Информатор на о.Новаци

23
1 Општина Новаци со отчет за сработеното—стр.3 Градоначалникот Котевски домаќин на амбасадорот и конзулот на Р.Унгарија —стр.4 s Министерството за одбрана му примопредаде свој објект на општина Новаци—стр. 5

Upload: igorce-risteski

Post on 22-Mar-2016

235 views

Category:

Documents


4 download

DESCRIPTION

Информатор на општина Новаци

TRANSCRIPT

Page 1: Информатор на о.Новаци

1

Општина Новаци со отчет за сработеното—стр.3 Градоначалникот Котевски домаќин на амбасадорот и конзулот на

Р.Унгарија —стр.4 s Министерството за одбрана му примопредаде свој објект на

општина Новаци—стр. 5

Page 2: Информатор на о.Новаци

2

КРАТКА СОДРЖИНА

Општина Новаци со отчет за сработеното—стр.3

Градоначалникот Котевски домаќин на амбасадорот и конзулот на Р.Унгарија —стр.4

Министерството за одбрана му примопредаде свој објект на општина Новаци—стр. 5

Интернационална конференција „Што ние правиме за малите и средни претпријатија“-стр.5

270 000 евра за Општина Новаци од ИПА програмата за меѓугранична соработка со Р.Грција- стр.6

Теона Манговска одликувана со посебно признание за афирмација на мариовскиот регион- стр.6

Иницијатива за збратимување на општина Новаци со сродна општина од Р.Словенија-стр.7

Бесплатни здравствени прегледи и совети за справување со зимските услови за жителите на мариовско Градешница-стр.7

Општина Новаци е првата општина во Македонија која легализира фарма-стр.8

Општина Новаци ќе гради споменик на Дедо Кољо Добровенски мариовско-лерински војвода- стр.9

Општина Новаци пилот општина за воведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион –стр.10

Чистење и уредување на 10 тиот канал во општина Новаци—стр.10

Општина Новаци со мерки за зголемување на наталитетот, ќе ги жени ергените со невести од Албанија-стр.11

Општина Новаци ќе се вклучи на хидросистемот за наводнување на ХМС Стрежево-стр.11

Работилница за енергетската база на податоци која ќе се формира со проектот ТЕЛЕТЕРМ-стр.12

Бесплатни патики за учениците во новоотвореното училиште во с.Рапеш –стр.12

Се унапредуваат условите за претшколско воспитување и едукација на децата во општина Новаци-стр.13

Општина Новаци започна со поставување на новите тротоари, Новаци наскоро ќе ја добие првата бензиска пумпа -стр.14

Инфо ден за спроведувањето и воведувањето на ЕУ Леадер пристапот во Пелагонискиот регион-стр.15

Градоначалникот Котевски на средба со претставници на комуналното претпријатие „ Пела Хигиена“ - стр.16

„Бамби“ ја посетија членовите од собраниската работна група за правата на децата-стр.17

Четврта работилница за пренос на знаење за паарно греење на Новаци и Битола -стр.18

Детски театар во општина Новаци—Училиштата добија нови печки –стр.19

Далбеговци ќе добие монтажно училиште—Градоначалникот Котевски на средба со жителите на Бач и Живојно—стр.20

Општина Новаци покровител на првенчето „ Лулки од стремеж“ на Елизабета Јончиќ—стр.21

ЦОУ„Славко Лумбарковски“ од Новаци пилот училиште за електронско екстерно училиште— Изложба на фотографии за животот на Евреите од Централна Европа Изложба на фотографии за животот на Евреите од Централна Европа

ИГРОТЕКА

„БАМБИ“с.НОВАЦИ

СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН ОД 10 ДО 12 :30 ЧАСОТ

Првиот број на весникот „Општински информатор“ излезе во јуни 2012 година

Весникот излегува како едномесечник

Редакција : Катерина Чукалеска,Мирјана Кузмановска, Елена Николовска

Техничка поддршка : Игорче Ристевски

Издава : Општина Новаци

Градоначалник: Лазар Котевски

Печати : Графопром – Битола

Тел/фaкс: 20 30 60

e-mail: [email protected] web: www.opstinanovaci.gov.mk

адреса: Општина Новаци, 7211 с.Новаци

Page 3: Информатор на о.Новаци

3

Општина Новаци со отчет за сработеното Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски даде јавен отчет за сработеното во вториот мандат за периодот 2009-2012.Главниот акцент беше ставен на подобрување на инфраструктурата, водоводните и канализационите системи, локалниот економски развој и меѓународната соработка, нагласи градоначалникот. „Полека но сигурно стануваме урбана и препознатлива општина во која запреа миграционите процеси село-град и каде се повеќе млади брачни двојки се одлучуваат да живеат и да ги изучуваат своите деца во нашата општина за што ги обновивме старите а отворивме и нови училишта.Реконструирани се училиштата во

селата Рапеш, Бач, Гермијан, Живојно и Рибарци , започната е изградбата на училишна спортска сала во Новаци, изградени се 4 ракометни игралишта и детски забавни паркови“ рече Котевски. Сакаме на нашите жители да им го олесниме животот во секој поглед, па така имавме рекордна година во асфалтирање на патишта, рече градоначалникот. „Асфалтиравме околу 20 км патишта,направивме тампонирање и пробивање на нови патни правци, изградени се пешачки мостови, направени се два патни правци во должина од 7 км Долно Орехово-Новаци-Рибарци,а во план сме да реализираме уште пет локални патишта Е112, ЕР 509 Мегленци 2,5 км,Мегленци-Арматуш 6км, Старавина-Зовиќ 6 км. Направиме партерни уредувања во неколку села, исчистено, бетонирано и уредено е дното на 10 тиот канал,поставивме автобуски постојки во Новаци и Добромири, помагаме во црквите и манастирите со кои изобилува нашата општина,изградена е канализациона мрежа во село Новаци која ја сметаме за капитална инвестиција а во следниот период ќе изградиме и пречистителна станица.Наша стратегија е во секое село да донесиме исправна и чиста вода за пиење односно да ги приклучиме кон водоводен систем, а можеме да се пофалиме дека во голем дел тоа е исполнето.“ рече Котевски. Општина Новаци му придава големо значење и на локалниот економски развој но и на меѓународната соработка. „На наша територија има многу сончеви денови па имаме голем интерес за инвестирање во доменот на производство на електрична енергија од обновливи извори. Веќе имаме изградено една фотоволтаична централа во село Гермијан а се надеваме дека во најскоро време ќе профункционира и долгонајавуваната инвестиција на Зегин Скопје за изградба на фабрика за етерични масла и лековити растенија.Веќе е при крај изградбата на првата бензиска станица која е приватна инвестиција а ќе се градат и две мали хидроцентрали на река Коњарка и во село Скочивир. Во следниот период посебно внимание ќе посветиме на меѓународната соработка со Црна Гора, Хрватска и Словенија, додека со општина Алмопиа од соседна Грција ќе го реализираме проектот „ Жива историја – жива природа“ за што добивме европски средства од програмите за

прекугранична соработка меѓу Р Македонија и Р Грција, а со поддршка на домашни и странски експерти од Грција го реализираме и проектот „Пренос на знаење за централно греење на Битола и Новаци-ТЕЛЕТЕРМ. На ова поле Општина Новаци е потенцијален кандидат за добивање на средства за прекугранична сортаботка со Грција за уште еден проект „Прекугранична заштита на животната средина преку соработка во делот на менаџирање на отпад. “ рече Котевски. Јавниот отчет за сработеното и веќе испечатен и достапен на веб страната на општината www.opstinanovaci.gov.mk, а истиот ќе биде дистрибуиран до жителите на локалната самоуправа како и до партнерските организации со кои соработува општина Новаци.

Page 4: Информатор на о.Новаци

4

Градоначалникот Котевски домаќин на амбасадорот и конзулот на Р.Унгарија

Градоначалникот на општина Новаци

Лазар Котевски се покажа како

гостопримлив домаќин и достојно ја

пречека унгарската делегација

составена од амбасадорот на

Република Унгарија Јозеф Бенце, првиот

конзул на Р.Унгарија Матјуш Шандор и

почесниот конзул на Р.Унгарија во

Битола Сашо Јанакиевски.

„ Прв пат сме домаќини на делегација од

Република Унгарија. Разговаравме и со

амбасадорот и со конзулите , при што јас

ги запознав со богатствата и со

ресурсите со кои располага општина

Новаци.Беа заинтересирани посебно во

делот на земјоделството и

унапредувањето на оваа гранка .“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Со одлука на унгарските власти за

почесен конзул на Република

Унгарија во Република Македонија е

именуван битолскиот бизнисмен

Сашо Јанакиевски кој најави

интензивна соработка во наредниот

период особено во доменот на

економските, културните и спортските

активности.

„ Сакаме да иницираме потпишување

на меморандум за соработка со еден

од најголемите универзитети за

земјоделство од Ѓунѓош, Унгарија ,

бидејќи во општина Новаци најолемм

дел од населението се занимава со

земјоделство.Овој универзитет

располага и со винарска визба. Исто

така сакаме да поттикнеме културна

соработка, но и соработка од

областа на филмската индустрија,

затоа што во општина Новаци,

поточно во Мариово досега се

снимале неколку филмови, вели

почесниот конзул на Р.Унгарија во

РМ, Сашо Јанакиевски.Општина

Новаци досега вакви иницијативи за

соработка воспоставила со две

општини од Австралија,една

хрватска општина и една турска

општина иницирана од амбасадорот

на РМ во Р.Турција , Горан

Тасковски.

Page 5: Информатор на о.Новаци

5

Министерството за одбрана му примопредаде свој објект на општина Новаци

Со одлука на Влада на РМ од 20.10.2012 година денеска

претставници од Министерството за одбрана на Република

Македонија на градоначалникот на општина Новаци, Лазар

Котевски му ја предадoa во трајно владение зградата во село

Скочивир, која досега беше нивна сопственост. Станува збор за

објект кој се наоѓа во месноста викана Момоки, со вкупна

површина од 213 метри квадратни,земјиште со површина од 7300

метри квадратни на надморска висина од 600 метри.Зградата во

Скочивир, Министерството за Одбрана му ја дава на Општина

Новаци на трајно користење без никаков надомест.Објектот се планира да се пренамени во сместувачки

капацитет по принципот на јавно приватно партнерство, вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар

Котевски. „Во непосредна близина на зградата во Скочивир се наоѓа еден од најпознатите и

најпосетуваните манастири во општината, Св.Арханѓел Михаил со богат црковен иконостас како и значајно

културно наследство.Манастирските конаци со околу 35 легла се пријатно место за одмор и освежување

особено погоден за развој на селскиот алтернативен туризам како и за развој на Мариовскиот

регион.Благодарение на поволните климатски услови, незагадениот воздух и недопрената природа која е во

близина на објектот со мали градежни зафати би прераснал во туристичка дестинација за туристите од

регионот и пошироко.Локацијата каде се наоѓа објектот преку регионалниот пат Р-510 се поврзува со

планинскиот врв Кајмакчалан, што овозможува развој на планинскиот туризам. “ вели градоначалникот на

пштина Новаци, Лазар Котевски.Во следниот период општина Новаци планира да поведе постапка до

Министерството за одбрана за добивање право за отстапување на објектот на поранешната караула во

село Живојно.

Интернационална конференција „Што ние правиме

за малите и средни претпријатија“

Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски

присуствуваше на отворањето на тридневната интернационална

конференција на која ќе се дискутира на тема „ Што ние правиме за

малите и средни претпријатија“,во организација на Фондацијата

Бизнис старт ап Центарот, како дел од проектот на УСАИД „ Бизнис

без граници “.Целта на конференцијата е да им се понудат алатки,

решенија и ресурси за поуспешен настап во светот на бизнисот и

следење на трендовите на пазарот на малите и средни претпријатија.На конференцијата се обрати заменик

амбасадорот на САД во РМ,Брајан Агелер.„Со ваквите активности им се нуди поддршка и се јакнеат малите

и средни претпријатија.Се надевам дека ова ќе им користи во изнајдувањето решенија за проблемите со кои

се соочуваат во секојдневието.Малите и средни претпријатија се столбот на секоја економија кои креираат

нови работни места и создаваат приходи.Во изминатиот период УСАИД соработувајќи со Бизнис старт ап

центарот отвори 318 нови работни места и тоа претежно за жени, отворени се 96 нови претпријатиа а

помогнати се 77 постоечки бизниси.Исто така обучени се околу 1200 бизнисмени за разни бизнис вештини“

рече заменик амбасадорот на САД во РМ, Брајан Агелер.Министерот Иво Ивановски ја најави помошта која

ќе ја дава Владата за отворање на 50 електронски продавници.„ Еден ваков центар како што е Бизнис старт

ап центарот е навистина потребен за да можат сите идеи да се претворат во успешен бизнис.Развојот на

малите и средни претпријатија е од големо значење за развојот на пелагонискиот регион, кој е втор по

вработеност во РМ веднаш по скопскиот.Многу му благодарам на УСАИД и на САД за поддршката што ни ја

даваат за развој на бизнисот. Ние како Влада правиме свои чекори во иста насока, за таа цел ја воведовме

реформата регулаторна гилотина а сега објавуваме втор конкурс за отворање на електронски продавници.

“рече министерот за информатичко општество и администрација на РМ, Иво Ивановски.На свеченото

отворање градоначалникот на општина Битола посочи дека локалната самоуправа презема конкретни мерки

за самоодржливост на малите и средни претпријатија.Конференцијата треба да придонесе кон активирање

на локалните ресурси преку размена на знаење, вмрежување и учење, да се отвори патот за развој на

малите и средни претпријатија и економскиот раст.Во истите рамки се организираше и мини саем за

фирмите поддржани од проектот, а учениците од средните училишта ја презентираа својата иницијатива за

изградба на скејт парк.Инаку проектот на УСАИД „ Бизнис без граници“е имплементиран од Бизнис старт ап

Центарот а доделениот грант изнесува 1,3 милиони американски долари.

Page 6: Информатор на о.Новаци

6

270 000 евра за Општина Новаци од ИПА програмата за

меѓугранична соработка со Р.Грција

Општините Новаци и Алмопиа потпишаа договор за партнерство и добија грант

од пола милион евра во рамките на ИПА Програмата за прекугранична

соработка Македонија-Грција 2007-2013, за проектот „ Жива историја-жива

природа“.Главна цел на проектот е реализација на заеднички активности помеѓу

партнерите заради промовирање и обединување на историските и природните

ресурси во меѓуграничната област и поттикнување на локалниот економски

одржлив развој.„Висината на вкупниот одобрен буџет изнесува 545 321 евро од кои Р. Македонија, односно

општина Новаци ќе добие 267 215 евра а општина Алмопиа, Р.Грција ќе добие 278 107 евра. Општина

Новаци е финансиски водечки партнер и има задача да направи попис на историските и природните

локалитети преку теренско истражување.Исто така ќе се спроведе и уметничко истражување, ќе се направи

дигитална изложба, ќе се мапираат и обележат историски и природни патеки, ќе се направи промоција преку

организирање на настани за јавноста и слично“. вели градоначалникот Котевски.Во рамките на проектот ќе

се изврши реконструкција на куќата на Калеш Анѓа,реконструкција на мостот и воденицата во с.Зовиќ и

реконструкција на црквата Свети Димитрија во село Градешница.Исто така ќе бидат изградени две

историски и природни патеки а ќе се одржат и неколку работилници. „Ќе се санираат разрушените делови

на мостот, до кој се наоѓа и една стара воденица која исто така ќе биде целосно реконструирана.Куќата на

Калеш Анѓа која се наоѓа во с. Старавина ќе биде целосно реновирана според типичната единствена

мариовска архитектура .Внатрешноста на куќата ќе биде направена во етно стил и ќе биде пренаменета во

музеј.Предвидено е да се обнови амбарот и старата фурна која се наоѓа во дворот“, вели градоначалникот

на општина Новаци, Лазар Котевски.Проектот ќе биде насочен кон документирање и истражување на

поврзаноста помеѓу историските споменици и природните локалитети во секоја област и нивно

промовирање како вредни и атрактивни туристички локалитети.Планирано е да се издаде туристички водич со

цел развој на селскиот туризам и искористување на огромните потенцијали на Мариовскиот предел.Од општината се

надеваат дека по реализацијата на овој проект ќе се зголеми интересот на инвеститорите за градење на

хотелски капацитети во овој дел на Македонија.Општината има донесено длука за бесплатно отпстапување

под концесија на сите објекти кои се во нејзина сопственост на заинтересираните инвеститори кои ќе сакаат

да ги преадаптираат во сместувачки капацитети.

Теона Манговска одликувана со посебно признание за

афирмација на мариовскиот регион

Градоначалникот Лазар Котевски и додели посебно признание на Теона

Манговска за афирмација на Мариово и општина

Новаци .Фотографијата насловена како „ Желба за живот“ од

мариовското село Будимирци ја освои европската награда за

фотографија на конкурсот со тема „Водите и планинските богатства во

прекуграничната област“ во рамките на Интеррег програмата за

прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција.„ Имам особена

чест да му го доделам ова посебно признание на младата, талентирана и перспектива Теона Манговска

заради афирмацијата на општина Новаци и мариовскиот крај кој е анонимен а изобилува со природни и

историски богатства.Теона успеа сето тоа да го извади од анонимноста и да ни направи бесплатна

промоција“ рече градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.Теона,фотографијата ја направила на

Џип Турнејата која се одржува во Мариово и истата ја испратила на конкурсот на кој учество зеле повеќе од

40 натпреварувачи од Македонија и Грција со над 160 фотографии.„Фотографијата е направена во 2010

година во село Будимирци кое е најживописното но сепак најненаселеното место не само во Република

Македонија туку и пошироко во Европа.Конкурсот го видов на интернет и решив да испратам неколку

фотографии, и се изненадив кога по неколку недели добив известување дека мојата фотографија е

наградена.“ вели средношколката Теона Манговска.На доделувањето на признанието присуствуваа и децата

членови на ликовната секција во ЦОУ „ Славко Лумбарковски“ од Новаци . „Оваа награда на Теона ќе биде

поттик за членовите на ликовната секција да учествуваат на слични такви конкурси, а со поддршка на

општината ќе се вклучиме и во ликовната колонија која ќе се одржи во Мариово при реализацијата на

проектот „Жива природа-жива историја“ рече наставникот по ликовно образование Александар

Макариовски.Фотографијата на Теона беше изложена на изложбата со која се одбележа денот на европската

територијална соработка на која присуствуваше и евроамбасадорот Аиово Орав.

Page 7: Информатор на о.Новаци

7

Иницијатива за збратимување на општина Новаци со сродна општина од Р.Словенија

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски

оствари средба со почесниот конзул на Република

Словенија Мишко Мојсов и со претседателката на

македонско-словенското здружение Триглав, Тања Франц

на која се разговараше за можностите за збратимување

на општина Новаци со сродна општина од Република

Словенија.

„Денеска остваривме средба со почесниот конзул на

Р.Словенија и јас како градоначалник му ги дадов сите

информации за нашата општина , го запознав со

ресурсите со кои располагаме, нашите капацитети а му ги

посочив и домените кои се интересни за нас односно во

кои насоки треба да се движи конзулот при изнаоѓањето на сродна општина за збратимување.“ рече

градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Денешната средба во целост ќе му биде пренесена на амбасадорот на Република Словенија во Македонија

со цел да се најде сродна општина со која Новаци ќе се збратими.

„Општината со која треба да се збратими Новаци треба да има одредени активности во доменот на

производството на електрична енергија или рудник на јаглен бидејќи знаеме дека во Новаци се наоѓа

РЕК,потоа сличности за развој на алтернативниот селски туризам но пред се тоа треба да биде мала

општина што нема да претставува проблем бидејќи во Словенија има околу 120 општини и сите се

мали.Денеска ја започнавме оваа иницијатива за збратимување и тоа особено ме радува и сметам дека тоа

ќе се случи во најскоро време.Секако дека тоа треба да биде некоја општина која по карактеристиките ќе

одговара на Новаци за да може двете општини да развијат плодна соработка“ вели почесниот конзул на

Р.Словенија во Р.Македонија, Мишко Мојсов.

Општина Новаци веќе е во процедура за збратимување со општина од Унгарија а неодамна се воспостави

иницијатива за соработка со хрватската општина Дуги Рат.

Бесплатни здравствени прегледи и совети за справување со зимските услови за

жителите на мариовско Градешница

Општина Новаци, Дирекцијата за заштита и спасување,

Центарот за управување со кризи и Итната медицинска

помош од Битола организираа бесплатни здравствени

прегледи за жителите на мариовското село

Градешница.„Ова е ретка можност за нас и многу не

радува што општината се грижи за нас и ни организира

вакви бесплатни здравствени прегледи каде можеме да

ја измериме нашата тежина , крвен притисок, шеќер во

крвта и слично.Исто така добивме најразлични

здравствени совети и одговор на многу наши прашања.

“ велат жителите на село Градешница.Од регионалната дирекција за заштита и спасување и Центарот за

управување со кризи Битола , жителите на ова мариовско планинско село ги обучуваа како да се справуваат

со зимските услови , со чистењето на снегот и патиштата.„Имаме договор со Македонија пат тие да го чистат

регионалниот пат кој води до Мариово а потоа ние да обезбедиме механизација за да ги исчистиме

локалните патишта кои водат до овие мариовски села. Исто така голема помош добиваме и од шумското

претпријатиа кајмакчалан за чистење на овие селски патишта.“ вели градоначалникот на општина Новаци,

Лазар Котевски.Вакви слични акции ќе се организираат и во иднина.

Page 8: Информатор на о.Новаци

8

Општина Новаци е првата општина во Македонија која легализира фарма

Фармата за молзни крави на Владимир Атанасовски во

село Гермијан е првата фарма во Македонија која е

легализирана, согласно Измените и дополнувањата на

Законот за земјоделско земјиште од јули 2012

година.Администрацијата на општина Новаци

поднесеното барање го реши во рок од 5 дена.Основна

причина заради која го поднел барањето за легализација

на објектот е реновирање и проширување на фармата

со цел поднесување апликација за добивање средства

од ИПАРД програмата.

„Го легализирав постоечкиот објект со цел да го

реновирам и да ја проширам фармата за да можам да

аплицирам во европските фондови за добивање средства од ИПАРД програмата. Ова е првиот чекор до

остварување на мојата замисла.Апелирам мојот чекор да го следат и другите земјоделци кои сакаат да

напредуваат и да го прошируваат својот бизнис. “ вели сопственикот на фармата Владимир Атанасовски.

Рокот за поднесување барања за потврдување

(легализација) на изградените помошни објекти, оранжерии

или објекти за примарна обработка на земјоделски производи

на земјоделско земјиште без претходно добиено одобрение

за градба трае до 26 јули 2013 година, а истите се

поднесуваат во општината.

„Во прилог на барањето потребно е да се достави копија од

лична карта односно извод од Централен регистар за правни

лица, доказ за приклучок на комунална инфраструктура

(сметка за вода, електрична енергија и сл) или изјава

заверена на нотар со која барателот ќе потврди дека објектот

е изграден пред 14.02.2011 година и геодетски елаборат за

утврдување на фактичката состојба на бесправно изградениот објект.Во објектиза примарна обрааботка на

земјоделски производи спаѓаат и објекти за одгледување на добиток, живина,рибници и сл.“ вели

дипл.арх.инж.советник за одобренија за градба и урбанизам Лилјана Најдовска.

Со Законот за измени и дополнувања на Законот за земјоделско земјиште значително е олеснета

постапката за добивање на одобрение за градба за изградба на помошни објекти кои се во функција на

земјоделството и сточарството.

„ Постапката со Законот е значително олеснета и скратена така што земјоделците можат да добијат

одобрение за градба т.е објектот може да се

изгради на земјоделско земјиште без урбанистичка

планска документација со претходна согласност од

Министерството за земјоделство, шумарство и

водостопанство, на тој начин што ќе изработат

основен проект за изградба на објектот со

извршена ревизија кој треба да го достават со

барањето за одобрение за градба во општината

заедно со катастарската скица од предметната

парцела и доказ за сопственост на

земјиштето.Апелираме до сите жители на општина

Новаци кои бесправно имаат изградено стопански

објекти во наведениот рок 26 јули 2013 година да

поднесат барање за легализација со цел да им

бидат легализирани изградените објекти.“ вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Досега во општина Новаци поднесени се 900 барања за легализација на бесправно изградени објекти од

кои решени се 200 а останатите се во постапка.

Page 9: Информатор на о.Новаци

9

Општина Новаци ќе гради споменик на Дедо Кољо Добровенски мариовско-лерински

војвода

Дворот на општинската зграда во Новаци наскоро ќе го краси

прекрасна фонтана во која ќе биде поставен пет метарскиот

споменик на Дедо Кољо Добровенски мариовско-леринскиот војвода

чиј потомок е градоначалникот Лазар Котевски. Веќе се при крај

административните процедури а победникот на најдоброто идејното

решение е шифрата „Фиренца“односно авторот Димитар

Филиповски од Скопје.„Ова е се со цел да се се обнови малку

општината и да

му се оддаде

почит на

единствениот

војвода од овој

крај, чиј

потомок сум

јас . Ќе се

направи

уредување на

општинскиот

парк ,патека за

пристап и

споменик на дедо Кољо војводата кој ќе биде поставен

во фонатаната.“ вели градоначалникот на општина

Новаци, Лазар Котевски.За споменикот општината

планира да издвои 32 000 евра додека фонтаната,

партерното уредување и паркот ќе чинат околу 1,9

милиони денари . Градежните работи се очекува да

започнат во најскоро време во зависност од

временските услови.

„Планираме да направиме еден мал рекреативен центар ,

партерно уредување со клупи кој ќе биде осветлен и доста

посетен од жителите на село Новаци“ вели градоначалникот

Котевски.

На изборот на идејно решение за изработка и подигнување на

спомен облежје на Дедо Кољо Добровенски мариовско-

лерински војвода му претходеше конкурс на кој беа избрани

првите три уметници кои ќе добијат парична награда.

Првонаградениот Димитар Филиповски ќе добие 30 000

денари, второрангираниот м-р Ѓорѓи Димовски 20 000 денари,

а за третопласираниот автор Грозданка Каникова се

предвидени 10 000 денари.Исто така на тројцата рангирани

општината ќе им испалти по 10 000 денари на име Фонд за

обештетување.

Page 10: Информатор на о.Новаци

10

Општина Новаци пилот општина за воведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион

Општина Новаци е избраната пилот општина во Пелагонија каде УСАИД ќе започне да го спроведува 12 месечниот проект „За конкурентност во Македонија“ кој е дел од ЕУ ЛЕАДЕР/ЛАГ пристапот кој беше промовиран на Хиподромот „Хрибо“ во с. Крклино.Целта на проектот е развој на земјоделството особено на фармерите со мали бизниси, рече директорот на проектот Карл ларкинс.

„ Станува збор за малку поинаку дизајниран проект за чие спроведување моравме 5 месеци да дејствуваме на терен, да разговараме и дискутираме со инволвираните.Морам да признам дека сум импресиониран од тоа што го видов и слушнав, при што сфативме дека тука можеме да го спроведеме ЛАГ пристапот, односно да ги запознаеме земјоделците

дека поголеми резултати може да постигнат доколку настапуваат во групи.Идејата на овој ЛЕАДЕР/ЛАГ процес е да им помогнеме на фармерите заеднички да се здружуваат и да дејствуваат “ рече Карл ларкинс, директор на проектот на УСАИД,САД го помагаат економскиот развој на Република Македонија континуирано од 1993 година па досега а во тоа ќе продолжат и понатаму, рече заменик шефот на мисијата на САД во РМ, Брајан Агелер.„Како и тука така и во САД многу ние важен растот на економијата.Затоа сум многу среќен што сум тука да го отворам проектот за развој на мали и средни бисниси, затоа што тие се рбетот на една силна економија.Токму затоа ќе се насочиме кон развивање на земјоделството во Пелагонија и ќе настојуваме да отвориме нови работни места.“ рече заменик шефот на мисијата на САД во РМ, Брајан Агелер.Оваа Влада силно го поддржува агросекторот, потврда за тоа се 700 милиони евра наменети за субвенции на земјоделците кои ќе им се исплаќаат во наредните 5 години, рече заменик миникстерот за ЗШВ, Зоран Коњановски.„Мило ми е што проектот ќе се реализира во овој регион.Сите заедно треба да работиме на повлекување на средства од ЕУ фондовите.На тој начин ќе ја спречиме миграцијата село-град.Почнувањето бизнис има многу предности, затоа ќе ја има нашата поддршка но и поддршката на УСАИД“ рече заменик миникстерот за ЗШВ, Зоран Коњановски.Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски е горд што токму неговата општина е избрана за пилот општина каде ќе се спроведува проектот.„ Ќе се направи избор на еден индивидуален земјоделец каде ќе се настојува да се зголеми производството на индустриски домат со воведување на нови технологии и следење на современите земјоделски протоколи.Тоа им е потребно на нашите земјоделци со цел да ги зголемат нивните приноси, профитабилноста но секако им е потребен сигурен пласман на своето производство“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Предизвикот за спроведување на овој проект доаѓа од недостатокот на свесност кај руралното население за користа од ЛЕАДЕР пристапот, рече директорката на ЦРППР ,Емилија Ѓероска.„ Клучен збор во реализацијата на овој проект е партнерството кое ќе го изградиме со сите оние кои се вклучени во проектот“рече директорката на ЦРППР ,Емилија Ѓероска.Крајна цел на УСАИД проектот е експанзија на малите бизниси во пелагонискиот регион кој ќе придонесе до поголема соработка меѓу приватниот сектор и институциите на локалната власт во функција на економскиот развој со фокус на земјоделството, руралниот туризам и лесната индустрија.

Чистење и уредување на 10 тиот канал во општина Новаци

Како и секоја есен така и оваа Општина Новаци започна акција за чистење на еден од најважните канали на чие чистење и одржување општината посветува најголемо внимание , а тоа е 10-тиот канал, вели градоначалникот Лазар Котевски.„ Во тек е редовната акција за чистење на 10 тиот канал кој е веќе бетониран но се врши и добетонирање од мостот кон с.Добромири во должина од 50 метри, се врши и чистење на каналот во должина од 500 метри и уредување на кејот на каналот “ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.Во претходниот период општина Новаци ги исчисти и уреди и другите канали во кои минуваат кај селата:Рибарци, Новаци, Добромири, Горно и Долно Агларци. Исто така беше исчистен и уреден каналот кој врви низ селото Гермијан.

Page 11: Информатор на о.Новаци

11

Општина Новаци со мерки за зголемување на наталитетот, ќе ги жени ергените со невести од Албанија

Општина Новаци располага со голема територија но за жал слабо населена.Токму затоа презема мерки за зголемување на наталитетот, намалувајќи го бројот на неженети, давајќи им парична помош на ергените во нивната потрага по невеста во Албанија.Доколку таму си ја најдат својата животна сопатничка , општината ќе им ја плати дел од трошокот и венчавката.„Правиме список на ергени, кои ги има на стотина.Тоа е така затоа што женскиот свет од руралните средини бега во урбаните.Имаме добро ситуирани ергени кои неможат да најдат жени.Затоа преземаме акција

да им даваме помош при нивната потрага по невеста во Албанија.На овој начин водиме битка да се зголеми наталитетот и бројот на населението. Исто така за дојдените невести кои се мажени во селски средини организираме средба и свечен ручек во Битола, посета на Хераклеа и музејот. “ вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски. Земањето невести од соседна Албанија е тренд во Пелагонија веќе неколку години наназад.Досега околу 30 тина ергени се оженија со албанки со христијанска вероисповед.Од овие мешани бракови досега се родија триесеттина деца кои ги оживеаја селата кои беа пред изумирање.Пример за тоа е мариовското село Рапеш каде по цели 25 години повторно се слушна училишното ѕвонче.Општина Новаци која е горда на новите ученици комплетно им го реновираше училишниот објект, истото ќе го направи и во Тепавци а веќе започна со изградба на ново монтажно училиште во Далбеговци.„ Дванаесет деца од село Далбеговци се школуваат во школото во соседната општина Могила.Сакаме на овие деца да се вратат кај нас и да им овозможиме да учат во местото каде што живеат. Имаме дозвола од Министерството за образование како и финансии да отвориме монтажно училиште.Имаме распишано тендер и овие дена ќе се отпочни со работа.Од следната година децата ќе учат во новоизграденото училиште“ вели градоначалникот Котевски. Ова е нова стратегија за зголемување на наталитетот во општина Новаци која има 44 села на нејзина територија но помалку од 3500 жители.Десеттина села се целосно иселени, а во некои пак има само по некој жител, додека годишно се раѓаат по триесеттина деца.Според статистичките податоци, во Новаци живеат 0,17 проценти од вкупниот број жители во Македонија.Во целиот пелагониски регион, од 340 населени места дури 77 проценти се раселени или селца со мал број млади лица, а уште помалку со новороденчиња.Од вкупно 9 пелагониски општини дури пет се навлезени во длабока старост во кои спаѓаат Новаци и Демир Хисар.

Општина Новаци ќе се вклучи на хидросистемот за наводнување на ХМС Стрежево

Започнаа преговорите помеѓу градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски и претставниците на ХМС Стрежево за приклучување на новачкото поле кон системот за наводнување. „Ова е наша долгогодишна желба, со чие остварување ќе им се олесни работата на земјоделците,ќе им се зголемат приносите на земјоделските култури а ќе имаат и поголема профитабилност , со цел да се заменат бушотините за наводнување кои воедно птретсавуваат поголем трошок, за разлика од наводнувањето од хидросистемот.Очекуваме да се покријат околу 500 хектари обработлива површина од новачкото поле“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски. Хидросистемот за наводнување на ХМС Стрежево е донесен до десната страна на река Црна,а во следниот период ќе се

вршат анализи и студии за капацитетот и покриеноста на издашноста со целд а се премини река Црна и да се почне со изградба на нова мрежа за наводнување.. „Системот е изграден во раните осумдесетти години и неопходно е да испитување на дијаметарот на цевките поради долгогодишната експлатација од првобитната состојба па токму затоа потребно е да се изврши испитување на капацитетот на системот и дотокот на количеството вода кое е потребно за наводнување во новачкото поле.Затоа најпрво треба да се направи идеен проект – студија со цел да се направат анализи на теренот и да се испита издашноста и површината на мрежата на парцелите кои би се наводнувале“ велат претставниците на ХМС Стрежево.

Стручните лица,претставници од општина Новаци и ХМС Стрежево во најскоро време ќе излезат на терен и ќе започнат со анализа на потребните податоци.

Page 12: Информатор на о.Новаци

12

Работилница за енергетската база на податоци која ќе се формира со проектот

ТЕЛЕТЕРМ

Општина Новаци беше домаќин на работилницата во чии рамки се презентираше начинот на кој ќе се формира енергетска база на податоци од проектот ТЕЛЕТЕРМ и направената стручна споредба помеѓу топлификациониот систем во Аминдео и оној кој треба да се спроведе кај нас.

Енергетската база на податоци ќе биде достапна на веб страна која ќе биде динамична и ќе содржи многу податоци и информации кои ќе се користат при понатамошната изработка на техничките студии, а ќе содржи и алтернативни решенија и сценарија.

„Веб порталот ќе одговори на многу прашања, на пример зошто се спроведува и зошто ЕУ преку ИНТЕРЕГ програмата ќе го финансира овој проект,кој е целниот регион и слично.Исто така ќе

има информации за изворите на енергија, за расположливите начини на греење со направена споредба на трошоците, евалуација на енергетските ресурси за наредните 5, 10 или 20 години, ИТ поврзувачка платформа, линкови за споредба, форуми, блогови, вести и друго“ рече проф.д-р Игор Неделковски од Техничкиот факултет Битола.

Професор д-р Злате Анѓелевски направи стручна презентација за начинот на кој е направен топлификациониот систем во Грција и оној кој допрва ќе треба да се спроведе во Р.Македонија.Посочи дека кај нас ќе имаме пониска цена на топлинската енергија за 25 %.

„За греење на населението во Битола и Новаци ќе биде потребно 250-350 илјади мегават часови при што можеме да констатираме дека кај нас имаме поповолна ситуација затоа што трошоците по единица инсталирана моќ ќе бидат помали . Во термоцентралата во Аминдео има две поделби на високо и ниско притисна турбина а кај нас таа поделба е направена на 3 дела.Грците користат скапа пареа а кај нас ќе користиме топлинска енергија по пониска цена , во Грција жителите плаќаат 45 евра за мегават час додека ние очекуваме да плаќаме цена кое ќе биде пониска за 25 %. “ рече проф.д-р Злате Анѓелевски од Техничкиот факултет Битола.

Присутните на работилницата имаа можност да ја погледнат видео презентацијата за досегашните активности од проектот ТЕЛЕТЕРМ , да поставуваат праашња но и да разменуваат искуства и знаења.

Бесплатни патики за учениците во новоотвореното училиште во с.Рапеш Општина Новаци и ШИК Комерц обезбедија бесплатни патики за седумте учениците од новоотвореното училиште во мариовското село Рапеш и за две деца кои се социјални случаи од с. Новаци. „Општината и понатаму ќе се труди да им помага на овие дечиња иако со вакви скромни поклони, кои сега редовно посетуваат настава , имаат желба да учат и тоа е многу радосен факт. Исто така се потрудивме топли обувки за претстојната зима да добијат и две дечиња братчиња, кои настава посетуваат во ОУ „ Славко Лумбарковски “ во с. Новаци а се социјални случаи.“ рече градоначалниот на општина Новаци Лазар

Котевски. Голема благодарност за покажаниот интерес за дечињата и училиштето изрази наставничката во Рапеш, Анета Соклевска.

„ Денес во училиштето во с.Рапеш добивме донација патики за

дечињата.Ние сите сме многу благодарни за покажаниот интерес и за укажаната помош“ рече Соклевска. Општина Новаци и понатаму ќе продолжи со хуманите активности а радува фактот што започна да се зголемува и бројот на фирмите кои покажуваат општествена одговорност и чувствуваат обврска за да им помагаат на пошироката заедница.

Page 13: Информатор на о.Новаци

13

Се унапредуваат условите за претшколско воспитување и едукација на децата во

општина Новаци

Децата на претшколска возраст во

општина Новаци го посетуваат

Центарот за ран детски развој „Бамби“

каде се стекнуваат со првите знаења,

се социјализираат и имаат можност

низ игра и дружење со своите

врсници , да научат многу нови работи

и да ја задоволат детската

љубопитност.Сепак, општина Новаци

прави напори да прерасне во

вистинска градинка, за што се

предвидени одредени законски услови

за кои од општината велат дека се

исполнети.„Центарот за ран детски

развој во Новаци започна да работи

преку проект на УНИЦЕФ уште пред 2005 година.Од 2005 кога проектот заврши требаше да го затвориме

овој едукативен центар.По моја лична иницијатива и на општината ,го задржавме центарот иако во другите

општини каде што имаше вакви проекти и игротеки, проектите завршија и истите се затворија.Сепак ние го

задржавме центарот и тој продолжи да работи, а заинтересираноста за истиот е голема и кај локалното

население.Сега бараме да се отвори и градинка затоа што имаме потреба од тоа.Околу 150 деца досега го

посетувале Центарот за ран детски развој а меѓу нив е мојот 4 годишен внук .Ќе настојуваме и понатаму,

односно ќе аплицираме за да добиеме градинка.Постојат одредени нормативи кои е предвидено да се

исполнат како услов за градинка.Ние веќе ги исполнуваме.Треба бројот на деца да не е помал од 20.Сега

имаме многу повеќе,а ако успееме да ја отвориме градинката бројот дополнително ќе се зголеми, затоа што

од соседните села се заинтересирани и сакаат да ги носат децата овде“ вели градоначалникот на општина

Новаци, Лазар Котевски.Имавме понуда

децата да се носат во една битолска

градинка но идејата беше отфрлена од

страна на родителите за тоа што на

локалните жители им е важно децата да

бидат блиску до домовите а сепак да

имаат можност за социјализација, вели

Котевски.„Јас бев иницијатор за ова затоа

што сакам нашите деца да излезат

едуцирани од овие краишта.Целта е да

бидат поподготвени кога ќе одат да се

школуваат во поголемите центри во

урбаните средини.Да нема разлика меѓу

децата од село и децата од град“ вели

градоначалникот Котевски.Цетарот за ран

детски развој „Бамби“опфаќа деца од 3

до 6 годишна возраст.„Целта е едукација,

стимулирање на раниот детски развој преку игра и забава.Но со активностите на центарот не се опфатени

само децата, туку и родителите.Со нив се дискутира на најразлични теми со кои се соочуваат секојдневно со

сопствените деца“ вели едукаторот Николина Лозановска.Центарот за ран детски развој „Бамби“ од Новаци

беше домаќин и на работната група за правата на децата која е формирана во рамките на собраниската

комисија за труд и социјална политика и во која членуваат пратеници на различни политички партии како и

претставници од Канцеларијата на УНИЦЕФ.Во текот на летото „Бамби“ беше реновирана благодарение на

грантот кој го доби од Мировниот корпус.

Page 14: Информатор на о.Новаци

14

Општина Новаци започна со поставување на новите тротоари

Општина Новаци продолжува со

градежните активности за подобрување на

комуналната инфраструктура на нејзина

територија. Деновиве се започна со

поставување на новите тротоари во

должина од 1 километар во с. Новаци.

„Продолжуваме со активностите со

несмален интензитет се додека ни

дозволуваат временските

прилики.Започнавме со поставување на

тротоарите од двете страни на улицата која

врви во средината на Новаци“ вели

градоначалникот на општина Новаци,

Лазар Котевски.

Средствата за овие градежни зафати се обезбедени од Буџетот на општина Новаци.

Новаци наскоро ќе ја добие првата бензиска пумпа

Општина Новаци конечно ќе ја добие првата

бензиска пумпа на своја територија, објект кој по

изградбата ќе биде од голема корист за мештаните

на општината,кои за точење гориво за возилата и

земјоделската механизација се принудени да одат

до Битола.

„Станува збор за приватна инвестиција, а објектот

се гради на градежно земјиште со вкупна површина

од 1 099 метри квадратни.Општинската

администрација ги направи сите напори и ги

изготви сите документи во најкраток можен рок за

инвеститорот да започне со изградба. Земјиштето

беше во државна сопственост но на јавно

наддавање беше отуѓено од страна на Министерството за транспорт и врски.Бензиската станица има големо

значење затоа што оваа Општина се протега на голема површина, но нема ваков објект, а фрекфенцијата на

возила е голема. Оваа инвестиција е добредојдена во општина Новаци “ – рече градоначалникот Лазар

Котевски.

Бензиската пумпа е приватна инвестиција и се гради веќе неколку месеци, а за неколку недели се очекува и

свечено да биде пуштена во употреба.

Page 15: Информатор на о.Новаци

15

Инфо ден за спроведувањето и воведувањето на ЕУ Леадер пристапот во

Пелагонискиот регион

Сместувачки капацитети во

Мариово, Центар за обука на

земјоделци, Дневен центар за

грижа на стари лица, Обуки за

земјоделците, Откупни центри за

земјоделски производи се само

дел од идеите за проекти кои беа

споменати на Инфо денот за

спроведување и воведување на

ЕУ Леадер пристапот во

Пелагонискиот регион а со кои би

се аплицирало за средства од ЕУ

фондовите.

Целта на работилницата беше

информирање на населението за

предностите од здружување при решавање на заедничките проблеми во рамките на

ПеЛАГонија Леадер програмата.

Преку кратка презентација на присутните им се објасни суштината на проектот а преку

конкретни примери им се укажа на можностите кои ги нуди оваа иницијатива. На

средбата се утврдија

очекувањата од воведувањето

на ЛЕАДЕР пристапот и се

започна со креирање на идеи за

подобрување на условите во

руралните средини на регионот.

ЛЕАДЕР претставува иновативен

пристап во рамките на

политиката на ЕУ за рурален

развој и е важна компонента од

заедничката земјоделска

политика. ЛЕАДЕР е метода за

мобилизирање и остварување на

побрз и подинамичен рурален

развој во локалните

средини.Претставува еден вид

алатка за поттикнување на луѓето од руралните средини да изнајдат нови начини за

заедничка работа со цел подобрување на квалитетот и условите за живот.

Проектот првично ќе трае 1 година со можност за продолжување за уште 3 години.Пилот

проектите ќе започнат да се реализираат во првиот квартал од 2013 година.Во

Република Македонија ќе може да се формираат околу 20 ЛАГ-ови кои ќе имаат можност

да аплицираат за околу 200 000 евра по локална акциона група.

Page 16: Информатор на о.Новаци

16

Градоначалникот Котевски на средба со претставници на комуналното претпријатие

„ Пела Хигиена“

Решавање на тековни работи и

проблеми, начинот на собирање и

одлагање на комуналниот смет,

одржувањето на локалните водоводи

и вклучувањето на заедничкото

комунално претпријатие на Новаци и

Могила „ Пела Хигиена “ во есенската

акција „ Ден на дрвото-засадија

својата иднина“ беа само дел од

дискусиите на денешната средба на

градоначалникот на општина Новаци

Лазар Котевски и претставниците на

комуналното претпријатие.

„Денеска разговараме за

досегашната работата на

заедничкото комунално претпријатие „ Пела Хигиена“ но и ги планираме активностите за наредниот период,

начинот на кој ќе се одржуваат локалните водоводи, собирањето на комуналниот отпад и се разбира она

што овие денови е најактуелно односно вклучувањето на ова претпријатие во есенската акција „ Ден на

дрвото-засади ја својата иднина“. – рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Заедничкото комунално претпријатие „Пела –Хигиена во моментот работи и на чистење на отворените

атмосферски каналчиња на територијата на општина Новаци.

„Го информиравме градоначалникот за нашата досегашна работа и моменталните активности.Една од нив е

и чистењето на отворените атмосферски каналчиња , кои во овој период од годината е многу важно да се

чисти и проодни со цел да ја собираат водата од врнежите и понатаму од снегот , со цел да се спречи

евентуална појава на поплави. Исто така го информиравме за активностите кои ги преземавме во минатиот

период околу санација на локалните водоводи и отстранување на постојните дефекти за да можат жителите

непречено да се снабдуваат со вода.“ рече директорот на комуналното претпријатие „ Пела Хигиена“ Горан

Велјановски.

Преку комуналното претпријатие „ Пела Хигиена“ моментално во општина Новаци се ангажирани 12

сезонски работници кои се грижат за чистотата во општината.

Page 17: Информатор на о.Новаци

17

„Бамби“ ја посетија членовите од собраниската работна група за правата на децата

Центарот за ран детски развој „Бамби“ од Новаци беше домаќин на работната група за правата на децата која е фромирана во рамките на собраниската комисија за труд и социјална политика и во која членуваат пратеници на различни политички партии како и претставници од Канцеларијата на УНИЦЕФ.

„ Сите деца треба да ги имаат истите можности и услови за развој без разлика дали живеат во рурална средина како што е вашата општина или пак се од град. Од она што го видов тука можам да кажам само пофални зборови за покажаниот интерес и грижа за најмалата популација.“ рече Цветанка Ивановска, пратеничка од СДСМ , член на работната група за правата на

децата при собраниската Комисија за труд и социјална политика.

Членовите од собраниската работна група за правата на децата се интересираа за се што е поврзано со работата и функционирањето на Центарот , вели едукаторот Николина Лозановска.

„ Поставуваа многу прашања за начинот на работа, за почетоците , колку деца поминале низ Центарот за едукативен развој во изминатите 8 години, кои се едукаторите , какво е нивното образование и искуство, програмата по која се работи, стручното усовршување на едукаторите и слично“ вели едукаторот во Центарот „ Бамби“ ,Николина Лозановска.

По посетата на „ Бамби“ членовите на работната група остварија средба со градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски, кој ги информираше за сите проекти, активности ,несебичната поддршка и залагање на општината со цел да им се овозможи непрекинато работење на Центарот.

„Општината и надвор од границите на своите можности се труди на најмалата популација да им обезбеди соодветни услови за стимулирање на нивниот развој, што всушност претставува наш приоритет.Ова е еден вид наш влог за нивна подобра иднина. Мојата желба е децата од општина Новаци да можат да се соочат со сите предизвици со кои ќе се сретнат кога ќе излезат од границите на нашата општина во руралните центри.“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Целта на посетата на членовите од собраниската работна група за правата на децата е запознавање со активностите и предизвиците со кои се соочува Центарот за ран детски развој непосредно пред собраниското разгледување на измените на Законот за заштита на децата, кој треба да овозможи воведување на Центрите како алтернатива на градинките во руралните средини.

Page 18: Информатор на о.Новаци

18

Четврта работилница за пренос на знаење за паарно греење на Новаци и Битола

Администрацијата на општина Новаци присуствуваше на четвртата работилница „Трансфер на технологијата за инсталирање и работење на мрежа за централно греење“ во рамките на проектот ТЕЛЕТЕРМ. Целта е подигнување на степенот на знаење на граѓаните за значењето на овој проект и размена на знаења и искуства со грчките партнери кои веќе ја имаат спроведено топлификацијата..

Проф.д-р Игор Неделковски имаше свое излагање за паметните мрежи и нивната енергетска ефикасност.

„Стариот систем на електрични мрежи е веќе застарен и потребно е да се модернизира, бидејќи потрошувачката на струја е се поголема заради што се јавуваат испади во електричната мрежа, варира напонот кој пак предизвикува оштетување на електричните апарати.Затоа е потребно инсталирање на нови линии а еден вид од нив се и паметните мрежи, чија суштина е електричната енергија да се дистрибуира преку системот на најекономичен и најефикасен начин, што ќе доведе до помали сметки за електрична енергија а со самото тоа и за топлинска енергија“ рече проф.д-р Игор Неделковски од Техничкиот факултет Битола.

Проф. д-р Зоре Анѓелевски го изложи своето стручно мислење за тоа каде ќе се инсталираат гранките на топловодот од РЕК низ Новаци па се до Битола.

„Едниот крак на топловодот ќе започне од РЕК , низ Новаци па ќе врви на улицата Иван Милутиновиќ и ќе заврши кај Васко Каранѓелевски.Другиот крак ќе врви низ новата улица Железничка па низ Партизанска.Инсталациите ќе бидат поставени под тротоарите со што ќе се избегне раскопувањето на улиците. Сметаме дека овие две мрежи ќе бидат доволни да се снабдуваме со топлинска енергија.Се разбира дека на улицата Васко Каранѓелевски ќе треба да се постават изменувачки станици за да може со топлинска енергија да се снабдуваат населбите:Баир и Брусничко-лавчанска населба.“ рече Проф.д-р Зоре Анѓелевски, од Техничкиот факултет Битола.

На работилницата беше промовирано второто ДВД издание од досегашните активности на проектот. До крајот на оваа година ќе се реализира уште едно стручно предавање а домаќин ќе биде општина Новаци.

До март 2013 година општина Битола треба да ја изработи техничката студија а веќе е во тек тендерската процедура.

Проектот за пренос на знаење за централно греење на Новаци и Битола го реализираат овие две општини а како партнер од грчка страна се јавува општинската организација за централно греење за поширокиот регион на Аминтео, ДЕТЕПА.Финансиран е од ИПА програмата за прекугранична соработка.

Page 19: Информатор на о.Новаци

19

Детски театар во општина Новаци

Општина Новаци беше домаќин на детскиот театар БАБЕЦ од Битола чии членови ја изведоа детската претставата „ Пријателство“ за дечињата од 7-те училишта и игротеката БАМБИ.

„ Најголемо задоволство ми причинува што моите најмлади жители денес ќе можат да уживаат во детската претсава, ќе се дружат меѓусебе и ќе склопат нови пријателства. Уште посреќен сум заради фактот дека на најмладите им овозможивме да гледаат театарска претстава која ретко се случува во руралните средини , што им овозможивме можеби да го направат првиот допир со театарската уметност . Иако ова е прв пат Детскиот тетар да учествува и да биди гостин во нашата општина , ветувам дека нема да биде последен , дека отсега понатаму ќе

правиме уште вакви манифестации, и тоа не само за најмладите , туку и за повозрасната популација на општина Новаци. Општина Новаци посветува големо внимание на најмладите жители ,ние интензивно ги помагаме училишта во нашата општина ,ги реновиравме скоро сите подрачни училишта и игротеката Бамби ,обезбедивме нови печки за подобро издржување на екстремната зима и за создавање на попријатна атмосфера за работа ,отворивме училиште во с.Рапеш за 5 те деца кои претставуваат гордост на општината бидеќи значат заживување на мариовскиот крај а тоа е една од нашите основни цели и приоритет ,започнавме со изградба на монтажно училиште во с.Долгобевци за кое ни помогна Министерството за образование,изградивме ракометни и фудбалски игралишта скоро во секое село со цел да придонесиме за правилен раст и развој на нашите младина , за таа цел во изградба е и тениското игралиште во с.Добромири . Продолжуваме со истото темпо и во наредниот периот се со цел да им овозможиме на нашите жители исти услови за живот како и во градските општини.“

рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Се радувам што гледа толкава голема масовност истакна, директорката на ЦРППР, Емилија Ѓероска

„Многу ми е мило што оваа наша активност е добро прифатена и наиде на толкава голема заинтересираност и масовнос.Се надевам дека и догодина повторно ќе се дружиме во рамките на овие регионални денови на културата“ рече директорката на ЦРППР, Емилија Ѓероска .

Активноста ја организира Центарот за развој на пелагонискиот плански регион, Министерството за култура и НУ Центар за култура Битола во рамкиите на Регионалните денови на културата 2012.

Училиштата во општина Новаци добија

нови печки

10 нови печки со на тврдо гориво набави општина Новаци за потребите на седумте подрачни училишта кои се под нејзина надлежност.Претходно беа купени и дрва за целата грејна сезона, вели градоначалникот Лазар Котевски.

„Поради дотраеност на старите, купивме нови печки за дрва и потребната опрема за истите да се стават во функција, со средства од буџетот на општината. Ние постојано им помагаме претходно купивме дрва за целата грејна сезона а сега и овие 10 печки кои ќе бидат распределени во зависност од потребите во 7-те подрачни училиште кои се под наша надлежност:Живојно, Бач, Гермијан, Новаци, Рибарци,

Горно Агларци, Добромири и Рапеш.“Основното училиште „Славко Лумбарковски“ во Новаци ќе се грее на паарно греење.

Page 20: Информатор на о.Новаци

20

Далбеговци ќе добие монтажно училиште

13 ученици од прво до петто одделение од

новачкото село Далбеговци, наставата ќе ја следат

во своето родно место по завршувањето со

изградбата на монтажното училиште.Бетонското

плато на кое ќе биде поставено училиштето е веќе

готово а за месец дена се очекува да се започне со

монтирањето, вели градоначалникот на општина

Новаци, Лазар Котевски.

„Ние ја завршивме нашата обврска и со наши

средства ја изградивме бетонската платформа со

сите потребни комунални потреби како што се

струја, вода , канализација и сл.За месец дена

очекуваме да се започне со монтирањето на училиштето кое е донација од Министерството за образование и

наука.“ вели градоначалникот Котевски.

Новото монтажно училиште е одговор на барањето на родителите да се изгради училиште за да се спречи

секојдневното патување на децата по 3 км со секакви временски непогоди .

„ Исто така барањето се заснива и на зголемениот број на ученици, а сегашните 13 настава посетуваат во

соседното село Дедебалци кое се наоѓа во општина Могила.Според статистичките податоци во учебната

2012/2013 година во далбеговци ќе има 12 ученици кои треба да учат во ова населено место а останатите

ученици од 6 до 9 одделение ќе бидат превезувани во новаци со превоз обезбеден од општината со

училишно комби и автобус кое ние донација од Владата на РМ .“ вели Котевски.

Отворањето на подрачното училиште во с.Далбеговци во општина Новаци ќе помогне за развој на образованието и ќе овозможи да се развие ефективно образование кое ќе располага со механизми за подготовка на младите и возрасните за сите промени и предизвици со кои ќе се соочат во иднина, со што би се спречила миграцијата од општината

Градоначалникот Котевски на средба со

жителите на Бач и Живојно

Сакаме редовна посета на лекар два пати неделно,

изградба на детски парк, канализација,асфалтирање

на патот до манастирот во Скочивир и регулирање на

редовноста на превозот до Битола, беа барањата на

жителите на селата Бач и Живојно на синоќешната

средба со градоначалникот на општина Новаци, Лазар

Котевски.„ Ова е моја редовна практика на определен

временски рок да ги посетам селата кои спаѓаат под

општина Новаци, да остварам средба со нивните

жители, да поразговарам со нив со цел да се

запознаам со нивниот живот, потребите и проблемите

со кои се соочуваат. Сите барања кои денеска ги

слушнав се разумни. Приоритетно ние да го решиме проблемот со здравствената заштита,да им овозможиме

да имаат доктор на располагање барем два пати неделно. Во Бач имаме амбуланта која пред извесен

период ја реновиравме но нема доктор затоа што не му е исплатливо да доаѓа. Ќе побараме оваа област да

се се прогласи за погранична зона и со тоа да се зголеми висината на средства кои ги дава државата со цел

да му се исплаќа на лекарот да доаѓа редовно во селото“ рече градоначалникот Котевски.Исто така

општината ќе се залага и за решавање на проблемот со превозот , веќе разговарале со концесионерите и се

надеваат дека проблемот ќе биде решен со цел жителите на Бач и Живојно да имаат редовна линија до

Битола.„Сите барања на жителите се разумни и оние кои се во надлежност на општината ќе бидат

реализирани во најскоро време а за другите барања ќе бараме начин како истите да ги исполниме“ рече

градоначалникот на општина Новаци , Лазар Котевски.Општина Новаци започна со подготовка на Буџетот за

2013 година, па редовна практика на градоначалникот Лазар Котевски е да оствари средба со жителите на

селата кои се под негова јурисдикција и да ги сослуша нивните потреби и барања.

Page 21: Информатор на о.Новаци

21

Општина Новаци покровител на првенчето „ Лулки од стремеж“ на Елизабета Јончиќ

Во Националната установа универзитетска библиотека

„Св.Климент Охридски“ во Битола во присуство на

мноштво гости, беше промовирана првата стихозбирка

„ Лулки од стремеж“ на авторката Елизабета Јончиќ од

Новаци.Покровител на книгата е градоначалникот на

општина Новаци, Лазар Котевски.

„ Чест ми е што сум дел и покровител на еден ваков

убав настан, како што е промоцијата на првата книга

која носи наслов „ Лулки од стремеж“ на нашата

сожителка Елизабета Јончиќ.Морам да признам дека

сум пријатно изненаден што во општина Новаци имаме

вакви таленти кои своите мисли ги преточиле во убави

песни и ги крунисале со една ваква убава

книга .Општина Новаци во рамки на своите можности

им помага и ќе продолжи да им помага на сите талентирани жители кои ќе сакаат својот талент да го извадат

на виделина. И посакувам успех на Елизабета Јончиќ и се надевам дека нема да застани тука и дека

нејзиниот творешки опус ќе биде збогатен со уште многу, многу книги во иднина. “ рече градоначалникот на

општина Новаци, Лазар Котевски.

Во своето обраќање до присутните градоначалникот

Котевски изрази уверување дека Елизабета Јончиќ ќе

биде пример и поттик за другите жители на општина

Новаци кои имаат талент да не го кријат туку да го

извадат на виделина.

Книгата „Лулки од стремеж“ е само почеток на мноштвото

книги кои ќе следат рече младата поетеса Елизабета

Јончиќ.

„Немам зборови со кои би ја опишала неизмерната среќа која што денеска ја чувствувам.Би сакала да им се

заблагодарам на моето семејство, на сите кои ми помогнаа да го остварам овој мој сон а пред се да изразам

голема благодарност до градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски кој ми помогна да ја издадам

книгата“ рече авторката Јончиќ.

Книгата песни претходно беше промовирана и во општина Новаци.

Page 22: Информатор на о.Новаци

22

ЦОУ„Славко Лумбарковски“ од Новаци пилот училиште за електронско екстерно

училиште

Централното основно училиште „ Славко

Лумбарковски“ од с.Новаци е избрано за

пилот училиште каде во текот на месец

декември оваа година Државниот испитен

центар во соработка со Министерството

за образование и наука и Министерството

за информатичко општество и

администрација на РМ, ќе организира и

спроведе електронско-екстерно

тестирање.

„Нашето училиште е избрано за примерок

за пилот тестирање.Со цел истото да

биде успешно, од нас е побарано да

направиме проверка на веродостојноста

на податоците за учениците и наставниците кои се внесени во ЕМИС и ние тоа ќе го направиме во најкус

можен рок.Известени се сите наставници и веќе започнавме со подготовките за електронското тестирање“

вели директорката на ЦОУ„Славко Лумбарковски“ Ана Котевска Вељановска.

Екстерно тестирање, електронска државна матура, бесплатни пораки за информации од Електронскиот

дневник, тестови за личноста за нововработените наставници како и воведување тестови за откривање на

афинитетите за учениците се само дел од новините што ќе се воведат во оваа учебна година.

Изложба на фотографии за животот на Евреите од Централна Европа Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски присуствуваше на изложбата на фотографии „ Меморија за Евреите “,првиот културен проект на новоотворениот унгарски конзулат.Целта на изложбата е преку фотографии да се прикаже животната приказна и секојдневието на Евреите од Централна Европа. „Секогаш кога има повод и имам покана за некоја културна манифестација јас ја посетувам, а оваа изложба претставува почеток на богатата у плодна соработка која општина Новаци ќе ја има со унгарската амбасада и новоотворениот унгарскиот конзулат “ рече градоначалникот на општина

Новаци, Лазар Котевски. На изложбата беше присутен и амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија,Јозеф Бенце кој потоа оствари средба со градоначалникот Котевски во општина Новаци. „Оваа изложба на слики е изложена во Меморијалниот центар на Евреите, а нашата амбасада има чест да ја донесе овде во оваа културна институција за прв пат. Не смееме да заборавиме дека тука беше домот на многу евреи врз кои беше извршен геноцид “ рече амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија,Јозеф Бенце.

Page 23: Информатор на о.Новаци

23

СЕРВИСНИ ТЕЛЕФОНИ

Општина Новаци тел/факс: 20 30 60

Матично одделение с.Новаци: 282-114

Амбуланта с.Новаци:282-870

Полициска станица с.Новаци:282-122

ОУ„Славко Лумбарковски“-с.Новаци тел:282-446, факс:203-480

Итна медицинска помош 194

Пожар и елементарни непогоди 193

Центар за известување и тревожење 195

Пријавување корупција 0800 10 100

--------------------------------------------------------------