КОДЕКС ЗА НОВИНАРИ И МЕДИУМИ ПРИ ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СЛУЧАИ...

3
КОДЕКС ЗА НОВИНАРИ И МЕДИУМИ ПРИ ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СЛУЧАИ НА СЕКСУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕЦА И ПЕДОФИЛИЈА Овој кодекс содржи збир од усвоени начела кои новинарите и медиумите треба да ги почитуваат при известување за насилство врз децата, особено при случаи на сексуална злоупотреба на деца и педофилија. Овој Кодекс е изготвен врз принципите на Конвенцијата за правата на детето на Обединетите Нации и другите меѓународни документи кои се однесуваат на правата на детето. КОДЕКС ЗА НОВИНАРИ И МЕДИУМИ ПРИ ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СЛУЧАИ НА СЕКСУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕЦА И ПЕДОФИЛИЈА КОДЕКС Заштита на приватноста, идентитетот и интегритетот на детето 1. Новинарите и медиумите секогаш треба да имаат предвид дека информирањето на несоодветен начин може да остави трајни последици во животот на детето и секогаш треба да водат грижа за неговиот најдобар интерес. 2. Новинарите и медиумите секогаш треба да ја заштитуваат приватноста на детето од неразумно и сензационалистичко известување во јавноста. 3. Новинарите и медиумите секогаш треба да имаат предвид дека заштитата на приватноста на детето има предност пред важноста на информацијата и дека правата и интересите на децата уживаат поголема заштита од правата и интересите на останатите инволвирани во случајот. 4.

Upload: first-childrens-embassy-in-the-world

Post on 17-Feb-2017

76 views

Category:

Education


4 download

TRANSCRIPT

Page 1: КОДЕКС ЗА НОВИНАРИ И МЕДИУМИ ПРИ ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СЛУЧАИ НА СЕКСУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕЦА И ПЕДОФИЛИЈА

КОДЕКС ЗА НОВИНАРИ И МЕДИУМИ ПРИ ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СЛУЧАИ НА СЕКСУАЛНА

ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕЦА И ПЕДОФИЛИЈА

Овој кодекс содржи збир од усвоени начела кои новинарите и медиумите треба да ги

почитуваат при известување за насилство врз децата, особено при случаи на сексуална

злоупотреба на деца и педофилија.

Овој Кодекс е изготвен врз принципите на Конвенцијата за правата на детето на Обединетите

Нации и другите меѓународни документи кои се однесуваат на правата на детето.

КОДЕКС ЗА НОВИНАРИ И МЕДИУМИ ПРИ ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СЛУЧАИ НА СЕКСУАЛНА

ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕЦА И ПЕДОФИЛИЈА

КОДЕКС

Заштита на приватноста, идентитетот и интегритетот на детето

1.

Новинарите и медиумите секогаш треба да имаат предвид дека информирањето на

несоодветен начин може да остави трајни последици во животот на детето и секогаш треба да

водат грижа за неговиот најдобар интерес.

2.

Новинарите и медиумите секогаш треба да ја заштитуваат приватноста на детето од неразумно

и сензационалистичко известување во јавноста.

3.

Новинарите и медиумите секогаш треба да имаат предвид дека заштитата на приватноста на

детето има предност пред важноста на информацијата и дека правата и интересите на децата

уживаат поголема заштита од правата и интересите на останатите инволвирани во случајот.

4.

Page 2: КОДЕКС ЗА НОВИНАРИ И МЕДИУМИ ПРИ ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СЛУЧАИ НА СЕКСУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕЦА И ПЕДОФИЛИЈА

Новинарите и медиумите секогаш треба да го заштитуваат идентитетот, интегритетот и

приватноста на детето при известување во случај на сексуална злоупотреба на деца и

педофилија, на начин што нема да го обелоденуваат, откриваат или објавуваат идентитетот на

децата инволвирани во овие случаи, без разлика дали се јавуваат како жртви или сведоци.

5.

Новинарите и медиумите секогаш треба да употребуваат специјални техники за презентирање

на инволвираните во случајот, односно, нема да ја идентификуваат жртвата на сексуална

злоупотреба или да објавуваат податоци кои би можеле да придонесат за некаква

идентификација на детето жртва.

Тие никогаш нема да покажуваат слика на детето на начин на кој може да биде препознаено

од другите. Тие нема да ја именуваат куќата во која живее, или установата во која што учи или

е згрижено детето. Детали за опис на сексуалниот чин или извршеното насилство врз детето се

објавуваат само кога е заштитен идентитетот на детето - жртва.

6.

Новинарите и медиумите никогаш не треба да земаат изјава од дете жртва.

7.

Новинарите и медиумите нема да фотографираат или интервјуираат деца жртви или деца

сведоци. Од родителите/старателите (членови на семејството со полна деловна способност)

може да се зема изјава, но повторно да се внимава на заштитата на приватноста, идентитетот

и интегритетот на семејството и на детето.

8.

Новинарите и медиумите секогаш треба да водат посебна грижа за децата сведоци и да не ги

стават во опасност истите при објавување на настан.

Прибирање информации и изјави од сите релевантни институции

9.

Новинарите и медиумите секогаш треба да објавуваат добро проверена информација.

Информацијата, доколку е можно, би требало да биде поткрепена со официјални изјави од

соодветни институции (училиште, министерства, центри за социјалана работа, народен

правобранител, јавно обвинителство, здравствени установи, суд, граѓански организации и

други институции).

10.

Новинарите и медиумите секогаш треба да спроведуваат истражувачко новинарство, да се

следи случајот до крај, да се информира за крајниот резултат и да се бара одговорност од

Page 3: КОДЕКС ЗА НОВИНАРИ И МЕДИУМИ ПРИ ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СЛУЧАИ НА СЕКСУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕЦА И ПЕДОФИЛИЈА

соодветните субјекти со цел поефикасно решавање на случаите како една од формите за

заштита на правата на детето.

11.

Новинарите и медиумите секогаш треба да истражуваат и известуваат за положбата на децата

и да ги побараат и лоцираат причините кои довеле до каков било вид на сексуална

злоупотреба на детето.

12.

Новинарите и медиумите секогаш треба да ја испитуваат работата на надлежните институции и

доколку утврдат пропуст задолжително да го објават и да инсистираат на одговорност.

13.

Новинарите и медиумите го креираат јавното мислење, затоа треба да ги мобилизираат

институциите, родителите и граѓаните во функција на заштита на децата и заложби за

решавање на проблемот.

14.

Новинарите и медиумите преку, написи, емисии и прилози треба да ги поттикнуваат децата-

жртви или сведоци, да го препознаат и пријават сексуалното насилство и злоупотреби.

15.

Новинарите и медиумите секогаш треба да се грижат за правилна примена на овој Кодекс, а со

тоа да придонесат во превенција на појавата.

16.

Новинарите и медиумите секогаш треба да ја почитуваат пресумцијата на невиност на

осомничениот додека е во фаза на истрага.

Секојдневието и промените налагаат Кодексот да не биде конечен. Тој понатаму може да се

усовршува и дополнува во духот на начелата прифатени и проверени во однос на

професионалната етика на новинарите во Република Македонија.

2009-2012 Кодексот е изготвен од страна

на

Првата детска амбасада во светот

Меѓаши

Во соработка со новинари од

повеќе медиумски куќи во Македонија