Децата се потенцијални жртви на сексуална...

4

Click here to load reader

Upload: first-childrens-embassy-in-the-world

Post on 17-Feb-2017

19 views

Category:

Education


3 download

TRANSCRIPT

Page 1: Децата се потенцијални жртви на сексуална злоупотреба, родители отворете очи за нивна заштита!

Децата се потенцијални жртви на сексуална злоупотреба, родители отворете очи за нивна

заштита!

Фактор 31 јули 2016

Секое дете може да биде потенцијална жртва и многу лесно може да западне во раце на

злоставувачи. Сексуалната злоупотреба над детето е особено трауматична за детето, оставајќи

далекусежни последици врз севкупниот раст и развој. Заштита на приватноста, идентитетот и

интегритетот на детето во сите случаи кога детето е жртва на педофилија и сексуална

злоупотрeба е прв приоритет и на родителите и на институциите кои треба да помогнат во

процесот на рехабилитација од ова болно и трауматично чувство- вели за Фактор, м-р Драги

Змијанац- претседател и основач на Првата детска амбасада во светот # МЕЃАШИ.

Децата додава # Змијанац, многу често со години ја кријат и не ја пријавуваат сексуалната

злоупотреба или вознемирување кои оставаат трајни последици во животот на детето и

секогаш треба да се води грижа за детето што е неговиот најдобар интерес.

“Заштитата на приватноста на детето има предност пред важноста на информацијата и

потребата да се мобилизира јавноста дури и со најдoбри намери да се осудат сторителите на

овие грозни кривични дела кои оставаат траен печат кај децата.Сексуалната злоупотреба го

нарушува психосексуалниот развој кај детето, се чувствува хиперсексуализирано однесување и

пројавува сексуална инхибиција. Особно е трауматично кај детето кога сторителот на

сексуалната злоупотреба над детето е познаник, некој кому детето му верува”- нагласува

првиот човек на Меѓаши.

Податоците според него говорат дека 80% и 90% од сексуалните злоупотреби ги прават луѓе

кои на децата им се познати и блиски.

“Кога децата се жртви на сексуална злоупотреба треба да бидеме многу вниамтелни во однос

на тоа како возрасните го изразуваат шокот, сомневањето, гадењето од слушнатото за тоа што

му се случило на детето. Постапката за рехабилитација со детето жртва на сексулана

злоупотреба треба да ја водат стручни лица и првите 48 часа се многу важни како се постапува

Page 2: Децата се потенцијални жртви на сексуална злоупотреба, родители отворете очи за нивна заштита!

со детето. Погрешни постапки може да доведат дури и до агресија кај детето, да изразуваат

срам или повеќе да не сакаат да зборуваат со стручното лице за тоа што му се случило. Една

изјава е сосема доволна за да се покрене постапка во докажување на вината на осомничениот.

А осомничениот мора да е во притвор се до конечна пресуда на судот. Често кога

осомничениот е на слобода знае да врши притисок на детето жртва и истото да ја смени

првичната изјава”- потенцира Змијанац.

ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ поаѓа од превенциските стратегии кои

произлегуваат од детските способности, а не од ограничувањето на детските активности и

очекувања дека родителите можат во секој момент да бидат покрај своите деца и да ги

надгледуваат. Почива на ставот дека децата треба да се поучат што можат сами да сторат ако

се најдат во опасна ситуација и со кого за тоа можат да разговараат.

“Мораме да знаеме дека пријавените случаи на сексуална злоупотреба на децата го

прекинуваат маѓепсаниот круг на насилство и помагаат за спречување на понатамошната

виктимизација. Со тоа што ќе пријавиме, ќе говориме и ќе признаеме дека се случува

сексуална злоупотреба над децата во општеството ние ќе ја зголемиме одговoрноста кон

децата и нивната заштита. Ќе ја мобилизираме заедницата не само да се згрозува и реагира

туку и да води сметка за поголема превенција и заштита на децата од сесксуална злоупотреба.

Но самиот процес на рехабилитација е трауматичен за детето бидејќи со секое испитување кое

се врши жртвата се потсетува за случајот. Со детето треба да работи тим на психолог, педагог и

социјален работник во процесот на рехабилитација на детето”- објаснува претседателот на

Меѓаши.

Превенцијата како што вели е клучна за заштита на децата од педофилија и сексуална

злоупотерба или да ги научиме како да се замозаштитат ако се најдат во таква ситација. Децата

вели треба јасно и гласно да му кажат не на оној/онаа кој/а се обидува да ги допира, загрози

или се обиде да ги силува.

“Децата ако се најдат во опасност да побегнат на најблиско сигурно место, да побараат помош

од возрасни лица, силно да врискаат, бараат помош, можеби некој ќе ги слушне и ќе помогне.

Децата треба да бидат секогаш на сигурна одалеченост кога разговараат со непознати лица и –

никогаш да не прифаќаат подароци, ветување, понуди за услуга која од нив бара влегување во

автомобил или стан на непозната личност. Децата треба да знаат дека имаат право на

приватност и на својот простор и над своето тело и никој не смеа да ги допира и вознемирива.

Ако на детето му е позната возрасна личност и чудно се однесува или несоодветни предлози,

го збунува детето со своите барања треба да се отргне на време од таа возрасна личност и да

им кажат на родителите или најблиските на кои им веруваат за тоа што му се случило на

детето”- вели Змијанац.

Родителите според него треба да се вклучени во креирање јавното мислење бидејќи тие

најдобро знаат низ какви тешкотии и проблеми минуваат нивните деца. Тие треба да ги

мобилизираат институциите, да бараат одговорност ако има нефункционалност од нивна

страна, да се залагаат за построги казни кон педофилите и да бараат и медимите,

институциите и граѓаните да бидат во функција на заштита на децата и заложби за решавање

на проблемот.

Page 3: Децата се потенцијални жртви на сексуална злоупотреба, родители отворете очи за нивна заштита!

“Родителите вели можат многу да помогнат ако бараат и се вклучат во организрани форми за

едукација на децата за заштита и превенција од педофилија и сексуална злоупотреба уште од

предучилишно и основно образование. Да се јавуват како промотори за подигање на јавната

свест за проблемот. Да застапуваат подобри услови за прифаќање на деца жртви од сексуална

злопотреба во прифатилишта за таа намена, залагање и застапување за построго

санкционирање на педофилите. Но, секогаш во најдобар интерес на детето сочувувајќи го

целосниот интегритет и дигнитет на детето.Тие исто така треба да инсистираат и барат јавна

дебата за решавање или ставање под контрола на оваа патологија кој ги жигосува децата за

цел живот. Но, откривањето на родителите на идентитетот на детето жртва може да го

повреди детето дополнително”-смета претседателот на првата детска амбасада.

Родителите и институциите кога постапуваат со детето жртва додава дека мора да внимаваат

на можната секундарна виктимизација. Секундарната виктимизација се однесува на

понатамошната виктимизација што не се појавила како директен резултат на кривичното дело,

туку преку постапување со жртвата од страна на институциите или поединците.

“На пример, може да се појави кога жртвата се присетува на настаните, при сведочење во

судот или во присуство на сторителот. Детето жртва бара посебна грижа. На детето му е

потребна родителската поддршка. Во тие тешки моменти на детето треба да му се каже е

сакано, дека ќе биде придружувано и поддржано”- потенцира Драги Змијанац.

Во Македонија секоја година 1000 лица стануваат жртви на разновидни полови напади.

Најчесто жртви се деца на возраст од 11 до 18 години. Извршители на овие тешки кривични

дела најчесто се татковците, роднините, пријателите или соседите кои често се познати на

децата велат од МВР.

Иако Собранието ги прифати предлозите на Првата детска амбасада Меѓаши како

долгогодишно застапување и лобирање за построго казнување на педофилите и воведување

на хемиска кастрација како превентивна мерка во намалување на рецидивизмот, досега во

Македонија ниту еден педофил не е хемиски кастриран. Според Управата за извршување

санкции хемиска кастрација нема ниту за еден педофил низ затворите затоа што судот не

изрекол таква мерка иако измените и дополнувањата на Законот се усогласени со Кривичниот

законик.

“ Она е важно да нагласам е дека со наше лобирање се внесоа измените во кривичниот

законик и се предвидува за кривичното дело обљуба на дете под 14 години, кај основниот

облик на педофилија, предвидуваат казната затвор наместо 8 години, да се зголеми на

најмалку 12 години. Кај квалификаторниот облик, за обљуба или друго полово дејствие врз

дете кое не наполнило 14 години, настапила тешка телесна повреда, смрт или друга тешка

последица, сега се предвидува минимална казна од 15 години затвор до доживотен затвор”-

објаснува Змијанац.

Полициските анализи како што вели покажуваат дека половите напади врз деца и

малолетници се околу две третини од вкупниот број сексуални деликти во Македонија и

потврдува дека секое дете може да биде потенцијална жртва и може лесно да западне во

раце на злоставувачи. http://faktor.mk/2016/07/31/detsata-se-potentsijalni-zhrtvi-na-seksualna-

zloupotreba-roditeli-otvorete-ochi-za-nivna-zashtita/

Page 4: Децата се потенцијални жртви на сексуална злоупотреба, родители отворете очи за нивна заштита!