Деформитети на 'рбетниот столб

22
Deformiteti na rbetniot stolb * Сколиоза * Кифоза * Лордоза

Upload: capital400

Post on 02-Jul-2015

8.029 views

Category:

Documents


4 download

TRANSCRIPT

Page 1: Деформитети на 'рбетниот столб

Deformiteti na

‘rbetniot stolb

* Сколиоза

* Кифоза

* Лордоза

Page 2: Деформитети на 'рбетниот столб

Деформитетите кои настануваат во текот на развојот на телото под дејство на надворешни фактори, кај децата главно се поврзани со промени во ‘рбетниот столб. Причините за тоа се неправилното седење или држење на телото, пришто може да се појават деформитети од видот на:

- Странично искривување на ‘рбетот во фронтална рамнина (сколиоза)

- Зголемена кривина на ‘рбетот наназад (кифоза)

- Зголемена кривина на ‘рбетот нанапред (лордоза)

Page 3: Деформитети на 'рбетниот столб

Деформитети на ‘рбетниот столб

Page 4: Деформитети на 'рбетниот столб

СКОЛИОЗАШто е сколиоза?

Нормално, ‘рбетот има три кривини, една на вратот, една во горниот дел на грбот и една во долниот дел од грбот. Овие кривини може да се видат ако човекот се посматра странично, но ако се гледа од назад ‘рбетот изгледа прав. Сколиоза е странично искривување на ‘рбетот. Наместо да биде прав, тој добива облик на буквата S или на буквата C.

Page 5: Деформитети на 'рбетниот столб

СКОЛИОЗАШто ја предизвикува?

* Кај некои особи постојат

други проблеми, како повреди кои доведуваат до мускулен спазам, повреди на ‘рбетот, нееднаква должина на нозете или проблеми со мускулната контрола (на пр. церебрална парализа), кои доведуваат до странично искривување на ‘рбетот. Ако овие проблеми можат да се излекуваат ќе се излекува и сколиозата.

* Во најголемиот број на случаи, не знаеме што ја

предизвикува. Тоа е т.н. идиопатска сколиоза.

Page 6: Деформитети на 'рбетниот столб

СКОЛИОЗАКој може да ја добие?

Може да ја добие секој, во било која возраст. Почесто се јавува кај девојчиња отколку кај машки. Одприлика 1:10-20 девојчиња развиваат сколиоза во периодот на интезивен раст, во раната адолесценција (од 9-14 години).

Во најголем број на случаи сколиозата е блага и нема потреба од третман. Кај машките, сколиозата е поретка. Кај нив најчесто се јавува на возраст помеѓу 12-14. Може да се јавува фамилијарно. Ако родителот, братот или сестрата имаат сколиоза треба да се прегледа детето.

Page 7: Деформитети на 'рбетниот столб

СКОЛИОЗА

Кои се знаците и симптомите?

* Обично нема болки. * Едното рамо е повисоко од другото. * Нееднаков (ирегуларен) струк.* Едниот колк е повисок од другиот. * Наведнатост кон едната страна. * Ребрата се испакнати на едната страна од градниот кош.* На рендгенска слика се гледа сколиоза.

Page 8: Деформитети на 'рбетниот столб

СКОЛИОЗА

Page 9: Деформитети на 'рбетниот столб

СКОЛИОЗАКако се третира?

Повеќето деца немаат потреба од третман. Единствено треба да одат на контролни прегледи, за да лекарот види дали се влошува искривувањето. Ако се влошува, докторот може да предложи детето да носи корсет. Корсетот оди под рацете и го опфаќа градниот кош, долниот дел на ‘рбетоти колковите. Ако и понатаму продолжува искривувањето докторот може да советува хируршка интервенција со која ќе се исправи ‘рбетот. Обично хируршката интервенција е успешна.

Page 10: Деформитети на 'рбетниот столб

СКОЛИОЗА

Page 11: Деформитети на 'рбетниот столб

СКОЛИОЗА

Page 12: Деформитети на 'рбетниот столб

КИФОЗАШто е кифоза?

‘Рбетот заболен од кифоза, покажува искривување на горниот дел на грбот, давајќи му да детето т.н. излгед на грпка.Кифозата е дефинирана како закривување на ‘рбетот со конвексност. Таа е ексесивна или патолошка кога степенот на искривеност изнесува повеќе од нормалните 20 до 45 степени. Се забележува на рендгенска снимка земена од страна (странично). Ексесивната кифоза може да биде флексибилна и структурна.Кифозата претставува вид на деформитет на ‘рбетот и не треба да се меша со лошото држење на телото (грбот).

Page 13: Деформитети на 'рбетниот столб

КИФОЗАШто ја предизвикува кифозата?

Кифозата може да биде вродена (уште на раѓањето), или може да се добие поради следниве причини:* метаболитички проблеми* невромускуларните појави* osteogenesis imperfecta – т.н. болест на кршливи коски ; појава која предизвикува коските да се прекршат со минимална сила* спина бифида* Шермановата болест – состојба која предизвикува ‘рбетниот столб да се искриви во горниот дел на грбот. Причините за оваа болест се непознати, и таа почесто се сретнува кај машкиот пол.

Page 14: Деформитети на 'рбетниот столб

КИФОЗАКои се симптомите на кифозата?

Најчести симптоми на кифозата се:- нееднакви рамена- главата се навалува нанапред- разлика во висината или местото на лопатката- цврсти тетиви под коленото- кога се наведнува особата, висината на горниот дел од грбот изгледа повисока од нормално

* Болки во грбот, нозете, и промени во дигестивниот и системот за лачење не се причини за кифоза. Доколу детето ги има и овие симптоми, потребно е да се јави на медицински преглед.

Page 15: Деформитети на 'рбетниот столб

КИФОЗА

Page 16: Деформитети на 'рбетниот столб

КИФОЗА

Page 17: Деформитети на 'рбетниот столб

ЛОРДОЗАШто е лордоза?

Нормалниот ‘рбет, гледан од позади изгледа прав. Меѓутоа, ‘рбетот кој има лордоза кога се набљудува странично се забележува искривеност во долниот дел на ‘рбетот. Ако кај кифозата има искривеност на горниот дел овде кај лордозата таа искривеност е на долниот дел од ‘рбетот.

Што ја предизвикува лордозата?

Причините за појава на лордоза најчесто се непознати. Меѓутоа, лордозата се поврзува со лошото држење ‘рбетот, ако е вроден проблем, операција на грбот или проблеми со колковите.

Page 18: Деформитети на 'рбетниот столб

ЛОРДОЗАКои се симптомите на лордозата?

Секое дете може да ги доживее различно. Главна клиничка особеност на лордозата е истакнувањето се разликуваат, со оглед на тоа ако лордозата се јави со други дефекти, како што се мускулната дистрофија, развивачка дисплазија на колкот или невромускуларни нарушувања.

Page 19: Деформитети на 'рбетниот столб

ЛОРДОЗАКако се третира лордозата:

Ако докторот одлучи дека конзервативниот третман е најдобар, тогаш тој вклучува:- лекарства за да се смири болката и да се намали испакнатоста- физикална терапија да се обнови силата и флексибилноста на особата и да се зголеми опсегот на движење- ортопедски помагала (корсети) – за да се контролира зголемувањето на кривината, посебно кај деца и тинејџери- намалување на телесната тежина до идеална* Ако искривеноста на ‘рбетот е група и предизвикува други симптоми, тогаш вештачката замена на ‘рбетните дискови и кифопластија се можни хируршки третмани за лордозата.

Page 20: Деформитети на 'рбетниот столб

ЛОРДОЗА

Page 21: Деформитети на 'рбетниот столб

ЛОРДОЗА

Page 22: Деформитети на 'рбетниот столб

Преглед на деформитетите на ‘рбетниот столб