Галилео Галилеј

16
Галилео Галилеј Кирил Митановски, 7в одд.

Upload: -

Post on 25-Oct-2015

257 views

Category:

Documents


8 download

DESCRIPTION

проект од ученик

TRANSCRIPT

Page 1: Галилео Галилеј

Галилео Галилеј

Кирил Митановски, 7в одд.

Page 2: Галилео Галилеј

Галилео Галилеј, научник што ја смени сликата за

универзумотГалилео бил храбар бранител на вистината во период на

верски фанатизам и прогон. Неговата приврзаност кон разумот и набљудувањето, рушејќи векови на догматски претпоставки, помогнала да се поплочи патот за европското просветителство во 18-от век. Покрај тоа, неговите методи трајно го преиначија практикувањето на науката, а неговите дела ги поставија темелите за големите теории на Њутн и Ајнштајн.

Галилео Галилеј, (1564 - 1642), еден од клучните ликови во научната револуција во 16-от и 17-от век, помогнал да се преиначи начинот на кој луѓето гледале на светот и универзумот. Физичар, математичар и астроном, Галилео направил суштински откритија за природата на движењето и движењето на планетите. Ја открил важноста на експериментирањето и сметал дека физичкиот свет најдобро може да се разбере преку математиката. Неговото инсистирање дека универзумот треба да се разгледува со разум и докази го довело во конфликт со Црквата, но неговите откритија ја надживеале инквизицијата која се трудела да ги потисне.

Page 3: Галилео Галилеј

Се откажал од медицинатаТаткото на Галилеј бил музичар и најверојатно му помогнал во експериментите со затегнатоста и висината на

звукот на жиците. Неговото формално образование се одвивало на универзитетот во Пиза, каде се запишал во 1581 година, за да учи медицина. И покрај негодувањето на татко му, Галилео го поминувал времето учејќи математика и го напуштил универзитетот без диплома во 1585 година.

Галилео продолжил да изучува математика следните четири години, заработувајќи пари како тутор се додека не добил функција на универзитетот во 1589 година. Во овој период ја докажал теоријата за брзината на предметите што паѓаат, пуштајќи тегови од кривата кула во Пиза.Неговите нестандардни погледи го довеле во конфликт со универзитетот и во 1592 година Галилео бил принуден да се пресели во Падова, каде предавал до 1610 година. Осакатен со финансиските трошоци на семејството по смртта на татко му, Галилео заработувал дополнително пари продавајќи домашно изработени шестари и давајќи приватни часови.

Во 1609 година Галилео чул за чудна направа измислена во Холандија со која далечните предмети можеле да се видат одблиску. Станува збор за телескопот и Галилео веднаш почнал да си гради свој. За една година го истражувал небото со направа што му овозможувала 20 пати зголемен поглед. Тоа бил важен момент во неговата кариера.

Со својот телескоп Галилео ги открил четирите месечини на Јупитер и забележал дека нивните мени укажуваат на тоа дека орбитираат околу Јупитер. Овој доказ го нарушил птоломејскиот модел на универзумот одобрен од црквата, во кој сите небесни тела орбитираат околу Земјата. Галилео забележал и ѕвезди што биле невидливи за голо око. Веднаш ги објавил наодите во кратка книга посветена на еден од неговите славни ученици, Козимо ИИ Медичи, војводата на Фиренца. Како награда, Козимо триумфално го вратил во Тоскана.

Со поголема финансиска слобода Галилео можел бргу да истражува. Ги изучувал прстените на Сатурн и открил дека Венера, како и Месечината, имала мени - показател дека се движела околу Сонцето. Овие откритија го посветиле кон теоријата - предложена од Никола Коперник еден век претходно - дека Сонцето, а не Земјата, е средиште на универзумот.

Page 4: Галилео Галилеј

Бил замолчуван и предупредуван

Коперниканизмот бил опасен концепт за флертување и во 1613 година инквизицијата се позанимавала со Галилео. Отпатувал во Рим за да ги брани идеите за хелиоцентричниот модел на Коперник, но бил замолчен и во 1616 година бил експлицитно предупреден да не продолжи со промовирање на тие идеи.До 1632 година Галилео се почувствувал неспособен да молчи за коперниканизмот и ја објавил "Дијалог", која ги собирала сите главни нишки на мисла за природата на универзумот и ги дискутирала преку устите на неколку измислени ликови.Кога го одвлекле во Рим следната година и го прашале да се објасни пред инквизицијата, Галилео тврдел дека добил еклезијастичка дозвола да дискутира за коперниканизмот на хипотетички начин. За жал, не добил дозвола да го исмејува папското поддржување на старите аргументи, нешто што незауздано го прави во книгата. Инквизицијата го осудила на доживотен затвор.За негова среќа, затворот не бил ништо повеќе од присилен егзил во ридиштата на Тоскана, каде можел да продолжи со работата во многу потивка форма. Иако го губел видот, продолжил со изучувањето, концентрирајќи се на природата и силината на материјалите, прошверцувајќи уште една книга вон Италија за да се објави во Холандија во 1638 година. Починал четири години подоцна, на 77-годишна возраст.Галилео бил храбар бранител на вистината во период на верски фанатизам и прогон. Неговата приврзаност кон разумот и набљудувањето, рушејќи векови на догматски претпоставки, помогнала да се поплочи патот за европското просветителство во 18-от век. Покрај тоа, неговите методи трајно го преиначија практикувањето на науката, а неговите дела ги поставија темелите за големите теории на Њутн и Ајнштајн."Не се чувствувам обврзан да верувам дека истиот бог што не надарил со сетила, разум и интелект сакал да не ги користиме даровите и на некој друг начин да ни го даде знаењето што можеме да го добиеме со нивна помош", Галилео Галилеј, Писмо до војвотката Кристина" (1615).

Page 5: Галилео Галилеј

Бил замолчуван и предупредуван

Page 6: Галилео Галилеј
Page 7: Галилео Галилеј

Историја на телескопотОд измислувањето во Холандија, кон крајот на 16-от век, телескопот го трансформираше нашиот поглед за нашето место во

универзумот. За 400 години телескопите се развија од панаѓурска забава - обична месингана цевка со неколку леќи - до редици антени вредни милијарди долари, способни да најдат не само видлива светлина, туку и сите други фреквенции на електромагнетниот спектар.

Користејќи леќи за манипулација на светлината било вообичаено во Европа и во делови на Азија уште од 13-от век, во форма на очила. Околу 250 години подоцна технологијата се применила во Холандија за изградба на првиот телескоп, кој можел да прави далечните предмети да изгледаат поблиски. Новостите за тоа се прошириле низ Европа, па телескопите станале популарни играчки за богатите. Галилео го експлоатирал потенцијалот на новата направа за сериозна научна работа.

Рефракциониот телескоп со леќи набрзо ги достигнал границите на практичноста: за да се добие поголемо зголемување, телескопите морале да стануваат се подолги, достигнувајќи должини и до 60 метри. Откривањето на рефлективниот телескоп на Њутн во 1688 бил од клучно значење. Тој користел огледала, наместо леќи, за зголемување на светлината - и со овој изум, наместо со теоретските дела, Њутн се стекнал со членство во Кралското друштво.

Иако во 20-от век рефлективните телескопи многу напреднаа, откритието на радиотелескопите - и оние што може да откриваат само невидливи фреквенции како микробранови, инфрацрвени, ултравиолетови, Х-зраци и гама-зраци - навистина ја револуционизираше астрономијата. Со таквите направи научниците ги измерија температурите на планетите и ја мапираа површината на Венера, обично покриена со густи облаци. Најдени се нови космички тела како пулсари и црни дупки, измерени се масите на далечните галаксии и откриени се квазарите, брилијантните космички тела што може да се видат" на далечина од 10 милијарди светлосни години (така што гледаме" што се случило пред 10 милијарди години). Тие исто така открија заднинска радијација преостаната од Големата експлозија - моментот на раѓањето на универзумот.

Но телескопите што користат видлива светлина се уште не снабдуваат со нови информации за небото. За да се избегне интерференцата на земјината атмосфера, во орбита е пратен речиси две и пол метри широкиот телескоп Хабл во 1990 година. Откако се решија некои технички проблеми, тој почна да пренесува илјадници извонредно детални и прекрасни фотографии од огромни космички настани низ универзумот и се покажа како еден од најважните инструменти.На страниците на ВЕЧЕР можете да прочитате делови од книгата "Великани на човештвото" од британскиот историчар и писател Сајмон Сибег Монтфиори и да дознаете интересни и малку познати пикантерии од животот на познатите личности низ историјата.

Page 8: Галилео Галилеј

ТЕЛЕСКОПОТ НА ГАЛИЛЕО

Page 9: Галилео Галилеј

Подвигот на Галилео Галилеј

Пред околу 400 години, на 25 август 1609 година, големиот италијански астроном Галилео Галилеј му го претставил на Венецискиот совет првиот телескоп! Со ова свое грандиозно откритие Галилео на човештвото му ја претставил вистинската слика за светот околу планетата Земја наречен Вселена.

Page 10: Галилео Галилеј

НАМЕСТО ДОКТОР, МАТЕМАТИЧАР 

Приказната почнува уште во 16 век, кога на 15 февруари 1564 година се роди големиот Галилео Галилеј, како најстаро од седумте деца на еден трговец со волна, кој исто така бил и музичар. Тој сакал неговиот син да учи медицина, но кога по неколкугодишно студирање дваесетгодишниот Галилеј рекол оти сака да студира природни науки, тој не се спротивставил на неговата одлука. 

Набргу Галилео постигнал огромен успех на полето на математиката и станал професор по геометрија, механика, математика и астрономија. Кога добил информација дека во Холандија во 1608 година е направен уред за зголемено гледање на објектите тој веднаш отпатувал за да го преземе моделот и набргу го конструирал својот прв телескоп, кој има трикратно зголемување, а подоцна успеал да направи и леќи со 32-кратно зголемување. Телескопот во вид на дрвена цевка, со проширени леќи на краевите бил направен од дрво, бакар и хартија, а неговата должина била 136 сантиметри. Галилео го нарекол телескопот cannocchiale, што значи двоглед, а во 1611 принцот Федерико Кеси, предложил ново име: telescopio од грчките зборови tele-далеку и scopeo - гледам. 

Page 11: Галилео Галилеј

ГАЛИЛЕОВИ САТЕЛИТИРезултатите од користењето на телескопот Галилео ги запишувал, па така е забележано дека на 7 јануари 1620 набљудувајќи го Јупитер ги открил неговите три најголеми сателити: Ио, Европа и Калисто, а на 13 јануари 1620 го открил и сателитот Ганимед. Ги нарекол Ѕвездите на Медичи, во чест на војводата од Тоскана. Денес овие четири најголеми месечини на Јупитер се познати како Галилеови сателити. Тој докажал и дека Венера се врти околу Сонцето, што било вистинска поддршка на хелиоцентричниот модел. Од 1612 тој почнал да го набљудува и Сатурн и поради прстените го нарекол „ѓаволеста планета“. Галилео е прв Европеец кој ги набљудувал сончевите дамки, а прв објавил и дека има кратери и планини на Месечината. 

Page 12: Галилео Галилеј

ХЕЛИО МЕСТО ГЕОЦЕНТРИЧЕН МОДЕЛ 

Во текот на својата астрономска работа, поради нарушувањето на вековните црковни догми и верувања Галилео наидувал на голем отпор кај инквизицијата. Тој бил принудуван јавно да се откаже од своите убедувања, кои биле во спротивност со античките филозофски тврдења за совршеноста на небото и за геоцентричниот модел на светот. Во 1637 година Галилео го губи видот и не успева да го види отпечатеното издание на својата книга Диксурси (Discourses). Неговата работа ја продолжил синот Винченцо Галилеј. Телескопот што го создал Галилео сега се наоѓа во Историско-научниот музеј во Фиренца, каде се чуваат и оригиналните леќи што ги користел при неговата изработка.

Алберт Ајнштајн рекол: „Галилео Галилеј е таткото на модерната наука“.

Page 13: Галилео Галилеј

Пронајдени два прста и заб на Галилео Галилеј

Двата прста и забот се земени од телото на Галилеј во дамнешната 1737 година, пред неговото тело да биде пренесено во монументалната гробница во Базиликата на светиот крст во Фиренца. Деловите од телото тогаш се ставени во кутија, која на неодамна одржаната аукција ја купил еден италијански колекционер. Кога видел што крие предметот од аукцијата, ги повикал надлежните органи во Фиренца. Паоло Галуци, директор на Музејот на историја и наука, потврди дека се работи за делови од телото на славниот научник. - Прстите и забите последен пат се видени во 1905 година, по што им се изгубила секоја трага - рече Галуци, додавајќи дека порано во кутијата биле ставени три прста и заб, но дека сега еден прст недостасува. Крадците што ги украле деловите од телото на Галилеј исклучителна важност им дале на неговите три прста со кои го држел папагалот, со оглед на тоа што астрономите и додека биле живи ги почитувале како „светци меѓу научниците“. 

Page 14: Галилео Галилеј
Page 15: Галилео Галилеј
Page 16: Галилео Галилеј