Стандарди за наставата по англиски јазик

2
Стандарди за наставата по англиски јазик Стандардите во странските јазици ги содржат главно двете категории: категорија Знаење и категорија Вештини и способности. Во усвојувањето на системот Знаења спаѓа усвојувањето на: - лексичките единици - граматичките структури и - комуникативните модели во рамките на обработените теми и содржини,низ кои провејува културата и цивилизацијата на земјата чиј јазик се изучува. Во рамките на вештините и способностите се врши проверка на функционалните способности на учениците преку: - рецептивни вештини и способности, - репродуктивни вештини и способности и - продуктивни вештини и способности. Интеркултурните компетенции се специфични вештини во стекнувањето на вештините и способностите кај еден странски јазик. Совладувањето на стратегиите на учење и користење на знаењето, е исто така стандард за мерење на вештините и способностите на учениците за совладување на англискиот јазик. Во категоријата Вештини и способности спаѓаат компонентите: -Слушање со разбирање -Зборување -Читање и -Пишување Стандардите и критериумите за оценување се темелат на одредбите на Законот за основно образование, наставните програми за секое одделение во основното образование, теоретските сознанија и искуства од наставната практика. Стандардите се систематизирани според општите и конкретните цели/задачи во наставните програми за секое одделение,

Upload: zdraveska-dragica

Post on 29-Jul-2015

569 views

Category:

Documents


22 download

TRANSCRIPT

Page 1: Стандарди за наставата по англиски јазик

Стандарди за наставата по англиски јазик

Стандардите во странските јазици ги содржат главно двете категории: категорија Знаење и категорија Вештини и способности.

Во усвојувањето на системот Знаења спаѓа усвојувањето на:- лексичките единици- граматичките структури и - комуникативните модели

во рамките на обработените теми и содржини,низ кои провејува културата и цивилизацијата на земјата чиј јазик се изучува.

Во рамките на вештините и способностите се врши проверка на функционалните способности на учениците преку:

- рецептивни вештини и способности, - репродуктивни вештини и способности и- продуктивни вештини и способности.

Интеркултурните компетенции се специфични вештини во стекнувањето на вештините и способностите кај еден странски јазик.Совладувањето на стратегиите на учење и користење на знаењето, е исто така стандард за мерење на вештините и способностите на учениците за совладување на англискиот јазик.

Во категоријата Вештини и способности спаѓаат компонентите: -Слушање со разбирање-Зборување -Читање и-Пишување

Стандардите и критериумите за оценување се темелат на одредбите на Законот за основно образование, наставните програми за секое одделение во основното образование, теоретските сознанија и искуства од наставната практика.Стандардите се систематизирани според општите и конкретните цели/задачи во наставните програми за секое одделение, според наставните теми/компоненти во изучувањето на англискиот јазик, како и основните знаења и способности.

При дефинирање на стандардите земени се предвид насоките на Заедничката Европска референцијална рамка за изучување на странските јазици.Според насоките на Заедничката Европска референцијална рамка се разликуваат вкупно 6 нивоа на комуникативна употреба:Елементарно ниво: А1-подготвително ниво; А2- темелно нивоСамостојно користење на јазикот: В1- преодно; В2- самостојно нивоКомпетентно користење на јазикот: С1 –напредно ниво; С2 –највисоко ниво.