МСС 7

49
Извештај за парични текови

Upload: babu

Post on 09-Jan-2016

71 views

Category:

Documents


8 download

DESCRIPTION

Извештај за парични текови. МСС 7. Информациите им користат на корисниците на финансиските извештаи за да можат да ја проценат можноста на ентитетот да генерира пари и парични еквиваленти и потребите на ентитетот за пари. - PowerPoint PPT Presentation

TRANSCRIPT

Page 1: МСС 7

Извештај за парични текови

Page 2: МСС 7

Информациите им користат на корисниците на финансиските извештаи за да можат да ја проценат можноста на ентитетот да генерира пари и парични еквиваленти и потребите на ентитетот за пари.

Дава информации за промените во нето средствата на ентитетот, неговата финансиска структура (вклучувајќи ја ликвидноста и солвентноста) и неговата способност да влијае врз износите и навременоста на паричните текови со цел да се адаптира на промените на условите и можностите.

Информациите за паричните текови се корисни при проценка на можностите на ентитетот да генерира пари и парични еквиваленти и да им овозможува на корисниците да изградуваат модели за проценка и споредба на сегашната вредност на идните парични текови на различни ентитети.

Се олеснува споредливоста во известувањето за оперативното работење на различни ентитети бидејќи се елиминираат ефектите од користењето на различни сметководствени постапки за исти сметководствени трансакции и настани.

2

Page 3: МСС 7

3

♦Делокруг и дефиниции

♦Структура на извештајот за парични текови

♦Специфични барања и обелоденувања

Page 4: МСС 7

4

Сите ентитети, без оглед на дејноста Сите ентитети, без оглед на дејноста мораат да презентираат извештај на мораат да презентираат извештај на парични текови како составен дел од парични текови како составен дел од неговите финансиски извештаинеговите финансиски извештаи

Паричен тек треба да се презентира за секој Паричен тек треба да се презентира за секој период за кој се презентираат период за кој се презентираат финансиските извештаи.финансиските извештаи.

Page 5: МСС 7

Пари: Пари во каса и депозити по видување

Парични еквиваленти: Краткорочни, високо ликвидни вложувања кои: можат брзо да се конвертираат во познати износи на

пари подлежат на незначителен ризик од промена на

вредноста најважно од се, тие се чуваат со цел да се излезе во

пресрет на краткорочните парични обврски наместо за вложување или за други цели

Парични текови: Приливи и одливи на пари и парични еквиваленти

5

Page 6: МСС 7

Паричните текови и профитот се различни економски феномени Меѓутоа поврзани се преку механизмот на

пресметковно сметководство! Паричните текови се фактички податоци за приливите

и одливите на пари, додека билансот на состојба извештај за финансиска состојба) и билансот на успех (извештај за сеопфатна добивка) произлегуваат од професионално расудување и не претставуваат директна проекција на објективни економски информации

Page 7: МСС 7

Ликвидност- Се однесува на “блискоста до пари” на структурата

на средствата- Утврдена е од капацитетот да се конвертираат

тековните средства во пари Солвентност

- Се однесува на идната расположливост на пари со цел на времеда се подмират финансиските обврски

- Утврдена е од временскиот распоред и неизвесноста на идните парични плаќања и парични примања

Показателите за ликвидност и солвентност се утврдени врз основа на статички податоци за финансиска состојба, додека паричните текови ги одразуваат промените во финансиската состојба

Page 8: МСС 7

извештај за сеопфатна добивка

Извештајот за перчен тек ги одразува како активностите кои се “поврзани со профит“ така и актовностите кои “не се поврзани со профитот“ (вложувачки и од финансирање) со влијание врз рапсоложливите пари во текот на периодот кој е покриен во извештајот за сеопфатна добивка

Извештај за финансиска

состојба на почеток на

период

Паричен тек

Извештај за финансиска

состојба на крај на период

Page 9: МСС 7

1. Од кои извори компанијата генерираше пари во текот на минатата година? Како беа искористени тие пари?

2. Дали беше компанијата во можност да ја задоволи потребата за пари од оперативни активности?

3. Доколку не, дали недостатокот на пари е компензиран со нови заеми, емисија на акционерски капитал или со продажба на основни средства?

4. Дали вишокот на пари се користел за отплата на заеми, за вложување или за распределба на дивиденди?

5. Зошто е намалено нивото на пари, земајќи во предвид дека оперативните активности на компанијата се профитабилни?

Page 10: МСС 7

10

♦Делокруг и дефиниции

♦Структура на извештајот за парични текови

♦Специфични барања и обелоденувања

Page 11: МСС 7

11

Извештај на парични текови

Оперативни

активности

Финансиски

активности

Вложувачки

активности

Главни активности кои му носат приходи на ентитетот и други активности кои не

се вложувачки или финансиски

Стекнување и отуѓување на долгорочни средства и други вложувања кои не се

вклучени во парични еквиваленти

Активности кои резултираат со промени во големината и составот на главнината и

позајмувањата на ентитетот

Page 12: МСС 7

парични текови од оперативни активности

+ парични текови од вложувачки активности

+ парични текови од финансиски активности Нето промени во текот на периодот+ Почетна состојба на парите Крајна состојба на парите

Page 13: МСС 7

13

За да се квалификува како пари и паричен еквивалент:- вложувањето мора да може брзо да се конвертира во познат износ на пари - да биде подложено на незначителен ризик од промена на неговата вредност.

Едно вложување обично се квалификува како паричен еквивалент само кога има краткорочно доспевање (на пример, три или помалку месеци од датумот на стекнувањето)

Вложувањата во главнината се исклучуваат од парични еквиваленти, освен во случај кога тие се во суштина парични еквиваленти, како на пример, приоритетни акции стекнати во краток период до нивното доспевање и со специфичен датум на откупување

Page 14: МСС 7

Компанијата XYZ на 1 декември 2010 година орочила депозит со рок на доспевање на 15 февруари 2011 година. Како треба да биде класификуван депозитот во финансиските извештаи за годината која завршува на 31 декември 2010 година?

(а) Пари и парични еквиваленти(б) Краткорочни вложувања

14

Page 15: МСС 7

15

Клучен показател за степенот до кој активностите на ентитетот генерирале доволно парични текови за отплата на заемите, одржување на оперативната способност на ентитетот, исплатата на дивиденди и вршење на нови вложувања без надворешни извори на финансирање.

Примарно произлегуваат од главните активности кои му носат приходи на ентитетот.

Генерално произлегуваат од трансакции и други настани кои се вклучени во генерирањето на добивката или загубата.

Page 16: МСС 7

“Оперативните парични текови” се концептуално најблиску до “нето добивката”

Главни разлики:o Безготовинските расходи и

безготовинските приходи (на пр. трошок за амортизација)

o Не оперативни ставки (на пр. капитална добивка)

o Временски разлики помеѓу нето добивка и паричниот тек кој произлегува од трансакцијата (на пр. промени во нивото на залихи, побарувања, обврски и сл.)

Page 17: МСС 7

17

Примери за парични текови од оперативни активности: Приливи од продажба на производи и давање на услуги. Приливи од тантиеми, надоместоци, провизии и други

приходи. Одливи на добавувачите на стоки и услуги. Одливи на и во име на вработените. Приливи и одливи на осигурителен ентитет за премии и

наплатени штети, ануитети и други користи кои произлегуваат од полисите.

Одливи или рефундирање на данок на добивка, доколку тие можат посебно да бидат идентификувани како финансиски или вложувачки активности.

Приливи и одливи според договори кои се чуваат за целите на склучување на зделка или за тргување.

Page 18: МСС 7

18

Примери за парични текови од оперативни активности: Паричните текови за производство или стекнување на

средства кои се чуваат за давање под наем на други или за нивна последователна продажба.

Приливите од наеми и последователни продажби на ваквите средства се исто така парични текови од оперативни активности.

Паричните текови кои произлегуваат од купување и продажба на хартии од вредност кои се чуваат заради за склучување на зделка или за тргување се класифицираат како оперативни активности.

Паричните аванси и заеми дадени од страна на финансиските институции обично се класифицираат како оперативни активности, бидејќи се однесуваат на главната активност која им носи приходи на тие ентитети.

Page 19: МСС 7

СредстваКапитал/обврски

Зголемување

Одлив Прилив

Намалување

Прилив Одлив

Page 20: МСС 7

Директен метод (препорачлив) При што се

обелоденуваат главните класи на бруто паричните примања и бруто паричните плаќања

Индиректен метод(најчесто употребуван) Нето добивката и

загубата се корегира за: Ефектите од трансакции

од непарична природа, Било какво одложување

или разграничување на минати или идни оперативни парични примања или плаќања, и

Ставки на приходи/расходи поврзани со вложувачки или финансиски парични текови

20

Се бира помеѓу

Page 21: МСС 7

21

Нето паричните текови се определуваат по пат на корегирање на нето добивката или загубата за ефектите од:

Промените во залихите и оперативните побарувања и обврски во текот на периодот.

Непарични ставки како што се амортизација, резервирања, одложени даноци, нереализирани курсни признаени добивки или признаени загуби, нераспределени добивки на придружени ентитети.

Сите други ставки за кои паричните ефекти се вложувачки или финансиски парични текови.

Алтернативно, нето паричните текови можат да се презентираат по пат на искажување на приходите и расходите обелоденети во добивката или загубата и промените во залихите, оперативните побарувања и обврски во текот на периодот.

Дава информации кои можат да се користат за оценка на идните парични текови. За главните класи на бруто приливите и бруто одливите можат да се добијат:

Од сметководствената евиденција, или

По пат на корегирање на приходите од продажба, трошоците на продажба (камати и слични приходи и расходи за камати и слични такси за некоја финансиска институција) и останатите ставки во добивката или загубата за:

(i) Промените на залихите и оперативните побарувања и обврските.

(ii) Други непарични ставки.(iii) Други ставки за кои паричните

ефекти се вложувачки или финансиски парични текови.

Директна метода Индиректна метода

Page 22: МСС 7

22

Добивка или загуба за периодот X

Корегирање на:

АМОРТИЗАЦИЈА

НЕГАТИВНИ КУРСНИ РАЗЛИКИ

ИНВЕСТИЦИОНА ДОБИВКА

ТРОШОЦИ ЗА КАМАТА

ДАНОК НА ДОБИВКА (ОДЛОЖЕН И ТЕКОВЕН)

X

X

-X

X

X

ОПЕР.ДОБИВКА ПРЕД ПРОМЕНИ ВО ОБРТЕН КАПИТАЛ

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА ОД КУПУВАЧИТЕ И ДРУГИ ПОБАРУВАЊА

НАМАЛУВАЊА НА ЗАЛИХИТЕ

НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА ОД КУПУВАЧИТЕ

X

-X

X

-X

ПАРИЧНИ СРЕДСТВА ГЕНЕРИРАНИ ОД АКТИВНОСТИ

ПЛАТЕНА КАМАТА

ПЛАТЕН ДАНОК НА ДОБИВКА

X

-X

-X

НЕТО ПАРИЧНИ ТЕКОВИ ОД ОПЕРАТИВНИ АКТИВНОСТИ X

Page 23: МСС 7

Приливи од купувачи 30.150

Одливи за добавувачи и вработени (27.600)

Паричен тек од главните оперативни активности

2.550

Платени даноци (1.170)

Нето паричен тек од оперативни активности

1.380

Page 24: МСС 7

Генерално , се обелоденуваат одделно од главните класи на бруто паричните примања и бруто паричните плаќања.

Посебното обелоденување е значајно, бидејќи паричните текови го претставуваат степенот на направените издатоци со цел стекнување на ресурси за генерирање идна добивка и парични текови.

24

Page 25: МСС 7

25

Одливи заради стекнување на недвижности, постојки и опрема, нематеријални средства и други долгорочни средства. Овие плаќања ги вклучуваат плаќањата кои се однесуваат на трошоците за развој кои се капитализираат и изградбата во сопствена режија на недвижности, постојки и опрема.

Приливи од продажба на недвижности, постројки и опрема, нематеријални средства и други долгорочни средства.

Одливи за стекнување на сопственички или должнички инструменти на други ентитети и учество во заеднички вложувања, (освен примањата за оние инструменти кои се сметаат за парични еквиваленти и оние кои се чуваат за целите на склучување на зделка или за тргување).

Приливи од продажби на сопственички или должнички инструменти на други ентитети и учество во заеднички вложувања (освен примањата за оние инструменти кои се сметаат за парични еквиваленти и оние кои се чуваат за целите на склучување на зделка или за тргување).

Page 26: МСС 7

26

Парични аванси и заеми дадени на други странки (освен авансите и заемите кои ги дава финансиски институции).

Приливи од наплата на аванси и заеми дадени на други странки (освен авансите и заемите на финансиски институции).

Одливи за фјучерс договори, термински договори, договори за опции и своп договори, освен за оние договори кои се чуваат за целите на склучување на зделка или за тргување, или кога плаќањата се класифицирани како финансиски активности.

Приливи од фјучерс договори, термински договори, договори за опции и своп договори, освен за оние договори кои се чуваат за целите на склучување на зделка или за тргување, или кога примените наплати се класифицирани како финансиски активности.

Page 27: МСС 7

27

Се обелоденуваат одвоено поради тоа што е корисно во предвидувањето на потребите за идни парични текови од страна на оние кои обезбедуваат капитал на ентитетот.

Примери: Приливи од издавање на акции и други сопственички

хартии од вредност. Одливи на сопствениците за стекнување или за

откупување на акциите на ентитетот. Приливи од издавање на необезбедени обврзници, заеми,

обврзници, хипотеки и други краткорочни или долгорочни позајмувања.

Одливи за исплата на позајмени износи. Одливи од страна на наемателот за намалување на

неподмирените обврски кои се однесуваат на финансиски наем.

Page 28: МСС 7

28

Ентитетот треба посебно да известува за главните класи на бруто парични примања и бруто парични плаќања кои настануваат од вложувачки и финансиски активности, освен за паричните текови за кои се известува на нето основа, како:Приливите и одливите кои се прават за сметка на купувачи кога паричните текови повеќе се однесуваат на активностите на купувачот отколку на активностите на ентитетот.Примери:• Прифаќање и исплата на депозити по видување од страна на банката.• Финансиски средства кои ентитетот кој се занимава со вложувања ги чува за своите клиенти.• Примени наемнини во име на, и исплатени на, сопствениците на недвижностите.

Page 29: МСС 7

29

Паричните текови за кои се известува на нето основа (продолжение)

Приливите и одливите за ставки во кои

- обртот на средства е брз,

- износите се големи,

- доспевањето е во краток рок.

Примери:

дадени аванси за и отплата на:(a) Износот на главницата која се однесува на корисниците на кредитни картички.(б) Купување и продажба на вложувања.(в) Други краткорочни позајмувања, на пример, оние кои достасуваат во период од три месеци или пократко.

Page 30: МСС 7

30

Парични текови за кои се известува на нето основа (продолжение)

Парични текови кај финансиските институции:

(a) Парични приливи и одливи за прифаќање и исплата на депозити со фиксен датум на доспевање.

(б) Положување на депозити и повлекување на депозити од други финансиски институции.

(в) Парични аванси и заеми дадени на купувачите и отплата на тие аванси и заеми.

Page 31: МСС 7

1. Утврди ги нето промените во парите и парични еквиваленти

Спореди го почетното и крајното салдо2. Идентификувај ги сите трансакции во периодот кои

доведуваат до промена во парите и паричните еквиваленти

Директна метода: анализирај ги движењата во сметките за пари (парични еквиваленти) трансакција по трансакција

Индиректна метода : објасни ја нето промената на парите со анализирање на останатите сметки, знаејќи дека секоја трансакција која има влијание на парите исто така влијае и на непаричните сметки

3. Искористи ја информацијата (од чекор 1 и 2) за конструирање на извештај за паричен тек според претходно наведените правила

Page 32: МСС 7

Информациите за подготовка на оперативните парични текови примарно се извлекуваат од извештајот за финансиска состојба во извештајот за сеопфатна добивка, додека информациите за останатите две главни категории произлегуваат од извештајот за финансиска состојба (и деталните податоци од белешките на финансиските извештаи)

Движењата во сметките укажуваат на промена во финансиската состојба и потребно е понатамошно анализирање за да се утврди дали тие имаат влијание на паричните текови

Провери дали корекции кои се прават заради пресметковната природа на сметководството или останати “безготовински активности“ имаат влијание на салдата.

Page 33: МСС 7

33

Актива 2010 2009 Пасива 2010 2009 Не-тековни средства: Капитал Набавна вредност 3.400 2.100 Обични акции 900 600 Акумулирана амортизација (720) (550) Премија од акции 500 320 Нето не-тековни средства 2.680 1.550 Задржана добивка 920 500 2.320 1.420 Тековни средства Залихи 600 400 Обврски Побарувања 1.500 1.700 Заеми 1.340 1.280 Пари и парични еквиваленти 80 50 Добавувачи 900 800 2.180 2.150 Данок од добивка 300 200 2.540 2.280 4.860 3.700 4.860 3.700

Page 34: МСС 7

34

Белешки

(1) Не-тековни средства со набавна вредност од 200,000 и со отпишана вредност од 60,000 беа продадени за 80,000 во текот на годината.

(2) Зголемувањето на задржана добивка се состои од следново:

Почетна состојба 500 Добивка од работењето 1,090 намалено за: Платени трошоци од финансирање (120) –––––– Добивка пред оданочување 970 Расход за данок на добивка (300) Платени дивиденди (250) Задржана добивка за годината –––––– 420 –––––– Салдо на крај 920 ––––––

Page 35: МСС 7

35

Парични текови од оперативни активности Добивка пред оданочување 970 Корекција за: Амортизација 310 Добивка од продажба на не-тековни средства (20) Расходи за камати 120 –––––– 1,380 Зголемување во залихи (200) Намалување во побарувања 200 Зголемување во бврски кон добавувачи 100 –––––– Парични текови генерирана од оперативни активности 1,480 Платени камати (120) Платен данок од добивка (200) –––––– Нето парични текови од оперативни активности 1,160 Парични текови од инвестициски активности Набавки на не-тековни средства (1,500) Приливи од продажба на не-тековни средства 80 –––––– Нето парични текови користени во инвестициски активности (1,420) Парични текови од финансиски активности Приливи од емисија на акционерски капитал (300 + 180) 480 Приливи од емисија на должнички хартии од вредност 200 Платени дивиденди (250) 430 –––––– –––––– Нето парични текови од финансиски активности 170 Готовина на почетокот на периодот (230) –––––– Готовина на крај на периодот (60)

––––––

Page 36: МСС 7

36

♦Делокруг и дефиниции

♦Структура на извештајот за парични текови

♦Специфични барања и обелоденувања

Page 37: МСС 7

Треба да бидат евидентирани во известувачката валута на ентитетот, при што на износот во странска валута се применува девизниот курс помеѓу известувачката валута и странската валута на датумот на паричниот тек.

Паричните текови од странски подружници треба да се конвертираат по девизните курсеви помеѓу известувачката валута и странската валута на датумите на паричните текови.

МСС 21, Ефекти од промените на девизните курсеви дозволува користење на девизен курс кој е приближен на фактичкиот курс. - може да се користи пондериран просечен девизен курс - МСС 21 не дозволува користење на девизен курс на крајот на периодот на известување при конвертирањето на паричните текови на странската подружница.

37

Page 38: МСС 7

Нереализирани признати добивки и загуби кои произлегуваат од промена во девизните курсеви не претставуваат парични текови

Ефектот од промените во девизниот курс врз парите и паричните еквиваленти кои се чуваат или се должат во странска валута треба да се искажат во извештајот за парични текови за да се усогласат парите и паричните еквиваленти на почетокот и крајот на периодот

38

Page 39: МСС 7

Сите парични текови од примени и платени камати и дивиденди треба да бидат посебно обелоденети.

Треба да бидат класифицирани на конзистентен начин од период во период било како оперативни, вложувачки или финансиски активности.

Во финансиска институција се класифицираат како оперативни парични текови.

Кај други ентитети - не постои општо прифатен консензус за класификација.

39

Page 40: МСС 7

Можна класификација кај нефинансиски ентитети:Платените камати и примените камати и дивиденди:• оперативни парични текови бидејќи влегуваат во

определувањето на добивката или загубата. • алтернативно, како финансиски парични текови и

вложувачки парични текови респективно бидејќи претставуваат трошоци на добивање финансиски извори или поврат на вложувањата.

Платените дивиденди • финансиски паричен тек бидејќи се трошок за добивање

на финансиски извори. • алтернативно, како компонента на паричните текови од

оперативни активности со цел да им се помогне на корисниците во утврдувањето на способноста на ентитетот да плаќа дивиденди од оперативните парични текови.

40

Page 41: МСС 7

Треба да се обелоденат посебно

Се обелоденуваат вкупните износи на платени даноци ако се алоцирани во повеќе од една категорија

Треба да се класифицираат како парични текови од оперативни активности освен доколку можат специфично да се идентификуваат како финансиски и вложувачки активности.

Даночните парични текови често пати не е изводливо да се идентификуваат и можат да произлезат во различен период од паричните текови на основната трансакција.

Поради тоа, платените даноци обично се класифицираат како парични текови од оперативни активности, освен ако е изводливо да се класифицира со поединечна трансакција која генерира парични текови што се класифицирани како вложувачки или финансиски активности.

41

Page 42: МСС 7

При примена на методата на главнина или методата на набавна вредност, вложувачот го ограничува неговото известување во извештајот за парични текови на парични текови помеѓу него и примателот на вложувањето, на пример, на дивиденди и аванси.

Заеднички контролиран ентитет:- Со примена на пропорционална консолидација, во

консолидираниот извештај на парични текови се вклучува пропорционален дел во паричните текови на заеднички контролираниот ентитет.

- Со примена на методата на главнина во извештајот за парични текови се вклучуваат и паричните текови во поглед на вложувањето во заеднички контролираниот ентитет, и распределбата и другите плаќања и примања помеѓу ентитетот кој известува и заеднички контролираниот ентитет.

42

Page 43: МСС 7

Збирните парични текови кои произлегуваат од стекнување или губење контрола над подружници и други деловни единици треба да се презентираат посебно

Се класифицираат како вложувачки активности. Се обелоденува, во вкупен износ, и за стекнувањата и

отуѓувањата во текот на периодот: Вкупниот платен или примен надоместок Делот од надоместокот што се состои од пари и

парични еквиваленти Износот на пари/паричните еквиваленти кои се

стекнати или отуѓени Износот на средства и обврски, освен парите и

паричните еквиваленти, кои се стекнати или отуѓени

43

Page 44: МСС 7

Како посебни линиски ставки се презентираат ефектите на паричните текови во стекнување и во губење на контрола во подружниците или другите деловни единици

Ефектите на паричниот тек од губењето контрола не се одземаат од оние за стекнување контрола.

Збирниот износ на платените или примените парични средства се искажува нето од паричните средства и паричните еквиваленти стекнати или отуѓени како дел од таквите трансакции, настани или промени во околностите.

Паричните текови што произлегуваат од промените во сопственичкото учество во подружница, а што не резултираат во губење на контрола треба да се класифицираат како парични текови од финансиски активности.

44

Page 45: МСС 7

Вложувачките и финансиските трансакции кои не бараат користење на пари и парични еквиваленти треба да бидат исклучени од извештајот за парични текови.

Треба да бидат обелоденети на друго место во финансиските извештаи на начин кој ги обезбедува сите релевантни информации за овие вложувачки и финансиски активности.

Примери на непарични трансакции: стекнување на средства, било со прифаќање на

директно поврзаните обврски или со финансиски наем. стекнување на ентитет со емисија на удели од

главнината. конверзија на долг во главнина.

45

Page 46: МСС 7

Треба да се обелоденат компонентите на пари и парични еквиваленти

Треба да се презентира усогласување помеѓу износите во извештајот за парични текови со еквивалентните ставки презентирани во извештајот за финансиската состојба.

Износот на значајните пари и парични еквиваленти кои не се расположливи за употреба (ограничени).

Треба да се обелодени усвоената политика за утврдување на составот на парите и паричните еквиваленти.

Ефектот на секоја промена во политиката за утврдување на компоненти на пари и парични еквиваленти, (промена во класификацијата на финансиските инструменти) - во согласност со МСС 8 Сметководствени политики, промена на сметководствени проценки и грешки.

46

Page 47: МСС 7

Износот на значајните салда на пари и парични еквиваленти кои ги чува ентитетот и кои не се расположливи за користење од страна на групата.

Износот на неповлечени средства од заеми што може да бидат расположлив за идни оперативни активности, укажувајќи за било какво ограничување за употребата на овие средства.

Збирни износи на паричните текови од секоја оперативна, вложувачка и финансиска активност кои се однесуваат на учествата во заедничките вложувања за кои се известува според методата на пропорционална консолидација.

Збирниот износ на паричните текови кои претставуваат зголемување во оперативниот капацитет посебно од оние парични текови кои се потребни за да се одржува оперативниот капацитет.

Износот на парични текови што произлегува од оперативни, вложувачки и финансиски активности за секој известувачки сегмент (види МСФИ 8 Оперативни сегменти).

47

Page 48: МСС 7

Една компанија зема под наем магацин за складиштење, под финансиски наем. Во извештајот за финансиската состојба го признава изнајменото средство и обврската по финансиски наем. Како треба да биде првичното признавање на изнајменото средство и обврската за финансискиот наем во извештајот за парични текови прикажано?

(а) Како вложувачка активност(б) Како финансиска активност(в) Како вложувачка и финансиска активност (г) Да не се обелоденува

48

Page 49: МСС 7

Како треба еден ентитет (освен финансиска институција) да ги обелодени примените дивиденди во извештајот за парични текови?

(а) Оперативен паричен прилив(б) Или како оперативен паричен прилив или како

вложувачки паричен прилив (в) Или како оперативен паричен прилив или како

финансиски паричен прилив (г) Вложувачки паричен прилив

49