Девијантни појави

29
Девијантни појави Апстракт Во 21 век се поголема е појавата на девијантните појави и девијантното однесување . Транзицијата која ја зафаќа Република Македонија во овој период, невработеноста , како и нездоволството од начинот на водењето на сопствениот живот во беспарица доведува кај младите до отпочнување на користење на одредени средства со кои се скршнува од правиот пат и тоа истото доведува до девијантно однесување на младите . Се почеста е појавата на девијантните појави кај младите која на некој начин е предизвикана од општествени фактори .Такви девијантни појави се : малолетничката деликвенција , алкохолизмот , наркоманијата , проституцијата , пороците, агресијата и насилствата кои најчесто се јавуваат како последица на претходните и др. Тие девијантни појави кои го зафаќаат македонското општество се проследени со негативни санкции и неприфаќање од општеството. Вовед Поимот девијација има честа употреба и во обичниот говор, но и во науката. Меѓутоа полесно е да се разбере кога ке се рече дека нешто, на пример е девијација на патот (скршнување од правата линија) отколку да се објасни што е општествена девијација. Навистина поголемиот број социолози при 1

Upload: bille-arbovska

Post on 29-Jul-2015

1.695 views

Category:

Documents


9 download

TRANSCRIPT

Page 1: Девијантни појави

Девијантни појави

Апстракт

Во 21 век се поголема е појавата на девијантните појави и девијантното

однесување . Транзицијата која ја зафаќа Република Македонија во овој

период, невработеноста , како и нездоволството од начинот на водењето на

сопствениот живот во беспарица доведува кај младите до отпочнување на

користење на одредени средства со кои се скршнува од правиот пат и тоа

истото доведува до девијантно однесување на младите . Се почеста е појавата

на девијантните појави кај младите која на некој начин е предизвикана од

општествени фактори .Такви девијантни појави се : малолетничката

деликвенција , алкохолизмот , наркоманијата , проституцијата , пороците,

агресијата и насилствата кои најчесто се јавуваат како последица на

претходните и др. Тие девијантни појави кои го зафаќаат македонското

општество се проследени со негативни санкции и неприфаќање од

општеството.

Вовед

Поимот девијација има честа употреба и во обичниот говор, но и во науката.

Меѓутоа полесно е да се разбере кога ке се рече дека нешто, на пример е

девијација на патот (скршнување од правата линија) отколку да се објасни што

е општествена девијација. Навистина поголемиот број социолози при

објаснувањето на поимот девијација се служат со аналогија на претходниот

пример, односно ја разработуваат таа тема. Така девијацијата свртена на тој

начин претставува кршење на оние норми, вредноси и очекувања кои како

пожелни се истакнуваат во некоја општествена група. Во целата досегашна

историја однесувањето на извесен број индивидуи одстапувало од

општоприфатените норми и вредности. Тоа значи дека процесот на

социјализацијата не ги дала очекуваните резултати кај одделни индивидуи. Во

таа смисла што нивното однесување значително одстапувало од очекуваното,

1

Page 2: Девијантни појави

или пак тие се спротивставиле на нормите што ги воспоставиле општествените

групи. Во општеството таквите однесувања се нарекуваат со повеке имиња:

противопштествени или антисоцијални, општествени девијации или појава на

социјална патологија. Без оглед како се нарекуваат тие, за сите нив

карактеристично е што општествената заедница реагира негативно,

надоврзува негативни санкции, или пак поминуваат само со страв на

недоразбирање како однесување во недозволена насока кое ги приминало

границите на толеранцијата на општеството. Таков е на пример случајот на

самоубиствата, алкохолот малолетничката деликвенција, проституцијата и сл.

Макар што социјалните девијации се изразуваат мошне широко и опфаќаат

повеќе видови, без да се навлегува во различните типологии сепак ке

наведеме некои типични девијации: пороците, агресиите и токсикоманиите.

1. Пороци

Пороците претставуваат изопачености на елементарните облици на

општествените активности поврзани со нагонскиот живот на човекот. Во текот

на човечкиот живот нагоните се социјализираат и преобразуваат, односно се

хуманизираат. Така на пример, гладот, жедта, сексуалниот нагон и сл., се

задоволуваат на специфичен начин, различно од другите живи суштества. Меѓу

овие девијации пораширени се сексуалните пороци, особено хомосексуализмот

и проституцијата.

1.1. Проституција

Во општествена смисла проституцијата најчесто се одредува како најстар

занает. Но едновремено се вели дека проституцијата како и сиромаштијата

претставува како еден од најстарите проблеми во општеството. Проституцијата

претставува одредена форма на вонбрачен полов однос кој се одликува со тоа

што лицата кои се проституираат повеќе или помалку без избор, непрекинато

јавно ретко без наплатување, почесто во облик на занаетчиско купување им

даваат на неодредено голем број на лица, услуги за полов акт, за други полови

чинови, им нудат други полови возбудувања и задоволства, ги провоцираат

како резултат на овој неморален зафат добиваат одреден кностантен тип.

2

Page 3: Девијантни појави

Проституцијата е присутна уште од најраните облици на формирање на

општествено уредување па до денес. Се смета дека проституцијата е потребно

зло што може да се толерира и да се контролира во границите на можностите.

Таа е широко распространета, така да ниедна земја со сигурност не може да

каже дека располага со точни податоци. Проститутките се воглавно без никаков

имот, немаат образование, без работа. На проституција се оддаваат поради

безработица, лошо друштво што ги вовело во проституција, додека мал број во

неа барале лесен живот.

За побивање на проституцијата постојат широки мерки на репресија, како за

побивање и отстранување на причините кои довеле до оваа појава, така и

репресивни мерки како спрема проститутките, така и спрема оние што ја

искористуваат проституцијата со нечесни методи на уценување и присилба.

2. Агресии и насилства.

Агресиите и насилството опфаќаат различни форми на манифестирање.

Според некои автори тие претставуваат реакции на социјални незадоволства,

макар што има насислствени реакции кои немаат таква основа, туку

претставуваат празно изживување, без да постои некоја смислена цел. Во овие

девијации особено се значајни самоубиствата и обидите за самоубиства како и

криминалитетот и малолетничкото претстапништво. Меѓу појавите кои посебно

го привлекуваат вниманието на луѓето секако е криминалитетот. Тоа е

девијација при што се напаѓаат различни блага и вредности. Криминалитетот

претставува кршење на законските норми што пак е предвидена казна, а

претстапништвото преставува асоцијално однесување, при што обично се

кршат нормите на јавниот ред и мир во едно општество. Овие дејствиа за

разлика од кривичните дела се смета дека се помалку опасни, па и казните за

нив се поблаги. Малолетничкото претстапништво е збирен поим за сите дела

што ги извршуваат лица на возраст меѓу 14-18 години било да се кривични

дела или дрско и непријатно однесување

3

Page 4: Девијантни појави

2.1. Самоубиство и обиди за самоубиство.

Под самоубиства се подразбира свесно одземање на својот живот. Значи се

работи за свест и пресметливост. Пресудни самоубиства се оние каде што ги

нема свеста и пресметливоста. За да некој човек да подлегне кон самоубиство

му претходат диспозицијата, мотивот и стимулацијата.

- Диспозицијата е основен нагон за живот. Со ова се укажува на фактот

дека самоубиецот нема волја за живот.

- Мотивот може да се бара во:

а) Едногени причини односно едноген мотив, тоа се внатрешни причини

(пример некои тешки неизлечиви болести), при што човекот носител на

смртоносна болест неможе да се помири со тоа и подлегнува на самоубиства.

б) Егзогени мотиви односно надворешни мотиви кои произлегуваат од

економски, политички или верски причини. Под влијание на средината се

појавуваат и самоубијци од типот на наркомани. Тие во еден извесен период

согледуваат што направиле па едноставно не им се живее, а ги мачи и мислата

дека самите се товар на општеството, на фамилијата и под влијание на овие

околности во нивната глава се зацртува идејата за самоубиство и тоа го

прават. Некои мотиви можат да бидат и во извесна мера тенденциозни.

- Стимулансот го засилува дејствието на мотивот, го олицетворува во

некои физиолошки потреби. Како начест стимуланс кај лицата од машки пол

се јавува алкохолот, а кај лицата од женски пол тоа е бременоста,

менструацијата, а кај некои и алкохолот.

2.2. Криминалитет

Против криминалитетот неможе да се води регресивна борба со полн успех,

доколку не постои синхронизирана акција и активност на органите кои се со

закон овластени и задолжени да постапуваат како учесници во кривичната

постапка. Нивната посебна и специфична положба, со оглед на нивната

основна функција, во ништо не ја смалува потребата од меѓусебна соработка.

4

Page 5: Девијантни појави

Напротив, токму таквата нивна функционална поставеност ги упатува едните

на другите на потесна соработка. Во времето кога криминалитетот ги напушта

традиционалните и класичните форми, и кај одделни форми добива форма на

современ и организиран криминал, било појавата на вршењето на кривичните

дела да се јавува во определени средини или во определени временски

периоди, кои непознаваат национални граници, уште повеќе ке се доаѓа до со

знание до потребите од координираната акција од органите на кривичното

гонење. За да може да опстане, секое општество им наметнува на своите

членови определени правила на поведение. Немало, нема и нема ни да има

општество во кое не ке се најдат поединци што нема да ги кршат тие правила.

Најтешките повреди на општествените правила на поведение во досега

познатите класични општествено – економски формации отсекогаш биле еден

составен дел од еден систем на норми што се нарекува кривично право. Како

појава во реалниот свет кривичното дело исто толку ги интересира

социолозите (криминолозите), психијатрите, педагозите и сл., колку и

правниците. Ако секој од нив му приога на овој феномен од аспект на

сопствената специјалност, логично е дека и одговорот на поставеното

прашање ке биде различно. Пристапите можеме да ги поделиме во две големи

групи и тоа: фомални и материјални.

- Формалните пристапи ги интересира формата, а материјалните суштианта на

кривичното дело. Првата ориентација го дава т.н., нормативен поим, втората

т.н., реалистичен поим на кривично дело. Според нормативниот поим

кривичното дело е повреда на нормата содржана во кривичниот закон. Така

кога некој ке убие човек, што е забрането со кривичниот закон, тој не го

повредува законот туку нормата, заповедта „не убиј“ е содржана во неа.

Кривичното дело е поведение на човекот, што законодавецот оценувајќи го

опасно за општеството, го предвидува како кривично дело пропишувајќи казна

или друга санкција за неговиот виновен сторител.

 

5

Page 6: Девијантни појави

3. Токсикоманија.

Под токсикоманија се подразбира патолошко земање на опојни средства со кои

се врши промена на свесната активност често за да се отстраната некои

неповолни лични или групни состојби. Тие се облик на бегство од реалниот

живот. Меѓу овие девијации најпознати се алкохолизмот и наркоманијата.

Алкохолизмот е претерано пиење на алкохолни пијалоци и претставува

сериозен општествен проблем во голем број современи општества.

Алкохоличарите се лица зависни од алкохолни пијалоци во толкава мера што

покажуваат видливи душевни растројства или такви појави кои укажуваат на

оштетување на физичкоти и психичкото однесување, нарушување на односите

со другите лица и влошување на социјалната и економската сосотјба.

Наркоманијата претставува земање на наркотични средства (дроги) кои

токсично делуваат врз организмот и можат да доведат до состојба на психичка,

физичка или психичка и физичка завист. Со земање на такви средства се

модифицираат некои функции на организмот, односно се менуваат чувствата,

расположението, свеста и други психички однесувања. И земањето дроги

станува сериозен општествен проблем во многу земји и во Р. Македонија. Овие

средства доведуваат до сериозни оштетувања на организмот (а во поголеми

количини и смрт), зависниците ги прават неспособни за нормален општествен

живот.

3.1. Алкохoлизам

Алкохолизмот е еден од најголемите социјални и здраствени проблеми, како во

светот така и кај нас. Проблемите поврзани со алкохолот денес се наогаат во

сите структури на живеењето, без оглед на годините, полот, образованието,

социјалниот и економскиот статус. „Алкохолизмот преставува секоја употреба

на алкохолно пијалоци која предизвикува штета на индивидуата, општеството

или на двете страни“. Денеска алкохолизмот е болест број три на современото

човештво и се наога веднаш зад лицата заболени од срце и крвни садови и

рак, се наога пред туберкулозата. Алкохолизмот е многу комплексна, хронична,

постојана болест, најмасовна токсикоманија и е еден од посериозните

проблеми на современата социјална медицина. Дејствието на алкохолот и

психичката и физичката состојба е резултат пред се на дирекниот токсичен

6

Page 7: Девијантни појави

ефект, особено на централниот нервен систем и црниот дроб. Другата група на

дејствиа настанува индиректно, при премин на земање на алкохол, поради

значителен пад на концентрациајта на алкохол во крвта. Одредување на

концентрацијата на крвта се врши на неколку начини:

а) Анализа на крв на напрецизен начин за утврдување на алкохолот во крвта

б) Преглед на гас издишен со дување т.е алкотест

в) анализа на урина и др.

Овој тип на зависност се карактеризира со следните карактеристики:

• развој на психичка зависност со пролонгирано консумирање на поголеми

количества на алкохол,

• промена на однесувањето кон околината и создавање на фамилијарни,

професионални и социјални проблеми,

• проблеми со законот поради чести интоксикации со алкохол,

• ментални нарушувања :љубомора и параноја во бракот , загриженост,

конфузија, лош сон , депресија, дезориентација, визуелни халуцинации.

• сериозни оштетувања на меморијата за нови состојби и други.

3.2. Нарkоманија.

Едно од најголемите зла на денешницата е дрогата. Таа денес низ целиот свет

е распространета. Дрогата одзема многу човечки животи. Таа не ги бира своите

жртви. Штом пробаш еднаш, втор пат веке стануваш зависен. Дрогата на

почетокот ја зема здрав човек, а подоцна го зема болниот човек. Дрогата

предизнивкува физичка и психичка завист. Психичката ја подразбира личност

во тесна врска со дрогата која е засадена длабоко во мозокот на наркоманот, а

потребата од дрога се прикажува како емоционална потреба. Физичката

зависност пак ја опфаќа директната зависност врз низата клетки на телото на

наркоманот, тогаш најчесто го болата коските и мускулите.

Според заклучокот на Светската задравствена организација ,, Зависноста од

лекови- дроги е состојба која е штетна како за поединецот , така и за

општеството". Непосредни штетни дејствија на зависноста од лекови- дроги се

7

Page 8: Девијантни појави

следните:

- органски и дисфункционални оштетувања на организмот , помали и

поголеми од времетраењето на земањето на лекот и многу други фактори,

- психичките нарушувања се манифестираат со промена на личноста ,

намалена концентрација , намалено чувство на одговорност, негрижа за

себе и семејството, намалена критичност. Понатаму се јавува сонливост

или иритабилниост, неурамнотеженост и др.

- намалена работоспособност поради честа употреба на дрога и проблеми

во врска со тоа, евентуално губење на работата,

- кризи во семејството , инциденти во брак , со родителите , децата,

- судири со законот: илегални купувања на дрогите, кражба на дрога и пари,

не избирајќи средства како да се дојде до нив .

На тој начин се формира и фамозниот и трагичен круг : ДРОГА-КРИМИНАЛ-

ПРОСТИТУЦИЈА- БОЛЕСТИ. Глобалните пресметки покажуваат дека годишно

се трошат дури 30 милјарди долари за злоупотреба на разни дроги . Тоа е

само,, еден дел од штетата". Другите ,, делови" се : психичко и морално

пропаѓање на лицата зависни од дрога , многубројни уништени кариери,

разорени бракови, семејства и лични трагедии.Покрај тоа чести се

разбојништвата, убиствата и проституцијата, со тенденција за понатамошно

ширење. Во светот постојат добро вооружени банди кои постојано работат со

дрога која носи голем профит , но затоа постои ио добро организирана

полиција кои истотака со текот на времето стануваат се поспремни и

поуспешни во борбата против ова навистина големо зло.- ,, штетно за

поединецот и за општеството".

8

Page 9: Девијантни појави

МАЛОЛЕТНИЧКА ДЕЛИКВЕНЦИЈА

ВОВЕД

Основна категорија врз која ја одредуваме малолетничката деликвенција е

малолетноста, односно возраста на малоплетните лица што ја детерминирала

како нивната личност така и нивното однесување во правец на прекршување на

правните и моралните норми што во крајна линија го одредува и ставот на

опшеството кон нив. Респектот кон малотниците се огледа во фактот што тогаш

кога се јавуваат како носители на инкриминирани поведенија, нивниот статус

во кривичното право и кривичната постапка, како и третманот во однос на

примената и извршувањето на кривичните санкции е посебен. Според

Мертоновата класификација на девијантни однесувања за младите по се

изгледа е нај карактеристична иновација (кражбата) како начин на

прилагодување на аномијата во општеството зошто на некој начин младите ги

прифаќаат културните цели и вредностите во опшеството но истовремено ги

отфрлаат легалните и се служат со недозволени (не легални) средства за да ги

остварат своите цели. Малолетничката деликвенција, како дел од општитот

криминал, најчесто се дефинира како негативно и неприфатливо однесување

на малолетните лица кое се изразува низ конкретни инкриминирани дејствија

на тие лица со кои ги пречекоруваат општествените стандарди, вредности и

норми на однесување. Спрема видот на нормите што се кршат и спрема

степенот на општествената оипасност сите форми на престапништво Јашовиќ

ги дели на три групи и тоа:

1. Престапи со кои се кршат кривичноправните норми

2. Престапи со кои се кршат прекршочните норми

3. Престапи со кои се кршат моралните норми.

Меѓутоа најчести термини се малолетничката деликвенција и воспшитната

запуштеност. За воспитната запуштеност се смета дека во суштина

претставува само лишување на младите од воспитно делување и грижење за

нив, односно отсуство на свесно планско и целисходно влијание на нивниот

9

Page 10: Девијантни појави

развој и формирање со терминот на малолетничката деликвенција најчесто се

употербува за означување на најтешкиот степен на воспитна запуштеност.

Субјект на таквото однесување се малолетните лица. Одредувањето на

старосните граници на полнолетноста треба да го одразува пораното или

подоцнежното созревање на младите што живеат во различни социокултурни,

климатски и други едукативни услови. На овие услови делуваат и фактори од

криминално политички и фактори од традиционално историски карактер.

Малолетникот е личност што е во фаза на формирање и созревање.

Кривичната постапка кај нас се покренува против оние лица што се сметаат за

кривично одговорни а тоа се лица над 14 години, а оние што се под 14 години

се “деца” и не се кривично одговорни. Оние лица што се од 14-16 години, се

сметаат за помлади малолетници, оние од 16-18 години постари малолетници,

а оние од 18-21 година старост се нарекуваат помлади полнолетници.

Причини за појава на малолетничка деликвенција

1. Општествено –економската криза во Државата

Осиромашувањето на општеството ,невработеноста, оневозможувањето да се

задоволат основните потреби на граѓаните, одредени воени состојби во

Државата, прилив на избеглици, миграции и др.  се причини кои доведуваат до

зголемување на социопатолошките појави, асоцијалното и криминогеното

однесување на младите .

2. Семејството

Преставува микро група преку кое во системот на општествената  структура се

остварува  социјализација и формирање на личноста. Во современото

општество семејство е соочено со поинтензивно слабеење на својата основна

функција, а нејзиното делување  може да  влијае негативно на развојот на

личноста  доколку се:

10

Page 11: Девијантни појави

-     пореметени семејните односи,

презафатеност на родителите со бизнис или престој во странство

-    има конфликти, агресија,

-    дојде до развод на брак,

-    се случи смрт на родител или член на семејство,

-    присатен е алкохолизам,

-    наркоманија,

-    секаков вид на насилство

-    запоставување или занемарување на децата ( глад, нехигијена,) и сл.

-    неповолните материјални услови во семејството,  неможноста да се

задоволат секојдневните, како и зголемените потреби на

-    младите, влијаат тие лесно и брзо да се вклучат во криминалните

активности.

Семејството како природна средина за развој на децата треба да им овозможи

заштита помош и атмосвера на среќа љубов и благосостојба.

3. Карактеристики на личноста:

-   тешкотии во емоционално и социјално созревање, преживеани стресови,

недостаток на самопочитта, негативна идентификација ( искривен модел ),

негативно влијание на врсници и сл., депресија, намалена комуникативност,

недоверба кон непознати, желба за доминација, пасивност, ограничени

интереси, несигурност, некритичност, недоверливост, садистичко-перверзни

стремежи, намалена контрола на полов нагон, отсуство на вина и срам,

непочитување на авторитети.

4. Средина фактор

11

Page 12: Девијантни појави

Средина-фактор која опфаќа влијанија на средината на малолетникот, лошото

друштво, улицата, како и неорганизирано користење на слободното време,т.е.

нивно подого и почесто престојување  во просториите за забава и

угостителските објекти каде се изложени на голем број негативни влијанија кои

допринесуваат за девијантно однесување, на што сме свидетели особено во

задно време. Во услови на недоволно воспитување, насочување и укажување

на вистинските вредности на човекот, а во отсуство на адекватното

ангажирање на младите во слободното време, постојат реални предуслови тие

полесно да станат престапници. Влијанието на масс– медиите, е секако за

одбележување, истите за комерцијални цели емитуваат ТВ и радио емисии од

етички аспект со штетни содржини за младите.Исто така недоволната

ангажираност на училиштата и другите воспитно образовни институции, т.е.

запоставената воспитна компонента е битен фактор кој секако има свој

допринос во зголемувањето на асоцијалното однесување на младите.

Карактеристики на малолетничката деликвенција

Во квалитативна смисла, малолетничката деликвенција од година во година

покажува карактеристики на поголема агресивност. АГРЕСИЈАТА како модел и

стил на однесување е присатен кај младите кои често се анксиозни,

фрустрирани и со многу низок степен на толеранција што се одразува и во

зголемен број на физички напади меѓу средношколската младина од различна

етничка припадност. Во минатиот период зголемен е бројот  на малолетниците

кои се јавуваат  како сторители на кривични дела со елементи на

насилство-»разбојништва »

Карактеристика на малолетничката деликвенција е НАМАЛУВАЊЕ НА

ВОЗРАСТА кон помладите години што е евидентно во изминатиот период,

бидејќи има зголемен број на учество на деца како сторители на кривични

дела. Ангажираност и ПРИСАСТВО НА ДЕЦАТА и малолетниците ВО

ВООРУЖЕНИ СУДИРИ е карактеристика на младите во настаните во

последните години за што сме свидетели.

Главна карактеристика на малолетничкиот криминалитет е

ПОВТОРНИШТВОТО. Еден дел од малолетните деликвенти кои еднаш се

12

Page 13: Девијантни појави

јавиле како извршители, повторно вршат кривични дела и во наредните години

или пак може да се констатира дека криминогеното однесување го прифаќаат

како животна определба. Посебно загрижува податокот што повторништвото е

најзастапено кај малолетните деликвенти, односно малолетниците.

Процентуално  малолетниците учествуваат од 85 до 94% во вкупниот број

сторители – повторници . За 2002 г процентот е ( 87,7 % ), овој факт треба да

не загрижи и наметне потреба за негово неопходно и хитно решавање.

Малолетниците повторници најчесто произлегуваат од несредени семејства, во

кои често  еден од родителите е деликвент, нарушител на јавниот ред и мир,

алкохоличар,  живее во лоши материјални услови или во дисфункционални 

семејства.

За малолетничкиот криминалитет карактеристично е инивна организираност

т.е. ГРУПНО ВРШЕЊЕ НА ДЕЛИКТИ. Групите најчесто се состојат од

малолетници на приближно иста возраст, често се формираат случајно и по

извршувањето на делата се растураат. Меѓутоа, има и групи кои дејствуваат

подолго време, извршувајки серија кривични дела, така што по нивното

откривање, односно при работа со малолетниците истовремено се

расчистуваат и значителен број кривични дела извршени во подолг временски

период. Децата, како почетници при првичното извршување на деликтите

тргнуваат од полесен вид на кривични дела и  учествуваат во групи со

постарите врсници а потоа се осамостојуваат и вклучуваат во извршување на

кривични дела во група со врсници и извршуваат се потешки видови на

кривични дела. ПОВРЗАНОСТ ПОМЕГУ МАЛОЛЕТНИЧКА ДЕЛИКВЕНЦИЈА И

СОЦИО ПАТОЛОШКИТЕ ПОЈАВИ е видно зголемена, особено наркоманијата,

алкохолизмот, скитништвото, проституцијата и сл. Од вкупниот број на

кривични дела што ги извршиле малолетници, 98% припаѓаат на кривични дела

од областа на класичниот криминалитет  или 93 % се од областа на имотните

деликти т.е. 65 % се во делот за тешки кражби, што упатува на факт дека

нивната цел е здобивање на извесна материјална корист. Учеството на

малолетниците во  другите области  на криминалитетот е незначително.

Мерки за заштита превземени од страна на МВР

13

Page 14: Девијантни појави

Во интерес на унапредување на службата во мај 2003 г. во МВР КП СОК

формирано е Одделение за малолетничка деликвенција и социопатолошки

појави во рамките на кое ке функционираат три негови отсеци :

РЕПРЕСИВЕН, ПРЕВЕНТИВЕН И ЕДУКАТИВЕН, истите ќе функционираат

одделно но ќе се надополнуваат и ќе бидат во тесна меѓусобна корелација.

ОТСЕКОТ ЗА РЕПРЕСИЈА

Би ги третирал малолетниците во судир со законот. Тој би ја остварувал

репресивната функција на МВР и би бил носител на сите активности во

Службата во однос на малолетничката деликвенција и социопатолошките

појави. Од него би произлегле бројни иницијативи, идеи и методологии за

намалување на малолетничката деликвенција, како и нови можности за

разрешување на случаи, водење на разговори со кривично одговорни

малолетници. Би биле презентирани начини на следење на активните

малолтеници, сторители на кривични дела, состојбите на учеството во

нарушувањата на малолетниците на ЈРМ, како и мерки и активности за

намалување на истите, како и следењето на социо-патолошките појави што би

бил основен делокруг на дејствување на овој отсек.

ОТСЕКОТ ПРЕВЕНЦИЈА

Или превентивно делување т.е. навремено давање на заштита и помош со

вршење надзор, развивање на лична одговорност кај децата и малолетниците,

организирано делување на воспитно-запуштената категорија деца и ученици и

преземање на други мерки со мобилно присуство на најзагрозените места по

претходно изготвени планови и конкретна проценка на облици и степен на

склоност за деликвентно однесување имајќи ги во предвид личните својства на

малолетниците.Отсекот превенција би се бавел со примарна превенција-

влијание за ангажирање на заедницата преку програми за намалување на

појава на деликвенција, преку МАС-медии, предавање во училишта се со цел

да се издигне јавната свест за оваа проблематика.Секундарната превенција-

или стратеија со која ќе се намалуваат можностите за појава или рана

идентификација на ризички фактори или деца под ризик, како и терцијална

14

Page 15: Девијантни појави

превенција-која би опфаќала третман и рехабилитација на регистрирани

случаи на деца сторители на кривични дела.Во отсекот превенција би биле

третирани малолетници и деца жртви на сексуална злоупотреба и секаков вид

на насилство и експлоатација, деца во ризик, како и деца без родители и

родителска грижа и деца на кои им претстои опасност од физичко и психичко

насилство и сл.Превенцијата во малолетничката деликвенција е една од

најбитните активности која не смее да биде запоставена давајќи и предност на

репресијата во тековното работење. Превенцијата мора да го завземе

вистинското место во нашето секојдневно работење, а таму каде што нема

ефекти од превенција ќе настапи репресивното работење во рамките на

овластувањата.За превенција на малолетничката деликвенција се застапуваат

и правила на ОН за спречување на малолетничка деликвенција (Ријадски

правила).Спречувањето на малолетничката деликвенција е суштински дел од

спречувањето на криминалот во општеството. Успешното спречување на

малолетничката деликвенција бара ангажман на целото општество да

обезбеди хармоничен развој на децата и адолесцентите, и пред се почит кон

нивната личност.

Малолетниците треба да имаат активна улога и партнерство во рамките на

општеството. Да се стави акцент на превенцијата која овозможува успешна

социјализација и интеграција на сите деца и млади преку семејства,

заедницата, врсниците, училиштето и сл. Со должна почит кон правилниот

личен развој на децата кои треба да се прифаќаат како еднакви партнери во

процесот на социјализација и интеграција, треба да се остварува превенција на

малолетничката  деликвенција.

ОТСЕКОТ ЕДУКАЦИЈА

Би ги следел сите трендови на оваа проблематика и по пат на едукација би ги

надополнувал знаењата и умеењата за успешна работа на кадрите вклучувајќи

ги новите методи и техники во работењето.Би развивал специјални програми

за зголемување на чувствителност на општеството и на средината кон

малолетничката деликвенција, насилството меѓу младите, како и семејно

насилство. Би развивал програми кои ќе им овозможат на семејствата да

научат повеќе за родителската улога и обврска во однос на развојот и грижата

15

Page 16: Девијантни појави

за деца, како и сугерирање на начини како да се влијае на позитивното

развивање на односот родител-дете и сл.Со цел што поуспешно да ги

исполнуваат своите работни задачи инспекторите за малолетничка

деликвенција треба да бидат специјално квалификувани и обучени и обуката

да ја добиваат во континуитет со цел совладување на соодветни умеења,

вештини и искуства за подобрување на превенцијата и контролата на

малолетничката деликвенција и подобрување на постапките со деликвенти.

Едукациите се потребни со цел да се воспостави потребно професионално

ниво на компетентност за што особено ќе се ангажира Одделението.

Воспитни мерки кои се изрекуваат против малолетните сторители на кривични

дела

Дисциплински мерки :

-  укор или упатување во дисциплински центар за малолетници.

- мерки за засилен надзор од страна на родител, посвоител или    старател, во

друго семејство или од страна на социјален орган

- заводски мерки :упатување во воспитна установа или ВПДом

Малолетничката деликвенција во Македонија во подем

Македонските тинејџери склони кон употреба на дрога, со висок процент за

конзумирање алкохол, пушење цигари, сексуални односи, дури размислуваат и

на самоубиства, покажуваат резултатите од извршеното Глобално

истражување за здравјето на адолесцентите во државава во 2007/2008 година.

Истражувањето е спроведено од Републичкиот завод за здравствена заштита

со финансиска поддршка на Канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија и

Шведската асоцијација за меѓународен развој, а студијата се реализира во

функција на стратегијата за адолесцентно здравје.

Истражувањето покажува дека речиси девет отсто од учениците сериозно

размислувале да извршат самоубиство во текот на изминатите 12 месеци, 1,8

отсто од нив на возраст од 13 до 15 години употребиле дрога еднаш или повеќе

пати во текот на животот, 39,4 отсто консумирале алкохолен пијалок во текот

16

Page 17: Девијантни појави

на еден или повеќе денови изминатите 30 дена, 14,1 отсто пушеле цигари во

текот на еден или повеќе денови, а 11,9 отсто имале сексуални односи. Во

истражувањето е употребен двостадиумен дизајн на примерокот со цел да се

добие репрезентативен примерок од ученици во седмо и осмо одделение од

основното образование и прва и втора година од гимназиското образование.

Истражувањето е спроведено во 30 училишта каде што беа пополнети 2.114

прашалници кои содржеа 74 прашања.

Раководителот на Секторот за социјална медицина при РЗЗЗ, Фимка Тозија

потенцира дека 37,3 отсто од учениците, според резултатите од

истражувањето, се изјасниле дека нивните родители или старатели никогаш

или ретко ги проверувале во текот на изминатите 30 дена дали ги завршиле

домашните задачи, а 19,8 отсто се изјасниле дека нивните родители или

старатели никогаш или ретко знаеле што прават нивните деца во слободното

време.

- Над 31 отсто од учениците биле сериозно повредени еднаш или повеќе пати

во текот на изминатите 12 месеци, четири отсто од нив никогаш не употребиле

или ретко употребиле сапун при миење на рацете во последниот месец, 14

отсто се изложени на ризик од прекумерна телесна маса, а 15,7 отсто од

учениците биле физички активни во текот на сите седум дена во изминатите

седум дена во времетраење од барем 60 минути дневно, посочува Тозија.

Таа смета дека резултатите укажуваат оти многу работи треба да се

реализираат за подобрување на информираноста и подобрување на здравите

животни навики врз основа на промените во однесувањето. Најпрво, треба да

се развијат и промовираат цели за адолесцентно здравје со заеднички

активности од здравствените установи, семејствата, училиштата и

институциите во заедницата.

Постојаниот претставник на Канцеларијата на УНИЦЕФ за Македонија, Шелдон

Јет истакнува дека употребата на алкохолот во државата е повисока во однос

на другите земји. Според него, спречувањето на купувањето алкохол не е

доволна мерка и важна е едукацијата од страна на родителите кои во најголем

број не знаат што прават нивните деца.

- Ако родителите не се вклучени во овие активности тогаш многу малку можеме

да сториме за децата, додаде Јет.

17

Page 18: Девијантни појави

Постојано се нагласува дека развојот, усвојувањето и имплементацијата на

Националната стратегија за адолесцентно здравје 2008-2015 е исто така

важно. Стратегијата која наскоро треба да биде усвоена има за цел да го

подобри и промовира здравјето и развојот на адолесцентното здравје преку

акцентирање на зајакнувањето на системот за собирање податоци за

адолесцентното здравје, намалувањето на смртноста, морбидитетот и

онеспособеноста преку посочување на причините, промоцијата на здрави

животни навики кај адолесцентите, подобрувањето на капацитетите на

Министерството за здравство, РЗЗЗ и други релевантни институции во

Македонија за координација и менаџмент на здравствени програми за

адолесценти.

Постои потреба да се прошират училишните едукативни програми за здравје за

да се прошири знаењето на учениците за храната, исхраната, хигиената,

насилството и ненамерните повреди, менталното здравје, пушењето,

употребата на алкохол и други дроги, сексуалното однесување кое

придонесува за инфекција со ХИВ и други сексуално преносливи болести, како

и несакана бременост, физичката активност и заштитните фактори за промена

на ризичното однесување.

Следствено на тоа, како еден пример може да се посочи предупредувањето од

Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Прилеп дека малолетничката

деликвенција е во пораст.

Директорката на Центарот Снежана Јованоска информира дека минатата

година во Прилеп имало 77 барања од Јавното обвинителство за

подготвителна постапка за случаи на криминал кај малолетниците. За 17

малолетници се одредени мерки на засилен надзор од родителите, а за 16 – од

старателите, а 10 малолетници се сместени во институции.

Социјалните работници предупредуваат дека децата се повеќе се оставени на

себе. Ова тие го посочуваат како една од главните причини за се поголемиот

број случаи кога младите ја избираат темната страна на животот.

- Малолетничката деликвенција, за жал, е во подем. Се помалку време сите

имаат да го следат развојот на младите. Кога е јасно дека потклекнале на

искушенијата, тешко се ресоцијализираат и делата често се повторуваат,

истакна Јованоска.

Според социјалните работници, мора да зајакне координацијата со

18

Page 19: Девијантни појави

училиштата, младите будно да се следат. Тие сметаат дека улогата на

родителите е една од пресудните и тие мора да најдат повеќе време за своите

деца.

Сепак, Лина Ќостарова – Унковска, директор на Центарот за психосоцијална и

кризна акција тврди дека децата од Македонија се на долниот крај на табелата

по речиси сите ризични однесувања, во споредба со децата во ЕУ. Децата во

Европа, според неа, повеќе пијат, пушат и сексуално се поактивни од децата во

Македонија. Таа нагласува дека податоците презентирани од РЗЗЗ се

искривени, односно дека состојбата со адолесцентите во Македонија и нивното

здравје е сосема поинаква од онаа што се пласира.

- Децата од македонската етничка заедница на 15 години пијат алкохол и се

опиваат, момчињата повеќе од девојчињата. Тоа не е случај и со децата од

албанската етничка заедница во Македонија. Обратно е со носењето оружје и

со сексуалната активност, особено меѓу момчињата од албанска националност,

појаснува Унковска. Најсилен заштитен фактор на адолесцентите во

Македонија е социјалната мрежа – родителите, училиштето и врсниците.

Децата во Македонија се највисоко рангирани меѓу европските земји и по тоа

колку го сакаат училиштето и колку време поминуваат со другарите по

часовите.

Статистичките податоци покажуваат дека први на листата на деца кои барем

еднаш неделно пијат алкохол на возраст од 13 години, се Украинците. По нив

се Малта и Бугарија, а Хрватите се на деветто место. Децата од Македонија на

оваа листа се на 26 – то претпоследно место, по нив се само Норвежаните.

Петнаесетгодишните деца од Канда се на прво место по користење марихуана.

По нив, според статистиката се децата од Швајцарија и од Велс. Македонија се

наоѓа повторно на претпоследното место, пред Романците. Најмногу секс на 15

години имаат децата во Гренланд. Според истражувањата, на второ место се

Бугарите, а на трето се децата од Данска. Македонија се наоѓа на 30 – то место

односно 35 проценти од машките на 15 годишна возраст рекле дека имаат

сексуално искуство, а истото го рекле само пет проценти од девојчињата.

19

Page 20: Девијантни појави

ЗАКЛУЧОК

Завршувајќи го овој преглед на општествените и правните фактори на

превенцијата на општествените девијации треба да дадеме неколку

забелешки. Судејќи според бројот на анализирани фактори каде што ги

одделуваме само најважните, кои учествуваат или би требало да учествуваат

во борбата против овие појави, со право би можело да се очекува целосен

успех на тие активности. Меѓутоа, тоа не е така поради прикажаните причини

или поради отсуство на меѓусебна соработка на тие фактори. Единствена

потребна е поголема работа со младите, запознавање со сите негативности и

последици што ги носи определените појави, нивно поголемо ангажирање како

во училиштето така и надвор од него, и поголемо вработување. Само по себе

се подразбира дека основата на тие активности ги сочинуваат општите

општествени хуманистички определувања кои треба да се подигнуваат преку

подигнување на материјалната и воспитно – образовна положба на младите,

нивно воведување и учество во позитивните општествени процеси и односи на

нашето општество, посебно процесот на работа. Основна категорија врз која ја

одредуваме малолетничката деликвенција е малолетноста, односно возраста

на малоплетните лица што ја детерминирала како нивната личност така и

нивното однесување во правец на прекршување на правните и моралните

норми што во крајна линија го одредува и ставот на опшеството кон нив.

Респектот кон малотниците се огледа во фактот што тогаш кога се јавуваат

како носители на инкриминирани поведенија, нивниот статус во кривичното

право и кривичната постапка, како и третманот во однос на примената и

извршувањето на кривичните санкции е посебен. Осиромашувањето на

општеството ,невработеноста, оневозможувањето да се задоволат основните

потреби на граѓаните, одредени воени состојби во Државата, прилив на

избеглици, миграции и др.  се причини кои доведуваат до зголемување на

социопатолошките појави, асоцијалното и криминогеното однесување на

младите. Во квалитативна смисла, малолетничката деликвенција од година во

година покажува карактеристики на поголема агресивност. АГРЕСИЈАТА како

модел и стил на однесување е присатен кај младите кои често се анксиозни,

фрустрирани и со многу низок степен на толеранција што се одразува и во

зголемен број на физички напади меѓу средношколската младина од различна

20

Page 21: Девијантни појави

етничка припадност. Во интерес на унапредување на службата во мај 2003 г. во

МВР КП СОК формирано е Одделение за малолетничка деликвенција и

социопатолошки појави во рамките на кое ке функционираат три негови

отсеци : РЕПРЕСИВЕН, ПРЕВЕНТИВЕН И ЕДУКАТИВЕН.

21