Поднесена е инцијативата за заедничко и одговорно...

3

Click here to load reader

Upload: first-childrens-embassy-in-the-world

Post on 07-Aug-2015

36 views

Category:

Law


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: Поднесена е инцијативата за заедничко и одговорно родителство и по развод до МТСП

Поднесена е инцијативата за заедничко и одговорно родителство и по развод до МТСП

Денес (10 јули 2015) и официјално иницијативата на Групата родители и Првата детска

амбасада во светот Меѓаши за заедничко и одговорно родителство и по развод беше

доставена до Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија

До

Кабинет на Министерот за Труд и Социјална Политика на Република Македонија,

г-дин Диме Спасов

Одделение за брак и семејство при Министерството за Труд и Социјална Политика на

Република Македонија,

г-ѓа Елка Тодорова

Почитувани,

Како резултат на сегашната пракса, во која по развод децата се приморани да останат да

живеат со само едниот родител, а на другиот родител му се овозможува крајно редуциран

контакт со своите деца, ја започнавме оваа иницијатива со цел да се смени сегашната

неодржлива ситуација. Сметаме дека е апсурдно државата да ни го ограничува контактот со

Page 2: Поднесена е инцијативата за заедничко и одговорно родителство и по развод до МТСП

нашите деца иако ние сакаме и можеме еднакво одговорно да ги извршуваме нашите

родителски обврски како и додека сме биле во брак. Наместо да се запазат интересите на

децата, со сегашната пракса на децата дополнително им се зголемуваат потешкотиите – освен

прифаќањето на разделбата на своите родители, децата мора да се приспособат на ситуација

во која едниот родител во голема мерка го снемува од нивните животи.

Моделот на подеднакво родителство и по развод кој го предлагаме е комплетна спротивност

на досегашната пракса кадешто децата поминуваат поголем дел од времето со едниот

родител кој сам ги донесува сите битни одлуки за децата, а улогата на другиот родител се

состои во повремени средби со децата, без да има било какво позначајно влијание во нивниот

раст и развој.

Усвојувањето на овој предлог ќе донесе повеќекратни придобивки за општеството:

- одгледување на здрави генерации деца кои би продолжиле да растат со двата родитела,

користејќи ги капацитетите на двата родитела и полесно надминувајќи ја разделбата на

родителите;

- рамноправна положба на двата родитела по разводот и упатување на меѓусебен договор во

интерес на децата (главната причина за малиот процент на договорни разводи досега е

нерамноправната положба на родителите – родителот кој знае дека ќе го добие детето на

чување и воспитување нема интерес да се договори со другиот родител и често ги користи

децата како средство за пресметка со поранешниот партнер);

- Пократки процеси и полесно одлучување пред судовите и во ЦСР, а со тоа и ослободување на

ресурси;

- Избегнување на дискриминација и создавање незадоволни граѓани;

Со оглед на тоа што овој проблем станува се поголем со зголемувањето на бројот на разводи и

засега се поголем дел од популацијата, сметаме дека е дојдено време да се направат

потребните промени во насока на заштита на интересите пред се на децата и да се овозможи

рамноправно остварување на родителските права и обврски и по развод. Како поткрепа на ова

е и фактот што оваа иницијатива за кратко време доби силна поддршка од широк круг на луѓе

– родители (мајки и татковци), професионалци од различни сфери (правници, психолози,

педагози), од Првата детска амбасада во светот Меѓаши итн.

Предлог измената на закон која ја доставуваме е прва нацрт верзија подготвена во

консултација со професионалци од разни области. Ја доставуваме прво до вас како надлежно

Министерство, но ќе биде доставена и до разни други институции кои се засегнати со оваа

проблематика. Во периодот Септември / Октомври ќе организираме заедничка трибина на

која по предлог промената на законот ќе се произнесеме ние како предлагачи, професионалци

од разни области, а секако ќе бидете поканети и вие како законодавци да го изложите вашето

мислење. Како резултат на таа дискусија, би требало да произлезе конечната верзија на

предлог промената на закон.

Се надеваме дека вашето Министерство ќе застане зад оваа иницијатива и ќе ги предложи

потребните измени на Законот за семејство пред Собранието на Република Македонија.

Page 3: Поднесена е инцијативата за заедничко и одговорно родителство и по развод до МТСП

Со почит,

Граѓанска Иницијатива на група родители

за воведување на подеднакво родителство и по развод

Претставник

Наум Рибароски

Прва детска амбасада во светот Меѓаши

Извршен директор и основач

м-р Драги Змијанац