Алкалоиди деривати на фенилаланин и тирозин

17
Универзитет “Гоце Делчев“ – Штип Факултет за медицински науки Фармација Семинарска работа по предметот Фитохемија Алкалоиди деривати на фенилаланин и тирозин (фенилалкиламински,изохинолински,бисбензилтетрахидрои зохинолински,апорфински и прoтоберберински) Ментор: Изработиле: Проф. Д-р Зорица А.Серафиновска Катерина Арсова бр. индекс 15365

Upload: katerina-arsova

Post on 29-Jul-2015

524 views

Category:

Documents


8 download

TRANSCRIPT

Page 1: Алкалоиди деривати на фенилаланин и тирозин

Универзитет “Гоце Делчев“ – Штип

Факултет за медицински науки

Фармација

Семинарска работа по предметот

Фитохемија

Алкалоиди деривати на фенилаланин и тирозин

(фенилалкиламински,изохинолински,бисбензилтетрахидроизохинол

ински,апорфински и прoтоберберински)

Ментор: Изработиле:

Проф. Д-р Зорица А.Серафиновска Катерина Арсова бр. индекс 15365

Емилија Огњанова бр. индекс 15334

Штип, декември 2011

Page 2: Алкалоиди деривати на фенилаланин и тирозин

Алкалоиди деривати на фенилаланин и тирозин

Содржина

Вовед..........................................................................................................................3

Фенилалкиламински алкалоиди............................................................................3-4

Изохинолински алкалоиди........................................................................................5

Бисбензилтетрахидроизохинолински алкалоиди................................................,..6

Кураре алкалоиди.......................................................................................6-7

Апорфински алкалоиди..........................................................................................8-9

Протоберберински алкалоиди и нивни деривати..............................................9-10

Заклучок...................................................................................................................10

Користена литература..............................................................................................11

2

Page 3: Алкалоиди деривати на фенилаланин и тирозин

Алкалоиди деривати на фенилаланин и тирозин

Вовед

Алкалоидите претставуваат сложена група на азотни соединенија, повеќе или

помалку со базен карактер. Различни делови од една иста билка содржат

различно количество на алкалоиди, па поради тоа како дрога се употребува

оној дел од растението кој содржи најголема количина на алкалоиди. Најголема

количина на алкалоиди кај растемијата има во коренот, листот, кората и

семето.

Поголемиот дел од алкалоидите се безбојни, со горчлив вкус, па поради тоа

животните избегнуваат да се хранат со растенија кои содржат алкалоиди,

поради горчливиот вкус и отровноста.

Внесени во поголема коичина овие алкалоиди може да предизвикаат

токсичност (акутна или хронична), а во мала доза се лекови со одредени

делувања и како такви се користат во фармакотерапијата.

Поголема коичина на алкалоиди содржат растенијата од следните фамилии:

Ranunculaceae, Berberidaceae, Solanaceae, Papaveraceae, Piperaceae,

Fumariaceae, Fabaceae, Rubiaceae. Алкалоиди не содржат фамилиите

Brassicaceae и Lamiaceae.

Фенилалкиламински алкалоиди

Амино киселините фенил аланин и тирозин, како и нивните соодветни амини,

производите на нивната декарбокисилација – прекурсори на голем број на

алкалоиди: едноставни протоалкалоиди од фенилетиламински тип, но и

соединенија со комплексна структура со изохинолински скелет (бензил-

изохинолински, тетрахидро-изохинолински и морфинански алкалоиди).

Претставник: мескалин

Хемиско име: 2-(3,4,5-триметоксифенил) етанамин

Наоѓање: посебен вид кактус, Lophophora williamsii (Lem.) J.M.Coult., наречен

пејотл.

Дејство: стимулативно врз ЦНС – халуцинации.

3

Page 4: Алкалоиди деривати на фенилаланин и тирозин

Алкалоиди деривати на фенилаланин и тирозин

Примена: нема примена во терапија.

Се користи во традиционално во религиозни ритуали, како стимулативно

средство за зголемување на физичката сила и работна способност кај

домородците во Средна Америка.

Мескалин

Идентификација

Боени реакции: не се сигурни, појава на карактеристична боја може да

потекнува од интерференција (други деривати на фенилетиламин)

Marquis-ов реагенс

•A1: 40% формалдехид растворен во глацијална оцетна киселина;

•A2: концентрирана сулфурна киселина

Појава на портокалово-црвенкаста боја е позитивна проба.

Претставници: (-)-ефедрин; (+)-псевдоефедрин

Хемиско име: 2-(метиламино)-1-фенил-пропан -1-ол

Наоѓање: претставници на родот Ephedra ssp., Ephedraceae.

Дејство: Ефедринот е индиректен симпатомиметик. Слично на адреналинот, но

со послаб интензитет. Псевдоефедринот има антиинфламаторно дејство.

Примена: Се користи само (-)-ефедрин

•во третман на бронхијална астма, бронхитис (бронходилататор);

•за сузбивање на симптоми на настинка (назален деконгестив);

4

Page 5: Алкалоиди деривати на фенилаланин и тирозин

Алкалоиди деривати на фенилаланин и тирозин

•како ефедрин хидрохлорид во облик на таблети, раствори (капки за око и уво),

инхалациски спрејови.

(-)ефедрин (+)псевдоефедрин

Идентификација

-Општи реакции

•Се подготвува кисело-воден (HCl; 0,01 M) екстракт на уситнета дрога, се

пречистува и се додава раствор на CuSO4 во присуство на база (NaOH). Се

формира виолетова боја на растворот. Кога ќе се додаде етер и промеша,

етерскиот слој се обојува виолетово, а водениот слој се обојува сино.

Изохинолински алкалоиди во фамилииите Papaveraceae; Fumariaceae

Представници:

Сангвинарин,Хелеритрин,Реадин,Протопин,Фумаритрин,Берберин,Алокриот

опин,Фуматицин и многу други.

5

Page 6: Алкалоиди деривати на фенилаланин и тирозин

Алкалоиди деривати на фенилаланин и тирозин

Бисбензилтетрахидроизохинолински алкалоиди

Бисбензил тетрахидроизохинолинските алкалоиди заедно со апорфинските

бензилтетрахидроизохинолински алкалоиди(димерни) претставуваа голема

група соединенија (околу 400). Тие се јавуваат во претставници од оклу 10

фамилии, меѓу кои најзначајни се: Menispermaceae, Ranunculaceae I

Berberidaceae, но исто така и Monimiaceae, Annonaceae I Laureaceae.

Класификацијата на оваа голема група алкалоиди се прави врз база на: видот

на “димер“ структурата ( дали е од глава – опаш или опаш – опаш тип), во

зависност од начинот и местата на врзувањето, број на мостови во молекулот,

видот на врската помеѓу двата дела од молекулот и видот на супституентите.

И покрај големиот број структури, само неколку алкалоиди од оваа група

наоѓаат практична примена поради специфичната фармаколошка( кураре

алкалоиди). Одредени алкалоиди имаат многу интересен фармаколошки

потенцијал, но сепак сеуште немаат поозначајна употреба во Европа. На

пример, тетрадин е антитумор агенс, цефарантин поседува антитуберкулозна

активност, пикнамин и нортилиакоринин дејствуваат антималарично, пендулин

поседува хипотензивна активност итн. Некои дејствуваат слично како кураре

алкалоиди и наоѓаат примена како миорелаксанси.

Кураре алкалоиди

Кураре алкалоидите се најзначајните алкалоиди од групата на бис-

бензилтетрахидроизохинолини. Кураре означува густа или цврста смолеста

маса што се добива со вриење на водени екстракти, добиени од кори, корени,

гранки или изданоци од растенијата од фамилиите Menispermaceae и

Loganiaceae. Зависно од кои растенија се добива содржи различни алкалоиди,

но во основа нивната фармаколошка активност е речиси идентична.

Во хемиски поглед кураре добиен од Menispermaceae видови содржи

изохинолински тип на алкалоиди , а од Loganiaceae индол тип на алкалоиди.

Двата вида на алкалоиди содржат кватерен азот и се јавуваат како кватерни

амониум соли. Најзначаен алкалоид на Menispermaceae – кураре е

бисбензилтетрахидроизохинолински алкалоиди (+) –тубокурарин, кој има глава

– опаш врзување, асиметрична структура, кватерен амониум јон и два етерски

6

Page 7: Алкалоиди деривати на фенилаланин и тирозин

Алкалоиди деривати на фенилаланин и тирозин

моста што поврзуваат две коклаурински единици. Од други алкалоиди во овој

тип кураре позначајни се: курин, изохондродентрин и хондрокурин.

Кураре добиен од Loganiaceae претставници содржи симетрични

бисиндолински структури, односно удвоени стрихнаниски структури. Занчајни

се: С- токсиферин, С- курарин и др.

Фармаколошка активност и употреба:

Природните кураре алкалоиди се неуромускуларни блокатори, активни само

при парентерална употреба, бидејки од дигестивниот тракт не се ресорбираат.

Ги блокираат холинергичните рецептори на моторните плочи на скелетните

мускули, блокирајќи го врзувањето на ацетилхолинот ( компетиција).

Предизвикуваат релаксација на мускулниот тонус и прогресивна парализа.

Природни кураре алкалоиди, особено тубокураринот се користат како

миорелаксантни средства во хирургијата за отпуштање на мускулите, а се

применуваат паралелно со анестезија. Денес е повеќе се користат нивни

полусинтетски и синтетски деривати. Меѓу нив особено е значаен

семисинтетскиот С- токсиферински дериват алкурониум хлорид, кој хемиски

претставува N,N- диалилнортоксиферин.

7

Page 8: Алкалоиди деривати на фенилаланин и тирозин

Алкалоиди деривати на фенилаланин и тирозин

Апорфирински алкалоиди

Апорфиринските алкалоиди се голема група на соединенија, околу 500, со

структури на проапорфини и апорфини или нивни деривати. Апорфини и

норапорфини се N- метил деривати што на С1 и С2 имаат хидроксилна, метокси

или метилендиокси група. Често се супституирани на С9 и на С10 или на С11, во

едната или во двете позиции, поретко на С8 или на С3. На С7 понекогаш се

оксидирани, поретко на С4, а познати се 7- алкил апорфини и различни

деградациони продукти од кои се позначајни фенантрените.

.

Апорфините покажуваат значителна фармаколошка активност. Тие се:

депресори на CNS, допаминергични антагонисти, антитусици (глауцин),

фунгистатици и др. Практична примена имаат:

Болдин (изолиран од Peumus boldus Mol., Monimiaceae), кој

традиционално се користи како холеретик и холагог и при состојби на

лошо варење на храната, додека фитопрепаратите со екстракти од

дрогата Boldo folium се користат за третман на бубрежни дисфункции;

Глауцин (изолиран од Glaucinum flavum L., Papaveraceae), кој се користи

во препаратите со антитусично дејство;

Апоморфин, полусинтетски препарат кој се добива со кисела деградација

на морфин на висока температура. Претставува допаминергичен D2

агонист, асе користи во третман на Паркинсонова болест (субкутани

инјекции). Апоморфинот може да предизвика гастроинтестинални пречки

(гадење и емеза) и вообичаено се дава заедно со некој допаминергичен

антагонист (на пр. домперидон), за да се превенира емезата. Од друга

страна, еметичната активност на апоморфинот наоѓа примена за

предизвикување на емеза при различни труења, но само во случаи кога

8

Page 9: Алкалоиди деривати на фенилаланин и тирозин

Алкалоиди деривати на фенилаланин и тирозин

емезата не е контраиндицирана, како што се труења со јаки алкалии,

труења со опијати, респираторна депресија, срцева инсуфициенција или

хипертензија. Апоморфинот наоѓа примена во програмите за

одвикнување од алкохолизам.

Протоберберински алкалоиди и нивни деривати

Протоберберините се широко распространети кватернерни или терциерни

тетрациклични алкалоиди што се наоѓаат во претставнници од:

Berberidaceae, Menispermaceae, Ranunculaceae, Annonaceae и Papaveraceae.

Како и други изохинолински алкалоиди, настануваат од бензил-

тетрахидроизохинолин, така што С8 атомот настанат од оксидација на N-CH3

радикал од изохинолинот циклизира под дејство на ензимот BBE (berberine

bridge enzyme). Продуктот на циклизацијата е тетрахидропротоберберин од

кој со реакции на оксидација, реаранжирање на молекулите и други

промени, настануваат низа протобеберински структури.

Протоберберинските алкалоиди поседуваат разновидна и интересна

фармаколошка активност. Денес само неколку природни или делумно

трансформирани алкалоиди се користат во терапија. Најзначајни се:

Берберин, антибактериски агенс, фунгистатик и антипаразитик,

изолиран од , антибактериски агенс, фунгистатик и антипаразитик,

изолиран од Berberis vulgaris L., Berberidaceae. Во терапијата се

користи за лекување инфекции и иритации на око;

Хидрастин, во комбинација со други состојки се користи за

производство на капки за очи, што се користат за третман на

конјуктивитис (алиргиски или иритративен). Наоѓа примена за третман

на гастроинтестинални нарушувања. Изолиран од Hydrastis

Canadensis L., Berberidaceae;

Протопин, спазмолитик, антихолинергик, антиаритмик,

антибактериски агенс, изолиран од Fumaria officinalis L., Papaveraceae.

9

Page 10: Алкалоиди деривати на фенилаланин и тирозин

Алкалоиди деривати на фенилаланин и тирозин

Дрогите што содржат протоберберински алкалоиди се користат заизработка на

различни галенски препарати. Во оваа смисла се значајни: Hydrastidis rhizome,

Hydrastis Canadensis, Ranunculaceae, Berberidis radicis cortex, Berberis vulдaris,

Berberidaceae, Fumariae herba, Fumaria officinalis, Papaveraceae, Chelidonoii

herba, Chelidonium majus, Papaveraceae, Sanдuinariae rhizome, Sanдuinaria

Canadensis, Papaveraceae, Rheados flos, Papaver rhoeas, Papaveraceae и др.

Заклучок:

Сите споменати алкалоиди, кураре алкалоидите, апорфиринските

алкалоиди, протоберберинските, фенилалкиламинските и изохинолинските

алкалоиди се употребуваат како миорелаксантни средства, како холагог,

холеретик, при инфекции, иритации, како спазмолитици и др.

Користена литература10

Page 11: Алкалоиди деривати на фенилаланин и тирозин

Алкалоиди деривати на фенилаланин и тирозин

Кулеванова С и Христова М. Фармакогнозија: Фитохемија и

природни и лековити ароматични суровини 2004, Култура

Д-р Туцаков. Ј “Лечење биљем, фитотерапија “

http :// polj . uns . ac . rs / predmeti / HEMIJA / AMINO %20 KISELINE -2008-9. pdf

http://www.google.com/imgres?

q=tyrosin

e

&

hl=e

n

&

biw=102

4 & bih=667 & tbm=isch & tbnid=0ka6MmaKA6MMXM: & imgrefurl=http://

home.caregroup.org/clinical/altmed/interactions/Nutrients/

Tyrosine.htm & docid=U-rOj6rpUnRk-M & imgurl=http://home.caregroup.org/

clinical/altmed/interactions/Images/Nutrients/

tyrosine.gi

f

&

w=33

8

&

h=14

7

&

ei=oYXiTtXLKcvCswaRrLypB

11