Улогата на ММФ

29
Семинарски труд МЕЃУНАРОДНА ЕКОНОМИЈА Наслов: УЛОГАТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН ФОНД - ММФ Професор: Студент: Скопје,

Upload: julie-stojkova

Post on 26-Dec-2015

26 views

Category:

Documents


2 download

DESCRIPTION

УЛОГАТА НА ММФ ВО БАНКАРСКИОТ СИСТЕМ

TRANSCRIPT

Page 1: Улогата на ММФ

Семинарски труд

МЕЃУНАРОДНА ЕКОНОМИЈА

Наслов: УЛОГАТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН ФОНД - ММФ

Професор: Студент:

Скопје,

Page 2: Улогата на ММФ

Содржина:

1. Вовед.............................................................................................................................3

2. Почетоци и развивање на Меѓународниот монетарен фонд...........................4

3. Развивање и проширување на Меѓународниот монетарен фонд....................5

4. Улогата на Меѓународниот монетарен фонд.......................................................6

5.Видови на кредитирање на Меѓународниот монетарен фонд...........................6

6. Република Македонија и Меѓународниот монетарен фонд..............................7

8. Заклучок.......................................................................................................................9

Користена литература

Page 3: Улогата на ММФ

1. ВОВЕД

Меѓународниот монетарен фонд ММФ е единствена меѓународна организација на која и е

дозволено да го надгледува глобалниот финансиски систем преку мониторинг на

странските девизни курсеви и балансите на исплата, како и преку нудење на техничка и

финансиска поддршка кога е потребна. Седиштето на Меѓународниот монетарен фонд е

во Вашингтон.

Меѓународниот монетарен фонд се опишува себеси како ,,Организација на 185 држави,

кои работат на глобално финансиска кооперација, сигурна финансиска стабилност,

олеснување на меѓународната трговија, промоција на вработувањето и на економскиот

раст, и намалување на корупцијата,,. Од сите членки на ОН, само Северна Кореја, Куба,

Лихтенштајн, Андора, Монако, Тувалу и Науру не се интегрирани или пак застапени преку

други членки, односно имаат одлучено да не партиципираат. Меѓународниот монетарен

фонд заедно со Меѓународната банка за обнова и развој делуваат заедно, со цел

воспоставување стабилен систем на меѓународни односи.

Меѓународниот монетарен фонд има три цели: унапредување на меѓународната

монетарна соработка и стабилност на меѓународните монетарни односи, со цел

спречување на девалвациите на националните валути и помош во создавањето на

мултилатерален систем на плаќање во однос на монетарните трансакции меѓу земјите

членки и отстранување на девизните ограничувања кои се пречка за светската трговија.

Фондот е посебно правно лице, со право да склучува договори и да располага со движен

и недвижен имот.

Page 4: Улогата на ММФ

2. ПОЧЕТОЦИ И РАЗВИВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН ФОНД

Во големата депресија во триесетите години на 19 век, економските активности на

водечките индустриски нации доживеаја голема рецесија. Предноста на побогатите

држави во однос на другите земји ја стекнаа со тргување без рестрикции, а

иако ,,големината на питата,, е зголемена во зависност за овој ист како и другите

бенефити дадени на една земја. Светската трговија како и вработеноста и животните

стандарди во многу земји нагло се намалија.

За време на Втората Светска Војна доаѓа до затворање, водечките сојузнички држави

разгледуваа различни планови да ги вратат во ред меѓународните монетарни врски и тоа

го сторија на Бретенвудската конвенција каде беше формиран Меѓународниот монетарен

фонд. Основачките земји членки изгласаа нацрт повелба за една меѓународна

институција да го набљудува меѓународниот монетарен систем и да елиминира девизни

рестрикции поврзувајќи се со трговијата на добра и услуги, за стабилноста на девизните

курсеви.

Меѓународниот монетарен фонд доаѓа во живот на 27 декември 1945 година кога првите

29 земји потпишаа договор за спогодба. Статутарните одредби на Меѓународниот

монетарен фонд денес се истите оние кои биле формулирани во 1945 година. Договорот

во Бретон Вудс, исто така, повикувал на систем на фиксни девизни курсеви кои би биле

уредени од страна на Меѓународниот монетарен фонд . Според овој договор, сите земји

требаше да ја фиксираат вредноста на својата валута со златото, но од нив не се бараше

да ги заменуваат своите валути со злато.

Друг аспект на Бретонвудскиот договор беше преданоста, девалвацијата да не се користи

како оружје на конкурентна трговска политика. Меѓутоа, ако една валута стане премногу

слаба за да се брани, би била дозволена девалвација до 10%, без некакво формално

одобрение од страна на Меѓународниот монетарен фонд . За поголеми девалвации беше

потребно одобрение од Меѓународниот монетарен фонд.

Page 5: Улогата на ММФ

3. РАЗВИВАЊЕ И ПРОШИРУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН ФОНД ММФ

По завршувањето на Втората светска војна заклучно со 1970, капиталистичкиот свет

доживеа нечуен развиток и пораст на примањата. Во капиталистичкиот систем

бенефиктите на пораст не беа распоредени еднакво за сите нации, но севкупно тоа беше

еден пораст на просперитетот, контрастот на тоа директно беше поврзан со учеството на

капиталистичките земји за време на воениот период. Во декадите пред Втората Светска

војна, раздвоеноста означувала просперитет, светската економија и монетарниот систем

биле сведени на билатерално ниво. По Втората светска војна се увидело дека преку

единствениот Меѓународниот монетарен фонд се доаѓа до побрз развоја на државите.

Брзиот развој на технологиите и комуникациите придонесоа за растот на меѓународните

интегративни пазари и за затварање на застарените национални економии. Влијанието на

Меѓународниот монетарен фонд во глобална економија стабилно расте како и приклучува

нови членови.

Во 1995 година Меѓународниот монетарен фонд почна да работи со стандарди за

проширување со водстви на земјите членки на Меѓународниот монетарен фонд за

проширување на нивните економски и финансиски податоци за јавноста. Меѓународниот

монетарен фонд и финансискиот комитет ( ИМЕЦ ) ги потпишаа главните црти за

стандардите за проширување и тие беа поделени на два дела и тоа: Главни податоци на

системот за проширување и Специјални податоци за стандардите за проширување.

Извршниот борд на Меѓународниот монетарен фонд ги одобри двата дела во 1196 и 1997

година.

Page 6: Улогата на ММФ

4. РАБОТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН ФОНД ММФ

Како основни цели на Меѓународниот монетарен фонд се развивање на меѓународната

монетарна соработка, олеснување, ширење и рамномерно развивање на меѓународната

трговија, одржување на висок степен на вработување и реален доход, развиток на

производствените сили и пред се развој на економската политика да придонесе до

стабилност на валутните курсеви, подржување на редовните платни односи помеѓу

земјите членки и спречување на конкуренција помеѓу валутните депресијации.

Флексибилноста на Меѓународниот монетарен фонд се одразува во средствата за

кредитирање на земјите членки и приспособливите паритети на Меѓународниот

монетарен фонд.

5. ВИДОВИ НА КРЕДИТИРАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН ФОНД

Меѓународниот монетарен фонд има три видови на кредити:

Првиот вид е правото на влечење, што значи дека ако на некоја земја членка и требаат

средства, со својата валута може да купи од фондот странска валута, и после одреден

рок е обврзана својата валута да ја откупи од фондот по пазарна цена.

Вториот вид е рамковен кредит, а земјите членки го добиваат кога имаат проблем со

платниот биланс. За да не ја девалвираат својата валута го користат овој вид кредит кој е

со рок на отплата до три години.

Третиот вид потекнува од посебните права на влечење кои претставуваат дополнителни

средства на плаќање во услови на многу сложени меѓународни односи и сложена

меѓународна ликвидност. Меѓународниот монетарен фонд беше подготвен да им даде на

заем странски валути на членките, за да им помогне во текот на кратките периоди на

дефицити во билансите на плаќања, кога брзото затегање на монетарната или

фискалната политика би ја повредиле домашната вработеност.

На земјите им беше дозволено да земаат на заем ограничени износи од Меѓународниот

монетарен фонд без придржување кон некакви специфични договори. Меѓутоа, ектремни

повлекувања од средствата на Меѓународниот монетарен фонд би барале земјата да се

Page 7: Улогата на ММФ

согласи на изразено строга супервизија од страна на Меѓународниот монетарен фонд, врз

нејзините макроекономски политики.

Големите заемопримачи од Меѓународниот монетарен фонд мора да се согласат на

монетарни и фисклни услови поставени од страна на Меѓународниот монетарен фонд,

кои типично вклучуваат задолжителни таргети на Меѓународниот монетарен фонд кои се

однесуваат на порастот на домашната понуда на пари, политиката на девизен курс,

даночната политика, државните расходи итн. Системот на приспособливи паритети

дозволуваше девалвација на валутата на земјата за повеќе од 10% доколку

Меѓународниот монетарен фонд се согласи дека билансот на плаќања на земјата е

во ,,фундаментална нерамнотежа,,. поимот ,, фундаментална нерамнотежа,, не беше

дефиниран во членовите на договорот за Меѓународниот монетарен фонд, но намерата

бесе тој да се применува за земји кои страдаат од трајни негативни нарушувања на

побарувачката за нивните производи.

6. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН ФОНД

Република Македонија е членка на Меѓународниот монетарен фонд од 14 декември 1992

година. Последен аранжман кој Меѓународниот монетарен фонд го одобри на Р.

Македонија беше тригодишниот Стенд-Бај аранжман како поддршка на тригодишната

економска програма на земјата. Истиот беше одобрен во Август 2005 година, а заврши во

Август 2008 година. Неговата вкупна вредност беше 51.7 милиони СПВ (околу 75.8

милиони долари ) што претставува 75% од квотата.

Германскиот весник ,, Ханделсблат,, тврди дека десетина земји од Југоисточна Европа

побарале од Меѓународниот монетарен фонд итни заеми вредни повеќе милијарди евра,

помош за нивните економии погодени од кризата, меѓу нив и Македонија. Дека

Македонија не е во преговори со Меѓународниот монетарен фонд кажа екс министерот за

финасии Трајко Славевски во Јули 2009 год.

Во заклучоците на Меѓународниот монетарен фонд за перформансите на македонската

економија, од последната мисија на фондот во Скопје, се посочува дека таа остро

забавува по високиот раст минатата година. Според Меѓународниот монетарен фонд,

БДП годинава ќе забележи пад од 2 проценти. главен предизвик на земјата, според

Page 8: Улогата на ММФ

меѓународниот кредитор, ќе биде платниот биланс, бидејќи извозот и приватните

трансфери кои опаѓаат го отежнуваат значителното намалување на дефицитот на

тековната сметка. За покривање на јазот, Македонија во јули оваа година емитуваше

еврообврзница, и покрај експертските укажувања дека најповолна варијанта за

задолжување и за надминување на последиците од кризата со Македонија е аранжман со

Меѓународниот монетарен фонд.

Иако Македонија нема договор со Меѓународниот монетарен фонд, оваа меѓународно

финасиска институција има постојан претставник во земјава кој одблиску ги следи

случувањата на економски план. Берт Ван Селм е веќе три години на оваа функција и

прилично добро ги има запознаено слабостите и предностите на македонската економија.

Кога се разговара со него во врска со најголемите предизвици и закани од светската

економска криза за Македонија како и за актуелните политика на власта тој ќе каже:

Проекциите за приходи во буџетот се базирани на многу оптимистички препоставки за

економскиот раст годинава од 5.5% што е пожелна цел, но е неверојатно слочена да се

оствари во услови на тековната светска економска рецесија. Ако се користат пореални

проекции, извршувањето на предвидените трошења во буџетот ќе резултира со уште

поголем дефицит. Затоа буџетот за 2009 треба да биде ревидиран и намален што е

можно побрзо.

Македонија како членка на Меѓународниот монетарен фонд, до Септември ќе има

можност да користи средства од фондот, без аранжман и услови. Станува збор за мерка

која овозможува на секоја земја дел од Меѓународниот монетарен фонд да користи до 77

отсто од својата квота која е во процедура на одобрување и која ќе може да се реализира

од септември. Квотата на македонија е 100 милиони долари, и кога ќе завршат

процедурите на одобрување, ќе има пристап до средствата.

Кредитни линии на Меѓународниот Монетарен фонд.

Во предходниот текс спомнавме кои се главните приоритети на ММФ, сега би се

задржале на кредитирањето од страна на ММФ на своите членки. Веднаш треба да

спомнеме дека кредитните срества на ММФ се мисли на оние кои ги одобрува се во

суштина многу мали во однос на средствата кои ги одобруваат другите финасиски

корпорации како Светска Банка или други меѓународни финасиски системи. Зошто е тоа

така , така е поради тоа што ММФ никогаш не одобрува пари за одредени проекти, главно

и основно е одобрените средстсва служаат исклучиво за отстранување на нерамнотежата

Page 9: Улогата на ММФ

во билансот на плаќање на земјите членки, како и за интервенција на девизниот пазар за

подршка на стабилноста на девизниот курс на националната валута.Овие средства се

претежно како што истакнавме релативно “мали” и истите се со краток рок на враќање,.

ММФ првата квота од 25% или првата транша од бараниот кредит ја одобрува

безусловно,за да се повлечат останатите пари од кредитот мора до ММф земјата барател

да испрати т.н писмо за намери.Ова писмо содржи податоци за земјата барател и

особено сите мерки кои земјата барател ги предлага да ги спроведе во својата

национална економија како би обезебидила макроекономска стабилност,врамнотежен

биланс на плаќања ,стабилен курс на домашната валута во однос на странските валути и

др. Фактички овде станува збор за стабилизациона програма која се изготвува заедно со

стручнаците на ММФ и која земјата барател мора да се придржува. Средства кои се

одобруваат со првата транша за една таква институција како ММФ биле сосема мали и не

ги задоволувале потребите на земјите баратели поради тоа ММФ во својот развој

понатаму ќе воведе разни и многубројни кредитни линии или како милуваат денеска

комерцијалните банки да кажаат разни пакети кои сите се различни и сите имаат разни

специфики.

1. Кредитна линија (Општ зајмовен аранжман) (General Agreement to Borrow)

скратено GAB

Ова линија е воведена во 1962 год. фондот на пари се ставени од страна на 11

индустриски земји и изнесува околу 17 милиарди СПВ(специјални права на влечење) и

плус 1,5 милјарда од Саудиска Арабија со специјална спогодба,. Средствата од ова

линија се даваат на земји во исклучителни ситуации и ако сите земји членки се мисли на

11 земји одлучаат за тоа.

2. Кредитна линија (Дополнителни сретства за компензаторно финасирање

(Compensatory Facility Financing) ili skrateno CFF

Средствата од ова линија се одобруваат на земјите кај кои дошло да озбилни

нарушување во рамнотежата на нивните билансни плаќања и тоа по основ на

нарушувања во трошковната структура на увозот или извозот на житни култури. Рокот на

враќање на овие средства е најмногу до 5 год а една земја може да добие најмногу до

55% од Уплатената квота во фондот.

3.Кредитна линија (ПОМОШ ВО ИТНИ СИТУАЦИИ) (Emergency Assistance).

Сретвата од ова линија се одобруваат на земји кои настрадале од природни стихии со

катастрофални последици, или воени конфликти со цел веднаш да се излезе во пресрет

да се избегнаат големите диспаритети во билансот на плаќање како и во самата

Page 10: Улогата на ММФ

макроекономска стабилност. Најмногу сретства од ова линија се одобруваат во висина од

25% од износот на основната квота а истите треба да се вратаат во рок не подолг од 5

год од денот на ползувањето на истите.

4.Кредитна линија (за формирање на тампон-залихи)(Buffer Stock Financing Facility).

Oва кредитна линија на фондот се однесува на дополнително одобрени сретства од

страна на фондот за да формирање на залихи на стоки со кои земјите можаат да

интервенираат во моментот кога на меѓународниот пазар би дошло до големо

нарушување на цените на примарните производи.Рокот на враќање на овие сретсва е од

3 до 5 год а земјите можаат максимално да се задолжаат со 45% од уплатената квота.

5.Кредитна линија (СТЕНД БАЈ) (Stand-BY)

Ова линија е една од најчесто употребуваните лини на ММФ. Пред се тоа се краткорочни

линии што траат најмногу до 18 месеци од нивното примање и исклучиво служаат за

порамнување на краткорочната нерамнотежа во билансот на плаќањата. За ова линија

може да се каже дека ја користаат повеќето земји со вакви проблеми, межутоа поважно за

неа е што за да можете да ја користите земјата треба да изготви стабилизациона

програма за надминување на проблемите во билансните плаќања а особено да изврши

реформи во сите сектори на стопанството. Карактеристично е да земјата која заклучува

вакви аражмани со ММФ е под стога контрола на ММФ во смисла на тоа дали се

спроведуваат одредените политики договорени помеѓу фондот и земјата корисник.

Можам дакажам дека Република Македонија е корисник или беше корисник на ова линија

или на овој аранжман од ММФ. Инаку срествата од ова линија не се ставаат на

располагање одма него кога ММФ ќе се увери дека земјата спроведува стабилизациона

програма. Срествата од ова линија се сос рок на враќање од 2 до 4 год од денот на

ползувањето.

6. Кредитна линија ЗГОЛЕМЕН ФОНД НА СРЕДСТВА(Extended Fund Facility)- EFF

Oва линија е воведена во 1974 год и пред се се работи за среднорочни кредити и се

одобруваат на земји со нерамнотежа во билансот на плаќањата .За да се одобри овој

заем мора земјата барател да изготви програма за структурно прилагодување а фондот

мора таа програма да ја прифати. Враќањето на заемот е со рок од 4 до 10 год.

7. Кредитна линија (Сметка за Субвенционирање)(Subsidy Account)

Ова линија е формирана во 1975 год од придонесе на земјите членки а срествата биле

одобрувани на како посебни заеми на земји увознички на нафта кои биле најзагрозени од

последиците на нафтениот шок.

Page 11: Улогата на ММФ

8.Кредитна линија за дополнителни сретства за структурно приспособување (Structural

Adjustment Facilitu- SAF)

Oва кредитна линија е една од попознатите или т.н САФ аражмани и исклучиво служи за

структурно приспособување на земјите баратели. Бидејки за ова линија се изготвува

посебна програма а се финасираат и одредени проекти во неа зема учество и Светската

банка. Сретвата од арнжманот се доделуваат со рок на враќање од 10 год и 5 години греј

период од денот на искористување на кредитот.

9.Кредитна линија = Зголемени срества за структурно приспособување или пополарно

познатиот ЕSAF-aranzman(Enhanced Structural Adjustment Facility)

Oва кредитна линија е воведена во 1987 и е наменета за најнеразвиените и

презадолжени земји.За да можаат да користат од овие земји земјите треба да изготви т.н

Документ за рамковната политика со соработка со Светската банка.Рокот на враќање на

овој кредит е до 10 год а годишната каматна стапка е 0,5%.Овој кредит го користаат

огромен број земји.

ММФ во последните години согледувајки ги националните економии во земјите во светот,

големите турболенции кои настануваат во платно билансите на земјите членки, со

поголемиот расчекор помеѓу богатите и сиромашните земји сакајки да помогне на овие

земји вовде многу други кредитни линии кои ќе ги спомнеме подолу и уште воведува се со

една цел подобрување на националните економии, и стабилизирање на платните

биланси и структурни реформи во земјите во транзиција и во земјите во развој. Овде би

ги наведел и следните аражмани :

Сретва за компензаторно и контигентно финасирање SSFF

Сретва за системска трансформација STF

Нови аранжмани за задолжување NAB

Сретва за дополнително финасирање SFF

Sредстава за намалување на сиромаштијата PRGF

Средста за презадолжените сиромашни земји ХИПЦ

Контингентна кредитна линија CCL

Мораме да кажеме дека сите наброени аражмани т.е кредитни линии и многу други се

специфични и различни за секоја земја посебно. Нормално е дека денеска огромен број

на земји во светот се сочуваат со различни проблеми во својот развој. Се поголем е јазот

или разликата помеѓу сиромашните земји и богатите. Во сверата на севкупната

глобализација каде се рушаат бариерите на затворени стопанства и економии каде скоро

сите земји членки со исклучоци на некои се членки на СТО или светската трговска

Page 12: Улогата на ММФ

организација каде јасно се пропишани правилата на светската трговија многу земји

неможаат да фатат чекор со развиениот свет. Токму поради тоа се поголема е потребата

од дополнителни свежи пари кои им се потребни на сите земји да можаат да продолжаат

напред. Токму ММФ е ена од многуте меѓународни институции каде согледувајки ги сите

светски збиднувања им нуди на овие земји разни аражмани помагајки ни нивните

економии да застанаат на здрави нозе и да се вклучаат во светското стопанство.

ММФ токму поради тоа што го спомнавме јазот помеѓу богатите и сиромашните се повеќе

и повеќе ќе ја финасира сиромаштија во светот и не случајно има се повеќе и повеќе

такви аранжмани. Нормано секоја креитна линија пласирана од страна на ММФ има своја

програма т.е услови од тоа колку може да се влече, за што може да се влече, колку е

годишната интересна стапка, рокот на враќање итн.

Работа

Како основни цели на Меѓународниот монетарен фонд се развивање на меѓународна

монетарна соработка, олеснување ширење и рамномерно развивање на меѓународната

трговија, одржување на висок степен на вработување и реален доход, развиток на

производствените сили, и пред се развој на економската политика, да придонесе до

стабилност на валутните курсеви, поддржување на редовните платни односи помеѓу

земјите членки и спречување на конкуренција помеѓу валутните депресијации.

Флексибилноста на ММФ се одразува во средствата за кредитирање на земјите членки и

присппособливите паритети на ММФ.

Кредиторство

ММф има три видови кредити: Првиот вид е правото на влечење, што значи дека кога на

некоја земја членка и требаат средства, со својата валута може да купи од фондот

странска валута, и после одреден рок е обврзана својата валута да ја откупи од фондот

по пазарна цена.

Вториот вид е рамковен кредит, а земјите членки го добиваат кога имаат проблем со

платниот биланс. За да не ја девалвираат својата валута го користат овој вид кредит кој е

со рок на отплата од три години.

Третиот вид потекнува од посебните права на влечење кои претставуваат дополнителни

средства на плаќање во услови на многу сложени меѓународни односи и сложена

меѓународна ликвидност. ММФ беше подготвен да им даде на заем странски валути на

членките, за да им помогне во текот на кратките периоди на дефицити во билансите на

плаќања, кога брзото затегање на монетарната или фискалната политика би ја повредиле

Page 13: Улогата на ММФ

домашната вработеност. На земјите им беше дозволено да земаат на заем ограничени

износи од Меѓународниот монетарен фонд без придржување кон некакви специфични

договори. Меѓутоа, екстремни повлекувања од средствата на ММФ би барале земјата да

се согласи на изразено строга супервизија од страна на ММФ, врз нејзините

макроекономски политики. Големите заемопримачи од ММФ мора да се согласат на

монетарни и фискални услови поставени од страна на ММФ, кои типично вклучуваат

задолжителни таргети на ММФ кои се однесуваат на порастот на домашната понуда на

пари, политиката на девизен курс, даночната политика, државните расходи и така натаму.

Системот на приспособливи паритети дозволуваше девалвација на валутата на земјата

за повеќе од 10% доколку ММФ се согласи дека билансот на плаќања на земјата е во

“фундаментална нерамнотежа”. Поимот „фундаментална нерамнотежа“ не беше

дефиниран во членовите на договорот за ММФ, но намерата беше тој да се применува за

земји кои страдаат од трајни негативни нарушувања на побарувачката за нивните

производи.

Делување до денес

Многу набљудувачи во почетокот веруваа дека падот на бретонвудскиот систем во 1973

година ќе ја намали улогата на Меѓународниот монетарен фонд во рамките на

меѓународниот монетарен систем. Првобитната функција на ММФ беше да обезбедува

пулови со пари, од кои членките ќе можат краткорочно да се кредитираат, за да извршат

приспособување на позицијата во нивниот биланс на плаќања и да го одржат нивниот

девизен курс.

До 2000 година, Меѓународниот монетарен фонд имаше 183 членки, од кои во 75 земји

ММФ имаше свои програми. Во 1997 година институцијата го имплеменитраше својот

најголем пакет, одобрувајќи повеќе од 110 милијарди американски долари во вид на

краткорочни заеми на три азиски земји кои беа во невола - Јужна Кореја, Индонезија и

Тајланд. Активностите на ММФ се проширија поради тоа што периодични финансиски

кризи продолжија да погодуваат многу економии во постбретонвудската ера, особено

меѓу земјите во развој. ММФ во повеќе наврати им даваше на заем пари на нациите кои

минуваа низ финансиска криза, барајќи за возврат владите да донесат одредени

макроекономски политики. До почетокот 1998 година, ММФ додели над 110 милијарди

американски долари во вид на краткорочни заеми на три азиски земји: Јужна Кореја,

Индонезија и Тајланд. Ова беше покрај пакетот од 20 милијарди американски долари што

му го одобри ММФ на Мексико во 1995 и заемот од 10 милијарди американски долари на

Page 14: Улогата на ММФ

Русија. Сите овие пакети дојдоа во придружба на некои услови. Општо земено, ММФ

инсистира на комбинација на цврсти макроекономски политики, вклучувајќи намалување

на јавните расходи, повисоки каматни стапки и цврста монетрана политика. Од неодамна,

овој збир препораки во врска со политиките е предмет на силни критики од многу западни

набљудувачи. Една од критиките е дека Меѓународниот монетарен фонд спрема

макроекономската политика има пристап “една големина им одговара на сите”, кој не е

соодветен за многу земји. Во неодамнешната азиска криза, критичарите тврдат дека

цврстите макроекономски политики, наметнати од страна на ММФ, не се добро

приспособени за земји кои не страдаат од прекумерно трошење на државата и

инфлација, туку од должничка криза на приватниот сектор со дефлаторни призвуци. ММФ

ги одбива овие критики. Според ММФ, клучна задача е да се врати довербата во вонот.

Штом се постигне ова, вонот ќе закрепне од своите нивоа на прекумерна продажба. Ова

ќе ја смали големината на товарот на долгот на Јужна Кореја во доларска деноминација,

изразен во вони, што ќе им олесни на компаниите да го сервисираат својот долг во

доларска деноминација. Втората критика упатена до Меѓународниот монетарен фонд е

дека нејзините напори за спасување, всушност, претставуваат влошување на проблемот,

што меѓу економистите е познато како морален хазард. Морален хазард се јавува кога

луѓето се однесуваат безобѕирно, бидејќи знаат дека ќе бидат спасени ако се случи

нешто лошо.

Последната критика упатена до Меѓународниот монетарен фонд е дека тој стана

премногу моќен како за институција која нема вистински механизам за сносење

одговорност. До крајот на деведесеттите, ММФ беше вклучен во програми за

кредитирање на 75 земји во развој, кои вкупно имаат 1,4 милијарди луѓе. ММФ ги

одредуваше макроекономските политики во тие земји, иако, според критичарите, како што

е Џефри Сакс, угледниот економист од Универзитетот Харвард, на ММФ со персонал кои

брои помалку од 1.000 луѓе му недостасува потребната експертиза за да ја извршува

добро таа задача. Решението на Сакс за овој проблем е ММФ да се реформира, така што

да се ангажираат повеќе надворешни експерти и неговото работење да биде отворено за

поголем надворешен надзор.

Меѓународниот монетарен фонд нема принудна власт над земјите членки, но може да

одбие да им зајми пари на земјите членки кои не се согласуваат да ја прифатат неговата

политика, а како крајно решение може да побара од земјите членки да се повлечат од

организацијата. Критичарите на ММФ тврдат дека строгоста и мерките за приватизација

што им ги налага на земјите должнички, го намалуваат економскиот раст, ги

Page 15: Улогата на ММФ

продлабочуваат и продолжуваат финансиските кризи и прават сериозни тешкотии за

најсиромашните народи во светот.

Влијание и критицизам

Меѓународниот монетарен фонд е една од највлијателните меѓународни институции во

светот која единствено има право да врши контрола на финансиските и економските

односки помеѓу земјите членки. Тој таа улога ја има преку помагањето на државите за

стабилизирање на своите девизни курсеви преку давање на поволни кредити. За

Меѓународниот монетарен фонд постојат поделени мислења. Првото сфаќање е про

ММФ, а второто е контра, односно претставува критичко сфаќање.

Гледиштето за про ММФ е тоа дека меѓународниот монетарен фонд ги одржува светските

економски и финансиски односи и им помага на државите во кризи, меѓутоа оние кои се

критичари на ММФ кажуваат дека мегународниот монетарен фонд со давањето на

кредити и казува на државата каде да ги троси истите тие кредити што придонесува за

забавен раст на тие економии, исто така критичарите како лоса особина на ММФ ја

искажуваат тоа што секоја држава членака на Меѓународниот монетарен фонд мора да

има дежавни девизни резерви кои ке ги чува во некоја странска банка, со тоа се стопира

на вложувањето на државата во својата економија.

Финансиската криза – ММФ е надвор од неа

Многу лекции треба да се научат од годишното собрание на ММФ и Светската банка како

и одделните самити на министрите за финансии и гувернерите на банките на светските

водечки економии. Една од најголемите за жал е: Меѓународниот Монетарен Фонд –

организација создадена да помага како позајмувач и како последен извор на погодените

земји – не е активен играч во решавање на оваа криза. И неговото влијание треба да

биде загрижувачко.

„Каде беше ММФ?“, праша Mohamed El-Erian, заменикот извршен директор на

калифорниската инвестициска компанија PIMCO и бивш економист на ММФ кој бил во

водечкото тело на фондот пред 4 години. „Ова е таков вид на криза за каква ММФ е

создаден да се справува но нити САД нити земјите од Г-7 не се вртат кон ММФ за било

каков совет.“

Page 16: Улогата на ММФ

Да бидеме искрени, недостатокот на вклученост во ситуацијата не е целосно вика на

ММФ. Тој може само да позајмува на своите земји членки кои го побарале тоа. Досега,

примарните актери и жртви во оваа криза – САД и ЕУ немаат потреба од помош од ММФ.

Но дури и малиот и немоќен Исланд, каде банките пропаднаа, не побараа заем и помош

од ММФ како последен избор, туку се свртеа кон Русија. На панел дискусијата за идната

улога на ММФ, еден Британски банкар стана и извика: „Зборуваме за ММФ повеќе од

еден час и никој не го спомна Исланд. На Американците не им требате. Кинезите,

Африканците и земјите од Блискиот исток немаат право на глас таму каде што треба да

имаат. Дали конечно ќе станете институција која ги решава проблемите или ќе си се

советувате сами себе?

ММФ е создаден од земјите членки кои имаат толку право на глас – во теорија – колку

што кореспондира нивната големина во светската економија. Тоа прави одлуките на ММФ

да се најчесто во рацете на САД и европските држави. Правата на глас во многу мала

мера се промениле во последната декада, што ги фрустрира некои растечки пазари и не

ги рефлектира големите странски резерви кои се акумулираат во тие земји со вишок

заштеди.

Кина, пример, има само 3.7% право на глас додека САД имаат 16.8%. За остатокот од

светот, ММФ, чие седиште е неколку улици до Белата Куќа, е организација наклонета

само кон САД.

Но ММФ е веројатно последното место каде Вашингтон ќе се сврти да побара помош.

Една причина: ММФ нема финансиски ресурси да помогне доволно.

Спореден со големината на глобалниот финансиски систем во кој трилиони долари во

деривати и валути ги менуваат сопствениците секој ден, ММФ е многу мал. Неговите

кредитни фондови? Само 201 милијарда, од кои 18.3 милијарди се веќе дадени. Но ММФ

не прави доволно пари од своите кредити да се издржува ни себе. На почетокот на

годината фондот ги најави своите планови да продаде нешто од своите резерви на злато

да намали нешто од буџетскиот дефицит.

Сепак, минатата недела извршниот директор на фондот Dominique Strauss – Kahn изјави

дека фондот е спремен да позајмува преку своите механизми за итни финансиски

позајмувања, што досега се користени 6 пати откако се воведени во 1995 година.

„Немаше ни да ја каже оваа идеја ако не очекува овој механизам за итно позајмување да

биде искористен“, го дообјаснува Strauss – Kahn Bill Murray, портпаролот на ММФ.

Спречување на финансиските кризи би требало да биде „мачкина кашлица“ за ММФ.

Организацијата е креирана за справување со рамнотежата на плаќањата и проблемите со

Page 17: Улогата на ММФ

валутите што ја попречувале трговијата и економското оздравување после Втората

Светска војна.

Последен пат кога ММФ имаше главна улога на светскиот пазар беше Азиската

финансиска криза пред десетина години. Фондот им додели кредити на Тајланд, Јужна

Кореја и други земји кои се соочија со големи капитални повлекувања и пропаѓање на

нивните валути. За возврат ММФ инсистираше на промена на правилата и политиките кои

беа болни и обврзувачки во тоа време кога пазарите веќе беа во паника. Владите беа

приморани да го намалат трошењето, да ги отворат пазарите и да ги стабилизираат

нивните валути.

Неговите политики беа непопуларни, но растечките економии беа толку просперитетни

што повеќето земји со аранжмани со ММФ ги исплатија најбргу што можеа. Тоа го остави

ММФ пократок за каматата на тие кредити, а според некои и за причина за негово

постоење.

Strauss-Kahn престави план од четири чекори како земјите зафатени од кризата да се

справат со неа, вклучувајќи ги и владините набавки и капитални инфузии во банките.

САД веќе имаа план да го направат тоа. Во неделата, Европските лидери се сложија да

инјектираат јавен капитал во нивните банкарски системи за следните пет години.

„Идејата на ова е ММФ да се врати во игра“, изјавува за магазинот Forbes Rasheed M. Al

Meraj, гувернер на централната банка на Бахреин. „Сега новите економии имаат големо

влијание од пазаритена капитал, така што повеќе се свртува вниманието кон тоа“, вели

тој.

Michel Camdessus, бивш извршен директор на ММФ, на панел дискусијата изјави дека

треба да му се даде моќ да ги мониторира пазарите на капитал, не само сегашните

задолженија.

Сепак можеби и тоа нема да биде доволно. Eswar Prasad, постар консултант во Brooking

институтот во Вашингѕтон вели дека има голема шанса ММФ значително да биде

маргинализиран со редизајнирањето на економскиот поредок на 21 век. Со САД и Европа

зафатени со кризата, земјите како Кина и земјите во Заливот, кои имаат пари за

позајмување, ќе сакаат да си го осигурат влијанието врз малите земји кои имаат потреба

од готовина.

„Ова дефинитивно ќе го забрза процесот“, вели Prasad.

Но, можеби најочигледниот сигнал за иднината на ММФ е тоа што речиси никој не го

прозива фондот да го преземе справувањето со кризата. Напротив, водечките економски

умови предлагаат индивидуалните влади да им овозможат на своите банки капитал и

Page 18: Улогата на ММФ

средства и во случајот на САД да го стабилизираат пазарот на хипотекарни кредити. Тоа

во основа е консензус од завршниот настан на годишните собранија на ММФ / Светска

банка на кој покрај другите присуствуваше и милијардерот и филантроп George Soros.

ММФ ја повика Македонија да ја заузда јавната потрошувачка

Зголемувањето на дефицитот е предизвикано од растот на трговскиот дефицит,

намалување на дознаките од странство и од влијанието на приходите од големите

плаќања по основ на дивидендата на телекомот, се наведува во соопштението.

ММФ во годишната проценка за Македонија изразува загриженост и од обемот на

дефицитот на тековната сметка од 14 проценти БДП и од брзината на неговото

влошување.

Успорувањето на светската економија може дополнително да го влоши дефицитот на

платниот биланс со намалување на извозот, извозните цени, намалените дознаки на

дијаспората и му се заканува на растот, смета ММФ.

Банкарскиот сектор во Македонија во голема мера ги избегна ефектите на светската

финансиска криза, бидејќи првенствено се потпира на домашните депозити, а не

меѓународни кредитни линии во финансирање на заемите.

Според ММФ земјата индиректно е погодена од глобалната криза со намалување на

извозот, на директните странски инвестиции, портфолио инвестициите и дознаките, кои

можат да предизвикаат дополнителни притисоци врз платниот биланс.

ММФ ги повика властите повторно да ги разгледаат плановите за натамошно

зголемување на буџетскиот дефицит во 2009 и понатаму.

Откажувањето од планираната фискална експанзија ќе помогне во редуцирањето на

надворешната ранливост, ќе го намали ризикот од „ненадејно запирање“ на

надворешното финансирање во случај на непредвиден шок и ќе го намали

дополнителното оптоварување на монетарната политика, наведува ММФ

Фондот го поздрави зголемувањето на каматните стапки и мерките за скротување на

кредитниот растеж и успорување на проширувањето на јазот на тековната сметка.

И покрај ограничувањата во курсот, Централната банка се уште има простор за маневар,

смета ММФ, додавајќи дека монетарната политика треба да се фокусира на заштита на

курсот на денарот.

Според ММФ фиксниот курс е соодветен за мала економија како Македонија.

ММФ ја предупреди Македонија да биде претпазлива во врска со задолжувањето, да се

откаже од високиот странски долг и да ги намали државните резерви.

Page 19: Улогата на ММФ

Маните на Меѓународниот монетарен фонд

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одбива да признае дека економијата е далеку од

егзактна наука и оти е гранка на масовната психологија, како и тоа дека е еден вид

социјален инженеринг. Како и претходните агенции за централно планирање, ММФ ги

запостави социјалната, политичката и еколошката цена од своите политики. Покрај тоа,

овие последици понекогаш натежнуваат над чисто економските исходи.

Високите каматни стапки го задушуваат порастот. Нереалните девизни курсеви го

потиснуваат извозот. Моделите на ММФ се одговорни за овие ефекти. Но има други

опасни исходи од политиките, кои ММФ постојано ги игнорира на ризик на земјите-членки:

Постојаната невработеност создава криминал. Сиромаштијата резултира во граѓански

раздор. Даноците принудуваат се поголем дел од економијата да стане илегална.

Ниските плати во јавниот сектор водат кон подмитливост и корупција. Растечката

нееднаквост на приходите го потхранува незадоволството и одливот на мозоци.

Различните култури имаат поинакви приоритети, склоности и вредности.

ММФ е неопходен. Тој им наметнува монетарна и фискална дисциплина на непослушните

влади, ги принудува да планираат долгорочно и воведува болни ускладувања и реформи,

како и подобро владеење. Фондот служи како соодветен жртвен јарец: политичарите го

обвинуваат за нивните грешки и лошоводените политики, при што тврдат дека

преговорите со ММФ го трошат поголемиот дел од нивното време за менаџирање,

сведувајќи го на мал ефект.

На крај, тука е и Дамоклевиот меч на моралниот ризик. Кредитите на ММФ, кои служат

како последно средство, претставуваат сигурносна мрежа што е им достапна за земјите

„што се преголеми или премногу важни за да пропаднат“. Ги охрабруваат политичарите,

кредиторите и инвеститорите да преземаат ризици, кои инаку не би ги презеле, убедени

дека на крај финансиски ќе бидат спасени во случај на неуспех. Оваа сигурност беше

разнишана кога ММФ одби да ги спаси Русија во 1998 година и Аргентина четири години

подоцна, но таа с? уште во најголем дел е неоштетена.

Но постои втор вид морален ризик. Кога политиките раководени од ММФ ќе успеат,

локалните политичари брзаат да ги земат заслугите за себе. Кога овие политики ќе

доживеат неуспех, тогаш ММФ универзално е исмејуван. И покрај тоа, донесувачите на

одлуки, непромислените позајмувачи, инвеститорите склони кон загуби, пријателските

Page 20: Улогата на ММФ

влади и граѓанството, на Вашингтон му ја префрлаат вината за сопствените грешки и

неуспеси.

Овој вид префрлање на вината е познат во психологијата како „алопластична одбрана“ и

се смета за составен дел на некои патологии. Тука зголемената транспарентност и

достапност исто така можат да помогнат. ММФ треба агресивно и самоуверено да го

посочи прстот и да ја лоцира вината, кога погрешно ќе биде обвинет.

7. ЗАКЛУЧОК

Меѓународниот монетарен фонд е единствената меѓународна организација на која и е

дозволено да го надгледува глобалниот финансиски ситем преку мониторинг на

странските девизни курсеви и балансите на исплата, како и преку нудење на техничка и

финансиска поддршка кога е потребно.

Меѓународниот монетарен фонд е една од највлијателните меѓународни институции во

светот која единствено има право да врши контрола на финансиските и економските

односи помеѓу земјите членки. Тој таа улога ја има преку помагањето на државите за

стабилизирање на своите девизни курсеви преку давање на поволни кредити. За

Меѓународниот монетарен фонд постојат поделени мислења. Првото мислење е про

Меѓународниот монетарен фонд, а второто е контра, односно претставува критичко

сфаќање.

Гледиштето за про Меѓународниот монетарен фонд е тоа дека Меѓународниот монетарен

фонд ги одржува светските економски и финансиски односи и им помага на државите во

кризи, меѓутоа оние кои се критичари на Меѓународниот монетарен фонд кажуваат дека

Меѓународниот монетарен фонд со давањето на кредити и наложува на државата каде да

ги троши истите, што придонесува за забавен раст на тие економии. Исто така,

Page 21: Улогата на ММФ

критижарите како лоша особина на Меѓународниот монетарен фонд, ја истакнуваат тоа

што секоја држава членка на Меѓународниот монетарен фонд, мора да има државни

девизни резерви кои ќе ги чува во некоја странска банка, а со тоа се стопира

вложувањето на државата во својата економија.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. њњњ.нетпресс.цом.мк/вест.асп?ид=54698&категорија=7

Нема нов аранжман со ММФ, фондот ги бендисал

антикризните мерки

2. њњњ.њикипедиа.орг.мк/њики/

Меѓународен монетарен фонд

3. њњњ.финанце.гов.мк/ноде/309

Соработка со меѓународниот монетарен фонд,

4. ,,Капитал,, - магазин за бизнис и политика, бр 491

Интервју со Берт Ван Селм, постојан претставник на ММФ за Македонија

5. ,,Глобализација и перспективите за развој на постсоцијалистичките земји,,

Гжегож В. Колодко

6. ,,Движечки сили на економската глобализација,,

магистерски труд на Кристина Јованова, Скопје 2008 г.

Page 22: Улогата на ММФ