Маките на вујко Вања и Соња поради професорот

2
Маките на вујко Вања и Соња поради професорот Драмата претставува посебна форма на фикција, која најчесто е наменета за изведување. Драмата е во тесна врска со театарот, односно се изведува на сцена пред публика, што подразбира продукциска соработка и колективен облик на прием. Користењето на поимот драма за именување на одреден вид на претстава датира од 19 век. Драмата како посебен вид не е ниту трагична, ниту комична, туку реална. Во неа најчесто доминираат теми и мотиви од секојдневниот живот. Исто така, преовладува внатрешниот свет на ликовите, нивните дилеми, маки и страдања. Една од најпознатите драми е драмата “ Вујко Вања ” од познатиот руски новелист, раскажувач и драматург Антон Павлович Чехов. Токму во оваа драма Чехов ја потврдува својата извондредна дарба за забележување, длабоко разбирање на суштината на човештвото и смислата за нејзиното духовно обликување. Во оваа драма преовладуваат исповедите на ликовите за внатрешните борби и конфликти. Живеејќи во типично руско село од тоа време, на имотот од кој се откажал во интерес на својата покојна сестра, Вујко Вања, човек без свои жена и деца се грижи само за доброто на својата внука Соња. Работи неуморно на имотот и се грижи Соња да не го осети недостатокот од родителите. Работливиот, скромен и уништен Вујко

Upload: kristina-kochovska

Post on 31-Oct-2015

273 views

Category:

Documents


12 download

DESCRIPTION

Вујко Вања

TRANSCRIPT

Page 1: Маките на вујко Вања и Соња поради професорот

Маките на вујко Вања и Соња поради професорот

Драмата претставува посебна форма на фикција, која најчесто е наменета за

изведување. Драмата е во тесна врска со театарот, односно се изведува на сцена

пред публика, што подразбира продукциска соработка и колективен облик на

прием.

Користењето на поимот драма за именување на одреден вид на претстава датира

од 19 век. Драмата како посебен вид не е ниту трагична, ниту комична, туку

реална. Во неа најчесто доминираат теми и мотиви од секојдневниот живот. Исто

така, преовладува внатрешниот свет на ликовите, нивните дилеми, маки и

страдања.

Една од најпознатите драми е драмата “ Вујко Вања ” од познатиот руски

новелист, раскажувач и драматург Антон Павлович Чехов. Токму во оваа драма

Чехов ја потврдува својата извондредна дарба за забележување, длабоко

разбирање на суштината на човештвото и смислата за нејзиното духовно

обликување. Во оваа драма преовладуваат исповедите на ликовите за

внатрешните борби и конфликти.

Живеејќи во типично руско село од тоа време, на имотот од кој се откажал во

интерес на својата покојна сестра, Вујко Вања, човек без свои жена и деца се

грижи само за доброто на својата внука Соња. Работи неуморно на имотот и се

грижи Соња да не го осети недостатокот од родителите. Работливиот, скромен и

уништен Вујко Вања се бори единствено за задржување на мирот и спокојството,

кои тој, Соња и останатите го уживаат на имотот.

Мирот и спокојството на овие луѓе е прекинато од ненадејното враќање на имотот

на професорот Серебрјаков со својата втора жена, младата и убава Елена.

Професорот е всушност татко на Соња и зет на Вујко Вања.

Page 2: Маките на вујко Вања и Соња поради професорот

Ликовите на Вујко Вања и професорот се сосема спротивни. Вујко Вања е

работлив и морален обичен човек, додека професорот е љубител на развратниот

живот, самобендисан егоист и непознавач на основните правила на животот.

Конфликтот на интересите настапува една бурна ноќ. Бурата и невремето како да

навлегуваат во салонот на имотот. Целиот хаос го започнува Астров, селскиот

доктор, додека разговара со Елена за младата Соња. Елена се обидува да му

каже дека Соња е девојка која е заљубена во него, на што тој и возвраќа дека не

ја сака Соња, туку нејзе и ја бакнува. Со овој чин го предизвикува немиот сведок

Вујко Вања, кој и самиот е заљубен во Елена. Кулминацијата настанува кога

Серебрјаков им соопштува дека решил да го продаде имотот. Тогаш Вујко Вања

вади пиштол и пука во него, но не го убива.

Расплетот настанува со заминувањето на Серебрјаков од имотот. Тој си заминува

заедно со Елена, оставајќи ги останатите ликови да се вратат на секојдневниот

мирен живот. Драмата завршува со зборовите на Соња : “ Кутар Вујко Вања... ти

во твојот живот не си знаел за радост... но стрпи се ... ќе се одмориме ”.