Православен Пат 27

56
Списание на Скопската епархија Година X • Број 27 март - април 2011

Upload: milanjakovcevski

Post on 29-Jul-2015

338 views

Category:

Documents


15 download

TRANSCRIPT

Page 1: Православен Пат 27

Списание на Скопската епархијаГодина X • Број 27март - април 2011

Page 2: Православен Пат 27
Page 3: Православен Пат 27

Православен Пат 1 ВОВЕДНИК

2791516171923263134394144485052

Георгиј ГлигоровБиблискиот идеал на бракот и реалноста на неговото историско пројавување во БиблијатаПротојереј Јован МаендорфБракот како Света тајнаИлија ОрачкиПравославниот чин Света тајна бракСв. Кирил АлександрискиСвета тајна бракЕпископ Александар МилеантОблагодарувачката сила на љубовтаОтец Игор ФилинВоцрковување на нашите семејства Епископ Иринеј Сибирски и ЕкатеринбурскиПоставување основа за верско воспитување на децатаФјодор ДостоевскиЗа љубовта, смртта, бесмртностаМитрополит Иларион АлфеевДа се има или да се биде?Смилен МарковОтаде доброто и злотоОтец Томас ХопкоБог и човекот во Православната ЦркваОтец Никола НиколескиСлободатаЕпископ Николај ВелимировиќПоследното соочувањеОтец Сашко НиколескиПокајанието - Пат кон вечноста Старец ПајсијСовети за случаи на бездетностБисери од духовното сокровиште на светите отциИван С. ТургењевХристос

ултурниот концепт на баукот или табу темата означува нешто

за што од различни причини – многу често рационално, па и културно, неоправдани – не се зборува, па и не се мисли. Карактеристика на баукот или табу темата е што со себе носи голема, психолошки и културно необработена енергија, за која постои стремеж да се сокрие, покрие, дури да се негира нејзиното постоење. Во концептот, пак, на праволинискиот културен развиток, напредокот во рациото оди рамо до рамо со согледувањето, изнесувањето на видело, разоткривањето и рационализирањето на темите „означени” како баук или табу. Би се очекувало – воколку тој концепт е сто проценти вистинит – резултатот да биде: колку понапреден човекот, толку помалку бауци и табу теми. Темата што е одбрана за овој број претставува предизвик за овој концепт – темата на љубовта, бракот и семејството. Да е навистина така како што опишавме погоре, овие теми ќе требаше да бидат сосема отворени. Но ние имаме ситуација кога темата на љубовта (на вистинската љубов), темата на бракот (оној класичен и културно неспоредливо предоминантен) и темата на семејството, наспроти сите очекувања на концептот што лаконски го нарековме “праволиниски културен развиток”, неодоливо личат на бауци и табу теми. Човек може лесно и да го провери ова тврдење ако си го постави прашањето: Дали и колку во денешните семејства младите личности се воспитуваат и растат нахранети со мисли и вредносни ставови за овие теми? Што се однесува до нас, ние го согледуваме воспитниот и образовен пустош во оваа област и направивме скромен обид да направиме барем еден чекор кон справувањето со баукот.

Уредникот

Page 4: Православен Пат 27

2 Православен Пат

деалот на бракот, како екслузивна врска помеѓу еден маж и една жена, е изобразен уште на првите страници од

Библијата, при Создавањето:

И го создаде Бог човекот според образот Свој, според образот Божји ги создаде; машко и женско ги создаде. И ги благослови Бог, и им рече: „Плодете се и множете се, и наполнете ја земјата“ (1 Мојс. 27-28);

И рече Господ Бог: „Не е добро за човекот да биде сам; да му создадеме помошник, сличен на него!“ (1 Мојс. 2, 18);

И Господ Бог создаде жена од ребро-то, што го зеде од човекот, и ја доведе кај човекот. А човекот рече: „Еве сега коска од моите коски, и плот од мојата плот. Нека ѝ биде името жена, зашто е земена од мажот!“ Затоа ќе го остави човекот тат-кото свој и мајката своја и ќе се прилепи кон жената своја; и обата ќе бидат едно тело (1 Мојс. 2, 22-24). Според библиското учење, бракот е востановен во рајот и тоа, пред сѐ, како моно-гамна врска. Според учењето на некои отци на Црквата, како и на некои рабини, човекот бил создаден, содржејќи ги во себе сите мож-ности на машката и на женската личност (и машкиот и женскиот принцип; одѕив на таа идеја имаме и во паганството, на пр. во митот

за андрогинот опишан кај Платон). Тој не бил хермафродит во смисла, дека тој не бил ни машко ни женско, туку дека бил севкупност на сите тие можности, кои потоа можеле да се разделат во полнотата и на женственоста и на машкоста, нешто што се случува подоцна. Адам при именувањето на животните ќе осоз-нае дека е осамен. Тогаш Бог ќе констатира, дека не е добро за човекот да биде сам. Затоа Бог ќе му прати на човекот тврд сон, за да ја создаде жената од неговото ребро. Грчкиот текст употребува многу поинтересен израз έκστασις (екстаза, истапување). Според митр. Антониј Блум, разликата е голема. Да заспиеш значи да го изгубиш сознанието, да бидеш под самиот себе, а екстазата е состојба, кога човекот се губи себеси, затоа што прераснува, тоа е состојба на возбуда за разлика од состојбата на унинието. Според Библијата, Бог го создава човекот според Својот образ: И го создаде Бог човекот според образот Свој, според образот Божји ги создаде; машко и женско ги создаде. Од наведениов стих е јасно, дека образот Божји во човекот се гледа не во одделноста на индивидуата, туку, првенствено, во човечката кинонија (заедница). Во традицијата на Црквата, бракот и семејството отсекогаш се доживуваат како икона на Троичниот Бог. Тоа го гледаме и во Светото писмо. Како што вели Златоуст: „Кога мажот и жената се соединуваат во брак, тие не се покажуваат како образ на нешто неодуховено или земно, туку како образ на

Библискиот идеал на бракот

и реалноста на неговото историско

пројавување во БиблијатаГеоргиј Глигоров

Page 5: Православен Пат 27

Православен Пат 3

Самиот Бог“. А С. Троицки, пак, забележува: „Во бракот секогаш постојат три лица - мажот, жената и Бог Кој ги соединува“. За тој факт имаме сведоштво и во Библијата: Господ беше сведок меѓу тебе и жената од твојата младост (Мал. 2, 14). Во таа смисла, само двајца сочинуваат совршен (потполн) човек. Св. Климент Александриски вели, дека Бог ја создал жената за да живее со мажот, да постои околу него, како суштество идентично со него.. Троицки вели, дека тоа заедничко постоење „е потполно двоипостасно (дволичносно) соединување во една личност. На таа основна цел на бракот укажува и Библијата велејќи: „и обата ќе бидат едно тело“. Библијата не зборува за некое времено соединување во сексуален чин, туку за постојано мистично единство на сопружниците, да се биде едно суштество. И она, што било двајца, потоа станало две индивидуи, не две лица, кои токму како личности се гледаат еден со друг, туку индивидуи, кои се различни еден од друг. Според Блум, во тоа и се состои падот, во раскинувањето на чудото на взаемна љубов, чудото на гледање на совршената убавина еден во друг, која Бог ја положил во секого од нив и во секого од нас. По падот двоицата се разделила, двајцата се виделе како различни и затоа се срамеле. Тие не го гледале она што ги соединува, туку она што ги разликува. По гревот, исто така, имаме нарушу-вање во односите меѓу мажот и жената. По гревот мажот ја подчинува жената под себе. Според Кураев, тоа е лек за односите помеѓу мажот и жената. Бидејќи кај жената се појавува желба за господство над мажот, таа слабост Бог ја лекува со потчинувањето на жената под мажот.

Зборовите на Адам: ќе го остави човекот таткото свој и мајката своја и ќе се прилепи кон жената своја; и обата ќе бидат едно тело, предизвикуваат зачудување, затоа што тоа е класична фор-мула на матријархат. Во сите подоцнежни култури, како и денес, невестата го остава домот на родителите и доаѓа кај мажот. Библијата ни претс-

тавува сосема поинаква ситуа-ција, која потоа ќе се измени како резултат на гревопадот. По првите две глави од Библијата, она што се случува со бракот низ текот на целата свештена историја, претставува изопачување на неговиот првичен едемски идеал. Сведо-ци сме како хероите од библиската историја (почнувајќи од Ламех, патријарсите, па сѐ до царевите) практикуваат полигамија. Со до-аѓањето на Христа се возобновува првичниот идеал за бракот како нераскинлива монога-мија. Самиот Он ќе се основа на наведените стихови од Битие. На прашањето од страна на фарисеите, зошто во Мојсеевиот закон се дозволува разводот, ако тоа не е замислата Божја, Христос ќе одговори: Заради вашите жестоки срца Мојсеј ви разрешил да ги оста-вате жените свои; но во почетокот не беше така (Матеј 19, 8). Па, затоа сѐ што се случува со бракот и семејниот живот во Стариот завет по првите две глави од Битие, треба да се чита под знакот на „жестокосрдието“.

Во Стариот завет

Читајќи го Стариот завет може да се забележи, дека целта на бракот е продол-жувањето на еврејскиот народ. Неслучајно целата старозаветна историја е исполнета со бесконечни генеалогии: самата книга Битие во својата суштина се базира на 10 родословни таблици (толедот). Во сознанието на еврејски-

ВО ТРАДИЦИЈАТА НА ЦРКВАТА,

БРАКОТ И СЕМЕЈСТВОТО

ОТСЕКОГАШ СЕ ДОЖИВУВААТ

КАКО ИКОНА НА ТРОИЧНИОТ

БОГ. ТОА ГО ГЛЕДАМЕ И

ВО СВЕТОТО ПИСМО. КАКО

ШТО ВЕЛИ ЗЛАТОУСТ:

„КОГА МАЖОТ И ЖЕНАТА СЕ

СОЕДИНУВААТ ВО БРАК, ТИЕ НЕ

СЕ ПОКАЖУВААТ КАКО ОБРАЗ

НА НЕШТО НЕОДУХОВЕНО ИЛИ

ЗЕМНО, ТУКУ КАКО ОБРАЗ НА

САМИОТ БОГ“.

Page 6: Православен Пат 27

4 Православен Пат

менавме за Исак и за неговите две жени. Но, имало и пракса да се има жена и наложница, или неколку жени и неколку наложници. На пр., Авраам имал наложница Агара, од која го добива Исмаил. Јаков, освен двете жени, имал уште и две наложници. Во Светото писмо можеме да прочитаме, дека Соломон имал се-думстотини жени и триста наложници (3 Цар. 11, 3), а Давид си зел уште наложници и жени од Ерусалим (2 Цар. 5, 13). Да забележиме, дека оваа пракса во Стариот завет не се оцену-ва како разврат, бидејќи имаме примери како Бог го санкционира неморалното однесување. Станува збор за тоа, дека бракот кај Евреите бил поврзан, пред сѐ, со исполнувањето на Божјата заповед за продолжување на родот, за утврдување на династии и сл. и затоа најчесто полигамијата ја земала формата на бигамија. Ако жената не можела да роди наследник, мажот имал основа или да бара решение на проблемот со друга жена или наложница, или, пак, да се разведе со првата жена, за да бара среќа во друг брак (5 Мос. 24, 1). Сепак, со приближувањето на Стариот завет кон пери-одот на Месијата, таа ситуација сѐ повеќе и повеќе се менува во духот на единството на бракот и верноста на сопружниците еден кон друг. Дека потомството било главната цел на бракот се гледа и во една друга појава. Кај Евреите постоел и закон на левиратски брак (3 Мојс. 25, 5-10). Тој се состоел во следново: ако умирал маж, без да остави деца, тогаш братот на покојниот требало да ја земе вдовицата и да „го подигне домот“ на својот брат. Децата од тој брак се сметале за законски деца на покојниот. Откажувањето на деверот од таа обврска се сметало за срам за целото семејс-тво, бидејќи покојниот бил осудуван на вечна смрт и на отсуство на надеж за учество во раѓањето на Месијата. Се добива чувство, дека во Стариот завет бракот се почитувал повеќе од девството. Екслузивниот моногамен тип на бракот, во Стариот завет претставува повеќе идеал, отколку реалност, но сепак, идејата за него постои. Таа единственост на бракот се гледа во аналогијата (метафората) која се користи за

от народ живее идејата за раѓањето на вете-ниот Месија, па затоа се верувало дека жената која абортира (намерно или ненамерно) се лишува од можноста да биде мајка на Месија-та. Оние, пак, кои немале деца биле презира-ни. Индиректно сведоштво за тоа имаме со примерот на Елисавета, роднината на Богоро-дица, која зачнува на стари години. Иако тие се на добар глас, нејзиниот маж е почитуван свештеник, сепак, поради бездетството, таа е презрена (сп. Лука 1, 24-25). Тоа се должи на т.н. второзаконски менталитет што постоел кај Евреите. Имено, во 5-та книга Мојсеева (Вто-розаконие), Мојсеј дава благослови и клетви (28 гл.). Благослови за пазење на Божјите заповеди и обратно, проклетства за нивно не-исполнување. Неплодноста, во таа смисла, се доживувала како проклетство поради некаков грев. Па, затоа штом Елисавета немала деца, во очите на другите луѓе, тоа се должело на некаков престап. Во Библијата е присутен и еден фено-мен што е скандалозен за современиот човек. Тоа е бракот помеѓу роднини. Разбирливо е дека на почетокот од човечката историја тоа било неопходно. Синовите и ќерките на Адам и Ева формирале брачни заедници за про-должување на потомството, но и по потопот човештвото повторно почнало да ја населува земјата со потомци од четири семејства. Исто така, Авраам ја зел за жена Сара, која му била сестра по татко. Исак се оженил со Ревека, својата внука од прв братучед. Јаков се оженил

со своите први братучетки, сестрите Рахила и Лија. Но, со текот на историјата тие случаи се редуцираат и веќе во Левит имаме забрана, под смртна закана, за брак со најблиски род-нини (3 Мојс. 20, 11-14.17.21). Практикувањето на полигамијата е чест случај во библиската историја. Веќе спо-

БИБЛИЈАТА НЕ ЗБОРУВА ЗА НЕКОЕ

ВРЕМЕНО СОЕДИНУВАЊЕ ВО СЕКСУАЛЕН

ЧИН, ТУКУ ЗА ПОСТОЈАНО МИСТИЧНО

ЕДИНСТВО НА СОПРУЖНИЦИТЕ, ДА СЕ

БИДЕ ЕДНО СУШТЕСТВО.

Page 7: Православен Пат 27

Православен Пат 5

да се означи заветот помеѓу Израил и Јахве. Особено тоа се изразува кај пророците, кои Израилот го споредуваат со блудница, бидејќи тој не ја запазува својата верност кон Бога и им служи на други богови. Токму идолопоклонс-твото претставува оној ултимативен грев во кој постојано паѓа Израилот во текот на историја-та. Сепак, истражувачите признаваат, дека еврејскиот народ, за разлика од паганите, бил во подобра ситуација околу бракот. Но и во не-говата средина имало такви изопачувања, како прељуба, хомосексуалност, скотоложништво, нешта кои, според Мојсеевиот закон, строго се санкционираат (3 Мојс. 20. 10.13.15.16).

Бракот и Христос

Со доаѓањето на Христа бракот го до-бива своето првобитно рајско достоинство. За првпат по гревопадот жената се поставува како рамноправна на мажот, како сонаследни-ца на благодатниот живот (1 Птр. 3, 7). Со Христа главна цел на бракот престанува да биде потомството и продолжувањето на родот, иако и тоа останува негов важен составен дел. Брачната заедница

е полнота по себе. Св. Василиј забележува, дека децата се придодаваат на бракот, како можна, но не и неопходна последица. Сепак, брачната заедница може да добие нов знак на својата полнота, а тоа се татковството и мајчинството. Во Новиот завет целта на бракот, пред сѐ, е самата љубов помеѓу мажот и жена-та, која треба да биде преобразена, како што во Кана Галилејска била преобразена вода-та во вино (Јн 2, 9). Бракот, рековме, е Света тајна, а таинството во себе ја содржи идејата на преобразување. Природниот брак треба да стане Света тајна. Како што вели св. Василиј Велики: „природно е да се жени, но бракот треба да биде натприроден, да стане јарем, што сопружниците доброволно ќе го носат за Црквата“. Значи, веќе децата не се цел, туку спасението на душата. Во Новиот завет природата на брачната заедница се отсликува како црковна. Неслу-чајно во раното христијанство речиси секое семејство во исто време било и домашна цр-ква (Дела 10, 2; 11, 14; 16, 34; 18, 8 и др.). Ап. Павле за бракот и семејството зборува како за „домашна црква“, а по него Златоуст го нареку-ва и „мала црква“.

Page 8: Православен Пат 27

6 Православен Пат6 Православен Пат

Според Шмеман, гревот на денешниот брак се состои во тоа, што самото семејство се претвора во идол и во одбивањето да се сфати бра-кот како пат во Царството Божјо. Бракот се идентификува со среќата, а се одбива прифаќањето на крстот во него. Сопружниците денес како да се глуви на прекрасните и вистинити стихови од Џибран: „Бидејќи како што љубовта ве крунисува, така и ќе ве распнува. Бидејќи колку ви помага да растете, толку и ве потсекува... таа ве сее за да ве ослободи од вашите лушпи... Но, ако во својот страв барате само љубовен мир и љубовно уживање, подобро ви е да ја покриете голотијата своја и да заминете од гумното на љубовта...“. Тоа е вистината за христијанскиот брак. „Самозадоволството на природата својот крај го добива преку Крстот Христов - продолжува Шмеман. Но, преку Крстот Христов радоста (а не среќата!) дојде во целиот свет“. Во Христа се обновува оној првичен библиски идеал на бракот и во Христијанството, бракот, заедно со монаштвото, станува еден од двата пата за стекнување на спасението. Третиот пат - целомудреноста во светот, не се препорачува, како крајно опасен. Но, бракот и семејството не можат да бидат спасени, ако сопружниците јасно не ја познаат и не ја стекнат свеста за суштината на бракот како крст, како подвиг и жртва, како Света тајна. Зашто тоа е Света тајна, релација која продолжува и во Царството Небесно, не додека смртта не ги раздели, туку додека конечно не ги соедини во Вечноста!

Page 9: Православен Пат 27

Православен Пат 7

Протојереј Јован Маендорф

а христијанинот, Бог не е идеја која треба да се разбере, туку Личност Која треба да се прими: „Јас сум во Мојот Отец

и вие сте во Мене, и Јас сум во вас“ (Јн.14, 20). Човекот го открива своето човештво во Бога, бидејќи е создаден по „ликот Божји“. И Христос, како вистински Бог, покажал, исто така, вистинско Човештво, не како спротивност на Својата Божественост, туку затоа што Тој е вистински Бог. Во Него гледаме Божественост како вистинска норма на Човештво. Кога се крштева човекот и кога постанува „едно тело“ со Христа во Евхаристијата, тој всушност постанува целосен. Тој ја обновува вистинска врска со Бога и со ближните и се враќа на своите световни должности со сите од Бога дарувани и безгранични можности на создавањето, на службата и на љубовта. Така, ако свети Павле го именува бракот со „Тајна“, тогаш тој укажува дека човекот во бракот не ги задоволува само своите потреби за земна, световна егзистенција, туку исто така подразбира нешто особено важно, крајната цел за која е создаден; тој влегува во Царството на Вечниот Живот. Човекот во светот поседува различни таланти и сили – материјални (световни), умни и сетилни – но, неговата егзистенција е ограничена со време. „Да се биде роден со вода и Дух“ значи да се влезе во Царството

на Вечниот Живот, бидејќи преку Христовото Воскресение ова Царство е веќе отворено и може да се доживее, а ние можеме во него да учествуваме. Именувајќи го бракот со „Тајна“, свети апостол Павле потврдува дека бракот има свое место во Вечното Царство. Мажот станува едно суштество, една „плот“ со својата жена, како што и Синот Божји престанал да биде само Бог, туку постанал исто така Човек за да заедницата на Неговиот народ исто така би постанала Негово Тело. Ова е затоа што евангелските изреки многу често го споредуваат Царството Божјо со свадба, која ја исполнува старозаветната пророчка визија на бракот помеѓу Бог и Израилот, избраниот народ. Поради тоа, христијанскиот брак е нешто единствено, не по силата на некој апстрактен закон или етички норми, туку исклучиво поради тоа што тоa е Тајна на Цaрството Божјo, кое го воведува човекот во вечна радост и вечна љубов. Христијанскиот брак како Света тајна секако доаѓа во судир со практичната, емпириска реалност на грешниот, „паднат“ човек. Тој, како и Евангелието, изгледа недостижен идеал. Меѓутоа, постои голема разлика помеѓу „Света тајна“ и „идеал“. Светата тајна не е замислена апстракција. Таа е доживување во кое човекот не настапува поединечно, туку дејствува во заедница со Бога. Преку Света тајна, човечката природа

Page 10: Православен Пат 27

8 Православен Пат

учествува во повисока реалност на Духот, но, при тоа сепак, не престанува да биде човечка природа. Всушност, човекот постанува особено човечен и го исполнува своето изворно провидение. Светата тајна е „премин“ кон вистинскиот живот. Таа е човечко спасение. Таа е отворена врата во вистинска, неискривена човечност. Според тоа, Светата тајна не е магија. Светиот Дух не ја ограничува човечката слобода, туку го ослободува човекот од синџирот на гревот. Во новиот живот невозможното станува возможно, ако човекот слободно го прифати она што Бог му го подава. Ова исто така се однесува и на бракот. Грешки, недоразбирања, па дури и свесна побуна против Бога, т.е. грев, се можни сè додека човекот живее во сегашното емпириско и видливо постоење на „паднатиот свет“. Црквата го разбира ова многу добро и затоа „тајната“ на Царството објавена во брак не е редуцирана во Православната традиција во збир од законски норми. Но, вистинско разбирање и оправдана попустливост на човечка слабост се можни само ако некој ги препознава апсолутните норми на Новозаветната догматика на бракот како Света тајна.

Брак и Евхаристија

Ако, како што видовме, Црквата го разбрала бракот како „Света тајна“, која е насладување на радоста на Царството Божјо, како можеме да го објасниме фактот дека раната Црква не го потврдувала бракот со никаква особена свеченост или обред? Наместо тоа, таа го сметала за нормален брак оној кој е склучен според законите на световното општество. Црквата никогаш не се обидувала да ги укине тие закони, ниту да го уништи поредокот, со кои е востановен. Одговорот на ова прашање лежи во фактот дека христијанскиот и нехристијанскиот брак се разликуваат по тоа што, првиот се склучува помеѓу двајца незнабошци, додека вториот помеѓу двајца христијани... Една од останатите опомени на свети Павле е, дека Бог не живее во „ракотворни храмови“ и дека „нашите тела се храм на Светиот Дух“. Кога човекот и жената

стануваат „една плот“ во бракот, иако двајцата се делови на телото Христово, нивната врска ја потврдува Светиот Дух кој е во нив. А Евхаристијата е таа што ги прави делови на Телото Христово. Врската помеѓу бракот, кој е спомнат во приказната за свадбата во Кана (Јн 2, 1-11) и Евхаристијата се чита денес во обредот на „крунисување“. Тој е еден од бројните текстови кај апостолот Јован кои се однесуваат на Крштението и Евхаристијата. Како што водата се претвора во вино, така и грешниот живот на човекот може, со присуство на Христа, да се преобрази во нова реалност на Царството Божјо. Раните христијански писатели – истите тие кои целосно го признаваат граѓанскиот брак „според законите“ – исто така, потврдуваат дека Евхаристијата му дава на бракот особено христијанско значење. Така Тертулијан (2 век.) пишува дека „бракот е уреден со Црквата, потврден со бескрвната Жртва (со Евхаристијата), запечатен со благословот, а на небото напишан од Ангелите Божји“ (За Неговиот живот). Секој христијански пар, кој посакува брак би требало да помине низ формалностите на граѓанска „регистрација“, која на бракот му давала полноважност во световното општество, а потоа, нивното заедничко учество во редовните неделни Литургии, во присуство на целата помесна христијанска заедница примал благослов од епископот. Со тоа, нивниот граѓански договор постанува, исто така, Света тајна со вечна (полноправна) важност, Тајна која ги надминува нивните земни животи бидејќи е „напишана (исто така и) и на Небесата“, а не само во земниот регистар. Тој постанува вечна врска во Христа. Истата постапка е опишана во писмото на познатиот великомаченик Игнатиј Антиохиски (околу 100): Оние кои се венчаваат треба да се венчаваат со знаење на епископот за бракот да биде во Господа, а не според човечка желба (До Поликарп, 5,2). Она што бракот го прави Света тајна не му е потребен посебен видлив гест, извршен

Page 11: Православен Пат 27

Православен Пат 9

од свештеникот. Всушност, самата Црква, како таинствена заедница на Бога со Неговиот народ, е Света тајна, Таинство на спасението. Кога човекот е вклучен во таа заедница преку Крштение, тоа е навистина Света тајна бидејќи во тој случај Таинството на спасението се однесува на секоја негова поединечна обврска. Но, сите тие поединечни „Свети тајни“ „се исполнуваат“ во Евхаристијатаристијата (Литургијата), како што тоа го читаме кај Никола Кавасила, големиот православен мистик и богослов од 14 век (За животот во Христа). Всушност, Евхаристијата самата по себе е свадбено прославување, чесно спомнувано во Евангелието како што пишува Кавасила: „Ова е најмногуславената свадба во која Младоженецот ја води Црквата како невеста Девица... кога постануваме плот од неговата плот и коски од Неговите коски“. Крштението, во раната Црква, се извршувало за време на Литургијата, а исто така, до ден денес, ракополагањето на ѓаконството, свештештенството и епископството. Ова се однесувало и на бракот. Но, ова разбирање на христијански брак како составен дел на Светата тајна, од која Евхаристијата е „исполнување“, може да објасни зошто постојат канонски одредби против „мешани бракови“ и против „повторени бракови“. Таквите бракови не можат да бидат во потполност светотаински. Совршено „законски“ за граѓанскиот закон, тие бракови не можат да се вклучат во Евхаристијата. Многу забуни и недоразбирања, кога е во прашање бракот во нашата современа православна пракса, би можеле да се отфрлат кога би се воспоставила првобитна врска помеѓу бракот и Евхаристијата. Теориски, Православното светотаинско богословие – дури и во своите црковни книги – ја сочувала таа поврзаност потврдувајќи ја, наспроти римокатолицизмост, дека свештеникот е „извршител“ на Светата тајна Брак. Западната средновековна теологија, напротив, направила низа забуни присвојувајќи – како и во

Именувајќи го бракот со

„Тајна“, свети апостол Павле

потврдува дека бракот

има свое место во Вечното

Царство. Мажот станува

едно суштество, една „плот“

со својата жена, како што

и Синот Божји престанал

да биде само Бог, туку

постанал исто така Човек за

да заедницата на Неговиот

народ исто така би постанала

Негово Тело.

Ова е затоа што евангелските

изреки многу често го

споредуваат Царството Божјо

со свадба, која ја исполнува

старозаветната пророчка

визија на бракот помеѓу Бог

и Израилот, избраниот народ.

Page 12: Православен Пат 27

10 Православен Пат10 Православен Пат

многу други области – римски легализам како основа за светотаинска теологија: бракот, кој според тоа разбирање е „договор“, склучен помеѓу мажот и жената, кои се „служители“ на Светата тајна, а свештеникот е само сведок. Како законски договор, бракот се раскинува со смртта на еден од партнерите, но е нераскинлив додека двајцата се живи... Раскинат со смртта, изедначен со човечкиот разум, бракот, според превладувачкиот западен поглед, е само земна обврска, која се однесува на „телото“, недостојно да влезе во Царството Божјо. Некој би се запрашал дали така разбраниот брак сè уште може да се нарече Света тајна. Но, потврдувајќи дека свештеникот е служител на Светата тајна Брак, како што е служител и на Евхаристијата, Православната црква посредно го вклучува бракот во вечна Тајна, каде границите се

бришат помеѓу небото и земјата и во која човечката одлука и однесување добиваат вечна димензија. Сепак, парадоксално, Римокатоличката црква го сочувала старото христијанско предание во својот литургиски поредок; брак помеѓу двајца римокатолици сè уште се склучува на миса... Воспоставување на таков поредок во Православната црква секако би одговарало на православното богословие на бракот подобро отколку тврдиот коцепт на празнување што преовладува во римокатолоцизмот од времето кога неговата теологија престанала да го гледа своето литургиско предание како извор на своето богословие...

Превод од англиски јазик: Александар Божиноски

Page 13: Православен Пат 27

Православен Пат 11 ПрПрПрПрПрПрПрПррПрПрПравававававававввввосососососососососослалалалалалалалалалалавеввввввввв н ПаПаПаПаПаППаПааПаПатт ттттттт 11

Света тајна брак

амножувањето на човечкиот род се случи според непроменливата Божја промисла. Според неа се случува и

самиот начин. Божја тајна е оставањето на своите родители од мажот (кое не значи и нивно напуштање) и прилепувањето кон својата жена, за и самите да постанат родители. Впрочем, кога децата ќе станат ро-дители, не се повеќе само деца, но и другари на своите родители. Зашто кога тие ќе го осоз-наат страшнотаинствениот начин на раѓањето, уште повеќе ќе ги почитуваат своите родители – оние кои ги родиле нив. Бракот како заед-ница од Божјиот домострој, не ги ослободува младенците од обврската на понатамошна почит и послушност кон родителите, притоа обврзувајќи ги истите во духовна чистота, страв Божји и заемна љубов како семејство да станат – нова Божја Црква со која раководи токму Бог1. Преку оваа Света тајна низ благодат-та на Светиот Дух во едно битие (целокупно тело) се соединуваат две различни половини

1 Свети Николај Ж И Ч К И, „Сила тајне брака“, Православни брак и породица света тајна брачне љубави, второ проши-рено издање, Цетиње, 2000, стр.82.

(машката половина – машки пол со женскатата половина – женски пол), примајќи благослов за понатамошни рожби и продолжување на човечкиот род (1 Мојс 1, 28). Богочовекот Господ Исус Христос ја круниса законитоста на оваа Тајна, кога Самиот присуствувајќи на една свадба во Кана Галилејска направи чудо, пре-творајќи ја водата во вино со што ја освети и запечати и ѝ даде длабока христијанска смис-ла. Во ранохристијанската Црква сите Све-ти тајни, вклучително и оваа биле вршени во рамките на Светата литургија, пронаоѓајќи ја на тој начин полнотата на своето осветувачко благодатно дејство, во чинот на причесту-вањето на сите собрани учесници со телото и крвата на Христа Спасителот. Во подоцнежните векови од разни причини, претежно од прак-тична природа преовладал обичајот, Светите тајни да се вршат засебно вон евхаристиските заедничарења. Сепак, првобитната практи-ка не била целосно заборавена како на пр. Света тајна свештенство, (ракополагањето на епископи, презвитери и ѓакони) се врши на Литургијата. Според тоа, целосното автентично

Илија Орачки

Затоа човекот ќе ги остави татко си и мајка си и ќе се прилепи кон жената своја; и

(обата) ќе бидат едно тело (1 Мојс 2, 24)

- , -

Page 14: Православен Пат 27

12 Православен Пат

извршување на Светата тајна брак се случува во рамките на Евхаристиската (литургиската) Света тајна. Православниот чин на Светата тајна брак се состои од два дела: прстенување (веридба) и крунисување (венчавање)2. Откако младенците ќе влезат во хра-мот, со својата придружба, застануваат пред дверите и тоа: мажот оддесно пред иконата на Господ Исус Христос, а жената одлево пред иконата на Пресвета Богородица. Свештеникот нивните прстени ги положува на престолот во олтарот, а верениците ги благословува со рака или свеќи, давајќи им ги потоа да ги држат (кои потоа ги преземаат кумовите), а ја сим-болизираат Божествената светлина. Откако ќе окади свештеникот ја кажува големата Мирна ектенија, во која со прозби се моли и за нив, чита молитви за благословување на верени-ците и на нивната веридба и земајќи ги прсте-ните ги прстенува (изговарајќи ја формулата за прстенување трипати во чест на Пресвета Троица), најпрвин мажот, а потоа жената, осе-

2 Иринеј епископ Б А Ч К И, „Поредак чина венчања у склопу Свете литургије“,Православни брак и породица света тајна брачне љубави, второ проширено издање, Цетиње, 2000, стр. 70-72.

нувајќи ги со прстените крстообразно и им ги става на предпоследниот прст од десната рака. Потоа пристапуваат кумовите кои им ги мену-ваат прстените трипати, (кое пак има симболи-ка на духовна рамноправност) на младенците. По читањето на молитвата и кратката ектенија се преминува кон вториот дел – венчавањето. Свештеникот од пред дверите ги води младенците кон средината на храмот (каде обично се поставени крст евангелие и венци т.е. круни) и ги прашува околу нивната одлуч-ност за склопување на бракот. По потврдните одговори изговара почетен возглас и голема ектенија, по која ги чита молитвите на трите антифони. Потоа ги венчава со круните при-тоа осенувајќи ги крстовидно, првин мажот а потоа жената и ги благословува по трипати. Следи читањето на апостолот и евангелието, а потоа и две ектении: кратка и прозбена со молитвата Оче наш. Потоа следи благослову-вањето на чашата со вино (која е симболика на Тајната вечера) од која пијат младоженците со кумовите. По обичај десните раце на мла-доженците се спојуваат и врзуваат со платно (што симболизира доживотно соединување во брачната заедница) и потоа се извршува опход

Page 15: Православен Пат 27

Православен Пат 13

во храмот околу евангелието (трипати), при што се пеат тропари. Со тоа се става печат на крунисувањето на заедницата на младенците, а присутните им ја изразуваат радоста додека се пее: Достојно е... Се симнуваат венците од младоженците (првин од мажот, а потоа од жената) со изговарање на возвеличувања и благослови и се читаат молитви за благослов на сега веќе соединетите сопружници. На крајот се кажува отпуст, по што следува споделување на честитки3. Доколку оваа Света тајна се извршува во рамките на Светата литургија, тогаш првиот дел (прстенувањето) може да се изврши пред почетокот на Литургијата или неколку дена предходно. Затоа вториот дел (венчавањето) започнува со големата екте-нија во која се вметнуваат и прозби за младенците. Литургиски пред пеењето на трите антифони се читаат молитвите за благословување на бракот последувателно. По завр-шувањето на малиот вход свештеникот го извршува крунисувањето (венчавањето) на младенците (трипати), а потоа и толку пати ги благословува. По отпевањето на Трисве-тата песна се читаат неделниот Апостол и оној за венчавање. Исто се прави и со читање-то на светото Евангелие т.е. се читаат неделното, па венчалното. По прозбената ектенија се изговара молитва за оние кои се венчаваат, по која следи изговарање на молитвата Оче наш. Откако свештеникот ќе ги повика верниците да пристапат со страв Божји вера и љубов, тогаш пристапуваат и младенците (се разбира претходно подготвени и со бла-гослов) да се причестат. По заамвоната молитва свештеникот ги поведува младенците на трикратен опход во храмот, со пеење на тропари. Се читаат молитви за разрешување на венците и за благословување на бракот, по што следи отпуст. Треба да се напомене дека прстенувањето ја има истата полноважност како и крунисувањето, при што во случај на разделување на сопружници кои предходно при-миле само прстенување без крунисување, доколку би стапиле во повторни бракови би се сметале како второбрачни.

3 Лазар М И Р К О В И Ќ, „Православна литургика или наука за богослужението во Православната источна црква“, втор, посебен дел (свети тајни и молитвословија), Охрид, 2002, стр. 209-220.

Page 16: Православен Пат 27

14 Православен Пат14 Православен Пат

За да се склучи црковен брак потребно е претходно да се исполнат одредени усло-ви:

Навршено полнолетство на младенците;

Да не се во првородно крвно сродство заклучно со седми степен по вертикална ли- нија – пр. не постојат брачни забрани помеѓу четврти братучеди (и понатаму), зашто помеѓу нив постојат повеќе од осум степени – раѓања;

Да не се во двородно сватовско сродство по хоризонтална линија заклучно со шести степен – пр. не постојат брачни забрани помеѓу правнуците од едното и другото сватовско семејство (и понатаму) зашто помеѓу нив постојат повеќе од седум раѓања;

Да не се во трородно сватовско сродство по хоринзонтална линија заклучно со трет степен – пр. не постојат брачни забрани помеѓу децата на сватовските роднини од страната на семејството на братот и сватовските роднини од страната на семејството на сестрата (и понатаму) зашто помеѓу нив постојат повеќе од четири раѓања.

Да не се во духовно сродство (кумство) или во сродство по посвојување заклучно со седми степен, зашто тоа има полноважност исто како првородното крвно сродство. Кумот/ата со кумашинот/ката (оној/аа кој/ја се крштева) влегува во прв степен на духовно сродс-тво, што значи дека му/ѝ станува духовен родител и не може да стапи со него/еа во брак. Сличен услов важи и помеѓу кумот/ата и старосватот/ицата.

Црквата дозволува склучување само на еден црковен брак, а разрешува (толерира) втор и трет, но никако и четврт брак.

Православната црква не дозволува стапување во брак на православните верници со лица од други различни вероисповеди.

За да бидат црковно венчани верениците не смеат да бидат постари од 70 години за мажот и 60 години за жената, како и нивната меѓусебна возрасна разлика не смее да биде поголема од 15 години.

Црквата не склучува брак под присила или измама, како и помеѓу лица кои немаат нормална душевна состојба4.

Во однос на условите и забраните за склучување на црковен брак, во традиционал-но – православното семејство постои непишано правило, кое само по себе отфрла меѓу-себно брачно спојување до седмо колено (каде постојат дури 14 раѓања), што претставува најцелосно разрешување (прочистување) на било кое сродство. Бракот како Света тајна се осенува и запечатува под дејство на благодатта на Светиот Дух и има доживотна важност. Меѓутоа во Православната црква истиот не е нераскинлив единствено во случај кога, еден од сопружниците ја проневерил неговата светост преку прељуба (Мт 5, 31-32; Мк 19, 9; Лк 16, 18) или пак, извршил апостазија (тешки отстапи во исповедањето на верата), со што ди-рекно претставува духовна опасност за соблазнување на својот сопружник. Православните христијани се должни да ја запазат брачната светост и верност до крајот на нивните живо-ти.

4 Бранко А. Ц И С А Р Ж, „Црквено право“ – црквени брак његово биће облик и важност, I том, Београд, 1973, стр. 62-104.

Page 17: Православен Пат 27

Православен Пат 15

Св. Климент Александриски

Светоста на бракот

ко некои, како што велат, веќе ја достигнале состојбата на воскресението, та на основа на тоа го отфрлаат бракот, тогаш нека не јадат и не пијат! Оти, Апостолот вели дека во воскресението ќе престанат потребите на стомакот за

храна. Зошто тогаш тие сѐ уште чувствуваат глад и жед и патат од телесни слабости и потреби? ...Има некои кои и без двоумење велат дека бракот е блуд и дека е измислен од ѓаволот. Тие гордо говорат дека единствено тие го подражаваат Господа, Кој ниту се женел, ниту било што поседувал во овој свет. Тие се фалат дека го разбираат Евангелието подобро од сите други. Светото писмо за нив вели: „Бог се противи на гордите, а на кротките им дава благодат“. Освен тоа тие не знаат зошто Господ не се женел. Како прво, Он имал Своја Невеста – Црквата; а како второ, Он не бил обичен човек та да Му е потребна жена по тело. Ниту, пак, Му било потребно да раѓа деца, оти е Вечен како Единороден Син Божји. Без оглед на тоа дали некој останува во безбрачност или се врзува во брак поради раѓање на деца, неговата цел е да остане непопустлив кон сѐ што е ниско. Ако може да живее со живот на длабока побожност ќе добие од Бога голема награда, оти воздржувањето е чисто и разумно. Но, доколку претера во подвизувањето кое сам си го избрал, за да добие поголема слава, тогаш е во опасност да ја загуби надежта... И безбрачноста и бракот имаат свои различни облици на служба и служење на Господа. На ум ја имам грижата за жената и децата. Оти се чини дека посебната намена на брачната состојба е во тоа да му даде на човека, кој посакува совршен брак, можност да преземе одговорност за сѐ во домот кој го дели со својата сопруга. ...Вистинската машкост не се покажува во изборот на безбрачност. Сосема спротивно, награда во натпреварот добива оној кој се извежбал во должностите на сопруг и татко и во надгледување на семејство, без оглед на уживањето и болката – оној, велам, кој и покрај грижата за своето семејство останува неодвоен од Божјата љубов и може да се издигне над секое искушение кое му доаѓа и преку децата, и преку жената.... Од друга страна оној кој нема семејство, во најголем број на случаи не поминал низ сито и решето. Во секој случај, затоа што треба да мисли само за себе нему му е полесно отколку на оженетиот, кој макар што не стигнува толку лесно до своето сопствено спасение, сепак, барем има предност во начинот на живот затоа што донекаде во себе ја отсликува Божјата промисла (во грижата за другите).

Превод од српски јазик:Илија Орачки

Page 18: Православен Пат 27

16 Православен Пат

Облагодарувачката сила на

љубовтаЕпископ Александар Милеант

ога во срцето на човекот се разгорува љубов, тој целиот бива просветлен од внатрешен сјај. Сѐ останато отстапува

на заден план и душата целосно, речиси до екстаза се внурнува во созерцание на љубе-ната личност. Дури и најсувите и најкрути луѓе се менуваат кога во нив се распалува љубов, нивната душа омекнува, се развеселува и небаре добива крилја. личноста која од некого е љубена макар што надворешно не е ништо подобар/ра и поубав/а од другите за оној кој љуби изгледа единствен/а, неспоредлив/а со ништо, незаменлив/а. Токму тоа е таа идеализација која толку често се опишува во литературата. Нејзината смисла е во тоа што преку надворешниот ок-лоп, ние, во светот на љубовта ја откриваме од другите сокриената идеална страна на љубе-ниот која е положена во секој човек како образ Божји, незабележлив, а често и потиснат од надворешниот оклоп, неговиот изглед или „ха-рактер“, кој за оној кој љуби секогаш е нешто второстепено а не „суштината“ на љубениот . Целата сила на љубовната визија се состои во тоа што преку љубовта ние како да се допи-раме до внатрешната убавина на човека. Од неа не можеме да се отргнеме, напротив, би

сакале вечно да се соединиме со љубениот чо-век. Душата којашто макар и еднаш поминала низ тие чувства вечно го сохранува поменот на нејзината преображителна и творечка сила. Таа сила на поетичкото вообразување која е присутна во младата љубов и благода-рејќи на која ние го идеализираме љубениот човек воопшто не е некаква „измислица“ на играта на фантазијата туку, спротивно на тоа, во неа се открива најдлабоката жед на духов-ниот поредок, жедта за апсолутното битие. Љубовта кон мајка, сестра, кон сопруг/а - колку и да се различни една од друга – сепак сите се живот на духот. Затоа што човекот е устроен според законот на „половиот демор-физам“ т.е. припаѓа или на машкиот или на женскиот пол, токму тој полов деморфизам ја впива во себе од длабината на духот таа ис-конска, во човека заложена потреба за љубов. Токму затоа (за христијанството) - во сферата на полот - основното значење ѝ се дава на љубовта (еросот), сексуалноста, пак, е само нејзина телесна транскрипција.

Превод од руски јазик:Даниел Јовановски

Д , ,

Page 19: Православен Пат 27

Православен Пат 17

енес често се случува во црква да доаѓа само по еден член од семејствата, а неговите најблиски не само што не

сакаат да се воцрквуваат, но и му приговараат поради неговата претерана ревност. Како христијанинот во тој случај да го сочува спокојството во семејството, притоа не нарушувајќи ја верноста кон Бога и Црквата. Одговор на ова прашање побаравме од свештеникот Игор Филин: „Господ рекол: Јас сум мечот кој разделува и непријателите на човекот се неговите домашни. Поради тоа христијанинот мора да биде свесен, дека неверното семејство ќе се крене против него. Затоа, тој мора да направи сè да не дојде до тоа. Тука од него се бара особена мудрост. На пример: Сопругата се жали дека сопругот не ѝ дозволува да оди во црква. Таа предходните цели четири дена од седмицата ги поминала во храмот. Не приготвила храна, а домот ѝ бил несреден. Треба да се каже дека сопругот ѝ е во право да биде вознемирен. Друг пример: Ме замолуваат бесплатно да крстам дете од православно семејство. Ако луѓето се сиромашни, Светата тајна треба да се изврши бесплатно. Почнувам да се запознавам со околностите на нивниот

живот и се востановува дека во семејството немаат средства, бидејќи таткото не работи. Наместо тоа, тој постојано се моли, посетува свети места. И јас велам: „Еве, кога таткото ќе пристапи кон своите примарни обврски, кога ќе почне да работи, тогаш и јас ќе крстам. А сега нека оди и нека се кае што има некрстено дете“. Постојат семејни обврски – кон мажот, жената, децата, родителите – кои исто така ни се дадени од Бога. И ако, придавајќи ѝ се на верата, човек мисли дека сега може сè да остави, да пренебегре и само да Му служи на Бога, тогаш нека се запраша себеси: дали е подготвен да напушти сè и да замине на улица – гладен, жеден, осамен? Ако е спремен себеси да се предаде на Господа целосно, а притоа е психички здрав – можеби Господ и да ја прими неговата жртва, како што ги прима жртвите од светите, јуродивите, а грижата за неговото семејство да ја преземе врз Себе. Но секако, доколку човекот си го остави семејството, тогаш треба да понесе поголеми таги, многу потешки од оние кои би ги носел во семејството во текот на животот. Поинаку, неговото однесување е незаконско. Апостолот рекол: Каде те затекнала верата, таму и остани.

Воцрковување на нашите семејстваОтец Игор Филин

Page 20: Православен Пат 27

18 Православен Пат18 Православен Пат

Зашто понекогаш „претераната ревност“ во духовниот живот – е просто уште еден обид, егоистичната, мрзелива душа да се оттргне од исполнувањето на своите дирекни обврски – но сега веќе под религиозниот изговор. Неретко тешкотиите од страна на ближните се намножуваат преку неразумното однесување на самиот новообратен, затоа што тој сè доведува до апсурд. Наместо да го посетува храмот регуларно, тој од утро до вечер, речиси секој ден, престојува во храмот, наместо пост престанува да јаде, почнувајќи негрижливо да се однесува кон семејството, кон работата. И тоа предизвикува оправдано негодување од ближните. Како што рекол еден татко: „Имав нормална ќерка, а сега станала психички ненормална, религиозен фанатик“. Слава на Бога, тие зборови не ги слушнав од самиот татко, но од неговата ќерка, која самата станала свесна дека навистина се однесувала неразумно. Доколку новообратениот се грижи да пројави мудрост и во семејството владее одредена согласност, тогаш неговиот напор да ги воцркови своите најблиски нема да се покаже напразен. Само треба да биде мошне трпелив, грижливо пристапувајќи кон другата душа, сфаќајќи дека тоа воцркување можеби ќе се случи по неколку години, а можеби и во предвечерието на самата смрт или дури по неа – како Господ ќе одреди.

Каков совет може да се даде? Треба да се погрижи за почеток да се моли со ближните. Треба да се пронајде таков вид на молитва – мала и разбирлива, која би била применлива во целиот дом. А потоа, по потреба може самиот да продолжи со молитва. Домаќинот треба да го чита Светото Писмо со православно толкување. И секако да се подредат своите домашни односи во духот на љубовта. За да го разбере своето семејство, христијанинот мора самиот да биде пример на побожност, трудољубивост, самоодрекување. Познат ми е случајот кога безверна жена по две години по воцрквувањето на нејзиниот маж рекла: „Да, верниот маж ми се допаѓа повеќе од безверниот“. Кога домашните ќе забележат дека човек се менува, постанува трпелив, добар, почнува да исполнува повеќе домашни обврски поради семејството, тогаш постепено почнува да се менува и нивниот однос кон Црквата.

Превод од руски јазик:Илија Орачки

Page 21: Православен Пат 27

Православен Пат 19

Поставување услови за

верско воспитување на децата

поред зборовите на премудриот Соломон, „Почетокот на мудроста е стравот Господов“ (Изреки 1,7). Врз

основа на ова, првата доблест која родителите треба да ја засадат во душата на децата што е можно порано е, стравот Божји – со други зборови, вера и преданост кон Него. Но зошто, можеби ќе прашате, мора ние родителите, а особено ние мајките да ги учиме нашите деца на вера и побожност од нивното детство? Бидејќи ако детето се подучи да биде побожно и го прифати животот на Црквата од рана возраст може да имаме некаква вера дека во неговите зрели години, кога искушенија ќе го опкружат од сите страни и сурови страсти ќе го опседнат, тој ќе остане благочестив христијанин, држејќи се до христијанските принципи што ги научул од неговата мајка. Основните верски предупредувања со кои една христијанска мајка го храни своето дете заедно со нејзиното млеко најчесто остануваат во него целиот негов живот. Дури ако детето подоцна е победено од гревовните страсти или е заблуден од зли примери и чекори кон лош пат, тој полесно ќе се покае и побрзо ќе се врати на патот на доброто отколку некој што не бил подучуван на христијански принципи од детството. Дури ако тој го одрекува патот кон спасение, сеќавањето за неговите безгрешни и среќни детски години

понекогаш ќе се разбудат во него. Тој ќе се сети на едноставните молитви што ги научил од усните на неговата мајка – кои можеби подолго време биле заборавени – и опомените што му ги дала кога седел во нејзиниот скут. Бидејќи живеел грешен живот, тој заборавил да се моли, но сепак некоја ноќ кога оди на спиење несвесно ќе се сети дека неговата мајка го научила да се прекрсти пред спиење и дека таа се крстела, но и него исто така. Убавите сеќавања од безгрешното детство има разбудено многумина од летаргијата на гревот и ги донеле поблиску до Бога. Затоа разберете, голема благодат за децата е да имаат благочестиви мајки. Во нивните најрани години тие ги подучуваат да имаат вера во Бога и побожност. Детето треба да учи за Бога од неговата мајка – а не од неговата докторка или учителка. Во домашниот параклис, а не во училишниот двор, детето треба да ги принесе своите утрински молитви бидејќи неговата мајка е таа која треба да го подучува да се моли. Така е секогаш во вистинските побожни и благочестиви семејства. Св. Јован Златоуст пишува: „Веднаш штом ќе започнат децата да разбираат, родителите треба да ги учат на Символот на верата, како да се молат и да пеат и типикот на Богослужбите“. Истиот архиереј го дава

Епископ Иринеј Сибирски и Екатеринбурски

Page 22: Православен Пат 27

20 Православен Пат

следниов совет на мајките: „Мајки, учете ги вашите млади деца да се крстат. Ако не можат да се крстат самите, крстете ги со вашите раце.“ Тој исто така пишува до одредена вдовица наречена Лето: „Би било пријатно за мајката христијанка да го подучува нејзиното мало дете да го изговара најслаткото име на Исус, додека неговиот глас е сè уште слаб и неговиот јазик пелтечи.“

Ова ни кажува, дека родителите, особено мајките, кои ја носат најголемата одговорност за воспитување на своите деца во првите години од својот живот, мора да им ги засадат верските чувства во нивните души од нивната мала возраст за да подоцна донесат плодови на вера и благочестие. Како можеме да го направиме ова? Како можеме да вдахновиме верски чувства во нашите деца? Родителите можат да го постигнат ова преку подучување на основните вистини на нашата света вера во своите деца додека сè уште се млади. Не плашете се! Секоја мајка може да го направи тоа; многу е лесно. Со едноставни, искрени зборови, нека им зборува колку што е можно почесто за Нивниот милостив и добар Отец Небесен, Кој ги сака толку многу и им дава сè што е добро. Подоцна, на периоди, таа нека им кажува за животот на првите луѓе во Рајот, колку блажени биле таму сè додека Му беа послушни на Бога, и дека Небесата ќе биде неспоредливо подобра за оние кои го почитуваат Бог и нивните родители. Таа, исто така, треба да им каже дека Адам и Ева згрешиле, и поради овој грев, тие и сите луѓе по нив станеле несреќни. Затоа Спасителот требало да дојде на земјата за да би можело луѓето повторно да се вратат во Рајот, кој Бог

Убавите сеќавања од безгрешното

детство има разбудено многумина

од летаргијата на гревот и ги донеле

поблиску до Бога.

го беше затворил поради гревот на првите родители. Мајката треба исто така да им каже на своите деца за раѓањето на Исус Христос, за побожните овчари, за трите мудреци, за злобниот цар Ирод кој ги заклал невините бебиња, исто така и за влегувањето на дванаесетгодишниот Исус во Храмот и неговиот работлив живот во Назарет. Таа исто така треба да им раскаже за Неговите страдања и смрт на Крстот, објаснувајќи дека Господ сето ова го истрпил бидејќи луѓето биле многу лоши. Потоа мајката нека продолжи да зборува за Воскресението и за Вознесението Господово на Небесата. Детето ќе сака неговата мајка да му раскажува сè повеќе и повеќе... Потоа таа може да му раскаже за Божјата мајка – Нејзиното воведение во Храмот на три години, за нејзиниот живот таму, и освен тоа, дека Таа го сака човештвото и ги исполнува молитвите на оние кои ѝ се молат. Мајката нека зборува со него за светите ангели, особено за Ангелот Пазител, кој сака добри деца! Таа исто така треба да ги користи различните празнични денови да ги учи нејзините деца за големите вистини на нашата света вера. Таа може да ги користи светите икони кои се во секој христијански дом и крстовите што ги носат нејзините деца за да им каже Кој е распнат на Крстот и што отсликуваат светите икони. Секој ден треба да го носи детето до ѕидот со икони за да се прекрстат и да се молат. Конечно и најважно, таа не треба да пропушта да го носи своето дете во црква за да го причести секоја недела. Правејќи го ова, добрата мајка ќе го научи детето на основните вистини на христијанството, кои дури и најмалото дете е во состојба да ги асимилира, пред да почне да оди во училиште. Децата покажуваат поголема заинтересираност од возрасните за сè што се однесува за Божественото, бидејќи растат под влијание на благочестиви мајки. Колку е лесно, на пример, да се поврзе

Page 23: Православен Пат 27

Православен Пат 21

Божикната елка со приказната за Христовото раѓање. Колку е лесно за време на Пасха да им се каже на децата приказната за тоа како Спасителот страдал и умрел за човечките гревови. Детето ќе разбере дека поради оваа причина не треба да грешиме. Кажете му исто така дека Бог Го воскресна – дека и ние ќе умреме, но ако сме добри Спасителот ќе нè воскресне исто како Лазар. Колку е лесно да се инспирира љубов и почит во мало дете за Богослужбите на Црквата! Доволно е да разбере дека во црква, Господ, Кој е насекаде присутен, е повеќе воочлив – Бог Кој ги сака децата толку многу и Кој ги повикува кон Себе. Исто така, во црква мора да бидеме тивки, внимателно да се крстиме и да се молиме. Да, родители! Ако вашите срца се преполни со вера и љубов за Бога, ќе најдете илјада начини да ги пренесете тие чувства на вашето дете. Ние најмногу им грешиме на нашите деца ако ги лишиме од богатството на верата и побожноста. Сосема е точно тврдењето дека „душата на човекот (следствено и на детето) по природа е христијанска.“ Бог очекува да види христијански карактеристики во детската душа. Псалмистот со право пишува: „Од устата на новороденчињата и доенчињата си ја создал похвалата Своја“ (Пс. 8,2). Поради оваа причина, со цел да се развие и цврсто вкорени духовноста на вашето дете, научете го да се моли на Бога, додека е млад. Тој може да се моли, колку и да е млад. Ако веќе ги моли своите родители за сè што посакува, зошто не може да Го моли Небесниот Отец? Но, сепак започнете да го подучувате додека е мал, и молитвата ќе стане неопходност за него. Редовно кажувајте ги утринските и вечерните молитви заедно со вашите деца како и молитвите пред и по оброците, така што тие не би седнале на маса како неразумни ѕверови до нивните јасли, но ќе научат дека ако сакаме подароци од Бога, мораме да молиме и да Му благодариме за нив. Секое дете треба да ја знае „Оче наш“, „Богородице дево“ и други

кратки молитви. Многу е жално што семејната молитва речиси сосема исчезна во денешно време. Навистина, поради оваа причина гледаме толку многу несреќни семејства и толку многу грешки во одгледувањето на детето – луѓето престанале да се молат. Господовите зборови „Барајте и ќе ви се даде“ (Мат. 7, 7) сè уште, како и секогаш, имаат моќ. Можеби некој ќе возврати: „Детето не ги разбира молитвите.“ Секако дека целосно не го разбира значењето на молитвите; но сепак ќе навлезе малку во „атмосфера на побожност“, која навистина му е потребна. Може да го чувствува Бога иако сè уште нема каква било претстава за Него. Тој чувствува дека таму постои некое повисоко Битие Кој нè љуби нас и Кого ние исто така треба да Го љубиме. Кога детето ги

Page 24: Православен Пат 27

22 Православен Пат

кажува зборовите од молитвите, тој мисли на Бога и ги принесува чувствата кон Него. Таквата молитва која доаѓа од невиното детско срце е многу поугодна на Бога од молитвата на интелектуалец, кој целосно ги разбира зборовите на молитвата, и кој ги принесува со својот ладен разум, а не со топло срце. Псалмистот ни кажува колку Му се угодни на Бога молитвите од децата: „Од устата на новороденчињата и доенчињата си ја создал похвалата Своја“ (Пс. 8, 2). Со цел родителите христијански да ги подучат своите деца, тие самите најнапред мораат да бидат побожни и со страв Божји; тие самите треба да сакаат да се молат. Ако мајката нема вера и побожност, ако не наоѓа – бидејќи не бара – радост и утеха во молитва, таа нема да успее во подучување на нејзините деца да бидат побожни. Само кога детето ја гледа својата мајка, која се моли искрено и постојано, ќе научи да го прави истото. Гледате, драги родители, зошто е потребно да ги учите децата на побожност уште од најрани години. Гледате, особено мајките, треба да ги подучуваат своите деца на вера, побожност, и молитва уште пред да одат на училиште. Затоа ви се обраќам вам,

христијански мајки: најголемото наследство што може да им го оставите на вашите синови, најбогатиот мираз што можете да го подготвите за вашите ќерки, навистина е христијанското воспитание. Како што кратко ви укажав, учете ги на основните вистини за нашата света вера, учете ги на побожност и молитва. Поучувајте со зборови, но најмногу преку примери. Попусто катихетите (оние што подучуваат за крштение) и учителите подоцна работат вашите деца да бидат добри, побожни христијани, ако темелите не се поставени дома. Ако ги подучувате вашите деца во побожност и страв Божји, може да се надевате дека ќе ви бидат утеха и радост – затоа што ако се плашат и го љубат Бога, тие исто така ќе бидат послушни и благодарни кон вас. Ако ги учите вашите деца да ги исполнуваат своите должности кон Бога, тие исто така ќе ги исполнат своите обврски кон вас. Затоа, родители, „подигнете“ ги вашите деца кон Бога и небото! Тогаш вие исто така ќе имате радост од нив овде на земјата.

Превод од англиски јазик: Александар Божиноски

Page 25: Православен Пат 27

Православен Пат 23 Православен Пат 23ПрПрПрПрПрПППППрПППрППППППППП авославен Пат 23

За љубовта,

смртта, бесмртноста...Фјодор Достоевски

( )

16 април, 1864

Маша лежи на маса. Ќе се видам ли со Маша?

а се возљуби човек, како самиот себе, како што ни наложува Христовата заповед, е невозможно. Законот на личноста нѐ сврзува со земјата. Јас-то спречува. Тоа го можел единствено Христос, но Христос бил вековечен – од века идеал, кон кој се стреми и по

природа е должен да се стреми човек. Меѓутоа по појавата на Христа како идеал на човекот во плот станало јасно како ден дека највисокиот, последен развој на човекот токму и треба да биде во тоа што (на самиот крај на развитокот, во самата точка на достигнување на целта), човекот би увидел, познал и со сета сила на својата природа би се убедил, дека најважното нешто коешто човек може да го направи од својата личност, од полнотата на развојот на своето јас, - е небере да го уништи тоа јас, да го оддаде целосно на сите, секому во полнота, безусловно. Тоа е најголемата среќа. На тој начин законот на јас-то се слива со законот на хуманизмот и во тоа сливање обата, и јас и сите (навидум две крајни спротивности), заемно биваат уништени еден за друг, истовремено достигнувајќи ја највисоката цел на својот индивидуален развој секој одделно. Токму тоa е рајот Христов. Целата историја, како на човештвото, така и на секого поединечно, е само развивање, борба, стремеж и достигнување на таа цел. Но, доколку таа цел е финална за човештвото (доколку постигнувајќи ја тогаш повеќе не му е потребно понатаму да се развива, односно да посега, да се бори, да успева да го види својот идеал и при сите свои паѓања и вечно да се стреми кон него – во тој случај би произлегло дека веќе не треба да се живее), тогаш, човекот, достигнувајќи ја таа цел го завршува своето земно постоење. Значи, човекот на земјата е суштество кое непрестано се развива, односно преодно, а не завршено суштество. Но да се достига таква голема цел, според мене, е сосема бесмислено, доколку при достигањето на таа цел сѐ згаснува и исчезнува, односно доколку по достигнувањето на таа цел веќе нема живот во човека. Последователно на тоа, постои идниот, рајски живот. Каков е тој живот, на која планета, во кој центар, во конечен ли центар, односно во утробата на сеопштата Синтеза, односно Бога? – Не знаеме. Знаеме само една црта од идната природа на идното суштество, кое едвај може да се нарекува човек (та затоа и немаме

Page 26: Православен Пат 27

24 Православен Пат

оформено поим за тоа какви суштества ќе бидеме). Таа крактеристика е предскажана и предвидена од Христа – великиот и конечен идеал на развојот на сето човештво – Кој нам, според законот на нашата историја, ни се покажа во плот; таа карактеристика гласи: „Нема да се женат и ништо не ќе присвојуваат, туку ќе живеат како ангели Божји“. Навистина знаменителна карактеристика. 1) Нема да се женат и ништо не ќе присвојуваат – оти не ќе има потреба да се развива, да се достигнува целта преку смената на генерации повеќе не ќе биде непотребно; 2) Женидбата и мажењето се најголемо оттргнување од хуманизмот, целосно изолирање на парот од сите (сосема малку останува за сите останати). Семејството е закон на природата, но тоа не е целосно нормално, туку егоистично во полната смисла на човековата состојба. Семејството е најголема светост на човека на земјата, оти преку посредство на тој закон на природата човекот го достигнува развитокот (преку смената на поколенијата) на целта. Но, истовремено човекот по законот на природата, заради конечниот идеал на својата цел, е должен непрестано да го порекнува. (Двојност) Антихристите грешат одрекнувајќи го христијанството во следниве главни точки на одрекнување: 1) „Зошто христијанството, доколку е вистинито, не царува на земјата; зошто човекот до ден денес страда, а луѓето не стануваат еден на друг браќа?“ Да, сосема е јасно зошто: затоа што тоа е идеал на идниот, конечен живот на човека. На земјата, пак, човекот е во преодна состојба. Тоа ќе се случи но ќе се случи по достигањето на целта, кога човекот според законите на природата конечно ќе се прероди во друга природа, а таа природа ќе биде таква што човек не ќе се жени, не ќе се мажи, не ќе посега по своина, како второ, самиот Христос своето учење го проповедал само како идеал, самиот предрекол дека до крајот на светот ќе има борба (учењето за мечот), оти тоа е законот на природата, оти на земјата е животот кој се развива, а таму сосема синтетичко суштество, кое вечно се насладува, кое е исполнето и за кое „веќе нема да има време“. Атеистите кои го одрекуваат Бога и идниот живот, ужасно се наклонети сето тоа да го претставуваат во човеков облик и затоа грешат. Природата на Бога е директно спротивна со природата на човека. Човекот, по големиот резултат на науката, оди од многуразличност кон Синтеза, од факти кон нивно обопштување и познание. Природата, пак, на Бога е поинаква. Тоа е полна синтеза на сето постоечко, која се саморазгледува себеси во многуразличитост, во Анализа. Но, доколку човекот не е човек – каква ќе биде неговата

Човекот на земјата

се стреми кон идеал,

спротивен на неговата

природа. Кога човек не

го исполнил законот на

стремење кон идеалот,

односно не го принел

со љубов во жртва

своето јас за луѓето

или за друго суштество

(јас и Маша), тој

чувствува страдање и

таа состојба ја нарекол

грев.

Page 27: Православен Пат 27

Православен Пат 25

природа? Тоа не може да се сфати на земјата, но нејзиниот закон може да го претчувствува како целото човештво, преку непосредните еманации (Прудон, потеклото на Бога), така и секој човек одделно. Тоа е слевање на целото јас, т.е. знаење и синтеза со сите. „Возљубете ги сите, како себеси“. Тоа на земјата е невозможно, оти му противречи на законот на развојот на личноста и достигањето на конечната цел за која човекот е врзан. Последователно, тоа не е идеален закон, како што говорат анархистите, туку закон на нашиот идеал. Сѐ зависи од тоа дали ќе се прими Христос за конечен идеал на земјата, односно се зависи од христијанската вера. Ако веруваш во Христа, тогаш веруваш дека ќе живееш во веки. Во тој случај постои ли иден живот за секое јас? Ете, велат дека човекот се распаѓа и умира целосно. Но, ние знаеме дека тој не умира целосно затоа што човекот, физички раѓајќи син, му пренесува дел од својата личност, а и морално остава свој спомен на луѓето (желбата за вечен помен на панихидите е значајна), односно со дел од својата личност која некогаш живеела на земјата влегува во идниот развој на човештвото. Јасно гледаме дека поменот на големите развивачи на човека живеат меѓу луѓето (токму како и развојот на злодејците) и последователно најголема среќа за човека е да наликува на нив. Значи, дел од таа природа влегува и со плот и со дух во другите луѓе. Христос целосно пришол меѓу луѓето, и човекот се стреми да се преобрази во јас-то Христово како во свој идеал. Достигнувајќи го тоа тој јасно гледа дека и сите кои ја достигнале на земјата таа цел влегле во делот на неговата финална природа, односно во Христа. (Синтетичката природа на Христа е восхитувачка. Оти тоа е природата на Бога, значи, Христос е одраз на

Бога на земјата.) Тогаш како ќе воскресне секое јас – во општа Синтеза – е тешко да се замисли. Но она живото, кое не умрело ниту до самото достигнување на идеалот и кое се одразило во финалниот идеал – мора да оживее во финалниот, синтетички, бесконечен живот. Ќе бидеме лица, притоа не престанувајќи да се сливаме со сите, не посегајќи по ништо и не женејќи се, и во различни оддели („во домот на мојот Отец има многу живеалишта“, Јов.14, 2). Тогаш секој ќе се почувствува себеси и ќе се познае вечно. Но, како ќе се збидне тоа, во каков облик, во каква природа – тоа за човека е тешко целосно дури и да си го замисли. Така, човекот на земјата се стреми кон идеал, спротивен на неговата природа. Кога човек не го исполнил законот на стремење кон идеалот, односно не го принел со љубов во жртва своето јас за луѓето или за друго суштество (јас и Маша), тој чувствува страдање и таа состојба ја нарекол грев. Така човекот непрестано чувствува страдање кое се урамнотежува преку рајската наслада на исполнување на законот, односно преку жртва. Токму тоа е земната рамнотежа. Во спротивно земјата би била бесмислена. Учењето на материјалистите е учење за сеопшта стагнација и механизам на материјата – односно смрт. Учењето на вистинската философија, пак, е уништување на таа стагнација, односно е мисла, центар и Синтеза на вселената и нејзиниот надворешен облик – материјата, со други зборови учењето на вистинската философија е учење за Бога, тоа е бесконечниот живот.

Превод од руски јазик:Даниел Јовановски

Page 28: Православен Пат 27

26 Православен Пат

Да се има или да се биде?Архиепископ Иларион Алфеев

В -

рашањата за половиот живот во соврeменото општество добиваат сѐ поголемо внимание. Преовладува

мислењето дека сферата на сексуалноста е веројатно најважна во животот на човекот. Често можеме да слушнеме дека мажите и жените се должни да создаваат семејство на основа на таканаречената „полова рамноправност“, - поимање кое е вештачки создадено од заинтересирани кругови за комерцијални цели. Навистина човечката сексуалност веќе одамна стана објект на комерцијализација и жешка стока на глобалниот пазар на потреби. Имено, денес пазарот најмногу ја експлоатира човечката сексуалност, придавајќи ѝ повисок интерес во потрагата за добивка. На сосема очевиден начин концепцијата на постојаниот развиток на пазарната економија истапува во противречност со традиционалниот начин, оформен на основа на религискиот светоглед, а во рамките на кој се регулираат односите помеѓу половите. Од гледна точка на Црквата, човечката сексуалност треба да се развива исклучиво во рамките на брачен сојуз меѓу маж и жена – сојуз на кого една од главните цели е раѓањето на деца. Секаква појава на

сексуалност вон бракот од христијанска гледна точка е неприродна оти моралниот живот претполага целомудрено поведение и воздржување. Живееме во општество во чија основа лежи концепција на постојан развој на економијата. Творците и гласниците на таа концепција се обидуваат да ја претстават како паницеја за разрешување на сите постоечки проблеми. Но, сосема е очигледно, дека пазарната економија не може да се развива бесконечно. Пазарот на стока и услуги во современото европско општество е пренаситен, и му треба сѐ поголемо проширување. Насекаде забележуваме, дека пазарот презема инвазии во сфери кои досега се сметаа за неподвластени на пазарот, сфери како вера, култура, морал, патриотски чувства. Во современите услови пазарот се стреми да преобрати сѐ во стока, која е подложна на продажба, или да го искористи како средство кое ја стимулира гладта за потрошувачка. Со помош на рекламите на комерцијалните организации се обидуваат да предизвикаат во потрошувачите ненаситно и собластително стремление „да соодветствуваат на нивото“. Поинаку кажано, во современиот свет се судруваат двете парадигми на Ерих Фром – „да се биде“ или „да се има“.

Page 29: Православен Пат 27

Православен Пат 27

Од гледна точка на традиционалната христијанска етика, човекот е повикан од Бога кон посветеност и самоограничување. Според зборовите на апостолот Павле „зашто целиот Закон е исполнет во еден збор: Љуби го својот ближен како самиот себе!“ (Гал. 5, 14). А љу-бовта кон ближниот е невозможна без само-пожртвуваност, оти во самопожртвеноста се содржи вистинската самореализација на лич-носта, т.е. висинското постоење во христијан-ска смисла. Бог е вистинско битие, токму затоа што е Љубов (1. Јов. 4, 8), оти Он му дава живот на сѐ што постои, го подржува и го крепи Своето создание, му ја дава Својата љубов. Тајната на искупувањето на човечкиот род се совршува во Христа, таа Божја љубов во потполност се појавила преку доброволното принесување на Синот Божји за жртва на гревовите на целиот свет. Така, од христијанска гледна точка, да се биде – значи да се даваме себеси, да се жртву-ваме. Спротивно на тоа, „да се има“ значи ограничување на должностите, напуштање на вистинското постоење за кое човек беше создаден. „Да се има“ значи просто збирање, трошење, конзумеризам, егоистичка сосредо-точеност врз сопствените задоволства, насла-ди и доживувања, со еден збор угодување на сопственото „его“. При такво однесување кон светот ближните можат да се покажат како пречка, досадна бариера на патот кон она што се смета за своја вистинска суштина, оти тие ни го одземаат драгоценото време, коешто можеме да го посветиме за добивање на задоволства. Затоа, очигледно е дека таквото расположение го лишува човека од неговата суштина, затворајќи го во сферата на внатреш-ните доживувања, го исклучува од општество-то и во најширока смисла, од светот воопшто. Зарем не е во тоа вкоренет нездравиот инди-видуализам кој стана карактеристична црта на нашата епоха? Тоа од своја страна влече со себе цел спектар на социјални проблеми. Организира-ната трговија со луѓе, принудувањето во про-ституција, снимањето порнографски филмови,

секусалната експлоатација и распространу-вањето на половите перверзии не се остатоци од средновековието, туку токму во наше вре-ме добиваат пазарна инфраструктура. „Прет- приемачите“ кои се на чело на таквите систе-ми, владеат со современите методи на менаџмент, маркетинг и реклама. Експлоата-цијата на човечката сексуалност за стекнување на профит, не е исчезната и покрај мноштвото оформени законски ограничувања и строг политички надзор. Напротив, таа стекнала системски карактер, го распространила своето влијание на највисоките слоеви на општество-то, таа поседува моќно и влијателно лоби во парламентарските и владини структури на многу држави ширум светот и се води од одредена идеологија, на чија обработка се занимаваат специјално одбрани луѓе. Во многу држави во светот веќе се оттрг-нати законските пречки за она што до неодам-на се сметаше за сексуална перверзија. Одре-дени забрани сѐ уште постојат, но во секој момент некаква новопојавена политичка партија или општествено движење можат да побараат да се оттргнат законските забрани за педофилија, распространување на порногра-фија, вовлекување на малолетниците во поло-ви односи или сексуална експлоатација. Таков пример веќе постои – во Холандија на парла-ментарните избори во 2007 год. учествуваше скандалната партија Naastenliefde, Vrijheid en Diversiteit (NVD) („Љубов кон ближниот, слобода во различноста“). Нејзината предизборна програма вклучуваше поништување на забраната за продажба на наркотици, симнување на забраната за педофилија и воведување на забрана за било

„Да се има“ значи просто

збирање, трошење, конзумеризам,

егоистичка сосредоточеност врз

сопствените задоволства, наслади

и доживувања, со еден збор

угодување на сопственото „его“

Page 30: Православен Пат 27

28 Православен Пат28 Православен Пат

какво религиозно воспитување. За среќа немаше многу гласачи – само 3% од населението на таа држава, но во условите на современото информациско општество би било природно да се очекува во скоро време моќен бран на пропаганди од тој тип на „хуманистички“ идеи со цел да се промени општественото мнение во таа област. Во традиционалните општества сексуалниот морал беше исклучително строг, некои пројави на тоа може да се видат до денешни дни во законите на нашите држави, - на пример, државата го ограничува распростирањето на порнографија, ја забранува продажбата од таков вид на изданија на лица помлади од 18 години, кривично ги гони половите контакти со малолетници, квалифицирајќи го тоа како унакажување на малолетните. Денес, сепак, финансискиот капитал се обидува да ги гурне тие граници, апелирајќи на слободата и правата на човекот. Јасно е дека му станало

тесно во постоечките рамки, регулирани од законодавството, кое сѐ уште во некои ставови е ориентирано на христијанските морални норми. Христијанството проповеда воздржување, умереност, самоограничување и во таа смисла тоа бездруго го попречува безузданиот раст на потрошувачка, на која е основана современата пазарна економија. И затоа многубројни се луѓето, кои би сакале да го оттргнат христијанството од животот на општеството. Доколку митот за постојан раст на пазарната економија (кој, да потенцираме, по навидум природен пат влегол во фразеологијата на современото економско движење, на пример во Светскиот совет на цркви) во наредните години не ја увиди својата целосна неодржливост, ние би можеле во целост да станеме сведоци на „раширувањето на правата и слободата на личноста“ за сметка на намалување на моралните норми во однесувањето на човекот во општеството. Финансиски заинтересираните кругови ќе се обидат да го оттргнат влијанието на христијанската етика од сферата на економијата и бизнисот, целосно потчинувајќи ги на основното пазарно правило: „понудата треба да ја надминува побарувачката“. Тие исто така се обидуваат да ја еманципираат сферата на експлоатација на човечката сексуалност од секој облик на општествена контрола, а првенствено да ги лиши христијанските Цркви од правото да ја изразуваат својата загриженост по тоа прашање во јавната сфера. Што можеме да им противставиме на тие тенденции ние, христијаните, кои понекогаш сме толку фрагментирани та немаме едномислие не само во богословски, туку и во антрополошките прашања? Нам мора да ни стане очигледно што се крие под маската

Page 31: Православен Пат 27

Православен Пат 29

на либерализација на христијанската догма, под ерозијата на неговото морално учење. Зошто таа област на христијанското богословие станала објект на различни облици на експерименти и релавитизации помеѓу протестантските цркви и општини на западниот свет, а не некоја друга? Зошто воопшто и стана можно во тие општини да се разгледуваат христијанските морални норми? Кои сили стоеле и стојат зад тие процеси, какви цели имаат тие? Доколку во која било црковна заедница оние што се нарекуваат себеси христијани, а се практикувачки хомосексуалци биваат произведени во чин на „епископ“, доколку се благословува чинот на благословување на еднополовите сојузи, доколку се ревидираат основните библиски норми кои се однесуваат на бракот, семејството, човечката сексуалност, тогаш може ли таквата црковна заедница да се нарекува црква? Тоа е сол која ја загубила својата сила, престанала да биде солена, и веќе за ништо не е погодна, „освен да биде фрлена надвор и луѓето да ја изгазат“ (Мт. 5,13). Да обратиме внимание на тоа дека на нападите во секуларниот печат се подвргнуваат не оние христијански заедници коишто застанале на пат на ревизија на евангелскиот морал, туку тие кои се обидуваат да ги сочуваат традиционалните морални норми. На што се усмерени компаниите во Средствата за масовни комуникации кои систематски ги дискредитираат традиционалните Цркви и нивните свештеници? Одговорот е јасен: има сили кои се обидуваат да го поткопаат авторитетот на Црквата, да ја симнат од сферата на општествената контрола над сочувувањето на нормите на морално однесување, да ја лишат од статусот mater et magistra –институција која проповеда и интерпретира етички принципи и

однесувања во општеството, основани на Библиското Откровение. Оти во современите секуларни држави таква друга институција нема, ниту парламентот, ниту владата, ниту академијата на науки не владее со вистински таков авторитет. На крајот, каде ќе може да пријде општество отргнато од морални ориентири, општество во кое поимите „добро“ и „лошо“ секој ги определува засебно за себе? Не ни се чини ли очевидно, дека по отргнувањето од страна на извесен народ од традиционалните морални норми ќе следуваат негова дисимилација и самоуништување како етничка и етичка стварност, ќе следува преобразување во маса на асоцијални индивидуи? Дилемата „да се биде или да се има“ денес стои остро пред човештвото. Настроението да се има сѐ, од ништо да не се откажуваме, и во ништо да не се ограничуваме, се покажува како самоубиствена за многу народи. Пазарот никогаш не бил и не може да биде движечка сила за човечкиот развој. Заповеста Божја „плодете се и размножувајте се“ не може да се исполни според законите на пазарот, кој ги исползува најниските човечки инстинкти. Народите се размножуваат до тогаш додека во нив се сочувуваат цврсти морални кодекси, додека се сочувуваат такви институции како брак, семејство, раѓање и воспитување на деца. Во наши дни тие институции се

Христијанството проповеда

воздржување, умереност,

самоогранучвање и во таа смисла тоа

бездруго го попречува безузданиот раст

на потрошувачка, на која е основана

современата пазарна економија.

Page 32: Православен Пат 27

30 Православен Пат

подложени на масивен напад од секуларната идеологија, основана на пазарен принцип: „Земи од животот сѐ што можеш“. Како резултат на тоа невиден број на разводи, абортуси, нецелосни семејства, уништени човечки судбини, загубени животи. Во таквата ситуација ние, христијаните, сме повикани кон максимално активно заемно дејствување пред лицето на тие предизвици. Би било наивно да се надеваме дека тие ќе исчезнат сами од себе: премногу големи средства се инвестирани во проектот за отргнување на религијата од животот на општеството и во нејзино максимално маргинализирање. Единствено доколку ги обединиме силите ќе можеме да се справиме со тие опасности. Тоа е неопходно за преживување на нашите народи, оти либерализацијата на законодавството во сексуалната сфера веќе доведува до најтешки демографски последици за цели нации, кои влегуваат во опасност од постепено умирање. Христијанските општини не смејат да охрабруваат либерални тенденции во областа на човечкиот морал. Сосема спротивно, токму денес, како никогаш до сега, е потребна

заштита на традиционалниот христијански морал, вклучително и традиционалното разбирање за бракот и семејството. Компромис со духот на нашиот сегашен свет во овој случај не е ништо друго, туку компромис со сотоната. Православната црква е спремна, кажано со зборовите на апостолот Павле, да подаде рака (види Гал. 2, 9) на сите браќа и сестри во Христа, кои ја споделуваат грижата за судбината на христијанството и за утрешното светско општество во целина.

Превод од руски јазик:Даниел Јовановски

Не ни се чини ли очевидно, дека по

отргнувањето од страна на извесен народ

од традиционалните морални норми

ќе следуваат негова дисимилација и

самоуништување како етничка и етичка

стварност, ќе следува преобразување во

маса на асоцијални индивидуи?

Page 33: Православен Пат 27

Православен Пат 31 Православен Пат 31

Смилен Марков

д неодамна во Бугарија постои партија, која официјално ја поддржува геј парадата. Тоа е

партијата на „зелените“. Како цел на таквата поддршка официјално се претставува борбата против дискриминацијата на хомосексуалците. На латински discriminati o значи „разделување“, а во современите јазици се употребува пред сè со значење на „определување на помалку права на некоја народност, раса, религија, пол, класа и сл. и нивно потценување како граѓани“. На прв поглед, нема ништо проблема-тично во едно такво ангажирање со правата на неoправданите, тоа дури само по себе се подразбира. Станува збор за законски гарантирани права на сите граѓани, чие почитување претставува должност за секој поединечен граѓанин и на институциите во општеството. Сепак, во политичката доктрина на геј-движењето се провлекува еден специфи-чен момент – таму не станува збор за заштита на правата на „секого како човек“, туку за заштита на „другиот како друг“, т.е. како разли-чен човек. Се инсистира системот на правата на граѓаните да го третира својот субјект не како индивидуален носител на едната човечка природа, туку како личносен изразувач на некаков идентитет, кој се определува од раз-личноста – во случајов различност на „сексуал-ната ориентација“. Во таа смисла, се тежнее кон едно поавтентично интегрирање на лич-носта, при што таа не е едноставно некаков безличен носител на права, туку изразува

определена специфика, која го збогатува и осмислува општеството. Со други зборови, преку својата разлика таа личност го прави општеството похармонично. Ќе биде погрешно ако ваквите претензии ги идентификуваме со желбата за почит кон ближниот со сите негови специфични човечки карактеристики. Тука не станува збор за почит, туку за трпеливост и прифаќање. Тоа не е прифаќање на другиот како човек, т.е. како ближен, туку прифаќање на човекот како „друг“. Една различност, која по неопходност се трпи и се толерира – бидејќи го конституира плуралистичкото општество; бидејќи без неа општеството би било принудено да бара основи за своето постоење, кои не ги гледа или не сака да ги види. Ваквиот категоричен императив за примање и толерирање на различноста несом-нено ја напушта класичната и безлична правна конструкција, според која секој човек се раѓа слободен, подеднакво слободен колку и секој друг, поради што е носител на еднакви права и задолженија. Тука се има предвид нешто друго – секој човек е уникатен и општеството следу-ва да создаде услови за најпотполна возможна пројава на таа уникатност, бидејќи во спротив-но самото тоа општество би се распаднало. Површното читање на овие редови би не навело кон заклучокот дека човекот веќе не се разгледува како апстрактен носител на права, туку како неповторлива вредност; дека проме-ната е заради човекот и во името на човекот.

Page 34: Православен Пат 27

32 Православен Пат32 Православен Пат

Целото прашање е кој е човекот во чие име се спроведува ваквата социјална програма? Идентитетот на тој човек е произведен врз основа на разликата според опре-делени белези – боја на кожата, религија, „сексуална ориентација“, пол, класа. Следстве-но, станува збор за парцијален и непостоечки идентитет, бидејќи карактеристиките за кои стана збор се: а) општи, а не личносно-уникатни, и б) тие се второстепени дури и во однос на природата на човекот, што ги прави неспособни позитивно да се обосноват, а уште помалку да гарантираат личноснен идентитет. Според доктрината која тука ја разгледуваме, во општеството треба да се вгради еден идентитет кој воопшто не е личносен, туку е групен и е основан на сосема несуштински карактеристики. Поради тоа, точно е дека прифаќањето и толерирањето на идентитети произведени на овој начин – што либералните идеологии секому му го наметнуваат како задолжително – не води до поавтентично присуство на автентичната човечка личност во општеството, туку до нејзино маргинанлизирање. Маргинализирањето може да се пројави или како сегрегација, кога дадената група престојува во социјалниот простор кој ѝ е оставен заедно со други групи слични на неа, или, пак, како атомизирање, кога го прифаќаш другиот како друг, само затоа што не

сакаш да имаш ништо заедничко со него. Во првиот случај има одделни локали за хомо и хетеросексуалци, во другиот – социјалното општење следува да се држи на страна од сферите, во кои се пројавуваат идентитети произведени на овој начин. Во првиот случај општеството се дели на гета, во вториот – секој самиот си е гето. Се сретнуваат и хибридни модели, кои всушност се најчести. Такво е нерадосното искуство на општествата, во кои доктрината за тотално неопходната толеранција има пуштено корени. Тука е присутен рецидив на дискриминацијата,

т.е. на она против што геј-движењето привидно се бори. Идејата за недопуштање на нерамноправноста се заменува со една „поделба“ на правата, при што секоја група се ползува со своите специфични „мали“ права, основани на разликата и поделбата. Овој тип толерантност, секако, не е нов. Тој и е познат на западноевропската цивилизација и потекнува од еврејските гета од времето на високото средновековие. Зад високите ѕидини, кои ги оградувале нивните населби, Eвреите можеле да го прават сето она што изгледало како неприфатливо за останатиот дел од општеството. Тие биле трпени токму како „други“, како различни, но строго во границите кои им биле определени. Тие граници, секако, подлежат на предефинирање – израз на едно такво предефинирање се научниот расизам од XX век и концентрационите логори на смртта. Денес таа граница е неопходното парадирање и нападното манифестирање. По своите претензии, пак, геј идеологијата е дискриминаторска, исклучувачка и расистичка, бидејќи го произведува личносниот идентитет врз основа на спонтани сексуални склоности, кои кај едни лица има една, а кај други друга насока. Геј-идеологијата го оградува ваквиот парцијален и непостоечки идентитет со определени социјални стилови, права и сл. На тој начин, нешто противприродно, нешто што ја профанизира човечката сексуалност, се наложува како незаменливо важно и социјално легитимирачко. Станува збор за типична идеолошка манипулација од најдолен ранг.

Тука не станува збор за почит, туку за трпеливост и прифаќање. Тоа не е прифаќање на другиот како човек, т.е. како ближен, туку прифаќање на човекот како „друг“. Една различност, која по неопходност се трпи и се толерира – бидејќи го конституира плуралистичкото општество

Page 35: Православен Пат 27

Православен Пат 33

Елементарната прагматичност покажува дека преку нападното парадирање не може да се достигне почитување на човечките права. Напротив, се стимулираат омраза и спротивставување, што им одговара на многумина.... За геј-движењата карактеристичен е рефлексот на жртва, околу кој се гради еден цел социјален стил. Несомнено е дека во нашето општество има посегнувања против човековите права и во таа смисла рефлексот на жртва има свој корелат во стварноста. Но кога имиџот на жртвата ќе стане дел од идентитетот, кој се признава како сопствен, тогаш не е можно да се влезе во општеството како нормален човек, туку само како „друг“, само како „различен“, а секогаш и пред сѐ како жртва. На тој начин, освен што се сегрегира општеството, се уништува и личноста. Лишена од ориентир, благодарение на кој ќе може да го изоди патот кон себеси, благодарение на кој ќе може да Го сретне Бога за да биде спасена од Него, таа е осудена до бескрај да ја игра играта на самомаргинализација. А во случај да се замори од неа, прогласувањето на превосходство на групата е на само еден чекор оттаму. На еден чекор оддалеченост се озаконувањето на специјални форми на сожителство помеѓу хомосексуалци со специфични права и легитимирањето на boy-lover здруженија. Тоа се политички цели кои ја убиваат личноста. Тоа се политички проекти кои работат против моралот и мирот во општеството. Ако зборуваме сериозно, геј-движењето не му ползува на никој начин на оној кој е хомосексуалец и има еден куп личносни проблеми поради тоа, вклучително и дискриминациони. Тој има потреба од љубов, од разбирање, од човечки однос. Впрочем, секој има потреба од тоа. Таквите идеологии и таквото производство на идентитети не можат да го трасираат патот кон почитување, разбирање и љубов. Наложувајќи ја

трпеливоста, геј-движењата го пресекуваат патот кон она што е отаде неа. На личноста, сепак, и е потребно многу повеќе од трпеливост. Како оправдание тука се посочува неизлечивоста на хомосексуализмот. Дали хомосексуализмот навистина е неизлечив, тешко е да се каже. Човечката медицина во принцип се развива и многу болести кои денес се неизлечиви, утре може да станат излечиви – доволно е да се инвестира во истражувања од соодветната област. Но потребно е таквите истражувања да не се сфаќаат како посегање по нечиј идентитет. Исто така, познато е дека невозможното за човекот е возможно за Бога. Да си замислиме, само за момент, како на призивот на Господ Исус Христос „Стани, земи ја постелата своја и оди си!“ (Јн. 5,8) болниот му одговара „Другите луѓе на раце ги носат болните како мене, а ти на неподвижен човек му кажуваш да си ја носи постелата, и тоа во саботен ден“ (спореди: приговорот на фарисеите во 5,10). Така би одговорил секој кој поверувал дека ослободувајќи се од болеста би престанал да биде самиот тој. Што е ползата ако му се огради на болниот некој специјален простор со извонредни права или му се измисли социјален стил, и тоа по негова мерка – а всушност по една безлична и тоталитарна мерка; што вреди сето тоа, ако тој човек го пропуштил своето исцеление. Исцелениот не може да биде манипулиран. Тоа го разбрале фарисеите, го разбираат и денес. Да се наложува императивно модел на маргинализација, кој со посредство на банални и фиктивни карактеристики ја унифицира личноста и манипулира со неа, насочена е против традиционалните вредности, против мирот на земјата. Една таква политика не може да има ништо заедничко со природата. Од оваа точка патот води или кон тоталитаризам, или кон анархизам – во секој случај кон нешто „отаде доброто и злото“.

Превод од бугарски јазик: Милан Ѓорѓевиќ

Page 36: Православен Пат 27

34 Православен Пат

поред зборовите на преподобен Максим Исповедник, „првородниот грев“ на луѓето, кој волно или неволно нè заразил

сите нас, било – самољубието. Егоцентризмот го поробува човекот со душевни и телесни страсти и го потопува во мрак и смрт. Човекот станува слеп бидејќи не сака да види, да поверува и да живее блажено во она што му се дарува – а пред сè, не сака да поверува во зборовите и дејствувањето на Бога, во Самиот Бог, во Неговиот Логос и во Духот, кои се присутни во светот. Токму тоа Христос го разобличувал, спомнувајќи ги зборовите на пророкот Исаија, кога им говорел на оние што не го познаваaт Бога дека имаат очи, но не гледаат, имаат уши, но не слушаат и имаат ум, но не разбираат (в. Иса. 6, 9-10). Значи, би требало тоа јасно да го видиме и да го разбереме. Познавањето на Бога им се дава на оние кои го сакаат тоа, на оние кои Го бараат од сè срце, на оние кои тоа го сакаат повеќе од сè и кои не сакаат ништо освен тоа. Тоа е – Божјо ветување. Оној кој бара – ќе добие. Постојат многу причини поради кои луѓето одбиваат да Го бараат Бога и не сакаат да Го пронајдат; сите тие се, вака или онака, поттикнати од самољубие кое може да се именува како нечистотија на срцето. Како што се вели во Светото Писмо, преку сведоштво на светиите, слепите се со нечисто срце затоа што сопствената мудрост ја поистоветуваат со мудроста Божја и своите патишта како Божји патишта. Како што вели апостол Павле, некои

од нив имаат „ревност за Бога“, но остануваат слепи бидејќи својата сопствената правдина ја претпоставуваат пред Божјата правдина (в. Рим. 10, 2) Тоа се оние кои, покажувајќи го своето безумие, во конфузија и хаос, прават нивните жртви да бидат поинакви (инакви), а тоа се случува во многу култури и цивилизации, во испоматеност и хаос. Најголема трагедија претставува сведувањето на човечкото битие на нешто друго, на нешто сосема мало, а не битие создадено според Божјиот лик и подобие и предодредено да биде живеалиште на мудроста, на знаењето па и на самото Божјо достоинство. Човечката личност е создадена да биде „бог по благодат“. Тоа е христијанско искуство и сведоштво. Меѓутоа, човечката жед за задоволство со самиот себе преку самопотврдување резултирала со одвојување на човечките личности од изворот на нивната суштина, од Бога. На тој начин, оваа жед ги покорила со стихиите и науката на овој свет (в. Кол. 2, 8), чиј лик исчезнува. Денес постојат многу теории за човечката личност и таа според нив е сè освен лик Божји: почнувајќи од оние најништожните моменти на некој митски, историско – еволуциски процес или материјално – економска дијалектика, па до пасивните жртви на биолошки, социјални, економски, психолошки или социјални сили, чија тиранија, во споредба со оние „богови“ кои навидум ги срушиле, е неспоредливо сурова и

Бог и човекот во

Православната ЦркваОтец Томас Хопко

Page 37: Православен Пат 27

Православен Пат 35

немилосрдна. Ние секако не можеме да одиме по овој пат. Православното Христијанство, поточно Бог и Неговиот Христос, тука се да ни посведочат за можноста да ја добијат таа слобода да станат чеда Божји, слобода дадена од Бога и која ја чува, гарантира и остварува живиот Бог и кој ги донел луѓето во овој свет по својата милост (а Тој и навистина е по својата природа, како што вели св. Максим Исповедник), само доколку луѓето имаат очи да го видат тоа, уши да слушаат, разум и срце тоа да го разберат. Во денешно време, многумина се интересираат за духовниот живот. Духовноста како да станува мода. Ако подобро ја познававме историјата, тоа би можеле и да го претскажеме. Имено, постои некоја законитост: по период на слабеење на верата, по период на граѓанска војна и времето на исцрпување на сетилата во барање на задоволства, неминовно следи време на религиозен препород и интересирање за „духовни“ прашања. Би било добро да знаеме што од овие две е повеќе посакувано: секуларизмот или духовноста? Ова особено е значајно за култура каде што Христос и Духот се одвоени од Црквата како литургиска и свештена заедница заедно со Светото Писмо, догмите, каноните и светителите. Христијанскиот духовен живот, без објективна реалност на Црквата во која тој живот се остварува, без Црквата која и всушност претставува живот, осуден е во својот развој на потполно растројство и пропаст. Таквиот духовен живот нема да помогне и ќе биде само непотполно и изопачено животно искуство и смеса на многу работи – мрачни и светли, но и неспособни во краен исход да го предводат и да го задоволат човекот. Духовниот живот без Црква, па дури и луѓето да се предводат од Библијата, не само што не може да биде веродостоен, туку може да биде и штетен. Таквиот духовен живот, најверојатно, ќе доведе до она што предупредувал апостолот Павле, говорејќи: Та да не бидеме веќе мали деца, што ги лула и занесува секој

ветар на лажните учења, преку човечките заблуди, во лукавството на измамата кон заблуда (Еф. 4, 14). Меѓутоа, тоа не значи дека милиони луѓе кои се надвор од Православната Црква се лишени од милоста Божја и автоматски одсечени од Небесното Царство. Милоста

Божја, секако дека се простира надвор од земните граници на Црквата како канонска организација. Така тврди православната веронаука: Ветрот дува каде што сака. Христос не е заложник на Својата Црква. Тој е Бог на целата вселена, Тој е Господар на светот. Тој го просветлува секој човек кој се раѓа во светот. Тој сака сите луѓе да се спасат и да живеат во познавање на вистината. Тој ја потпомага таа цел со својата божествена власт и љубов. Меѓутоа, православното учење тврди дека простата припадност кон Православната Црква на човекот не му гарантира спасение; напротив, тоа тврди дека човекот може да учествува во нејзиниот спасоносен живот дури и на своја осуда. Тоа е можно кога човекот учествува во нејзиниот свештен живот без борба за тој живот (а тоа е живот во целата негова полнота) во секој момент на своето постоење. Дури и кога луѓето не се оддалечуваат од учество во црковниот живот, но во суштина се противат на благодатта Божја, тие неминовно стануваат лоши, наместо да бидат добри; стануваат мрачни наместо да станат светли, се умртвуваат наместо да се исполнат со живот. Со други зборови, стануваат раздразливи, огорчени, сомнителни, навредливи, љубоморни, наклонети кон осудување на другите и духовно празните: Страшно е да се падне во рацете на живиот Бог... Бидејќи нашиот Бог

ЧОВЕЧКАТА ЛИЧНОСТ Е СОЗДАДЕНА ДА БИДЕ

„БОГ ПО БЛАГОДАТ“. ТОА Е ХРИСТИЈАНСКО

ИСКУСТВО И СВЕДОШТВО.

Page 38: Православен Пат 27

36 Православен Пат

е оган што изгорува (Евр. 10, 31 и 12, 29). Според православната веронаука, духовниот живот подразбира лично придобивање на она што таинствено се предава во благодатниот живот на Црквата. Тоа е човечки личен труд на она што Црквата му го дала во нејзиниот мистичен живот и дејност. Тоа е – остварување на Литургијата во секојдневниот живот. Тоа е – преобраз на вообичаената секојдневната практика на работите во блажено очекување на Денот Господов. Тоа е непрекинат напор, за да го исполниме она за што се молиме и за она што го очекуваме. Со еден збор, овој аскетски напор станува возможен благодарејќи на верата и благодатта, со непрестано умирање и воскресување со Христа, со непрестана заедница на Светиот Дух, со трајно духовно живеење во брачната вечера на Јагнето. Тоа подразбира дека и телото со неговите „страсти и желби“, треба да биде распнато на крстот. Тоа подразбира и прифаќање и носење на крстот, без кој никој не може да биде ниту христијанин, ниту човек, ниту да се обожи.

Меѓу православните светители, за ниту еден не би можело да се каже дека е повеќе „харизматичен“ или „мистичен“ од преподобен Симеон Нов Богослов. Следниот извадок од неговите духовни поуки на најдобар начин го опишува Православието како „мистична“ и „особена духовна“ религија (сетете се уште еднаш на зборовите на Томас Мертон). „Бог единствено што бара од нас смртните е да не грешиме... и тоа ќе го сочува неповреден оној лик и онаа возвишена положба која ја поседуваме природно. Облечени во блескавите одежди на Духот, ние пребиваме во Бога и Тој во нас: по благодатта

стануваме богови и синови Божји и се просветлуваме со светлоста на богопознанието. Ние сме првенствено должни своите вратови да ги наведнеме под јаремот на Христовите заповеди..., живеејќи и искрено пребивајќи во нив сè до смртта; а тие нè обновуваат и нè прават нов рај Божји, кога со посредство на Светиот Дух Синот и Отецот се вселуваат во нас и живеат во нас. Да видиме како треба да го прославиме Бога. Тоа можеме да го сториме на ист начин како што Го прослави Синот. Меѓутоа, со колкава слава Синот го прослави Отецот со исто толкава слава го прослави и Отецот Него. Да се потрудиме и ние да го направиме истото она што го направи Синот. Крстот подразбира да умреме за целиот свет, да поднесуваме неуспеси, искушенија и други Христови страдања. Носејќи го овој крст со совршено трпение, ние страдаме со Христа и на тој начин го прославуваме нашиот Бог Отец како Негови синови по благодат и како сонаследници Христови“. Во тоа се состои традиционалната духовност на Православната Црква. Тоа е патот по кој се спознава и прославува Бог, пат по кој човечката личност се пронаоѓа и остварува себеси како создание Божјо. Тоа е – пат на самоисцрпувачка љубов. Во својот краен исход, тоа е – пат на страдања. Православната духовност е – духовност на страдања или, подобро речено сострадална љубов. Кога оди по тој пат, човекот станува совршен, бидејќи по тој пат и Самиот Христос се усовршил во својата човечка природа: А гледаме дека Исус Христос, Кој за кратко време беше поставен пониско од ангелите, поради претрпената смрт беше овенчан со слава и чест, та, по Божјата благодат, Тој да вкуси смрт за сите. Зашто Му прилегаше на Оној, поради Кого е сè и од Кого е сè, при донесувањето на многубројните чеда во слава, преку страдања да го усоврши

ПРАВОСЛАВНАТА ДУХОВНОСТ Е – ДУХОВНОСТ

НА СТРАДАЊА ИЛИ, ПОДОБРО РЕЧЕНО

СОСТРАДАЛНА ЉУБОВ.

Page 39: Православен Пат 27

Православен Пат 37

Зачетникот на нивното спасение... Иако беше Син, Тој се научи на послушност од она што го пострада, а откако се усоврши, стана извор за вечно спасение на сите оние кои Му се послушни (Евр. 2, 9-10; 5, 8-9). Зошто Месијата, овоплотениот Син Божји, се усовршувал преку страдања? Единствен одговор кој може да постои е оној на кој укажува самиот Христос: Совршенство е љубовта, а љубовта во паднатиот свет неминовно страда. Поинаку и не може да биде. Во љубовта исто така се крие причината според која луѓето можат да се пронајдат себеси само ако себеси се изгубат поради другите, да се исполнат себеси само ако себеси се исцрпуваат поради другите. Од таа причина навистина се слободни само оние луѓе кои им служат на другите: Навистина богати се оние кои постанале сиромашни, а навистина се силни само оние кои кротко го победуваат злото со добро. На крајот, човекот навистина живее тогаш кога сака и може да умре во потполност предавајќи се себеси, зашто смртта во „овој свет“ е најголема жртва, а пожртвуваноста е својствена на природата на Бога и на Неговиот живот како Љубов. Веќе размислувавме за тоа дека

семоќниот Бог, по својата суштина, е битие кое се самоисцрпува. Според православното искуство и поимање, кога Бог би бил ограничен на свое индивидуално постоење, не може да биде Бог кој е Љубов. Ова самоисцрпување на Бог се појавило во сета своја големина и слава во време на Христовите крстни страдања. Токму ова самоисцрпување на Бог во однос на Неговата човечка природа, која Синот Божји ја прифатил „поради нас и поради нашето спасение“, ја прави Неговата човечка природа совршена и извор на совршенство за сите. Не постои никаква „трагедија“ во вечното самоицрпување на Бога во троично битие и во животот. Исто така, нема да има никаква трагедија во самоисцрпувачката љубов која е всушност идното Царство Божјо. Меѓутоа, во овој свет, во овој паднат свет, чиј кнез е ѓаволот и чиј облик е минлив, совршенството во љубовта секогаш се крстните маки чија трагедија е страшна, но таа во Христовата личност се преобразува во победа и слава. Содржината на вечниот живот и усовршувањето, а исто така и содржината на православната духовност – тоа е сораспнување

Page 40: Православен Пат 27

38 Православен Пат

со Христа во сострадалната љубов поради правдина. Значењето на Христовите „нови проповеди“ се состои во тоа што и ние сме должни да се сакаме еден со друг, како што Он нè засака нас и чија љубов Отецот ја внесе во нашите срца со посредство на Неговиот Свет Дух.

И се фалиме со надежта во славата Божја. Но не само тоа, туку се фалиме и со маките, знаејќи дека од маката се раѓа трпението. Од трпението, пак – искуство, а од искуството – надеж. Надежта пак, не посрамотува. Зашто љубовта Божја е излеана во нашите срца преку нам дадениот

Свети Дух (Рим. 5, 2-5). Единиот вистинит и жив Бог – тоа е Бог кој е Љубов. Бидејќи е Љубов, Тој страда во нас, со нас и поради нас во Неговиот Син со посредство на Неговиот Дух. Секој човек е создаденен според ликот и подобието на таквиот Бог кој е Љубов и чиј несоздаден, божествен Лик, Неговиот Единороден Син, бил пратен во светот како Исус Христос, Неговиот возљубен Син, за да биде распнат (в. Кол. 1, 13). Усовршувањето на човечката личност и на самата суштина на духовниот живот се состои во присоединување на божествената природа

и соучество во Христовиот живот. Во овој свет, тоа значи неопходност секогаш со радост и блаженство да сооучествуваме во Неговите страдања. Тоа е, во основни црти, разбирањето за Бога и човека во Православната Црква. Тоа е гледање на Бог распнат во тело од љубов кон светот што Тој го создал, за Неговото битие, по пат на сострадална љубов во Него и со Него би можело да постане тоа што е. Оваа Божја промисла се исполнила и извршила на крстот, а се покажала во житијата на Божјите светители. Затоа и ние, имајќи толку многу сведоци, да отфрлиме од себе секакво бреме

и грев, што лесно се прилепува за нас, и со трпеливост да побрзаме кон претстојната борба. Имајќи Го пред очи Зачетникот и Довршителот на верата – Исус, Кој, поради Неговата идна радост претрпе крст, занемарувајќи го срамот, и седна од десната страна на претстолот Божји. Мислете на Оној кој од грешниците претрпе над Себеси таква поруга, та да не ви дотегне, и да не станете малодушни! Во борбата против гревот уште не сте се противеле до крв... зашто Господ го казнува оној кого што го сака... за полза, та

да учествуваме во Неговата светост. Секоја казна во почетокот не се покажува дека е за радост, туку за жалост; но потоа на оние што ќе се подучат од неа таа ќе им принесе мирен род на праведност. Затоа „исправете ги премалените раце и ослабените колена“, и со нозете свои „направете си прави патеки“...трудете се да имате мир со сите и светост, без која никој нема да го види Господа (Евр. 12, 1-14).

Превод од српски јазик: Александар Божиноски

Page 41: Православен Пат 27

Православен Пат 39 Православен Пат 39

Што е тоа слобода и, од каде доаѓа, чиja е и кој ѝ ја дал егзистенцијата, нејзината моќ и власт? Дали тоа е

само мисла и збор, или сила, која сè твори или разрушува? Човекот постојано со сето свое битие во сето свое битисување, плива во времето и просторот за кои единствено знае, и над нив, постојано наsирајќи го тоа праисконско пра-шање во тие содржини, калемејќи прашање на прашање, мисла на мисла, чувство на чувс-тво, смисла на смисла, мака на мака и некако недоречено и недоразбрано, ги распрскува своите недоразбирања во сите светови и сите векови. Гледајќи се толку мал, а истовремено во суштина рекапитулирајки сè и бивајќи над сè, но не и над Единиот Троичен Бог, го збуну-ваат многуте прашања и одговори во целиот свој раскош и сета музичка реченица, која нема почеток, а да не зборуваме, крај. Таму е прекрасно, веселба за духот во сиот негов сјај, за душата со сите свои сили, за кои нешто умот се обидува да прозбори, очите да просолзат, гледајќи го видливото и обиду-вајќи се да продрат во надвидливото, надби-тијното, надумното, во словесата на надСло-весниот. Видлива е и целата трагедија со сите последици, кои, вековите таму, не можат да ги истажат, а времињата да ги исцелат. Каде да го

најде раситнетиот човек одговорот на посто-ењето, да го разбере феноменот на љубовта, мудроста и радоста кои ги распнал, со својата слобода, со својата волја? Колку несвесен и несовесен, понесен и однесен од виорот на апостатичката сладост во земјата маченија. Понатака, седејќи замислен, растажен од надреалната вистина за неговото поимање, во калливиот амбиент на постоењето, а несвесен за сепостоењето, за секосмичкото сеединство и надединство, како полека да му ги озарува духовните очи некоја таинствена светлина, која, уште повеќе го збунува, ги подновува и зголемува неговите сè уште не одговорени прашања, дилеми трилеми, полилеми, и каде е крајот на бескрајот. А нему му се брза, недо-раснат и непораснат, да ја одгатне тајната мак-симализирана со неговото злоупотребување на слободата и слободната волја. И повторно го опсипуваат нови зраци на Светлината и го будат од сонот на времената вечност, низ докрај незатворениот прозорец на неговата словесна душа. Потстанува, се за-гледува наоколу и во себе и наоколу во сите и повторно нови и уште прашања, но сега побис-три и за побистрото, за избиструвањето. Како да ја зајакне и да ја употреби сло-бодата и слободнaта волја (сега), изнемоштен од последиците на себезаробувањето, излегувајќи од логосното, љубовното и

Отец Никола Николески

Page 42: Православен Пат 27

40 Православен Пат

радосното, влегувајќи во доброволно но дотогаш неискусено ропство, кое, ги заробува сите кои го злоупотребуваат своето битие и битисување. Полека согледува дека слободата и слободната волја, не се безлични сили кои покажувани во многу појави и пројави, безум-но ги рушат битијата и тварите, им го цедат со-кот на животот и ги спалуваат во небитијност. Тоа нема онтологија, нема богозада-деност, не е богослично и тој пат не оди во единството на постоењето, во љубовта на Тво-рецот и на Неговата љубовна креација ангел-киот свет, космосот и најмилото и најљубеното битие, што го создаде за вечна љубов, во Него-вата радост - човекот, повикан да биде бог по благодат, бог по Бога, бесмртен со Бесмртниот и вечен со Вечниот. Сега спознавајќи ги тие мистични ди-мензии, маката уште повеќе се зголемува. Но

тоа сознание лековито делува, произведувајќи во душата на многузамислениот човек, тажна радост и радосна тага и копнеж за изгубени-от рај во себе и околу себе, за изгубеноста од Божјата прегратка. Го огрева надежта на пре-образувањето преку бурите на преумувањето, подвигот на психосоматски план, преродување со Вода и Дух, преобразувањето со Богочове-кот Христос на Тавор, патот на крвавата но ве-личенствена Голгота, сораспнувањето, смртта и совоскресението за вечноста во незалезниот Осми Ден Божји. Сето тоа, со дарот на слобо-дата и слободната волја, во Слободата. Единствено така тој затемнет, очаен, заболен, мачен, ужасуван микрокосмос (чо-векот), станува слободен микро и макрокос-мос, кој во себе ги рекапитулира и едното и другото, бивајќи жив и живеејќи вечно во и со божествените нестворени енергии, во Сесвета-та Троица.

Page 43: Православен Пат 27

Православен Пат 41

есно им е на луѓето да се борат против ѕверовите. Тие имаат оружје кое овие го немаат. Но, тешко им е на луѓето да се

борат против духовите на злото, зашто нечестивите имаат орудија кои пак овие ги немаат. Навистина, тешка е борбата на телесните против бестелесните. Кога царот Саул го нападнаа злите духови и го измачуваа, му го доведоа младиот слуга Давид, за да му свири на харфа и преку неа тој го разоткри нечестивиот дух. Кога Давид свиреше пред царот, духот го напушташе Саул и на овој му олеснуваше. Но еден ден кога нечестивиот го нападна Саул, а Давид свиреше со харфата, се разбесни царот, па замавна со копјето кон него, со намера да го прикова за ѕидот. Но Давид се извлече. (1 Цар 16, 14 - 23; 19, 10). Пустината во која се случи првото соочување помеѓу Човекољубецот Христос и човекомразецот сатаната, се наоѓа над градот Ерихон во Палестина. Тоа е еден стрмен и суров каменлив предел. Таму Христос остана 40 дена и 40 ноќи, помеѓу диви ѕверови, но тие не Му наштетија. Престојувајќи спокојно како карпа на карпа на едно место, Он со душата, срцето и мислите се воздигнуваше до светата Небеса и ниту за момент не се одвојуваше од Својот возљубен Отец. Тоа беше Неговата молитва. Сатаната сиот растреперен и престрашен, цело време Го гледаше. Го измачуваше неспознатливото: кој е Оној Кој стоеше на карпата? Неговото присуство го измачуваше. Неговата појава го гушеше. Неговите пост и молитва го ужаснуваа.

Нечестивиот секако беше сознал за она за кое подоцна сведочеше Јован: „И јас видов и посведочив дека Тој е Син Божји“ (Јн 1, 34). Дали Тој е Оној истиот Кој го победи на Небесата? Можеби! Ако е, што бара Он на земјата, низ која нечестивиот крстосуваше!? Кога се навршија четириесетте денови, Исус огладне. Тогаш сатаната се осмели да Му се приближи, помислувајќи дека лесно ќе Го совлада, како гладен човек и ќе Го заведе со лажни ветувања. Зашто, самиот тој освен лагата, намаше друго што да вети (Мт 4, 2). - „Ако си Син Божји, заповедај овие камења да станат лебови“ (Мт 4, 3). Ѓаволот Го искушуваше Христос прво со храната. Така и Ева во Рајот се соблазни кога вкуси од плодот на забранетото дрво, при што „виде дека родот на дрвото е добар за јадење“ (1 Мој 3, 6). Природната потреба за храна сатаната сака да ја претвори во телесна страст. Тој сака луѓето да не јадат, но да се прејадуваат, да не пијат, но да се опиваат, да не раѓаат деца, но да блудничат. Од сè неопходно да прават злоупотреба. Сè што Бог благословил да го сведат на проклетство. Зашто како проколнат, сатаната сака и луѓето да ги направи проколнати и преку тоа да го исмее Бога. Тој ја измисли и популаризира епикурејската филозофија подржана и од некои други: „Зграпчи го денот! Јади, пиј и весели се денес, зашто утре си мртов“. Нечестивиот го помрачи човековиот ум, за луѓето да заборават на своите души и себе си, да се идентификуваат само преку своите тела.

Првото соочувањеЕпископ Николај Велимировиќ

Page 44: Православен Пат 27

42 Православен Пат

Предизвикувајќи ја страста преку нивните потпојасни органи, создадени од Бога за добро, тој успеал многумина да однесе во пропаст. Во античкиот Рим, имотните во своите домови имале блувалници (вомиториуми), кога ќе се прејадат да ја изблујат храната, како би можеле без прекин да продолжат со јадење и пиење. Демонот се насладуваше кога, Ирод во опијанета состојба нареди да му се отсече главата на Св. Јован Крстител и кога милиони останати направија тешки злосторства. Тој ги наведе луѓето на секаков грев и порок. Кога лакомите, алкохоличарите и развратниците умираа од тешките и неподносливи болести, во врвот на своето безумие ликуваше за својот успех. Тој имаше свој метод на постепено вовлекување на луѓето во грев, од најмал до најголем. Доколку навистина Исус ги претвореше камењата во леб, сатаната би му рекол: Зошто би јадел само сув леб? Ако си Син Божји претвори го соседниот камен во месо, а од наредниот заповедај да потече вино, па најади се и напиј се. Но Христос му одговори: - „Човек не живее само од леб, туку и од секој збор што излегува од устата на Бога“ (Мт 4, 4). Со други зборови: животот е од Бога, од Него е и лебот. Он им дава на луѓето двоен леб: земен за телото и небесен за душата. Секој Божји збор е храна за душата. Потребата од земниот леб исчезнува кога телото ќе се насити, а зборот Божји останува вечно. Затоа душата која се храни со зборот Божји ќе живее вечно. Со тој одговор Исус всушност и го прекори сатаната, зашто токму тој како бестелесен нема потреба од земен леб, но како отпадник од Бога го погазил секој животворен збор, така што неподнослива и ништожна смрт го беше исполнила неговото битие. Тоа беше првото искушение. Тој прв напад Он го одби со стрелите на Божествениот збор, а сатаната се почуствува тешко ранет.

Потоа човекомразецот го одведе Исус во Светиот град и го постави на врвот на храмот. Секако со намера да го наведе во смрт и со тоа да ја понижи светоста на храмот. (Мт 4, 5). Но не му се даде да се доближи до телото Исусово, исто како што не му се даде да се приближи, ни до душата на праведниот Јов (Јов 2, 6). Затоа Му предложи да скокне од врвот на храмот. - „Ако си Син Божји скокни долу, зашто напишано е: ,На ангелите Свои ќе им заповеда за Тебе да Те запазат и на раце ќе Те земат за да не си ја сопнеш ногата од камен‘“ (Мт 4, 6). Нечестивиот се послужил со зборовите од Светото Писмо согласувајќи се со Христа, но не ги навел понатамошните зборови: - „На отровница и на змија ќе нагазуваш, ќе згазуваш лав и змеј“ (Пс 90, 13). Тој не ги наведува овие зборови овде зашто се однесуваат на самиот него и над Христовата победата над него. Ова ѓаволско искушение е прастаро. Преку него сатаната ги искушуваше прародителите во рајот, уверувајќи ги доколку го послушаат ќе „станат како богови“ (1 Мој 3, 5). Кој не ја совладал телесната страст, бил совладан од самољубието, гордоумието или како што вели Свети Јован евангелист и богослов „горделивоста на животот“ (1 Јн 2, 16). Во овој вид луѓе се вбројуваат многу: мислители, филозофи, илузионисти, суетни аскети и чудотворци на некорисни чуда, односно измами. Оние кои го презреле обичниот народ, а себе си се сметале богови, односно обожени, кај нив демоните очигледно влијаеле врз нивниот замрачен ум преку нескротливата фантазија. Таквите ги доведувале до срам, до лудило или до самоубиство. На ова искушение Христос одговорил: - „Напишано е исто така - ,Не искушувај Го Господа, Твојот Бог‘“ (Мт 4, 7). Поинаку кажано: ти не Ме искушуваш мене, туку самиот Бог - Логос. За нас пак, ова е силна поука, да се зачуваме од самољубие,

Page 45: Православен Пат 27

Православен Пат 43 Православен Пат 43

горделивост, превознесување над останатите ближни. Со смиреност да бидеме предадени на Божјата волја и да не помислуваме дека Бог нас особено нè сака, неспоредливо повеќе од останатите и дека ќе ни угоди на сите наши бесмислени идеи и барања. Што има побесмислено од тоа, да се скокне од височина во бездна со безумна надеж дека, ангелите Божји ќе не прифатат и заштитат од смрт!? Ова било второто демонско искушение. Но наспроти тоа, нови Христови стрели и нови сатански рани. Тогаш човекомразецот Го одведе Исус на врвот на високата гора и Му ги покажа сите царства од овој свет и нивната слава и Му рече: - „Сето ова ќе Ти го дадам, ако паднеш и ми се поклониш“ (Мт 4, 8-9). И ова демонско искушение е древно. Тоа се состои во зародишот на желбата во човечките срца за властољубие. Поради својата дрскост да се изедначи во власта со Севишниот, некогашниот „Син на зората“ бил протеран во Адот. Затоа и го распламтувал властољубието кај луѓето, како и нив би ги придобил за свои потчинети. Но нему му била неподнослива власта по милоста Божја, која Бог ја дарува на своите поданици. Тој сакал зграпчена, тиранска власт, која ништо не дава, но сè одзема, власт злосторничка и смртоносна. Секогаш наоѓал голем број луѓе, кои би му се поклониле за да дојдат до таква власт. Со помош на таквите властољупци, нечестивиот ја оцрнил историјата на човештвото преку грев и злодела, зацрвенувајќи ја преку крвта на маченичките човекољупци, кои се бореле против неа, а се залагале за Божјата вистина, правда и слобода. Верувајќи дека сите царства од овој свет веќе преминале под негова власт,

сатаната Му ги нуди на Христос под услов, да падне на колена и да му се поклони, со што би ја признал неговата власт над Себе. Со тоа би постанал негова сопственост и негов слуга, впрочем како и многумина големи и мали цареви, кралеви, кнезови и останати владетели, кои низ вековите сатаната ги зауздувал водејќи ги низ земните царства дирекно во пеколот. Тој секако сметал на човечкото лакомство и незнаење, кое го очекувал и кај Исус, исто како и кај сите свои жртви, но се излажал. Он му одговорил:

- „Бегај од Мене сатано, зашто е напишано: ,На Господа Твојот Бог, да Му се поклонуваш и само Нему да му служиш!‘“ (Мт 4, 10). Со други зборови: наместо да се вратиш кон здравоумието и да Ми се поклониш Мене, Бог - Логосот, преку Кој Троичниот Бог создал сè, ти бараш тебе да ти се поклонам, нелогичниот отпадник од Бога. Бегај од Мене! Тогаш ѓаволот Го остави и веднаш дојдоа ангели и Му служеа (Мт 4, 11). А, сатаната побегна, убеден дека Исус навистина е Син Божји, не зашто Он подлегна на демонската желба да биде искушуван, но зашто не подлегна на ниедно искушение. И повеќе не смееше да Му се приближи лично сè до крајот - до онаа мрачна ноќ во Гетсиманија.

Превод српски јазик:Илија Орачки

Page 46: Православен Пат 27

44 Православен Пат

атот кон вечниот живот и бесмртноста, кој е цел на нашиот земен живот, води преку нашата борба со гревот. Секој

грев по малку поткраднува од нашиот пат во вечноста и бесмртноста. Па затоа потребно е преку целиот наш живот да ги прогласиме нашите гревови за наши непријатели и да го возобновиме пријателството со Бога. Но, непријателот на нашето спасение треба најнапред да го познаеме, да видиме од каде извира, за да можеме со Божја благодат и вечно исцеление да го совладаме. Сите грешни помисли и страсти имаат една иста глава, која се нарекува злоба на демонската сила - сатаната. Ѓаволот е првиот и единствен творец на злото и гревот, „зашто греши од почетокот“ (1. Јов. 3,8). Но, тој не сака да е сам во царството на злобата, па затоа постојано ги искушува, ги поттикнува и ги наведува луѓето на грев, за да ги турне во царството на темнината. Гревот, пак, е бедна сиромашност на нашето срце и смртоносна болест на нашата душа, кој не лишува од небесната и од земната радост. „Гревот е беззаконие” (1. Јов. 3,4), т.е. нарушување на Божјиот закон кој ни ја откинува веселбата во Небесното Царство и нѐ погребува во темнината на пеколот. Творејќи го гревот, луѓето си фрлаат прашина во своите духовни очи и духовно заслепуваат, па не можат да ја следат Божјата светлина.

Но, Бог Саваот од човекољубие Го испраќа Својот единороден Син Господ Исус Христос, небесниот Лекар на нашите души и тела. А Исус Христос овде на земјата ни го остава Својот богочовечки организам - црквата Христова, преку која постојано чука на дверите од нашето срце и душа, повикувајќи нѐ на покајание и на исцеление од гревот. Ние луѓето, немаме полесен и поедноставен премин кон вечната светлина - Богочовекот Христос од покајанието. Зборот покајание доаѓа од грчкиот збор метанија и означува промена на начинот на мислењето. Промена на лошото и погрешно мислење, т.е. обновување или повторно раѓање и богоугодување (Јован 3,3; Рим. 3,24-25). Тоа е почеток на сите почетоци во духовниот живот. Ветување на Бога дека ќе водиме нов богоугоден живот. Преку покајанието ние се срамиме од гревот и сакаме да го отфрлиме. Така ни посочува и Спасителот Господ Исус Христос кога ни вели: „Вистина ви велам, ако не се повратите и не бидете како деца, нема да влезете во Царството Небесно” (Матеј 18,3). Според тоа, покајанието е помирување со Бога преку вршење на добри дела, кои се спротивни на поранешните наши гревови. Тоа е очистување на совеста, зашто оној кој се кае ја пронаоѓа казната за самиот себе или како што вели свети Ефрем Сирин: „Покајанието е скала што

Покајанието - Пат кон вечностаОтец Сашко Николовски

Page 47: Православен Пат 27

Православен Пат 45

се издигнува дотаму, од каде сме паднале”. Гревот е навистина страшно зло, но покајанието ни покажува дека не е неизлечливо. Тој е страшен кога го криеме во себеси, но лесно се лекува ако се покаеме и го отфрлиме. Каменот фрлен во морето исчезнува, останува непознат за сите. Па така и нашите гревови ќе потонат во бездната на Божјото милосрдие и ќе исчезнат пред очите на Божјото правосудство, ако искрено се покаеме. Затоа свети Јован Златоуст размислувајќи за искреното покајание вели: „Покајанието е лек кое го уништува гревот. Тоа е небесен дар, чудесна сила, која по Божја благодат, ја победува силата и строгоста на законите. Тоа се прима и се преобразува. Тоа не го одвраќа блудникот, не го обвинува прељубодеецот, не го одбегнува алкохоличарот, не се гнаси од идолопоклонецот, туку сè преобразува затоа што е лек за очистување на гревовите. Раната и лекот, тоа се гревот и покајанието“.

Но за да имаме искрено покајание потребно ни е понизно и смирено срце, страв Божји од кого се раѓа покајание и жива вера во Божјата милост. Свети Јован Златоуст вели: „Милоста Божја ги надминува сите наши гревови”. Двајца од Христовите апостоли првиот и последниот тешко погрешиле. Петар се одрекол од Христа, а Јуда го предал. Но на Петар му било простено, а Јуда загинал. Петар повторно го примил апостолското достоинство, а над Јуда и до ден денес тежи проклетството на вековите. Како се спаси Петар, а како загина Јуда? Што требаше да стори тој несреќник откако го направи гревот? Требаше ли да се покае? Тој формално и се

каеше кога отиде при книжинците, фарисеите и старешините и кога им рече: „Згрешив, оти предадов невина крв“ (Матеј 27,4), па ги врати 30-те сребреници. Но, зар тоа не е доволно? Апсолутно не! Едно голо покајание без вера во Божјата милост не спасува. Таквото покајание го доведе Јуда во очај и самоубиство. А, светиот апостол Петар не постапи така. Тој во дворот на Кајафа трипати се одрече од Христа, велејќи: „Не Го познавам Човекот“ (Матеј 26,74). Но, при третото одрекување, откако го слушна петелот да пее си спомна што му прорече Христос, се свести за грев, го смири своето срце, излезе од дворот, веднаш се оддели од лошата средина на првосвештеничките слуги и, што е најважно, почна да лее горчлииви солзи, солзи на искрено покајание. Според едно црковно предание, тој преку целиот свој живот, кога ќе слушнел петел да пее, си спомнувал за својот тежок грев и очите му се претварале во два извори на покајнички солзи. Петар не

очајувал, туку верувал во Божјата милосрдност и со тоа се спасил. Тоа е верата во Божјото милосрдие, која победува секакво очајание. Затоа да се обраќаме кон семоќниот Лекар, Кој со една желба може да нè излекува. Да погледнеме како го излекувал Матеј и како го исцелил Павле! Едниот од нив е митник, а другиот хулител на Бога. Но, Бог со Својата милост направил крадецот на туѓото да не остане крадец, туку да постане евангелист; а хулителот на Христа да не остане хулител, но да постане апостол. Со право свети Симеон Нови Богослов ни довикнува: „Побрзајте со покајанието, брзајте, брзајте, додека е времето на неговата светлост, пред да ве

Покајанието е лек кое го уништува гревот. Тоа е небесен дар, чудесна

сила, која по Божја благодат, ја победува силата и строгоста на законите.

Тоа се прима и се преобразува. Тоа не го одвраќа блудникот, не го

обвинува прељубодеецот, не го одбегнува алкохоличарот, не се гнаси од

идолопоклонецот, туку сè преобразува затоа што е лек за очистување на

гревовите. Раната и лекот, тоа се гревот и покајанието

Page 48: Православен Пат 27

46 Православен Пат

стигне смртната ноќ и да бидете испратени во вечната темнина. Тоа е Царството Небесно, трчајте, барајте, тропајте, за да ви се отвори вратата од Царството Небесно, за да го имате во себе и да се најдете внатре во него“. Да не си велиме во себе денес ќе погрешам, а утре ќе се покајам. Подобро е денес да се покаеш, зашто не знаеш дали утрешниот ден ќе го дочекаш. Демонот на младиот човек му ја влева злата мисла „ти си уште млад, во староста ќе се покаеш. А кога ќе дојде староста, тој му шепнува: ти си остарел, како можеш да го поднесеш трудот на покајанието. Сега ти е потребен одмор“. Затоа да не го оддолговлекуваме покајанието, туку да побрзаме уште отсега со него, та да влеземе низ тесната врата и да ја здогледаме светлината Божја. Дека ѓаволот е најголемиот противник на покајанието ни зборува и примерот со големиот подвижник и исихаст од пустината во близина на градот Александрија по име Иларион. Тој имаше скоро сто години и Му се молеше на Бога неколку години „покажи ми, Господи, кое е лукавството со кое ѓаволот задобива најголем број на човечки души во царството на пеколот!“ Се молеше отецот година, две, три и една ноќ кога беше на

молитва длабоко во ноќта, а надвор имаше месечина како ден, слушна некој глас кој му вели: „Аво Иларионе, земи го крстот во рака, земи го својот стап, осени се со крсниот знак, излези од келијата и појди до блиската планинска рамнина и застани таму покрај едно дрво. Не плаши се од она што ќе го видиш, туку таму стој и гледај кон средината на планинската рамнина, додека не дојдам“. Направи старецот така како што му кажа Господ. Одеднаш виде старецот како во средината на рамнината се појавува престол - царски трон. Потоа виде како доаѓа сатаната и седна на престолот. Рамењата му беа како наковална. Кожата му беше како мастило, а влакната мечкини со силни канџи. Имаше круна составена од змии и во раката држеше стап во вид на ламја. Кога го виде старецот се осени со крсниот знак. Сатаната седна на престолот и трипати плесна со дланките, а воздухот се исполни со илјадници и милиони ѓаволи. Тогаш им рече сатаната на демоните: „Ве собрав оваа ноќ, овде, за да положите тежок испит. Да дадете извештај кој од вас знае најдобра мајсторија како да ги прелаже луѓето и да ги доведе во моето царство на вечни маки. Кој ќе ми ја погоди мислата, и ќе ми каже совет како го прелажува светот онака

Page 49: Православен Пат 27

Православен Пат 47

како што јас мислам, ќе му дадам да управува со пеколот три минути, ќе го поставам за цар наместо мене три минути“. Така излегуваа неколку од ѓаволите кои кажуваа како ги искушуваат луѓето да не прават добрини, да не веруваат во Бога, туку да грешат и да му служат на злото, но ниту еден од нив не ја задоволуваше злобота на сатаната. Така тој сите нив ги испраќаше да бидат казнети, зашто доволно не ја извршувале неговата заповед. По некое време излезе пред сатаната еден грбав ѓавол, со четири рогови, кој имаше знак на пеколот на челото и долг опаш, па му рече: „Јас им велам на луѓето - море човеку, има Бог, има ѓавол, има ангели, има вечни маки за гревовите и вечна слава за добрите дела, но ти имаш уште време! Зарем си глуп од денес да започнеш со добро дело? Ако е дете, му велам: „Море дете, ти од сега имаш да живееш, доаѓа младоста, треба да се ожениш, треба да се забавуваш во светот! Немој така залудно да ја загубиш младоста, зашто животот треба да се проживее! Ако е млад човек, му велам: Откако ќе се ожениш и основаш домаќинство, потоа ќе започнеш со добри дела. Сега јади, пиј, забавувај се, прави ги сите зла, па ти си млад, ќе ти опрости Бог, зашто Он ја знае твојата немоќ. Покајанието остави го за утре, задутре, за догодина, за подоцна. Ги учам луѓето да го одложуваат покајанието од денес за утре, од утре за задутре итн. Ги збунувам со животните грижи и постојано им кажувам остави го за другпат. Така ги прелажувам и тие паѓаат во пеколот. Тоа е мојот совет и тоа е мојата мајсторија“. Тогаш сатаната рече: Браво! Најлошиот совет е да го учиш човекот да го одложува покајанието од денес за утре. Да му велиш токму денес сакаш да се исповедаш; токму денес да се причестиш; токму денес да правиш милостина; зар не гледаш дека немаш време, остави го тоа за утре“. Потоа се заврте кон грбавиот ѓавол и му рече: „Сега, бидејќи ми ја погоди мислата, ќе ти ја дадам својата круна и стап и три минути ќе владееш со

пеколот, а сите од него да го научите тоа лукавство, за да доведете повеќе души во моето царство“. По ова сатаната плесна со дланките и веќе ништо не се гледаше, а до старецот Иларион дојде ангелот Господов и му рече сето ова да го запише, за да знаат луѓето и да не го одложуваат покајанието. Потребно е, и ние во денешни дни да направиме пресвртница на гревот и злото. Да направиме побуна против гревот и злото, кои сè повеќе царуваат во светот. Да ги преобразиме нашите лоши постапки, зборови и дела во добродетели и дела на љубовта кои Му се на Бога угодни. А тоа ќе го успееме преку покајанието, кое е промена на сопственото лошо однесување и лош начин на живот, промена на злото во добро. Преку покајанието го менуваме сето она што човекот го прави нечовек или потчовек, со желба понатаму да живееме според Бога. Епископот Николај Велимировиќ вели: „Покајанието, всушност, е побуна на стариот човек против самиот себе. Тоа е нашата праведна побуна против нашиот стар гревовен човек навлезен во гревовите и страстите и со тоа оддалечен од Бога... За да дојде таквиот човек на себе, потребно е како блудниот син да се покае“. Со таквото покајание ние ќе Му принесуваме на Бога трпеза и духовна гозба преку која ангелите ќе се радуваат и Бог ќе се насладува за човековото спасение. „Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно“ (Матеј 3,2). Амин.

Page 50: Православен Пат 27

48 Православен Пат

Совети за случаи на бездетностСтарец Пајсиј

С , , - , .

ог на многумина не им дава деца, за да ги засакаат децата од целиот свет како свои и да помогнат за нивното духовно преродување. Некој немал деца, но, кога излегувал од дома сите деца од маалото трчале до него и го

опкружувале со многу љубов. Не го оставале да оди на работа. Гледате, Бог не му дал негови деца, но му го подарил благословот да го сакаат како татко сите деца од маалото и на негов начин да им помага духовно. Божјите судови се бездна. Некогаш, пак, Бог не дава деца, за да се згрижи некое сираче. Запознав ед-наш еден добар христијанин, кој беше по професија адвокат. Кога поминав еднаш низ градот каде што живееше, го посетив и неговата голема добрина ме натера да останам на гости еден ден во неговиот дом. Ја запознав и неговата сопруга, која што личеше на него во добродетелите. И од сопругата дознав за духовниот живот на сопругот, а од сопругот за духовната состојба на сопругата. Подоцна за нив доз-нав и од многу христијани кои што ги познаваа и на коишто им имаа направено добри дела. Тој Божји човек чесно ја вршеше професијата адвокат. Кога гледал дека некој е измамник, не само што не го преземал случајот, туку и строго го укорувал за да се среди. Ако гледал виновник, но кој што се кае, тогаш се обидувал некако да ги усогласи работите или да се намали казната. Доколку гледал сиромашен онеправ-дан, не земал воопшто пари и се трудел на процесот да се оправда. Живееше многу едноставно, и така малкуте пари што ги вадеше му беа доволни дури и за да пома-га сиромашни семејства. Домот на верниот адвокат беше една вистинска духовна оаза во градската Сахара. Таму се собираа луѓе напатени, сиромашни, невработени, со семејни проблеми, коишто ги поткрепувал како добар татко. Имаше и многу поз-нати на различни позиции и, на кого би му се јавил за да помогне некого за некоја работа, за болести и сл., никој не му велеше „не”, затоа што сите го сакаа и го ценеа. На истиот начин работеше и неговата жена. Им помагаше на сиромашни деца или на млади кои имаа тешкотии при школувањето. Ја имаа како мајка. Меѓутоа, еден момент ми изрази една поплака. Ми рече: „Оче, кога се омажив веднаш дадов

Page 51: Православен Пат 27

Православен Пат 49 Православен Пат

отказ од професорка, затоа што си реков да станам добра мајка. Барав од Христа да ми даде дури и два-есет деца, но за жал не ми даде ниту едно“. Тогаш ѝ реков: „Ти, сестро, имаш повеќе од петстотини деца, и дури се жалиш? Христос ја виде твојата добра на-мера и ќе те награди заради неа. Сега кога помагаш за духовното преродување на толку деца, стануваш подобра мајка од многу мајки и ги надминуваш и сите многудетни мајки. Ќе имаш и поголема плата, затоа што со духовното преродување децата се оси-гуруваат духовно во вечниот живот.“ Меѓу другото имаа посвоено една девојка и ѝ го имаа препишано имотот. Таа ги одгледа во староста и, кога се упо-коија, отиде во манастир, иако нивниот дом беше како манастир, затоа што се читаа сите служби. На вечерната и на повечерието имаа и други браќа во Христа. Полуноќница и Утрена читааа тројцата. Овие благословени души успокоија многу напатени души. Бог да ги успокои и нив. Затоа велам дека најголемиот и најдобриот многудетен човек е оној кој преродува духовно и помага за духовното прероду-вање на децата од целиот свет, за да ги осигураат нивните души во Рајот.

С , , - .

Да, подобро да посвојат. Не треба да се упорни. Тоа што го сака човекот не е секогаш и Божја волја.

С , ?

Е, најдобро е на одредена возраст да му кажат на детето. Но она што е значајно е да го сакаат многу и правилно детето. Постојат деца кои живеат со нивните вис-тински родители, а ги сакаат другите луѓе повеќе, затоа што родителите немаат љубов.

Превод од грчки јазик:Отец Атанасиј

Page 52: Православен Пат 27

50 Православен Пат

Христијанинот, кој не верува во Христа, каков христијанин е тој? Оној, пак, кој верува во Христа, тој ги исполнува Неговите заповеди, а кој не ги исполнува Неговите заповеди – тој и не верува. Оние, кои се именуваат како христијани, а не живеат по Неговиот закон и заповед – да знаат, дека тие сè уште не поверувале во Христа, макар и да го исповедаат како Бог. Зошто, кој верува вистински во Христа, тој не живее беззаконито и не ги нарушува Божјите заповеди, како што и оној кој гледа пред себе пропаст, нема да се фрли во неа, освен ако го има загубено умот.

Умот кој се соединил со Бога преку верата и кој Го познал преку исполнување на заповедите, се стреми да ја гледа Неговата Светост и да ги гледа прекрасните чуда! Тој станува целиот просветлен, станува како светлина и макар да не може да го разбере и искаже она што го гледа. Затоа што самиот ум е светлина и ја гледа Божјата светлина. И таа светлина е живот и им дава живот на оние кои ја гледаат.

Умот се наоѓа себеси, потполно соеднинет со таа светлина и постапува трезвено. Тој разбира дека таа светлина е внатре во неговата душа и ѝ се восхитува кога ја гледа и си мисли дека е далеку од неа.

Кога ќе размисли, повторно ја гледа во себеси, но не наоѓа збор, ниту мисла со која би ја искажал таа светлина која ја гледа.

Кој нема да се подучува кога ќе слушне за тоа таинство: нема ли да прибегне кон Христа? Кој нема да посака да ги види Тие Божји чуда? И кој нема да го возљуби Оној, Кој ни дава такви преславни дарови без цена.

50 Православен Пат

ХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХрррррррррррррриииииииииииииииииииииииссссссссссссссстттттттттттттттиииииииииииииииијјјјјјјјјјјјјјјјјаааааааааааааааааннннннннннннннннниииииииииииинннннотввввввввввввввееееееееееееееееееерррррррррррррррррррууууууууууууууууууууууввввввввввааааааааааааа ввввввввввввввооооооооооооо ХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХрррррррррррррррррриииииииииииииииииссттттттттттааааааааааааа,,, ттојззззззззззззззззззззааааааааааааааппппппппппппппппппооооооооооовввввввввееееееееееееееееееедддддддддддддддддддиииииииииииииии –––––––––– ттттттттттттттттттттоооооооооооооооооооојјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјј ииииииииииииииииииииииииии нннннее вННННННННННННННееееееееееееггггггггггггггггггооооооооооовввввввввввввввввввввииииииииииииииииооооооооооооооооттттттттттттттт ззззззззззззззззззаааааааааааааааааккккккккккккккккккккоооооооооооооооооооооннннннннннннннннннн иииииииииииии ззззапиииииииииии дддддддддддддддддддддддааааааааааа гггггггоооооооооооооооо ииииииииииииииисссссссссссссссссссссссспппппппппппппппппппппппппооооооооооооооооооввввввввввввввввеееееееееееееееееееееедддддддддддддддддддддааааааааааааааааааттт кбббббббббббеееееееееееееееееееззззззззззззззззззаааааааааааааааккккккккккккккккооооооооооооооооооооонннннннннннннннннннниииииииииииииииииииииииттттттттттттттттттттттттттоооооооооооооооооооо иииииииииииииииииииииииии нннннннннннннннееееееее ги пппппппппрррррррррррррррроооооооооппппппппааааааааааааааааассссссссссссссттттттттттттттттттт,,,,,,,,,,,,,,, ннннннннннннннннннннееееееееееееееееееееммммммммммммммммммммммаааааааааааааааааа ддддддддддддддддддддаааа ссссе

УУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУммммммммммммммммммммооооооооооооооооооотттттттттттттттттттт кккккккккккккккккоооооооооојјјјјјјјјјјјјјјјј сссссссссссссееееееее ссссоеззззззззззааааааааааааааааааааппппппооооооооооовввввввввввееееееееееееееееееееееедддддддддддддддддддддиииииииииииииииииииииттттттттттттттттееееееееееееееее,,,,,,,,,,,,,,,, сссссссссссссееееееееееее ссссссссссссттттттррррремссссссссссссттттттттттттттттааааааннннннннууууууууууууууввввввввввввввввввввваааааааааааааааааааааа цццццццццццццццццццееееееееееееееееллллллллллллллллллллииииииииииииииииоооооооооооооооооотттттттттт пппппппппрррррросииииииииииссссссскккккааааааажжжжжжжжжжжжжжжжжжеееееееееееееееееее ооооооооооооооооооооооооонннннннннннаааааааааааааааа шшшшшшшшшшшшшшшшштттттттттоооооооооо ггггггггггоооооо глтттттттттттааааааааааааааааааааааа сссссссввввввввввввввввееееееееееееетттттллллиииииииииииинннннннннннннннннннннаааааааааааааааа ееееее жжжжжжжжжжжжжиииииииииввот

УУУУУУУУУУУУУУУмммммммооооооооооотттттттт сссссссссссеееееееееее ннннннннннннннаааааааааааааооооооооооооѓѓѓѓа ТТТТТТТТТТТТТТТоооооооооооооојјјјјјјјјјј рррррррраааааааааааззззззззззззззззббббббббиииииррррррррааааааааааааааа ддддддддддддеееееееееекккккккккаааааааааааааа тттттааассссссссииииииииии мммммммммииииииисссссссслллллллиииииии ддддддддддддеееееееееккккккккааааааа ееееееееееееее ддддддддддаааал

ККККККККККККККККоооооооооооооггггггааааааа ќќќќќќќќќќќќќеееееееееее рррррррааааааааааззззззззмммммисббббббббббббииииииииии јјјјјјјјјјјааааааааааааа ииииииииссссссссскккккккккккааааааааааажжжжжжжжжжаааааааааааллллллл ттттттаааааааааааааааааа ссссве

КККККККоооооооојјјјјјјјј ннннннееееееееемммммммммммаааааа дддддддддддддаааааа сеХХХХХХХХрррррррииииииисссссссттттттттааааааааа?????????????? КККККККККККооооооооооооооојјјјјјј нннннннннееееееммммммммаааааааааа дддда нннннннниииииииии дддддддааааааавввввввввввввааааааааа ттттттттаааааааккккккввввввввиииииииии ппппппрррррррррреееесл

Page 53: Православен Пат 27

Православен Пат 51 Православен Пат 51

Оние кои доброволно, над себеси, го зеле крстот Господов и тргнале по тесниот пат, бидејќи подготвени и својата душа да ја погубат за живот вечен, многу од нив Го виделе Господа – пред тоа и сега! Многумина Го гледаат и секој може да Го види, ако го посака тоа и се насочи како што треба.

Верата е таа – да бидеш готов да умреш за Христа и Неговата правдина свесен дека таквата смрт принесува живот, бедноста дава богатство, а понизноста и ништожноста – во вистинска Слава и знаменитост, а во исто време, кога немаш ништо, да бидеш уверен дека сè имаш. Но, особеноста е во тоа – дека, таа придобивка од неизреченото – неисцрпно богатство во познавањето на Христа е примање на сè видливо како прав или чад.

Ниту светот, ниту животните световни работи можат да ни попречат во исполнувањето на Божјите заповеди, ако имаме ревност и внимание.

Рајот... е свет град и секое место за упокоение е Самиот Бог.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, по молитвите на пресвета Богородица и по молитвите на преп. Симеон Нов Богослов, внеси нè во алејата на Царството Небесно! Амин!

Подготвиле сестрите од манастирот„Свети Димитриј“ – Марков манастир

Page 54: Православен Пат 27

52 Православен Пат

ПРАВОСЛАВЕН ПАТ - Списание на Скопска Епархија на Македонска Православна Црква

Издавач: Скопска ЕпархијаИзлегува шестпати годишно • Првиот број е отпечатен во ноември 2003 годинаГлавен и одговорен уредник: Митрополит Американско-канадски МетодијЗаменик главен и одговорен уредник: Презвитер Игор КалпаковскиРедакција: Александар Божиноски, Георгиј Глигоров, Даниел Јовановски, Бобан Митевски, м-р. Илија Орачки Лектура: Елена Малинова Ликовно и техничко уредување: Милан ЈаковчевскиТел: 02 31 18 396 Факс: 02 31 35 550 Печати: ЕВРОПА 92 Тираж: 1000 примероци Е-пошта: [email protected]

Иван С. Тургењев

е видов себеси млад, речиси дете во нис-ка дрвена црква. Пред древните икони со црвени дамки се топеа тенките восочни

свеќи. Прелевачки венец го окружуваше секој мал пламен. Во црквата беше темно и матно и пред мене стоеше многуброен народ. Сѐ руси, селски глави. Од време на вре-ме започнуваа да се свиваат, да се поклону-ваат, па повторно да се издигнуваат, налик на зрело жито кога под него во бавен бран поми-нува летниот ветер. Некаков си човек ми пријде одзади и за-стана покрај мене. Јас не се обратив кон него, но веднаш сфатив дека тоа е Христос. Емоција, љубопитност, страв - веднаш завладаа со мене. Се присилив....и го поглед-нав својот сосед. Неговото лице беше сосема обично, слично на сите човечки лица. Очите малку му гледаат кон височината, внимателно и нежно.

Усните затворени, но не стиснати: горната усна небаре се одмора на долната. Малата брада раздвоена. Рацете склопени и мирни. И него-вата облека како на сите луѓе. „Та, каков ли е тоа Христос – си помис-лив – така едноставен, едноставен човек! Тоа просто не може да биде вистина!“ Се оттргнав. Но сѐ уште не го симнав погледот од тој едноставен човек, кога пов-торно се зачудив дека, имено, тоа е навистина Христос, Кој стои покрај мене. И повторно се принудив..,та повторно го видов тоа лице, налик на сите човечки лица, ги видов тие обични иако дотогаш невидени црти. И веднаш ми стана мачно – па си дојдов на себе. Дури тогаш сфатив, дека токму такво лице – налик на сите човечки лица – е лицето на Христа.

Превод од руски јазик:Даниел Јовановски

Page 55: Православен Пат 27
Page 56: Православен Пат 27