Чудата на Пресвета Богородица

67
Чудата на Пресвета Богородица Епископ Велички Гаврил Светогорец ЧУДО 1. Раскажување за некои Евреи што ослепеле, а на еден му биле отсечени рацете, па откако поверувале во Христа, биле излекувани од пресвета Богородица. Во она време кога нашиот Господ Исус Христос посакал да Ја одведе Својата прељубезна Мајка од овој свет во небесниот вечен живот за да царува со Него довека, се собрале сите апостоли, кои се вратиле од разни страни на светот за Нејзината смрт. Светите апостоли кога ја виделе Мајката Божја, многу се зарадувале. А таа им рекла дека ќе оди при Нејзиниот возљубен Син. И кога се помолила, ги благословила сите присутни, легнала мирно на својата постела и му ја предала душата на Својот Син и Бог. По нејзината повелба, апостолите го зеле божествениот ковчег и со најголема почит го носеле до гробот, пеејќи погребни песни. Исто така и светите ангели невидливо пееле и ја испраќале. Многумина од присутните Евреи, заслепени од завист, сакале да го превртат ковчегот на пре света Богородица, но во тој час ги казнил Бог со тоа што ги ослепел сите. Еден од овие Евреи, кој никако не се плашел, се фатил со рацете за ковчегот. Но, о големо чудо Божјо и на пресвета Богородица! Ангел Божји му ги отсекол двете раце и тие останале да висат на ковчегот. Таа глетка била страшна пред очите на оние што присуствувале. Кога тоа го видел свети апостол Петар, му рекол на постраданиот: „Верувај, чедо, дека таа е вистинската Божја Мајка и ќе оздравиш". Тогаш тој со солзи на очите поверувал и дошол, па се допрел до рацете што виселе и тие му се залепиле на телото и тој оздравел. Кога го чуле ова другите Евреи што ослепеле, поверувале и веднаш прогледале. Потоа и тие оделе до гробот и ја испраќале со страв и побожност. Откако ја погребале пресвета Богородица, три дена потоа над нејзиниот гроб се слушало пеење на ангели, кои ја придружувале се додека воскреснала и отишла на небото при Својот Син и Бог. И како што нејзиниот Син Исус Христос претрпел смрт и погребување, исто и таа претрпела и се вселила во гробот, а оттаму отишла на небото. Треба и ние да веруваме дека Бог кога сака и нас ќе не оживее од гробовите. Но ние сме должни да претрпиме гниење, да изгниеме во гробовите за да ни се очисти душата од гревовна наслага. Светото тело на пречистата Дева уште од почетокот било осветено од Светиот Дух, кое не се повредило во рождеството, ниту изгнило во гробот. Да ја бараме нејзината помош и молитва и нас да не однесе во Царството небесно. Амин.

Upload: igorius

Post on 30-Jul-2015

219 views

Category:

Documents


4 download

TRANSCRIPT

Page 1: Чудата на Пресвета Богородица

Чудата на Пресвета Богородица Епископ Велички Гаврил Светогорец

ЧУДО 1.

Раскажување за некои Евреи што ослепеле, а на еден му биле отсечени

рацете, па откако поверувале во Христа, биле излекувани од пресвета

Богородица.

Во она време кога нашиот Господ Исус Христос посакал да Ја одведе Својата

прељубезна Мајка од овој свет во небесниот вечен живот за да царува со Него

довека, се собрале сите апостоли, кои се вратиле од разни страни на светот за

Нејзината смрт. Светите апостоли кога ја виделе Мајката Божја, многу се

зарадувале. А таа им рекла дека ќе оди при Нејзиниот возљубен Син. И кога се

помолила, ги благословила сите присутни, легнала мирно на својата постела и

му ја предала душата на Својот Син и Бог.

По нејзината повелба, апостолите го зеле божествениот ковчег и со најголема

почит го носеле до гробот, пеејќи погребни песни. Исто така и светите ангели

невидливо пееле и ја испраќале. Многумина од присутните Евреи, заслепени од

завист, сакале да го превртат ковчегот на пре света Богородица, но во тој час ги

казнил Бог со тоа што ги ослепел сите. Еден од овие Евреи, кој никако не се

плашел, се фатил со рацете за ковчегот. Но, о големо чудо Божјо и на пресвета

Богородица! Ангел Божји му ги отсекол двете раце и тие останале да висат на

ковчегот. Таа глетка била страшна пред очите на оние што присуствувале. Кога

тоа го видел свети апостол Петар, му рекол на постраданиот:

„Верувај, чедо, дека таа е вистинската Божја Мајка и ќе оздравиш". Тогаш тој со

солзи на очите поверувал и дошол, па се допрел до рацете што виселе и тие му

се залепиле на телото и тој оздравел.

Кога го чуле ова другите Евреи што ослепеле, поверувале и веднаш прогледале.

Потоа и тие оделе до гробот и ја испраќале со страв и побожност. Откако ја

погребале пресвета Богородица, три дена потоа над нејзиниот гроб се слушало

пеење на ангели, кои ја придружувале се додека воскреснала и отишла на

небото при Својот Син и Бог. И како што нејзиниот Син Исус Христос претрпел

смрт и погребување, исто и таа претрпела и се вселила во гробот, а оттаму

отишла на небото.

Треба и ние да веруваме дека Бог кога сака и нас ќе не оживее од гробовите. Но

ние сме должни да претрпиме гниење, да изгниеме во гробовите за да ни се

очисти душата од гревовна наслага. Светото тело на пречистата Дева уште од

почетокот било осветено од Светиот Дух, кое не се повредило во рождеството,

ниту изгнило во гробот. Да ја бараме нејзината помош и молитва и нас да не

однесе во Царството небесно. Амин.

Page 2: Чудата на Пресвета Богородица

Чудата на Пресвета Богородица

2

ЧУДО 2.

За мртвата жена што го доела своето дете една година и потоа оживеала

Петнаесет години по Вознесението на Господ наш Исус Христос, Евреите го

убиле со камења светиот првомаченик и архиѓакон Стефан, ги испадиле

апостолите од Ерусалим и сите оние што верувале во Христа. Имало еден од 72-

јцата апостоли, по име Максимин, кој им бил пријател на Марта и Марија,

сестрите на Лазара, кому светиот апостол Петар му заповедал да не се одделува

од овие две жени, бидејќи нивниот брат, од страв да не го убијат Евре-ите, беше

избегал на Кипар, а сестрите му беа останале во Ерусалим со Мајката Божја до

нејзиното успение. Отпосле тие жени, откако го раздале својот имот на

сиромаси, отишле да проповедаат како и апостолите. Лукавите Евреи кога

виделе дека проповедаат за Христа, ги фатиле и ги ставиле во еден кораб без

платна и без кормило за да се удават во морето. Заедно со нив ставиле уште

тројца: Максимијан, Максимин и некој Колидониј, кој бил роден слеп, а

Христос му ги отворил очите.

Овие пет души Му се помолиле на Бога да ги спаси и да ги одведе каде што сака

Тој. По Божја повелба, коработ стигнал до галскиот град Марсеј. Кога излегле

од коработ, Му благодариле на Бога и отишле на пазар да си испросат леб. Но,

бидејќи луѓето таму биле неверни, затоа биле и немилостиви. Градскиот судија

бил бездетен. Тој видел на сон една жена која му говорела: „Ти седиш спокојно

со жена ти, не си милостив и не правиш никакви добри дела, а слугите на

вистинскиот Бог умираат од глад. Стани рано, отиди на пазарот, земи ги

петмината странци и нагости ги добро. Ако не ме послушаш, ќе умреш од

страшна смрт". Ова го видел судијата заедно со жена му, од кое многу се

уплашиле. Утредента кога излегол судијата на пазарот, ги нашол и ги довел

дома, па ги нагостиле и им дале се што им требало.

По неќолку дена, Марта и Марија почнале да ја проповедаат верата на

Спасителот наш Исус Христос и кажувале колку чуда направил Бог додека одел

по земјата. Кога го чул ова судијата, рекол: „Штом Тој направил толку многу

чуда, ако е вистински Бог, нека ми даде едно чедо, па ветувам оти ќе поверувам

во Него". А тие му рекле: „Не само што може тоа да ти го даде нашиот

Спасител, туку што и да посакаш друго со чиста вера во Него, готов е да ти

даде. Пробај, па ќе ја познаеш Неговата сила". По некое време, кога ја видел

својата жена непразна, поверувал во Христа и се покрстил заедно со сите свои

домашни. Тој станал таков верник и вистински христијанин што посакал да

отиде во Ерусалим за да се поклони на Христовиот гроб. Жена му со солзи го

молела и неа да ја поведе.

При тргнувањето, својот дом и го довериле на Марија, на која и дал власт не

само да управува со неговиот дом, туку и со сиот град: да урива идоли и да

подигнува цркви. Потоа се качил на еден кораб заедно со својата жена и со

неколку слуги. Првиот ден патувале добро, на вториот -дувнал спротивен ветар.

Така пловејќи, дошло време и жената родила машко дете, но веднаш потоа

умрела. Тогаш судијата се натажил многу, па решил да не се враќа назад, а само

ги известил домашните за тој случај. Потоа им рекол на бродарите да застанат

на некое пусто место. Тие застанале на еден остров, ја изнесле жената и ја

ставиле во една пештера заедно со детето, кое цицало од својата мртва мајка.

Page 3: Чудата на Пресвета Богородица

Епископ Велички Гаврил Светогорец

3

Мажот ги покрил и рекол: „Пресвета Богородице, Мајко на бедните, ти им

помагаш на оние што се надеваат на тебе. Како што Си го родила Бога на

чудесен начин, сочувај го и ова дете; прави со него како што знаеш ти". Потоа

влегле во коработ и за кусо време стигнале во Ерусалим. Таму го нашол свети

апостол Петар и му раскажал се што се случило по патот. Свети апостол Петар

му одговорил: „Мир на тебе, чедо, затоа што си поверувал во светото учење и во

светата вера Христова. А за твојата жена и за детето немој да жалиш, но радувај

се". Потоа му ги кажал сите свети места каде што одел Христос и правел чуда.

Судијата, откако поминал во Светата Земја повеќе од една година, тргнал за во

својата татковина, а свети Петар го благословил и го испратил до коработ.

Со Божја помош, стигнале до она место каде што беше ја оставил својата мртва

жена со живото дете. Кога дошле до пештерата, го нашле детето како цица од

мртвата мајка, која била цела и нераспадната. Многу се зачудил и со солзи се

обратил кон Бога: „Боже! Ти се можеш. Голем е овој дар што Си го хранел

детето со млеко од мртва мајка; верувам дека можеш и мртвата да ја

воскреснеш, па да ми бидат две радости, а да се исполни и она што Твојот

апостол Петар ми претскажа. Многумилостив Господе, чуј го Твојот недостоен

слуга, Твојата пречиста Мајка и Твојата слугинка Марија што ме просвети и

што направи да Го познаам вистинскиот Бог". И во тој час, за големо чудо,

станала мртвата жена како од сон и откако воздивнала, рекла: „Благословено е

твоето име, о Владичице, Која си ми го чувала телото да не изгние и си ми го

хранела детето толку време".

Тогаш жената му кажала на својот маж: „Да знаеш дека и јас бев со тебе во оние

свети места каде што те водеше свети Петар. Мене ме водеше ангел Божји".

Потоа му ги кажала сите свети места по име. Од тоа мажот многу се израдувал.

Отпосле влегле во коработ и си отишле во својот град, па и се поклониле на

праведната Марија и и кажале се што им се случило по патот. Тогаш во Марсеј

сите жители се покрстиле, ги испокршиле идолите и си изградиле цркви во

слава на Света Троица. Амин.

ЧУДО 3.

За некој Јован, кој имал душеспасително видување

За време на цар Константин имало некој шивач по име Јован, кој живеел

беззаконо и правел секакви гревови, без да мисли за вечната мака што ги чека

сличните на него. Меѓутоа, семилостивиот Бог, Кој секогаш прави добро и

корисно за нас, му покажал едно страшно видение за да се покае и да се

поправи. И така, една ноќ сонувал како сошил облека, му ја однесол на царот и

разговарал и се веселел со него. Потоа царот извадил нож, го фатил за косата и

му ја отсекол. Му рекол дека и главата ќе му ја отсече, и му ја отсекол. Тогаш

тој од голем страв се разбудил и растреперен рекол: „Ти благодарам, соне, оној

страшен настан помина како нешто лажно". Пак не се покајал, бидејќи го

заборавил тој страв.

По кусо време, се разболел од тешка болест, но преблагиот Бог не го оставил,

му покажал и друго видение. Сега веќе не насон, туку најаве: му се занел умот и

видел дека го водат на такво место каде што се собираат да ги судат луѓето и

Page 4: Чудата на Пресвета Богородица

Чудата на Пресвета Богородица

4

давале согласност да погубат некого. Таму видел некаков страшен цар, кој седел

на велелепен престол и бил облечен во владичко и царско одејание. Уште видел

од десна страна стоеле некакви убави лица облечени како све-штеници, а од

левата - стоеле лути и грозни суштества, зад кои имало темна и страшна бездна.

Јован стоел таму со голем страв и трепет, а царот му рекол: „Ме познаваш ли кој

сум јас, момче?" Јован одговорил уплашено: „Ми се чини, Господи, дека си Ти

Синот Божји, Кој Си примил човечко тело заради нас грешните, како што

пишува во Светото писмо". Тогаш царот му рекол: „Кога Ме знаеш од Светото

писмо, зошто го заборави она кога те уплаши царот Константин? Или не

разбираш што ти зборувам". Јован одговорил: ,.Владико! Се уште го носам тој

страв во срцево". А тој му рекол: „Кога го имаш тој страв во срцето, зошто не се

покаеш за своите гревови? Тогаш јас бев, а не цар Константин". Кога тоа го

рекол, им заповедал на оние што стоеле пред него да го фрлат во бездната. А тој

со голем страв и трепет одвај одговорил и рекол: „Пресвета Богородице,

помогни ми!" И веднаш таму се нашла света Богородица, Која го молела Христа

да му опрости и да го помилува. Тогаш, уште додека го влечеле оние

немилостивци да го фрлат во бездната, се чул глас да вика: „Оставете го заради

молитвата на Мојата Мајка. Има време, нека се покае".

Потоа болниот се освестил и по милоста на пресвета Богородица оздравел, па

отишол при духовникот и му го кажал своето видение. На тоа духовникот му

рекол: ,,Да го славиш Бога, брате, идаи благодариш на света Богородица што си

даруван со такво чудесно видение. За натаму покај се и поправи го животот за

да не паднеш како што паднал еден, по име Георги, на кого му се случило пред

тие денови некој негов пријател да виде за него како го влечат ѓаволите во

вечната мака. Потоа, откако се спасил со молитвите на Божјите угодници, му се

дало време од дваесет дена да се покае. И кога му го кажал пријателот тоа

видение, му советувал да се покае, но тој не сакал и не се покајал. По дваесет

дена, умрел и ги загубил душата и телото и отишол онаму каде што го влечеле

порано ѓаволите. Затоа и ти чувај се да не те снајде тоа зло што го снашло оној

несреќник. Поправи го животот преку покајание. Ти виде, ако не беше света

Богородица, би умрел од таа болест".

Јован ја послушал оваа спасоносна поука на духовникот, го имал секогаш тој

страв во срцето, живеел во покајание, па со плачење и солзи си ги измил

гревовите, примил опростување и, кога умрел, отишол во вечниот живот да се

радува во близината на Бога.

ЧУДО 4.

За чудото што станало во една црква на пресвета Богородица, наречена

„Иеорија"

За време на православните цареви Михаил и света Теодора, во Цариград имало

некој судија по име Антониј, кој во својот двор имал црква посветена на

пресвета Богородица, во месноста именувана „Иеорија". Во тоа време имало

цареви што не ги почитувале светите икони и кога ја ограбиле оваа црква, како

и другите цркви, ги исфрлиле од неа сите свети икони, а оставиле само еден

крст што го заковале на ѕидот.

Page 5: Чудата на Пресвета Богородица

Епископ Велички Гаврил Светогорец

5

Подоцна, кога пак завладеало православно христијанство, истиот човек одново

ја украсил својата црква со свети икони и со други украси и направил бања при

црквата. Додека бил жив тој човек, ја чувал и ја украсувал црквата, а особено

бањата што покажувала лековито дејство на оние што се миеле со чиста и

цврста вера. Но кога умрел Антониј, бањата запустела и многу од мермерните

плочи се разнесле, немајќи кој да се грижи за неа. Црквата му била доверена на

еден свештеник да ја чува. Гледајќи ги многубројните чуда што ги правела света

Богородица, тој со големо стравопочитување служел во неа. Исто така,

многумина од луѓето ја почитувале таа црква и му помагале на свештеникот во

се.

По малку време, кога царот Роман во својот дворец почнал да прави бања и

барал убав мермер, му рекле дека во црковната бања има добар мермер. Царот

заповедал да ја растурат таа бања и материјалот да го донесат за неговата.

Меѓутоа, пресвета Богородица, која ја чувала својата црква, не одобрила да се

растури нејзиниот дом, па му се јавила на мајсторот Нестор и му рекла:

„Внимавај, да не извадиш ниеден камен од мојата црква Иеорија, оти страшно

ќе те накажам". Мајсторот, кога го чул тоа, му кажал на царот. А тој, бидејќи

вистински православен христијанин, се согласил дека не треба да ја разгневува

света Богородица, но решил уште повеќе да го украси нејзиниот храм и бањата.

Царот останал на својот збор: ја направил бањата и донесол повеќе вода. Потоа,

откако се измиле царевите Роман, Христофор и Константин, тие издале царски

повелби со златни царски печати, потпишани своерачно од нив, да се дава

секоја година одредена помош за одржување и украсување на црквата.

Бидејќи света Богородица направила таму многубројни чуда, нема да е

излишно, ако споменеме макар едно од нив.

Имено, некоја богата и видна жена тешко се разболела. Снагата и отекла. Толку

непријатна миризба се ширела од неа што не можело да се трпи. Таа сиот свој

имот го потрошила по лекари, но не можеле да и помогнат. Тогаш се сетила

дека света Богородица прави чуда во црквата „Иеорија", па отишла таму. Седела

повеќе денови, но не оздравела зашто Бог сака да имаме многу трпение и затоа

не ни помага веднаш. Кога видела жената дека не може да оздрави, отишла во

Влахернската црква и таму паднала на земја, се молела со солзи и говорела:

„Помилуј ме, Мајко Божја! Немам помош од други, а само тебе те имам за

помошничка и при тебе идам".

Така молејќи се од срце, во деветтиот ден видела една многу светла жена, која и

рекла: „Што ти е, жено, та викаш и не престануваш да ми додеваш?!" А таа

рекла: „Знам, Владичице моја, знам дека поради моите гревови се измачувам.

Но, знам и тоа дека поради нас грешните се роди од тебе Синот Божји и стана

совршен човек, па заради тоа јас бедната доаѓам при тебе ти да ме помилуваш и

да ме излекуваш". На тоа светата Владичица и одговорила: „Оди во мојата

црква Иеорија и таму ќе се излекуваш". Кога се разбудила болната жена, Му

благодарила на Бога и отишла повторно во црквата „Иеорија". Таму и се молела

на пресвета Богородица да и дарува здравје, како што и ветила.

Откако задремала малку, Ја видела пак света Богородица со еден смиреномудар

и убав маж, на кого му рекла: „Раскини ја папката на таа болна жена!" Тој удрил

со стапот по нејзиното срце, од што жената се разбудила и познала дека тоа е од

Page 6: Чудата на Пресвета Богородица

Чудата на Пресвета Богородица

6

Бога. Тогаш од нејзината утроба истекло многу смрдлив гној. Поради тоа многу

Му благодарела на Бога и на Небесната Царица, на Нејзината помошничка, на

која ние треба да и се молиме за да не помилува и да не удостои за небесното

блаженство. Амин.

ЧУДО 5.

За слепиот, на кого му се отвориле очите од чудотворната вода на пресвета

Богородица

Во Цариград имало еден војник, по име Лав, кој бил милостив и добродетелен и

за неговата добрина Бог го удостоил да стане цар.

Еднаш кога случајно минувал низ една шумичка близу Цариград, нашол еден

слеп човек, кој, од многу одење по врелото сонце, се истоштил и ожеднал за

вода. Кога Лав го видел во таква состојба, многу се сожалил, го фатил за рака и

тргнале низ шумичката да бараат вода. Меѓутоа, откако пооделе малку, слепиот,

крајно истоштен, паднал и не можел да стане поради жед. Тогаш Лав го оставил

и одел по шумичката да бара вода, но, бидејќи не можел да најде, многу се

натажил, плашејќи се да не умре слепиот за вода.

Во таа тажна состојба, Лав чул глас кој му велел: „Не вознемирувај се, Лаве,

близу до тебе има вода. Напој го слепиот од неа, а потоа измиј му ги очите и ќе

ја познаеш мојата сила. Воедно да знаеш дека ти ќе станеш цар, но тогаш да не

ме заборавиш, туку овде да ми направиш црква за да седам во неа. И тие што

бараат помош, нека доаѓаат во црквата за да најдат телесно здравје и душевно

спасение".

Кога го чул тоа Лав, многу се израдувал затоа што барал едно, а нашол друго,

многу повеќе. Потоа, откако направил неколку чекори, нашол вода во еден

кладенец. Кога се напил од неа, сетил голема радост и сила во себе. Налеал од

водата, па го напоил и слепиот и му ги измил очите како што му рекла света

Богородица; во тој час слепиот прогледал и го фалел Бога.

По кусо време, Лав бил избран за цар. Направил црква во чест на света

Богородица на местото каде што ја нашол чудотворната вода и ја нарекол

„Животворен источник". Од оваа вода не само тој слеп што се излекувал, туку

станувале многубројни чуда, а и денес стануваат. И тоа не само христијаните,

туку и мнозина неверници нашле лек од неа. Таа вода не само што лекува

болести, но и мртви воскреснува, како што ќе видиме во следните чуда.

ЧУДО 6.

За премудриот цар Лав

Жената на премудриот Лав, која се викала Теофана, била праведна, правела

многубројни добри дела. Кога била уште жива царот паднал во тешка болест, од

која многу се измачувал и бил дури пред смрт. Сите градски лекари се собрале,

но не можеле да му помогнат. Најпосле рекле дека ќе умре и нарачале да го

приготват за смрт. Блажената царица кога видела дека ниеден лекар не може да

го излекува, побарала помош од небесниот Лекар.

Page 7: Чудата на Пресвета Богородица

Епископ Велички Гаврил Светогорец

7

Таа се затворила во својата соба, паднала пред иконата на пресвета Богородица

и се молела, со солзи и со чиста вера, да се продолжи животот на нејзиниот маж

додека порасне нивниот син Константин за да не остане царството без

управител и да пропадне.

Молејќи се Теофана на Небесната Царица, чула глас од небото, кој и говорел:

„Не жали, Теофано, денес ќе дојде лековита билка од која ќе оздраве твојот

маж". Кога го чула ова царицата, многу се израдувала и веднаш отишла при

болниот, кого го нашла на умирање, а лекарите решиле да го секцираат. Штом

дошла таа, им рекла: „Оставете го, сега ќе дојде друг лекар што ќе го излекува".

По малку време, откако веќе мислеле дека царот умрел, виделе една монахиња,

по име Агапија, како иде со брзање. Таа седела во црквата при чудотворната

вода, од која донесла и и рекла на царицата: „Кога отидов утринава да ја метам

црквата Богородична, чув како некој ме вика и ми рече: „Агапие, земи вода од

мојот кладенец и веднаш однеси му на царот да се напие за да оздравее, оти за

него се моли царицата со солзи ".

Тогаш царицата ја зела водата, му ставила од неа во устата на болниот и тој

веднаш се освестил и станал од постелата сосема здрав. На тоа ненадејно чудо

сите се восхитувале. Тогаш царот од голема радост наредил да се устрои

торжествен празник во чест на големата милост што ја покажала кон него

пресвета Богородица; на Неа за пофалба и слава од сите нас. Амин.

ЧУДО 7.

За еден човек што оживеал од чудотворната вода, наречена „Балаклија"

Некој богат човек, кој имал цврста вера и страв Божји, тргнал од Солун да оди

кај водата спомената во чудото бр. 6, преку која света Богородица правела

големи чуда. Тој многу сакал да пие од таа вода за да му се освети душата.

И така, земајќи со себе многу пари, за да може да троши и да дава на сиромаси,

влегол во коработ и тргнал на поклонение. По пат тој се разболел толку што бил

пред умирање. Кога видел дека ќе умре, му рекол на еден од бродарите:

„Чувствувам дека не сум достоен да се поклонам на таа Богородична црква,

ниту да пијам од светата вода, бидејќи моите гревови не ми допуштаат жив таму

да отидам. Но, те заколнувам во името на пресвета Богородица да не ме фрлиш

во морето, туку да ме ставиш во еден ковчег и да ме погребеш кај таа света

црква; уверен сум дека света Богородица за тоа ќе те награди. Од моја страна јас

ти давам сто жолтици, а другите да ги ставиш во црквата за спасение на мојата

душа". Откако тоа го рекол, умрел.

По три дена, коработ стигнал во Цариград. Го изнесле умрениот и повикале

свештеници да го опеат според христијанскиот обред. Откако го опеале,

свештеникот го отворил ковчегот и видел дека не мириса како други умрени.

Потоа го посипале крстовидно со земја, говорејќи:

„Господна земја..."1 За тоа време еден од бродарите залеал вода од

Животворниот извор и кога дошол кај умрениот, рекол: „О сиромав човече!

Колку многу си сакал да пиеш од оваа света вода и не си се удостоил, барем

Page 8: Чудата на Пресвета Богородица

Чудата на Пресвета Богородица

8

сега да те попрскам со неа" - и ја истурил водата врз него. И ете, славно чудо на

Божјата Мајка! Мртвиот веднаш оживеал, седнал во ковчегот и почнал да го

слави Бога идаи благодари на пресвета Богородица. Сите што биле таму се

восхитиле од тоа чудо, а посебно бродарите, кои виделе како умрел и во

четвртиот ден воскреснал, слично на четиридневниот Лазар.

Човекот што воскреснал од таа вода и бил многу благодарен на пресвета

Богородица и останал таму да служи до крајот на својот живот, примајќи

монашки чин и правејќи многу добрини. Мнозина го прашувале што видел на

оној свет, но тој не им одговорал ништо, туку само велел: „Трудете се, браќа, да

се спасите".

Потоа тој поживеал уште дваесетина години богоугодно и добродетелно додека

не се упокоил во Господа.

1. „Господова е земјата, и она што ја исполнува, вселената и сите што живеат на

неа" - Последната молитва што ја кажува свештеникот кога покојникот се

положува во земјата.

ЧУДО 8.

За свети Роман Слаткопевец, кој пишувал кондаци

Свети Роман бил родум од градот Одеса. Го оставил родниот град, па отишол во

Цариград и се настанил во еден манастир што се викал „Кора". Имал обичај

честопати да оди во Влахернската црква на пресвета Богородица и стоел по

цели ноќи на молитва, бидејќи бил премногу добродетелен и богобојажлив

човек. Најмногу одел на големите празници, кога што останувал по цела ноќ и

Му се молел на Бога. За тоа се удостоил да прими голем дар од пресвета

Богородица.

Еднаш кога бил на Рождеството Христово во Влахернската црква, каде што,

според навиката, стоел цела ноќ на бдение, од многу труд задремал и Ја видел

Света Богородица како држи во раката една книга и му рекла: „Отвори ја устата

и голтни го овој дар што ти го давам". Тој ја отворил устата и ја проголтал

книгата. Утрината, кога отишол пак во црквата, се качил на амвонот и почнал да

го пее со многу силен и сладок глас кондакот: „Дјева днес Пресуштественаго

раждает..."2 Пеел така слатко и умилно што сите дознале дека тоа е дар од Бога.

Потоа Роман напишал многу кондаци за Господските празници и за други

светии.

Со таков дар се удостоил чудниот Роман, кој порано бил многу тап за учење.

Оттогаш му се просветил разумот од дарбата што ја примил од пресвета

Богородица. Со нејзината благодат и ние да се удостоиме да примиме вечно

блаженство. Амин.

2. „Дева денес Го раѓа Оној што постоел од секогаш и земјата на Недостапниот

пештера Му принесува. Ангелите со пастирите Го прославуваат, а мудреците со

Page 9: Чудата на Пресвета Богородица

Епископ Велички Гаврил Светогорец

9

ѕвездите патуваат, зашто заради нас се роди Дете младо, Превечниот Бог" -

кондак на Божик.

ЧУДО 9.

За свети Григориј Чудотворец, архиепископ Неокесариски

На 17 ноември црквата го празнува споменот на свети Григориј Чудотворец. Тој

прво живеел во гората (манастир), каде што во пост и молитви го поминувал

времето. Потоа, поради благочестивиот и подвижнички живот бил избран за

владика. Кога стапил на архиепископскиот престол, многу се трудел и со

ревност ја поучувал својата паства. Во неговото житие пишува дека правел

многу чуда.

Тој свет маж имал обичај секоја ноќ да се моли во својот дом. Еднаш кога се

молел, собата му засветела со чудна Божја светлина и видел една многу убава

жена, придружена со еден миловиден старец. Свети Григориј многу се зачудил

и мислел дали не е тоа Небесната царица; но не можел да ја познае додека не

чул глас како му зборува: „Јоване евангелисту! Ти што си многу возљубен од

Мојот Син и Владика, и кој си наречен Богослов, покажи ја чисто и вистинито

тајната на вистинската вера на овој верен пастир за да ги разбере правилно сите

богословски вистини, за да не го победуваат неверниците". Кога го чул тоа

свети Григориј, разбрал дека старецот бил свети Јован Богослов и дека дошле

при него да го упатат во тајните на православната христијанска вера за да им

проповеда на луѓето, зашто во тоа време имало многу еретици кои им правеле

големи пакости на христијаните, одвраќајќи ги сосила од православната вера.

Тогаш тој свет и голем чудотворец напишал за таинството на Светата Троица

како го научиле свети Јован и света Богородица. Во неговото житие се вели дека

не само тој дар што го примил од света Богородица, но од Неа примил сила да

прави и други славни чуда, од кои многу се восхитувале оние што ги виделе или

чуле за нив.

Кој сака да знае поопширно за тие негови чуда, нека го прочита неговото житие,

од кое ќе има голема корист. Овде споменавме само едно од нив, за

осведочување колку дарови примаат од Бога оние што чисто и правилно го

исполнуваат Божјиот закон и кои Ја почитуваат и исе молат на пресвета

Богородица. Амин.

ЧУДО 10.

За свети Јован Дамаскин, на кого света Богородица му ја излекувала

отсечената рака

Кога стапил на цариградскиот престол Лав Исавријанец, беше кренал гонење

против иконите, мислејќи дека нивното почитување е идолопоклонство. Во тоа

време многу православни владици и христијани пострадале од него затоа што

му се противеле.

Кога чул за ова свети Јован Дамаскин, кој тогаш бил висок службеник при

дворот на персискиот цар Амир, почнал да пишува книги и писма и ги испраќал

по сета грчка земја, утврдувајќи ги православните во благочестие. Тој го учел

народот да ја чува Христовата вера, да ги почитува светите икони и да им се

клања. А кои не ги почитувале, ги нарекувал еретици и неверници.

Кога го дознал тоа царот иконоборец, многу се разгневил на Јована и намислил

да го наклевети на царот Амир. За таа цел тој дошол до некое од неговите

Page 10: Чудата на Пресвета Богородица

Чудата на Пресвета Богородица

10

писма, потоа нашол човек што умеел да пишува исто како и Јован, па му

заповедал да .напише писмо кое божем Јован му го напишал на грчкиот цар, со

кое го кани да ги нападне Агарјаните и да го заземе Дамаск.

Тоа писмо царот го испратил во Дамаск по еден човек заедно со свое писмо до

персискиот цар, во кое му пишувал: „Царе Шамски Амире! Ти знаеш дека ние

сме во големо пријателство, што нема никогаш да престане, но твојот 'верен'

Јован ме кани да кренам војска против тебе. За да се увериш, ти испраќам едно

негово писмо".

Кога ги примил тие две писма, Амир многу се разгневил, па го повикал Јована

да му ги покаже. А свети Јован кога видел дека тоа е клевета од страна на

иконоборецот, му рекол на царот: „Тој ракопис, иако личи на мојот, не е мој,

царе! Никогаш јас не сум помислил такво нешто". Но проклетиот варварин во

својот гнев наредил веднаш да му ја отсечат десната рака што го посрамила

неверниот цар, иконоборец. Џелатите му ја отсекле раката и ја закачиле на јавно

место за да ја гледаат луѓето.

Откако се замрачило, света Јован испратил луѓе до Амира и го молеле да му ја

даде раката за да ја закопа в земја. На царот му поминал гневот и му ја дал

раката. Свети Јован кога си ја зел раката, се затворил во својата соба, легнал на

земја пред иконата на пресвета Богородица и со големи воздишки и солзи се

молел: „Пресвета Владичице, пречиста Мајко на мојот Господ! Поради светите

икони ми ја отсекоа раката. Ти знаеш колку е лукав царот Лав. Те молам,

погледни на мене, излекувај ми ја раката. Десницата, на Вишниот, Кого ти Си го

родила, многу чуда направила по твоите молитви. Помоли Го и сега за мојата

десница. О Владичице, за да можам со неа да пишувам песни за твоја слава и за

слава на Твојот Син".

Молејќи се така, свети Јован задремал и ја видел Мајката Божја како му говори

од иконата: ,,Еве, ти оздраве раката и не тажи за неа. Таа сега може да пишува

како и порано, онака како што сакаше ти". И навистина. кога се разбудил, ја

видел раката здрава. Останал само белег како со конец да била стегната на

местото каде што била пресечена. Тогаш тој им благодарил на Бога и на Мајката

Божја за големата милост покажана кон него. Потоа, преку целата ноќ свети

Јован пеел пофални песни и говорел: „Десницата Твоја, Господи, се прослави во

силата. Твојата силна десница ја излекува мојата болна рака и сите неверници

што не ги почитуваат светите икони си ги поразил".

Утредента сите што виделе дека раката му е здрава, многу се зачудиле. Кога тоа

го разбрал тоа царот, го повикал Јована да му ја виде раката. Тој отишол кај

царот и му ја покажал отсечената рака веќе здрава, на која имало бе-лег како од

црвен конец. Кога го видел тоа царот, го прашал кој доктор и со каков лек му ја

исцелил раката? Свети Јован без да се плаши, му одговорил: „Бог, Кој може се

да направи, ми ја излекува, а не доктор". Царот се уплашил и му рекол:

„Опрости ми, пријателе, јас не знаев и затоа заповедав да ти направат зло. Но

сега гледам дека ти си бил прав и затоа сакам да бидеш пак при мене и дури на

уште повисока должност". Свети Јован му заблагодарил и му рекол: „Те молам,

да ме пуштиш да отидам да и служам на пресвета Богородица, која ми ја

излекува раката". Кога го чул тоа Амир, му одобрил да отиде каде што сака.

Page 11: Чудата на Пресвета Богородица

Епископ Велички Гаврил Светогорец

11

Потоа свети Јован го раздал целиот свој имот на сиромаси, ги отпуштил слугите

и отишол во манастирот „Свети Сава"; таму се замонашил. Го дале на

послушание кај еден старец, кој му заповедал без негова заповед да не работи

ништо. Но, еден ден дошол при него некој човек и го замолил да му состави

некоја духовна песна затоа што бил натажен поради смртта на брат му. Тој му

испеал: „Всја суета человеческаја..."3, тропар кој и денес се пее на опело. Кога

чул старецот дека свети Јован пее без негова дозвола, го истерал од кај себе.

Потоа се јавила пресвета Дева Марија и му рекла на старецот: „Не затворај го

тој чуден извор зашто тој ќе ја напои Црквата Христова со божествени песни за

да Го прослави Мојот Син и Мене". Тогаш старецот му простил на свети Јован и

му одобрил да се врати при него и да пишува песни за слава на Бога и на

Неговите свети. Амин.

3. „Се е човечка суета, она што не останува по смртта. Не останува богатството,

ниту придружува славата; зашто кога ќе дојде смртта, сето тоа пропаѓа. Затоа да

извикаме кон Христа - бесмртниот: преселениот од нас упокој го, кај што е

живеалиштето на сите оние што се веселат" - самогласен тропар на 3 глас, што

се пее на Опело.

ЧУДО 11.

За галската царица, на која света Богородица и ги излекувала отсечените

раце

Во Галија имало некој цар, чија прва жена при умирањето родила едно

прекрасно дете, кое го нарекле Марија. Потоа царот зел друга жена, која телесно

била многу убава, но по душа лукава и завидлива. Таа не сакала да има друга

жена убава како неа. Кога видела дека нејзината паштерка е поубава од неа,

намислила да ја убие.

Кога отишол царот на некое далечно патување, тогаш таа решила да ја исполни

својата зла намера, па му рекла на еден слуга: „Јас сакам да ми направиш едно

добро, но никој да не знае, а за тоа ќе ти дадам што ќе посакаш". Слугата се

заколнал дека ќе направи се што ќе му заповеда. Тогаш таа му рекла: „Првата

жена на царот му ја родила оваа девојка, но не од него туку од некој злочестен

човек, па затоа прави се што е лошо и сака да го посрами царскиот двор. Ти утре

рано земи ја и кажи и дека ќе ја водиш на прошетка, па одведи ја далеку во

планината и таму убиј ја. А како знак дека си ја убил, донеси ги овде нејзините

раце.

Слугата уште од вечерта се договорил со еден негов другар и биле готови. На

полноќ царицата ја разбудила девојката и и рекла: „Марие, ти оди сега, а по

еден час и јас ќе дојдам по тебе", па ја качила на една кола и ја однесле на

одреденото место. Но, бидејќи таа била разумна, сетила дека ја лажат и почнала

да се моли, гледајќи со насолзени очи кон небото и говорела: „Владичице моја,

јас немам друга помошничка, освен твојата благодат. Ти плати им на тие што

прават неправда". Слугите кога го чуле тоа, и рекле: „Ти нема од нас да видиш

никакво зло". А таа рекла: „Зошто ме лажете? Мојата маќеа ме излага и ме

предаде во вашите раце да ме убиете. Но јас се надевам на Бога дека Тој ќе ви

Page 12: Чудата на Пресвета Богородица

Чудата на Пресвета Богородица

12

плати за тоа беззаконие. Ве молам само да не ме убивате веднаш, но почекајте

малку додека Му се помолам на Бога". Тогаш тие и одговориле: „Кога си го

знаела тоа, добро беше да не доаѓаше со нас, па ниту би погинала, нити ние би

паднале во такво беззаконие. А сега веќе ќе го направиме тоа што ни порача

маќеа ти". Девојчето одговорило: „Не се плашите ли од Бога што ќе ме убиете

без никаква причина? Но да знаете убаво дека тоа беззаконие не само што ќе се

разгласи по светот, туку и праведниот Судија нема да ве остави без казна, а ќе

ви врати и вам и на онаа злосторничка. Ако сакате да се ослободите од тој грев,

оставете ме овде во планината жива и кажете и дека сте ме убиле. Подобро е да

умрам овде од глад, отколку да ме убиете и да си ги извалкате рацете со невина

крв".

Кога така им зборувала Марија плачејќи, тие се нажалиле, па и рекле: „О,

Марие, и нам ни е жал и би те оставиле жива, но твојата маќеа сака да и ги

однесеме твоите раце како знак дека сме ја извршиле нејзината заповед. Ако не

ја послушаме, тогаш таа ќе не убие нас; ако пак те оставиме жива, тогаш

ѕверовите ќе те изедат". А таа им рекла: „Тешко и горко е и едното и другото, но

барем ќе имам мала утеха, ако ме изедат ѕверовите, а не луѓето; тогаш и вие ќе

бидете чисти од мојата крв. Ве заколнувам во името на пресвета Богородица,

Која Го родила вистинскиот Бог и Судија на сите нас, немојте да ме убивате.

Ако пак сакате рацете мои да ги однесете за уверување, тогаш отсечете ми ги".

Таа си ги ставила рацете на едно дрво и тие и ги отсекле и и ги однесле на

царицата, која им дала многу дарови. Марија останала полумртва и немала на

кого да се надева и од кого да очекува лек, освен од пресвета Богородица, чие

име никако не и излегувало од умот. Од преголеми болки не можела да ја

отвори устата; сепак, не била сосема ос-тавена, а по Божја промисла нашла

помош.

Некое момче, син на големец, одејќи на лов, го упатил Бог да помине оттаму,

каде што била Марија. Кога чуло офкање и плач, отишло и ја нашло девојката

без раце. Ја прашало кој и ги отсекол рацете, но таа ништо не му одговорила, а

само се молела да и помогне. Момчето им рекло на своите слуги: „Сега не е

време да ја испитуваме. Бог не испратил овде заради неа. Земете ја да ја

однесеме дома". Кога ја однеле во домот, и ги излекувале раните и сите се

чуделе на нејзината убавина и разум. Многупати ја прашувале чија ќерка е и

зошто и ги отсекле рацете, но таа не одговарала ништо, молчела како нема.

Момчето, гледајќи ја убавината и смиреноста на девојката, ја засакало и го

молело татка му да ја земе за жена. А татко му му рекол: „Сине, нам ни прилега

да земеме девојка од добар род, а ти ја сакаш оваа што е не само без раце, но и

Бог знае каква селанка е и поради која вина и ги отсекле рацете. Тоа ќе донесе

срам на нашето семејство". Момчето тогаш одговорило: „Татко, таа убавина и

тој разум не може да биде од прост род. Но и од прост род да е, неа ја сакам, а

не друга". Кога видел татко му дека не се одделува од неа, ги венчал според

законот.

А царот, таткото на Марија, не знаејќи што станало со неговата превозљубена

ќерка, паднал во голема жалост за неа. Кога ја прашал жена му каде е ќерка му

Марија, таа му одговорила дека избегала кришум една ноќ.

Page 13: Чудата на Пресвета Богородица

Епископ Велички Гаврил Светогорец

13

Царот тагувал и плачел за неа, се сомневал во царицата, но трпел. Насекаде по

царството испратил луѓе да ја бараат. Освен тоа, поради утеха во својата жалост,

наредил да се соберат сите големци од неговото царство и да се натпреваруваат

со коњи. Повикан бил и свекорот на Марија и тој да отиде на трката. Но синот

му рекол. „Татко, одобри ми јас да одам место тебе, а ти чувај ја невестава моја.

И ако роди пред да се вратам, гледај ја добро неа и детето".

Татко му се согласил, му дал благослов и го испратил да оди на царските игри.

Таму тој, со Божја помош, покажал добри успеси и од царот и од сите големци

бил пофален. Кога го видела лукавата царица, се вљубила во него, па повикала

еден од неговите слуги да го праша од каде е оженет неговиот господар?

Слугата и раскажал се подробно: како во гората нашол една девојка без раце,

дека таа имала прекрасно лице итн. Во исто време дошло писмо од татко му на

момчето, во кое го известувал дека жена му родила две машки деца. Кога тоа го

чула царицата, многу се уплашила: „Зачат болезн и роди беззаконие". Тогаш таа

го викнала оној што го донесол писмото и го прашала за се што се случило

таму, па откако го наградила добро, му рекла: „Кога ќе си одиш, да ми се

јавиш". Момчето му одговорило со писмо на татка си, му заблагодарило за

радосната вест и го замолило и натаму да води грижа за невестата и за децата

додека се врати тој. Човекот кога го зел писмото, отишол да и се јави на

царицата. Таа убаво го нагостила и го опила со вино, па без да знае тој му го

зела писмото и кришум ставила нејзино. Тоа лажно писмо ја имало следната

содржина: „Татко, да знаеш, мојата жена била ќерка на еден лош човек и убиец,

па за нејзините лоши дела и ги отсекле рацете. Децата што ги родила не се од

мене. Те молам, штом ќе го прочиташ писмово, веднаш да ја убиеш заедно со

децата. Ако чујам дека не е убиена, нема да се вратам дома".

Татко му кога го прочитал тоа лажно писмо, многу се натажил и дури се

разболел. Не знаејќи што да прави, ги прашал своите пријатели. Тие му рекле да

не ја убива, туку да ја испрати на местото каде што ја нашол син му и да ја

остави на Бога. Тој направил како што му советувале пријателите. Потоа му

јавил на синот дека направил се како што заповедал тој. А несреќната Марија

останала со децата в планина, крајно нажалена. Повеќе сакала да умре отколку

да ги гледа своите деца како умираат. Плачејќи така, видела една тесна патека.

Одвај некако ги зела децата, тргнала по неа и нашла еден старец, кој живеел во

една пештера. Штом ја видел старецот, помислил дека е некое ѓаволско

привидение, па сакал да избега. Но откако ја разбрал нејзината несреќа, се

сожалил на неа и ја одвел во својата пештера, а тој отишол да живее на друго

место; секој ден ја посетувал и и носел корења, од кои се хранел и тој.

По извесно време, момчето се вратило дома, па кога разбрало за тажниот

настан, паднало во голема тага и отишло да ја бара. Тоа си мислело и говорело

во себе: ,,Се надевам на пресвета Богородица дека таа нема да ја остави, како и

порано што не ја остави, бидејќи имала голема надеж во неа". И навистина: во

истата ноќ Марија имала видение, во кое и се јавила Мајката Божја, па и рекла:

„Утре ќе дојде твојот маж, ќе те земе и ќе те одведе дома, а твоите маки ќе

престанат, бидејќи имаш трпение и топла вера во мене". А Марија и одговорила:

„Ти благодарам Владичице моја, ти не ме оставаш во неволји, но можам ли да

бидам радосна кога сум без раце? Сепак, не се очајувам, се надевам на тебе".

Говорејќи така со смирение, чула пак како и зборува светата Владичица: „Ете,

Page 14: Чудата на Пресвета Богородица

Чудата на Пресвета Богородица

14

земи си ги рацете. Ти се даруваат со благодатта на Мојот Син. Оние што Ме

љубат и што бараат заштита од Мене, примаат секое добро". Во тој час Марија

си ги видела рацете здрави како пред отсекувањето. Кој може да ја искаже

нејзината радост и благодарност кон Мајката Божја! Цела ноќ стоела и се

молела, благодарејќи и на пресвета Дева Марија и читајќи ја молитвата:

„Богородице Дјево, радуј сја..."4, како што имала обичај секогаш да се моли со

топло срце и со големо смирение.

Утредента дошол нејзиниот маж и кога ја видел, многу се израдувал и ја

прегрнал, но од плачење не можел да проговори. А кога ја видел со здрави раце,

разбрал дека тоа е милост од пресвета Богородица. Потоа им благодариле на

Бога и на Мајката Божја и се вратиле во домот со неискажана радост. Тогаш

неговиот татко објавил осумдневен празник во чест на пресвета Богородица; ги

собрал си-те пријатели да го прослават Бога и пресвета Богородица и да се

повеселат.

Потоа господарот кога почнал да испитува за она писмо, тогаш Марија открила

која е причината за нејзините страдања и рекла: „Досега криев, но сега ќе

кажам. Јас сум ќерка на вашиот цар и од завист на маќеа ми тоа го претрпев. Но

пресвета Богородица, Небесната Царица, не остави да се радуваат моите

непријатели и ме избави од сите мои страдања. Сега пак известете го мојот

татко да знае дека сум жива и здрава додека не отидеме кај него".

Кога разбрале дека е ќерка на царот, Му благодариле на Бога за тоа што ги

удостоил да ја примат во својот дом, а потоа и оддале чест како на принцеза. Во

исто време го известиле царот, а потоа и самите отишле кај него. По три дена

патување, кога дошле до престолнината, царот заедно со својата свита ги

пречекал. Кога ја видел својата сакана ќерка, притрчал кон неа и со радосни

солзи ја прегрнал. А лукавата и зла царица кога го видела тоа, побрзала да се

скрие. Но царот кога ја разбрал нејзината лукавштина и злоба, заповедал да ја

изгорат жива. Потоа зетот го крунисал за цар, да владеат заедно, а по неговата

смрт тој да го наследи целото царство. Тогаш дошол и таткото на новиот цар, со

сите свои роднини и пријатели да се радува со својот син. Премногу им

благодариле на Бога и на пресвета Богородица. Направиле црква за вечен

спомен на тој настан и ги празнувале сите празници на пресвета Богородица.

Оттогаш царицата Марија правела многу добрини. Живеела богоугодно, во пост

и воздржување; давала многу милостина на бедните со свои раце и велела:

„Тие раце не се мои, ми ги подари пресвета Богородица, Небесната Царица, по

нејзина голема милост". И ние, кога сакаме да правиме добри дела и да даваме

милостина, да не бидеме мрзливи, но со голема усрдност и љубов да се трудиме

и да ги помагаме сиромасите.

И така, царицата Марија живеела богоугодно до длабока старост и отишла во

вечен живот. Слава Му на Бога и на Божјата Мајка! Да се трудиме и ние за да се

удостоиме да примиме таков дар од Дарителот на секое добро. Амин.

4. „Богородице Дево, радувај се, благодатна Маријо, Господ е со Тебе!

Благословена си Ти меѓу жените и благословен е плодот на Твојата утроба,

зашто си Го родила Спасителот на нашите души".

Page 15: Чудата на Пресвета Богородица

Епископ Велички Гаврил Светогорец

15

ЧУДО 12.

За една калуѓерка што си ги извадила очите за да си ја сочува чистотата

Меѓу жителите на град Витанија што поверувале во Христа, имало голем број

благочестиви и добродетелни мажи и жени. Мнозина од нив не сакале да ги

мажат своите ќерки, туку правеле манастири и во нив ги оставале да Му служат

на Бога. Во тоа време имало таму еден богат и добродетелен човек кој имал

ќерка на дванаесет години, по име Марија, која била многу убава. Кога татко и

намислил да ја даде во некој манастир, ја прашал да виде што ќе му одговори,

па и рекол: „Добро ќе беше да имав и друго дете, па едното да го дадам в

манастир, а другото да го омажам, но бидејќи те имам само тебе, не знам што да

правам? Но ми се чини дека е подобро твојата убавина да ја посветиш на Бога,

да отидеш в манастир и да Му служиш Нему, а не да паднеш во рацете на земен

човек. Ако ме послушаш и ја исполниш мојата волја, ќе бидеш чесна пред Бога

и пред луѓето". Кога го чула тоа Марија, му одговорила: „Добро ми велиш,

татко! И јас би сакала за женик да го имам Христа, а не човек, макар и

најбогатиот на светот". Татко и кога го чул тоа, многу се израдувал и по малку

време Ја однел во еден женски манастир, каде што дал многу пари и го украсил,

потоа и тој во него поживеал богоугодно и се претставил во Бога. Потоа и многу

други луѓе ги давале своите ќерки да живеат таму додека пораснат, а отпосле

која како сака: или да се мажат или да останат в манастир.

Во истиот град имало некој богат, но злокарактерен човек, по име Рихард, кој

бил кнез и имал една ќерка, па ја дал во тој манастир. Тогаш игуменијата ги

собрала сите сестри и ги испратила при кнезот да го поздрават и да му направат

чест. Бидејќи отишле сите монахињи, меѓу нив била и Марија. Таа кога го

видела во светла облека, многу се зачудила и си мислела дали и на оној свет ќе

биде така скапо облечен. Тој, кога забележал дека го гледа, се воспалил за неа,

па мислел дека и таа се интересира за него. Но тогаш тој ништо не рекол.

Откако се вратиле во манастирот, тој и порачал на игуменијата да ја испрати

Марија кај него. Кога го чула тоа, игуменијата многу се разжалостила и го

замолила да не му прави таква непријатност на манастирот. Тој, бидејќи бил

заслепен од голема љубов кон ќеа, пак побарал од игуменијата да му ја испрати.

Ако ли не, сосила ќе ја доведе, а на игуменијата и на манастирот ќе им направи

голема штета.

Тогаш игуменијата ја повикала Марија, па и рекла: „Чедо, твојот татко те остави

овде да им слугуваш на Бога и на пресвета Богородица и за твое добро тој го

остави својот имот и самиот со радост се претстави, па затоа по мене ти ќе

бидеш игуменија. Но, се чудам како си се излагала и си го погледала така кнезот

Рихард, што тој испратил човек да те одведе при него. Кажи ми сега што да

правиме?" Девојката одговорила: „Јас, мајко, со друга мисла сум го гледала, а не

како што мисли тој. Кога ќе дојдат неговите слуги, остави ме јас да им дадам

одговор и тогаш ќе видиш колку многу сакам да се запазам чиста од маж".

Игуменијата и рекла: „Господ да ти помогне, чедо, само чувај се да не кажеш

некој лош збор, та после да ни го растури манастирот".

Page 16: Чудата на Пресвета Богородица

Чудата на Пресвета Богородица

16

Потоа Марија рекла: „Да отидеме в црква и да и се помолиме на пресвета

Богородица за да ни даде разум што да одговориме. Верувам, продолжила таа,

дека света Богородица ќе го сочува и манастирот". Потоа отишле во храмот,

паднале на колена пред иконата на пресвета Богородица, па со воздишки и

солзи се молеле да ја избави од телесна гнасота. Во тоа време дошол човекот од

кнезот за да ја води девојката. Игуменијата му рекла: „Ете, в црква е, оди и

викни ја, ако сака нека дојде". Тој отишол кај неа и и рекол: „Госпоѓице Марија,

нашиот господар кога ја видел твојата убавина и твоите очи, многу си му

омилела и нема спокојство. Дојди да му бидеш жена и да живееш во богатство и

раскош. Ако не дојдеш, ќе те земам со сила и ќе те посрамам пред сите луге". А

таа му рекла: „Излези пред црквата и почекај малку и јас ќе ти го дадам тоа што

го сака вашиот господар". Слугата се зарадувал, мислејќи дека ќе ја исполни

волјата на господарот. А на игуменијата и се чинело дека таа ќе отиде, па многу

ја жалела И мислела дека ѓаволот ја прелагал.

Блажена Марија стоела пред иконата на пресвета Богородица и се молела со

солзи, велејќи: „О Владичице моја, добро е да имам очи за да го гледам твојот

светол образ, но тие ме излагаа, па гледав на тој поган човек; подобро е да ги

извадам, отколку да си го осквернам телото. Тебе ќе те гледам со моите духовни

очи, о Владичице, немој тоа да ми го сметаш за грев, затоа што го правам во

крајна нужда". Потоа зела нож, си ги извадила очите, па ги ставила во една

кутија, го викнала човекот што бил испратен по неа и му рекла: ,,Еве, тие очи,

бидејќи му згрешиле на вашиот господар и го распалиле, затоа јас ги извадив;

тие ќе му ја излекуваат раната; земи ги и однеси му ги да се весели". Овој се

уплашил, ја зел кутијата со очите, му ги однесол на својот господар и му

раскажал за тој страшен настан. Господарот кога го видел тоа многу се

уплашил, побледел и лицето му се изменило. Тој ја пофалил храброста и

добродетелта на девојката; се проколнувал и се укорувал себеси за тој грев.

Потоа ја зел кутијата со очите, па отишол во манастирот и ја ставил пред

иконата на пресвета Богородица. Ги повикал сите калуѓерки, слепата и

игуменијата, па им рекол: „Да клекнеме на молитва со плачење, о сестри, да се

молиме на Себлагиот Бог и на пречиста Дева Марија; и ако имаме топла вера,

Господ ќе не послуша, само да се молиме без сомневање. Немојте да станувате

додека и јас најгрешниот не ја свршам својата молитва". И кога си ја посипал

главата со пепел, паднал на земја и говорел: „О семилостива Владичице на

ангелите и Мајко Божја, ти која можеш се да направиш, јас не сум достоен ни

лицето да ти го погледнам, ниту имам смелост да ја отворам својата нечиста

уста да те молам зашто секаков грев сум направил и си ги осквернив душата и

телото. Но Господ наш Исус Христос, заради нашите гревови се родил и на сите

грешници што се покајале им простил. Затоа и јас со плач и солзи сакам да се

вратам од тој грешен пат. Послушај ја молитвата на игуменијата и на сите

осветени сестри и по-дари и ги очите на онаа слепа девојка, која по моја вина си

ги извади. Излекувај ја од тоа телесно слепило за да ти слу-гува со усрдност, па

и јас бедниот да се ослободам од гревот, во кој ме вовлече лукавиот демон".

Откако се молеле цел ден, Бог им ја примил молитвата. И кога наближувала

вечерта, за чудо, црквата светнала и се чул глас кој говорел: „Земи светлина со

благодатта на Оној што се родил од Мене". Тој час слепата калуѓерка

прогледала и, кога станала од земја, ја видела пречистата Владичица во Светиот

олтар, па и рекла: „Го величам и го пофалувам твоето Свето име, Владичице

Page 17: Чудата на Пресвета Богородица

Епископ Велички Гаврил Светогорец

17

моја, и ја прославувам твојата благодат". Сите го чуле тој глас и станале од

земјата, но не ја виделе пресветата Владичица, а само виделе дека слепата се

излекувала, па сите Го прославиле Бога и света Богородица и преку целата ноќ

продолжиле да Му се молат на Бога.

Потоа богатиот човек му оставил голем имот на манастирот, се покајал и

живеел богоугодно. А блажена Марија се прославила со нејзиното прекрасно и

целомудрено живеење. По смртта на игуменијата, таа го зазела нејзиното место

и добро управувала со манастирот до својата дла-бока старост, па се преселила

во вечниот живот. Со нејзините молитви и ние да се удостоиме за небесно

царство. Амин.

ЧУДО 13.

За една девојка што си ги исекла носот и усните за да си го сочува

девството

Некој богат човек имал ќерка, по име Ефимија, која била толку побожна и

живеела така богоугодно што уште како дете отишла в манастир и никојпат не

изостанувала од црковните богослужби; била и многу убава. Колку повеќе

растела, толку поубава станувала, а заедно со телесната снага растела и

нејзината духовна сила, па сите се чуделе на нејзината светост.

Меѓутоа, ѓаволот, непријател на човекот, не можејќи да ги трпи добрите

особини на младата девојка, му го распалил срцето на еден богат човек за неа и

ја барал од татко и да ја земе за жена. Татко и се зарадувал, мислејќи дека ќе ја

даде за толку богат и виден човек, па му ја ветил. Но блажена Ефимија не се

согласила со тоа. Велела: „Не е добро да ја излажам Богомајката, пред Која сум

ветила оти ќе го чувам своето девство и да се оддадам на тоа што за кусо време

ќе пропадне". Татко и се налутил, па и рекол: „Гледаш добро, ќерко моја, дека

не си достојна за таков славен маж, па уште се противиш и не го сакаш. Но јас

ти кажувам да го земеш. Ако не ме послушаш, многу ќе те измачувам".

Кога видела Ефимија дека татко и наумил лошо и сака да ја омажи, отишла во

црквата и со плач и се молела на пресвета Богородица да и помогне во таа

неприлика и да не го изгуби девството. Откако се молела доста време, увидела

дека нејзината телесна убавина ја доведува во опасност да си ја расипе душата,

па си рекла: „Подобро е да си го огрубам телото за да си ја сочувам душевната

чистота". Така мислејќи, од верност кон Бога, си ги отсекла усните и носот.

Потоа, кога ја видел татко и, се разлутил многу; сакал да ја убие, но ја оставил

жива за да се измачува, па ја дал на еден негов брат да му биде слугинка и да ја

измачува со најтешки работи.

Тој груб селанец, земајќи ја во својот дом, и давал да работи најтешки работи и

ја тепал секој ден. Блажена Ефимија ги трпела сите тие беди и неволји и Му се

молела на Господа да и даде сили да истрае до крај. Така страдала седум години

и толку огрубела што оние кои ја знаеле од порано, многу ја сожалувале.

Еднаш навечер, спроти Рождество Христово, кога вечерал тој зол човек, таа

отишла во шталата, Му се молела на Бога и размислувала за тоа како се

воплотил Синот Божји и станал човек за нашето спасение. Тој зол селанец ко га

Page 18: Чудата на Пресвета Богородица

Чудата на Пресвета Богородица

18

видел дека Ефимија не стои пред него додека вечерал се разгневил, зел еден

стап и отишол да ја тепа. Но кога погледнал кон тавангот видел голема светлина

и се уплашил да не се запалило нешто. Тогаш го видел она за кое не бил

достоен. Имено, ја видел Небесната царица со многу ангели како ја утешува

Ефимија и и говори: „Издржи го храбро, сакана моја ќерко, тоа кусовремено

мачење што го трпиш заради љубовта кон Мојот Син, па Он ќе те прослави

вечно на небото и ќе ти дарува венци што никогаш не свенуваат; да се увериш

дека ќе добиеш вечно блаженство, во името на Мојот Син: биди отсега цела и

здрава како што си била и порано".

Кога го видел тоа селанецот, се растреперил од страв и ги повикал своите

домашни, кои, исто така, ја виделе пресвета Богороцица и ангелите; виделе

уште дека девојката има нос и усни нормални и здрави. Тогаш сите паднале на

земја зашто не можеле да гледаат таква светлина и по малку кога станале, ја

виделе Ефимија сама, со светло лице, како Му се моли на Бога. Тогаш селанецот

веднаш го известил нејзиниот татко за тоа што се случило. Тој кога го чул тоа,

дошол избезумен и ја видел својата ќерка излекувана и здрава; многу се зачудил

и Му благодарил на Бога, а потоа ја молел Ефимија да му опрости за сите

непријатности што и ги правел. Подоцна дал пари да се подигне манастир на

местото каде што и се јавила на Ефимија пресвета Богородица и во него се

собрале голем број девојки. Таа поживеала богоугодно со пост и молитва, Му

угодила премногу на Бога и се отселила во небесното живеалиште. Со нејзините

молитви и ние да се најдеме во вечното блаженство. Амин.

ЧУДО 14.

За незлобивите девојки, на кои пресвета Богородица од небото им

испратила венци

Некоја благородна и добродетелна жена имала две ќерки, кои биле многу лични

и ги учела да живеат богоугоден живот, каков и самата што живеела. Кога

умрел мажот и, многу осиромашиле и немала со што да ги омажи. Била многу

загрижена да не се оддадат на неубав живот и поради сиромаштвото да го

изгубат девството. Но се надевала во помошта Божја, па ги одвела в црква и

пред иконата на света Богородица се молела со плач: „Владичице моја! ти си

Мајка на сиромасите и на вдовиците. Во твоите раце ги предавам овие две

сироти, ти да ги закрилуваш, та поради сиромаштија да не паднат во ѓаволски

мрежи". Така молејќи се, мајката им ги фатила рацете и ги ставила на иконата

како знак дека и тие сакаат да им биде мајка света Богородица. Потоа се вратиле

во својот дом. Кога дошле пред вратата, виделе едно светло момче кое носело

едан сад полн со жолтици и и рекло на вдовицата: „Небесната царица ти го

испрати тоа злато за да ги израниш своите ќерки". Откако тоа го рекло, момчето

станало невидливо.

Жената го зела златото и со солзи и благодарила на пресвета Богородица што

толку брзо ја дарувала со таков богат дар. Потоа си купила се што им било

потребно.

Page 19: Чудата на Пресвета Богородица

Епископ Велички Гаврил Светогорец

19

Меѓутоа, нивните завидливи и злонамерни соседи, кои ги знаеле дека биле

бедни, гледајќи ги како убаво се хранат и се носат, почнале да ги укоруваат и

говореле дека мајка им ги научила на блуд, па затоа се збогатиле. Така тие

соседи ги укорувале и ги напаѓале постојано. А сиромашната вдовица, не

можејќи повеќе да трпи такви клевети, им рекла на своите ќерки: „Одете при

вашата Мајка и молете се со плач да не избави од такви клевети. Ако се молите

со чиста вера, ќе ве послуша, како и порано што не чу и ни помогна". Тогаш тие

отишле в црква, се молеле долго време и се вратиле дома со надеж дека Светата

Владичица ќе им помогне. И скоропослушницата уште веднаш им ги примила

молитвите и чудно им помогнала.

Наскоро се случил голем празник и многу народ се собрал во соборната црква.

Некој духовник, држејќи слово, подзапрел малку да се одмори. Тогаш сите

виделе еден ангел кој влегол низ прозорецот во црквата и држел два прекрасни

венци, украсени со бел трендафил и со други убави и миризливи цвеќиња. И

сите чуле како ангелот им зборува на тие две девојки: „Овие два

благомиризливи венци ви ги испраќа Небесната Царица за доказ пред сите дека

сте чисти и без грев девојки". Откако го рекол тоа, им ги ставил венците на

главите и станал невидлив.

Кој може да ја искаже радоста на тие две девојки и на мајка им? Сите присутни

се зачудиле. Духовникот ја прекинал проповедта, а владиката и свештениците

отишле да ги целиваат тие небесни венци, потоа и сите присутни; отпосле ги

испратиле дури до нивниот дом. Но девојките не се возгордеале од тој голем

Божествен дар, туку со големо смирение и благодарење на Светата

Благодателница што ги сочувала од гревови. Тогаш владиката заедно со

граѓаните подигнале два манастира посветени на пресвета Богородица, во кои

ги назначиле двете девојки за игумении. Тие живееле таму богоугодно и многу

други научиле за спасение; околу нив се собрале многу жени и девојки и под

нивно раководство се молеле и се преселиле во вечниот живот. Амин.

ЧУДО 15.

За еден монах што се опивал

Во еден манастир имало еден калуѓер, кој бил клучар и им давал вино на

другите браќа. Тој имал голема љубов кон света Богородица и никогаш не го

оставал црковното пеење. Многу се трудел во монашкиот живот, но и пиел

многу вино.

Еднаш, по вечера, се напил добро и легнал да спие. Утредента кога ја чул

камбаната за утрена, станал да оди в црква, но од главоболие не можел да оди.

По патот му се јавил ѓаволот во вид на бик и сакал да го прободе со роговите.

Тоа кога го видел, монахот се зачудил и се прекрстил, а ѓаволот отстапил малку.

Потоа се претворил во куче кое не му давало да оди в црква. Старецот повторно

се прекрстил и ѓаволот пак отстапил малку. Кога дошол до црковната врата,

ѓаволот му се покажал како страшен лав и се устремил на него да го растргне.

Тогаш се јавила една прекрасна жена, која го истерала ѓаволот и рекла: „Зол и

лукав духу, како се осмелуваш да му додеваш на мојот човек?"

Потоа го одвела старецот во ќелијата и му рекла: „Отсега добро чувај се од

пијанството. Мудрост придобиј, од пијанството бегај! Ако сакаш да се спасиш,

Page 20: Чудата на Пресвета Богородица

Чудата на Пресвета Богородица

20

исповедај се пред духовникот за гревот пијанство и исполнувај што ќе ти рече".

Тој ја прашал која е. Таа му рекла: „Јас сум Мајката на Исуса Христа". Тогаш

монахот паднал на земја и со страв и трепет и се поклонил, а Таа веднаш

станала невидлива.

По ова, монахот отишол при духовникот, па се исповедал срдечно и си го

поправил животот, а пијанството сосема го оставил. Навистина заживеал

богоугодно, така што мнозина од него земале пример за да не пијат вино, зашто

пијанството е корен на сите гревови и беди. За него велат: „Невино вино,

триклето пијанство". Затоа треба многу да се чуваме од него, оти кога човек ќе

почне да старее и телото да му слабее, може од секаков грев да се ослободи, но

од пијанството не може; токму обратното, тоа го тера човекот повеќе да пие и

да се опива. Со молитвите на света Богородица да се избавиме сите. Амин.

ЧУДО 16.

За еден монах што света Богородица го ослободила од блудна страст

Еден монах, кој живеел на Елеонската Гора, во својата ќелија имал многу убава

икона на света Богородица и секој ден со голема усрдност Му се молел пред неа

на Бога да го избави од блудниот демон, кој толку многу го напаѓал што овој

веќе бил готов да го направи тој грев. Штом ќе сетел дека се распалува огнот на

похотта, тој веднаш одел пред Богородичината икона и со солзи се молел да

угасне тој оган во него. Демонот на блудот гледал дека со помошта на света

Богородица монахот примал олеснување од тие лоши помисли, па уште повеќе

ја распалувал похотта кај него.

Еднаш кога монахот стоел во дворот, го нападнале лоши помисли и сакал да

отиде при иконата, но го видел ѓаволот отворено, па му рекол: „До кога, о врагу,

ќе ме мачиш со твоите злобни помисли? Ете, си остарел со мене и не можеш да

ме придобиеш, а само напразно се мачиш и ме искушуваш". Гаволот му

одговорил: „Јас сум придобил многумина други и посилни од тебе; но дури не

те победам тебе, нема да престанам да те напаѓам". „Што сакаш да направам?" -

рекол монахот. „Малку е тоа што го сакам од тебе, рекол ѓаволот, но треба да

ми се заколнеш дека никому нема да го кажеш". А монахот, бидејќи бил прост и

неупатен, сакајќи да се ослободи од блудните помисли, се заколнал дека ништо

нема да каже. Тогаш лукавиот ѓавол му рекол да ја тргне иконата што му е во

ќелијата и да не се поклонува повеќе на неа, па нема понатаму да му прави

пакост. ,,Утре ќе ти кажам", рекол монахот и ѓаволот станал невидлив.

Потоа монахот сс замислил и се чудел што да прави. Се измачувал многу и

жалел што се заколнал дека нема никому да каже. Утредента дошол таму некој

авва Теодор Елиот, кој многу го познавал Светото писмо и искушенијата на

ѓаволот, па кој и да го прашал, секој добивал по некоја поука, Монахот отишол

кај него и му кажал што направил. Тој му дал упатство, велејќи: „Не знаеш ли

дека ѓаволот е голем противник на човекот? Тој никогаш нема да не избави од

грев, а настојува поголеми гревови да правиме. Може ли да биде поголемо

беззаконие од тоа да не се поклонуваме на небесната и земна Владичица и

Помошничка на сите христнјани! Подобро е да вршиш блуд со сите блудници

Page 21: Чудата на Пресвета Богородица

Епископ Велички Гаврил Светогорец

21

во градот, отколку да престанеш да се поклонуваш на иконата на пресвета

Богородица. Отсега немој да го слушаш ѓаволот, но моли и се на света

Богородица и таа ќе ти помогне да го посрамиш".

Откако аввата го поучил, монахот тргнал да си оди во ќелијата. По патот го

сретнал ѓаволот и му рекол: „Калуѓере! Нели даде клетва дека никому нема да

го кажеш она што ти го реков? Знај дека јас постојано ќе те искушувам и ќе ти

правам пакости за да бидеш осуден на вечна мака". А монахот му рекол:

„Селукав ѓаволу, блудник да сум и клетвопрестапник ти нема да ми судиш, но

Господ Исус Христос, Синот на пресвета Дева Марија. Ти ме учиш да се

огрешувам, но јас нема да те слушам. И ти што и да ми правиш, Нејзината

благодат ќе ми помогне и ќе ме избави од твоите лошотии и пакости". Додека

тоа го зборувал монахот, ѓаволот исчезнал и веќе не се појавил. Тогаш монахот

се прекрстил и не отстапил, но секогаш се молел и се поклонувал пред иконата

на пресвета Богородица; се ослободил од искушенијата и поживеал богоугодно

доста време и се преселил во вечен живот.

ЧУДО 17.

За прогонувањето на ѓаволите со името на света Богородица

Во некое село, наречено Вуне, имало еден поп по име Петар, кој бил зол и

грешен човек и поради многубројните зли дела го обесиле пред неговмот дом.

Трј имал една блудница по име Аглаида. Таа кога видела како го обесуваат

нејзиниот љубовник, многу се уплашила, го оставила световниот живот, отишла

во еден манастир и се замонашила. По неколку дена, кога седела во својата

ќелија, станала и се исправила пред прозорецот за да погледне надвор и видела

на полето при еден кладенец како стои еден ѓавол, кој личел на момче. Гаволот

штом ја видел, се стрчал да ја фати. Таа се исплашила и паднала назад, па со

главата удрила во ѕидот. Кога го виделе тоа сестрите, се собрале и ја кренале

како мртва и ја ставиле на постела. По малку време, пак се јавил ѓаволот и и

рекол: „Љубезна моја Аглаидо, какво зло ти направив та ме остави? Јас ти

донесував се што сакаше, а ти ме остави. Врати се во светот и ќе ти дадам маж

богат и се што ќе побараш. Немој овде да седиш, безумнице, да умреш

безвреме, постејќи и измачувајќи се". Таа му рекла: „Да се иставиш одовде,

ѓаволу, ти мразиш се што е Божјо. Јас веќе нема да го правам тоа што сакаш ти,

но ќе плачам за првите свои гревови зашто сум те слушала како безумна".

Тоа го рекла и ѓаволот се изгубил. Но наскоро пак дошол и не ја оставал на

мира. Тогаш монасите и рекле во ќелијата да има светена вода, па ѓаволот штом

ќе дојде, да го попрска и да се прекрсти. Таа направила така и ѓаволот исчезнал,

но по малку време пак дошол. Тогаш една од сестрите, која била повеќе

духовна, и рекла кога ќе дојде ѓаволот, да го спомене името на пресвета

Богородица и да чита: „Богородице Дево, радувај се...". Тоа кога го направила

Аглаида, ѓаволот побегнал и веќе не дошол. Па така, Аглаида се прилепила кон

Мајката Божја и живеела богоугодно, во покајание и исповедување додека не се

претставила во Господа.

Page 22: Чудата на Пресвета Богородица

Чудата на Пресвета Богородица

22

ЧУДО 18.

Чудо слично на претходното

Во еден женски манастир имало една монахиња, која живеела богоугодно и го

измачувала телото со многу постење, малку спиење и слично. Лукавиот демон

многупати ја лажел. И се јавувал како светол ангел, доаѓал секоја ноќ и говорел

со неа. Еднаш, кога се исповедала, духовникот ја прашал дали живее монашки, а

таа му одговорила: „Со помош на твоите молитви, живеам добро, чесен оче".

Кога чул таков горделив одговор, духовникот многу се натажил, па и рекол:

„Уште еднаш така да не си одговорила, па макар да си правела се најдобро".

Монахињата рекла: „Да знаеш, оче, дека од небото слегува ангел, со кого

разговарам, па затоа ти одговорив така". А духовникот на тоа и рекол: „Црниот

и темен ангел има обичај да се преобразува во светол. Поради тоа, кога ќе дојде

тој ангел да те посети, прочитај ја молитвата Богородице Дево, радувај се... и,

ако е ангел, ќе остане додека ја дочиташ до крај, ако, пак, побегне, тој е ѓаволот,

кој има цел да ти напакости и да ти донесе големо зло".

Таа ги послушала добрите совети на духовникот и кога и дошол ѓаволот во вид

на ангел, таа почнала да чита: „Богородице Дево, радувај се..." и тој исчезнал

како чад. Кога тоа го видела монахињата, се растреперила од страв и се

разболела, така што по долго време одвај оздравела.

Секој да знае дека штом некому му дојде некое зло од ѓаволот, или од телесни

или од световни искушенија, не треба да бара други лекарства, освен да се моли

на Господа на нашиот Исус Христос и на света Богородица. Тие две имиња се

најмоќно оружје на христијаните и секој е должен да ги има за да ги победува

сите видливи и невидливи непријатели.

ЧУДО 19.

За еден несторијанец што воскреснал

Во Сирија живеел еден испосник, кој бил добродетелен и свет, по име Партениј.

Тој имал обичај честопати да оди на гората Синај на поклонение на

Неопаливата капина и мислел на чудото што се случило при неа како праобраз

на пречиста Дева Марија. Кога одел кон Црвеното Море, тој го пеел

Дамаскиновиот тропар: ,,В Чермњем Мори неискусобрачнија невести, образ

написасја..."5 Одејќи така често, се случило еднаш покрај морето да најде труп

на умрен човек и од сожаление зел да го мие и да Му се моли на Бога и на

Мајката Божја да му се спаси душата. Така молејќи се, умрениот оживел, му се

поклонил на старецот и му рекол: „Ти благодарам крајно, Божји угодниче.

Преголема е твојата љубов и вера кон Бога и кон пресвета Богородица затоа што

не само тебе што ти помага туку и други ослободува од душевна смрт, па и мене

недостојниот ме избави и ме оживеа". Партениј го прашал: „Те заколнувам во

пречиста Дева, да ми кажеш кој си ти и што се случило со тебе?" Тогаш тој му

одговорил: „О Божји слуго, треба да се раскаже овој случај по целиот свет, а

најмногу за чудата што ги прави света Богородица. Слушај сега".

„Јас бев прелаган и голем верник на Несториј и кога ќе чуев некој да зборува за

Богородица, многу се лутев и мислев дека е голем грев жена да се именува

„Богородица". Меѓутоа, кога патував за Ерусалим по море, во коработ имаше

Page 23: Чудата на Пресвета Богородица

Епископ Велички Гаврил Светогорец

23

еден Божји човек кој ме позна дека сум несторијанец и ме советуваше да ја

оставам таа хулна ерес. Но, јас му се лутев многу, мислејќи дека мојата вера е

вистинска. И толку многу се препиравме, што веќе не можеа да не трпат другите

патници и почнаа да не разделуваат еден од друг за да биде мир во коработ.

Еднаш кога седевме на палубата, почнавме пак да се препираме и се грабнавме,

така што и двајцата паднавме во морето. Тогаш видов една достоинствена жена,

која го фати него за рака и му рече: „Ти си мој пријател, се бориш за мене и јас

не те оставам да се удавиш, но ќе те водам да се поклониш на гробот на Мојот

Син, а по три години ќе отидеш во небесното живеалиште". Мене, пак, ми рече:

„Оди несреќниче во вечната мака при твојот учител Нестор". И така ме покри

морето и темните ѓаволи ми ја зедоа душата и ја однесоа во пеколот. Таму видов

мнозина како се измачуваат и го проколнуваат Нестора, кој со својата лажна

наука ги одвел таму каде што бев и јас до овој момент. Кога почна ти да се

молиш за мојата душа, онаа преславна жена дојде и ми рече: „Излези одовде,

оти за тебе се моли мојот слуга Партениј и кажи му понатаму да не се моли за

моите непријатели; а ти да кажуваш во каква мака се несторијанците". Тоа кога

го чув, веднаш ми се врати душата во телото. „Ти благодарам и те молам да ме

помажеш со твоето свето миро, оти веќе го оставам Несториевото лажно и

проклето верување, а исповедувам дека приснодева Марија е вистинска

Богородица, и молам Нејзината милост да ме прими и мене недостојниот таму

каде што се оние што нејзе и служат".

Кога го чул тоа старецот, многу се зарадувал и Му благодарил на Бога. Потоа

отишле во Ерусалим и таму го нашле споменатиот христијанин. Откако се

поклониле на Божјиот гроб, тројцата се вратиле во пустината и живееле заедно,

угодувајќи Му на Бога и отпосле се преселиле во вечниот живот. Амин.

5 „Некогаш Црвеното Море стана слика на неискусобрачната невеста: таму

Мојсеј разделител на водата, овде Гаврил служител на чудото: тогаш Израил

длабочината ја мина по суво, сега Христа бессемено Го роди Дева; морето, по

преминот на Израилците стана непроодно, а непорочната, по раѓањето на

Емануила, остана нетлена: Ти Кој Си, и од секогаш постоиш, Кој се јави како

човек, Боже, смилувај се на нас" - догматик на 5- ти глас.

ЧУДО 20.

За Јован Кукузел

Во големиот град Лирахија имало едно момче, по име Јован, кое немало татко;

мајка му, бидејќи била благочестива жена, го дала на учење. Тоа за кратко време

научило многу и поради неговиот убав глас, го нарекле ангелогласен. Во тоа

време царот барал добар певец и го нашле Јована, па го дале да учи музика за да

стане добар певец. Тој за кусо време ги надминал сите свои соученици, поради

што царот сакал да го ожени за некоја богата девојка. Но Јован кога видел дека

сите се однесуваат со почит кон него поради царот, а и заради неговиот

милозвучен глас, многу се уплашил да не падне во гордост, па да се оддалечи од

Бога. Поради тоа барал погодна прилика да ја напушти таа средина. Тогаш се

случило во царскиот дворец да дојде игуменот на светогорскиот манастир

„Велика Лавра" по некаква работа, па откако ја свршил, си отишол во

манастирот.

Page 24: Чудата на Пресвета Богородица

Чудата на Пресвета Богородица

24

Јован кога го видел ангелскиот живот на игуменот, ја оставил славата и

почестите, ја соблекол раскошната дворска облека и си ставил козинена, па зел

во раката еден стап и отишол во Света Гора во манастирот „Лавра". Таму кога

го видел вратарот на манастирот, го прашал од каде доаѓа и дали има некаков

занает? Тој му рекол дека дома бил овчар и доаѓа овде да се замонаши. Вратарот

му го кажал тоа на игуменот, кој многу се израдувал, бидејќи немал козар; го

примиле и по малку време го замонашиле, па го испратиле во гората да ги пасе

козите. Јован сакал да живее во тишина, па со радост ја прифатил таа работа и

отишол со козите во гората, каде што непрестајно Му се молел на Бога и пеел

духовни песни.

Царот многу се натажил поради неговото одење, па испратил луѓе да го бараат

насекаде. Кога дошле во Света Гора, го виделе, но не можеле да го познаат

онака облечен во козинена облека.

Еден ден, кога ги пасел козите, мислејќи дека никој нема да го виде и чуе,

почнал да пее духовни песни. Меѓутоа, во близината имало пештера во која

живеел еден испосник. Кога го чул тоа слатко пеење, зачуден излегол од

пештерата, го видел пастирот кој пеел така убаво, а козите не паселе, но

зачудени стоеле и гледале во него и се насладувале од неговиот ангелски глас.

Кога го видел тоа испосникот, отишол во манастирот и му кажал на игуменот.

Тој испратил да го повикаат и му рекол: „Те заколнувам во живиот Бог да ми

кажеш, ти ли си Јован Кукузел, кого царот толку многу го бара?" А тој му се

поклонил на игуменот и со плачење го молел, велејќи: „Јас сум грешен и

недостоен слуга, Ваше Преподобие, но молам заради Бога, оставете ме да ги

пасам козите и да не разбере царот дека сум тука оти ќе ме земе од ова

спасително место". Тогаш игуменот му рекол: „Не грижи се за тоа, чедо мое, но

само слушај што ќе ти речам: биди во една ќелија, што ќе ти ја дадеме во

манастирот, а јас ќе отидам ќај царот да го молам да те остави". И така,

игуменот отишол кај царот, паднал на колена и му рекол: „Честити царе! Те

молам да ослободиш еден човек заради неговото спасение". Царот прашал кој е

тој човек, а игуменот одговорил: „Дури не ми дадеш написмено дека си го

ослободил, нема да ти кажам кој е". Тој се согласил и му дал писмо за

ослободување. Тогаш игуменот подробно му раскажал за Јована. Царот кога го

чул тоа, од жалост се расплакал, но потоа се зарадувал, при помислата дека

Јован напуштил толкава световна слава и отишол да си ја спасува душата. Потоа

игуменот го поучил и го утешил царот, па се вратил во манастирот и им

раскажал на браќата затој случај.

Блажениот Јован се ослободил од царевиот страв и Му слугувал на небесниот

Цар. Потоа зел благослов од игуменот и во манастирот си направил мала црква

и ќелија, посветена на светите ангели, каде што поминувал шест дена во

седмицата, а во неделите и во празниците стоел на десната певница во

соборната црква во манастирот и пеел со голема љубов и умиление.

Еднаш, во сабота, кога пеел акатистни песни на света Богородица, од умор

задремал и ја видел пресвета Богородица, која му рекла: „Радувај се, Мое чедо,

Јоване! Ти ми пееш и јас нема да те оставам". Тоа го кажала и му дала една

Page 25: Чудата на Пресвета Богородица

Епископ Велички Гаврил Светогорец

25

жолтица. Кога се разбудил Јован, жолтицата му била во раката и тогаш со солзи

и благодарил на Мајката Божја и оттогаш почнал повеќе да пее и да Го слави

Бога. Од долгото стоење на нозе, едната нога му отекла, загноила и испуштала

тешка миризба. Но добриот небесен Лекар го излекувал, како и свети Јован

Дамаскин. Му се јавила света Богородица и му рекла: „Отсега биди здрав". Во

тој час потполно оздравел и и благодарел на пресвета Богородица и до крајот на

животот бил здрав. Амин.

ЧУДО 21.

За Великата Атонска Лавра и за чудесната вода на преподобниот Атанасиј

Кога свети Атанасиј ја градел „Великата Лавра" во 961 година, света

Богородица била економ (како што е и денес). А тоа било вака.

Свети Атанасиј откако ги потрошил сите средства и не можел да го заврши

манстирот, тргнал за Кареја да бара помош од богатите и да праша што да

прави. По два часа пат, видел една пресветла жена, која го прашала: „Каде

одиш, Атанасиј?" А тој се зачудил и рекол: „Која си ти што ме прашуваш?" -

„Јас сум Мајката Божја", рекла света Богородица. „Прости ми, Владичице, рекол

свети Атанасиј, но не верувам додека не видам некој знак затоа што има многу

ѓаволски стапици". А таа му рекла: „Удри крстообразно со бастунот на каменот

пред тебе и во името на Светата Троица и со благодатта на Оној што Сум Го

родила ќе излезе вода". Тоа го направил свети Атанасиј и во тој час од каменот

потекла чиста вода. Тогаш преподобниот паднал на земјата, се поклонил и барал

прошка. Владичицата го прашала каде оди, а тој откако и одговорил, таа му

рекла: „Оди во манастирот и ќе ги најдеш амбарите полни со жито и садовите со

масло и вино, и се што ти е потребно понатаму, по благодатта на Мојот Син, ќе

го имаш додека се заврши манастирот. И немојте да назначувате економ, затоа

што Јас ќе се грижам за вашите потреби, а вие мирно да живеете и да се

молите". Тоа го рекла и станала невидлива. Свети Атанасиј се вратил во

манастирот и нашол се како што му рекла Владичицата. Слава Му на нашиот

Бог во сите векови. Амин.

ЧУДО 22.

За Иверскиот манастир на Атон и за Богородичната икона „Портаиса"

За време на цар Константин, кога христијанството почнало слободно да се

шири, а идолските храмови да пропаѓаат, почнало градењето на манастири. Во

тоа време имало еден добродетелен човек по име Петар, кој сакал да најде некое

тивко место за да го напушти светскиот живот и да живее богоугодно. Затоа Му

се молел на Бога да му открие такво место и на сон Ја видел пресвета

Богородица, која му рекла: „Петре! Во Атонската Гора е твоето место, кое Сум

го испросила од Мојот Син за мое наследство за да најдат засолниште оние што

сакаат да се оддалечат од светските грижи. Јас сум го засакала тоа место и за

кратко време ќе се наполни со монаси од сите страни и милоста на Мојот Син и

мојата помош нема да отстапи од нив, но ќе ги закрилува и ќе ги чува и јас ќе

Му се молам на мојот Син за нивното спасение". Кога се разбудил блажениот

Петар, Им благодарил на Бога и на пресвета Дева Марија, па отишол во Света

Гора Атонска, каде што херојски се подвизувал, се борел против ѓаволот и со

Page 26: Чудата на Пресвета Богородица

Чудата на Пресвета Богородица

26

молитвите на света Богородица се удостоил да има многубројни виденија и

ангелски откровенија, та отпосле станал голем чудотворец и починал во

Господа.

По неколку години, дошол и преподобен Атанасиј, кој ја основал „Великата

Лавра". Во тоа време живеел и преподобниот отец Јован, родум од Ивер, од

царско потекло. Тој имал големо богатство, но ја оставил славата и богатството,

па отишол во еден манастир, каде што ја оставил раскошната облека и се

облекол во сиромашка облека. А кога чул за Света Гора и за преподобниот

Атанасиј, отишол кај него со желба заедно да се подвизуваат. По малку време,

чул дека син му Ефтимиј дошол во Цариград, па отишол да го бара. И кога го

нашол, отишле заедно при преподобниот Атанасиј и се собрале тројцата. Таму

тие научиле од него секаква мудрост и блажен Ефтимиј станал втор Златоуст за

Иверците. Тој превел многу книги од грчки на иверски јазик. Потоа дошол и се

замонашил и Тернихеј, кој порано бил иверски војвода и се одликувал со големо

херојство во борбите против непријателите, па извојувал и големи победи.

Во тоа време кога безбожниците разбрале за смртта на цар Роман, тргнале кон

Цариград под водство на некој Силијар, кој опустошил голем број села и

градови во Анадолија и немало кој да му се спротивстави, зашто синовите на

царот биле уште малолетни. Царицата кога чула дека идат варвари, многу се

уплашила и не знаела што да прави. Но кога се сетила за Тернихеј, рекла: „Ако

не дојде иверскиот војвода, ние немаме друга надеж". Испратила писмо до свети

Атанасиј и на Јована да ги моли да го ослободат Тернихеј. Тој не сакал да отиде,

но светите отци го убедиле и отишол во Цариград. Царицата кога го видела,

многу се израдувала, му ги покажала царските деца и рекла: „На твојата душа

се, чесен оче, овие сирачиња". Тогаш Тернихиј застанал на чело на војската и ги

пресретнал Персијанците, им нанесол страшен пораз и ги отфрлил далеку, па со

голем триумф се вратил при царицата, која го пречекала со сета дворска свита,

му укажале најголема почит, му нудела и многу злато, но тој одбил да земе, и и

рекол: „Јас, царице, заради Бога оставив се, па сега ли да прибирам туѓо? Но,

ако благоволи твојата држава, направи еден манастир во Света Гора како дар на

мојот иверски народ како засолниште во нивното странствување". Царицата со

радост ја примила неговата молба и испратила свои луѓе со многу злато,

заповедувајќи им што поскоро да подигнат голем и убав манастир. Потоа му

дала во негов посед земја, ниви, села и метоси за вечен спомен. Но да оставиме

за светиот манастир, а да речеме нешто за иконата „Портаиса".

За времето на цар Теофил имало големо гонење на светите икони. Тој нечистив

цар голем број православни верници прогонил и различно ги мачел. Заповедал

да ги исфрлат иконите од сите цркви и испратил војници насекаде да бараат

икони и да ги горат. Војниците, одејќи по ред, дошле и во Никејската област.

Таму имало една богата и добродетелна жена, вдовица, која имала само еден

син и подигнала црква во својот дом за да се моли во неа. Во таа црква имало

една икона на света Богородица, која жената многу ја сакала и ја почитувала.

Војниците, барајќи секаде, дошле и при таа богољубива жена. Но кога ја виделе

пред прозорецот во црквата споменатата икона, многу се зарадувале, бидејќи се

надевале дека ќе земат многу пари, па и рекле на жената: „Или дај ни пари или,

според царската заповед, ќе те убиеме и иконата ќе ја изгориме". Но жената

смирено им одговорила; „Утре ќе ви дадам достатно пари, зашто сега немам при

Page 27: Чудата на Пресвета Богородица

Епископ Велички Гаврил Светогорец

27

себе". Тоа кога го чуле војниците, си отишле. Преку ноќта жената отишла со

сина си в црква и таму паднале на колена, подигнале раце и очи кон небото и со

солзи се молеле долго време. Потоа со голем страв и почит ја зеле светата икона

и ја однесле на морскиот брег, каде што пак се помолиле и жената рекла:

„Владичице моја, Богородице! Бидејќи имаш сила и моќ, како Божја Мајка,

избави не од гневот на тој беззаконен цар и твојата света икона од водата". Го

рекла тоа и ја фрлила иконата во морето. И какво чудо! Иконата не пропаднала

во водата, туку останала над вода и тргнала кон запад. Кога го видела жената

тоа чудо, Го пофалила Бога и пресвета Богородица и му говорела со солзи на

синот: „Пресладок мој сине, сега ќе се види нашето благочестие кон Бога и

стравопочитување кон иконата. Јас сум, чедо, слаба жена и не можам да бегам

далеку. Ако ме фатат војниците, готова сум да страдам и да умрам за љубовта

кон света Богородица. А ти влези во чамецот да не ти напакостат војниците".

Тоа го рекла и се разделиле со плачење. Момчето отишло во Солун, а оттаму во

Света Гора во иверскиот манастир, каде што се замонашило и живеело

богоугодно до крајот на својот живот.

Била Божја волја момчето да дојде во тој манастир и да раскажува за се. Тој

кажувал за иконата, како ја фрлиле во морето, како стоела право итн. Таа света

икона долго време стоела на тајно место што го знаел само Бог.

По извесно време, во иверскиот манастир кога престојувале некои свети старци

и кога зборувале за душевното спасение, наеднаш виделе огнен пламен во

морето како столб што се издигал дури до небото. Кога го виделе тоа, почнале

да викаат: „Господи помилуј!" Потоа се собрале сите браќа и со чудење гледале,

но не можеле да ја разберат причината. И така столбот огнен светел многу дни и

ноќи, што се гледало и од други манастири и скитови, па се собрале во Ивер да

го видат тоа чудо. Кога отишле на брегот од морето, ја виделе над водата

иконата на Бого-мајката. И колку тие со чамец се приближувале кон неа, толку

повеќе таа се оддалечувала од нив. Тогаш игуменот на иверскиот манастир

рекол да се соберат сите в црква и да се молат на Бога со солзи да ги удостои да

ја примат таа света икона. И Бог не ги лишил од таа желба. Во близината имало

еден монах по име Гаврил, кој бил родум од Ивер. Тој живеел мошне строго:

бил испосник и богомолец, живеел во планината, а зиме слегувал долу. Се

хранел со овошје и корења; облеката му била стара и искината; се однесувал

скромно и просто како сите слични нему. Тој навистина бил земен ангел. Еднаш

кога се молел на Бога, задремал и ја видел Света Богородица како светела со

голема слава и му рекла: „Оди во манастирот и кажи им на настојателите дека

ќе им ја дадам Мојата икона да им биде покровителка и помошничка. А ти влези

во морето и оди без страв по водата, за да ја разберат сите љубовта што ја имам

кон вашиот манастир, заради кој сум дошла овде да ви бидам помошничка". Тоа

го рекла и станала невидлива. Тогаш блажениот старец отишол во манастирот и

им кажал на настојателите, кои биле собрани во црквата. Запалиле свеќи и

излегле со литија до морето. А Гаврил влегол во водата и одел како по суво.

Кога дошол до светата икона, ја зел со радост и ја однесол во црквата, каде што

устроија тридневен празник и останаа три дена и три ноќи на бдение, славејќи

Го Бога и света Богородица. Отпосле на брегот подигнале мала црква за спомен.

Иконата ја оставиле во Светиот олтар, но утредента клисарот кога отишол во

црквата не ја нашол. И кога ја побарале, ја нашле на манастирската врата, од

каде што ја зеле и пак ја ставиле на првото место. Но повторно ја нашле надвор.

Page 28: Чудата на Пресвета Богородица

Чудата на Пресвета Богородица

28

Тоа многупати се повторувало. Се збуниле браќата. Не знаеле што да прават. А

Света Богородица му се јавила на старецот Гаврил и му рекла: „Оди и кажи им

во манастирот да не ме вознемируваат зашто Јас не Сум дошла да ме чуваат,

туку јас да ви бидам стража и чуварка, но не само овде, туку и на оној свет и на

сите што живеат на таа Гора богоугодно и добродетелно; додека е мојата икона

во манастирот, нема да оскудевате од благодатта и милоста на Мојот Син". Кога

го чул ова богоносниот Гаврил, отишол во манастирот и му го кажал тоа на

игуменот. Тој ги собрал браќата, им кажал за ова и направиле црква на

манастирската врата во името на пресвета Богородица Портаиса, а вратата ја

преместиле на друго место, како што може да се виде и денес како вистинско

сведоштво. Оттогаш таму стануваат безброј чуда: болни се лекуваат, слепи

прогледуваат, сакати проодуваат и болни од секакви болести наоѓаат лек. Од

тие многубројни чуда да спомнеме макар едно за уверување на другите.

По некое време, безбожните Персијци собрале силна војска, па по море и по

суво тргнале против Цариград. Нивниот командант Амир, кога разбрал дека во

Атонската Гора има многу манастири, зел со себе 15000 војници и дошле под

самиот манастир „Ивер" и го заобиколиле како диви ѕверови. Монасите кога

виделе многубројни варвари и нивното непрестајно напаѓање, отишле во

црквата и ја зеле иконата, заедно со другите скапоцености, па ги однесле и ги

скриле во кулата, каде што им било скривалиштето, па и самите се сокриле

таму. А варварите откако не нашле од каде да влезат, ставиле скала и влегле во

манастирот, па го ограбиле. Потоа сакале да ја разурнат и црквата, но не

можеле. Гледајќи го тоа монасите, плачеле и изговарале пророчки зборови:

„Востани Господи, что спиши: Боже, приидоша јазичници в достојание Твое,

оскверниша храм Твој светиј". А на света Богородица и говореа: „О Владичице!

Такво ли е твоето ветување? Нели вети дека ќе ни бидеш стража, а сега не

предаде во рацете на варварите! Но ти се молиме, ако сме згрешиле, не оставај

не до крај, да не речат непријателите: каде е вашиот Бог да ве послуша?" Така

говореа, но тогаш не ги послуша света Богородица, а ги предаде на

непријателите. Меѓутоа, кој може да ги искаже нејзините чуда? Кога се смрачи,

се крена голема бура во морето и ги потопи сите нивни бродови, а остана само

еден, во кој се наоѓаше командантот Амир за да го разбере своето безумство и

силата Божја. Монасите утредента, мошне зачудени, гледале покрај брегот

искршени кораби и трупови на варварите. Тогаш Амир, гледајќи ја несреќата

што го снашла, почнал да се удира по градите и да си ја кубе косата. Отишол

при монасите и смирено им рекол „Молете се, служители Божји, да не загинам и

јас". Им дал доста злато и рекол да соѕидаат високи ѕидови за да не може никој

друг да им направи зло. Потоа монасите со тие средства подигнале високи

ѕидови околу манастирот, кои стојат и денес. Не само тогаш, туку и многупати

света Богородица го бранела овој манастир.

Еднаш кога биле во голема оскудица, света Богородица на сон му се јавила на

игуменот и му рекла: „Зошто тажиш, чедо? Оди и ќе ги најдеш амбарите полни

со се, па ќе ја видиш Мојата грижа за вас". Тој отишол и ги нашол амбарите

полни и им раскажал на браќата за се, па Му благодариле на Бога и на пресвета

Богородица. И многу други чуда правела, како и денес што прави. А најмногу

заради Својата икона, која непрестајно го чува манастирот „Ивер"; тој е најбогат

од сите светогорски манастири и во него многу патници и сиромаси се

наситуваат. Манастирот трипати во годината има храмов празник. 1. Успение на

Пресвета Богородица, 2. Богојавление и 3. Светол вторник (трет ден Велигден).

Page 29: Чудата на Пресвета Богородица

Епископ Велички Гаврил Светогорец

29

Подај им, Мајко Божја, мир и здравје на твоите раби и на сите православни

христијани, просвети им го умот и срдечните очи да го видат патот на

спасението. Удостој не и нас грешните да отидеме во Царството на Твојот Син,

Христос и Бог наш, зашто државата Му е благословена и преблагословена од

Безначалниот Отец и Светиот Благ и Животворен Дух, сега и секогаш и во сите

векови. Амин.

ЧУДО 23.

За оној што се одрекол од Христа со писмо

Во Италија имало некој богат човек, по име Агапиј, кој го потрошил целиот свој

имот, водејќи грешен и блуден живот, па толку осиромашил што веќе дошло

дотаму да се откаже од Бога. Се проколнувал себеси и отишол да бара некој

маѓосник за да го праша дали може ѓаволот да го направи богат. Одејќи да бара

маѓосник, го сретнал ѓаволот, во вид на војник и му рекол: „Јас сум тој кого го

бараш ти. Ако сакаш со твојата крв да напишеш дека се одрекуваш од Христа и

стануваш мој, ќе ти дадам што и да посакаш". А тој бедник, сакајќи да живее

како порано, се одрекол писмено од Христа; потоа ѓаволот го обогатил и му дал

се што посакал. Станал негов слуга и одел заедно со него.

Минувајќи еднаш покрај една црква, ја видел иконата на света Богородица.

Помислил во себе какво големо зло направил и воздивнал од срце. Ѓаволот,

знаејќи зошто воздивнува, толку многу го тепал што одвај останал жив, па му

рекол: „Внимавај добро повеќе да не гледаш во иконата на света Богородица

зашто таа многу зло ми направила и многумина ми ги одзела од раце. Ако не ме

слушаш, ќе те усмртам со лута смрт: ќе го изгубиш овој убав живот и душата ќе

ти ја однесам во вечна мака". Кога го чул тоа бедниот, многу се нажалил дека

душата ќе му отиде во вечна мака, па размислувал како да се ослободи од ова

ропство. Најпосле се сетил на зборовите од ѓаволот и си рекол: „Мајката Божја,

ако многу души одзела од неговите раце, таа и мене може да ми помогне затоа

што е Мајка на Семилостивиот Бог". Ѓаволот, не знаејќи што мисли тој, го

повел покрај друга црква да виде дали пак ќе се обрне кон неа. Овој кога ја

видел црквата отворена, се затрчал и влегол во неа, паднал пред иконата

Богородичина, се биел во градите, воздивнувал од срце и со солзи се молел:

„Владичице на целиот свет! Помогни ми и избави ме од рацете на ѓаволот; Ти

многу можеш, Сецарице, помилуј ме и мене крајно окајаниот!"

Така се молел многу време со големо самоосудување и плачење. Гаволот,

стоејќи пред црквата, правел голема врева и викал: „Јас доаѓам кон тебе, о

неверниче, но Марија не ме пушта! Писмото што ми го даде ќе го чувам и ќе го

покажам на страшниот суд, за да се виде дека ти своеволно си се одрекол од

Христа". Тоа го рекол и станал невидлив, а Агапиј се молел со солзи за да му се

опрости. Од многу труд и плачење умот му се занел и чул како Света

Богородица му говори: „Чедо, ти си се одрекол од Мојот Син, зошто си влегол

во Мојата црква и што бараш овде?"

А тој со големо смирение одговорил: ,,О пресвета Владичице, Мајко милостива!

Нели за грешните пострадал Твојот Син? Јас знам дека сум голем беззаконик,

но блудницата, блудниот син и други грешници кои те немале тебе за

помошница, откако се покајале, Твојот Син им опростил; моли Го и мене да ме

помилува и да ме прими, о Владичице! Ти можеш да бараш од Твојот Син што

Page 30: Чудата на Пресвета Богородица

Чудата на Пресвета Богородица

30

сакаш". Тогаш Света Богородица му рекла: „Затоа што се каеш од се срце, те

примам. Но да не се покажеш неблагодарен кон таа голема благодат, туку да

принесеш добри плодови од твоето покајание". Тогаш тој со благодарност

одговорил: „И за друг дар те молам, о Владичице: да ми се врати писмото што

ми го зеде ѓаволот!" А таа му рекла: „Во слава на Мојот Син, да ти биде и тоа".

Тогаш се чул глас и фучење во воздухот и ѓаволот проговорил: „Ако си Мајка

на правдата, не прави така, о Владичице! Не земај го овој што се запишал со

својата крв". Света Богородица му рекла: „Врагу вистински, секогаш лажеш, но

сега право говориш дека сум Мајка на правдата. Затоа сакам да донесам

праведен суд и да го избавам од твоите раце созданисто на Мојот Син. Не е

право ти да го имаш".

Кога го чул ова Агапиј, многу се зарадувал и се свестил, како од длабок сон

станат и го нашол своето писмо во раката, поради што уште повеќе се израдувал

тој и сите оние кои го виделе и го чуле ова големо Божјо чудо. Тоа се расчуло

по целиот свет, па дошло и до ушите на блажениот Леон, кој бил во она времс

архиепископ во Рим. Тој го повикал Агапиј за да го виде писмото. Потоа

заповедал по сите цркви да се служи благодарствен молебен на Бога и на

Мајката Божја. Тогаш мнозина големи грешници се покајале и се надевале на

пресвета Богородица. Агапиј се замонашил и остатокот од животот го поминал

во покајание, како шго му заповедала Богомајката, по чии молитви и ние

грешните да се спасиме. Амин.

ЧУДО 24.

За Теофил што писмено се одрекол од Христа

Во киликискиот град Аданон, во 537 година, живеел некој иконом по име

Теофил, маж благочестив и добродетелен. Тој бил настојател на сите цркви и

добро ги уредувал. Кога умрел владиката, граѓаните го молеле архиепископот

да го хиротониса Теофила за нов владика, но тој од смирение не сакал да го

прими тој висок чин. Потоа архиепископот хиротонисал некој друг за владика и

му порачал да го почитува Теофила и да го чува добро.

Теофил долго време и служел богоугодно на црквата, но ѓаволот ја замразил

неговата правда, па сакал да го погуби, во што и успеал. Некој злонамерен човек

го наклеветил кај владиката и овој го намразил и го отстранил од црковната

служба. Теофил тоа го поднесувал доста време, но, под дејство на ѓаволот,

почнал да жали што го изгубил почесното место без причина. Гаволот го довел

дотаму што овој намислил со магии да се врати пак на старата служба. За негова

несреќа, имало таму некој Евреин маѓесник, при кого тој отишол и барал

помош. Евреинот му рекол: „Јас ќе направам да си ја вратиш првата чест, ако ти

му се поклониш на мојот учител и ако правиш она што ќе ти каже тој. Но варди

се пред него да не се прекрстиш. И така двајцата отишле на едно осамено место,

каде што Евреинот го повикал ѓаволот. За час се собрале многу ѓаволи и меѓу

нив седел нивниот началник со голема гордост. Тогаш Евреинот му рекол на

Теофила: „Поклони му се на мојот владика" и овој се поклонил. Тогаш Евреинот

му рекол на сатаната: „Владико мој, овој човек го истерал владиката, па ти го

доведов да му помогнеш". А ѓаволот рекол: „Ако се одрече од Христа, ќе го

Page 31: Чудата на Пресвета Богородица

Епископ Велички Гаврил Светогорец

31

ставам на поголема чест од првата и ќе има се што ќе посака. Ти ја знаеш мојата

сила". И така несреќниот Теофил му дал писмена потврда на началникот на

ѓаволите, а тој го прегрнал и го бакнал, па му рекол: „Сега ќе ја видиш мојата

сила". Тоа го рекол и станал невидлив.

Теофил отишол во градот со Евреинот и другиот ден го повикал владиката и го

поставил на поранешното место и му рекол: „Прости ми за неправдата што ти ја

направив". Се зачудиле сите што биле таму. Но, сето тоа било дело на ѓаволот.

Тој преку ноќта на сон му се јавил и му рекол дека згрешил со Теофила и треба

да го прими.

На овој начин Теофил добил поголема чест, но не бил смирен како порано, а се

возгордеал и сите се плашеле од него и го почитувале. Владиката посебно го

почитувал. Евреинот честопати одел кај него и му зборувал дека треба да го

исполнува она што му го ветил на ѓаволот, бидејќи тој му ја дал таа почест.

Меѓутоа, Теофил се свестил и почнал да мисли за вечната мака и говорел во

себе: „Тешко и горко мене безумниот! Како се излагав и му станав слуга на

ѓаволот за оваа привремена почест? Како не можев да го трпам тоа лишување и

како не размислив дека ќе го изгубам вечното блаженство, јас крајно окајаниот?

Небесниот Цар кога ќе ме осуди да горам во вечниот оган, кој ќе плаче за моето

безумство и кој ќе ме спаси?" За тоа размислувал и плачел дење и ноќе и не

смеел да Му се моли на Бога, а само плачел и викал: „Тешко тебе, безумен

Теофиле! Како се избезуми и се одрече од Христа? Кој може да го земе

ракописот од ѓаволот? Подобро беше да пропаднев жив во земјата или да

паднеше оган од небото и да ме изгореше отколку што се одреков од мојот

Спасител". По долго каење и плачење, тој почнал да се надева на Божјата

помош и милост. Отишол во една Богородична црква. Паднал пред иконата на

пресвета Богородица, плачел и воздивнувал од срце, велејќи: „Нема да станам

оттука додека не видам знак на милосрдност од милостивата Мајка".

Таму тој плачел и не излегувал 40 дена, а помошта на Богомајката го крепела

толку денови без јадење и не го пуштала ѓаволот да дојде при него. По 40 дена,

заспал и ја видел Владичицата на целиот свет, закрилницата на грешните и

изворот на милоста, која му рекла: „Ти си се одрекол од Мојот Син и како

можам сега да се молам за тебе?" - „О семилостива моја Владичице, знам добро

дека моето беззаконие е големо што се одреков од Христа, но знам дека Тој е

неискажливо милостив и човекољубив и поради нас грешните страдал и спасил

многу разбојници и митари. Мојот грев е поголем од сите, но се надевам на

Неговата милосрдност и кон твојата закрила и помош прибегнувам. Те молам,

дај ми мене, злосреќниот, утеха и не оставај ме така нажален. Се надевам,

Владичице, дека со моето покајание ќе го разгневам ѓаволот, кој ме измами.

Него јас го зарадував со моето безумие, а ги растажив светите ангели, но сега

сакам да ги развеселам со своето покајание. Тој Бог, од кого се одреков, јас Го

исповедам од се срце, верувам во спасението на светот и готов сум да ја

пролеам и својата крв за Неговата љубов и за осведочување на моето

исповедување. Го проколнувам ѓаволот и се откажувам од него. А тебе,

Сецарице, те почитувам и пред Тебе се покајувам од целото свое срце, помогни

ми!" Пресвета Богородица му одговормла: „Бидејќи се молиш со целата своја

душа, јас ќе се молам да се прими твоето покајание". Тогаш Теофил се разбудил

и почнал да плаче и да се надева на спасение. По три дена, ја видел света

Page 32: Чудата на Пресвета Богородица

Чудата на Пресвета Богородица

32

Богородица, која со весело срце му рекла: „Радувај се, Теофиле, затоа што

Мојот Син ти го прима покајувањето и ти ги опростува сите гревови. Отсега

натаму, до крајот на животот, да донесуваш плодови на покајание и да си

споменуваш за таа голема благодат". Тој со благодарност рекол: „Уште за едно

ти се молам, Владичице: да ми се даде писмото за доказ дека ми се простени

гревовите". Светата Богородица му рекла: „Бој се од Бога".

Тогаш Теофил станал од наземја радосен. Потоа се молел уште три дена и пак

му се јавила света Богородица и му рекла: „За да се увериш дека Бог ти го

опростил гревот и си ослободен од ропството на ѓаволот, земи си го писмото".

Тогаш се свестил и во рацете го видел писмото запечатено, онака како што му

го дал на ѓаволот. Голема и неискажлива била благодарноста на Теофила. Тој

благодарел и Го прославувал Бога и пресвета Богородица и на сите им

раскажувал за Божјата милост и сила. Тоа кога го чул владиката и сите граѓани,

се зачудиле и Го прославиле Бога, Кој прави такви чуда и покажува знаци.

Потоа Теофил се одрекол од овој свет, ја оставил светската слава и почести, па

служел во Богородичната црква до крајот на својот живот; со строг пост и

сеноќни бденија им се молел на Бога и на пресвета Дева Марија. Тој го наследил

небесното царство и по смртта телото му останало нетрулежно и правело многу

чуда. Ова го опишал неговиот другар Стихијан, за утеха на грешните.

ЧУДО 25.

Како света Богородица причестила еден монах со небесен леб

За време на преподобниот Сава Осветен, во неговиот манастир имало голем

број добродетелни монаси кои Му служеле на Бога. Наскоро таму дошол еден

богат човек за да се замонаши и бил радосно примен. Бидејќи се уште

ненавикнат на монашки труд, свети Сава не го оставал на тешка работа со

другите, кои работеле до деветтиот час, а потоа оделе в црква на молитва;

навечер јаделе само посно јадење. Богатиот човек, бидејќи нов, не можел да

пости и да живее монашки како другите, туку јадел во ќелијата она што му

носеле пријателите. Меѓутоа, светиот игумен знаел дека тој јаде, па како нов му

допуштал, но му се молел на Бога да го научи на Божји страв.

Кога дошол празникот Успение на Пресвета Богородица, на 14 август, браќата

отишле на работа, а светиот им порачал да дојдат порано за вечера; на

новодојдениот му рекол да оди порано в црква и да гледа кога ќе дојдат браќата.

Кога дошле отците, новодојдениот имал чудно видение не насон, ами најаве:

имено, видел една прекрасна же-на меѓу двајца ангели, која била посветла од

сонцето. Едниот ангел во раката држел чаша полна со небесен леб, а другиот

држел платно за бришење; прекрасната, пак, жена, всушност Царицата Небесна,

држела златни клешти; монасите оделе еден по друг и ангелот им го бришел

лицето, а потоа и се поклонувале на света Богородица, Која земала со клештите

од небесниот леб и им давала на сите. Тоа кога го видел новодојдениот, и тој

Page 33: Чудата на Пресвета Богородица

Епископ Велички Гаврил Светогорец

33

отишол да се удостои со тие небесни дарови. Меѓутоа, ниту ангелот го

избришал, ниту пресвета Богородица го причестила, туку му рекла: „Ова е

телото на Мојот Син и се причестува само оној што постел до тој час и се

очистил од гревовите, а ти не постиш и како можеш да се причестиш од тој

леб?" А тој рекол: „Барем нека ме избрише малку ангелот со својот убав убрус".

Пресвета Богородица му рекла: „Ако сакаш да те избрише, потруди се како и

другите: тие постеле и затоа ги брише. А ти немаш пост, па како ангелот да те

брише?" Кога го чул ова, се уплашил и отишол при игуменот, па му кажал се

што видел. А свети Сава му рекол: „Ти си го видел тоа за да се поправиш и да

станеш како другите браќа". Оттогаш почнал да работи и да пости, да се труди

да биде како другите браќа. На нашиот Бог слава. Амин.

ЧУДО 26.

За жената што родила црно дете и која со него заедно била спасена од света

Богородица

Во местото Нарна тече голема река. Таму во едно село имало еден богат човек

со многу слуги, меѓу кои и еден Арап, кој долго време му служел верно и затоа

многу го сакал. Неговата жена била чесна и чиста, не гледала во други мажи и

имала голема љубов кон света Богородица, па затоа и света Богородица ја

возљубила и покажала милост кон неа. Таа родила црно дете, како Арапче, и

сите зборувале дека тоа дете е од нивниот слуга, Арапот. Нејзиниот маж, кој не

можел да поднесува многубројни озборувања и подбиви, намислил да ја убие

заедно со детето и со Арапот. Меѓутоа, света Богородица го задржала, знаејќи

дека е чиста. Но тој за да се ослободи од подбивите, и рекол на жена си: „Земи

си го тоа дете и бегај од мојот дом што поскоро за да не те убијам". Потоа ја

фатил за косата и ја исфрлил заедно со детето.

Таа отишла кај нејзините роднини, во кои се надевала дека ќе ја примат. Но и

тие, мислејќи дека родила од Арапот, ја истерале. Тогаш оваа жена од очајание

и плачење дека никој не ја прима, сакала да се убие заедно со детето. Мислејќи

така, отишла во една црква посветена на света Богородица, застанала пред

Нејзината икона, плачејќи неутешно и од многу солзи го навлажила местото и

рекла: „Преслатка моја Богородице! Не дозволи душата да ми отиде во пеколот

поради самоубиство. Ова го правам затоа што немам каде да отидам". Откако го

рекла тоа, отишла на пазарот, извикала на сиот свој глас: „Чујте ме сите браќа,

за име Божјо! Света Богородица нека покаже дека не сум виновна за она за кое

ме клеветат!" Откако го рекла тоа, отишла и се фрлила во реката заедно со

детето.

Нејзиниот маж и некои од роднините го чуле ова и ја сожалиле, побрзале да и

помогнат, но таа веќе се изгубила во водата. Потоа тие отишле в црква да Му се

помолат на Бога за да не ги снајде некое зло поради нејзината невина душа. И

кога се молеле, чуле однадвор врева на луѓе што говореле: „Слава на Бога,

жената излезе жива од водата, а и детето и било со прекрасно лице". Кога го чул

ова нејзиниот маж, веднаш отишол при неа и ја молел да му опрости што ја

навредил. Го бакнал детето и Го славел Бога што не ги оставил да се удават без

причина.

Тогаш ја прашале како излегла од длабоката река, а таа им одговорила: „Вие

сите ме истеравте и јас, не знаејќи што да правам, си реков: подобро е да умрам,

па отидов в црква иисе предадов во рацете на пресвета Богородица. Така

плачејќи, се видов како пропаѓам во длабока вода. Тогаш пресвета Богородица

Page 34: Чудата на Пресвета Богородица

Чудата на Пресвета Богородица

34

ми се јави и рече: „Не бој се, не те оставам да се удавиш". Водата се раздели на

две и јас реков: „Зошто ми е таков живот, Владичице, полн со лошотии". А Таа

ми рече: „Нема да има друга пославна и почесна од тебе, ни дете поубаво од

твоето". Тоа ми го рече, па ме зеде со Себе, ме однесе на мостот и оттаму си

отиде на небото, а детето се преобрази и стана убаво, како што го гледате".

Тогаш сите што го виделе и го чуле ова, Го прославиле Бога и пресвета

Богородица и ја молеле жената да им опрости, а најмногу мажот и и ја повикал

да си дојде дома. А таа му рекла: „Слава на Бога и на пресвета Дева Марија

затоа што се увери дека сум ти била верна. Мајката Божја ме сочува од смртта и

не е добро да ти служам тебе и на твојот дом зашто ќе се покажам неблагодарна

кон све-та Богородица, Која ми направи толку добрини. Вие ме истеравте, а таа

ме прибра и не ме остави да загинам со душата и со телото". Потоа отишла во

женски манастир, се замонашила и живеела богоугодно, па се преселила при

својата Добродетелка.

ЧУДО 27.

За еден манастир што го помагала пресвета Богородица

Во времето на благочестивите цареви имало еден манастир, во едно пусто

место, посветен на света Богородица. Монасите што живееле таму непрестајно

Го славеле Бога. Христијаните знаеле за нивното богоугодно живеење, па оделе

на поклонение и им носеле помош. Не само простиот народ, туку и царевите им

испраќале дарови.

По едно време, варварите ги нападнале христијаните и ги освоиле оние места

откаде што му доаѓала помошта на манастирот, па така веќе ни царевите не

можеле да им испраќаат помош. Кога монасите ги исцрпеле средствата за

живеење и кога веќе немало од каде да очекуваат никаква помош, помислиле

најпосле да го напуштат манастирот.

Така, еден ден се собрале да служат божествена литургија, да се причестат, па

откако ќе се простат еден од друг, да се разделат и секој да отиде каде што знае.

Впрочем, за време на службата во црквата кога ја пееле химната на пресвета

Богордица „Достојно јест јако во истину..." 6, од дворот се чула врева. Кога

излегол клучарот, за големо чудо, ги видел амбарите полни со жито, бочвите со

вино и со се друго што им требало. Тоа кога го виделе браќата, Го прославиле

Бога и пресвета Богородица и решиле да не го напуштаат манастирот, бидејќи

света Богородица не ги ос-тава. Не само тоа чудо го направила таму пресвета

Богородица, но и други многубројни чуда правела, како што и денес прави, и

така нема да загинат оние што се надеваат на Бога и на Неа, на Кои им прилега

слава. Амин.

6. „Достојно е, навистина, да те ублажуваме Богородице, присно-блажена и

пренепорочна и Мајка на нашиот Бог. Почесна од херувимите и неспоредливо

пославна од серафимите, нетлено си Го родила Бога Словото, Тебе, која си

Богородица, те величаме".

Page 35: Чудата на Пресвета Богородица

Епископ Велички Гаврил Светогорец

35

ЧУДО 28.

За воскреснувањето на еден Римјанин

Во еден град близу до Рим живеел некој судија, кој материјално бил многу

богат, а со душевни добрини многу беден, бидејќи правел секакви гревови и

блудства. Меѓутоа, имал голема почит кон света Богородица и помагал на

сиромаси. Освен тоа, имал и добар обичај: кога требало да оди на пат, прво

застанувал пред иконата на Мајката Божја и Ја молел да го чува од секое зло,

поради што ѓаволот многу му завидувал.

Еден ден, откако се помолил по обичајот, излегол со коњ да се прошета надвор

од градот, заедно со други богати луѓе. Кога преминале една длабока река,

ѓаволот го уплашил коњот на судијата. Скокнал коњот и го фрлил судијата во

водата, па потонал и се изгубил. Неговите другари кога го виделе тоа, многу се

натажиле и плачеле, мислејќи дека се удавил, па се вратиле во градот да ги

известат неговите роднини за станатото и да се подготват за погреб. Но брзата

помошница на христијаните го избавила од душевна и телесна смрт. Тој, кога

паднал во реката, извикал: „Помогни ми, Мајко Божја!" и потонал на дното. А

Мајката Божја тој час се нашла таму, го фатила за косата, го извадила од водата

и го однесла во неговиот дом, велејќи: „Ете, остана жив и здрав и отсега натаму

немој повеќе да правиш гревови, но благодари Му на Бога и прави добри дела за

да си ја спасиш душата". Домашните кога го виделе така воден и полумртов, се

зачудиле. А тој се уште не можел да дојде на себе и да разбере каде се наоѓа.

По некое време, дошле другарите, кои се вратиле за да известат за него и кога го

виделе дома жив, се исплашиле и многу се зачудиле. Тој им кажал се што се

случило со него и сите Го прославиле Бога и света Богородица. Тогаш

владиката ги собрал сите христијани во градот и отслужиле во црквата

благодарствен молебен во чест на света Богородица. Судијата се откажал од

службата, го напуштил домот и жена му, се покајал, отишол во еден манастир и

се замонашил. Таму и служел на света Богородица и наследил Царство небесно,

за кое сите треба да се труднме, да го добиеме. Амин.

ЧУДО 29.

За оној што не можел да научи да чита, но единствено ја знаел молитвата

„Богородице Дево, радувај се..."

Во еден град имало еден човек, по име Јован, кој бил многу богат и богоугоден.

Но, умно тој бил мошне ограничен, па не можел да научи ниедна молитва.

Поради тоа го подарил сиот свој имот на еден манастир и отишол во него да

живее за да го научат браќата на писмо.

Игуменот и сите браќа го почитувале и се труделе да го научат да чита, но тој

ништо не можел да сфати. Тогаш еден искусен и добродетелен монах почнал да

му чита многу молитви по ред и го прашал коЈа му се гледа најлесна. Тој рекол:

Богородице Дево, радувај се... - ми е најдобра. И на тој начин, по многу време,

монахот одвај го научил на таа молитва. Откако ја научил молитвата, простиот

Јован толку многу се зарадувал во душата што му се чинело дека добил

најголемо богатство на светов. Каде и да одел само ја изговарал молитвата:

„Богородице Дево, радувај се". Поради тоа браќата го нарекле: „Радувај се,

Марие". А тој непрестајно ги имал овие зборови во устата се до смртта. Кога

умрел и му вршеле опело, од устата му излегувала слатка миризба.

Page 36: Чудата на Пресвета Богородица

Чудата на Пресвета Богородица

36

На деветтиот ден кога вршеле парастос, виделе преславно чудо. На гробот му

израснал еден прекрасен крин, на чии лисја било напишано со златни букви:

„Радувај се, благодатна Марие". Кринот испуштал благоухание не од земно, а од

небесно потекло. Тогаш игуменот им рекол на браќата: „Отци, за да го

запознаеме ова чудо и да видиме колку бил свет блаженоупокоениот отец и

колкава љубов имал кон света Богородица, треба да го видиме и коренот на овој

крин, та да разбереме колку ги ублажува Мајката Божја оние што од се срце ја

почитуваат". Кога го раскопале гробот, виделе дека кринот израснал од устата

на умрениот и се зачудиле. Потоа игуменот заповедал да ги расечат моштите на

преподобниот и виделе дека кринот излегува од самото негово срце и на него

била изобразена иконата на света Богородица. Тогаш сите присутни се

зачудиле, го зеле кринот заедно со светите мошти да ги чуваат во чест и слава

на Бога и на света Богородица. Амин.

ЧУДО 30.

За чудното спасување на едно дете од давење во река

Во Ломбардија имало еден човек, кој живеел со жена му богоугодно и

добродетелно. Тие имале голема љубов и надеж во света Богородица, па

повикале иконописец да им наслика на ѕидот во куќата убав лик на Мајката

Божја. Оттогаш секојпат, минувајќи покрај иконата, и се поклониле и говореле:

„Богородице Дево, радувај се". Заради тој нивни добар обичај, света Богородица

им правела секакви добрини и им помагала да живеат во согласност и љубов, па

народот ги именувал „миротворци", зашто со сите имале мир и љубов. Тие

имале едно дете од три години, кое правело исто што и неговите родители.

Имено, се поклонувало на иконата и кога научило да зборува, велело:

„Богородице Дево, радувај се". Бидејќи дете, не знаело за почит кон Бога, но тоа

го правело по примерот на родителите. Кога го гледало ликот, мислело дека е

тоа господарката на домот, па со страв се поклонувало и ги изговарало тие

зборови. Еден ден кога си играло на брегот од реката заедно со другите деца,

паднало во водата. Децата кога го виделе тоа, отишле, па и јавиле на мајка му.

Кога чула таа, веднаш, плачејќи, отишла да го тажи. Но бидејќи реката била

длабока, не смеела да влезе сама, ниту некој од соседите што дошле заедно со

неа. Најпосле двајца мажи се соблекле и влегле во водата да го бараат, но не

можеле да го најдат. Во тоа време мајката погледнала долу по реката, го ви-дела

дека стои над водата чудно, како на некој престол и му рекла: „Чедо мое, како

седиш таму?" Детето одговорило: „Добро, мајко моја, Госпоѓата ме држи и не се

плашам од ништо". Мајка му од радост не разбрала што и говори. Тогаш

допливале оние двајца и го изнесле на суво при мајка му, која го зела и го

однесла дома. Штом стигнале во домот, прво се помолила пред иконата на света

Богородица и потоа го прашала детето како останало живо, а тоа одговорило:

„Кога паднав во водата, притрча таа наша Госпоѓа - покажувајќи со прст на

иконата - па ме извади од водата и ме држеше се додека не дојдоа оние луѓе да

ме изнесат на суво. Кога го чуле тоа чудо, сите Го прославиле Бога, и се

поклониле на Мајката Божја. А кога пееле благодарствен молебен на Бога во

црквата, детето извикало пред целиот народ: „Госпоѓата наша ме извади од

водата!" И така, секој што ја почитува иконата на пресвета Богородица, ќе биде

спасен од привремената и од вечната смрт. Амин.

Page 37: Чудата на Пресвета Богородица

Епископ Велички Гаврил Светогорец

37

ЧУДО 31.

За ослободувањето на еден Евреин од темница откако поверувал во Исуса

Христа

Во Ломбардија имало некој богат Евреин, кој се занимавал со трговија. Се

случило еднаш да го фатат некои разбојници; го врзале, го затвориле во темница

со намера да му ја земат сета стока и да го убијат. Тој многу плачел, очекувајќи

секој час да биде убиен и мислел како да се избави. После му дошло на ум дека

света Богородица им прави многу чуда на христијаните и дека може и него да го

избави, ако со чиста вера и се помоли. Почнал срдечно да се моли, плачел и со

солзи говорел: „Пречиста Царице Небесна, покажи ја твојата милост кон мене

бедниот. Голема е твојата благодат што непрестајно ја покажуваш кон

христијаните, од кои сум слушал дека бесни си лекувала и затвореници -

ослободувала. Смили се на мене, Владичице, и не споменувај си за злобата на

моите предци, но како милостива Мајка (како што те викаат христијаните)

помогни ми во оваа голема неволја и избави ме, па и јас да поверувам во Твојот

Син и Бог и да раскажувам на сите за твоите чуда!"

Молејќи се така, заспал и насон видел една Царица, посветла од сонцето, а

околу Неа ангели, кои по Нејзина повелба му ги одврзале синџирите. Тој

радосен се разбудил и рекол: „Кажи ми го, Владичице, твоето име, за да ја

запознаам својата добротворка". Света Богородица му одговорила: ,Јас сум

Марија што ти ја повика и те послушав, макар што Евреите се мои непријатели

и на Сина Ми; но бидејќи со топла и чиста вера се молеше, Мојот Син се

смилува на тебе и заповеда да се ослободиш од душевната и телесна смрт".

Откако тоа го рекла, им заповедала на ангелите да го одведат до една бездна,

каде што се наоѓале безброј души што се мачат и од каде што излегувала

неподнослива миризба, од која тој паднал на земја. Тогаш света Богородица му

рекла: „Таму се мачат Евреите кои не поверувале во воплотувањето на Мојот

Син Исус Христос". Потоа го одвеле на една висока планина, каде што видел

едно прекрасно место, од кое се ширело благоухание. Таму Евреинот видел

многу народ, кој пеел радосни песни и се исплашил. А Мајката Божја му рекла:

„Тоа се душите што Син Ми ги ослободил со многуцената своја крв. Ти избери

си едно од овие две места што ти е поудобно". Штом го рекла тоа, света

Богородица си отишла на небото, а Евреинот се нашол пред вратата на својот

дом и веднаш се покрстил. Потоа го оставил целиот свој имот и отишол во еден

манастир, каде што се замонашил и и служел на пресвета Богородица, Која на

чуден начин го избавила и го вовела во вистинската вера.

ЧУДО 32.

За воскресението на едно еврејско дете убиено од татко му и како тоа ја

исповедало милоста на Мајката Божја

Една Еврејка за време на породувањето се мачела и не можела да се породи, па

секој час очекувала да умре од болки. Тогаш кај неа се нашла една христијанка,

која и рекла: „Ако сакаш да се ослободиш од тие маки, повикај ја пресвета Дева

Марија и таа ќе ти помогне". Кога го чула тоа Еврејката, со солзи во очите

извикала: „Многублагословена секогаш Дево Марие, слушам дека им даваш

благодат на сите што со чиста вера Ти се молат. И јас, иако сум од родот на

оние што го убија Твојот Син, ти се молам недостојна да ме избавиш од овие

смртни маки и ветувам дека ќе станам христијанка и ќе примам свето

Page 38: Чудата на Пресвета Богородица

Чудата на Пресвета Богородица

38

крштение". Откако ја завршила молитвата, Еврејката веднаш родила машко дете

и кога станала од постела, се крстила заедно со своето дете. Мажот и не бил

дома, па кога се вратил и разбрал за тоа, се разгневил и го убил детето.

Околните христијани кога чуле плач и викање, дошле на помош и сакале да го

фатат Евреинот и да го предадат на власта, но тој избегал и се скрил во една

црква. Стоејќи во црквата уплашен, ја видел иконата на света Богородица и

почнал да и се моли од се срце, говорејќи: „О Владичице, големо е твоето

милосрдие, ти ги штитиш и таквите како јас што сум, недостојниот и

нечестивиот што си го убив детето; а сега стојам во твојот дом и земјата не се

отвора да ме проголта жив. Кога толку е големо твоето милосрдие, помилуј ме,

како Твојот Син што го помилува гонителот Савле и прости ми ги сите гревови

и беззаконија. Верувам дека навистина Си Го родила Исус Христа, без повреда

на девството и исповедувам дека Синот Твој е Син Божји и дека Неговата

милост е бескрајна". Молејќи се така, дошле оние што го барале и го врзале. А

тој им рекол: „Ве молам одведете ме кај некој свештеник да ме крсти, па потоа

убиете ме". Тие го послушале, го одвеле да се крсти, а потоа го предале на

судијата, кој го затворил и го осудил, а утредента мислел да го убие.

Жената дома, држејќи го детето постојано во раце, плачела и не можела да се

утеши. Наеднаш видела дека детето почнало да мрда и потоа оживеало. Во исто

време чула дека мажот и се покрстил и дека ќе биде убиен. Тогаш таа го зела

детето и отишла при судијата; кога виделе дека детето е живо, го прославиле

Бога и го ослободиле таткото. Како сведоштво на ова чудо останал белег на

грлото од детето, па сите што го виделе Го прославиле Бога. По ова големо чудо

станало и друго: детето исполнето со благодат на Мајката Божја, прозборело

убаво и чисто, како дванаесетгодишно момче и со висок глас рекло: „Мајката на

милостите и Сеутешителката Дева Марија ме воскресна поради верата на моите

родители и за да ги посрами неверните Евреи кои не го признаваат

воплотувањето на Бога". Оние што го чуле тоа, заплакале од радост и Ги

прославиле Бога и света Богородица, а татко му на детето и служел на света

Богородица до крајот на својот живот и напишал многу книги против Евреите.

Детето живеело богоугодно и со молитвите на света Богородица отишло заедно

со родителите да се радува во вечната радост.

ЧУДО 33.

За подмладување на еден старец

Во братството на еден британски манастир имало еден добродетелен монах, кој

имал голема љубов кон пресвета Богородица и многу ја почитувал. Штом ќе го

чуел нејзиното име или кога сам ќе го прочитал, паѓал на колена и говорел:

„Богородице Дево, радувај се!"

Тој верен љубител на Божјата Мајка, кога остарел, се разболел и не можел да се

подигне од старост, па затоа игуменот му доделил еден човек да го служи.

Еднаш кога не бил таму слугата, а тој сакал да стане, но не можел, тогаш се

натажил. Погледнал на иконата на пресвета Богородица, рекол со вера:

„Преслатка моја Владичице, помогни ми!" Во тој час таму се нашла света

Богородица и му рекла: „За големата љубов што ја имаш кон мене, ти давам

уште триесет години да живееш на овој свет; да имаш сила каква што си имал

пред триесет години". Штом го рекла тоа, станала невидлива. А монахот кога се

видел здрав, се заборавил од радост. Другите браќа кога го виделе тоа чудо, Ги

Page 39: Чудата на Пресвета Богородица

Епископ Велички Гаврил Светогорец

39

прославиле Бога и пресвета Богородица, а тој секогаш мислел за овој чуден дар

и ја почитувал и ја славел пресвета Богородица. Амин.

ЧУДО 34.

За тоа како света Богородица помирила двајца скарани монаси

Во ист манастир имало двајца калуѓери што постојано се карале. Едниот бил

многу богобојажлив, па секогаш Го молел Бога да му прости на собратот за се

што прави. Другиот, пак, бил горделив и секогаш го клеветел собратот пред

игуменот, божем правел гревови. Кога го чул тоа првиот, многу го сожалувал

оној што го клевети без причина, па од срам веќе не му се живеело во

манастирот. Но, тврдата надеж во Бога и во света Богородица дека тие ќе ја

откријат неговата невиност за да не остане посрамен пред браќата, го

задржувала. Еднаш кога биле в црква на утрена, на Божја служба, го видел

својот клеветник како стои до него без срам поради неправедните клевети, па не

можејќи да ја поднесува неговата близина, излегол оттаму и отишол во малата

црква, каде што паднал на земја и со солзи се молел и говорел: „Пресвета

Богородице, надеж на очајните и помошнице на беспомошните, избави ме од

неправедни клевети". Кога тоа го рекол, ја видел пресвета Богородица како стои

во олтарот до Светиот престол заедно со еден свет маж; се клањале и ја пееле

песната: „Слава Отцу и Сину и Свјатому Духу"7. Во тој момент света

Богородица го погледнала со весело лице и му рекла: „Јас Му се молев на Мојот

Син да те ослободи од срамот и Тој го просветил твојот клеветник да се покае за

да си ја спаси душата од вечната мака". Тогаш овој се обрнал кон неа, па и

рекол: „Те молам, Владичице, кажи ми, кој е тој што стои до тебе и зошто се

молите и се поклонувате кон исток?" Света Богородица му одговорила: ,,Тој е

свети евангелист Јован, кој ми е даден за син од Христа кога висеше на крстот и

немој да се чудиш зошто се клањаме на Бога. Како вие што сте на земјата и

пеете и Ја прославувате Пресвета Троица, така и ние на небото се клањаме и се

радуваме кога пеете „Достојно и праведно ест..."8. Откако го рекла тоа, Мајката

Божја си отишла на небото, но во црквата се осетило силно богоухание, од кое

клеветникот дошол во умиление и пред сите изјавил дека без вина го клеветел

својот собрат. Потоа клеветниот го кажал пред сите браќа видението што го

имал и тие ги прославилс Бога и света Богородица. Амин.

7. „Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух".

8„Достојно и праведно е да Му се поклонува на Отецот, Синот и Светиот Дух,

Троица единосуштна и неразделна" - со оваа молитва започнува Канонот на

Евхаристијата на светата литургија.

ЧУДО 35.

За блудниот војник, чии гревови биле простени по молитвите на Мајката

Божја

Имало еден војник кој живеел многу развратно. Тој имал жена, која била

добродетелна и богобојажлива и непрестајно го поучувала и го молела да ги

пости Богородичните пости. По многу време, таа добра жена го научила на

покајание и тој во чест на Мајката Божја ги држел постите за Успение на

пресвета Богородица, а, исто така, и пред секој Богородичен празник постел по

Page 40: Чудата на Пресвета Богородица

Чудата на Пресвета Богородица

40

еден ден. Таа го научила уште и да Му се моли на Бога и пред иконата на света

Богородица да вели: „Богородице Дево радуј сја!"

Еднаш кога влегол в црква и се молел пред иконата на света Богородица,

наречена „Семилостива", видел преславно чудо: Милостивиот Бог му се јавил за

да му го смири срцето и да си ги намрази своите гревови: ја видел света

Богородица како го држела малиот Исус, чие тело било целото покриено со

рани, од кои течела крв како од чешма. Кога го видел тоа војникот, се уплашил

и срцето му се смирило; плачел горко и со воздишки и се молел на света

Богородица, велејќи: „Преслатка моја Госпоѓице, моли Му се на Бога за мене

нечестивиот да ми ги опрости гревовите". Тогаш чул глас од иконата, кој

говорел: „Вие, грешниците, исповедате дека сум Мајка на милостите, а со

вашите гревови ме правите да сум мајка на јадовите". Кога го чул тоа, тој

паднал ничкум, плачел и велел: „Владичице моја! не гневи се на мене бедниот;

ти си помошница и молителка за грешните, помилуј ме и моли се за мене, оти

твојата молитва ја прима Благиот Христос".

Зборувајќи така, лежел на земјата, се молел, не смеејќи да си ја подигне главата;

чул како света Богородица Му зборувала на Христа: „Сладок Мој Сине! Заради

мојата љубов, помилуј го овој грешник, зашто се моли со солзи и си ги кажува

гревовите". Господ Исус Христос одговорил: „Не Ми додевај за него, о Мајко,

бидејќи не е достоен да му простам". Света Богородица пак му рекла: „Помни

ја, Чедо Мое, и познај ја мајчината љубов со каква усрдност сум Те хранела,

прости му на овој грешник". - „Право е, о Мајко, не можам да не Те послушам,

но треба да говориш според правдата!" - „Не сакам, рекла Света Богородица, да

го судиш по Твојата правда, но по Твојата голема милост, затоа што од срце се

моли". „Многумилостива Мајко, да не Ти е тешко што не Те послушувам, рекол

Исус; помисли дека и Јас, кога Ме распнуваа се молев на Мојот Отец, но не Ме

послуша".

Кога видела света Богородица дека неговите многубројни гревови ја

исклучуваат Божјата милост, ги свиткала колената и приклонила глава да Му се

поклони на Исуса за да Го умилостиви. Но Исус кога видел дека ќе Му се

поклони, не Ја оставил, но и рекол: „Во Законот е напишано дека секој треба да

ги почитува татка си и мајка си, па поради тоа ја примам Твојата молба и му ги

простувам гревовите, но нека дојде да Ми ги целива раните". Кога војникот го

чул тоа, се зарадувал и отишол да Му ги целива раните. И за чудо големо, секоја

рана штом ја целивал веднаш оздравувала, и така една по една сите рани

оздравеле. Кога го видел тоа чудо, се уверил дека му се опростени гревовите и

Им благодарил на Бога и на пресвета Богородица и си отишол радосен во својот

дом, па и раскажал на жена му за се што видел. Потоа, во договор со жена му, го

раздале целиот свој имот и отишле, тој во машки, а таа во женски манастир,

каде што живееле богоугодно и си ги спасиле душите.

ЧУДО 36.

За неискажливата убавина на пресвета Дева Марија што ја видел еден

богобојажлив клирик

Во некој галски град имало еден добродетелен и разумен клирик кој се

занимавал со пишување на книги. Тој блажен маж имал голема љубов кон

пресвета Богородица и многу сакал да ја виде на овој свет. Поради тоа

непрестајно Му се молел на Бога, и Бог, Кој им ја исполнувал волјата на оние

што Му се молат, ја чул желбата, па испратил ангел од небото и му рекол:

Page 41: Чудата на Пресвета Богородица

Епископ Велички Гаврил Светогорец

41

„Небесната Царица ги послуша твоите молитви и ме испрати да ти јавам да се

приготвиш оти во недела рано ќе дојде да ја видеш во таква убавина, која е

достапна за телесните очи; знај дека и од таа убавина ќе ти ослепат очите".

Штом го рекол тоа, ангелот си отишол, а тој останал да размислува како ке

живее потоа слеп кога не знае друга работа, освен пишување, па намислил да си

го затвори едното око, та само со едното да ја гледа света Богородица и само со

него да стане слеп.

Во определеното време му се јавила света Богородица во таква светлина и

убавина каква со човечки јазик не може да се искаже. Тој, гледајќи со едното

око, се чудел на таква слава и красота, па го отворил и другото за да ја виде

подобро, но таа веднаш се изгубила од погледот и тој останал со едно око, па

почнал да се укорува и да се кае што не го отворил и другото за да се нарадува

повеќе, па макар да останел наполно слеп.

Потоа тој почнал да се моли, велејќи: „О Боже мој, удостој ме уште еднаш да ја

видам пресвета Богородица, па макар потоа да останам сосема слеп". Исто така

и се молел и на света Богородица и постел за да му се јави. Тогаш ангелот Божји

пак дошол и му рекол: „Сецарицата се умилостиви поради твоето срдечно

молење и ќе дојде пак да ја видеш, затоа што сакаш да останеш слеп за нејзина

љубов". „Благодарам, рекол тој, за нејзината благодат, и се поклонувам и го

славам Нејзиното име. И не само видот да си го изгубам, но и рацете и нозете и

целото свое тело сакам да го изгубам, само да можам уште еднаш да ја видам". -

„Утре да бидеш готов, му рекол ангелот, и нема да ослепиш, но и другото око ќе

ти се отвори и ќе ти се зарадува срцето". Кога повторно му се јавила пресвета

Богородица, од голема светлина тој паднал со лицето на земјата како апостолите

на Тавор и му се отворило окото, а срцето и душата му се просветиле, па станал

и ја гледал света Богородица со двете очи се дури не станала невидлива. Потоа

клирикот живеел богоугодно, им благодарел на Бога и на света Богородмца и

отишол во вечното живеалиште.

ЧУДО 37.

За тоа како едно дете воскреснало и го кажало својот убиец

Некоја благочестива и добродетелна жена имала голема љубов кон пресвета

Богородица, додека нејзиниот маж бил нечестив, законопрестапник, одел по

други жени и никако не водел сметка за својот дом. И така, еднаш тој долго

време бил отсутен од дома, а неговата жена, немајќи што да јаде, зела да дои

дете од некој богат човек за да се прехрани. Кога сознал мажот и за ова, дошол

тајно ноќе и го убил детето за да ја обвинат и да ја осудат жената. Жената кога

се разбудила и го видела детето мртво, не знаејќи како се случило тоа, почнала

да плаче и сакала да се убие. Но соседитс кога чуле плачење, дошле кај неа да ја

утешат. Кога чул таткото на детето, веднаш отишол и плачел неутешно и не

сакал да поверува дека го нашла мртво, туку мислел дека таа го убила, па ја

предал на власта да ја осуди по правда: глава за глава. Во тоа време се појавил

мажот на жената и се преправал дека му е жал за неа. Кога ја осудиле на смрт и

ја повеле да ја убијат, таа немајќи на кого да се обрне за помош, погледнала кон

небото и рекла: „Пресвета Владичице и Госпоѓо на целиот свет, помогни ми

мене на бедната, бидејќи без вина сум осудена да ме убијат!" Откако го рекла

Page 42: Чудата на Пресвета Богородица

Чудата на Пресвета Богородица

42

тоа жената од срце, тој час се појавила една прекрасна и славна жена со дете во

рацете и им рекла на судиите: „Почекајте малку во вашиот суд да суди и Моето

Чедо, Исус Христос". Тогаш проговорило божественото дете и им рекло на

судиите: „Не судете криво, туку по правда за да не си ги изгубите душите.

Зошто осудувате без сведоци? Така ли заповеда законот? Донесете го убиеното

дете да му судам и јас на убиецот". Кога чуле прису-тните таква мудрост од

мало дете, се зачудиле и го донеле убиеното дете, на кое небесниот Младенец

му рекол: „Во името на Господа, стани и кажи ни кој те уби?" За големо чудо на

сите, детето оживеало, прозборело како возрасен човек, го кажало името на

убиецот, покажувајќи го со прст. Кога тоа го виделе, сите се зачудиле, а света

Богородица заедно со Својот Син, Исус Христа, отишла на небото. Потоа

судиите го фатиле убиецот, го врзале за опашката на еден коњ и го влечеле

додека не умрел. Жената, пак, ја пуштиле како невина и таа и благодарила на

пресвета Богородица, се замонашила и си ја спасила душата.

ЧУДО 38.

За едно еврејско дете кое се причестило и откако било фрлено во оган,

останало живо

Некој Евреин во Цариград имал дете на 7 години, кое заедно со христијанските

деца отишло в црква да се причести, без да го познае свештеникот. Кога се

вратило дома, им кажало на своите родители за тоа. Татко му штом го чул тоа,

многу се разгневил и како вистински непријател Христов го фатил детето и го

фрлил во една вжарена печка. За да изгори што поскоро, додал уште повеќе

дрва. Меѓутоа, Бог, Кој ги сочувал трите деца во Вавилон, го избавил и ова дете

и тоа стоело во огнот како на ладно место. Кога чула неговата мајка, отрчала

кон печката со плачење, мислејќи дека детето изгорело. Тоа предизвикало да се

соберат соседните христијани, па кога виделе дека детето е живо, го извадиле, а

на неговото место го фрлиле татко му, кој веднаш изгорел. Потоа го прашале

детето како останало живо, а тоа им одговорило: „Таа жена што во рацете држи

дете во црквата, каде што се причестив, стоеше до мене и ме покриваше со

полата на својата облека, па не дојде огнот до мене". Тогаш сите разбрале дека

тоа била света Богородица, Која го покривала заради светата причест. По ова

чудо, мајката, дегето и многу Евреи се покрстиле и поверувале во нашиот

Господ Исус Христос, Кому Му прилега чест и слава во веки. Амин.

ЧУДО 39.

За жената што света Богородица ја ослободила од осудување поради

крвосмешување и детеубиство

Во големиот град Рим имало некој благочестив големец, кој намислил да го

остави светот и да живее во осаменост за да си ја спаси душата. Тој се опростил

со жена му, и оставил едно машко дете, па отишол на едно пусто место, каде

што живеел богоугодно до крајот на својот живот. Жената, останувајќи сама со

детето, целото свое внимание и љубов му ги посветила нему; го милувала и го

прегрнувала не само кога било мало, туку и кога пораснало, таа не се

одделувала од него, а како безумна непрестајно била се со него. По содејство на

ѓаволот, таа прегрешила со него, и кога сетила дека во утробата има плод од

својот син, паднала во бескрајно очајание и сакала да се самоубие. Но кога се

сетила за милоста Божја, и минало очајанието и почнала да Му се моли секој

Page 43: Чудата на Пресвета Богородица

Епископ Велички Гаврил Светогорец

43

ден со солзи на очите и да ги поминува деновите во пост и молитви за да и се

прости тешкиот грев. Меѓутоа, кога дошло време да се роди детето, таа се

скрила дома на тајно место, родила и, за да не се открие срамот, го фрлила во

клозетот, каде што умрело детето и работата останала во тајност.

Но, измислувачот на лошите работи, ѓаволот, намислил да ја посрами пред

луѓето за да падне во поголема жалост и да умре непокајана. Поради тоа се

преобразил во добродетелен и мудар духовник и почнал да го поучува народот

и да раскажува за разни убиства, кражби и други беззаконија. Заради тоа

почнале да го почитуваат не само простите луѓе, но и богатите и да му веруваат

за се што им проповедал. Еден ден тој рекол: „Благородни господари, ќе ви

раскажам за едно големо беззаконие што се случи во вашиот град и за кое се

чудам како се уште Бог не пушта оган од небото да го изгори Рим, како некогаш

Содом и Гомор, затоа што и овде се случи истото беззаконие. Знаете ли дека

онаа жена - и го кажал името - за која мислите дека е света, изврши прељуба со

својот син, роди дете и го уби за да го скрие своето недело". Кога го чул

народот ова, не му поверувал, но рекол: „Ние сите знаеме дека таа жена е

добродетелна и не прави такви недела". Но тој тврдел и рекол: „Запалете овде

оган и доведете ја жената, па да видиме кој лаже и оној што лаже, фрлете го во

огнот". Тогаш судиите ја повикале жената и и рекле: „Госпоѓо, оној пророк што

Господ го издигна во нашиве денови заради нашето спасение, вели дека таков и

таков грев си направила. Ако е вистина, исповедај се пред нас сама или, пак,

посрами го како лажец и клеветник". Жената просветена од Бога, кога го чула

тоа, одговорила: „Премудри судии! Позволете ми малку подоцна да му

одговорам на тој клеветник, затоа што премудриот Соломон рекол: Да не

одговараме веднаш на големи прашања, но прво да размнслиме за да можеме да

дадеме подобар одговор ". Тогаш судиите и дале осум дена рок и таа отишла во

својот дом, паднала на колена и плачела многу, а потоа отишла кај архијерејот

Лукијан и му го исповедала гревот со голема самоосуда. Архијерејот, откако ја

ислушал, се зачудил и и рекол: „Не плаши се, ќерко, но надевај се на Божјата

милост затоа што Неговата милосрдност е поголема од сите беззаконија. Тој им

прости на гонителот Савле и на Петра кои се одрекоа од Него; и не само што им

прости, но ги направи и први. Така и ти моли и се со солзи на Мајката Божја,

оти Таа е единствената утеха на очајаните и помошничка на грешните. Бидејќи

времето е кратко, друг канон не ти давам, а само моли Му се од се срце на

Бога". Откако ја поучил архијерејот, си отишла дома, се затворила во една соба

и цела седмица се молела срдечно, без да јаде нешто, а само се удирала во

градите и ја молела света Богородица да ја избави од нејзиниот противник.

Мајката Божја ја примила молитвата затоа што се молела од срце. Кога дошол

одредениот час да отиде на суд, отишла со неа и Таа невидливо. Кога стигнала

жената, судиите му рекле на ѓаволот: „Ете ја жената, оче, кажи и ја вината за да

ја прими заслужената казна". Кога видел дека при неа стои света Богородица,

ѓаволот се растреперил и рекол: „Не е таа родосквернителка и детеубица, но

добродетелна и чиста и не смеам да кажам ништо за неа зашто Марија стои

близу до неа и ја чува". Потоа кажал дека таа се очистила со пост и покајание,

со многу солзи и чиста вера. Кога тоа го чуле оние кои биле таму, се

прекрстиле, а ѓаволот исчезнал како чад, поради што сите се зачудиле и Го

прославиле Бога. Тогаш ја пуштиле жената да си оди дома со чест, а таа

понатаму целиот свој живот го поминала богоугодно, слугувајќи и на света

Богородица за срам на ѓаволот, а за слава на Седобриот Бог.

Page 44: Чудата на Пресвета Богородица

Чудата на Пресвета Богородица

44

ЧУДО 40.

За едно дете што мајка му го предала на ѓаволот додека уште било во

утробата

Имало некој маж што заедно со жена му биле богобојажливи, раздавале

милостина и правеле добри дела. Откако минале доста време во брак, се

согласиле повеќе да не живеат како маж и жена, а да бидат како брат и сестра.

Меѓутоа, непријателот на целомудрието, не можејќи да ги поднесува нивните

добрини, го натерал мажот на Велика сабота да направи љубодејство со жена си

сосила, без да е согласна таа поради великиот ден, па му рекла со гнев: „О

безумниче! Зошто не го почитуваш овој ден? Но ќе се молам на Бога, ако се

зачне дете, да биде на ѓаволот". И штом го рекла тоа безумство, во тој час

зачнала и со време родила машко дете, кое било многу убаво и колку повеќе

растело толку поубаво и поразумно било, така што секој што ќе го видел му се

радувал.

Кога станало на дванаесет години, гаволот и се јавил на мајката и и рекол: „Да

знаеш дека по три години ќе дојдам да го земам детето, кое ти сама ми го вети".

Штом го чула ова мајката, се нажалила и почнала да плаче секој ден. Детето,

гледајќи ја така нажалена, ја прашало: „Зошто, мајко, кога ќе ме видиш,

плачеш?" Тогаш таа му кажала се подробно, поради што детето се уплашило да

не го земе ѓаволот, па една ноќ побегнало во Ерусалим и Ми се исповедало на

патријархот, кој го испратил кај еден богоугоден испостник, на кого ангел

Божји секој ден му донесувал по еден чудесен леб, а кога имал гостин, му носел

по два. Кога стигнало момчето при старецот, му го дало писмото од патријархот

и тој штом го прочитал, му рекол: „Да се молиме, чедо, на пресвета Богородица,

која ги победува ѓаволите и многу души избавила од нивните раце". Откако го

рекол тоа, старецот го натерал момчето да се моли со солзи и го задржал во

својата ќелија се до светлото Воскресение кога се навршувале трите години

откако и се јавил ѓаволот на мајка му. Еднаш, кога испостникот служел

божествена литургија, момчето стоело со страв и трепет пред Светата трпеза и

кога излегол старецот со чесните дарови на вход, ѓаволот го грабнал момчето и

го однесол со телото во адот. Испостникот кога го чул гласот на момчето, многу

се нажалил и откако ги оставил даровите на Светата трпеза, со солзи почнал да

Им се моли на Бога и на света Богородица да не го остават во рацете на ѓаволот,

туку да го избават. Штом го рекол тоа, тој продолжил да ги чита божествените

молитви на светата литургија за да не остане недовршена.И кога изговорил:

„Изрјадно о Пресвјатеј..."9 - момчето се нашло во светиот олтар и Ја славело

Светата Троица. По отпустот на светата литургија, старецот го причестил

момчето и почнал да го прашува каде го водел ѓаволот и како го мачел кога го

грабнал? Тоа му одговорило: „Ме однесе во една темна и смрадна бездна, каде

што имаше безброј души што се мачеа. Таму дојде света Богородица, па ме

извади од тоа проклето место и се најдов в црква". Тогаш старецот Ги

прославил Бога и света Богородица што ја примиле неговата молитва, а момчето

отишло при патријархот, од кого добило благослов и се вратило во својот дом

при родителите, кои Им благодареле на Бога и на Богомајката, со Чии молитви

и ние да добиеме небесно блаженство. Амин.

Page 45: Чудата на Пресвета Богородица

Епископ Велички Гаврил Светогорец

45

9 „Особено за пресветата, пречиста, преблагословена, славна Владичица наша

Богородица и Приснодева Марија.“

ЧУДO 41.

За еден што се сомневал во девството на Мајката Божја и се уверил преку

едно чудо

Во осмиот век по Христа, во Атина, живеел еден ис-посник по име Елидиј, кој

бил многу учен и искусен писател и правел добри и богоугодни дела. Кога

умреле неговите родители, тој го разделил целиот свој имот на сиромасите и

отишол во Ерусалим, се поклонил на сите свети места, а оттаму се упатил во

пустината и нашол една скриена пештера околу која имало изобилно вода и

зелени дрвја. Поради тишината што владеела таму, решил да остане и да живее

на тоа место. Се хранел на тој начин што, по Божја повелба, една кошута

редовно доаѓала кај него и му давала да цица од нејзиното млеко.

Во околината на тоа место имало град, во кој живеел некој учител, кој под

влијание на ѓаволот, се сомневал во девството на Мајката Божја и мислел: како

може да биде мајка и дева?! Тој долго време си го напрегал умот да ја разјасне

таа Божја тајна, но не можел. Кога разбрал за тој испосник, решил да оди кај

него за да го ослободи од тие лоши мисли. Штом се приближил до пештерата,

испосникот, по Божја благодат, познал кој иде и излегол да го пречека. Кога се

приближиле еден до друг, гостинот го поздравил домаќинот и му се поклонил,

но тој не му одговорил ништо туку со бастунот удрил на еден камен и со силен

глас извикал: „Дева пред рождеството"! Кога го рекол старецот тоа, за големо

чудо Божјо, од каменот никнал прекрасен миризлив крин. По вторпат со стапот

удрил по каменот и рекол: ,Дева во рождество" и израснал друг исто таков крин.

И по третпат удрил и рекол: „И по раѓањето останала Дева!" и израснал трет

исто таков крин. Потоа испосникот си отишол во пештерата, без да каже ниеден

збор. Учителот се зачудил на тие големи и убави чуда, се ослободил од лошите

мисли што го мачеле, и, кога се вратил во градот, им раскажувал на сите за тоа

чудо за да се слави во векови. Амин.

ЧУДО 42.

Чудесно видение за тоа како една капка крв Христова е потешка од

гревовите на сите луѓе

Имало некој монах, кој бил мрзлив и не ги држел монашките правила, а живеел

небрежно, јадел и пиел до ситост. Меѓутоа, имал и едно добро, а тоа е што

пројавувал голема ревност и љубов кон пресвета Богородица и дневно по

стопати одел пред Нејзината икона и ја читал молитвата: „Богородице Дјево,

радуј се!", бидејќи друга молитва и не знаел.

Така безгрижно монахот поминал многу време, не мислејќи им за пост, ни за

бдение, ни за добри работи какви што им прилегаат на монаси. Но Бог, Кој го

сака спасението на сите луѓе, му покажал едно страшно видение. Еднаш му се

занел умот и видел како ѓаволите му ја зеле душата, ја однесле при праведниот

Судија, Христа, барале да ја осуди според нејзините дела и да им ја даде. Но

Христос, знаејќи и ги гревовите, им рекол на ѓаволите: „Однесете ја во силниот

оган, зашто таа нема дел со Мене, бидејќи откако се крстил и се замонашил, не

држел ништо според законот". Кога го чуле тоа ѓаволите, веднаш ја фатиле

Page 46: Чудата на Пресвета Богородица

Чудата на Пресвета Богородица

46

душата како лути ѕверови. Тогаш света Богородица станала од својот престол и

Му рекла на Христа: „Те молам, Господи, послушај Ме и оправдај ја таа душа".

Кога го рекла тоа, света Богородица покажала и книга, на која било напишано:

„Богородице Дево, радуј се!"; она што тој и го читал на света Богородица преку

целиот свој живот и заповедала да ја турат на кантарот, а од другата страна

ѓаволите ставиле многу книги на кои биле напишани неговите гревови, и кои

дошле потешки. Света Богородица кога видела дека таа книга не може да му

помогне, затоа што гревовите му биле многубројни, пак Му рекла на Христа:

„Сладок Мој Сине! Сети се дека од Мојата снага си зел тело и Си се овоплотил;

Те молам, подари Ми една капка од Твојата многуценета крв што се пролеа

поради грешните и дај и милост на таа душа, која многу ме сакаше и ми се

молеше со големо смирение и со чиста вера". А Христос и одговорил: „Да биде

Твојата волја, Мајко Моја, оти не е добро да не Те послушам, но знај дека една

капка од Мојата крв ќе биде потешка од гревовите на сите луѓе". И така

Сецарицата примила што сакала и го ставила тоа на кантарот од кое гревовите

олеснале како пердув. Гаволите кога го виделе тоа, се разбегале и посрамени

викале: „Многу е милостива Владичицата кон христијаните, а нам ни прави

зло". Тогаш монахот се освестил и Ги прославил Бога и света Богородица зашто

му покажале такво видение. Потоа си го поправил животот преку покајание и

живеел богоугодно и подобродетелно од друтите, во слава на Бога и на света

Богородица. Амин.

ЧУДО 43.

За еден свештеник што се сомневал во светата причест и Го видел Христа

во тело како дете

Во Германија некој добродетелен свештеник, по име Пелагиј, кој бил многу

побожен и имал голема љубов кон света Богородица, па кога служел света

литургпја, не читал друго евангелие туку само Богородичино. Меѓутоа, ѓаволот

не можел да трпи таква добрина, па му вдахнувал лоши мисли за верата и тој

почнал да се сомнева во светата причест и мислел во себе: „Како може лебот да

биде тело Христово и виното - крв? Дева родила еден Син, Кој страдал, умрел и

по погребението воскреснал еднаш, па како може да станува лебот тело?" Така

мислел Пелагиј многу време и, бидејќи прост, не смеел да праша никого туку

само и се молел на света Богородица Таа да му открие на кој начин лебот

станува тело Христово? Еден ден кога служел света Литургија и при крајот кога

рекол: „Изрјадно о Пресвјатеј"... видел дека свештениот леб го нема на дискосот

и почнал да го бара ваму - таму по земјата да не паднал, но не можел да го најде.

Тогаш свештеникот се растреперил од страв и почнал да плаче и да се моли

вака: „Пресвета Богородице! Знам дека поради моето маловерие кон светата

литургија ме остави Небесниот Цар и не сака веќе да се причестувам со Него

оти не сум достоен, но ти моли Го да ми прости според големата Негова милост

и да не ми се лути докрај".

Молејќи се така, тој ја видел пред Светата трпеза преславната ангелска Царица

како го држи Младенецот Господа, нашиот Исус Христос и му рекла: „Пелагиј,

Тоа дете е Творец и Создател на вселената, Син и Слово Божјо, совршен Бог и

совршен човек. Го зачнав Него од Светиот Дух, Го родив безболно и останав

дева. Тој пострада и умре на крст, како човек, за спасение на целиот свет,

воскресна и се вознесе на небото, седна оддесно на Отецот, како Едносуштен на

Него и Сопрестолен, Кој пак ќе дојде да им служи на сите луѓе. Тој и сега

Page 47: Чудата на Пресвета Богородица

Епископ Велички Гаврил Светогорец

47

поради Својата голема милост и љубов што ја има кон луѓето, секој ден слегува

во вид на леб и вино што ви се дава да јадете и да пиете за спасение на вашите

души. Допри Го без страв да се увериш дека она што го гледаш е вистина, а не

привид; вистинско тело од месо и крв како кога служиш. Но, бидејќи човекот не

може да јаде сурово тело и да пие крв, тогаш Семудриот Владика се јавува во

вид на леб и вино за да може секој да го прими со желба. И ти сега причести се

со страв Божји и вера, оти кој се причестува достојно, станува учесник во

Неговата божествена слава". Кога го рекла тоа света Богородица, го ставила

Детето на Светата трпеза и откако се поклонила со почит, станала невидлива.

Тогаш свештеникот паднал на земја и со солзи говорел: „Верувам, Господи, и

исповедувам дека си Ти Син Божји Кој се родил од приснодева Марија и Ти

благодарам на Твоето благоутробие и на пречистата Ти Мајка за благодатта со

која ме удостои да Те видам јас недостојниот! Прости ми како благоутробен за

моето поранешно безумие, па како што ме удостои да Те видам во тело како

што Си се родил од Дева, исто така удостој ме да се причестам под вид на леб и

вино како порано". Откако се помолил така со вера, станал и го видел Светиот

леб на дискосот, како и порано и со радост се причестил. Потоа тој поживеал

богоугодно и отишол во царството небесно.

ЧУДО 44.

За воскресението од света Богородица на едно момче што го убиле Евреите

Некои христијани имале обичај да пеат во црквата пофалбени песни на пресвета

Богородица и при крајот додавале: „да се срамат Евреите што не поверувале во

Христа". Еден ден кога христијаните се собрале според нивниот обичај в црква,

му дале на едно момче да го испее тој тропар со висок глас. Додека пеело

момчето, се случило оттаму да поминат некои Евреи. Кога чуле дека пее против

нив, се договориле да го начекаат на скришно место и да го убијат. И така, по

неколку дена, го фатиле момчето во неговото лозје, го убиле и откако го скриле,

си отишле. Но света Бгородица го воскреснала и му рекла: „И понатаму да ги

пееш оние песни без страв". Тогаш момчето и благодарило на пресвета

Богородица, отишло пак в црква и пеело уште помилно отколку порано. Кога

тоа го виделе неговите убијци, се зачудиле и го прашале насамо: „Ти ли си оној

што ние го убивме и како оживе?" А тоа им одговорило дека пресвета

Богородица го оживеала затоа што и пеело пофални песни. Кога го чуле тоа

убијците, поверувале во Бога заедно со своите родители и многу други Евреи се

покрстиле во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин.

ЧУДО 45.

За иконата на Божјата Мајка што го избавила Рим од тешка епидемија

Во 510 година по раѓањето Христово, во Рим имало таков голем помор што

секој ден умирале по околу две илјади души. Кога го видел тоа папата, свети

Григориј, заповедал да ја изнесат иконата на пресвета Богородица, насликана од

светиот евангелист Лука, да ја носат со литија низ градот и да Му се молат на

Бога за да престане поморот. Самиот архијереј ја зел иконата в раце, одел низ

градот, молејќи и се на пресвета Богородица да го умилостиви Исуса Христа да

престане тој гнев. Тогаш сите присутни виделе дека, каде што минувала Светата

икона, болеста бегала во вид на облак, гонет од силен ветар, а пред иконата

Page 48: Чудата на Пресвета Богородица

Чудата на Пресвета Богородица

48

светело и воздухот останувал чист. Откако со литијата го обиколиле целиот

град и Му се молеле на Бога, свети Григориј видел ангел Божји, застанат на

една кула, си ја избришал сабјата и ја турил во ножицата. Тогаш свети Григориј

се уверил дека по молитвите на пресвета Богородица се кренал Божјиот гнев и

болеста престанала. По ова, кулата веќе не ја викале Адријанова, но на свети

архистратиг Михаил и направиле црква во негово име за спомен на тоа

преславно чудо и во слава на Бога и на Мајката Божја.

ЧУДО 46.

За чудото што му се случило на еден иконописец

Имало еден иконописец, по име Јован, кој имал голема почит кон пресвета

Богородица. Тој насликал една нејзина икона толку успешно што ги

надминувала другите икони. Потоа го насликал и ѓаволзт, претставувајќи го

гнасен и многу страшен. Гаволите прво биле најубавите Божји созданија, но по

отпаѓањето од Бoга, станале најгнасни и најстрашни суштества. Поради тоа

ѓаволот толку многу го замразил што сакал да го погуби, но не заради тоа што

го претставил него страшен, туку што иконата на пресвета Богородица ја

насликал толку убаво и што таа го привлекувала народот да и се моли со

поголема усрдност и да има поголема почит кон Неа.

Во тоа време се случило да подигнат една висока црква. Го повикале Јована да

ја украси со живопис. Тој отишол и работел таму. Кога го сликал кубето и го

изобразил светото Благовештение на пресвета Богородица, ѓаволот му се јавил и

му рекол: ,,Сега не можеш да ме победиш ни да ми избегаш, но ќе паднеш од

таа голема височина". Штом го рекол тоа ѓаволот, скелето на кое стоел

иконописецот веднаш се распаднало. Кога видел Јован дека му дошла смртта,

извикал: „Пресвета Богородице, помогни ми!" и ги пружил рацете кон иконата

што беше ја насликал. Тогаш станало чудо - пресвета Богородица ја пружила

раката од иконата, го фатила за рака и не дозволила да се убие, а го држела во

воздух додека поставиле скеле, по кое тој слегол долу неповреден. Кога виделе

присутните што станало, се зачудиле и го прашале како се случило тоа. А тој

прво и се заблагодарил на пресвета Богородица, а потоа им раскажал што се

случило и тие го прославиле Бога и Мајката Божја. Оттогаш веќе ѓаволот не

смеел да го напаѓа и да му прави зло, бидејќи место да му напакости, тој го

просла-вил, та сите го почитувале, му правеле чест и го викале да им ги

украсува црквите, во чест и слава на Бога и на пресвета Богородица.

ЧУДО 47.

За некоја богоугодна жена, во чиј лик пресвета Богородица се јавила и ја

избавила од ѓаволски пакости

Во Рим живеел некој богат човек, кој бил цревоугодник, па секој ден јадел и

пиел прекумерно и на крајот осиромашел. Жена му била богобојажлива и имала

голема почит кон пресвета Богородица, па секој ден се молела со умилно срце.

Еднаш, за некој празник, требало да се потрошат повеќе пари. Бидејќи немал,

човекот отишол и се скрил во едно пусто место додека да помине празникот.

Човекот бил многу натажен. Тоа го забележал ѓаволот, па му се јавил, го прашал

зошто е тажен и тој му одговорил: „Затоа што сум сиромав". А ѓаволот му

рекол: „Твојата жена те направила да си сиромав. Но, ако сакаш да се збогатиш,

Page 49: Чудата на Пресвета Богородица

Епископ Велички Гаврил Светогорец

49

доведи ја кај мене и ќе ти дадам многу пари и имот". Му определил и ден кога

да ја доведе. Мажот лаком за пари, ветил со клетва дека ќе ја доведе жена си,

мислејќи дека е некој богат човек, а не ѓавол. Тогаш ѓаволот му рекол: „Оди во

својот дом, копај и ќе најдеш големо богатство, но прво доведи ја жена ти, а

потоа земи го богатството".

Кога си отишол дома, навистина нашол големо количество драгоцености. Се

зарадувале многу и уште пред разденување, за да не го виде никој, и рекол на

жена му: „Ке те одведам до едно место, но да не знаат соседите каде одиме". А

таа, бидејќи му била покорна, не се противела, само и се помолила на пресвета

Богородица, како што правела секогаш и тргнала.

Одејќи по пат, почнало да грми силно и да врне дожд. Тие влегле во една стара

црква покрај патот додека да помине дождот. По извесно време, кога мажот

излегол да виде дали престанал дождот, жената паднала пред иконата на

пресвета Богородица и со солзи се молела и говорела: „Владичице моја! Јас не

знам каде ме води маж ми, но ти биди ми помошница и закрилница зашто знаеш

дека те љубам од срце". И така молејќи се, заспала. Пресвета Богородица се

јавила во нејзин лик и мажот не можел да ја познае, па мислејќи дека е неговата

жена, продолжил да оди со неа. Утрината кога пристигнале на договореното

место, ѓаволот им се јавил и тргнал кон нив. Но кога се приближил, ја познал

пресвета Богородица, се растреперил и налутено извикал: „О вероломнику и

неблагодарнику! Јас ти дадов толкаво богатство за да ми ја доведеш твојата

жена, а ти си ми ја довел Марија, Богородица, од чиј поглед се плашам и

треперам".

Кога го слушнал тоа човекот, се зачудил. Тогаш пресвета Богородица му рекла

на ѓаволот: „Како смееш, нечист ѓаволу, да и правиш зло на таа жена, која толку

многу ме почитува и ме вика да и помогнам? Оди во вечниот оган да гориш што

е приготвен за тебе и отсега натаму да не им додеваш на оние што прават добри

дела и ми се молат". Кога го изговорила тоа пресвета Богородица, загрмело

страшно, земјата се затресла и кога се отворила, ѓаволот пропаднал во неа.

Човекот паднал на земја и лежел, но пресвста Богородица го подигнала и му

рекла: „Не плаши се, за љубовта на твојата жена ти го простувам гревот. Оди,

земи ја жена ти од црквата и одете си дома. Понатаму да имате страв од Бога за

да добиете спасение. Имањето што си го добил од ѓаволот да го оставиш и јас ќе

ви давам се што ви е потребно. Големото богатство го води човекот кон зло и во

вечна мака. Полесно ќе можат да се спасат оние што немаат богатство". Откако

го рекла тоа, пресвета Богородица си отишла на небото.

Човекот се вратил кај жена сиии раскажал се што видел. Тогаш тие им

благодариле на Бога и на пресвета Богородица. Кога си отишле дома, виделе

дека драгоценостите се претвориле во пепел. Оттогаш почнале да живеат

богоугодно, се задоволувале со оној мал имот што го имале и се труделе да им

угодуваат на Бога и на пресвета Богородица. Амин.

Page 50: Чудата на Пресвета Богородица

Чудата на Пресвета Богородица

50

ЧУДО 48.

За една девојка која Го видела Христа во рајот како служи света Литургија

Кесариј и некои други учители велат дека во едно галско село имало една

благочестива и богобојазлива девојка, која била болникава и заслабната, бидејќи

не јадела ништо друго, освеи малку грозје и пиела вода. И покрај тоа што долго

време боледувала, не и здодеало, но се радувала и Му благодарела на Бога што

ја удостоил да се помачи на овој свет за да се прослави вечно. Меѓутоа, многу

жалела што не може да оди в црква за да слуша богофално пеење, па поради тоа

спроти празник плачела. Таа, иако не можела со телото да биде в црква, со умот

и душата секогаш била таму и се радувала душевно, слушајќи ангелско пеење.

Еднаш, на празникот Сретение Господово, кога се собрале многу христијани и

ја обиколувале црквата Богородичина со литија, нејзе и станало многу мачно и

со жал почнала да говори: „Сите христијани одат в црква, а јас како недостојна

сум лишена од тој Божји дар." Говорејќи така, умот и се занел и ангел Господов

ја зел и ја одвел во рајот, каде што видела чудесна литија. Таму гледала како

сите ангели, апостоли, пророци, маченици, свети владици и све-штеници,

испосници, девојки и сите светии одат двајца по двајца, со свеќи во рацете;

ангелот и дал и нејзе свеќа и таа одела со другите девојки. Таму таа, исто така,

Го видела Исуса Христа, облечен во пресветло одејание како Владика, со

царски и архијерејски венци, а од десната страна му била пресвета Богородица.

Од нивните лица излегувала светлина што го осветлувала целото блажено

воинство. Потоа чула како го пеат со сладок и умилен глас тропарот на

празникот. Потоа влегле во една широка и прекрасна црква, каде што сите

чинови запеале таква сладосна и умилна песна што со зборови не може да се

искаже. Кога завршило пеењето, Владиката влегол во светиот олтар и ја

започнал божествената литургија, велејќи со висок глас: „Благословено царство

Отца и Сина и Свјатого Духа..."10 „Кога завршил Владиката, ангелите ги пееле

антифоните. Великиот Павле го читал апостолот, говорејќи: „Братие кромје

всјакаго прекословија..."11 , а Свети Лука го читал Евангелието: „Во времја оно,

ведоша родители отрика Исуса..."12. По завршувањето на светата литургија,

Исус седнал на престолот, а другите Му пристапувале според чннот по двајца,

Му се поклонувале, ги целивале Неговите пречисти нозе и Му ги давале свеќите

што ги носеле. Девојката, гледајќи го тоа, се чудела, па знаејќи дека ќе се врати

назад, не Му ја дала својата свеќа на Христа, но само Му се поклонила и

продолжила. Но ангелот не ја пуштил, туку и рекол: „Дај Му ја свеќата на

Христа како и другите што прават". Таа му одговорила: „Не ја давам затоа што

сакам да ја имам за спомен". Ангелот пружил рака да и ја земе, но таа ја

стиснала толку силно што свеќата се скршила и половината и останала во

раката. Кога девојката се освестила и ја видела свеќата во својата десна рака,

многу се зарадувала. Радоста и била уште поголема кога видела дека од неа

стануваат преславни чуда. Потоа таа им раскажувала на сите за тоа чудно

виденне. Се радувала душевно и раскажувањето и било толку слатко и умилно

што народот во неа гледал ангел, а не човек. По тоа видение, поживеала уште

малку како бестелесна и се преселила во вечниот живот.

0. „Благословено е царството на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш

и во вечни векови."

11. „Апостол на Сретение (Евр. 7, 7-17)".

12 „Евенгелие на Сретение (Лука 2, 22-40)".

Page 51: Чудата на Пресвета Богородица

Епископ Велички Гаврил Светогорец

51

ЧУДО 49.

За една девојка што се удостоила да Го виде Христа како дете на три

години

Друга едиа девојка што живеела богоугодно, како и првата, имала голема желба

да го виде Исуса Христа како дете на три години. За тоа постојано Му се молела

на Бога и Семилостивиот Бог ја послушал. Едно утро, кога била в црква, по

завршувањето на светата литургија, откако излегле сите верннци од храмот, таа

застанала пред иконата на пресвета Богородица и со умилно срце се молела,

изговорувајќи ја молитвата: „Богородице Дево, радуј се..." и други молитви што

ги знаела. Молејќи се така до пладне, почнала да мисли за божествените тајни,

за воплотувањето на Исуса Христа, за Неговото страдање и воскресение и

наеднаш видела едно многу убаво тригодишно дете како оди по Светата трпеза.

Таа, бидејќи била проста, помислила дека е обично дете, па го зела в раце, го

милувала и го целивала долго време оти било многу благообразно и убаво.

Притоа го прашувала чие е, но тоа не и одговарало ништо, а само ја гледало со

чудесно весело лице. Таа помислила дека се уште не може да зборува, па

почнала да го тера да и проговори и му рекла: ,,Речи, чедо, Богородице Дево,

радуј се" и тоа почнало со сладок глас да ги изговара тие збо-рови по неа. Му ја

кажувала молитвата збор по збор, додека дошло да се рече: „Благословен е

плодот на Твојата утроба". Тие зборови детето не сакало да ги каже, а таа го

принудувала, велејќи му дека тие изрази се почесни и поубави од другите.

Тогаш детето ја погледнало и со весел глас и рекло: „Радуј се ќерко! Си Го

видела Оној што сакаше да Го видеш!" Кога го рекло тоа, Детето станало

невидливо. Девојката сфатила дека тоа бил Исус Христос и Му заблагодарила

со страв и радост за Неговото божествено јавување. Потоа таа го поминала

животот богоугодно, во чистота и девство и се вселила во вечните живеалишта.

ЧУДО 50.

За еден маж и жена што го сочувале своето девство во бракот

За време на царевите Аркадиј и Онориј, а по смртта на Алексиј, човек Божји, во

Рим голем број мажи и жени тргнале по неговиот пример и сакале да го запазат

своето девство. Меѓу нив имало една благочестива и убава девојка, која била

побожна и не сакала да се омажи. Меѓутоа, родителите сосила ја дале за еден

благороден началник и направиле свадба според обичајот: со музики, песни,

игри и слично. Меѓутоа, невестата на небесниот Цар никогаш не мислела за

земни работи, туку секогаш за небесни. Вечерта кога ги вовеле младоженците

во брачната одаја, таа паднала пред иконата на Мајката Божја и со солзи се

молела да и го сочува девството затоа што сосила ја омажиле. Младоженецот

кога го видел тоа, ја прашал зошто е толку тажна, а таа му одговорила: „Плачам,

возљубен брате, затоа што и ветив на секогаш дева Богородица да не познаам

маж на овој свет, освен небесниот Владика, Нејзиниот Син и мојот Спасител, но

родителите ме дадоа сосила, без да сакам, па ќе се разгневат Господ и пресвета

Богородица и ќе не истребат од земјата, а душите ќе ни отидат во вечна мака".

Тогаш младоженецот почнал да ја убедува со разни докази дека законскиот брак

е благословен од Бога и дека многумина оженети Му угодиле на Бога и станале

свети. Меѓутоа, мудрата девојка спротивно на тоа, му го фалела девството,

Page 52: Чудата на Пресвета Богородица

Чудата на Пресвета Богородица

52

приведувајќи му примери, а најмногу примерот на пречистата Дева Богородица.

Кога чул младичот такви возвишени зборови од девојката, по Божја благодат,

ветил дека и тој ќе живее девствено во нивниот навидум брачен живот.

Така тие живееле многу години како брат и сестра, давале милостина на

сиромаси, со пост и воздржување се молеле и правеле секакви добрини; сите

сограѓани ги почитувале и се чуделе на нивната побожност што никогаш не

отсуствувале од ниедно бдение или од духовен собир во светите цркви.

По извесно време, кога Исус Христос ја повикал Својата непорочна невеста во

небесната населба да прими награда за своите трудови и кога свештениците го

извршиле опелото пред да ја закопаат, се приближил мажот и со солзи да ја

бакне и кога ги подигнал рацете кон небото, гласно рекол: „Ти благодарам,

Господи, што ми даде мудра и добра сопатница, потоа сестра и Твоја нетлена

невеста, која Ти ја предавам денес непорочна и чиста каква што ми ја даде".

Штом го изговорил ова, за чудо, девојката ги отворила очите, се позамислила

малку и рекла: „Зошто, љубен мој сопруже, ја изјави таа тајна кога никој не те

прашува?" Кога го чуле тоа присутните, се зачудиле и Му благодареле на Бога,

Кој прави чуда со Своите светии. Подоцна умрел и мажот и неговите роднини

го погребале во друга црква. А по некое време, кога сакале неговите мошти да

ги пренесат во друг гроб, отишле и го раскопале гробот, но многу се зачудиле

кога виделе дека гробот е празен. Потоа добиле одобрение и го раскопале

гробот на девојката и таму ги нашле неговите мошти како потврда на нивната

соединетост со духовна љубов на овој свет, така и по смртта душите им биле

соединети во небесното царство, а нивните тела во гробот. Кога го виделе тоа

чудо, сите Римјани се чуделе и насекаде Го прославувале Бога. Амин.

ЧУДО 51.

За еден началник на разбојници кој имал голема почит кон Маjката Божја

и затоа добил простување на гревовите и бил чудесно погребан

Близу италијанскиот град Таренто имало група разбојници, кои заедно со својот

војвода живееле во една гора, ги ограбувале патниците што минувале оттаму, а

некои и ги убивале. Еднаш оттаму минувал еден духовник, кого војводата го

здогледал, па испратил луѓе да го доведат за да го ограбат. Тие отишле и го

донесле духовникот. Тој во разговорот со војводата почнал да му говори за

страшниот суд Божји, за вечната мака и за другите душеспасителни работи, со

што го довел до умиление и го натерал да си ги исповеда гревовите. Опитниот

исповедник, откако ги ислушал гревовите, увидел дека за одвраќање на таков

грешник од зли дела треба многу труд, каков тој не ќе биде во состојба да

прифати, затоа не му дал никаква епитимија ниту му рекол да го напушти

разбојништвото, знаејќи дека нема да го послуша, туку му рекол да се

воздржува три дена: во недела, среда и петок да не прави никакво зло, а во

петок и среда уште и да пости, поради страданијата Христови; исто така, да ги

држи Богородичните празници и тогаш да не прави никакво зло. Откако ги

ислушал советите, началникот му одговорил: „Ти благодарам, оче, што ме упати

на покајание и ветувам дека ќе исполнувам се што ми кажа".

И така, на еден Богородичен празник, кога оделе во гората без оружје, го фатиле

војниците и го повеле при судијата. Војводата можел да земе оружје од нив и да

Page 53: Чудата на Пресвета Богородица

Епископ Велички Гаврил Светогорец

53

ги победи, бидејќи бил многу силен, но од љубов кон пресвета Богородица одел

мирно каде што го воделе. Кога дошле кај судијата, овој заповедал да го убијат.

Но, откако поразмислил дека е загуба еден таков силен и убав човек да биде

погубен, му рекол: „Ти го опростувам животот, но отсега да не правиш зло на

нашава земја, а да ни помагаш". Тогаш разбојникот му одговорил: „Ти

благодарам за милоста што ја покажа кон мене, но јас веќе не сакам да живеам и

да се измачувам бесцелно, затоа подобро е да ме убиеш, бидејќи и јас мнозина

сум убил, само остави ме неколку дена да поплачам за своите гревови".

Судијата му дал осум дена и тој за сето тоа време си ги исповедувал гревовите

пред сите, се молел, плачел и барал опростување. Кога виделе такво покајание

оние што биле таму, Ги прославиле Бога и пресвета Богородица. Меѓутоа,

времето што му било даде-но за покајание, не било од судијата, туку од света

Богородица, за чија љубов дозволил да го фатат и за почитувањето на Нејзините

празници, а освен тоа, Таа покажала и други чуда со него за да дознае секој

грешник колку помага покајанието. Кога изминале осумте дена, тој самиот

отишол да го убијат, се опростил со сите и кога се помолил, со радост ја

наведнал главата под мечот, та го погубиле и го погребале на местото каде што

ги погребувале разбојниците. Меѓутоа, во истата ноќ на гробот се појавила

голема светлина; многубројни свеќи гореле и пет прекрасни и све-тли девојки,

кои го извадиле од гробот и го положиле на еден одар покриен со златна

покривка, четирите од нив го зеле одарот да го носат, а петтата заповедала како

Царица и одела по нив со светилник в раце. Кога стигнале до градските врати,

стражарите се уплашиле, мислејќи дека е ова некој ѓаволски привид. Тогаш

девојките го оставиле таму телото, а Светлоносицата им рекла на стражарите:

„Отидете и кажете му на владиката дека Мајката на Исуса Христа заповеда овој

човек да се погреби на чисто место." Утрото стражарите отишле кај владиката и

му рекле што им порачала Мајката Божја. Кога го чул тоа, тој веднаш отишол со

свештениците и со многу народ при градските врати и го нашле телото

покриено со прекрасна порфира, а ја виделе и главата составена со телото, од

кое многу се зачудиле и поверувале за се што им кажале стражарите. Потоа Го

прославиле Бога и чесно го погребале разбојникот со голема почит како

маченик во слава на Бога и пресвета Богородица. Амин.

ЧУДО 52.

За несреќната смрт со која Бог казнил еден хулител

Во Саксонија имало еден развратен човек, кој за мала причина пцуел и

проколнувал. Еден ден кога овој играл карти и ги изгубил сите пари, се

разгневил многу и почнал да хули на Христа и на Пресвета Богородица. Тоа

Исус не можел да го истрпи, па веднаш го поразил со меч и развратникот

паднал на земја и извикал: „Ме најде големо зло, јас сиромав!" Штом го

изговорил тоа, веднаш умрел, а ѓаволите му ја зеле душата и ја однесле во

вечната мака. Луѓето што биле таму виделе дека од телото му тече крв и кога го

соблекле, нашле дека целиот труп му бил исечен, та му се гледале цревата и

дробовите. Отпосле голем број луѓе се собрале да го видат тој страшен призор,

на што сите се чуделе. Кога тоа го чул еден негов пријател, побрзал да отиде да

го виде, но по патот го сретнала една сенка како човек и му рекла: „Јас сум

Page 54: Чудата на Пресвета Богородица

Чудата на Пресвета Богородица

54

твојот пријател што умрев сега. Оди, кажи им на сите што пцујат, колнат или

хулат грешно да се покајат за да не ги стигне гневот Божји и да пострадаат како

јас; да знаат уште дека владиката Христос трпи многу и не ги казнува на овој

свет оние што живеат беззаконо, но на страшниот и праведен суд Божји ќе се

мачат вечно; а кој ќе се осмели да злослови на Мајката Божја, не трпи, а веднаш

го казнува и го осудува на вечна мака како што пострадав и јас, твојот

пријател". Таа сенка била душата на умрениот и кога го рекла тоа, се изгубила.

Тогаш пријателот негов отишол и кога го видел телото, се уверил дека тоа била

душата на умрениот што му зборувала по патот. Тоа им го кажувал на сите и

луѓето кога чуле, се растрепериле од страв и веќе не смееле ни уста да отворат

за да хулат на Мајката Божја.

ЧУДО 53.

За смртната казна на еден друг богохулник

Некој бродар Евреин, по име Теодорит, на кого сите другари му биле

христијани, отишол негде по работа, а во бродот го оставил сина си Илија. За

тоа време христијаните управувале со бродот, а доаѓал еден од Богородичните

празници. На денот на празникот, тие го замолиле синот на Евреинот да ги

пушти да отидат в црква на света литургија. А тој, ненависник Божји, почнал да

хули на света Богородица. Мегутоа, не минало многу време и Божјата казна го

стигнала. Во една прилика кога сите бродари работеле заедно, едно дрво

паднало и го удрило само него по главата, та му истекол мозокот и умрел.

Тогаш христијаните отишле на божествена литургија и Го прославиле Бога.

Амин.

ЧУДО 54.

За една жена што воскреснала и си го исповедала тајниот грев

Имало една добродетелна жена, која живеела со мажот во својот дом како во

манастир, одела редовно в црква, ги помагала сиромасите и правела многу

добри дела. Меѓутоа, направила еден голем грев заради кој многупати одела кај

исповедник, но од срам не го кажувала, а само и се молела на пресвета

Богородица да и го опрости гревот и умрела без да го исповеда. Бидејќи

нејзината ќерка не стигнала за погреб, роднините ја држеле три дена

незакопана. На третиот ден ја однесле в црква и кога се извршило опелото, за

големо чудо Божјо, станала мртвата во носилото и кога седнала, рекла: „Голема

е твојата сила Секогашблажена Дево Владичице!" Потоа, го повикала

духовникот и почнала да го исповедува својот таен грев, говорејќи гласно пред

сите: „Јас бедна и безумна, ми беше срам да исповедам еден грев, за кој

многупати се каев, плачев и и се молев на Мајката Божја да ме помилува за да

не се мачам поради него. Но, кога излезе окајаната моја душа, ѓаволите ми го

покажаа тој грев, се радуваа и ме одведоа во местото на маката каде што е

длабока темнина и неутешлива болка, бидејќи мислеа дека сум нивна. Меѓутоа,

во тој час се појави Помошницата на грешните и Царицата на ангелите, која

светеше со неискажлива светлина, па му рече на ѓаволот: „Како си смеел да ја

земеш таа душа без Божја дозвола?" Потоа ме зеде за рака и ме одведе при

Праведниот судија за да виде што ќе ми каже и по патот ми зборуваше: „Не бој

се, ќерко! Јас сум твоја помошничка". Кога стигнавме до Владиката, Христа, Кој

седеше на еден висок престол,Тој ме погледна строго и сакаше да ме осуди на

Page 55: Чудата на Пресвета Богородица

Епископ Велички Гаврил Светогорец

55

вечна мака, но Владичицата Му рече со умилно лице: „Се молам на Твојата

благост, Семилостив Сине и Боже Мој! Заради Твоето милосрдие и заради

Твојата пречиста и многуценна крв, што Си ја пролеал за грешните, прости и на

оваа жена, бидејќи знаеш колку љубов и почит имаше кон мене, колку солзи

пролеала пред мојата икона и колку многу се каела за својот грев." Тогаш Исус

и одговори: „Знаеш ли, возљубена Мајко, дека никој не може да се спаси без

исповед, а таа не сакаше да се исповеда, па затоа нема да и простам; во вечната

мака покојание нема". - „Навистина е така, рече Владичицата, без светата тајна

исповед никој не може да се спаси, но Ти си Владетел на животот и на смртта,

Ти судиш и се можеш да направиш. Те молам, смилувај се на неа!" А Тој и рече:

„За да не Те ожалостам, о Мајко? И заповедувам на душата да отиде во телото и

според законот да си го исповеда гревот и тогаш да и биде опростено". Кога го

рече тоа Владиката, ангелот пазител ми ја донесе душата и јас оживеав. Но по

неколку часа пак ќе умрам, но ве молам, мои роднини и пријатели и тебе, мила

ќерко, да не плачете, зашто кои плачат за умрените, многу грешат. За умрените

треба да се служи литургија, да се чита псалтир и да се дава милостина, а не да

се плаче. Исто така, ве молам, да се чувате од грев и да си ги исповедате

искрено и најмалите гревови зашто без исповед нема спасение". Кога го рекла

тоа, се упокоила во Господа, Кому нека Му е слава во веки. Амин.

ЧУДО 55.

За воскреснувањето на еден клирик што направил прељуба и се удавил в

река

Бил некој клирик што имал голема почит кон Пресвета Богородица. Секој ден се

молел и со големо умиление непрестајно го читал Нејзиниот акатист, но, како

човек со тело, паднал бедниот во блуден грев. Еднаш отишол тој при една своја

пријателка да ја задоволи својата страст и кога се враќал, минувал по еден мост

и ја говорел во умот молитвата на Пресвета Богородица. Во тој момент, дали

случајно или под дејство на ѓаволот, мостот се урнал и клирикот се удавил во

реката. Тогаш ѓаволите му ја зеле душата за да ја однесат во вечната мака. Но

многумилостивата Владичица веднаш се нашла таму и заповедала да ја однесат

при праведниот Судија, Тој да и суди. Тие ја послушале, ја однесле душата при

Судијата и кога Му ги покажале гревовите што ги направил клирикот, а посебно

неговиот грев блудството, Му рекле: „Ти си праведен Судија и не треба да ја

помилуваш таа душа, затоа што умре во смртниот свој грев". Но на тоа

премилостивата Богородица одговорила: „Во Писмото стои дека во каква

состојба ќе се најде така ќе му се суди. Во моментот пред смртта овој човек

читаше молитва и ме повикуваше на помош, изразувајќи ангелско целивање,

според својот обичај, поради тоа вие немате дел во оваа душа, таа е моја".

Тогаш Судијата заповедал на еден ангел да го донесе јазикот на клирикот и тој

веднаш отишол во реката, го извадил јазикот на умрениот, го донесол - и сите

виделе дека на јазикот било напишано: „Богородице дево, радуј сја,

Благодатнаја Марие!" Тогаш Господ и рекол на душата: „Врати се во телото за

да се покаеш. Ѓаволот нема власт над тебе поради твојата почит кон Мајка Ми,

Која е спасение на човечкиот род и треба да ја почитувате колку што можете.

Проповедај дека Нејзината смелост кон Мене е голема, како и за победата и

силата што ја има над ѓаволите". И така клирикот се избавил од смртта. Ангелот

му го извадил телото од дното на реката и го оживеал. Потоа тој се одрекол од

Page 56: Чудата на Пресвета Богородица

Чудата на Пресвета Богородица

56

овој свет и од телесните наслади, па отишол во еден манастир и се покајал пред

Бога и Богомајката.

ЧУДО 56.

За еден војник, разбојник, кој секој ден и се молел на св. Богородица, та

затоа ѓаволот не успеал да го убие

Помеѓу другите чуда на Пресвета Богородица, душеполезно е и ова, драг

читателе, што се предлага заради оние што негрижливо се однесуваат кон својот

долг од мрзливост, та да се чуваат и да бегаат од мрзливоста како од смртоносен

отров зашто човекот, во каков и грев да падне, не треба да го изостава

правилото и молитвите, а не како некои безумни што мислат погрешно и велат

дека не било добро да се молиме многу за да не Го разгневиме повеќе Бога!?...

Какво слепило! Какво безумство! Кога правиш грев и беззаконие, не се плашиш

од Бога, ниту се срамиш, а да читаш утрена, часови и други молитви се срамиш?

Тоа не е страв Божји, а очајание од безумство. Должен си, впрочем, да стоиш

пред светите икони или да се обрнеш кон исток и да се молиш на Пресвета

Богородица со страв и трепет колку што можеш повеќе, сознавајќи го величието

Божјо и своето недостоинство; да плачеш, да си ги окајуваш гревовите и да се

молиш на Пресвета Богородица да ти помогне да се спасиш. Слушај еден

пример.

Имало некој војник, кој бил многу смел и силен. Живеел со својата дружина

покрај царскиот пат, па ги напаѓал и ги ограбувал сите што минувале оттаму.

Меѓутоа, имал еден добар обичај: секој ден и се молел на Пресвета Богородица

да го чува и ја читал молитвата: „Богородице Дево, радуј се". Се случило еднаш

оттаму да помине еден прозорлив свештеник, кого го фатиле и му зеле се што

имал. Тој ги молел да го одведат при старешината за да му каже нешто и го

одвеле. Кога стигнал таму, старецот му рекол да ја собере сета дружина. Кога се

собрале, старецот му рекол дека недостига уште еден од нив. И навистина,

разгледувале и виделе дека го нема помошникот на старешината. Тогаш

отишле, го нашле и му рекле дека старешината го вика. Но, бидејќи тој не сакал

да дојде, тие го одвеле сосила. Кога тој го видел духовникот, почнал да се враќа

и не сакал да се доближи. Духовникот му рекол: „Те заколнувам во живиот Бог,

кажи ми што сакаш да му направиш на својот господар?" Тогаш овој рекол: „Јас

не сум човек, но ѓавол, испратен од сатаната да внимавам овој човек макар само

еден ден да не се помоли па Мајката Божја, па да го убијам и да му ја однесам

душата во вечната мака заради неговите гревови. Еве веќе 14 години како му

слугувам и се трудев да го најдам некогаш без молитва, но не можев; тој секој

ден со умиление се моли на Пресвета Богородица, па Нејзината сила не ми

дозволува да го убијам". На тоа духовникот му рекол: „Ти заповедувам во името

на Господа Исуса Христа да се изгубиш оттука и никогаш да не правиш зло на

оние што ја почитуваат Пресвета Богородица". Штом тоа го рекол духовникот,

ѓаволот се изгубил, а разбојникот паднал при нозете на духовникот, му

благодарил, си ги исповедал гревовите пред сите и отишол во еден манастир,

каде проживеал богоугодно и се удостоил да отиде во царството небесно.

Гледате ли, браќа, колкава сила има молитвата, а посебно помошта на Пресвета

Богородица... Со нејзините молитви и ние да се удостоиме за вечното

блаженство. Амин.

Page 57: Чудата на Пресвета Богородица

Епископ Велички Гаврил Светогорец

57

ЧУДО 57.

За некоја сиромашна вдовица чија душа по смртта ја примила Мајката

Божја, а и за богатиот, на кого при смртта му се јавиле бесови

Во една епархија имало еден свештеник, кого во исто време го повикале да

причести една бедна жена и еден богат човек. Свештеникот не и обрнал

внимание на жената затоа што била вдовица и сиромашна, а отишол при

богатиот, го причестил и го утешувал, надевајќи се дека ќе му остави некое

ветување. По малку, пак дошле да го викаат свештеникот да ја причести и

вдовицата зашто била пред умирање. Но тој горделив и среброљубив, не

отишол. То-гаш неговиот ѓакон, кој бил добродетелен, кога видел дека овој не

сака да отиде, го замолил да му одобри тој да ја причести за да не умре

непричестена. Свештеникот му одобрил и тој отишол со светите тајни при

вдовицата, која материјално била многу сиромашна, а богата со душевни

добрини и ја нашол како лежи на една рогозина, без да има кој да и прислужува.

Меѓутоа, Помошничката на сиромасите, пресвета Богородица, не ја оставила, но

дошла при неа во друштво на девојки, од кои едни и ја бришеле потта, а други

мафтале над неа со рипиди и ја разладувале. Кога тоа го видел ѓаконот, се

зачудил, а Владичицата им се пок-лонила на светите тајни, потоа и другите се

поклониле, па му рекле на ѓаконот да ја причести болната. Кога ја приче-стил,

тие и ја зеле душата и ја однесле во рајот.

По ова, ѓаконот отишол при богатиот и видел како постелата му ја обиколиле

црни кучиња, што никој не ги гледал, освен богатиот; викал да ги испадат за да

не му додеваат; потоа видел еден Арап како во устата му ставил јадица и му ја

истргал душата. Од ова многу се уплашил ѓаконот и паднал на земјата. Тогаш

дошла при него пресвета Богородица и му рекла: „Не бој се, мој љубезен слуго,

за тебе е приготвено царството небесно и не можат да ти се противат ѓаволите.

Само чувај ги заповедитс на Мојот Син додека отидеш во небесниот рај,

бесконечно да се радуваш со сите светии". Кога го чул тоа, ѓаконот отишол, га

го раздал целиот свој имот на сиромаси и сам станал сиромав заради Бога, Кому

прилега слава во веки. Амин.

ЧУДО 58.

За еден што света Богородица го излекувала од раните добиени поради

мало хулење на Бога

Имало некој човек материјално многу сиромав, а со душевни добрини богат.

Еднаш тој, одејќи по патот, си ја удрил ногата од еден камен и поради тоа толку

многу се разлутил што на каменот му рекол: ,,Самиот ѓавол те донесол овде, а

не човек!" Штом го изговорил тоа, Бог веднаш го казнил со чудна казна (како

што ги казнува добродетелните луѓе на овој свет за да не им се повреди

душата). Му се сторило како некој да му истурил врела вода врз главата и толку

го заболело што ослепел и не можел да се подигне, па други го подигнале и го

однесле дома. Таму тој долго време лежел и целото тело му се покрило со рани,

од кои течеле големи нечистотии, па никој не се доближувал до него, освен

домашните. Меѓутоа, и покрај тие болки, тој не си дозволил да негодува против

Бога, но велел дека Бог ги накажувал оние што ги љуби. Постел, малку спиел и

се молел за оние што го надгледувале. Бог го видел неговото трпение, па решил

да го излекува. Прку ноќта, спроти Воскресение Христово, домашните отишле в

црква, а тој останал сам во домот. Кога го чул клепањето за радосното

Page 58: Чудата на Пресвета Богородица

Чудата на Пресвета Богородица

58

Воскресение, ја наведнал главата и почнал да Му се моли на Бога. Молејќи се

така, видел една благолепна жена, која, всушност, била света Богородица и која

му рекла: „Поради твоите добрини и големото трпение, Бог те послуша и те

помилува. Кажи им на твоите домашни да те однесат во црквата на света

Богородица и да те остават пред нејзината икона да се молиш и ќе добиеш

помош од Бога". Кога го направил она што му рекла пресвета Богородица,

болниот наполно оздравел, си отишол дома радосен, им благодарел на Бога и на

Мајката Божја.

ЧУДО 59.

За еден лепрозен што се излекувал и отишол во манастир

Некој добродетелен монах, по име Адам, живеел мнрно во еден манастир и

никому не му правел зло. Тој имал голема љубов кон законот Божји и кон

другите божествени книги, па кога читал сам или кога друг брат читал чуда или

пофалби на света Богородица, толку се насладувал што многупати останувал без

јадење, само да слуша поуки. Живеејќи така, се разболел и дошол до умирање.

Тогаш еден брат го молел да му каже на кој начин се удостоил со таков Божји

дар, а тој му одговорил: „Кога бев де-те и одев во училиште, имав на главата

красти, од кои течеше смрдлив гној, така што не можеше да се трпи, па затоа

многу тагував; многу потрошија моите родители по доктори и лекови, но ништо

не ми помогна. Мегутоа, одејќи во училиште, поминував покрај една црква,

посветена на света Богородица, во која секојпат се молев со вера и никогаш не

пропуштав бдение. Една ноќ ми се стори дека клепаат за утринска служба

Божја, па станав и отидов во таа црква, но ја најдов затворена. Па кога стоев

пред неа и Му се молев на Бога, вратата се отвори сама и внатре видов голема

светлина како многубројни свеќи да гореа. Јас влегов зачуден и видов седум

светли девојки, од кои едната, која седбше на престолот, беше посветла и ми

рече: „Зошто, чедо, не сакаш да си ја излекуваш главата од тие рани?" Јас и

реков: „Сакам Пресветла, како и сите мои роднини што сакаат да ме излекуваат,

но не можат". Потоа ми рече: „Ме познаваш ли?" - „Не Те познавам, Пресветла",

и одговорив. „Јас сум Мајката на Исуса, ми рече таа, па знаејќи дека имаш

обичај да доаѓаш тука и да се молиш, дојдов да те излекувам". Кога го рече тоа,

ми даде знак со рака да се доближам до Неа и кога си ја стави пречистата рака

на мојата глава, рече: „Во имја Отца и Сина и Свјатаго Духа да биде здрава таа

глава и да не се разболува до смрт затоа што имала голема почит кон Мене".

Потоа стана невидлива. „Јас оздравев, дојдов во манастир и сега со радост си

одам од овој свет". Тоа го рекол богомудриот и починал во Господа.

ЧУДО 60.

За детето што не изгорело во огнот

Имало една благочестива жена, која била сиромашна со пари, но богата со

добродетели и полна со љубов кон пресвета Богородица.

Еден ден таа сакала да оди на нива и да му однесе леб на мажа и. Бидејќи имала

дете годиначе, а немала кому да го остави, се помолила на Мајката Божја и и

рекла: „Владичице моја! Под Твоја закрила го оставам своето чедо, зашто немам

друг освен Тебе. Ти си Мајка на сиромасите". Тоа го рекла со силна вера и

отишла на нивата. Во меѓувреме една од соседните куќи почнала да гори, а од

неа се запалила и нивната куќа. Кога чула жената за ова, заедно со маж и

Page 59: Чудата на Пресвета Богородица

Епископ Велички Гаврил Светогорец

59

притрчале, исплашени за детето. Кога дошле, домот го нашле во ѕидини што

стрчеле од пепелта. Тогаш жената, мислејќи дека детето и изгорело, горко

заплакала и рекла: „О Владичице! Јас со вера ти го предадов детето, зошто не си

го чувала? Ти си мајка милостива, не оставај го да загине". Говорејќи така, со

плачење жената го барала детето во жарта и, кога го нашле живо, многу се

зачудиле, бидејќи се друго било изгорено. Сите што чуле и го виделе ова чудо,

Ги прославиле Бога и пресвета Богородица. По нејзините молитви Господ и нас

да не спаси. Амин.

ЧУДО 61.

За прогледувањето на еден слеп

Имало некој благочестив и добродетелен човек, по име Дидим, кој од своето

раѓање бил слеп, но имал голема љубов кон црквата, па не пропуштал ниедна

Божја служба. Тој бил надарен со Божја благодат, често се препирал со

неверните Евреи и секогаш ги победувал. Еден ден кога се препирал за

пофалбата на Мајката Божја, Евреите посрамени, не можеле да му одговорат, па

почнале да го укоруваат и да му се смејат, велејќи му: „Не ти е ли срам, слепче и

безумниче, да и слугуваш на онаа што не може да те излекува? Ако е таа

вистинска Богородица, ќе те излекува од тоа слепило штом имаш таква љубов

кон Неа." Тогаш старецот им рекол: „По некој ден ќе ви дадам одговор за тоа".

Потоа тој почнал да дава милостина на сиромасите и со пост и со усрдност се

молел три дни и три ноќи на Семилостивиот Бог и на света Богородица да го

просветат, та да се посрамат неверните и нечесните Евреи.

По ова, слепиот ги собрал сите еретици и Евреи во еден голем храм, каде што

имало и многу христијани, па застанал пред иконата на Света Богородица и

почнал со висок глас да говори за да го чујат сите, Рекол: „Владичице и Госпоѓо

на сите твари, приснодево Богородице, како што си се удостоила да Го родиш

нетрулежниот Бог, Кој направил безброј чуда на земјата, а по Себе Те поставил

и Тебе да правиш чуда, направи и за мене со својата чудотворна моќ да

прогледам, но не заради моја утеха, бидејќи како што сум трпел досега ќе трпам

и отсега, туку за уверување на овие што се тука - дека навистина си Го родила

Синот Божји неискажливо, та да ја познаат вистинската вера и да го

проповедаат твоето величие". Откако го изговорил тоа со чиста вера, тој

прогледал, а сите присутни Го прославиле Бога, Кој прави прекрасни чуда со

света Богородица и многу еретици поверувале во Христа. И така, овој ги

просветил оние што биле слепи поради неверување во Христа, потоа поживеал

малку и се преселил во вечниот живот.

ЧУДО 62.

За некој човек што бил избавен од морето

Епископот Викентиј пишува во книгата „Огледало на историјата" за некои

поклоници што патувале по море за Ерусалим, па им се разбила гемијата и се

наполнила со вода и не можеле да ја исцрпат. Тогаш гемиџиите виделе дека

гемијата ќе потоне, па спуштиле еден чамец во морето и влегле во него заедно

со еден епископ и некои богати, а еден, од брзање да влезе во чамецот, паднал

во морсто и се удавил. Кога веќе се наполнил чамецот, владиката им рекол на

оние што останале во гемијата: „Простете ни, браќа, што не можеме да ви

помогнеме, но исповедувајте се еден на друг, за да ви ги прости Господ

Page 60: Чудата на Пресвета Богородица

Чудата на Пресвета Богородица

60

гревовите". Откако се опростиле помеѓу себе, гемијата потонала и сите се

издавиле. А владиката и тие што биле со него плачеле и Му се молеле на Бога

да им ги спаси душите. Потоа виделе како од морето се појавиле гулаби што

летале кон небото и познале дека тоа се душите на оние кои се удавиле во

морето; тие се радувале и жалеле што и сами не умреле со нив. Кога излегле на

суво, неочекувано го виделе нивниот другар кој беше паднал во морето при

напуштањето на гемијата. Многу се зачудиле и го прашале како излегол од

морето. А тој им рекол: „Кога паднав во водата, се молев на Богомајката да ми

помогне и да ме избави. Се молев со топла вера, без сомневање и во тој час крај

мене се најде брзата Помошничка и ме изнесе на брегот". Кога го чуле тоа, сите

Ги прославиле Бога и пресвета Богородица.

ЧУДО 63.

За чудното избавување на некои од морските бранови

Епископот Викентиј, во истата книга, пишува и за еден игумен што патувал по

море заедно со неколку браќа, па се кренала голема бура и сите се уплашиле и

почнале да се молат за помош, едни на свети Никола, други на свети Андреј и

на други светители; секој кон кого имал љубов. Тогаш игуменот, кога видел

дека никој не се моли на семоќната Небесна Царица, Која владее на небото, на

земјата и на морето, им рекол: „Што правите, браќа? Зошто ги повикувате

слугите, а ја заборавивте Царицата, која има сила повеќе од сите светии?" Кога

го чуле тоа браќата, почнале да и се молат на Богомајката. Исто така и

игуменот, кој бил болен и три дена не вкусил ништо, одвај станал, ја зел

иконата на Мајката Божја и рекол: „Велико имја Свјатаја Троице, Пресвјатаја

Богородице, помогни нам!"13 Кога го рекол тоа, виделе на врвот од гемијата

голем светилник со многу светлост, од која се осветлила целата гемија и морето

стивнало. Потоа сите здрави и живи стигнале во пристаништето каде што

патувале, во слава на Бога и на света Богородица.

13. „Големо е името на Света Троица. Пресвета Богородице, помагај ни."

ЧУДО 64.

За чудното видение на еден милостив и богобојажлив маж

Душеполезно е да се истакне што пишува епископот Викентиј за еден човек кој

имал жена, деца, слуги и големо богатство, а бил многу милостив и примал во

својот дом сиромаси и странци. Тој еднаш, откако вечерал и си легнал, паднал

во постела и премрел. Утрината кога го виделе домашните, го кренале и му

давале лекови да се освести, но напразно. По неколку дена, тој се освестил и го

прашале што му се случило, но тој ништо не им одговорил се до пред својата

смрт. Отпосле, кога сетил дека ќе умре, го повикал постариот свој син и му

рекол: „Љубезен мој сине! Ти заповедам да правиш она што сум правел јас: да

примаш странци во домот, да даваш милостиња на сираци и сиромаси. Исто

така и вие, мои роднини, да правите богоугодни дела. Ете, веќе дојде мојот

последен час, па чујте да ви раскажам за она мое страшно видение кога ме

најдовте полумртов.

- Вие знаете дека јас уште од младост имав голема љубов и почит кон Пресвета

Богороднца, па секој ден читав акатист и заради нејзините молитви Господ Исус

Христос ме надари со многу дарби, а најмногу со милостиво срце кон

Page 61: Чудата на Пресвета Богородица

Епископ Велички Гаврил Светогорец

61

сиромасите, како што ме гледавте секогаш. Во онаа ноќ кога паднав во бесвест,

чув глас што ме викаше по име и ми рече: „Стани од постелата и врви по мене".

Јас станав и некој како да ме фати за рака, па ме одведе на една ливада и ме

остави таму сам, а мене ми беше многу тешко. И кога стоев така, не знаејќи што

да правам, чув страшно викање и силна врева. Кога се свртев, видов како ми се

приближуваат голем број ѓаволи, кои сакаа да ме грабнат како диви ѕверови. Од

страв побегнав и се скрив во еден дом. Тие ја скршија вратата и сакаа сосила да

ме грабнат. Но, да знаеш, чедо мое, дека пред три години бев нагостил тројца

сиромаси и кога ѓаволите ја скршија вратата и влегоа, јас почнав да Му се

молам на Бога да ме избави по молитвите на света Богородица. Тогаш видов три

прекрасни мажи, кои ми рекоа: „Не бој се! Ние дојдовме да ти помогнеме". Кога

ги истераа ѓаволите, ме прашаа: „Не познаваш ли?" Им одговорив: „Не ве

познавам?" А тие ми рекоа: „Ние сме оние тројца странци што не нагости со

Аврамовско срце, затоа не испрати Бог да ти помогнеме. За љубовта што си ја

покажал кон нас, ние те спасивме од ѓаволските раце". Штом го изговорија тоа,

станаа невидливи. Останав сам во домот и Му заблагодарив на Бога, велејќи:

„Во името на Отецот, Синот и Светиот Дух" и излегов со надеж во Бога. Откако

изминав малку, ги видов пак ѓаволите како трчаат и викаат: „Да отидеме веднаш

и да го фатиме за да не ни избега!" Тогаш се уплашив, почнав да бегам и да

викам: „Пресвета Богородице, помогни ми!"

- Бегајќи така, дојдов до една огнена река, полна со змии и други страшни адски

ѕверови. Тие стоеја во огнот до гуша, а главите им беа над огнот, со отворени

усти како да чекаа да јадат. Тогаш ѓаволите што ме гонеа, почнаа да ми викаат

да скокнам во неа, ако ли не, сосила ќе ме фрлат. Јас почнав да гледам наоколу

и да барам помош. Видов еден мост што беше широк само едно стапало, а толку

висок што крајот му достигнуваше до небото. Така, бев во голема опасност и

мислев како да постапам: да скокнам во реката, ми беше страв од огнот и од

змиите; да отидам по мостот, се плашев да не ме фатат ѓаволите. На крајот

решив да одам по мостот. И кога стапив на мостот со страв, видов дека ѓаволите

идат по мене. Штом стигнав до врвот, ѓаволите ме стигнаа и јас почнав да

плачам и да викам: „Пресвета Богородице, помогни ми!" Тој час пред мене се

најде света Богородица, ми ја подаде својата пречиста десница и ми рече: „Не

бој се, возљубен мој слуго! Бидејќи ти ми се молиш и си читал акатист и други

пофалби, си примал патници и помагал сиромаси, кои се браќа на Мојот Син и

Бог, затоа сум дошла да те избавам од овие неволји". Кога ми го зборуваше тоа,

ме водеше за рака и ме доведе дома, каде што ме најдовте и лежев неколку дни

онесвестен од страв.

Кажувајќи го тоа, овој богобојажлив маж го поучил својот син и роднините и ја

предал својата душа во Божји раце.

ЧУДО 65.

Страшно чудо со оној што ги послушал своите родители и за Божествената

Литургија

Во времето на цар Теодосиј Велики, имало во Цариград некој богат и

добродетелен човек, кој имал единствен син, по име Теофил. На старост многу

осиромашел, така што немал со што ни да се прехрани. Затоа му рекол на сина

си: „Чедо! Гледаш дека осиромашевме, јас остарев и не можеме да се

прехраниме, заради тоа намислив да те продадам тебе, та и ти да живееш, а и

ние да се прехраниме". И така, го продал сина си кај еден богат човек. Но, пред

Page 62: Чудата на Пресвета Богородица

Чудата на Пресвета Богородица

62

да го продаде, го советувал кога ќе помине покрај некоја црква, ако се служи во

неа света литургија или се чита, да влезе и да стои до отпуст, та потоа да отиде

на работа. Теофил ја исполнувал татковата поука и искрено му служел на својот

господар, кој многу го засакал поради разумноста и секогаш го водел со себе.

Еден ден кога неговиот господар отишол во царскиот двор, го заборавил

тефтерот, па го испратил Теофила да му го донесе што поскоро. Тој веднаш

отишол во куќата на својот господар по тефтерот и ја видел господарката како

прељубодејствува со еден слуга. Без да рече нешто, го зел тефтерот и му го

однесол на господарот. Но, жената, плашејќи се да не ја каже вистината, штом

дошол маж и, му рекла: „Тој што си го купил и со толку доверба - наградил,

сакаше да ме изнасили во постелата, па, ако не бев го повикала другиот слуга,

ќе ја осквернавеше и ќе ја погазеше мојата чест. Но Бог ме запази за да не се

посрамам. И утре, ако не му ја отсечеш главата, нема веќе да живеам со тебе".

Кога го чул тоа господарот, се разгневил на Теофила и ветил дека ќе и ја

исполни волјата на жената. Утредента тој отишол при градскиот судија и му

рекол: „Утре ќе ти испратам со писмо еден мој слуга да му ја отсечеш главата и

да ми ја испратиш". Но, овој му рекол дека без свидетели не може. Тогаш

господарот повикал еден свој пријател, кој ги потврдил неговите наводи.

Другиот ден наутро господарот му дал писмо на Теофила да му го однесе на

судијата и овој, минувајќи покрај една црква, влегол внатре да слуша света

Литургија и, според советите на татко му, останал до отпустот, па се забавил.

Жената кога видела дека се уште не ја донесле неговата глава, не можела да се

воздржи, па го испратила својот љубовник да ја донесе веднаш. Овој кога

отишол при судијата, му ја отсекле неговата глава. По завршувањето на светата

Литургија, дошол Теофил и нему му ја дале главата, завиткана да ја однесе на

господарот. Без да знае што носи, стигнал во домот и господарите кога го

виделе, се зачудиле, а жената се уплашила и дури премрела. Тогаш господарот

го испитал случајот и го разбрал вистинскиот Божји суд. Потоа жената го

исповедала својот грев и и опростиле, а Теофила уште повеќе го засакале

поради неговата чистота и го имале како син и наследник.

И така, Теофил се прославил со своите добрини. Затоа, браќа, треба да ги

слушаме родителите кога не учат за Бога и не поучуваат во законот Божји,

зашто само оние што ги поучуваат своите деца се вистински родители. А тие

што не ги поучуваат во Божјиот закон не се родители, но губители и убијци на

своите чеда. Таквите подобро да не станеле родители, како што вели и Господ

Исус Христос: „Тешко и горко на оние што грешат пред своите чеда!"

Родителите се должни да ги учат своите деца на Божји закон за тие да стојат в

црква до отпуст затоа што само тогаш ќе имаат духовна корист и ќе добијат

спасение за своите души.

ЧУДО 66.

За две деца што биле затрупани од куќа и се најдени живи

Во мај 1507 година, по раѓањето на Христа, на островот Крит се случил силен

земјотрес, од кој пострадале голем број згради. Таму во некој дуќан, што бил

надвор од градот, имало икона на света Богородица, пред која сите слуги секоја

вечер палеле свеќи и кандила пред да отидат на спиење. Во ноќта кога бил

земјотресот, во дуќанот оставиле да спијат две деца. По земјотресот, мајсторот

веднаш отишол да ги извади децата, но кога видел дека дуќанот е урнат,

помислил дека тие се загинати, па почнал да ги бара за да ги извлече. Барајќи

Page 63: Чудата на Пресвета Богородица

Епископ Велички Гаврил Светогорец

63

така, чул како зборуваат под еден камен, па ги извадил и ги прашал како

останале живи. Тие му одговориле: „Кога се тресеше земјата, ние стоевме пред

иконата, плачевме, и се молевме на света Богородица да ни помогне. Тогаш

видовме како од иконата излезе еден покров, кој се простре над нас и не им

дозволуваше на камењата и на дрвата да паднат на нас. Потоа ни се јави света

Богородица и ни велеше: Не бојте се, чеда! И ние ја гледавме се додека ти не не

извади". Кога го чул тоа мајсторот, ги прославил Бога и света Богородица и

раскажувал за тоа чудо по целиот град. Тамошниот судија Ероним, кога разбрал

за ова, изградил црква на тоа место каде што била иконата и оттогаш секоја

година на тој ден се празнува споменот на тоа чудо. А иконата со силата на

света Богородица прави многубројни чуда дури до денешниот ден. Слава на

нашиот Бог во веки. Амин.

ЧУДО 67.

Како света Богородица излекувала еден човек што паднал од карпа и се

повредил

На островот Крит има и друга чудотворна икона на света Богородица во

митрополијата на светиот апостол Тит, која и денес прави разни чуда. Таа икона

секоја среда ја изнесуваат на едно место: протопопот, протопсалтот и

множество народ, од кои повеќе се жени, па одат кон „Свети Марко" со литија,

а литургија извршуваат секоја недела во друга црква. Од многубројните чуда

што ги направила таа икона е и следното.

Некој војник, по име Јован, имал голема љубов кон света Богородица, па често

одел во црквата „Свети Тит" и се молел со големо смирение и ревност. Еднаш,

во 1599 година по Христа, во месец април, кога бил на стража ноќно време, за

несреќа, тој паднал од карпата „Свети Петар", која била висока околу 10 растега

и си ги скршил сите коски, та не можел да стане, ниту да зборува. Утрото кога

го виделе, го однесле во болницата „Свети Петар" за да го погребат, ако умре,

затоа што сите мислеле дека нема да живее. Но, по малку време, тој проговорил

и рекол да му го подадат ќесето, во кое имало малку пари, па ги дал на еден

свештеник за да му чита молбен канон на пресвета Богородица. По

завршувањето на канонот, го кренале и го однесле во црквата „Свети Тит", каде

што лежел целиот ден пред иконата на пресвета Богородица, а вечерта клисарот,

кога сакал да затвори, го изнесол пред црквата, затоа што имале обичај да не

оставаат ноќе никого внатре. И така, војникот лежел надвор цела ноќ иисе

молел на света Богородица да го излекува. Околу полноќ, тој заспал малку и ја

видел во сон света Богородица, која му рекла: „Ете, веќе си здрав, прослави го

Бога". Кога се разбудил, станал на нозе наполно здрав. Утредента клисарот го

видел и му јавил на митрополитот. Тој ги повикал оние што го однесле во

црквата да му кажат за случајот на болеста. Кога ја чул вистината, го напишал

овој чуден настан за спомен. Потоа заповедал да ја изнесат таа света икона и ја

носеле три дена со литија низ градот. А тој, одејќи со нив, со висок глас

проповедал за величието на Мајката Божја. И не само ова чудо, но станувале и

многу други, па од сите страни донесувале болни и се излекувале со помошта на

света Богородица, на која и прилега слава. Амин.

Page 64: Чудата на Пресвета Богородица

Чудата на Пресвета Богородица

64

ЧУДО 68.

За чудотворното дејство на кладенецот во Трапсана

Во селото Трапсана, на островот Крит, се наоѓа црква посветена на Мајката

Божја, оддалечена од селото колку да фрлиш камен, се вика „Госпоѓа

Кладезница", бидејќи пред црквата има еден длабок бунар, преку кој света

Богородица прави разни чуда. Од тој кладенец лее вода целото село и одвечер

му ја исцрпуваат целата вода, а наутро пак го наоѓаат полн. Тој многупати бил

загадуван затоа што нивото на водата е рамно со земјата, па многумина паѓале

во него; но пак го одградуваат за да леат вода и кога ќе почнат да се туркаат кој

попрво да налее, паѓаат внатре. Меѓутоа, кога ќе падне некој, истиот час водата

нараснува и паднатиот го исфрла жив и здрав. Впрочем, има многу води по

разни места, што имаат лековито дејство, но водата од овој кладенец не

дејствува по природа, а со силата на света Богородица. Оваа вода ја нашле кога

ја реконструирале црквата, бидејќи била многу стара, а во слава на Бога и на

света Богородица.

ЧУДО 69.

Чудно видение за тоа како со молитвите на света Богородица Бог може да

биде измолен и приклонет

Во „Цветовен Лимонар", глава 8, дел III, се говори за некој свештеник што имал

голема почит кон божествената литургија и се истакнувал со добро поведение и

многу добродетели, поради кое Бог го удостоил со многу виденија и ангелски

откритија. Најпосле, тој имал такво чудно видение што го даваме на крајот од

книгава за да виде секој и да се покае.

Во таа книга пишува за гореспоменатиот свештеник како му се занел умот и Го

видел Господа, нашиот Исус Христос, како седи на величествен престол, а од

Неговата десна страна пресвета Богородица и целото ангелско воинство како

стојат со голем страв и трепет и дека Господ заповедал на еден силен ангел да

засвири со страшната труба што била толку голема и громогласна што целиот

свет затреперел како лист. Потоа Господ рекол и на друг ангел да засвири, и тој

засвирил. Тогаш, сенепорочната Мајка на Исуса кога разбрала дека по третото

свирење ќе биде за свршеток на светот, станала од престолот и паднала на

колена пред праведниот Судија и се молела умилно, повикувајќи се на неговата

неискажлива благост и милост за да и ги прими молитвите и да го продолжи

времето на грешниците за да можат да се покаат за своите беззаконија, со

коишто Го разгневиле. Господ и одговорил: „Знаеш ли, Возљубена Мајко, колку

беззаконија прави неблагородниот свет, и тоа непрестајно. Затоа, не е праведно

да ги помилувам, и тоа не само мирјаните, но и духовништвото и монаштвото

секој ден Ми ја прободуваат утробата и ме распнуваат повторно. Сосема го

извалкаа светиот образ и ангелското живеење со своите пороци". Но, света

Богородица пак Му се молела и Му рекла: „Сладок Мој Сине, послушај ме

поради Твоето благоутробие и пречистите Твои страданија, што си ги примил

поради грешните". „О Мајко Моја, и рекол Тој, многупати си ме смирувала со

твоите молитви и не ме оставаш да го извршам праведниот суд, но луѓето не се

откажуваат од лошите работи, туку уште повеќе прават зло, го презираат Мојот

Крст и страдањата. Владетелите нечовечки ги угнетуваат своите поданици и

сиромасите и ги осквернуваат Моите закони со своите неправди и нечистотии, а

и простиот народ ги погазува Моите закони и повелби, угодувајќи им на своите

Page 65: Чудата на Пресвета Богородица

Епископ Велички Гаврил Светогорец

65

телесни страсти со прељубодејства, убиства, неправди и други беззаконија".

„Сето тоа е вистина, одговорила Владичицата, но Те молам, Чедо Мое, смилувај

се и со Твојата благодат испра-ти им светлина за да ја познаат својата заблуда и

да се покаат. Еј, многублагоутробен Владико, послушај ме и исполни ги моите

прозби, не дека тие ќе станат достојни за милост и опростување, но поради

мојата љубов и заради сите светии кои за Твоето пречисто Име си ја пролеале

крвта и си ги предале телата на различни страдања и смрт и за Твоја љубов

презреле секоја утеха и световна слава". Тогаш сите светии и света Богородица

се поклониле и Го молеле Бога да пројави милост.

И така, со молитвите на света Богородица и на сите светии се смилостивил

праведниот Судија и одговорил со весело лице: „Си Ме победила, о Мајко! Со

твоето молење си го скротила Моето негодување и гнев: нека биде Твојата

волја. И вие, браќа Мои и љубимци, со вашето молење ми ги претворивте

гневот и јароста во милост, затоа пак ќе испратам проповедници и учители по

сиот свет да ги поучуваат и да ги поправаат грешниците". Откако тоа го рекол

Исус, видението престанало и духовникот дошол на себеси и тоа го раскажувал

на сите браќа во манастирот. За да се уверат; им кажал некои тајни гревови

секому поодделно што Бог му открил, со цел да се поправат и да се покајат.

Откако го кажал тоа, преподобниот си ја предал душата во Божји раце.

Дојдете, браќа и отци, кои го слушате и го читате ова елате да поплачеме за

нашите беззаконија! Сега да поплачеме овде малувремено за да не плачеме таму

вечно. Да побрзаме за нашето спасение зашто смртта доаѓа ненадејно и ќе не

грабне како лута ѕверка. Не само да читаме книги и да слушаме божествени

поуки и пак да останеме исти, бидејќи на тој начин не сме го завршиле делото

на спасението, како што вели Бог: „Не бо слушатели закона оправдатсја, но

творци", т.е. нема да се спасат тие што слушаат, но кои ја творат Божјата волја.

Да се потрудиме, браќа, за нашето спасение додека се уште има време. О наше

безумие и непромисленост! Пресвета Богородица се моли за нас, а ние

занемаруваме такво големо содејство... Впрочем, да престанеме, возљубени, од

гревотворењето и да И благодариме на пресвета Богородица за нејзините

неизброиви дарови секојдневно што ги примаме. Да го славиме Отецот, и

Синот, и Светиот Дух, единиот Бог во Троица. Да ја почитуваме и да ја фалиме

пречиста Дева Марија со сите светии, сега и секогаш и во вечни векови, Амин.

ЧУДО 70.

Краток расказ за направеното чудо од свети архангел Гаврил, којшто го

испеал „Достојно ест" пред иконата на пресвета Богородица близу до

Кареја, во местото именувано „Долина на пеењето"

Во деновите на благочестивиот цар Василиј Багренороден, којшто владеше во

Римското Царство, а при патријархот Никола Хрисоверг, во 980 година стана

следното чудо.

Близу до карејскиот скит, во околината на Светипантократорскиот манастир, во

една обител, посветена на пресвета Богородица, живееше еден многу

добродетелен старец свештеномонах, кој имаше побожен послушник, по име

Гаврил.

Во една саботна приквечер, старецот отиде на бдение во протатската црква, а

дома го остави својот ученик. На полноќ, кога овој стана да го пее своето

Page 66: Чудата на Пресвета Богородица

Чудата на Пресвета Богородица

66

црковно правило, еден брат потропа на вратата од ќелијата. Ученикот ја отвори

вратата и виде дека тропал некој непознат што имал вид на монах, па го помоли

заедно да го пеат црковното правило. Бидејќи ангелската посета секогаш

донесува радост кај секој побожен човек, додека ѓаволското фантазирање -

страв и смрт, ученикот радосно го прими новодојдениот да му помогне во

црковното пеење, па така двајцата почнаа да го пеат Троичниот канон. По

завршувањето на канонот, новодојдениот странец почна да пее побожно и со

умилен глас: „Достојно ест јако воистину, блажити тја Богородицу, присно

блаженују и пренепорочнују и Матер Бога нашего", а потоа додаде и

„Честнејшују херувим"...

Со исклучителна сладост и милозвучност ја испеа небесниот ученик, архангелот

Гаврил, оваа песна на Божјата Мајка, така што меѓу него и Јован Кукузел не

може да се прави споредба. Слушајќи го ангелското пеење, ученикот на светиот

старец, по име Гаврил, (така се викаше тој) беше вчудовиден и стоеше

избезумен.

По завршувањето на правилото, а чувствувајќи ја сладоста на пеењето,

послушникот му рече на новодојдениот: „Ние такво величание не знаеме, ниту

сме чуле од некого, освен за ирмосот". Поради тоа го молеше да му ја запише

оваа песна. Ангелот со радост се согласи и побара од него хартија и перо, но

послушникот немаше и тогаш овој му заповеда да донесе една камена плоча.

Добриот послушник забрзано најде и му ја донесе. Ангелот ја зеде, со левата

рака ја држеше, а со показалецот од десната чудесно ја издлабочи песната. Така

длабоко ги врежа буквите на тврдата плоча што тие изгледаа како да се

втиснати во најмек восок. Потоа ангелот му рече на послушникот: „Отсега

понатаму така да се пее оваа песна и од вас, а и од сите православни". Штом го

рече тоа, веднаш стана невидлив зашто беше од Бога испратен да ја објави оваа

ангелска песна достојна за Божјата Мајка.

Кога се врати старецот од бдение, ученикот му раскажал за се она што се беше

случило и му ја покажа напишаната плоча, а потоа почна со радост да пее:

,Достојно ест", како што беше научил од ангелот. Потоа и двајцата ја зедоа

напишаната плоча од ангелот и отидоа во Протатот да ја покажат на

Светогорскиот прота и на другите старци од општиот собор, па им раскажаа за

се што се беше случило.

Исто така, го известија и благочестивиот цар Василиј Багренороден, а плочата

со писмото ја испратија до патријархот; овој со окружно писмо објави и

заповеда по целиот свет во православните цркви оваа песна да се пее на

богослужбите и на светата литургија. А иконата на пресвета Богородица, пред

која беше испеана ангелската песна, ја пренесоа во Големиот протатски храм и

ја поставија во Светиот олтар, на горниот престол, каде што се наоѓа и денес.

Келијата беше именувана „Достојно ест", а долината во која стана ова чудо се

именува „Долина на пеењето" зашто таму беше испеана од архангелот Гаврил

оваа песна на Божјата Мајка.

Крај и на Бога слава!

Page 67: Чудата на Пресвета Богородица

Епископ Велички Гаврил Светогорец

67

МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

О пресвета Владичице Богородице! Ти си повозвишена од сите ангели и

архангели и од се создадено најчесна; ти си помошничка на навредените, надеж

на безнадежните, застапничка на сиромасите, утешителка на натажените,

хранителка на гладните, облекло на необлечените, оздравување на болните,

спасение на грешните, помош и заштита на сите христијани. О семилостива

Богородице Дево Владичице! Со твојата милост спаси и помилуј ги

благочестивите владатели, преосветените митрополити, архиепископи и

епископи, целиот свештенички и монашки чин и сите православни христијани;

со твојата чесна риза закрили ги и умилостиви ги, Госпого, од тебе бесемено

воплотениот наш Бог да ни помогне нам со Својата виша сила да одолееме на

невидливите и на видливи противници.

О семилостива Владичице Богородице, извади не од гревовната длабочина и

избави не од глад, од помор, од потоп и од земјотрес, од оган и меч, од ропство

и мегусебна војна, од ненадејна смрт и напад на непријатели, од смртоносна

рана на пакосни врагови и од секое зло. Подари им, Владичице, мир и здравје на

твоите слуги, на сите православни христијани и просвети им го умот и

срдечните очи кон спасение. Удостој не и нас, твоите грешни слуги, да отидеме

во царството на Твојот Син и нашиот Бог, оти неговата сила е благословена и

преблагословена со Неговиот беспочетен Отец и со Пресветиот, благ и

животворен Негов Дух, сега, секогаш и во сите векови. Амин.

ПРАВИЛО ОД СВЕТИОТ СЕДМИ ВСЕЛЕНСКИ СОБОР

Оној што не верува со чиста еднодушност и со сето свое срце во Спасителот,

нашиот Бог и во пречистата Негова Мајка, Владичица и наша Богородица, како

и во сите светии, а ги отфрла и не ги прима прекрасните чуда што се

посведочени со премудри докази или по свој разум ги толкува поинаку, да биде

проклет.

Овој дел од Светиот собор што се наоѓа во Триодот, во Недела на

православието, го приложуваме тука, на крајот од чудата на света Богородица,

за оние што несмислено расудуваат и сметаат дека изнесените чуда во оваа

книга се невозможни, па нека гледаат таму, во Триодот, и нека го отфрлат секое

свое сомневање; нека се смират за да не паднат под искажаната клетва, но да

веруваат и да исповедуваат не само за овие чуда што се тука напишани, но и за

безброј други што ги прави Владичицата - Мајката Божја, преку чии молитви и

ние да се удостоиме за вечно блаженство. Амин.

Слава на Света Троица - Единиот Бог!