првата светска војна

9
„Првата светска војна“

Upload: nakeska

Post on 06-Aug-2015

269 views

Category:

Documents


4 download

TRANSCRIPT

Page 1: првата светска војна

„Првата светска војна“

Page 2: првата светска војна

„Причини за првата светска војна“ Кон крајотна XIX век доаѓа

до спротивности помеѓу постарите(В.Британија, Франција, Холандија, Русија.) и поновите(Германија, Италија, Австро-Унгарија) капиталистички држави. Постарите капиталистички држави господареле со најголем дел од колониите, светските пазари, ефтината работна снага, енергетските извори и сл. Такви суровини им биле потребни и на новите капиталистички држави. Бидеќи овие недоразбирања не можеле да се решат по мирен пат Германија почнала да се подготвува за нова поделба на светот.

Page 3: првата светска војна

„Повод за првата светска војна“

Како повод за војна, земјите на Тројниот сојуз(1882г.) го искористиле Сараевскиот атентат, кој се случил на 28.јуни.1914г. во Сараево, кога бил убиен австроунгарскиот престоло наследник Франц Фердинанд и неговата сопруга, од Гаврило Принцип, член на тајната револуционерна организација Млада Босна. Австро-Унгарија го искористила овој настан и и испратила ултиматум со речиси не прифатливи барања.

Франц Фердинанд и неговата сопруга

Гаврило Принцип

Page 4: првата светска војна

„Почеток на првата светска војна“ После испратениот

ултиматум, Австро-Унгарија, подржувана од Германија и објавила војна на Србија на 28 јули 1914год. Србија побарала помош од Русија која застанала на нејзина страна и започнала подготовки за војна. Германија го искористила овој настан и на 1 август 1914г. и објавила војна на Русија, а 2 дена потоа на 3 август 1914г. им објавила војна на В.Британија и Франција. Така на 12 август 1914г. започнала првата светска империјалистичка војна која траела 4 години.(1914-1918год.)

Page 5: првата светска војна

„Фронтови за време на првата светска војна“

Западното боиште се карактеризира со жестоки битки помеѓу германската од една и англиската заедно со француската од друга страна. Во септември 1914г. со битката кај реката марна било запрено германското навлегување. Војната на Западниот фронт понатаму добила позиционен(рововски) карактер. Во текот на 1916г. на западното боиште се воделе најзначајните и најкрвави битки во оваа војна, а тоа се битките кај Вердун и кај реката Сома. Во овие две битки загинале околу 1 800 000 војници.

Фронтови за време на првата светска војна биле: Балкански или јужен, западен, источен и македонски фронт. Есента 1914год. на Балканскиот фронт српската војска успеала да и нанесе неколку порази на Австро-Унгарската војска и да го одбегне нејзиниот напад. Но, подоцна во октомври 1915г. На Србија и објавила војна и Бугарија која притоа пристапила кон тројниот ссојуз, српската војска била принудена да ја напушти Србија и да се повлече на островот крф. Тогаш војските на Тројниот сојуз ги окупирале Србија и Црнагора.

Балканско боиште-Балканската армија

Западно боиште

Page 6: првата светска војна

Во пролетта 1916 год. бил создаден нов фронт на балканот т.н. Македонски фронт.фронтовската линија се протегала од Охрид до Орфанскиот залив. Од северната страна на овој фронт била сконцентрирани војските на централните сили(германските, австро-унгарските, бугарските и турските), а на јужната страна се наоѓале војските на антантата(италјанските, француските, српските, англиските и грчките. Во редовите на девте завојувачки страни присилно биле принудени да се борат илијадници мобилизирани Македонци.

На источното боиште, руската војска во почетокт на војната превзела голема офанзива и навлегла на териториите на Германија и Австро-Унгарија, но покасно во контра офанзива во неколку битки (особено кај Мазурските езера ) руската војска била принудена на повлекување на целиот источен фронт. Во Русија во ова време се појавило големо национално незадоволство, кое во 1917г. прераснало во Револуција(февруарска и октомвриска). Русија од војната излегла потпишуваќи мир со Германија во 1918г.

Револуцијата во Русија

Од македонскиот фронт

Page 7: првата светска војна

„Крајот на војната “ Во 1918г. насекаде се

воделе решавачки битки. На сите фронтови Антантата била во офанзива. Во септември 1918г. капитулирала Бугарија, а војските на Антантата преку Македонија и Србија продолжиле на север да ги гонат разбиените германски и австро-унгарски војски. Австро-Унгарија се распаднала и во ноември 1918г. капитулирала. На 11 ноември 1918г. , капитулирала Германија и со тоа бил означен крајот на Првата светска војна.

Page 8: првата светска војна

„Последици од првата светска војна“

По војната во Версај(близу Парис) од 1919г.-1920г. била одржана мировна конференција каде што се исцртале новите граници на европските држави. Првата севтесла војна која траела 4 години, била неправедна и имала империјалистички карактер. Првата светска војна по жртвите и разурнувањата ги надминала сите дотогашни војни. Во војната учествувале 33 држави, погинале или умреле од глад и болести околу 30 милиони луѓе. Биле направени и големи материјални штети кои се од непроценлива вредност.

Page 9: првата светска војна

„Првата светска војна“

Изработиле: Ана Наќеска, Мариана Штерјоска и Елена Штерјоска