проблем-дете

11
ВОВЕД Семејството и училиштето пред детето поставуваат одредени задачи. Тие од детето очекуваат да научи да се служи со мајчиниот јазик – со читање и пишување, да го одбере своето занимање и да се оспособи за вршење на различни работи и да стане корисен член на општествената заедница. Децата кои представуваат проблем во воспитувањето, односно децата кои тешко се воспитуваат ги нарекуваме проблем деца или исклучителни деца. Во психологијата е познато дека тешкотиите во воспитувањето и отстапувањето од вообичаениот начин на однесување настануваат поради различни неповолни околности физички, ментални, социјални и емоционални. Секое дете кое е слепо, глуво или наглуво, кое накривува или она што има полесна или потешка мана многу потешко се воспитува и представува проблем. Интелектуално заостанато дете е исто така проблем дете.. Во исклучителни деца спаѓаат и она момче и она девојче кои тешко воспоставуваат контакт со своите другарчиња и со возрасните, како и деца кои претерано се плашат, кои покажуваат љубомора, лажат и крадат.

Upload: tatjana-tashe

Post on 27-Oct-2014

141 views

Category:

Documents


8 download

TRANSCRIPT

ВОВЕД

Семејството и училиштето пред детето поставуваат одредени задачи. Тие од

детето очекуваат да научи да се служи со мајчиниот јазик – со читање и пишување,

да го одбере своето занимање и да се оспособи за вршење на различни работи и да

стане корисен член на општествената заедница.

Децата кои представуваат проблем во воспитувањето, односно децата кои

тешко се воспитуваат ги нарекуваме проблем деца или исклучителни деца.

Во психологијата е познато дека тешкотиите во воспитувањето и

отстапувањето од вообичаениот начин на однесување настануваат поради различни

неповолни околности физички, ментални, социјални и емоционални.

Секое дете кое е слепо, глуво или наглуво, кое накривува или она што има

полесна или потешка мана многу потешко се воспитува и представува проблем.

Интелектуално заостанато дете е исто така проблем дете.. Во исклучителни деца

спаѓаат и она момче и она девојче кои тешко воспоставуваат контакт со своите

другарчиња и со возрасните, како и деца кои претерано се плашат, кои покажуваат

љубомора, лажат и крадат.

Поимот проблем-дете опфаќа цела скала помеѓу две крајности, деца со мали

и деца со големи пречки. Тука се вклучуваат и деца со многу висока интелегенција

бидејќи и тоа во одредени случаи може да представува пречка во воспитувањето и

неговото прилагодување во средината.

Проблем-децата можат да се класифицираат во четири категории и тоа

1. Во првата категорија спаѓаат деца или пречки првенствено од физичка

природа и тоа од оние со пречки на слухот и видот со полесни или потешки

заболувања. Во оваа група спаѓаат епилептичари и оние кои прележале

парализа, воспаление на мозокот и слични болести.

2. Втората категорија ги опфаќа децата со ментални пречки, односно децта кои

се ментално заостанати, кои учат споро, како и децата кои учат брзо и имаат

висока интелигенција.

3. Третата категорија ги опфаќа децата со проблеми во поведението

произлезени со социјално-емоционални пречки. Тоа се децата кои лажат,

кои се љубоморни, кои мократ во постела или пелтечат.

4. Во четвратата категорија спаѓаат децата кои со тешкотии ги совладуваат

поеднини училишни предмети како што се , на пример, читање и

математика.

ФИЗИЧКИ ПРЕЧКИ КАКО ПРИЧИНА

Голем е бројот на деца кои представуваат проблем во воспитувањето поради

вродените физички недостатоци, пречки. Некои од нив имаат недостатоци на

сетилата на вид и слух, ортопедски дефекти, како и крајници или полипи во носот.

Други пак се дебели или слаби или пак имаат прележано некоја тешка болест. Сите

овие физички недостатоци имаат помало или поголемо влијание врз личноста на

детето, поради што детето тешко се снаоѓа во секојдневниот живот. Овие тешкотии

мора да се земат во предвид при воспитваањето.

Недостатоци на сетилото за вид

Овој вид на дефекти е многу поприсутен отколку што се мисли. Денес на улица

или во училиште се среќаваат повеќе деца со наочари отклоку во минатото, а

можеби потои уште толкав број кои треба да ги носат, а тоа не го прават – било

затоа што нивниот недостаток не е дијагностициран, било затоа што одбиваат да

носат наочари.

Далековидните деца предметите ги гледаат замаглено. Тоа станува голема

пречка посебно на училиште, бидејќи доведува до напрегнување на очите до

нервоза и на крај до губење на интересот за работа на часот. Слично е и со

кратковидните деца.

Покрај овие две мани постојат и други, како што се астигматизам и разрокост.

Кај првата одделни полиња од видот се заматени, додека се друго е јасно, што

може да доведе до забуна кај наставникот и кај родителите дека детето гледа добро.

Кај разрокоста, правилното гледање е невозможно бидејќи сликите од двете очи не

се спојуваат во една.

Како се препознаваат децата со мана на видот?

Овие деца често ги тријат очите, се муртат, трепкаат при читање, книгата ја

држат преблиску до очите, го затвараат едното око или го покриваат со рака за

нешто да видат. Тие лесно се препнуваат, реагираат многу раздразливо. Во

училиштето имаат проблеми со читањето и со другите предмети кои бараат

поактивно учество на сетилото за вид. Често се случува да патат од главоболка и да

чувствуваат вртоглавица и тоа после подолго читање. Единствено што во тој

случај се препорачува е да се одведе детето на контрола.

Недостатоци на сетилото за слух

Овој вид недостатоци е многу распространет. Тие потешко се утврдуваат од

дефектите на сетилото за вид. детето кое не слуша добро, ни самото не е свесно за

тоа, а неговиот недостаток може да не го примети ниту неговата околина.

тешкотиите ги комплицира околноста што детето некогаш слуша подобро, а

некогаш послабо, или слуша само звуци и гласови само со одредена тонска висина.

Наглуво дете обично зборува со висок, пискав тон. Тоа не радо им се обраќа

на други, често има слаб успех на училиште, незаинтересирано е и сомничаво.

Овие деца често не одговараат на поставените прашања, претерано се

служат со фразите што и молам. Всушност, најчесто се случува и детето, после

неуспешните обиди, да престане да го прати својот соговорник или, на училиште,

наставникот. со текот на времето, тоа навистина станува равнодушно.

Други физички пречки

Децата со ортопедски мани се наоѓаат во неповолна состојба за психичкиот

развој. Чувството на помала вредност е скоро неизбежна последица на секој

недостаток, тоа може да се зголеми, па дури и да се претвори во комплекс.

Премногу ухрането дете може да има тешкотии на училиштето и вон него.

Другите деца го нарекуваат дебело и го омаловажуваат на различни начини и во

различни ситуации. Комлексот на помала вредност нема да изостане. Од друга

страна пак, и премногу слабите деца предизвикуваат подсмев.

Детето кое по растот е значајно пониско од своите врсници, исто како и она

кое со растот ги надвисува, се во тешка положба.

Сите наведени и други физички недостатоци ја комликуваат ситуацијата на

детето. За нејзино разрешување родителите ќе придонесат најдобро ако се обидат

да го елеминираат дефектот. Општиот однос према детето треба да биде

трпелив. Ако болното или детето со телесен недостаток се однесува несакано,

треба да му се помогне да се ослободи од чувството на помала вредност, па

доброто однесување секако ќе уследи.

Ментални пречки како причина

Према некои психолози, интелигенцијата е една способност која не го

квалификува човекот за некоја област на работење, но која му овозможува брзо

стекнување на квалификација во секоја област. Друго гледиште – денес широко

прифатено – ја дефинира интелигенцијата како спој на еден општ (G) и повеќе

специјални (С) фактори. Во секоја вредност учествува општата способност, а

покрај неа и некоја од специјалните.

Органската основа за интелигенцијата представува мозокот и централниот

нервен систем. Покрај наследните и факторите на средината, на развојот на умните

способности влијаат дејноста и активноста на индивидуата.

Од сите проблем – деца најмногу се изучувани ментално заостанатите и

слабоумните. Како тие се откриваат и како се класифицираат?

Постојат повеќе степени на ментална заостанатост, од мали до многу големи.

Психолозите разликуваат, воглавно, три категории:

- дебили (морони)

- имбецили и

- идиоти

Дебилите (мороните) представуваат најблага форма на ментална заостанатост.

Према можностите за учење, тие се кандидати за помошните одделенија во

училиштата. Дебилите од горната граница можат да ја совладаат програмата од

основното училиште. Возрасните поединци од оваа категорија го достигнуваат

умното ниво на дете од 8 – 12 години.

Дебилите тешко се откриваат пред да тргнат на училиште. Ако на крајот од

првото одделение детето не покаже успех во учењето, а психолошките испитувања

покажуваат дека количникот на интелигенција изнесува помеѓу 50-70, нема

сомнение дека е поради ментална заостанатост. Овие деца во помошното

одделение, до нивно префрлување, се чувствуваат опуштено бидејќи таму го

споредуваат со нему рамни и бидејќи често постигнува успех. Во нормално

одделение, тоа е споредувано со многу поспособни од него, така секојдневните

неуспеси му ствараат чувство на помала вредност, поради тоа детето станува

пасивно до таа мерка, што практично и не ја слуша наставата.

Имбецилите следната, пониска група на ментална заостанатост. Нивните

можности за школско учење се малечки. Емоционално најстабилните имбецили од

горната граница, донека и можат да напредуваат во помошните одделенија.

Количникот на интелегенција кај нив се движи од 25-50. Возрасните имбецили го

достигнуваат нивото на деца од 3-8 години.

Идиотите ја представуваат третата категорија на ментално заостанатите.

Тие обично не се запишуваат на училиште. А, кога ќе пораснат, не го надминуваат

интелектуалното ниво на деца до три години.

Покрај овие сериозни случаеви на ментална заостанатост постојат и деца кои

представуваат проблем во поглед на учењето, но не спаѓаат во ментално

запстанати, тоа се децата кои споро учат. Количникот на интелигенција им варира

помеѓу 70 и 90. Друга крајност чини категоријата на деца кои брзо учат. за нив се

смета дека се со просечна интелигенција, меѓутоа, тоа се многу љубопитни деца

кои тежнеат да дознаат што повеќе нови работи. Поради тоа на овие деца треба да

им се посвети поголемо внимание, бидејќи во спротивно тие никогаш нема да го

достигнат она што го можат.

Овде треба да се споменат и учениците со исклучително висока

интелигенција. Такви деца обично во пропорција ги има околу 2%. Во некои

земји, ваквите деца се обучуваат во посебни одделенија со посебна програма.

СОЦИЈАЛНО – ЕМОЦИОНАЛНИ ПРЕЧКИ

Покрај физичките и менталните, пречки постојат и многу други фактори кои

доведуваат до проблем во однесувањето. Тие фактори претежно се од социјална и

емоционална природа.

Семејтвотото како фактор

Неповолната ситуација во семејството често пати е извор на тешкотии во

воспитувањето на детето. Тоа е разбирливо ако се знае дека „топлото“ семјно

огниште и родителска љубов представуваат неопходен услов за правилен развој на

личноста. Во семејството улогата на мајката е незамнелива. Многубројни се

разликите меѓу домските и децата растени во семејства, секогаш во корист на

последните. Кај децата растени по домови почесто се среќаваат невротични црти и

деликвентно однесување. Проблем – децата се почести од така наречени „разорени-

семејства“. Децата од таквите семејства почесто крадат, лажат, пелтечат, бегаат од

дома, се тепаат и сл.

Училиштето како фактор

Одредени школски услови понекогаш можат да створат проблем кај детето,

односно да ја влошат неповолната ситуација во која тоа дете се наоѓа, на пример,

честото менување на наставниците, судирите меѓу наставникот и ученикот или

меѓу родителите на ученикот и наставникот, или конфликтите меѓу родителите

како и меѓу наставниците, лошото здравје на наставникот, неговите предрасуди,

односно антипатии према овие или оние ученици. Престрогата школска

дисциплина и лошо организираната работа исто така доведуваат до проблеми.

Прва задача на возрасните – родителите и наставниците – е да се заинтересираат и

да се бават со детето како би дошло до откривање на причините за неговито

однесување.

НЕКОИ ФОРМИ НА ПОРЕМЕТЕНО ОДНЕСУВАЊЕ

Најчести форми на пореметено однесување кај децата се ноќно мокрење,

страв, тепачки, лажење, фалење, крадење, бегање од школо и од дома,

непослушност и друго.

Енуреза (мокрење во постела)

Енурезата се јавува кога детето ќе ја изгуби контролата на празнењето на

бешиката и несвесно, без своја волја, моча. Енурезата најчето е симптом на некое

психичко, односно социјално-емоционално пореметување. Покрај енурезата се

појавуваат и други невротични реакции (цицање на прсти, грицкање на нокти и

говорни мани).

Говорни мани

Говорните мани можат да бидат резултат на физички и социјално-

емоционални причини.Психолошките причини само ја влошуваат состојбата. Во

дијагнозата е лечењето на говорните мани учествуваат забен лекар, педијатар,

специјалист за уво, грло и нос, невролог , а по потреба и хирург. Во фазата на

лечењето учествува и психолог, ако лекарската екипа утврди дека причини за

говорните мани не се физички недостатоци или промени.

Лажење

Лажењето е форма на пореметено однесување за чија појава не е лесно да се

најде причината. Постојат повеќе врсти на детско лажење: несвесно лажење,

лажење поради привлекување на внимание врз себе, лажење за на не се испадне

помалку вреден, или лажење за да се постигне нешто хумано (заштита на другар

или пријатно изненадување), лажење поради страв од казна, од користољубивост и

слично. Универзален лек на сите видови на лажење не постои туку се постапува

согласно случајот односно ситуацијата.

Леворакост

Леворакоста како појава не се смета за проблем, освен ако некој не прави

проблем од неа.

Билингвизам

Во краеви каде децата слушаат и говорат два јазика имаме појава која се

нарекува билингвизам. Билингвизам не е учење на странски јазик бидејќи тој се

учи откако мајчиниот јазик е веќе совладан. Проблемите со билингвизмот се

јавуваат кога детето ќе почне да ги меша јазиците. Оптеретувањето до овој вид

може да доведе до пелтечење и слични тешкотии во говорот или до невротични

реакции. Инаку, билингвизмот не влијае негативно на развојот на интелегенцијата.

Проблеми со учењето на одделни предмети.

Скоро во секое одделение можат да се најдат деца кои имаат тешкотии со

учењето на одделни предмети. Тие можат да бидат умно сосем добро развиени, но

сепак при читањето или во математиката не успеваат од некои наизглед

необјасниви причини. Меѓутоа, тие деца се срамежливи, повлечени, мрзеливи или

агресивни, импулсивни и разгалени. Причини за лошо читање можат да бидат

недостатоци кај сетивата за вид или слух, лошото дишење... Постојат и

психолошки причини: недоволна заитересираност, внимание, мотив за учење.

ЗАКЛУЧОК

Проблемите кои пред децата ги поставуваат семејството и училиштето ( да

научи да зборува, чита и пишува, да се однесува пристојно, да стекне хигиенски

навики, да ја одбере својата идна професија и слично), не се ниту лесни, ниту

едноставни. Секое дете, не може подеднакво да ги совладува сите тие проблеми –

задачи.

Посебен проблем во воспитувањето предтавуваат т.н. „проблем – деца“.

Причини за тешкотиите во воспитувањето и одстапувањето од вообичаениот

начин на однесување настануваат поради различни неповолни односи: физички,

ментални, социјални и емоционални.

На родителите и на наставниците им припаѓа тешката задача да ги воочат,

откријат сите тие проблеми, да ги пронајдат нивните причини и на секој одреден

проблем адекватно, стручно и педагошки да реагираат затоа што тие деца во

суштина се исти како и другите.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

Ѓорѓевиќ Д., Педагошка психологија, Београд

Смиљевиќ-Чолаковиќ д-р В. Деца која се тешко васпитавају

Стефановиќ В., Педагошка психологија, Скопје