Најчести прашања за ХИВ/СИДА

32
Најчести прашања за ХИВ/СИДА

Upload: nhung

Post on 12-Jan-2016

82 views

Category:

Documents


6 download

DESCRIPTION

Најчести прашања за ХИВ/СИДА. Црвена панделка. Црвената панделка е симбол на борба против СИДА,кој ја носи кажува дека е информиран,знае да се заштити и има разбирање и поддршка за оние кои се болни За прв пат е употребена во 1991 год.од Visual Aids New York. - PowerPoint PPT Presentation

TRANSCRIPT

Page 1: Најчести прашања за ХИВ/СИДА

Најчести прашања за ХИВ/СИДА

Page 2: Најчести прашања за ХИВ/СИДА

Црвена панделка

Црвената панделка е симбол на борба против СИДА,кој ја носи кажува дека е информиран,знае да се заштити и има разбирање и поддршка за оние кои се болни

За прв пат е употребена во 1991 год.од Visual Aids New York.

Таа е симбол на надеж дека епидемијата ке запре

Page 3: Најчести прашања за ХИВ/СИДА

Што е ХИВ?

Human Immunodeficiency virusХуман- Живее само во човековиот организам и се пренесува само од човек на човекИмунодефициентен- состојба на слабост на имуниот систем каде истиот не функционира нормално, односно не е веќе во состојба да го одбрани човековиот организам Вирус- микроорганизми кои го напаѓаат човековиот организам и предизвикуваат инфекции

ХИВ1 и ХИВ2 -според застапеност на вирусот во светот

Хив вирусот ги напаѓа главните клетки на човекот Т4 лимфоцити(бели крвни зрнца кои се наоѓаат на првата линија на одбрана на организмот од надворешни агенси.Хив вирусот се спојува со еден протеин од својата површина и со еден протеин на површината на Т4 лимфоцитот(ЦД4клетки)Се спојуваат нивните материјали и лимфоцитот почнув да произведува нови вируси.По одредено време првичниот заразен лимфоцит умира, се распаѓа во крвта при што во неа се испуштаат нови ХИВ вируси

Page 4: Најчести прашања за ХИВ/СИДА

Што е СИДА?Синдром- збир на симптоми или болести кои во основа имаат заедничка причина

Стекната- не е наследна,стекната е во текот на животот,не претставува пореметување на човековиот наследен материјал т.е.гените

Имунолошки систем- во текот на болеста примарно е зафатен имуниот систем т.е. системот за одбрана на организмот од инфекции и болести

Дефициенција- слабост

СИДА е состојба на недостиг на имунитет во човековиот организам, која се карактеризира со постепено намалување на способноста на организмот да се бори против инфекциите кои се предизвикани од ХИВ вирусот

Page 5: Најчести прашања за ХИВ/СИДА

Од каде потекнува ХИВ вирусот?

Уште кон крајот на 70-те години во САД се пријавени случаи на луѓе кои умирале од некарактеристичен тип на воспаление на белите дробови, болест што најчесто се јавува кај лицата заболени од СИДА.Во 1982 год.болеста е именувана како СИДАВо 1984 год.вирусот кој што ја педизвикува е наречен ХИВ

Page 6: Најчести прашања за ХИВ/СИДА

Како се пренесува ХИВ?

Преку сексуален контакт:

-вагинален,анален или орален секс без употреба на кондом

Крв и крвни продукти: -свежи рани,

-заедничка опрема за инјектирање(игли,шприцеви,кукери,вати...)

-повреда со контаминиран оштар предмет,

-трансфузија на инфицирана крв и /или трансплантација на инфицирани органи

-употреба на контаминирани инструменти и предмети со кои намерно или ненамерно може да се пробие кожната бариера

-прскање на инфицирана крв врз мукозните мембрани

Перинатален начин:

-мајка инфицирана со ХИВ може да го зарази своето дете за време на бременост,при породување и при доење

Page 7: Најчести прашања за ХИВ/СИДА

Како не се пренесува ХИВ?Секојдневни социјални контактиНосење заедничка облекаДопирПотСолзиПлункаБакнежКивањеКашлањеРакувањеГушкањеКористење на исти прибор за јадење и пиењеУпотреба на јавни тоалети,базени,сауни...Убод од комарец и каснување од инсектиТетовирањеДепилацијаЖивеење и работа со ХИВ+ лица

Page 8: Најчести прашања за ХИВ/СИДА

Постои ли 100% сигурен начин за да се избегне инфекција од ХИВ по сексуален пат?

Единствен 100% сигурен начин да се избегне ХИВ инфицирање по сексуален пат е практикување сексуална апстиненција т.е.немање секс

Page 9: Најчести прашања за ХИВ/СИДА

Дали со користење на кондом се намалува ризикот од ХИВ инфекцијата?

Да (ја на малува можноста за доаѓање во контакт со телесни флуиди на друга личност),но кондомите не се 100% заштита од ХИВПричина поради која кондомите понекогаш не штитат лежи во нивната неправилна употреба,начин на чување,колку внимателно се отвара опаковката. Совет:Секогаш употребувајте кондоми изработени од латекс, затоа што овој материјал се покажал како најдобра заштита од ХИВ вирусот

Page 10: Најчести прашања за ХИВ/СИДА

Како се пренесува ХИВ преку инјектирање дроги?

При секое инјектирање мало количество на крв останува на приборот и сигурно ке влезе во крвотокот на следниот кој ке ја употреби опремата(игли,шприцеви,кукери,вати...)

Со секоја заедничка употреба на опрема за инјектирање со некој друг кој има ХИВ или неговиот ХИВ статус е непознат ризикуваш да бидеш инфициран

Page 11: Најчести прашања за ХИВ/СИДА

Како може лицата кои инјектираат дроги да го намалат ризикот од ХИВ инфекција?

Престани со земање дрога!(ризикот од ХИВ инфекција преку игли,шприцеви и друга опрема може комплетно да биде елиминиран со престанок на инјектирање на дрога)Редуцирај го земањето дрога!(се намалува ризикот од потенцијално изложување со ХИВ)Секогаш употребувај нова/стерилна опрема за инјектирање

Page 12: Најчести прашања за ХИВ/СИДА

Дали сексуален контакт со повеќе партнери ме става во поголем ризик од ХИВ?

ДаСе зголемува шансата да дојдеш во контакт со некој кој е инфициранСе зголемува ризикот за добивање на други СПИ(херпес,гонореја,кламидија,сифилис...)Што се однесува на ХИВ и неговата трансмисија преку различни сексуални контакти, ризикот изнесува 10-15% а се зголемува со зголемување на бројот на сексуалните партнери, присуство на други заболувања, и е во директна зависност од количината на вирусот во крвта.

Page 13: Најчести прашања за ХИВ/СИДА

Дали кај сите луѓе кои биле во опасност од изложување на ХИВ доаѓа до инфицирање?

НеМоже да бидеш инфициран и од само еден единствен контакт со ХИВ инфицирани телесни течностиДали некој ке се инфицира по одреден допир со вирусот зависи од количината на вирусот во крвта и начинот на кој вирусот навлегува во телото

Page 14: Најчести прашања за ХИВ/СИДА

Можам ли да добијам ХИВ од контакт со лекар,забар или друг здравствен работник?

Многу е мала веројатностаЗаради своја и заради заштита на здравјето на своите пациенти,здравствените работници во сите земји и установи практикуваат и употребуваат универзална процедура која вклучува користење латекс ракавици,миење на рацете пред и по медицинска интервенција,инјекционен прибор за една употреба како и работење со стерилни инструментиСовет:Пациентите треба да ги избегнуваат сите крвни интервенции без употреба на стерилни инструменти и без соодветна заштита на медицинското лице

Page 15: Најчести прашања за ХИВ/СИДА

Дали преку кожата може да се пренесе ХИВ вирусот?

Кожата како надворешна обвивка на телото претставува природна заштита од причинители на болести(бактерии, вируси, габички итн.)вклучувајки го и ХИВ вирусот.Поради тоа ризик од пренесување на ХИВ вирусот при директен контакт на потенцијално неинфицирана телесна течност(крв и крвни продукти, предсемена и семена течност, вагинален секрет итн.) со здрава, неоштетена кожа, не постои

Совет:Кога кожата е повредена секогаш треба да се избегнува незаштитен контакт со течности што потенцијално се носители на ХИВ вирусот.Сепак доколку на било кој начин дојде до ваков контакт, раната на кожата веднаш треба да се измие со вода и сапун

Page 16: Најчести прашања за ХИВ/СИДА

Дали се пренесува вирусот преку домашни миленици?

Луѓето се единствени носители на ХИВ вирусот

ФИВ вирус ка ј мачките

СИВ вирус кај мајмуните

Page 17: Најчести прашања за ХИВ/СИДА

Дали ХИВ вирусот може да се пренесе преку комарци и др.инсекти?

Научниците докажале дека ХИВ вирусот не се пренесува на овиј начин

ХИВ вирусот умира во стомакот на инсектите и комарците

ХИВ ВИРУСОТ ЖИВЕЕ САМО ВО ОРГАНИЗМОТ НА ЧОВЕКОТ

Page 18: Најчести прашања за ХИВ/СИДА

Дали ХИВ се пренесува преку бакнеж?

Бакнеж во образ или тн. социјален бакнеж во секојдневната комуникација не претставува никаков ризик од пренос на ХИВ вирусотБакнеж со отворена уста и со употреба на јазик т.н.француски или влажен бакнеж се верува дека претставува активност со многу низок праг за пренос на ХИВ вирусотМожност за пренос на ХИВ вирусот постои единствено ако двата партнера имаат истовремено крварење од расипан заб, раничка во уста, крварење од непцата поради нивно воспаление итн.Плунката во устата не претставува телесна течност преку која се пренесува ХИВ вирусот.Постојат ензими во устата што го уништуваат ХИВ вирусот.Кај влажниот бакнеж пренос на ХИВ вирусот не е можен преку плунката

Page 19: Најчести прашања за ХИВ/СИДА

Дали ХИВ се пренесува преку вештачко дишење уста на уста?

Постои ризик за пренос на ХИВ и затоа се препорачува вештачкото дичење уста на уста да се замени со механички апаратиДоколку се најдете во ситуација во која треба да дадете прва медицинска помош со вештачко дишење уста на уста, употребувајте газа(која обично се наоѓа во приборот за прва помош во возилата)што ке ја ставите преку устата на човекот кому му укажувате прва помош.Сепак, најдобро е доколку во вашето возило имате пумпичка за воздух која се нарекува Амбу пумпа

Page 20: Најчести прашања за ХИВ/СИДА

Дали ХИВ се пренесува преку спортски активности?

Не постои ризик за пренос на ХИВ вирусот преку спортски активности каде што нема повреди и крварење

Во секоја таква ситуација спортистот е должен да го напушти натпреварот, да го запре крварењето, да ја дезинфицира и соодветно заштити и покрие раната

ХИВ вирусот не може да се пренесе преку потта на спортистите

Page 21: Најчести прашања за ХИВ/СИДА

Дали ХИВ може да се пренесе преку трансфузија на крв?

Републичкиот завод за трансфузиологија изведува ХИВ тест на на секоја единица дарувана крв во РМ

Дали ХИВ може да се пренесе преку тетовирање, дупчење уши, акупунктура, бричење?

Теоретски, пренос на вирусот е можен во случај на присуство на заразена крв со ХИВ на инструментот со кој се работи и кој се употребува на повеќе луѓе

Ризикот се елиминира доколку се употребува еден инструмент за еден човек или ако предходно употребениот инструмент се измие и стелиризира

Page 22: Најчести прашања за ХИВ/СИДА

Како се пренесува вирусот од мајка на дете?

ХИВ како самостојна инфекција кај мајката, има можност да се пренесе од 3-35% на новороденчетоВертикална трансмисија на ХИВ е можна во текот на бременост, породување или доењеУпотреба на лекови против вирусот,здравствената состојба на мајката, породување со царски рез, значително го намалуваат процентот на заразени новороденчиња

Page 23: Најчести прашања за ХИВ/СИДА

Дали можам да се вакцинирам против ХИВ/СИДА?

Не

Засега таква вакцина не постои иако има обиди да се пронајде, но се уште е во фаза на истражување

Page 24: Најчести прашања за ХИВ/СИДА

Дали постои лек за ХИВ/СИДА?

НеТаков лек сеуште не е пронајден но постојат медикаменти кои им помагаат на болните на живеат подолго и поквалитетноПостојат лекови за лекување на опортунистички инфекции и болести кои се појавуваат во нејзин составПостојат и креми и масти за третман на кожни промени како и лекови за контрола на болката, проливи, за анмалување на хроничен замор, стимулација на апетит итн.

Page 25: Најчести прашања за ХИВ/СИДА

Колку долго може човек да живее со ХИВ/СИДА?

Лекарствата,кои во поново време се развиваат им ги продолжуваат животите на луѓето кои живеат со ХИВ/СИДА со години па дури и децении.

Медикаментите се третман а не лек и не делуваат еднакво ефикасно кај секого

Без третман некои луѓе живеат само неколку години по инфицирањето со ХИВ,додека други живеат многу подолго

Page 26: Најчести прашања за ХИВ/СИДА

Кога преминува ХИВ во СИДА?

Кога бројот на ЦД-4 клетките во крвта ке опадне под 200( во нормални услови бројот е до 500 и повеќе)

Кај одредени личности се појавуваат т.н.опортунистички инфекции

Ке се развие некоја од специфичните сериозни состојби кои уште се викаат и болести кои ја дефинираат сидата

Page 27: Најчести прашања за ХИВ/СИДА

Имаат ли симптоми луѓето инфицирани со ХИВ?

Луѓето инфицирани со ХИВ може да немаат симптоми десетина и повеќе години,може и воопшто да не се свесни дека се инфицираниХИВ тест е единствен начин да се знае дали некој е инфициран или не

Page 28: Најчести прашања за ХИВ/СИДА

Кои се симптомите на ХИВ инфекција?

Кратко време по инфицирање има симптоми слични на настинка(гадење,повраќање,главоболки,болки во мускули,чувство на замор,несоница,стомачни болки итн.)кои траат неколку дена и исчезнуваат-АКУТНА ХИВ ИНФЕКЦИЈАСимптоми на влошена ХИВ инфекција и СИДА(отечени жлезди,треска и кожни осипи,губиток на моторна контрола,ментални пореметувања)Во најдоцен стадиум на болеста се јавуваат опортунистички инфекции(туберкулоза, воспаление на белите дробови, габична инфекција во уста,херпес на генитални органи, воспаленија на мозок и во краен случај стадиум на малигни тумори кој завршува со смртен исходСамо ХИВ-тест со сигурност може да го даде ХИВ-статусот на одредена личност

Page 29: Најчести прашања за ХИВ/СИДА

Зошто е добро ХИВ позитивните да бидат под медицински надзор?

Да се следи секоја промена кај ХИВ позитивна личност според одреден протокол од страна на специјалист инфектолог

Следење на здравствена состојба

Вршење на редовни контроли

Лабораториски биохемиски анализи

Page 30: Најчести прашања за ХИВ/СИДА

Статистика за ХИВ/СИДА во РМВо Р.Македонија годинава се регистрирани 12 нови случаи на лица заболени од СИДА што претставува рекорден број од почетокот на епидемијата во 1987 со првиот регистриран ХИВ позитивен и 1989 со првиот регистриран заболен од СИДА.Вкупниот број регистрирани лица во Македонија со ХИВ/СИДА од почетокот на епидемијата досега изнесува 79, од кои 63 лица се заболени, а 16 ХИВ позитивни. Од заболените 50 лица веќе се починати. Најпогодена група е сексуално активното население од 20 - 39 години, а доминантниот начин на пренесување е хетеросексуалниот. Од вкупниот број заболени и ХИВ позитивни дури 70 проценти се мажи.Во Република Македонија просечниот период на преживување од откривање на ХИВ позитивноста е 592 дена, а од појавата на клиничките симптоми 218 дена. Максимално преживување од откривање на ХИВ инфекцијата регистрирана кај нас е 12 години 7 месеци и 4 дена.

Page 31: Најчести прашања за ХИВ/СИДА

Факти за ХИВ/СИДА

Во последните 20 години, откако бил идентификуван првиот случај на ХИВ/СИДА, повеќе од 20 милиони луѓе умреа како резултат на инфекцијата со ХИВ.

СИДА-та во моментов е главна причина за смртност меѓу населението на возраст од 15 до 59 години во светот.

Во моментов има околу 40 милиони луѓе кои живеат со ХИВ/СИДА.

Една четвртина од нив се на возраст од 15 до 24 години.

Секој ден со ХИВ се инфицираат нови 6000 млади луѓе на возраст од 15 до 24 години.

62% од малдите луѓе кои живеат со ХИВ/СИДА се женски лица.

Page 32: Најчести прашања за ХИВ/СИДА

Благодарам на вниманието!!!