Млеко и млечни производи

11
МЛЕКО И МЛЕЧНИ МЛЕКО И МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ ПРОИЗВОДИ Изработи: Александар Арсовски Професор: Ефимија Југова

Upload: aleksandar-arsovski

Post on 20-Jul-2015

120 views

Category:

Education


13 download

TRANSCRIPT

Page 1: Млеко и млечни производи

МЛЕКО И МЛЕЧНИ МЛЕКО И МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИПРОИЗВОДИ

Изработи:Александар Арсовски

Професор:Ефимија Југова

Page 2: Млеко и млечни производи

• Млекото најчесто значи хранлива течност произведена од женките цицачи. Тоа ја обезбедува основната исхрана на новороденчињата пред нивниот организам да може да дигестира различни видови храна.

• Истиот термин може да се користи и за:

- белиот сок и обработеното месо на кокосот, најчесто во течна форма, кои се користат во тајландската, индиската и полинезиската кујна.

- неживотинска замена на млекото, како што се млекото од соја, ориз и бадем.

Page 3: Млеко и млечни производи

Состав на млекото:Состав на млекото:

• Просечниот состав на кравјото млеко е околу 87%вода и 13% суви остатоци.

– 1,0% минерали– 3,2% липиди– 3,2-3,5% белковини– 4,2% шеќери– 4,7% липиди

Составот на млекото варира во зависност од повеќе фактори, како што се: возраст, раса, исхранетоста на животното, годишното време и сл.

Состав Човек Крава Овца Коза Коњ Бивол

Вода 87,2 % 87,5 % 82,7 % 86,6 % 90,1 % 82,8 %

Јаглехидрати 7,0 % 4,8 % 6,3 % 3,9 % 5,9 % 5,5 %

Млечни масти

4,0 % < 4,2 % 5,3 % 3,7 % 1,5 % 7,4 %

Белковини 1,5 % 3,5 % 4,6 % 4,2 % 2,1 % 3,6 %

Елементи во траги 0,3 % 0,7 % 0,9 % 0,8 % 0,4 %

Page 4: Млеко и млечни производи

Хемиски состав на млекотоХемиски состав на млекото

• Вода –Водата во млекото е застапена околу 87%. Големиот процент на вода го прави млекото со мала енергетска вредност.

• Протеини – Главна карактеристика на протеините од млекото е дека ги содржат сите есенцијални аминокиселини што се неопходни за нормален раст и развој на организмот.

• Масти – Содржината зависи од видот на млекото и од содржината на шеќери и масти во исхраната на цицачот.

• Јаглехидрати – Најзастапен шеќер е лактозата.

• Минерални материи – Калиум, калциум, натриум, фосфор, магнезиум, хлор. Најголемиот дел од минералните материи се наоѓаат растворени во млекото.

• Витамини - Витамини од групата В. Количеството на А и С завизи од исхраната на животното.

Page 5: Млеко и млечни производи

Млечни производи:Млечни производи:

• Крем,• Путер,

• Јогурт

• Сладолед• Сирење • Кајмак • Суритка

• Пудинг

• Шлаг• Кисело леко

• Кашкавал

• Урда• Сушено млеко• Млеко во прав• Кефир

• Павлака

Page 6: Млеко и млечни производи

• Конзервирање на млеко – Веднаш по молзењето треба да се олади на температура од 2С до 8С.

• Пастеризирано млеко – Најдоцна 24 часа од молзењето млекото се филтрира или центрифугира и топлински се обработува

• Стерилизирано млеко – Се добива со загревање од 135С до 150С. Потоа се лади и се полни во стерилни амбалажи па се пушта во промет.

Page 7: Млеко и млечни производи

Млечни производи:Млечни производи:

• Млеко во прав – се добива со сушење на полуобрано или обрано млеко. Тоа се пакува во хартиени кесеи, картонски кутии, метални кутии т.е материјали што се непропустливи за влага, гасови и светлина.

• Кисело млеко и јогурт – Тоа се бели или бело жолти производи со хомогена конзистенција и пријатен кисел вкус.

• Кефир – Тој е сличен на јогуртот и киселото млеко со карактеристичен вкус и густа конзистенција. Пријатниот мирис му доаѓа од малата количина на алкохол и јаглерод диоксид.

• Кимус – Се добива од млеко од кобила. Ова за разлика од кравјото и козјото има поголемо количество лактоза.

Page 8: Млеко и млечни производи

• Павлака – се добива со одвојување на млечните масти од преостанатите состојки на млекото. Во промет има два вида павлака кисела и блага. Содржината на мастите не смее да е помала од 10%. Има пријатен вкус и специфична арома.

• Путер – За да се добие путер потребна е павлака, таа се гмечи во посебни садови и се добива путер.

• Кајмак – Се добива со редење на скрамата од провриеното и оладено млеко. Таа се реди во дрвени буриња со ладење. Има висока енергетска вредност што содржи 40% масти и претставува богат извор на витамините А и Д.

Page 9: Млеко и млечни производи

Сирење

Сирењето е производ што се добива со додавање сириште или со млечно-кисела ферментација на млекото со помош на павлака, кисело

млеко или матенца.

• Тврди сирења: Имаат различен облик, со шуплини или без. Тие имаат 35-45% вода.

• Полутврди сирења:Имаат различен облик, нежна, мека структура. Лесно се сечат. Имаат 40-50% вода.

• Меки сирења:Меките сирења со мувли се добиваат со додавање на чисти култури на мувли.

• Топени сирења:Се добиваат со мелење, мешање, топење и емулгирање на еден или повеќе видови сирења со додаток на млечни производи. Тие можат да се мачкаат.

Page 10: Млеко и млечни производи

Ви ги претставуваме 11те факти за млекото кои Ви ги претставуваме 11те факти за млекото кои сигурно досега не сте ги знаелесигурно досега не сте ги знаеле

1. Млекото содржи соматски клетки, кои се всушност крвни клетки кои се борат против инфекции.

2. 345 стисоци се потребни за да се наполнат четири литри млеко.

3. Млекото се состои од 85 до 95 проценти вода. Остатокот се белковини, шеќер, масти, витамини и други хранливи материи.

4. Протеините во млекото содржат аминокиселини многу важни за нормалното функционирање на човечкиот организам.

5. Млекото може да биде доста штетно, доколку на неговото пакување пишува дека е користен HGH хормон за количинско поголемо произведување на млекото.

6. Антибиотиците и лактозата не се поднесуваат. Затоа, оставете го сладоледот, јогуртот или млекото додека консумирате антибиотици.

Page 11: Млеко и млечни производи

7. Полномасното млеко е поздраво отколку млекото со намалена масленост. За некое чудо, полномасното млеко покажало дека е поделотворно кога станува збор за намалување на тежината.

8. Млечната маст разубавува. Одлична е за косата, ја зацврстува и го враќа природниот сјај.

9. Ако видите знак или текст кој означува дека млекото поминало низ ултра висока температура заради пастеризација, знајте дека тоа изгубило околу 60 проценти од хранливите материи.

10. Млечните крави добиваат додаток од житарици, покрај стандардната исхрана, за квалитетот и хранливоста на млекото да биде поголемо.

11. Не сте приморани да го пиете млекото. Доколку не уживате во вкусот на млекото, практикувајте ги сирењата, кашкавалите и павлаките. Тие се исто толку богати со лактоза колку и млекото.