Објективен тест по македонски јазик

6

Click here to load reader

Upload: elizabeta-arsoska

Post on 28-Jul-2015

1.467 views

Category:

Documents


2 download

TRANSCRIPT

Page 1: Објективен тест по македонски јазик

Објективен тест по македонски јазик

(прво тромесечие)

Име и презиме на ученикот:_____________________________________ Одделение:_________

Можни бодови:________ Освоени бодови:________ Оценка:_________

БОДОВНА ЛИСТА

Бодови 0-16 17-20 21-24 25-27 28-30

Оценка 1 2 3 4 5

Упатство за решавање на тестот:

- Тестот има 30 прашања.- Секое прашање носи по 1 бод.- Обидете се да ги одговорите сите прашања.- Пред различните видови прашања имате дополнителни објаснувања што треба да правите.- За препишување, дошепнување, вртење назад, разговор со соучениците ќе добиете потпис на тестот од

наставникот што ќе значи 2 негативни бода.- Времето кое го имате за решавање на тестот е 40 минути.

Потпис од родител: Одговорен наставник:Арсоска Елизабета

_________________________ ___________________________

Page 2: Објективен тест по македонски јазик

Заокружи Т ако исказот е точен, а Н ако исказот не е точен.

„Видиш ли колку зла од едно зло?Видиш ли што работи завист?Видиш ли како дјавол се наситол на сичко големо зло,ненаситное свое намерение?Видиш ли додека дошла завист.

Горенаведениот текст е извадок е од книгата „Огледало„ на Кирил Пејчиновиќ. Т Н

Константин Миладинов е основоположник на македонската уметничка поезија. Т Н

До кога ли вакашепот без екот?Па доста сме браќа,робја на векот.

Горенаведените стихови се од песната „Денови„ на Кочо Рацин. Т Н

Кога два или повеќе збора се изговараат под заеднички акцент претставуваат акцентски целости. Т Н

Во песната „Елегии за тебе„ поетот изразува тажни чувства кон својата татковина. Т Н

Баладата потекнува од италијанскиот збор BALARE што значи пеам.

Т Н

На празната линија напиши го одговорот што се бара.

Културната преродба во Македонија започнала во________________________________.

Книгите во времето на Преродбата биле пишувани на ________________________________ јазик.

Page 3: Објективен тест по македонски јазик

„Стани си утре поранодојди си вечер подоцна,наутро радост понеси навечер тага донеси„

Стиховите припаѓаат на песната_________________________________ Според видот оваа песна е _______________________ лирска песна. Автор на оваа песна е _________________________.

Акцентот во македонскиот јазик е _________________________.

Кога акцентската целост е составена од број и именка, акцентот паѓа на ______________.

Немој ќерко,немој слатка,не предавај твоја младост,за да влезеш в црна земја:црна земја е студена,таму има црна змија......

Песната според создавачот е ___________________. Според видот песната е _____________________. Во овој вид на лирско-епски песни се опеани_______________чувства.

Наведи ја годината и местото каде што е испечатен „Зборникот на народни песни и умотворби„на браќата Миладиновци!

_______________________________________________________________

Григор Прличев својата „Автобиографија„ ја напишал на _____________________говор.

Партениј Зогравски се залагал за создавање на македонски литературен јазик кој за основа ќе ги има _____________________________________________________ говори.

Баладата се јавила во ____________________ век .

Најпознатиот велешанец кој пишувал балади и елегии бил__________________________.

Автор на песната „Труд ми е името„ е ___________________________________.

Page 4: Објективен тест по македонски јазик

Заокружи ја буквата пред точниот одговор.„Учи напред книга на свој јазик,после ако имаш време ,учи и на други јазици.Тој што учит книга толко на туѓ јазик ,а не на својот,тој е еднаков со оној што ја отфрљат мајка си и наместо неја земат друга.„

Ставот во горниот извадок е на

а)Партениј Зогравски б)Кирил Пејчиновиќ в)Јоаким Крчовски г)Ѓорѓија Пулевски

Заокружи ја акцентска целост!

а) не ми кажа б)тој дојде в)се насмевна г)од дворот

Според правилото за акцентирање на акцентските целости акцентот паѓа на:

а)првиот слог од крајот на зборот б)вториот слог од крајот на зборот в)третиот слог од крајот на зборот

Според видот на зборовите од кои е составена акцентската целост -(кажувајќи им ја) –спаѓа во акцентски целости составени од:

а)глаголски прилог и заменка б)глаголски прилог и кратка заменска форма в)глаголски прилог и долга заменска форма

Во негирани и прашални изкази акцентот стои на:

а)првиот слог од крајот на зборот б)вториот слог од крајот на зборот в)третиот слог од крајот на зборот

Недовршениот роман на Кочо Рацин се викал

а)„Јане Сандански„ б)„Бели мугри„ в)„Афион„

Во елегиите се опеваат:а)меланхолични чувства б)тажни чувства в)рефлексивни чувства

„Бели мугри„ е објавена во:а) Виена б)Загреб в)Самобор г)Софија