АМАК ПРЕС 81

24
AMAK PRES OHRIDSKI NOVINI EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK Godina V - Broj 81 25 Januari 2008 www.amac.com.mk/novini marketing 070 / 462-362 МИЛЕ ВОЛКАНОСКИ НА ВРВОТ ЗА ТОПЕНЧАРОВ ГОДИНА ПОЛНА СО ЗРДАВЈЕ СРЕЌА И БЕРИЌЕТ ВО ОХРИД РЕКЛАМИ СЕ НУДАТ И ЗА ЕДЕН ЃЕВРЕК МАЧНИ МЕДИУМИ КАЗНИ ЗА ЛОШИТЕ - НАГРАДИ ЗА ДОБРИТЕ СУДИИ ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПРВОЛИГАШИ ВО КОШАРКА ОДЛУЧИ definitivno najevtino

Upload: alankaou

Post on 21-Mar-2016

284 views

Category:

Documents


0 download

DESCRIPTION

Амак Прес Охридски Новини е единствениот печатен медиум во охридско-струшкиот регион, а весникот се печати во тираж од 4000 примероци. Основач и издавач на Амак Прес Охридски Новини е генералниот дирекотр на Амак СП,Венко Шапкар.

TRANSCRIPT

AMAK PRESOHRIDSKI NOVINI

EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK

Godina V - Broj 81 25 Januari 2008

www.amac.com.mk/novinimarketing 070 / 462-362

МИЛЕ ВОЛКАНОСКИ

НА ВРВОТ

ЗА ТОПЕНЧАРОВ ГОДИНА ПОЛНА СО ЗРДАВЈЕ СРЕЌА И БЕРИЌЕТ

ВО ОХРИД РЕКЛАМИСЕ НУДАТ И ЗА ЕДЕН ЃЕВРЕК

МАЧНИ МЕДИУМИ

КАЗНИ ЗА ЛОШИТЕ - НАГРАДИ ЗА ДОБРИТЕ СУДИИ

ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПРВОЛИГАШИВО КОШАРКА ОДЛУЧИ

definitivno najevtino

СЕ КРСТЕВ И ГЛЕДАВ ВКРСТЕНО

Некаде крајот на декември ја гледав мојата драга колешка Росица Голабоска со нејзината емисија Вкрстено и во неа гости беа новинари. И до-дека гледав се крстев и чудев. Додуша од почеток се чудев, а потоа не, само што чувствував сатисфакција за се што напишав во мојава колумна и над-вор од неа, а било поврзано со веќе распаднатото Здружение на новинари. Сатисфакцијата ја доживеав бидејќи уште еднаш се покажа дека јас секогаш сум во право. Во ова издание на Вкрстено сензационално и ексклузивно го слуш-навме она што дури ни јас не го претпоставив кога пишував за колапсот и пропаста на ЗНМ Охрид. Јас кога пишував дека ова здружение го допре дно-то на сите дна не можев да замислам дека имало и поголемо дно од дното за кое зборував јас, и за тоа на јавноста длабоко и се извинувам, бидејќи сум бил толку неинформиран, па на здружението тогаш сум му ја зголемил а како здружение од дното, а не како здружение од дното на сите апсурди на овој свет. Па еве сега излезе дека тоа здружение не само што стана бездомно и без адреса, туку од толку што било промаршено во неговата функција и постоење што дури и неговиот локален претседател не успеал да се избори за своето право на пензија и имал нерегулиран стаж. Замислете го тој апсурд. Па тоа е за во емисијата ‘’Да не ти се верува’’ која се емитува на ‘’Канал 5’’. Ма не само за во таа емисија, тоа треба да се објави на сите ѕвона на сите информативни емисии во земјава, а богами и во светот. Да се одржи семинар во организација на истото здружение и да се анализира апсурдот над апсур-дите и темелно да се простудира како самиот претседател кој требало да не заштити нас новинарите од социјална неправда и експлоатација си се довел во ситуација да не се заштити ни себе си и да оди нормално во пензија. А што сме можеле ние да очекуваме од него ? Како тој ќе заштити некого и ќе се бори за правата на некој друг новинар кога самиот со години си го раководел здружението, си правел вечеринки и софри на кои ги канел сами оние кои нему му биле мили, или му се подведувале, си организирал семинари бес-целни колку само да си се поделат дневниците, а за сето тоа време на занес во владеењето не се посветил барем малку на својот социјален статус и не си го видел стажот кај му е ? ? ? Сето ова е апсурдно и неверојатно но, за жал вистинито. И не е чудо што токму додека ова здружение низ годините полека умираше и пополека стана неспособно ни вечери и свирки да организира, јавното информирање во Охрид го допре дното заедно со Здружението во распаѓање и секој ”фичфирич’’тана креатор на јавното мислење во Охрид, секој кој немал што да прави попаметно стана новинар па така работата дојде дотаму новинари-те во градов сами да покренат иницијатива да се формира ЕСНАФ на нови-нарите коитреба да ги здружи новинарите во Охрид и да даде некоја рамка за нивно организирано дејствување кое сега не постои. Но, надежта умира последна, па сепак се надеваме дека охридските новинари со кариера ќе формираат вакво здружение кое ќе го водат нови свежи лица, со контакти во земјава и светот и ќе може на новинарите и ме-диумите да му понудат една алтернатива за нивна едукација, усовршување и професионална надградба. Ќе се формира еснаф кој ќе организира корисни работи за новинарите, за сите со ред, а не само за оние кои му се по ќеиф не-кому. Еснаф кој ќе работи наместо да спие и ќе едуцира наместо да пие. А колку да нема забуни. Емисијата Вкрстено ја сметам за емисија која постојано има ексклузивни гости и постојано пласира нови информа-ции. Иклучително квалитетна и успешна емисија.

2 AMAK PRES

DA NAPRAVIME REZIME

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д.Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - ОхридИзлегува на 10 и 25 во месецотТел:046/263-781 факс 046/263-784E-mail: [email protected]

За издавачот:Венко Шапкар - Генерален директорГлавен и одговорен уредник: Љупчо ТаневскиУредник: Сузана ВренцовскаНовинари: Анѓела Белевска Крсте Спасески Мирко ПостолоскиТехничка редакција: Бранислав СиљаноскиФотографија:Томе Љушев (Шпанец) Лектор: Милчо ЈованоскиМаркетинг менаџер: Славица СтевоскаДистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

3www.amac.com.mk/novini

Македонија и Охрид се привлечни тури-стички дестинации,

но за развој на туризмот треба да се работи на подобрување на инфраструктурата, мар-кетингот и на квалитетот на услугите во хотелите и ресто-раните. Преку создавање на заеднички туристички произ-вод на земјите од регионоткој ќе биде атрактивен на светски-от пазар би се привлекле дале-ку поголем број на туристи, а Македонија со влегувањето во регионалната понуда ќе го добие заслуженото место при презентацијатана туризмот- беше речено на отварањето на Првиот меѓународен саем за туризам кој од 17 до 20 овој месец се одржа во Охрид.Според претседателот на бал-канската асоцијација на хо-телиери, Амир Хаџиќ, ова е значаен проект за Македонија. ,,Охрид одсекогаш бил бисер препознатлив на овие про-стори и треба повторно да се врати на светската туристичка понуда,, смета Хаџиќ.-Успехот за развој на туризмот би бил неизбежен кога сите балкански земји би се здружиле И заеднички би на-правиле поголем пазар, како би успеа-ле во европски И светски рамки- рече претседателот на Интернационалната асоцијација на хотели И ресторани, Хасан Аиди. Според него , Македонија претставува една од најстарите држави со исконска, сеуште сочувана природа, која треба да се искористи во туристич-ката понуда а за тоа е потребно држава-та да ја подобри инфраструктурата.За Славко Вујисиќ, од хотелската асоцијација од Црна Гора, Охрид е најинтересна дестинација на Балканот за развој на викенд туризмот. Она што според него претставува недостаток во овој регион се слабата комуникација И лошата инфраструктура.Сличен став изнесе И претседателот на Бугарската асоцијација на хотелиери, Благој Рагин, кој регионот како тури-

стичка дестинација го смета за уникат, но, како што вели, мора да се работи на подобрување на инфраструктурата.-Туристот кој доаѓа не гледа само една земја. Тој го гледа Балканот како Цели-на. Затоа заеднички треба да го промо-вираме регионот И на туристите да им овозможиме да го почуствуваат нашиот балкански регион, нашето гостоприм-ство И нашата традиција - рече Бран-ко Кривокапиќ, директор на хотелско-угостителското здружение од Србија.На овој прв меѓународен саем за тури-зам кој имаше за цел создавање на заед-нички атрактивен регионален производ, учествуваа околу 300 претставници од туристичкиот живот од Македонија и Балканот кои дебатираа околу можно-стите за заедничка презентација на ре-гионот како туристичка децтинација.Инаку 30-тина хотелиери, тур=оператори, туристички агенции, винарии, производители на храна, занаетчии И др во спортската сала Билјанини Извори ја презентираа

својата традиција.Програмата на овој прв меѓународен саем за туризам ќе биде дел од официјалната програма на Светската тури-стичка организација. Органи-заторите на овој саем Скоп-ски Саем и ХОТАМ очекуваат дека тој традиционално ќе се одржува на истото место во истиот период со збогатени содржини.

ПО ТРИДНЕВНОТО ДЕБАТИРАЊЕ

УЧЕСНИЦИТЕ НА САЕМОТ БАРААТ ПОАГРЕСИВНА ПРОМОЦИЈА Подобрување на квалитетот на услугите како и пооргани-

зирана и поагресивна туристичка по-нуда со која Македонија ќе настапи на туристичкиот пазар во Европа и поши-роко- се заложбите на учесниците на саемот. Исто така беше заклучено дека мора да се подобри авио сообраЌајот И другата патна инфраструктура а ту-ризмот треба да го креираат стручни И компетентни луѓе. Учесниците на сае-мот се заложија за подобра соработка помеѓу туристичките агенции како И за формирање на национална агенција за вино која Ќе ги промовира македон-ските брендови надвор од границите на државата. Религиозниот туризам треба да се најде во туристичката понуда на Македонија-стои меѓу другото како заклучок во завршните документи на Првиот меѓународен саем за туризам во Македонија.

Сузана Вренцовска

Македонија и Охрид се привлечни тури-

својата традиција.Програмата на овој прв

ИСКОНСКА ПРИРОДА ЗА ТУРИСТИЧКАПРОМОЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ПРВ МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ТУРИЗАМ ВО ОХРИД

LOKAL TURIZAM

4 AMAK PRES

ЛОКАЛ

Пред околу 10 000 верници во Охрид беше одбележан еден од најголемите верски празници

Водици ден познат како Богојавление. Овој христијански празник се празнувал уште во вториот век од христијанската ера, а традицијата на фрлање на крстот кај нас е стара 20 години. Чинот пак на фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Исус Христос, но и годи-на исполнета со многу здравје среќа и бериќет за фаќачот на осветениот крст. А најсреќен охриѓанец годинава беше варошанецот, 32-годишниот Митко Топенчаров Тој меѓу 400-те капачи го фати чесниот крст кој во водите на охридското езеро го фрли митропо-литот Дебарско Кичевски Г. Тимотеј. За Топенчаров кој 18 години скока по крстот ова е трет пат тој да се најде во неговите раце.-За мене ова претствавува нешто свето. Од мали сме задоени со таа традиција

и се надевам дека таа и понатака ќе продолжи- рече по фаќањето на крстот Топенчаров.На свеченоста на одбележувањето на Водици покрај бројните граѓани и гости од земјава и странство присуствуваа и учесниците на првиот меѓународен саем за туризам кој се одржа во Охрид. Со тоа велат од здружението Богојавление кое веќе пета година е организатор на оваа манифестација, се збогатува тури-стичката понуда на Охрид и се продол-жува туристичката сезона во градот. Од здружението Богојавление велат дека годинешнава манифестација е една од најдобро организираните во последни-ве пет години.Кумовите на Водици, Никола Дуданов, Игор Балески и Антонио Бојаџи на среќниот Топенчаров му подарија сре-брена реплика на крстот кој се фрла во водите на охридското езеро опкована со злато вредна 3500 евра.

Копии на чесниот крст им беа врачени и на неколку членови на здружение-то како знак за нивниот придонес во афирмацијата на верските и културни традиции на Охрид и Македонија.Инаку, празнувањето на исусовото крштевање во Охрид е возобновено во 1990 година по забраната овој настан да се празнува во 1947 година.

ЕВРОАМБАСАДОРОТ ЕРВАН ФУЕРЕ НАЈБРЗ ДО БУРЕТО СО ВИНО

На празникот Свети Јован Крстител, ден по Водици, на 20 јануари, на Са-раиште се одржа традиционалното капење на рибарите со што се означи почетокот на ловот на пастрмката за

ЗА ТОПЕНЧАРОВ ГОДИНА ПОЛНА СО ЗРДАВЈЕ СРЕЌА И БЕРИЌЕТ

ВОДИЦИ ВО ОХРИД

5www.amac.com.mk/novini

ЛОКАЛ

ЗА ТОПЕНЧАРОВ ГОДИНА ПОЛНА СО ЗРДАВЈЕ СРЕЌА И БЕРИЌЕТ

вештачкиот мрест. Меѓу стотината кои се искапија за здравје беше и евроам-басадорот Ерван Фуере кој прв допли-ва до 100 литарското буре со вино кое традиционално се пиеше со останатите верници кои го проследија настанот.

Граѓаните и оваа година беа послужу-вани со бесплатно вино ракија и прже-на плашица.Здружението Богојавление на евро-амбасадорот Фуере му врачи сребрен крст, копија на крстот кој секоја година

за Водици се фрла во водите на Охрид-ското Езеро.

Сузана Вренцовска

6 AMAK PRES

МАНУЕЛ ДЕ ОЛИВЕИРА ДОБИТНИК НА СВЕТСКАТА НАГРАДА ЗА ХУМАНИЗАМ

Добитник на Светската награда за хуманизам за 2008 година, што ја доде-

лува Охридската Академија на Хуманизмот е познатиот филм-ски режисер, Мнуел де Оливеи-ра.“Со големо задоволство ја при-мив веста со која ми оддадовте толку големо признание, кое уште повеќе ме трогнува бидејќи се работи за најфундаменталното нешто, хуманизмот кој е суштин-ски за целото човештво и за секој човек поодделно, независно на која раса и припаѓа и независно каде се наоѓа“, изјави по повод добивањето на наградата 99 годишниот, де Оливеира кој ја играше и главната улога во не-говиот последен филм Кристофер Ко-лумбо –Малкович. Мануел Де Оливеира тврди дека ужива во режирањето филмови, оградувајќи

се од критичката реакција. Тој претпо-чита мирен живот далеку од рефлекто-рите и покрај многукратните почести на филмските фестивали како Кан, Венеција и Монтреал. „Ви ја предавам светската награда за хуманизам за 2008 година за вашето импозантно филмско дело, кое започ-

нува уште од времето на немиот филм, со пејсажите на митска-та река Доро, од Вашата родна Португалија, која се влева заед-но со вашиот дух во водите на светото Охридско Езеро“, истак-на претседателот на Охридската Академија на хуманизмот и ам-басадорот на УНЕСКО, Јордан Плевнеш. Повелбата и наградата за хуманизам на познатиот дојаен и легенда на светската кинематографија му беа вра-чени на големиот христијански

празник Богојавление – Водици.Светската награда за хуманизам прв пат се додели минатата година, добит-ник беше јапонскиот филозоф Даисаку Икеда. Ангела Белевска

ПАРИТЕ САМО ЗА ПУМПИТЕШВАЈЦАРСКАТА ВЛАДА ЈА УСЛОВИ ПРОАКВА

Донацијата мора да се употре-би за проектот а не за враќање на долговите и кредитите- ова

беше услов швајцарската влада да ја активира донацијата од 600 илјади евра одобрена уште лани а стопирана поради случувањата во МЈП Проаква. Имено во изминатиот период во Про-аква имаше бројни недоразбирања

околу организационата поставеност во ова меѓуопштинско јавно претпријатие и делењето помеѓу Охрид и Струга, а стопанисува со заедничкиот колектор за прочистување со отпадните води.Дека парите ќе се употребат за својата намена писмено се обврзаа и двајцата градиначалници на Охрид и Струга, Александар Петрески и Рамиз Мерко.

Средствата од донацијата ќе бидат ис-користени за изградба на 6-те пумпни станици на источното крајбрежие на Охридското Езеро кои со инсталирање на потребната опрема ќе бидат заврше-ни до јули оваа година. С.В

СОЦИЈАЛНА ПОМОШ ПРИМААТ 1450 СЕМЕЈСТВА

Лицата кои бараат социјална по-мош од државава во Охрид е се поголем. Во јануари почна

пријавување на социјалците , а во зав-ршна фаза е годишната проверка на динамиката на поднесените барања за користење на социјална помош. Со износ на парите што го до-биваат социјалците како поддршка од државата за преживување, тие сакале или не, едвај врзуваат месец со ме-сец, особено последниве два месеци биејќи цените на многу прехранбени производи и услуги поскапеа , а како

последица на тоа, нивната прехран-бена кошница стана се посиромашна. Последните поскапувања ја доведоа до очај ова категорија граѓани и ти живеат на работ на егзистенцијата. Според директорката на цента-рот за социјална работа Билјана Наумо-ска во Охрид 1450 користат социјална помош а овој број е постојано о пораст, особено во последниве години, барем така тврди нивната статистика. Директорката Наумовска, вели дека за едночлено семејство социјалната помош изнесува 1800 де-

нари, за двочлено таа е 2306 денари за тричлено семејство е 3005 денари. Че-тиричлено семејство добива 3863 дена-ри а за петчлено семејство и повеќе 4 506 денари. Министерството за труд и социјална политика, како што најавува директорката Наумоска наскоро ќе донесе измени во критериумите и из-носите н материјалната помош што социјалците ќе ја добиваат во иднина, а која ќе кореспондира со законот за просечната нето плата во државава. К.С.

ЛОКАЛ

7www.amac.com.mk/novini

СТОП ЗА РАБОТАТА НА ЦРНООд неодамна во собраниска

процедура се измените и дополнувањата на Законот за

работни односи. Со измените на овој законски акт се предвидени ригорозни казни за газдите и директорите кои ќе ги прекршуваат работничките права. Глоба од 8 000 евра ќе плати работодавецот – правно лице или 5 000 евра трговец поединец, ако инспекто-рот за труд открие во фирма работни-ци кои работат на црно. Првиот човек

на фирмата или пак одговорното лице ќе биде казнет со дополнителни 1000 евра. Согласно исиот закон казни се предвидени и ако на работникот не му биде исплатена плата најдоцна до 15 ти во месецот за претходниот, и ако нема платени придонеси за здравствено и пензиско осигурување, потоа ако не му се обезбеди пауза за време на работно-то време , одмор меѓу два последова-телни работни дена ,неделен и годишен одмор, и ако газдата не обезбеди усло-

ви за заштита при работа. До сега паричните казни из-несуваа од 100 000 до 200 000 денари. За истите прекршоци инспекторите за труд имаат овластување да донесат и решение за забрана за работа. Против одлуката на инспекторите газдите може да поднесат жалба до Министерството за труд и социјална политика но тоа не го одложува извршуањето на казната. К.С

Со измените и дополнувањата на Законот за ПИО исплатата на средствата од Солидарниот

фонд на пензионерите да ги исплату-ваат подрачните единици на фондот за ПИОМ, пензионерите од општините Охрид и Дебрца, не се согласуваат и бараат да остане како и досега, одно-сно да ги исплатуваат Здруженијата на пензионерите, бидејќи во спротивно, во многу ќе се наруши тековното фи-нансиско работење на здруженијата, и може да доведе до нивно укинување. Од Здружението на пензио-

нерите од Охрид и Дебрца апелираат, пензионерите да не потпишуваат изјави за исплата на средства од Солидарниот фонд преку Фондот за ПИО, категори-чен е претседателот на Извршниот од-бор на Здружението на пензионерите од од Охрид и Дебрца Ѓорѓи Трпчески. Со истиот Закон не е дефини-рано прашањето за осигурување и на жените на пензионерите без пензиски стаж и ова прашање е обжалено до Уставниот суд и чекаме тој да се про-изнесе и со двете барања – вели Трпче-ски.

Иницијатива до Уставниот суд на Република Македонија да не се менува досегашниот начин на ис-плата на средствата од Солидарниот фонд и осигурувањето на жените на пензионерите кои не оствариле пра-во на пензија, имаат поднесено сите здруженија, поединци, месни одбори,а заедно и во согласност со Сојузот на ЗП на Македонија. К.Спасески

Со измените и дополнувањата на Законот за ПИО исплатата на средствата од Солидарниот

нерите од Охрид и Дебрца апелираат, пензионерите да не потпишуваат изјави за исплата на средства од Солидарниот

Иницијатива до Уставниот суд на Република Македонија да не се менува досегашниот начин на ис-

СОЛИДАРНИОТ ФОНД ДА ГИ ФИНАНСИРА ЗДРУЖЕНИЈАТАОХРИДСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ БАРААТ ОД УСТАВНИОТ СУД

ПОСМРТНИТНАТА ПЕНЗИЕНРИТЕ ЌЕ ЈА ДОБИВААТ ПРЕКУ ПОДРАЧНИТЕ ЕДНИЦИ

СО ЗАКОНОТ ЗА ПИО

Со донесувањето на измени-те и дополнувањата на Зако-нот за пензиско и инвалидско

осигурување од јануари годинава ис-платата на погребните трошоци од Солидарниот фонд за сите корисници на пензија од први јануари годинава ја врши Фондот за ПУО преку своите Подрачни единици во сите градови. Според раководителот на Под-рачната единица на Фондот за ПИО од Охрид Дездемона Даути, барање за

исплата на трошоците може да понесе член на семејството или друго лице кое го извршило погребот на корисникот на пензија. Барање се поднесува до Подрачната единица на Фондот или со приложување чек од исплата на пензија или потврда од Фондот дека почина-тиот бил пензионер, извод од матична книга на умрените и матична книга на венчаните за сопругата или родителите на децата, како и фотокопија од лична карта на лицето што ги подига сред-

ствата и број на сметка во банка. Посмртнината која се обезбе-дува од солидарниот фонд на пензио-нерите на кои месечно им се задржува по 120 денари од секоја пензија е уни-фицирана воцела република и таа изне-сува 30 000 денари. Во просек годишно во Охрид бројот на починати пензионе-ри изнесува 380 до 420 лица.

К.С.

8 AMAK PRES

LOKAL

ВО ОХРИД РЕКЛАМИСЕ НУДАТ И ЗА ЕДЕН ЃЕВРЕК

МАЧНИ МЕДИУМИ

Дел од локалните медиуми во градов реклами даваат во замена на еден мал оброк или неколку литри гориво за автомобил, додека некој инвестира во медиумите милиони, некои работат со аудиовизуелна опрема која е по-неквалитетна од онаа која во својот дом ја има едно просечно охридско семејство. Тоа се рефлектира врз сите, па огромен дел од вработените во медиумите во Охрид со години чекаат да бидат пензиско и здравствено осигурани и да примат нормални плати.

Охрид иако има поголем број ме-диуми и сака да се презентира како град расадник на новина-

ри, слободен град во информирањето и втор град по број на медиуми после Скопје, сепак квалитетот на медиуми-те во градов е на ниво кое е под сите очекувања на аудиториумот, а она што неретко се презентира во медиумите ја навредува интелигенцијата на еден просечен охриѓанец. Во Охрид за жал постојат ме-диуми кои имаат помалку аудиовизуел-на опрема од онаа што едно просечно семејство ја има во својот дом, и рабо-тат во услови кои се блиску до невоз-можното, а квалитетот на персоналот, стручноста и професионалноста е на најниско можно ниво. Информирањето кое го прават некои медиуми е еднак-во на читање на информации од аген-циите и читање на некое соопштение во целост за да се пополни минута-жата во вестите. За професионално ангажирање новинари, технички пер-сонал или достоинствено и професио-нално изработување реклами, во некои охридски медиуми не станува ни збор, па рекламите наликуваат на снимки направени со мобилен телефон, а сод-ржината нема никаква порака нити било што примамливо што ќе го при-влече вниманието на луѓето или по што ќе се запамети рекламата. И покрај тоа што не врабо-туваат луѓе, некои медиуми пото-нати во аматеризмот и бескрајното импровизирање свесно или не целосно ја уриваат медиумската сцена во Охрид, нудејќи на пазарот реклами чија пазар-на вредност се споредува со вредноста на еден ѓеврек дневно или во подобар случај едно пивце и чорбичка на ден. Во една ваква констелација на односите медиумите во Охрид се соо-чуваат со тешкотии при работењето, уривање на вредноста на рекламите, а менаџерите и сопствениците се при-нудени да одржуваат ниски плати за

вработените што директно се одразува на професионалноста и животот на но-винарите. Телевизијата НТВ во Охрид ра-боти веќе 12 години. Во своето работење имала потешкотии во работењето, но и покрај се таа пополека бележи раст и прави напори да го подигне нивото на медиумите во Охрид.

- Цените на рекламите зависат пред се од нивото кое го има еден меди-ум и од квалитетот кој го одржува. Ме-диуми без вработени и со непостоечки квалитет не може да одржат цена на реклама и со тоа директно влијаат ге-нерално на цените на пазарот на рекла-ми или поконкретно ги уриваат цените на рекламите и прават една нелојална конкуренција. Со насоките кои ќе мроа да се спроведат до 2012 година и дигитализациајта која ќе мроа да се спроведе мислам дека ќе се направи една природна селекција на медиуми-те и нема да може да се приспособат кон тоа медиуми кои даваат реклами за 1000 денари. Се надевам дека тогаш нешто ќе се среди и ќе се прекине со стагнациајта и оваа тешка состојба- изјави Зоран Стефаноски сопственик на Независна ТВ.И неколкуте радио станици во Охрид ги имаат истите проблеми. И тие на пазарот не можат да постигнат цена

бидејќи дилетантските медиуми нудат реклами за смешни суми и ги уриваат цените на рекламите на неподносливо ниско ниво. - Маркетингот во Охрид и сето миље кое сега го имаме е направено од незнаење и незнаење на работодав-ците да се организираат и да ја најдат концепт во работењето. Според мене стагнира финансирањето на програми. Кадровската политика на сите медиу-ми, помагање на идејно творештво итн. Културната работа или културата во медиумот никако не може да се спро-веди од тие причини. Според мене во Охрид имаме пишани и електронски медиуми поточно радио. Телевизија е за мене тежина на зборот за да е нешто телевизија треба да е повеќе, немаме телевизии туку имаме радио со добар и лош квалитет .Нашите локални телеви-зии се преполни музика, по малку ве-сти и пак музика, а музиката е со лош квалитет, саундот е очаен, а и во радио сферата во некои случаи е така. Мар-кетиншкото настапување на одредени работодавци е такво од причина што е направена грешка за правење на толку медиуми во мал простор без никаква селекција на квалитетот. Најавата од Советот за радиодифузија и дека ќе се средат работите уште е само во најава. Јас лично го прашав претседателот кога ќе се стартува со комисијата за про-верка и анализа на медиуми и нивното ниво и квалитет, за тоа како котираат, што се работи во маркетингот, дали е тој оправдан или неоправдан, според мене е неоправдан и целосно без ком-пас. Никој не може да согледа што ре-кламира, калкулација за тоа колку вре-ди рекламата, а колку еден одработен ден, тој компас го немаат бидејќи не-кои не трошат пари и работат сами без трошоци, па така се нудат реклами за ручек и вечера и некој си игра со скапа играча, а не знае ни сам со што си игра, а за жал сето тоа некој му го дозволил - вели Зоран Здравковиќ сопственик на

9www.amac.com.mk/novini

МХ Радио од ОхридСлавица Стевоска 12 години работи како маркетинг менаџер од кои 9 ги поминала во телевизијата НТВ, а де-нес е маркетинг менаџер во продук-циската куќа ОХ – 1 и весникот Амак Прес Охридски Новини и многумина ја сметаат за најупатена во практично-то работење на пазарот на реклами во Охрид. -Цените на рекламите во Охрид се смешни, но, според стандардот кој е низок нормално е и рекламите да се поевтини и цените да не се воопшто реални,но , не е нормално да се за џабе. Некои медиуми нудат реклами по енормно ниски цени кои се смешни, а со тоа како прво се урива и рејтингот на медиумската куќа, со тоа давање на толку ниски цени автоматски се урива и рејтингот на сите медиуми кои потоа мора да го следат тој тренд на пад на цените, а сето тоа нам кои работиме во поорганизирани и професионални медиуми кои пред се имаат вработени луѓе кои примаат плата ни создава го-леми проблеми на финансиски план. На некој начин со ова рекламирање за беспари им вршиме услуга на некои бизнисмени, ние сме свесни што значи рекламата, а 80 % од работата на една фирма која продава на пазарот е рекла-мата, а тие кои реално имаат пари и се поголеми фирми, лесно се рекламираат во Охрид за овие мали пари и со тоа си обезбедуваат рекламирање за безпа-ри и тоа така е со години бидејќи никој не мрднал со прст да воспостави некои стандарди во работењето, тука мислам пред се на електронските медиуми.- вели Славица Стевоска. Радио Охрид како прв електронски медиум во градов е и прв медиум кој остварувал приходи од продажба на секунди во етерот. Познато е времето кога на радио се емитуваа музички че-ститки и огласи, а и првите електрон-ски реклами во Охрид се изработени во ова радио. За тоа каква е маркетинг сцената во градов, директорот на Радио Охрид, Милчо Јованоски вели- Проблемот со маркетингот во охрид-

ските медиуми не е нов туку стар, а ние како најстара институција која постои 51 година со овој проблем се соочуваме со децении од воведувањето на пазарно стопанство во 80 и 90 години од мина-тиот век. Она што е интересно е што по напливот на медиуми цените врто-главо паднаа. Денес нема реални цени и секоја куќа си ги одредува сама и ги спушта на ниско ниво кое не е издр-жливо за професионалните куќи кои работат по професионални стандарди и вработуваат поголем број луѓе. Друг проблем е што некои агенции пред цела деценија направија големи сондажа за одделни медиуми кои се на државно и нaционално ниво и таа листа не се ко-регирала со години и со тоа предизви-кува неможност локалните медиуми да работат со тие продукциски и мар-кетинг агенции. Крајно време е и во оваа област да се воспостви ред и да се воспостават стандарди во работењето. За жал во Охрид нема професионални маркетинг агенти,а како што стојат ра-ботите нема ни да ги има во догледно време - изјави Милчо Јованоски.Во Охрид и покрај сите овие неприли-ки во работењето на медиумите има и маркетинг агенција која работи во гра-дов во состав на Супер Радио. Сашо Митаноски за наведените проблеми вели -Што се однесува до маркетинг делот се случува еден своевиден “самодегра-дирачки” тренд кога медиумите нудат

услуги по енормно ниски цени,со што се зголемува кругот на клиентите но не се зголемува приходот во медиумот. Рекламните кампањи за жал во многу случаи сеуште се договараат на ниво на “политичка подобност” а не на кон-кретната слушаност или гледаност на медиумот, и се сеуште на ниво на по-знанства без некоја јасна цел за тоа која таргет група е доминантна публика на конкретниот медиум.Поразувачки де-луваат бројките на доделените срет-ства за рекламирање кои ги добивме од локалната самоуправа во Охрид споредени со конкретната гледаност и слушаност на одредени медиуми во истиот период. Токму затоа квалитетот на маркетинг презентациите кои се из-работуваат е многу ниско.Најчесто се изработуваат на полупрофесионална опрема што директно влијае и на ква-литетот на финалниот производ. Она што се наметнува како заклучок е дека се испракаат релативно нејасни пораки до потрошувачите што најчесто резул-тира со слаби резултати од кампанјата.Она сто нас како директно инволвира-ни во ова поле особено не радува е што има значителна еволуција кај слушате-лите и гледаците односно конзументи-те на нашите “медиумски производи”.Глобализацијата,интернетот,странските медиуми кои секојдневно имаме мож-ност да ги следиме наметнуваат нови и многу високи стандарди кои сите медиуми мора да ги следат доколку сакаат да останат “ во игра”.Овој факт,новата за-конска регулатива која наметнува мно-гу повисоки стандарди кај медиумите ( кои се надеваме дека ке се почитуваат ), а и нашето лично искуство преку на-шите деловни партнери кои се повеќе и повеќе ја разбираат важноста на мар-кетингот и вистинската презентација пред лугето, е она што нам ни дава за право да веруваме дека доаѓаат подо-бри времиња во оваа област. - вели Ми-таноски. Љупчо Таневски

ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИ ПРЕД ГАСНЕЊЕ Здружението на новинари на Македонија со неговата канцеларија во Охрид изминатите години ни еднаш

не се огласи или презеде еден конкре-тен чекор кон средување на состојбите во медиумите во Охрид, а со тоа и на средување на работното секојдневие на новинарите во градов. Додека низ годините одредени медиуми работеа без вработени професионалци, ЗНМ – Охрид тонеше во длабок сон. Дено-виве новинарите од Охрид покренаа иницијатива за формирање на ново

здружение кое ќе ги собере новинари-те од Охрид и ќе преземе активности за средување на проблемите кои ги тиштат. Во моментов во некои медиу-ми во Охрид вработените не зеле пла-та со месеци, а и ако ја земат таа не изнесува повеќе од 3 000 денари. Ни за овој проблем ЗНМ – Охрид не мрдна со прст. Љ.Т

10 AMAK PRES

NA VRVOT

АМБИЦИОЗНИОТ ЧОВЕК Е ОРЕЛ КОЈ ГО ПРЕЛЕТУВА ЦЕЛИОТ СВЕТНиту еден човек не знае под как-

ва ѕвезда се раѓа, затоа патот до саканата цел за некои е полесен

а за другите потрнлив, но како и да е, и во едниот и во другиот случај важна е цврстата волја и желбата да се постиг-не она посакуваното.А вредните луѓе не познаваат грани-ци за нив ни временските бариери ни староста не се причина да се сопрат и да си речат самите на себеси, “сега е доволно и ќе уживам во плодовите на мојот труд“....“Нема бунар за од него да се црпи енергијата, но на едно место Григор Прличев вели:„Додека татковината ми е во мака јас не можам да бидам спокоен...“,оваа мисла стана мое жи-вотно мото“, ни кажа чичко Миле , некогашниот прв човек во Основното училиштето „Григор Прличев “, првиот директор кој му даде живот и дух и во исто време го направи посебен и пре-стижен сега веќе познатиот фестивал Охридско лето. Палавото дете, кое од својата шеста година бос игра фудбал низ улиците кај Крст џамија стана по-знати фудбалер во тимот “Охридски бранови“, но и никогаш не ја заборави книгата, стануваше рано и уште во му-грите започнуваа подготовките за учи-лиште, но трудот му се исплати стана еден од најпознатите и најбараните “даскали“ во стариот Охрид. Од рани години го сакаше театарот и народ-ниот фолклор, па стана и еден од најпознатите драмски текстописци и основач на Културно уметничкото Друштво “Ѓердан“.Ведриот и оптимистички дух се глав-на одлика на неговиот лик, па иако ги ситни годините од деветтата деценија е омилен во друштво и на постари и на помлади луѓе кои со интерес ја слуша-ат неговата животна пиказна.Чичко Миле, потекнува од старата охридска фамилија Волканоски, татко му Стефан бил бач, од купеното селско млеко правел сирење, а мајка му Мари-ка шиела јоргани.“Во саботите и понеделниците прода-вав сирење на Охридскиот пазар кој се наоѓаше кај чинарот. Честопати за

да стигнам порано на тезгатата иако дете носев на грб по една или две кан-ти со сирење“, вели Волканоски кој во исто време бил и одличен ученик во ОУ „Свети Сава“.По завршувањето на четвртото одделение се запишал во Охридската Гимназија каде преку на-ставната програма драстично се чув-ствувале промените на окупаторската власт, германска и бугарска.“Завршив трета година гимназија и по ослободувањето на Охрид станав член на Сојузот на комунисти на Југославија. Се сеќавам на фрлањето на светиот крст во водите на Охридското Езеро за Водици во далечната 1944 година. На-мерата ни беше некој од скоевците да го фати крстот зошто собраните пари по завршувањето на церемонијата беа наменети за партизаните, но како и да е сите млади охриѓан имаа иста цел, да

ги помагаат ослободителите на нашата мила Македолнија.“По завршувањето на трета година гимназија,една година Волканоски ра-боти како учител во училиштето во се-лото Скребатно. “По снег одев со опинци а најомилени гости ми беа глувците“, шеговито ја кажува вистината чичко Миле кој бил и претседател на тамошната партија на АФЕЖЕ и НОМС, но и на кого не-измерно му недостигале театарските претстави зошто ни за викендите не смеел да го напушти селото.“Морав да се подготвувам за полагање на осми клас гимназија и матура па за-тоа побарав преместување на работно-то место во Охрид. Станав учител на првачиња во ОУ “Св.Сава“. Им бев да-скал на децата, но во исто време преку мојот начин на предавање ги терав да ја

МИЛЕ ВОЛКАНОСКИ-ФУДБАЛЕР,ДАСКАЛ, ПИСАТЕЛ И ПРВИОТ ДИРЕКТОР НА ФЕСТИВАЛОТ ОХРИДСКО ЛЕТО

www.amac.com.mk/novini 11

засакаат книгата. Нема само постојано „бубање „ туку и учество во детскиот хор, свиревме на прадедото на клави-рот- хармониумот. Во тој период пока-жав и голема творечка енергија. Се роди првата драмска претстава која ја наре-ковме, “Кралчето се женеше во туѓина скрито, народот се бореше на чело со Тито“. Иако беше детска претстава ин-тересот за неа беше огромен, салата на хотелот “Радич“беше полна со публика, тогаш се уште не беше оформен град-скиот театар, и можам да кажам дека тоа беше првата “театарска“претстава одиграна во градов“.Волкановски станува еден од најценетите учители во градов. Па нели, тој умее наједноставно, на слико-вит начин програмската содржина да им ја “долови“, на младите за таа да се ске-нира во нивните мали мозочиња еднаш за секогаш.На младиот даскал уште то-гаш, неговиот колега Димче Ковачески му предвидува светла иднина. Откако им ја постави воспитно образовната подлога на тогашните првооделенци во ОУ “Св. Сава“, чичко Миле заминува во селото Косел за да им дели знаење на учениците од првата осмолетка во Охрид. Предавал неколку предмети: македонски јазик,математика, ботани-ка и пеење а го формирал и училиш-ниот хор.“Во тој период почнав да се подготву-вам за полагање на осми клас(четврта година) гимназија и матура. Навистина ми беше тешко. Немаше со кого да се консултирам околу набавувањето на потребните материјали за учење зошто сите мои сокласници беа мобилизи-рани во војска. Благодарен сум му на Димче Битрак со чија помш одлично ја совладав математиката и матурата.Учев што се вели деноноќно, во пет часот наутро веќе бев со книгата во рака. Паузите во учењето беа кратки, тогаш излегував во дворот и ги посма-трав пчелите кои ги чувавме.Оттогаш ми се вроди љубовта кон нив и желбата да ги одгледувам цел живот“, вели Вол-кановски, кој во тие две напорни лета на плажа бил само три пати. Но трудот му се исплатил, ја постигнал посакува-ната цел.За два часа пред комисија по-ложил 12 наставни предмети меѓу кои музика и пеење.Охрид почнува да се плаши од помис-лата дека го губи најпознатиот учи-тел и наставник затоа и му е забранет упис во која и да било високонаучна институција во тогашна Југославија.“Кога завршив матура се запишав на Филолошкиот факултет во Скопје на отсекот литература. Веќе почнуваше

учебната година, и неопходен им бев на учениците во с. Косел. Кога разбрав дека сум добил стипендија побарав ослободување од наставничките обвр-ски, но на моето барање не ми удоволија просветните фактори во Охрид. Се сеќавам, со солзи во очи една ноќ го напуштив Косел и заминав за Скопје. Студиската настава без прекинувња ја следев два месеци, а во меѓувреме ми доаѓаа писма да се вратам во Охрид, но и тие не ме поколебаа во намерата, сакав и морав да завршам факултет, заради моја лична сигурност и жел-ба интелектуално да се надградувам. Едно декемвриско утро секретарот на факултетот ме повика во неговиот ка-бинет, учтиво ми подаде едно писмо во кое пишуваше:“Истеран сте од факул-тет без право на упис на сите Универ-зитети во Југославија“. Бев шокиран од писмото не само јас туку и моите ро-дители. Татко ми му се спротистави и закани за неправедно донесената одлу-ка и на тогашниот министер за култура Никола Минчев. По нашите “семејни протести“ и одбивање да ја прифати-ме одлуката попушти министерот за култура и ми дозволи да се запишам на Вишата педагошка школа. Започнав со давање испити во декември во мај месец завршив со просек девет.“, рас-кажува чичко Миле додавајќи дека од тогаш имал повеќе време не само за посветување на работното место туку и за играње фудбал во Охридскиот тим “Езерски бран “, како и за одгледување пчели.“Бев наставник во Струмица, потоа во женската гимназија “Маршал Тито“ во Скопје по што една година преда-вав во охридската гимназија „Св.Кли-мент Охридски“. Станав инспектор по македонски јазик во охридските села и секретар за култура во општина Охрид. Но повеќе на срце ми лежеше даскалувањето од управувањето.До-дека работев во ОУ “Братство и Един-ство“ ги напишав сега веќе познатите детски лектири “Добриот учител“ и “Приказна за штурецот и мравките“.Овие два текста за кои неколку пати се одржаа претстави беа објавувани во тогашните најпознати списанија и ча-сописи.“Тука некаде завршува еден професио-нален дел од животот на Миле Волка-новски по што следат 10-те среќни ми-нути за овој човек. Ако нив умее убаво да ги искористи му се нуди навистина добар живот, ако не така сакала судби-ната...... а што се случува со животот на овој интересен охриѓанец?“Народот не попусто рекол луѓето пра-

ват и расипуваат работи. Јас покојниот Ристо Шапкар ќе го паметам само по убави нешта. Тој ми даде крила и од тоа августовско утро кога ме повика во неговиот кабинет станав како орел кој можеше да ја прелета цела Европа. Беше 6 часот наутро кога моето внима-ние од сандаците со пчели го одвлече општинскиот курир кој во еден здив ми рече:“Ве бара општинскиот секре-тар Ристо Шапкар, веднаш одете кај него“. Не ми остави ни простор да се пресоблечам, тргнав таков каков што бев, облечен во куси пантолони како за по дома. Кога влегов во кабинетот на Шапкар веќе се чувствуваше работни-от амбиент како на сред ден а беше 6 часот и 30 минути наутро, замислете од кога него му почнуваше работниот ден... Откако културно се поздрави и поразговара со мене, неочекувано из-вади неколку уредно испечатени ли-стови хартија ги стави пред мене и под-насмевнат ми рече, “Миле стави твој потпис овде.....(покажуваше со пенка-лото) па тука......“,откако потпишав се, тој ме погледна и шеговито ми рече, “Ти не праша ни што потпишуваш, значи можеме и во затвор да те ставиме“, јас му одговорив, ако тоа сум го заслужил затворете ме. Во тој миг ми ги отвори документите на кои сум потпишал дека јас Миле Волканоски се согласувам да станам директор на ОУ „Григор Прли-чев“. “Утре имаш наставнички совет, треба да свикаш колегиум да ги распре-делиш предметите по стручност, убаво покажи се и претстави се во вистинско светло“, ми рече Ристо кој од тој миг веќе почнал да размислуваа за некоја наредна работна обврска“.Започнува учебната 1959/60 година за Волканоски, но овој пат тој не е даскал туку нешто повисоко- директор. Од тој период за него дознава целата охридска јавност, тој е почитуваниот директор во една од охридските образовни институ-ции. Времето лета, деновите ги гол-та ноќта уште пред да им погледнеш во очи, брзо минуваат годините и исте-кува директорскиот мандат. Во Охрид почнува да се чувствува надоаѓањето на едно ново време, се раѓа нов живот, градот се полни со гости и туристи од цел свет, а нив мора да им се понуди добар културен живот.„Миле, ќе бидеш директор на еден нов фестивал за кој имаме тенденции да стане меѓународен, внеси му душа за да добие белег по кој ќе стане препо-знатлив во цел свет- беа зборовите на тогашниот претседател на градот Ни-кола Горичан “ раскажува чичко Миле кој од 1мај далечната 1964 година е

12 AMAK PRES

наименуван и станува првиот директор на сега веќе надалеку познатиот фести-вал Охридско лето.“Ниедно работно место за мене не беше поубаво од тоа. Иако фестивалот беше нешто непознато и ново за сите нас, одлично се снаоѓав во работа, а дека е така покажува и фактот што цели 20 години јас бев избиран и поставуван за прв човек на Охридско лето. Не бев само директор- менаџер туку и творец на програмската политика на фестива-лот, имав контакти со музичари и умет-ници од цел свет“, вели Волкановски за чија 20 годишна директорска работа никој немал забелешки. Фестивалските настапи биле проследени од илјадници луѓе од земјава и странство, а полека манифестацијата ги заменува стакле-ните со железни нозе.“Фестивалската1984 година, беше го-дината кога се одбројуваа моите ди-ректорски денови во фестивалот чии основи ги поставив јас. Неочекувано на тоа фестивалско издание спорен стана настапот на светски познатиот пијанист од Хрватска , Иво Погорелиќ. Во пет до дванаесет како што се вели добивме телеграма дека тој не е во можност да настапува, а сите влезни билети веќе беа продадени. Со часови и јас и вработените го баравме на теле-фон, не знаевме каде е, во која земја

престојува зошто не одговараше на по-виците. По макотрпното целодневно барање конечно успеав да исконтакти-рам со него и откако му ветив дека во најубаво светло на трошок на фестива-лот ќе го запознае Охрид, успеав да го разубедам. Погорелиќ, дојде во Охрид го пречекавме како претседател и на-стапи на фестивалот. Кога се среди се, и кога јас пред салата веќе ја слушав преубавата музика која се излеваше од пијаното, најверојатно од преголема нервоза и напнатост, почувствував пре-голема болка во градите, .....ме однесоа на болница“,раскажува чичко Миле во чиј глас и денес се чувствува вознеми-реност кога раскажува за оваа не толку мила случка. “Одлучив да се повлечам од директор-ската функција, здравјето е побитно од се, нели? Претставници на општин-ската и државната власт ме разубеду-ваа во мојата одлука, но таа беше ко-нечна, се повлекувам од функцијата и крај!,додава Волканоски.Две-три години до неговото пензионирање, Миле работи како упра-вител во Заводот и Музеј во Охрид, во тој период на вработените двојно им ги зголемил платите и тогаш со постојан работен однос вработил 23 нови работ-ници......Денеска Миле Волканоски ги “ситни“

деновите од “пензионерскио стаж“, друштво му прави сопругата Зорица-позната учителка, исто така во пензија. Двајцата се радуваат и се горди на сво-ите четири ќерки и осум внучиња.„Убаво е кога тие се крај нас со нив и ние двајцата се чувствуваме помладо и детинесто, но кога тие ги вршат свои-те секојдневни обврски односно се за-фатени за нас и ние си наоѓаме свои преокупации“, вели чичко Миле кој и во 81 година од својот живот активно твори.“Секоја педа земја, е мит реалност, инспирација за пишување ми се по-знатите охриѓани кои оставиле белег во Охрид и Македонија, потоа обич-ните луѓе од секојдневието“,вели Миле од чие перо се родиле позна-тите драмски текстови: “Приказ-на за штурецот и мравките“(пиеса), “Добриот учител“(пиеса), “Григор Прличев“(драма за`која ја добил тре-тата награда на распишаниот конкурс), “Охридската робинка Ташула“, “Бал на студентите со октоподот“(комедија), “Бунда“(комедија) и др....Палавото дете од кое израсна позна-тиот охридски фудбалер, младиот амбициозен даскал, надарениот ди-ректор на ОУ „Григор Прличев“, досе-га најпознатиот и прв директор на фе-стивалот “Охридско лето“, денеска не е чудно да го здогледате во некој охрид-ски чун, лови плашици или грунци. Спортскиот дух го носи од детството до денес, вообичаено е да го видите како страствен навивач во некоја од спортските трибини, навива за кошар-карскиот клуб, АМАК СП и е дел од публиката каде и да се одржуваат нат-преварите, во Охрид или друг град.“Со својот кошаркарски тим Венко Шапкар успеа да го разбуди градов од зимската летаргија, тој е заслужен за развојот на спортот за оживување на гратскиот театар во Охрид кои и тоа како се важни за создавање на нацио-налната идеја“, ни кажа пред крајот на разговорот чичко Миле. Беше 22 часот кога го напуштивме не-говиот дом, петчасовниот разговор со него и неговата сопруга Зорица ни мина многу брзо.Откако се поздра-вивме и ги оставивме овие позитивни, гостопримливи луѓе да ги средат по-знатите книги-трудови на чичко Миле, бројните фотографии, признанија, бла-годарници и ордени штој ги добил за вложениот труд во институциите кои ги водел. Ангела Белевска

www.amac.com.mk/novini 13

.

УРНАТА НОВОГОДИЧНАТА ЕЛКА НА ГРАДСКИПОТ ПЛОШТАДНепознати сторители нај-

веројатно во раните утрин-ски часови ја демолирале

Новогодишната елка поставена на плоштадот Св. Климент Охрид-ски во Охрид. Надлежните власти најостро го осудуваат овој вандалски чин, и велат дека истиот е насочен про-тив градот и развојот на туризмот зошто новогодишното украсување е еден вид туристичка атракција кој привлекува многу гости од земјава и странство.Осум метарската елка до крајот на истиот ден беше повторно поди-гната и вратена на старото место така што во целосниот новогоди-шен сјај градот повторно блесна пред почетокот на Саемот за ту-ризам.Украсните светлосни реквизити во Охрид беа поставени на 22 де-кември пред католичкиот Божик кој во Охрид го прославија голем

број Грци. Раскитувањето на градот започна веднаш по големиот христијански праз-ник Богојавление -Водици.Во центарот на Охрид по-долго време се случу-ваат вандалски чинови, уништување на јавни добра, тепачки и обиди за убиства. До Локалната Самоуправа, граѓаните на Охрид иници-раат поставување на видео монитори и камери на град-скиот плоштад со цел да се оствари помирен живот и сторителите на прекршочни дела побрзо да се иденти-фикуваат. Во сите поголеми светски метрополи централ-ните градски подрачја и главните сообраќајници се снимаат 24 часа, а органите на редот вршат надзор преку централен систем.

Ангела Белевска

ВАНДАЛИЗАМ

14 AMAK PRES

LOKAL

www.amac.com.mk/novini 15

1

16 AMAK PRES

ДЕТСКА УРОЛОГИЈА – ОДБРАНИ ПОГЛАВЈАУчебникот “Детска урологија“-

одбрани поглавја, е најновиот труд на доктор Крсте

Стојаноски. На концизен и лесно раз-бирлив јазик , во него се обработени најважните теми од детската урологија, збогатени со голем број на шеми и илу-страции како и богатство на цитати од светската литература. “Уверен сум дека оваа извонредна кни-га , на најдобар можен начин ќе ја ис-полни целта на стручното формирање

на докторите на специјализација и специјалистите од различни меди-цински дисциплини (уролози, детски хирурзи, гинеколози, неонатолози, педијатри) како и сите други доктори кои што претпочитаат сигурни, прециз-ни и актуелни информации од областа на детската урологија. Се надевам дека сето тоа ќе придонесе во најблиска ид-нина “Детската урологија“ да се издвои како посебна медицинска гранка (како што е во многу напредни земји во све-

тот) земајќи ја во предвид зачестеноста на оваа патологија во однос на другите системи во детската возраст“, истакна авторот на трудот.Учебникот „Детска Урологија“-одбрани поглавја, е првенец во маке-донската медицинска литература, не-говото појавување е од непроценливо значење за развојот на македонската здравствена литература. Ангела Белевска

НОВА КНИГА ОД Д-Р КРСТЕ СТОЈАНОСКИ

Новата година за Националната Установа, библиотека “Григор Прличев“ започна со измени

кои се добри и се во полза на читате-лите. Годишната членарина од 300 на-малена е на 100 денари.Корисниците на услугите од одделот за деца или возрасни, земените книги кај себе можат да ги задржат 20 дена а по истекувањето на рокот ќе плаќаат

по 5 денари за примерок на ден.„Намалувањето на цената на годиш-ната членарина е со цел да се направи поголема популаризација и да се зголе-ми интересот за читање кај Охриѓани“ изјави директорот на установата Тоде Илиовски. Библиотеката “Григор Прличев“, рас-полага со фонд од над 100 000 книги, оваа бројка постојано се зголемува со

нови трудови, бесцелери и најнови книги од областа на литературата и историјата.Годинава во оваа установата треба да се реализираат неколку проекти, а една од главните цели ќе биде просторното проширување. А. Б

Новата година за Националната Установа, библиотека “Григор Прличев“ започна со измени

по 5 денари за примерок на ден.„Намалувањето на цената на годиш-ната членарина е со цел да се направи

нови трудови, бесцелери и најнови книги од областа на литературата и историјата.

УСЛУГИ ПО НАМАЛЕНИ- ДОСТАПНИ ЦЕНИВО НУ “БИБЛИОТЕКА ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“

ОХРИДСКО ЛЕТО СЕ ВКЛУЧУВА ВО ГОДИНАТАНА ЕВРОПСКИОТ ИНТЕРКУЛТУРЕН ДИЈАЛОГНајпознатата музичко сценска

манифестација во земјава, фе-стивалот Охридско Лето, ќе се

вклучи во Годината на Европскиот ин-теркултурен дијалог, што во наредниве 12 месеци треба да се реализира во Ев-ропските земји.Деновиве во Љубљана директорот на Охридско Лето, Тони Симоноски заедно со 24 претставници од други европски

фестивали ја потпиша декларацијата за поддршка на интеркултурното тво-рештво во европската уметност. Со потпишувањето на декларацијата Охридско Лето се обврзува во текот на годината во рамките на фестивалските програми да внесе театарски претста-ви, концерти и литературни презен-тации на дела од автори од различни земји и културни средини.

Со вклучувањето на Фестивалот Охридско Лето во Годината на Ев-ропскиот интеркултурен дијалог се потврдува неговиот висок рејтинг во светот. Ангела Белевска

ЛОКАЛ

www.amac.com.mk/novini 17

УСЛУГИ ПО НАМАЛЕНИ- ДОСТАПНИ ЦЕНИ

18 AMAK PRES

Судиите кои лошо ќе судат на натпреварите ќе бидат казнети додека за квалитетно судење ќе

следат награди –вака одлучи Здруже-нието на Клубови од првата машка ко-шаркарска лига на седмата седница која на 10 овој месец се одржа во Охрид. До почетокот на пролетниот дел(2 фев-руари) ќе биде формирана тричлена комисија која по барање на Клубовите ќе ги оценува судиските одлуки според кои одредени судии за лошо судење ќе бидат парично казнувани. Од сретства-та пак кои ќе бидат прибрани на крајот на првенството најдобрите судии ќе бидат наградувани. Ова, како што беше истакнато на седницата, е со цел да се воведат заштитни механизми со кој би

се подигнало и нивото на судењето, но и квалитетот на натпреварите. Исто така на седницата беше одлуче-но таксите за судиите да се зголемат за 1000 ден односно за четвртфинале и полуфинале од досегашните 3000 на 4000 денари а за финале да изнесува-ат 5000 ден. На предлог на комесарот за натпреварување на КФМ, Томе Ди-мишкоски, присутните шест делегати од вкупно девет прволигашки клубо-ви едногласно донесоа одлука да се формира солидарен фонд од кој ќе се исплаќаат судиите и делегатите. Секој клуб до почетокот на натреварите во касата на КФМ треба да уплатат по око-лу 100 000 денари со што би се избег-нале досегашните непријатности околу

подмирувањето на судските трошоци. Како новина со почетокот на втори-от дел од шампионатот ќе биде и на-чинот на кој ќе се делегираат судии-те. Компјутерски ќе се одредуваат судиските тројки со што ќе се избегне фаворизирањето на одредени судии и делегати, а клубовите ќе имаат право да ги оценуваат нивните одлуки. Со ваквиот начин, според забелешките и оценките од страна на клубовите, не-кои судии ќе бидат иземени од судење на одредени натпревари и парично каз-нети.Следната седница на Здружението на прволигаши е закажана за 24 овој ме-сец во Кавадарци каде ќе биде одржано и ждребањето за Купот.

Судиите кои лошо ќе судат на натпреварите ќе бидат казнети

се подигнало и нивото на судењето, но и квалитетот на натпреварите.

подмирувањето на судските трошоци. Како новина со почетокот на втори-

КАЗНИ ЗА ЛОШИТЕ - НАГРАДИ ЗА ДОБРИТЕ СУДИИЗДРУЖЕНИЕТО НА ПРВОЛИГАШИ ВО КОШАРКА ОДЛУЧИ

НЕМА КАЗНИ ЗА ЛОШОТО СУДЕЊЕПО НАПРАВЕНИТЕ 38 СУДИСКИ ГРЕШКИ КОМИСИЈАТА ОДЛУЧИ

Судиската тројка Златевски Ди-ковски Иваноски која ја делеше правдата во последното коло на

натпреварот помеѓу Пелистер и АМАК СП нема да биде казнета поради сла-бото судење и бројните грешки кои ги направи на натпреварот- вака одлучи тричлената комисија во состав Блаже-ски, Лазарески, Макрески -Судиите лошо суделе ама не влијаеле на резул-татот. Според тоа не станува збор за тенденциозно судење, стои меѓу дру-гото во извештајот на комисијата која судењето го оценила со слаба оценка која според нив се должи на недовол-ното искуство на судиите.

Од АМАК СП пак изразија недоверба во стручноста на ваквата комисија која не санкционира судии кои имале 38 лоши одлуки на еден натпревар.-Неможам да се сложам со одлуката дека судењето не влијаело на натпрева-рот кога изгубивме само 4 кошеви раз-лика. На таквите судии не им е местото во првата лига. ''Направивме анализа која чинеше и време и пари и утврдив-ме 38 грешки на судиите. Ова не смее да помине неказнето доколку сакаме и понатака да не ни се случуваат вакви работи. Се покажа дека имаме режисе-ри во спортот, но јас лично не сакам да учествувам во тоа. Сакам и вложувам

во спортот, но сакам и фер игра''- рече првиот човек на охридскиот прволи-гаш, Венко Шапкар.Инаку, Пелистер и АМАК СП се среќаваат и во првото коло од вториот дел на првенството кое започнува на 2 февруари. Во понатамошните натпре-вари ќе стартуваат 8 екипи. Екипата на Маврово која сама се повлече нема да ги продолжи натпреварите, а од след-ната сезона ќе се натпреварува во Вто-рата лига.

Сузана Вренцовска

СПОРТ

www.amac.com.mk/novini 19

20 AMAK PRES

SPORT

www.amac.com.mk/novini 21

ЦРКВАТА Е ЗА СИТЕПолека но сигурно народото се врати во прегратикте на својата исконска мајка - црквата. Во периодот на бројни празници црквите се преполниоја со верници од сите генераии и модни ориентации. Фотографирано во Св Ѓорѓија - Горна Влашка Мала.

ЈОВЕ, КАЛИМЕРО И СЛАВИЦА Дистрибутерот на нашиот весник, популарниот Јован Костоски, секогаш екстравагантниот советник Петре Калимеро и Славица Стевоска за заедничка веселба. Славица пее, Калимеро игра и скока, а Јове во свој стил дополнително ја загрева позитивната атмосфера. . .

фото: Љ.Т.

22 AMAK PRES

KULTURAKULTURAPISMA OGLASI

АМАК Прес бесплатно ги пренесува огласите кои граѓаните ги даваат во емисијата Радио берза која се емитува на Радио Охрид. Доколку оставете оглас со СМС на телефоните 070/141-279 и 075/141-284 огласот ќе Ви биде објавен и во на-шиот весник. Цената на СМС е 23,6 ден. со ДДВ.

Продавам половно детско креветче, комплет со душек и половно бојлерче за кујна со метален резервоар, по-волно. Телефони: 070/ 265 - 900 и 265 - 900.

Се продаваат јоги душек, тепих и две гуми со димензии 195-60-15. Теле-фон: 264 - 713.

Продавам “ Застава “ 750, 1982 год. Цена 220 Евра и “ Рено “ 21 1988 го-дина по цена од 2.200 Евра, регистри-рано до 28.12.2008 година. Телефон: 252 - 272.

Продавам фрижидер “Кончар “ ис-правен од 310 Л за 3.000 денари. Продавама хармоника “ Велкмајстор “, бела со три регистри во исправ-на состојба, 4.000 денари. Купувам голема плинска боца. Телефони: 070/ 307 - 289 и 254 - 728.

Продавам “ NISAN DATSUN CHERU “ GL 1.3, произведен 1983 година и регистриран до август 2008 година. Комплет ремонт на мотор направен во октомври 2007 година. Удрен позади но во возна состојба. Цена 350 Евра. Телефон: 070/ 258 - 333.

Продавам правосмукалка “Ровус “ скоро нова. Цена 6.000 дена-ри. Телефон: 075/ 463 - 702.

Се продава голф 3 TD , регистри-ран до мај 2008 год. со помина-ти 130.000 к.м. Цена 5.000 Евра. Телефон: 070/391 - 250.

Продавам телешко месо и прасиња до 30 кгр. Телефони: 257 - 073 и 071/ 732 - 316.

Продавам спална и санитарија за ку-патило. Телефон: 070/ 69 - 89 - 90.

www.KRALEMARKO.ORG.MK e-mail: [email protected] tel: 070/775-025

www.amac.com.mk/novini 23

ЕФЕКТИ

Komesar za natprevaruvawe, Tome Dimi{kovski s.r.

www.basketball.org.mk

A O E A A E A a - a - e o a 2007/2008

2007/2008 1. 02.02.08 2007/2008 2. 09.02.08 01. . 2000 05. 02. 2005 06. . 2000 . 03. . . 07. 2005 04. . 08. . .

2007/2008 3. 16.02.08 2007/2008 4. 20.02.08 09. . 13. 10. 14. . . 11. . . 2000 15. . 12. 2005 . 16. . 2000 2005

2007/2008 5. 23.02.08 2007/2008 6. 27.02.08 17. . 21. . 18. . 22. . 2005 19. 2005 . 23. . 2000 20. . 2000 24. . 2007/2008 7. 01.03.08 2007/2008 8. 05/07.03. 08 25. 2005 29. . 2000 26. . . 2000 30. 2005 27. . 31. . . 28. . 32. . 2007/2008 9. 22.03. 08 2007/2008 10. 26.03.08 33. 37. . 34. . . 2000 38. 35. 2005 39. . 2000 . 36. . . 40. . 2005 2007/2008 11. 29.03.08 2007/2008 12. 05.04.08 41. 45. . 42. . . 46. . 43. . 47. . 2005 44. 2005 . 2000 48. . 2000

АМАК СПАМАК СП

АМАК СПАМАК СП

АМАК СПАМАК СП

АМАК СП АМАК СП

АМАК СПАМАК СП

АМАК СПАМАК СП

СВИССЛИОН П.СТРУМИЦА 2005

МЗТ СКОПЈЕФЕНИ ИНДУСТРИ

ФЕРШПЕД Р.К. СОКОЛИ 2000

В. ОСИГУРУВАЊЕ СВИССЛИОН П.

АМАК СПАМАК СП

СТРУМИЦА 2005МЗТ СКОПЈЕ

ФЕНИ ИНДУСТРИФЕРШПЕД Р.

К. СОКОЛИ 2000В. ОСИГУРУВАЊЕ