Кодекс за етичко и деловно однесување

23
КОДЕКС НА ЕТИЧКО И ДЕЛОВНО ОДНЕСУВАЊЕ ВО ФАКОМ, АД– СКОПЈЕ

Upload: fakom

Post on 14-Mar-2016

256 views

Category:

Documents


21 download

DESCRIPTION

Кодексот за етичко и деловно однесување усвоен од Управниот одбор на ФАКОМ АД – Скопје на 02.11.2011!

TRANSCRIPT

Page 1: Кодекс за етичко и деловно однесување

КОДЕКС НА ЕТИЧКО И ДЕЛОВНО ОДНЕСУВАЊЕ

ВО ФАКОМ, АД– СКОПЈЕ

Page 2: Кодекс за етичко и деловно однесување

2

50 годишна традиција, успешност и развој 50 годишна традиција, успешност и развој 50 годишна традиција, успешност и развој 50 годишна традиција, успешност и развој –––– ФАКОМ, АДФАКОМ, АДФАКОМ, АДФАКОМ, АД–––– Скопје Скопје Скопје Скопје

Нашата мисија:

- Му даваме поголема и поблагородна улога на челикот во секојдневниот

живот на човекот

- Инвестираме и имплементираме нови, современи технологии

- Секој производ го одработуваме висококвалитетно, на одговорен начин и

по разумна цена

- Перманентно ја зголемуваме палетата на производи

- Промовираме квалитетни и ефикасни услуги по пристапни цени

- Стануваме сѐ поприсутни на странските пазари

Page 3: Кодекс за етичко и деловно однесување

3

ПОРАКА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УПРАВЕН ОДБОР/ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР ПОРАКА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УПРАВЕН ОДБОР/ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР ПОРАКА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УПРАВЕН ОДБОР/ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР ПОРАКА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УПРАВЕН ОДБОР/ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР

Драги колеги

Овој кодекс на етичко и деловно однесување на работното место претставува збир од

етички и правни принципи за професионално деловно однесување во ФАКОМ, АД–

Скопје. Овие одредби ќе служат како упатство или водич за вработените и сите оние кои

се вклучени во работењето на ФАКОМ, АД– Скопје.

Според мене како Претседател на Управен одбор и Генерален директор на ФАКОМ, АД–

Скопје, еден од најголемите приоритети на компанијата се нејзините вработени. Тие се

уникатен спој на знаење и професионалност а истовремено се и движечка сила на

компанијата и клуч за нејзиниот успех. Примената и почитувањето на принципите за

работа заедно со беспрекорната комуникација, знаење и трудољубивост се нашиот пат кон

успехот.

ФАКОМ, АД– Скопје работи за остварување на својата мисија. Затоа секој вработен со

своето однесување треба да ја покаже својата волја и подготвеност да придонесе кон

остварување на целите.

Овој кодекс како збир на правила за однесување на работното место, треба да им послужи

на сите вработени за подобро функционирање на работното место, да се намалат

грешките и неусогласеностите со кои би ризикувале да го загрозиме имиџот на

ФАКОМ, АД– Скопје.

Овој кодекс не треба да се сфати како прирачник кој треба да се прочита и заборави. Овој

водич треба да биде нешто што секојдневно ќе го практикуваме, а тоа ќе стане одраз на

нашето професионално однесување во секој момент од нашето работење во компанијата

па и надвор од неа. Така ќе станеме препознатливи и успешно ќе ја продолжиме

петдецениската приказна на ФАКОМ, АД– Скопје уште многу години.

М-р Златко Симоновски

Претседател на Управен одбор

Генерален директор

ФАКОМ, АД– Скопје

Page 4: Кодекс за етичко и деловно однесување

4

Содржина

1. Основни принципи ........................................................................................................................................... 5

1.1 Вовед .......................................................................................................................................................... 6

1.2 Подрачје на примена .............................................................................................................................. 6

1.3 Одговорности на раководството ........................................................................................................... 6

1.4 Корпоративна етика во ФАКОМ, АД- Скопје ....................................................................................... 7

1.5 Одговарање на задачите, одговорности и овластувања .................................................................. 8

2. Клиенти и пазари .............................................................................................................................................. 9

2.1 Односи со клиенти ................................................................................................................................ 10

2.2 Повластен третман на клиенти ........................................................................................................... 11

2.3 Односи со конкуренција ...................................................................................................................... 11

2.4 Заштита на податоците на клиентите ................................................................................................ 12

3. Вработени, соработници и околина ........................................................................................................... 13

3.1 Еднаков третман и не дискриминација ........................................................................................... 14

3.2 Код на облекување ............................................................................................................................... 14

3.3 Мобинг и злоупотреба .......................................................................................................................... 15

3.4 Избегнување судир на интереси........................................................................................................ 15

3.5 Политички ангажирања ....................................................................................................................... 16

3.6 Доверливост и употреба на службени информации ...................................................................... 16

3.7 Употреба на цигари и алкохол ............................................................................................................ 17

3.8 Заштита при работа .............................................................................................................................. 18

3.9 Антикорупциска политика ................................................................................................................... 18

4. Имот и сопственост ....................................................................................................................................... 19

4.1 Користење на ИКТ опрема и друга опрема на компанијата ........................................................ 20

4.2 Грижа за имотот и техничката опрема на компанијата ................................................................ 20

5. Лична посветеност......................................................................................................................................... 21

⇒ АНЕКС ............................................................................................................................................................. 22

Page 5: Кодекс за етичко и деловно однесување

5

1. Основни Принципи

Page 6: Кодекс за етичко и деловно однесување

6

1.1 Вовед

ФАКОМ, АД– Скопје во своето петдецениско работење го изгради својот имиџ како

компанија со силен интегритет, која работи во согласност со високите стандарди во

металопреработувачката индустрија, благодарение на напорите и посветеноста на своите вработени.

Со постојана модернизација на производствените капацитети и инвестиции во нова опрема,

ФАКОМ стана водечка сила во челичната индустрија на Југоисточна Европа.

Угледот и имиџот на нашата компанија е сигурен влог во нејзината иднина. Токму затоа овој

кодекс треба да му послужи на секој вработен да го одржува и унапредува угледот на компанијата,

бидејќи тоа е место каде што поминува значителен дел од својот живот. Овој кодекс ги обединува

сите корпоративни процедури и упатства од повеќе области на работењето на ФАКОМ, АД- Скопје.

Клучот на една успешна компанија лежи во корпоративната култура на однесување, етика,

интегритет и лична одговорност.

Да се биде дел од ФАКОМ, АД– Скопје значи секој вработен да се идентификува со компанијата,

да ја прифати сопствената одговорност и да ги почитува стандардите на однесување.

1.2 Подрачје на примена

Овој кодекс на однесување се применува секаде каде што се активни вработените на

ФАКОМ, АД– Скопје, почнувајќи од седиштето на фирмата, работилничките капацитети како и

градежните објекти, секаде каде што ФАКОМ АД- Скопје има свои вработени. Кодексот ќе се

применува и надвор од работното место, секаде каде што однесувањето на било кој вработен на

ФАКОМ АД - Скопје може да има влијание на работата и на угледот на компанијата.

1.3 Одговорности на раководството

Врвниот менаџмент на компанијата има задача да служи како пример за почитување на

усвоените стандарди и процедури, јасно да ги демонстрира и спроведува, како и да ги поттикнува

менаџерите и вработените да ги спроведуваат и почитуваат донесените стандарди. Бидејќи

менаџментот има најголема одговорност за етичките стандарди во компанијата, тие мора да

стимулираат отворена дискусија за решавање на евентуалните проблеми при нивното спроведување

и функционирање.

Page 7: Кодекс за етичко и деловно однесување

7

1.4 Корпоративна етика во ФАКОМ, АД- Скопје

Довербата е основен двигател на целокупната работа на ФАКОМ, АД– Скопје. И додека

стекнувањето на довербата на нашите клиенти е долг и исцрпувачки пат, таа може да се изгуби или

уништи за еден ден. Токму затоа е изработен овој кодекс; следејќи ги основните начела на чесно и

професионално работење, постојано треба да изнаоѓаме начини да ја стекнуваме и оправдуваме

довербата на нашите клиенти и партнери. Овој кодекс ги обединува начелата на деловно, етичко и

професионално работење, давајќи ни и конкретни примери, каде е потребно, за да не ја загрозиме

довербата и нарушиме угледот на нашата компанија. Овој текст ќе ни објасни дека треба да ги

следиме шесте основни принципи на нашата мисија како и да ги следиме општите начела на чесно и

професионално работење:

• Да работиме чесно и професионално, така најдобро ќе го заштитиме угледот и ќе го

издигнеме имиџот на ФАКОМ, АД– Скопје во јавноста;

• При работењето да воспоставуваме релации на доверба и почитување кон клиентите

и соработниците;

• Да работиме во согласност со законските процедури, барања и политиката на

ФАКОМ, АД- Скопје;

• Да избегнуваме противзаконски активности со кои лично ќе си наштетиме, а ќе го

нарушиме и угледот на ФАКОМ, АД-Скопје;

• Да работиме само со точни и проверени информации и да ги заштитиме сите

доверливи информации на ФАКОМ, АД- Скопје при соработка со надворешни

лица;

• Да се поттикнува пријавување или известување за секое прекршување на законите

но и принципите на овој кодекс. Во случај на намерно кршење на принципите,

потребно е да се извести Правната служба на ФАКОМ, АД- Скопје за да се

спроведе истражна постапка;

• Да го почитуваме и следиме овој кодекс на однесување и да придонесуваме во

градење на имиџот на ФАКОМ, АД- Скопје.

Page 8: Кодекс за етичко и деловно однесување

8

И бидејќи ниту еден прирачник не може да содржи се, така и овој кодекс може да не ги содржи

сите информации потребни при решавање на некој етички проблем, тогаш треба да се обидеме да

си помогнеме одговарајќи на следниве прашања:

• Дали оваа постапка е законска и етичка?

• Дали таа постапка е според принципите на работење на ФАКОМ, АД– Скопје и овој

кодекс на однесување?

• Дали за овој проблем смеам да разговарам со лица надвор од ФАКОМ, АД– Скопје?

• Како би се чувствувал кога некој јавно би ја нападнал мојата компанија?

1.5 Одговарање на задачите, одговорности и овластувања

Секој вработен во ФАКОМ, АД– Скопје е должен да ги извршува своите работни задачи,

совесно, навремено, точно и во согласност со описот на работното место, работните процедури на

компанијата и овој кодекс. Доколку се забележи или се лоцира несоодветно работење или

однесување, се охрабрува секој вработен да го посочи и пријави тоа до соодветните служби во

ФАКОМ, АД– Скопје задолжени за истражна постапка.

Во случај да се лоцира некаков проблем, работење или однесување кој се спротивставува на

работните процедури на ФАКОМ, АД– Скопје и овој кодекс, потребно е да се разговара со

директно претпоставено лице, раководител на РЕ или менаџер кој добро е запознаен со ситуацијата

или проблемот и е подготвен да помогне. Доколку и тогаш не се реши проблемот, случајот се

пријавува до Правната служба. Известувањето мора да биде во писмена форма, поради заштита на

идентитетот, писмото може да биде и анонимно.

ФАКОМ, АД– Скопје ги поддржува сите вработени во напорите да се обезбеди етичко и

одговорно работење и за таа цел, доколку е потребно ќе организира дополнителни обуки и

едукативни програми со цел поуспешно справување со проблемите во работењето.

Page 9: Кодекс за етичко и деловно однесување

9

2. Клиенти и Пазари

Page 10: Кодекс за етичко и деловно однесување

10

2.1 Односи со клиенти

Начинот како ќе ги поставиме нашите односи со клиентите има долгорочно влијание врз

имиџот на нашата компанија. Затоа ова е многу чувствителна област на корпоративното работење

на ФАКОМ, АД– Скопје и треба да се посвети посебно внимание, а односот со сите клиенти и

партнери да биде на највисоко деловно и етичко ниво. На пример:

• Секое пристигнато барање од наши постојани или нови соработници треба да биде

разгледано и соодветно да се одговори на тоа барање во писмена форма;

• На секој телефонски повик на постојан или потенцијален клиент или соработник од

каква и да е природа треба соодветно да се одговори;

• Забрането е игнорирање и неодговарање на телефонските повици, неодговарање на

e-mail пораки или други пишани пораки упатени до било која служба во ФАКОМ,

АД– Скопје кои имаат врска со природата на нашето работење. За сите реакции на

барањата на клиентите и соработниците потребно е да биде известен соодветниот

менаџер или раководител;

Довербата, професионалноста и непристрасноста при донесувањето одлуки се основните

начела на работата со клиенти во ФАКОМ, АД– Скопје. Личните интереси или добивки не смеат да

имаат никакво влијание врз донесувањето одлуки. Секое лице вработено во ФАКОМ, АД– Скопје е

потенцијален промотор на производите и услугите на трети лица. Затоа секој вработен во ФАКОМ,

АД –Скопје мора јасно, недвосмислено и точно да ги претставува производите и услугите на трети

лица. При промоција не смее да вклучи материјал кој на било каков начин е навредлив за културата

од каде доаѓа клиентот.

Ниту еден вработен во ФАКОМ, АД– Скопје или негов надворешен застапник (агент) не

смее да договара или преговара со клиенти или други потенцијални партнери надвор од договорот

или законските процедури за работење во ФАКОМ, АД– Скопје, без претходна согласност од

раководството на компанијата.

Page 11: Кодекс за етичко и деловно однесување

11

2.2 Повластен третман на клиенти

Честопати во текот на работењето може да се случи некој вработен во ФАКОМ, АД –Скопје

да ви препорача одредени субјекти при избор на најповолен понудувач или да побара од вас

специјален третман на одреден субјект/ клиент. Во ниту еден случај субјективноста не треба да

биде фактор на одлучување при контактите или избор на клиенти и соработници. Така, забрането е

одбирање или класификација на клиенти, склучување или прекинување на договори со клиенти без

претходна согласност од менаџментот на компанијата.

Поради регулирање на односите со сите надворешни соработници на ФАКОМ, АД– Скопје

како и почитување на законската регулатива, потребна е инволвираност на Правната служба при

изготвување на договорите со сите надворешни соработници и клиенти. Секој однос со соработник

на ФАКОМ, АД– Скопје треба да биде меѓусебно регулиран со договор.

2.3 Односи со конкуренција

ФАКОМ, АД– Скопје е свесен дека легитимната и отворена конкуренција е основен

постулат на отворениот и слободен пазар на производи и услуги бидејќи промовира развој,

ефективност и иновативност. Затоа, забранети се било какви преговори и договарања со

конкурентски фирми без претходно одобрение или совет даден од Генералниот директор или друг

соодветен менаџер во ФАКОМ, АД– Скопје. Забранети се преговори и договарања во следните

области:

• Цени и ценовни политики

• Купопродажни услови и формирање на цени

• Трошоци и профит

• Удел на пазарот

• Учество во јавни набавки

• Производствени капацитети и можности

Како неетички однос кон конкуренцијата се смета исто така и давањето на неточни податоци

и изјави за конкуренцијата, оддавање на деловни тајни на конкуренцијата, влијание врз клиентите

да ја прекинат соработката со конкурентите и било какви други активности кои ќе и наштетат на

конкуренцијата.

Page 12: Кодекс за етичко и деловно однесување

12

2.4 Заштита на податоците на клиентите

ФАКОМ, АД–Скопје има обврска да ги заштити податоците на клиентите и соработниците

со кои соработува, со кои доаѓа во допир при работењето како и да ги заштити личните податоци

на своите соработници со кои располага. Поради свесноста дека располагањето со личните

податоци на соработниците и вработените е од многу суптилна природа, вработените во ФАКОМ,

АД– Скопје не смеат да:

• бараат пристап до некои лични податоци а не се поврзани со работењето;

• ги третираат личните податоци несериозно и не се грижат за нивната доверливост ;

ФАКОМ, АД– Скопје има свои стратегии за набљудување и истражување на пазарите како

систем за предвидување на намерите на конкуренцијата. Сепак ваквите „разузнавачки информации“

се потполно етички и во согласност со законската регулатива која го регулира работењето со лични

податоци и информации. Така, обврска на вработените во ФАКОМ, АД- Скопје е да ги прибираат

податоците на конкуренцијата само од легални и проверени извори и притоа да се постапува

внимателно и дискретно со суптилните податоци на клиентите или конкурентите.

Page 13: Кодекс за етичко и деловно однесување

13

3. Вработени, соработници, околина

Page 14: Кодекс за етичко и деловно однесување

14

3.1 Еднаков третман и недискриминација

Сите вработени, клиенти и соработници во ФАКОМ, АД - Скопје имаат право на праведен и

фер однос без разлика на раса, боја на кожа, јазик, пол, возраст, здравствена состојба односно

инвалидитет, политичка, етничка или верска припадност. Дискриминацијата (директна или

индиректна) и омаловажувањето се против правилата на овој кодекс на ФАКОМ, АД-Скопје и

подлежат на соодветни дисциплински мерки. ФАКОМ, АД– Скопје ќе преземе соодветни мерки

доколку некој од вработените дискриминира или омаловажува клиент или друг вработен.

ФАКОМ, АД– Скопје има политика на еднакви можности и еднаков третман кон сите, создавајќи

атмосфера за работа каде секој вработен може да ги покаже своите вредности а со тоа и да

придонесе кон подобра работа на компанијата.

ФАКОМ, АД– Скопје е компанија која во своето функционирање наоѓа место и за работниците со

хендикеп (посебно работници кои стекнале хендикеп при работа во самата компанија).

Од вработените во ФАКОМ, АД– Скопје се очекува да се однесуваат со почит и достоинство

кон сите колеги, соработници и клиенти. Како недозволено однесување во ФАКОМ, АД– Скопје

се смета ако лицето, вработениот создава непријатна и агресивна работна атмосфера, негативно

влијае врз извршувањето на работните задачи на останатите, а таквото однесување се рефлектира

врз угледот на компанијата.

3.2 Код на облекување

Во рамки на професионалното, деловно работење на ФАКОМ, АД– Скопје се очекува висок

критериум на начинот на облекување на своите вработени. На сите оние места каде работниот

процес не предвидува носење на униформа (заштитна облека), облеката треба да биде деловно

ориентирана, формална и ненападна. Тоа подразбира класична и чиста облека (костум за мажите и

деловно здолниште/пантолони за жените) Овде се исклучуваат екстремни фризури и бои,

премногу парфем и накит, кратки здолништа, бермуди, изразено деколте и слично. Придржувајќи

се кон овој кодекс, секогаш треба да ја зачуваме професионалноста при изборот на облеката.

Потребно е да се обрне посебно внимание на изборот на облеката при специјални прилики или

свечености, прослава, коктел и слично доколку истиот не е назначен на поканата.

Page 15: Кодекс за етичко и деловно однесување

15

3.3 Мобинг и злоупотреба

Законско право на секој вработен е да работи во средина ослободена од секаков вид на

злоупотребувања, вознемирување и мобинг, а доколку биде жртва на ваков случај, дека ќе добие

соодветна заштита без страв од реваншизам.

Под вознемирување на работно место се подразбира несакано однесување кое има за цел или

претставува повреда на достоинството на вработениот, а кое предизвикува страв или создава

непријателско, навредливо или понижувачко однесување. Мобингот подразбира психичко

вознемирување на работното место.

Секој од вработените треба да преземе лична одговорност за начинот на кој се однесува со

соработниците, кандидатите за работа, клиентите или било кои лица во врска со ФАКОМ, АД–

Скопје. Забрането е употреба на навреди, невкусни коментари, пцости, негативно етикетирање на

личноста, заканување и навредување на полова основа.

3.4 Избегнување судир на интереси

Под судир на интереси се подразбира состојба кога приватниот интерес на службеното лице

е во спротивност со јавниот или кога приватниот интерес влијае или може да влијае врз

непристрасноста врз вршењето на службените обврски.

ФАКОМ, АД– Скопје очекува од своите вработени да елиминираат секаква можност која би

предизвикала судир на интереси, поточно директна или индиректна корист како и корист на која

можат да влијаат одлуките и активностите додека работите во ФАКОМ, АД– Скопје.

ФАКОМ, АД - Скопје им дава слобода на своите вработени за надворешни ангажирања но

во никој случај тие не смеат да имаат лична корист која има конфликт на интерес со ФАКОМ, АД–

Скопје. Бидејќи во овој кодекс не можат да се опишат сите потенцијални судири на интереси кои

можат да се појават при работењето, следниве примери можат да ни појаснат за можни ситуации:

Page 16: Кодекс за етичко и деловно однесување

16

Доколку вие или некој ваш член од поблиското семејство има значаен финансиски интерес во

компанија конкурентна на ФАКОМ, АД– Скопје; ако работиме без договор или овластување во

компанија која е конкурентна на ФАКОМ, АД– Скопје; ние или член на нашето семејство имаме

материјална корист од компанија која е конкурентна на ФАКОМ, АД– Скопје; користиме моменти

за лично и директно профитирање на сметка на ФАКОМ, АД– Скопје; ние или близок член на

нашето семејство влијае на одлуките на компанија конкурентна на ФАКОМ, АД– Скопје или

слични вакви ситуации.

Доколку постои сомневање за постоење на судир на интереси, должност на вработениот е да

обезбеди писмено одобрение за извршување на понатамошните планирани активности.

3.5 Политички ангажирања

ФАКОМ, АД– Скопје не им спречува на своите вработени да имаат лични политички убедувања,

ставови и делувања се додека таквото нивно ангажирање не влијае врз работите кои ги извршуваат

во ФАКОМ, АД– Скопје, односно не се судира со процедурите на работа во компанијата. Поради

заштита на интересите на компанијата и можните последици врз работењето, вработените мораат

своите политички лобирања и убедувања да ги искажуваат само во свое лично име, без притоа да

го ставаат во врска со компанијата во која работат или при сопствените политички ангажмани да

се претставуваат преку функцијата што ја извршуваат во ФАКОМ, АД- Скопје.

3.6 Доверливост и употреба на службени информации

При извршувањето на должностите и обврските во ФАКОМ, АД– Скопје може да имате

пристап до информација која не е општо достапна за јавноста или која се смета за доверлива. Тоа

може да подразбира доверлива информација која се смета за деловна тајна. Под деловна тајна на

компанијата се подразбираат лични податоци и документи на вработените, документи и податоци

за материјално-финансиското работење на компанијата, податоци за деталната сопственичка

структура, документи и показатели за финансиското работење на компанијата (сметководствени

податоци, извештаи од плати, завршни сметки, остварени добивки), бизнис планови, развојни

планови и инвестиции, обврски на компанијата и сите останати финансиски податоци кои се

основа за бонитет на компанијата. Во рамки на деловна тајна спаѓаат и научни и технички

информации, дизајни, примероци, процеси, постапки, формули како и списоци на имиња, адреси и

телефонски броеви.

Page 17: Кодекс за етичко и деловно однесување

17

Важно е дека за овие информации никогаш не треба да се зборува со лица надвор од ФАКОМ, АД

– Скопје или со вработените кои не смеат да бидат запознаени со тие информации. Внатрешните

податоци и информации не смеете да ги користите за други цели освен за работењето во ФАКОМ, АД–

Скопје. Оттука, вработените не смеат да користат службени информации за остварување на свои

приватни цели и работи. Без соодветно овластување од Генералниот директор, вработениот не смее да

пренесува службени информации кои ги добил при работењето надвор од компанијата или на лица кои

не се вработени во ФАКОМ, АД– Скопје. Ова се однесува на секаков тип на службени информации и

оние евидентирани по електронски пат. Со цел заштита на деловните информации во ФАКОМ, АД–

Скопје, секој вработен има обврска да ги штити оперативните интереси на компанијата. Доколку се

објават внатрешни информации за компанијата, тоа може да има сериозно влијание врз имиџот што

компанијата го има во бизнис средината. За да се одржи довербата во клиентите и функционирањето на

пазарот на капитал, размената на внатрешни информации треба да е строго регулирана. Затоа секој

вработен кој доаѓа во допир со службени информации кои влегуваат во доменот на деловна тајна,

подлежи на посебни ограничувања кои му забрануваат да тргува со информациите и податоците кои ги

поседува.

• Вработен во ФАКОМ, АД– Скопје не смее на своето работно биро да остава на увид податоци и

документи кои може да бидат прочитани од неовластено лице;

• Вработениот не смее да фрла во отпад копии од документи кои содржат доверливи податоци кои не

се целосно уништени а нивната содржина лесно може да биде прочитана;

• Секој вработен сноси сопствена одговорност во случај на издавање деловна тајна ако знаел или

морал да го знае доверливиот карактер на податоците.

3.7 Употреба на цигари и алкохол

Употребата на алкохол и алкохолни пијалоци може сериозно да ја намали работната способност

на вработените во ФАКОМ, АД– Скопје. Притоа може да се компромитира квалитетот на работата и

производите што е една од најважните мисии на ФАКОМ, АД– Скопје. Во исто време употребата на

алкохол може да наштети на безбедноста и здравјето на вработените, соработниците па и целиот

производствен процес. Според тоа консумирањето на алкохол на работно место во ФАКОМ, АД–

Скопје е строго забрането, освен во случај на одобрување од страна на менаџментот во специјални

прилики. Во случај да забележиме вработен под дејство на алкохол на работното место, потребно е

веднаш да го информираме претпоставениот менаџер или лицето задолжено за безбедност и здравје

при работа.

Употребата на цигари во просториите на ФАКОМ, АД– Скопје е забранета според Законот за

заштита од пушење, неговата последна верзија од 2010 година.

Page 18: Кодекс за етичко и деловно однесување

18

3.8 Заштита при работа

Политиката за заштита при работа е еден од важните сегменти при раководењето во

ФАКОМ, АД– Скопје. Сите законски пропишани оперативни мерки за заштита при работа се силно

поддржани од ФАКОМ, АД– Скопје и се очекува нивно доследно спроведување на сите нивоа во

компанијата. Сите вработени во ФАКОМ, АД– Скопје имаат обврска :

Да ги познаваат и почитуваат процедурите за работа како и политиките за заштита на

околината и заштита при работа кои се однесуваат за конкретното работно место;

Веднаш да го известиме претпоставеното лице или лицето за заштита при работа за евентуален

здравствен или безбедносен проблем, со цел соодветно и навремено да се реагира за да се спречат

несакани случаи.

Сите информации и мерки околу безбедноста и здравјето при работа се во надлежност на

одделението за заштита при работа во рамките на секторот за КПОР во ФАКОМ, АД– Скопје.

3.9 Антикорупциска политика

Под корупција се подразбира искористување на функцијата, јавното овластување или

службената должност за остварување на одредена корист.

ФАКОМ, АД– Скопје нема да толерира никаква форма на корупција ниту ќе толерира однесување

на вработените преку кое противзаконски ќе профитираат самите или блиски членови на нивното

семејство или пак ќе наведат други да го направат тоа преку злоупотреба на нивната позиција. Ниту

еден вработен во ФАКОМ, АД– Скопје во никаков случај не смее директно или индиректно да

побара или понуди поткуп.

Вработен во ФАКОМ, АД– Скопје не смее да дава поткуп на вработени/ добавувачи или

други клиенти со кои соработува компанијата или да применува други техники чија крајна цел ќе

резултира со насочување на плаќања кон одредени лица.

Во случај да ви биде понуден поткуп во замена за повластен третман или услуга, вработениот е

должен да го утврди идентитетот на понудувачот и соодветно да го пријави.

Вработен во ФАКОМ, АД– Скопје не смее да ја искористи својата службена положба во

компанијата и да прими/побара награда, корист или ветување за тоа, за себе или за други поради

дискриминирање на другите компании со слична дејност и причинување на штета на друга

компанија што не е резултат на лојална конкуренција на пазарот.

Page 19: Кодекс за етичко и деловно однесување

19

4. Имот и Сопственост

Page 20: Кодекс за етичко и деловно однесување

20

4.1 Користење на ИКТ опрема и друга опрема на компанијата

Компјутерската технологија, хардверот, софтверот, мрежата и системот на информации се

клучна алатка за работењето на сите структури во ФАКОМ, АД– Скопје. Секој кој ја употребува

оваа опрема врши влијание врз информациониот систем. Треба да се има предвид исто така дека

комуникацијата по електронски пат не е сосема приватна и дека преку електронската пошта можат

да се пласираат и доверливи па и погрешни информации надвор од компанијата. Затоа, секоја

пратена електронска порака треба да има копија до соодветниот претпоставен или раководител или

пак оние кои во хиерархијата на работењето треба да бидат запознаени со таа работа.

• Секој вработен во ФАКОМ, АД– Скопје електронската пошта смее да ја употребува

само за службени цели. Останатата комуникација за приватни цели се препорачува

да ја врши преку приватни e-mail адреси.

• Компјутерот и останатите хардверски единици (печатач, скенер, копир) се

препорачува да се користат пред се за службена употреба. Сите приватни употреби

на ИТ опремата во сопственост на ФАКОМ, АД– Скопје да се сведат на минимум.

• Телефонските апарати во ФАКОМ, АД– Скопје служат за службени разговори. Се

претпоставува дека повремено вработените ќе имаат потреба да извршат и приватни

разговори, но овие повици треба да се ограничат само на неопходни и да не влијаат

врз извршувањето на секојдневните работни задачи.

• Мобилните телефони на ФАКОМ, АД– Скопје се користат за службени цели. Секој

вработен кој поседува службен мобилен телефон има ограничен износ кој може да

го потроши на разговори надвор од мрежата. Секое вакво надминување на

ограничениот износ, вработениот го плаќа лично.

4.2 Грижа за имотот и техничката опрема на компанијата

Секој вработен во ФАКОМ, АД– Скопје е должен да внимава и совесно да се однесува со

опремата, уредите и средствата кои ги користи при работењето а се сопственост на компанијата.

Секое оштетување на опремата со која се располага ќе биде основа за поведување дисциплинска

постапка.

Секој инвентар и материјали со кои располага ФАКОМ, АД– Скопје се предмет на годишна

пописна анализа. Секој вработен е задолжен со апаратите со кои се служи при работењето и при

евентуално заминување или промена на работното место, истите е должен да ги врати преку

соодветна постапка за примопредавање.

Page 21: Кодекс за етичко и деловно однесување

21

5. Лична посветеност

Овој кодекс на однесување ги дава основите на добрата работа и вредности на нашата компанија.

Потребно е да ги разбереме овие постапки и да ги употребуваме како водич во нашето однесување и

работење во ФАКОМ, АД - Скопје. Овој кодекс треба да ни служи исто така и како водич во

градење на доверба и почитување на интересите на компанијата во која работиме. Придржувајќи

се кон нив, ние секојдневно придонесуваме кон издигнување на рејтингот на нашата компанија и

нејзиниот профил во земјата и на надворешниот пазар. И на крај, угледот на ФАКОМ, АД– Скопје

зависи од нашата лична заложба, поддршка и посветеност во работењето.

У.О. бр. 36/1 ФАКОМ АД, Скопје

Скопје, 02.11.2011 Управен Одбор

Претседател

М-р Златко Симоновски

Page 22: Кодекс за етичко и деловно однесување

22

АНЕКС СПИСОК НА ВАЖЕЧКИТЕ КОРПОРАТИВНИ ПОЛИТИКИ И РАБОТНИ

ПРОЦЕДУРИ ВО ФАКОМ, АД– СКОПЈЕ

Список на процедури:

Процедура за управување со документи

Процедура за управување со записи

Процедура за управување со целите на квалитет

Процедура за преиспитување на системот за квалитативен менаџмент

Процедури за обука

Процедури за одржување на опрема

Процедури за планирање на квалитет

Процедури за преиспитување на барањата на корисниците

Процедури за работа на проектантско одделение

Процедури за набавка и избор на испорачатели

Процедури за верификација на набавени производи/услуги

Процедури за реализација на производи и услуги

Процедури за заштита на производите

Процедури за контрола на опрема, следење и мерење

Процедури за интерни проверки

Процедури за следење и мерење на производите

Процедури за управување со неусогласени производи

Процедури за планирање на подобрувања

Применети закони и правилници:

1. Закон за работни односи член 9 и 9а, Службен Весник на РМ, 47/11;

2. Закон за спречување судир на интереси, член 3, службен весник на РМ бр.70,2007;

3. Правилник за видот на документите и податоците кои се сметаат за деловна тајна,

Стопанска комора на Р. Македонија, декември 2006;

4. Закон за спречување на корупција, Службен весник на РМ бр.83, 2004;

Page 23: Кодекс за етичко и деловно однесување

23