12,5 11,2 23,6 11,2 6,0 17,1 0,5 0,8 1,3 / / /

По полова припадност подобар успех постигнаа учениците од женската

23

Page 24: Извештај од самоевалуација 2015

популација со просек од 4,4 во учебната 2013/2014 односно 4,5 во учебната 2014/2015, за разлика од машката популација која има просек од 4,2 во учебната 2013/2014 односно 4,3 во учебната 2014/2015 година.

Постигнувањата на учениците од различна етничка припадност се следеа по класификациони периоди и може да се забележи дека не постојат големи разлики меѓу нив.

учебна година

Постигнувања на учениците од I - III оделение

високо ниво (%) средно ниво (%) ниско ниво (%)Мак Тур. Алб Бош Ром Мак Тур. Алб Бош Ром Мак Тур. Алб Бош Ром

2013/14 72,6 3,4 0,5 2,9 0 8,7 6,7 1 1,9 0,5 0,5 0 0,5 0,5 0,5

2014/15 69,8 2,6 0 3,1 0 15,1 4,2 0,5 2,6 0,5 0 0,5 0,5 0 0,5

учеб

на

год

ина

Постигнувања на учениците од IV - IX оделение

одлични (%) многу добри (%) добри (%) доволни (%)

Мак .

Тур.

Ал

б .

Бош

Ром

Мак .

Тур.

Ал

б .

Бош

Ром

Мак .

Тур.

Ал

б .

Бош

Ром

Мак .

Тур.

Ал

б .

Бош

Ром

2013

/20

14 50,8

1 0 3,6 016,4

2,1 0,3 3,8 010,8

2,8 2,1 3,6 0 0,8 0 0,8 1,3 020

14/

2015 54,

51,0 0 2,3 0

15,8

2,6 1,3 3,9 0 7,5 3,4 1,6 4,7 0 0,5 0,3 0,3 0,3 0

Изготвените анализи за напредокот на учениците се презентираа пред училишниот одбор, наставничкиот совет и советот на родители.

Следејќи ги постигањата на ученициите по класификациони периоди може да се забележи дека постигањата на учениците по одредени предмети осцилираат, а на крајот од учебната година се постигнуваат солидни резултати.

Идентификацијата на учениците со потешкотии во учењето, надарените ученици и учениците со посебни образовни потреби ја изведуваа раководителот на паралелката, предметните наставници и стручната служба.

Наставниците и стручната служба ги идентификуваа надарените ученици и го одредија видот на надареност спрема одредени подрачја. Изготвени беа тестови на знаења на ниво на паралелки со кои се утврдија способностите на учениците и се

24

Page 25: Извештај од самоевалуација 2015

изврши проценка на истите. Одделенските раководители и предметните наставници извршија распределба на надарените ученици според видот на надареност со цел истите да бидат вклучени во додатната настава и воннаставните активности според своите способности и талент.

Напредокот и постигнувањата на учениците кои имаат потешкотии во учењето се следеше преку настава која е индивидуализирана и прилагодена според нивните способности и можности. Постоеше континуирана соработка на наставниот кадар со стручната служба во училиштето. Бројот на учениците со ПОП е мал (2 ученици) и реализацијата на наставата со овие ученици секогаш беше индивидуализирана со посебен приод водејќи грижа за нивните способности и можности.

За подобрување на постигањата на учениците, наставниците применуваа различни активни форми и методи на работа, креативни техники, употреба на ИКТ во наставата. Со тоа часовите беа поинтересни, комуникацијата поголема, и се остваруваше поголема соработка со наставниците. Учениците беа вклучени, во зависност од своите способности во дополнителна или додатна настава, преку кои се усвојуваа нови знаења или се надоградуваа претходно стекнатите.

Дополнителната настава се организираше за ученици кои покажуваа слаби резултати во совладувањето на одделни наставни содржини по одредени наставни предмети. Особено истата се спроведуваше за учениците со слаби оценки или за оние кои отсуствуваа од настава по оправдани причини, на барање на ученикот или неговиот родител/старател.

Со додатната настава на учениците им се овозможи да ги прошират своите знаења од одредени области за кои покажуваа посебен интерес и високи резултати. Многу од овие ученици учевствуваа на разни конкурси и натпревари и освојуваа многубројни награди и признанија.

Се пратеа постигањата и прилагодувањето на учениците при преминот од еден во друг образовен циклус и истите се споредуваа според дадените податоци во статистичките извештаи. Постигањата на учениците од секој образовен циклус, по предмети, пол и етничка припадност се задржуваат на приближно ниво со незначителни разлики.

Училиштето не ги следеше постигањата на учениците при преминот од основно во средно образование. Во училиштето беше испратено известување од средните училишта во кои нашите ученици го продолжиле своето образование, но не и информации за нивните постигања во средното образование.

25

Page 26: Извештај од самоевалуација 2015

Област 2: Постигања на учениците 2.2. Задржување/осипување на учениците

Документи кои се прегледани Кои информации се собрани?

Списоци на деца од реонот на училиштето Полугодишен и годишен извештај Увид во педагошката евиденција и документација Работен дневник на педагошко-психолошката служба

Училиштето добива списоци со училишни обврзници од МВР пред да започне запишувањето на учениците во прво одделение и има изградена политика за опфат на сите ученици. Училиштето ги опфати учениците од својот реон, но и од други реони по искажаната желба на родителите и слободните места во училиштето. При уписот на учениците во прво одделение се настојуваше во однос на реонизацијата учениците да бидат максимално опфатени. За таа цел, се преземаа различни активности: Посети на семејства и разговор, презентација на училиштето пред родителите на децата од детската градинка „Димче Мирчев“ и беа организирани низа заеднички активности.

Училиштето систематски ја следеше редовноста на учениците, ги анализираше причините за отсуствата од наставата (оправдано/неоправдано) и навреме преземаше конкретни активности што обезбедуваа зголемување на редовноста. Редовноста на учениците има тренд на подобрување и видно е намален бројот на неоправданите изостаноци, 101 во 2013/2014 и 51 во 2014/2015. Просекот по ученик на оправдани изостаноци изнесува 15 во 2013/2014 и 19 во 2014/2015, а просекот по ученик на неоправдани изостаноци изнесува 0,2 во 2013/2014 и 0,1 во 2014/2015 и бележи опаѓање во однос на претходните учебни години.

Осипувањето на ученици е незначително и истото е најчесто поради промена на местото на живеење и заминување во странство. Во учебната 2013/2014 година бројот на испишани ученици е 11, новозапишани 9, а отстранети ученици нема. Во учебната 2014/2015 година бројот на испишани ученици е 10, новозапишани 1, а отстранети ученици нема.

При преминување на учениците од едно во друго училиште се запазуваше постапката за уредно водење педагошка евиденција и документација и навремено доставување на информации за ученикот. Истите се земаа во предвид при натамошна образовна работа со ученикот. Иста постапка се водеше и за новодојдените ученици.

26

Page 27: Извештај од самоевалуација 2015

Област 2: Постигања на учениците 2.3. Повторување на учениците

Документи кои се прегледани Кои информации се собрани?

Дневник на паралелките Е-дневник Годишен извештај

Во учебните 2013/14 и 2014/15 немаше ученици што не ја завршуваат учебната година. Сето тоа е резултат на солидните знаења, умеења и навики кои учениците ги стекнуваа во текот на учебната година благодарение на посветеноста на наставниот кадар.

27

Page 28: Извештај од самоевалуација 2015

Област 2: Постигања на учениците 2.4. Известување за напредокот на учениците

Документи кои се прегледани Кои информации се собрани?

Записници од Наставнички совет Записници од Совет на родители Записници од Училишен одбор Е-дневник Евидетни листи за оценување

Известувањето на родителите за напредокот на секој ученик се вршеше на редовни родителски средби, 4 пати во текот на учебната година и тоа за секој квалификационен период преку евидентни листи.

Вонредни родителски средби се одржуваа по потреба.За успехот и напредокот на учениците, родителите се известуваа и на

индивидуални средби со наставниците во термините определени за приемен час на наставникот. Индивидуалните средби се одржуваа по иницијатива на наставникот, педагогот, психологот, директорот или по иницијатива на самиот родител.

Секој последен четврток во месецот од 17-18h. беше приемен ден за родителите на кој се запознаваа со општиот успех на учениците, редовноста, дисциплината, однесувањето на учениците и добиваа информации во врска со тековни прашања.

Известувањето за напредoкот на учениците по класификациони периоди и постигнатите врвни резултати се вршеше јавно, преку разгласната станица во училиштето, особено за време на редовните родителски средби.

Успехот и напредувањето на учениците се следеше и електронски преку Е-дневникот, кој беше достапен за секој родител.

28

Page 29: Извештај од самоевалуација 2015

Област 2: Постигања на учениците 2.5. Следење на напредокот на учениците

Документи кои се прегледани Кои информации се собрани?

Работен дневник на наставник Работен дневник на педагошко -психолошка служба Е-дневник Извештаи по класификациони периоди Педагошка евиденција и докуметација

Наставниците водеа евиденција за постигнатиот успех на учениците и нивниот напредок во работниот дневник и е-дневникот за задолжителната и изборната настава, како и за напредокот во додатната и дополнителната настава. Редовно се водеше евиденција за присутноста и поведението на учениците во дневниците и извештаите по класификациони периоди.

Одделенските и предметните наставници уредно водеа ученичко портфолио за секој ученик.

Целокупната евиденција беше достапна за сите наставници, родители и ученици. Директорот и педагошко - психолошката служба редовно изготвуваа анализи за постигнатиот успех на учениците. Истите се разгледуваа на Наставнички совет, како и на Совет на родители и Училишен одбор. Притоа се предлагаа мерки за подобрување.

29

Page 30: Извештај од самоевалуација 2015

Област 2: Постигања на учениците 2.6. Промовирање на постигањата на учениците

Документи кои се прегледани Кои информации се собрани?

Полугодишни и годишни извештаи Педагошка евиденција и документација Дипломи Пофалници Награди Електронски медиуми

Постигањата на учениците се евидентираа во полугодишните и годишните извештаи на училиштето. За сите солидно постигнати резултати учениците беа јавно пофалени и добиваа посебна награда и пофалница од страна на училиштето.

Постигнатите резултати се истакнуваа секој понеделник на одделенскиот час преку разгласната станица во училишната програма, на родителските средби и пошироко преку медиумите.

На крајот од секоја учебна година се избира првенец на генерацијата и најдобра одделенска заедница.

Сите високи резултати и пласмани училиштето редовно беа пласирани и промовирани преку јавните гласила, локалните медиуми, МТВ, на родителските средби и веб страната на училиштето. Со тоа им се даваше огромна поддршка на учениците и наставниците за нивно идно ангажирање и постигнување на уште посолидни резултати и успеси.

30

Page 31: Извештај од самоевалуација 2015

Област 2: Постигања на учениците

Клучни јаки страни

Целосно следење на постигањата на учениците според пол и етничка припадност.

Нема ученици што ја повторуваат годината.

Редовност на учениците во наставата.

Нема осипување на учениците.

Освојување на многубројни награди.

Редовно известување на родителите за напредокот на учениците.

Јавно и транспарентно промовирање на постигањата на учениците.

Слабости

Воспоставување на систем за следење на напредокот на учениците при премин од еден во друг циклус.

Изработување на годишен училишен билтен на постигањата на учениците.

31

Page 32: Извештај од самоевалуација 2015

Област 2: Постигања на учениците

Анализа на резултатите:

Во училиштето се следеа постигањата на учениците според пол и етничка припадност по сите наставни предмети и по сите класификациони периоди. Изготвените анализи за напредокот на учениците се презентираа пред училишниот одбор, наставничкиот совет и советот на родители. Од изготвените анализи се согледува дека има блага осилација во постигнувањата на знаењата за на крајот на учебната година да се постигнат солидни резултати.

Во училиштето постоеше пропишана процедура за идентификација на учениците со потешкотии во учењето, ученици кои се надарени во одредени области и ученици со посебни образовни потреби. Редовно се водеше грижа за подобрување на успехот на учениците преку одржување на додатна и дополнителна настава. Се следеа постигањата на учениците при преминот од еден во друг образовен циклус и истите се споредуваа според дадените податоци во статистичките извештаи. Постигањата на учениците од секој образовен циклус по предмети, пол и етничка припадност се задржуваа на приближно ниво со незначителни разлики.

Во училиштето беа опфатени ученици од реонот, но и ученици кои не се запишани во училиштето по желба на родителот. Редовноста во училиштето беше на завидно ниво и немаше ученици кои ја повторуваат годината.

За постигањата на учениците редовно се одржуваа родителски, групни и индивидуални средби, а истите информации родителите можеа да ги следат и од Е-дневникот. Наставниците редовно водеа евиденција за индивидуалниот напредок на учениците и ученички портфолија. Сите постигања на учениците се промовираа преку јавните гласила и медиумите.

Приоритети:

Воспоставување на систем за следење на напредокот на учениците при премин од еден во друг циклус.

Изработување на годишен училишен билтен на постигањата на учениците.

32

Page 33: Извештај од самоевалуација 2015

Област 3: Професионален развој на настaвниците, стручните соработници и раководниот кадар

Индикатори за квалитет:

3.1. Обезбедување на потребниот наставен кадар

3.2. Следење на развојните потреби на наставниот кадар

33

Page 34: Извештај од самоевалуација 2015

Област 3: Професионален развој на настaвниците, 3.1. Обезбедување на потребниот наставен кадар стручните соработници и раководниот кадар

Документи кои се прегледани Кои информации се собрани ?

Закон за основно образование Развоен план и Годишна програма за работа на училиштето Записници од стручни активи Досие на вработени Решенија за користење на годишен одмор

Воспитно образовната дејност во училиштето ја остварува соодветен воспитно образовен кадар кој според структурата и степенот на образование се во согласност со Законот за основно образование и нормативите за работа. Тие со својата стручна оспособеност, искуство, примена на современи методи, стратегии и техники на работа во наставата, придонесуваат за поголема успешност во остварувањето на дејноста.

Бројната состојба на воспитно образовен кадар изнесува 42 (38 жени и 4 мажи). Наставници кои доаѓаат од други училишта и дополнуваат часеви се 3 (жени).

Според видот на работниот однос 36 наставници се вработени на неопределено време и 8 наставници се на определено време. Според степенот на стручната подготовка 35 (80%) наставници се со ВСС и 9 (20%) наставници се со ВШС. Вработени во одделенска настава се 20 наставници, од кои 16 во централното училиште, 2 во подрачното училиште во с.Црквино и 2 наставници по англиски јазик. Во предметна настава, настава реализираат 25 наставници.

Според етничката припадност од вкупно 58 вработени во училиштето (директор, педагог, психолог, библиотекар, наставници и технички персонал), 56 се Македонци и 2 Бошњаци. Раководниот кадар е преставен од директор кој во оваа учебна година го завршува првиот мандат.

Во училиштето има стручна служба која им помага на наставниците во организирање на наставата, следењето на напредокот на учениците, справување со проблеми на индивидуално и групно ниво и давање соодветна помош на учениците. Стручните соработници им пружаат помош на наставниците во планирањето и организацијата на наставата, како и при следењето на постигањата на учениците.

Исто така наставниците и стручните соработници во училиштето го следат напредокот и постигањата и на учениците со посебни образовни потреби. Покрај тоа за подобро да се следи правилниот развој на овие ученици, да се даде соодветна стручна помош, училиштето има потреба од дефектолог.

Наставниците успешно работат како тим во рамките на стручните активи. Во училиштето функционираат 4 стручни активи кои редовно одржуваат средби и состаноци преку кои се разменуваат знаења и искуства со цел унапредување на

34

Page 35: Извештај од самоевалуација 2015

воспитно образовниот процес. Во случаи на пократко или подолго отсуство на наставник или повеќе наставници, училиштето врши соодветна замена.

Во училиштето се води евиденција за присутноста на наставниот кадар од страна на директорот и стручните служби.

35

Page 36: Извештај од самоевалуација 2015

Област 3: Професионален развој на настaвниците, 3.2. Следење на развојните потреби на наставниот кадар стручните соработници и раководниот кадар

Документи кои се прегледани Кои информации се собрани?

Професионално досие Наставничко портфолио Анкети за наставници

Училиштето имаше изработено стратегии и програма за професионален развој на наставниот кадар и предвиде поддршка за професионален развој на секој наставник со тоа што овозможи учество на семинари, работилници, обуки и слично. Тимот за професионален развој се состануваше и ги разгледуваше потребите за професионален развој, можностите на вработените за усовршување, потребите и можностите за сертификација. Училиштето беше вклучено скоро во сите проекти кои се однесуваа на стручното усовршување на наставниот кадар,

Директорот, педагошко – психолошката служба и наставниците редовно ги следеа сите едукации организирани од БРО, Министерството за образование и наука и други акредитирани организации. По завршувањето на обуката или семинарот секогаш се вршеше десиминација на знаењата на останатиот наставен кадар. Училиштето по потреба извршуваше и интерни обуки по барање на наставниците за усовршување по одредена област односно тема.

Големиот број на стекнати сертификати од разни образовни институции што ги добија наставниците, стручната служба и директорот доволно зборува за нивниот професионален развој.

Според анализите добиени од анкетата што ја спроведе стручната служба може да се заклучи дека сите наставници сакаа стручно да се усовршуваат и да посетуваат семинари и обуки по одредени области и теми.

Професионалниот развој се однесуваше на сегашните и идни потреби на индивидуално и организациско ниво, што водеше кон договорни начини на делување со цел поддршка и развој.

Во училиштето се водеше професионално досие за секој наставник и стручен соработник.

36

Page 37: Извештај од самоевалуација 2015

Област 3: Професионален развој на настaвниците, стручните соработници и раководниот кадар

Клучни јаки страни

Навремено обезбедување на соодветен наставен кадар.

Целокупниот наставен кадар е во согласност со нормативите за работа и Законот за основно образование.

Целосна подршка на наставниот кадар од страна на директорот и стручната служба во училиштето.

Навремена и редовна дисеминација на наставниот кадар.

Слабости

Вработување на дефктолог во училиштето.

Организирање на обуки потребни за следење на новитетите во наставата.

Обука на наставниот кадар за давање на прва помош.

37

Page 38: Извештај од самоевалуација 2015

Област 3: Професионален развој на настaвниците, стручните соработници и раководниот кадар

Анализа на резултатите:

Наставниот кадар во потполност ги задоволуваше критериумите за изведување на настава што е во согласност со Законот за основно образование. Неговата стручна подготовка ни овозможи успешна реализација на наставата со примена на современа технологија. Според степенот на стручната подготвеност најголем број (80%) од наставниците се со ВСС. Според полот најголем број од вработените се жени (93%), а според етниката припадност 56 се Македонци, а двајца се Бошњаци.

Директорот и стручната служба им даваа целосна подршка на наставниците, го следеа напредокот на учениците и им даваа конкретна и соодветна помош на учениците. За успешно и правилно да се следи развојот на учениците со посебни образовни потреби во училиштето недостасува дефектолог.

Во училиштето успешно работеа четири стручни активи. Преку нивното делување наставниците имаа можност со тимска работа да разменуваат знаења и искуства.

Редовно се водеше евиденција за отсуството на вработените и се вршеше навремена соодветна замена.Професионалниот развој на наставниот кадар е важен сегмент во остварувањето на квалитетна настава. Затоа континуирано

се посетуваа семинари и обуки по зададени теми и се вршеше нивна дисеминација. Анализите од спроведените истражувања ни покажаа дека наставниците сакаат континуиран професионален развој. Податоците во професионалното досие на наставниците и стручните работници кое уредно се водеше е доказ за нивниот напредок и развој.

Приоритети:

Вработување на дефктолог во училиштето.

Организирање на обуки потребни за следење на новитетите во наставата.

38

Page 39: Извештај од самоевалуација 2015

Област 4: Управување и раководење

Индикатори за квалитет:

4.1. Управување и раководење со училиштето

39

Page 40: Извештај од самоевалуација 2015

Област 4: Управување и раководење 4.1. Управување и раководење со училиштето

Документи кои се прегледани Кои информации се собрани?

Закон за основно образование Статут на учулиштето Куќен ред Годишна програма за работа на училиштето Кодекс на однесување на вработените и учениците Записници од Наставнички совет Записници од состаноци на Училишен одбор Записници од состаноци на Совет на родители Записници од стручни активи

Според барањата на законот за Основно образование и статутот за работа на училиштето, беше конституиран училишен одбор на ООУ „Св.Кирил и Методиј“. Училишниот одбор како орган на управување континуирано ги извршуваше своите обврски и истиот е составен од 9 члена: 3 претставници од вработените наставници во училиштето, 3 претставници од советот на родители, 2 претставници од локалната самоуправа и 1 претставник од МОН. Од вкупно 9 члена 6 се жени, а 3 се мажи.

Надлежностите за управување беа јасно определени во деловникот за работа на училишниот одбор. Состаноците се одржуваа со мнозинство на членови и досега нема случај на неодржан состанок поради немање кворум за работа. Членовите на училишниот одбор за одржување на состаноците се известуваа најмалку 2 дена пред одржувањето на состанокот преку доставување на писмени покани и информирање на членовите преку електронска пошта. Училишниот одбор им обезбедуваше редовни, сеопфатни информации за својата работа на сите субјекти кои се вклучени во воспитно образовниот процес. Училишниот одбор изгради партнерски однос со раководниот орган во училиштето како и со другите образовни структури во истото.

Директорот како раководен орган ги спроведуваше законите и реализираше правилно финансиско работење во училиштето. Директорот своите одлуки ги усогласуваше со дадени мислења на училишниот одбор како и со мислењата од советот на родители. Преку своето професионално однесување директорот навремено и успешно делуваше во реализацијата на воспитно образовниот процес, современата настава, како и следењето и спроведувањето на нови трендови во образованието. Редовно ги координираше и реализираше активностите за перманентно еколошко образование.

Директорот успешно раководеше со училиштето, иницираше и донесуваше одговорни одлуки во полза на современиот образовен систем. Целосно беше посветен на јасно поставени приоритети во развојниот план преку ефективна и конкретна самоевалуција, а како цел на своето работење им даваше приоритет на постигнувањата на учениците и подобрувањето на наставниот процес во училиштето. Своето работење успешно го спроведуваше преку тимска работа, преку вклучување на вработените во процесот на обезбедување на квалитетно образование во

40

Page 41: Извештај од самоевалуација 2015

училиштето. Директорот во сите планирани активности редовно ги вклучуваше учениците и вработените во подрачното училиште во с.Црквино.

За следење на правилниот развој на учениците во воспитно образовниот процес потребно е во училиштето да се вработи дефектолог.

Во согласност со законот за основно образование се планираше целокупната училишна политика.

Во носењето на сите акти и правилници редовно учествуваа претседателите на стручните активи. Спроведените активности и донесените одлуки ги пренесуваа на одржаните состаноци на сите наставници. Од состаноците произлегуваа иницијативи, предлози и заклучоци кои се рефлектираа во останатите сегменти од раководењето. Претседателите на стручните активи врз основа на мислењето на наставниците предлагаа до наставничкиот совет членови кои сметаа дека можат да бидат дел од училишниот одбор.

Учесници во раководењето на училиштето беа сите одделенски раководители на паралелки и класни раководители.

41

Page 42: Извештај од самоевалуација 2015

Област 4: Управување и раководење

Клучни јаки страни

Добро менаџирање на директорот на училиштето.

Добро функционирање на органите на управување и раководење во училиштето.

Добро функционирање на стручните тела во училиштето.

Добра тимска работа.

Добро развојно планирање и реализација на истото.

Навремено донесување на годишната програма и нејзина реализација.

Слабости

Поголема меѓусебна соработка на претседателите на стручните активи во училиштето.

Формирање на тимови за подршка и помош на наставници - почетници и нивно упатување во понатамошната работа.

42

Page 43: Извештај од самоевалуација 2015

Област 4: Управување и раководење

Анализа на резултатите:

Успехот во раководењето на нашето училиште се базираше на почитување и доследно следење на Законот за основно образование како и на статутот и деловникот за работа на училиштето.

Училишниот орган како орган на управување редовно и одговорно ги извршуваше своите обврски почитувајќи ги законските норми и водејќи се од надлежности на управување кои се јасно определени во деловникот за работа и почитувањето на кворумот при одржувањето на состаноците.

Директорот своите одлуки во континуитет ги усогласуваше со дадените мислења на Училишниот одбор како и со мислењата на членовите на Советот на родители. Приоритет на раководниот орган беше успешното делување во реализацијата на воспитно образовниот процес во училиштето како и почитувања на ЕКО стандардите за здрав живот.

Успешното работење во училиштето се засноваше на почитувањето на куќниот ред и кодексот на однесување за сите присутни во училиштето.

За подобрување на квалитетот на наставата и постигнувањето на се подобри резултати во процесот на учење, во училиштето постоеше транспарентно истакнување на целите на училишната политика со јасни и недвосмислени идеи.

Наставниците, учениците и родителите беа активни учесници во креирањето на целите, начелата и вредностите во училиштата.

Приоритети:

Формирање на тимови за подршка и помош на наставници – почетници.

43

Page 44: Извештај од самоевалуација 2015

Област 5: Комуникации и односи со јавноста

Индикатори за квалитет:

5.1. Комуникации на ниво на училиште

5.2. Комуникации на ниво на училница

5.3. Комуникација со окружувањето на училиштето

44

Page 45: Извештај од самоевалуација 2015

Област 5: Комуникации и односи со јавноста 5.1. Комуникации на ниво на училиште

Документи кои се прегледани Кои информации се собрани?

Годишна програма за работа на училиштето Полугодишен и годишен извештај на училиштето Записници од Совет на родители Анкети Работен дневник на педагог и психолог

Училиштето одржуваше редовна комуникација со сите субјекти и институции во и надвор од училиштето со цел за унапредување на воспитно-образовниот процес.

Врз основа на спроведената анкета помеѓу вработените можеме да дојдеме до заклучок дека во училиштето постоела комуникација на високо ниво помеѓу директорот и вработените. Вработените 100 % потполно се согласуваат дека редовно биле информирани за преземените активности од страна на директорот. Исто така вработените се согласуваат дека имале можност да учествуваат во процесот на донесување на одлуки и истите имале можност да се вклучат во активностите за одредување и реализација на училишните приоритети.

Работната атмосфера и добрата соработка помеѓу стручната служба и наставниците овозможувала позитивна клима во училиштето. Повеќе од 98% од наставниците се согласуваат дека стручните соработници давале целосна поддршка на наставниот кадар при изработка на годишно, тематско-процесно планирање и оперативен план за час. Стручните соработници редовно, односно најмалку два пати во годината вршеле посета на наставен час кај секој наставник. Од страна на стручните соработници се вршела редовна дисеминација на обуки за сите воведени новини и измени во воспитно образовниот процес. При реализација на редовната, дополнителната и додатната настава и воннаставните активности, секој наставник добивал поддршка од страна на стручниот соработник. Тој помагал во идентификување на деца со ПОП, емоционални и други потешкотии и давал поддршка при решавање на конфликтни ситуации.

Во училиштето владеела позитивна клима за работа. Се чувствувала добра работна атмосфера која била заснована на взаемна доверба и меѓусебно почитување. Соработката помеѓу наставниците од иста или различна група на предмети била на високо ниво. Повеќе од 97% од наставниците се согласуваат дека имале меѓусебна соработка и дека разменувале искустава и идеи на ниво на стручни активи. Помеѓу наставниците постоела соработка при реализација на отворени часови. Исто така се вршела редовна дисеминација по спроведени обуки/семинари на ниво на училиште. Наставниците од нашето училиште остваруваа редовна соработка со наставници од други училишта како од нашата така и од други општини во

45

Page 46: Извештај од самоевалуација 2015

Република Македонија или со училишта од други држави. Оваа соработка се остваруваше најчесто при учество на разни литературни и ликовни конкурси, натпревари, следење на разни приредби и манифестации подготвени од страна на учениците и слично. Во колективот постоеше заедничка визија за насоките на развој на училиштето и за начините како тоа треба да се реализира.

Во училиштето се одвиваше добра комуникација на наставникот и стручниот соработник со административно-техничкиот персонал. Вработените навремено беа информирани за сите законски измени кои се од нивни интерес. Тие имаа достапност до сите информации за непречено реализирање на своите работни обврски. Повеќе од 95% од наставниците се изјасниле дека се вршело континуирано одржување/сервисирање на ИКТ опремата и наставните средства и помагала. Во училиштето континуирано се водело грижа за степенот на хигиената.

Состаноците на наставничкиот совет, одделенските совети и советот на паралелката и стручните активи се одржуваа согласно предвидената динамика во Годишната програма за работа на училиштето. Планираните состаноци на Наставничкиот совет се одржуваа редовно и при тоа се даваа конструктивни предлози за подобрување на севкупното работење на училиштето. На состаноците на советот на паралелката се вршеше редовна анализа на постигањата, редовноста и дисциплината на учениците поединечно, на ниво на паралелка и на ниво на училиште. На состаноците на стручните активи кои се одржуваа континуирано во текот на целата година се преземаа активности за подобрување на квалитетот на наставата и критериумите за оценување. Се даваа предлози за подобрување на оперативните планови за час и примена на нови наставни методи, техники и форми на учење и се даваа предлози за меѓупредметна интеграција. Во рамките на работата на стручните активи се вршеше и распределба на наставните часови по наставници.

46

Page 47: Извештај од самоевалуација 2015

Област 5: Комуникации и односи со јавноста 5.2 Комуникации на ниво на училница

Документи кои се прегледани Кои информации се собрани?

Годишна програма за работа на училиштето Полугодишен и годишен извештај на училиштето Записници од Совет на родители Анкети Работен дневник на педагог и психолог

Односот наставник ученик се заснова на почитување на личноста на ученикот, комуникација и координација со учениците и почитување на нивните индивидуални развојни карактеристики. Учениците потполно се согласуваат дека постоела соработка помеѓу наставниците и учениците. Наставниците имаа воспоставено добра комуникација со учениците, еднаков приод кон сите, взаемна почит и поддршка. Наставниците водат севкупна грижа за сите ученици подеднакво без разлика на нивната социјална и материјална положба, полова и етничка припадност. Повеќе од 98% од учениците се согласуваат дека за време на часовите наставниците преземале активности за обезбедување на пријатна атмосфера за работа. Сите наставници давале редовна усна и писмена повратна информација за напредокот и постигањата на учениците. Во училиштето постоела можност за помош и поддршка на ученици со ПОП, емоционални, социјални и здравствени потешкотии.

Што се однесува до комуникацијата помеѓу учениците можеме да кажеме дека треба да се подобри меѓусебната соработка за помош и поддршка при совладување на одредени наставни содржини. Исто така да се подобри комуникацијата со учениците со емоционални потешкотии кои имаат проблеми да воспостават комуникација со останатите ученици и со околината воопшто со организирање на разни трибини или работилници од страна на наставникот и стручниот соработник.

Учениците потполно се согласуваат дека се доволно информирани за дејноста што ја извршува стручниот соработник во училиштето. Учениците имаа слобода да побараат целосна помош и поддршка од страна на стручниот соработник доколку се соочат со било каков проблем или потешкотии во и надвор од училиштето. Стручниот соработник давал поддршка на учениците при професионалната ориентација и одредување на идното занимање. Стручниот соработник се грижел за подобрување на успехот, редовноста и дисциплината на учениците при што редовно организирал советувања.

47

Page 48: Извештај од самоевалуација 2015

Област 5: Комуникации и односи со јавноста 5.3 Комуникација со окружувањето на училиштето

Документи кои се прегледани Кои информации се собрани?

Годишна програма за работа на училиштето Полугодишен и годишен извештај на училиштето Записници од Совет на родители Анкетни листови Работен дневник на педагог и психолог

Училиштето остваруваше редовна и континуирана комуникација со родителите на учениците. Тие беа редовно информирани за успехот и поведението на учениците на родителските средби кои се одржуваа во текот на годината, преку индивидуални средби и Е-дневникот. Средбите со родителите беа добро организирани и на нив јасно се пренесуваа информациите. Родителите добиваа и пишани документи: евидентни листови, свидетелства, дипломи и информации за напредокот на нивното дете во воспитно- образовниот процес. Училиштето имаше предвидено и отворен ден за родителите (секој последен четврток во месецот).

Средби со родителите на децата кои постигнуваат слаби резултати, одржуваше и стручната служба и притоа вршише советодавна работа, упатувајќи ги родителите на постапки кон решавање на проблемот. Родителите не беа доволно вклучени во организација на предавања, трибини и работилници кои обработуваа актуелни теми. Родителите учествуваа при реализација на проекти.

Комуникацијата на училиштето со институциите од централно ниво МОН, БРО, ДПИ, ДИЦ се одвиваше редовно и континуирано. При оваа комуникација вработените во училиштето добиваа информации кои се од голема важност за целокупниот воспитно-образовен процес.

Комуникацијата на училиштето со институциите од Локалната самоуправа - Градоначалник, Општински совет и јавни установи беше на високо ниво. Училиштето и вработените во него добиваа поддршка од Градоначалникот и Советот на Општината за подобрување на начинот на работа и условите за работа во училиштето. Училиштето остваруваше соработка со Локалната самоуправа преку аплицирање за разни проекти кои беа значајни за подобрување на условите за работа во училиштето. Училиштето остваруваше соработка со јавни установи како градинки, здравствени установи, библиотеки, музеи и друго во области од нивен домен.

Училиштето беше во редовна комуникација со други образовни институции во Република Македонија и надвор од неа. Училиштето немаше потпишано меморандум за соработка и збратимување со други училишта од државава.

Училиштето при реализација на одредени проекти, акции и слично остваруваше соработка со граѓански здруженија и донатори.

48

Page 49: Извештај од самоевалуација 2015

Област 5: Комуникации и односи со јавноста

Клучни јаки страни

Добро воспоставена комуникација помеѓу наставник - наставник, наставник - ученик, наставник - родител, наставник - директор и сите чинители на воспитно образовната дејност.

Редовна и континуирана соработка со окружувањето на училиштето и локалната заедница.

Училиштето има партнерски однос со сите чинители на локално, регионално и национално ниво.

Со резултатите од свoјата работа училиштето има висок рејтинг и влијание врз јавното мислење.

Слабости

Зајакнување на комуникацијата на ниво на училница.

Поголема медиумска покриеност.

Организирање на работилница за ученици со емоционални потешкотии.

49

Page 50: Извештај од самоевалуација 2015

Област 5: Комуникации и односи со јавноста

Анализа на резултатите:

Со помош на аргументите кои беа досега изнесени и врз основа на спроведените анкети можеме да дојдеме до заклучок дека комуникацијата во училиштето се одвивала на високо ниво. Повеќе од 99% од вработените во училиштето се согласиле дека комуникацијата помеѓу директорот, стручната служба, наставниците и техничкиот персонал се одвивала редовно и непречено. Работната атмосфера и добрата соработка помеѓу вработените во училиштето овозможиле позитивна клима за работа. Вработените биле навремено информирани за сите резултати, новини и законски измени од страна на директорот.

Според направената анализа на спроведените анкети можеме да заклучиме дека комуникацијата на ниво на училница се одвивала редовно и непречено. Наставниците имале воспоставено добра комуникација со учениците исто така и учениците помеѓу себе комуницирале на високо ниво. Што се однесува на учениците со емоционални потешкотии треба да им се овозможи определена помош да воспостават комуникација со останатите ученици и со околината воопшто.

Училиштето воспоставувала редовна и континуирана комуникација со родителите на учениците. Тие биле редовно информирани за успехот и поведението на учениците како и за целокупната работа на училиштето. Комуникацијата на училиштето со институциите од локална самоуправа: Градоначалник ,Општински совет и јавни установи била на високо ниво.

Приоритети:

Организирање на работилници за ученици со емоцинонални потешкотии.

Поголема медиумска покриеност.

50

Page 51: Извештај од самоевалуација 2015

Област 6: Училишна клима и култура

Индикатори за квалитет

6.1. Севкупна грижа за учениците

6.2. Здравје на учениците и сите вработени

6.3. Соодветна помош за понатамошно образование за учениците

6.4. Училишна клима и односи во училиштето

6.5. Промовирање на постигањатa на учениците

6.6. Еднаквост и правичност

6.7. Финансиско работење на училиштето

6.8. Цели и креирање на училишната политика

6.9. Развојно планирање во училиштето

51

Page 52: Извештај од самоевалуација 2015

Област 6: Училишна клима и култура 6.1. Севкупна грижа за учениците

Документи кои се прегледани Кои информации се собрани?

Анкетни листови План за евакуација Работен дневник Записници Правилник Предавања од стручни лица

Училиштето има изработен план за движење при евакуација. Се имплементира програмата „Безбедни училишта - хармонична средина“. За учениците од I одделение изминатите учебни години беше организирана едукација за безбедност во сообраќајот од страна на службено лице при СВР Велес, а за сите вработени и сите ученици се спроведе вежба за начинот за постапување при елементарни непогоди, пожари и слично од страна на противпожарната служба.

Училиштето располага со опрема за прва помош и заштита, ПП апарати, хидранти и громобранска инсталација. Училиштето треба да изготви правилник или процедура за заштита од физички повреди на учениците и вработените. Во однос на безбедноста на учениците од спроведената анкета помеѓу родителите 90% се изјасниле дека училиштето секогаш обезбедувало заштита и безбедност на учениците.

Во училиштето редовно се водела грижа за развојот на учениците и нивно формирање во здрави, позитивни личности. Ова можеме да го потврдиме од спроведената анкета во која 100% од учениците се изјасниле дека во училиштето секогаш се водела грижа за одржување и уредување на училишниот простор. Родителите и наставниците се согласуваат со истата констатација.

На одделенските часови, а и од страна на педагошко - психолошката служба се реализираа работилници, на кои учениците следеа предавања за превенции од областа на насилството, болести на зависност (алкохол, дрога и пушење), асоцијално однесување и сл.

Во училиштето се организираше исхрана на учениците. За квалитетот на исхраната и изборот се грижеше посебна комисија. Исхраната се вршеше во училишната трпезарија.

Во соработка со Центарот за јавно здравје од страна на стручни лица се организираше предавање за родителите и учениците, како и два саеми на здрава храна на кој учениците, родителите и наставниците земаа активно учество на штандовите со богата здрава храна.

Во соработка со општинската организација на Црвен крст Велес, а и во рамките на програмата на ПЦК на училиштето редовно се спроведуваа хуманитарни

52

Page 53: Извештај од самоевалуација 2015

активности.

Област 6: Училишна клима и култура 6.2. Здравје на учениците и сите вработени

Документи кои се прегледани Кои информации се собрани?

Анкетни листови Работен дневник Записници од систематски прегледи Предавања Работен дневник на педагошко-психолошка служба

Хигиената во училиштето се одржуваше редовно од страна на учениците, наставниците, родителите и останатите вработени во училиштето. Од анкетниот лист константиравме дека 96,7% од учениците сметаат дека секогаш се водеше грижа за хигиената, 92,7% од родителите се согласуваат со оваа констатацијаа и 95% од наставниците велат дека секогаш редовно се одржуваше хигиената во училиштето.

На почетокот на учебната година се вршеше дезинфекција и дератизација на училишните простории. Наставниците и другите вработени редовно се грижеа учениците да ја одржуваат личната хигиена.

Грижата за здравјето на учениците во изминатиот период се реализираше преку активности во соработка со Медицински центар Велес, Центар за јавно здравје и пошироката заедница. Тие активности се однесуваа на хигиената на училиштето, систематските прегледи, вакцини и ревакцини на учениците, едукација за здрава храна како и реализирани предавања за заштита на устата и забите.

Во соработка со Медицински центар – Велес беа извршени сите тековни систематски прегледи.

Во Годишната програма за работа на училиштето беа планирани содржини за ранлива група на ученици прилагодени на возраста, интелектуалниот и емоционалниот статус на учениците.

Грижата и идентификацијата на учениците со емоционални потешкотии се вршеше преку евидентни листи од страна на педагошко-психолошката служба и советодавен разговор со учениците и нивните родители. Со Центарот за социјални грижи и Центарот за ментално здравје се остваруваше континуирана соработка според потребите во училиштето.

53

Page 54: Извештај од самоевалуација 2015

Област 6: Училишна клима и култура 6.3. Соодветна помош за понатамошно образование за учениците

Документи кои се прегледани Кои информации се собрани?

Програмата за професионално ориентирање и информирање Предавања - работилници Работен дневник на педагошко -психолошка служба Флаери Анкетни листови Презентации од средни училишта

Во согласност со Програмата за професионално ориентирање и информирање на учениците се реализираа следните активности: предавања и работилници за учениците и за родителите од страна на одделенските раководители и педагошко-психолошката служба.

Во изборот на нивното понатамошно образование училиштето ги информираше учениците за сите средни училишта во градот и пошироко, условите за упис во истите и вршеше презентација на нивните програми.

Се спроведуваа анкети за испитување на желбите и интересите на учениците и се вршеа индивидуални средби со педагошко-психолошката служба и наставниците.

Од спроведените анкети за учениците 98% сметаат дека наставниците секогаш се труделе учениците да постигнат добри резултати кои ќе влијаат врз нивното понатамошно образование.

Можеме да заклучиме дека во училиштето постоел добро воспоставен систем на информирање на учениците за професионална ориентација.

54

Page 55: Извештај од самоевалуација 2015

Област 6: Училишна клима и култура 6.4. Училишна клима и односи во училиштето

Документи кои се прегледани Кои информации се собрани?

Куќен ред Кодекс на однесување Еко кодекс Анкетни листови Правилник за педагошки мерки Извештаи Книга за дежурства

Училишната клима и односите во училиштето се темелат врз основа на Куќниот ред, Кодексот на однесување и Еко кодексот. Истите доследно ги почитуваа сите чинители во воспитно-образовниот процес.

Ученичките заедници партиципираа во донесувањето на одлуки и решавање проблеми во текот на наставниот процес. Од спроведените анкети дојдовме до сознание дека училишната клима и односите во училиштето биле на високо ниво. Учениците 88% се изјасниле дека секогаш постоело взаемно почитување помеѓу учениците од различен пол, додека пак 91% од учениците сметаат дека секогаш постоело заемно почитување меѓу учениците од различна етничка припадност.

Во училиштето владеела позитивна клима како резултат на континуираната соработка помеѓу наставниците, наставниците и учениците, родителите со наставниците и раководниот кадар и била воспоставена добра работна атмосфера.

Поведението и дисциплината во училиштето биле на високо ниво. Одделенските и класните раководители го применувале Правилникот за изрекување педагошки мерки и истите ги изрекувале навремено и постапно.

Пред почетокот на учебната година се изготвиле распореди за дежурства на наставниците и учениците. Дежурствата редовно се спроведуваа и почитуваа од страна на сите ученици и вработени, па затоа училиштето беше безбедна и пријатна средина за работа.

Преку работата на ученичката заедница учениците учествуваа во решавањето на проблемите и донесувањето на одлуки.

55

Page 56: Извештај од самоевалуација 2015

Област 6: Училишна клима и култура 6.5. Промовирање на постигањата на учениците

Документи кои се прегледани Кои информации се собрани?

Полугодишни и годишни извештаи Дипломи Признанија Пофалници Евидентни листи Флаери

Показателите ни покажуваат дека се посветувало големо внимание на успехот и поведението на сите ученици, независно од полот и етничката припадност. Постигањата на учениците се евидентираа после секој класифакационен период во евидентни листи преку кои родителите се информираа за напредокот на нивното дете. Постигнатиот успех се разгледуваше и промовираше преку полугодишните, годишните извештаи, Наставнички совет, Совет на родители, Училишен одбор и на родителските средби.

Учениците земаа учество на разни конкурси и натпревари на општинско, државно и меѓународно ниво и притоа освојуваа многубројни награди и признанија.

Промовирањето на постигањата на учениците се вршише преку изложени трудови, пофалници, дипломи и признанија низ училишниот простор.

Се избра најдобра ученичка заедница на ниво на училиште и се прогласи првенец на генерација. Училиштето посебно ги пофали учениците кои што постигнале добри резултати и го афирмирале училиштето во средината и пошироко. Промовирањето на постигањата се вршеше континуирано преку флаери и преку презентација во медиумите, но потребно е поголемо медиумско презентирање и афирмирање на училиштето.

56

Page 57: Извештај од самоевалуација 2015

Област 6: Училишна клима и култура 6.6. Еднаквост и правичност

Документи кои се прегледани Кои информации се собрани?

Проект за Меѓуетничка интеграција на образованието Училишно планирање Анкетни листови Интервју

Во училиштето еднаквоста и правичноста е застапена кај сите чинители во воспитно образовниот процес, а посебно преку проектите „Меѓуетничка интеграција на образованието“ и „Сите сме еднакви“. Истите целосно се имплементирани во наставниот процес со учениците.

Од анкетирани 60 ученици 96,7% сметаат дека наставниците секогаш подеднакво ги третирале машките и женските ученици. Додека пак 91% се изјасниле дека секогаш учениците од различна етничка припадност меѓу себе се почитувале.

Од анкетата спроведена меѓу родителите 88% сметаат дека секогаш постоело почитување меѓу учениците од различен пол.

Во анкетата беа вклучени 40 наставници (вклучувајќи ги наставниците од подрачното училиште во с.Црквино) од кои 92% сметаат дека секогаш постоела почит меѓу учениците од различна етничка припадност. Од извршеното интервју меѓу наставниците од одделенска и предметна настава дојдовме до сознание дека постоело заемно почитување помеѓу учениците со различни способности и учениците со пречки во развојот. Тие биле добро прифатени од учениците во паралалката со меѓусебно развиено другарство и помош во совладувањето на одредени наставни содржини.

Учениците беа запознати со своите права и обврски и истите беа поставени на видно место во училиштето.

57

Page 58: Извештај од самоевалуација 2015

Област 6: Училишна клима и култура 6.7. Финансиско работење на училиштето

Документи кои се прегледани Кои информации се собрани?

Интервју Финансиски план Извештаи Запиник од Училишен одбор

Финансиското работење во училиштето беше во согласност со законските акти и норми. Директорот како орган на раководење при финансиското работење ги запазуваше законските прописи и упатства дадени од МОН и Локалната самоуправа. Преку изготвени информации и извештаи директорот редовно ги информираше вработените, Советот на родители, Училишниот одбор и Советот на Локалната самоуправа за училишниот буџет и трошоците. Финансиските средства беа распределени и се користеа наменски за креативни и развојни цели насочени кон подобрување на квалитетот на наставата, учењето и училиштето во целина.

Од извршеното интервју со одговорните лица во училиштето дојдовме до сознание дека училиштето изготвило финансиски план за јавни набавки кои доследно го применуваше.

Во училиштето постоеше систем на транспарентност во планирањето и трошењето на училишниот буџет, се изготвуваа извештаи за работата за финансиско трошење на средствата и истите се презентираа на состанок на Училишниот одбор.

58

Page 59: Извештај од самоевалуација 2015

Област 6: Училишна клима и култура 6.8. Цели и креирање на училишната политика

Документи кои се прегледани Кои информации се собрани?

Интервју Развојно планирање

Целите за креирањето на училишната политика се јасни и се во согласност со Законот за основно образование. Во нивното креирање беа вклучени сите чинители на воспитно - образовниот процес и истите беа запознати со нивната реализација.

Во целите постои јасност и содветност. Правникот во училиштето изготвуваше континуирано процедури, правни акти и правилници за креирање на училишната политика. Истите се разгледуваа и усвојуваа на состаноците на УО. Правилниците, процедурите и актите беа водечки во работата на училиштето.

59

Page 60: Извештај од самоевалуација 2015

Област 6: Училишна клима и култура 6.9. Развојно планирање во училиштето

Документи кои се прегледани Кои информации се собрани?

Развојно планирање Анкетни листови

Училиштето изготви развојно планирање во кое јасно и остварливо има определени цели, задачи и активности. Истите најчесто беа водени од сопствените капацитети и не предвидуваа дополнителна материјална поддршка. Секоја развојна цел имаше одредени инструменти за следење и критериуми за успех, односно план за евалвација преку кој се прецизираше следењето и реализацијата на развојните цели. Сите вработени во училиштето беа информирани за поставените цели, динамиката на реализација и постигнатите резултати.

Ова го заклучивме од спроведената анкета со наставниот кадар во која 98 % се изјасниле дека секогаш се вклучени во процесот на развојното планирање. Исто така дојдовме до сознанија дека 98% од вработените се изјасниле дека имаа можност да се вклучат во активностите за одредување на реализација на училишните приоритети.

Во развојното планирање се предвидува професионален развој на наставниците како следење на сите новитети и промени. Исто така се планира и доуредување на училишниот простор (двор, спортска сала и слично), како и континуирана набавка на материјално- технички средства, нагледности, лектирни изданија и стручна литература.

60

Page 61: Извештај од самоевалуација 2015

Област 6: Училишна клима и култура

Клучни јаки страни

Перманентно се води грижа за здравјето на учениците.

Голема безбедност на учениците и сите вработени во училиштето.

Подеднаков третман на сите ученици без разлика на полот и етничката припадност.

Добро воспоставен систем на информирање на учениците за професионалната ориентација.

Водење грижа за учениците со емоционални потешкотии.

Нема казни во училиштето.

Поведението и дисциплината на учениците е на високо ниво.

Учениците рамноправно учествуваат во донесувањето на одлуки во училиштето.

Воспоставен е кодекс на однесување за учениците и вработените во училиштето и истиот се почитува.

Почитување на законските регулативи за финансиското работење.

Навремено реализирање на развојното планирање.

Воспоставена е добра работна атмосфера.

Слабости

Изготвување на правилник или процедура за заштита од физички повреди.

Поголемо медиумско промовирање на учениците.

Обука на стручен кадар за изготвување на тендерска документација.

61

Page 62: Извештај од самоевалуација 2015

Област 6: Училишна клима и култура

Анализа на резултатите:

ООУ„Св.Кирил и Методиј“ Велес, претставува средина со пријатна атмосфера за работа. Воспоставен е систем на взамено почитување и доверба, каде отворената и секојдневна комуникација доведува до поголема толеранција помеѓу вработените. Почитувањето на куќниот ред и кодексот на однесување е уште еден доказ дека редот и дисциплината меѓу учениците и вработените беше на високо ниво. Посебен белег се катчињата низ училишниот простор кој го подобруваат естетскиот изглед на училиштето.

Училиштето подеднакво се грижише за здравјето и безбедноста на сите ученици. Ја почитуваше и негуваше родовата и етничката припадност, ја подржуваше инклузивноста и ја зајакнуваше партиципацијата на учениците, родителите и заедницата во училишниот живот.

Сите ученици без разлика на полот и етничката припадност активно учествуваа во разни манифестации, конкурси, натпревари, освојувајќи високи награди. Училиштето беше отворено за соработка со сите надворешни лица. Многубројните награди, дипломи и пофалници од разни натпревари претставуваа гордост за секој од нас.

Во училиштето постоеше систем на вреднување и наградување, што значи дека меѓу добрите има еден и најдобар. За таа цел се изврши избор на најдобра одделенска заедница, првенец на генерација и најдобар работник од редот на вработените.

Училиштето беше во постојана соработка со родителите и се залагаше сите ученици да добијат еднаков третман во наставниот процес. Соработката со одделенските и класните раководители и педагошко-психолошката служба им овозможи на учениците да добијат посебен третман во наставата. За посебно одбележување е добрата соработка со родителите и редовното одржување на состаноци со Советот на родители. Училиштето беше во постојана соработка со локалната средина преку учество на учениците на разни конкурси, спортски натпревари и разни манифестации.

Со креирање на добра училишна политика и успешна реализација на развојното планирање училиштето беше во постојан подем и развој.

Приоритети:

Изготвување на правилник за заштита од физички повреди.

Поголемо медиумско промовирање на учениците.

62

Page 63: Извештај од самоевалуација 2015

Област 7: Соработка со родителите и локалната средина

Индикатори за квалиет:

7.1. Партнерски однос со родителите, со локалната и деловната средина

63

Page 64: Извештај од самоевалуација 2015

Подрачје 7: Соработка со родителите и локалната средина 7.1. Партнерски однос со родителите, со локалната и деловната средина

Документи кои се прегледани Кои информации се собрани?

Записничка книга за работа на Совет на родители Работен дневник Годишна програма за работа

Училиштето беше секогаш отворено за соработка и имаше воспоставено партнерски однос со родителите, кои активно беа вклучени во воспитно-образовниот процес. На почетокот на учебната година родителите се запознаа со Годишната програма за работа на училиштето, Наставните планови и програми по предмети и одделенија и со програмата за работа на Советот на родители на паралелката.

Во рамките на Годишната програма на училиштето соработката со родителите зазема значајно место. Тие даваа свој допринос во организацијата и реализацијата на разни манифестации и јавни настапи по разни поводи. Учествуваа во организацијата при одбележување на Денот на училиштето и имаа можност за посета на часови, изработка на разни нагледни средства, цртежи, макети и сл.

Во текот на учебната година се организираа најмалку пет родителски средби на кои родителите се запознаа со целокупниот воспитно-образовен процес во тековната година.

Родителите даваа свој допринос во организацијата и реализацијата на разни манифестации и јавни настапи по разни поводи. Во рамките на соработката со училиштето родителите имаа можност да ги посетат екскурзиите, набљудувањата, посетите на кино, театар, балетски претстави, да присуствуваат на излетите, со што се продлабочува разбирањето на заедничките потреби и проблеми и усогласување на истите.

Во изминатиот период родителите активно беа вклучени во реализирањето на проектите кои се реализираа во нашето училиште. Позитивен пример за соработката на родителите, учениците и наставниците беа проектите МИО, „Сите сме еднакви“ и „Популаризација на театарот во училиштата“.

Родителите имаа можност да присуствуваат и да земат активно учество при реализацијата на одредени наставни содржини во зависност од нивната професија. Беа организирани работилници и трибини за професионално информирање и ориентирање на учениците.

Секој последен четврток во месецот во 17:00 часот се организираше приемен ден за индивидуални разговори меѓу наставниците и родителите на учениците.

Соработката со родителите беше изразена преку индивидуалните разговори со

64

Page 65: Извештај од самоевалуација 2015

директорот и педагошко - психолошката служба на училиштето. Соработката на училиштето со Локалната средина имаше посебно значење.

Училиштето беше активно вклучено во животот на Локалната заедница преку спроведување на заеднички проекти и организирање и учество на настани кои се од интерес на заедницата. Во текот на целата година се реализираа состаноци, индивидуални и групни средби со претставници на Општината, директори на училиштата, надворешни соработници и слично.

Нашето училиште имаше одлична соработка со Локалната самоуправа и воспитно-образовните установи, институции од областа на културата, претпријатија и други органи и организации, заради збогатување на содржините и активностите на учениците. Учениците беа активно вклучени во животот на локалната заедница преку спроведување на заеднички проекти, но исто така се вклучија и во волонтерски акции.

Во соработка со ЈДУ „Димче Мирчев“ се организираа отворени денови, ликовни конкурси, игри без граници, квизови на знаење, ликовно-креативни работилници во кои активно учествуваа и нашите ученици од I-V и децата од големите групи во градинките од сите објекти.

Учениците од нашето училиште волонтираа во активностите на Општинската организација на Црвениот крст. Истите учествуваа во традиционални манифестации и активности организирани според календарот на Општинската организација на Црвениот крст.

Училиштето имаше одлична соработка со Локалната самоуправа и МОН непосредно преку нејзини претставници во Училишниот одбор.

Нашето училиште соработуваше со здравствените организации, средните училишта, Народен театар „ЈХК Џинот“, Народен музеј, Народна техника, Центарот за социјални работи, МВР, Црвен крст, урбаната заедница „Славе Петков“ и други

Учениците редовно ги посетуваа и отворените денови кои ги организираа средните училишта во градот.

Училиштето воспоставуваше добра соработка со медиумите во текот на целата година, со цел информирање на јавноста за активностите во училиштето и постигнатите резултати на учениците и вработените во него.

Училиштето активно учествуваше на повеќе манифестации: одбележување на Детска недела, вклучување во Ден на дрвото, Питијада, во пресрет на Нова година, Пролетта пристигна (21 Март), Ден на шегата, Ден на планетата Земја /Еко-хепенинг, Ден на Европа и други.

65

Page 66: Извештај од самоевалуација 2015

Област 7: Соработка со родителите и со локалната средина

Клучни јаки страни

Добра соработка со локалното окружување на училиштето.

Добра соработка со институциите од локалната заедница.

Добра соработка со родителите.

Слабости

Поголема соработка со бизнис секторот.

66

Page 67: Извештај од самоевалуација 2015

Област 7: Соработка со родителите и со локалната средина

Анализа на резултатите:

Училиштето претставува средина каде постои пријатна атмосфера за работа, со воспоставен систем на заемно почитување на сите чинители вклучени во воспитно-образовниот процес.

Училиштето е отворено за соработка и има воспоставено партнерски однос со родителите кои беа активно вклучени во многу активности во училиштето.

Преку Советот на родители секогаш беа информирани за сите планирани и реализирани активности во училиштето.Преку индивидуални, групни средби и разговори, родителите се информираа за постигнувањата на учениците и нивниот

напредок.Соработката на училиштето со Локалната средина имаше посебно значење. Училиштето беше активно вклучено во животот

на Локалната заедница преку спроведување на заеднички проекти и организирање и учество на настани кои се од интерес на заедницата. Во текот на целата година се реализираа состаноци, индивидуални и групни средби со претставници на Општината, директори на училиштата, надворешни соработници и слично.

За одбележување е континуираната соработка со институциите од областа на културата, бизнис секторот и други институции, заради збогатување на содржините и активностите на учениците. Интезивирана беше соработката со ЈДУ „Димче Мирчев“ преку отворени денови, Ликовни конкурси, Игри без граници, Квизови на знаење, Ликовно-креативни работилници во кои активно учествуваа и нашите ученици од I-V и децата од големите групи во градинките од сите објекти.

Училиштето соработуваше со здравствените организации, средните училишта, Народниот музеј, Народен театар, Народна техника, Центарот за социјални работи, МВР, Црвен крст, урбаната заедница „Славе Петков“ и други.

Соработката со медиумите се реализираше во изминатитот период со цел да се информира јавноста за активностите на училиштето, и постигнатите врвни резултати.

Приоритети:

Интезивирање на соработка со бизнис секторот.

67

Page 68: Извештај од самоевалуација 2015

Предлог мерки за подобрување на квалитетот на наставата

Врз основа на член 147 од Законот за основно образование, училишната комисија за спроведување на самоевалуација ги разгледа извештаите од тимовите по области од самоевалуацијата и ги констатираше предлог мерките за подобрување на квалитетот на наставата:

Набавување на прирачници и стручна литература за наставниците.

Доопремување на училиштето со нагледни средства и материјали.

Воспоставување на систем за следење на напредокот на учениците при премин од еден во друг циклус.

Изработување на годишен училишен билтен на постигањата на учениците.

Вработување на дефктолог во училиштето.

Организирање на обуки потребни за следење на новитетите во наставата.

Формирање на тимови за подршка и помош на наставници – почетници.

Организирање на работилници за ученици со емоцинонални потешкотии.

Поголема медиумска покриеност.

Изготвување на правилник за заштита од физички повреди.

Поголемо медиумско промовирање на учениците.

Интезивирање на соработка со бизнис секторот.

Училишната комисија по изготвувањето на извештајот за извршената самоевалуација со предлог на мерки за подобрување на квалитетот на наставата го достави до училишниот одбор, директорот на училиштето и основачот.

68

Page 69: Извештај од самоевалуација 2015

Членови на училишната комисија за спроведување на самоевалуација:

1. Стефанка Ценева - психолог2. Искра Таневска - педагог3. Родне Петрушева - наставник4. Сузана Павловска - наставник5. Весна Славевска - родител

Директор _____________________

Анита Мирчева

25 август, 2015г. Велес

Претседател на Училиштен одбор м.п _____________________ Павлина Харалампиева

69

Page 70: Извештај од самоевалуација 2015

ООУ„Св. Кирил и Методиј“ул. Архиепископ Михаил 156, Велес

тел. и факс: 043/233-676e-mail: [email protected]

www.svkim.blogspot.com

70