Студентско Списание Излез број 7

48
За ДемоКРатиЈата, иДеаЛите и Животот BERNAYS PROPAGANDA: саКаме свесНост За сите оПЦии Х.е.р.а: интервју сО прОф. д-р билјана секулОвска – габер тОпилница велес: ДвоеН ДРЖавеН НеУсПеХ оБРаЗоваНието НасПРоти еКоНомиЈата – симБиоЗа иЛи сеКое За сеБе? стр. 05 егото ПРеД сЀ: каде е мОјОт прОфесОр?! стр. 10 стр. 36 стр. 30 стр. 22

Upload: izlez

Post on 21-Mar-2016

243 views

Category:

Documents


7 download

DESCRIPTION

Online верзија на седмиот број на Студентското Списание Излез

TRANSCRIPT

Page 1: Студентско Списание Излез број 7

За ДемоКРатиЈата, иДеаЛите и Животот

BERNAYS PROPAGANDA:

саКаме свесНост За сите оПЦии

Х.е.р.а:

интервју сО прОф. д-р билјана секулОвска – габер

тОпилница велес: ДвоеН ДРЖавеН НеУсПеХоБРаЗоваНието

НасПРоти еКоНомиЈата – симБиоЗа иЛи сеКое За сеБе? стр. 05

егото ПРеД сЀ:каде е мОјОт прОфесОр?! стр. 10

стр. 36

стр. 30

стр. 22

Page 2: Студентско Списание Излез број 7

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на автор(ите) и не ги одразуваат оние на Стејт Департментот на САД.

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИКДАНИЕлА АТАНАСОВА

УРЕДНИЦИ

НИЕ И СИСТЕМОТ

Ана Лакалиска

ПОГЛЕДИ/ФОРУМ

Билјана Дијанисиева

МОЖНОСТИ И КАРИЕРА

Нино Домазетовиќ

КУЛТУРА

Катерина Николовска Мими Николиќ

МУЗИКА

Дени Омерагиќ

ТЕХНОЛОГИЈА

Дамјан Цветков-Димитров

РЕДАКЦИЈА

Емилија Ничовска Елена ТимчеваНаташа ЈанчеваЈулијана Стојаноска Мицеска Данаил Станојески Весна Илиевска Бојана Бесова Бојан Богевски Нино Николовски Маја КерамитчиеваМухамед Мујовиќ - Нуне

ГОСТИ СОРАБОТНИЦИ

Елена Ангеловска

ЛЕКТУРА

Кристина ВелевскаНевена ИвковиќЈасмина ПетровскаБиљана СтојановскаСимона КрстевскаДрагана Евтимова

ИЛУСТРАЦИИ

Бојана Бесова

ФОТОГРАФИИ

Билјана Нацевска Далибор СтајиќИгор КостовДамјан Цветков-ДимитровМухамед Мујовиќ - Нуне Дритон РекаДејан ЏолевКирил Шентевски Андреј МартинскиЧиприан Пантеа Ирена Мила ФКК „Козјак50“

ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН

Иван Дургутовски

ЗА ИЗДАВАЧОТ

Здружение „Студентска организација Излез“

КОНТАКТ

[email protected]

СОДРЖИНА » |03 РЕПЛИКА |04 ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК/АКЦИЈА И РЕАКЦИЈА|05 ИНТЕРВЈУ СО ПРОФ. Д-Р БИЉАНА СЕКУЛОВСКА ГАБЕР |08 КРЕАТИВНА И ОБОЕНА РЕВОЛУЦИЈА |10 ЕГОТО ПРЕД СЕ: КАДЕ Е МОЈОТ ПРОФЕСОР?! |12 ПРОБЛЕМИТЕ ВО ДЕНЕШНИОТ ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ |14 РАСШРАФЕНОТО ТАЈНО ЗНАЕЊЕ |16 ХУМАНИСТИЧКИТЕ НАУКИ И УМЕТНОСТИТЕ – ЗАГРОЗЕН ВИД |18 „АЈДЕ МАКЕДОНИЈА“ – ДА СЕ ЗБОГУВАМЕ СО ОТПАДОТ! |20 ЗАГАДУВАЊЕТО И ЕКОНОМСКИТЕ ПАРАДИГМИ |22 ТОПИЛНИЦА ВЕЛЕС: ДВОЕН ДРЖАВЕН НЕУСПЕХ |24 ТОПИЛНИЧАРСКИ МАКИ |26 СЕКОГАШ ПОСТОИ ПРЕДИЗВИК ЗА ВРАЌАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА |30 Х.Е.Р.А.: САКАМЕ СВЕСНОСТ ЗА СИТЕ ОПЦИИ |33 ВНИМАНИЕ! |36 ЗА ДЕМОКРАТИЈАТА, ИДЕАЛИТЕ И ЖИВОТОТ |38 ЗАРОБЕНА ВЕЧНОСТ |40 ФКК „КОЗЈАК50“ |41 МАЛ ДРАМСКИ ТЕАТАР – БИТОЛА |42 Е-УЧЕЊЕ |44 КАКО ДА ВЛАДЕЕТЕ СО НОВИОТ ФЕЈСБУК TIMELINE |45 ЕФЕКТИВНИ СТИЛОВИ НА УЧЕЊЕ |46 ПОВЕЌЕ АНГЕЛИ ОТКОЛКУ ДЕМОНИ – ЖИВОТОТ ВО ЕДЕН ПОМИРЕН СВЕТ

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИКДАНИЕлА АТАНАСОВА

УРЕДНИЦИ

НИЕ И СИСТЕМОТ

Ана Лакалиска

ПОГЛЕДИ/ФОРУМ

Билјана Дијанисиева

МОЖНОСТИ И КАРИЕРАМОЖНОСТИ И КАРИЕРА

Нино Домазетовиќ

КУЛТУРА

Катерина Николовска Катерина Николовска Мими НиколиќМими Николиќ

МУЗИКАМУЗИКА

Дени Омерагиќ

ТЕХНОЛОГИЈА

ДВОЕН ДРЖАВЕН НЕУСПЕХ МАКИ |26 СЕКОГАШ ПОСТОИ ПРЕДИЗВИК ЗА ВРАЌАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА СИТЕ ОПЦИИ ИДЕАЛИТЕ И ЖИВОТОТ|40 ФКК „КОЗЈАК50“|42 Е-УЧЕЊЕ |44ФЕЈСБУК TIMELINE|46 ПОВЕЌЕ АНГЕЛИ ОТКОЛКУ ДЕМОНИ – ЖИВОТОТ ВО ЕДЕН ПОМИРЕН СВЕТ

следете нѐ на Facebook: facebook.com/izlez.mk

web:www.izlez.mk

Page 3: Студентско Списание Излез број 7

ДА СЕ БИДЕ ЧОВЕК...НАпИшЕтЕ И ВИЕ рЕплИКА НА НЕКОИ ОД тЕКСтОВИтЕ ДОСЕгА ОБјАВЕНИ ВО „ИзлЕз“, ИлИ НА ОпштЕСтВЕНИтЕ СлуЧуВАњА зА КОИ СмЕ ДИСКутИрАлЕ, И прАтЕтЕ јА НА [email protected] ОВА Е руБрИКА зА НАшИтЕ ЧИтАтЕлИ.

Билјана Дијанисиева [Филолошки факултет „Блаже Конески“ Дритон Река

РЕПЛИКА | 03

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

На 22 јули 2011 година бев во Осло. Беше дождливо петочно утро, доста слично на дождливото петочно утро на 13 април во Скопје. Тој ден еден растроен ум, воден од за него сосема логично расудување, ладнокрвно уби 77 случајно одбрани луѓе, повеќе од половината деца на возраст до 18 години. Деца, што светот го гледале на многу поинаков начин од нивниот убиец. Деца, кои верувале дека сите може да живееме заедно, во мир, без разлика на тоа од каде сме, каква ни е бојата на кожата, кои ни се боговите, на кој јазик зборуваме. Во првиот понеделник по убиствата во Норвешка беше прогласен три-минутен молк точно на пладне. Осло молчеше цели 10 минути. Бев на пристаништето и никогаш нема да заборавам како стана морничаво тивко и како низ воздухот немо одекнуваше крикот на болката, бесот, неодговорените прашања, стравот, недоумицата, неверувањето... Веројатно како и секој Балканец, поучен од нашата реалност, очекував Осло да пламне. Да се посочуваат прсти, да се обвинуваат поединци и групи, да се менуваат закони и да се скратуваат постапки за на виновникот побрзо да му се пресуди. Но, тоа не се случи. Норвежаните достоинствено ги исплакаа жртвите; политичарите не го искористија настанот за добивање на поени, макар што тоа ќе беше толку лесно; го изведоа виновникот пред правдата, како и секој друг престапник, иако неговото дело беше далеку помонструозно од сите други; и на тој начин само ги зацврстија темелите на своите убедувања и на општествениот систем во кој веруваат.

Знам дека и ние го имаме тоа достоинство. Знам дека и ние можеме да ја преболиме болката, да го зауздиме бесот и да не им дозволиме да го разнишаат општеството кое го градиме, особено знаејќи колку е кревко. Можеме да го положиме овој тест, да ги најдеме виновниците и да ги изведеме пред правдата, да им пресудиме ним, а не на други, и да не го извалкаме споменот на Александар, Цветанчо, Филип, Кире и Борче со нов крв, нова омраза и уште повеќе бес и болка. Не е лесно да се живее во свет на различности. Не е лесно да се разберат растроени умови. Не е лесно да се биде човек пред нечовечни чинови... но, токму тогаш се распознаваат луѓето.

ОД мАршОт зА мИр штО СЕ ОДрЖА НА 17 мАрт гОДИНАВА.

Page 4: Студентско Списание Излез број 7

04 | РЕТРОСПЕКТИВА

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

Дали знаевте дека во далечната 1947 година, првото предавање на Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ е одржано токму на Катедрата за македонска книжевност? Од тоа предавање почнува целиот универзитет. И еве денес, по толку години, сакаме да го пресечеме коренот на целото стебло. Изминативе месеци, Владата ги остави со подзинати усти македонската јавност и високообразовна елита. Предлогот за ставање во мирување или намалување на квотите на студиите по македонски јазик и јужнословенски книжевности како и на филозофските катедри ја шокираше пошироката јавност. Предлогот на министрите Панче Кралев и Спиро Ристовски беше строго коментиран и осуден како од страна на студентите,

така и на повисоките образовни институции и интелектуалци од земјава и странство. Професорот Људмил Спасов од Филолошкиот факултет со поддршка од останатите универзитетски професори и студенти , како и голем број уметници и литерати го изразија своето незадоволство преку протестна нота, упатена до Владата на Р. Македонија , со цел да се заштити македонистиката како национална дисциплина од страна на државата и да се чува како национално богатство. Во обид да ја смири настанатата тензија, Министерството за образование, пак, се изјасни со повратен одговор дека всушност станува збор само за анкета направена од страна на Бирото за вработување која го покажала бројот на невработени

дипломирани професори по македонски јазик и книжевност. На крај сè се сведе на отворен апел за поголема регулација на бројот на запишани студенти во следните години на овие катедри. Како и да е, изучувањето на македонскиот литературен јазик сепак не е како и секоја друга професија. Не смееме да си дозволиме да го решаваме ова прашање низ призмата на пазарната економија или политиката, навистина не би било правилно ниту пак праведно. Сепак, јазикот е богатство, а богатството тешко се стекнува. Но уште полесно се губи. Затоа не смееме да дозволиме ваков напад кон нашата култура и нашиот идентитет. Токму младинската култура е онаа што следна ќе ги почуствува последиците на своја кожа.

Изминатиот период беше одбележан со низа (позитивни и негативни) реакции по објавувањето на резултатите од рангирањето на универзитетите во Република Македонија, кое го спроведе реномираниот Шангајски универзитет „Џио Тонг“. Според објавените резултати, скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ со 100 поени се наоѓа на прво место на ранг-листата на универзитети и високообразовни установи. Второрангиран е Универзитетот на ЈИЕ – Тетово, трет е Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, четврт е Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, а на петто место се наоѓа Универзитетот за информатички технологии и науки „Св. Апостол Павле“ од Охрид. Меѓународниот балкански универзитет следува веднаш по нив, а потоа и Европскиот, а ФОН котираше на за нив незадоволително единаесетто место. Од вкупно 19 рангирани институции, на последните места се МИТ – универзитетот, „Евроколеџ“ од Куманово, како и Бизнис-академијата Смилевски. Веднаш по објавувањето на резултатите, следуваше остра реакција од Универзитетот ФОН кој сметаше дека

имало недоследности при шангајското рангирање, кое за нив е неприфатливо. Сето ова тие го потврдуваат со целокупниот кадар и инвестицијата на Универзитетот, бројот на вработени и студенти, кои според нив, се бројно повеќе од студентите и вработените кои ги имаат сите претходно рангирани приватни универзитети. Од останатите приватни универзитети нема посебни реакции освен од деканот на „Евроколеџ“, според кој пазарот на трудот е единствено мерило за факултет. Од скопскиот универзитет следуваше позитивен одговор. Како што велат оттаму, високото прво место е уште една потврда за квалитетот на „Св.Кирил и Методиј“. Шангајскиот универзитет „Џио Тонг“ се смета како водечка светска институција за рангирање на високообразовни установи, а рангирањето го спроведува во согласност со Берлинските принципи за рангирање на високообразовни институции. Критериумите кои ги опфаќа Шангајското рангирање се квалитетот и ефикасноста на наставата, истражувањата и социјалните услови, а резултатите служат за да се стимулира развивање и одржување на квалитетот во високото образование.

зА мАКЕДОНСКИОт јАзИК

АКЦИјА И рЕАКЦИјА

ВлАДАтА прЕДлОЖИ мИруВАњЕ НА НЕКОлКу СтуДИСКИ НАСОКИ.

шАНгАјСКА рАНг-лИСтА НА ВИСОКООБрАзОВНИтЕ ИНСтИтуЦИИ

Елена Тимчева / Студии по новинарство [Правен факултет „Јустинијан Први“]

Емилија Ничовска / Студии по новинарство [Правен факултет „Јустинијан Први“]

нашата култура и нашиот идентитет.

онаа што следна ќе ги почуствува

имало недоследности при шангајското рангирање, кое

Page 5: Студентско Списание Излез број 7

Македонија е земја во која 97% од матурантите се запишуваат на факултет. Во последниве неколку години тој тренд ја зголемува побарувачката за дипломи, која предизвика отворање на ред приватни универзитети и проширување на државните квоти на универзитетите. По логиката на пазарната економија, во услови на зголемена конкуренција, очекувајќи под притисок на истата на врвот да исплива квалитетот, се случи сосем спротивното. Во борбата за освојување на што поголем дел од образовниот колач на профити триумфираа оние кои понудија лесни и брзи дипломи и џебно образование. За последиците и очекувањата од ваквите текови во високото образование, заедно со можните позитивни ефекти или ризици разговаравме со проф. д-р Билјана Секуловска-Габер, Продекан за настава на Економскиот факултет - Скопје.

»

Македонија е земја во која 97% од матурантите се запишуваат на факултет. Во последниве неколку години тој тренд ја зголемува побарувачката за дипломи, која предизвика отворање на ред приватни универзитети и проширување на државните квоти на универзитетите. По логиката на пазарната економија, во услови на зголемена конкуренција, очекувајќи под притисок на истата на врвот да исплива квалитетот, се случи сосем спротивното. Во борбата за освојување на што поголем дел од образовниот колач на профити триумфираа оние кои понудија лесни и брзи дипломи и џебно образование. За последиците и очекувањата од ваквите текови во високото образование, заедно со можните позитивни ефекти или ризици разговаравме со проф. д-р Билјана Секуловска-Габер, Продекан за настава на Економскиот

ОБрАзОВАНИЕтО НАСпрОтИ ЕКОНОмИјАтА – Симбиоза или Секое за Себе?

ИНТЕРВЈУ | 05

интервју Со прОФ. Д-р БИлјАНА СЕКулОВСКА-гАБЕр

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

Н. Д. Билјана Нацевска/Мухамед Мујовиќ-НунеФилолошки факултет „Блаже Конески“

Page 6: Студентско Списание Излез број 7

06 | ИНТЕРВЈУ

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

1 » Сведоци Сме на ред реформи и реСтруктуирања на виСокото образование, проширување на државните квоти и отварање на нови универзитети и диСперзирани Студии. дали овој акцент на квантитетот значи дека македонија како држава Станува лидер во образованието?» Ако ја гледаме статистиката според бројот на високообразовни институции, според бројот на запишани студенти, според бројот на отворени било приватни или држажни универзитети, според бројот на дисперзирано образование, можеби тие голи бројки би значеле дека навистина сме лидери во образованието. Меѓутоа, за навистина да се донесе аргументиран заклучок потребно е да се направат компаративни анализи во однос на региониот и пошироко, како и анализи во смисла на тоа колку кадри кои излегуваат од високо образовните институции се навистина квалитетни и колку тие се приспособени на барањата на пазарот на труд. Понатаму, колку од нив се вработени или невработени и колку како процент придонесуваат за порастот на БДП. Тогаш кога ќе се направат такви анализи можеме да донесеме заклучок дали сме или не сме лидери.

2 » чеСто Слушаме за големите трошоци на работодавците за доедукација на нововработените. дали знаењата кои Се добиваат на факултет и образовниот процеС во целина СоодветСтуваат на потребите на македонСкото СтопанСтво? каде треба да Се бара проблемот?» Кога барате проблеми, никогаш не можете да ги барате само на едно место. Како што за љубов се потребни двајца, така и овде, ако го барате проблемот треба да го побарате најмалку на две страни. Во нашиот случај дури би рекла дека тоа е триаголник, кој кај нас сеуште не е затворен на начин на како што се практикува во Европската унија. Тука пред се мислам на соработката помеѓу високо образовните институции, бизнис заедницата и државата. Односно соработка која се темели на дијалог помеѓу трите страни со цел давање предлози и изнаоѓање решенија за потребите на стопанството и општеството во целина. Така, државата е таа која има обврска да ги создава условите, т.е. таа не треба да допринесува само во смисла на отварање на бројка во државните квоти, туку треба да истражува каков квалитет е потребен за идниот развој. Иако често, сепак не сме во право кога велиме дека државата ги создава условите и таа е единствениот виновник. Напротив, виновни се и високо образовните институции доколку самите не излегуваат со анализи и идеи. Истото важи и за бизнис заедницата, која доколку не каже што и е потребно, не може да очекува истото да го добие.

3 » колку е важно квалитетното виСоко образование за развојот и проСперитетот на една држава?» Образованието, односно квалитетното образование, треба да биде прва и стратегиска цел на едно општество. Ако ги погледате податоците на најразвиените земји од Европа и тоа, колку од БДП во нив се одвојува за образованието и истите податоци ги споредите со оние во Македонија ќе воочите енормна разлика. Таа диспропорција сама по себе ви кажува се. Како можете да очекувате големи резултати, ако не вложувате!? Внимавајте, вложување не е само да отворите дисперзирани студии или да ги проширите квотите за упис.. Вистинско вложување е она што подразбира формирање квалитетен систем кој може да понуди комплетен и конкурентен завршен производ, а во случајот тоа е квалитетен високо образован кадар кој значително ќе учествува во економскиот раст и развој на една земја.

4 » што миСлите за проширувањето на државните квоти од година в година? како еден факултет Се Справува Со тоа?» Има доста потешкотии кои произлегуваат од тоа, кои нас како факултет многу не засегаат. Имено, тој број на места кој ни е даден и кој треба да го исполниме, сметам дека не е во согласност со нашите можности пред се, од аспект на човечки ресурси, овде мислам на подмладокот.. Постојано се обраќаме до Министерството за образование и наука да ни дозволи нови вработувања, бидејќи капацитетите во тој поглед се целосно искористени. Што се однесува до инфраструктурните капцитети и таму, секако, се соочуваме со проблеми. Ососебно ако сакаме да ги спроведеме сите барања и стандарди за квалитетно високо образование кои ни ги налагаат Законот за високо образование и Болоњската декларација на пример, каде што на пример, предавањата треба да бидат во мали групи. Автоматски потребни ни се повеќе простории кои што, со оваа бројка на студенти, материјални и финансиски ресурси, едноставно не можеме да ги обезбедиме.

5 » дали на некој начин квалитетот е жртва на квантитетот во виСокото образование?» Па, на некој начин да, и тоа се чувствува. На пример, кај професорите како преносители на знаењето во тој процес се случува да од една страна сме притиснати со обврската дека мораме да објавуваме одреден број научни трудови во меѓународни научни списанија, а од друга страна пак, преоптоварени сме со толку голем број на студенти и предавања на факултетите, а згора на тоа и на дисперзираните студии.. Времето е ограничено, а човекот по законите на физиката, едноставно не може да биде на две места оддеднаш. Квалитетот и те како трпи!

Page 7: Студентско Списание Излез број 7

ИНТЕРВЈУ | 07

6 » имаме ли во континуитет јаСно дефинирана Стратегија за развојот на виСокото образование или кај наС тоа е Сведено на СтиХиен процеС?» Погледнете го периодот од донесувањето на Законот за високо образование во 2008-мата до денес. Веднаш ќе увидите колку измени и дополнуавња има. Токму тие предизвикуваат големи потешкотии и конфузија кај субјектите кои треба да ги спроведат. Ние не сме дочекале да го видиме резултатот од една реформа а веќе воведуваме нова. Тоа е расчекор кој ни се случува, ни недостига континуитет и тоа е лошо.. Треба да се остави добрата идеја или одлука да вроди резултати а па дури потоа да се размислува за нова.

7 » Се оСтваруваат ли предвидените ефекти од реформите во виСокото образование?» За ефекти од инвестициите и реформите во образованието може да се зборува по подолг временски период и повеќе поминати генерации. За жал, за ваквите грешки кои понекогаш се прават, веднаш не може да видите дека се грешки за да можете веднаш да реагирате и да ги исправите работите. Резултатот ќе ви се врати како бумеранг генерации, генерации подоцна...

8 » дали ни Се Случува Хиперпродукција на виСоко образован кадар?» Ако ги гледате статистичките податоци ќе видите дека Р. Македонија е држава каде што бројот на високо образован кадар сеуште е низок. Впрочем, најголем дел од невработените се недоволно

квалификувани кадри со понизок степен на едукација. Но, она што во последно време ни се случува е еден неверојатен скок во смисла на бројка на високо образован кадар која сакаме да ја достигнеме, без притоа реално да ги оцениме потребите на пазарот на труд. Значи хиперпродукцијата не е проблем сам по себе доколку крајниот резултат т.е. добиениот број на високо образовни кадри се реализира на пазарот на трудот. Тоа значи дека сте отвориле одредени студии и број на места кои ги бара стопанството. Кај нас тоа не се прави така плански за да ги даде посакуваните резултати. Според тоа, резултатот е хиперпродукција.

9 » има ли опаСноСт од девалвација на факултетСката дипломата земајЌи го во предвид бројот на веЌе дипломирани Студенти и бројот на оние кои Секоја година дипломираат?» Бројката како бројка не е проблем, проблем е какви критериуми ќе поставите за да можете да измерите колку вреди таа диплома. Мислам дека нема потреба од страв кај студентите за обезбедување на нивната професионална иднина. На пазарот на труд постои природна селекција каде што квалитетот победува, сепак се знае која диплома колку вреди.

10 » Се Соочува ли македонија Со одлив на човечки капитал?» Да нажалост. Релативно голем дел од високо образованиот кадар се одлучува да ја напушти државата. Најпоразително од сето тоа е што се работи за најмладите и најдобрите кадри кои што во најголем процент

се женска популација која од друга страна е и репродуктивно население, што како статистичар морам да го истакнам и да потенцирам дека е исклучително важно! Значи ни се случува одлив и на работна и на репродуктивна сила, една која треба да го донесе подмладокот и другата која треба да го донесе развојот.

11 » од минатата година важи новата законСка одредба за задолжителна практична наСтава, како Се СнаоЃа економСкиот факултет на тој план?» На Економскиот факултет тој процес се администрира преку нашиот ново формиран центар за кариера чија основна идеа е поврзување на студентите со бизнис заедницата. Веќе имаме база на податоци од компнаии со кои што имаме потпишано договор за соработка. Интересно е тоа што кај нас студентите самоиницијативно покажаа заинтересираност да одат.

12 » Со оглед на бројот на Студенти, има ли СтопанСтвото реални уСлови прими толкав број на практиканти?» Мислам дека има но мојата главна дилема е: Колку сите тие навистина и ќе бидат вистински пракси!? Ова го велам затоа што често пати студентите практикуваат да одат на пракса каде што некого познаваат и тоа се со цел да го добијат тоа ливче хартија. Како и да е, сепак сметам дека ова е многу добар почеток за создавање на квалитетна работна сила. И оние, несвесните студенти, наскоро ќе сфатат дека таа пракса не е само форма туку можност и начин да се научи нешто корисно, а пред се потребно за нивното понатамошно напредување и развој.

„НА пАзАрОт НА труД пОСтОИ прИрОДНА СЕлЕКЦИјА КАДЕ штО КВАлИтЕтОт пОБЕДуВА, СЕпАК СЕ зНАЕ КОјА ДИплОмА КОлКу ВрЕДИ.“

Page 8: Студентско Списание Излез број 7

08 | ПОГЛЕДИ

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

Ана е прво одделение и има шест години. Минатата недела на час по англиски јазик додека ги боеше Ерлина и Алвин од волшебната шума ми кажа дека кога ќе порасне сака да биде уметник. Молчеше неколку минути и потоа рече дека можеби ќе стане учителка која ќе ги учи децата дека кога бојат не треба излегуваат од линијата. „Јас сум многу добра во мешање бои. Можам да направам портокалова и зелена“, ми рече од нигде никаде. Многу ме израдува тоа што девојче на нејзина возраст не сака да биде докторка, пејачка, водителка или манекенка, туку уметник. Алелуја! Јас стварно сакав да бидам хирург. Посакував сите барбики и кукли на светот да имаат органи за да можам да ги оперирам. Потоа, кога барбиките ги заменив со книги сфатив дека не ми оди хемија и се откажав од идејата. Денес сум збунета и некако не знам што сакам да бидам кога ќе пораснам. А, веќе како да пораснав. Нејсе. Се прашував зошто не ми оди хемија. Зошто не можам да ги разберам равенките и формулите и никако, ама никако, не можам да влезам во тој свет и да ми биде удобно и убаво. Кога денес се навраќам на часовите по хемија знам зошто со сила и мака имав петка. Од каде да почнам. Ах, да, учебникот. Учебниците по хемија се ужасно некреативни, сложени и напишани на високо академско ниво несоодветно за средношколскиот мозок на тинејџерите кои мислат само како да избегаат и како да ја излажат професорката пред пензија која мрмори нешто нејасно пред табла. Слично е и со учебниците по физика, биологија, математика. Добро, не ги сакам природните науки, признавам. Значи не ја префрлам целата вина на професорите и учебниците.

Но, и тука треба да се работи многу за да имаме барем еден учебник кој ќе биде без грешка и од кој со радост ќе се пие материјата. Да се вратам на Ана. Како да и објасниме сега на Ана, која сака да биде уметник , зошто блок и боички ќе носи само во четврток, а не и во вторник? Дали родителите на Ана се свесни за раната која ќе и се отвори со само еден час ликовно, и тоа и тој само затоа што мора? Се плашам дека и нејзе ќе успеат да и го избришат сонот и ќе ја програмираат да го засака правото или економијата затоа што од уметност нема леб, па и Ана ќе стане дел од групата дипломирани/магистрирани луѓе со професија која општеството ја смета за профитабилна. Ваквата класификација на она што е важно и профитабилно и она што е спротивно на тоа принудува многу млади луѓе да се откажат од сонот во полза на егзистенцијата. Како Ана утре ќе знае кои бои треба, а кои не треба да ги меша? Како ќе слика живот, како ќе си ја создаде среќата своја и како ќе си го живее сонот?Уште една шлаканица. Боли. Сепак не е проблемот во бројот на часовите. Многу е подлабок и покомплексен. Начинот на кој се одржуваат часовите по ликовно, па и музичко, како и стручноста и креативноста на професорите е најголемиот проблем. Ликовно и музичко, за жал, се на дното на образовниот систем. Не влегуваат ниту во просекот на учениците и се оценуваат описно. Секој ученик гледа да „кидне“ и да не присуствува на час затоа што некогаш е стварно досадно, посебно ако не си талентиран и ако сакаш да станеш математичар. Ваквата неправедна хиерархија во образовниот систем и доминацијата на логичките, рационалните предмети наспроти креативните

и уметничките создава генерации кои ќе бидат програмирани да размислуваат логички и рационално, небаре ова другото е предодредено да ги однесе во амбисот на неуспехот.Дали учениците и родителите се свесни за штетата? Или ова е само уште еден час помалку, ден во кој наместо 6 ќе имаат 5 часа, а на возраст кога хормоните беснеат пред врата тоа е една од најубавите работи што може да ти се случи. Како за тие 45 минути да ќе го промениш светот. Или само ќе се најдеш со „симпатијата“ позади гимназија. Мене во основно, ликовно ми предаваше Ќиро класниот, инаку математичар. Или барем така тој мислеше. Рака на срце, јас таблицата со 8 и 9 уште ја грешам, а и од ликовните техники не се разбирам баш. Во средно ликовно имавме во подрумот на гимназијата, во најтемната просторија со најнепочитуваниот професор. Но, неговиот неавторитет не беше проблемот. Не бегав често, зашто ми беше фино да си муабетам со групата. Кога ќе разберев што и како треба да работам, стварно уживав. Професорката по психологија имаше завршено марксизам, тој по руски постојано зборуваше за некои замрзнати луѓе во пештерите, професорката по италијански всушност не беше професорка по италијански, затоа што тоа и бил јазик под Ц, ама нели немало кој друг, и така натаму. Што треба да се измени? Бројот на часовите или нешто чии корени се многу подлабоки ја цица креативноста од младите? Креативна револуција треба, затоа што вака не нè бива.Боли.Да не дозволиме и Ана утре да ја здоболи.

КрЕАтИВНА И ОБОЕНА рЕВОлуЦИјА. зА АНА. зА СИтЕ НАС.

Катерина Николовска [Филолошки факултет „Блаже Конески“] Дејан Џолев

Page 9: Студентско Списание Излез број 7

ПОГЛЕДИ | 09

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

Дејан Џолев е мултимедијален уметник. Дрзок, храбар, креативен и бунтовен, кој единствено реши да крене глас, или четка, против ваквото еднобојно размислување. Креатор на проектот „Блок 5 само во вторник?“ – проект кој е само дел од кампањата што понатаму ќе следува.

„Проблемот во образованието е многу поголем од кратењето на еден час ликовно. Овој случај е само момент за да се преземе нешто посериозно. Во овој случај не страдаат само децата кои во иднина ќе бидат во и околу уметноста. Страдаат децата кои во иднина ќе го изучуваат и работат маркетингот, математиката, информатиката, биологијата.Децата не добиваат простор и начин на креативно размислување, а токму тоа креативно размислување во иднина ќе им послужи за решавање на проблемите од нивната област, а секако да не заборавиме и на естетските вредности на секоја култура, која е лицето на еден народ.Проектот е спакуван класично кампањски. Постер, на кој преку фотографија се прикажани „вандализмите“ по основните училишта. Слоганот на кампањата е „Блок 5 само во вторник?“, кој преку прашална форма ја симболизира потребата на некои деца за пообемна културно-уметничка програма во образованието. Свесен сум дека оваа акција и акциите кои ќе следат нема да променат нешто во образованието, туку се надевам дека оваа акција ќе ги инспирира и другите уметници, истомисленици, да ја продолжат оваа битка во институциите. Нашата битка е надвор. Јас продолжувам таму. Всушност, главната причина за ваквиот чин и внимателното укажување и протестирање е што, за жал, ретко некој го слуша гласот на оние кои најмногу ги погодува и засега ова и кое било прашање.“

Page 10: Студентско Списание Излез број 7

Додека информациите слободно танцуваат околу нас, вистинското знаење, како и во ерата пред интернетот, си игра криенка со нас и ужива да нè измачува. Секојдневната плима на информации честопати нè збунува и, наместо збогатени, од денот излегуваме истоштени, збунети и заталкани во некој лавиринт на небулози, контрадикторности и на аморфни карактери. Не му е лесно на младиот човек денес. Расте во свет на оксиморони, искривоколчени вистини и на истенчени сенки. Како тогаш да ги распознае и да ги задржи вистинските вредности со кои би се гордееле неговите предци? За стекнување на вистинско знаење, поголемиот пристап до информации не е доволен; напротив, дури може да е опасен. За вредностите како солидарност, хуманост, морал, одговорност и скромност да не бидат само празни зборови, потребни се преседани - примери кои ќе сведочат за придобивките и за тежината на овие вредности како темели на едно развиено демократско општество. Со овој тек на мислата, овој текст го посветувам на една категорија личности кои важат за чувари на човековото знаење и вредности – просветителите; во малку потесна рамка – универзитетските професори. Барам одговор на следново прашање: „Колку од нашите професори денес, кои уживаат

со оваа титула, во себе ги носат и вредностите кои таа ги подразбира?“ Пред да продолжам со понатамошна анализа на професорите низ призмата на моето лично искуство, би сакала да појаснам што за мене претставува вистински професор. Да се биде професор не е само професија, туку и привилегија, а уште повеќе – и голема општествена одговорност. Се сеќавам на деновите од средното образование кога со нетрпение очекував да отидам на факултет, мислејќи на сето тоа знаење кое се крие под покривот на факултетската зграда, на сите тие паметни личности-големци кои го разбрале светот и покрај кои ќе имам можност да поминам четири години и да впивам инспирација, слики, погледи... Тогаш си го замислував професорот како упориште каде сите мои стравови и недоумици би наишле на појаснувања, а сите мои знаења и ставови би биле испрашувани и ревидирани. Од професорот не очекував да знае сè, но очекував, заедно со мене, да тргне во потрага по одговорот, наместо да ми „наметнува“ лажни вистини. Од професорот не очекував да биде идеален, но очекував, наместо да биде подвижно его, да ја прифати својата несовршеност и заедно со нас, студентите, да трага по вистината.

Жал ми е да кажам дека во моето долгогодишно образование едвај неколкумина професори се имаат доближено до ваквата слика на вистински професор. Факултетските денови, кои толку ги очекував, дојдоа... и пројдоа. За жал, она што го најдов под покривот на факултетската зграда беше титули, но не и професори. Најдов предавања, но ретко и знаење. Не можам да ви го опишам разочарувањето кое го доживував од година в година, барајќи ги тие големци кои ќе ме учеа на принципиелност, објективност и на истрајност. Од година в година се прашував каде се тие големци кои ќе ме искараа кога ќе заталкав, а ќе ме поткренеа кога ќе потклекнам. Постојано чекав и се надевав... Станав Диоген кој одеше меѓу титулите, но никако не можеше да здогледа професор кој ќе ја пополнеше таа празнина, кој ќе го тргнеше своето его настрана, во име на науката, и кој ќе седнеше на маса, рамо до рамо, да дискутира, да појаснува и да трага. На што се должи ваквата деградација на нашиот високообразовен кадар? Зарем таквите академици со ерудитна аура и со непоколеблив морален карактер постојат само во мојата имагинација? Тогаш, како сум ги создала? Зарем не е тоа дека сум ги видела, дека сум прочитала за нив некаде, па затоа сум очекувала да ме пресретнат и на мојот факултет?

ЕгОтО прЕД СÈ: КАДЕ Е мОјОт прОФЕСОр?!

Наташа Јанчева Далибор Стајиќ

аморфни карактери. Не му е лесно на младиот човек денес. Расте во свет на оксиморони, искривоколчени вистини и на истенчени сенки. Како тогаш да ги распознае и да ги задржи вистинските вредности со кои би се гордееле неговите предци? За стекнување на вистинско знаење, поголемиот пристап до информации не е доволен; напротив, дури може да е опасен. За вредностите како солидарност, хуманост, морал, одговорност и скромност да не бидат само празни зборови, потребни се преседани - примери кои ќе сведочат за придобивките и за тежината на овие вредности како темели на едно развиено демократско општество. Со овој тек на мислата, овој текст го посветувам на една категорија личности кои важат за чувари на човековото знаење и вредности – просветителите; во малку потесна рамка – универзитетските професори. Барам одговор на следново прашање: „Колку од нашите професори денес, кои уживаат

привилегија, а уште повеќе – и голема општествена одговорност. Се сеќавам на деновите од средното образование кога со нетрпение очекував да отидам на факултет, мислејќи на сето тоа знаење кое се крие под покривот на факултетската зграда, на сите тие паметни личности-големци кои го разбрале светот и покрај кои ќе имам можност да поминам четири години и да впивам инспирација, слики, погледи... Тогаш си го замислував професорот како упориште каде сите мои стравови и недоумици би наишле на појаснувања, а сите мои знаења и ставови би биле испрашувани и ревидирани. Од професорот не очекував да знае сè, но очекував, заедно со мене, да тргне во потрага по одговорот, наместо да ми „наметнува“ лажни вистини. Од професорот не очекував да биде идеален, но очекував, наместо да биде подвижно его, да ја прифати својата несовршеност и заедно

објективност и на истрајност. Од година в година се прашував каде се тие големци кои ќе ме искараа кога ќе заталкав, а ќе ме поткренеа кога ќе потклекнам. Постојано чекав и се надевав... Станав Диоген кој одеше меѓу титулите, но никако не можеше да здогледа професор кој ќе ја пополнеше таа празнина, кој ќе го тргнеше своето его настрана, во име на науката, и кој ќе седнеше на маса, рамо до рамо, да дискутира, да појаснува и да трага. На што се должи ваквата деградација на нашиот високообразовен кадар? Зарем таквите академици со ерудитна аура и со непоколеблив морален карактер постојат само во мојата имагинација? Тогаш, како сум ги создала? Зарем не е тоа дека сум ги видела, дека сум прочитала за нив некаде, па затоа сум очекувала да ме пресретнат и на мојот факултет?

10 | НИЕ И СИСТЕМОТ

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

ОД прОФЕСОрОт НЕ ОЧЕКуВАВ ДА зНАЕ СÈ, НО ОЧЕКуВАВ, зАЕДНО СО мЕНЕ, ДА тргНЕ ВО пОтрАгА пО ОДгОВОрОт, НАмЕСтО ДА мИ „НАмЕтНуВА“ лАЖНИ ВИСтИНИ. ОД прОФЕСОрОт НЕ ОЧЕКуВАВ ДА БИДЕ ИДЕАлЕН, НО ОЧЕКуВАВ, НАмЕСтО ДА БИДЕ пОДВИЖНО ЕгО, ДА јА прИФАтИ СВОјАтА НЕСОВршЕНОСт И зАЕДНО СО НАС, СтуДЕНтИтЕ, ДА трАгА пО ВИСтИНАтА.

Page 11: Студентско Списание Излез број 7

ЕгОтО прЕД СÈ: КАДЕ Е мОјОт прОФЕСОр?!НИЕ И СИСТЕМОТ | 11

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

Во текот на моите студии ми предавале демонстратори, лектори и професори. Мојата груба перцепција е дека нивото на одговорност кај овие личности оди обратнопропорционално со висината на нивната титулата. Додека студирав, честопати се чувствував како граѓанин од втор ред; колку понедифиниран карактер, толку подобро. Трај си, седи на предавање ако имаш среќа професорот да дојде, и оди си. Не можам да ги избројам часовите отседени на скалите во фоајето, чекајќи го Годо кој никако да дојде. Не можам да најдам зборови за да ги изразам фрустрациите кои се таложеа низ годините секојпат кога ќе излезев од час, столчена и поразена од безнадежната потрага по мојот Професор.

Од сите овие дамки, секако дека постои и една која стои како ремек-дело во мојата галерија наречена образование. Имав еден професор, сега „прекрстен“ во Дона Икс, кој стои многу храбро исперчен пред мојот професор со високи морални вредности и со непоколебливо знаење. На час кај овој професор можевте да ја научите точната разлика помеѓу титулите лектор и професор и ќе бевте опоменати доколку лекторот го наречете професор, особено ако нашиот Дона Икс има личен проблем со тој лектор. Исто така, на овој час

на „University titles for dum-mies” можевте да научите и за личните недостатоци на одредени вработени. Секако, доколку вашиот карактер не беше доволно аморфен, ќе бевте окарактеризирани како дрски и неучтиви. Вашите компетенции беа прашање на симпатии, а не на објективно испитување. Нашиот Дона Икс беше посилен дури и од Болоњската декларација и можеше да му забрани на студентот да дојде на колоквиум иако бил присутен на речиси секое „предавање“. Не само тоа, овој моќен големец можеше „по случајност“ да ги подели студентите на две групи и „случајно“ постигнатите резултати кај двете групи драстично да се разликуваат. Голем визионер, морам да признаам, а секоја чест и на објективноста; ниту доза пристрасност.

Најголемиот пораз од сè е - како дозволивме толку ниско да паднеме? Каде се чуварите на човековите вредности и знаење? Надвор од предавалните, студентите и професорите имаа јасна слика за „квалитетите“ на Дона Икс. Сите студенти се жалеа дека ништо не учат на предавањата, а професорите не можеа да ги сокријат своите фрустрации кога ова име ќе се споменеше. Очигледно беше дека сите губеа, а никој не правеше ништо.

кОј се крие зад титулите?

Кога се покрена иницијатива за петиција за промена на професорот, едвај тројца се потпишаа. Кога разговарав со деканот, иако културно сослушана, бев оставена сама да се справувам со овој недостаток на факултетот и да ја играм улогата на Калимеро. Зошто нашите студенти се страшливци да го побараат тоа што им следува, а нашите инситуции се немоќни да го дадат тоа што го ветуваат? Зошто нашите студенти одбираат да бидат полтрони и чираци на разните нијанси од „Дона Икс“ професори кои шетаат низ ходниците?За крај, би направила голема неправда доколку не ги споменам неколкутемина професори кои пријатно ја пречекаа мојата љубопитност и кои храбро се спротивставија на сликата која Дона Икс ја пласираше. Ви благодарам вам, големци мои, кои бевте таму да го заштитите мојот Професор. Бидејќи сте ретки и драгоцени како дијамантите, уште повеќе ве ценам. Ви благодарам за скромноста и за знаењето. Ви благодарам за инспирацијата и за патоказот, кои даваат цврстина и сигурност на моите чекори кон непознатото.

Page 12: Студентско Списание Излез број 7

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

Не сме само ние. Како што ќе каже сер Кен Робинсон: „Во овој момент, секоја држава на Земјата воведува реформи во јавното образование“. Основната причина поради која се појавува проблем во конвенционалното образование е едноставна – тоа не функционира. Образовниот систем по кој сè уште работиме е заснован во просветителството и е познат како Пруски образовен систем. Кралската ложа во Прусија одлучила да воведе бесплатно јавно образование, кое би се финансирало со парите на народот и би било достапно за него. Според овој образовен систем, учениците се воведуваат во основите на математиката, во читањето и во пишувањето и истовремено се учи општата етика, како и послушноста и одговорноста која ја имаат младите кон својата земја. По согледувањето на успехот кој го има во Прусија и во Австрија, Американците решаваат да го присвојат овој образовен систем. Идејата од која тој тргнува е најпрвин од религиски карактер. Другата идеја, која не се прокламира толку јавно, е дека станува збор за фабрикување на човечки ресурси како краен производ. При самото воведување на овој тип образование, во Америка има силен отпор против неговото прифаќање токму поради оваа причина, односно поради мислењето дека неговата главна цел е наметнување контрола. Сепак, децата и насилно се одземале и се воделе во јавните образовни институции, а понатаму - како се ширеле овој тип училишта, дополнително се развивала првичната идеја. Во XX век ова се однесува на формирање луѓе кои служат во корист на создавање профит на индустријата и на државата, од каде почнува самото градење на поимот за свеста на потрошувачот. Слично како расцепкувањето на задачите во една фабрика - учениците одат од една во друга училница, учат расцепкани предмети со цел да научат

еднолични информации и, како кучињата на Павлов, ова го прават со звукот на ѕвончето. На крајот од денот кој би се чувствувал како да направил нешто значајно?

прОБлЕмИтЕ НА ДЕНЕшНИОт ОБрАзОВЕН СИСтЕм

Јулијана Стојаноска Мицеска [Филолошки факултет „Блаже Конески“] Билјана Нацевска

Од каде пОтекнува денешниОт ОбразОвен систем и зОштО е тОј неуспешен? какО влијае ОценувањетО врз мОтивацијата за учење? штО да се стОри?

12 | НИЕ И СИСТЕМОТ

Џон Тејлор Гато во книгата „Dumbing us down“ набројува неколку лекции кои неизбежно е да се научат во училиште: 1- Забуна; 2- Положбата во класот; 3- Безначајност; 4- Емоционална зависност; 5- Интелектуална зависност; 6- Привремена самодоверба; 7- Никој не може да се сокрие. Сето ова води кон единствената вештина која се учи во училиштата - како да се следат наредби (за да се задржи одредена работна позиција). Наместо ова, образованието би требало да се сфати како предизвик, нешто што се прави во текот на целиот живот. Работите кои ги учиме би требало да се подложни на критичко расудување, а самите ние да сме способни за критичко размислување. Кен Робинсон посочува дека ние сме родени со огромна способност за разнообразно размислување (diver-gent thinking), кое е еден од главните предуслови на креативноста, која ја дефинира како човечка способност за добивање оригинални идеи кои имаат вредност. При едноставно испитување за тоа како оваа вродена способност се манифестира со текот на годините, забележано е дека таа значително се намалува со зголемувањето на степенот на образование. Накратко, сите знаеме дека секој човек се раѓа љубопитен, сите се обидуваме да ја истражиме, да ја научиме и да ја сфатиме средината во која се наоѓаме, но потоа оваа заинтересираност опаѓа поради тоа што на кревка возраст сме ставени во една просторија, пред голема зелена табла, во својата клупа, и слушаме како некој друг ни кажува за нашиот свет и за нашето опкружување.

Page 13: Студентско Списание Излез број 7

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

Алфи Кон се занимава со проучување на тоа како тестирањето и оценувањето, кои се всушност самата основа на денешното образование, влијаат врз знаењето на учениците. Не е тешко да се претпостави дека тие не нè мотивираат да научиме повеќе, туку нè мотивираат како на најбрз и најлесен начин да постигнеме подобри резултати. Секако дека ова не е правило без исклучоци, меѓутоа докажано е дека стандардизираните тестови не бараат ништо повеќе од едно површно познавање на факти, па затоа и можат да се постигнат добри резултати и со површно учење. Кон посочува дека со оценувањето се постигнуваат три главни ефекти кои се блиско поврзани еден со друг:

1 Помала заинтересираност за предметот кој се изучува. Тој тврди дека доколку на една група деца им е дадена задача која треба да ја решат без да бидат оценети, тие ќе ја завршат задачата, ќе уживаат во тоа и поголеми се шансите да се заинтересираат за она што го работат. Доколку друга група деца се мотивира со оценки, тие ќе бараат начин како да ја добијат најдобрата можна оценка. Не е задолжително да се интересираат за темата која ја проучуваат, туку тоа е задача за која мора да постигнат добар резултат.

2 Склоност кон избегнување ризици. Се одбира најлесниот начин да се постигне оценката, сè со цел да се задоволи барањето на професорот. Ова не е поради тоа што децата се помрзливи или понеспособни, туку се рационални.

3 Површно размислување. Децата помнат одредени факти за пократок временски период и се помалку заинтересирани за темите кои се учат, а откако ќе ја добјат оценката (наградата) по која се стремат, не чувствуваат потреба повторно да се навратат на она што е научено. Друга причина зошто овој систем на тестирање и оценување не успева е поради психолошкиот притисок кој

детето го чувствува. Покрај оној притисок при правење тест и самата стресна атмосфера која владее во тој процес, го имаме целиот процес на школување, кој кружи околу идејата дека тоа е тип на натпревар меѓу учениците за докажување кој е подобар преку постигнување подобри оценки, а, како што ќе каже Гато, доколку некој не е успешен во тоа, мора да најде друга работа во која е добар и децата најчесто се свртуваат кон насилството.

НИЕ И СИСТЕМОТ | 13

За да се поттикне едно дете да размислува критички, да ужива во учењето, да собира знаење наместо оценки или награди, мора суштински да се смени образовниот систем. За почеток, наместо да се трудиме да го вметнеме технолошкиот напредок во овој застарен образовен систем, како што се случува денес, можеме да го формираме околу него. Ова е најмалку што можеме да направиме со она што денес го имаме како познавање за тоа зошто образованието, без разлика какви реформи се воведуваат, не функционира. Наместо да се измислуваат изговори како хиперкинетичко растројство, кој е банално да се користи во ера во која сме бомбардирани со информации (во која изградена индивидуа би можела тешко да се снајде, а не пак дете) и да се вперува прстот кон разни виновници, можеби тој треба да се стави на глава и да размислиме што ни е нам навистина потребно. Реформите се излишни доколку не се насочени кон вистинско подобрување на знаењето на луѓето, а верувам дека секој што размислил, заклучил дека денес ова може да се постигне само преку суштинско искоренување на застарениот модел и замена со нов модел на образование.

Page 14: Студентско Списание Излез број 7

14 | НИЕ И СИСТЕМОТ

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

Дејвид Мeмет, познатиот американски драмски автор, сценарист и режисер, годинава ja издаде својата книга „Тајното знаење“. Во неа се опишуваат неговото лично надминување на доминантниот т.н. либерално-прогресивен поглед на светот и неговите нови размислувања околу американската култура, економија и политика. Мемет сега гордо ги прифаќа идеите на економистите-нобеловци Фридрих Хајек, Милтон Фридман и еднакво значајниот Томас Соуел. Централна тема на нивната работа е критиката на централното планирање, односно економската неслобода и токму со тие теми Мемет се занимава во неговата последна книга.

рАСшрАФЕНОтО тАјНО зНАЕњЕ

Данаил Станојески

Критика на знаењето за знаење, без практична работа и примена, за арогантноста на интелектуалците, за самодоволната природа на голем дел од образовните институции - во новата книга на дејвид мемет, „тајното знаење“.

»

Page 15: Студентско Списание Излез број 7

НИЕ И СИСТЕМОТ | 15

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

Мемет првично почна да ги ревидира сопствените ставови откако ги увиде контрадикторните постапки на еден од неговите омилени драматурзи, влијателниот Бертолт Брехт. Како што забележа Мемет, Брехт, иако беше деклариран како комунист и протестираше против неправдите на капитализмот, секогаш ги задржуваше авторските права на своите драми и имаше банкарска сметка во Швајцарија, но не и во родната (комунистичка) Источна Германија. Тоа лицемерие не му одговараше на Мемет - да гледа како, од една страна, некој човек критикува некаков систем, а од друга страна, истиот тој човек ужива во неговите плодови. И тогаш сфати дека Брехт единствено пишувал драми со прокомунистички пораки токму поради сигналите што ги примал од пазарот, дека луѓето сакаат да читаат такви работи, дека такви текстови би биле најпрофитабилни. Кај Мемет следат повеќедецениски промени на менталниот склоп што кулминираше со пишувањето на „Тајното знаење“.

Според Мемет, високото образование денеска е само уште еден начин на кој на младите луѓе им се одзема можноста за слободно размислување. Тој четиригодишното високо образование го споредува со лабораториски експеримент во кој глушецот се тренира да повлече лост и како награда за тоа добива парче храна. Студентот рецитира „мудрост“ (добиена од професорот) која не треба да ја анализира. Со тоа тој добива награда, оценка и доживотно членство во племе кое гледа на светот низ истите очи. Мемет предупредува дека тоа е „добро за глушецот затоа што тој живее во лабораторијата. Во вистинскиот свет, пак, патот до храната е потежок и сигналите не можат да се добијат во лабораториското опкружување.... Очигледниот одговор е никогаш да не се излезе од лабораторијата.“

Неговите размисли се слични со тие на Жан Жак Русо. Мемет, како и Русо, гледа дека општествата кои практикувале доблест, сега се судрени со проблем кога треба да ја изучуваат доблеста. Во неговиот прв објавен есеј („Дискурс за моралните последици на уметностите и науките“), Русо ќе напише: „Рим беше полн со философи и оратори, воената дисциплина се занемари, земјоделството исто така. Се појавија секти и татковината беше заборавена. Светите имиња на слобода, непристрасност и почитување на законите беа заменети со имињата на Епикур, Зенон и Аркесилај. Откако почнаа да се појавуваат Учените, се случи тоа за кое предупредија нивните философи, дека добрите луѓе ќе бидат замрачени“.

Мемет слично резонира. Според него, во модерните универзитети сè повеќе се всадува чувство на ароганција и надменост, тие стануваат места каде студентите се „дрогирани со дози на себеугодување“. И кој може да каже дека тој греши? Доволно е само да се погледне академскиот хибрис во Македонија по објавувањето на информацијата од Министерството за образование и наука дека универзитетите ќе мора да се адаптираат на потребите на пазарот (квотите ќе бидат променети и некои смерови ќе бидат ставени во мирување) за да се сфатат погрешните идеи на некои просветни работници.

Критиките на Мемет не се наменети на знаењето само по себе, туку се критика на знаењето за знаење, без практична работа и примена, за арогантноста на интелектуалците, за самодоволната природа на голем дел од тие институции. Ако ништо друго, ние живееме во информациско време во кое цели библиотеки можат бесплатно да се снимат на евтини електронски апарати, но, наспроти сè поголемата леснотија да се стигне до сето тоа знаење, цените во високото образование растат и растат, а студентите и нивните родители сè повеќе се задолжуваат за дополнителни курсеви, постдипломски студии и докторати. Очигледно е дека потрагата не е по знаење (или желба за општествена корист), туку по лабораторија која ќе нè прави доволно удобни за слободно да се експериментира врз нас, која ќе нè чува од лошиот свет надвор.

За сите тие што се прашуваат дали големата тајна на Мемет е некое бегство во мистицизам, треба да се каже дека тоа воопшто не е така. Тој се согласува со антропологот Ана Симонс; според неа, најчесто големата тајна е дека нема голема тајна, а со тоа и нема „тајно знаење“ или тајно учење, едноставната вистина е дека етатистичките соништа ги освоија САД и федералната власт има сè поголема контрола врз животите на американските граѓани. Но, ние во Македонија не треба да се грижиме, тука никогаш и не било поинаку. Тие идеи се тука „од памтивек“ и нивните промотори гордо ги носат своите професорски титули. Едноставно, проблем може да настане ако системот за кој се залагаат им се заканува на нивните примања.Далеку од тоа дека се сложувам со сè што Мемет пишува во неговите есеи, но морам да го пофалам човекот чии филмови и драми одамна ми се допаѓаат, затоа што е убаво да се знае дека е доволно доблесен да каже дека променил мислење. Гледајќи го поширокиот контекст и знаејќи ги доминантните сфаќања во пишувачкиот еснаф и целокупната шоу-бизнис индустрија, неговите размисли се вистинско освежување.

» Сцена од филмот „гленгари глен рос“, адаптација на истоимената драма на мемет.

Page 16: Студентско Списание Излез број 7

Како клучни институции, чија задача е да обезбедат компетентност и да го негуваат критичкото размислување, универзитетите имаат значајна улога во подготовката на граѓаните да се вклучат и да придонесат во своите заедници. Сепак, низ изминативе неколку децении, улогата на универзитетите како јадра на независната мисла и како „чувари на слободната размена на идеи во демократските општества“1 се промени под притисокот на пазарните сили. Според мене, ова претставува сериозна закана за демократското образование. Есејов ќе се осврне на комерцијализацијата на образованието, како и на затворањето на студиските програми од областа на уметностите и на хуманистичките науки, како една од нејзините најтешки последици. Бидејќи се чини дека трендот е глобален, понатаму ќе ви претставам и локални и странски примери што го илустрираат проблемот. Според Хумболтовиот идеал, целта на универзитетот не е само да „го пренесе наследството од минатото“2 туку и „да го прошири/унапреди знаењето преку оригинално и критичко истражување“3 . Ова значи дека универзитетите се симбол на еднаквоста и дека универзитетот претставува една независна, интелектуална и морална институција, која има одговорност да ги води општествата кон реализирање на нивниот целосен потенцијал. Овој концепт ги водеше универзитетите во минатото и е изразен и преку Болоњската декларација од 1988 година, која вели дека „секое истражување и предавање мора да биде морално и интелектуално независно од политичкото влијание и од економската моќ“. Сепак, растечката меѓусебна зависност на универзитетите и потребите на пазарот се стремат радикално да го изменат ова гледиште, бидејќи

светската економија започна да влијае врз идеалите и врз целите на високото образование. Како последица на ова, денес од универзитетите се очекува да функционираат повеќе како бизниси и да ја фокусираат својата работа на обезбедување повисока финансиска добивка и на подобрување на конкурентноста. Додека некои институции успеаја да одолеат на искушението, многу од нив се оддадоа на новата доктрина на дозволување на економијата да ги усмерува и да ги води нивните образовни политики.

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

16 | НИЕ И СИСТЕМОТ

Комерцијализацијата на образованието КаКо заКана за демоКратсКото образование.

умЕтНОСтИтЕ И хумАНИСтИЧКИтЕ НАуКИ – зАгрОзЕН ВИД

Една од поочигледните негативни последици од растечкиот тренд на комерцијализација на образованието е опасноста што ја претставува за либералното образование, особено за уметностите и за хуманистичките науки. Опасноста се должи на начинот на кој функционира пазарната економија, бидејќи профитниот сектор нема очигледна директна корист од делата создадени во овие области4. Оваа неповолна положба на уметностите и на хуманистичките науки треба да ги освести универзитетите и креаторите на политики во високото образование дека либералното образование е важен предуслов за демократијата.

1 Линч, К. (2006). Нео-либерализам и маркетизација: импликациите за високото образование. Европски журнал за истражување на образованието, 5 (1). 2 Андерсон, Р. (2010, март). „Поимот за универзитетот“ денес. Историја и политики. Retrieved December 23, 2011, from http://www.historyandpolicy.org/papers/policy-paper-98.html. 3 Исто. 4 Чорни, Т. Т. Комерцијализацијата на високото образование како закана за вредностите на етичкото граѓанство. Open Journal Systems. Retrieved December 22, 2011, from http://journals.ufv.ca/rr/RR21/article-PDFs/chorney.pdf

Весна Илиевска [Филолошки факултет „Блаже Конески“] Билјана Нацевска Бојана Бесова

Превод од англиски: Ана Лакалиска

Page 17: Студентско Списание Излез број 7

НИЕ И СИСТЕМОТ | 17

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

Во својата книга „Не за профит - зошто на демократијата ѝ требаат хуманистичките науки“, проф. Нусбаум изнесува едно поразработено објаснување за тоа зошто уметностите и хуманистичките науки се од клучно значење за демократијата. Тие нудат една неспоредлива наставна програма која може да ги научи луѓето „што значи да се биде добар граѓанин во светот полн со различности“. Универзитетите со добри програми за уметност и за хуманистички науки произведуваат активни и критички освестени членови на општеството, кои се подготвени да работат на промовирањето на општите вредности, да ја будат свеста и да не ги земаат здраво за готово закоравените општествени норми. Освен тоа, либералното образование обезбедува доста пошироко интердисциплинарно образование. Преку негувањето на имагинацијата, креативноста и разрешувањето на проблеми, ги подготвува граѓаните за ненадејни промени и им овозможува побрзо да се адаптираат на идните предизвици. Како резултат на ова, тие развиваат свои гледишта за различни прашања, преку кои може да се препознаат и да се преиспитаат извесни догми кои се длабоко вкоренети во нашево општество. Ова несомнено нуди огромни придобивки за заедницата и за создавање и одржување функционален демократски систем. Комерцијализацијата на образованието не е проблем со кој се соочува само Европа. Во статијата

„Падот на катедрите по англиски јазик“, објавена во „Американ сколар“ во 2009 година, Вилијам М. Чејс го споредува бројот на студенти по хуманистички науки во академските 1970/71 година и 2003/04 година во САД. Статистиките покажуваат дека студентите по англиски јазик, историја, странски јазици и книжевности, филозофија и теологија, на времето заедно изнесувале речиси 30 отсто од вкупниот број запишани студенти, а сега нивниот број се намалил на 16,6 отсто. Истовремено, студентите по економија се намножиле од 13,7 на 21,9 отсто. Ни Македонија не е исклучок од трендот. Сепак, бидејќи сме млада демократија, верувам дека ова прашање може да има уште посериозни последици врз високото образование. Сметам дека, во моментов, владата и понатаму се обидува да го поткопа придонесот на дипломците од областа на хуманистичките науки. Исто така, не покажа никаков интерес да инвестира во овие катедри, бидејќи ваквите инвестиции не се гледаат како профитабилни. Како пример може да се земе Институтот по етнологија, кој беше затворен повеќе од три децении. Неговото повторно отворање беше несигурно до пред неколку години и се случи дури откако академската заедница навистина изврши силен притисок. Уште еден неодамнешен приказ на омаловажувањето на хуманистичките науки во Македонија е препораката на двајца

министри од слични причини да се стават во мирување Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици, Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности и Катедрата за општа и компаративна книжевност. Мораше да се случи остра реакција од страна на академската заедница за да се повлечат препораките на министрите. Додека автономијата на еден универзитет често се перцепира како автономија од политички притисоци и заштита од мешање на државата, во вакви времиња се чини дека универзитетите страдаат од губење на еден друг вид автономија, како последица на еден далеку понепредвидлив фактор. „Невидливата рака на пазарот“ изгледа сака да ни го контролира и образовниот систем. Губењето на ваквата автономија е важно колку и на онаа во традиционалниот контекст. Всушност, сметам дека ако универзитетите продолжат да играат како што им свират целите и политиките на пазарната побарувачка, ефектот врз демократијата би бил разурнувачки. За високообразовните институции да ги следат принципите слични на Хумболтовиот идеал и на Болоњската декларација, мора да изнајдат начин да ги пребродат овие предизвици и да ја утврдат својата положба како самостоечки академски столбови. Само така можат да го осигураат напредувањето на вистински демократско образование.

Page 18: Студентско Списание Излез број 7

18 | МОЖНОСТИ

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

СтЕ СлушНАлЕ лИ зА „let’s do it! - World cleanup 2012“?

И ние не бевме слушнале, но ако ја посетите веб страницата на оваа светска акција за чистење на дивиот отпад, во списокот на земји учеснички ќе ја видите и Македонија, со иницијативата „Ајде Македонија!“. Акцијата се родила во 2008 година во Естонија, каде група волонтери решиле да ја исчистат својата земја за еден ден. И успеале – за само пет часа, 50.000 доброволци собрале 10.000 тони отпад. Оваа неверојатно инспиративна и успешна акција потоа се проширила на светско ниво, па годинава се очекува да се вклучат 100 земји и да се соберат 100 милиони тони отпад.

ДОБрО, зНАЧИ НЕ Е НЕВОзмОЖНО... НО КАКО?

Епа за сè е потребен план, и во овој случај, поучени од светските искуства, луѓето од Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија!“ имаат јасна и многу добро разработена стратегија за тоа како да стигнат до својата цел – не само да ја исчистат Македонија на 6 октомври годинава, туку и да развијат и спроведат одржливи решенија за справување со отпадот во Македонија. Еве ги чекорите:

1. ИСтрАЖуВАњЕ – ОтпАД?... ВО мАКЕДОНИјА?

Како Македонија се справува со отпадот? Иако сме мала земја, во поглед на отпадот и заштитата на животната средина се соочуваме со многу предизвици. Имаме само една стандардна депонија и 54 општински депонии. На годишно ниво, само 70 отсто од отпадот, или 490.000 тони, завршува во депониите, останатите 30 отсто, или 210.000 тони се претвораат во „украс“ на природата и околината. Сите го забележуваме отпадот околу нас, па не е тешко да се согласиме со заклучокот на иницијаторите на „Ајде Македонија!“ дека ваква акција и вакво будење ни се повеќе од потребни.

2. ВмрЕЖуВАњЕ НА СИтЕ КОИ мОЖАт ДА пОмОгНАт

Шесте граѓански организации кои ја основале „Ајде Македонија“ несомнено биле добар почеток, но за да се постигнат саканата масовност на акцијата и зададената цел за овогодинешното есенско чистење (да се соберат 3.000 тони отпад), потребно е широко партнерство меѓу сите засегнати страни: владини институции, општини, комунални претпријатија, компании, граѓански организации, училишта, медиуми... и, се разбира, самите граѓани кои ќе се вклучат во чистењето на безопасниот комунален отпад (ризичниот отпад, како на пример медицински или градежен шут, ќе се собира со

механизација со помош на комуналните претпријатија). „Ајде Македонија“ е на добар пат да ја обезбеди потребната поддршка: соработува со Министерството за животна средина, ЗЕЛС, РЕЦ, Црвениот Крст на Македонија, Федерацијата на планинарски спортови, граѓански организации, амбасади, училишта итн.

3. мАпИрАњЕ НА ОтпАДОт

За да се собере отпадот, мора прво да знаеме каде сè се скрил. За среќа, најчесто е доста видлив и Let’s Do It! World има направено глобална дигитална мапа на отпадот на која можат точно да се обележат дивите микро-депонии. Таков дигитален регистар постои и за Македонија, и токму за овој чекор, мапирањето, „Ајде Македонија“ најмногу смета на студентите и младите. Постојат бесплатни Андроид и iPhone апликации за мапирање, кои се многу едноставни за користење и со кои на лице место може да се внесе локацијата во мапата (детално упатство за мапирање има на веб страницата на „Ајде Македонија!“). Или пак можете да користите фото-апарат со можност за гео-тагирање, кој ќе ја обележи фотографијата која можете да ја прикачите на светската мапа. И да немате таков телефон, доволно е да ја запаметите точната локација и потоа да ја обележите на онлајн мапата. За таа цел можете да организирате прошетка за мапирање – изговор да го искористите пролетното сонце и да поминете ден во природа со пријателите.

„Ајде Македонија!“ ве кани на учество на фотоизложбата „Да го исчистиме светот“, која ќе се одржи на Јакопичево шеталиште во Љубљана, Словенија, и на која ќе бидат изложени фотографии од сите поранешни југословенски републики во кои се одржува акција за чистење. Фотографиите може да ги документираат самите акции, но и да бидат генерално на тема екологија или да ја претставуваат недопрената природа во Македонија. Секој учесник може да испрати најмногу пет фотографии најдоцна до 25.05.2012 г. на следната електорнска пошта: [email protected]. Повеќе информации за конкурсот се достапни на страницата на Фејсбук на „Ајде Македонија!“, но и на www.izlez.mk.

ФОтОКОНКурС:„Да го исчистиме светот“

може ли отпадот што ги загадува природните убавини на една земја да се собере за само еден ден? ентузијастите велат дека може и ваквата „невозможна мисија“ во моментов се подготвува и во македонија.

„АјДЕ мАКЕДОНИјА!“ – ДА му КАЖЕмЕ зБОгум НА ОтпАДОт!

Даниела Атанасова Кирил Шентевски

Page 19: Студентско Списание Излез број 7

МОЖНОСТИ | 19

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

4. прОлЕтЕН пИлОт-прОЕКт „мАКЕДОНИјА БЕз ОтпАД 2012“

Како генерална проба за националната акција за пролетва е планирана пилот акција „Македонија без отпад 2012“, во склоп на која се чистеа пет општини: Кисела Вода, Сарај, Дојран и Струга (21 април) и Липково (22 април). За таа цел, во сите општини се организираа едукативни работилници и мапирачки дружби и се собраа групи активистички расположени доброволци.

5. НАЦИОНАлНО ЕСЕНСКО ЧИСтЕњЕ

По сето комуницирање, планирање, организирање и мапирање, на 6 октомври македонските шуми, планини, села, градови и полјанки треба да се ослободат од барем 3.000 тони отпад, кој потоа правилно ќе се депонира и рециклира. Ако во Словенија Let’s Do It! инспирирал неверојатни 13 отсто од граѓаните да излезат на чистење, колку ли раце ќе покажат грижа за природата во Македонија?

6. КОлЕКтИВНО ОСВЕСтуВАњЕ – ЖИВОт БЕз ОтпАД

Од „Ајде Македонија!“ велат дека дури по чистењето на постоечкиот отпад, почнува вистинскиот предизвик – постигнатото со акцијата за чистење да биде одржливо и целосно да се промени начинот на кој размислуваме за отпадот во Македонија. Да заборавиме на депониите и да разбереме дека отпадот всушност е ресурс, збир на суровини кои неодговорно се трошат и уништуваат.

Како што ни посочи Елизабета Јовановска, Извршен директор на „Ајде Македонија!“, сè што користиме на дневна база може повторно да се употреби, може да направиме систем преку одредени канали пак да влезе во системот на употреба, како компост, рециклирано, реупотребено... и плус тоа да биде профитабилно. Тие сакаат да го промовираат концептот на „нула отпад“ за на крај она што вистински се отфрла во Македонија да биде многу мал процент. Младите дизајнери да се поттикнат да размислуваат за одржливи решенија за индустриски дизајн, граѓаните да се поттикнат помалку да фрлаат, да го селектираат отпадот и да рециклираат. И сето тоа, како што кажа Ели, „...со цел да си ги исчистиме нашите пошироки дворови и да си ја разубавиме нашата земја и планета.“

Едукативната кампања за колективно освестување веќе започна со семинар на тема „Македонија без отпад“, кој се одржа на 4 март на Економскиот факултет, а чија цел беше поттикнување на младински активизам за животна средина. Ќе следат и работилници за сите возрасни групи, за рециклирање, компостирање итн., како и акции за собирање стари работи, медиумски кампањи и предизвици и многу други креативни едукативни активности. Просторот за делување е голем и секој може да придонесе со своја идеја.

пА, СÈ Е ОргАНИзИрАНО, штО мОЖАм јАС ДА СтОрАм?

Да, рамката е поставена, но клучната улога во спроведувањето и во успешноста на акцијата им припаѓа на волонтерите. Има уште многу да се направи и сечиjа помош е добредојдена. Ако сакате да помогнете, на веб страницата www.ajdemakedonija.mk има апликација за волонтери и точно се наведени начините на кои може да придонесете:

1. прЕзЕмИ АплИКАЦИјА зА тВОјОт мОБИлЕН тЕлЕФОН - ipHone ИлИ android os.2. лОЦИрАј ОтпАДНА лОКАЦИјА ВО тВОЕтО СОСЕДСтВО – мАпИрАј. 3. прИДруЖИ СЕ НА НЕКОјА ОД АКЦИИтЕ зА ЧИСтЕњЕ.4. прИДруЖИ му СЕ НА ОргАНИзАЦИСКИОт тИм – ВО мАрКЕтИНг И прОмОЦИјА, ЕДуКАЦИјА, лОгИСтИКА И Др. 5. СтАНИ ФАН НА ФЕјСБуК – „let’s do it macedonia“.6. СлЕДИ јА ИНИЦИјАтИВАтА НА tWitter– „aJde makedoniJa!“. 7. ОргАНИзИрАј прОшЕтКА НИз СОСЕДСтВОтО СО ЦЕл ДА СЕ мАпИрА ОтпАДОт. 8. ОСНОВАј лОКАлНА групА зА пОДДршКА НА „АјДЕ мАКЕДОНИјА!“.9. пОКАЖИ јА СВОјАтА пОДДршКА СО прОмОВИрАњЕ НА „АјДЕ мАКЕДОНИјА!“.

10. рАшИрИ јА ВЕСтА НА СВОИтЕ прИјАтЕлИ.

„Излез“ ја поддржува оваа „невозможна мисија“ и ги повикува своите читатели да се вклучат и да ја пренесат иницијативата и во нивните локални средини. Ајде, Македонија, да го исчистиме светот!

Page 20: Студентско Списание Излез број 7

20 | ФОРУМ: ЖИВОТНА СРЕДИНА

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

Ако се набљудува односот на човекот кон природата, според класичната економска мисла која човекот го дефинира како рационално и егоистично битие, се добива впечаток дека втората карактеристика доминира над првата. За профилот индустријалец природата е нешто што треба да се обработи, искористи и трансформира. Трката за хуманизација на природата, пренагласувањето на нејзината прва и втора економска карактеристика – извор на ресурси и впивач на остатоци – и занемарувањето на третата функција – медиум за естетско уживање и духовно задоволство – резултира со негативни последици. Намалувањето на квалитетот на воздухот и водата, несовесното трошење на необновливи ресурси, искористувањето на обновливите ресурси со стапка повисока од стапката на нивната обнова, деградацијата на екосистемите се само неколку од показателите дека нешто е „тргнато наопаку“. Причините за ова

не треба да се бараат во одредени општествени системи, корпорациите или владините политики, бидејќи сите тие се составени од луѓе, каде воедно и лежи коренот на овој проблем. При анализирање на темата на загадувањето, кое во економски рамки уште се нарекува и негативна екстерналија, проучувачите на овој проблем не се залагаат за целосно искоренување на загадувањето. За жал, на ова ниво на цивилизациска еволуција тоа не е можно, бидејќи нула загадување би значело нула економска активност. Наместо тоа, се тежнее кон состојба на оптимално ниво на загаденост. Тоа е онаа точка во која економската активност може да се одвива непречено, количеството на резидуали од тоа работење е доволно мало за природата да може да го апсорбира, па така количеството на загадување е пониско од нивото кое би било штетно за човекот.

трката за хуманизација на природата, пренагласувањето на нејзината прва и втора економска карактеристика – извор на ресурси и впивач на остатоци – и занемарувањето на третата функција – медиум за естетско уживање и духовно задоволство – резултира со негативни последици. Причините за ова не треба да се бараат во одредени општествени системи, корпорациите или владините политики, бидејќи сите тие се составени од луѓе, каде воедно и лежи коренот на овој проблем.

зАгАДуВАњЕтО И ЕКОНoмСКИтЕ пАрАДИгмИ

Бојана Бесова [Економски факултет] Далибор Стајиќ, Билјана Нацевска

»

Page 21: Студентско Списание Излез број 7

ФОРУМ: ЖИВОТНА СРЕДИНА | 21

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

Тешкотиите настануваат при одредувањето на оваа точка. Нејзиното достигнување во теорија е едноставно, но во практика е многу ретко и тешко. Затоа доаѓа до намалување на критериумите и до привремено задоволување со прифатливо ниво на загадување.Во улогата на „чувар“ на загадувањето може да се јави државата преку механизмот на даноците. Идејата е дека на тој начин фирмите би го намалиле своето производство, а со тоа и загадувањето, за да одбегнат да го намалат профитот. Додека, пак, плаќањето на данокот би било реална компензација за направената штета. Но, ефикасноста на даноците често се става под знак прашалник. Прво, поради асиметричноста на информациите. Голем дел од фирмите не ги откриваат во целост податоците за своето работење, па така износот на данокот не е правилно поставен. И второ, било фирмите да го намалуваат своето производство или да ги зголемуваат трошоците преку плаќање данок, товарот од тоа многу лесно може да биде префрлен на граѓаните преку покачување на цените. Кога ова би се случило кај производ за кој нема толку голема побарувачка, последиците и не би биле толку релевантни, но во обратна ситуација, кога ова би се случило кај производ за кој има голема

побарувачка и зазема поголем дел од буџетот на граѓаните, на пример струјата, импликациите би биле многу посериозни. Технологијата исто така има важна улога и претставува релевантно решение. Има сè понапредни начини на филтрирање на издувните гасови и отпадните води од фабриките, а употребата на нетоксични материјали во производството е сè почеста појава. Но, како и во секој пристап, и тука се јавуваат слабости. Оваа технологија често е многу скапа и недостапна во земји во развој или транзиција, како Македонија. Постои и така наречена „зелена“ технологија, како пример за тоа се хибридните автомобили. Нивната супериорност над автомобилите кои работат на бензини е неоспорлива. Но, и покрај тоа, имплементацијата во секојдневието оди бавно. Пред сè поради тоа што голем број од луѓето поседуваат автомобили кои работат на бензин и не се одлучуваат да ги заменат со нови кои не загадуваат. Најчеста причина за тоа е финансиската. Да се отстранат овие автомобили од пазарот, исто така, не е добро решение. Автомобилските индустрии се огромни организации кои нудат голем број на работни места и се столб на најмоќните економии во Европа. Радикалната идеја за нивно затворање би предизвикало

економска криза од огромни пропорции. Наместо тоа се поддржува нивната транзиција кон „зелена“ економија, која е бавен и долг процес. Комбинацијата на законите на екологијата и законите на економијата раѓа една нова перспектива за загадувањето. Поголемо достигнување во оваа област е потенцирањето на неопходноста од рециклирање. Според физиката, вкупното количество на материја и енергија во универзумот останува непроменето, а на овој закон подлежат и економските активности. Со нив материјата и енергија само го променуваат својот облик, но на крај пак се враќаат во природата. Темната страна на овој циклус е што за разлика од природата, која има внатрешен механизам на рециклирање, кај економијата тоа не постои, па резидуалите кои повторно се враќаат во природата се токсични и вештачки и самата природа не може да ги обработи. Токму затоа и се прават напори за пронаоѓање начини и методи за нивно најуспешно рециклирање.Сепак, и за жал, во рамките на економијата сè уште не е создадена целосна теорија која ќе успее да се справи со проблемот на нарушувањето на природата.

Нарушувањето на рамнотежата на природните процеси има сериозни импликации врз здравјето на човекот, а со тоа директно влијае и на благосостојбата на неговата егзистенција и станува тема која е од интерес за економската наука. Но, жртви на загаденоста не се само луѓето, туку и сите други живи организми. Со оглед на тоа што во оваа наука нивното постоење се прифаќа како независно од она на човекот, грижата за нивната егзистенција не е типична економска категорија. Имено, според класичната економска парадигма, човекот е загрижен само за својот опстанок и го вреднува она што му дава корист. Звучи себично и ригидно. Но, ако е ова точно, на што се должат кампањите за заштита на правата на животните? Според хуманистичката економска мисла, луѓето не се мотивирани само од личната корист, туку и од алтруизмот. Овие два мотива ја формираат проширената рационалност на човекот и воедно го претставуваат економското дејствување не како груба активност, туку во многу поблаго светло, земајќи ја предвид совеста и етичките вредности.

Page 22: Студентско Списание Излез број 7

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

22 | ФОРУМ/ЖИВОТНА СРЕДИНА

Како резултат на „одличното планирање” и на (не)заштитата на општествената сопственост, велес беше прогласен како критично место за живеење од страна на светската здравствена организација - од 1980 година до затворањето на фабриката во 2006 година, емисиите на олово, кадмиум и цинк во велес беа за 100 пати повисоки од максимално дозволените.

тОпИлНИЦАтА ВО ВЕлЕС: ДВОЕН ДрЖАВЕН НЕуСпЕх

Бојан Богевски Андреј Мартински, Чиприан Пантеа (фотографиите се направени како дел од Photogr8 проектот)

Во раните 70-ти години од минатиот век, општествените „планери” одлучија дека во Велес треба да биде изградена топилница за производство на олово и на цинк, во која ќе бидат вработени околу 1.000 луѓе. Во 1973 година, велешани го добија својот „тивок убиец” – „планот” мораше да биде исполнет. Рапидната индустријализација беше приоритет во однос на животната средина и на здравјето на граѓаните. Оттука, мораа да се скршат неколку јајца (здравјето на „само” околу 47.000 жители) за да се направи омлет, т.е. за да се исполни „планот”.

Како резултат на „одличното планирање” и на (не)заштитата на општествената сопственост, Велес беше прогласен како критично место за живеење од страна на Светската здравствена организација. Имено, од 1980 година до затворањето на фабриката во 2006 година, емисиите на олово, кадмиум и цинк во Велес беа за 100 пати повисоки од максимално дозволените. Отпадните води ја користеа реката Вардар како своја депонија, а пак водите од реката се користат за наводнување на земјоделските површини во Велес. Ваквите ефекти не ги поштедија граѓаните!

»

Page 23: Студентско Списание Излез број 7

ФОРУМ/ЖИВОТНА СРЕДИНА | 23

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

Иронијата во целиот овој „планиран” еколошки холокауст на еден цел град се наоѓа во чл. 108, ст.1 од Уставот на Социјалистичка Република Македонија.1 Наведената одредба гласи: „Работните луѓе и граѓаните, организациите на здружениот труд, општините и Републиката имаат право и должност да ги спречуваат штетните последици што со загадувањето на воздухот, земјиштето и водите го доведуваат во опасност животот и здравјето на луѓето”. Резултатот од компарацијата помеѓу чл.108, ст.1 и реалната состојба во Велес е еднаков на Epic Fail! Со други зборови, ваквата состојба во економската литература од нобеловецот Џејмс Бјукенен е наречена државен неуспех (бр.1)!Но, како би го објасниле фактот што Топилницата продолжи со своето „еколошко” работење сè до 2006 година!?2 Одговор: осамостојувањето на Македонија и промената на системот во пазарна социјална економија ништо суштински не променија во областа на животната средина. Улогата на државата во однос на правото на здрава животна средина остана непроменета. Пазарните решенија главно се уставно ампутирани од областа на животната средина. Исто како и во претходниот систем, денеска сè уште судбината на 47.000 граѓани зависи од централните одлуки на власта! Ова е индикација за постоење на двоен државен неуспех. Тогаш, прашањето е дали постои алтернатива кога и во двете уредувања проблемот е „решен” на ист начин? Едно можно решение, кое е релевантно за сите загадувачи, е пазарната екологија. Пазарната екологија е идеја за заштита на животната средина и на здравјето на граѓаните преку заштитата на приватната сопственост и строгата одговорност за нејзино

нанесување повреда („strict li-ability”). Во сржта на пазарната екологија се наоѓа систем на прецизно утврдени, преносливи сопственички права кои државата има улога да ги заштитува од секаква интрузија, вклучувајќи и загадувачки емисии. Кои се предностите на пазарната екологија? Прво, пазарно ориентирана држава има обврска да оневозможи кој било да прави добивка повредувајќи туѓа сопственост. Во сржта на пазарното општество се наоѓа приватната сопственост и економската слобода чии граници се токму сопственичките права на другите граѓани. Второ, проблемот со загадувањето на Топилницата е сопственички проблем – треба да се перцепира како Топилницата да „фрла ѓубре” во домовите, дворовите, бавчите и во белите дробови на граѓаните без нивна согласност. Трето, граѓаните мора да имаат пристап до правда, а судовите да одлучуваат дали имало неодобрено „фрлање ѓубре” од страна на Топилницата, без разлика дали таа работела според стандардите, ги преземала сите достапни превентивни мерки или задоволува некое „повисоко јавно добро” (начело на „строга одговорност”). Ваквата правна поставеност на системот ќе има значителни позитивни ефекти со пониски административни трошоци, и дополнително: Топилницата и другите големи загадувачи никогаш немаше да бидат отворени без да имаат обезбедено дека нема да го загадуваат имотот на ниту еден граѓани; се создаваат поттици за употреба на чиста технологија токму поради заканата од тужби поради повредата на сопственичките права, кои пак граѓаните имаат силен поттик да ги бранат; се минимизираат изворите за политичко лобирање за заобиколка на

правата на сопственост; и се создава потреба од „еколошки форензичари”, на која набргу ќе одговорат „зелените” претприемачи со цел да се развие пазар за докажување на еколошка штета. Дали пазарната екологија ќе ги реши сите проблеми од областа на животната средина? Се разбира дека не. Исто како што ниту еден систем нема да ги реши целосно проблемите на човекот и на животната средина и да се верува во обратното е најчесто знак на економско шарлатанство или сциентизам! Прашањето е кој систем гарантира релативно подобра заштита на здравјето на граѓаните и кој има инхерентни механизми кои создаваат поттик за стремеж кон прогресивно усовршување. Голем број логични и емпириски факти укажуваат дека тоа се пазарната екологија и неповредливоста на приватната сопственост.

1Устав на Социјалистичка Република Македонија, Службен весник на СРМ бр. 7/74 од 25 фебруари, 1974г.2Топилницата е во фаза на добивање еколошка дозвола. Се чека решението од Министерството за животна средина и просторно планирање. Бидејќи сè уште не е донесена никаква одлука, моите аргументи се однесуваат на она што е сторено до денот на пишување на овој текст.

Page 24: Студентско Списание Излез број 7

24 | ПОГЛЕДИ

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

несреќата никогаш не доаѓа сама. ние ја бараме како со кандилце, се сложуваме со нејзиното доаѓање и кога таа ќе почне да дејствува ја жалиме нашата кутра судбина со изговорот дека така требало да биде, дека некој друг така сакал и наредил и ние ништо не можеме да направиме. не бидете кутри душички, бидете нескршливи духови во борбата за подобро утре!

тОпИлНИЧАрСКИ мАКИ гОлЕмИ, тЕшКИ КО ОлОВНИ плАНИНИ!

Нино Николовски Андреј Мартински, Чиприан Пантеа (фотографиите се направени како дел од Photogr8 проектот)

Ниту името не сакав да и го изговорам, а веќе наголемо зборувам за неа. Многупати ја гледав само како едно старо железо кое се распаѓа, а сега веќе стравувам тоа железо да не се претвори во повторен убиец. Како монструм кој излегол од затвор и не се ресоцијализирал, а одозгора му даваат и пиштол в рака, да убива одново и одново, притоа останувајќи несанкциониран! Имав желба да ја видам како споменик на ужасот, споменик на кој никој не се поклонува, а сите го чествуваат. Сега сум свесен за суровиот капитализам и уште едно големо НЕ за човештвото, светот и животот во него.

Зборувам за тивкиот убиец на Велес, зборувам за топилницата за олово и цинк, за еден куп метал од кој не им се крена косата на оние на кои требаше, а им опадна на оние кои беа директно засегнати. Говорам за изворот на болести ширум Велес и раскажувам за една социјалистичко-криминална идеја, од која до ден денешен дерман не му доаѓа на овој мој народ, велешки. Идејата за отворање на црната хемија сред урбана средина е највисокиот врв на уништувачкиот цинизам на властите кои дозволија истата да се даде на продажба и на оние кои ја купија со паричка. Зборот „купување“ на овој убиец и не е толку страшен ако се стави во контекстот во кој требаше, а тоа е само ситуацијата која изгледа како најрационална и единствена опција: да се купи, да, но само нејзиното старо железо кое ќе биде складирано во отпад.

»

Page 25: Студентско Списание Излез број 7

ПОГЛЕДИ | 25

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

Новите ситуации околу нејзиното рестартирање и сите изјави на волја, дека таа ќе биде економскиот пеницилин за Велес заедно со нејзините купувачи и нивните трибини за тоа како ќе работи и колку ќе произведе, ги гледам со огромна доза на гадење кое ми предизвикува социјално-политичка дијареа. Таквата болка на системот за варење на храна во мојот организам е надополнета со изјави од типот: „Ќе се вработат многу луѓе со нејзиното рестартирање, градот економски ќе заживее, сите ќе имаме подобро утре“! Утре? Кое утре? Тоа утре што беше вчера? Утре во кое се гушевме? Квечерината предизвикана од маглата на работниот колектив, таму од печките кои ја запечатуваа нашата надеж за здрав живот? Ваквите изјави ги ставам во категоријата „несреќен случај од работењето на топилницата“, затоа што такво размислување може да има само некој што непосредно ја претрпел последицата од долгогодишното труење на овој народ. Не се помалку разочарувачки ниту малограѓанските изјави кои доаѓаат од повисоките делови од градот (Велес е, воглавно, стрмен град), кои живеат во светот на бајките и со своите мозоци тешки од олово ги трупаат изјавите: „А, бе, океј е, ќе протестирам против повторното отворање на топлицата, иако кај мене горе загадувањето не фаќа, не допира и не се чувствува“! Секој обид за рационално објаснување на оваа ситнодушно-маалска теза паѓа во вода, паѓа во бунар без дно. Зар и во 21-иот век со вакви неантрополошки бладања?! И ниту збор повеќе за ова! Идните газди се приказна за себе. Не би сакал да трошам простор за нивното несвесно „живуркање“ кое го гледаат како процес во кој профитот е „condicio sine qua non“! Нека го повторат во огледало нивниот став: „Ќе поставиме филтри, топилницата ги поседува сите еколошки стандарди и ќе вработиме над 1.000 работници.“ Ако се интелектуалци и луѓе од бизнис елитата, како што се претставуваат, тогаш сигурно после таквата изјава дадена пред себеси, во огледало, би прснале од смеа. Да купиш фиќо произведено во 70-тите и да тврдиш дека истото ќе работи на еколошко гориво со филтри и дека ќе превезува 8 патници одеднаш – би останеле ли рамнодушни на таквата луда изјава? Би направиле ли атлетичар од 60-годишна баба? Ќе модифицирате ли мотор од Застава 750 во БеЕмВе тркачка машина? Ги замолувам мои најдраги сограѓаните да престанат да бидат сироти Лилипутанци и да веруваат во сè и сешто. Ова не е каналот Дискавери Сајенс. Едноставно – не оди!

И доаѓаме до најтрагичното потклекнување на моите сожители во еколошката револуција и борбата за здрава самосвест. Тоа е најболното од сите зла кои можат да му се случат на македонскиов народ, вклучително и овој кој спаѓа под општината Велес. Тоа е веќе опсежната максима во која уживаат граѓаните. Би ја парафразирал маалски, онака како што заслужува, а истата гласи: „Џабе е сè. Што и да сториме, колку и бунтови да направиме, ако тие решиле да ја отворат – така и ќе биде!“ Лилипутанците на дело, ситните души на сет глас, сиротите индивидуалци по нив, а оние без свест и грижа веднаш зад нив на орото наречено „положи го оружјето“. Судејќи според еколошката револуција, т.е. протестот во Велес по повод рестартирањето на тивкиот убиец, можам да се порадувам дека таквите ги има во мал број. Ама пустото, загрижува кога ќе го чуеш од луѓе кои веќе учествуваа таму, маршираа со транспаренти, извикуваа пароли и зуеа со свирки. Ги уби размислата дека повторно сме ние ништожни како народ, недораснати за револуција, незаслужни да живееме и ние и нашите потомци во подобро сега и утре.Каде ги води сето тоа положување на оружјето? Ќе добијат ли нешто, ќе се покорат ли на новите газди на убиецот, ќе направат ли изолиран свет во кој нема да имаат допир со загадувањето кое ќе биде реалност? На крај, ќе заработат ли многу како работници во неа и што ќе си купат со парите спечалени во велешкиот Чернобил? Здравје? Никој не сака повторно во раните утрински часови да има магла сред лето, да мириса на запалена хемикалија, да наоѓа мртва птица до влезот на неговата зграда. Ама баш никој не сака неговото родно место да биде препознатливо по загаденоста, да е црна точка во државата и да е средина кон која погледите се насочени со сожалување. Освен ако не е антиеколошки мазохист. Барем за овие причини вреди да се избориме! Несреќата никогаш не доаѓа сама. Ние ја бараме како со кандилце, се сложуваме со нејзиното доаѓање и кога таа ќе почне да дејствува ја жалиме нашата кутра судбина со изговорот дека така требало да биде, дека некој друг така сакал и наредил и ние ништо не можеме да направиме. Не бидете кутри душички, бидете нескршливи духови во борбата за подобро утре. 50.000 жители сигурно се повеќе од пар капиталистички монструми. Ако веќе сме помалку значајни од нив, ајде тогаш нека нè води паролата на зелената коалиција „One must leave“ или „Еден мора да си замине”!Разбирливо, тоа не смееме да бидеме токму ние!

Page 26: Студентско Списание Излез број 7

26 | УСПЕШНА ПРИКАЗНА

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

СЕКОгАш пОСтОИ прЕДИзВИК зА ВрАќАњЕ ВО мАКЕДОНИјА вО македОнија сè уште пОстОи прОстОр за развивање на мнОгу нОви креативни и инОвативни идеи, нО пОтребнО е малку да се размислува надвОр Од кутијата и да не се плашиме да излеземе Од сОпствената зОна на удОбнОст.

ЕлЕНА Б. СтАВрЕВСКА, ДОКтОрАНт НА ЦЕу

Даниела Атанасова

Page 27: Студентско Списание Излез број 7

УСПЕШНА ПРИКАЗНА | 27

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

вО македОнија студираше на приватен универзитет, фОн. дали си задОвОлна Од ОбразОваниетО штО гО дОби, сО Оглед на предрасудите за пОлОш квалитет кОиштО важат за приватните факултети Овде?

» Во Македонија постои општ проблем со високото образование во областа на општествените науки. Системот и на државните и на приватните универзитети, барем во времето кога јас студирав, ставаше преголем акцент на меморирање на материјалот, а речиси и не постоеше простор за охрабрување на развивањето на некакво критичко размислување. Менталитетот дека професорот и книгата се секогаш во право и дека тоа не се доведува во прашање е, според мене, најпроблематичниот аспект од образованието во Македонија. Во поглед на кадарот што предава и на државните и на приватните универзитети, не гледам некоја голема разлика. Напротив, ми се чини дека постои огромно циркулирање на истите професори. Јас секогаш велам дека оној што сака да научи, ќе најде начин да учи, без разлика дали е на државен или на приватен факултет. Она што мене особено ми се допадна на универзитетот на кој студирав е што ми беше дадена огромна слобода во поглед на развивање на моите интереси во одредена област, дури и кога тој конкретен аспект не беше планиран според наставната програма. Неретко се случуваше да бидам охрабрена да го разработам материјалот во таа област и да подготвам презентација во која би го споделила тоа со колегите. Секако, оттогаш многу работи се имаат сменето во образованието кај нас, но она што се нема сменето е дека нема добри и лоши универзитети. Има само добри и лоши професори, како и студенти што сакаат и студенти што не сакаат да учат.

Од каде интересОт за еврОпскОтО правО? сепак, станува збОр за една пОспецијализирана Област, се чини дека уште Од рана вОзраст, на пОчетОкОт на студирањетО, си имала дОста кОнкретни интереси...

» Ова е прашање што до ден денес многу од моите соученици во средно ми го поставуваат, со оглед на тоа што, до второто полугодие во четврта година, подготвував приемен за на медицина и бев убедена дека сакам еден ден да специјализирам во областа на нуклеарната медицина. Во меѓувреме, бев избрана како еден од македонските претставници во Европскиот младински парламент, по што решивме да формираме национален комитет на мрежата. Со текот на времето, како се запознавав повеќе со европските интеграции и политики, станував сè повеќе заинтригирана од оваа област. Ова

конечно беше пресудно да се одлучам за додипломски студии по европско право, со оглед на тоа што во тој период тоа беше единствена програма во областа на европските студии што се нудеше на кој било универзитет во Македонија.

за време на твОите дОдиплОмски студии на универзитетОт фОн вО македОнија, пОмина и една гОдина вО сиетл (сад) какО студент на размена. кОлку Ова искуствО влијаеше врз твОјОт пОнатамОшен избОр да заминеш и на пОстдиплОмски студии вО странствО?

» Искуството на Универзитетот Вашингтон имаше огромно влијание, не само врз одлуката за постдипломски, насоката, туку и за мојот целокупен интелектуален развој. Таму ја сфатив суштината на критичкото мислење, првпат бев изложена на поинаков едукативен систем, студирав кај професори од светски рамки, првпат навлегов во областа на меѓународните односи. Оттаму и фасцинираноста што резултираше со одлуката за специјализација во оваа област. Оттаму и интересот за трансатлантската безебедност, што го оформи првичниот план да студирам една година на ЦЕУ, фокусирајќи се на европската безбедност, па после да продолжам на Georgetown во Вашингтон, фокусирајќи се на американската страна од соработката. Арно ама во меѓувреме ја открив страста кон предавањето, а и наидов на одличен ментор, што не се случува толку често, и одлучив да останам на ЦЕУ и да продолжам на докторски студии.

заврши две магистерски студии, сега си на дОктОрски, учествуваш вО истражувачки прОекти, штО пОнатаму? Ќе прОдОлжиш ли сО истражување и сО градење академска кариера? каде и вО кОја насОка?

» Ова е тешко прашање. Од професионална гледна точка, би сакала по завршувањето на докторатот или да работам во конфликтна или во постконфликтна држава, директно вклучувајќи се во процесот на градење мир, или да побарам постдокторска позиција блиска до моите интереси, без географски органичувања. На подолг рок, би сакала да продолжам со градењето академска кариера, што значи би сакала не само да истражувам туку и да продолжам да предавам во областа на меѓународните односи и, поконкретно, на мировните студии. Конкретни географски преференции немам, но кога на сето ова ќе се додаде и приватниот живот, сликата станува уште покомплицирана. Но, сè уште има време за конечна одлука; засега, продолжувам со ангажманот на истражувачкиот проект, каде сум вработена до завршувањето на проектот, што е на крајот на 2013 год.

Page 28: Студентско Списание Излез број 7

28 | УСПЕШНА ПРИКАЗНА

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

член си на тимОт штО рабОти на истражувачкиОт прОект „култури на управување и решавање на кОнфликти вО еврОпа и индија“. кОја е пОтОчнО твОјата улОга и штО дОсега научи и Очекуваш да научиш пОнатаму низ рабОтата на прОектОт? верОјатнО е убава мОжнОст за запОзнавање сО индиската култура...

» Станува збор за тригодишен проект, финансиран од страна на Европската комисија, во кој учествуваат десет академски и истражувачки институции од Европа и од Индија. Една од овие институции е и ЦЕУ. Јас сум вклучена како истражувач и како координатор на работниот пакет што го води ЦЕУ. Проектот е всушност тематски многу близок до мојата докторска дисертација и претставува совршена можност за надоградување и за соработка со врвни имиња од областа на мировните студии. Соработката со колеги од Индија е особено интересна и, јас би рекла, е еден од позначајните аспекти на проектот, доколку би морала нешто да издвојам. Ова особено затоа што неретко се наоѓаме во ситуација кога имам различно разбирање дури и на некои од основните концепти што ги користиме, како што се конфликт и мир, што е резултат како на нашите различни искуства така и на различното културно потекло. Целта воопшто не е униформирање на размислувањето, туку предизвикување на веќе утврдените идеи и сфаќања. Покрај оваа „интелектуална гимнастика“, проектот нуди и можност за запознавање на Индија и на индиската култура, во која едноставно е невозможно човек да не се заљуби.

штО мислиш за ОдливОт на мОзОци Од македОнија, сО Оглед на тОа штО и самата вО мОментОв живееш и рабОтиш вО странствО? гледаш ли предизвик за „враЌање“ Овде?

» Предизвик секогаш постои. Потребните промени, за кои сите оние што „отишле“ од земјата зборуваат, нема да се иницираат и спроведат самите од себе. Така, ни промените што се потребни во високото образование, како одговор на проблемите што претходно ги споменав. Во тој поглед, не ја исклучувам можноста еден ден да се вратам. Сепак, засега, доколку одлучам да продолжам да градам академска кариера веднаш по докторирањето, како млад академик, би било тешко понатаму да се развивам без пристап до некои ресурси и литература, коишто се неопходни за истражување. Од таа гледна точка, ќе се вратам во моментот кога ќе бидам подготвена да придонесувам, а да не барам многу за возврат, т.е. кога веќе донекаде ќе се имам изградено како академик.

вО истражувањетО за дОктОрската дисертација се фОкусираш на пОсткОнфликтни средини на балканОт, пОтОчнО на бОсна и ХерцегОвина и на кОсОвО. на дОбар пат ли е градењетО мир на Овие прОстОри? кОлку младите мОжат да пОмОгнат?

» Тоа зависи од дефиницијата за мир која се користи. Доколку зборуваме едноставно за прекин на насилството, тогаш мирот речиси е изграден и во БиХ и во Косово. Но, доколку зборуваме за суштинско помирување и за постоење на некаков здрав соживот, тогаш, за жал, и двете општества се далеку од тоа. Одговорноста за ова ја делат не само завојуваните страни туку и меѓународната заедница, затоа што во двата случаја начинот на кој е „решен“ спорот додава масло на огинот на ниво на обичниот граѓанин. Покрај тоа што постојат прогресивни младински движења и во двете земји, коишто работат кон надминување на некои од причините за поделеност, чија работа е навистина импресивна, сепак, за жал, моето искуство досега е дека младите, дури и оние што можеби и не биле родени за време на конфликтот, продолжуваат како носители на конфликтот. Покрај поделеноста и малиот број можности за интеракција со „другата страна“, ова уште е резултат и на пренесувањето на спомените од генерација на генерација, како и на претставувањето на конфликтот во популарната култура и во различните медиуми на кои младите се изложени.

Page 29: Студентско Списание Излез број 7

УСПЕШНА ПРИКАЗНА | 29

мОменталнО и предаваш на цеу. какО е да се биде прОфесОрОт наместО студентОт, ти се дОпаЃа ли рабОтата сО студенти?

» Знаејќи колку е важна улогата на професорите во интелектуалното оформување на студентот и колкаво влијание имале моите професори на мене, улогата на предавач носи огромен товар. Работата со студенти си има свои предизвици, но и многу предности и благодати. Последниве три години работам со магистранти и дефинитивно ми се допаѓа работата со нив. Дискусијата на моите часови понекогаш знае да биде малку поопуштена, но не и помалку сериозна, поради тоа што генерациски сум блиску до многу од студентите. Истовремено, интелектуалното ниво на дискусија е непроценливо, што им користи не само на студентите туку и мене.

младите луЃе вО македОнија честО се пОтиштени Од екОнОмската ситуација и Од недОстатОкОт на мОжнОсти. каквО е твОетО искуствО, навистина ли се Ограничени мОжнОстите и штО би им пОрачала на читателите за пОлеснО да дОјдат дО нив и да ги искОристат?

» Не е воопшто спорно дека можностите во Македонија се ограничени. Делумно тоа е поради лошата економска состојба, а делумно поради тоа што и оние слободни работни места што ги има не секогаш се пополнуваат врз основа на квалитетот на кадарот. Но, од друга страна, постои и пасивност кај младите луѓе. Постои некаков менталитет дека работата сама ќе нè најде и, кога ќе нè најде, сите очекуваме да бидеме директори. Секако, карикирам во случајов, но според она што го гледам, ми се чини како да постои мислење дека е подобро да си невработен отколку да работиш нешто што е „под нивото“ на академски образован граѓанин. Овој менталитет досега го имам сретнато само на Балканот и не можам во целост да го разберам. Како контрапример ќе ги наведам трите стипендистки од мојата програма на Универзитетот Вашингтон – уште на почетокот на академската година таму се договоривме дека за време на зимскиот распуст сакаме да патуваме по западниот брег на САД и веднаш побаравме работа. Немаше никаков срам во тоа што работевме во студентската кафетерија. Слична аверзија кај нас постои и кон волонтирањето или кон неплатените работи. Во мојот случај, а и во случајот на многу од моите пријатели кои денес се успешни во својата област, се почна токму од волонтирање во невладина организација, каде дури и да не си платен, ги учиш основите, а и се поврзуваш со луѓе со слични интереси. Во Македонија сè уште постои простор за развивање на многу нови креативни и иновативни идеи,

но потребно е малку да се размислува надвор од кутијата и да не се плашиме да излеземе од сопствената зона на удобност.

за себе велиш дека си нОмад и, сО Оглед на тОа кОлку патуваш и вО кОлку различни средини си живеела, навистина мОже да се каже дека си „жител на светОт“. Ќе застанеш ли некОгаш некаде? и, каде ти е најубавО?

» Секако дека ќе застанам; уште некоја година како номад и после ќе се „скрасам“ на едно место… барем на неколку години. Тешко е да се каже каде ми е најубаво, секое место си има свои предности. Кога би можела да ги комбинирам топлината на родителскиот дом во Кавадарци, македонската едноставност на живеењето, сараевската смисла за хумор, архитектурата и ноќниот живот на Будимпешта, и секако, природните убавини околу Сиетл, ете таму би ми било најубаво :)

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

Page 30: Студентско Списание Излез број 7

30 | МОЖНОСТИ/ЗДРАВЈЕ

х.Е.р.А.: САКАмЕ СВЕСНОСт зА СИтЕ ОпЦИИдванаесет гОдини пОсветена рабОта за унапредување на сексуалнОтО и репрОдуктивнО здравје и права.

Даниела Атанасова, Дамјан Цветков-Димитров [Филозофски факултет] Далибор Стајиќ

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

САКАш ДА ПОМОГНЕш?

Х.Е.Р.А. има младинска програма, во која волонтерите имаат слобода самите да го организираат своето време и активности, во зависност од нивните интереси. Досега имале театарски работилници, фотографски работилници итн. Доколку сакате да волонтирате, пратете меил на: [email protected].

Page 31: Студентско Списание Излез број 7

МОЖНОСТИ/ЗДРАВЈЕ | 31

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

кОга сакавме да дОзнаеме кОлку вО македОнија младите имаат пристап дО бесплатна кОнтрацепција и да ОтвОриме теми пОврзани сО сексуалнОтО здравје и ОбразОвание, првата адреса на кОја се Обративме беше Х.е.р.а., асОцијација за здравствена едукација и истражување. на пОлетО на унапредување на сексуалнОтО и репрОдуктивнО здравје и права Х.е.р.а. вреднО рабОти уште Од 2000 гОдина. разгОваравме сО бОјан јОванОвски, извршен директОр и драшкО кОстОвски, прОграмски директОр, кОи нè запОзнаа сО ситуацијата вО мОментОв и сО дел Од нивните активнОсти.

ОбразОвание и инфОрмиранОст

Колку се младите кај нас информирани за тоа како да се заштитат од сексуално преносливи инфекции, од несакана бременост...? Не доволно, велат нашите соговорници. Нивните сознанија покажуваат дека и она што младите го знаат сигурно не го научиле на училиште. Оттука и индикативниот наслов на нивната проценка за потребата и достапноста на информации од областа на сексуалното образование во Македонија, „Љубов само по часови“. „Ние ги анализиравме учебниците за основно и средно образование за да видиме на кој начин ги обработуваат темите поврзани со сексуалноста. Ова е важно бидејќи учебниците влијаат врз ставовите на популацијата за сексот и сексуалноста. За жал, утврдивме дека и во стручните учебници кои се наменети за лица со медицинска струка сè уште постојат одредени предрасуди во врска со контрацепцијата. Во некои учебници има и дезинформации. На пример, во учебникот по биологија за осмо одделение пишува дека кондом се користи само со непознати партнери. За таа цел, минатата година организиравме петиција „Имаш право на информации за контрацепција - барај сексуално образование“ со која младите побараа воведување на сеопфатно сексуално образование во основните и средните училишта,“ рече Драшко.За да го покрие недостигот од информации на темите поврзани со сексуалното здравје, ХИВ/СИДА и сексуалноста воопшто, Х.Е.Р.А. уште од 2000 година има програма за врсничка едукација, а организира и предавања во училиштата. Бојан и Драшко ни кажаа дека таквите предавања уште постојат, но нивниот интензитет се менува зависно од средствата со кои располага Х.Е.Р.А. и кои се потребни за оганизирање континуирана едуакција. Велат и дека тие не се доволни, не е доволен еден час од 45 минути со одличните деца избрани од наставничката за да се пренесат сите потребни информации.

Х.Е.Р.А. настојува да се воведе посебен предмет за сеопфатно сексуално образование, но во моментов се залага за подобрување на содржините за сексуално и репродуктивно здравје во рамки на предметот „Образование за животни вештини“. Во тој предмет има одредени содржини, на наставниците не добиваат соодветна поддршка, се срамат да ги предаваат, а семинарите што ги имаат не се доволни за тие да научат како да зборуваат за овие теми. Покрај подобрување на обуката на наставниците, додека не се воведе сексуално образование Х.Е.Р.А. сака да внесе промени во врсничката едукација, да ја трансформира во посебен модул за мини сексуално образование, со седум часа, и таквата програма да им ја понуди на училиштата.

кОнтрацепција

Х.Е.Р.А. промовира модерна контрацепција наспроти традиционалните контрацептивни методи, кои се понесигурни, нагласи Драшко. Во модерни контрацептивни методи спаѓаат користењето кондоми, орална контрацепција, спирала итн. Според истражување што го правеле меѓу студентската популација од Скопје, во кое биле опфатени 10.256 студенти, најраспространето средство за контрацепција меѓу студентите е кондомот, го користат 83,5% од испитаниците, додека 24,9% практикуваат прекинување на сексуален однос како контрацептивен метод. Орални контрацептиви употребуваат само 5.6% од студентската популација. Х.Е.Р.А. се залага за употреба на двојна заштита, и кондом и орална контрацепција или спирала, затоа што оралните контрацептиви и спиралите заштитуваат од несакана бременост, но не и од сексуално преносливи инфекции и болести. Според Бојан, во последните шест-седум години, бесплатни контрацептиви најмногу се достапни преку програмата што Х.Е.Р.А. ја спроведува за теренско ХИВ тестирање и советување на ранливи и маргинализирани групи, во рамките на глобален проект за ХИВ/СИДА. И младите се вклучени како ранлива група, се прават едукации и партнерства со институции и училишта, се промовира сексуалното образование и има и дистрибуција на бесплатни кондоми. Во однос на достапноста на контрацепцијата, Драшко вели дека секогаш кога работи на одредена услуга и терапија, Х.Е.Р.А. користи две нивоа, дали истите постојат и колку се расположливи. Во Македонија има контрацептиви, но не се обезбедени од Фондот за здравствено осигурување, ниту кондоми ниту орални контрацептиви. Бесплатни кондоми во Македонија можат да се добијат само преку граѓански иницијативи, здруженија како Х.Е.Р.А и меѓународни организации, а оралните контрацептиви се прескапи. За споредба, во Норвешка и Германија младите до 25 години имаат бесплатни кондоми и орална контрацепција во здравствени институции, аптеки или им ги препишуваат нивните матични лекари. Х.Е.Р.А. се труди и лобира барем еден орален контрацептив да влезе на позитивната листа на лекови. »

Page 32: Студентско Списание Излез број 7

32 | МОЖНОСТИ, ЗДРАВЈЕ

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

државата какО фактОр

На Светскиот ден на контрацепцијата, 26 септември, кога Министерот за здравство беше запрашан зошто контрацепцијата не е бесплатна, одговорот беше дека за тоа прашање може да се размислува во следните 20 години, но дека во моментов за него има други поприоритетни работи. Исто така, во истата изјава, Тодоров рече дека засега нема услови ни за воведување сексуално образование како посебен предмет во училиштата, што е уште една работа за која Х.Е.Р.А. се залага . Ги прашавме Драшко и Бојан дали некоја владина институција кога било попречила нивни активности. „Евидентно е дека јавната администрација има одредена политика во однос на сексуално-репродуктивното здравје, односно сексуалните права. Штом се отвори прашањето за абортусот од страна на државата, или партијата на власт, јасно е дека има одреден став, поточно има традиционален конзервативен став. Смешно е што тоа го преживуваме во 2012 година, и смешно е што тој став се имплементира без контакт со реалноста. Тука е обидот за ограничување на правото на абортус на секоја жена, имаше веќе два такви обиди. Власта има став и во однос на правата на лицата со различна сексуална ориентација, односно на неколку полиња не се признава дека тие постојат, и во Законот за антидискримнација и во други случаи,“ рече Драшко. Но не се случило некој буквално да забрани сексуално образование или некоја од нивните активности. Се случувало во одредени училишта да не им дозволат да дистрибуираат кондоми, но во основа нема опструкции. Сепак, кога во неколку наврати се обиделе да добијат средства на локално ниво од државата, тоа било категорично одбивано, неколку пати аплицирале за фондови од Владата и во

однос на контрацепција, но за жал тоа во моментов не е на политичката агенда. Понатаму, има Национална стратегија за сексуално и репродуктивно здравје која предвидува бесплатна модерна контрацепција и била прифатена од владата, но без акционен план и без средства за спроведување.

кај штО се кршат кОпјата – абОртус

Бојан и Драшко се согласија дека е навистина тешко да се одговори на нашето прашање што би можело да се направи за абортусот да не биде повеќе табу тема меѓу младите. Особено во услови кога самата Влада го отвора ова прашање преку кампања во која абортусот е прикажан во негативно светло. Минатата година, кога за првпат се појави кампањата „Избери живот – Имаш право на избор“, Х.Е.Р.А. заедно со Здружението на гинеколози реагирале, барајќи да се сопре кампањата и дале низа препораки, како на пример: „наместо кампања за објаснување на последиците од абортусот да се работи на зголемување на јавната свест за користењето на оралната контрацепција како средство за намалување на бројот на несаканите бремености“. Меѓутоа, Х.Е.Р.А. и другите организации немаат моќ да бидат толку медиумски присутни како Владата, затоа е важно сите кои не ја поддржуваат оваа кампања и кои сметаат дека абортусот е право на жената да бидат што погласни. „Се разбира, никој не е за абортус и не се обидува да го промовира, абортусот не е контрацепција, сè што сакаме е да постои свесност за СИТЕ опции и можност за личен избор , а одговорот што владината кампања го нуди е единечен, без опции, и целосно го исклучува правото на жената сама да донесува одлуки за своето тело“ рекоа Драшко и Бојан. Но додадоа дека се задоволни од тоа како блогосферата и Твитер заедницата реагирале на кампањата, тоа е знак дека сè уште постојат млади луѓе што критички пристапуваат и размислуваат. Се надеваме дека во иднина нивниот број ќе расте.

ИНФОРМАЦИИ И УСЛУГИ ЗА ТЕБЕ:

Х.Е.Р.А. нуди мноштво бесплатни информативни содржини и услуги за заинтересираните или оние на кои им треба помош, еве некои од нив:

1 www.hera.org.mk – веб страницата нуди и повеќе од доволно за љубопитните. Активностите на Х.Е.Р.А., истражувања, прирачници, филмчиња, брошури – сè на едно место, од практични совети за сопствена заштита до сè што треба да знаете за да станете страстен активист.2 www.sakamdaznam.org.mk – веб страницата на Младинските центри „Сакам да знам“. Х.Е.Р.А. има два младински пријателски центри, едниот во Амбуланта Водно, а другиот во Шуто Оризари. Нудат разновидни бесплатни услуги за млади до 30 години: гинеколошки, но и дерматолошки прегледи и советувања, ХИВ тестирања, помош во избор на контрацепција, бесплатна контрацепција, кондоми и едукативни материјали итн. Од неодамна во центрите работи и психолог, кој разговара со младите на теми поврзани со сексуалност. За да закажете бесплатен гинеколошки преглед или советување, јавете се на 02/3176-950. 3 Бесплатна СОС линија за ХИВ/СИДА и полово преносливи инфекции: 0800-33-444. 4 „Секси маало“ – радио емисија на Радио МОФ, секоја втора среда од 12.15 преку ден. 5 H.E.R.A. (https://www.facebook.com/hera.macedonia?ref=ts) - Х.Е.Р.А на Фејсбук.6 @HERA_mkd - Х.Е.Р.А на Твитер7 HERAMacedonia (http://www.youtube.com/user/HERAMacedonia) - Х.Е.Р.А. на јутјуб каде може да го најдете едукативниот филм за контрацепција „Одлука“. 8 Контрацепција – Фејсбук страница само за совети за контрацепција.9 И многу други... Разгледајте, информирајте се, побарајте помош, бидете безбедни!

Page 33: Студентско Списание Излез број 7

МУЗИКА | 33

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

вНимаНие! седум македОнски артисти кОи треба да ги слушнете и видите Оваа гОдина.

Дени Омерагиќ [Факултет за музичка уметност]

2011 беше релативно успешна година за македонската сцена. Бевме преплавени од студиски материјал од млади бендови и се организираа рекорден број свирки на авторски материјал по македонските клубови. Беа издадени албуми на веќе докажани бендови како Mooger Fooger, XAXAXA, ПМГ Колектив, Bei the Fish, Културно Уметнички Работници, ТБ Трачери итн, а за оваа година се најавени изданија на Фонија, Новиот Почеток, Bernays Propaganda… Овој напис ќе го посветам на артисти кои се помалку познати, но за кои се надевам дека следната година ќе бидат во воведот на напис од ист вид. Отворете ги очите и прочистете ги ушите, за да обрнете ВНИМАНИЕ! на:

AEON ARCANUM: Деби албумот „Monuments“ на кочанскиот бенд Aeon Arcanum e едно од врвните остварувања на македонската underground сцена. Додека помина (релативно) незабележан од страна на пошироката јавност, „Monuments“ беше рецензиран во повеќе светски публикации и се здоби со почит во македонските метал кругови. Албумот може бесплатно да се превземе преку официјалната страна на бендот, а за наредниот период најавено е и физичко издание кое ќе биде промовирано со настап во Скопје кој не смее да се пропушти!

Page 34: Студентско Списание Излез број 7

34 | МУЗИКА

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

AMBROZ: Победниците на

минатогодишниот „Тотал Демо Фест“ не успеаа да издадат албум минатата

година, но реализираа неколку одлични настапи во живо.

Нивните демо-снимки на Myspace се преслушани

околу 4500 пати, а моментално активно

работат на нов студиски материјал кој со

нетрпение се очекува на нашата (дискографски

неплодна) метал сцена. Судејќи по прикажаното

на последната свирка (минатиот ноември)

во исчекување сме на нешто возбудливо!

CARNAGE DOMINION: Три четвртини од составот на Beyond the Horizon кои се појавуваат на „Reign of the Unholy Stars“ се дел и од овој состав. Но, сличноста завршува тука. Со брутален метал звук и примеси на хардкор и треш, Carnage се миленици на македонската алтер-сцена и веројатно најгласниот македонски бенд. Три од нивните седум песни се веќе снимени и објавени на интернет и се надевам дека овие момци со меѓународни амбиции ќе ја остварат својата цел да бидат слушнати и почитувани и надвор од стегите на малубројната домашна метал публика.

BEYOND THE HORIZON: Првото EП на Beyond the Horizon насловено „Reign of the Unholy Stars“ беше издадено пред околу три години и кога ќе се преслуша денес се добива впечаток дека тоа е различен бенд. Со променет состав и нова енергија во бендот, во текот на минатата година имавме можност да ги преслушаме првите фрагменти од албумот кој се очекува да излезе оваа година – песните „Beauti-ful Armageddon“ и „When gods started killing“. Beyond the Horizon звучат позрело и пофокусирано и со само 2 настапи минатата година се истакнаа како еден од најдобрите бендови во живо во Македонија. А, затоа како ќе звучат студиски ќе треба да почекаме...

Page 35: Студентско Списание Излез број 7

МУЗИКА | 35

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

гОрАН ТАНЕВСКИ: Веројатно најпознатото име на оваа листа – Горан Таневски, поранешниот фронтмен на култната македонска група Мизар со кого сними три албуми („Мизар“ во 1988 година, „Свјат dreams“ во 1991

година и „Поглед кон цветната градина“ во 2007 година) по повеќе од 25 години од кога стана познат како еден од главните претставници на движењето на македонски артисти со македонска национална свест, реши по прв пат под свое име да издаде дел од својот авторски материјал. Иако нема најави за албум, во интервју за Канал 103 тој изјави дека во план има организирање на неколку мини-концерти со кој ќе го промовира материјалот. Песните „Сонце“ и

„Среќен Ден“ се со современ призвук, поблизок , на пример до „Поглед кон цветната градина“ одколку до постариот материјал, но сепак уникатни и свои, а и еднакво добри како било што од Мизар.

FUNK SHUI: Got Funk?, првото демо на скопската тројка Funk Shui е редок феномен за одлична деби-снимка на нашата сцена, на која неможам да и најдам замерка. Funk Shui за брзо време си го најдоа просторот на сцената и градат голема фан-база, која на нивните настапи ги знае поголемиот дел од песните. Енергијата која дели ова трио се пренесува одлично како на сцена, така и во студио. Нивниот деби албум „Етер“ (на кој му претходеше промотивниот сингл „Архив на градот Скопје“) беше издаден на 21 април и промовиран со солистички концерт во клубот Хавана.

* Веќе во следниот број на ИЗЛЕЗ ќе имате можност да прочитате рецензија за албумот „Етер“, како и интервју со членовите на бендот.

гОрАН ТАНЕВСКИ: на култната македонска група Мизар со кого сними три албуми („Мизар“ во 1988 година, „Свјат dreams“ во 1991

година и „Поглед кон цветната градина“ во 2007 година) по повеќе од 25 години од кога стана познат како еден од главните претставници на движењето на македонски артисти со македонска национална свест, реши по прв пат под свое име да издаде дел од својот авторски материјал. Иако нема најави за албум, во интервју за Канал 103 тој изјави дека во план има организирање на неколку мини-концерти со кој ќе го промовира материјалот. Песните „Сонце“ и

„Среќен Ден“ се со современ призвук, поблизок , на пример до „Поглед кон цветната градина“ одколку до постариот

прочитате рецензија за албумот „Етер“, како и интервју со членовите на бендот.

МУЗИКА | 35

FUNK SHUI: Got Funk?, првото демо на скопската тројка Funk Shui е редок феномен за одлична деби-снимка на нашата сцена, на која неможам да и најдам замерка. Funk Shui за брзо време си го најдоа просторот на сцената и градат голема фан-база, која на нивните настапи ги знае поголемиот дел од песните. Енергијата која дели

EGO DISCO: Како еден од ретките македонски бендови кај кои чувствувам силен призвук од југословенскиот „Нов Бран“, јас сум многу благонаклонет кон

оваа интересна музичка појава. Со широка палета на влијанија тие звучат како синтеза на сè од психоделичните албуми на The Kinks, преку The Smiths и Joy Divi-sion, до Šarlo Akrobata, VIS Idoli и Архангел, можеби не комплетно оригинални во

права смисла на зборот, но сепак со сопствен печат на звукот произлезен од ова множество на артисти. Се надевам на зголемена концертна активност од нивна

страна оваа година, затоа што бенд како овој е токму она што недостасуваше на сцената. Нивното прво демо (достапно за download) содржи 4 песни, од кои

песната „Град“ е солиден кандидат за сингл во професионална продукција.

Page 36: Студентско Списание Излез број 7

36 | МУЗИКА

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

зА ДЕмОКрАтИјАтА, ИДЕАлИтЕ И ЖИВОтОт.пред пет години Со игрив NEW WAVE POST- PUNK звук, женСки водечки глаС и пеСни чии пораки не оСтаваат никого рамнодушен, започнаа да ја оСвојуваат локалната публика, за потоа цврСто да газат низ европСките алтернативни клубови. зад Себе имаат два албуми, трет во подготовка, наСтапи на значајни феСтивали и имаат фанови низ целиот континент. поСле многу труд, иСкреноСт и доСледноСт ова Се Само неколку збора од океанот нешта кои би можеле да бидат кажани.

Маја Керамитчиева [Филозофски факултет] Игор Костов

зОштО БАш БЕрНАјС? КОјА Е пОВрзАНОСтА пОмЕЃу ЕДВАрД БЕрНЕјС И ВАшИОт АКтИВИзАм?

Пред една година добивме мејл кој никогаш не помислив дека ќе го добиеме. Ни пиша внукот на Едвард Бернејс (или правнукот на Фројд), кој ни го постави истото прашање: Каква е врската помеѓу северниот и јужниот пол? Т.е. каква врска има бенд како нашиот со монструмот(„Пропаганда“ 1928г.) кој го создаде дедо му? Толку бевме изненадени од фактот дека нѐ исконтактира “крвта“ на Бернејс (или како што самиот напиша: неговиот најомилен внук), што мислам дека никогаш и не му одговоривме... Никаква! Ние сме сѐ што тој не е! Ама некако немав срце тоа да му го објаснам на внукот...Кој впрочем живеел со „личноста“, додека ние живееме со неговото „дело“. Тој ја добил слатката варијанта - „дедо“, а ние – добивме само уште еден од оние упропастени, инклинирани таленти кои си ја продадоа душата за да го наполнат стомакот. Уште една во низата ситни горчливи души кои плукнаа по колективното добро, за да ни го остават во наследство отровот кој од 1928 година па наваму го купуваме како лек на секои избори, празници, билборди, викенди. Едвард гласаше за лицемерие и алчност, ние гласаме за искреност и скромност...Тие убави ендемски видови на изумирање.

пАрАДИгмА, ИДЕОлОгИјА НА пОСтОЕњЕ?

Идеологија на чесност, во секоја пора од животот. Да бидеш анархист денес, значи да истраеш како „монах во бордел“... Се лажат сите оние кои мислат дека „монахот“ се жртвувал или откажал од светот... Живеејќи во доба на капитализам и сите дегенеризми, тој не се откажал од ништо што би можело „другите“ да ги направи посреќни од него…

ИНСпИрАЦИјА?

Судирот на два опасни принципа: задоволство и незадоволство. Задоволство од чинот на самото свирење (понекогаш ми се плаче од среќа од она што го доживуваме на бина) и незадоволство од стварноста која нѐ опкружува (го буди поривот интегрално да учествуваме во нејзината промена). Ние сме звукот на сѐ она што не опкружува. А, фрустрацијата е толку долго во овој град - заедно со малодушноста и лагата - што крајно време е да се трансформира и прерасне во нешто паметно, убаво, во својот убиец - конструктивност. Го повикуваме тој ден правејќи љубовни песни.

> BernaYs propaganda:

Page 37: Студентско Списание Излез број 7

МУЗИКА | 37

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

ВлИјАНИЕ?

Crass, Wipers, Big Boys, Pop Group, Nation of Ulyss-es, The EX, AE Bizotsag, Хауард Зин, French Toast, Pere Ubu, Марија Кирјаковска, Make up, Talking Heads, Slug and lettuce zine, Пети Смит, Report Suspicious Activity, FxPxOx, Blood Brothers, Rites of Spring, Neil Young, Spitboy, Eрик Друкер, Политикин Забавник, The Sound, Кочо Рацин, Husker Du, Jones Very, Black Flag, Анима Мунди, Husker Du, Ема Голдман, Fugazi, Sonic Youth, Gang of 4,Joy Divison,Падот на Византија, Submission Hold, Петар Кропоткин, Arhangel, Dead Kennedys,The Jesus Lizard, By the grace of god...

По пет години, два албуми, неколку европски турнеи, колку сте задоволни од постигнатто?Секој пат кога ке ја погледнам картата на светот, станувам одново и одново свесна дека и покрај тоа што се убивме од свирење, сепак излеговме да си играме само во дворот (Европа). Има сè уште недопрен потенцијал во секоја смисла, надвор од нашата кожа и под неа, свирење, учење, растење...Непосетени места, инспиративни луѓе, ненапишани песни, странициза овој град...

ВО ОЧИтЕ НА гОлЕм БрОј ФАНОВИ СтЕ прИмЕр, ИНСпИрАЦИјА, ИДЕАлИ, ИДОлИ, А НАјмАлКу зАБАВуВАЧИ. КАКО ВИЕ јА ДОЖИВуВАтЕ пОпулАрНОСтА?

Не мислам на тоа дека сме популарни, сакам повеќе да мислам на тоа колку сме вистински (читај: искрени, доследни). Во моментот кога ќе почуствувам дека она што го зборувам, го симулирам, наместо живеам, доброволно ќе излетам од шините. За сега, нашиот воз има смисла и конкретна дестинација која се вика: трет албум, следна турнеја надвор од Европа и одговорност кон шугавата македонска стварност. Далеку сме од нашата лебедова песна...колку што Македонија е далеку од Скандинавија...Минимум. Се лажеме дека живееме во идеал од општествено уредување – демократија-, која кога ни ја продадоа како ултимативно безгрешна светица, заборавија да не потсетат дека грешницата е родена со вроден дефект, кој се вика баш така: принцип на популарност. Демократијата е суштествено неуспешна мисија, осудена на пропаст, затоа што свесните, независни индивидуи се секогаш малцинство, кое поради принципот на бројност (популарност), ќе биде секогаш надгласано од мнозинството со сомнителни политички, етички, социјални убедувања (доказ бр.1: победата (популарност) на ВМРО, пред тоа доказ бр.2: победа (популарност) на СДСМ)... Затоа (да се вратам на прашањето за популарноста), научив да не им верувам на популарните идеи, водачи и мегаломански мерила. Книгите од друга страна се тотално непопуларна појава, 15% од луѓето на планетава читаат, но книгите сепак преживуваат! Ужасно мал процент од луѓето се анархисти, а анархистичката идеја сè уште е жива и вибрантна. Само неколку вистински

добри фанатици се потребни...и ќе преживее секоја благородна идеја...и кога не е популарна...Најбитно ми е да сме искрени во тоа што го работиме...Ако тоа е инспирација макар и за еден човек, ние сме повеќе од почестени...Свесни за величината и посебноста на секој човек.

ВО СпОрЕДБА ОД СтрАНСКИтЕ АлтЕрНАтИВНИ СЦЕНИ, КАДЕ БИмОЖЕлА ДА СЕ СмЕСтИ НАшАтА?

Македонската сцена изобилува со брдо ултра талентирани музичари, бендови, артисти.... Sound Polution, Blla Blla Blla, Фонија, XAXAXA, Pikolomini, Mooger Fooger, Bei the Fish, Катарза, Autmind, T.Б. Трачери, Sethstat, Фолтин, Anomalia Nativa, Mind-less Violence, Podzeman efekt, PMG Kolektiv, The John, Green Fuzz, Conquering Lion, Новиот Почеток, Хипнополис, Sasko Kostov, Molokai, Millko, Graham Young … и многу многу други. Некои од нив за жал не свират повеќе, други многу ретко или често, сеедно. Обожавам да одам на секој концерт затоа што возбудливо е да се просведочи развојот на своите современици. Хендикепиран е секој оној кој не го сфатил тоа. Гравитираме во исто време, исто место, а сепак секој од нас испорачува различна приказна, звук. Отсекогаш ме фасцинирало тоа како тотално различно го читаме истиот текст (град), кој го делиме. Притоа, квалитетот никогаш не бил дискутабилен, дефицитот е во друг фолдер: солидарност, посветеност и континуитет .

зА КОИ млАДИ мАКЕДОНСКИ БЕНДОВИ СмЕтАтЕ ДЕКА ИмААт пЕрСпЕКтИВА?

Оние кои имаат што да кажат и стојат позади тоа со цело свое срце и разум! Оние кои се многу повеќе работливи, отколку талентирани. Виртуозноста е понекогаш проклетство, затоа што те тера да се занимаваш многу повеќе со себе, отколку со светот (воодушевен од личната совршеност, забораваш да се згрозиш од општата несовршеност). Оние кои својот елементарен чист порив нема да го приклучат на калкулатор и да ѝ припишат смртна казна на својата музика претворајќи ја од уметност во индустрија. Нема смисла да се создава музика која ќе биде промаја, обична позадина, фон, саундтрак, неприметен шум со сонична вредност пониска од звукот на градскиот сообраќај. Затоа им се восхитувам на бендовите кои се спремни да го донираат целиот свој емотивен и рационален капацитет за да создадат звуци и зборови кои ќе те натераат да останеш буден, барем една ноќ, еден ден мислејќи на тоа што ти го раскажале. Му се восхитувам на секој автор кој ќе ме натера да го почуствувам и сфатам она што тој го почуствувал во утробата на песната, додека ја пишувал. Ако плачел, сакам да липам додека ја слушам. Музиката не смее да биде јалова, банализирана и слушана без никаква свеченост, концентрација, без да го ангажира целото битие, срце/разум. Без да остави трага.

Page 38: Студентско Списание Излез број 7

38 | КУЛТУРА

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

Таа е мајка, инспиративна, креативна. Таа е мила. Уметник, фотограф, биолог и еколог, хуманист.

Ирена Мила е млад фотограф; моментално на постдипломски студии во Лунд, Шведска. Завршува факултет на Институтот за биологија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, но во 2009 година животот ѝ приредува горчлива претстава и, како што самата вели, кога болката достигнува кулминација, го зема фотоапаратот во рака и почнува да ги заробува првите емоции на картичка.

» „затворена во мојата соба, ги создадов првите автопортрети“.

Во декември 2011 година, организираше хуманитарна фото-изложба за собирање средства за операција на младиот Јоце, на која зедоа учество педесет фотографи. Моментално работи на прекрасен проект со поетот Рон Вилис. Секоја негова поема Ирена Мила ја спојува со нејзина фотографија. Сплотуваат две уметности во една збирка.

На прашањето која е, Ирена вели:

» „јас сум таа која константно Љуби и кога нема вистинска Љубов.таа што не мрази.јас сум едноставна.јас сум онаа што често подава рака.јас сум мајка.фотограф.Сестра.реална и често сама“.

Покрај фотографијата и уметноста, нејзин предизвик и инспирација се биологијата и екологијата.

» „шведска е мој труд и шанса за она мое доградување и усовршување во полето на биологијата и на екологијата. одржување на мојот истражувачки дух. имам своја фотколумна на студентскиот вебсајт „лундагард“ во лунд, заедно со педро од шпанија. таму фотографијата, поезијата и мислите се споени заедно. исто така, работам за нивниот весник како фотограф и како новинар“.

Постојана инпирација која ѝ ја храни и ѝ ја успокојува душата, дури и кога ветрот на животот мава шамари и предизвикува страшни турбуленции, е нејзината Мила. „Таа. Нејзиното постоење, моето постоење. МИЛА“. Вели дека постојано се изненадува од чистината на нејзиното мозоче. Реченицата „Мамо, ти си подарок на Земјата“ ја одржува моќната врска помеѓу нив две. Тоа е она што најмногу ја инспирира и ја фасцинира. Мајчинството, покрај фотографијата и биологијата, е нејзиниот најголем животен предизвик:

зарОбена вечнОстКатерина Николовска Ирена Мила

Page 39: Студентско Списание Излез број 7

КУЛТУРА | 39

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

Земав само долен веш,излитени фустани,стари чевли,ги спакував во куферот на тагата.Ќе се состанам со самотијатаво некој валкан хостел.Ќе пијам вино од чашасо одпечатоци од туѓа приказна....

» „животот е предизвик кој нè тера да растеме. можеме да паднеме на предизвиците, а можеме и да добиеме и да научиме; доколку не би имало предизвик, не би го сфатила постоењето овде меѓу луѓето на земјата. ги прифаќам предизивиците и талкам константно кон предизвици, било од полето на биологијата, било од полето на фотографијата, најголемиот го доживеав - мајчинството“. Со предизвиците „се бутка на рака“. Со стравовите се бори. А тие - како кај сите така и кај неа. Постојат и ја плашат. Нејзин најголем страв се разделбите и загубите.

» „разделбата од твоето постоење и болката стануваат твој најголем двигател да чекориш цврсто на тлото, со многу почист разум, храбро срце, трезвено прифаќање на камшиците на реалноста и со една цел. таа“.

Низ животот плива во слободен стил. Така најубаво и најудобно ѝ е. Дише со полни гради, замавнува со цела сила, а соништата секогаш ѝ се обоени во најубавите бои.

» „животот го дишам со сите нијасни, ги пијам миризбите, ги гледам звуците, ги допирам зборовите. Сонувам во боја. пливам во слободен стил. некогаш знам да посегнам по гумата. некогаш некој само ми ја подава и веднаш ја граба без да ја допрам.

некогаш успевам само да се потпрам. некогаш ја барам и ја одбивам, но сфаќам - јас сум за слободен стил“.

Вели дека го сака мирисот на штотуку излупен портокал, на свежо испечени канели, на топли костени, на солено море, на паднат снег.

» „го сакам нејзиниот мирис. мирисот на старата фурна на баба. на погача со сирење. на продавници со стари предмети. на потпечени јаболка. на штотуку испржени ќебапчиња низ чаршијата. на свежо испрани алишта. на дождот измешан со прашина. на среден стокмен маж. мирисот на стари плочи. мирисот на стара книга.“

Сака да заробува моменти за да ги направи вечни за еден ден некој друг да се инспирира од мирисот на нејзините стари фотографии. Ги заробува за да го создаде мирисот на старо и вредно. Ги заробува, затоа што, како што вели, се вистински, нејзини и интимни.

» „затоа што онаа патека каде што живеев и паѓав многу често во калта е променета, сега е асфалт, и болката и насмевката нема да бидат исти ако паднам сега на асфалтот. заробувам затоа што можеби утре нема да можам некого да гушнам. заробувам затоа што моќта на среќата е различна во секој момент. затоа што пеперутките во стомакот не летаат постојано. затоа што не

се будам покрај неа секој ден. затоа што секој изгрев и секое зајдисонце се различни. заробувам кога некој ќе ми каже ’благодарам‘ или ’те молам не се менувај‘, не секој ден ти го кажува секој тоа. заробувам и ги претворам во спомени на кои можам секогаш да се навратам. ги заробувам минливите нешта и тие стануваат вечни“.

„мојата поезија: со нејаснотии ги пакувам зборовите, непланирано и брзо. пишувам недосонувани соништа, изгубени копнежи, постоења, тактови на срца, страсти и победи. Не толку совршени, но за мене моќни“.

»

Катерина Николовска Ирена Мила

ИзлОжБИ:• Април, 2010 г. – во Домот на млади

во Штип - “ Capsula da cultura “;

• Декември , 2010 г. - во Њу Делхи

(Индија) - “Milestones and Memories”;

• Јуни, 2011 г. - „Фото и филмска

култура на Срби” (Белград) - “SHE”;

• Октомври , 2011 г. - во Домот на

културата во Кавадарци - “SHE”;

• Декември, 2011 г. - во Домот на

културата во Гевгелија - “SHE”;

• Декември ,2011 г. - Хуманитарна

изложба на фотографии „Помошта

за Јоце нема награди“.

НАгрАДИ:• Фото Салон Куманово 2010“ -

добива прва награда за

LIFE фотографија.

• Сребрен ФИАП медал на

меѓународната изложба

„КУМАНОВО 2011“.

Page 40: Студентско Списание Излез број 7

40 | КУЛТУРА

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

Првите групни изложби датираат од 1956 година и оттогаш се појавува генерацијата на талентирани истражувачи на естетските својства на фотографијата, кои постојано го потврдуваат својот талент на многубројните изложби. Во моментов во фотокиноклубот „Козјак50“ членуваат 32 активни фотографи и 9 филмаџии, односно членови кои активно твореле и излагале свои трудови на изложби и на фестивали во 2011 година.

Според Владимир Јовановски, претседател на „Козјак50“ од 2009 година, активностите во клубот се одвиваат во два правци - членовите да создаваат сопствени дела кои ги излагаат на изложби и на фестивали, како и организирање на изложби на уметничка фотографија и на филмски фестивали. Она на што тие се особено горди се трите меѓународни изложби

кои ги организираат под патронат (покровителство) на сите светски фотографски огранизации (ФИАП, ИААП, ПСА, ИСФ, УПИ и ФСМ), на кои учество земаат над 500 реномирани автори на уметничка фотографија од над 60 земји. Освен меѓународните изложби, кои се значаен елемент во културниот живот на град Куманово и придонес за афирмација на македонската фотографија и култура во светот, клубот организира и клупска изложба на уметнички фотографии, на која се претставуваат членови кои со своите дела имаат освоено награди во тековната година.

ФКК „Козјак50“ посветува посебно внимание на својот подмладок, па освен предавањата кои се држат во основните и во средните училишта, се организира и деветмесечна фотошкола во клупските простории.

Годинава фотошколата е посетена од дури 28 курсисти, кои претендираат за статусот член на ФКК „Козјак50“, кој го одобрува уметничкиот совет на клубот, врз основа на покажаниот труд и начинот на уметничко изразување.

На прашањето како изгледа светот низ призмата на објективот, Владимир ни одговори:

» „Фотографијата претставува уметничко изразно средство, кое може да го користиме за да ги прераскажеме животот и емоциите, за да прашаме, да одговориме, па дури и да излажеме. Фотографијата е релативно млада, но е една од најтешките уметности, во која го имаме само 125-тиот дел од секундата да ја креираме комплетната композиција, да се наместиме, да измериме вистински вредности и да украдеме време или еден минлив момент од времето“.

ФКК „КОЗЈАК50“

Мими Николиќ [Филолошки факултет „Блаже Конески“] ФКК „КОЗЈАК50“

ФотоКиноКлУбот „КозјаК50“ е Формиран во 1950 Година По иницијатива на народна теХниКа КУманово, а од страна на ГрУПа ентУзијасти и ЉУбители на ФотоГраФсКата Уметност. ПретставУва еден од најбројните КлУбови во маКедонија, а е единствен ваКов КлУб во КУманово.

Page 41: Студентско Списание Излез број 7

мал драмсКи театар: битОла

Мими Николиќ [Филолошки факултет „Блаже Конески“] Мал Драмски Театар - Битола

КУЛТУРА | 41

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

мал драмсКи театар – битола се создава во 2008 Година КаКо резУлтат на Желбата да се ПродУцираат Претстави Кои Ќе Го Потенцираат најваЖниот момент во театарсКото твореШтво - аКтерсКата иГра, КаКо и сПециФиЧните Простори во Кои таа се создава.

Првите премиери на МДТ датираат од февруари 2009 година со претставите „Друга страна“ од Д. Дуковски, во режија на М.Кочовски; „Граница“ од В. Андоновски, во режија на С. Ристевска; и „Валкани приказни“ од група автори, во режија на С. Ристевска. Разговараме со Александар Лозановски, заменик-извршен продуцент во продуцентскиот тим и асистент на режија во креативниот тим на Мал драмски театар - Битола

КОИ СЕ ИмИњАтА КОИ гО СОЧИНуВААт тИмОт НА мДт? КОИ гЕНЕрАЦИИ НА АКтЕрИ прЕОВлАДуВААт

» Продукцискиот тим на МДТ го сочинуваат Благој Стефановски и Александар Лозановски, а во креативната екипа, како учесници и како поддржувачи, влегуваат доајените на македонското глумиште: Јоана Поповска, Петар Арсовски, Борис Чоревски; режисерите: Мартин Кочовски, Љупчо Ѓоргиевски, Софија Ристевска, Зоја Бузалкова; како и голем број театарски работници со кои МДТ соработувал во изминатите три години.

КАКВИ СЕ ВАшИтЕ ДрАмСКИ ОСтВАруВАњА ВО мАКЕДОНИјА И НАДВОр ОД НЕА? ИмАтЕ лИ ЧЕСтИ

пОКАНИ зА гОСтуВАњЕ ВО СтрАНСтВО? » Заклучно со 2011 година, имаме вкупно тринаесет одиграни претстави. Според бројот на гостувања во земјава и надвор од неа, МДТ- Битола за 2009 година е прогласен за најуспешен театар во Македонија, а со тоа темпо на промоција на квалитетна македонска театарска продукција, МДТ продолжи и наредните години.

ДОБИтНИЦИ СтЕ И НА гОлЕм БрОј НАгрАДИ, прЕД СÈ НА ФЕСтИВАлИтЕ ВО СтрАНСтВО...

» За успехот на МДТ - Битола сведочи бројката од 18 интернационални театарски награди (само за три години) на фестивалите: „Експонто“ - Љубљана, „МЕСС“ и „Сараевска зима“ - Сараево, „Славија“ - Белград, „Јоаким Интерфест“ - Крагујевац, „Црногорски биенален фестивал“ – Подгорица, „Фестивал на актерите“ – Никшиќ, „ФМТФ“ – Враца, „Национален фестивал“ – Тирана, „Албамоно“ – Корча, „Моноакт“ – Приштина...

СО ЧИИ тЕКСтОВИ рАБОтИтЕ?

» Подеднакво соработуваме со сите театарски работници, со почит кон

доајените на театарот, но ставаме акцент и на промоцијата на младите квалитетни уметници, давајќи им шанса креативно да се изразат. Еден таков плод е и претставата „Другата страна“ од Дејан Дуковски, во режија на Мартин Кочовски, која претставува спој од актери-доајени и актери од најмладите генерации, и која постигна огромен успех на нејзините прикажувања во Македонија и низ Балканот и се закити со три интернационални награди во БиХ, Србија и Бугарија.

КАКВИ прОЕКтИ СЕ ВО плАН зА 2012 гОДИНА?

» Во текот на 2012 година МДТ - Битола ќе реализира театарска копродукција со Словенија, Црна Гора и Косово на текстот „Мажот е маж“ од Бертолд Брехт, во режија на најдобриот млад македонски режисер Мартин Кочовски; театрскиот проект „Грав“, во режија на Југослав Кочовски; и проектот ИнтерАкт, копродукција со театарот Андреас Воутсинас од Солун, кој претставува меѓусебно општење и размена на полето на културата, како и зближување на културните средини Битола - Солун во текот на цела 2012 година.

„Театарот отсекогаш бил врсник на своето време и благодарение на тоа, тој може да го држи чекорот со времето, со светот, со човечноста... МДТ - Битола е токму театар на ова време, кој е постојано отворен за сите патишта и идеи, за духот на новото време, за човекот; во името на незадоволството и на надежта, за неговите порази и верувања, за неговите радости и болки. МДТ -Битола е создаден како одговор на состојбите во театарот во нашиот град, во нашата земја, како излез од кругот на просечноста.“– цитат од Благој Стефановски, основачот на Мал драмски театар – Битола.

» ПроеКт: црвенО » дУодрама: стОлОви

Page 42: Студентско Списание Излез број 7

42 | ТЕХНОЛОГИЈА

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

XXI век е век на технолошкиот процут, век на компјутерите, интернетот, паметните телефони, век на широка распространетост на интернет социјализацијата наречена Facebook. Има 500 милиони (сè уште во раст) корисници, од кои половината секојдневно се логираат на своите профили. Статистиките, исто така, говорат дека луѓето на оваа социјална мрежа месечно поминуваат повеќе од 700 милијарди минути. Додека, дневно на сервисот за видеа YouTube се гледаат околу две милијарди видеа.Разумно би било некој да се

обиде да го искористи сево ова во едукативни и научни цели. Тука на сцена стапуваат неколку интернет страници што нудат нешто ново, нешто досега невидено, нешто што може да го промени начинот на учење - засекогаш. За што станува збор, ќе дознаете подолу.

Едукативните компјутерски игри се стара приказна. По својот подем во деведесетите години од минатиот век, во последно време сè помалку ги има, а сè повеќе се произведуваат игри од забавен жанр. Тоа е од проста причина што софтверските

компании над 98% од своите средства ги фокусираат за развивање на овој жанр, а само 2% за останатите жанрови (тука спаѓаат и едукативните). Но, една компанија реши да преземе нешто и да го реактивира тоа поле на компјутерски игри. Станува збор за Ever-loop, компанијата што стои зад голем број едукативни игри за компјутери и други играчки конзоли, како и зад најпопуларната страница за забавна едукација – Mad Science Kids Club.

Е-УЧЕЊЕМухамед Мујовиќ-Нуне [Филолошки факултет „Блаже Конески“] Билјана Нацевска, Дамјан Цветков-Димитров [Филозофски факултет]

интернет страници Што нУдат неШто ново, неШто досеГа невидено, неШто Што моЖе да Го Промени наЧинот на УЧеЊе - засеКоГаШ.

Page 43: Студентско Списание Излез број 7

ТЕХНОЛОГИЈА | 43

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

Освен страници што се наменети за деца до 15 години, има и неколку што се занимаваат со возрасни ученици и студенти. Социјалната мрежа Grockit се занимава со креирање на онлајн-училници за корисници ширум светот што се подготвуваат за разните приемни испити за факултет (GMAT, SAT, ACT, LSAT, GRE, AP и IIM-CAT). Зачленувањето на оваа страница е бесплатно. Тука се вклучени некои бесплатни примероци и бесплатен водич/ментор што ќе ти помага во решавањето. Доколку сакаш да решаваш вистински тестови од изминатите години, и доколку сакаш да имаш сопствен ментор што ќе ти биде на располагање 24/7, тогаш цената може да достигне и четиристотини долари годишно (во зависност од бројот на преземени оригинални тестови). Учесниците на овие тестови имаат редовни тестирања, со што и редовно се бележат нивните резултати. По секоја испитна сесија се бираат членовите со најголем напредок, најмногу точни одговори, како и цел кон која сите се стремат (минимален број поени што се потребни за положување на приемниот испит од претходно избраниот факултет).Пред речиси една година во Епл маркетот за апликации се лансираше една многу интересна апликација наречена EpicWin. Во неа додавате листи на работи што треба да ги завршувате и си поставувате краен рок. За секоја навремено завршена работа добивате поени и по одреден број извршени задачи напредувате по нивоа. Користејќи ја оваа апликација само две дена, се фатив себеси како редовно се навраќам кон листата на задачи и поинтензивно размислувам за тоа како сè да завршам во најкус можен рок.

Одејќи чекор напред, апликација базирана на погоре споменатиот принцип може да најде своја примена во една високообразовна институција. Професорот, како еден

од администраторите на апликацијата, поставува задачи (домашни задачи, проекти, материјал за студирање, итн.) со краен рок за извршување. Таа апликација ќе го потсетува студентот на задачата со секое логирање на Face-book или Twitter. Со помош на Google+ и опцијата Hangout студентите имаат можност визуелно да се поврзат и на тој начин да разменуваат мислења и идеи за задачите што им се дадени, под менторство на професорот како администратор или на асистентот во својство на модератор. За секоја успешно завршена задача, студентот ќе добива наградни поени што ќе го доближуваат до крајната цел – висока оценка за предметот што го студира. Мотив повеќе ќе биде и една ранг-листа на најуспешни студенти. Заменувајќи го конвенционалниот начин на оценување, студентот на

овој начин визуелно ќе има претстава за состојбата на неговите студии и во тој случај ќе вложи големи напори навремено да ги завршува задачите и да се искачи што повисоко на ранг-листата.

Недалеку е иднината базирана на овој вид мотивација. Еднаш, една генерација, си поставуваше цели (читај: самоуправувачки социјализам), со таа разлика што целите беа лесно достижни. Аналогно на тоа, и продуктивноста стагнираше. Со добар менаџмент и максимално искористување на технологијата, човештвото може да го направи овој клучен чекор напред. Чекор кон подобра иднина, постабилни економии, повисок стандард на живот. Чекор кон максимално искористување на човечките потенцијали.

чОвекОт пО прирОда сака да се натпреварува. желбата за надигрување и пОбедување на прОтивниците мОже да биде клучната мОтивација за рабОта вО иднина. факт е дека чОвекОт евОлуира вО битие штО избегнува физичка рабОта, денес за тОа пОстОјат машини. нО, сепак некОј треба да ги ракОвОди тие машини. натпреварувачкиОт фактОр вметнат вО кОја билО рабОта мОже мнОгу силнО да делува на прОдуктивнОста.

Page 44: Студентско Списание Излез број 7

44 | ТЕХНОЛОГИЈА

ИЗЛЕЗ/

КАКО ДА ВЛАДЕЕТЕ СО НОВИОТ TIMELINE НА FACEBOOK

Дамјан Цветков-Димитров [Филозофски факултет]

СИТЕ ЗНАЕМЕ КАКО СЕ ОДВИВА ТОА. НА FACEBOOK ВНЕСУВААТ НЕШТО НОВО, 30% ОД АКТИВНИТЕ КОРИСНИЦИ „ДИГААТ ГАЛАМА“ КАКО САМО ШТО ДА ИМ СЕ ЗАПАЛИЛА КУЈНАТА ПОРАДИ НОВАТА ПРОМЕНА И ГО ОБВИНУВААТ FACEBOOK ДЕКА Е НОВИОТ ИНКАРНАТ НА САТАНАТА. ПО НЕКОЛКУ НЕДЕЛИ, СЕ НАВИКНУВААТ НА ПРОМЕНАТА И ПАК СÈ Е НОРМАЛНО И МИРНО ВО FACEBOOK МЕГАПОЛИСОТ. НО ПРОМЕНАТА, КАКО СЕКОЈА ПРОМЕНА, ДУРИ И АКО СТАНУВА ЗБОР ЗА КОРИСТЕЊЕ РАЗЛИЧНА ПАСТА ЗА ЗАБИ, ДОАЃА СО НОВИ МОЖНОСТИ И СЛАБОСТИ.

Еве неколку клучни трикови како да станете господар со „линијата на вашето време“ (Timeline):

1: НЕ паничете! Сè е океј, ќе се навикнете на промената, апокалипсата е одложена за неколку години.

2: Ако пред пет месеци сте напишале некој ужасен статус кај што објавувате како сте испиле четири литри... сок „на екс“ (или нешто слично импресивно, но не баш репрезентативно), сега можете лесно да маневрирате и да стиснете Hide this from Timeline кај моливчето во горниот десен агол. Гледате, исто како да не се случило, освен фактот што тој момент на пиење „течности“ во толкави количини сигурно самото тело си го памти во својот Timeline.

3: Сега можете да се навратите пред четири години и да се восхитувате колку попаметни, поразумни и поспособни сте станале од тогаш до сега. Ако не тоа, барем можете да се радувате дека имате огромно подобрување во граматиката поради фактот што последните неколку години секојдневно пишувате статуси, што други луѓе понекогаш дрско ви ги поправаат. А ако ни тоа не е забележливо, може треба да поработите на тие аспекти.

4: Сега со Timeline имате уште потешка задача за избирање слика со повисок квалитет, која ќе биде воведна слика на вашиот профил. Изберете нешто типично за вас, што ве отсликува (пожелно) во најдобро светло или, пак, само ставете слика на мравојад, мислам дека сите ќе ја разберат социјалната критика што се трудите да ја направите. Експериментирајте со различни комбинации и запомнете дека вашата воведна слика е нешто слично на првиот визуелен впечаток што луѓето го имаат кога ќе влезете во соба полна со луѓе што едвај чекаат да добијат визуелен впечаток за вас.

5: Сега можете и да филтрирате колку статус информации ќе ви доаѓаат од вашите пријатели (или тајни непријатели :] ); само кликнете на профилот на вашиот пријател ако сакате да измените колку информации од него ќе пристигнуваат до вас и кликнете на subscribe. Потоа, размислете убаво дали и колку ви додева на News Feed со неговите езотерични инди-бендови, а потоа одберете дали сакате цело време да ви пристигнуваат информации за сè што ќе постави на статус или само најважните работи (или, пак, ништо). Проверете за време на оваа постапка тој/таа случајно да не се наоѓа зад вас; верувајте, секогаш се појавуваат баш во моментот кога поставувате на Facebook опции што покажуваат колку навистина ви се интересни тие луѓе.

Page 45: Студентско Списание Излез број 7

СОВЕТИ | 45

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

ЕФЕКтИВНИ СтИлОВИ НА уЧЕњЕКОј Е тВОјОт СтИл?

штО СЕ пОДрАзБИрА пОД СтИл НА уЧЕњЕ?

Стил на учење претставува пронаоѓање на најлесен начин преку коj нашиот мозок ќе ги меморира потребните информации. истражувањата покажуваат дека околу една третина од населението го практикува визуелниот, една третина аудитивен и една третина кинестетички стил на учење. Се верува дека постои можност секој од овие стилови на учење да се генетски предодредени, во зависност од тоа кој дел од мозокот е најрецептивно развиен во секоја од трите области, или поради начинот на кој ние сме го научиле мозокот да ги прима информациите.

пОДЕлБА НА СтИлОВИтЕ НА уЧЕњЕ КАј уЧЕНИЦИтЕ/СтуДЕНтИтЕ И тОА:

ВИЗУЕЛЕН: учење главно со гледање;АУДИТИВЕН: учење главно со слушање;КИНЕСТЕТИЧКИ: учење преку практично изведување на теоријата.

Некои ученици може да имаат и комбинација од два или понекогаш сите три стилови на учење. Визуелниот, аудитивниот и кинестетичкиот стил на учење се поврзани со забрзана обука и се употребуваат најчесто во основните и во средните училишта, при што во текот на живот може да се променат или да се развијат.Откако ги наведовме стиловите на учење кои најчесто ги користиме, со

препознавање на стилот на учење кој го практикуваме самите, можеме да овозможиме стимулирање и олеснување на новите содржини кои треба да ги меморираме, практично разбереме и да ги примениме.

СОВЕтИ зА ЕФЕКтИВНО уЧЕњЕ

1 НАСОЧуВАњЕ НА ВНИмАНИЕтО» Вниманието е еден од главните компоненти за меморирање на новите информации. Со цел информациите да се движат од краткотрајната во долготрајната меморија, потребно е активно присуство на оваа компонента. Обидете се да учите на место каде не се присутни одземачи на вниманието, како што се телевизија, музика итн.

2 ИзБЕгНуВАјтЕ ДОлгО ВрЕмЕНСКО рАСтОјАНИЕ пОмЕЃу СЕСИИтЕ зА уЧЕњЕ» Временски соодветно распоредените сесии за учење ви даваат можност полесно и побрзо да ги процесирате информациите. Истражувањата покажуваат дека учениците кои учат редовно се сеќаваат на материјалот многу подобро од оние кои прават поголеми паузи во сесиите за учење, при што колку повеќе ги обновуваат знаењата и информациите, толку е поголема веројатноста тие да се меморираат.

3 СтруКтурА И ОргАНИзАЦИјА НА ИНФОрмАЦИИтЕ» Истражувачите откриле дека информациите се организирани во меморијата во вид на поврзани

кластери. Можете да ги искористите предностите на ова структурирање и организирање на материјалите преку обид да ги групирате сличните концепти и термини заедно,да направите краток преглед или белешки во облик на еден вид на потсетник.

4 пОВрзуВАњЕ НА НОВИтЕ ИНФОрмАЦИИ СО ВЕќЕ пОСтОЕЧКИтЕ ИНФОрмАЦИИ» Кога учите непознат материјал, одвојте време да размислите за тоа како таа информација е поврзана со она што веќе го знаете. Со воспоставување однос меѓу новите и веќе постоечките (поврзани) знаења може драматично да се зголеми веројатноста за појава на брзо меморирање на новите, неодамна дознаени, информации.

5 ВИзуЕлИзАЦИјА НА КОНЦЕптИтЕ зА пОДОБруВАњЕ НА мЕмОрИјАтА» Повеќето луѓе имаат голема придобивка од визуелизација на информациите кои ги учат при што вниманието се насочува на фотографии, графикони и други графички слики во учебниците. Доколку нема такви фотографии во учебниците, слободно направете свои кои ќе претставуваат визуелен спој помеѓу сликата и информацијата, користете пенкала или маркери во исти бои за слични содржини, што ќе ви помогне да ја визуелизирате материјата на учење подобро и побрзо ја меморирате.

Елена Ангеловска, дипл. психолог [Мастер студии - Развојна психологија, Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј“] Билјана Нацевска

Page 46: Студентско Списание Излез број 7

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

46 | НАУКА

Се чини дека им се исполнија желбите на речиси сите учеснички на Мис Универзум – се движиме кон мир во светот, или барем тоа се обидува да ни докаже проф. д-р Стивен Пинкер во својата најнова книга „Подобри ангели на нашата природа: Зошто насилството се намалува?“. Реномираниот професор на Харвард и на МИТ, кој зад себе има неколку бестселери од областа на лингвистиката, еволуцијата на умот, психологијата и сѐ помеѓу, во обемниот том статистички податоци и историски записи наоѓа негативен тренд на насилството во светот. Интуитивно, можеби тоа ни звучи апсурдно – секојдневно сме бомбардирани со снимки и со вести за крвави војни, самоубиствени бомбашки напади, полициска бруталност и за непотребно страдање низ светот – но дали е тоа повеќе израз на развојот на комуникациската технологија отколку на еден свет кој станува сѐ посуров?

» Во книгата, Пинкер прегледува незамислив број податоци и доаѓа до контроверзниот заклучок дека денес се далеку помали шансите да ве снајде насилен крај отколку во поголемиот дел од човековата историја. Сето ова и покрај масакрот што го донесоа двете светски војни и стотиците полокализирани војни и вооружени инциденти, претходно незамисливата воена технологија со која моментално располага светот, заканите со нуклеарни и хемиски напади, како и растот на човековата популација и несигурноста која произлегува од ограниченоста и од загрозеноста на природните ресурси.

» Авторот вели дека нашите вродени стравови и фокусот на сегашноста го попречуваат објективното гледање на работите – дека кога ќе се земат предвид бројот на населението во други периоди од историјата и бројот на загинати во тие воени судири и нивоа на криминал, процентуално поголем дел од човековата популација го загубила животот во нив, без разлика на апсолутната цифра жртви која вообичаено ја сметаме за мерило на крвавоста. За да го илустрира своето тврдење, книгата не го поштедува читателот од приказите на сите сурови методи и алатки за измачување со кои се „забавувале“ нашите древни и средновековни предци (кои денес се изразени низ пасивното консумирање филмови, компјутерски игри и други облици на забава преку симулирано насилство), а денес несомнено ни се наежува кожата од самата помисла на нив. Важно е да се напомене дека Америка не треба да се земе како слика за општата состојба, бидејќи во споредба со остатокот од западниот свет, таа има далеку повисоки стапки на криминал и е сѐ уште една релативно помлада демократија, произлезена од сурови услови, кои ја обоиле и нејзината сегашна култура, на чии производи доста често сме изложени. Според статистиките, во првата деценија од овој век, бројот на загинати во војни е најнизок откако се водат ваквите податоци.» Пинкер го припишува трендот на помирување на повеќе фактори: демократизацијата на земјите, отворањето на глобалните пазари, сѐ поголемите стапки на писменост и на образованост низ светот, како

и проширувањето на видиците преку различните медиуми и преку пишаниот збор. Сето ова, тврди тој, ги обучува општествата и поединците да ги согледаат залудноста и трошокот на војната и да се движат кон економски и етички пооправдани пристапи кон обезбедувањето раст и развој.» Ваквото гледиште, сосема природно, наиде на остри критики, но пресметките говорат самите за себе – ако се разгледаат сите аспекти, воопшто не звучи скандалозно да се тврди дека денешното општество е најцивилизираното досега. Дури и нашата генерација беше сведок на гласното противење во врска со војната во Ирак, притисокот мирно да се разреши конфликтот во 2001 год., протестите против тоталитарните режими и на глобалниот интерес за сопирање на крвопролевањата во Африка. Се чини дека неверојатната поврзаност на светот, која моментално ја искусуваме, отвори нови канали на емпатија, кои ја обиколија целата Земјина топка – денес речиси ниедно општество не е изолирано и проблемите што се појавуваат во еден регион влијаат на човештвото како целина. Ова секако е причина да се радуваме и сѐ поактивно да се залагаме и да инсистираме да се интервенира, бидејќи далеку од тоа дека имаме постигнато некаква утопија на мир и соработка. Книгата само покажува дека како општество го имаме капацитетот да достигнеме морален и културен напредок и може да послужи како водич од кој и понатаму ќе учиме од грешките во минатото и ќе осигураме една попријателска иднина за сите.

пОвеЌе ангели ОткОлку демОни – Животот во еден Помирен светво својата најнова книга, проф. стивен Пинкер тврди дека насилството во светот се намалува.

Ана Лакалиска [Филолошки факултет „Блаже Конески“]

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

Се чини дека им се исполнија желбите на речиси сите учеснички на Мис Универзум – се движиме кон мир во светот, или барем тоа се обидува да ни докаже проф. д-р Стивен Пинкер во својата најнова книга „Подобри ангели на нашата природа: Зошто насилството се намалува?“. Реномираниот професор на Харвард и на МИТ, кој зад себе има неколку бестселери од областа на лингвистиката, еволуцијата на умот, психологијата и сѐ помеѓу, во обемниот том статистички податоци и историски записи наоѓа негативен тренд на насилството во светот. Интуитивно, можеби тоа ни звучи апсурдно – секојдневно сме бомбардирани со снимки и со вести за крвави војни, самоубиствени бомбашки напади, полициска бруталност и за непотребно страдање низ светот – но дали е тоа повеќе израз на развојот на комуникациската технологија отколку на еден свет кој станува сѐ посуров?

» Во книгата, Пинкер прегледува незамислив број податоци и доаѓа до контроверзниот заклучок дека денес се далеку помали шансите да ве снајде насилен крај отколку во поголемиот дел од човековата историја. Сето ова и покрај масакрот што го донесоа двете светски војни и стотиците полокализирани војни и вооружени инциденти, претходно незамисливата воена технологија со која моментално располага светот, заканите со нуклеарни и хемиски напади, како и растот на човековата популација и несигурноста која произлегува од ограниченоста и од загрозеноста на природните ресурси.

» Авторот вели дека нашите вродени стравови и фокусот на сегашноста го попречуваат објективното гледање на работите – дека кога ќе се земат предвид бројот на населението во други периоди од историјата и бројот на загинати во тие воени судири и нивоа на криминал, процентуално поголем дел од човековата популација го загубила животот во нив, без разлика на апсолутната цифра жртви која вообичаено ја сметаме за мерило на крвавоста. За да го илустрира своето тврдење, книгата не го поштедува читателот од приказите на сите сурови методи и алатки за измачување со кои се „забавувале“ нашите древни и средновековни предци (кои денес се изразени низ пасивното консумирање филмови, компјутерски игри и други облици на забава преку симулирано насилство), а денес несомнено ни се наежува кожата од самата помисла на нив. Важно е да се напомене дека Америка не треба да се земе како слика за општата состојба, бидејќи во споредба со остатокот од западниот свет, таа има далеку повисоки стапки на криминал и е сѐ уште една релативно помлада демократија, произлезена од сурови услови, кои ја обоиле и нејзината сегашна култура, на чии производи доста често сме изложени. Според статистиките, во првата деценија од овој век, бројот на загинати во војни е најнизок откако се водат ваквите податоци.» Пинкер го припишува трендот на помирување на повеќе фактори: демократизацијата на земјите, отворањето на глобалните пазари, сѐ поголемите стапки на писменост и на образованост низ светот, како

и проширувањето на видиците преку различните медиуми и преку пишаниот збор. Сето ова, тврди тој, ги обучува општествата и поединците да ги согледаат залудноста и трошокот на војната и да се движат кон економски и етички пооправдани пристапи кон обезбедувањето раст и развој.» Ваквото гледиште, сосема природно, наиде на остри критики, но пресметките говорат самите за себе – ако се разгледаат сите аспекти, воопшто не звучи скандалозно да се тврди дека денешното општество е најцивилизираното досега. Дури и нашата генерација беше сведок на гласното противење во врска со војната во Ирак, притисокот мирно да се разреши конфликтот во 2001 год., протестите против тоталитарните режими и на глобалниот интерес за сопирање на крвопролевањата во Африка. Се чини дека неверојатната поврзаност на светот, која моментално ја искусуваме, отвори нови канали на емпатија, кои ја обиколија целата Земјина топка – денес речиси ниедно општество не е изолирано и проблемите што се појавуваат во еден регион влијаат на човештвото како целина. Ова секако е причина да се радуваме и сѐ поактивно да се залагаме и да инсистираме да се интервенира, бидејќи далеку од тоа дека имаме постигнато некаква утопија на мир и соработка. Книгата само покажува дека како општество го имаме капацитетот да достигнеме морален и културен напредок и може да послужи како водич од кој и понатаму ќе учиме од грешките во минатото и ќе осигураме една попријателска иднина за сите.

тврди дека насилството во светот се намалува.

Ана Лакалиска [Филолошки факултет „Блаже Конески“]

Page 47: Студентско Списание Излез број 7

ИЗЛЕЗ/МАЈ 2012

шЕќЕР ВО СТИХ.

ЗАСЛАДЕТЕ СЕ СО НОВИОТ Ш

Page 48: Студентско Списание Излез број 7

АјдеМакедонија!

Ајде Македонија! е иницијатива за почиста иднина.Да ги исчистиме нашите домови, дворови, градови, селаи природата од отпадот насекаде околу нас.

На 6 октомври 2012 да излеземе сите и да го собереме расфрлениот отпад од парковите, улиците, од нашите шеталишта и излетишта, од шумите и крај езерата. Да ја разубавиме Македонија, а со тоа и светот!

Што можеш ти да направиш?• Помогни да се лоцира отпадот. Мапирај онлајн, со твојот мобилен телефон, со фото-апарат или мапа;• Придружи ни се на некоја од акциите за чистење;• Вклучи се во организацискиот тим;• Рашири ја веста за Ајде Македонија!;• Помогни ни со директна поддршка;• Следи нè на Фејсбук и Твитер.

Есенско чистење на илузиите дека отпадот ќе исчезне сам од себе.

Македонија без отпад 2012

[email protected]

www.ajdemakedonija.mk

Да се фатиме за метла!