КАРПОШ УРБАН БР.21
DESCRIPTION
Месечен весник на локалната самоуправаTRANSCRIPT
Весник на локалната самоуправаоктомври 2012 • бр. 21 • година 4
ЗАДОВОЛСТВО
ЗАСЛУЖЕН ГРАЃАНИН
ИЛИЈА НАЈДОСКИ
КАРПОШ Е МОЕ
2 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
3КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
окус ПОСТИГНУВАЊАЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА НОВАТА ЗГРАДА НА ОПШТИНА КАРПОШ
Ваква самопрегорна, одговорна, дисциплинирана и стручна ад министрација, но пред се граѓаните на Карпош, заслужуваат и но ва современа зграда според европски терк Во пресрет на големиот празник 11ти Октомври, Денот на во
станието на македонскиот народ во свечена и празнична атмосфера, на местото на старата општина, беше ставен камен темелникот на новата административна зграда на Општина Карпош. На овој све чен чин присуствуваа граѓани и претставници од општин ската администрација на чело со градоначалникот Стевчо Јакимов ски, поранешни градоначалници, советниците, како и поранешни от прет седател на Р. Македонија Бранко Црвенковски и поранешни от прет седател на Собранието Стојан Андов.
Во пригодниот говор по овој повод, градоначалникот Стевчо Јакимовски им се заблагодари на оние кои пред 36 години, на ова ме сто, ги поставија сега веќе легендарните дрвени бараки, во кои се смести првата администрација на Општина Карпош. Тој, притоа, се осврна на сегашниот миг во Општината и истакна: „Гра ѓаните на Карпош возат по нови улици, пешачат по нови патеки и тро тоари. Во Карпош нема зонско паркирање, но има место за сите во зила, зашто секоја година градиме по 1.000 нови паркинзи. Во оваа општина речиси сите светилки се нови, нема куќа која нема фе кална канализација, и општината е целосно покриена со мрежа на атмосферска канализација. Откако ги реновиравме сите 10 ос новни училишта и создадовме европски услови за образование на на шите ученици, ние одиме напред. Во тек е реконструкција на че ти ри градинки. Изградивме и нова градинка со која управува при ватен опе ратор. Овде странските инвестиции се бројат во милиони евра.
Ваква самопрегорна, одговорна, дисциплинирана и стручна администрација, но пред се граѓаните на Карпош заслужуваат и но ва современа зграда според европски терк. Оваа зграда ќе биде готова за 8 месеци, ќе чини помалку од 3 милиони евра, и убеден сум дека вработените во локалната самоуправа ќе имаат уште поголем поттик да би дат секојдневен високо квалитативен сервис на граѓаните“ за клучи Јакимовски.
ФАКТИ Новата општинска зграда ќе биде на пет нивоа (приземје, 3
ката и поткровје). Ќе има околу 1000м2 паркинг, рабо тен простор за 200 вработени и вкупна површина од 4500м2 . Објектот ќе биде целосно енергетски ефикасен. Фасадните ѕидови во при зем је ќе бидат од контактна фасада со дебелина од 10см, од екс пандиран полистирен. Ќе има стаклена фасадатермопан ста кла исполнета со аргон. Објектот ќе биде термички изолиран во по довите, ѕидовите и таваницата. Предвидени се два лифта на хидрау личен погон. Објектот е функционално организиран преку по себни сектори распоредени по катовите според програмските ба ра ња, додека приземјето е проектирано за прием на странки и архива.
Издава Општина Карпош
ул. „Демир Трајко“ бр.43
1000 Скопје, Р. Македонија
тел.: 02 / 30-61-353
факс: 02 / 30-71-040
www.karpos.gov.mk
Издавачки совет
Стевчо Јакимовски
Даница Мартиновска
Димче Мешковски
Главен и одговорен уредник
Виолета Цветковска
Уредник
Миле Раденковиќ
Редакција
Живко Трајановски
Елена Кузмановска
Ива Манова
Технички уредник
Зоран М. Гулевски
Лектура
Живко Трајановски
Ангелина Николовска
Фотографија
Ива Манова
М. Раденковиќ
4
ВЕТЕНО СТОРЕНОНЕИМАРИТЕ НА НАШИТЕ УЛИЦИ, ПАРКИРАЛИШТА, ПАТЕКИ
СТИПЕНДИИСТИПЕНДИСТИ НА ОПШТИНА КАРПОШ ЗА 2012/2013 ГОДИНА
ИНТЕРВЈУСтевчо Јакимовски градоначалник на Општина КарпошКАРПОШ Е МОЕ ЗАДОВОЛСТВО
6
Весник на локалната самоуправаоктомври 2012 • бр. 21 • година 4
ЗАДОВОЛСТВО
ЗАСЛУЖЕН ГРАЃАНИН
ИЛИЈА НАЈДОВСКИ
КАРПОШ Е МОЕ
.......................................................
СПОРТСКИ ЛЕГЕНДИЕлизабета Чолаковска Шпољариќ
СО ИНАЕТ И КУГЛА ДО СВЕТСКИОТ ТРОН ..................................................... 28
....................................................... 8
...................................................... 32
ВО ОВОЈ БРОЈ
НАШ ГОСТИН
Хуб Леливелд претседателот на EHEDG International
КАРПОШ НАПРАВИ ИСЧЕКОР КОН ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА..................................................... 13
5КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
КОЛУМНА
Карпош постојано оди напред! Ова можеби е најкратката, но и најважната по рака што може да се соопшти и денес, на одбележувањето на 36тиот по ред неј зин роденден.
Во Општина Карпош, од самите нејзини почетоци во 1976тата година па до денес, поминаа бројни генерации. Сите тие, на еден или на друг начин, оставија неизбришливи траги во нејзинот развој и просперитет. Токму затоа, на сите нив и во оваа пригода, треба да им се искаже особена почит и благодарност.
Тој континуиран развој, на што сме особено горди, со несмален интензитет, про должува и денес. Со сето она што тука се прави, Карпош, со право, се вбројува меѓу најдобрите општини во нашата држава. Во последните неколку години, со сите зафати и реализирани проекти во сите сфери, Општина Карпош речи си од корен го промени својот лик. Тоа е и основната причина што Карпош е и најпосакуваното место за живеење.
Во годината што изминува, на наше огромно задоволство, за нашите ус песи со нескриен пиетет се говореше и надвор од нашите граници.
Како резултат на тоа, во месец јули, во Сараево, нашиот градоначалник го доби високото признание – Најградоначалник на Југоисточна и Централна Европа за 2012 година.
Поубава потврда, за сето она што Стевчо го прави за својата општина и своите граѓани, ќе се сложите, и неможеше да има.
Наградата, убеден сум, дојде во вистинско време и во вистински раце.Во нашиот градоначалник луѓето препознаа човек, максимално посве
тен на својата работа, на својата општина, на граѓаните, неуморен човек полн со визии и со планови, човек кој цврсто чекори напред и што во секој момент е подготвен да истрае пред тешкотиите.
Ова големо признание, што со гордост го дочекавме и ние, но и граѓаните на Општина Карпош, ќе претставува уште поголем мотив, но и обврска и одговорност да се истрае на патот по кој чекори Општина Карпош.
Знам, Стевчо е подготвен на тоа. Тој никогаш не се задоволува со постигнатото. И во иднина ќе го потврди тоа. Ќе се уверите.
Пред Градоначалникот, Советот и администрацијата на Општина Карпош претстојат многу задачи. До крајот на годината треба да завршиме уште неколку важни проекти. Целата енергија е насочена таму. Есенските дождо ви не дозволуваат некоја поголема комоција и опуштање. Но, ние сме веќе навикнати на тоа. По цена на се, планираното мора да биде реализирано. Ветеното мора да биде сторено. Впрочем, по тоа е и познат Карпош, по тоа се одликува и се препознава. За многу скоро време, така како што секогаш правиме и работиме овде, на граѓаните на Карпош и на пошироката јавност ќе им ги презентираме и наши те програми и планови за наредната година. Во нив, и овојпат, ќе бидат содржани бројни проекти што ќе значат само уште една потврда на визиите на актуелното водство на Општина Карпош. Свој активен придонес во сето тоа, се разбира, имаат и граѓаните на Општина Карпош. И нивните предлози, сугестии и видувања ќе бидат составен дел на идните проекти. Тоа, пак, само уште еднаш, ја зацврстува нераскинливата врска со граѓаните, којашто за нас, овде во Карпош, е најважна од се. Впрочем, без тоа и не ќе можеше Карпош да се вбројува меѓу најдобрите општини кај нас. Така ќе биде и во периодот кој е пред нас. Наша обврска и должност е постојано да ја оправдуваме безрезервната поддршка на граѓаните со нови дела. Затоа, Ви ветуваме и во иднина нови капитални објекти, уште многу нови улици, булевари, плоштади, пешачки патеки, детски игралишта, реновирани детски градинки и училишта, цветни алеи....
Нека е честит роденденот!
СО УШТЕ ПОСИЛЕН ЧЕКОР
Стотиците реализирани проекти, кои со
задоволство се прифатени и високо оценети и од граѓаните на Општина
Карпош, но и од пошироката јавност, онаа
домашната и од странство, на најдобар
можен начин го потврдуваат
незапирливиот ôд на Карпош. Доволна причина
за огромно задоволство, но и обврска повеќе да се
истрае на патот по кој чекори Општина Карпош
Пишува: Владо Поповски
6 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
ИНТЕРВЈУ
Колку и да е чудно, вистина е дека овој разговор со градоначалникот Јакимовски е направен, речиси во ôд. За нас, неговите соработници тоа е и разбирливо, бидејќи динамиката на неговата ангажираност во Општината Карпош не е омеѓена со формалности, својствени на повеќето општински челници во државата. Сепак, „го начекавме“ помеѓу многуте настани кои не можат да се замислат или да поминат без неговото присуство, и му поставивме неколку прашања, примерени на поводот Денот на Општината. Општа е оценката дека ова е најуспешна го-
дина од Вашиот мандат на местото прв човек на Општина Карпош. Дали го делите тоа мислење и зошто?
Мислам дека секоја година работиме со исто темпо и успешно, а впечатокот дека оваа година е нај успешна во мојот седумгодишен градоначалнички мандат се должи на навистина голем број успешно реализирани проекти. Се разибира, со тек на годините имаме поголемо искуство што позитивно се од разува врз работата на локалната самоуправа во целина и на јавниот одглас.
Веќе е познато дека сте еден од кандидатите за истата функција и на наредните локални избо-ри, и доколку бидете избран, на што ќе се фокуси-рате во новиот мандат?
Главната причина зошто побарав и натаму да ос танам во Општина Карпош е мојата цврста решеност да ги заокружиме започнатите и сите други планирани проекти. Мислам дека, горе долу, сите ин фраструктурни проекти ни се завршени, а сега ни преостанува разубавувањето на Карпош. Одговорно тврдам дека улиците „Теодосија Гологанов“ и „Илин денска“ ќе бидат како што е сега „Партизанска“. Тие ќе бидат вистинска цветна градина, украс на Општи ната каков што е сега булеварот Партизански одреди. След на, многу битна работа, секако е реконструкцијата на фасадите долж улиците „Теодосија Голога нов“, „Партизанска“, „Илинденска“, руските згради. Со еден збор, Карпош ќе добие ново руво. Се ра збира, ќе се посветиме на најзначајниот проект га си фикацијата на Општината, а следната година продолжуваме и со реконструкцијата на градинките, изградбата на базените во училиштата, ќе градиме културен дом. Сакам да нагласам дека и наредна
Стевчо Јакимовски: градоначалник на Општина Карпош
КАРПОШ Е МОЕ ЗАДОВОЛСТВО
7КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
та година уште повеќе ќе им се посветиме на образованието, култу рата и спортот... Јавноста очекуваше дека ќе бидете кандидат
за градоначалник на Скопје, а вие сепак се опреде-ливте за уште еден мандат во Општина Карпош. Страв ли е во прашање или нешто друго?
Не, страв, скраја да е. Карпош е мое задоволство. А тоа задоволство, го гледам од средбите со нив во изминатите триипол години, се чувствува и кај граѓаните и мислам дека целиот сјај ќе го постигнеме во следните четири години. Потребни ни се уште четири години да го сработиме започнатото и да ги реализираме плановите, за Карпош да биде уште поубава и помодерна општина.
А што се однесува до стравот, јас мислам дека најмногу страв имаше градоначалникот Коце Трајановски. Тој се исплаши од тоа ако јас му бидам противкандидат, доколку биде повторно кандиди ран од својата партија. Лично мислам дака госпо динот Јани Макрадули е одличен избор, дека е из граден политичар и дека неговите способности ќе дојдат до полн израз во раководењето со градот Скопје. Дали, со оглед на очигледното зголемување
на обврските на локалната самоуправа, во наредни- от период треба да очекуваме кадровско „освежу-вање“ во Вашиот кабинет?
Мојот кабинет е и досега доволно стручен. Општина Карпош има најдобро организирана и најкомпетентна администрација во цела Република Ма кедонија. Она што сметам е дека треба да го дополниме креативниот тим, за подготовката на новите проекти. Повеќе во Карпош нема да започнеме ни една работа без консултација на стручњаци од конкретната област. Годинава бевте избран за најуспешен градо-
началник во земјите од Југоисточна и Средна Ев-ропа. Какви се личните и општествените полез-ности од таа го лема почест?
Лична полза немам, освен душевна сатисфакци ја дека сум работел, односно сме работеле исправно и сме биле на вистинскиот пат. Задоволство ми е што мојата работа, освен во Општината, градот Скопје и Репу бликата, доби верификација и надвор од земјата, во меѓународни рамки. Да бидам искрен, веста дека тоа признание ми е доделено, за мене беше „гром од ведро небо“. Но исто така, можам да кажам дека признанието Најуспешен градоначалник во Југоисточна и Средна Европа е најубавото нешто што ми се случило во оваа 2012 година. Познато е дека сте градоначалник без работно
време, човек кој стасува секаде и присуствува и на настаните кои немаат епитет- „првостепен“. Како ја обновувате работната енергија?
За жал, малку време имам за обнова на работна та енергија, но навикнат сум на такво темпо бидејќи, во животот секогаш сум работел по дватри на
есет часа дневно. Чувството на задоволството од сра ботеното, кое го делат и граѓаните, ми дава пот тик за уште поголемо ангажирање. Позитивните реакции на граѓаните и на јавноста се сатисфакција и дополнителен извор на мојата работна енергија. Како го пречекуваме празникот-Денот на на-
шата Општина? Празникот го пречекуваме работно и со многу
ангажмани и активности: со изградба на инфрастру ктурни објекти, со многу хумани акции, Денови на енергетската ефикасност, промоција на Катастарот на загадувачи, промоција на книги, доделување на стипендии за талентирани ученици и спортисти, со средношколски спортски манифестации.
Навистина, станува збор за двонеделни интезивни актвности низ кои ги промовираме и ги заокружуваме успешно сработените проекти. Во моментот кога го правиме овој разговор, во Кинотеката на Ма кедонија започна тридневната манифестација Денови на енергетска ефикасност. Еминентни стру чњаци од земјава и од странство беа импресионирани од она што денес претпладне, за постиг натото во
енергетската ефикасност во Општината, им го презентираше нашиот стручен тим. Задоволството е уште по големо, а сознанието дека во таа област сме лидери во Република Македонија, сосема е при ме рено на нашето празнување. Кој настан во изминатава година со задовол-
ство го прераскажувате, а кој би сакале трајно да го забо равите?
Немало настан кој би сакал да го заборавам. Ако алудирате на „сопките“ што ни ги правеше цен тралната власт, јас тие ги сметам за нешто што не тре ба да се заборави. Напротив, совладувањето на тие пречки не прави горди и на тоа треба да се сеќаваме. А она што беше убаво и што е за паметење, да повто рам, е признанието Најуспешен градоначалник во Ју гоисточна и Средна Европа.
В. ЦветковскаМ. Раденковиќ
Главната причина зошто
побарав и натаму да ос танам
во општина Карпош е мојата
цврста реше ност да ги
заокружиме започнатите и
сите други планирани проекти
8 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
ВЕТЕНО СТОРЕНО
Ги трошиме последните месеци од градежната сезона. Токму затоа работиме со засилено темпо, со цел што побрзо да го разубавиме Карпош, и што по малку да оставиме за следната сезона, за напролет. Само во изминатиот месец работевме на 23 инфраструктурни проекти, во кои асфалтиравме десет улици, Бриселска, Гаврил Лесновски,улица 8, 10 и 18 во Бардовци и Ванчо Мицков во Нерези...
Не заборавивме ниту на пешаците и на пријатните есенски прошетки. За нив ги изградивме тротоа рите долж улицата Скупи 3, 4, 20, 22 во Злокуќани, а нови тротоари добија и жителите од улиците Пре сека, Кленоец, Владимир Каваев и Извор.
Паркиралиштата во Карпош се најмала главобол ка за жителите на оваа општина. Освен што се бесплат ни, ги има секој ден се повеќе и повеќе. Само во овој месец ги реконструиравме паркин просторите на улицата Разловечко востание, потоа на улицата Огражден и пред повеќе станбени објекти на ули цата Миле Поп Јорданов. На улицата 1010 во населбата Козле направивме и потпорен ѕид, а во Бардовци, долж улицата 2, изградивме и фекална канали за ција. Продолжувaме со изградба на инфраструктурата со несмалено темпо, под командната палка на нашите неимари од Секторот за уредување на гра дежно земјиште и комунални работи..
НЕИМАРИТЕ НА НАШИТЕ УЛИЦИ, ПАРКИРАЛИШТА, ПАТЕКИ...
Реконструкција - асфалтирање на ул. Гаврил Лесновски
Реконструкција - асфалтирање на ул. Бриселска“со крациРеконструкција - асфалтирање на ул. Осло
9КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
Реконструкција - асфалтирање на ул. ПијанецРеконструкција - асфалтирање на ул. Ванчо Мицков
Реконструкција - асфалтирање на ул. КрчинРеконструкција - асфалтирање на ул. Ловќенска 9
Реконструкција - асфалтирање на ул. Стрезово
10 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
Реконструкција - асфалтирање на ул. Огражден со краци
Изградба на потпорен ѕид од АБ колови за санација на локално свлечилиштеод ул. 1010 (Л=35м) населба Козле, Општина Карпош
Реконструкција на тротоарина ул. Владимир Каваев
Изградба на потпорен ѕид од АБ колови за санација на локално свлечилиште
Реконструкција на атмосферска кај Германска амбасада
Реконструкција - асфалтирање на ул. 8 и крак од ул. 18 во с. Бардовци
11КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
Реконструкција на паркинг - 1 на ул. ЊегошеваРеконструкција на тротоари на ул. Бабуна
Изведба на 3 краци на ул. Скупи 20 према болница Бардовци
Реконструкција на тротоари на ул. Пресека со краци пред асфалтирање
Изведба на тротари на ул „Извор“
12 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
НОВ ПЛОШТАДВо рамките на проектот за реконструкција на но
ви плоштади, заврши реконструкцијата на платото кај Педагошката академија. Про ектот опфати освежу вање на бетонското плато со нова колоритна подлога во три нијанси на површина од 1300 м2 , замена на реквизи тите во детското игралиште со нови, збо гатување на просторот со нови клупи меѓу кои и две релаксирачки, корпи за отпадоци, локери за велосипеди. Извршена е комплетна санација на оштетените скал ила на четирите пристапи на платото со гранитни плочки и из градба на четири пристап ни рампи, санација и молерисување на па рапетни ѕидови со еколошка боја и декоративен мермерен
акри лен малтер исто така отпорни на атмосферски влијанија, 155 м2 зелена тревна површина со систем за наводнување капка по капка, 2000 цветни садни ци и обновени жардињери, 200 м2 платформа со покривна тен да која ќе создаде пријатна сенка во летните денови.
Инвестицијата за реконструкција на платото изнесува околу 5 000 000 денари. Градежните работи ги из ведуваше „СМ Компани“, а урбаната опрема ја по стави „Лапласт – М“ дооел, а на неговата непречена изградба „бдееја“ општинските инспектори. Проектот за рекон струкција на платото го изготви Креативниот тим на Општина Карпош.
УШТЕ ШТО СРАБОТИВМЕ ВО ОКТОМВРИ:
Kај Педагошка Академија-
Изградба на фекална канализација по ул. „2“ во с. Бардовци Реконструкција на паркинг на ул. „Разловечко востание“ бр. 2а Реконструкција на паркинг на ул. „Огражден“ Реконструкција на дел од паркинг на ул. „Миле Поп Јорданов“ кај кула бр. 40 Реконструкција асфалтирање на паркинг простор пред кула бр. 40 и пред станбени објекти бр. 3, 5 и 7 на ул. „Миле Поп Јорданов“ Реконструкција на тротоари на ул. „Скупи 3“ Реконструкција на патека на ул. „Скупи 4“ Реконструкција на ул. „14“, с. Бардовци
Реконструкција на дел од паркинг на ул. „Миле Поп Јорданов“ кај кула бр. 40
БЛИКНА ФОНТАНА ВО КАРПОШ 3
На барање на граѓаните, Општина Карпош заврши реконструкцијата на постојниот парк – плоштад во УЗ Карпош 3, со цел збогатување на урбаните простори во општината и враќање на вредно стите на урбаното живеење. Притоа, замислата ни беше да се создаде, пријатен простор за дружење и релаксација на сите грaѓани, како постарите жители, така и децата и нивните родители.
Постојната урбана опрема е заменета со нови и по богати содржини, поставени се повеќе клупи, кор пи за отпадоци како и локери за велосипеди. Во со став на плоштадот поставено е и ново детско игра лиште со модерни реквизити покриено со покривна хиперболична платнена тенда која ќе овозможи при јатна сенка на која најмладите ќе може да играат и во потоплите, но и во дождливите денови.
Инвестицијата за реконструкција на платото изнесува 8.398.640 милиони денари. Градежните работи ги изведуваше „Сандра Инженеринг“, урбаната опрема ја постави „Лапласт – М“, а хортикултурното уредување го изведуваше „Флора стат“.
Проектот за реконструкција на платото го изготви Креативниот тим на Општина Карпош.
13КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
Хуб Леливелд претседателот на EHEDG International
Во средината на минатиот месец, во просториите на АД „Реплек“ во Карпош, прва општина во светот која стана членка на EHEDG International, европската асоцијација на хигиенско инженерство и дизајн беше одржана конференција. Го искористив ме настанот и разговаравме со г. Хуб Леливелд претседателот на оваа организација. Господин Лилевелд, добродојдовте во Ма-
кедонија, во Карпош и кои се вашите очекувања од првата посета кај нас?
Ви благодарам, јас не сум прв пат во Македонија, сум бил неколку пати и секогаш ми е пријатно тука. Целта на моето присуство е да ги зголемиме или да ги подобриме нивоата на хигиенското инженер ство и дизајн. Среќен сум што денес има многу луѓе коишто се заинтересирани за нашата активност, но не знам на кое ниво се во хигиенскиот инженеринг и дизајн во Македонија, но се надевам дека ќе по сти гне ме некој напредок. Вие сте претседател на една светска орга-
низација. Како дојде до формирањето на една ва-ква групација?
Се плашам дека ова прашање не можам да ви го одговорам многу кратко, меѓутоа можам да ви кажам дека во 80те години во индустријата не постоеше поимот хигиенски инженеринг и дизајн. Во тоа време машините беа произведувани да му служат на производителот, да ја завршат онаа работа која што му е потребна без притоа да се земе предвид хигиенскиот аспект. Во тие години прехранбената индустрија своите производи ги одржуваше со стерилизација, пастеризација или со користење на различни хемиски елементи. Од тогаш започна да се размислува во овој правец, да се конструираат машини коишто ќе бидат лесни за чистење, хигиенски дизајнирани. Колкаво е влијанието на вашата организа-
ција врз европската легислатива во оваа област?
Ние сме многу вклучени и имаме големо влијание врз европската легислатива затоа што всушност ние сме тие кои ги правиме стандардите кои се применуваат во ЕУ. Значи, законодавците пропишуваат што треба да се примени но не кажуваат како. Ние ги правиме тие прирачници со коишто на производителите на храна им укажуваме на кој начин треба да ги применат директивите кои важат во ЕУ. Нашата општина е членка во ова глобално
семејство. Кои ќе бидат придобивките од тоа? Многу ми е мило што го слушам ова и сега на
шата цел е всушност да ја пренесеме пораката, која вие ќе ја проследите до производителите на храна да не прават грешки, затоа што воопшто не знаат за постоењето на регулативи, правилници и слично. На градоначалникот Јакимовски му ја вра-
чив те плакетата за членство. Каков прием имавте во Општина Карпош?
Мислам дека најголемата придобивка од нашата средба со градоначалникот е публицитетот кој ќе има адекватно влијание на разгорувањето на свеста на луѓето за постоењето на Oрганизацијата.
Ви благодарам уште еднаш, јас се чувствувам од лично, тука луѓето се многу пријателски настроени, се надевам дека наредниот пат кога ќе дојдам во Македонија ќе забележам некој поголем напредок во однос на хигиенското инженерство и дизајн, рече на крајот господинот Лилевелд.
Виолета Цветковска
НАШ ГОСТИН
КАРПОШ НАПРАВИ ИСЧЕКОР КОН ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА
14 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
ДЕНОВИ НА ОПШТИНАТА
Во друштво на многу пријатели, гости и вработе-ни, во Хотелот „Александар Палас“ во неделата ве-чер се одржа централната славеничка прослава на Оп штина Карпош по повод Денот на општината 3-ти Ноември. Со свечена академија, промоција на спотот за Карпош од учениците од основните учи-лиш та, прогласувањето на заслужен граѓанин на Кар- пош за 2012 година и пригодна програма, први от човек на Општината, градоначалникот Јакимовски се обрати со говор посветен на четирите години на растеж на Карпош при што рече: „Секоја година се издигавме повисоко и повисоко. станавме општина за пример и по терк на најстрогите критичари и оние со најистенчен вкус. Кога ја зедовме управувачката палка диригирана од доверениот мандат на нашите жители, појдовме од еден слоган: „Проблемите ги знаеме, решенија имаме“! Во овие неполни четири години изградивме над 40 километри нови улици, 60 километри тротоари и 25 километри нови пеша-чки патеки. Успеавме да изградиме над 15 километ-ри атмосферска и фекална канализација и над 2.600 нови паркинг простори. Бесплатни, се разбира. Иа-ко не беше наша обврска, за доброто на граѓаните изградивме близу три километри нова водоводна
мре жа, над еден километар топловод до домовите. Повеќе од 85% од општината е покриена со оптички ка бли и подземни интернет врски. Кај нас иноваци-јата и современата технологија влегува на голема вра- та. Но, ние не сакаме да живееме само со ловориките од минатото. нашиот поглед е визионерски, ние гле- даме напред. Булеварите Илинденска и Теодосиј Го-логанов ќе бидат цветни градини како Партизанска. Нашата општина ќе стане лулка на културата и обра- зованието, дом на демократијата, толернацијата и високите човечки вредности. Ние нив ги негуваме и ги величаме, а не говорот на омраза и поделбите. Во секое време имаме слух и разбирање за човеко-вите права и слободи. Слобода е да се има право на сопствена верска и конфесионална опредлеба, за таа цел ќе помогнеме во изградбата на нови верски објек- ти. Карпош, има иднина, заклучи на крајот, Јакимов- ски, а иднината е во сите нас, зашто ние имаме хра-брост, решителност и визија. Имаме и добра волја и чесни намери, нескриен ентузијазам и решеност да се истрае на еден пат кој сите ќе не однесе во еден по- убав живот, кој најискрено-го заслужуваме!
В. Ц.
ТРИЕСЕТ И ШЕСТ ГОДИНИ КАРПОШ
Свечена академина
15КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
При крајот на изминатиот месец, пред 14 поголеми маркети во Општина Карпош беше реализирана седмата по ред, хуманитарна акција под мото „Да би деме хумани за нашите соседи“. Оваа акција е дел од ак тивностите по повод Денот на Општината 3 ноември, и за цел имаше поттикнување на нашите со граѓани на хуманост која никогаш не недостасува, па и во Општината Карпош. Како досега и овојпат, при пазарувањето за време на викендот, нашите својата хуманост ја покажаа на дело така што купувајќи за себе, по еден или повеќе прехранбени и хигиенски про дукти одвоија за семејствата кои се социјално за грозени.
Акцијата беше мошне успешна а во неа, како и секогаш досега, својот придонес даде и градоначалникот Стев чо Јакимовски. Првиот човек на локалната самоуправа на нашата Општина, пазаруваше во супермаркетот на „Веро“ во Тафталиџе и по донирањето на голем број прехранбени и други продукти, на новинарите им изјави: Се надевам дека ќе се соберат доволен број продукти за нашите „хуманитарни пакети“ и за задоволување на двомесечните потреби на 150те материјално загрозени семејства. Како и претходните години, за Божиќните празници ќе следи нова хуманитарна акција, рече Јакимовски.
В. Ц.
СОСЕДСКА ХУМАНОСТ
ДРЖАВНИ РЕКОРДЕРИ ВО ДАРУВАЊЕ КРВ
Неодамна, во зградата на Општина Кар пош, како плод на традиционална соработка на Цр вениот крст на Македонија и Општинската органи зација на Црвениот крст беше организирана акција на дарување крв на вработените во општинската адми нистрација. Како и секогаш досега, одзивот бе ше над очекувањата, а меѓу доброволните дарите ли на крв бе ше и првиот човек на Општината, г. Стев чо Јакимовски.
Ова ми е 12то дарување крв, и навистина сум сре ќен што сум дел од ваквите хуманитарни акции. Ја користам оваа прилика и ги повикувам сите граѓа ни од Карпош, од Скопје и пошироко, доколку се здрави да се вклучат во крводарителската акција би деј ќи со тоа навистина можат да спасат нечиј жи вот. Ова посебно се однесува за оние кои се но
си те ли на поретките крвни групи, кои се и најбарани и нај потребни. Верувајте дека по дарувањето, ни ко гаш не ми се влошила здраствената состојба, напро тив, изјави Јакимовски.
Инаку, по повод континуираната соработка со Цр вениот крст и традиционалното организирање на крводарителни акции во Карпош, на градоначалникот Јакимовски како и на мотиваторот и организаторот на крводарителските акции во нашата Оп шти на, Евантија Стојановска, им беа врачени плакети. Во име на општинскиот Црвен крст плакетите ги врачи претседателот Душко Стојановски, кој притоа нагласи дека Карпош со 700 крвни единици дарувани во текот на годината, веќе подолго време го држи ре кор дот во крвадарувањето во Република Македонија.
E. K.
16 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
Во рамките на активностите по повод Денот на Општина Карпош 3. Ноември, во ресторанот „Кри стијан“ се одржа манифестацијата „Вешта рака“. Ста нува збор за собир на изработувачи на уникатни рачни творби кој Општина Карпош го организира по третпат, а на кој, годинава, учествуваа 25 наши сограѓани. Како и досега, манифетацијата беше масовно посетена, при што, граѓаните имаа можност да купат некоја од изложените ракотворби.
„ВЕШТА РАКА“ - ПО ТРЕТ ПАТ
ЈУБИЛЕЈ НА „ЕМ УМЕАМ, ЕМ МОЖАМ“
На паркингот пред „Лептокарија“ се одржа десеттата, јубилејна, традиционално – продажна манифестација во организација на Општина Карпош „Ем умеам ем можам“. Оваа манифестација е од големо значење како за жителите на општината така и за си те промотори на бизнис секторот кои сакаат да ја ис такнат важноста на македонските брендови и воопшто на условите за производство во нашата општина. Во чест на роденденот на Општината оваа го ди на на „Ем умеам, ем можам“ учествуваа македонски производители од прехранбената, текстилната ин ду стрија, туризмот, здравстрвото, занаетчиството и земјоделството.
И покрај врнежливото време, манифестацијата предизвика огромен интерес кај карпошани кои освен посетата на продажните штандови, ја следеа и богатата културно ументичка програма. Сепак, ѕвезда та на вечерта беше познатиот хрватски поп пејач Бо рис Новковиќ, чии „Тамара“, „Вукови умиру сами“ и многу нови хитови, им ги згреаја срцата на посе тителите на овој убав настан.
В. Ц.
17КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
Општина Карпош е првата општина во државата која изработи Катастар на загадувачи на својата територија. Катастарот на загадувачи содржи информации за вкупно 242 деловни субјекти кои се наоѓаат на територија на Карпош, групирани во пет категории: индустриски ка пацитети, бензиски стани ци, автоперални, угости тел ски објекти и здравствени установи. Тој во иднина ќе биде алатка за планирања во областа на живо тната средина при анализи на ква литетот на медиу мите: вода, воздух и селектирање на отпадот, но и дру ги кои дополнително ќе се вметнат, при урбани стичкото планирање, контролата и инспекцискиот надзор. Тој ќе биде поставен и на веб страницата на Општина Карпош, со мапирани субјекти, а граѓани те ќе може да дојавуваат за сите потенцијални зага дувачи. Катастарот на загадувачи
на Општина Карпош го изработи заедно со Друштвото за технички и консултантски услуги „ЕкоМо заик“ дооел Скопје.
В.Ц.
Ова е најчестата оценка што за оваа наша мани фестација ја добивме од луѓето што ја следеа со интерес панелната дебата и темите од оваа област.
Презентираните 23 теми од областа на проектирањето, изолациските материјали, софтверските алат ки и обновливите извори на енергии од еминентни излагачи, професори и експерти од земјата и Републи ка Србија, со право можат да се споредат со нивото на многу вакви европски конгресни форуми.
Во изложбената поставка беа претставени 10 фирми со опрема за енергетски аудити, билдинг менаџмент системи за управување на енергетската потрошувачка, изолациски материјали и соларни систе ми за санитарна топла вода.
Единствената наша грешка е што сакавме со поканата предност да имаат оние што предлагаат и одлу чуваат за општинските буџети: советниците од Градот и општините во Градот Скопје за сметка на инте ресот кај стручната јавност и проектантите. Тие за жал, не дојдоа, а во салата останаа непо пол нети местата на оние кои очекуваа дека ќе ги поканиме.
Сите презентации за оние кои немаа можност да ги видат, ќе бидат поставени на web страната на Општина Карпош, а наредната година на Неделата за енергетска ефикасност ќе се видиме во просторот на „Технолошкиот парк“ кој ќе го из градиме во 2013 година.
Љупчо Димов
ЕВРОПСКА ПРЕЗЕНТАЦИЈАДеновите за енергетска ефикасност на Општина Карпош
ПРВА ОПШТИНА СО КАТАСТАР НА ЗАГАДУВАЧИКарпош
18 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
Во рамките на манифестацијата „Денови на Општина Карпош“, во населбата Карпош 2, неодамна свечено беше пуштена во употреба гра дин ката „Орце Николов“, целосно енергетски ефи касна. Тој настан по многу нешта беше олицетворние на генералната заложба на локалната самоуправа во достигањето европски стандарди во сферата на образованието, пред се децата да учат во модерни, енер гетски и еколошки ефикасни објекти.
По групното сечење на лентата, во кое учествуваа главните актери во реализацијата на овој про ект: градоначалникот на Општината, Стевчо Јакимовски, заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски, директорот на Агенцијата за енергетика, Лазар Гечевски, постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Алесандро Фракасе ти и госпоѓата Родна Кондова, директор на Градинката, во просториите на истата беше одржана пригодна свеченост.
Обраќајќи им се на присутните, домаќинката, госпоѓа Кондова со бирани зборови им се заблагодари на погоре спомнатите гости, а потоа потсети на малку познати факти. Најпрвин, дека градинката „Орце Николов“ е најстарата установа за грижа и воспитување на децата во Република Македонија и дека е дело на група германски ентузијасти, предводени од г. Гинтер Кубе, долгогодишниот сценограф на Македонскиот народен театар.
Овој убав ден е прекрасна симболика на значење то на овој свечн миг и ние, дечињата за кои се гри жиме и целиот персонал, сме среќни и горди што се га имаме енергетски ефикасна градинка и што жи вееме во најубавата општина во Републиката, заклучи директорката Кондова.
На присутните гости, родители, раководители на другите воспитно образовните установи во Карпош и претставниците на локалната самоуправа, со пригодни зборови им се обратија и господата: Темел ковски, Гечевски, Фракасети и градоначалникот Ја кимовски. Освен што го нагласија значењето на гра дење енергетски ефикасни објекти, тие, во името на своите институции ветија дека и во иднина сестрано ќе ги поддржат сите вакви проекти во Општината Карпош.
Градоначалникот Јакимовски присутините ги по т сети дека реконструкцијата на градинката чинела 70 илјади евра и дека една половина од тие средства се издвоени од буџетот на Општината, а другата половина е од фондовите на Програмата за развој на Обе динетите нации (УНДП). Токму на претставниците на овие две институции, на градоначалникот Јакимовски и г. Фракасети, директорката Кондова им врачи благодарници.
Круна на оваа впечатлива свеченост беше прекрасната приредба што на присутните им ја по дарија дечињата и воспитувачките од градинката „Орце Николов“.
М.Р.
Свеченост во градинката „Орце Николов“
ЕКОЛОШКИ ДОМ ЗА НАЈМЛАДИТЕ
19КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
КУЛТУРНИ ВИБРАЦИИЏЕЗ НИЗ ФОТОГРАФИИ
Деновиве во просториите на Кинотека на Македонија во рамките на Програмата за култура на Општина Карпош за поддршка и организирање на ликовни изложби, се одржа изложбата „JAZZ“, инспирирана од светските великани на џезот. Присутните ги поздрави советникот за култура во Општина Карпош, Горан Михајлов, истакнувајќи дека Оп штина Карпош секогаш ги подржува ликовните умет ници и им дава простор тие да го изразат својот талент.
Автори на цртежите се Гоце и Владимир Илиевски, млади и надежни таленти кои учествувале на ли ковните хепенинзи во рамките на Карпошово кул турно лето. Беа изложени 40 дела во техника ма сло на платно на кои се претставени портрети од џез легендите. Изложбата беше збогатена со настап на Симон Киселички.
И.М.
Во организација на Општина Карпош и Здружението на пензионери „Тафталиџе ДДД“, деновиве, во салата на Општина Карпош беше отворена изложба на ракотворби од Секцијата за култура и уме тност на ова здружение. Овој културен настан имаше цел да ја промовира етно културата и традицијата на нашиот народ. Тоа е уметност која се пренесува од рака на рака, од колено на колено, од постари на по млади. Изложбата за отворена ја прогласи секрета рот на Општина Карпош, Владо Поповски, кој меѓу другото, нагласи дека Општина Карпош во континуи тет ги под држува сите активности на здруженијата и таа со работка ќе продолжи и понатаму.
Покрај секретарот на Општината, на овој настан го вореа и Убавка Николиќ, претседател на Секцијата за култура и уметност при здружението и Димитрије Димовски, претседател на Здружението на пен зионери „Тафталиџе ДДД“.
В.Ц.
ИЗЛОЖБА НА РАКОТВОРБИ
Хуманитарната собирна акција под симпатично мото „Ајварче за мене, ајварче за тебе “, како симбол за зимницата во македонските домови, ја организираа учениците, членови на организацијата на подмладо кот на црвениот крст при ОУ „Јан Амос Комен ски“ под раководство на наставничките Алексан дра Блажевска и Сузана Цветанова.
Акцијата имаше за цел, ајварот даруван од ученици и родители, да им се подари на посиромашните ученици и граѓани на Општината Карпош.На задоволство на организаторите на оваа хумана акција, собрани се преку 300 тегли од разновидна зимница. Од нив, 150 тегли зимница се по дарени на Општината која истите ќе ги подари на социјално загрозените семејства по повод Денот на општината, а остатокот на ученици кои потекнуваат од социјално загрoзени семејства.
„АЈВАРЧЕ ЗА МЕНЕ, АЈВАРЧЕ ЗА ТЕБЕ“
ЗАСЛУЖНИ ГРАЃАНИ
20 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21• ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
ГРАНИТЕН ФУДБАЛСКИ СТОПЕР И ЧОВЕК
Илија Најдоски, фудбалер
Во сјајното соѕвездие на заслужни граѓани на Општината Карпош, деновиве е придодадена уште една ѕвезда или посоодветно кажано, спортската, фудбалска легенда, Илија Најдовски. Највпечатливото, веројатно и најточното образложение за таа по чест што му е укажана на уште еден од плејадата големи Карпошовци, содржана е во една изјава на про славениот фудбалски маг Драган Џајиќ. Имено, во една пригода, упатувајќи им поздрави на Дарко Пан чев и на Илија Најдоски, легендарниот Џаја рече: „Навистина ви велам, во редовите на ФК „Црвена звезда“ поминале спортски и човечки величини, но така скромен, чесен и ненаметлив ас како Најдоски, немало„. Во истата пригода, прочуениот одбранбен играч и тогашен селектор на младинската репрезентација на СР Југославија, Милован Ѓориќ и спортскиот коментатор Милојко Пантиќ, се натпреваруваа во делењето комплименти на „гранитниот бедем во шампионската одбрана на Звезда“. Не е никакво претерување ако Ико (Најдовски) го споредиме со бескомпромисниот господин Бранко Станковиќ“, заклучи тогаш Милојко Пантиќ.
Со задоцнување од две децении, му го пренесувам поздравот на големиот стопер на „Црвена звезда“, некогашниот европски и светски шампион во
фудбал, а тој, како да се срамува од пофал би те на Џаја, Ѓора и Милојко, возвраќа: Во таа генерација на шампионска Звезда играв со вистински фудбалски и човечки величини. Еве и сега, од оваа дистанца, се повеќе сум уверен дека шампионскиот тим на Звезда е плод на некоја виша сила. Таква екипа никогаш повеќе нема да се појави, не само на овие простори туку и во Европа.
Правејќи бегла ретроспектива на спортската и на животната биографија на носителот на признанието заслужен граѓанин на Карпош, зборт почест и при знание искрснува како природен украс на ликот и делото на Илија Најдоски. Впрочем, да се биде капи тен на тимот составен од фудбалските величини: Са виќевиќ. Просинечки, Панчев, Југовиќ, Белодедиќ... и во тоа својство да се крене пехарот на светски клуп ски шампион во фудбал, е нешто повеќе од почест.
Патот до таму навистина беше трнлив. Јас од ро дното Крушево излегов со четиринаесет години и одејќи, фигуративно кажано, до Бари и Токио, морав да поминам низ милион непознаници, но горд сум на себе што, никогаш, навистина никогаш, пред нико го не се умилкував и не ја наведнував главата. Во родниот дом ме учеа дека секого треба да почитувам и за место под сонцето чесно да се изборам.
Никогаш нема да ги заборавам миговите кога стоилјадната публика го скандираше моето име, кога со мене на теренот беа Пикси, Дејо, Даре, Просинечки...
21 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
Фудбалот почнав да го играм во родното Крушево во ФК „Питу Гули“, а со 16 години веќе бев првотимец на прилепска „Победа“. Повикот од Скопје, од управата на ФК „Вардар“ за мене беше најважното скалило во мојата кариера, бидејки до таму се стасуваше по просејување низ густо сито. Во тоа време во „Вардар“ играа најдобрите од македонското поднебје и веројатно најдобрите единаесетмина во неговата фудбалска историја.
Поканата од легендарниот Џаја беше остварување на моите, би рекол нереални фудбалски соништа, но кога, заедно со Дарко Панчев, заиграв на преубавата „Маракана“, сфатив дека оние реки пот не беа залудни. Се потоа е след на логични нешта, разбирливи за оној што цврсто стои на земја.
Во тој „след на логични нешта„ е настапот за фудбалската реперезентација на онаа убава земја Југославија, и повторно со неповторливите фудбалски асови, подоцнежните перјаници на фудбалските гиганти: Милан, Интер, Реал, Барцелона, Бајерн...
Јас заминав во шпанскиот „Ваљадолид“ бидејќи понудата беше мошне примамлива, а и искрено, сакав да играм во Шпанија и не згрешв. Тоа е убава зем ја и од двегодишниот престој таму носам убави спомени. Впрочем и таму бев избран за најдобар стран ски играч и стекнав многу пријатели.
Во потрага по убави земји и градови, нашиот лауреат заминува во Турција, во „Дезинлиспорт“, а оттаму во швајцарскиот „Сион“. Токму во Швајца
рија му става точка на одлагањето на хируршкиот за фат, а потоа и точка на својата фудбалска кариера.
Човекот треба да си ја знае сопствената мерка, до каде и до кога може. Кога почувствував дека на теренот не сум оној што треба да бидам, се збогував со фудбалот. Токму на време, целосно да му се посве там на семејството. Знаете, семејството за мене е светост и тоа е една од причините што целосно се повлеков од фудбалот, вели Најдовски и онака за себе додава: мене инаку и никогаш не ме бидувало за никакви играрии, а тие се сега нашата фудбалска стварност.
Почесниот граѓанин на Карпош потоа, со видлива гордост, зборува за своето семејство, за сопругата Калина, ќерката Фани и синот Дино, кој тргнал по стапките на својот татко. „Човекот може да биде богат и славен но ништо не направил во животот ако нема вистинско семејство. Фала му на Господ, јас тоа го имам и навистина сум горд .
На крајот од, навистина пријатниот разговор, зачинет со боза и кафе, големиот фудбалски стопер го прашувам; што, од толку убавите нешта што му се случувале во брилијантната фудбалска кариера, ќе го памети вечно.
Никогаш нема да ги заборавам миговите кога стоилјадната публика го скандираше моето име, кога со мене на теренот беа Пикси, Дејо, Даре, Просинечки...
Миле Раденковиќ
22 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ22
ОБРАЗОВАНИЕ
Го отворате првиот клон на „Бреинобреин“ во Општина Карпош. Што, всушност, претставува Вашата академија?
– „Бреинобреин“ е една од детските лидерски институции која веќе 10 години успешно ги трансформира животите на повеќе од 100.000 деца низ це лиот свет. Постојат 600 успешни франшизни центри во повеќе од 15 држави во светот: Индија, Англија, Америка, Австралија, Кувајт, Полска... Во светот Бреинобреинпрограмата (БОБпрограмата) ја имаат завршено над 20.000 деца, кои денес се вклучени во разни сфери од општествениот живот и се наоѓаат на значајни позиции.
Во Македонија веќе три години функционира ма стер франшизниот центар „Бреинобреин интернешенел“, постојано отворајќи нови франшизни цен три низ Република Македонија.
„Бреинобреин јуниорс“ е франшизен центар кој се отвори на 10.9.2012 година во Општина Карпош,
со цел да станеме подостапни за децата и родителите од овој дел на градот и веќе голем број деца од на шата општина се приклучија во нашето големо Бреинобреинсемеjство. Вие имате 10-годишно искуство во работа-
та. Каков е приемот кај родителите, децата. Всуш-ност која е Вашата целна група?
Бреинобреинпрограмата е Абакус едукација ко ја е позната како ментална аритметика. Таа се ба зира на активност која во исто време ги активира левата и десната хемисфера на мозокот, поттикнувајќи целосен мозочен развој и животни способности кај децата.
Методологијата се базира на:– Абакус едукација, т.е. менталната аритметика
која е најголема вежба за ментален развој, поврзана со ВАКтеоријата на учење (визуелниот, аудитивен и кинестетички момент) и
– НЛП – невролингвистичко програмирање.
ГЕНИЈАЛЦИТЕ НЕ СЕ РАЃААТ- СЕ СОЗДАВААТ!
Во Карпош се отвора школата „Бреинобреин јуниорс“
23КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
Кои се придобивките за посетителите на Ва- шата академија и со кои методи го постигнувате? Дали во основа е математиката?
– Искуството покажува дека голем број родители со огромно задоволство ја прифаќаат програмата, поради широкиот спектар на придобивки:
– зголемување на концентрацијата, фото графска та меморија, визуализацијата, брзината на пресметување и читање и имагинацијата;
– развивање на креативноста, нумеричките и вер балните способности и способностите за учење и
– подигнување на самодовербата на децата, лидерските способности и тимското работење.
Најкратко речено, се постигнува целосен развој на личноста кај едно дете. Способноста и вештините што се постигнуваат со БОБпрограмата, кога еднаш ќе се совладаат, кај децата остануваат засекогаш.
На одреден начин БОБпрограмата е поврзана со математиката, но ние не ги учиме децата математика. Во нашата програма само го искористуваме абакусот поврзан со математика, како алатка за подигнување на менталниот развој, а не за калкулирање во практичниот живот. Дали може да кажеме дека генијалците не се
раѓаат туку се создаваат?– Целна група на БОБпрограмата се сите мен
тално и физички здрави деца на возраст од пет до 14 години, како круцијален период на возраст во кој се формира менталниот развој на детето.
Програмата трае 10 нивоа, едно ниво трае 34 месеци.
Децата го посетуваат нашиот центар еднаш во не делата по два часа, а имаат обврска дома да вежбаат секој ден максимум 15 минути.
БОБпрограмата не е поврзана со почетокот и кра јот на училишната година, кај нас постојано се формираат групи. Родителите аплицираат во нашиот центар и со формирање на групите според одредена возраст, децата почнуваат со програмата.
На крајот од секое завршено ниво децата добиваат интернационални сертификати кои можат да им послужат при упис во светски признати училиш та, како на пример „Оксфорд“ или при конкурирање во познати фирми и агенции. Една од таков тип каде што се бара сертификатот е на пример НАСА.
Слободно може да кажеме дека Бреинобреинпрограмата во изминатите 10 години создаде многу генијалци.
БОБпрограмата придонесува од секое просечно дете да се извлече максимумот од менталниот равој, со што од малите дечиња создава ГОЛЕМИ ЛИЧНОСТИ.
Виолета Цветковска
Деновиве во Редакци јата на „Урбан“ имавме еден необичен гостин, петипол годишниот Тео дор Илиевски, иден математички гениј. Такви се прогнозите на неговата учителка Анета Ленчиовска од Едукативни от центар „Светилник“. Впрочем, на првиот тест на таканаречениот Абакус концепт, Теодор покажал дека во светот на математиката влегува низ ши роки порти.
Придружуван од мајка му, „натоварен“ со абакус (сметалка,) првоосво ениот пехар и диплома, Тео ни демонстрираше како со помош на абакусот нај лесно се пресметуваат ос новните математички опе рации. Сепак, главниот штос ни го приреди со пра зно картонче на кое пре сметуваше без да пишу вавизуелно.
Теодор е едно од талентираните деца кои ја посетуваат наставата во Едукативниот центар „Светилник“ невладина организација која, покрај останатото, се занимава со психичкиот развој и креативниот потенцијал на децата. Мајката на Тео ни објасни дека станува збор програмата BRAINOBRAIN со здадена врз база на децениски истражувањa од врвни академици со интернационално искуство во детското образование и тренинг.
Во таквата едукација Абакус концептот има важна улога бидејќи овозможува голем тренинг на мо зокот кај децата. Со кинеската сметачка алатка Абакус симултано се комбинирани три начини на учење: визуелно, аудитивно и кинестетички. По три месеци децата одлично можат да калкулираат броеви со абакусот, а подоцна абакусот се заменува со ментална слика (визуелен абакус) и калкулираат со дви жење на прстите на замислените топчиња од визуелниот абакус.
Малиот Теодор потоа ни демонстрираше и една друга вештина, правење бродчиња и авиончиња од хартија, така што средбата заврши како што и треба, со детска игра, која е суштина на секое одрастување.
На заминување, нашите гости ни препорачаа да ја нагостиме и другарката на Тео, Ања Дуковска, која во истото училиште го освоила златениот медал, а живее во Карпош.
М.Р.
Теодор Илиевски
АБАКУС И БРОДЧИЊАTA НА ТЕО
24 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
Во присуство на 200 деца од основните училишта во Карпош, во Кинотеката на Македонија деновиве се одржа манифестацијатаа „Карпош има талент“. Стручна комисија составена од експерти во сфе рата на актерството, музиката и танцот, меѓу финалистите ги избра и ги награди најдобрите. Првото место му припадна на Ма рко Србиновски од ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“ за интерпретација на песната „Имеџн“ од Џон Ленон. Второто место рамноправно го поделија Стефан Алексов ски од ОУ “Владо Тасевски“ и Матеј Божиновски од ОУ “Војдан Чернодрин ски“ за клавирска изведба, а третото им припадна на Ања Давитковска и Матеј Лозановски од ОУ„ Јан Амос Коменски“ за прекрасната изведба на латино танци.
На оваа манифестација беа избрани и лого и слоган со кои во иднина ќе се брендира образованието во Општина Карпош. За најдобро лого беше из бран предлогот на Дамјан Велков од ОУ „Јан Амос Коменски“, второто место и припадна на Галина Лукин од ОУ„ Петар Поп Арсов“, а третото место на
Сара Петрушевска од ОУ„ Војдан Чер нодрински“. За нај добар слоган беше про гласен предлогот на Ива Мирчев ска Стојми лова од ОУ „Пе тар Поп Ар сов“, втор најдобар слоган бе ше на Са ра Поповска од ОУ „Петар Поп Арсов“, додека третото место го освои предлогот на Стефан Стојковиќ од ОУ „Братство“.
Наградите на победниците им ги
врачи градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски.
В.Ц.
НАША ИДНИНА
Без сестрите Екатерина и Белисима Лукарови не може да се замисли ниту една свеченост или приредба, не само во нивното матично училиште „Лазо Трповски“ туку и во Општината Карпош. Нивниот последен настап, при доделувањето на дипломите по повод еден меѓународен литературен конкурс, бе ше проследен со воодушевување. ЕкатеринаЕна свиреше на флејта, а Белисима на пијанино, и тоа беше повод за нивното претставување и во нашиот весник.
Екатерина е ученичка во шесто, а Белисима во че тврто одделение. И двете се одлични и омиле ни другарки, а како и не би биле кога знакот на нивното препознавање се песната и играта.
Ена ни раскажува дека музикалноста ја наследиле од таткото Кристијан, академски музичар, хорист и композитор, а од мајката Оле, дарбата за уметничко играње. И сестра ми и јас сме ученички во МБУЦ „ Или ја Николовски Луј“, учиме балет и сви рење флејта и пијано. Токму заради тоа, често настапува ат во тандем и кога се свири и кога се игра.
Помалата од сестрите Лукарови, Белисима, последните две години редовно учествува на натпревари те за млади музичари, каде има освојувано награ ди и дипломи. Таа на Вториот меѓународен натпре вар на млади пијанисти, одржан во Врање (Р. Ср би ја), освои второ место.
Екатерина ни се пофали за настапот на детскиот фе стивал „Супер sвезда“, каде, по повод десетгодишнината од постоењето со сестра и на стапиле со песната „Журка“, кога добиле најсилен ап лауз. И таа и другите песни, со кои настапуваат на разните приредби и натпревари, им ги компонира таткото Кристијан така што играјќи се дома вежба ат за јавни настапи.
М.Р.
ТАНДЕМ ЗА СПЕКТАКУЛАРНИ НАСТАПИ
Сестрите Екатерина и Белисима Лукарови
ГРСТ НАГРАДИ„Карпош има талент“
25КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
НАГРАДИ
На 5. Меѓународен училиштен литературен натпревар на тема „Кога би бил крал...“ што го организира германското здружение „Мерхенланд“ од Берлин, Германија,15 ученици од ОУ „Лазо Трповски“ се наградени со пофалници. Тие се пласираа меѓу 150 најдобри во конкуренција на лични творби и по меѓу 100 најдобри во конкуренција на илустрации.
Учесниците на натпреварот во својата стихувана лична творба мораа да употребат најмалку десет од да дените клучни зборови од страна на организаторот, а на секое одделение му беше дозволено да учествува најмногу со три лични творби и една илустрација.
Натпреварот годинава се одржа во Берлин во рамките на манифестацијата „23. Берлински денови на сказните“, а по повод 200 години од излегувањето од печат на книгата „Детски и куќни сказни“ од браќата Грим.
Со свои лични творби и илустрации годинава уче ствуваа околу 2 500 ученици од 12 земји од светот.
Со вкупно 11 стихувани лични творби напишани во форма на сказновидни балади, пофалени се уче ниците: Кирил Соколов, Илина Милошеска,
Бисера Атанасова, Емилија Митовска, Алексан-дра Петковска-Банак, Елена Ордевска, Мартина Та сева, Огнен Бошњаковски, Тимотеј Бојаровски, Ма теа Крстаноска, Јана Климоска, Сара Петру-шевска, Ања Тодоровска, Ева Лазовска, Оља То-доровска и Марија Павловска.
Со соодветни пофалници за пласманот во финалето, стручното жири во категорија на илустрации награди и четири ученички од ОУ „Лазо Трповски“: Мартина Караскаковска, Огнена До девска, Бојана Маројевиќ и Јована Маројевиќ.
Во своето обраќање до финалистите координаторката на проектот, Биргит Маршал, во име на ор ганизаторот на натпреварот, меѓу другото, истакна: „Ви благодариме за испратените лични творби и илустрации полни со прекрасни креативни идеи и се надеваме дека имавте можност да уживате додека ги пишувавте и ги чи тавте стихуваните лични твор би и ги цртавте илустрациите.
Наставници ментори на овој проект се: Розита Костова, Дијана Петроска, Дивна Наумовска и Сте- фан Симовски.
Стефан Симовски, координатор на проектот
ПОФАЛНИЦИ ЗА НАШИ ЛИТЕРАТИ И ИЛУСТРАТОРИ
Учениците од ОУ „Лазо Трповски“ наградени во Берлин
26 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
НАШИ АСОВИ
ДЕСЕТ ГОДИНИ НА ДРЖАВНИОТ ТРОНПоентата на бестселерот „Алхемичарот„ на Пао
ло Куељо е дека камчето на среќата треба да се ба ра под куќниот праг, а не преку девет планини и мориња, прилега на приказната за ликот и делото на мо јот соговорник Стојан Поповски. Имено, тука, на че кор од нас, скромен, симпатичен и елоквентен, живее десеткратниот шампион во триатлон, некогашниот репрезентативец и рекордер во пливање на дол ги патеки, професорот по германски јазик и магистер по спортски туризам. Деновиве, Поповски зами на на светското првенство во Окланд (Нов Зеланд), потврдувајќи ми ја вистината за нашето старо проклетство не само дека не водиме грижа за та лентите туку дека не си ги познаваме и оние со ме ѓународно реноме.
За среќа, како што вели самиот Поповски, Општината Карпош, таквите „камчиња“ ги пронаоѓа и материјално им помага во нивниот спортски стремеж, во случајов натпреварување со светски триатлонци. Се разбира, нужно е да спомнеме дека триатлонот е спорт, синтеза на три дисциплини: пливање, велосипедизам и трчање. Освен што е спорт на одбраните, скап е и кај нас, речиси анонимен како што се и оние кои се занимаваат со него.
... Како го открив триатлонот? Бев многу малечок кога прв пат, на телевизија гледав еден натпревар, но пред да се впуштам во триатлонските води, активно се занимавав со пливање, каде бев државен младински првак. Со оглед дека еден дел од тој спорт е пливањето, дека е во него вклучен и велосипедизмот, решив и таму да се пробам. Навистина, тогаш и не помислував дека тој спорт ќе ми стане пасија... На првиот официјален натпревар, далечната 2003 година, бев трет, а од тогаш, десет пати по ред сум др жавен првак во триатлон...
Не потценувајќи ја домашната конкуренција, триа тлонот сериозно го сфатив по настапите во меѓународната конкуренција. Поточно, сфатив дека без одрекување и пеколни тренинзи нема успех. Во, овој спорт успех е да бидеш меѓу првите пет во балкански рамки и, да речеме во друштво на првите триесет, во светски рамки...
Токму на меѓународните натпревари се запознав со селекторот на бугарската триатлон репрезентација, Емил Стојанов, со репрезентативците на Србија и добив можност со нив да тренирам и да учествувам на четири европски и светски првенства... Кога сме кај меѓународните натпревари, сакам да ви кажам дека има недоразбирање кај нашата публика. Ако на некој од тие натпревари освоиш трето ме
сто, велат, „а, сигурно е некое „шљ“ натпреварување“. Кога на светското првенство се пласирам на 31 ме сто, меѓу 107 натпреварувачи, велат, „подобро и да не се натпреварувал“. На таквите не им е познато, а ни важно дека зад себе сте ги оставиле натпреварувачите од земјите кои се велесили во триатлонот.
Триатлонот е скап спорт. Најнеопходната и скром на опрема чини околу 15 илјади евра, велосипедот 6000 евра, а неговото сервисирање чини 500 евра. Да не беа одрекнувањата на моите родители, јас немаше да бидам тоа што сум денес, десеткратен државен првак и учесник на пет светски првенства... Са кам да кажам дека, кај нас, за таканаречените мали спортови (и не само за нив), никогаш немало доволно пари. Ние имаме Триатлонска федерација чиј годишен буџет изнесува 3000 евра, па сега вие видете колку таа може да ни помогне на нас што сериозно се занимаваме со овој спорт.
Благодарејќи и на стипендијата од МОК, јас добив можност два месеци да престојувам во Колорадо Спрингс, во олимписката база на американските
Стојан Поповски, триатлонец
27КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
триатлонци каде ме тренираше Карл Трикен. Сепак, не ми се оствари желбата да учествувам на двете последни олимпијади иако бев сериозен кандидат. До Олимпијадата не стасав бидејќи немав доволен број настапи на меѓународни натпревари каде се добива виза за најголемиот светски спортски настан. Едноставно, немаше средства дури ни за пат до местата каде се одржуваа тие натпревари....
Еве, и сега, неколку денови пред заминување за Нов Зеланд, јас се соочувам со недостиг на пари за основните потреби, а да не ви зборувам за тоа дека таму патувам сам, без придружба и веројатно дека, како и досега, ќе бидам, единствениот соло натпреварувач. Сепак, тоа ме прави посилен бидејќи се потпирам самиот на себе и очекувам добар пласман, кој тогаш е посладок и повреден.
Како и да е, благодарејќи му на Поповски, македонското знаме се веело на четири светски и на пет европски првенства во триатлон и на уште педесетина големи меѓународни натпревари. Токму со постигнатите резултати на тие натпревари, Поповски е влезен во топ 10 во балкански рамки.
Сега сум во најубави години, значи и психички и физички подготвен во триатлонот да го дадам ма
ксимумот, и без оглед на финансиските тешкотии, ќе настапувам на сите натпревари дома, а и надвор со намера да влезам во првите пет. Се разбира, така ќе се подготвам за наредната Олимпијада, бидејќи верувам дека ќе ја исполнам потребната норма и дефинитивно ќе учествувам на најголемиот светски собир на спортисти.
М. Раденковиќ
На платото пред бистрото „Пиколо“, (ТЦ.Карпош 3т.н. Лептокарија), свечено беше промовиран стартот на единствениот интернет портал во Маке донија „СеЗаРоденден.Мк“ преку кој,на едно место, ќе може со само еден „клик“, да се купат за подарок производи од неколку десетици домашни и стран
ски брендови„Ла Коста“, „Би воч“, „Калце дониа“, „Ин тимисими“, „Или“, „Бистро Пиколо“, ка фе книжарница „Три“.... На отворањето присуству ваа многу прет ставници од бизнис секторот, македонски естрадни ѕвезди, стилисти, модни критичари и многу новинари, кои уживаа во прекрасната роден денска торта подготвена специјално за овој настан од „Канела“, вкусните вина на „Тиквеш“, музиката на DJ ONE, а тоа задоволство беше проследено од будното „око“ на нашите фоторепортери.
Бројните анкети кои ги направивме посочија дека луѓето во Скопје имаат се помалку време за да го одберат вистинскиот роденденски подарок за ни вните најблиски. Луѓето ретко добиваат подароци кои навистина ги израдувале, иако биле потроше ни многу пари тие да бидат купени. Поттикната од ова, одлучив да основам компанија која ќе понуди буквално сé за најзначајниот ден во годината на секој човек. Едноставно сé за роденден! вели сопственичката на „СеЗаРоденден.Мк“, Ивана Колева.
„СеЗаРоденден.Мк“ е местото каде освен вообичаени подароци, луѓето ќе можат да пронајдат и мал ку поуникатни роденденски подароци, како јавање коњи, масажи, тренинзи по зумба, аеробик, фитнес и многу други.
(И.M.)
КАРПОШ ДОБИ WWW.SEZARODENDEN.MK
28 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
Општина Карпош е постојано живеалиште на заслужни граѓани, писатели, уметници, спортисти.. Меѓу нив ги има и оние кои од медиумски аспект се тотал ни анономци, пред се поради својата вродена скромност. Дали на пример некогаш сте слушнале за Елизабета Чолаковска Шпољариќ. Претпоставувам не, а убеден сум дека не можете ни да претпо ставите зошто таа заслужува и внимание и почит.
Ја сум заслужен спортист на Република Македонија и уживател на Националната пензија што се доделува на спортистите кои во текот на кариерата оствариле врвни, односно светски резултати. Треба да ви кажам уште дека мојот спорт е куглање, а врвот на кариерата ми е титулата на светска шампионка во куглање. .. Така ја започнува својата спортска биографија нашата соговорничка, денес единствена жена тренер и судија во кугларскиот спорт во Македонија.
Ги бележам поважните датуми, клубови, државни, евроски и светски првенства, меѓународни турнири, на кои учествувла мојата соговорничка. Учествувала и ги освојувала најсјајните признанија. Кога почнав да го срочувам текстов, сфатив дека и 36 страници на „Урбан“ би биле малку за да ги наредиме спортските резултати и постигања на ова симпатична и елоквентна спортистка, тренер и педагог, во спортот во кој Македонија, со години наназад, високо котира во светските рамки.
Знаете, куглањето е спорт со најмалку публицитет и јас со тоа се помирив уште на своите почето ци, 1974 година. Тогаш за прв пат се сретнав со ку глана и куглање и ме привлече бидејќи видов дека таму само од натпреварувачот зависи какви резултати ќе постигне. А со тој мој почеток сврзана е вистината анегдота. Имено, тогашниот тренер на кугларскиот клуб, „22 Декември“, Драган Коваче
СПОРТСКИ ЛЕГЕНДИЕлизабета Чолаковска Шпољариќ
СО ИНАЕТ И КУГЛА ДО СВЕТСКИОТ ТРОН
Имам и сила и желба да помогнам во Карпош да се формира кугларски клуб, пред се бидејќи има талентирани девојчиња способни да му го вратат некогашниот сјај на македонското женско куглање, вели нашата соговорничка, заслужен спортист на Македонија
29КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
виќ, кога ме виде ме праша што бараш тука. Кога му кажав дека сакам да тренирам, се насмеа и рече: Девојче, барај си некој друг спорт, ти си слабичка за куглање“. Јас тогаш се заинатив и си реков, ќе ги баталам шахот, пинпонгот, стрелаштвото и кошарката и ќе тренирам куглање. Човекот виде не виде, ме запиша во клубот и подоцна, кога станав светска првенка, си ја раскажувавме нашата прва средба, а тој признаваше дека е добро да се биде упорен без оглед за која работа станува збор.
Веќе наредната, 1975 година, на првенство во Нови Сад, јас станав државен првак и веднаш станав и државна репрезентативка, и во наредните десет години настапував на сите поважни домашни и меѓународни натпревари.
Во домот на нашата заслужна спортистка, едно ќоше во дневната соба е украсено со дел од пехарите и признанијата што Бети ги освојувала во својата богата спортска кариера. Повеќето од нив се „спастрени“ во картонски кутии, а дипломите, фотографиите и исечоците од весниците хронолошки се под редени во големи албуми. Во разговорот се фокусиравме на датуми и натпревари во кои е исткаена една блескава и неповторлива кариера. Првото искуство е сврзано за државното првенство во Крањ, 1974 година, каде ЧолаковскаШпољариќ одлучува на ку глањето целосно да му се посвети. Веќе наредната година, на првенството во Нови Сад станува држа вен првак и нова, најмлада репрезентативка на Југославија. Истата, 1975 година, на Светското пр
венство во Будимпешта станува светска првенка во поединечна конкуренција и вицешампионка во двој ки. Во наред ни те шест години Бети е републички шампион, стандардна репрезентативка, и освојувач на златни и сребрени медали на сите меѓународни натпревари на кои учествувала. Сепак, круна на блескавите резултати на „малечката од Македонија“ е златниот медал на Светското првенство во Брно, 1982 година. Истата година, во Македонија е прогла сена за спортист на година во женска конкуренција, веднаш зад борачот Трстена кој беше апсолутен спор тист на годината.
Во следните десет години, Чолаковска –Шпољариќ е преокупирана со формирањето на кугларскиот клуб „Работнички“, со кој постигнува врвни резултати, а потоа, истото го повторува во КК „Вардар“ каде станува тренер и селектор на македонската женска репрезентација. Приказната за настаните во последнава деценија не е „светла“ и мојата соговорни чка не го крие разочарувањето од „ политички ама тери во спортот“, од немање услови за тренирање на своите ученички и наследнички...
На крајот од разговорот рече дека има и сила и желба, во Општината Карпош да формира кулгларски клуб, бидејќи, како што вели, има талентирани девојки, способни да го повратат сјајот на македон ското женско куглање од времињата кога девојките од Скопје на чело со неа, Живиќ и Маџаровска, беа перјаниците на југословенското женско куглање.
М. Раденковиќ
ОПШТИНА КАРПОШ ДОНИРАШЕ СПОРТСКА ОПРЕМА ЗА СИТЕ ДЕСЕТ УЧИЛИШТА
Минатата недела, во ООУ „Владо Тасевски“ Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, донираше спортска опрема за сите десет учи лишта кои егзистираат на територијата на општината. Станува збор за донација од 10 маси за пингпонг, илјада пингпонг топчиња и 40 рекети, како и по 100 топки за кошарка, ракомет и одбојка.
„Ние, изјави градоначалникот Јакимовски, привршуваме со реконструкција на вашето училиште.Тоа е само едно од десетте целосно реконструирани ос новни училишта на наша територија и сега е на ред да ги обновиме училишните помагала. Во областа на спортот тоа се овие реквизити кои рамномерно ќе бидат распределени во сите училишта, со што сакаме да го поттикнеме спортскиот дух кај децата
и љубовта кон спортските вештини, рече Градоначалникот, обраќајќи им се на учениците и на персоналот на училиштето.
Првиот човек на Карпош уште рече: Ќе пристапиме кон обнова и опремување на кабинетите по фи зика, хемија, информатика и се надевам дека од овие училишта ќе излезат идни академци и успешни граѓани на општина Карпош“.
(В.Ц.)
30 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
31КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
ДРУГИТЕ ЗА НАС
Во рамките на одбележувањето на Денот на нашата Општина, на гости ни беа и драгите пријатели, делегацијата на збратимената општина Врњачка Бања, од Република Србија. Тоа беше повод за краткиот разговор со г. Андрија Бочанин, вториот човек на локалната самоуправа во Врњачка Бања. Господин Гочанин, свечерскиот дел од ваша-
та посета се подразбира но дали, при средбата со нашиот Градоначалник и неговите соработници, стана збор за конкретни проекти?
- Се согласувам со вас, во Карпош сме пречекани како вистински пријатели и убаво си поминавме. Со оглед дека нашата соработка е воспоставена релативно скоро, во октомври минатата година, немав ме време за некои конкретни активности, но овој пре стој го искористивме токму, разговарајќи за активностите кои ќе ги реализираме во иднина и во најскоро време. За почеток, ние на нашите домаќини им понудивме два проекта, едниот се однесува на изградбата на мовче на реката во Врњачка Бања, реплика на некој од мостовите на Вардар. Симболиката се подразбира.
Исто така, со оглед дека на десетина километри од Бањата се наоѓа планината Гоч, убав зимско рекреативен туристички центар, ние дојдовме на идеја на нашите пријатели од збратимените градови да им подариме плацеви на кои тие ке можат да си изградат објект со претпознатлива национална архитектура. Со други зборови, Општина Карпош да има една мала своја територија во Србија на која ќе може да изгради типска куќа, пригоден угостителски објект, музеј за презентација на сопствената кул тура.
Имаме во план, наскоро да организираме еден вид берза со учество на стопанственици од нашите збратимени општини. Верувам, ќе се согласите со ме не дека секоја соработка на збратимените градови има смисла ако во себе содржи соработка на стопански план. Таквото мислење го делат сите наши колеги од збратимените градови. Какви се Вашите впечатоци од овој краток
престој во Карпош? Импресионирани сме од она што го видовме
овде. Карпош е навистина модерна, Општина со ши роки и цветни булевари, со многу зеленило и нови градби кои се во убав склад со објектите кои се градени порано. Јас, лично сум воодушевен од вашиот
градоначалник, од неговиот елан, харизматичност и присноста при средбата со граѓаните. А да не зборувам за неговите соработници кои беа во нашата придружба, и својски се потрудија да ни угодат и да не нагостат, така што си заминуваме навистина пре задоволни. ..
Како што е и редот, ние, г. Јакимовски и нашите нови пријатели ги поканивме во најскоро време да ни бидат гости, но се сомневам дека можеме да ги над минеме во гостопримството што ни го го приредија овде, без оглед на фактот што Врњачка Бања веќе 145 години практикува туризам.
М.Р.
„МАКЕДОНСКА КУЌА“ НА ГОЧ
Андреја Бочанин, заменик претседател на Врњачка Бања
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ32
Список на талентирани ученици од општински те основни училишта на територија на Општина Кар пош за учебната 2012/2013 година
I категоријаМилан Самарџиски – ОУ „Владо Тасевски“ – 7 оддЛеон Шулајковски – ОУ „Петар Поп Арсов“ – 8 оддКристијан Мирковски – ОУ „Ј. А. Коменски“ 7 оддКатерина Бујароска – ОУ „П. П. Арсов“ – 8 оддДаниел Србиноски – ОУ „Владо Тасевски“ – 7 оддСтефан Алексовски – ОУ „Владо Тасевски“ – 8 оддАндреј Весиќ – ОУ „Петар Поп Арсов“ – 7 оддИвана Чивлачки ОУ „Јан Амос Коменски“ – 7 оддНаталија Калајџиеска – ОУ „П. П. Арсов“ – 7 оддГабриела Ивановиќ – ОУ „Ј. А. Коменски“ – 7 одд Мила Гавриловска – ОУ „Ј. А. Коменски“ – 7 оддТијана Абазовска – ОУ „Братство“ – 8 оддТијана Додов – ОУ „Јан Амос Коменски“ – 7 оддАндреј Божиновски – ОУ „Аврам Писевски“Стефан Божиновски – ОУ „Аврам Писевски“
II КатегоријаЃорѓи Јовановски – ОУ „Владо Тасевски“ – 8 оддДавид Христов – ОУ „Јан Амос Коменски“ – 7 оддАнгела Стојчевска – ОУ „Владо Тасевски“ – 8 оддТиана Лазаревска – ОУ „Аврам Писевски“ – 8 оддЛеонид Танасковиќ – ОУ „Братство“ – 8 оддИгор Трајков – ОУ „В. Ц. Трена“ – 7 оддДарко Тушев – ОУ „Јан Амос Коменски“ – 7 оддАлександар Чавлески – ОУ „Братство“ – 7 одд.Михаил Кржаловски – ОУ „Х. Т. Карпош“ – 7 одд Сара Грезу – ОУ „Димо Хаџи Димов“ – 7 одд
Јоаким Јаковлески – ОУ „П. П. Арсов“ – 7 оддЛеонита Поповска – ОУ „Владо Тасевски“ – 8 оддБерта Милевска – ОУ „В. Ц. Трена“ – 7 оддКонстантин Георгиевски – ОУ „П. П. Арсов“ – 8 оддАнгела Мојсовска – ОУ „Д. Х. Димов“ – 7 оддКирил Ѓеоргиевски – ОУ „Д. Х. Димов“ – 7 оддВладимир Тасевски – ОУ „Д. Х. Димов“ – 8 оддНора Николоска – ОУ „Ј. А. Коменски“ – 8 оддМарко Зајков – ОУ „Димо Хаџи Димов“ – 7 оддСтефан Димковски – ОУ „Д. Х. Димов“ – 8 одд.Дамјан Димовски – ОУ „П. П. Арсов“ – 7 оддОлга Дамовска – ОУ „Димо Хаџи Димов“ – 8 оддМартина Петровска – ОУ „Д. Х. Димов“ – 8 одд
СТИПЕНДИСТИ НА ОПШТИНА КАРПОШ ЗА 2012/2013 ГОДИНА
Веќе петта година по ред, а на иницијатива на градоначалникот Јакимовски, локалната самоуправа на Општината Карпош, на талентираните ученици и спортисти им до дели стипендии. Со цел паричната помош да стаса во рацете на навистина талентирани спортисти, Одделенијата за образование и спорт при Општината Карпош, утврдија критериуми и распишаа јавен конкурс. На конкурсот за талентирани ученици годинава се пријавија 52 кандидати, а на конкурсот за надежни спортисти, 108 кандидати. Двете Комисии внимателно ги разгледаа сите пријави и направија ранг листи со по четири категории. Според истите, во учебната 2012/2013 година (10 месеци), паричен надомест во износ од 1.500, 2.500 и 3.500 денари ќе добиваат 52 талентирани ученици и 54 млади спортисти. Наградата за вториве (во зависност од категоријата), ќе изнесува: 2000, 2.500, 3.000 и 4.000 денари. Нашиот весник со посебно задоволство ги објавува списоците на талентираните уче ници и млади спортисти, стипендисти на Општината Карпош за учебната 1012 1013 година.
СТИПЕНДИИ
III категоријаАлен Бајро – ОУ „Јан Амос Коменски“ – 7 оддИна Кроневска – ОУ „Владо Тасевски“ – 7 оддТамара Тодорова – ОУ „Д. Х. Димов“ – 7 оддСара Поповска – ОУ „Петар Поп Арсов“ – 8 оддБорјан Темелкоски – ОУ „П. П. Арсов“ – 7 оддАнѓела Стојковска – ОУ „Ј. А. Коменски“ – 8 одд.Лео Кралевски – ОУ „В. Ц. Трена“ – 7 оддМони Михајловски – ОУ „В. Ц. Трена“ – 7 одд.Теа Тодорова – ОУ „Владо Тасевски“ – 7 оддАна Мазнева – ОУ „Петар Поп Арсов“ – 8 оддЃорѓи Станојески – ОУ „Владо Тасевски“ – 7 оддРосица Турмакоска – ОУ „Лазо Трповски“ – 8 оддДана Ќосева – ОУ „Димо Хаџи Димов“ – 8 оддКирил Петков – ОУ „Петар Поп Арсов“ – 8 одд
Материјална помош за надежни спортисти
I категоријаДино Вучидолов, Амра Фејзула, Магдалена Таш
ковска, Симона За борска, Стојан Поповски, Дарко Ан гелковски, Тамара Илиќ, Ивона Пејковска, Дамјан Петровски, Петар Огњеновиќ, Никола Стојков, Алек сан дар Стојковски, Сара Радичевска, Ан гела Ниниќ, Сандра Иванова, Давид Пе цалевски, Ирина Јанкуловска, Антонио Зврцинов, Давид Мицевски, Ан тонио Ри стевски, Ду шица Јанковиќ, Xристијан Тодороски, Васил Пујовски, Илија Циривири, Милан Ристовски, Бисера Ристовска, Моника Стефановска, Горазд Анастасов.
II категоријаЃорги Поповски, Констан тин Битраков, Андреј Со
коловски, Никола Димитријевиќ, Александар Стоја нов ски, Марко Секулов ски, Јаков Јованов.
III категоријаСадик Касамовски, Драгана Волкановска, Бојана
Бејатовиќ, Иван Михајловски, Стефан Стојановски, Емануел Ристевски, Ведран Здравковски, Деа Здрав ковска, Кри стина Крстевска.
IV категоријаВиктор Аспров ски, Сара Гичевска, Давид Илиев
ски, Калина Трајаноска, Стефан Стоја нов ски, Марија Стојчевска, Кристијан Андреев, Марко Накиќ, Иван Манасов, Никола Максимовски.
Материјална помош за спортски клубови
Епитетот на најспортска општина во Република Ма кедонија, нашата Општина постојано го потврду ва и со материјално помагање на спортските друштва и клубовите кои егзистираат на нејзината територија. Како и во изминатите години, и во оваа, Локалната самоуправа за таа намена од општинскиот буџет из двои 1.745.000 денари. Се разбира, паричните средства се даваат по пат на јавен оглас и според постигнатите резултати. Годинава, на конкур сот се јавија 23 спортски друштва и клубови, а Ко мисијата при Одделението за спорт донесе одлука материјално да помогне 18 спортски колектив, во десет катего рии и тоа: ОК „Вардар“, КК Карпош со коли 2000.“, ПК „Карпош“, ФК „Лепенец Гост“, КК „Водњански ли сици“, Џудо клубот „Ипон“, КФЦ, ФК „Алумина“, Шаховски клуб „Карпош“, Пинг понг клубот „СпиСти га“, Пливачки клуб „Акватик“,ШК „Гамбит“, Спорт клуб „Херкулес“, ОК „Фит фан волеј“, Поли циски боречки клуб „7. мајТигар“, РК „Велко ва 5“, БК „Универзалци“ и Мото клуб „СК Мото“.
Во рамките на програмата за одбележување на Денот на Општина Карпош – 3 Ноември, дено виве, во спортската сала на ОУ „Владо Тасевски“ се одржа кошаркарски турнир за учениците од средните учи лишта од територијата на Општина Карпош. Станува збор за првото коло од Кошаркарската лига за учениците од на шата Општина.
На стартот од натпреварувањето се одиграа два натпревари. Во првиот, кошаркарите на „Георги Ди митров“ ги победија врсниците од „Орце Николов“ (54:40), во вториот натпревар, момчињата од ги м назијата „Кочо Рацин“ беа подобри од кошарка ри те на „Нова“ (67:64)
Вкупниот награден фонд за годинешната Ко шаркарска лига на средношколци изнесува осумстотини илјади денари.
СЈАЕН СТАРТ НА КОШАРКАРСКАТА ЛИГА
33КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
34 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
ФОРУМ НА ЗАЕДНИЦАТА
Деновиве, во просториите на ООУ „Лазо Трповски“ се одржа петтата, претпоследна форумска сеси ја од проектот „Форум на заедницата“. Со десет добие ни петки за проектот Подобрување на условите за реализација на воспитно образовната работа и на малување на оперативните трошоци, преку зголемување на енергетската ефикасност на објектот, победи проектот на ЈУОДГ „Пролет“ – Карпош.
Имено, Општина Карпош, во периодот од јуни до октомври годинава, во серија од пет сесии го реа лизираше проектот „Форум на заедницата“. Про ектот има за цел да го зајакне граѓанското учество во процесот на одлучување на локално ниво, да се подобрат партнерствата помеѓу локалните субјекти и да се изнајдат поефикасни решенија за про блемите од интерес на целата заедница.
Да потсетиме, проектот е поддржан од Швајцарската агенција за соработка и развој со 2.400.000 де
нари и 2.400.000 денари од локалната самоуправа, а е имплементиран од фондацијата Отворено општество – Македонија. На сесијата учествуваа градоначалникот Стевчо Јакимовски и секретарот на Општи на Карпош, Владо Поповски, и зборуваа за тоа што до сега е преземено и што се планира во иднина за целосна реализација на избраниот проект.
Градоначалникот Јакимовски им се заблагодари на присутните за нивното учество во форумите и го лемиот ин терес за ваквиот вид на распределување на сред ства та, и при тоа нагласи: Овие форуми не поттик наа и од следната година, при правење на буџетот ќе определиме средства за секоја урбана заедница, а са мите граѓани ќе одлучат за што ќе бидат наменети тие средствата “.
E. K.
ГРАЃАНИТЕ ИЗБРАА: ОБНОВА НА ГРАДИНКАТА „ПРОЛЕТ“
АКЦЕЛЕРАТОР УСЛУГА - ПСМ СТАРТАП ПРЕДИЗВИК
ПСМ Фондација (www.yes.org.mk) и Општи-на Кар пош ви го најавуваат почетокот на про-ектот “Акцеле ратор услуга-ПСМ стартап предизвик”. Проектот вклучува селекција на 20 млади луѓе од Општина Кар пош (преку отворен конкурс), кои ќе поминат 3 ме сеци во ПСМ Акцелераторот каде ќе добијат бес-пла тен простор за работа, совети од ментори, можност за вмрежување со потенцијални ин-веститори и средби со ус пешни претприе ма-чи кои ќе им помогнат да се соо чат со пре диз-ви ците во текот на престојот. Понатаму, по изминување на периодот од 3 месеци, врз ос-нова на различни параметри за развој (ге не-рирани прихо ди, склучени договори, ква ли-тет на понудените услуги итн.), тројца та нај-
успешни учесници ќе бидат на гра дени со на-граден фонд во износ од 120 000 денари.
Проектот има за цел да овозможи соодвет-ни ресур си на младите кои веќе работат одре-дена форма на ус лужен бизнис, но сеуште не-маат регистрирано своја компанија. Со ова би се создала нова генерација на претприемачи, кои понатаму би биле идни работодавачи и би креирале работни места во заедницата.
Сите заинтересирани за учество треба да се прија ват на [email protected] со пополне-та апликација најдоцна до 20 декември 2012 година.
*Апликацијата можете да ја најдете на веб страната на ПСМ Фондација www.yes.org.mk
ИЛЈАДА „ЦВЕТЧИЊА“ ЗА СРЕЌЕН РОДЕНДЕН