Како да направите мини ветерница

6
Како да направите мини ветерница Краток туторијал за тоа како да направите евтин ветрогенератор од стар флопи диск http://energetskaefikasnost.info

Upload: eefikasnost

Post on 28-Jul-2015

1.271 views

Category:

Documents


9 download

DESCRIPTION

Туторијал за изработка на мини ветро генератор од стари флопи дискети.

TRANSCRIPT

Page 1: Како да направите мини ветерница

Како да направите мини ветерница Краток туторијал за тоа како да направите евтин

ветрогенератор од стар флопи диск

http://energetskaefikasnost.info

Page 2: Како да направите мини ветерница

http://energetskaefikasnost.info

1

Како да направите евтин ветрогенератор од стар флопи диск I

Мини ветерница, направена од стар флопи диск, е прилично едноставен проект.

Иако делува како играчка, оваа мини ветерница може да има практична примена

во голем број на ситуации. Посебно доколку сте на кампување, риболов или сте во

викендичка или каде било, каде немате пристап на електрична мрежа. Во

прашање е многу едноставна ветерница која ќе Ви овозможи да ги наполните

батериите (AA/AAA батерии) на Вашиот мобилен телефон, МП3 плеери или за

директно напојување на мали светилки. Главен дел на оваа мини ветерница е

стара флопи дискета од 5.25″.

Зошто баш оваа дискета? Постојат неколку причини. Пред сѐ, цената на вакви

флопи дискети е многу ниска, а во некои случаи можете да ги најдете и бесплатно.

Степ моторот од оваа дискета се посебно погодни за мини ветерници, бидејќи не

им е потребен никаков преносен механизем-нивниот ротор може директно да се

поврзи на турбина (пропелер) со што се намалува бучавата и се поедноставува

изградбата на самата ветерница. Степ моторот произведува стабилен напон и при

низок број на вртење (oкoлу 200 rpm), што му дава голема предност во однос на

други видови на алтернатори и мотори кои бараат 10-15 пати поголем број на

вртежи. Ова е многу битно кога имаме помала брзина на ветер.

Напојување и полнење на потрошувачите се регулира со електроника (неколку

диоди, отпорник, кондензатор и интегрално коло). Секој кој барем еднаш користел

лемилка лесно ќе го направи овој склоп.

Во минатиот напис пишувавме за тоа каде сѐ можеме да го искористиме овој мини

ветрогенератор. Денес ќе зборуваме за тоа што сѐ нѝ е потребно и како да го

направиме овој мини ветрогенератор.

За почеток најдете стар PC (PC286) и од него извадете го флопи дискот (5,25

инчи). Флопи дискот како што рековме во минатиот пост ќе Ви послужи како

генератор. Значи флопи дискот и од него го вадиме степ моторот.

Втор чекор е изработка на електрониката. Основната задача на електрониката е

да ја „исправи“ неизменичната струја во еднонасочна струја, за да ја стабилизира

на 5 волти, а сето тоа за да може безбедно да се приклучи на кој било УСБ

уред. За оваа операција можете да искористите печатена плоча, а можете и без

неа, бидејќи електронската компонента на оваа мини ветерница е едноставна. За

оваа операција Ви е потребна една лемилица, калај и паста за лемење.

Page 3: Како да направите мини ветерница

http://energetskaefikasnost.info

2

Електрична шема на мини ветрогенератор

Електронските компоненти треба да се поврзат како што е прикажано на шемата.

Користете 1N4004 диоди.

ВНИМАНИЕ! Некои степ мотори имаат 5 изводи/жици, а некои имаат 4,6 или 8

изводи. Ова е од голема важност бидејќи степ моторот мораме да го поврземе со

електрониката на ветерницата. Погледнете како различни степ мотори се

поврзуваат со електрониката на долната слика

Page 4: Како да направите мини ветерница

http://energetskaefikasnost.info

3

Page 5: Како да направите мини ветерница

http://energetskaefikasnost.info

4

Понатаму што нѝ треба е продолжен УСБ кабел. Овој кабел го сечиме на пола и

жиците од „женскиот“ дел на кабелот ги поврзуваме директно на излез на

електрониката (десниот дел на шемата). УСБ кабелот има 4 жици. Меѓутоа нам ни

се потребни само 2 жици, плус и минус 5V. Доколку сакате ветерницата да Ви

користи само за полнење на батерии, можете да направите многу поедноставен

електронски склоп. ВНИМАВАЈТЕ! Обавезно проверите го поларитетот и

напонот (мора да биде помеѓу 4.9 и 5.3 V).

Сега што треба да направиме е да ги изработиме механичките делови на

ветерницата. Потребно е да го направиме носачот на ветерницата и да ја

направиме турбината (пропелерите). Носачот можете да го направите од

алуминиумска цевка пречник 3-4mm. Доколку планирате од време на време да ја

преместувате ветерницата, наједноставно е да го фиксирате носачот на

ветерницата. Генераторот се најлесно прицврстува на носачот со помош на

метален Л профил. Ова зависи од тоа дали ќе користите хоризонтална или

вертикална турбина. Доколку се одлучите за ветерница со хоризонтална осовина,

можете да направите трокрак пропелер. За ова Ви е потребна една табла на лим

0.8×0.8m, дебелина 0.5mm. Исечете ги деловите како што е прикажано на сликата,

а потоа со шрафови прицврстете ја турбината за степ моторот.

За ветерница со вертикална оска, наједноставно е да направите турбина од

искористена пластична кофа. Исечете ја по средина, а потоа прицврстете ја на

кружна плоча направена од дрво или пластика и на крајот прицврстете ја на степ

моторот.

Кога ветерот има брзина од 10 m/s, оваа мини ветерница може да произведе

струја од околу 5 W. Ова е некој максимум доколку го користиме степ моторот од

флопи дискета. Снагата зависи и од тоа колкави се турбините и нормално од

брзината на ветерот. Иако е моќност на оваа ветерница мала, таа сепак може без

големи проблеми да го напојува лед осветлувањето (10-20 Hi-Power), или може

без проблеми да Ви ја наполни батеријата на мобилниот телефон, доколку сте на

кампување. Но она што е најважно е тоа дека доколку успешно ја направите оваа

мини ветерница, тоа може да Ве охрабри да направите ветерница со поголема

инсталирана моќност.

Page 6: Како да направите мини ветерница

http://energetskaefikasnost.info

5

Место посветено на енергетската ефикасност

http://energetskaefikasnost.info

Повелете посетете не!