Поврзаност помеѓу тероризмот и организираниот...

28
СОДРЖИНА: 1 Вовед.....................................................2 2 Општо за тероризмот како појава...........................3 3 Општо за организираниот криминал..........................6 4 Поврзаност помеѓу тероризмот и организираниот криминал....8 4.1 Поврзаноста помеѓу организираниот криминал и тероризмот заради заеднички бенефит...................................10 4.2 Директно инволвирање на терористичките групи во организираниот криминал....................................11 4.3 Преместување од идеолошките кон профитабилните цели како мотив за делување..........................................13 4.4 Дали поврзаноста помеѓу организираниот криминал и тероризмот навистина постои................................14 5 Спротиставување на организираниот криминал и меѓународниот тероризам...............…………………………………………………………………………………………..16 5.1 Соработката и координацијата..........................16 6 Заклучок.................................................20 7 Користена литература.....................................21 стр. 1

Upload: aleksandar-bogatinov

Post on 29-Jul-2015

449 views

Category:

Documents


43 download

TRANSCRIPT

Page 1: Поврзаност помеѓу тероризмот и организираниот криминал

СОДРЖИНА:

1 Вовед....................................................................................................................2

2 Општо за тероризмот како појава......................................................................3

3 Општо за организираниот криминал.................................................................6

4 Поврзаност помеѓу тероризмот и организираниот криминал..........................8

4.1 Поврзаноста помеѓу организираниот криминал и тероризмот заради заеднички бенефит...............................................................................................10

4.2 Директно инволвирање на терористичките групи во организираниот криминал................................................................................................................11

4.3 Преместување од идеолошките кон профитабилните цели како мотив за делување..........................................................................................................13

4.4 Дали поврзаноста помеѓу организираниот криминал и тероризмот навистина постои..................................................................................................14

5 Спротиставување на организираниот криминал и меѓународниот тероризам…………………………………………………………………………………………..16

5.1 Соработката и координацијата.................................................................16

6 Заклучок.............................................................................................................20

7 Користена литература......................................................................................21

. стр 1

Page 2: Поврзаност помеѓу тероризмот и организираниот криминал

1 Вовед

Тероризмот во денешно време навистина е многу сериозна појава

и огромна закана за сите луѓе без разлика во кој дел од светот живеат.

Заканата од тероризмот ја чувствуваат сите земји, а некои дури и се

“здобија” со катастрофални загуби на човечки животи токму од

терористичките напади. Сепак од една страна е тероризмот, а од друга

пак организираниот криминал кој исто така е составен дел од секоја

држава и неговата интернационална поврзаност секојдневно расте е се

зголемува. Поради тоа овие две појави имаат одредени елементи кои и

се заеднички односно имаат одредена поврзаност што се должи на

карактерот на овие две негативни појави.

Добро знаеме дека за извршување на терористички напади и

воопшто за терористичката организација се потребни огромни финански

средства, како и канали преку кој ќе се обезбедуваат најрачни средства

потребни за одредена терористичка организација, на пример оружје со

кое би се извршувале одредени терористички напади. Оттука и

започнува самата поврзаност помеѓу тероризмот и организираниот

криминал и нивните заеднички белези.

Сепак во текот на оваа семинарска ќе ги разбработам општите

елементи и карактеристики на тероризмот и на организираниот криминал

со цел да се дојде до нивните точки на поврзување и која е всушност

потребата од нивната поврзаност и соработка. На ова прашање во

денешно време му се придава огромно значење и се изработуваат голем

број на студии и истражувања токму за поврзаноста помеѓу тероризмот и

организираниот криминал се со цел да се најдат адекватни мерки за

намалување на тероризмот и организираниот криминал и секако целосно

искоренување.

. стр 2

Page 3: Поврзаност помеѓу тероризмот и организираниот криминал

2 Општо за тероризмот како појава

Гледано низ призмата на историјата можеме да заклучиме дека

тероризмот како појава се јавува уште од најстарите времиња односно

уште од времето на атничките “држави” кога постоеле разни облици на

насилство кои можеме да ги карарактеризираме како одреден облик на

тероризам. Сепак доколку го анализираме тогашниот “тероризам” и

истиот го споредиме со денешниот современ тероризам можеме да

забележиме дека постојат огромни разлики и самиот тероризам

еволуирал низ историјата.

Тероризмот како појава заедно со своите елементи воопшто не е

лесно да се определи поради тоа и сеуште во светот не постои

дефиниција која е прифатена од сите земји. Поради тоа и постојат голем

број на дефиниции меѓусебно слични или пак различни, сепак

преовладува ставот дека тероризмот е општествено негативна појава

која е закана за безбедноста на само за дел од државите или за една

држава туку претставува глобална закана за безбедноста на сите луѓе

воопшто.

Инаку зборот тероризам потекнува од францускиот збор терор1 кој

пак значи одреден акт на насилство кој се презема за одредени цели

(без разлика дали се политички, етнички, верски, економски итн) и истиот

се користи со методи и средства кои ја заплашуваат целта против која е

насочен самиот акт на терор и секако совладување на отпорот на целта

на самиот акт.

Тероризмот значи владеење со застраѓување и насилство,

односно политичка борба со систематска примена ан страв.2

Сепак терозимот и теророт во пракса се разликуваат односно

теророт претставува цврсто организирана власт над ограничувањата,

1 Terreure – сеење на страв2Ј.Спасески, П.Аслимовски,(2001), Безбедност, Одбрана, Мир, Охрид, стр.77

. стр 3

Page 4: Поврзаност помеѓу тероризмот и организираниот криминал

апарат на принуда, така што стравот прави дел од секојдневното

живеење на најшироките граѓански слоеви, а тероризмот располага со

значително поскромни можности од институционалниот терор.3

Дефинирањето пак на тероризмот како што веќе наведов е доста

комплексен дел од оваа појава и не постои општо прифатена

дефиниција. Според професорот Злате Димовски тероризмот

претставува: како терористички акт се смета секоја организирана и

поединечна незаконска употреба на сила изразена со примена на

оружје (биолошко, хемиско, радиолошко, нуклеарно) или закана со

употреба на сила против луѓе или имот, заради принудување или

заплашување како средство за постигнување политичка, етничка,

религиозна или идеолошка цел. 4

Според професорот Марјан Николовски тероризмот претставува

непосредна, организирана и дозирана примена на насилство, на

поединци и групи, па дури и држави, кои се спремни и со физички

напади (атентати,киднапирања и убиства), да ја наметнат својата

волја над државата и општеството и да употребат психолошки

терор спрема масите, предизвикувајќи при тоа страв, паника,

несигурност кај граѓаните и недоверба во институциите.5

Освен овие две дефиниции постојат уште многу други сепак

заедничко за сите нив е незаконската употреба на насилство чија цел и

остварување на одредена цел без разлика каква е природата на таа цел.

Сепак во денешно време тероризмот завзема огромни размери и во

повеќето случаи на терористички акти со себе носи и невини жртви.

Поради тоа дефинирањето е потребно но не и нужно, бидејќи потребни

се ефикасни мерки за спречување на тероризмот и негово целосно

искоренување за што се согласуваат поголемиот дел од државите (освен

државите кои го помагаат и финансираат тероризмот) бидејќи голем дел

од светски развиените држави се соочија со сериозни последици и со

3 З.Димовски(2007) Тероризам, Графотранс – Скопје, Скопје стр.9-10 4 Ibid стр.105 М.Николовски (2008),Поврзаноста и влијанието на организираниот криминал тероризмот и политиката, Графотекс – Куманово, Скопје, стр.32

. стр 4

Page 5: Поврзаност помеѓу тероризмот и организираниот криминал

голем број на жртви токму од терористички напади (Нападите на кулите

близначи во САД, бомбите во Англиското метро, Експлозиите во

Шпанија, бомбите во хотелите во Египет, во Индија, во Токио итн.).

Начините пак од друга страна не се исти и методите и средствата

кои ги користат терористите и терористичките организации се различни и

се менуваат постајано од каде и произлегува опасност од

терористичките напади од терористичките напади.

Како најчести напади односно најчесто користени методи за

извршување на терористички акти се:

Киднапирање на авиони

Бомбашки напади

Самоубиствени напади

Атентати

Земање на заложници

И сл.

Сепак доколку внимателно ги анализираме овие методи со кои се

извршуваат терористичките напади ќе забележиме дека нивното

изведување е доста сложено и бара огромен број на финансиски

средства и секако на средства за извршување на самиот акт како што се

оружјето за извршување. Поради тоа се поставува прашањето како

односно кој е начинот на финансирање на терористичките организации.

Ова прашање не смееме да го занемариме бидејќи не треба да се

насочиме само кој припадниците на терористичката организација туку и

кон нивните финансиери. Финансиерите на тероризмот и на

терористичките организиции се многубројни, почнувајќи од невладините

организации, држави, разузнавачки агенции, па завршувајќи со

организираниот криминал.

Токму последниот односно организираниот криминал е најчест и

најголем финансиер на терористичките организации па дури и самите

терористички организации освен тоа што извршуваат терористички акти

и нивната програма е насочена кон тоа сепак активно учествуваат во

. стр 5

Page 6: Поврзаност помеѓу тероризмот и организираниот криминал

организираниот криминалитет на најразлични начини (перење на пари,

трговија со луѓе, дрога или оружје и сл), преку што обезбедуваат

средства кои понатаму служат за обука на нови терористи и секако за

подготвување и извршување на терористичките акти. Понатаму ќе ги

разгледаме карактеристиките на организираниот криминал за да дојдеме

до заедничките карактеристики и до меѓусебното влијание кое го имаат

тероризмот и организираниот криминал.

Меѓународниот тероризам денес, почна мошне силно да се појавува

и да постанува меѓународен проблем со негативни импликации,со

отпочнувањето на новиот циклус на терористичка активност кој започна

кон крајот на шеесеттите години и трае до денес. Најголем број од

терористичките групи имаат меѓународен карактер кој произлегува од

припадноста на нивните членови, нивното движење и

засолнување,објектите на нивниот напад, набавката на оружје,

сличноста на методите и техниките со кои се служат терористичките

организации итн.6

3 Општо за организираниот криминал

Организираниот криминал е релативно нов вид на криминал и

суштинското значење и истражување во поглед на криминологијата и

воопшто на безбедносните науки го наоѓа во педесетите години од XX

век па за во денешно време да прересна во општествена негативна

појава со широк спектар на криминални активности. Самиот организиран

криминал претставува криминал кој го сочинуваат многубројни

активности како што се трговијата со луѓе, оружје, дрога, потоа

корупцијата која е неприкосновен дел од вршењето на организираниот

криминал.

6 Котовчевски, М.”Национална безбедност на Република Македонија“(втор дел),Македонска Цивилизација, Скопје, 2000, стр. 51

. стр 6

Page 7: Поврзаност помеѓу тероризмот и организираниот криминал

Организираниот криминал како општествено негативна појава има

голема способност да ги користи поволните услови за своето

инфилтрирање и вешто се прилагодува на конкретна општествено-

политичка и економска ситуација, и тоа не само во една земја туку и на

меѓународен план.7

Исто како и кај тероризмот и кај организираниот криминал постојат

голем број на дефиниција од различни автори. Сепак организираниот

криминал е доста комплексен вид на криминал кој го вршат силно

поврзани организации и групи кои имаат добра внатрешна кохезија и се

занимаваат со најразлични видови на криминални активности чија цел е

доаѓање до профит. Како карактеристика на организираниот криминал е

тоа што сите групи и организации кои се вмешани во оваа т.н. дејност

имаат меѓународна поврзаноста со други организации од ваков тип, што

им дава потежок облик на криминалните активности кои ги вршат. Но,

освен поврзаноста која ја имаат криминалните групи и организации

помеѓу себе, сепак исто така се политички поврзани со самите држави во

кои дејствуваат. Политичката поврзаност најчесто се јавува како

последица на корупцијата и на митото кои го даваат овие групи и

организации се со цел нивната дејност да остане прикриена и да не биде

на мета на безбедносните структури. Корупцијата се протега од

најниските слоеви во државата(полицајци, царинарници) па се до

највисоките владеачки структури во државата(судии, министри, итн).

Инаку како карактеристики на организираниот криминал би

можеле да ги истакнеме следниве шест елементи кои се

карактеристични за организираниот криминалитет:

Хиерархиски односи во група кои дозволуваат на лидерот

да ги контролира односите

Насилство

Застршување и корупција како средство за остварување на

профит или контрола на територија или пазар

7 М.Бошковиќ, (1998), Организовани криминалитет, Полицијска Академија, Белград, стр.1

. стр 7

Page 8: Поврзаност помеѓу тероризмот и организираниот криминал

Перење на нелегално стекната добивка и нејзино

инфилтрирање во легална економија

Способност за експанзија во било која нова активност и

надвор од националните граници

Соработка со други транснационални групи.8

Од наведените елементи можеме да ја забележиме дека се

работи за комплексна структура на организициите и групите кои се

занимаваат со организираниот криминал од што и произлегуваат

потешкотиите при сузбивањето и откривањето на дејностите поврзани со

организираниот криминал.

Во однос пак на тероризмот самиот организиран криминал е

поврзан со него бидејќи и овде како и кај терористичките организации се

работи за дела кои имаат меѓунаредна активности и кои се вршат од

повеќе лица и во повеќе држави. Поради тоа од круцијално значење е

утврдувањето на поврзаноста која постои помеѓу организираниот

криминал и тероризмот.

4 Поврзаност помеѓу тероризмот и организираниот криминал

Во денешното современо општество во кое тероризмот од една

страна зема се поголем замав на меѓународен план и со себе носи голем

број на невини жртва, а од друга страна пак организираниот криминал кој

исто така дејствува на меѓународен план со голем број на криминални

активности кои претставуваат закана за светската безбедности и им

носат големи профити на структурите кои се занимаваат со него, се

поставува прашањето која вистинската поврзаност помеѓу овие два

општетсвено негативни појави во денешниот современ свет.

8 .Николовски (2008),Поврзаноста и влијанието на организираниот криминал тероризмот и политиката, Графотекс – Куманово, Скопје, стр.104

. стр 8

Page 9: Поврзаност помеѓу тероризмот и организираниот криминал

Токму оваа тема претставува главен предмет на голем број на

анализи на разни научни собири поврзани со светската безбедност и со

криминал со светот. Исто така разузнавачките служби во поголемиот дел

од развиени земји(САД, Велика Британија, Франција, Германија итн) и

даваат големо значење на оваа поврзаност и се стремат кон пронаоѓање

на мерки преку кои би можеле да се откријат нивните активности токму

преку поврзаноста која ја имаат тероризмот и организираниот криминал.

Како клучни елементи кои говорат за поврзаноста помеѓу

организираниот криминал и тероризмот се:

Терористите се вклучуваат во организираните криминални

активности за финансиски да се подржат себеси

Организираните криминални групи и терористите често

оперираат во мрежна структура која помага во

затскривањето на терористите во транснационалните

криминални организации

Организираните криминални групи и терористичките групи

оперираат во тероритории со слаба владина контрола,

немоќни спроведувачи на законот и отворени граници

Двете организации ги корумпираат локалните и државните

валсти за да ги остварат своите цели

Често користат исти методи на комуникација, користејќи ја

модерната технологија

Ги “перат” своите пари, користејќи ги истите методи и

оператори за да ги преместуваат фондовите.9

Доколку ги разгледаме пак анализите и истражувањата на овие

два феномена можеме да забележиме дека нивната поврзаност лежи во

три области и тоа:

Алијанса за заеднички бенефит

Директно инволвирање на терористичките групи во

организираниот криминал

9 Ibid стр.135

. стр 9

Page 10: Поврзаност помеѓу тероризмот и организираниот криминал

Преместување од идеололошките кон профитабилните

цели како главен мотив за делување10

4.1 Поврзаноста помеѓу организираниот криминал и тероризмот заради заеднички бенефит

Самата алијанса за заеднички бенефит се темели на тоа што

терористите имаат договори со меѓународните организирани криминални

групи заради обезбедување на финансиски средства за себе кои им се

потребни за изведување на терористички акти како и за вршење на обука

на нови членови во нивните терористички организации. На овој начин

терористичките организации учествуваат во организираниот криминал но

притоа нивните организации не се диреткно инволвирани во ваквите

активности со што се обезбедува заштита на нивната организација од

евентуално откривање.

Аргумент кој би можеле да го наведеме за да ја потврдиме

заедничката соработка е соработката помеѓу Ал Каеда и Сергеј

Могилевич за дејствувањето во Мароко и соработката со Виктор Бут во

Либија. Од една страна Ал Каеда како терористичка оргранизација и од

друга страна трговците со оружје, заеднички остварувајќи ги своите

основни цели.11 Но исто така како аргумент може да се наведе и фактот

кој во времето на Студената војна САД, односно американската

разузнавачка служба (ЦИА) го помагала Авганистан односно Осама Бин

Ладен со најновите типови на оружје со цел да врши напади врз

тогашната СССР. Но дел од тоа оружје бил препродавано и со тоа

Осама Бин Ладен и неговата организација биле директно вклучени во

трговијата со оружје како дел од организираниот криминал. Но освен ова

неминовен е фактот за поврзаноста помеѓу Ал Каеда и дрогата која се

произведува во Авганистан а која на големо се пласира на европскиот

“пазар” со дрога.

10 Jason Freier, Arms and Terrorist11 Николовски (2008),Поврзаноста и влијанието на организираниот криминал тероризмот и политиката, Графотекс – Куманово, Скопје, стр.134

. стр 10

Page 11: Поврзаност помеѓу тероризмот и организираниот криминал

Доколку земеме во предвид дека Ал Каеда има свои канала и свои

ќелии во Балканските земји, тогаш можеме да дојдеме до заклучок дека

истите редовно се користат за трговијата со дрога, со што се олеснува

патот на дрогата од Авганистан до Европските земји. Ова би било уште

една теза за поврзаноста помеѓу организираниот криминал и тероризмот

посебно во делот на добивањето на заеднички бенефит односно

финансиски средства.

Фактот дека се потребни средства за извршување на

терористичките напади а посебно за обука на нови членови на

терористичките организации неможе да биде запоставен. Бидејќи самото

подготвување и изведување на една терористичка организации бара

огромни финансиски средства кои потешко можат да бидат остварени

преку терористички активности води кон соработката помеѓу

организираните терористички групи и терористички организации. Ваквиот

начин на здружување и овозможува на терористичките организации

голем профит кој може да биде искористен за остварување на

терористички цели и секако исполнување на идеологијата која постои во

одредена терористичка организацијата, со подршка од меѓународните

организирани криминални групи.

4.2 Директно инволвирање на терористичките групи во организираниот криминал

Второто тврдење за поврзаноста помежу организираниот

криминал и терористичките групи произлегува од првото и всушност се

работи за тоа што терористичките групи започнуваат да вршат активни

дејности од областа на организираниот криминал. Овде повторно може

да се каже претходно наведеното во врска со поврзаноста на Ал Каеда

во организираниот криминал и трговијата со дрога и оружје. Како што

веќе наведов терористичките групи сфаќаат дека организираниот

криминал е доста исплатлив и носи големи финансиски добивка кои

. стр 11

Page 12: Поврзаност помеѓу тероризмот и организираниот криминал

подоцна можат да бидат искорестени на разни начини со цел

зајакнување и промовирање на терористичката група или организација.

Ова се потврдува со одговорната група за бомбашките напади во

Мадрид во март 2003 година. Станува збор за терористичките келии на

Ал Каеда (Такфир Вал Хиџра) која делувајќи во западна Европа се

приспособи и за вршење на организирани криминални активности,

најповеќе трговија со дрога и оружје, со цел остварување на профит за

спонзорирање на светиот џихад.12 Со самата дејност која започнуваат да

ја вршат терористичките организиции односно со започнувањето на

вршење на организиран криминал се добива едно нова слика за

терористичките организации. Ваквата ситуација им дава нов облик и нов

правец на движење на активности на терористичките организации кои

освен тоа што вршат терористички акти, го прифаќаат и бизнисот

наречен “организиран криминал”, на кој треба да му се даде сериозно

значење поради неговите последици. Оттука можеме да очекуваме во

наредните години дека тероризмот ќе добие нов правец на движење и се

повеќе ќе се ориентира кон вршењето на дела од областа на

организираниот криминал од најразлични причини, а како најголема е

економскиот профит до кој се доаѓа со вршењето на делата од областа

на организираниот криминал.

Како битен аспект кој не смееме да го заборавиме е корупцијата

кој терористичките групи го користат со цел да дојдат односно да си

обезбедат погодно тло за вршење на терористичките акти. Со самото

корумпирање терористичките организации успеваат да ги заобиколат

безбедносните системи кои би можеле да ги откријат нивните активности

и со тоа успешно ги извршуваат планираните активности.

Со еден збор инволвирањето на терористичките организации во

организираниот криминал од ден на ден се зголемува и полека

терористичките организации започнуваат да наликуваат на организирани

криминални групи односно организации.

12 Ibid стр.134

. стр 12

Page 13: Поврзаност помеѓу тероризмот и организираниот криминал

4.3 Преместување од идеолошките кон профитабилните цели како мотив за делување

Овој аргумент е доста дискутабилен бидејќи неможеме со

сигурност да кажеме дека пости преместување на идеолошките цели кои

ги имаат зацртано терористичките организациии кон профитабилни

цели. Иако постојат одредени податоци дека тоа е возможно и се

случува во реалноста сепак информациите кои ги имаме не се доволно

за да извлечеме ваков заклучок.

Како аргумент за оваа теза можеме да го наведеме дејствувањето

на Абу Сајаф на Филипините кои од своите националистички цели,

преминаа во се поизразени извршители на дела заради профит.

Најчесто извршувани преку киднапирања на странски делегации, туристи

и сл.13

Сепак одредени терористичките организации иако се вклучени во

одредени организарани криминални активности сепак остануваат

доследни на нивните предвидени иделошки цели кои се ги имаат

предвидени и според кои делуваат, како што Ал Каеда која дејствува

стриктно според нивната идеологија и сите нејзини терористички акти се

поврзани односно раковедени од идеологијата која ја пропагираат. Но

сепак фактот дека се вклучени во одредени активности од областа на

организираниот криминал повторно наметнува прашање за тоа дали

посилна е идеологијата која ја шират или пак профитот како мотив за

вршење на нивните дела и активности.

Доколку пак направиме анализа на терористичката група АНА која

дејствуваше на тероријата на Македонија и на Косово во 2001 година за

време на конфликотот можеме јасно да ги забележиме нејзините

идеолошки мотиви а како главен од нив создавањето на “Голема

Албанија” како главна идеолошка цел. Но по конфликтот односно по

неговото завршување АНА едноставно како да исчезна од Македонија

односно нејзините активности постепено се намалуваа и денес нема

13 Ibid стр,134

. стр 13

Page 14: Поврзаност помеѓу тероризмот и организираниот криминал

никакви терористички активности. Според одредени мислење тоа се

должи на фактот дека АНА како организација ја променила својата цел

на делување и се преорентирала кон вршење на дела од областа на

организираниот криминал. Ова можеме да го поткрепиме со фактот дека

од 2001 година па наваму организираниот криминал односно трговијата

со дрога, оружје и луѓе(а посебно “бело робје”) има огромен подем што

води кон фактот дека навистина е можно АНА со нејзиното припадници

да го променила начинот на делување и секако целта на нејзиното

делување од терористичка група во криминална група која се занимава

со организиран криминал.

Од тука можеме да извлечеме заклучок дека одредени

терористички груи навистина ја промениле својата цел и од терористички

групи се претвориле во организарани криминални групи. Но, сепак,

неможеме со сигурност да ги потврдиме овие тврдења бидејќи немаме

доволен број на докази кои укажуваат на овие факти. Иако постојат

индиции кои укажуваат на ваквите состојби во реалноста сепак без

доволно докази неможеме со сигурност да тврдиме дека постои ваква

поврзаност помеѓе терористичките организации или групи со

организираниот криминал односно дека терорисичките групи по

одредено делување преминуваат од нивните зацртани идеолошки цели

кон делување заради профит.

4.4 Дали поврзаноста помеѓу организираниот криминал и тероризмот навистина постои

Иако од досегашниот тек на оваа семинарска работа се наведени

голем број на причини, мотиви и дејствија кои навистина ги поврзуваат

организираниот криминал и тероризмот сепак се поставува прашањето

дали навистина постои поврзаност помеѓу тероризмот и организираниот

криминал.

. стр 14

Page 15: Поврзаност помеѓу тероризмот и организираниот криминал

Одредени автори анализирајќи ги тероризмот и организираниот

криминал наведуваат дека помеѓу овие два феномени на современиот

свет постои голема поврзаност поради сличностите кои ги имаат во

рамките на нивното делувањето, но сепак од друга страна пак други

автори ја застапуваат тезата дека не постои голема поврзаност помеѓе

тероризмот и организираниот криминал.

И покрај постоењето на одредени допирни точки, поврзаност и

меѓусебна зависност на организираниот криминал и тероризам, можност

за постоење на некакви поврзаности межу терористичките и

организирани групи но за посериозна поврзаност со валидни докази

меѓе тероризам и организиран криминал не може да стане збор. 14

Ова е сам дел од мислењата кои преовладуваат во светот

одредени политичари и теоретичари пак ја зголемуваат поврзаност

помеѓу организираниот криминал и тероризмот и наведуваат дека оваа

врска претставува уште поголема закана за светот освен заканата која ја

произведуваат секоја од овие појави поединечно. Сепак можеме

слободно да кажаме дека постои одредена поврзаност помеѓу

тероризмот и организираниот криминал, но неблагодарно би било врз

основа на претпоставки и анализи на одредени криминални појави и

активности да извлечеме заклучок за поврзаноста помеѓу овие две

појави и за истите да дојдеме до заклучок.

Сепак факт е дека не постојат доволно докази за тоа како

функционираат терористичките групи и организираните криминални

групи бидејќи се цврсто структуирани, па поради тоа не би можеле ни да

зборуваме за поврзаноста помеѓу овие две појави, но сепак јасно е дека

се работи за појави кои претставуваат сериозна закана за светскиот мир

и за глобалната безбедност воопшто.

14 Ibid стр.144

. стр 15

Page 16: Поврзаност помеѓу тероризмот и организираниот криминал

5 Спротиставувањена организираниот криминал и меѓународниот тероризам

Бидејќи денешните трендови, последиците и проценките за

организираниот криминал и тероризмот во иднина често пати

доведуваат до алармантни заклучоци, борбата против тие феномени

доби приоритет не само од европска перспектива туку и од

меѓународната заедница. Со оглед на вредноста на денешните

проценки, тероризмот и организираниот криминал во сите свои облици и

во блиската иднина ќе претставуваат сериозна закана. Порастот на

исламскиот тероризам, етничко ‐ сепаратистичкиот тероризам, како и

врската помеѓу тероризмот и организираниот криминал, ги натераа

земјите да ги зголемат напорите како би можеле ефикасно да се соочат

со прашањата и непосредните проблеми кои ги предизвикуваат овие два

феномени.

Таквите напори веќе резултираа со билатерални и мултилатерални

договори помеѓу заинтересираните земји, со кои се преземаат мерки за

спречување на ширење на организираниот криминал и терористичките

активности. Друг битен тренд е и постојаната намера за воспоставување

на блиска соработка меѓу тајните служби поради размена на

разузнавачки информации.

5.1 Соработката и координацијата

За да постои добра соработка и координација помеѓу самите лица

кои се стручни во оваа облас (стручњаци) што е примерот со

организираниот криминал на илегално оружје, мора да има добар проток

на информации кои нормално ќе бидат достапни за нив,но не и за

. стр 16

Page 17: Поврзаност помеѓу тероризмот и организираниот криминал

другите лица кои не се овластени за да можат навремено и ефикасно да

се справат со проблемот.Па така според ова мора да има :

• да постои редовна „размена на информации“ помеѓу стручњаците за

борба против тероризмот и организираниот криминал;

• воспоставување на заеднички антитерористички закони и прописи со

цел во борбата против тероризмот и криминалните активности да постои

единствен пристап;

• формирање база на податоци ;

• едукација на јавноста за да ја сфати заканата од организираниот

криминал врз демократските процеси;

• развивање на социетална култура која не го толерира присуството на

организиран криминал. Податоците покажуваат дека кога владата и

народот го одбиваат влијанието на организираниот криминал,

криминалните групи не можат да преживеат.Во овој контекст, суштински

се неколку елементи:

• независност на судството;

• ограничување на парламентарниот имунитет;

• транспарентност на владините акти;

• соработка помеѓу различни национални агенции чие поле на работа е

борбата против организираниот криминал;

• соодветен и на високо ниво тренинг за оние кои се борат против

организираниот криминал, посебно затоа што криминалците сè повеќе

употребуваат „софистицирани“ и специјализирани техники. На пример,

во претходните години организаторите на организираниот криминал и

терористичките групи употребуваа „чисти пари“, кога парите претходно

беа испрани низ разни легални или квази ‐ легални активности, како што

се бизнисите, невладините организиции, хуманитарните организации,

итн. Националните влади предложуваат закони за справување со

проблемите поврзани со перење на пари и представниците задолжени за

. стр 17

Page 18: Поврзаност помеѓу тероризмот и организираниот криминал

спроведување на законот се обучени да се борат со криминалот. Но,

криминалците и терористите често пати употребуваат чисти пари, затоа

претставниците на законот би требало да се обучуваат за пронаоѓање на

терористичката вклученост и во легалните активности.

Меѓународната и регионалната соработка исто така игра многу важна

улога во составување на цврста стратегија за борба против

организираниот криминал. Како што е познато, нема земја која може

самостојно да се справи со организираниот криминал и терористичките

активности. Само со меѓународна соработка можеме да се надеваме

дека ќе се намалат овие активности.

Како примери на успешна соработка во регионот можеме да ги

споменеме неколку иницијативи за соработка, како што се :

• Совет на Министрите за Одбрана во Југо Источна Европа (SEDM)

Проект за „Борба против тероризмот, спречување на пролиферацијата

на оружјето за масовно уништување и граничната безбедност“ ‐ иницирана и поддржана од Романскиот претседавач на Комитетот за

соработка на СЕДМ во Анталија(Турција) , на 20 Декември 2001;

• Иницијатива за Соработка воЈугоисточна Европа (SECI)

Целта на Југо ‐ Источниот центар за спречување на меѓуграничниот

криминал е низ поттикнување на истраги, споделување на искуства, и

формирање заеднички операции, употребувајќи ги оперативните групи за

различни истраги и постојано еволуирање и анализирање на ситуацијата

со криминалот во регионот.

SECI Центарот има Анти ‐ терористички сили кои им помагаат на земјите

членки во спротиставување на поврзаноста помеѓу организираниот

криминал и тероризмот.15

• Декларација за придонес на земјите од Југо Источна Европа во

меѓународната борба против тероризмот потпишана од владите на

15 Statement and objectives of the SECI Center, www.secicenter.org

. стр 18

Page 19: Поврзаност помеѓу тероризмот и организираниот криминал

Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Југославија, Хрватска,

Македонија, Романија и Турција.

• Резолуција на ОН која забележува на блиската поврзаност помеѓу

меѓународниот тероризам и меѓународниот организиран криминал,

трговијата со дрога, перењето на пари, илегалната трговија со оружје и ја

потенцира потребата да се зајакне координацијата на напорите на

национално, суб ‐ национално, регионално и меѓународно ниво со цел да

се зацврсти глобалниот одговор на овој сериозен предизвик и закана за

глобалната безбедност.16

• Акционен план за регионална и економска соработка усвоен на

SEECP

Самитот во Скопје во кој е наведено : „Шефовите на државите и владите

се обврзани за сеопфатни и одговорни мерки за спречување на

корупцијата, организираниот криминал, елиминирање на тероризмот,

незаконските дроги, оружјето и трговијата со луѓе.17

Соработката во рамки на НАТО и ЕУ е исто така многу важна, поради

желбата на земјите за Европска и Евро ‐ атлантска интеграција што

може да биде средство за промовирање на заеднички вредности кои

вклучуваат демократија, пазарна економија, човекови права, итн.

На полето на соработка неопходно е создавање информациони системи

и размена на разузнавачки информации, на национално и регионално

или меѓународно ниво.

6 Заклучок

16 United Security Council Resolution SC1373, 28 September 200117 Action Plan for Regional Economic Cooperation, SEECP Summit, 23 February 2001

. стр 19

Page 20: Поврзаност помеѓу тероризмот и организираниот криминал

Од текот на целата семинарска работа воопшто не е лесно да се

изведе заклучок за вистинската поврзаност помеѓу тероризмот и

организираниот криминалитет. Иако одредени факти и податоци

укажуваат на поврзаност помеѓу овие две појави, сепак имаме голем

недостаток на докази со кои би можеле да го поврземе тероризмот со

организираниот криминал и да зборуваме за природата на нивната

поврзаност како и за етиолошките и феноменолошките карактеристики

на оваа можна поврзаност.

Сепак одредени автори кои ги разработив наведуваат дека постои

поврзаност помеѓу тероризмот и организираниот криминал токму поради

одредени слични активности кои ги остваруваат и секако поради

потребата на терористичките организации од финансиски средства и од

опрема со која би ги извршувале евентуалните терористички акти.

Оттука доколку ги разгледувам начините на делување на терористичките

организации како и на организираните криминални групи, би можела да

извлечам заклучок дека не би било воопшто логично да не постои

поврзаност помеѓу организираниот криминал и тероризмот. Сепак

организираниот криминал и групите кои го вршат, имаат за цел

стекнување на профит, а додека пак терористичките организации и групи

пред да започнат извршување на одреден акт, мораат најпрво да

обезбедат доволно финансиски средства, и неретко тие финансиски

средства се остваруваат токму со активности од областа на

организираниот криминал. Поради ова според мене е неминовна

соработката и поврзаноста помеѓу терористичките организации и

организираните криминални групи, во одредени подрачја на криминални

активности и во одредени временски интервали.

Поврзаност постои но во колкава мера е истата не би можеле да

говориме токму поради фактот кој го напоменав – немањето на доволен

број на докази, но сепак поврзаност постои и за тоа не би требало да

има дилема.

. стр 20

Page 21: Поврзаност помеѓу тероризмот и организираниот криминал

7 Користена литература

1. З.Димовски(2007) Тероризам, Графотранс – Скопје, Скопје

2. М.Николовски (2008),Поврзаноста и влијанието на организираниот

криминал тероризмот и политиката, Графотекс – Куманово, Скопје

3. Ј.Спасески, П.Аслимовски,(2001), Безбедност, Одбрана, Мир, Охрид

4. М.Бошковиќ, (1998), Организовани криминалитет, Полицијска

Академија, Белград

5. М.Котовчевски, (1978), Тероризам, Белград

6. З.Димовски,(2005) Илегална трговија со оружје и тероризмот во РМ,

Графотранс-Скопје, Скопје

7. Котовчевски, М.”Современ тероризам“, Македонска Цивилизација,

Скопје, 2003.

8. Котовчевски, М.”Национална безбедност на Република

Македонија“(втордел), Македонска Цивилизација, Скопје, 2000.

. стр 21