обредни песни

10
изработиле: Мартина Ѓоревска Ангела Трајковска Илче Ангелевски I-2

Upload: -

Post on 10-Jul-2015

953 views

Category:

Documents


10 download

TRANSCRIPT

Page 1: обредни песни

изработиле:Мартина ЃоревскаАнгела ТрајковскаИлче Ангелевски

I-2

Page 2: обредни песни

Цикличноста на годишните времиња, според народните претстави во најголема мера зависи од успешно извршените обреди во текот на целата календарска година. Како базичен, неоткинлив, суштински елемент за успешно извршување на обредот, се јавува одреден текст и мелодија, преку коишто се искажува пораката на учесниците. Затоа за време на ваквите обреди се пеат текстови со соодветна тематика.

Според карактеристиките на обредноста, и песните може да се категоризираат во три специфични групи: 1. Обредни песни поврзани со календарскиот циклус; 2. Обредни песни поврзани со животниот циклус; 3. Обредни песни поврзани со пригодните обреди.

Page 3: обредни песни

Обредни песни поврзани со календарскиот циклус

Во зимскиот обреден циклус, особено во периодот на божикните празници, се пеат на Коледе т.н.”коледарски или василички” песни. Песните што се пеат покрај коледарскот оган “се мрсни”, а нив најчесто ги пејат машките деца и млади момчиња.За празникот Богојавление, Војордани или Водици се пееле “водичарски песни”. Содржината на водичарските песни е со повеќе христијански елементи. “ Извела се, честа гора / И над море, над море/ И по неја седмокрили / Јангели, јангели”.Пролетно-летниот обреден циклус изобилува со богатство на обредни песни. Теренските истражувања покажаа дека на празникот Лазарева сабота - Лазарица не се памети организирање на лазарски групи, ниту пак се паметат лазарски песни. Во Ореше и во Теово, се паметат лазарките - Циганки кои иделе од други села или од градот. Најчесто тоа биле две возрасни жени коишто тропале на дајре и ѕвончиња а помало девојче играло во дворот на домаќините.Во Теово, на втор ден Велигден - селаните во минатото оделе “На покрсти”. Крстите ги носеле по меѓите на нивите, како и по синорот, наречен “Уши Оморски”- помеѓу с.Теово и с. Оморани. Таму се пееле велигденски песни: “Крсти носиме Бога молиме /крсти носиме Бога молиме дос, дос...иии! /Да ни се роди жито и вино / да ни се роди жито и вино дос, дос...иии!

Page 4: обредни песни

Во овие обредни песни, исто како, и во ѓурѓовденските обредни песни се среќава архаичниот рефрен ”дос, дос” и извикот на крајот од стихот. За разлика од с. Теово, во с. Ореше на покрсти се оди на Ѓурѓовден за да биде плодна година.Кинисале чесни крсти / по поле, по поле /Да се роди дар бериќет/ дар бериќет по полето” Ѓурѓовденскиот обреден циклус е најбогат со обредни песни, што говори дека овој празник е од посебно значење за сите истражувани села. Во село Теово, ѓурѓовденски и биљарски песни се пееле вечерта пред Ѓурѓовден и утрото на Ѓурѓовден. Вечерта жителите на целото село одат на крајот од селото каде што се пеат- “сите песни”. Додека берат билки најчесто се пеат песни чијашто содржина е посветена на природата и здравјето на луѓето, стоката и посевите.Утрото кога ќе се вратат во селото, на јаворот се ”лељаат” на лулки и пеат, пак, ѓурѓовденски песни во коишто, освен пораките за здравје застапени се мотивите за предбрачно комуницирање на младите. Интересно е тоа што се пеат ѓурѓовденски песни коишто се однесуваат на различни статусни категории- млада девојка, мажена жена, ерген, женет итн.

Page 5: обредни песни

Структурата, пак, на ѓурѓовденскиот обред во Ореше во многу нешта се совпаѓа со истиот во с. Мелница. Во Мелница на Ѓурѓовден одат во месноста Дул, додека пак во Ореше, во манастирот св. Ѓорѓија. И во двете села на тие места берат билки. И во с. Ореше и во с. Мелница учесничките при пеењето на ѓурѓовденските песни се делат на две групи, при што едната група пее на другата. Во с. Мелница, групата на Горно маало пеела на Долно маало, “едните оданде река, другите одавде река”, а во Ореше една група на жени на друга група жени - на крст село; утрото на ден Ѓурѓовден, и во двете села жените одат на река, на вода да се мијат со китки - за здравје. Во с. Теово за разлика од село Ореше и с. Мелница, утрото, според традицијата, еднаш во годината се мерат на кантар. Од сегашните жители на с. Г. Врановци дознаваме дека не пееле ѓурѓовденски обредни песни.Руса среда е празник којшто во Теово е одреден како ден за правење црепни додека, пак, во с. Ореше обичајот на правење на црепни не е одреден со датум. “Грнчарот грнци праеше, /Грнците не му траеја /Девојките црепни праеја /Црепните им траеја” Во селото Ореше за разлика од другите села, се слави Спасовден кога, исто како, и на Ѓурѓовден младите се нишаат на нишалки и пеат песни од пролетниот обреден циклус.

Page 6: обредни песни

Обредни песни поврзани со животниот циклус Најголем дел од обредите од животниот циклус се

проткаени со народни песни (говорни формули со одредена мелодија) кои се дел од обредно - магиските дејствија кои се од суштинско значење за нивно успешно делување. Иако песните поврзани со раѓањето се доста ретки, во с. Мелница забележавме дека 16-от ден од раѓањето на новороденчето, родилката и детето ги носат во куќата на нејзината мајка со погача и алва. Тогаш се пее песната: .../ чекај ме денес в недела, /ако сум нивна, мајко, роднина/ чекај ме денес, в година /со машко дете на раци мајко /Синија алва на главе, /синија алва на главе, мајко бела погача под мишка, /со лудо младо пред мене.Свадбените обичаи, во сите четири села, изобилуваат со свадбарски обредни песни поврзани со свршувањето на невестата, зачешлување на невестата, плетење на венецот, доведување на невестата во домот на момчето и др.

Page 7: обредни песни

Обредни песни поврзани со пригодните обреди

Од пригодните обреди во с. Теово е застапен обредот Додоле. Ако не врне, “ојдодолките” пеат додолски песни со цел да предизвикаат дожд. Во с. Мелница не се пеат обредни песни туку се изрекуваат молитви т.е . “доваат дова” - го молат бога за дожд. Во с. Ореше добивме информации дека додолски песни не се пејат.“Ој додоле мили доже Ај заврни, ај загрми Ај зароси ситна роса Да се роди виножито”

Page 8: обредни песни

Коледе ледепаднало гредеутепало дедедеде се мачибаба го квачисо четири јајцагускини, шаткини.Денес е Коледе,утре е Божиќќе колеме телетеле вика лелене колете менеќе ви купам зељеда месите питада јадете сите.Коледееееееееее…

Page 9: обредни песни

Збирајте се дечиња, стред село на грејачка,

огон да си палиме, за да се изгреиме,

оти после ќе одиме, Коледа да викаме,

костење да збираме, за Бадник да јадиме,

Божик да го чекаме, и прасе да јадиме.

Page 10: обредни песни

Збирајте се дечиња, стред село на грејачка,

огон да си палиме, за да се изгреиме,

оти после ќе одиме, Коледа да викаме,

костење да збираме, за Бадник да јадиме,

Божик да го чекаме, и прасе да јадиме.