ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

45
ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

Upload: vian

Post on 22-Jan-2016

136 views

Category:

Documents


0 download

DESCRIPTION

ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА. 2014 година. Горно респираторни инфекции (ГРИ) (нос, синуси, фарингс, ларингс). Ринитис Синуситис Тонсилитис Фарингитис Ларингитис (епиглоситис) Акутни и хронични. Етиологија на ГРИ. - PowerPoint PPT Presentation

TRANSCRIPT

Page 1: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ

КАЈ ДЕЦА

Page 2: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА
Page 3: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

Горно респираторни инфекции (ГРИ)(нос, синуси, фарингс, ларингс)

• Ринитис

• Синуситис

• Тонсилитис

• Фарингитис

• Ларингитис (епиглоситис)

Акутни и хронични

Page 4: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

Етиологија на ГРИ

1. Најчесто се вируси (200 типови: adeno, RSV, rhino, para/influenca, corona...)

2. Бактерии: Strep. pyogenes (gr. A), Strep. pneumoniae, Haem.influence, Bordetella pertussis, Corynebacterium diphteriae

3. Алергиска (инхалаторни и нутритивни алергени),

4. Експозиција на штетни гасови, пареи, чад од цигари

Page 5: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

Симптоми на ГРИ

• течење на секрет од носот/затнат нос• болно грло• главоболка• кашлица• покачена температура (субфебрилност)• понекогаш кивавица

се јавуваат 2-3 денови по експозиција и траат 7 до10 денови

Page 6: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

симптом Алергија ГРИ Грип (influenca)

Насолзени очи, јадеж

често ретко (adenovirus)

суви очи, ретко конјуктивит

Назален секрет често често често

Назална конгестија

често често понекогаш

Кивавица многу често многу често понекогаш

Грлоболка понекогаш многу често понекогаш

Кашлица понекогаш често често (сува)

Главоболка невообичаено ретко често

Фебрилност никогаш ретко, деца има секогаш, висока трае 3-4 денови

Малаксалост никогаш некогаш изразена

Замор/слабост ретко некогаш изразен (трае неколку недели)

Мускулни болки нема лесни изразени

Page 7: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

Ларингитис

Page 8: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

Laryngitis инфламаторниот процес ја опфаќа мукозната мембрана на

сите или поединечни нива на ларингсот (преоптовареност, иритација, инфекција, алергија... )

Овие заболувања имаат различен тек кај децата под 4 год. возраст и оние над 4 годишна возраст (специфични варијации во структурата на ларингсот во овие две возрасни групи).

Повеќето стручни трудови ја дискутираат улогата на алергискиот фактор во етиопатогенезата на Laryngitis-от.

Page 9: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

LARYNGITIS Настанува во две форми

- акутен ( трае неколку денови до 3 недели)-рецидивирачки (повторувачки во тек на

неколку седмици или месеци)

хроничен (подолго од 3 месеци)

Page 10: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

Акутен ларингит – причинителиВирусни (најчесто се Parainfluenca -70%,

Rhinovirusi, Adenovirusi, Influenca, Corona, RSV..)

Бактериски инфекции пр. Haemophilus, ретко дифтерија

АлергискиВокален напор пр. викање, пеење,Изложеност на штетни гасови, пареи, чад

од цигари

Page 11: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

Хроничен ларингит- причинители

• Инхалаторни иританси пр. пареа, алергени, чад од цигари

• Гастроезофагеален рефлукс• Хроничен синуситис• Инфекции пр. габички, ТБ..

Page 12: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

Промена на надворешни фактори

Влажност Промена во

температура Воздушен притисок

БИОМЕТЕОТРОПИЗАМ

Page 13: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

Етиологија ???Некогаш етиологијата на ларингитите е нејасна, особено на оние со повторувачки

епизоди. Акутниот почеток на нападот без знаци за акутна инфекција , краткото времетраење

од неколку часа или пократко, како и одличниот одговор на симптоматската

терапија водат кон заклучок дека алергиската конституција игра многу важна

улога во детската возраст.

Page 14: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

Патофизиологија на ларингитот• Инфламација на гласните жици во склоп на инфекција,

алергија, ГРИ, прекумерно оптоварување, пушење или ГЕРБ

• Гласните жици стануваат едематозни, а тоа го ограничува нивното нормално движење

• Инфламаторниот одговор пр. предизвикан од вируси води до хиперемија и ексудација на течност

• Кинините и други медијатори на инфламацијата водат до спазам на мазните мускули

засипнат глас, стридор, кашлица, свирење

Page 15: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

Нутритивна алергија како причинител за ларингит

Може да се манифестира уште во рана детска возраст ( до 3 години)

Голем број од тие деца имаат позитивна фамилијарна и лична анамнеза.

Page 16: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

Инхалаторна алергија како причинител за ларингит

Манифестација во детска возрастГолем број од тие деца имаат позитивна фамилијарна и лична

анамнеза.Фактори:• Домашна прашина• Коров• Полени• Животински влакна.....

Page 17: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

Ларингит кај децата предизвикувач = вирусивируси- може да се повтори неколку пати- ризични фактори (основа на заболувањето) = нејасни

Поврзаност меѓу алергија и повторувачки ларингитиПоврзаност меѓу алергија и повторувачки ларингити

Можно да се адресира асоцијацијата меѓу

ларингит и продукција на IgE антитела и ларингит и атопично алергиско заболување иреспективно

од присуството или отсуството на IgE антитела

Page 18: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

Како се продуцираат IgE антитела• При првиот контакт алергенот ја

минува мембраната и е прифа-тен од антиген- презентирачка клетка(АПК). АПК го презентира алергенот на Т-лимфоцитот, кој потоа ги активира Б-лимфоцити-те од кои се ослободуваат моле-кули наречени IgE антитела.

• IgE антителата потоа се позици-онираат на мембраната на мас-тоцитите. Мастоцитите содржат гранули со хемиски медијатори (Хистамин, Простагландин итн....) кои ја продолжуваат алергиската реакција.

Page 19: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

АЛЕРГИСКАТА КОМПОНЕНТА е мошне важен фактор во повторувачките епизоди на Laryngitis-от кај децата

Ларингеална инфламација како одговор на нутритивни ( млеко, јајце, чоколадо...) или инхалирани алергени ( полен, мувла, Dermath.ph…)

Алергените стимулираат алергиски одговор во линија на ларингсот и/или крвните клетки. Тие се врзуваат за површината на антителата во ларингсот или се препознаваат како страни крвни клетки во ларингсот. Алергените ги стимулираат овие крвни клетки да ослободуваат медијатори што потоа се

резултира во инфламаторен одговор.

Page 20: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

од искуствоМоже да се посочи

зголемена асоцијација меѓу алергијата и повторувачките ларингити

Децата со повторувачки ларингит имаат зголемени вредности на IgE антитела-

во однос на децата без повторувачки ларингит

Појава на Асоцијација меѓу продукцијата на IgE антитела до сигурни

респираторни инфекции и развој на повторувачки ларингити

Зголемување на асоцијацијата меѓу повторувачки ларингит, позитивна фамилна анамнеза за атописки заболувања, астма и неспецифична бронхијална хиперсензитивност

Page 21: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

Клинички манифестации на ларингит

Акутен- афонија,- кашлица,- влошување на сув ладен

ветер,- грлоболка поизразена

наутро и попушта на топло

- Стридор,- + алергија, едем на увула

Хрониченперзистирачки засипнат

глас

Page 22: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

Дијагностицирање

• Сите клинички испитувања, вклучувајќи• Кожни тестови (алергиска предиспозиција)• Лични и фамилијарни анамнестички

податоци за постоење на алергија

Page 23: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

Третман на ларингит1. Општи мерки- поштеда на гласот- внес на повеќе течности,- гаргара со солена млака вода,- елиминирање на пасивно пушење,- симптоматска терапија

2. Медикаментозен третман- инхалаторен кортикостероид/ системски

кортикостероид ???- антихистаминик- елиминирање на инфекцијата (антибиотик)

Page 24: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

Терапевтски алгоритам за ларингит

1. Инхалаторна терапија со Тописки стероиди:- BUDESONIDE (PULMICORT)- FLIXOTIDE Во тек од 4-6 недели2. Антихистаминска терапија по потреба, во зависност од

алерголошките тестови3. Диета

Page 25: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

Дексаметазон е ефективен во третман на спастичен круп во доза од 0.6mg/kg p.o. или i.m. (макс. 10mg) . Подоцна дозата може да се повтори 1-2 пати.

Кај тежок стридор адреналин во доза од 0,5–1,0mg/kg за 5–10min. (табела 1) може да се даде со небулизатор;

да се упатат во болница или, во најмала мера, да се следат во ординација за тоа време.

Дозирање на инхалаторен адреналин:

Телесна тежина на детето Доза<10 kg 4,5mg10-20 kg 6,8mg>20 kg 9,0mg

Page 26: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

Превенција на ларингит (ГРИ)• најдобра превентивна мерка е хигиена на раце, често

миење раце, особено ако го фаќате лицето, носот, устата, • често проветрување на просториите во зима, • избегнување на контакт со веќе заболени, • за деца, битно е да ја примат вакцината против

Haemophilus influenzae со цел да се заштитат од животно загрозувачка заразна бактериска инфекција, да не викаат, да не се “дерат”

• употреба на хартиени шамичиња (кивање, кашлање, бришење на нос и нивно соодветно фрлање)

• вакцинирање против грип, особено кај особи со ризик фактори (повозрасни, хронично болни, трудници...)

Page 27: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

ЗАКЛУЧОК

1. Ларингитисот кај децата е многу важен дијагностички и терапевтски проблем во лекарската практика.,

2. Се разликуваат неколку вида со различна етиологија и симптоми, а според различен терапевтски третман

3. Наспроти современите терапевтски методи, Laryngitis-от кај децата е се уште животно-загрозувачка состојба

4. Постои сигнификантна корелација меѓу рецидивните ларингити и алергиската конституција во детската возраст.

5. Алергијата е мошне важен фактор во етиологијата на рецидивните епизоди на ларингитит, но како тригер најчести се вирусните инфекции.

6. Повторувачките епизоди на ларингит можат да бидат знак за субсеквентен развој на астматско заболување

.

Page 28: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

Долно респираторни инфекции (ДРИ)бронхитис

пневмонија

Page 29: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

Бронхитис

Инфламација на мукозната мембрана на бронхите која обично се јавува после ГРИ

Акутен Хроничен

Page 30: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

Акутен бронхит- етиологија• Вируси, бактерии, инхалаторни иританси

(пареи, гасови, честички), аерозагадување, пушење

Хроничен бронхит • Пушење/пасивно пушење, аерозагадување,

чести повторувачки ДРИ Рецидивен бронхит M. pneumoniae, C. pneumoniae, and L. Pneumophila која може

да биде причина за повеќе од 10 % егзацербации. 

Page 31: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

Пневмонија155 милиони деца годишно со >2 милиони смртни случаи кај деца помали од 5 год.

Поделба: - добиена од околината или во болнички услови, - според причинителот (бактериска, вирусна, габична,

паразити)- како аеросол, со аспирација, хематоген пат- атипична т.н. walking pneumonia,- според локализацијата (сегментна, лобарна, базална,

интерстицијална)- кај имунокомпромитирани,- аспирациона,

Page 32: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА
Page 33: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

Причинители на пневмонии здобиени надвор од болница

Етиологија Дијагностички приниципи

Streptococcus pneumoniae • продромален почеток• претходела ГРИ

Haemophylus, Brachamella иЕнтеробактерии

• Често асоцираат со хронична пулмонална болест и дијабетес (кај возрасниот од кој се заразува детето)

RSV

Анаеробни микроорганизми • Често асоцираат со аспирации

Pneumocystis carinii • Асоцирана со HIV и имунодефициентни деца

Мешани инфекции • Чести

Page 34: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

Причинители на интрахоспитални пневмонии

Етиологија Дијагностички принципи

Грам-негативни бактери • Често при постоење имунодефицитна состојба или малигноми

Staphylococcus aureus • Со тешка слика, септичен тек на инфекцијата

Цитомегаловирус, Микоплазма и Pneumocystis carinii

• Кај трансплантирани реципиенти

Legionella • Кај имуносупримирани деца

Page 35: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

Најчести причинители на пневмонијаАмбулантски Во болнички услови Во единици за инт.нега

Strep. pneumoniae Strep. pneumoniae Strep. pneumoniae

Mycoplasma pneumoniae Mycoplasma pneumoniae Staphylococcus aureus

Haemophilus influenzae Chlamydophila pneumoniae,    

Legionella sp.

Chlamydophila pneumoniae

Haemophilus influenzae Gram-negative bacilli, 

Респираторни вируси(инфлуенца А/Б, параинфлуенца, аgено, RSV,

Респираторни вируси Haemophilus influenzae

www.atsu.edu/faculty/chamberlain/website/lectures/lecture/dxlrt.htm

Page 36: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА
Page 37: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

Симптоми на пневмонија• Температура и студ,• Гадење, повраќање,• Сува кашлица, покасно продуктивна,• Изразена малксалост,• Тешкотии со дишењето, • Тахипнеа (> 26/min),• Болки во градите,• Цијаноза на усните, периферијата,• Конфузна состојба

Page 38: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

Симптом Бактериска пневмонија Атипична пневмонија

Појава на симптоми Одеднаш, брзо Постепено

Треска Нанадејно, изразен студ Повремено, морници

Аспект Токсичен Најчесто добар

Кашлица Продуктивна Сува, пароксизмална

Спутум Пурулентен (крвав) Мукоиден

Фебрилност Висока (> 39оС) Пониска, субфебрилност

Плеврална болка Често Ретко

Kонсолидација Често Ретко

Sпутум Неутрофили Мононуклеари

Диф.крвна слика > 15000 Ле, неутрофилија < 15000 Ле,

Ртг на бели дробови Консолидација, лобарна пневмонија

Недефиниран инфилтрат, интерстицијална пневмон

Најчест причинител Str. pneumnoiae Mycoplasma pneumoniae

Page 39: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

Дијагноза на пневмониа:

• Анамнеза,• Клинички преглед,• Лабораториски иследувања,• Радиограм на граден кош (во 2 проекции)

• Бактериологија на спутум (Пнеумослајд), серологија за вируси, хемокултура??

• Оксиметрија,• Ултразвук на граден кош,• КТ на граден кош???

Page 40: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

Третман на пневмонија

• Општи препораки: одмор, внес на повеќе течности, витамини, соодветна исхрана, влажност во просторијата,

• Антибиотик (кај бактериска), 7-10 денови• Симптоматска терапија (антипиретик, аналетик,

секретолитик, бронходилататор, кортико терапија??)

Page 41: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

Третман при познат причинител• Пневмокок: Penicillin G или V.• Микоплазма или хламидија: еритромицин или рокситромицин • Легионела: еритромицин + рифампицин 300mg три пати

дневно п.о.• Хемофилус: амоксицилин или трета генерација

цефалоспорини.• Златен стафилокок: клоксацилин• Аеробни грам-негативни соеви: бета-лактамски антибиотици

(широко спектрални пеницилини или трета генерација цефалоспорини) + аминогликозиди

во тек на најмалку 10 денови

Page 42: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

CURB 65Клинички фактор Поени

C Конфузија (зешеметеност) 1

U Уреа во крв ≥ 20 mg/dl (7 mmol/l) 1

R Респираторна фреквенција ≥ 30/минута 1

B Крвен притисок (blood pressure)- Систолен < 90 mmHg- Дијастолен ≤ 60 mmHg

1

65 Возраст ≥ 65 1

Page 43: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА

Вкупно поени

% смртност (за 30 дена)

Ниво на ризик

Препорака за лекување

0 0,7 % низок амбулантски

1 3,2 % низок амбулантски

2 13 % среден кратко болничкидневна болница

3 17 % среден/висок

болнички

4 41,5 % висок болнички/интензивна

5 57 % висок болнички/интензивна

Page 44: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА
Page 45: ГОРНО И ДОЛНО РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦА