Информатор на о.Новаци

12
Започна проектот ТЕЛЕТЕРМ за централно греење на општините Новаци и Битола стр.3 Пуштен во употреба транспортниот систем за јаглен воРЕК Битола“Брод - Гнеотино“ до рудникот Суводол“ стр.4 Региони од Македонија и Грција во заеднички проект „FIRESHIELD“ стр.7 Започна да се реновира игротеката Бамби во с. Новаци стр.9

Upload: igorce-risteski

Post on 12-Mar-2016

223 views

Category:

Documents


2 download

DESCRIPTION

Информатор на општина Новаци

TRANSCRIPT

Page 1: Информатор на о.Новаци

Започна проектот ТЕЛЕТЕРМ за централно греење на

општините Новаци и Битола стр.3

Пуштен во употреба транспортниот систем за јаглен воРЕК „Битола“„Брод -

Гнеотино“ до рудникот „Суводол“ стр.4

Региони од Македонија и Грција во заеднички проект „FIRESHIELD“ стр.7

Започна да се реновира игротеката Бамби во с. Новаци стр.9

Page 2: Информатор на о.Новаци

2

КРАТКА СОДРЖИНА

Започна проектот ТЕЛЕТЕРМ за централно греење на општините Новаци и Битола стр.3

Општина Новаци претпазлива со пожарите стр.3

Пуштен во употреба транспортниот систем за јаглен во РЕК „Битола“„Брод - Гнеотино“ до

рудникот „Суводол“ стр.4

Пелагониските земјоделци задоволни од активностите на Владата стр.5

Пет и пол милиони евра за развој на селата, за земјоделска механизација, за чистење канали

стр.6

Општина Новаци интересна за УСАИД стр.6

Против пожарите со Камп за доброволци пожарникари стр.7

Региони од Македонија и Грција во заеднички проект „FIRESHIELD“ стр.7

Ќе се градат туристички патеки во Мариово стр.8

Започна да се реновира игротеката Бамби во с. Новаци стр.9

200 деца од општина Новаци дишеа чист воздух на Пелистер стр.10

Џип турнеја низ Мариово 2012 стр.10

Во Рапеш и Маково се снима македонскиот игран филм„ До балчак“ стр.11

ИГРОТЕКА

„БАМБИ“

с.НОВАЦИ

СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН ОД 10 ДО

12 :30 ЧАСОТ

Првиот број на весникот „Општински информатор“ излезе во јуни 2012 година

Весникот излегува како едномесечник

Редакција : Катерина Чукалеска, Мирјана Кузмановска, Елена Николовска

Техничка поддршка : Игорче Ристески

Издава : Општина Новаци

Градоначалник: Лазар Котевски

Печати : Графопром – Битола

Тел/фaкс: 047/ 20 30 60

e-mail: [email protected] web: www.opstinanovaci.gov.mk

адреса: Општина Новаци, 7211 с.Новаци

Page 3: Информатор на о.Новаци

3

Започна проектот ТЕЛЕТЕРМ за централно греење во општините Битола и Новаци

Општините Битола и Новаци ќе ги користат искуствата на регионот Аминтео од Грција за инсталирање централно греење во овој дел на Пелагонија.

На денешната промоција во Битола беше соопштено дека „Телетерм“ е проект за рационална употреба и заштеда на енергија и истиот ќе придонесе за редуцирање на штетните гасови во регионот, односно ќе има позитивен ефект во локалната економија. Овој проект е поддржан од ЕУ и е во почетна фаза. Во договорите и изработката на проектите вклучен е АД ЕЛЕМ, како и други субјекти кои ќе овозможат изградба на систем за воведување централно греење во Битола, Новаци и Могила. Перспективно, освен толификација очекуваме

системот за пренос на топлинска енергија да се користи и за развој на оранжериското производство и други стопански гранки на кои им е неопходна ваква енергија, посочи градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески.

Од општина Битола очекуваат искористување на дел од инсталациите во градот, навремена изградба на примарната и секундарната мрежа и со ставање на проектот во функција големи заштеди во електрична енергија, дрва и други горива што се користат за затоплување. Идејата за топлифицирање на регионот со топлинска енергија од термоцентралата РЕК Битола датира уште со самата изградба на термоцентралата, а со реализација на проектот „Телетерм“ ќе се создадат услови за побрза изградба на системот за искористување на топлинската енергија од термоцентралата РЕК Битола.

„Исто така со реализацијата на овој проект покрај намалувањето на загадувањето и заштедата на енергија ќе се овозможи топлата вода за изградба на оранжерии за производство на ран зеленчук во пелагонискиот регион“ рече градоначалникот на

Општина Новаци Лазар Котевски.

Преносот на знаење за централно греење во општините Битола и Новаци ќе го врши „Детепа“, општинска компанија за централно греење на поширокиот регион на Аминтео, Филотас и Левија, а која во Грција функционира од 2004 година, беше потврдено на промотивниот настан во Битола.

Општина Новаци претпазлива со пожарите

Општина Новаци со серија активности делува претпазливо кога се во прашање пожарите. Најголем проблем претставува непристапниот планински терен како и мноштвото неексплодирани гранати од првата светска војна кои претставуваат дополнителна опасност при појава на пожар и неговото гаснење. При евентуално опожарување сите наши сили се насочени кон спречување огнената стихија да ги зафати ваквите подрачја, вели градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски. „Овде на височина, теренот е недостапен, има доста мински тела кои се неексплодирани, имавме и барање до АРМ да ни ги стават на располагање канадерите при последниот пожар кој го имавме во Мариово. Но со оглед на состојбата и тие не се во можност да ни ги испратат.Тој дел е доста неприступачен и ако се зафати со поголем пожар, не дај боже, многу тешко ќе се снајдиме таму, бидејќи пристапот на висина ние многу тежок“ вели

градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски. Според градоначалникот Котевски, најчеста причина за пожарите е невниманието на човечкиот фактор, бидејќи во овој дел најмногу има движење на планинари, собирачи на печурки и треви и туристи. „Затоа ја имаме зголемено контролата на движење, имаме испратено соопштение до локалните жители да внимаваат и да водат сметка кој, каде и на кој начин се движи по овие терени, бидејќи таму е отворен простор има многу планинари, туристи кои палат скара, па поголема е опасноста од појава на пожар. Ако се појави пожар во овој предел тогаш е многу тешко да се изгасни. Ние имаме лошо искуство пред неколку години кога гореше Кајмакчалан, каде долго време гореше и неможевме да го изгасниме“ вели градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски. Пред триесеттина дена токму во овој предел на падините на Кајмакчалан на непристапен планински терен беснееше пожар кој со огромни напори по неколку дена беше ставен под контрола.

Page 4: Информатор на о.Новаци

4

Пуштен во употреба транспортниот систем за јаглен воРЕК

„Битола“„Брод - Гнеотино“ до рудникот „Суводол“

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски го пушти во употреба главниот

транспортен систем за јаглен од површинскиот коп во РЕК „Битола“, „Брод - Гнеотино“ до рудникот

„Суводол“, проект на АД ЕЛЕМ, вреден 18,6 милиони евра. Транспортниот систем за јаглен е долг 10 км а

неговиот капацитет изнесува 3.800 тони јаглен на час.

Со изградбата на овој транспортен систем се комплетира една

голема инвестиција, се заокружувува производствениот процес во

површинскиот коп „Брод - Гнеотино“, адекватно се поврзуваат двата

руднички капацитети и може да се каже дека трасата која ги

поврзува рудниците и термоелектраната „Битола“ е целосна и

функционална. Со тоа се комплетира системот за искористување на

енергетското богатство на јагленокопот „Брод - Гнеотино“ и рудникот

„Суводол“ со што ќе се обезбеди стабилна иднина, развојни

перспективи и непречена работа на термоелектраната „Битола“ во наредните 25 до 30 години, истакна

премиерот Груевски.

На свеченоста во РЕК „Битола“ премиерот Груевски посочи дека Владата продолжува со инвестициите за

нови капацитети, како и санација, реконструирање и проширување на веќе постоечките капацитети во

електроенергетскиот сектор.

- За многу скоро ќе биде пуштена во употреба хидроелектраната

„Св. Петка“, во тек е ревитализација на шест хидроелектрани

„Вруток“, „Равен“, „Врбен“, „Глобочица“, „Шпилје“ и „Тиквеш“. Во

тек се подготвителни активности за реализација на проектот „Парк

на ветерни електрани“ - Богданци, проектот за изградба на ХЕЦ

„Бошков мост“, како и подготвителни активности за реализација на

проектот „Луково Поле“. Сите овие проекти јасно говорат за

нашата посветеност да продолжиме со проекти за ревитализација,

проширување и зајакнување на македонскиот енергетски систем, посочи Груевски.

Како што истакна генералниот директор на АД ЕЛЕМ Влатко Чингоски, реализацијата на овој значаен проект

на АД ЕЛЕМ беше изврешена со главните произведувачи на

опремата и изведувачите на работите, германската компанија

„Тисен Круп“ и нејзините подизведувачи ФАКОМ-Скопје, и главниот

проектант на трасата и потребната инфраструктура ГЕИНГ-Скопје.

- АД Електрани на Македонија, последниве четири години

решително е насочена кон обезбедување долгорочен и стабилен

електроенергетски систем. Работиме на активирање нови лежишта

на јаглен, во рудникот Суводол засилено се одвиваат активности за

целосно отворање за екплоатација на Подинската јагленова серија, во тек е изработка на главен проект за

отворање нов рудник за јаглен во Мариово, а до крајот на 2012 година очекуваме да завршат геолошките

истражувања во потенцијалното јагленово наоѓалиште Живојно со изработка на елаборати за рудните

резерви, нагласи Чингоски.

Тој најави почеток и на два, како што рече грандиозни проекти од исклучителна важност за иднината на „РЕК

Битола“, односно модернизација и автоматизација на термоелектраната „Битола 3“ што ќе се реализира од

идниот месец и на котлите во термоелектраните „Битола“-зафат кој ќе трае три години, а ќе го изведува

германската компанија „Бабкок Борсиг“ со што АД ЕЛЕМ ќе ги исполни најстрогите европски директиви за

заштита на животната средина.

Page 5: Информатор на о.Новаци

5

Пелагониските земјоделци задоволни од активностите на Владата

Огромно задоволство ми причинува радоста која ја гледам на лицата на земјоделците. Оваа Влада како никоја претходно, направи многу за македонските земјоделци а како пример ја посочи споредбата меѓу 2006 и проекциите за оваа година.

„ Во 2006 година извозот на Македонија , извозот на земјоделските производи беше во вредност од 240 милиони евра, минатата 2011 година имавме 470 милиони евра, речиси дупло повеќе, а оваа година очекуваме нешто над 500 милиони евра на земјоделски производи. Тоа значи дека земјоделците

се охрабрени, ја видоа поддршката, ја видоа помошта и влегуваат во поголеми инвестиции" вели Никола Груевски претседател на Владата на Македонија.

Покрај субвенционирањето, Владата го помагала развојот на земјоделството и преку евтини кредити, ИПАРД програмата на Европската Унија но и мерката 50:50.

„ Што значи, кога ќе се купи одредена механизација педесет проценти да му бидат вратени парите. Легализацијата што се врши на земјоделските површини, па би рекол и легализацијата на дивите градби, бидејќи многу ги засегаше земјоделците нивните куќи, имоти, беа неупотребливи за кредити и слично" вели Груевски.

Настојуваме да им го зголемиме профитот и извозот и со програмите за закуп на државно земјиште по поволна цена, вели Груевски.

„Македонија има повеќе девизен прилив, повеќе од дупло девизниот прилив би рекол е оваа година отколку во 2006. Македонија има напредок во земјоделието, имаме позадоволни земјоделци, се разбира има уште проблеми што треба да ги решаваме, но имаме и многу надминати односно решени проблеи" вели тој.

Гревски истакна дека оваа Влада на земјоделците им ги намали даноците, им создаде подобри услови и можности за работа а ја подобри и меѓусебната комуникација.

Page 6: Информатор на о.Новаци

6

Пет и пол милиони евра за развој на селата, за земјоделска механизација, за чистење канали

Владата одлучи да ангажира и исплати 5,5 милиони евра за поддршка на развојот на селата, поддршка за купување на земјоделска механизација и чистење на каналите. Ова во недела на прес конференција го соопшти владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, кој појасни дека во текот на следната недела да биде објавен јавен оглас за распределба на државно земјоделско земјиште за површина од 5353 хектари, како и јавен повик за решавање на проблемот со користење нерегулиран начин на државно земјоделско земјиште за подрачјето на Прилеп, Виница, Радовиш и Велес. „Прво, Владата одлучи да ангажира три милиони евра за кофинансирање на проекти за набавка и модернизација на земјоделска механизација. Од август ќе бидат исплатени еден милион евра на 200

корисници кои веќе ги извршија набавките на механизацијата. Останатите два милиони евра ќе бидат исплатени на останатите 334 корисници по реализација на нивните набавки на механизацијата, согласно динамиката и доставување на документација, а најдоцна до октомври 2012 година.", рече Ѓорѓиев. Тој додаде и дека Владата ќе исплати два милиони евра за поддршка на македонските села. „Средствата ќе бидат реализирани за 45 проекти во 37 општини, а ќе се користат за изградба на селски патишта не подолги од 1 километар, за селски мостови, за пристапни патишта до нивите и пристап до земјоделско земјиште", рече Ѓорѓиев. Владиниот портпарол најави дека оваа недела со полн интензитет започнува процесот на чистење на каналите за наводнување и одводнување. „За два месеца ќе бидат исчистени 70 километри канали во Скопски, Пелагониски (од страната на Прилеп), Струмички, Кочански и Полошки регион, за што ќе бидат исплатени половина милион евра", нагласи Ѓорѓиев.Тој додаде дека следната недела ќе биде објавен јавен оглас за распределба на земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп, за регионот Свети Николе за површина од околу 5353 хектари. „До крајот на годината ќе бидат објавени уште два јавни огласи. Во тек се два јавни огласи, првиот за регионите Куманово, Велес, Гевгелија и Прилеп, и вториот за регионите Струмица, Кочани, Гостивар, Гази Баба чија одлука се очекува во текот на следната недела. За два огласа, за Кавадарци и за Радовиш, одлуката се очекува во август", рече Ѓорѓиев. Тој најави дека следната недела ќе биде објавен јавен повик за решавање на проблемот со користење на државно земјоделско земјиште на нерегулиран начин за општините Прилеп, Виница, Радовиш и Велес.

Општина Новаци интересна за УСАИД

Општина Новаци е една од можните општини за спроведување на

проектот на УСАИД за Мал бизнис-ширење и работење. Овој 4 годишен

пилот проект има за цел да ги поврзи локалните фармери со големите

македонски компании, како и нивно поттикнување за производство на

приноси од пченка со висок квалитет и висок принос. Според нашите сознанија и спроведените

истражувања на пазарот дознавме дека голем број од нашите компании се зависини од увоз на суровини

кои ги користат во производниот процес. Затоа сакаме да ги охрабриме овие кмпании да соработуваат со

локалните фармери во Македонија, со цел истите да започнат да ги

произведуваат потребните суровини. На таков начин ќе се стимулира

локаната економија, ќе се обезбеди сигурен пласман за земјоделството

на локалните фармери и ќе се намалат трошоците за производство на

компаниите. По реализацијата на овој проект ќе се добие двојна корист,

вели Карл Ларкинс директор на проектот за развој на мали и средни

претпријатија. На денешниот состанок со делегацијата од УСАИД

градоначалникот на Општина Новаци Лазар Котевски ги посочи

капацитетите и ресурсите со кои располага оваа област. „Многу ме

радува фактот што општина Новаци се покажа интересна за реализација, спроведување и имлементирање

на разни проекти од различни сфери,еден од нив е и овој кој го фаворизира развојот на малите и средни

претпријатија. Нашата општина е рурална општина каде поголемиот дел од населението се занимава со

земјоделство, па доколку овој проект даде очекувани резултати ќе имаме големи придобивки, дотолку

повеќе што знаеме дека на секој земјоделец најголем проблем му претставува пласманот на неговото

производство“ вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски. Проектот ќе им помогне на

малите и средни претпријатија (МСП) како генератори на економскиот раст и развој,ќе го помогне растот и

развојот на постојните претпријатија, како и на невработените и потенцијалните претприемачи да најдат

вработување и да ги реализираат своите идеи преку отворање на свои бизниси.

Page 7: Информатор на о.Новаци

7

Против пожарите со Камп за доброволци пожарникари

Битолската територијална противпожарна единица во соработка со општините Битола и Новаци направија тридневен камп за едукација на пожарникари доброволци во Скочивир, кои би зеле учество во акциите за превенција и гаснење на пожари. Оваа е дел од планираните активности на општините за зголемување на противпожарниот кадровски потенцијал во летниот период кога за жал имаат полни раце работа.

„Знаете дека во летниот период, пожарите може да дојдат до степен да се тешки за локализирање, а сите хеликоптери да не се слободни за да помогнат при гаснењето. Припадниците на територијалната противпожарна единица и нивните колеги од неколку градови ја започнаа обуката на 60 граѓани кои го имаат статусот доброволци во активностите што се спроведуваат за превенција од пожари и при гаснењето на пожарите. Проектот се реализира со финансиска подршка на Општина Битола, која во претходниот период работеше на проширување на капацитетите и зајакнување на знаењето на припадниците на единицата.Со оваа обука ќе имаме 120 нови доброволци пожарникари и професионални пожарникари.“- вели м-р Владимир Талески - градоначалник на Општина Битола. И Општина Новаци се соочува со зачестени пожари во текот на летниот период, заради што се вклучи во проектот рече

градоначалникот Лазар Котевски. „Ние како општина имаме ангажирано локално население, поточно 8 лица волонтери на кои им е предадена одговорноста да го набљудуваат теренот, да следат и навремено да информираат за евентуална појава на пожар на отворено, рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски. “Ваквиот пристап на решавање на проблемите е манифестација на општествена одговорност и чекор поблиску до решавањето на постоечкиот проблем со отсуството на школа за пожарникари. Костадин Поповски, командирот на ТТПЕ Битола се надева дека до година бројката од 120 волонтери ќе се зголеми до 300 и дека Битола ќе прерасне во главен Центар за обука на пожарникари. „Пожарникарите доброволци кои тука ќе се обучуваат ќе добијат сертификати кои ќе гласат сезонски пожарникари, и ќе се стекнат со знаење за новите методи кои ќе ги презентира противпожарното здружение „Пегаз“ – рече Костадин Поповски командир на ТТПЕ Битола. Обуката траеше три дена и опфаќаше програма од 90 наставни часови по француски терк а се одржа во с. Скочивир.Истата потоа ќе продолжи со 60 нови часови во Битола. Од 12 до 14 јули обуката ќе ја следат граѓани од пет општини : Битола, Новаци, Прилеп, Пробиштип и Скопје. Доброволците се стекнаа со превентивни одновни познавања за гаснење на пожар на отворено.

Региони од Македонија и Грција во заеднички проект „FIRESHIELD“

Започна реализацијата на проектот „План за развој на прекугранична заедничка заштита од пожар

„FIRESHIELD“ а на првиот работен состанок присуствуваа сите инволвирани субјекти и тоа: Центарот за

развој на Пелагонискиот плански регион, Регионалната развојна агенција на Лерин-АНФЛО, Општините

Битола и Прилеп и Регионот Западна Македонија. Градоначалникот на Општина Битола Владимир Талески е

убеден дека после имплементирањето на овој проект во голема мера ќе се подобри соработката на

противпожарните единици помеѓу општина Битола и Лерин а

што ќе резултира со поголема заштита од пожари и нивно

навремено превенирање. „Ова е еден од позначајните

проекти кои Пелагонискиот регион ќе ги реализира во текот

на оваа година со оглед на тоа дека во изминатите години

општина Битола беше зафатена од голем број пожари и

справувањето во истите беше надминато со над човечки

напори“ рече м-р Владимир Талески, градоначалник на

Општина Битола. На оваа прва средба присуствуваше и

градоначалникот на општина Лерин, Јоанис Васкопулос кој

истакна дека и неговата општина во изминатите години се

соочувала со истите проблеми како и Битола. „И ние се

соочувавме со истите проблеми во текот на годините наназад и се надеваме дека со имплементирањето на

овој проект во голема мера ќе бидат зајакнати капцитетите како на институционално така и на техничко ниво“

рече градоначалникот на општина Лерин, Јоанис Васкопулос. Проектот „FIRESHIELD“ е финансиран и

подржан од Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија од Програмата за прекугранична

соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција.

Page 8: Информатор на о.Новаци

8

Ќе се градат туристички патеки во Мариово

Со европски пари преку македонско –грчко партнерство

во рамките на проектот „Жива историја-жива природа“,

доколку истиот се одобри, Општина Новаци со

туристички патеки ќе го обележува уникатниот бисер на

Македонија, Мариово. Со овој проект е предвидена

изградба на обележана траса која ќе започне од селата

Скочивир и Добровени па се до врвот на Кајмакчалан

каде што се наоѓа спомен костурницата на загинатите

српски војници.

„Таа патека ќе биде наменета за пешаци и планински

велосипедизам. Нејзината вкупна должина ќе изнесува

15 -тина километри, но за почеток планираме да уредиме 2 км. Патеката би започнала од Коњска река кај

селото Скочивир каде ќе се реконструира и хортикултурно ќе се уреди просторот кој сега го посетуваат

стотици туристи. Ќе се изградат летниковци и паркови површини, а ќе се заменат и старите клупи. Караулата

на АРМ, која се наоѓа во непосредна близина а сека не се користи, сакаме да стане објект за сместување на

туристи. Туристите кои ќе се движат по оваа патека ќе можат да ги разгледуваат недопрените и уникатни

природни убавини на Мариово, како и големиот број на меморијални споменици кои тука се останати уште од

времето на Првата светска војна. И грчката општина Алмопија ќе гради ваква туристичка патека од нивната

страна, така што се надеваме дека еден ден овие патеки ќе се спојат и туристите без проблем ќе одат од

Македонија во Грција. Со овој проект исто така е планирано да се реконструираат и мостот кај селото Зовиќ и

куќата на Калеш Анѓа во село Старавина, која би се преадаптирала во етно музеј.“- вели градоначалникот на

Општина Новаци, Лазар Котевски.

На територијата на општина Новаци врвел т.н Солунски фронт, токму затоа и ден денес се видливи голем

број историски паметници од тоа време како ровови, бункери, магацини за храна и оружје. Овие места се

посебно интересни и секоја година се посетуваат од стотици туристи Французи, Германци и Англичани кои

сакаат да видат каде се бореле нивните дедовци.Општина Новаци заедно со Грција и Албанија имаат

поднесено и проект до Европската Унија за развој на т.н.

Меморијален туризам со кој се планира ревитализација на

сите овие објекти и нивна пренамена за туристички посети.

„Со реализацијата на сите овие проекти се надеваме дека ќе

придонесеме за развојот на алтернативниот туризам во

Мариово. Овој крај е најубавиот и најеколошкиот дел во цела

Европа. Природните убавини кои можат да се видат тука ги

нема на ниту едно место во светот. Заинтересираност од

посетителите постои и затоа ги преземаме овие чекори.

Новаци има донесено и одлука сите објекти кои сега се во

сопственост на општината да ги дадеме бесплатно под концесија на сите заинтересирани кои ќе сакаат да ги

преадаптираат во сместувачки капацитети“ додаде Котевски.

Општина Новаци и Општина Алмопија од Грција со проектот „Жива историја-жива природа“ имаат

конкурирано на ИПА програма за прекугранична соработка. Во 2013 година Новаци планира да поднесе и

проект за ревитализација и уредување на просторот околу водопадот во село Брник во близината на местото

каде Брничка река се влива во река Црна. Водата на овој водопад слободно паѓа од околу 15-тина метри и тој

е вистински бисер на природата, но за жал воопшто не е комерцијализиран и познат како туристичко

место.Со негова афирмација од локалната самоуправа во Новаци се надеваат на зголемување на интересот

за мариовскиот крај.

Page 9: Информатор на о.Новаци

9

Започна да се реновира игротеката Бамби во с. Новаци

Единствениот центар за ран едикативен развој на децата на возраст од 2 до 6 години во Општина Новаци, игротеката „ Бамби“ започна да се реновира. SPA финасира 3 325,50 долари додека општината ќе обезбеди 1 319,22 долари во денарска противвредност. Со овој зафат планирано е да се набават нови детски играчки, канта за смет, ќе се направи дренажа и бојадисување на надворешните ѕидови, реконструкција на дел од надворешниот ѕид и ќе се одржат два едукативни семинари. Исто така центарот доби донација машина за

косење трева од наши сограѓани Бил и Су Деспотовски кои живеат и работат во Австралија. „Како единствен дневен центар за ран едукативен развој на децата во Општина Новаци, Игротеката Бамби игра многу важна улога во заедницата. Како целина игротеката има многу јаки страни, но потребно е итно подобрување во 3 области: 50% од семејствата со деца на претшколска возраст не ги имаат вклучено децата во овој процес, несвесни за важноста на раниот едукативен развој, потоа има висок степен на влажност во просториите кој предизвикува појава на мувла на ѕидовите и во игротеката и во медицинската амбуланта која претставува закана по здравјето, и бидејќи игралиштето е слабо опремено и не соодејствува со потребите на заедницата“ вели градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски. Во активностите за реновирање и чистење на игротеката на волонтерска основа ќе бидат вклучени и родители. Едукативната работилница за штетноста на мувлата по здравјето на луѓето се одржа а до крајот на елтото се планира да се одржи уште еден семинар за важноста од раниот едукативен развој кај децата на претшколска возраст „Според проценката направена од општинскиот персонал, 50% од семејствата со деца на претшколска возраст од Новаци не се свесни за важноста од раниот едукативен развој, а од бенефитите ги скратуваат 25 деца кои не се вклучени во овој проект. Други 20 семејства имаат деца под 2 години или планираат во скоро време да имаат деца, и потребно им е нивно едуцирање за позитивностите од игротеката Бамби. Потребата од нивна едукација е последица на недоволната информираност на

семејствата за претшколската едукација на децата. Децата се родени за да учат и во текот на првите 5 години од нивниот живот, учат најповеќе и најбрзо. Колку побрзо започнат со учење, подобро ќе бидат подготвени да се вклучат во образовниот процес во училиштата“- вели градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски. Центарот е отворен во 1998 година со помош на УНИЦЕФ. Општината ја зеде игротеката под нејзина надлежност во 2004 година, и со тоа стана прва општина во Р.Македонија која направила ваква работа. Администрацијата на УНИЦЕФ ја оцени оваа активност како модел на успех кој треба да го следат и другите општини. Во 2007 година со средства на општината беше изградена нова зграда каде е сместен дневниот центар. Во моментот Бамби може да обезбеди 15 часа програма ( 3 часа на ден , 5 дена неделно ) за 25 деца на возраст од 2-6 години. Бамби е отворена

11 месеци во годината, со еден одмор во текот на месец Август.

Page 10: Информатор на о.Новаци

10

200 деца од општина Новаци дишеа чист воздух на Пелистер

Во рамките на проектот „ Дајте ни воздух и здрава животна

средина“ ЕЛЕМ и оваа година им овозможи превентивен

одмор на децата од ОУ „ Славко Лумбарковски“ и

подрачните училишта од општина Новаци, во хотелот „

Молика“ на Пелистер. „ЕЛЕМ секогаш им стои на

располагање на локалните власти и на заедницата за

заедничко спроведување на проекти од јавен интерес.

Овој проект за заштита на здравјето на децата се темели

на градење меѓусебна доверба меѓу населението од

Општина Новаци, АД ЕЛЕМ и локалната самоуправа во

Општината. Преку ваквите проекти се промовира

заштитата на животната средина од загадување на воздухот и последиците од штетните влијанија, при што

се овозможува поквалитетно живеење на населението во непосредна близина на РЕК Битола “ вели

градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски.Покрај можноста за уживање во чистиот воздух во

националниот парк Пелистер , проектот што АД ЕЛЕМ го спроведува со своите партнери има и едукативен

карактер односно се спроведува како настава во природа.Целта е учениците под надзор на стручни лица

изворно да стекнат знаења , претстави и поими, дополнување, потврдување и систематизација на нивното

знаење преку набљудување и истражување, зајакнување на нивното здравје, развивање на позитивен однос

кон природните убавини, развивање на еколошката свест, имплементација на одредени знаења од

целокупниот воспитно образовен процес.Следни кои што жќе уживаат во убавините на националниот парк се

играчите на Фудбалскиот клуб Новаци кои од оваа сезона ќе се натрепваруваат во втора лига.

Џип турнеја низ Мариово 2012

Викендов Мариово повторно беше домаќин на Викенд Џип Турнејата

2012.Станува збор за туристичко возење по шумски патеки со теренски

возила –џипови на кои учесниците наидуваат на природни препреки: кал,

големи успони, трева, камења вода и сл. Џипијадата ја организираат две

здруженија од селата Зовиќ и Будимирци, а активно учество земаат

нивните членови како и сите љубители на недопрените убавини на

мариовскиот крај кој се протега на територија на три општини. Ние секоја

година ја подржуваме оваа манифестација се со цел поголема

промоција на овој предел, рече

градоначалникот на Општина Новаци Лазар Котевски .„ Голема чест ми

претставува одржувањето на џип турнејата на наша територија.Ова е трета

година како се одржува оваа џип турнеја која станува традиционална. На

организаторите сакам да им порачам дека ќе ја имаат поддршката од

Општина Новаци колку е во наша можност се разбира бидејќи сакаме и

понатаму да се одржува оваа

манифестација кој ги промовира

убавините на мариовскиот крај кој за жал

е ретко населен.“ вели градоначалникот

на Општина Новаци Лазар Котевски.Џип турнејата траеше два дена 14 и

15 јули,при што една вечер се логоруваше во планинскиот дел од

Мариово каде традиционално се раскажуваат познатите приказни од овој

крај.Основна цел на настанот е дружењето помеѓу присутните,

продлабочување на соработката со други авто мото клубови од земјата и

клубовите од Република Србија и Република Бугарија, развој на

алтернативниот туризам и алтернативните спортови а воедно и разбудување на свеста кај граѓаните за

убавините и културно – историските споменици на овој заборавен и напуштен крај.За прв пат џип турнејата

се одржа во 2010 година а полека но сигурно преминува во традиција.

Page 11: Информатор на о.Новаци

11

Во Рапеш и Маково се снима македонскиот игран филм„ До балчак“ „До Балчак“ – Приказната од Дивиот исток е насловот на долгометражниот македонски игран филм во режија на Столе Попов и по сценарио на Горан Стефановски, чие снимање деновиве се одвива во селата Рапеш и Маково, Општина Новаци. Продукцијата на филмот е на Трингл Филм, во копродукција на Сектор Филм, ФХ 3Х и Македонската телевизија. Дејствието се случува во првата декада од 20 век, а филмот ја раскажува суровата но романтична љубовна приказна во која вечната македонска кауза за сопствен

идентитет и самостојност е видена од агол на строга индивидуалност, илузијата и релативноста на слободата, правдата, љубовта, среќата, жртвувањата и предавствата доживеани низ катарзични емоции што допираат „До Балчак“, лишена од било каква идеологизација. Ова е филм за дијалектичката средба на митското со антимитското, филм во кој се среќаваат легендите и раскажувањата со реалната

стварност на суровиот живот низ македонската историја . Главната женска улога во Приказната од Дивиот исток и е доверена на словенката Инти Шрај додека главната машка ролја ја толкува Сашко Коцев. И легендите Мики Манојловиќ и Никола Којо ќе се појават во новиот филм на Столе Попов, а како специјален гостин во приказната од дивиот запад ќе се појави великанот Бата Живоиновиќ. Од нашите актери во филмот ќе играат Мартин Јордановски, Сенко Велинов, Тони Михајловски, Драган Спасов Дац, Ана Костовска, Благој Веселинов, Гораст Цветковски, Славиша Кајевски.

Снимањето на филмот ќе трае 10 недели на територија на Битола, Скопје, Демир Хисар, Охрид, Штип и Прилеп. Проектот е подржан и финансиран од Владата на РМ и Филмскиот фонд на Македонија во

програмата за проекти од национален интерес. Снимањето на филмот го потпомогнаа и Министерствата при Владата, МПЦ-Преспанско-пелагониската и Дебарско-кичевската епархија, Македонски железници и локалните градски самоуправи. Општина Новаци не е прв пат своите прекрасни предели во мариовскиот крај да ги отстапи за снимање на филм. На мостот во селото Зовиќ, најпознатиот македонски режисер Милчо Манчевски снимаше сцени од филмот „Прашина“. Пред две години во Мариово се снимаше и краткометражниот игран филм посветен на славната француска актерка Сара Бернар, која во 1917 година ги посетила француските војници на фронтот околу Кајмакчалан.

Page 12: Информатор на о.Новаци

12

СЕРВИСНИ ТЕЛЕФОНИ

Општина Новаци тел/факс: 047/ 20 30 60

Матично одделение с.Новаци: 047/ 282-114

Амбуланта с.Новаци: 047/ 282-870

Полициска станица с.Новаци: 047/ 282-122

ОУ„Славко Лумбарковски“-с.Новаци тел: 047/ 282-446; факс: 047/ 203-480

Итна медицинска помош 194

Пожар и елементарни непогоди 193

Центар за известување и тревожење 195

Пријавување корупција 0800 10 100

--------------------------------------------------------------