Драма(во потесна смисла во зборот)

5
Драма(во потесна смисла во зборот) Драма (во потесна смисла на зборот) како посебен вид не е ниту трагична, ниту комична, туку реална. Во неа доминираат теми и мотиви од секојдневниот живот. Тука преовладува внатрешниот свет на ликовите, нивните дилеми, маки и страдања. Овде разликуваме неколку вида: -романтична -општествена(граѓанска) -антидрама(драма на апсурдот)

Upload: risanas

Post on 28-Nov-2015

50 views

Category:

Documents


9 download

DESCRIPTION

Драма(во потесна смисла во зборот)

TRANSCRIPT

Page 1: Драма(во потесна смисла во зборот)

Драма(во потесна смисла во зборот)

Драма (во потесна смисла на зборот) како посебен вид не е ниту трагична, ниту комична, туку реална. Во неа

доминираат теми и мотиви од секојдневниот живот. Тука преовладува внатрешниот свет на ликовите, нивните

дилеми, маки и страдања. Овде разликуваме неколку вида:-романтична

-општествена(граѓанска)-антидрама(драма на апсурдот)

Page 2: Драма(во потесна смисла во зборот)

Романтична драма

• Романтична драма, во која се меша возвишеното и гротескното, а на преден план се чувствата на ликовите. Се појавува во време на романтизмот и не се придржува кон општите норми на драмата, туку се прокламира слобода во пишувањето.

Page 3: Драма(во потесна смисла во зборот)

Општествена(граѓанска) драма

• Општествената драма дава поцелосна слика на граѓанското општество во деветнаесеттиот век кога се појавува. Темите што се обработуваат се: парите, политиката и семејството. Кај нас оваа драма се појавува во облик на битово-социјална.

Page 4: Драма(во потесна смисла во зборот)

Антидрама(драма на апсурдот)

• Антидрама или драма на апсурдот е современа драма која ги отфрла утврдените законитости на класичната драма. Преку симболични, гротескни ликови и парадоксални, алегорични ситуации се обидува да ја прикаже апсурдноста на постоењето.

Page 5: Драма(во потесна смисла во зборот)

Радиодрама и телевизиска драма

• Со појавата на радиото и телевизијата се појавуваат нови видови драми:

• -Радиодрама е специјален вид драма наменет да се емитува преку радио што значи може само да се слуша, а не и да се гледа.-Телевизиската драма е наменета за прикажување на телевизија. Секоја драма може да се адаптира во телевизиска драма. Овие драми може да бидат единечни или во циклуси, односно серии.