ОСТАВЕНО БЕБЕ: Одговорно родителство, што е тоа?

4
ОСТАВЕНО БЕБЕ: Одговорно родителство, што е тоа? 17/03/2014 Во јавноста уште не стивнале реакциите и згрозувањето за суровата смрт на бебето Најден, кое со исечено јазиче заврши фрлено во двор во скопско Арачиново, а граѓаните ги потресе уште една сурова бебешка сторија – за четиримесечно женско бебе кое со повреди на главата и телото било оставено на хауба од автомобил во центарот на Скопје. Што згрешиле кутрите невини бебиња и каков човек може да си поигра со нивната судбина? – прашање на кое не може да се даде разумен одговор. Од Првата детска амбасада Меѓаши велат дека не им е тешко да се борат за правата на децата, да ги застапуваат и да ги штитат. Тешко, велат им паѓа кога оние што треба најмногу да водат грижа за децата – родителите, ги тепаат, злоупотребуваат, силуваат и убиваат. Уште повеќе погодува кога институциите наместо да ги превенираат состојбите за заштита на децата, со нивните задоцнети реакции, ги усложнуваат проблемите на децата. Задоцнета мерка е одземање родителско право кога детето ќе биде силувано или убиено од сопствениот родител. “Строгиот надзор за остварување квалитетно родителско право е сериозен предизвик за сите институции и тие треба да сфатат дека сите родители се одговорни и не знаат како да се грижат за децата. Ако отсуствува одговорно родителство, не значи дека треба да отсуствува грижата на државата и нејзините институции за помош и поддршка на децата. Сега веќе нема табуа и молк за страдањата на децата. Се бара одговорност, функционалност и мобилност на сите. На родителите, на институциите, на граѓанските организации и на

Upload: first-childrens-embassy-in-the-world

Post on 26-Jun-2015

135 views

Category:

News & Politics


4 download

DESCRIPTION

ОСТАВЕНО БЕБЕ: Одговорно родителство, што е тоа?

TRANSCRIPT

Page 1: ОСТАВЕНО БЕБЕ: Одговорно родителство, што е тоа?

ОСТАВЕНО БЕБЕ: Одговорно родителство, што е тоа?

17/03/2014

Во јавноста уште не стивнале реакциите и згрозувањето за суровата смрт на бебето Најден, кое со исечено јазиче заврши фрлено во двор во скопско Арачиново, а граѓаните ги потресе уште една сурова бебешка сторија – за четиримесечно женско бебе кое со повреди на главата и телото било оставено на хауба од автомобил во центарот на Скопје. Што згрешиле кутрите невини бебиња и каков човек може да си поигра со нивната судбина? – прашање на кое не може да се даде разумен одговор.

Од Првата детска амбасада Меѓаши велат дека не им е тешко да се борат за правата на децата, да ги застапуваат и да ги штитат. Тешко, велат им паѓа кога оние што треба најмногу да водат грижа за децата – родителите, ги тепаат, злоупотребуваат, силуваат и убиваат. Уште повеќе погодува кога институциите наместо да ги превенираат состојбите за заштита на децата, со нивните задоцнети реакции, ги усложнуваат проблемите на децата. Задоцнета мерка е одземање родителско право кога детето ќе биде силувано или убиено од сопствениот родител.

“Строгиот надзор за остварување квалитетно родителско право е сериозен предизвик за сите институции и тие треба да сфатат дека сите родители се одговорни и не знаат како да се грижат за децата. Ако отсуствува одговорно родителство, не значи дека треба да отсуствува грижата на државата и нејзините институции за помош и поддршка на децата. Сега веќе нема табуа и молк за страдањата на децата. Се бара одговорност, функционалност и мобилност на сите. На родителите, на институциите, на граѓанските организации и на медиумите”, вели Драги Змијанац основач и директор на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ.

Строги санкции за родителите –монструми!

Од Првата детската амбасада во светот Меѓаши потсетуваат на кампањите за улогата на родителот и за важноста на одговорното родителство за правилен раст и развој на детето. Граѓаните според нив, добро се сеќаваат на слоганите “Дали денес го гушнавте вашето дете“, „Дали денес му кажавте на вашето дете колку го сакате?” и “Дали денес разговаравте со вашето дете”? Целта на кампањата, велат, беше поттикнување на одговорно родителство. Колку почесто на децата им се покажува љубов прегрнувајќи ги, бакнувајќи ги и кажувајќи им

Page 2: ОСТАВЕНО БЕБЕ: Одговорно родителство, што е тоа?

“те сакам”, толку повеќе тие ќе сакаат да покажат дека ја заслужуваат. Љубовта овозможува градење на чувство на самодоверба и самопочит кај децата. Но, сами по себе, гушкањето и кажувањето на детето дека е сакано, не се доволни. Потребно е и да се разговара.

“Не постои едукација ниту советувалишта за важноста на родителот и за одговорно родителство. Поради родителска негрижа кон детето постои можност за одземање на родителското право на одреден временски период, но тоа секогаш се случува како задоцнета мерка кога ќе настане смрт или силување. Судовите бавно реагираат и постапуваат. Судските постапки се долготрајни, а со тоа се зголемува ризикот од повторување на насилството врз децата. Загрижувачки е што центрите во најголем број случаи немаат сознанија за ефектите од изречените мерки. Најголемиот проблем во справувањето со таквите случаи не е во законските регулативи, туку во недостигот од ресурси на центрите за социјални работи и недостигот од обучени социјални работници, немањето прифатилиште за децата-жртви на насилство. Во такви услови децата се принудени да останат со своите родители и во случаи кога се тепани и малтретирани од нив” – додава Драги Змијанац од Меѓаши.

Според членовите 19, 34, 36, 39 од Конвенција за правата на детето, државите-потписнички се обврзуваат да ги штитат децата од сите облици на сексуално искористување и сексуално малтретирање, да ги заштитат од физичко или емоционално насилство, злоупотреба и запоставување, од сите облици на сексуално искористување и сексуална злоупотреба, од сите други облици на експлоатација штетни за детето и да преземат мерки за подобро физичко и психичко закрепнување, како и за социјална реинтеграција на детето што е жртва.

Темата за одговорно родителство е клучна и таа повлекува одговороност за суштината на постоењето на едно општество, смета психологот Лидија Зорба. Според неа, наспроти популистичката политика која од младите бара да станат родители и на трето дете со интенција за зголемување на наталитетот кој е во опаѓање со децении, реалната ситуација во врска со родителствување е многу лоша. Од една страна има се повеќе брачни двојки кои се лекуваат од стерилитет дури и во поодминати години и за тоа даваат огромни средства по приватни болници, од друга страна многу млади едвај дека помислуваат да стапат во брак и да родат дете затоа што општеството од нив бара да завршат факултети, магистратури, да купат луксузни станови, да прават големи кариери.

Младите, смета Зорба, повеќе не веруваат во патетичните филмувани глорификации на родителската улога. Тие брзо дознаваат дека без економска сигурност, животот со дете е уште понесигурен. И не само тоа. Трчајќи по некакви општествени, европски или други стандарди, луѓето почнуваат да ги забораваат вистинските животни потреби, меѓу кои е и потребата да се биде родител.

“Да се биде родител прво значи да се роди дете со љубов и поради љубов со партнерот, да се биде подготвен добар дел од животот (времето, енергијата, парите, посветеноста) да се одвои за одгледување на детето. Да се биде одговорен родител, тоа пред се значи да се биде одговорен човек, маж или жена. Кога мажот и жената не се зрели да станат родители, а сепак раѓаат дете, тие влегуваат во ризик и самите никогаш да не созерат и нивното дете всушност никогаш да не види модел на зрел татко или мајка. Кога родителите не се зрели како личности, детето обично станува товар, трошок, замор, изговор за многу неостварени желби на еден или

Page 3: ОСТАВЕНО БЕБЕ: Одговорно родителство, што е тоа?

двајцата родители, изговор за развод или останување во брак”, вели м-р Лидија Зорба, од Центарот за применета психологија “Зорба Консалтинг” .

Таа додава, дека кога родителите не се зрели личности, тие не уживаат во растењето на детето, напротив, или го отфрлаат на еден или друг начин, или пак врз него го истураат бесот за сопственото незадоволство и чувство на неисполнетост. Според неа, не е никаква тајна дека повеќето родители ги тепаат децата, исто како што многу деца редовно гледаат како родителите меѓу себе се тепаат. Исто така не е никаква тајна дека во домовите за деца без родители, повеќето деца имаат по еден, а некои и по двајца живи и здрави родители кои едноставно не сакаат да се грижат за нив!

Одговорното родителство се учи во домот!

Според психолозите одговорното или зрелото родителствување се учи дома, од сопствените родители. Ако детето немало зрел, одговорен и посветен родител и самото несвесно ќе стане таков родител. Затоа,експертите заклучуваат дека од клучно значење е едукацијата на младите луѓе, за тоа како да созреат на начин кој подразбира одговорност за себе и за семејството кое планираат да го создадат. Тоа не може да се постигне со верско популистички кампањи, туку со долгорочна мудра социјална и демографска политика, преку флексибилни и систематски проекти кои ќе се изработуваат и реализираат темелно и професионално и ќе започнуваат уште со првите денови од воспитување и образованието на сегашните и идните родители.

За судбината на четиримесечното бебенце кое во центарот на Скопје било оставено на хауба, се заинтересира и Хелсиншкиот комитет за човекови права. Овде според нив, проблемот треба да се гледа подлабоко, бидејќи системот за заштита на децата кои живеат во социјален ризик и дисфункционални семејства не ги користи сите механизми да ја детектира и следи состојбата на децата – потенцијални жртви на насилство. Најчесто реакциите стигнуваат подоцна, бидејќи не се врши поголем надзор од службите кои треба да знаат каде може да се случат или да се очекуваат вакви реакции на оставање на дете или негово малтретирање, сметаат од Хелсиншкиот комитет. Велат, будно ќе ја следат состојбата. На потег според нив се надлежните од Центарот за социјални работи и МВР .

Четиримесечното женско бебенце според лекарите, засега е во стабилна здравствена состојба и е под постојан надзор на Одделот за интензивна нега на Скопската Клиника. Истрагата треба да утврди што точно се случувало во саботата навечер и кој и зошто си поиграл со судбината на бебето, а сéуште се чека и на расветлување на случајот со бебето Најден.

Б.С.