СИСТЕМАТСКО И ПАРТИЦИПАТИВНО НАБЉУДУВАЊЕ

11
СИСТЕМАТСКО И ПАРТИЦИПАТИВНО НАБЉУДУВАЊЕ Во 60-те и 70-те години систематското набљудување представувало доминантен и единствен начин за следење на настаните во училницата и било карактеристично по својата квантитативна природа. Истражувачот однапер создава систем на категории во кои потоа во текот на набљудувањето ги сместува наставните активности од училницата при што на одредени временски интервали ја бележел нивната активност, таков е Фландерсовиот систем на набљудување кој содржи табела од 10 категории што истражувачот ја пополнува секои три секунди од набљудувањето. Тоа го прави на посебно обележана трака. Во овој период се развиле и други системи на систематско набљудување. На пример, Бејлс развил систем на категории за набљудување на мали групи од околу 10 испитаници. Овој систем се применува во експериментални истражувања, а групата се набљудува во лабораториски услови. Обсерваторите, најчесто двајца, се наожаат во друга просторија и низ еднинасочно пропустливо стакло, ја набљудуваат групата. Членовите на групата знаат дека се предмет на набљудување, но не постои никаква врска меѓу нив и опсерваторите. Со овој систем се добиваат детални податоци за однесувањето на членовите во групата. Системите на систематско набљудување и покрај тоа што поседуваат одредени квалитети имаат и доста недостатоци. Повеќе истражувачи укажуваат на нивните слабости и заговараат нов прииод во истражувањето. Новиот пристап на партиципативно набљудување треба да биде интерактивен, тука истражувачот треба да стане набљудувач, кој ќе партиципира во настаните што ги набљудува и со присутна емпатија ќе се труди да ги разбере истите. ПАРТИЦИПАТИВНО НАБЉУДУВАЊЕ – МЕТОДОЛОШКИ ПРАШАЊА Доколку сакаме да преземеме едно квалитативно педагошко истражување со помош на партиципативното набљудување треба да се помине низ сите етапи карактеристични за квалитативните истражувања воопшто. Истражувањето со партиципативното набљудување е теренско истражување, во кое истражувачот проучува една социјална ситација при што самиот учествува во неа. Истражувачот кој ќе се решиу своети истражување да го прави со помош на партиципативно набљудување, неминовно ќе се сретне со поголем број дилеми врзани за неговата улога на теренот, степенот на партиципација, обемот и видот на податоци што треба да ги забележи итн. 1 проблем: ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПРИСТАП НА ТЕРЕНОТ Еден од првичните проблеми е обезбедување пристап на теренот, што значи предходно лоцирање на местото и единицата на набљудување, на пример, определување на училиште, училница и сл. Потоа, обезбедување одобрение од надлежните лица или институции за реализирање на истражувањето, идентификување на партиципиентите итн. 9

Upload: tatjana-tashe

Post on 29-Jul-2015

298 views

Category:

Documents


23 download

TRANSCRIPT

Page 1: СИСТЕМАТСКО И ПАРТИЦИПАТИВНО НАБЉУДУВАЊЕ

СИСТЕМАТСКО И ПАРТИЦИПАТИВНО НАБЉУДУВАЊЕ

Во 60-те и 70-те години систематското набљудување представувало доминантен и единствен начин за следење на настаните во училницата и било карактеристично по својата квантитативна природа. Истражувачот однапер создава систем на категории во кои потоа во текот на набљудувањето ги сместува наставните активности од училницата при што на одредени временски интервали ја бележел нивната активност, таков е Фландерсовиот систем на набљудување кој содржи табела од 10 категории што истражувачот ја пополнува секои три секунди од набљудувањето. Тоа го прави на посебно обележана трака.

Во овој период се развиле и други системи на систематско набљудување. На пример, Бејлс развил систем на категории за набљудување на мали групи од околу 10 испитаници. Овој систем се применува во експериментални истражувања, а групата се набљудува во лабораториски услови. Обсерваторите, најчесто двајца, се наожаат во друга просторија и низ еднинасочно пропустливо стакло, ја набљудуваат групата. Членовите на групата знаат дека се предмет на набљудување, но не постои никаква врска меѓу нив и опсерваторите. Со овој систем се добиваат детални податоци за однесувањето на членовите во групата.

Системите на систематско набљудување и покрај тоа што поседуваат одредени квалитети имаат и доста недостатоци. Повеќе истражувачи укажуваат на нивните слабости и заговараат нов прииод во истражувањето.

Новиот пристап на партиципативно набљудување треба да биде интерактивен, тука истражувачот треба да стане набљудувач, кој ќе партиципира во настаните што ги набљудува и со присутна емпатија ќе се труди да ги разбере истите.

ПАРТИЦИПАТИВНО НАБЉУДУВАЊЕ – МЕТОДОЛОШКИ ПРАШАЊА

Доколку сакаме да преземеме едно квалитативно педагошко истражување со помош на партиципативното набљудување треба да се помине низ сите етапи карактеристични за квалитативните истражувања воопшто.

Истражувањето со партиципативното набљудување е теренско истражување, во кое истражувачот проучува една социјална ситација при што самиот учествува во неа. Истражувачот кој ќе се решиу своети истражување да го прави со помош на партиципативно набљудување, неминовно ќе се сретне со поголем број дилеми врзани за неговата улога на теренот, степенот на партиципација, обемот и видот на податоци што треба да ги забележи итн.

1 проблем: ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПРИСТАП НА ТЕРЕНОТЕден од првичните проблеми е обезбедување пристап на теренот, што значи предходно

лоцирање на местото и единицата на набљудување, на пример, определување на училиште, училница и сл.

Потоа, обезбедување одобрение од надлежните лица или институции за реализирање на истражувањето, идентификување на партиципиентите итн.

Во оваа фаза истражувачот треба да одлучи за видот на примерокот што ќе го користи, односно кои испитаници, настани, место и во кое време ќе набљудува. А на терен бидејќи се сретнува со изобилство на односи, ситуации, тој треба да избере каде ќе го фокусира своето внимание.

2 проблем: ВИДОВИ ПОДАТОЦИКога се зборува за видовите податоци што може да се добијат со набљудувањето, најдобро е

да се тргне од начинот на набљудување. Позначајни се следните три начини на набљудување:- дескриптивно- фокусирано и- селективноДескриптивното набљудување има за цел да обезбеди опис, дескрипција на појавата што се

проучува преку опишување на околностите и просторот во кои таа се случува, како и опишување на луѓето, настаните и се друго што е потребно за да се сфати контекстот во кој појавата се случува. Добиените податоци се групираат во повеќе категории, кои понатаму се дели на субкатегории (пример, категоријата луѓе се дели на субкатегории како што се пол, возраст, образ. и др.).

Категориите се податоци кои зависат од природата на истражуваниот проблем.

9

Page 2: СИСТЕМАТСКО И ПАРТИЦИПАТИВНО НАБЉУДУВАЊЕ

Спредли разграничува девет основни категории на дескриптивното набљудување:категории Карактеристики на училиштето

1. ПРОСТОР Поставеност на училниците, канцелариите и другите простории во набљудуваното училиште2. АКТЕРИ Луѓето присутни во ситуациите и нивните имиња3. АКТИВНОСТИ Различни активности поврзани со луѓето во дадена ситуација, наставници и ученици4. ПРЕДМЕТИ Присутни физички елементи, пр., мебелот и неговата поставеност во определена училница5. ПОСТАПКИ Постапки на поединци: наставници и ученици6. НАСТАНИ Определени активности на поединци или групи, пр., на училишниот совет7. ВРЕМЕ Временски секвенци во училиштето, наутро и попладне часови, одмори, пауза за ручек8. ЦЕЛИ Активности на луѓето кои се обидуваат да ја сфатат определената ситуација9. ЧУВСТВА Емоциите во определен контекст

Дескриптивното набљудување доведува до огромна маса податоци. По нивното средување и обработка се преминува на фокусираното набљудување кое е сосредоточено на подетални проблеми. Пр., се набљудуваат само часовите по уметност. При ова набљудување се опишува само атмосферата само во која се случува конкретната појава.

Кај третиот вид, т.н. селективно набљудување фокусот на истражувачот уште повеќе се стеснува и се насочува кон одделни фрагменти на појавата што се набљудува. Анализата на податоците добиени со ова набљудување овозможува воочување на разликите и контрастите меѓу деловита на набљудуваната појава.

ИНТЕРПРЕТАЦИЈАТА на сите групи податоци добиени со различните видови набљудување и анализирани во различни фази од истражувањето, на крајот треба да представуваат една целина. Таа ќе наликува на приказна која започнува со опис на просторот и околноистите во кои се случувала појавата, потоа се откриваат улогите и карактерот на луѓето што учествувале во неа и се презентираат поважните епизоди што се случиле по нивниот хронолошки редолсед.

3 проблем: КОЛКУ И КАКО ДА ПАРТИЦИПИРА ИСТРАЖУВАЧОТСтепенот на партиципација е мошне значајно прашање од кој зависи активната или

пасивната улога на истражувачот при набљудувањето.Најпозната класификација според степенот на партиципација во настаните што се

набљудуваат е Голд-Џанкеровата, каде истражувачот може да се јави во улога на:- целосен партиципиент- партиципиент-набљудувач- набљудувач-партиципиент- целосен набљудувачУлогата на целосен партиципиент или комплетен учесник подразбира истражувачот да

станне рамноправен член на групата која ја набљудува при што членовите на групата не знаат дека се предмет на набљудување. Станува збор за скриено истражување во кое истражувачот се маскира и го прифаќа однесувањето и стилот на живот, нормите на однесување и начинот на размислување на останатите членови на општествената групата.

Проблемите што подоцна можат да се јават од ваква ситуација се влијанието на истражувачот кое може да влијае на однесувањето на членовите на групата. Освен тоа, истражувачот иако е само заинтересиран партиципиент, тој лесно може да западне во непријатни ситуации. Поради тоа се препорачува почесто одвојување од теренот за време на кое ќе може да се средат и анализираат снимените податоци.

Примери на вакви истражувања: Хамфри – девијантно однесување, Хоуман, Прајс и др. Улогата на партиципиент-набљудувач подразбира истражувачот да преземе некоја

помалку важна улога во групата, при што групата е предходно информирана дека представува предмет на набљудување. Често се случува, заедно со техниката за набљудување тој да користи и техника на интервјуирање или анализа на соржина. Проблеми можат да се јават во објективноста на добиените податоци, пример, може да се случи да дојде до недоверба или неискреност кон истражувачот. Покрај тоа самото негово присуство и неговата вклученост во работата може да преизвика промена во појавата што се набљудува, како и зближувањето со членовите на групата и да дојде до необјективност на податоците.

Останатите улоги на набљудувачи-партиципиент или целосен набљудувач не подразбираат партиципација на истражувачот во групата која е цел на набљудување.

Во улогата на набљудувач-партиципиент постои контакт меѓу истражувачот и субјектите на набљудување, но тој е краток и површен. Истражувачот настојува да се држи на страна за да избегне било какво влијание.

Во улогата на целосен-набљудувач истражувачот се труди да го сведе на минимум контактот со испитаниците, со која улога тој ризикува да ги запознае појавите во вистинско светло.

10

Page 3: СИСТЕМАТСКО И ПАРТИЦИПАТИВНО НАБЉУДУВАЊЕ

Најчесто самото влегување на возрасниот во училницата, ја буди љубопитноста кај децата, затоа е многу тешко, а истовремено и непотребно, истражувачот да се лиши од меѓусебни контакти.

Ваквата улога носи опасност тој воопшто да не го сознае мислењето на испитаниците, ниту пак да навлезе подлабоко во суштината на појавите што ги проучува.

4 проблем: КАКО ДА СЕ СНИМААТ ПОЈАВИТЕОткако ќе се реши прашањето за степенот на партиципација пред истражувачот се јавуваат

нови дилеми: кои постапки да ги користи за собирање и до кој степен да бидат структуирани инструментите на истражувањето.

Самото влегување во училницата може да го збуни истражувачот со динамичноста и разновидноста на активностите. Тој овде може да избере две стратегии. Едната е предходно да направи концепт и да се одлучи на што ќе го фокусира своето набљудување, а другата да влезе во училницата без a priori концепт да го согледа обемот на податоци и потоа да одлучи кој нивни дел ќе биде негов интерес на набљудување. Определувањето на фокусот на набљудувње зависи од самата личност на истражувачот, односно од она што најмногу ќе го предизвика неговиот интерес.

Затоа извештаите од животот во училницата се секогаш делумно лично обоени и не потполно неутрални. Од масата податоци што ќе ги забележи, набљудувачот одбира оние кои ги забележал како интересни и ги става во својот запианик.

Начинот на снимање на податоците може да биде по пат на водење белешки, аудио и видео снимање. Истражувачот може да ги комбинира овие техники во зависност од тоа која ја смета за најадекватна во конкретната ситуација. Често се случува во неформални ситуации учениците се послободни и даваат многу интересни податоци за нивните размислувања се поинтересни, пред се поради тоа што се послободни отколку кога се снима со камера. Аудиорекордерот не го одвлекува нивното внимание и е многу поадекватен за бележење на нивните изјави, дијалози и самиот начин на изразување.

Кај истражувањето со партиоципативно набљудување е важно истражувачот реално да ги процени можностите за снимање на појавите да биде умерен и пред себе да постави цели и задачи што ќе може да ги оствари.

Покрај снимањето на она што се случува на теренот истражувачот може да бележи и свои размислувања за улогата и активностите, како и да запишува интуитивни идеи или насетувања за забележани појави, пр. Неискрени одговори, неприкладно однесување и сл.

5 проблем: СУБЈЕКТИВНОСТ ВО СОБИРАЊЕТО И ПРЕЗЕНТИРАЊЕТО НА ПОДАТОЦИТЕКај квалитативните техники, често се јавува проблем на субјективноста во собирањето и

интерпретацијата на податоците. Не може да се одрече дека особините на истражувачот: полот, возраста, личните ставови, не влијаат врз објективноста на податоците добиени со истражувањето. Истражувачот е физички присутен во училницата, учествува во дел од активностите, станува близок со учениците и лесно може да се случи премногу да се вовлече во настаните што се предмет на негово набљудување и да почне да влијае на неговиот тек. Заради тоа истражувачот не треба да заборави дека негова цел е само да ги опише и објасни настаните, односно тој треба да настојува да остане неутрален.

Што ќе стане од сировите податоци и како тие ќе бидат интерпретирани повторно зависи од самиот истражувач. Има повеќе примери на истражување каде истражувачот доста субјективно ги презентираат настаните од училницата (пр.истражување кај Чироки-индијанците и др.).

Проблемот на субјективноста во собирањето и презентацијата на податоците истражувачите се обидуваат да го решат со користење на повеќе извори на податоци, со комбинирана примена на неколку истражувачки техники или пак во зависност од околностите, преисуство на два или повеќе набљудувачи. Доколку техниката на партиципиент набљудување се применува адекватно и правилно, нејзините предности ќе станат многу поизразениво однос на нејзините недостатоци.

11

Page 4: СИСТЕМАТСКО И ПАРТИЦИПАТИВНО НАБЉУДУВАЊЕ

ТЕХНИКАТА НА ИНТЕРВЈУ ВО ПЕДАГОШКИТЕ ИСТРАЖУВАЊАДоста омилена техника на квалитативните истражувачи која може да се користи во

комбинација со партиципативното набљудување е интервјуто. Тоа се сретнува во сите негови варијанти: од отворена конверзација до стандардизиран, формален разговор по однапред подготвени теми и прашања. Која варијанта на интервју ќе биде применета зависи од природата на истражувањето, обемот на податоци што сакаме да ги добиеме, карактеристиките на испитаниците итн. Протоколот на интервјуто е е предходно изработен, него го изготвува истражувачот и може да има различен облик, односно да биде повеќе или помалку структуиран.

Интервјуто во квалитативните истражувања е од неформален вид и има потполно различна цел од она интервју кое се користи кај квантитативните истражувања. За да се потенцира разликата истражувачите уште го нарекуваат интензивно или продлабочено интервју. Разлика е во тоа што интервјуерот не го контролира разговорот, туку неговиот тек зависи од интересот на оној што се интервјуира. Истражувачот има подготвено „лабав“ збир теми со кои испитаникот е запознат, но има право да зборува за она што сака.

Во ваквото интервју е важен рамноправниот и отворен однос меѓу интервјуерот и интервјуираниот. Друга важна карактеристика е да се приближиме до нивото на говорникот, пр.ако е деликвент да користиме неговиот стил на зборување или ако е академик да се разговара на академско ниво.

При примена на техниките на партиципативно набљудување и нтервјуирање се користат т.н. информанти. Тое се поединци кои поседуваат одредено знаење за појавата која се следи или имаат одреден статус во институцијата каде се врши истражувањето. Истражувачот внимателно ги избира информантитебидејќи тие треба да му помогнат во обезбедување пристап на теренот.

МЕТОДОЛОШКИ ПРОБЛЕМИ КАЈ ИНТЕРВЈУТОКај техниката на интервјуто се среќаваат слични методолошки проблеми како кај

партиципативното набљудување. Најчесто присутен проблем е субјективноста во презентирањето и интерпретацијата на податоците. Истражувачот често може да го прилагодат собирањето и презентирањето на податоците во своја корист. Пример на субјективбно истражување е она на Вудс кој нагласено покажува интерес кон една страна додека другата ја запоставува. Тој извршил теренско истражување во средно училиште каде го проучувал влијанието на мерките на опомена врз средношколците. Тој очигледно застанува на страна на Кристин која изразено покажува одбојност кон одредениот наставник кој ја „засрамил“ пред целото одделение, јавно опоменувајќи ја за непристојното однесување.

Споменатиот пристап во истражувањето на Вудс, МекНамара ja критикува изразената симпатија на Вудс кон учениците.

ВРЕДНУВАЊЕ НА НАСТАВАТА

Вреднувањето треба да биде составен дел на воспитно-образовениот процес, но и на неговите резултати. И методите и техниките за вреднување се многубројни за вреднување се многубројни.

Овијпат ќе се задржиме на наставникот и на неговото самовреднување во воспитно-образовениот процес. Наставникот би требало систематски да го опсервира процесот на својата работа. Притоа да води белешка за опсервациите но, би било добро да се користи магнетоскоп и видео-камера, за да се добие поаналитичка опсервација за она што прават другите (учениците) и што прави наставникот. Значи опсервација на конкретните воспитно-образовни ситуации.

Вреднувањето на наставата не треба да биде глобално. Неопходно е наставникот да вреднува определен вид педагошки секвенци, одредени ученици со сите нивни карактеристики. Некои воспитно-образовни ситуации наставникот треба и да ги предизвикува за да го открие однесувањето на учениците или да ја анализира природата на комуникација меѓу нив.

Опсервирањето и вреднувањето на воспитно-образоввиот процес може да биде и лонгитудинално – така ќе се согледа напредувањето на учениците и развитокот на нивната личност, нивните карактеристики, различните активности што ги пројавуваат. Може да се вреднуваат и резултатите што ги постигнуваат учениците во однос на материјалите што се користат во наставата. Училницата треба да биде набљудувана и анализирана во нејзино интерно функционирање (микроистражување), но и во релација со животна средина – екстерно истражување.

Методите за опсервација и вреднување на наставата можат да бидат класични и етнолошки.

12

Page 5: СИСТЕМАТСКО И ПАРТИЦИПАТИВНО НАБЉУДУВАЊЕ

За наставниците е мошне значајо да собираат критички материјал за себе, за својата работа – самовреднувајќи се, директно опсервирајќи ја работата во нивните одделенија.

Вреднувањето на воспитно-образовниот процес, на курикулумот, и ефектите од него не треба да се проследени само со дескрипција и анализа туку треба да се бараат и каузалните врски и односи, да се бара смисла.

При тоа треба критички да се согледуваат:- структурата на поставената цел и задачите на наставата- когнитивните операции што се користат за нивната реализација- стратегии на водење на учениците - когнитивни процеси- социо-афективни односи- односите меѓу видовите на организација на работата- моделите, начините на однесување на учениците- начини на проверување- учење на социјални улоги- односот меѓу референците што ги предлага наставникот на когнитивен и социо-

афективен план, на вредносен план.Значи, во наставата наставникот треба да ги идентификува и вреднува конститутивните

елементи на воспитно-образовниот проце, хуманистичките, психолошките, социолошките димензии, содржинските, користење на методите и средствата и нивното функционирање. Сето ова наставникот треба да го проучува, да го реконструира, да ги вреднува интеракците меѓу овие елементи, при што ќе користи различни видови на анализа.

При опсервациите на наставата, наставникот може да го идентификува и вреднува и видот на помошта што им ја дава на учениците. Исто така тој може да ги вреднува различните активности што ги применува во текот на часот, на работниот ден, како и при посети...

Однесувањето на учениците може да се опсервира индивидуално или групно.Целта на сето ова е да се направи реконструкција на динамиката на воспитно-образовниот

процес, на воспитно-образовната работа, за да се открие смислата, релациите меѓу елементите за да може сето тоа да се објасни. Така се согледува комплексноста на различните димензии на наставата. Тоа ќе му помогне на наставникот да ја унапреди својата работа, да пронаоѓа нови модели, нови патишта, нови активности.

Не треба да се инсистира на имитација на модел, туку наставникот треба да произведува модел. , односно модели што ќе функционираат во услови во кои тој работи.

Вреднувајќи ја сопствената работа во својата училница, наставникот ќе успее да се согледа како актер во воспитно-образовниот процес, но и себе си да се гледа од дистанца.

Значи опсервирањето на воспитно-образовниот процес ќе му помогне на наставникот да се вреднува самиот себе, вистински да се открие во наставните ситуации и да се создаде личен стил на педагошка активност што е поврзана со реалноста во која тој работи.

13

Page 6: СИСТЕМАТСКО И ПАРТИЦИПАТИВНО НАБЉУДУВАЊЕ

ВРЕДНУВАЊЕ НА РАБОТАТА НА УЧИЛИШТЕТО

Последнава деценија училиштата подготвуваат сопстевни проекти за нивна работа, како и за нивни разбојни тенденции.

Училишната заедница е воспитно-образовна институција во која значајна улога имаат интерни партнери: учениците, наставниците, администрацијата, педагозите и психолозите, и екстерни: семејството, педагошките служби, различни асоцијации и здруженија.

ЕДНА МОЖНА ПРОЕКЦИЈА ЗА УЧИЛИШТЕТОМакропроектот на едно училиште би можел да ги опфати следните карактеристики:Карактеристики на учениците:- карактеристики поврзани со нивното учење (когнитивно, афективно, степен на нивна

социјализација)- откривање на процентот на учениците кои успешно напредуваат- ученици кои имаат проблеми со школувањето- степен на хомогеност во резултатите на учениците во различни подрачја на усвојување

на наставните програми.Квалитети на наставницитеВреме посветено на:- Подготовка на училишни активности- Перманентно стручно усовршување- Активности надвор од училиштето- Број на наставни часови неделно- Однос наставник-број на ученициКвалитети на раководителот на училиштето- директорот дава приоритет на воспитно-образовни проблеми- ги решава конфликтните ситуации во училиштето- го охрабрува перманентното усовршување на наставниците, односно на сите свои

соработници- ја подржува истражувачката активностАко директорот на училиштето ги исполнува гореспоменатите услови тогаш може да се

констатира дека:- наставниците се чувствуваат среќни и со задоволство стануваат дел на училишната екипа

преземајќи различни иницијативи- наставниците имаат чувство на професионална реализираност- наставниците успешно ги реализираат сите обврски во училиштето и што е најзначајно

имаат чувство на успешност во работата со ученицитеМошне битен е стилот на управување во училиштето а тој може да биде:- демократски и- авторитаренАко стилот на раборење на директорот е демократски тогаш:- сите членови на училишниот колектив учествуваат во изборот на задачите и планот за

развој на училиштето.

Степен на автономност на училиштетоТој може да се изрази во следниве домени:- управување- реализација на курикулум- избор на наставни средства- организација на проверување и оценување на учениците- севкупната ангажираност на наставниците и другите членови на колективот- распределба на материјалните средства за да може училиштето успешно да

функционира.Сите овие нешта што се спомнаа можат позитивна психолошка клима во училиштето. Но,

мултиваријантноста на споменатите фактори е показ за тоа колку е тешко објективно да се дефинира климата во училиштето.

14

Page 7: СИСТЕМАТСКО И ПАРТИЦИПАТИВНО НАБЉУДУВАЊЕ

ШТО ДА СЕ ВРЕДНУВА ВО ВОСПИТАНИЕТО И ОБРАЗОВАНИЕТО

Предмет на вреднување во воспитанието и образованието можат да бидат субјекти што се вклучени во воспитно-образовниот сфера, но и појави, состојби и законитости. Бидејќи врз нив влијаат многу варијабли неопходно е да се проучуват и откриваат повеќе димензии на воспитанието и образованието.

Вреднувањето во воспитанието и образованието може да биде:монодисциплинарно, интердисциплинарно, мулти-дисциплинарно, трансдисциплинарносо користење на квалитативно, квантитативно, емпириско, развојно, фундаментално итн.

Вреднувањето може да се реализира индивидуално и екипно.Вреднувањето може да биде интерно, во одделните воспитно-образовни организации, во

одделни подсистеми, како и екстерно, вреднување на формално и неформално образование, перманентно стручно усовршување на кадрите.

Воспитно-образовниот систем може да е затворен и тогаш неговото вреднување се состои од контрола, и отворен , чувствителен на надворешни фактори.

Вренувањето може да се однесува на организацијата на работата, може да се проучуваат ефектите од примена на иновации, може да се проучува степенот на постигнати знаења.

Евалуацијата може да се спроведува за да се соберат неопходни или корисни информации за да може да се донесат некои значајни одлуки за образованието во земјата.

Кога станува збор за реформа на системот, генерално се работи за знаења со кои учениците треба да се здобијат, но и за нивно однесување, моралните ставови што се градат во воспитанието и образованието како на колективен, така и на индивидуален план.

Со вреднувањето треба да се откриваат и дисфункциите во системот.Исто така може да се открие начинот на кој се организира наставата, активностите што ги

преземаат личностите инволвирани во процесот на наставта, но и нивните мислења и критички забелешки.

Значајно подрачје што може да биде предмет на вреднување е и раководењето во образованието.

Со вреднување е неопходно да се откријат и предходните знаења на учениците, начини на нивно учење, нивни интереси и потреби.

Значајно подрачје на вреднување се комуникацијата и интеракциите што се воспоставуваат во воспитно-образовниот процес.

15