Процедура За Прием На Суровини

3
СТАНДАРДНИ ОПЕРАТИВНИ ПРОЦЕДУРИ ПРОЦЕДУРА ЗА ПРИЕМ НА СУРОВИНИ Цел: Да се потврди дека храната се приме свежа и безбедна кога влегува во угостистеската операција и правилно да се складира храната колку што е можно побрзо. Кому е наменета?: Оваа процедура е наменета на вработените кои ракуваат со, подготвуваат или сервираат храна. Инструкции: 1. Обучете ги вработените да ги користат стандардните оперативни процедури. 2. Почитувајте ги државните закони применливи за храна. 3. Направете распоред на прием во точно определено време за време на работата. 4. Подгответе листа на добавувачи, вклучувајќи имиња, ден и време на испорака и имиња на возачите. 5. Подгответе политика на враќање на суровините за да се осигура навремено, точно, конзистентно и ефективно враќање на одбиената суровина. 6. Организирајте го просторот во фрижидерот, разни елементи за чување или магацините пред прием. 7. Подгответе ги листата на спецификации и редот на прием, Записите за температура, калибрираните инструменти, пенкала, светилки и чисти колички за прием пред прием. Следете ја Процедурата за употреба и калибрирање на термометри. 8. Чувајте го просторот за прием чист и добро осветлен. 9. Не ја допирајте храната Готова за јадење со раце. 10. Одредете дали храната ќе биде означена со датата ба прием или со рокот на употреба и означете ја на испратницата. 1

Upload: -

Post on 16-Feb-2016

267 views

Category:

Documents


0 download

DESCRIPTION

Процедура За Прием На Суровини, слободно за штампа и исто така уживајте :D

TRANSCRIPT

Page 1: Процедура За Прием На Суровини

СТАНДАРДНИ ОПЕРАТИВНИ ПРОЦЕДУРИ

ПРОЦЕДУРА ЗА ПРИЕМ НА СУРОВИНИ

Цел: Да се потврди дека храната се приме свежа и безбедна кога влегува во угостистеската операција и правилно да се складира храната колку што е можно побрзо.

Кому е наменета?: Оваа процедура е наменета на вработените кои ракуваат со, подготвуваат или сервираат храна.

Инструкции:1. Обучете ги вработените да ги користат стандардните оперативни

процедури. 2. Почитувајте ги државните закони применливи за храна.3. Направете распоред на прием во точно определено време за време

на работата. 4. Подгответе листа на добавувачи, вклучувајќи имиња, ден и време на

испорака и имиња на возачите.5. Подгответе политика на враќање на суровините за да се осигура

навремено, точно, конзистентно и ефективно враќање на одбиената суровина.

6. Организирајте го просторот во фрижидерот, разни елементи за чување или магацините пред прием.

7. Подгответе ги листата на спецификации и редот на прием, Записите за температура, калибрираните инструменти, пенкала, светилки и чисти колички за прием пред прием. Следете ја Процедурата за употреба и калибрирање на термометри.

8. Чувајте го просторот за прием чист и добро осветлен.9. Не ја допирајте храната Готова за јадење со раце.10. Одредете дали храната ќе биде означена со датата ба прием или

со рокот на употреба и означете ја на испратницата.11. Пренесете ја храната до соодветните места колку што е можно

побрзо.12. Извршете инспекција на возилото за испорака кога ќе пристигне за

да потврдите дека тој е чист, без мирис на распаѓање, и така организиран што ќе превенира вкрстена контаминација. Осигурајте се дека оладената храна се носи во возило со систем за ладење.

13. Проверете ја внатрешната температура на возилото со систем за ладење.

14. Потврдете го името на добавувачот, датата и времето на испорака, како и идентификацијата на возачот пред преимот на суровината. Ако името на возачот е различно од она на листата на добавувачи, веднаш контактирајте го добавувачот.

1

Page 2: Процедура За Прием На Суровини

15. Проверете ја замрзнатата храна за да се потврди дека сите цврсти материи се замрзнати и нема знаци на одмрзнување, како присуство на големи кристали мраз или течност на дното на картонот или кутијата.

16. Проверете ја температурата на оладената храна:А. За свежо месо, риба и производи од живина, внесете чист и

дезинфициран термометар во центарот на производот за да се потврди дека има температура од 5ºC или помалку. Температурата на млекото треба да биде 7 ºC или помалку.

Б. За спакуваните производи, внесете термометар за храна меѓу две пакувања внимателно да не се оштети амбалажата. Ако температурата надмине 5ºC, можеби ќе биде потребно да се измери внатрешна температура пред приемот на производот.

В. За јајца, внатрешната температура на возилото треба да биде 7 ºC или помалку.

17. Проверете ги датите на млекото, јајцата и други расипливи добра за да се осигура безбедност и квалитет.

18. Проверете го интегритетот на амабалажата.19. Проверете ја хигиената на гајбите и останатите амбалажи за

растоварање пред приемот на производот. Вратете ја храната која е доставена во валкани гајби.

Корективни акции:1. Обучете го повторно секој вработен кој е забележано дека не

постапува согласно оваа процедура.2. Одбиете ја и вратете ја следната храна: Замрзната храна со знаци на одмрзнување Конзерви со знаци на оштетување, како влажни краеви и страни,

оштетен капак, вдлабнувања и рѓа. Оштетена амабалажа Храна со поминат рок на употреба Храна која е надвор од безбедната температурана зона или е

неприфатлива според воспоставената политика за одбивање.

ВЕРИФИКАЦИЈА И ЧУВАЊЕ ЗАПИСИ:Запишете ја температурата и корективната акција на испратницата или

на Записот за прием. Менаџерот ќе потврди дека вработените вршат прием по пат на правилна процедура со визуелен мониторинг на практиките на прием за време на смената и преку разгледување на Записот за прием на крајот на секој ден. Записите за прием треба да се чуваат минимум 1 година.

Дата на имплементација: од:Дата на разгледување: од:Дата на ревизија: од:

2

Page 3: Процедура За Прием На Суровини

3