Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

98
КРИВИЧНО ПРАВО СЛУЧАЈ 1 - ОК 1. Што поднел обвинителот? - Обвинителен акт со предлог мерка притвор 2. Што донел судот по однос на обвинетиот ББ? - Ослободителна пресуда 3. Состав на судот по преквалификацијата? - 2 + 3 4. Што требал да направи судот во однос на составот? - Требало да го измени составот и расправата да започне одново 4. Одлагање и прекинување на главниот претрес Член 299 стар ЗКП Ако во текот на главниот претрес пред совет составен од еден судија и двајца судии - поротници се покаже дека фактите врз кои се заснова обвинението укажуваат на кривично дело за чие судење е надлежен совет составен од двајца судии и тројца судии - поротници, советот ќе се дополни и главниот претрес ќе започне одново. 5. Ако судот донел пресуда за ББ, дали ќе изврши преквалификација на делото? - Да, секаде каде што е множина ќе настапи еднина и ќе се укине чл.22. па би било чл. 237 ст.1 6. Како се дефинира делото од член 237 ст.1 вв чл.22 ? - Со употреба на закана ќе одземат туѓ подвижен премет со намера противправно да го присвои Втора варијанта прашања: 1. За кое кривично дело станува збор? -Во конкретниот случај извршиле кривично дело разбојништво став 1 2. Која е казната според вредноста на одземениот предмет? Чл.237 (3) Ако вредноста на одземениот предмет е помала и сторителот одел кон тоа да се присвои предмет од таква вредност ке се казни со затвор од 1 до 5 години. (според вредноста на одземениот предмет треба да се примени привилегиран облик од делото 237 ст.3 и да се казни со затвор од 1-5 години) 3. Како постапува судот кога треба да му се суди на обвинетиот во отсуство? Чл.292 стар ЗКП 1997 (3) На обвинетиот може да му се суди во отсуство само ако е во бегство или инаку не е достапен на органите на прогон, а постојат особено важни причини да му се суди иако е отсутен

Upload: mihajlo-dore

Post on 15-Dec-2015

124 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

КРИВИЧНО ПРАВО

СЛУЧАЈ 1 - ОК

1. Што поднел обвинителот? - Обвинителен акт со предлог мерка притвор

2. Што донел судот по однос на обвинетиот ББ? - Ослободителна пресуда

3. Состав на судот по преквалификацијата? - 2 + 3

4. Што требал да направи судот во однос на составот? - Требало да го измени составот и расправата да започне одново4. Одлагање и прекинување на главниот претресЧлен 299 стар ЗКПАко во текот на главниот претрес пред совет составен од еден судија и двајца судии - поротници се покаже дека фактите врз кои се заснова обвинението укажуваат на кривично дело за чие судење е надлежен совет составен од двајца судии и тројца судии - поротници, советот ќе се дополни и главниот претрес ќе започне одново.

5. Ако судот донел пресуда за ББ, дали ќе изврши преквалификација на делото? - Да, секаде каде што е множина ќе настапи еднина и ќе се укине чл.22. па би било чл. 237 ст.1

6. Како се дефинира делото од член 237 ст.1 вв чл.22? - Со употреба на закана ќе одземат туѓ подвижен премет со намера противправно да го присвои

Втора варијанта прашања:

1. За кое кривично дело станува збор?-Во конкретниот случај извршиле кривично дело разбојништво став 1

2. Која е казната според вредноста на одземениот предмет?Чл.237 (3) Ако вредноста на одземениот предмет е помала и сторителот одел кон тоа да се присвои предмет од таква вредност ке се казни со затвор од 1 до 5 години.(според вредноста на одземениот предмет треба да се примени привилегиран облик од делото 237 ст.3 и да се казни со затвор од 1-5 години)

3. Како постапува судот кога треба да му се суди на обвинетиот во отсуство?Чл.292 стар ЗКП 1997(3) На обвинетиот може да му се суди во отсуство само ако е во бегство или инаку не е достапен на органите на прогон, а постојат особено важни причини да му се суди иако е отсутен (4) Решение за судење во отсуство на обвинетиот носи советот по предлог од тужителот-јавен обвинител. Жалбата не го задржува извршувањето на решението.чл.66(4) Обвинетиот на кој му се суди во отсуство (чл.292) мора да има бранител штом ке се донесе решение за судење во отсуство. (за да му се суди во отсуство по образложен предлог од ЈО, судот носи решение да му се суди во отсуство и му определува бранител кој присуствува на главниот претрес)

Page 2: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 2 - ОК

1. Каков вид на одлука донел првостепениот суд во услови кога по заклучување на главниот претрес утврдил дека останало недокажано дека да обвинетите сториле кривично дело за кое се обвинуваат? - Ослободителна пресуда за двајцата обвинетите

2. Имајќи го предвид опосот на кривично правниот настан по извршената измена од ј.о што претставува дејствие на извршување на кривичното дело фалсификување исправа од член 378 ст3 вв ст 1 од кз? - Обвинетиот направил лажна (јавна?) исправа а обвинетата ја употребила како вистинска ,

3. Имајќи го предвид првично поставена правна кфалификација произлегува дека јавниот обвинител поднел?- поднел обвинителен предлог,

4. Дали првостепениот суд правилно постапил кога по извршената правна преквалификација продолжил да постапува? - постапил погрешно поради што после главниот претрес расправата требало да почне одново со решение (судот требало да го дополни советот во 1 судија и 2 судии-поротници, редовна постапка, а заради казната обвинението требало да биде променето од обвинителен предлог во обвинителен акт)

5. Како ќе постапи судот со фалсификуваната потврда за платен придонес за здравствено осигурување со сериски број 123456 за месец септември октомври 2003 година? - Ќе ја одземе согласно член 100-а од КЗ Услови за одземање на предмети Член 100-а (1) Никој не може да ги задржи или присвои предметите што настанале од извршување на кривичното дело. (2) Од сторителот на кривичното дело ќе се одземат и предметите што биле наменети или се употребени за извршување на кривичното дело без оглед дали се негова сопственост или сопственост на трето лице ако тоа го бараат интересите на општата безбедност, здравјето на луѓето или причините на моралот.

6. Во кој состав постапувал судот по поднесеното обвинение? - Судија поединец

Втора варијанта на прашања:

1.Кои елементи ги има к.дело?- Делото ги има елементите на кд Фалсификување на јавна исправа чл.378 ст.3

2. Зошто е променет советот?- Има промена на советот од причина што за првата правна квалификација надлежен да постапува е судија поединец а за став 3 надлежен да постапува е совет 1 + 2

3. Дали во случајов се смета дека исправата е лажна?- неспорно е утврдено дека исправата е лажна НО, недокажано е изготвена од првообвинетиот

4. Дали постои соизвршителство?- правната квалификација е правилна, дека секој од нив сторил по едно дело од чл.378, затоа што битието е алтернативно определено, со исполнување на било кое од дејствијата се остварува битието- од ова произлегува дека нема соизвршителство секој сторил по едно дејствие од алтернативно определените дејствија во кд

Page 3: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 3

1. Со оглед да судот по овој случај постапил според правилата на скратена постапка, колкав е рокот за жалба? Член 455 ст.4 стар ЗКП пречистен(4) Против пресудата жалба може да се изјави во рок од осум дена од денот на доставувањето на преписот од пресудата

2. Според описот на кривично-правниот настан во предметното кривично дело кое е дејствието на извршување? - употреба на лажна исправа-испратница како вистинска што значи дека се мисли на чл.379 ст.1 т.1 в.в со чл.378 ст.1 од КЗ.

3. При поднесување на обвинение обвинителот поднел: - Обвинителен предлог

4. Дали по извршената правна преквалификација судот постапил правилно кога ја продолжил постапката?- Со извршената преквалификација (со оглед да се работи за стариот ЗКП) судот направил грешка затоа што продолжил да постапува без да формира совет составен од еден судија и двајца судии поротници бидејќи се работи за дело за кое може да се изрече казна затвор до 5 год и донел одлука (суштествена повреда на одредбите од ЗКП).

5. Дали судот и покрај ослободителната пресуда требало да ја одземе испратницата? - 532 ст.1 стар ЗКП – пречистен текстпредметите што мора да се одземат, ќе се одземат и кога кривичната постапка нема да заврши со пресуда со која обвинетиот се огласува за виновен

Услови за одземање на предмети Член 100-а (1) Никој не може да ги задржи или присвои предметите што настанале од извршување на кривичното дело. (2) Од сторителот на кривичното дело ќе се одземат и предметите што биле наменети или се употребени за извршување на кривичното дело без оглед дали се негова сопственост или сопственост на трето лице ако тоа го бараат интересите на општата безбедност, здравјето на луѓето или причините на моралот.

6. Како постапува судот при одземање на предмети? Член 532 ст.2 стар ЗКП - пречистен(1) Предметите што според Кривичниот законик мора да се одземат, ќе се одземат и кога кривичната постапка нема да заврши со пресуда со која обвинетиот се огласува за виновен.(2) Посебно решение за тоа донесува органот пред кој се водела постапката во моментот кога постапката е завршена односно кога е запрена.

*- Две опции на одговора) Ќе донесе посебно решение и ќе го достави до сопственикот на предметите ако е познат чл.532 ст.4б) Ќе му се предадат на чување на судот или на друг начин ќе се обезбеди нивно чување чл.219 ст.1

Page 4: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 4

1. Зошто е предлог спогодбата неприфатлива во случајот?- Прелог спогодбата е неприфатлива од причина што во случајов немало лишување од живот за да се примени член 123 – Убиство - Настанот ги има обележјата на кривичното дело Предизвикување општа оспасност чл.288 и тоа елемнтите од став 4 затоа што делото е сторено од небрежност.

2. За кое кривично дело станува збор, и во која глава е распределено кривичното дело?- За кривичното дело Предизвикување општа опасност (од небрежност) чл.288 ст.4 в.в. ст.1 и е распоредено во главата 26 за Кривични дела против општата сигурност на луѓето и имотот

3. Дали вината може да се признае?- Може да се признае вина и на главна расправаЧлен 381 нов ЗКПДонесување на пресуда врз основа на признание на вината во текот на главната расправа(1) По поуката за правата на обвинетиот без оглед на природата и тежината на кривичното дело за кое се води постапката, обвинетиот може доброволно да ја признае вината во однос на едно или повеќе кривични дела од обвинението.

4. Како ќе постапи судот по признавање на вината?- По признавање на вина судот треба да цени дали обвинетиот ја дал доброволно и е свесен за последиците од признавањето на делото, за трошоците и за имотното правното барањеЧлен 381 нов ЗКП(2) По даденото признание за вината, судијата поединец, односно претседателот на советот е должен да испита дали признанието е доброволно, дали обвинетиот е свесен за правните последици од признавањето на вината, за последиците сврзани за имотноправното побарување и трошоците на кривичната постапка.

5. Кои докази ќе ги изведе судот?- Судот во тој случај изведува докази само оние кои се однесуваат на определување на санкцијатаЧлен 381 нов ЗКП(3) По спроведувањето на дејствијата од ставот (2) на овој член од страна на судот, во доказна постапка ќе се изведат само оние докази што се однесуваат на одлуката за санкцијата.

6. Дали ЈО дава завршен збор и дали има умисла во сторување на кривичното дело?- Јавниот обвинител не дава завршен збор?!?(јас мислам дека дава завршен збор бидејќи и покрај признание на вината на обвинетиот, судот продолжува со доказната постапка и завршува со завршни зборови на странките во постапката, вклучително и јавниот обвинител кој предлага висина на санкцијата)- Обвинителот врз основа на исказите на сведоците утврдил дека кај обвинетиот нема умисла за сторување кривично дело убиство во обид туку дека има елементи на кривично дело предизвикување општа опасност од небрежност.

Page 5: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 5 - ОК

1. Во каков состав постапувал судот? - совет 2 + 3

2. Кое е дејствие на извршување?- со употреба на закана одзел туѓ подвижен предмет со намера противправно да го присвои (ова е од збор до збор точниот одговор. Внимавајте зошто другите понудени се разликуваат во еден збор т.е. или фали еден збор или е сменет со друг збор)

3. Што поднел Јавниот обвинител? - Обвинителен акт

4. Наведено беше кој кога ја примил пресудата со датум (обвинет, бранител, ЈО и оштетен) и дека рокот за жалба е 15 дена, а обвинетиот изјавил жалба со обична пратка преку пошта и дадено беше на кој датум стигнала во суд жалбата. Прашањето се однесуваше на тоа дали жалбата е навремена?- Жалбата на обвинетиот е ненавремена затоа што е изјавена по истекот на рокот од 15 дена, а со оглед дека на обвинетиот не му бил определен притвор, рокот се рачуна од кога му е стигната него а не на бранителот.(клучна фраза не му бил определен притвор ама се разликуваше од другите овој беше најкраткиот одговор и прв беше во понудените)Член 110 (3) Ако обвинетиот има бранител обвинителниот акт, обвинителниот предлог, приватната тужба и сите одлуки од чие доставување тече рокот за жалба, како и жалбата на противната странка која се доставува заради одговор, ќе му се достават и на бранителот и на обвинетиот, според членот 127 од овој закон. Во тој случај рокот за изјавување на правен лек, односно одговор на жалбата, тече од денот на доставата на обвинетиот. Ако на обвинетиот му е изречена мерката притвор или е на издржување на казна затвор, рокот тече од денот на доставата на бранителот.

5. Дали судот постапил правилно кога ја прифатил изјавата за признавање на вина?- Постапил правилно затоа што обвинетиот може без оглед на природата и тежината на кривичното дело за кое се води постапка да ја признае вината во текот на главната расправа - чл.381 ст.1 нов ЗКП (пазете само во зборови е разликата)

6. Што прави судот по признание на вината?- Судот испитува дали обвинетиот е свесен за правните последици од признавањето на вината, за последиците сврзани за имотноправното побарување и трошоците на кривичната постапка, а по спроведувањето на дејствијата, ако ја прифати изјавата за признание на вина, во доказна постапка ќе се изведат само оние докази што се однесуваат на одлуката за санкцијата. - чл.381 ст.2 и 3 нов ЗКП (и тука да се пази зашто се разликуваа за некој збор само понудените)

Page 6: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 6 – сличен со случај 5Нема прашања

Page 7: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 7

1. Како постапува судот со пресудата за казнен налог ако има приговор и закажана главна расправа?Чл.500 ст.6 нов ЗКП(6) Со закажување на главната расправа се смета дека пресудата за издавање казнен налог воопшто не е донесена.

2. Кој има право на приговор?Чл.500 ст.2 нов ЗКП- Обвинетиот и бранителот во рок од 8 дена од денот на приемот на пресудата

3. Кој суди на расправа?- судија поединец

4. Дали судот во постапката по расправа е врзан со казната од пресудата за казнен налог?- Судот не е врзан со правните квалификации дадени од ЈОЧлен 500 ст.5 нов ЗКП(5) Ако судијата не го отфрли приговорот ќе закаже главна расправа по одредбите за скратена постапка (членови 468, 469, 470, 471, 472, 473, 474, 475, 476, 477, 478, 479, 480, 481 и 482). Притоа, судијата поединец не е врзан за предложените кривични санкции или други мерки содржани во предлогот на јавниот обвинител за издавање казнен налог.

5. Имаше прашања за имотно правното барање ама одговорите биле од законЧлен 499 нов ЗКПИздавање казнен налог со пресуда(1) Ако се согласи со предлогот од членот 497 на овој закон, судијата поединец ќе издаде казнен налог со пресуда со која ќе ги изрече кривичните санкции или другите мерки предложени од јавниот обвинител.(2) Изреката на пресудата од ставот (1) на овој член ја содржи и одлуката за имотноправното барање, ако постои таков предлог. Во образложението ќе се наведат само доказите кои го оправдуваат издавањето на казнениот налог.

6. Имаше прашања за имотно правното барање ама одговорите биле од законЧлен 114 нов ЗКПОдлучување за имотноправно барање(1) За имотноправното барање одлучува судот.(2) Со пресудата со која обвинетиот се огласува за виновен, судот одлучува целосно за имотноправното барање или делумно, а за преостанатиот износ на имотноправното барање го упатува оштетениот да го остварува во спор. Доколку доказите во кривичната постапка не даваат доволна основа за целосно или делумно пресудување на имотноправното барање, а за нивно дополнително обезбедување постои опасност од неоправдано одолжување на кривичната постапка, судот ќе го упати оштетениот имотноправното барање да го остварува во спор.(3) Кога судот ќе донесе пресуда со која обвинетиот се ослободува од обвинението или со која се одбива обвинението или кога со решение ќе ја запре кривичната постапка, ќе го упати оштетениот дека може имотноправното барање да го остварува во спор. Кога судот ќе се огласи за ненадлежен за кривичната постапка, ќе го упати оштетениот дека може имотноправното барање да го пријави во кривичната постапка што ќе ја започне или продолжи надлежниот суд.

Page 8: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 8

1. До кого се доставува пресудата со која е издаден казнен налог, Какво правно средство може да поднесе по пресуда за издавање казнен налог, и до кого?Член 500 нов ЗКПДоставување на казнениот налог и право на жалба(1) Пресудата со која е издаден казнениот налог му се доставува на обвинетиот и неговиот бранител ако го има.(2) Обвинетиот и неговиот бранител можат во рок од осум дена од денот на приемот на пресудата да поднесат приговор против пресудата во писмена форма или усно или со записник во судот. Приговорот не мора да биде образложен, но може да содржи докази во корист на одбраната. Обвинетиот може да се откаже од правото на приговор до закажувањето на главната расправа.Плаќањето на паричната казна пред истекот на рокот за приговор не се смета за откажување од правото на приговор.

2. Во кој рок и до кој субјект се поднесува жалба против пресуда по одржана расправа во постапка за казнен налог?Член 481 ст.2 нов ЗКП(2) Против пресудата жалба може да се изјави во рок од осум дена од денот на доставувањето на преписот од пресудата.Член 419 ст.1 нов ЗКППоднесување на жалба(1) Жалба се поднесува до судот што ја изрекол првостепената пресуда во доволен број примероци за судот, како и за противната странка и за бранителот заради давање одговор.

3. Како ќе постапи судот во однос на пресудата со која се издава казнен налог ако е поднесен приговор и по истиот и е закажана главна расправа?Член 500 ст.6 нов ЗКПДоставување на казнениот налог и право на жалба(6) Со закажување на главната расправа се смета дека пресудата за издавање казнен налог воопшто не е донесена.

4. Како ќе постапи судот во случајов, во однос на санкцијата ако по поднесениот приговор закаже главна расправа?Член 500 ст.5Доставување на казнениот налог и право на жалба(5) Ако судијата не го отфрли приговорот ќе закаже главна расправа по одредбите за скратена постапка (членови 468, 469, 470, 471, 472, 473, 474, 475, 476, 477, 478, 479, 480, 481 и 482). Притоа, судијата поединец не е врзан за предложените кривични санкции или други мерки содржани во предлогот на јавниот обвинител за издавање казнен налог.

5. Во кој состав ќе одлучува судот на расправа во постапка за казнен налог во случајов?- Судија поединец

6. Како ќе постапи судот ако во текот на главната расправа во постапката за издавање на казнен налог обвинетиот стане недостапен за органите на прогонот?Недоаѓање на обвинетиот на главна расправачлен 365 став 3 и 4 од ЗКП. На обвинетиот може да му се суди во отсуство само ако е во бегство или ако не им е достапен на државните органи, а постојат особено важни причини да му се суди во отсуство. На предлог на Јавен обвинител.

Page 9: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 9

1. Кое е дејствие на извршување на конкретното кривично дело?- Неовластено држел наркотична дрога заради продажба

2. Правна квалификација на делото?- чл.215 ст.2 вв ст.1

Јас одговорив чл.215(пишано прво 225 ама изгледа е грешка) ст2 вв st 1 (вв чл 19 – изгледа оваа со вв чл.19 е грешка)квалификација мислиш чл.215, а и јас мислам дека ова со чл.19 ти е грешка, зошто делото не е во обид, туку го гонат за држење и пренесување, не морало да има продажба

3. Дали судот правилно постапил што ја одзел дрогата?– одземањето на дрогата е облигаторно согласно ст.7 од чл.215 КЗ- односно дололку има ослободителна пресуда ќе биде по чл.532 ст.1 и ст.2 ЗКП

4. Во кое својство е совозачот?- Сведок

5. Каква одлука донесува судот доколку остане недокажано кривичното дело?- Ослободителна пресуда

6. Дали правилно постапил што извршил претрес нешто така беше прашањето?- ДА, согласно чл.144 (ст.2 т.2) стар ЗКП(1) Ако постојат основи за сомневање дека е извршено кривично дело за кое се гони по службена должност, Министерството за внатрешни работи е должно да ги преземе потребните мерки да се пронајде сторителот на кривичното дело, сторителот или соучесникот да не се скрие или не побегне, да се откријат и обезбедат трагите на кривичното дело и предметите што можат да послужат како доказ, како и да ги соберат сите известувања што би можеле да бидат од корист за успешното водење накривичната постапка.(2) Заради извршување на задачите од ставот (1) на овој член,Министерството за внатрешни работи може:1) да бара потребни известувања од граѓани;2) да сопре, да легитимира и да изврши потребен преглед или претрес на лица , превозни средства и багаж ако постојат основи на сомневање дека кај нив ќе се пронајдат траги на кривичното дело или предмети што можат да послужат како докази. Министерството за внатрешни работи може да употреби разумна сила само како крајно средство ако тоа е нужно за да се изврши преглед или претрес на лицето, превозното средство или багажот;

Положено 5 од 6

Page 10: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 10 – да се проверат одговорите

1. Кое е дејствието на извршување на предметното кривичното дело?- Неовластено набавува и заради продажба купува

2. Одреди за кое кривично дело точно станува збор во конкретниот случај?- член 215 ст.1 или ст.2 в.в. ст.1 КЗ(1) Тој што неовластено произведува, преработува, продава или нуди на продажба или заради продажба купува, држи или пренесува или посредува во продажба или купување или на друг начин неовластено пушта во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, ќе се казни со затвор од три до десет години.(2) Ако делото од ставот (1) на овој член е сторено со наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од помало количество, сторителот ќе се казни со затвор од шест месеца до три години.

3. Дали судот правилно постапил што ги одзел предметите и дали требало да се повика на конкретна законска одредба и ако треба да се повика - на која точно?(имаше вакви 5-6 понудени одговори меѓу кои член 100-а од КЗ, член 215 став 7 од КЗ, член 532 став 1 и 2 од ЗКП...)- Чл.532 ст1 од стар ЗКП, а в.в. чл.215 ст.7 од КЗ?- чл.532 ст.1 и ст.2 стар ЗКП пречистен(1) Предметите што според Кривичниот законик мора да се одземат, ќе се одземат и кога кривичната постапка нема да заврши со пресуда со која обвинетиот се огласува за виновен.(2) Посебно решение за тоа донесува органот пред кој се водела постапката во моментот кога постапката е завршена односно кога е запрена.

4. Каков вид на одлука ќе донесол судот ако вината на обвинетиот не била утврдена?- Судот донел ослободителна пресуда согласно чл.368 ст.1 т.3 од ЗКП.Пресуда со која обвинетиот се ослободува од обвинението судот ќе изрече,ако:1) делото за кое се обвинува не е кривично дело според законот;2) има околности што ја исклучуваат кривичната одговорност и3) не е докажано дека обвинетиот го сторил делото за кое се обвинува.

5. Во кое својство може да се јави лицето Б.В.?- Сведок

6. Состав на судот во конкретниот случај?- состав 1 + 2 – редовна постапка

Page 11: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 11

1. Што поднел обвинителот? - Обвинителен акт!

2. Состав на судот? - совет 2+3!

3. Дејствие на извршување? - ...со употреба на сила или закана дека непосредно ќе нападне врз животот или телото на друг ќе одземе туѓ подвижен предмет со намера ПРОТИВПРАВНО ДА ГО ПРИСВОИ (Тука внимавајте имаше слични опции).

4. Дали обвинетиот има право на жалба? - Да, во рок од 15 дена преку првостепениот суд до второстепен суд.

5. Квалификација на кривичното дело? Чл.237 ст.1 од КЗ.

6. Од кога почнува да тече рокот за жалба против првостепената одлука? - Од денот на приемот на преписот од пресудата на бранителот на обвинетиот, бидејќи обвинетиот се наоѓа во притвор!

Page 12: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 12

1. Каква одлука ќе донесе судот во однос на починатото лице В?- спрема него се запира постапката со решение согласно (чл.137 од ЗКП). чл.22 ЗКП Го носи претседателот на советотЧлен 137 од стар ЗКП пречистенКога во текот на кривичната постапка ќе се утврди дека обвинетиот умрел, ќе се запре кривичната постапка со решение

2. Кој одлучува за притвор по објавувањето на пресудата?Чл.371 ст.4 стар ЗКП пречистен(4) За определување или укинување на притворот по објавувањето на пресудата до нејзината правосилност ќе се применува одредбата на став 2 на овој член. Одлуката ја донесува советот на првостепениот суд (член 22 став 6)Чл.22 ст.6 стар ЗКП пречистен(6) Првостепените судови, во совет составен од тројца судии, одлучуваат за жалби против решенија на истражен судија и против други решенија кога тоа е определено со овој закон, донесуваат одлуки во прв степен надвор од главниот претрес спроведуваат постапка, донесуваат пресуда по одредбите на член 554 став 2 до 6 од овој закон и ставаат предлози во случаите предвидени во овој или во друг закон.

3. Дали во повторената постапка обвинетиот може да изјави жалба?- Да, можеЧлен 423 ст.1 стар ЗКП пречистен(1) За новата постапка што се води врз основа на решението со кое е дозволено повторување на кривичната постапка важат истите одредби како и за првата постапка. Во новата постапка судот не е врзан за решенијата донесени во поранешната постапка.

4. Што се случува со претходната пресуда по донесувањето на новата пресуда во повторената постапка?Член 423 ст.3 ЗКП 1997(2) Ако новата постапка се запре до почетокот на главниот претрес, судот со решението за запирање на постапката ќе ја укине и поранешната пресуда.(3) Кога судот во новата постапка ќе донесе пресуда, ќе изрече дека поранешната пресуда делумно или во целост се става надвор од сила или дека се остава во сила. Во казната што ќе ја определи со новата пресуда судот на оптужениот ќе му ја засмета издржаната казна, а ако повторување е определено само за некое од делата за кои оптужениот бил осуден, судот ќе изрече нова единствена казна според одредбите на КЗ

5.Во кој состав суди судот за ова дело?- совет 1 + 2

6.Со каков акт се поведува постапката?- Обвинителен акт

Page 13: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 13

1. Кој ќе суди во постапка по приговор на казнен налог, на главна расправа, - судија поединец

2.До кого се доставува казнениот налог, дали има приговор и до кого?Член 500 ст. 1 и ст.2 нов ЗКП (1) Пресудата со која е издаден казнениот налог му се доставува на обвинетиот и неговиот бранител ако го има.(2) Обвинетиот и неговиот бранител можат во рок од осум дена од денот на приемот на пресудата да поднесат приговор против пресудата во писмена форма или усно или со записник во судот Приговорот се поднесува со судија поединец (до советот кој судел во 1 степен)***Болдираното беше точниот одговор. 

3. Ако обвинетиот поднесе приговор против казнениот налог како судот ќе постапи во однос на пресудата за издавање на казнен налог?Чл.500 ст.6(6) Со закажување на главната расправа се смета дека пресудата за издавање казнен налог воопшто не е донесена.***Точниот одговор од збор до збор - член 500 став 6.

4. Ако во текот на постапката после приговорот обвинетиот стане недостапен на органите на прогон: (така нешто беше прашањето)Член 365 ст.3 и ст.4 нов ЗКПНедоаѓање на обвинетиот на главна расправа(3) На обвинетиот може да му се суди во отсуство само ако е во бегство или ако не им е достапен на државните органи, а постојат особено важни причини да му се суди иако е отсутен.(4) Решение за судење во отсуство на обвинетиот донесува советот по предлог од тужителот.***судот ќе донесе Решение на предлог на јавниот обвинител да му суди во отсудтво поради недостапност на обвинетиот на органите на прогонот а постојат особено важни причини да му се суди иако е отсутен по член 365 ст.3 од ЗКП новиот.

5. Дали обвинетиот има право на жалба во постапката после приговорот?- Да, има право согласно Член 481 ст.2 нов ЗКП***Одговорот во рок од 8 дена преку првостепениот до второстепениот суд. (во буквална смисла приближно вака беше)

6. Дали судот е врзан за предложената казна од страна на обвинителот.Член 500 ст. 5 нов ЗКП(5) Ако судијата не го отфрли приговорот ќе закаже главна расправа по одредбите за скратена постапка (членови 468, 469, 470, 471, 472, 473, 474, 475, 476, 477, 478, 479, 480, 481 и 482). Притоа, судијата поединец не е врзан за предложените кривични санкции или други мерки содржани во предлогот на јавниот обвинител за издавање казнен налог.***Одговорот судот не е врзан за предложените кривични санкции или други мерки содржани во предлогот на јавниот обвинител за издавање казнен налог.

Page 14: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 14

1. Во конкретниот случај, какво обвиненит поднел јавниот обвинител? - обвинителен акт (обивинението го поднел за кд разбојништво)

2. Во колкав состав одлучувал судот? - совет 2 + 3 (за разбојништво е поднесен обвинителниот акт)- 1 + 2 (за разбојништво е поднесен обвинителниот акт)?!?

3. Кое е дејствие на извршување на кривично дело самовластие?1.започнало со вербална расправила и погрдни зборови 2.сила и закана за давање на парите- Во конкретниов случај дејствие на извршување е обвинетиот зел нож од работната маса, со кој замавнувајќи по оштетениот му побарал да му даде пари, по што оштетениот А.Б. од касата му дал 1.000,оо денари

4. По објавената пресуда на обвинетиот веќе изречената мерка притвор: – како ќе постапи судот?чл.371 ст.2 стар ЗКПОбјавување на пресудата(1) Кога ќе изрече пресуда со која обвинетиот се осудува на пет или повеќе години затвор, советот ќе определи притвор ако обвинетиот веќе не се наоѓа во притвор.(2) Кога ќе изрече пресуда на помала казна затвор од став 1 на овој член советот може да определи притвор под условите од член 199 став 1 точки 1 и 3 на овој закон, а ќе го укине притворот ако обвинетиот веќе се наоѓа во притвор а повеќе не постојат причините поради кој бил определен.Чл.199 ст.1 т.1 и т.3 стар ЗКП(1) Ако постои основано сомневање дека определено лице сторило кривично дело, притвор против тоа лице може да се определи ако:1) се крие, ако не може да се утврди неговиот идентитет или ако постојат други околности што укажуваат на опасност од бегство;3) особени околности го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, или ќе го доврши обиденото кривично дело или дека ќе стори кривично дело со кое се заканува.

5. Дали судот постапил правилно кога не им доставил препис од пресудата на странките? - постапил погрешно. . . . .- Не постапил правилно, бидејќи обвинетиот не може да се откаже од правото на жалба ако е осуден на казна затвор?чл.374 ст.9 стар ЗКП(9) Странките и оштетениот можат да се одречат од правото на жалба веднаш по објавувањето на пресудата. Во таков случај преписот од пресудата ќе се достави до странката и до оштетениот само ако го бараат тоа. Ако обете странки и оштетениот по објавувањето на пресудата се одрекле од правото на жалба и ако никој од нив не барал доставување на пресудата, писмено изработената пресуда не мора да содржи образложениеЧлен 378 стар ЗКП(1) Обвинетиот може да се одрече од правото на жалба само откако му е доставена пресудата. Обвинетиот и пред тоа може да се одрече од правото на жалба ако тужителот и оштетениот кога има право да изјави жалба поради сите основи (член 373 став 4), се одрекле од правото на жалба, освен ако обвинетиот според пресудата би требало да издржува казна затвор.Член 373 ст.4(4) До обвинетиот, до приватниот тужител и до оштетениот како тужител ќе се достави и упатство за правото на жалба.

6. За колку време застарува кривичното гонење за кривичното дело сторено на 04.08.2006 година? Застареност на кривичното гонењеЧлен 107 ст.1 т.5 КЗ(1)Ако во овој законик не е поинаку определено , кривичното гонење не може да се преземе кога ќе поминат: 5) три години од извршувањето на кривично дело за кое според законот може да се изрече затвор над една година За кд самовластение казната е парична казна или затвор од 6 месеци до 3 години, според тоа застарувањето во конретниов случај е 04.08.2012-апсолутна застареност

Page 15: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 15

1. Според правниот опис на делото кое е дејство на извршување кај предметното дело?- телесно ќе повреди друг- Физички ја нападнал, удирајќи ја со рамената и со клоци ја удрил по нозете при што и нанел телесни повреди

2. Од поднесеното обвинение произлегува дека ЈО поднесол?- обвинителен акт

3. По поднесување на обвинението во кој состав постапувал судот?- совет 1 + 2

4. Дали судот правилно постапил кога ги прифатил изјавите на странките дека се одрекуваат од правото на жалба? - Не постапил правилно, има ефективна казна затвор

5. Кога ке застари кривичното гонење на предметното дело ако постапката не заврши со правосилна пресуда? - мислам дека е апсолутен рок за застареност – за 6 години, односно на 30.04.2010 година

Застареност на кривичното гонење Член 107 КЗ(1) Ако во овој законик не е поинаку определено, кривичното гонење не може да се преземе кога ќе поминат: 5) три години од извршувањето на кривично дело за кое според законот може да се изрече затвор над една година

Тек и прекин на застарувањето на кривичното гонење Член 108 КЗ(1) Застарувањето на кривичното гонење почнува од денот кога е сторено кривичното дело. (2) Застарувањето не тече за времето за кое според законот гонењето не може да започне или да продолжи. (3) Застарувањето се прекинува сосекое процесно дејствие што се презема заради гонење на сторителот поради стореното кривично дело. (4) Застарувањето се прекинува и кога сторителот во времето додека тече рокот на застареност ќе стори, исто така, тешко или потешко кривично дело. (5) За секој прекин застарувањето почнува повторно да тече. (6) Застареност на кривичното гонење настапува во секој случај кога ќе помине двапати онолку време колку што според законот се бара за застареност на кривичното гонење.

6. По објавување на пресудата како ќе постапи судот во врска со определениот притвор?Член 371 ст.2 стар ЗКП(1) Кога ќе изрече пресуда со која обвинетиот се осудува на пет или повеќе години затвор, советот ќе определи притвор ако обвинетиот веќе не се наоѓа во притвор.(2) Кога ќе изрече пресуда на помала казна затвор од став 1 на овој член советот може да определи притвор под условите од член 199 став 1 точки 1 и 3 на овој закон, а ќе го укине притворот ако обвинетиот веќе се наоѓа во притвор а повеќе не постојат причините поради кој бил определен.

Page 16: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 16

1. Во конкретниот случај, какво обвинение поднел јавниот обвинител? обвинителен акт (разбојништво)

2. Во колкав состав одлучувал судот? - совет 2 + 3 (разбојништво)

3. Кое е дејствие на извршување на кривично дело кражба на дрзок начин? Одземање на дрзок начин туѓ подвижен предмет со намера противправно да се присвои

4. По објавената пресуда на обвинетиот веќе изречената мерка притвор:Чл.371 ст.4 стар ЗКП пречистенЗа определување или укинување на притворот по објавувањето на пресудата до нејзината правосилност ќе се применува одредбата на став 2 на овој член. Одлуката ја донесува советот на првостепениот суд (член 22 став 6)

5. Дали судот постапил правилно кога не им доставил препис од пресудата на странките? - Не,затоа што обвинетиот може да се одрече од правото на жалба само откако му е доставена пресудата. Обвинетиот и пред тоа може да се одрече од правото на жалба ако тужителот и оштетениот кога има право да изјави жалба поради сите основи (член 347 став 4), се одрекле од правото на жалба, освен ако обвинетиот според пресудата би требало да издржува казна затвор. До донесувањето на одлуката на второстепениот суд, обвинетиот може да се откаже од веќе изјавената жалба. - обвинетиот е ефективно осуден на казна затвор, не може да се откаже од правото на жалба.

6. За колку време застарува кривичното гонење за кривичното дело разбојништво сторено на 10.12.2008 година? - Застарува на 10.12.2018г. – релативна застареност- Застарува на 10.12.2028г. – апсолутна застареност

Член 107 КЗ(1) Ако во овој законик не е поинаку определено, кривичното гонење не може да се преземе кога ќе поминат: 3) десет години од извршувањето на кривично дело за кое според законот може да се изрече затвор над пет години,

РазбојништвоЧлен 237(1) Тој што со употреба на сила или закана дека непосредно ќе нападне врз животот или телото на друг ќе одземе туѓ подвижен предмет со намера противправно да го присвои, ќе се казни со затвор најмалку пет години.

Тек и прекин на застарувањето на кривичното гонење Член 108 (1) Застарувањето на кривичното гонење почнува од денот кога е сторено кривичното дело. (6) Застареност на кривичното гонење настапува во секој случај кога ќе помине двапати онолку време колку што според законот се бара за застареност на кривичното гонење.

Page 17: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 17

(нов ЗКП)

1. Кому му се доставува пресуда по казнен налог и дали има право на приговор?Член 500 нов ЗКПДоставување на казнениот налог и право на жалба(1) Пресудата со која е издаден казнениот налог му се доставува на обвинетиот и неговиот бранител ако го има.(2) Обвинетиот и неговиот бранител можат во рок од осум дена од денот на приемот на пресудата да поднесат приговор против пресудата во писмена форма или усно или со записник во судот. Приговорот не мора да биде образложен, но може да содржи докази во корист на одбраната. Обвинетиот може да се откаже од правото на приговор до закажувањето на главната расправа. Плаќањето на паричната казна пред истекот на рокот за приговор не се смета за откажување од правото на приговор.

2. Како постапува судот по закажување на главна расправа?Член 500 нов ЗКП(5) Ако судијата не го отфрли приговорот ќе закаже главна расправа по одредбите за скратена постапка (членови 468, 469, 470, 471, 472, 473, 474, 475, 476, 477, 478, 479, 480, 481 и 482). Притоа, судијата поединец не е врзан за предложените кривични санкции или други мерки содржани во предлогот на јавниот обвинител за издавање казнен налог.(6) Со закажување на главната расправа се смета дека пресудата за издавање казнен налог воопшто не е донесена.

3. Кој суди на главна расправа?- судија поединец

4. Како ќе постапи судот ако обвинетиот не е достапен на органите на прогонот?Член 365 нов ЗКПНедоаѓање на обвинетиот на главна расправа(3) На обвинетиот може да му се суди во отсуство само ако е во бегство или ако не им е достапен на државните органи, а постојат особено важни причини да му се суди иако е отсутен.Член 479 нов ЗКПУслови за одржување на главна расправа(1) Главната расправа се одржува во присуство на јавниот обвинител, односно на приватниот тужител и на обвинетиот.(2) За кривични дела за кои е пропишана парична казна или казна затвор до три години, ако обвинетиот не дојде на главната расправа, иако уредно е повикан или поканата не можела да се врачи поради очигледно одбегнување на обвинетиот да ја прими поканата, судот може да одлучи главната расправа да се одржи без негово присуство. За останатите кривични дела за кои се води скратена постапка, присуството на обвинетиот на главната расправа е задолжително.

5. Како постапува судот со предложените санкции на ЈО?Член 500 нов ЗКП(5) Ако судијата не го отфрли приговорот ќе закаже главна расправа по одредбите за скратена постапка (членови 468, 469, 470, 471, 472, 473, 474, 475, 476, 477, 478, 479, 480, 481 и 482). Притоа, судијата поединец не е врзан за предложените кривични санкции или други мерки содржани во предлогот на јавниот обвинител за издавање казнен налог.

6. Дали обвинетиот има право на жалба на пресуда?

Page 18: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

Член 481 нов ЗКПИзрекување пресуда(1) По заклучувањето на главната расправа судот веднаш ќе ја изрече пресудата и ќе ја објави со суштествените причини. Пресудата мора да се изработи писмено во рок од осум дена од денот на објавувањето.(2) Против пресудата жалба може да се изјави во рок од осум дена од денот на доставувањето на преписот од пресудата.СЛУЧАЈ 18 - ОК

(по стар ЗКП)

1. Како ќе постапи судот во поглед на одземањето на предметот - калауз:- ќе го одземе без оглед на тоа што делото останало само во обид.(Мој одговор - ќе го одземе врз основа на 100-а од КЗ бидејќи постои можност повторно да го употреби по излегување од притвор. - грешен)

2. Дали извршениот преглед од страна на МВР бил согласно правилата:- да, бидејќи согласно чл. 144 од ЗКП МВР има овластување доколку постојат основи за сомневање дека е извршено кривично дело за кое се гони по службена должност да ги преземе потребните мерки вклучувајќи и претрес, преглед, легитимирање на лица превозни средства и багаж (најдолгиот одговор беше, како во закон уствари)

3. Кој одлучува за мерката притвор кога е предложена со обвинението поднесено од овластениот тужител?Точен одговор: Советот од 22 (6) (ова се вика Кривичен совет така?) (чл 207 ст. 1)

4. Како ќе постапи советот во поглед на мерката притвор откако обвинетиот ќе биде прогласен за виновен (мислам дека така беше, во секој случај по изрекување на пресудата):- Откако ќе ја изрече пресудата, ќе го сослуша јавниот обвинител, советот ќе одлучи за мерката притвор.(Мој одговор - Откако ќе ја изрече пресудата, ќе го сослуша јавниот обвинител, неговата изјава ќе ја внесе во записник и предметот со сите списи ќе го достави до Кривичниот совет. - грешно)

5. Правна квалификација на делото: - тешка кражба во обид - 236 ст.1 КЗ вв. чл 19 КЗОбидЧлен 19 КЗ(1) Тој што со умисла ќе започне извршување на кривично дело, но нема да го доврши, ќе се казни за обид на кривично дело за кое според закон може да се изрече затвор од пет години или потешка казна, а за обид на друго кривично дело само кога законот изречно пропишува казнување и за обид.

6. Дали судот постапил правилно со тоа што ги прифатил изјавите за откажување од жалба на сите странки и не им доставил примероци од пресудата?- Не, бидејќи обвинетиот може да се откаже од жалба пред доставување на пресуда ако тужителот и оштетениот се откажале од жалба, ОСВЕН ако обвинетиот според пресудата треба да издржува казна затвор (чл.378 ЗКП)

Page 19: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 19

1. Кога застарува делото? Застареност на кривичното гонење

Член 107(1) Ако во овој законик не е поинаку определено, кривичното гонење не може да се преземе кога ќе поминат: 3) десет години од извршувањето на кривично дело за кое според законот може да се изрече затвор над пет години, 04.06.20144) пет години од извршувањето на кривично дело за кое според законот може да се изрече затвор над три години, 04.06.2009

Тек и прекин на застарувањето на кривичното гонењеЧлен 108(1) Застарувањето на кривичното гонење почнува од денот кога е сторено кривичното дело или настапила последицата. Ако делото е сторено спрема дете застарувањето на кривичното гонење почнува од денот на неговото полнолетство.(6) Застареност на кривичното гонење настапува во секој случај кога ќе помине двапати онолку време колку што според законот се бара за застареност на кривичното гонење. (04.06.2014 или 04.06.2028)

2. Од кога може да се вложи жалба на пресудата од повторената постапка?- Од правосилноста на повторена постапка(има ефективна казна затвор, од приемот на пресудата од страна на бранителот во рок од 15 дена)

3.Што поднел јавниот обвинител до судот? - Обвинителен акт со предлог мерка притвор

4. Повторување на постапка (ја става вон сила)Член 423 ст.3 стар ЗКП (3) Кога судот во новата постапка ќе донесе пресуда, ќе изрече дека поранешната пресуда делумно или во целост се става надвор од сила или дека се остава во сила . Во казната што ќе ја определи со новата пресуда судот на оптужениот ќе му ја засмета издржаната казна, а ако повторување е определено само за некое од делата за кои оптужениот бил осуден, судот ќе изрече нова единствена казна според одредбите на Кривичниот законик.

5. Надлежен суд да суди- совет 1 + 2

6. Жалба – има бранител во рок од 15 дена?Член 376(1) Против пресудата донесена во прв степен овластените лица можат да изјават жалба во рок од 15 дена од денот на доставувањето на преписот на пресудата .(2) Навремено изјавената жалба од овластеното лице го одлага извршувањето на пресудата.

Член 377 ст.1(1) Жалба можат да изјават странките, бранителот, законскиот застапникна обвинетиот и оштетениот.

Page 20: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 20

1. Во кој совет судел судот по поднесување на обвинението?- совет 2 + 3

2. Што поднел јавниот обвинител?- Обвинителен акт

3. За колку време има апсолутна застареност за тешка кражба која е пропишана во КЗ од 1 до 5 години?- 10 години

Застареност на кривичното гонење Член 107 ст.1 т.4 КЗ в.в. член 108 ст.6 КЗ4) пет години од извршувањето на кривично дело за кое според законот може да се изрече затвор над три години,

Член 108 ст.6 КЗ(6) Застареност на кривичното гонење настапува во секој случај кога ќе помине двапати онолку време колку што според законот се бара за застареност на кривичното гонење.

4. Кое е дејствието на кривичното дело?- На дрзок начин одзеле туѓ подвижен предмет со намера противправно да го присвојат

5. Дали може обвинетиот што е осуден на ефективна казна затвор да се откаже од правото на жалба?- Не, по чл 378 стар ЗКП пречистен (1) Обвинетиот може да се одрече од правото на жалба само откако му е доставена пресудата. Обвинетиот и пред тоа може да се одрече од правото на жалба ако тужителот и оштетениот кога има право да изјави жалба поради сите основи (член 373 став 4), се одрекле од правото на жалба, освен ако обвинетиот според пресудата би требало да издржува казна затвор. До донесувањето на одлуката на второстепениот суд, обвинетиот може да се откаже од веќе изјавената жалба. Обвинетиот може да се откаже и од жалбата што ја изјавил неговиот бранител или лицата наведени во член 377 став 2 од овој закон.

6. Нешто за укинување на притвор?!?- одговор по Член 316 ст.2 стар ЗКП пречистен(2) Ако обвинетиот кој уредно е повикан очигледно избегнува да дојде на главниот претрес, а не постојат причини за притвор предвидени во член 199 од овој закон, советот може да определи притвор за обезбедување присуство на обвинетиот на главниот претрес. Жалбата не го задржува извршувањето на решението за притвор. За притворот што е определен од оваа причина согласно се применуваат одредбите од член 198 до 213 на овој закон. Ако не биде порано укинат, притворот трае до објавувањето на пресудата, а најдолго 30 дена.

Page 21: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 21 - ОК

1. Поаѓајќи од правната квалификација на кривичното дело произлегува дека јавниот обвинител поднел: -Обвинителен акт со предлог за издавање превентивни мерки (член 268 КЗ – Фалсификување пари; член 190 ст.3 стар ЗКП пречистен - 5. Други превентивни мерки со кои се обезбедува присуство на обвинетиот)

2. Имајќи ги во предвид фактите на случајот, дали судот би ги одзел парите?-Да задолжително, бидејќи во КЗ има императивна одредба која го предвидува тоа. Во одлуката за одземање судот задолжително ќе се повика на одредбата по која се раководел за одлучувањето.(овој беше најдолгиот одговор и точен)(член 268 ст.5 КЗ)

3. Која е правната квалификација на делото?-Фалсификување пари – член 268 ст.1 од КЗ(1) Тој што ќе направи лажни пари со намера да ги пушти во оптек како вистински или тој што ќе преиначи вистински пари со намера да ги пушти во оптек или тој што такви лажни пари ќе пушти во оптек, ќе се казни со затвор од една до десет години.

4. Како ќе постапи судот со поранешната пресуда при повторување на постапката?- Кога судот во новата постапка ќе донесе пресуда, ќе изрече дека поранешната пресуда делумно или во целост се става надвор од сила или дека се остава во сила. (точно цитирано од член 423 ст.3 од ЗКП 1997 пречистен)

5. Поаѓајќи од описот на кривично правниот настан, што претставува дејствие на извршување на предметото кривично дело?- пуштил во оптек лажни паричлен 268 ст.1 од КЗ(1) Тој што ќе направи лажни пари со намера да ги пушти во оптек како вистински или тој што ќе преиначи вистински пари со намера да ги пушти во оптек или тој што такви лажни пари ќе пушти во оптек, ќе се казни со затвор од една до десет години.

6. Во кој состав постапува судот?- совет 1 + 2

Page 22: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 22 - ОК

1. Како ќе постапи советот по објавување на пресудата, а по однос на мерката притвор спрема обвинетиот?- По објавување на пресудата, а по сослушување на Јавниот обвинител советот со посебно решение ќе се произнесе за мерката притвор

2. Имајќи ги предвид фактите на конкретниот случај жалба против пресуда во повторената постапка е дозволена во рок од?- Во рок од 15 дена од кога бранителот ја примил пресудата (обвинетиот е во притвор и затоа рокот тече од денот кога го примил пресудата неговиот бранител)

3. Квалификација на кривичното дело?- Чл.247, ст.3 вв. ст.1 в.в. чл.22 од КЗ

ИзмамаЧлен 247(1) Тој што со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист ќе доведе некого во заблуда со лажно прикажување или со прикривање факти или ќе го држи во заблуда и со тоа ќе го наведе да стори или да не стори нешто на штета на својот или туѓ имот, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години. (3) Ако сторената штета е од поголема вредност, сторителот ќе се казни со затвор од три месеци до пет години.

СоизвршителствоЧлен 22Ако две или повеќе лица, со учество во дејствие на извршување или со друг особен придонес кон извршувањето на делото, заеднички сторат кривично дело, секое од нив ќе се казни со казната пропишана за тоа дело.

4. Правното лице го упати на спор дали постапил правилно судот?- Нема да постапи правилно бидејќи со пресудата со која обвинетиот се огласил за виновен судот треба да одлучи за имотно-правно барање, дотолку повеќе што висината на штета, која во конкретниот случај се јавува и како квалификаторен елемент на кривично дело е неспорно е утврдена.Член 102 ст.1 и ст.2 стар ЗКП пречистен(1) За имотноправните барања одлучува судот.(2) Со пресудата со која обвинетиот се огласува за виновен, судот одлучува целосно или делумно за имотноправното барање. Доколку доказите во кривичната постапка не даваат доволна основа за целосно или делумно пресудување на имотноправното барање, а за нивно дополнително обезбедување постои опасност од неоправдано одолжување на кривичната постапка, судот со пресудата ќе го досуди само основот, или основот и делумно износот на имотноправното барање, а за износот на имотноправното барање или остатокот од тој износ ќе донесе дополнителна пресуда. Доколку износот на имотноправното барање не може да се утврди со други докази, или изведувањето такви докази би водело кон значително одолговлекување на постапката, судот со дополнителната пресуда ќе го досуди износот на имотноправното барање или неговиот дел определувајќи правичен надоместок. Противдополнителната пресуда може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на нејзиното доставување.

5. Кој е функционално надлежен да одлучува по однос на барањето за повторување на кривична

Page 23: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

постапка?- По барање за повторување на кривичната постапка одлучува Кривичниот Совет од чл.22 ст.6 од ЗКП на првостепениот суд.Член 420 ст.1 стар ЗКП пречистен(1) За барањето за повторување на кривичната постапка одлучува советот (член 22 став 6) на судот што во поранешната постапка судел во прв степен.

Член 22 ст.6 стар ЗКП пречистен(6) Првостепените судови, во совет составен од тројца судии, одлучуваат за жалби против решенија на истражен судија и против други решенија кога тоа е определено со овој закон, донесуваат одлуки во прв степен надвор од главниот претрес спроведуваат постапка, донесуваат пресуда по одредбите на член 554 став 2 до 6 од овој закон и ставаат предлози во случаите предвидени во овој или во друг закон.

6. По однос на обвинетата М.М како треба да постапи судот?- Да донесе Решение за запирање на кривичната постапка спрема М.М.Член 137 стар ЗКП пречистенКога во текот на кривичната постапка ќе се утврди дека обвинетиот умрел, ќе се запре кривичната постапка со решение.

Page 24: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 23 – да се провери

1. Што поднел Јавниот обвинител?- обвинителен акт со предлог за превентивни мерки(член 247 ст.3 – Измама; член 190 ст.3 стар ЗКП пречистен - 5. Други превентивни мерки со кои се обезбедува присуство на обвинетиот)

2. Квалификација на делото?- измама од поголема корист вв со фалсификување исправа (не се сеќава точно на членовите ама од закон се гледало)Член 247 ст.3 в.в. ст.1 в.в. член 378 од КЗ

ИзмамаЧлен 247(1) Тој што со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист ќе доведе некого во заблуда со лажно прикажување или со прикривање факти или ќе го држи во заблуда и со тоа ќе го наведе да стори или да не стори нешто на штета на својот или туѓ имот, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.(2) Ако сторената штета е од помала вредност, а сторителот одел кон тоа да прибави таква вредност, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.(3) Ако сторената штета е од поголема вредност, сторителот ќе се казни со затвор од три месеци до пет години.

Фалсификување исправаЧлен 378(1) Тој што ќе направи лажна исправа или ќе преправи вистинска исправа со намера таквата исправа да се употреби како вистинска или тој што лажната или преправената исправа ќе ја употреби како вистинска, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

3. Каква пресуда донел спрема обвинетата?- одбивателна пресуда поради пресудена работа

Член 5 стар ЗКП пречистенНикој не може повторно да биде суден или казнет за дело за кое веќе бил суден и за кое е донесена правосилна судска одлука.

ПРЕСУДАВидови пресудиЧлен 367 стар ЗКП пречистенПресуда со која се одбива обвинението судот ќе изрече, ако:5) обвинетиот за истото дело е веќе правосилно осуден, ослободен одобвинението или постапката против него е правосилно запрена со решение

4. Како ќе гласи пресудата?- не може да е условна осуда затоа што вкупниот збир на казните е повеќе од 2 години- имаше опции алтернативна мерка условна осуда со пресметано, дека неможе условна затоа што е повеќе од 2 год

Page 25: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

Во конкретниот случај судот погрешил затоа што кога ги утврдил казните за двете дела прво требало согласно одредбата за стек да изрече единствена казна до две години, па потоа да изрече условна осуда.

5. Како ќе постапи судот со записникот од извршениот претрес на дом?- одговорот беше од член од стариот ЗКП дека ќе го даде на чување, на тоа решение има право на посебна жалба, ќе го оддвои во посебна обвивка и дека немаат право да го користат како доказ (не се сеќава точно ама со внимателно читање се пронаоѓа кој е зошто не е точно изваден цел пасус од закон туку како да е склопен од повеќе ставови)ќе донесе решение за издвојување на тој записник за претрес од списите на предметот, со тоа што ќе го стави во затворен коверт. Против ова решение може да се поднесе жалба, но не како посебна жалба туку во склоп на жалбата со која се побива донесената пресуда.

ГЛАВЕН ПРЕТРЕСДоказна постапкаЧлен 340 ст.7 т.1 стар ЗКП пречистен(7) Предлогот да се прибават нови докази може да се одбие, ако:1) се однесува на со закон забранет начин на прибавување на докази, на доказ чија што употреба не е според законот дозволена или на фактот кој според законот не може да се докаже (недозволен предлог)

ИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈАПретрес на дом и лицеЧлен 216 ст.3 стар ЗКП пречистен(3) При претресувањето на дом или лице присуствуваат двајца полнолетни граѓани како сведоци. Претресувањето на женско лице го врши само женско лице, а за сведоци ќе се земаат само женски лица. Пред почетокот на претресувањето сведоците ќе се предупредат да внимаваат како се врши претресувањето, како и на тоа дека имаат право пред потпишувањето на записникот за претресување да стават свои приговори ако сметаат дека содржината на записникот не е точна.

6. Дали судот правилно ќе постапи ако оштетениот за имотно правното побарување го упати на спор?- заокружил дека нема правилно да постапи зошто ја има утврдено штетата и треба да одлучи со пресудата

ИМОТНОПРАВНИ БАРАЊАЧлен 102 стар ЗКП пречистен(1) За имотноправните барања одлучува судот.(2) Со пресудата со која обвинетиот се огласува за виновен, судот одлучува целосно или делумно за имотноправното барање. Доколку доказите во кривичната постапка не даваат доволна основа за целосно или делумно пресудување на имотноправното барање, а за нивно дополнително обезбедување постои опасност од неоправдано одолжување на кривичната постапка, судот со пресудата ќе го досуди само основот, или основот и делумно износот на имотноправното барање, а за износот на имотноправното барање или остатокот од тој износ ќе донесе дополнителна пресуда.

5 од 6, можно е последното да не е точно треба да се провери

Page 26: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 24 - нецелосен

1. Во кој состав ќе одлучува судот?- совет 2 + 3

2. Што поднел Јавниот обвинител?- обвинителен акт

3. Алтернативна мерка:- условна осуда како ќе се пресмета времето поминато во притвор?!?- во утврдената казна затвор ќе му се засмета времето поминато во притвор?!?Член 371 ст.3 стар ЗКП пречистен(3) Советот секогаш ќе го укине притворот и ќе нареди обвинетиот да се пушти на слобода ако е ослободен од обвинението или е огласен за виновен а е ослободен од казната или е осуден само на парична казна, или му е изречена судска опомена или условна осуда, или поради засметувањето на притворот казната веќе ја издржал или ако обвинението е одбиено, освен во случај кога е одбиено поради ненадлежност на судот.(4) За определување или укинување на притворот по објавувањето на пресудата до нејзината правосилност ќе се применува одредбата на став 2 на овој член. Одлуката ја донесува советот на првостепениот суд (член 22 став 6).

4. Дејствие на извршување:- недозволено држење огнено оружје и ловна муниција

- чл.41 од КЗ, 5)за кривичното дело како најмала мера на казна е пропишан затвор во траење од три години или повеќе, казната може да се ублажи до една година затвор,- со ублажување на казната, исполнети се законските услови за изречување условна осуда (чл.50 – ако му е утврдена казна затвор до 2 години или парична казна)- со пресудата судот ќе ги одземе предметите и средствата за изработување, пренесување и растурање на оружјето (чл.396 ст.4)- Член 378 (1) Обвинетиот може да се одрече од правото на жалба само откако му е доставена пресудата. Обвинетиот и пред тоа може да се одрече од правото на жалба ако тужителот и оштетениот кога има право да изјави жалба поради сите основи (член 373 став 4), се одрекле од правото на жалба, освен ако обвинетиот според пресудата би требало да издржува казна затвор. – во овој случај може да се одрече- Член 400 Жалбата ќе се отфрли со решение како недозволена ако се утврди дека жалбата ја изјавило лице кое не е овластено за поднесување жалба или лице кое се одрекло од жалбата или ако се утврди откажување од жалбата или ако по откажувањето повторно е изјавена жалба или ако жалба според законот не е дозволена.

Page 27: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 25 - ОК

1. Каква одлука ќе донесе судот во однос на починатот лице В?- решение за запирање на постапкатаЧлен 137 стар ЗКП пречистенКога во текот на кривичната постапка ќе се утврди дека обвинетиот умрел, ќе се запре кривичната постапка со решение.

2. За жалба во повторена постапка- обвинетиот има право на жалба во рок од 15 дена од денот на доставувањето на преписот на пресудата и тој рок се смета дека тече од денот на доставувањето на пресудата до бранителот со оглед на тоа дека обвинетиот се наоѓа во притвор.

3. Состав на суот- совет 1 + 2

4. Вид на обвинение- обвинителен акт

5. За притвор по обајувањето на пресудата- по објавувањето на пресудата и по сослушување на јавниот обвинител советот со посебно решение ќе се произнесе за мерката притвор

ПРЕСУДАОбјавување на пресудатаЧлен 371 ст.1, 2 4 и 5 стар ЗКП пречистен(1) Кога ќе изрече пресуда со која обвинетиот се осудува на пет или повеќе години затвор, советот ќе определи притвор ако обвинетиот веќе не се наоѓа во притвор.(2) Кога ќе изрече пресуда на помала казна затвор од став 1 на овој член советот може да определи притвор под условите од член 199 став 1 точки 1 и 3 на овој закон, а ќе го укине притворот ако обвинетиот веќе се наоѓа во притвор а повеќе не постојат причините поради кој бил определен.(4) За определување или укинување на притворот по објавувањето на пресудата до нејзината правосилност ќе се применува одредбата на став 2 на овој член. Одлуката ја донесува советот на првостепениот суд (член 22 став 6).(5) Пред донесувањето на решението со кое се определува или укинува притвор во случаите од ставовите 2 и 4 на овој член ќе се сослуша јавниот обвинител кога постапката се води по негово барање.

6. Што се случува со претходната пресуда по донесувањето на новата во повторената посапка- поранешната пресуда делумно или во целост се става надвор од сила или дека се остава во сила.

ВОНРЕДНИ ПРАВНИ ЛЕКОВИПовторување на кривичната постапкаЧлен 424 ст.3(3) Кога судот во новата постапка ќе донесе пресуда, ќе изрече дека поранешната пресуда делумно или во целост се става надвор од сила или дека се остава во сила. Во казната што ќе ја определи со новата пресуда судот на оптужениот ќе му ја засмета издржаната казна, а ако повторување е определено само за некое од делата за кои оптужениот бил осуден, судот ќе изрече нова единствена казна според одредбите на Кривичниот законик.

Page 28: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 26

1. Имајќи ја предвид правната квалификација, произлегува дека јавниот обвинител: - поднел обвинителен предлог со посебен предлог за превентивни мерки

Фалсификување пари Член 268 ст.4 КЗ(4) Тој што лажни пари што ги примил како вистински ќе ги пушти во оптек или тој што знаел дека се направени лажни пари или дека лажни пари се пуштени во оптек, па тоа нема да го пријави, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

Други превентивни мерки со кои се обезбедува присуство на обвинетиотЧлен 189 чл.1 т.3 и т.4 стра ЗКП пречистен(1) Други превентивни мерки со кои се обезбедува присуство наобвинетиот се:2) обврска на обвинетиот да се јавува повремено на одредено службено лице или кај надлежен државен орган;3) привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање и

2. Во кој состав постапува судот: - судија поединец

3. Која е правната квалификација: - фалсификување пари од член 268 став 4 Фалсификување пари Член 268 ст.4 КЗ(4) Тој што лажни пари што ги примил како вистински ќе ги пушти во оптек или тој што знаел дека се направени лажни пари или дека лажни пари се пуштени во оптек, па тоа нема да го пријави, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

4. Кој е надлежен да одлучува по барањето за повторување на кривичната постапка?- Кривичен совет од член 22 став 6 од ЗКП на првостепениот судЧлен 22 ст.6 стар ЗКП пречистен(6) Првостепените судови, во совет составен од тројца судии, одлучуваат за жалби против решенија на истражен судија и против други решенија кога тоа е определено со овој закон, донесуваат одлуки во прв степен надвор од главниот претрес спроведуваат постапка, донесуваат пресуда по одредбите на член 554 став 2 до 6 од овој закон и ставаат предлози во случаите предвидени во овој или во друг закон.

5. Што е дејствие на извршување?- Пуштил во оптек лажни пари кои ги примил како вистински

6. Дали судот ќе ја одземе лажната банкнота?- Да, задолжително бидејќи во членот од КЗ има императивна одредба која го предвидува тоа. Во одлуката за одземање судот задолжително ќе се повика на одредбата од која се раководел при одлучување.

Фалсификување пари

Page 29: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

Член 268 ст.4 КЗ(5) Лажните пари ќе се одземат.

СЛУЧАЈ 27

1. Во кој состав одлучува судот?- совет 2 + 3

2. Што поднел Јавниот обвинител?- Обвинителен акт со предлог продолжување на притвор

3. Дејствие на извршување?- Лишување друг од живот (со умисла се обидел да го лиши од живот неговиот брат)

4. Каква одлуча ќе донесе судот за повлеченото обвинение?- Одбивателна пресуда

ПРЕСУДАВидови пресудиЧлен 367 ст.1 т3 стар ЗКП пречистенПресуда со која се одбива обвинението судот ќе изрече, ако:3) тужителот од започнувањето па до завршувањето на главниот претрес се откажал од обвинението;

5. Дали ќе се одземе пиштолот?- Одговорот беше во врска со член 100-а КЗ(1) Никој не може да ги задржи или присвои предметите што настанале од извршување на кривичното дело.(2) Од сторителот на кривичното дело ќе се одземат и предметите што биле наменети или се употребени за извршување на кривичното дело без оглед дали се негова сопственост или сопственост на трето лице ако тоа го бараат интересите на општата безбедност, здравјето на луѓето или причините на моралот.(3) Предметите што се употребени или биле наменети за извршување на кривичното дело може да се одземат ако постои опасност повторно да бидат употребени за извршување на кривично дело. Нема да се одземат предмети што се во сопственост на трето лице, освен ако тоа знаело или можело и било должно да знае дека се употребени или биле наменети за извршување на кривичното дело.(4) Судот ќе донесе одлука за одземање на предмети во постапка определена со закон и кога од фактички или правни пречки не е можно водење на кривична постапка спрема сторителот на кривичното дело.(5) Со примена на оваа мерка не се засега во правото на трети лица за надоместок на штетата од сторителот на кривичното дело.(6) Под услови определени со ратификуван меѓународен договор, предметите можат да бидат вратени на друга држава.

6. Како одлучува судот по донесената пресуда во врска со притворот?- Одговорот беше во врска со советот и донесување решение за притворотМислам Чл.371 ст.1 КЗ?!?- по објавувањето на пресудата и по сослушување на јавниот обвинител советот со посебно решение ќе се произнесе за мерката притвор

7. Кои се делата?- Во конкретниот случај се работи за подесен обвинителен акт за две кривични дела сторени во стек (чл.123 ст.1 в.в со чл.19 и чл.396 ст.1 од КЗ).

Page 30: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 28 - ОК

1. Правна кфалификација на кривичните дела на секој од од обвинетите.- Кражба од чл.235 КЗ за Ристе Н и Валентина М в.в со член.22 од К.З и кривично дело Прикривање чл.261 од страна на Митре.Б

2. Како постапува Јавниот обвинител по приемот на кривичната пријава за конкретното дело Кражба според ЗКП 2010?- Обвинителен предлог

3. Обвинетиот Ристе Н ја признава вината на главната расправа, како постапува судот?- Сега тука имаше бајги опции, не се сеќавам точно од збор до збор на точната, но знам дека беше подолга и дека се засноваше на тоа дека во однос на него ќе се извадат само доказите за кривична санкција и дека постапката за Валентина ќе си продолжи (имаше нешто тука раздвојување постапка)

Донесување на пресуда врз основа на признание на вината во текот на главната расправаЧлен 381 нов ЗКП(2) По даденото признание за вината, судијата поединец, односно претседателот на советот е должен да испита дали признанието е доброволно, дали обвинетиот е свесен за правните последици од признавањето на вината, за последиците сврзани за имотноправното побарување и трошоците на кривичната постапка.(3) По спроведувањето на дејствијата од ставот (2) на овој член од страна на судот, во доказна постапка ќе се изведат само оние докази што се однесуваат на одлуката за санкцијата.

Спојување и раздвојување на постапкаЧлен 29 нов ЗКПРаздвојување на постапката(1) Судот што е надлежен според членот 28 од овој закон може од важни причини или од причини на целесообразност или во случај на признавање вина во однос на дел од кривичните дела содржани во обвинението, односно признавање вина од некои од сообвинетите, до завршувањето на главната расправа да одлучи постапката за одделни кривични дела или против одделни обвинети да се раздвои и посебно да се доврши или да му се предаде на друг надлежен суд.

4. Доколку Ристе.Н. поднесе жалба:- тука точниот одговор беше дека не може во жалбата да ја побива пресудата поради погрешна и нецелосно утврдена фактичка сосотојба.

Член 381 нов ЗКП(4) Во однос на пресудата или делот од пресудата што е донесена како резултат на признавањето на вината на обвинетиот во текот на главната расправа, обвинетиот не може да поднесе жалба поради погрешно утврдена фактичка состојба.

5. Валентина.М. поднела жалба. Како постапува правилно судот откако ќе ја прими жалбата?(е за ова прашање стојам дека нема потполно точен одговор, ама оди докажи)- имаше меѓу другите опции (што доаѓаа во предвид) и тоа1. Ја доставува до Јавниот обвинител на одговор2. Ја проверува дали е навремена, дозволена целосна и ја доставува до Апелација.3. Ја доставува до Јавниот обвинител и оштетениот

Page 31: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

Јас го кликнав ова за навремена, целосна дозволена иако знаев дека не може без да ја пуштат на одговор да оди во Апелација, ама знаев и дека не може без да проверат навременост, дозволеност, целосност да ја достават до Јавен обвинител.Така да ни ваму ни таму бев. Од увидот видов дека точниот одговор бил: Ја доставува до Јавниот обвинител на одговор (колку е точно тоа вие оценете)

6. Јавниот обивинтел поднесува предлог за одредување мерка на претпазливост - Одземање на патна исправа, па потоа Предлог- спогодба. Како ќе постапи судијата во претходна постапка?- ќе одлучи по предлогот за мерки со решение и ќе закаже рочиште за предлог- спогодбата.СЛУЧАЈ 29

1. Кој е составот на судот за ова кривично дело? - судија поединец

2. Кој е фукнционално надлежен за одлучување по предлогот за повторување на постапката? Член 452 Судот кој одлучува за барањето и содржина на барањето(1) За барањето за повторување на кривичната постапка одлучува советот од членот 25 став (5) на овој закон, на судот што во поранешната постапка судел во прв степен.Член 25 ст.5 нов ЗКПСостав на судот(5) Првостепените судови, во совет составен од тројца судии, одлучуваат за жалби против одлуките на судијата на претходна постапка и против други решенија кога тоа е определено со овој закон, донесуваат одлуки во прв степен надвор од главната расправа, донесуваат пресуда според одредбите за извршување на странска кривична пресуда утврдени со посебен закон и ставаат предлози во случаите предвидени во овој или во друг закон.

3. Како ќе постапи судот со пресудата кога ќе дозволи повторување на постапката? Чл.455 нов ЗКП(3) Кога судот во новата постапка ќе донесе пресуда, ќе изрече дека поранешната пресуда делумно или во целост се става надвор од сила или дека се остава во сила. Во казната што ќе ја определи со новата пресуда судот на обвинетиот ќе му ја засмета издржаната казна, а ако повторување е определено само за некое од делата за кои обвинетиот бил осуден, судот ќе изрече нова единствена казна според одредбите на Кривичниот законик.

4. Како ќе постапи судот со записникот за препознавање како незаконит доказ? Чл.347 нов ЗКП(1) Претседателот на советот може да ги одбие предложените докази, ако:1) предлогот се однесува на со закон забранет начин на прибирање на докази, на доказчијашто употреба со закон не е дозволена или на факт којшто според закон не може да седокаже (незаконит предлог);2) се нејасни, нецелосни или очигледно се насочени кон значително одолжување напостапката или3) фактите што според предлогот би требало да се утврдат не се релевантни за одлучување,односно не постои поврзаност меѓу фактите што треба да се утврдат и решавачките факти, или таа поврзаност поради правни причини не може да се установи (неважен предлог).

5. Дали со правната прекфалификација ЈО ја пречекорил забраната од чл.428 од ЗКП? НЕ Член 428 Забрана за менување на полошо Ако е изјавена жалба само во корист на обвинетиот, пресудата не смее да се измени на негова штета во однос на правната оцена на делото и на кривичната санкција.

6. Кој е рокот за апсолутна застареност на делото тешка кражба од чл.236 ст. 5 вв со ст.1 од ЗКП? - тука внимавај се мисли на рокот за апсолутна застареност - кога ќе помине двојно повеќе време од времето за кое застарува кривичното гонење односно во овој случај 6 година или како што беше во понудениот одговор на 16.01.2020

Page 32: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 30

1. Кој ќе одлучува по жалбата на обвинетиот против решението со кое неговиот приговор се одбива како ненавремен?- кривичниот совет чл.25 ст.5Чл.25 ст.5 нов ЗКПСостав на судот(5) Првостепените судови, во совет составен од тројца судии, одлучуваат за жалби против одлуките на судијата на претходна постапка и против други решенија кога тоа е определено со овој закон, донесуваат одлуки во прв степен надвор од главната расправа, донесуваат пресуда според одредбите за извршување на странска кривична пресуда утврдени со посебен закон и ставаат предлози во случаите предвидени во овој или во друг закон.

2. Како ќе одлучи судот на главната расправа во однос на пресудата донесена по казнениот налог во случајот?- Се смета како пресудата воопшто да не е донесена

3. Кој ќе одлучува на главната расправа откако жалбата на обвинетиот е усвоена?- судија поединец

4. Каква одлука ќе донесе судот кога ќе утврди дека ЈО поднел казнен налог без предлог од оштетен?- Одбивателна пресуда во согласност со чл.402 ст.1 т.4Член 402 ст.1 т.4 нов ЗКПОдбивателна пресуда4) немало потребен предлог, одобрение или ако надлежниот државен орган се откажал од предлогот, односно одобрението или ако оштетениот се откажал од предлогот;

- ЈО требало да донесе решение дека не е дело кое се гони по службена должност Член 22 ст.1 нов ЗКПГонење по предлог и по претходно одобрение(1) Кога гонењето за кривично дело зависи од предлогот на оштетениот, јавниот обвинител не може да поведе истражна постапка ниту да поднесе обвинителен предлог или предлог за издавање на казнен налог додека оштетениот не поднесе предлог.

5. До кого се доставува пресудата со која е издаден казнениот налог и дали има правен лек?- Пресудата се доставува до обвинетиот и неговиот бранител ако го има. Обвинетиот или неговиот бранител можат во рок од 8 дена да поднесат приговор против пресудата до судот.

6. Како ќе постапи судот во однос на обвинетиот доколку стане недостапен на органите на прогонот?- Судот по предлог на ЈО, ќе донесе решение на обвинетиот да му се суди во отсуство ако постојат особено важни причини да му се суди иако е отсутенЧлен 365 ст.3 нов ЗКП(3) На обвинетиот може да му се суди во отсуство само ако е во бегство или ако не им е достапен на државните органи, а постојат особено важни причини да му се суди иако е отсутен.

Page 33: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 31

1. Кое дејствие во конкретниот случај го превзема јавниот обвинител по приемот на кривичната пријава?- Ги сослушува лицата Виолета и Александа по што поднесува обвинителен предлог со предлог докази кои треба да се изведат на главна расправа и предлог обвинетиот да биде огласен за виновен и да се осуди според закон.

2. Кое дејствие прво го презема полицијата откако Виолета го пријавила случајот?- Составува записник за примање на кривична пријава.

ПРЕДИСТРАЖНА ПОСТАПКАКривична пријава и овластувања на органите во предистражната постапкаЧлен 142 стар ЗКП пречистен(1) Државните органи, институциите што вршат јавни овластувања и други правни лица се должни да пријават кривични дела за кои се гони по службена должност, за кои се известени или за кои ќе узнаат на некој друг начин.(2) Поднесувајќи пријави, пријавителите од став 1 на овој член ќе ги наведат доказите што им се познати и ќе преземат мерки за да се сочуваат трагите од кривичното дело, предметите врз кои или со помош на кои е сторено кривичното дело и другите докази.(3) Секој е должен да пријави кривично дело за кое се гони по службена должност.(4) Со закон се пропишуваат случаите во кои непријавувањето на кривично дело претставува кривично дело.

3. Кое дејствие го треба да го преземе јавниот обвинител за да се овозможи тек на главна распарава во конкретниот случај?- Да поднесе и застапува обвинение пред надлежен суд.

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛЧлен 42 ст.2 т.4 стар ЗКП пречистен(1) Основно право и основна должност на јавниот обвинител е да ги гони сторителите на кривични дела.(2) За кривични дела за кои се гони по службена должност јавниот обвинител е надлежен:4) да го подига и застапува обвинителниот акт, односно обвинителниот предлог пред надлежниот суд;

4. Доколку обвинетиот на главна расправа ја признае вината:- Не може да поднесе жалба поради погрешно утврдена фактичка состојба.

5. Кои се минимум права на обвинетиот?- Овдека точниот одговор е најдолгата опција – може да се види од закон, значи поединечно се наведени правата, а во точната опција се наведени сите заедно. Нема да се згреши само се бира најдолгата опција.

6. Кои права ги има оштетената во конкретниот случај?- И овдека точниот одговор е најдолгата опција – може да се види од закон, поединечно се наведени, а во точната опција сите заедно се. Нема да се згреши само се бира најдолгата опција

Page 34: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 32 - ОК

1. Осудениот странски државјанин по спроведена постапка за екстрадиција е доведен во РМ при што се наоѓа на издржување на казна затвор со правосилната пресуда, осудениот има права кои може да ги остварува во оваа постапка која правосилно е завршена и по која издржува казна, определи кои права ги има?- Право на судење во присуство, да поднесе барање за повторување во постапката

2. Доколку за делото е поднесена пријава на 01.12.2013 година определи кои истражни дејствија би требало да се преземат од страна на јавниот обвинител во конкретниот настан?- Испитување на обвинетиот, оштетениот и сведокот, кој биле присутни на местото на настанот, изготвување на медицинско вештачење за видот и за карактерот на повредите и обезбедување на други докази

ИСТРАЖНА ПОСТАПКАЧлен 295 нов ЗКПИстражни дејствија(1) Во текот на истражната постапка, јавниот обвинител може согласно со одредбите од овој закон да ги преземе следниве истражни дејствија: - претрес, - привремено обезбедување и одземање на предмети или имот, - испитување на осомничениот, - испитување на сведоци, - определување вештачење, - увид и реконструкција и - посебни истражни мерки.

3. Како ќе започне кривичната постапка?- Со донесување на решение за спроведување на истрага од страна на судот

Член 162 стар ЗКП пречистен(1) Кога истражниот судија ќе прими барање за спроведување истрага, ќе ги разгледа списите и ако се согласи со барањето, ќе донесе решение за спроведување истрага, кое треба да ги содржи податоците наведени во член 161 став 3 од овој закон. Решението ќе се достави до јавниот обвинител и до обвинетиот.

4. По завршување на истрагата за конкретниот настан, резултатите на вештачењето се дека се работи за тешка телесна повреда има и очевидци на настанот сите списи се доставуваат до јавниот обвинител, што понатаму презема јавниот обвинител?- Ќе поднесе обвинителен акт со предлог за продолжување на мерката притвор

Тешка телесна повредаЧлен 131 ст.3 КЗ(3) Тој што друг тешко телесно ќе го повреди или здравјето тешко ќе му го наруши и поради тоа ќе биде доведен во опасност животот на повредениот или ќе му биде уништен или трајно и во значителна мера ослабен некој важен дел од телото или некој важен орган или ќе биде предизвикана трајна неспособност за работа воопшто или за работата за која е оспособен или трајно и тешко ќе му биде нарушено неговото здравје или ќе биде нагрден, ќе се казни со затвор од една до десет години.

Page 35: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

5. Обвинетиот Питер Хас е странски дравјанин, истиот во РМ нема пријавено престојувалиште, а претходно е осуден за кривично дело насилство и се бара со меѓународна потерница издадена од Р. Германија, нема семејство во Македонија и е безимотен, јавниот обвинител предлага изрекување на мерка за обезбедување на обвинетиот во текот на постапката со мерка притвор. Како постапува судијата по предлогот на јавниот обвинител доколку отцени дека има основ за определување на притвор- Истражниот судија откако донесува решение за спроведување истрага, одлучува по предлогот и определува мерка притвор поради опасноста од бегство, назначува бранител по службена должност, одлучува за законитоста на лишувањето, а притоа ја известува германската амбасада

ИСТРАГАЧлен 161 стар ЗКП пречистен(1) Истрагата се спроведува по барање од јавниот обвинител.(2) Барањето за спроведување на истрагата се поднесува до истражниот судија на надлежниот суд.(3) Во барањето мораат да се назначат: лицето против кое се бара спроведување истрага, опис на делото од кое произлегуваат законските обележја на кривичното дело, законскиот назив на кривичното дело, околностите од кои произлегува основаноста на сомневањето и постојните докази.(4) Во барањето за спроведување истрага може да се предложи да се извидат определени околности, да се преземат одделни дејствија и по извесни прашања да се сослушаат определени лица, а може да се предложи и да се стави во притвор лицето против кое се бара истрага.

Член 162 стар ЗКП пречистен(1) Кога истражниот судија ќе прими барање за спроведување истрага, ќе ги разгледа списите и ако се согласи со барањето, ќе донесе решение за спроведување истрага, кое треба да ги содржи податоците наведени во член 161 став 3 од овој закон. Решението ќе се достави до јавниот обвинител и до обвинетиот.(2) Пред да го донесе решението истражниот судија ќе го испита лицето против кое се бара спроведување на истрага, освен ако постои опасност од одлагање.

МЕРКИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПРИСУСТВО НА ОБВИНЕТИОТПритворЧлен 200 стар ЗКП пречистен(1) Притвор определува истражен судија на предлог на овластен тужител, освен кога притворот е задолжителен. Против решението со кое се одбива предлогот за определување притвор, дозволена е жалба во рок од 48 часа до советот од член 22 став (6) на овој закон.(4) Ако обвинетиот не определил бранител, заедно со решението ќе му се определи бранител по службена должност (член 66 ставови 2 и 5). Во случај на спреченост на претседателот на судот, бранителот ќе го постави истражниот судија.

Член 204 стар ЗКП пречистен(8) Ако лицето лишено од слобода е изведено пред истражниот судија, истражниот судија по службена должност ја испитува законитоста на лишувањето од слобода и е должен тоа да го утврди со решение.

Page 36: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

6. Во текот на водената кривична постапка против обвинетиот странски државјанин донесена е пресуда со која е огласен за виновен и осуден е на казна затвор во траење од 4 години. Пресудата е донесена во негово отсуство согласно член 316 од ЗКП, за 4 години истиот е фатен по меѓународна потерница при обидот за влез во Р. Србија и определена му е мерка екстрадиционен притвор, како ќе се одвива постапката понатаму?- Министерот за правда поднесува молба за екстрадиција до Р. Србија по дипломатски пат кон која приложува средства за утврдување на идентитетот на осудениот, уверение или други податоци за државјанство на осудениот, пресуда во оригинал по која се бара лицето од странската држава

ПОСТАПКА ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ОБВИНЕТИ И ОСУДЕНИ ЛИЦА И ПОСТАПКА ЗА ТРАНСФЕР НА ОСУДЕНИ ЛИЦАПостапка за екстрадиција на обвинети и осудени лицаЧлен 572 стар ЗКП пречистен(1) Ако против лице кое се наоѓа во странска држава се води кривична постапка во Република Македонија или ако лицето кое се наоѓа во странска држава го казнил домашниот суд, министерот за правда поднесува молба за екстрадиција.(2) Молбата се поднесува до странската држава по дипломатски пат и кон неа се приложуваат исправите и податоците од член 561 на овој закон.

Член 561 стар ЗКП пречистен(1) Постапка за екстрадиција на обвинети или осудени странци се поведува по молба од странска држава.(2) Молбата за екстрадиција се поднесува по дипломатски пат.(3) Кон молбата за екстрадиција мораат да се приложат:1) средства за утврдување на идентитетот на обвинетиот односно на осудениот (точен опис, фотографии, отпечатоци на прстите и слично);2) уверение или други податоци за државјанство на странецот;3) обвинителен акт или пресуда или одлука за притвор или некој друг акт рамен на оваа одлука, во оригинал или во заверен препис, во кој треба да е назначено името и презимето на лицето чија екстрадиција се бара и други податоци потребни за утврдување на неговиот идентитет, опис на делото, законски назив на кривичното дело и докази за основаното сомневање и4) извод од текстот на кривичниот закон на странската држава што треба да се примени или е применет спрема обвинетиот поради делото по повод кое се бара екстрадиција а ако делото е извршено на територијата на трета држава, тогаш и извод од текстот на кривичниот закон на таа држава.(4) Ако молбата и прилозите се составени на странски јазик мора да бидеприложен и заверен превод на македонски јазик.

Page 37: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 33Нема прашања чл.236 ст.1 т.1 вв чл.19 КЗ

Тешка кражбаЧлен 236(1)Ако кражбата е сторена:1)со кршење или провалување во затворени простории, со совладувањепрепреки или на друг начин совладување поголеми пречки,2)од страна на повеќе лица здружени заради вршење кражба,3)на дрзок начин,4)од страна на лице кое кај себе имало некакво оружје или опасно орудие заради напад или одбрана,5)за време на пожар, поплава или слична несреќа и6)со искористување на немоќта или несреќата на друг, сторителот ќе секазни со затвор од една до десет години.(2)Со казната од став 1 ќе се казни сторителот на кражба на предмети од значителна вредност.(3)Ако украдениот предмет е: добро под привремена заштита или културно наследство, сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години.(4)Ако вредноста на украдениот предмет е мала и сторителот одел кон тоа да присвои предмет од таква вредност, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

СЛУЧАЈ 34Нема прашања Чл.215 ст.1

нов ЗКП, се поднесува обвинителен акт, состав на судот:совет 1 судија + 2 судии поединцичл.215 ст.1Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанции и прекурсори Член 215(1) Тој што неовластено организира, произведува, преработува, продава или нуди на продажба или заради продажба купува, држи или пренесува или посредува во продажба или купување или на друг начин неовластено пушта во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, ќе се казни со затвор од три до десет години.(2) Ако делото од ставот (1) на овој член е сторено со наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од помало количество, сторителот ќе се казни со затвор од шест месеца до три години.(3) Ако делото од став 1 го извршиле повеќе лица или сторителот на ова дело организирал мрежа на препродавачи или посредници, или организирал дејствие од ставот (1) на овој член , сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години.(4) Тој што неовластено прави, набавува, посредува или дава на употреба опрема, материјал или супстанции за кои знае дека се наменети за производство на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, ќе се казни со затвор од една до пет години.(5) Сторителот од став 2, со исклучок на организаторот, кој ќе го открие делото или ќе придонесе за неговото откривање, ќе се ослободи од казна.(6) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.(7) Наркотичните дроги, психотропните супстанции и прекурсорите, како иподвижните или недвижните предмети употребени за нивно правење,пренесување или растурање, ќе се одземат.

Page 38: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 35 - ОК

1. ЈО по спроведени полициски извиди добива кривична пријава против Горан со прилози итн...Како ке постапи ЈО?- Ќе ги сослуша оштетената и Горан, ќе нарача вештачење, ќе поднесе обвинителен предлог, ке приложи докази на главна расправа и предлог за прогласување за виновен...

2. Горан признал дека е виновен. Дали има право на жалба и врз кои основи?- обвинетиот не може да поднесе жалба поради погрешно утврдена фактичка состојба...

3. Горан изјавил дека не се чуствува виновен...На кој начин тече доказната постапка и по кој редослед...- Одговор по Нов ЗКП судот ке ја сослуша оштетената и другите одговори се од ЗКП за изведување докази...- со изведување на доказите во однос на кривичната санкција предложени од ЈО и одбраната (внимавај јавен обвинител и одбрана треба да е има многу слични опции понудени)

4. Билјана настанот го пријавила во МВР...Како ќе постапи МВР?- Ќе состави записник за примање кривична пријава.

5. На главен претрес Горан признава вина. Како продолжува расправата пред судот?- Ќе се изведат оние докази кои се однесуваат на кривичната санкција.

Член 381 нов ЗКПДонесување на пресуда врз основа на признание на вината во текот на главната расправа (2) По даденото признание за вината, судијата поединец, односно претседателот на советот е должен да испита дали признанието е доброволно, дали обвинетиот е свесен за правните последици од признавањето на вината, за последиците сврзани за имотноправното побарување и трошоците на кривичната постапка.(3) По спроведувањето на дејствијата од ставот (2) на овој член од страна на судот, во доказна постапка ќе се изведат само оние докази што се однесуваат на одлуката за санкцијата.

6. Горан не го признал делото на главна расправа, а Билјана изјавила дека не бара штета и не се приклучува кон прогонот...Каква пресуда ке донесе судот?- Осудителна со решение за надомест на трошоците за постапката.

Член 111Овластени лица за поднесување на имотноправно барање(1) Имотноправно барање во кривична постапка може да поднесе лице кое е овластено да го остварува таквото барање во спор.(2) Кога барањето од ставот (1) на овој член го поднесува жртвата на кривичното дело, во барањето ќе наведе дали остварила надоместок или поднела барање согласно со членот 53 став (1) од овој закон.

Член 113Откажување од предлогот за остварување имотноправно барање(1) Овластените лица од членот 111 став (1) на овој закон можат до завршувањето на главната расправа да се откажат од предлогот за остварување на имотноправно барање во кривична постапка и да го остваруваат преку спор. Во случај на откажување од предлогот, таков предлог не може да се стави повторно.

Page 39: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 36 - ОК

1. Законски претпоставки за одржување на главната расправа. Обвинетиот има бранител а оштетениот нема полномошник? – Присутни се обвинетиот неговиот бранител и јавниот обвинител а отсутен е оштетениот, главната расправа ќе се одржи без оштетениот, а судот за неговото имотноправно барање ќе одлучи на главната расправа.

2. Во постапката пред Апелација, во конкретниов случај се работи за условна осуда со утврдена казна затвор до 3 месеци. Јавниот обвинител, обвинетиот и оштетениот поднесуваат жалби. Сите жалби се навремени. Како ќе постапи второстепениот суд? – Жалбата на јавниот обвинител ќе ја уважи, жалбата на обвинетиот ќе ја одбие како неоснована и жалбата на оштетениот ќе ја отфрли како недозволена, а ќе ја потврди или преиначи пресудата со условна осуда со утврдена казна затвор од 3 месеци.

3. Доколку обвинетиот не се јави на главната расправа, иако е уредно известен како ќе постапи судот? - Со оглед на тоа дека се работи за кривично дело до три години ќе се применува скратената постапка и судот ќе го предупреди дека во случај на негово недоагање ќе се одржи главната расправа и во негово отсуство. – член 451 ст.2 и член 454 став 4 стар ЗКП пречистен

4. Кои минимум права ги има лицето Рената?– одговорот е во ЗКП за правата на оштетената. (точен е најдолгиот одговор).ОШТЕТЕН И ПРИВАТЕН ТУЖИТЕЛ Глава VЧлен 55 стар ЗКП пречистен(1) Оштетениот и приватниот тужител имаат право во текот на истрагата да укажат на сите факти и да предложат докази што се од важност за утврдување на кривичното дело, за пронаоѓање на сторителот на кривичното дело и за утврдување на нивните имотноправни барања.(2) На главниот претрес тие имаат право да предлагаат докази, да им поставуваат прашања на обвинетиот, на сведоците и на вештаците, да изнесуваат забелешки и објасненија во поглед на нивните искази и да даваат други изјави и да ставаат други предлози.(3) Оштетениот, оштетениот како тужител и приватниот тужител имаат право да ги разгледуваат списите и да ги разгледуваат предметите што служат како доказ. На оштетениот може да му се ускрати разгледување на списите додека не биде сослушан како сведок.(4) Истражниот судија и претседателот на советот ќе ги запознаат оштетениот и приватниот тужител со правата наведени во став 1 до 3 на овој член.

5. Кои минимум права ги има обвинетиот? одговорот е во ЗКП за правата на обвинетиот (точен е најдолгиот одговор).Член 4 ст.2 стар ЗКП пречистен- да биде информиран веднаш, на јазик што го разбира и детално за делата за кои се товари и доказите против него; - да има доволно време и можности за подготвување на својата одбрана и да комуницира со бранител по сопствен избор; - да биде суден во негово присуство и да се брани лично или со помош на бранител по сопствен избор, а доколку нема средства да плати бранител истиот да го добие бесплатно кога тоа го бараат интересите на правдата; - да не биде присилен да даде исказ против себе или своите блиски или да признае вина; - да биде присутен при испитувањето на сведоците и да може да им поставува прашања

Page 40: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

6. Во постапката е донесена осудителна пресуда без признавање на вина. Кои се основите по кои наведените лица можат да ја побиваат жалбата? – Поради суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка, погрешно утврдена фактичка состојба, повреда на кривичниот законик и поради одлуката за кривичните санкции, за висината на имотноправното барање, за трошоците на постапката и поради одлуказа за објавување на пресудата преку печатот, радиото или телевизијата.Основи поради кои може да се побива пресудата – Член 380 стар ЗКП пречистенСЛУЧАЈ 37

1.Како се презема гонењето за кривичното дело?- јавен обвинител по предлог (по службена должност)

2.Кое е дејствието на извршување на кривичното дело?- провалил во товарно возило, на начин што го искршил катанецот од резервоарот за гориво и ја преточил нафтата од помала вредност во пластични туби

3.Што е помала вредност?- чл.122 ст.33 КЗ под помала имотна корист, вредност или штета, се подразбира корист, вредност или штета што одговара на износот на службено објавена една половина просечна месечна плата во Републиката, во времето на извршување на делото. (4.560,00 денари)

4.Што е објект на заштита?- кривични дела против имотот

5.Каква казна е предвидена за кривичното дело?- парична казна или затвор до три години- парична казна или затвор до три години, тоа значи дека ЈО поднесува обвинителен предлог, скратена постапка, суди судија поединец, согласно чл.458 од ЗКП може да се донесе пресуда без главен претрес

6.Која е субјективната страна на кривичното дело?- умислено извршување на делото

Квалификаторен елемент на кд - ако вредноста на украдениот предмет е помала и сторителот одел кон тоа да присвои предмет од таква вредностПроцесен закон кој ќе се применува - Делото е сторено на 11.10.2008 година - ќе се применува Законот за кривична постапка од 1997 годинаКој суд е месно надлежен - судот на чие подрачје е извршено или обидено кривичното дело односно во конкретниот случај ОС Скопје 1 Скопје и ОЈО СкопјеСостав на судот - За кривични дела за кои како главна казна е пропишана парична казна или казна затвор до три години, во прв степен суди судија поединец.За колку време застарува делото – чл.107 (5) три години од извршување на кривично дело за кое според законот може да се изрече затвор над една година-Во конкретниов случај кривичното гонење ке застари на 11.10.2011 година- Нафтата е одземена согласно чл.100-а од КЗ- Дали Мирвет може да одговара за кд Прикривање?

Page 41: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 38Нема прашања

Како се презема гонењето за кривичното дело - јавен обвинител со обвинителен акт

Што е објект на заштита?- кривични дела против имотот

Каква казна е предвидена за кривичното дело? - казна затвор од една до пет години, судот е во совет од 1 судија + 2 судии поединци, ЈО поднесува обвинителен акт

Која е субјективната страна на кривичното дело - умислено извршување на делото

Процесен закон кој ќе се применува - Делото е сторено на 31.07.2010 - ќе се применува Законот за кривична постапка од 1997 година

Состав на судот - 1 + 2

За колку време застарува делото – чл.107 (4) пет години од извршување на кривично дело за кое според законот може да се изрече затвор над три години- Во конкретниов случај кривичното гонење ке застари на 31.07.2015 година

Page 42: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 39

1. Каде е сместена дефиницијата на поимот семејно насилство-- е во глава значења на изразите од ЗКП општ дел

2. Семејното насилство според значењето и изразите од КЗ ги опфаќа кои лица?-спрема брачниот другар, родителите или децата или други лица кои зивеат во брачна или вонбрачна заеднива или заедничко домаќинство, ккао и спрема поранесен брачен другар или лица кои имаат заедничко дете или се наоѓаат во блиски лични односи.

3. Колку години затвор може да и се изрече на Сузана за стореното кривично дело?- најмалку 10 години или доживотен затвор

4. Во кој член од КЗ е пропишано лишувањето од живот при вршење на семејно насилство?- член 123 ст.2 т.2(1) Тој што друг ќе лиши од живот ќе се казни со затвор најмалку пет години.(2) Со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор ќе се казни тојшто:2) друг ќе лиши од живот при вршење на семејно насилство,

5. Како граница на ублажувањето на казната се зема?- најмалата мера на казна која е пропишана со закон

6. До колку години затвор може да се ублажи казната на Сузана доколку би се примениле границите на ублажување?- За кривично дело како најмала мера на казна е пропишана казна затвор од 10 или повеќе години казната може да се ублажи до 5 годиниГраници на ублажувањето на казнатаЧлен 41(1) Кога постојат услови за ублажување на казната од член 40, судот ќе јаублажи казната во овие граници ако:1) за кривичното дело како најмала мера на казна е пропишан затвор вотраење од десет години, казната може да се ублажи до пет години затвор,Ублажување на казнатаЧлен 40Судот може на сторителот да му одмери казна под границата пропишана со закон, во рамките предвидени во членот 41 од овој закон или да примени поблаг вид на казна во случај: 1) кога изрекува казна по поднесен предлог на спогодба за признавање на вина склучена меѓу јавниот обвинител и обвинетиот и 2) кога обвинетиот ја признае вината на главната расправа согласно со одредбите од Законот за кривичната постапка.

Page 43: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 40 - ОК

1. Кое е кривичното дело на Трајче?- Продолжено кривично делоПолов напад врз дете кое не наполнило 14 години од чл.188 ст.1 вв со чл.45 ст.1 од КЗ и продолжено кривично дело Прикажување на порнографски материјали на дете чл.193 ст.1 вв со чл.45 ст.1 од кз

2. Кој беше претходниот назив на кривичното дело Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години?- Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години

3. Кои се дејствија на извршување на основното кривично дело Прикажување на порнографски материјал?Член 193(1) Тој што на дете кое не наполнил 14 години ќе му продаде, прикаже или со јавно излагање на друг начин ќе му направи достапни слики, аудиовизуелни и други предмети со порнографска содржина или ќе му прикаже порнографска претстава

4. Каде е регулирано значенјето на поимот дете жртва на кривично дело?- Во значењето на изразите на КЗ од општиот делЧлен 122 ст.22 КЗ

5. Со колкава казна се казнува за ова кривично дело?Член 188 ст.1 КЗ(1) Тој што ќе изврши обљуба или друго полово дејствие врз дете кое не наполнило 14 години, ќе се казни со затвор најмалку 12 години.

6. Кој е квалификаторен облик на кривичното дело? Полов напад врз дете кое не наполнило 14 годиниЧлен 188 ст.2 КЗ (2) Ако поради делото од став (1) настапила тешка телесна повреда, смрт или други тешки последици или делото е сторено од страна на повеќе лица или на особено суров или понижувачки начин, сторителот ќе се казни со затвор најмалку 15 години или со доживотен затвор.

Page 44: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 41

1. Што се подразбира под значителна имотна корист?Член 122 КЗ(35) Под значителна имотна корист, вредност или штета, се подразбира корист, вредност или штета што одговара на износот на 50 просечни месечни плати во Републиката во времето на извршувањето на делото.

2. Што се подразбира под поголема имотна корист?Член 122 КЗ(34) Под поголема имотна корист, вредност или штета, се подразбира корист, вредност или штета што одговара на износот на пет просечни месечни плати во Републиката во времето на извршувањето на делото.

3. Според дејствието на извршување кое дејствие го извршил Петар?- ја искористил својата службена положба и овластување

3.1 Кое е дејствие на извршување? - Алтернативно определено - пречекорување на граници на службено овластување (мислам дека е злоупотреба на службена должност)

4. Злоупотреба на службена должност посебен облик - кој облик од. чл 353 ст.1 и ст. 4 се третира како посебен облик, се третира потешко?Чл.353 ст.5 КЗ(5) Ако делото од ставовите (1) и (4) е сторено при вршење јавни набавки или на штета на средствата од Буџетот на Република Македонија, од јавните фондови или од други средства на државата, сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години.

4.1 Како е предвиден потешкиот облик на КД злоупотреба на сл должност?- Потешките облици на делото се содржани во чл. 353 став 2, 3 и 5

5. Наброј ги лицата кои вршат работи од јавен интерес:Чл.122 ст.9 КЗКако лице кое врши работи од јавен интерес се смета лицето кое врши функции, должности или работи од јавен, односно општ интерес, како што се наставник, воспитувач, лекар, социјален работник, новинар, нотар, адвокат или друго лице, кое тие работи ги врши самостојно или во правно лице кое врши дејност од јавен, односно општ интерес определен со закон.

5.1 Што се подразбира под работа од општ интерес?- Општ интерес определен со закон

5.2 Кој врши работа од јавен интерес?Се работи за лице кое континуирано и професионално врши работи од јавен интерес, достапни за сите што тангираат бројни права и интереси на граѓаните.Нотар, адвокат, лекар социјален работник

6. Кога делото од основниот облик на на чл.353 е довршено?- ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета

Page 45: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 42

1. Објективен услов за инкриминација на делото по чл.297- некое лице телесно ќе биде повредено ИЛИ ќе настапи значителна имотна штета

2. Што е моторно возило?Чл.122 ст.20- Како моторно возило се смета секое сообраќајно средство на моторен погон во сувоземниот, водниот и воздушниот сообраќај.

3. Што е потребно да му се изрече кривична санкција на сторителот на делото по чл.297 КЗ?- да постапува спротивно на сообраќајните прописи од што произлегува забранета последица, НО извршителот да биде кривично одговорен

3.1 Што е потребно за да се изрече кривична санкција на сторителите? – да се постапувало спротивно на одредбите на ЗБСП од што произлегла последицата (тешка повреда или штета), но и да биде кривично одговорен (НО клучен збор зашто имало уште еден сличен одговор)

4.Кој ќе одговара во конкретниот случај?- и двајцата (миле и славе) за кривично дело по чл.300 ст.4 вв чл.297 ст.3 вв ст.1 од КЗТешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајотЧлен 300 ст.4(4) Ако поради делото од членовите 297 став 3, 298 став 2 и 299 став 3 настапи смрт на едно или повеќе лица, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години.Загрозување на безбедноста на сообраќајотЧлен 297 ст.3 вв ст.1(1) Учесник во сообраќај на јавните патишта кој не се придржува кон прописите и со тоа ќе го загрози јавниот сообраќај така што ќе ги доведе во опасност животот или телото на луѓето или имот од значителен обем, па поради тоа некое лице телесно ќе биде повредено или ќе настапи значителна имотна штета, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години. (3) Тој што делото од ставовите 1 и 2 ќе го стори од небрежност, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

5. Причини поради кои настанала сообраќајната незгода?- Неприлагодена брзина со условите на патот и неосветленост на запрежното возило

5.1. Кои пропусти го предизвикале случајот? – неприлагодената брзина на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот, предизвикување штета и тешка телесна повреда (не е допишано до крај, ама се препознавал одговорот)

6. Кога сторителот е кривично одговорен за КД загрозување на безбедноста во сообраќајот чл.297 КЗ? – кога е пресметлив и кога КД го сторил со умисла ИЛИ од небрежност – (клучен збор ИЛИ)

Page 46: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 43

1. Објект на инкриминација – телесно да го повредил или значителна штета да нанесеПоследица на делото е конкретна опасност. Услов за казнување на сторителот е меѓу тоа поради тоа некое лице да ниде телесно повредено или да настапи значителна имотна штета

2. Дозволеност алкохол во крв - 0.50 грам-промилспоред ЗБСП(над 1.5 промили??????)Член 234 ЗБСП консолидиран(1) Возачот не смее да управува со возило во сообраќајот на патот, ниту да започне да управува со возило ако е под дејство на алкохол.(2) Ќе се смета дека е под дејство на алкохол лицето за кое со анализа на крвта или на крвта и урината или со друг метод за мерење на количеството на алкохол во организмот, ќе се утврди дека содржината на алкохолот во крвта изнесува повеќе од 0,50 г/кг или ако присуството на алкохол во организмот е утврдено со соодветни средства или со апарати за мерење на алкохолизираноста (алкометар и друго), што одговара на количества поголеми од 0,50 г/кг или кај кое без оглед на содржината на алкохол во крвта, со стручен преглед, ќе се утврди дека покажува знаци на алкохолна растроеност.

3. За кое дело се работи? (чл.297 ст.3 в.в. ст.1) не став 1 поради алкохолотЧлен 297(1) Учесник во сообраќај на јавните патишта кој не се придржува кон прописите и со тоа ќе го загрози јавниот сообраќај така што ќе ги доведе во опасност животот или телото на луѓето или имот од значителен обем, па поради тоа некое лице телесно ќе биде повредено или ќе настапи значителна имотна штета, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години. (3) Тој што делото од ставовите 1 и 2 ќе го стори од небрежност, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

4. Кога сторителот е кривично одговорен? – кога е пресметлив и делото го сторил со умисла или од небрежност

5. Што треба да се изрече санкција на сторителот? – да ги прекрши сообраќајните прописи и да настане забранетата последица????? Не е сигурен за одговорот

6. Поради кои околности настанал случајот? (неконтролираната брзина на патот и 1.8 промили алкохол во крв)

Page 47: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 44Нема прашања

>чл.237 ст.4 вв ст.1 вв чл.22 - двајцата

Page 48: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 45

1. Квалификација за двајцата? - Сториле кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 ст.1 вв чл.22 КЗ

Злоупотреба на службената положба и овластувањеЧлен 353(1) Службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување на својата службена должност ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.

СоизвршителствоЧлен 22Ако две или повеќе лица, со учество во дејствие на извршување или со друг особен придонес кон извршувањето на делото, заеднички сторат кривично дело, секое од нив ќе се казни со казната пропишана за тоа дело.

2. Субјективен елемент (кај Тони)? - Умисла (Посебен субјективен елемент на противправноста кај најголем број на овие кривични дела е намерата за прибавување на некаква корист или нанесување штета на друг.)

3. Потежок облика на делото? член 353 ст.5 КЗ / ст.2,3 и 5(2) Ако сторителот на делото од став 1 ќе прибави поголема имотна корист или ќе предизвика поголема имотна штета или потешко ќе ги повреди правата на друг, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.(3) Ако сторителот на делото од став 1 прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета, сторителот ќе се казни со затвор најмалку три години.(4) Со казна од ставовите 1, 2 и 3 ќе се казни и одговорно лице, одговорно лице во странско правно лице што има претставништво или врши дејност во Република Македонија или лице што врши работи од јавен интерес, ако делото е сторено во вршење на неговото посебно овластување или должност.(5) Ако делото од ставовите (1) и (4) е сторено при вршење јавни набавки или на штета на средствата од Буџетот на Република Македонија, од јавните фондови или од други средства на државата, сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години.

4. Кои се дејствија на извршување на к.д. од чл.353?- според дејствијата на извршување ова кд има три облика:искористување на службена положба или овластување, пречекорување на границите на службеното овластување, неизвршување на службена должност

5. Кое дело го сторил Тони?-кд од чл.353 ст.1 вв 22 од КЗ

6. Кое дело го сторил Драги?-кд од чл.353 ст.1 вв 22 од КЗ

7. Кога делото е довршено?

Page 49: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

- со прибавување на некаквка корист (материјална/нематеријална) за себе или за друг или со нанесување на некаква штета на друг

СЛУЧАЈ 46

1 Субјективен елемент на делото од член 237 став 1 ?- Умисла - свесно употреба на сила или закана непосредно да нападне врз животот или телото на друг за да одземе туѓ подвижен предмет со намера противправно да го присвои (најдолгиот одговор)

2. Квалификаторен облик на делото од член 237 став 1 во однос на вредноста? - Во став 2 од член 237, доколку присвои предмет од големи размери (2) Ако вредноста на одземениот предмет е од големи размери, сторителот ќе се казни со затвор најмалку осум години.

3. Привилегиран облик на делото од член 237 став 1? - Со ставот 3, пропишан е привелигиран облик на основното дело, доколку вредноста на одземениот предмет е помала и сторителот одел кон тоа да присвои предмет од таква вредност.(3) Ако вредноста на одземениот предмет е помала, и сторителот одел кон тоа да присвои предмет од таква вредност, ќе се казни со затвор од една до пет години.

4.Што му одзеле? (незнам дали пишуваше полиција или не е битно)- Ножот со кој Ташко го изврил кривичното дело независно чија сопственост е (тука сличен одговор е истото само без ова за сопственоста, ама точен е со сопственоста)

5.Која казна е предвидена за член 237 посебен облик? - Најмалку 10 години затвор(4) Ако при извршувањето на делото од став (1) до 3 на овој член на некое лице со умисла му е нанесена тешка телесна повреда или ако делото е сторено во состав на група, банда или ако е употребено огнено оружје или опасно орудие или ако при извршување на делото во банка, менувачница, пошта или на јавно место е загрозен животот или телото на две или повеќе лица, сторителот ќе се казни со затвор најмалку десет години.

6 .Правна квалификација на делото кое го сториле?- Соизвршители се Ташко и Никола на кривичното дело чл.237 ст.5 вв ст.1 вв чл.22 КЗ

Page 50: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 47 - ОК

1. Кој ја поведува истражната постапка во предметното дело?- Јавниот обвинител, при што на располагање ја има правосудната полиција

2. Која е правната квалификација на кривичното дело?-Разбојништво, чл.237 ст.4 в.в. ст.1РазбојништвоЧлен 237(1) Тој што со употреба на сила или закана дека непосредно ќе нападне врз животот или телото на друг ќе одземе туѓ подвижен предмет со намера противправно да го присвои, ќе се казни со затвор најмалку пет години.(4) Ако при извршувањето на делото од став (1) до 3 на овој член на некое лице со умисла му е нанесена тешка телесна повреда или ако делото е сторено во состав на група, банда или ако е употребено огнено оружје или опасно орудие или ако при извршување на делото во банка, менувачница, пошта или на јавно место е загрозен животот или телото на две или повеќе лица, сторителот ќе се казни со затвор најмалку десет години.

3. Колкава казна е предвидена за делото согласно КЗ?- Најмалку 10 год. Чл.237 ст.4

4. За какви кривични дела може да се донесе пресуда поради признание на вина?- без оглед на природата и тежината

5. Кои докази ќе се изведат по признанието?- во доказна постапка ќе се изведат само оние докази што се однесуваат на одлуката за санкцијата

6. После спроведената истражна постапка и прибавените докази која одлука ќе се донесе од страна на ЈО?- обвинителен акт(Бидејќи ја признал вината за стореното кривично дело, пресудата ќе биде донесена согласно одредбите за признавање на вина.)

Page 51: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 48

1. Кои инкриминирани дејствија ги превзеде лицето Ванчо?- Пуштил во оптек лажни пари што ги примил како вистински купувајќи цигари и возилоЧлен 268 ст.4 КЗ(4) Тој што лажни пари што ги примил како вистински ќе ги пушти во оптек или тој што знаел дека се направени лажни пари или дека лажни пари се пуштени во оптек, па тоа нема да го пријави, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

2. Што се подразбира под поимот пари?Чл.122 ст.12 КЗ- Пари се средства за плаќање во готово во апоени или електронски пари кои се во оптек во РМ или во странска држава

3. Кој е објектот на заштита на кривичното дело Фалсификување на пари од чл.268 од КЗ?- домашни пари – денарот, странски пари и електронски пари

4. Кој облик на имнкриминирани дејствија превзеде лицето Аце?- Пушти во оптек направени лажни пари и преиначени вистински париЧлен 268 ст.1 КЗ(1) Тој што ќе направи лажни пари со намера да ги пушти во оптек како вистински или тој што ќе преиначи вистински пари со намера да ги пушти во оптек или тој што такви лажни пари ќе пушти во оптек, ќе се казни со затвор од една до десет години.

5. Кој е субјективниот елемент за постоење на кривично дело фалсификување пари кај Ванчо?- Умисла, свест дека парите се лажни и како вистински се пуштаат во оптек

6. Во случајот кои предмети треба задолжително да се одземат?Чл.268 ст.5 КЗ- лажните пари

Page 52: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 49 - ОК

1. Прв квалификаторен облик на кривичното дело Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 КЗ?Чл.365 ст.2 КЗ- Тој што ќе му помогне на сторител на кривично дело за кое е пропишана казна затвор од пет години или потешка.

2. Втор квалификаторен облик на кривичното дело Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 КЗ?Чл.365 ст.3 КЗ- Тој што ќе му помогне на сторител на кривично дело за кое е пропишана казна доживотен затвор.

3. Кои лица се сторители на кривично дело и на какво? - Само Дејан на чл.365 ст.2 в.в. ст.1 в.в. чл.45, ст.1, останатите не се точни.Чл.365 ст.2 КЗ вв ст.1(1) Тој што ќе скрие сторител на кривично дело за кое гонењето се презема по службена должност или со прикривање на орудијата, трагите, предметите или на друг начин ќе му помогне да не биде откриен или тој што крие осудено лице или презема други дејствија со кои се оди кон тоа да не се изврши казната, изречените мерки на безбедност или да не се применат воспитните мерки упатување во воспитна установа или во воспитно-поправен дом, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.(2) Тој што ќе му помогне на сторител на кривично дело за кое е пропишана казна затвор од пет години или потешка, ќе се казни со затвор од три месеци до пет години.

Чл.45 ст.1 КЗПродолжено кривично делоЧлен 45(1) На сторителот кој со умисла ќе изврши две или повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос, исти прилики или други слични околности, судот ќе му изрече единствена казна во границите на казната пропишана за тоа дело.

4. Кои лица го сториле делото разбојништво? - Жарко и Маријан.РазбојништвоЧлен 237 КЗ(1) Тој што со употреба на сила или закана дека непосредно ќе нападне врз животот или телото на друг ќе одземе туѓ подвижен предмет со намера противправно да го присвои, ќе се казни со затвор најмалку пет години.

5. Кои лица нема да се казнат за кривичното дело помагање на сторител по извршено кривично дело? - одговорот е во ставот 5 чл.365(5) Нема да се казни за делото од ставовите 1, 2 и 3 лице на кое сторителот му е брачен другар, крвен сродник во права линија, брат или сестра, посвоител или посвоеник или лице кое со сторителот живее во трајна вонбрачна заедница.

Page 53: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

6. Во што се состои дејството на инкриминација на делото? - Во тоа што лицата кои го сториле делото биле засолнети и што со ПМВ биле превезени до Скопје.

СЛУЧАЈ 50

1. Кое дело го извршила Мара? Чл.297 ст.3 вв ст.1 од КЗ – од небрежностЗагрозување на безбедноста на сообраќајотЧлен 297(1) Учесник во сообраќај на јавните патишта кој не се придржува кон прописите и со тоа ќе го загрози јавниот сообраќај така што ќе ги доведе во опасност животот или телото на луѓето или имот од значителен обем, па поради тоа некое лице телесно ќе биде повредено или ќе настапи значителна имотна штета, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години. (3) Тој што делото од ставовите 1 и 2 ќе го стори од небрежност, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

2. За кои дела може да се издаде казнен налог? Член 497Услови за издавање казнен налог(1) За кривични дела од надлежност на судија поединец кога за тоа се располага со доволно докази, јавниот обвинител може да поднесе предлог за издавање казнен налог.

3. Кој може да поднесе предлог за издавање на казнен налог? Чл.497(1) За кривични дела од надлежност на судија поединец кога за тоа се располага со доволно докази, јавниот обвинител може да поднесе предлог за издавање казнен налог.(4) Предлог за изрекување казнен налог може да поднесе и приватниот тужител со приватна тужба.

4. Кои мерки се предлагаат со предлогот за издавање на казнен налог? Чл.497(3) Со предлогот за издавање казнен налог јавниот обвинител му предлага на судот изрекување на една или повеќе од следниве кривични санкции или мерки: 1) парична казна во висина од 10 до 100 дневни глоби; 2) условна осуда со утврдена казна затвор до три месеца или парична казна; 3) забрана за управување на моторно возило до две години и 4) конфискација на имот и имотна корист прибавена со кривично дело и одземање на предмети.

5. Во кој износ треба да биде казната што се предлага со казнениот налог? Чл.497 ст.3 т.1- од 10 до 100 дневни глоби

6. Условната осуда која се предлага со казнениот налог како треба да биде утврдена? Чл.497 ст.3 т.2- условна осуда со утврдена казна затвор до три месеца или парична казна; 

Page 54: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 51 - ОК

1.Каква треба да биде условната осуда со предложениот казнен налог?Член 497 ст.2 КЗ2) условна осуда со утврдена казна затвор до три месеца или парична казна;

2.Кое инкриминирачко дејствие го презела Снежа?- спречила малолетникот да биде кај татко му, кој имал право на тоаОдземање детеЧл.198 ст.1 КЗ(1) Тој што противправно ќе одземе дете од родител, посвоител, старател, од установа или од лице на кое му е доверено или спречува тоа да биде кај лице кое има право на тоа или оневозможува извршување на извршна одлука за доделување на дете, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

3.Што се предлага со казнениот налог?член 497 ст.3 КЗ(3) Со предлогот за издавање казнен налог јавниот обвинител му предлага на судот изрекување на една или повеќе од следниве кривични санкции или мерки:1) парична казна во висина од 10 до 100 дневни глоби;2) условна осуда со утврдена казна затвор до три месеца или парична казна;3) забрана за управување на моторно возило до две години и4) конфискација на имот и имотна корист прибавена со кривично дело иодземање на предмети.

4. Услови за издавање казнен налог?Член 497 ст.1 КЗ1) За кривични дела од надлежност на судија поединец кога за тоа се располага со доволно докази, јавниот обвинител може да поднесе предлог за издавање казнен налог.

5.Кој е овластен да поднесе предлог за казнен налог?- Јавен обвинител и приватен тужителЧл.497 ст.1 и ст.4(1) За кривични дела од надлежност на судија поединец кога за тоа се располага со доволно докази, јавниот обвинител може да поднесе предлог за издавање казнен налог.(4) Предлог за изрекување казнен налог може да поднесе и приватниот тужител со приватна тужба.

6.Каков вид одлука донел ЈО?- Предлог за издавање на казнен налогЧл.497 ст.1 (1) За кривични дела од надлежност на судија поединец кога за тоа се располага со доволно докази, јавниот обвинител може да поднесе предлог за издавање казнен налог.

Page 55: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 52 - ОК

1. Кои лица се сторители на кривичното дело?- Бранко, Вангел, Ненад и Алексеј (и Илир?)

2. Кои кривични дела ги сториле?- Илегално пренесување мигранти од користољубие од Струга до границата со Р.Грција-Криумчарење мигранти чл.418-б ст.4 вв со ст.1 и ст.2 и Организирање на група.... чл.418-в ст.2Криумчарење на мигрантиЧлен 418-б(1) Тој што со сила или со сериозна закана дека ќе нападне врз животот или телото, со грабнување, измама, од користољубие, со злоупотреба на својата службена положба или со искористување на немоќта на друг илегално пренесува мигранти преку државната граница, како и тој што прави, набавува или поседува лажна патна исправи со таква цел, ќе се казни со затвор најмалку четири години.(2) Тој што врбува, превезува, пренесува, купува, продава, засолнува или прифаќа мигранти, ќе се казни со затвор од една до пет години.(3) Ако при вршењето на делата од ставовите 1 и 2 е загрозен животот или здравјето на мигрант, или со мигрантот се постапува особено понижувачки или сурово, или се спречува тој да ги користи правата што му припаѓаат според меѓународното право, сторителот ќе се казни со затвор најмалку осум години.(4) Ако делото од ставовите 1 и 2 е сторено со малолетно лице, сторителот ќе се казни со затвор најмалку осум години.(5) Ако делото од ставовите (1), (2), (3) и (4) на овој член го стори службено лице во вршењето на службата, ќе се казни со затвор најмалку десет години.(6) Предметите и превозните средства употребени за извршување на делото се одземаат.

Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе трговија со малолетно лице и криумчарење на мигрантиЧлен 418-в(1) Тој што организира група, банда или друго здружение за вршење на кривични дела од членовите 418-а, 418-б, 418-г и 418-д ќе се казни со затвор најмалку осум години.(2) Тој што ќе стане припадник на група, банда или друго здружение од став 1 или на друг начин ја помага групата, бандата или здружението, ќе се казни со затвор најмалку една година(3) Припадник на групата од став 1 кој ќе ја открие групата пред да стори кривично дело во нејзиниот состав или за неа, ќе се ослободи од казна(4) Тој што повикува, поттикнува или поддржува извршување на кривичните дела од членовите 418-а, 418-б, 418-г и 418-д ќе се казни со затвор од една до десет години.

3. Кои се квалифицирани облици на кривичното дело криумчарење мигранти?Чл.418-б ст.3 4 и 5 КЗ- Ако е загрозен животот или здравјето на мигрант, или со мигрантот се постапува особено понижувачки или сурово, или се спречува тој да ги користи правата што му припаѓаат според меѓународното право, ако е сторено спрема малолетно лице и ако го стори службено лице во вршењето на службата

4. Што се подразбира под поимот група, банда или друго злосторничко здружение?Чл.122 ст.28 КЗ- Под група, банда или друго злосторничко здружение или организација се подразбираат најмалку три лица кои се здружиле за вршење кривични дела, во кој број влегува и организаторот на здружението

Page 56: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

5. Колкава треба да биде возраста на малолетно лице како квалификаторен облик на кривичното дело?-до 18 години

6. Што се подразбира под поимот мигранти?- тоа се лица кои илегално влегуваат во држава чии државјани не се ниту имаат постојан престој во државата

СЛУЧАЈ 53

1. Што претставува банда, група или друго злосторничко здружение?Чл.122 ст.28 КЗ- Под група, банда или друго злосторничко здружение или организација се подразбираат најмалку три лица кои се здружиле за вршење кривични дела, во кој број влегува и организаторот на здружението

2. Колкава треба да биде возраста на малолетното лице за да делото има квалификаторен облик?- до 18 годЧл.418-б ст.4 КЗ(4) Ако делото од ставовите 1 и 2 е сторено со малолетно лице, сторителот ќе се казни со затвор најмалку осум години.

3. Правна квалификација за Диме?Чл.418-б ст.4 в.в ст 1 и 2 (плус имаше дека делото го сториле од користољубие пред да биде наведена правната квалификација во одговорот беше објаснето дејствие на извршување на делото на секој од таксистите, тоа беше битен дел дека делото е сторене од користољувие – вршеле превоз за пари)Член 418-б(1) Тој што со сила или со сериозна закана дека ќе нападне врз животот или телото, со грабнување, измама, од користољубие, со злоупотреба на својата службена положба или со искористување на немоќта на друг илегално пренесува мигранти преку државната граница, како и тој што прави, набавува или поседува лажна патна исправи со таква цел, ќе се казни со затвор најмалку четири години.(2) Тој што врбува, превезува, пренесува, купува, продава, засолнува или прифаќа мигранти, ќе се казни со затвор од една до пет години.(4) Ако делото од ставовите 1 и 2 е сторено со малолетно лице, сторителот ќе се казни со затвор најмалку осум години.

4. Правна Квалификација за Славе?Чл.418-б ст.4 в.в ст 1 и 2

5. Што е мигрант?- Лице кое нелегално влегува во друга држава чиј државјанин не е, ниту има постојан престој во неа.

6. Каков вид на санкција претставува протерување странец од земја?- Казна ( имаше опции Казна со укор, укор, алтернативна мерка, санкција и др..)Протерување странец од земјата Член 38-г КЗ(1) Судот може на сторителот кој не е државјанин на Република Македонија да му изрече казна протерување од земјата, кога ќе оцени дека природата на делото, побудите на сторителот и околностите под кои е сторено укажуваат на непожелност за натамошен престој на сторителот во земјата.

7. Кои од нив пристапиле во група односно здружение за извршување на кд криумчарење на мигранти? - Славе и Диме

Page 57: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 54 - нецелосен

1. Кој е извршител на кривичното дело? - Мајката Анета

2. Елементи на КД во овој случај? Одземање дете Член 198 ст.1 КЗ(1) Тој што противправно ќе одземе дете од родител, посвоител, старател, од установа или од лице на кое му е доверено или спречува тоа да биде кај лице кое има право на тоа или оневозможува извршување на извршна одлука за доделување на дете, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.(2) Ако делото од став 1 е сторено од користољубие или други ниски побуди или со примена на сила, закана или измама или ако поради тоа потешко е загрозено здравјето, воспитувањето, издржувањето или школувањето на дете сторителот ќе се казни со затвор од три месеци до три години.(3) При изрекувањето условна осуда, судот може да му наложи на сторителот да го врати дете или да овозможи извршување на извршната одлука за доделување на дете.(4) Ако сторителот на делото од став 1 доброволно го врати дете или овозможи извршување на извршна одлука, може да се ослободи од казна. (само став 1? )

3. Дејствие на извршување? - Неизвршување на судска одлука?!? (во случајот пишува дека Центарот донел решение)

4. Објект на заштита кај ова кривичното дело?- брак, семејство и младина. Се заштитува семејниот статус и интересот за правилен развој и воспитување на малолетникот од страна на родителите, друго лице или установа на која и е доверен малолетникот

5. Дали ова кривичното дело може да се изврши со умисла или небрежност? - умисла

Page 58: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 55 - ОК

1.Кое е претходното дело за делото Трговија со дете (се мисли на измените од КЗ)?-трговија со малолетно лице

2.Што се подразбира под жртва на кривично дело?чл.122 ст.22 КЗ(22) Под жртва на кривично дело се подразбира секое лице кое претрпело штета, вклучувајќи физичка или ментална повреда, емотивно страдање, материјална загуба или друга повреда или загрозување на неговите основни слободи и права како последица на сторено кривично дело. Под дете како жртва на кривично дело се подразбира малолетно лице до 18 години.

3. Што се подразбира под дете како жртва на кривично дело?Чл.122 ст.22 КЗ- Под дете како жртва на кривично дело се подразбира малолетно лице до 18 години.

4. Објект на заштита кај кривичното дело трговија со луѓе?- Основното достоинство на човекот и неговите слободи и права

5. Како е поставено кривичното дело Трговија со дете во кривичното законодавство на РМ?- како самостојно кривично дело 

6. Правна квалификација на предметното кривично дело?- чл.418-г ст.2 в.в ст.1, чл 24 чл. 45 ст.1

Трговија со детечл.418-г ст.2 в.в ст.1 (1) Тој што ќе подведе дете на вршење полови дејствија или ќе овозможи вршење полови дејствија со дете или врбува, превезува, пренесува, купува, продава или нуди за продавање, прибавува, обезбедува, засолнува или прифаќа дете заради експлоатација по пат на негово користење во сексуални активности за паричен или друг надоместок или други форми на сексуална експлоатација, порнографија, принудна работа или слугување, ропство, присилни бракови, присилна фертилизација, незаконито посвојување или изнудување согласност како посредник да се посвои дете, недопуштено пресадување на делови од човеково тело, ќе се казни со затвор најмалку осум години.(2) Тој што делото од став 1 ќе го стори со сила, сериозна закана, со доведување во заблуда или друга форма на присилба, грабнување, измама, со злоупотреба на својата положба или состојба на бременост, немоќ или физичка или ментална неспособност на друг, или со давање или примање пари или друга корист заради добивање согласност на лице кое има контрола на друго лице, ќе се казни со затвор најмалку десет години.

ПомагањеЧлен 24(1) Тој што на друг со умисла ќе му помогне во извршување на кривично дело ќе се казни како да го сторил самиот, а може да се казни и поблаго.(2) Како помагање во извршувањето на кривично дело ќе се смета особено: давање совети или упатства како да се изврши кривичното дело, ставање средства за располагање на сторителот за извршување на кривичното дело, отстранување на пречките за извршување на кривичното дело, како и однапред ветено

Page 59: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

прикривање на кривичното дело на сторителот, на средствата со кои е извршено кривичното дело, на трагите на кривичното дело или на предметите прибавени со кривичното дело.

Продолжено кривично делоЧлен 45(1) На сторителот кој со умисла ќе изврши две или повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос, исти прилики или други слични околности, судот ќе му изрече единствена казна во границите на казната пропишана за тоа дело.

СЛУЧАЈ 56 - ОК

1. Што се подразбира по поимот жртва на кривично дело? Чл.122 ст.22 КЗ(22) Под жртва на кривично дело се подразбира секое лице кое претрпело штета, вклучувајќи физичка или ментална повреда, емотивно страдање, материјална загуба или друга повреда или загрозување на неговите основни слободи и права како последица на сторено кривично дело. Под дете како жртва на кривично дело се подразбира малолетно лице до 18 години.

2. Како е инкриминирана детската проституција во КЗ?- како посебно кривично дело (го има во чл.191-а од КЗ)

3. Кои услови треба да се исполнат за да потешкиот, квалификаторен облик на делото посредување во вршење проституција од член 191 од КЗ?  - Објективен услов: Ситуација меѓу сторителот и жртвата кога ги исполнува обележјата на семејно насилствоСубјективен услов: Свест дека посредува при вршење проституција

4. Каде е содржано значењето на поимот жртва на кривично дело? - Во општиот дел на КЗ и во глава: Значење на изразите во ЗКП

5. Кои дејствија на извршување како варијанти на поттикнување на други лица на проституција се опфатени во првиот облик на битието на основното кривично дело - посредување во вршење проституција од чл:191 од КЗ? - врбува, наведува, поттикнува или намамува лице на проституција или тој што на кој и да е начин учествува во предавање на лице на друг заради вршење проституција

6. Кое кривично дело го сторило лицето Л? Чл.191 ст.4 в.в. ст.1 и ст.3 в.в. чл.45 од КЗ

Посредување во вршење проституција Член 191 (1) Тој што врбува, наведува, поттикнува или намамува лице на проституција или тој што на кој и да е начин учествува во предавање на лице на друг заради вршење проституција, ќе се казни со затвор од пет до десет години. (3) Тој што заради заработувачка со сила или со сериозна закана за употреба на сила ќе присили или со измама ќе наведе друго лице на давање сексуални услуги, ќе се казни со затвор најмалку осум години. (4) Тој што организира вршење на делата од ставовите 1 до 3 ИЛИ делата ќе ги стори при вршење на семејно насилство, ќе се казни со затвор најмалку 10 години.

Продолжено кривично дело Член 45 (1) На сторителот кој со умисла ќе изврши две или повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос, исти прилики или други слични околности, судот ќе му изрече единствена казна во границите на казната пропишана за тоа дело.

Page 60: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

(внимавајте на понудените одговори сите се слични!)

СЛУЧАЈ 57Нема прашања

Page 61: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 58 – да се провери

1. Правна квалификација на случајот?Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.2 в.в. ст.1 од КЗ. (в.в. чл.45 КЗ?)(1) Тој што ќе ја загрози сигурноста на друг со сериозна закана дека ќе нападне врз неговиот живот или тело или животот или телото на нему блиско лице, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци.(2) Тој што ќе го стори делото од став 1 при вршење семејно насилство, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.

2. Објект на заштита- СЛОБОДИТЕ И ПРАВАТА НА ЧОВЕКОТ И ГРАЃАНИНОТ- Психичкиот мир на човекот, неговото спокојство како претпоставка за другите негови слободи

3. Семејно насилство во кој дел од КЗ се наоѓа?- Глава тринаесетта ЗНАЧЕЊЕ НА ИЗРАЗИТЕ НА ОВОЈ ЗАКОН Член 122 ст.21 КЗ(21) Под семејно насилство се подазбира малтретирање, грубо навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психичко или физичко насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, спрема брачен другар, родителите или децата или други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство, како и спрема поранешен брачен другар или лица кои имаат заедничко дете или се наоѓаат во блиски лични односи.

- Глава петнаесеттаКРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ СЛОБОДИТЕ И ПРАВАТА НА ЧОВЕКОТ И ГРАЃАНИНОТ

4. Врз кого се врши семејно насилство?чл.122 ст.21 КЗ(21)... спрема брачен другар, родителите или децата или други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство, како и спрема поранешен брачен другар или лица кои имаат заедничко дете или се наоѓаат во блиски лични односи. 

5. Што е семејно насилство?чл.122 ст.21 КЗ(21)...малтретирање, грубо навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психичко или физичко насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, спрема брачен другар, родителите или децата или други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство, како и спрема поранешен брачен другар или лица кои имаат заедничко дете или се наоѓаат во блиски лични односи.

6. За одлука во постапка за издавање наредба за заштита на права

7. За неизвршување на судска одлука (во одговорите имаше наведено тој член со кој став се поврзува од истиот во врска со случајот)- чл.144 ст.2 в.в. ст.1 од КЗ в.в. чл.45 КЗ?!?

Page 62: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 59 - нецелосно

1. Дали ги содржи елементите на кривично дело одземање на дете?Да противправно одземање на дете од лице на кое му е доверено и користољубие

2. Објект на заштита?- бракот, семејството и младината

3. Кој е извршител на делото?- Тој што противправно ќе одземе или спречи тоа дете да биде кај лице кое има право на тоа или оневозможува извршување на извршна судска одлука за доделување на дете

4. Кои се дејствијата на извршување?- противправно одземање или спречување детето да биде кај лице кое има право на тоа или оневозможување извршување на извршна судска одлука за доделување на дете

5. Квалификаторен облик на делотоЧлен 198 став 2 КЗ(1) Тој што противправно ќе одземе дете од родител, посвоител, старател, од установа или од лице на кое му е доверено или спречува тоа да биде кај лице кое има право на тоа или оневозможува извршување на извршна одлука за доделување на дете, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.(2) Ако делото од став 1 е сторено од користољубие или други ниски побуди или со примена на сила, закана или измама или ако поради тоа потешко е загрозено здравјето, воспитувањето, издржувањето или школувањето на дете, сторителот ќе се казни со затвор од три месеци до три години.

Page 63: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 60 – нема одговори – прашања исти со случај 61?!?

1.Кој е објект на заштита кај ова кривично дело? - безбедноста на јавниот сообраќај

2.Кој може да биде извршител на ова кривично дело Дали делото се врши со умисла или од небрежност? Член 298 КЗ(1) Тој што ќе уништи, отстрани или потешко оштети сообраќаен уред, средство или знак или уред за сигнализација што служи за безбедност на сообраќајот или ќе даде погрешен сигнал или знак или ќе постави пречка на сообраќајницата или на друг начин ќе ја загрози безбедноста на сообраќајот и со тоа ќе предизвика опасност за животот или телото на луѓето или за имот од значителен обем- Може и со умисла и со небрежност* во нашиот случај:

3.Кој е објект на дејствие кај ова кривично дело?

4.Дали предметниот случај има елементи на кривично дело Загрозување на сообраќајот со опасно дејствие или средство од чл.298 ст.2 вв ст.1 од КЗ?

5.Која е последицата на ова кривично дело?

6.Кои се дејствијата на извршување кај ова кривично дело?

Загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство Член 298(1) Тој што ќе уништи, отстрани или потешко оштети сообраќаен уред, средство или знак или уред за сигнализација што служи за безбедност на сообраќајот или ќе даде погрешен сигнал или знак или ќе постави пречка на сообраќајницата или на друг начин ќе ја загрози безбедноста на сообраќајот и со тоа ќе предизвика опасност за животот или телото на луѓето или за имот од значителен обем, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.(2) Тој што делото од став 1 ќе го стори од небрежност, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

За какво кривично дело се работи - Загрозување на сообраќајот со опасно дејствие или средство од чл.298 ст.2 вв ст.1 од КЗ Според дејствието на изврушување на ова кд постојат повеќе алтернативно определени облици на делото. Уништивањето, отстранувањето или потешкото отстранување на сообраќаен уред средство или знак се сфаќа во смисла на делото уништување на туѓи предмети и туѓи инсталации. Објект на дејствие е сообраќаен уред, средство или знак како и уред за сигнализација. Поставувањето пречки опфаќа дејствија со кој се оневозможува или отежнува сообраќајот на сите сообраќајници. Загрозувањето на друг начин се состои во превземање на дејствија со кои се отежнува или оневозможува прописно и сигурно одвивање на сообраќајот. Последица на делото претставува конкретна опсност за животот или телото или за имотот од значителен обем во сите видови на сообраќај. Извршител може да биде било кое лице а тоа значи и учесник во сообраќајот.

Како се презема гонење за кривичното дело - јавен обвинител по службена должност со обвинителен предлог

Page 64: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

Што е објект на заштита - безбедноста на јавниот сообраќај

Каква казна е предвидена за кривичното дело - парична казна или со затвор до една година.

Која е субјективната страна на кривичното дело - од небрежност Се казнува и небрежното извршување (став 2 ) Потешките облици на делото се содржани во членот 300.

Кој процесен закон ќе се применува? - стар ЗКП

Кој суд е месно надлежен - судот на чие подрачје е извршено или обидено кривичното дело

Состав на судот - судија поединец

За колку време застарува делото - Застареност на кривичното гонење Член 107 (1) Ако во овој законик не е поинаку определено, кривичното гонење не може да се преземе кога ќе поминат: 6) две години од извршувањето на кривично дело за кое според законот може да се изрече затвор до една година или парична казна.(6) Застареност на кривичното гонење настапува во секој случај кога ќе помине двапати онолку време колку што според законот се бара за застареност накривичното гонење.-апсолутен рок

-ке се применуваат одредби за скратена постапкаГлава ХХVI СКРАТЕНА ПОСТАПКА Член 442Во постапката пред судот што суди во прв степен за кривични дела за кои како главна казна е пропишана парична казна или затвор до три години,ќе се применуваат одредбите на членовите од 443 до 456 од овој закон, а доколку во овие одредби не е предвидено нешто посебно, согласно ќе се применуваат другите одредби на овој закон.Член 443(1) Кривичната постапка се поведува врз основа на обвинителниот предлог на јавниот обвинител, односно на оштетениот како тужител или врз основа на приватна тужба.(2) Јавниот обвинител може да поднесе обвинителен предлог и врз основа на самата кривична пријава.(3) Обвинителниот предлог и приватната тужба се поднесуваат во потребниот број примероци за судот и на обвинетиот.Член 444(1) Пред поднесувањето на обвинителниот предлог јавниот обвинител може да му предложи на судијата да преземе определени истражни дејствија. Ако судијата се согласи со овој предлог ќе ги преземе истражните дејствија, а потоа сите списи ќе ги достави до тужителот. Истражните дејствија се спроведуваат колку што е можно побрзо и пократко.(2) Ако судијата не се согласи со предлогот за преземање на истражни дејствија ќе го извести за тоа јавниот обвинител.(3) Кога во случаите од ставовите 1 и 2 на овој член јавниот обвинител ќе ги прими списите, односно известување од судија, може да одлучи да поднесе обвинителен предлог или ќе донесе решение за отфрлање на кривичната пријава.Член 445(1) Притвор може да се определи против лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело, ако:1) се крие или ако не може да се утврди неговиот идентитет или ако постојат други околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство и2) е во прашање кривично дело против јавниот ред или моралот за кое може да се изрече казна затвор од три години, а особени околности ја оправдуваат бојазноста дека обвинетиот ќе го повтори тоа кривично дело или дека ќе го изврши кривичното дело со кое се заканува.(2) Пред поднесувањето на обвинителниот предлог притворот може да трае само онолку колку што е потребно за да се спроведат истражните дејствија, но не подолго од осум дена. За жалбата против решението за притвор решава советот (член 22 став 6).(3) Притворот од поднесувањето на обвинителниот предлог до завршувањето на главниот претрес може да трае најдолго 60 дена.

Page 65: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

(4) Кога обвинетиот се наоѓа во притвор, судот е должен да постапува со особена итност.Член 446(1) Ако кривична пријава поднел оштетениот, а јавниот обвинител во рок од еден месец по приемот на пријавата не поднесе обвинителен предлог ниту го извести оштетениот дека ја отфрлил пријавата, оштетениот има право како тужител да го преземе гонењето со поднесување на обвинителен предлог до судот.(2) Ако во случајот од став 1 на овој член оштетениот се откаже од гонењето или според законот се смета дека се откажал од гонењето, јавниот обвинител може без оглед на условите пропишани за повторување на постапката повторно да ја поведе постапката, ако не ја отфрлил пријавата на оштетениот.Член 447(1) Обвинителниот предлог односно приватната тужба треба да содржи: име и презиме на обвинетиот со лични податоци доколку се познати, краток опис на кривичното дело, означување на судот пред кој ќе се одржи главниот претрес, предлог кои докази треба да се изведат наглавниот претрес и предлог обвинетиот да се огласи за виновен и да се осуди според законот.(2) Во обвинителниот предлог може да се предложи обвинетиот да се стави во притвор. Ако обвинетиот се наоѓа во притвор или за време на спроведувањето на истражните дејствија се наоѓал во притвор, ќе се назначи во обвинителниот предлог колку време е притворен.Член 448(1) Кога судот ќе го прими обвинителниот предлог или приватната тужба,судијата претходно ќе испита дали судот е надлежен, дали треба да се спроведат одделни истражни дејствија или да се дополнат спроведените истражни дејствија и дали постојат услови за отфрлање на обвинителниот предлог, односно на приватната тужба.(2) Ако судијата не донесе ниедно од решенијата од став 1 на овој член, веднаш ќе закаже главен претрес.(3) Ако судијата смета дека треба да се спроведат одделни истражни дејствија, ќе ги спроведе самиот.Член 449 (1) Ако судијата најде дека за судење е надлежен друг суд, ќе му го отстапи предметот по правосилноста на решението, на тој суд.(2) По закажувањето на главниот претрес не може по службена должност да се огласи за месно ненадлежен.Член 450(1) Судијата ќе го отфрли обвинителниот предлог или приватната тужба ако најде дека постојат причини за запирање на постапката предвидени во член 284 точки од 1 до 3 од овој закон, а ако се спроведени истражните дејствија - и од причината предвидена во точка 4 од тој член.(2) Решението со кратко образложение се доставува до јавниот обвинител, до оштетениот како тужител или до приватниот тужител, како и до обвинетиот.Член 451(1) Судијата ги повикува на главниот претрес обвинетиот и неговиот бранител, тужителот, оштетениот и нивните законски застапници и полномошници, сведоците, вештаците и толкувачот а по потреба ќе ги прибави предметите што треба да служат како доказ на главниот претрес.(2) На обвинетиот во поканата ќе му се назначи дека на главниот претрес може да дојде со докази за својата одбрана, или доказите навремено да му ги соопшти на судот за да можат да се прибават за главниот претрес. Во поканата обвинетиот ќе се предупреди дека главниот претрес ќе се одржи и во негово отсуство ако за тоа постојат законски услови (член 454 став 4).До обвинетиот кон поканата ќе се достави и препис од обвинителниот предлог, односно од приватната тужба и ќе се поучи дека има право да земе бранител, но дека, во случај кога одбраната не е задолжителна, поради недоаѓање на бранителот на главниот претрес или земање бранител дури на главниот претрес, не мора да се одложи претресот.(3) Поканата до обвинетиот мора да се достави така што помеѓу доставувањето на поканата и денот на главниот претрес да остане доволно време за подготвување на одбраната, а најмалку три дена. По согласност на обвинетиот овој рок може да се скрати.Член 452Главниот претрес се држи во местото на судот. Во итни случаи, особено кога треба да се изврши увид или кога е тоа во интерес за полесно спроведување на доказната постапка, може по одобрение на претседателот на судот главниот претрес да се определи и во местото каде што е сторено кривичното дело или каде што ќе се преземе увид, ако тие места се наподрачјето на тој суд.

Page 66: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

Член 453Приговор на месната надлежност може да се стави најдоцна до почетокот на главниот претрес.Член 454(1) Главниот претрес ќе се одржи и ако не дојде јавниот обвинител кој е уредно поканет. Во тој случај оштетениот има право на главниот претрес да го застапува обвинението во границите на обвинителниот предлог.(2) Главниот претрес ќе се одржи иако не дојде оштетениот како тужител што е уредно поканет.(3) Главниот претрес може да се одржи и ако не дојде приватниот тужител што има живеалиште надвор од подрачјето на судот со кој е поднесена приватната тужба, ако до судот ставил предлог главниот претрес да се одржи во негово отсуство.(4) Ако обвинетиот не дојде на главниот претрес, иако уредно е повикан или поканата не можела да се врачи поради непријавување до судот, на промената на адресата или престојувалиштето, судот може да одлучи главниот претрес да се одржи и во негово отсуство под услов неговотоприсуство да не е нужно.Член 455(1) Главниот претрес почнува со изнесување на содржината на обвинителниот предлог или на приватната тужба. Започнатиот главен претрес ќе се доврши, по можност без прекинување.(2) Ако судијата во текот на главниот претрес најде дека фактите врз кои се заснова обвинението укажува на кривично дело за чие судење е надлежен совет, ќе се оформи совет и главниот претрес ќе почне одново.(3) По заклучувањето на главниот претрес судот веднаш ќе ја изрече пресудата и ќе ја објави со суштествените причини. Пресудата мора да се изработи писмено во рок од осум дена од денот на објавувањето.(4) Против пресудата жалба може да се изјави во рок од осум дена од денот на доставувањето на преписот од пресудата.(5) Одредбите на член 371 од овој закон согласно ќе се применуваат и во поглед на укинувањето на притворот по изрекувањето на пресудата.(6) Кога судот ќе изрече во пресудата казна затвор, може да определи обвинетиот да се стави во притвор, односно да остане во притвор, ако постојат причините од член 445 став 1 на овој закон. Притворот во таков случај може да трае до правосилноста на пресудата, но најдолго до 60дена.(7) Ако јавниот обвинител не присуствувал на главниот претрес (член 454 став 1), оштетениот има право во својство на тужител да изјави жалба против пресудата, без оглед на тоа дали се жали и јавниот обвинител.Член 456(1) Пред закажувањето на главниот претрес за кривични дела од надлежност на судија поединец за кои се гони по приватна тужба, судијата поединец може да го повика само приватниот тужител и обвинетиот во определен ден да дојдат во судот заради претходно разјаснување на работите, ако смета дека тоа би било целесообразно за побрзо завршување на постапката. До обвинетиот кон поканата се доставува и препис од приватната тужба. (2) Ако не дојде до помирување на странките и до повлекување на приватната тужба, судијата ќе земе изјави од странките и ќе ги повика да стават свои предлози во поглед на прибавувањето на доказите.(3) Ако судија поединец не најде дека постојат услови за отфрлање на тужбата ќе донесе одлука за тоа кои докази ќе се изведат на главниот претрес и ќе закаже, по правило, веднаш главен претрес и тоа ќе им го соопшти на странките.(4) Ако судијата поединец смета дека не е потребно прибавување на докази, а не постојат некои други причини за посебно закажување на главен претрес, може веднаш да го отвори главниот претрес и по изведувањето на доказите што се наоѓаат пред судот да донесе одлука по повод приватната тужба. На ова посебно ќе се предупредат приватниот тужител и обвинетиот при доставувањето на поканата.(5) За нејавување на приватниот тужител на поканата од став 1 на овој член важи одредбата на член 54 од овој закон.(6) Во случај на недоаѓање на обвинетиот ако судијата одлучил да отвориглавен претрес, ќе се примени одредбата на член 454 став 4 на овој закон.Член 457(1) Кога второстепениот суд решава по жалба против пресудата на првостепениот суд донесена во скратена постапка, двете странки ќе се известат за седницата на советот на второстепениот суд само

Page 67: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

ако претседателот на советот или советот најде дека присуството на странките би било корисно за разјаснување на работите.(2) Ако се работи за кривично дело за кое постапката се води по барање на јавниот обвинител, претседателот на советот пред седницата на советот ќе ги достави списите до јавниот обвинител во рок од 8 дена-суди судија поединец-има сообраќајно техничко вештачење, за вакво вешстачење наредба издава ЈО (повеќе во чл.255 од ЗКП)-пресуда без главен претрес доколку се располага со доволно докази

СЛУЧАЈ 61

1. Дејствие на извршување кај ова кривично дело?- (1) Учесник во сообраќај на јавните патишта кој не се придржува кон прописите и со тоа ќе го загрози јавниот сообраќај така што ќе ги доведе во опасност животот или телото на луѓето или имот од значителен обем, па поради тоа некое лице телесно ќе биде повредено или ќе настапи значителна имотна штета

2. Објект на заштита- безбедноста на јавниот сообраќај

3. Кој може да биде извршител на ова кривично дело и дали се врши со умисла или од небрежност?- Учесник во сообраќај на јавните патишта кој не се придржува кон прописите во случајот Арменд- Делото се врши и со умисла и со небрежност, а во конкретниот случај е од небрежност

4. Објект на дејствие кај ова кривично дело?- непочитување на сообраќајните прописи и ќе предизвика штета и телесни повреди од големи размери?

5. Дали има елементи на кривичното дело од чл.298 ст.2 в.в. ст.1? - Нема(1) Тој што ќе уништи, отстрани или потешко оштети сообраќаен уред, средство или знак или уред за сигнализација што служи за безбедност на сообраќајот или ќе даде погрешен сигнал или знак или ќе постави пречка на сообраќајницата или на друг начии ќе ја загрози безбедноста на сообраќајот и со тоа ќе предизвика опасност за животот или телото на луѓето или за имот од значителен обем, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години. (2) Тој што делото од став 1 ќе го стори од небрежност, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

6. Последица на кривичното дело?- телесна повреда и имотна штета?

Page 68: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 62 - нецелосен

1. Кога може да има одложување на кривичното гонење?Условно одлагање на кривичното гонење Член 43 НОВ ЗКП- Јавниот обвинител со согласност на оштетениот може со решение да го одложи кривичното гонење за кривично дело за кое е пропишана казна затвор до три години ако осомничениот е подготвен да се однесува според упатствата на јавниот обвинител и да ги исполни определените обврски со кои се намалуваат или отстрануваат штетните последици на кривичното дело, се става крај на вознемирувањето што е резултат на кривичното дело, односно се влијае со цел да се реинтегрира осомничениот.

2. Кој е објектот на инкриминација во конкретното кривично дело?- непочитување на сообраќајните прописи и ќе предизвика тешки телесни повреди и штета од големи размери.

3. Доколку ги исполни обврските осомничениот што ќе превземе следно јавниот обвините?(одговорите беа за спротивната ситуација т.е. кога осомничениот нема да ги исполни обврските или нема да ги доврши)Член 43 НОВ ЗКП(4) Ако сторителот ги започнал, но не ги довршил наметнатите обврски во определениот рок, јавниот обвинител поднесува предлог за поведување скратена постапка, при што се зема предвид делот од извршените обврски.

4. Дали во конкретниот случај може да има одложување на кривичното гонење?- може да има, станува збор за кривично дело против безбедноста на луѓето и имотот сторено од небрежност со казна затвор до 3 години.

ЗКП – 2010 Член 43 Условно одлагање на кривичното гонење(1) Јавниот обвинител со согласност на оштетениот може со решение да го одложи кривичното гонење за кривично дело за кое е пропишана казна затвор до три години ако осомничениот е подготвен да се однесува според упатствата на јавниот обвинител и да ги исполни определените обврски со кои се намалуваат или отстрануваат штетните последици на кривичното дело, се става крај на вознемирувањето што е резултат на кривичното дело, односно се влијае со цел да се реинтегрира осомничениот. Такви обврски можат да бидат: 1) отстранување или надоместување на штетата; 2) враќање на одземените предмети; 3) плаќање на паричен придонес во полза на Буџетот на Република Македонија или институција што врши јавни овластувања или во хуманитарни цели; 4) исполнување на обврските во однос на издржувањето; 5) подложување под третман за одвикнување од зависности; 6) подложување на психосоцијална терапија заради отстранување на насилничко однесување; 7) забрана за посетување или контактирање со жртвите на казненото дело, како и со трети лица определени од страна на јавниот обвинител во период не подолг од шест месеци; 8) определување општокорисна работа во траење од 40 до 120 часа или 9) кога се исполнети условите за ослободување поради компензација на штетата определени со Кривичниот законик.

Page 69: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

(2) Во однос на обврските од ставот (1) точките 1, 2, 3, 4, 7, 8 и 9 на овој член, ако осомничениот во рок кој не може да е подолг од шест месеци ја исполнил обврската, односно се придржувал кон забраната, јавниот обвинител ќе донесе решение со кое не се презема кривично гонење против осомничениот за кривичното дело од ставот (1) на овој член.(3) Во однос на обврските од ставот (1) точки 5 и 6 на овој член, времетраењето на условното одлагање јавниот обвинител го определува во консултација со специјализирана установа за лекување зависности, односно со надлежниот центар за социјални работи. Времетраењето на условното одлагање не може да биде подолго од една година.(4) Ако сторителот ги започнал, но не ги довршил наметнатите обврски во определениот рок, јавниот обвинител поднесува предлог за поведување скратена постапка, при што се зема предвид делот од извршените обврски.

СЛУЧАЈ 63 - ОК

1. Што е помала имотна корист? - чл.122 ст.33 КЗ(33) Под помала имотна корист, вредност или штета, се подразбира корист, вредност или штета што одговара на износот на службено објавена една половина просечна месечна плата во Републиката во времето на извршувањето на делото.

2. Правна квалификација на делото? - чл.235 ст.2 вв ст.1 од КЗКражбаЧлен 235(1) Тој што од друг ќе одземе туѓ подвижен предмет со намера противправно да го присвои, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.(2) Ако вредноста на украдениот предмет е помала и сторителот одел кон тоа да присвои предмет од таква вредност, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

3. Како се гони кривичното дело?- по приватна тужба Чл.235 ст.6 КЗ(2) Ако вредноста на украдениот предмет е помала и сторителот одел кон тоа да присвои предмет од таква вредност, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.(6) Гонењето за делото од ставот (2) на овој член се презема по приватна тужба.

4. Што е привилегиран тип на делото?- Член 237, став 2 (2) Ако вредноста на украдениот предмет е помала и сторителот одел кон тоа да присвои предмет од таква вредност, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

5. Кое е дејствие на извршување?- Одземање на туѓ предмет со намера противправно да се присвои

6. Како постапува ЈО/Поводи за поведување кривична постапка?- член 272 ЗКП 2010 –, непосредно забележување или допрен гласЧлен 272 Поводи за поведување кривична постапка - Јавниот обвинител и правосудната полиција за сторено кривично дело дознаваат со непосредно забележување, по допрен глас или по примена кривична пријава.

Page 70: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 64

1. Која е правната квалификација на кривичното дело? чл.123 ст.2 т.2 вв чл.19 ст.1 од КЗ УбиствоЧлен 123(2) Со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор ќе се казни тој што: 2) друг ќе лиши од живот при вршење на семејно насилствоОбидЧлен 19(1) Тој што со умисла ќе започне извршување на кривично дело, но нема да го доврши, ќе се казни за обид на кривично дело за кое според закон може да се изрече затвор од пет години или потешка казна, а за обид на друго кривично дело само кога законот изречно пропишува казнување и за обид.

2. Спрема кои лица се врши семејно насилство? - спрема брачен другар, родителите или децата или други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство, како и спрема поранешен брачен другар или лица кои имаат заедничко дете или се наоѓаат во блиски лични односи.

3. Која е казната за кривичното дело сторено од Акие? - најмалку 10 години затвор или доживотен затвор

4. Доколку се применат условите за ублажување на казна, до колку може да се ублажи казната?- до 5 години затвор

5. Во кој дел од КЗ се наоѓа дефиницијата за семејно насилство? - Во значење на изразите на КЗ во општи одредби (меѓу понудените беше и основни одредби)

6. Која мера ќе ја има предвид судот при убалажување на казната? Чл.41 ст.2 КЗПри одлучувањето во која мера казната ќе ја ублажи според правилата од став 1, судот посебно ќе ја има предвид најмалата и најголемата мера на казна пропишана за кривичното дело.

Втора варијанта прашања

1. Кое е дејството на извршување? Лишување друг од живот во обид – Лишување од живот при вршење семејно насилство

2. Во кој состав одлучува судот? - совет 2 + 3

3. Имал прашање за притвор???

4. Кога ќе го повлече обвинителот обвинението за едно дело (во случајот имало 2 дела) каква одлука носи судот ?

Page 71: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

– носи одбивателна пресуда Член 402Одбивателна пресудаПресуда со која се одбива обвинението судот ќе изрече, ако3) тужителот од започнувањето па до завршувањето на главната расправа се откажал од обвинението;

5. Прашање за тешка телесна повреда?Член 131 КЗ (2) Тој што ќе го стори делото од став 1 при вршење семејно насилство, ќе се казни со затвор од една до пет години.

СЛУЧАЈ 65

1. Дејствие на извршување?- Повредување, одземање или ограничување на правата од работен однос свесно непридржување кон закон, друг пропис или колетивен договор и со тоа повреди, одземе или ограничи право на работникот што му припаѓа

2. Елементи на кривичното дело/Дали постојат елементите на кривичното дело од чл.166 од КЗ?Повреда на правата од работен односЧлен 166(1) Тој што свесно не се придржува кон закон, друг пропис или колективен договор, за засновање или престанок на работниот однос, за платата и надоместоците на платата, работно време, одморот или отсуството, заштитата на жената, младината и инвалидите или за забрана на прекувремената или ноќната работа и со тоа повреди, одземе или ограничи право што на работникот му припаѓа, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.(2) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.

3. Дали делото е со умисла или небрежност? - умисла

4. Кој може да се јави како извршител?- управителот (одговорното лице) и правното лице

5. Што е објект на заштита?- работните односиГрупен објект на заштита е правата од работен однос. Опфатени се некои права што ја определуват положбата на работникот, правата по однос на засновање или престнување на работниот однос, личен доход,работно време, одморот или отсуствата, заштита на жената , младината и инвалидите, прекувремена или ноќна работа.

6. Обезбедување на докази од ЗКП (тоа беше исто како во ЗКП, дали треба налог)

Член 284

Претходно прибирање на известувања(1) Јавниот обвинител самиот или преку правосудната полиција, односно други лица вработени во истражните центри на јавното обвинителство, ќе ги собере известувањата потребни за одлучување по кривичната пријава, а по потреба тоа ќе го стори и преку полицијата или другите органи надлежни за откривање.(2) За преземените мерки и проверки по наредба или по насоки на јавниот обвинител, полицијата и другите органи од ставот (1) на овој член, се должни да дадат известување најдоцна во рок од 30 дена од приемот на наредбата.(3) Во наредбата јавниот обвинител може поблиску да ги определи потребните дејствија и да и нареди на полицијата без одлагање да го извести за преземените мерки. Ако јавниот обвинител бара да присуствува на овие дејствија, полицијата ќе ги преземе на начин со кој тоа ќе му се овозможи.

Page 72: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

(4) Само во исклучително сложени случаи за тешки кривични дела извршени од повеќе лица или од организирана криминална група, правосудната полиција може да бара одобрение од јавниот обвинител за продолжување на рокот од ставот (2) на овој член. Во дополнително дадениот рок, кој не може да биде подолг од 30 дена, правосудната полиција е должна јавниот обвинител да го извести за дотогаш преземените дејствија и за резултатите од нив.

7. Дали МВР постапило законски при издавањето на наредбата?- Да- Не, бидејќи МВР ги одзеле документите, а наредбата на ЈО била за да извршат информативни разговори и УВИД во документацијата?!?

СЛУЧАЈ 66 – ОК

1. Кое кривично дело го сторил Васко? – Едно продолжено кривично дело тешка кражба чл.236 ст1 т1 чл.45 ст1 и..... (имаше овде уште едно наведено не успеав да го допишам)

2. Кој облик на помагање го извршиле Пеце и Никола? - Однапред ветено прикривање на предметите прибавени со кривичното дело.ПомагањеЧлен 24 КЗ(2) Како помагање во извршувањето на кривично дело ќе се смета особено: давање совети или упатства како да се изврши кривичното дело, ставање средства за располагање на сторителот за извршување на кривичното дело, отстранување на пречките за извршување на кривичното дело, како и однапред ветено прикривање на кривичното дело на сторителот, на средствата со кои е извршено кривичното дело, на трагите на кривичното дело или на предметите прибавени со кривичното дело.

3. Што е соизвршителство?СоизвршителствоЧлен 22Ако две или повеќе лица, со учество во дејствие на извршување или со друг особен придонес кон извршувањето на делото, заеднички сторат кривично дело, секое од нив ќе се казни со казната пропишана за тоа дело.

4. Според одредбите за стек, која казна ќе се примени?Член 44 ст.2 т.2 КЗ- За кривични дела во стек утврдил казна затвор, единствената казна мора да биде поголема од секоја одделна утврдена казна, но не смее да го достигне збирот на утврдените казни ниту да премине 20 години затвор.

5. Колку е запретена казна на обвинетите? – од 1 до 5 години

6. Кое кривично дело го сториле Пеце и Васко? – Тешка кражба чл.236 ст1 т1 вв чл.24 и чл.22 КЗ и продолжено к.д тешка кражба чл.236 ст1 т1 чл.24 чл.22. чл.45 ст1 КЗ

Page 73: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 67 - ОК

1. Што се подразбира под поимот жртва на кривично дело?Чл.122 ст.22 КЗ(22) Под жртва на кривично дело се подразбира секое лице кое претрпело штета, вклучувајќи физичка или ментална повреда, емотивно страдање, материјална загуба или друга повреда или загрозување на неговите основни слободи и права како последица на сторено кривично дело. Под дете како жртва на кривично дело се подразбира малолетно лице до 18 години.

2. Дете жртва на кривично дело е?-малолетник до 18 год.Чл.122 ст.22 КЗ- Под дете како жртва на кривично дело се подразбира малолетно лице до 18 години.

3. Каде е регулиран поимот дете жртва на кривичното дело?-значење на изразите на КЗ во општиот дел

4. Правна квалификација на кривичното дело во случајот?Полов напад врз дете кое не наполнило 14 годиниЧлен 188 ст.1 КЗ(1) Тој што ќе изврши обљуба или друго полово дејствие врз дете кое не наполнило 14 години, ќе се казни со затвор најмалку 12 години.

5. Квалификаторен облик на кривично дело?Член 188 ст.2 КЗ(2) Ако поради делото од став (1) настапила тешка телесна повреда, смрт или други тешки последици или делото е сторено од страна на повеќе лица или на особено суров или понижувачки начин, сторителот ќе се казни со затвор најмалку 15 години или со доживотен затвор.

6. Каква одлука ке донесе Апелациониот суд во однос на жалбата?- пресуда со која ке ја одбие жалбата на обвинетиот како неоснована, а по жалбата на јавниот обвинител ќе ја преиначи пресуда во делот за казната затвор од 3год (така некако беше, битното е да одлучи по двете жалби со една пресуда)

7. Состав на судот- совет 2 + 3

Кривично 67 – втора варијанта1. Колкава е казната одредена според КЗ? Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, казна затвор од најмалку 12 години 

2. Со каква одлука второстепениот суд ја сменил казната ?Според клучот точно е: РЕШЕНИЕ со кое ја сменил само казната но во се друго останал ист како во првостепената пресуда. Во закон стои со ПРЕСУДА!!

Page 74: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

3. Во која глава се содржани одредбите за дете во ризик? Во главата за општи одредби т.е. чл.122 (Под дете како жртва на кривично дело се подразбира малолетно лице до 18 години) 

4. До колку години се смета за дете во ризик (до 18 год.) 

5. Состав на судот ? двајца судии и тројца судии –поротници

6. Квалификаторен облик?Цитиран Член. 188 ст.2Положен со 5/6СЛУЧАЈ 68Нема прашања

Измама при добивање кредит или друга погодност Член 249(1) Тој што со намера за себе или за друг да прибави кредит, инвестициони средства, субвенција или друга погодност за вршење дејност на кредитодавателот или на надлежниот за одобрување таква погодност ќе му даде невистинити или нецелосни податоци за имотната состојба или други податоци значајни за добивање на кредитот или друга погодност, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години. (2) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.

СЛУЧАЈ 69Нема прашања

член 236 став 5 в.в. став 1 точка 3 од КЗ

Тешка кражба Член 236(1) Ако кражбата е сторена: 1) со кршење или провалување во затворени простории, со совладување препреки или на друг начин совладување поголеми пречки, 2) од страна на повеќе лица здружени заради вршење кражба, 3) на дрзок начин,   4) од страна на лице кое кај себе имало некакво оружје или опасно орудие заради напад или одбрана, 5) за време на пожар, поплава или слична несреќа и 6) со искористување на немоќта или несреќата на друг, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години.(2) За кражба на предмети од значителна вредност, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години. (3) За кражба на предмети во вредност од големи размери, сторителот ќе се казни со затвор од три до десет години.(4) Ако украдениот предмет е добро под привремена заштита, културно наследство, природна реткост или уред или друг предмет од посебно значење за сигурноста на луѓето и имотот и сигурноста на јавниот сообраќај или објект на јавни инсталации или предмет во општа употреба сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години.(5) Ако вредноста на украдениот предмет од ставот (1) на овој член е помала сторителот одел кон тоа да присвои предмет од таква вредност, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

Член 122(33) Под помала имотна корист, вредност или штета, се подразбира корист, вредност или штета што одговара на износот на службено објавена една половина просечна месечна плата во Републиката во времето на извршувањето на делото.Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2012, изнесува 20 965 денари.

СЛУЧАЈ 70

Page 75: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

Нема прашања

КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ЖИВОТОТ И ТЕЛОТО УбиствоЧлен 123(1) Тој што друг ќе лиши од живот ќе се казни со затвор најмалку пет години.(2) Со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор ќе се казни тојшто:1) друг ќе лиши од живот на свиреп или подмолен начин,2) друг ќе лиши од живот при вршење на семејно насилство,3) друг ќе лиши од живот и притоа со умисла ќе го доведе во опасност живототна уште некое лице,4) друг ќе лиши од живот од користољубие, заради извршување илиприкривање на друго кривично дело, од безобѕирна одмазда или од други нискипобуди,5) друг ќе лиши од живот по порачка,6) друг ќе лиши од живот заради вадење на орган, ткиво или клетки запресадување7) ќе лиши од живот женско лице за кое знае дека е бремено и или малолетнолице и8) ќе лиши од живот судија, јавен обвинител или адвокат, при вршењето на неговата функција, односно дејност или службено или воено лице при вршењето на работите на јавната или државната безбедност или на должноста чување на јавниот ред, фаќање на сторител на кривично дело или чување на лице лишено од слобода.(3) Со затвор од најмалку десет години или со доживотен затвор ќе се казни тој кој со умисла ќе лиши од живот две или повеќе лица, за кои претходно не му било судено, освен ако не се работи за кривични дела од член 9 став (3), член 10 став(3) и членовите 124, 125 и 127.

Кое е дејствие на извршување на кривичното дело- со умисла го лишил од живот

Како се презема гонење за кривичното дело - јавен обвинител по службена должностШто е објект на заштита - животот и телотоКоја е субјективната страна на кривичното дело - умислено извршување на делотоСостав на судот – 2+3- нов ЗКПЗа колку време застарува делото - 30 години од извршувањето на кривично дело за кое според законот може да се изрече казна доживотен затвор - релативен рок на застареностСлавјан во својство на сведок

Член 35(1) Затворот не може да биде пократок од 30 дена ниту подолг од 20 години. За кривичните дела за кои е пропишана и казна доживотен затвор, може да се изрече казна долготраен затвор од 40 години.(2) Ако за кривично дело сторено со умисла е пропишан затвор во траење од 20 години, за тешки форми на тоа дело може да се пропише и казна доживотен затвор.(3) Казната доживотен затвор не може да се пропише како единствена главна казна.(4) Казната доживотен затвор не може да се изрече на сторител кој во време на извршување на кривичното дело не навршил 21 година од животот.(5) Затворот се изрекува на полни години и месеци, а до шест месеци и на полни денови.(6) Кога за кривичните дела е пропишана казна затвор без назначување на најмалата мера, а најголемата мера не е поголема од три години, покрај таа казна задолжително се пропишува и парична казна.(7) Затворот се издржува во установи за издржување на казна определени со закон.

СЛУЧАЈ 71Нема прашања

Page 76: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

Запуштање и малтретирање на малолетно лице Член 201 (1) Родител, посвоител, старател или друго лице кое со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување ќе го запушти малолетното лице или ќе го малтретира, ќе се казни со затвор најмалку пет години.(2) Со казната од став 1 ќе се казни родител, посвоител, старател или друго лице кое присилува малолетно лице на работа што не одговара на неговата возраст и физичка сила или од користољубие го наведува на питање или на вршење други дејствија што се штетни за неговиот развиток. (3) Ако поради делата од ставовите 1 и 2 настапила тешка телесна повреда или тешко нарушување на здравјето на малолетното лице или малолетното лице се оддало на питање, проституција или други облици на асоцијално однесување, сторителот ќе се казни со затвор најмалку десет години.

СЛУЧАЈ 72Нема прашања

Стар ЗКП

Тешка кражба Член 236 КЗ(1) Ако кражбата е сторена: 1) со кршење или провалување во затворени простории, со совладување препреки или на друг начин совладување поголеми пречки, 2) од страна на повеќе лица здружени заради вршење кражба, 3) на дрзок начин, 4) од страна на лице кое кај себе имало некакво оружје или опасно орудие заради напад или одбрана, 5) за време на пожар, поплава или слична несреќа и 6) со искористување на немоќта или несреќата на друг, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години.(2) За кражба на предмети од значителна вредност, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.(3) За кражба на предмети во вредност од големи размери, сторителот ќе се казни со затвор од три до десет години.(4) Ако украдениот предмет е добро под привремена заштита, културно наследство, природна реткост или уред или друг предмет од посебно значење за сигурноста на луѓето и имотот и сигурноста на јавниот сообраќај или објект на јавни инсталации или предмет во општа употреба сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години.(5) Ако вредноста на украдениот предмет од ставот (1) на овој член е помала и сторителот одел кон тоа да присвои предмет од таква вредност, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

Обид Член 19 КЗ(1) Тој што со умисла ќе започне извршување на кривично дело, но нема да го доврши, ќе се казни за обид на кривично дело за кое според закон може да се изрече затвор од пет години или потешка казна, а за обид на друго кривично дело само кога законот изречно пропишува казнување и за обид.(2) Сторителот ќе се казни за обид во границите на казната пропишана за кривичното дело, а може да се казни и поблаго.

Состав на суд: совет 1 + 2

Јавниот обвинител ќе поднесе обвинителен акт

Page 77: Кривично Случаи Што Се Паднале - В.Јовановски

СЛУЧАЈ 73Нема прашања

Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материиЧлен 396(1) Тој кој што неовластено изработува, држи, продава, набавува, посредува во трговија или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години.(2) Ако предмет на делото од ставот 1 е поголемо количество на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години.(3) Ако делото од ставовите (1) и (2) на овој член е сторено во група, банда или друго злосторничко здружение, сторителот ќе се казни со затвор најмалку осум години.(4) Ако предмет на делото од ставот (1) на овој член е поголемо количество нараспрскувачки материи наменети за дозволени забавни, свeчени и други активности, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.(5) Предметите од ставовите 1 и 2 и средствата за нивно изработување, пренесување и растурање ќе се одземат.