СЕМИНАРСКА ФИНАНСИСКО СМЕТКОВОДСТВО

26
С О Д Р Ж И Н А Вовед ................................................................ ...................................................................... .... 3 1. Приходи од продажба на стоки..................................... ............................................. 6 1.1. Илустрација за примена на МСС 18 кај продажбата на стоки...... ........................ 7 1.2. Практични примери кај продажбата на стоки..................... ........... ……………... 10 2. Приходи од давање на услуги...................................... ..................... ……………….11 2.1. Илустрација за примена на МСС 18 при давање на услуги......... ........................13 2.2. Практични примери кај давањето на услуги...................... ............ ……………….15 3. Приходи од камати, тантиеми и дивиденди.......................... ................................ 16 4. Останати деловни приходи и вонредни приходи...................... ...........................17 4.1. Приходи од субвенции, дотации, регреси, компензации и другинадомести………………………………………………………………………….. 17 4.2. Приходи од даноци и придонеси................................. ...........................................17 4.3. Приходи од укинување на долгогодишните резервирања и ододложени приходи …………………………………………………………………… 17 1

Upload: elena-kostoska

Post on 29-Jul-2015

1.311 views

Category:

Documents


14 download

TRANSCRIPT

Page 1: СЕМИНАРСКА ФИНАНСИСКО СМЕТКОВОДСТВО

С О Д Р Ж И Н АВовед ..........................................................................................................................................  3

1. Приходи од продажба на стоки..................................................................................  6

1.1. Илустрација за примена на МСС 18 кај продажбата на стоки.............................. 7 

1.2. Практични примери кај продажбата на стоки................................ ……………... 10 

2. Приходи од давање на услуги........................................................... ……………….11 

2.1. Илустрација за примена на МСС 18 при давање на услуги.................................13 

2.2. Практични примери кај давањето на услуги.................................. ……………….15 

3. Приходи од камати, тантиеми и дивиденди.......................................................... 16 

4. Останати деловни приходи и вонредни приходи.................................................17 

4.1. Приходи од субвенции, дотации, регреси, компензации и другинадомести………………………………………………………………………….. 17

 4.2. Приходи од даноци и придонеси............................................................................17

 4.3. Приходи од укинување на долгогодишните резервирања и

ододложени приходи …………………………………………………………………… 17 

4.4. Приходи од продажба на постојани средства...................................................... 17 

4.5. Приходи од отпис на обврски и приходи од вишоци............................................ 18 

4.6. Приходи од наплатени пенали, неподигнати капари,отстапници, награди...................................................................................  18

 4.7. Приходи од наплатени отпишани побарувања.................................................... 18

 4.8. Приходи од поранешни години.............................................................................. 19

 4.9. Приходи по основ на рекламна пропаганда, донации

испозорства …………………………………………………...................................... 19 

4.10. Останати неспомнати деловни приходи............................................................... 19

5. Вонредни приходи.......................................................................................................19

6. Користена литература ................................................................................................20

1

Page 2: СЕМИНАРСКА ФИНАНСИСКО СМЕТКОВОДСТВО

ВОВЕД – ПРИХОДИ

Во овој труд приходите се третирани од аспект на МСФИ. Ќе бидатразгледани следните видови:  –  приходи од продажба на стоки;  –  приходи од давање на услуги; – приходи од користење на други средства на претпријатието со кои сезаработува камата, тантиеми и дивиденди; – останати деловни приходи и вонредни приходи.

Ќе се осврнеме на најчесто застапените приходи во нашата практика. Притоа,покрај барањата предвидени во МСС дадени се и едноставни практични примерикои треба да помогнат во согледувањето на суштината за признавање и мерењена одделниот вид на приход. Сепак, најнапред се осврнуваме на следните трипрашања кои се значајни за сите видови приходи:1. како се дефинира приходот согласно МСС 18;2. што е објективна вредност;3. како треба да се мерат приходите.

1) Приходи се бруто приливи на економски користи за време напресметковниот период кои произлегуваат во текот на редовните активности наедно претпријатие кога таквите приливи резултираат во зголемување наглавнината, освен оние зголемувања кои се однесуваат на придонесите воглавнината од страна на учесниците. Приходите ги вклучуваат само применитебруто приливи на економски користи и побарувања од страна на претпријатиетона неговата сметка. Наплатените износи за сметка на трети лица какви што седаноците на продажбата, даноците за стоките и услугите и даноците надодадената вредност, не се економски користи кои значат прилив вопретпријатието и не резултираат во зголемување на главнината. Според тоа, тиесе исклучуваат од приходите. На сличен начин и во посредничкиот однос, брутоприливите на економските користи вклучуваат наплатени износи за сметка нанаредбодавателот и тие не резултираат во зголемување на главнината напретпријатието. Тие износи кои се наплатени во име на наредбодателот на сеприходи. Наместо тоа, приход претставува износот на провизијата.

2

Page 3: СЕМИНАРСКА ФИНАНСИСКО СМЕТКОВОДСТВО

2) Објективна вредност е износот за кој некое средство може да се размениили обврска да се надомести (подмири) помеѓу познати и заинтересирани(подготвени) странки во трансакции пред спогодба.3) Приходите треба да се мерат според нивната објективна вредност,примениот надомест или побарувањето. Износот на приходот кој произлегува однекоја трансакција обично се утврдува со договор помеѓу претпријатието икупувачот или корисникот на средството. Тој се мери според објективнатавредност на примениот надомест или побарувањето земајќи го предвид износотна било каквите трговски и количински попусти кои му се одобрени напретпријатието. Во многу случаи надоместот е во парични средства илиеквиваленти на паричните средства и износот на приходите е износ на паричнисредства или примени еквиваленти на паричните средства или побарување.Меѓутоа, кога приливот на парични средства или еквиваленти на паричнисредства е одложен, објективната вредност на надоместот може да биде понискa од номиналниот износ од примените парични средства или побарувањето. На пример, едно претпријатие може да му даде бескаматен кредит на купувачот илида прими меница како надомест за продадена стока која има каматна стапкапониска од пазарната. Доколку договорот претствува финансиска трансакција,објективната вредност на надоместокот се утврдува по пат на дисконтирање насите идни примања користејќи една импутирана каматна стапка. Импутиранатакаматна стапка појасно може да се утврдува како:- стапка која преовладува во сличен инструмент на некој корисник сосличен облик на кредитирање; или - каматна стапка која го дисконтира номиналниот износ на инструментотна тековна парична продажна цена за стоките и услугите.Разликата помеѓу објективната вредност и номиналниот износ нанадоместот се признава како приход од камата.Кога стоките или услугите, кои се слични по својата природа и вредност, серазменуваат или се заменуваат, оваа размена не се смета како трансакција којасоздава приход. Ова е чест случај со стоките какви што се нафтата или млекотопри што добавувачите меѓусебно разменуваат или заменуваат залихи одразлични локации за да ја задоволат побарувачката на времена основа во некојапосебна локација. Кога стоките се продаваат или услугите се даваат во замена нанеслични стоки или услуги, размената се смета како трансакција која создаваприход. Приходот се мери според објективната вредност на стоките илипримените услуги, корегирана за износот на било какви паричини средства илипренесени еквиваленти на парични средства. Кога објективната вредност напримените стоки или услуги не може веродостојно да се мери, приходот се мериспоред објективната вредност на стоките и услугите кои се преотстапени,приспособени за износот на паричните средства или пренесени еквиваленти напарични средства.

3

Page 4: СЕМИНАРСКА ФИНАНСИСКО СМЕТКОВОДСТВО

Критериумите за признавање обично се применуваат посебно за секојатрансакција. Меѓутоа, во извесни околности неопходно е да се применикритериумот за признавање на компоненти кои посебно можат да бидатидентификувани во една единствена трансакција со цел да ја одрази суштинатана трансакцијата. На пример, ако продажната цена на производот содржи износ науслуга кој подоцна може да се идентификува, тој износ се разграничува и сепризнава како приход во текот на периодот за време на давањето на услугата.Спротивно на тоа, критериумот за признавање се приложува на две илиповеќе трансакции наеднаш кога тие се поврзани на таков начин што не може дасе разбере комерцијалниот ефект доколку не се согледа низата на трансакциикако целина. Така на пример, едно претпријатие може да продаде стоки и, во истовреме, да склучи посебен договор за подоцнежно повторно купување на стоки, сошто го негира ефектот од таа трансакција, и во тој случај, двете трансакции сетретираат заедно.

4

Page 5: СЕМИНАРСКА ФИНАНСИСКО СМЕТКОВОДСТВО

1.Приходи од продажба на стоки

Согласно МСС 18 стоките ги вклучуваат производите произведени од страна на претпријатието со цел да бидат продадени и стоките купени запрепродажба, какви што се стоките купени од страна на некој продавач на малоили земјиште и друга недвижност наменета за продажба.Приходите од продажбата на стоки треба да бидат признати кога ќе сеисполнат во целост следните услови:- претпријатието му пренело на купувачот значајни ризици и користи одсопственоста на стоките;- претпријатието не задржува постојана менаџерска инволвираност достепенот кој обично се поврзува со сопственоста, ниту има вистинска контрола врзпродадените стоки;- износ на приходите кои можат веродостојно да се мерат;- веројатно е дека економските користи ќе дојдат како прилив вопретпријатието; и- настанатите трошоци или трошоците кои треба да бидат настанати воврска со трансакцијата можат веродостојно да се мерат.Проценката за тоа кога едно претпријатие пренело значајни ризици икористи од сопственоста на купувачот бара испитување на околностите натрансакцијата. Во многу случаи преносот на ризиците и користите од сопственостасе совпаѓа со преносот на правото на сопственоста или преносот напоседувањето на купувачот. Ова во најголем број на случаи е во трговијата намало. Во други случаи преносот на ризиците и користите од сопственоста сеслучува во некое друго време различно од времето на преносот на законскотоправо на сопственоста или преносот на поседување.Доколку претпријатието задржува значајни ризици на сопственоста,трансакцијата не е продажба и не се признава како приход. Претпријатието може да задржи значаен ризик во сопственоста на повеќе начини. Примери на ситуаци и во кои претпријатието може да задржи значајни ризици и користи на сопственостасе:- кога претпријатието задржува некоја обврска за незадоволителноизвршена работа, која не е опфатена со вообичаени резервирања за емства;- кога примањето на приход од поединечна продажба на неговата стока енеизвесно;- кога испорачаните стоки се предмет на монтажа и монтажата претставувазначаен дел на договорот кој се уште не е извршен од претпријатието; и - кога купувачот има право да го отповика купувањето поради причини коисе наведени во договорот за продажба и на претпријатието не му е извеснаверојатноста на надоместот.

5

Page 6: СЕМИНАРСКА ФИНАНСИСКО СМЕТКОВОДСТВО

Доколку претпријатието задржува само незначителен ризик насопственоста, трансакцијата е продажба и приходот се признава. На пример,продавачот може да задржи право на сопственост на стоките единствено со целда го наплати износот кој достасува. Во таков случај, доколку претпријатиетопренело значителни ризици и користи на сопственост, трансакцијата е продажба иприходот се признава. Друг пример кога претпријатието задржува само безначаен ризик на сопственост, може да биде трговијата на мало, кога рефундирањето сенуди доколку купувачот не е задоволен. Приходот во таков случај се признава вовремето на продажбата, под претпоставка продавачот веродостојно да ги процениидните враќања и да ја признае обврската за враќањата засновани на претходноискуство и другите релевантни фактори. 

Приход се признава само кога е веројатно дека претпријатието ќе имаприлив на економски користи во врска со трансакцијата. Во некои случаи, тоаможе да не биде веројатно се додека надоместот не е примен или додеканеизвесноста не е отстранета. На пример, може да биде неверојатно декастранските државни власти можат да дадат дозвола за исплата на надомест запродажба во странство. Кога се дава дозволата, неизвесноста се отстранува иприходот се признава. Меѓутоа, кога неизвесноста произлегува поради наплататана износот кој веќе е вклучен во приходот, ненаплатениот износ или износот за којнаплатата престанала да биде веројатна се признава како расход наместо какоисправка на износот на приходот кој бил порано признаен. Приходи и расходи кои се однесуваат на иста трансакција или друг настансе признаваат истовремено. Овој процес е општо прифатен какоспротивставување на приходите со расходите. Расходите, вклучувајќи ги емстватаи другите трошоци кои се стекнуваат по испораката на стоките, можат нормалноверодостојно да се мерат кога условите за признавање на приходот ќе бидатисполнети. Меѓутоа, приход не може да се признае кога расходите не можатверодостојно да се мерат и во такви околности, било каква наплата веќе применаза продажба на стоки се признава како обврска. 

1.1 Илустрација за примена на МСС 18 кај продажбата на стоки

Во продолжение ќе се осврнеме на приходите од аспект на додатокот кон МСС 18 (Приходи). Притоа особено треба да се има во предвид дека овој додаток е само илустрација и не е составен дел на стандардот и дека негова цел е да јаприкаже примената на стандардот како и да помогне во разјаснувањето нанеговото значење во бројните комерцијални ситуации. Примерите посветуваатвнимание на поединечните аспекти на трансакцијата и детално не ги објаснуваат сите релевантни чинители кои можат да имаат влијание на признавањето на приходите. Овие примери обично претпоставуваат дека приходот сигурно може да се измери и дека е веројатен приливот на економски користи во

6

Page 7: СЕМИНАРСКА ФИНАНСИСКО СМЕТКОВОДСТВО

претпријатието,при што настанатите или трошоците кои ќе настанат сигурно можат да се измерат.Овие примери не ги менуваат ниту пак се надредени на стандардите. Во оваа точка се дадени примери кои се однесуваат на приходите од продажба на стоки, а приходите од давање на услуги и од камати тантиеми и дивиденди се дадени понатаму во текстот. Напоменуваме дека претходно наведените претпоставки во овој наслов важат и за тие наслови:

1) "Прифатена сметка за продажба" според која испораката се одлага набарање на купувачот, но купувачот ја презема сопственоста и го прифаќафактурирањето.

Приходот се признава кога купувачот ќе ја преземе сопственоста подследните услови: (а) веројатно е дека испораката ќе биде извршена;(б) предметот на продажбата е на располагање, идентификуван и спременза испорака на купувачот во времето во кое се признава приходот од продажба;(в) купувачот дава посебни инструкции за одлагање на испораката и(г) се применуваат вообичаените услови на плаќање.Приходот не се признава ако постои само намера за стекнување илипроизводство на стоките во времето на испорака.

2) Стока испорачана според следните услови:

(а) поставување и надзорВообичаено приходот се признава кога купувачот ја прифаќа испораката икога поставувањето и надзорот се довршени. Меѓутоа, приходот веднаш сепризнава доколку купувачот ја прифати испораката според следните услови:- според својата природа постапката на поставување е едноставна, на примерпоставување на фабрички тестиран телевизиски приемник кој изискува самораспакување и приклучување на струја и антена или- надзорот се обавува само поради конечно одредување на договорните цени,на пример, испорака на железна руда, шеќер или соја.

б) со одобрение, ако купувачот договорил ограничено право на повратАко постои неизвесност околу можностите за поврат, приходот се признавакога купувачот формално ќе ја прифати испораката или кога стоката е испорачана,а времето за рекламација е истечено.

(в) консигнациона продажбаспоред која примачот (купувачот) ја презема продажбата на стоката во име наиспорачателот (продавачот). Приходот го признава испорачателот когапримателот ја продал стоката на трета странка.

3) Резервирана продажба според која стоката се испорачува дури кога купувачотцелосно ќе го изврши плаќањето кое се врши на рати.

Приходот од таквата продажба се признава кога стоката ќе бидеиспорачана. Меѓутоа, кога искуството покажува дека поголемиот дел од

7

Page 8: СЕМИНАРСКА ФИНАНСИСКО СМЕТКОВОДСТВО

таквитепродажби е довршен, приходите можат да се признаат кога е примена поголематауплата, под услов стоката да е на располагање, идентификувана и спремна заиспорака на купувачот.

4) Нарачки кај кои плаќањето (или делумното плаќање) е примено однапред заиспорака на стока која моментно ја нема на залиха, на пример, стоката треба дабиде произведена или на купувачот ќе му биде испорачана директно од третастранка. Приходот се признава кога стоката му е испорачана на купувачот.

5) Договор за продажба или повторна продажба (освен трансакциите на замена)според кои продавачот едновремено прифаќа подоцна повторно да ја купи истатастока или кога продавачот има можност да биде повикан повторно да купи иликога купувачот има можност од продавачот да бара повторно купување на стоката.Условите на договорот треба да се анализираат со цел да се утврди далипродавачот вистински ги пренел ризиците и сопственоста на купувачот и потоа сепризнава приходот. Ако продавачот ги задржал ризиците и користите одсопственоста, дури и таму каде што сопственоста правно е пренесена,трансакцијата претставува финансиски аранжман и не создава приходи.

6) Продажба на посредници, како што се дистрибутери, препродавачи или други,за повторна продажба. Приходите од такви продажби обично се признаваат когасе пренесени ризиците и користите од сопственоста. Меѓутоа, ако купувачотвсушност делува како застапник, со таквата продажба се постапува како соконсигнациона продажба.

7) Претплата на публикации и слични ставки.Доколку односните предмети се со слична вредност, приходот се признаварамномерно во текот на периодот во кој се испорачани тие предмети. Акопредметите имаат различни вредности од период во период, приходот сепризнава врз основа на вредноста на испорачаните предмети во однос на вкупнопроценетата продажна вредност на сите предмети на кои се однесувапретплатата.

8) Продажба на рати при која надоместот може да се побарува во рати.Приходот во висина на продажната цена, без камати, се признава на датумот напродажбата. Продажната цена е сегашна вредност на надоместот одредена содисконтирање на ратите според импутирана каматна стапка. Каматата е елементкој се признава како приход во периодот во кој што е заработена земајќи ја вопредвид и импутираната каматна стапка.

9) Продажба на недвижен имот.Приходот обично се признава кога сопственоста правно е пренесена на купувачот.Меѓутоа, во некои законодавства уделот во сопственоста на недвижноста може дасе пренесе на купувачот пред сопственоста целосно правно да биде пренесена ипоради тоа ризиците и користите од сопственоста се пренесуваат во таа фаза. Вотаквите случаи, под услов продавачот веќе да нема важни обврски

8

Page 9: СЕМИНАРСКА ФИНАНСИСКО СМЕТКОВОДСТВО

за да гоисполни договорот, би било соодветно да се признае приходот. Во друг случај, акопродавачот, се обврзал да изврши било кое важно дејствие после правниотпренос на сопственоста, приходот се признава откако дејствието ќе бидеизвршено. Пример е зграда или друг објект во изградба кој сеуште не е завршен.Во некои случаи недвижниот имот може да се продаде, а продавачот до одреденамерка да остане и понатаму врзан за имотот така да ризиците и користите одсопственоста не се пренесени. Пример за тоа се договорите за продажба иповторно купување, кои содржат опција според која продавачот гарантира дека ќе ја користи таа недвижност за одреден временски период или продавачотгарантира поврат на вложувањата кои ги направил купувачот за одреденвременски период. Во такви случаи видот и опсегот на натамошната поврзаносткоја се однесува на продавачот го одредува начинот според кој ќе бидепресметана трансакцијата. Таа може да се пресмета како продажба,финансирање, наем или некој друг аранжман со кој се учествува во добивката.Ако оваа трансакција се пресметува како продажба, понатамошната вклученост на продавачот може да го одложи признавањето на приходот.

Продавачот исто така мора да ги согледа начините на плаќање и доказитедека купувачот преземал обврска да го изврши целокупното плаќање. На пример,кога примените вкупни уплати, вклучувајќи ја и почетната уплата на купувачот илипостапното плаќање, не даваат доволен доказ дека обврската на купувачот заплаќање е во целост извршена, приходот се признава само до висина на примениот износ.

1.2. Практични примери кај продажбата на стоки

Пример 1Трговското друштво "А" продало трговски стоки на купувач во земјата вовредност од 200.000 денари. Набавната вредност изнесува 160.000 денари. ДДВ изнесува 36.000 денари.Книжење:120 - Побарувања од купувачите во земјата 236.000 751 - Приходи од продажба на производи, стоки и услуги на домашен пазар  200.000 260- Обврски за ДДВ  36.000 701 - Набавна вредност на продадени стоки 160.000 660 - Стоки на залиха  160.000

Пример 2Трговското друштво "А" продава компјутери. Еден компјутер чија набавнавредност изнесува 60.000 денари друштвото го земало за сопствена употреба восметководството.Книжење:022 - Постројки и опрема 60.000 660 - Стоки на залиха  60.000

Пример 3

9

Page 10: СЕМИНАРСКА ФИНАНСИСКО СМЕТКОВОДСТВО

Трговското друштво "А" продава канцелариски материјали. За сопственипотреби друштвото од залихата на трговски стоки земало хартија за копирањечија набавна вредност изнесува 1.000 денари.Книжење:703 – Расходи по основ на продадени стоки и материјали 1.000 660 - Стоки на залиха  1.000

2. Приходи од давање на услуги

Давањето на услуги типично ја опфаќа способноста на претпријатието да гоизврши договореното барање во договорен период на време. Услугите можат дасе даваат во рамките на еден единствен период или во рамките на повеќе од еденпериод. Некои договори за давање на услуги директно се поврзани со договоритеза изградба, како на пример, оние за услугите во врска со проектите наменаџерите и архитектите. Приходите кои произлегуваат од ваквите договори сетретираат во согласност со барањата за договори за изградба.

Кога резултатот од трансакцијата опфатен со давањето на услугите можеверодостојно да се оцени, приходот во врска со трансакцијата треба да сепризнае според степенот на довршеноста на датумот на сочинувањето набилансот на состојбата. Реултатот на трансакцијата може веродостојно да сепроцени ако се исполнат следните услови:(а) износот на приходот може веродостојно да се мери;(б) веројатно е дека претпријатието ќе има прилив на економски користи воврскасо трансакцијата;(в) степенот на довршеноста на трансакцијата на датумот на сочинувањетона билансот на состојбата може веродостојно да се измери; и(г) трошоците стекнати за трансакцијата и трошоците за довршување натрансак-цијата можат веродостојно да се мерат.Признавањето на приход во зависност од степенот на довршеноста натрансакцијата често пати се третира како метода на процент на довршеност.Според оваа метода, приходот се признава во пресметковниот период во кој седадени услугите. Признавањето на приходот на ваква основа дава кориснаинформација за обемот на услужната активност и успешноста во работењето завреме на пресметковниот период. Меѓународниот сметководствен стандард МСС11, Договори за изградба, исто така бара признавање на приход на таа основа.Барањата на тој стандард во целина земено се применети во признавањето наприходите и се поврзани со расходите за трансакции кои опфаќаат давање науслуги.

Приход се признава само кога е веројатно дека претпријатието ќе имаприлив на економски користи во врска со трансакцијата. Меѓутоа, кога се јавуванеизвесност во врска со наплатата на некој износ кој веќе е вклучен во

10

Page 11: СЕМИНАРСКА ФИНАНСИСКО СМЕТКОВОДСТВО

приходот,ненаплатениот износ, или износот за кој престанала веројатноста дека ќе биденаплатен, се признава како расход, а не како исправка на порано признаениотизнос како приход.Претпријатието во целина земено е во можност да направи веродостојнипроценки доколку со другите странки во трансакцијата се сложило со следното:

(а) право на секоја странка во врска со услугата што треба да се даде и дасе прими од страна на странките;(б) надоместот што треба да се размени,(в) начин и рокови на извршување.Исто така, неопходно е претпријатието да има успешно интерно финансископланирање и извештаен систем. Претпријатието ги проверува и, кога е потребно,ги ревидира проценките на приходите откако приходите ќе бидат извршени.Потребата за таквите проверки нужно не покажува дека резултатот натрансакцијата не може веродостојно да се процени. Степенот на довршеноста натрансакцијата може да се утврди по различни методи. Претпријатијата користатметода која ја мери веродостојноста на извршената услуга. Во завиност од видотна трансакцијата, методите вклучуваат:(а) прегледи на извршените работи;(б) извршени услуги до определен датум како процент на вкупните услугикои треба да се извршат; или(в) сразмерен дел на трошоците стекнати до определен датум до вкупнопроценетата сума на трошоците на трансакцијата. Само трошоците кои сеоднесуваат на извршените услуги до определениот датум се вклучуваат востекнатите трошоци до тој датум. Само трошоците кои ги одразуваат услугите илиуслугите кои треба да се извршат се вклучуваат во проценетите вкупни трошоцина трансакцијата.Постепените плаќања и примените аванси од купувачите честопати неодразуваат извршени услуги.Поради практични причини, кога услугите се извршуваат од страна нанеопределен број на дејствувања во рамките на определен период на време,приходот се признава рамномерно во текот на определен период, доколку непостои доказ дека некоја друга метода може подобро да го претстави степенот надовршеноста. Кога едно специфично дејствување е позначајно во споредба сонекое друго дејствување, признавањето на приходот се одлага се доизвршувањето на значајното дејствување.Кога резултатот на трансакцијата која го опфаќа давањето на услуги, неможе веродостојно да се утврди, приходот може да се признае само до висинатана признаените расходи кои што ќе можат да бидат надоместени.Во првите степени на трансакцијата чест е случај резултатот натрансакцијата да не може веродостојно да се процени. Меѓутоа, може да бидеверојатно дека претпријатието ќе ги надомести настанатите трошоци затрансакцијата. Поради тоа, приходот се признава само до висината нанастанатите трошоци кои се очекуваат да бидат надоместени. Бидејќи резултатотна трансакцијата не може веродостојно да се

11

Page 12: СЕМИНАРСКА ФИНАНСИСКО СМЕТКОВОДСТВО

процени, не се признава нитудобивка.Кога резултатот на трансакцијата не може веродостојно да се процени и нее веројатно дека стекнатите трошоци ќе бидат надоместени, приходот не сепризнава а стекнатите трошоци се признаваат како расходи. Кога повеќе непостои неизвесноста, која го попречува резултатот на договорот да можеверодостојно да се процени, приходот се признава според степенот надовршеноста.2.1. Илустрација за примена на МСС 18 при давање на услуги

1)Надомести за поставување (монтажа).Надоместите за поставување (монтажа) се признаваат како приход споредстепенот на довршеност на поставувањето, освен при продажбата на производиво кој случај надоместите се признаваат кога стоката е продадена2) Надомести за сервисирање содржани во цената на производите.Ако продажната цена на производот содржи износ за дополнителносервисирање, а тој износ може да се идентификува (на пример, после продажбана софтвер подоцнежна помош и подобрување), тој износ временски серазграничува и се признава како приход во текот на периодот во кој се обавува услугата. Одложениот износ е оној кој ќе ги покрие очекуваните трошоци на услугите според договорот, заедно со разумна добивка од тие услуги.3) Провизии за огласување.Медиумските провизии се признаваат кога односниот оглас или реклама ќесе појави во јавноста. Провизиите за рекламна продажба се признаваат споредстепенот на довршеност за тој проект.4) Провизии на осигурителните агенции.Примените провизии од осигурителните агенции или нивните побарувања,кои небараат од застапникот натамошно давање на услуги, застапникот ги признава какоприход во моментот кога тој ја презема обврската или на датумот на кој сеобновени односните полиси. Меѓутоа, кога е веројатно дека застапникот ипонатаму ќе дава услуги во периодот кој го опфаќа времетраењето на полисата,провизијата или нејзин дел се одлага и се признава како приход во тек напериодот кога полисата е на сила.5) Провизија за финансиски услуги.Признавањето на приходи кај провизиите за финансиски услуги зависи однамената за која се пресметани надоместите и од основата за пресметка на билокои финансиски инструменти. Описот на провизиите за финансиски услуги можебинема да биде показател за видот и суштината на дадената услуга. Според тоа,нужно е да се разликуваат провизиите кои се составен дел на стварниот приносод финансиски инструменти, провизиите кои се заработени од услуги ипровизиите кои се заработени при извршување на важна активност.а) Провизии кои се составен дел на принос од финансиски инструменти.Со таквите провизии обично се постапува како со исправката на стварниотпридонес. Меѓутоа, ако финансискиот инструмент треба да се мери според фервредноста, после неговото почетно признавање провизијата се признава какоприход ако инструментот е почетно признат.б) Провизии кои се заработени кога се извршени услугите.

12

Page 13: СЕМИНАРСКА ФИНАНСИСКО СМЕТКОВОДСТВО

в) Провизија која е заработена при извршување на активност која е многу поважнаод некоја друга важна активност. Оваа провизија се признава како приход когаповажната активност е извршена како штопокажуваат следните примери:-Провизија за доделување акции на коминтентите;Оваа провизија се признава како приход кога акциите се доделени.- Провизија за аранжман - пласман на заем помеѓу заемодавачот изаемопримачот; Оваа провизија се признава кога заемот е договорен.- Провизија за заем каде што има повеќе учесници.6) Влезници.Приходот од уметнички приредби, банкети или други посебни настани сепризнава кога настанот е одржан. Ако се работи за претплата на повеќе настани надоместот се распоредува на секој настан на основа која го одразува опсегот вокој се извршени услугите за секој настан.7) Школарина.Приходот се признава во тек на периодот во кој трае наобразбата.8) Пристапница, влезница и членарина.Приходот се признава зависно од видот на дадените услуги. Ако надоместот допушта само членство, а сите други услуги и производи се плаќаатзасебно или ако постои посебна годишна претплата, надоместот се признава какоприход кога не постои поголема несигурност за негова наплата. Ако надоместотму овозможува на членот да ги користи услугите или публикациите додека траечленството или купување на стоки или услуги по пониска цена од онаа што им сенаплатува на нечленовите, надоместот се признава на основа која го одразувавремето, видот и вредноста на пружените користи.9)Франшизи.Франшизата може да содржи испорака на почетни или дополнителниуслуги, опрема и други материјални средства како и "да се знае како" ("know-how").Според тоа, франшизата се признава како приход на основа која ја одразуванамената за која е остварен надоместот.Методите за признавање на франшизата се следни:а) Испорака на опрема и други материјални средства.Износот, темелен на фер вредноста на продаденото средство, се признава какоприход кога предметот е доставен или го променил сопственикот.б) Испорака на почетни и дополнителни услуги.Провизијата за континуирано давање на услуги, зависно од тоа дали е дел напочетна или засебна провизија се признава како приход кога услугата е извршена.Ако посебната провизија не го покрива трошокот на континуираните услуги заедносо разумна добивка, делот од почетната провизија, кој е доволен да ги покриетрошоците на континуираните услуги и да осигура разумна добивка од тие услуги,се одлага и се признава како приход кога услугата ќе биде извршена. Договорот за франшиза може да предвиди да давателот на франшизата добавува опрема,залихи и други материјални средства по цена која не осигурува разумна добивка од тие продажби. Во такви околности, делот од почетната провизија, која е доволна да ги покрие проценетите трошоци кои се повисоки од таа цена и даосигура разумна добивка од тие услуги, се одлага и се признава во текот напериодот кога е

13

Page 14: СЕМИНАРСКА ФИНАНСИСКО СМЕТКОВОДСТВО

веројатно дека стоката ќе се продаде на примателот нафраншизата. Салдото на почетната провизија се признава како приход кога ситепочетни услуги и други обврски кои ги бара давателот на франшизата (како што епомош при избор на место, увежбување на персоналот, финасирање иогласување) се главно довршени.Почетните услуги и други обврски според договорот за франшиза можат дазависат од бројните поединечни решенија воспоставени во ова подрачје. Во тојслучај провизијата, која може да се припише на почетните услуги, се признавакако приход сразмерно на бројот на тие решенија за кои почетните услуги главнобиле довршени.Ако почетната провизија се наплатува во тек на периодот кој е продолжен, апостои поголема несигурност околу целосната наплата, провизијата се признава при на платата на паричните рати.в) Континуирани надомести за франшиза.Провизијата за континуирано користење на правата кои се одобрени со договоротили за други услуги дадени во текот на договорниот период, се признава какоприход така како што се даваат услугите или се користат правата.г) Посреднички трансакции.Трансакциите можат да постојат помеѓу давателот и примателот на франшизата,и тие во суштина ги опфаќаат активностите на давателот на франшизата какозастапник на примателот на франшизата. На пример, давателот на франшизатаможе да порача набавка или испорака на стока за примателот на франшизата бездобивка. Таквата трансакција не доведува до приходи.10)Провизија за развој на софтверПровизијата за развој на софтверски решенија се признава како приходспоред степенот на довршеност на тој развој, вклучувајќи ја и довршеноста нададените услуги за услугите на поддршка после испораката.2.2. Практични примери кај давањето на услуги

Пример 1Трговското друштво "А" извршило консалтинг услуга на 25.12.2005. Фактурираниот надомест за услугата изнесува 3.000 денари. ДДВ изнесува 540 денари.Книжење:120 - Побарувања од купувачите во земјата 3.540 751 - Приходи од продажба на производи и услуги 3.000 260- Обврски за ДДВ 540

Пример 2Tрговското друштво "А" продало компјутерска програма за водење насметководство на купувач во земјата. Програмата е инсталирана на 25.12.2005.кога и е издадена фактура во износ од 62.000 денари (без ДДВ). Во оваа цена евклучен надомест од 12.000 денари кој се однесува на одржувањето во текот нацелата 2005 година (1.000 денари месечно).Книжење:120 - Побарувања од купувачите во земјата 73.160 751 - Приходи од продажба на производи,стоки и услуги на домашен пазар  50.000

14

Page 15: СЕМИНАРСКА ФИНАНСИСКО СМЕТКОВОДСТВО

292 - Однапред наплатени (пресметани приходи)  12.000 260- Обврски за ДДВ  11.160

 3. Приходи од камати, тантиеми и дивиденди

Користењето на средствата на претпријатието овозможува појава наприходи и тоа од:- камати - за користење на парични средства и еквиваленти на паричнисредства или износи кои му се должат на претпријатието;- тантиеми - надомести за користење на долгорочни средства напретпријатието како на пример, патенти, заштитни знаци, авторски права икомпјутерски софтвери; - дивиденди - распределба на добивката од страна на поседувачите навложувањата во главнината во сразмери со нивните вложувања вопосебните групи на капиталот.

Приходите кои произлегуваат од употреба на средства на претпријатието оддруги претпријатија со кои се заработуваат камати, тантиеми и дивиденди, требада бидат признаени ако:- постои веројатност дека претпријатието ќе има приливи на економскикористи во врска со трансакцијата; и- износот на приходот може веродостојно да се мери.

Приходите треба да бидат признати на следните основи:- каматите треба да бидат признати сразмерно на времето, така што се земапредвид фактичкиот принос на средствата;- тантиемите треба да бидат признати како пресметани приходи восогласност со суштината на релевантниот договор; и- дивидендите треба да бидат признати кога ќе се утврдат правата наакционерите за примање на наплати.

Фактичкиот принос на едно средство е каматната стапка која се бара задисконтирање на текот на идните парични примања кои се очекуваат за време навекот на употреба на едно средство за да се изедначи со почетниот книговодственизнос на средството. Приходот од камати го вклучува износот на амортизацијатана било каков дисконт, провизија или друга разлика помеѓу почетнатасметководствена вредност на должничката хартија од вредност и неговиот износна денот на достасаноста.Кога ненаплатената камата е пресметана пред стекнување на вложување коеноси камата, дополнителното примање на каматата се алоцира помеѓу периодотпред и по стекнувањето, додека само делот кој се однесува на периодот постекнувањето се признава како приход. Кога дивидендите на акциите на главинатасе објавуваат на нето добивката пред стекнувањето, таквите дивиденди сеодземаат од трошоците на хартии од вредност. Доколку е тешко да се направаттакви алокации,

15

Page 16: СЕМИНАРСКА ФИНАНСИСКО СМЕТКОВОДСТВО

освен на арбитражна основа, дивидендите се признаваат какоприход доколку тие јасно претставуваат надомест на дел од трошоците нахартиите од вредност на главнината.Тантиемите пресметани во согласност со условите на соодветниот договор,обично се признаваат на таа основа, освен ако, имајќи ја предвид суштината наовој договор, е поупатно да се признаат како приход на некоја систематска ирационална основа.Приходот се признава само кога е веројатно дека претпријатието ќе има приливи на економски користи во врска со трансакцијата. Меѓутоа, кога се јавуванеизвесност во врска со наплатата на некој износ веќе вклучен во приходот,ненаплатениот износ или износот за кој веројатноста за надомест престанала дапостои, се признава како расход, наместо да се исправува порано признатиотприход.

4. Останати деловни приходи и вонредни приходи

4.1. Приходи од субвенции, дотации, регреси, компензации и други надомести

Овие приходи се утврдуваат кога ќе се утврди правото за остварување наприходот по тој основ, без оглед на тоа дали тие се наплатени или не. По правилоовие приходи се остваруваат како резултат на мерките на економската политикасо кои се настојува да се остварат одредени цели. За да биде констатиранприходот неопходно е документацијата врз основа на која се пресметуваат овиеприходи да биде потврдена од страна на надлежен орган од кој што сеостваруваат приходите.

4.2. Приходи од даноци и придонеси

Оваа група приходи по правило се остварува кај субјектите кои обавуваатнестопанска дејност и преку нив овие субјекти обезбедуваат средства зафинансирање на својата дејност. Сето она што беше кажано во врска со дватауслови кои треба да бидат исполнети за да приходот се смета за остварен,соодветно се применуваат и за оваа група приходи.

4.3. Приходи од укинување на долгогодишните резервирања и од одложени приходи

Оваа група на приходи настанува по основ на укинување односно намалување надолгорочните резервирања. Вкалкулираните резервирања се евидентирани на товар на сметките од групата 42, а во корист на сметките одгрупата 28. Кога ќе настанат трошоците резервирањето се укинува со задолжување на соодветната сметка од групата 28, а во корист на сметката 772.

4.4. Приходи од продажба на постојани средства

16

Page 17: СЕМИНАРСКА ФИНАНСИСКО СМЕТКОВОДСТВО

Приходи од продажба на постојан имот се пресметуваат кога како предметна продажба се јавуваат постојаните средства со кои располага субјектот, при штоспецифично е тоа што вкупниот износ на приходот се намалува за износот накапиталната добивка. Доколку при продажбата на основните средства не сеоствари капитална добивка тогаш целиот приход се искажува на сметката 773.Продажбата на постојаниот имот се книжи, на тој начин што се задолжува соодветната сметка од групата 12 - Купувачи, а се одобрува сметката 773 -приходи од продажба на постојани средства и сметката 779 за евентуалнатакапитална добивка. На оваа сметка, се искажуваат приходите на нематеријалнитесредства како и материјалните средства и хартиите од вредност намалени закапиталната добивка

4.5. Приходи од отпис на обврски и приходи од вишоци

Приходите по основ на отпис на обврски ќе предизвикаат посебен интереспо оваа годишна пресметка. Имено, како резултат на општите регионалнислучувања во изминатите неколку години во билансите на субјектите се присутнимноштво средства и обврски кои имаат фиктивен карактер односно кои што непретставуваат реални средства и обврски. Поради наведеното субјектот е долженда изврши попис на обврските со состојба на 31.12.2004 година при што вопописната листа ќе ги издвои сите обврски кои што се законски застарени.Надлежниот орган на управување во субјектот е должен да ги отпише овиеобврски со своја одлука. Книжењето на отписот на обврските се врши на товар наобврската а во корист на сметката 774. Приходите по овој основ се утврдуваат врзоснова на извршениот попис односно врз основа на одлуката на органот науправување во врска со извршениот попис. Ако со извршениот попис се утврдивишок на одредени средства (парични средства, залихи и други материјалнивредности) тој вишок се евидентира како приход врз основа на одлука однадлежниот орган на правното лице. Книжењата во приходи по оваа основа севршат во корист на сметката 774, а на товар на сметката на кое се однесуваутврдениот вишок.

4.6. Приходи од наплатени пенали, неподигнати капари, отстапници, награди

Овие приходи се остваруваат врз основа на договор, пропис или судскаодлука. Тука се вклучуваат и наградите кои се примаат во материјални вредностиили во пари, подароци и друго. Приходите од наплатените пенали, награди ислично се евидентираат во корист на сметката 775, а на товар сметката 167 (174,177) ако се пресметуваат, односно на товар на сметката 100 кога се наплатуваат.

4.7. Приходи од наплатени отпишани побарувања

Овие приходи се пресметуваат доколку во пресметковниот период субјектотнаплати одредени побарувања кои што претходно биле отпишани, независно одосновот по кој што е извршена наплатата. Овие приходи се книжат на товар на жиро сметката, а во корист на сметката 776.

17

Page 18: СЕМИНАРСКА ФИНАНСИСКО СМЕТКОВОДСТВО

4.8. Приходи од поранешни години

Во оваа група приходи се пресметуваат приходите од претходните годининастанати по бил кој основ. Овие приходи се евидентираат во корист на сметката777, а на товар соодветната сметка на која се искажува побарувањето.

4.9. Приходи по основ на рекламна пропаганда, донации и спозорства

Остварените приходи по основ на реклама, пропаганда, донации испонзорства се евидентираат во корист на сметката 778.

4.10. Останати неспомнати деловни приходи

На сметката 779 се евидентираат сите вонредни приходи кои по ниеденоснов неможат да се вклучат во некоја друга сметка од групата 77. На оваа сметкасе книжи и капиталната добивка

5. Вонредни - невообичаени приходи

Во рамките на оваа група приходите се опфатени преку следните сметки:780 - Приходи од вонредна продажба на значаен дел на постојаните средства781 - Вонредни приходи кои произлегле од значајна промена восметководственатапроценка782 - Вонредни непредвидени приходи789 - Останати вонредни - невообичаени приходиВо рамките на сметките од оваа група се вклучуваат приходите коипотекнуваат од сосема невообичаени настани кои ретко се случуваат и немаатникава поврзаност со настанатите трошоци од редовното работење.

18

Page 19: СЕМИНАРСКА ФИНАНСИСКО СМЕТКОВОДСТВО

6. Користена литература: - www.primeko-revizija.com  - Службен весник 159 од 2009г

19