АМАК ПРЕС 93

20
AMAK PRES OHRIDSKI NOVINI EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK Godina V - Broj 93 25 Јули 2008 www.amakpres.com.mk marketing 070 / 462-362 ОХРИДСКИ МАРАТОН КУЛТУРА СТОЈЧЕВ НЕПРИКОСНОВЕН ВО ОХРИД- СЕДМА ПОБЕДА НА БУГАРИНОТ ХАОС И БЕЗРЕДИЕ НА ПРИСТАНИШТЕТО ВО ОХРИД КОНЦЕРТИ НА КЛАСИЧНА МУЗИКА НА БРОДОТ “ГАЛЕБ„ И ЛАПИДАРИУМОТ definitivno najevtino www.don.com.mk

Upload: alankaou

Post on 06-Mar-2016

247 views

Category:

Documents


9 download

DESCRIPTION

Амак Прес Охридски Новини е единствениот печатен медиум во охридско-струшкиот регион, а весникот се печати во тираж од 4000 примероци. Основач и издавач на Амак Прес Охридски Новини е генералниот дирекотр на Амак СП,Венко Шапкар.

TRANSCRIPT

Page 1: АМАК ПРЕС 93

AMAK PRESOHRIDSKI NOVINI

EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK

Godina V - Broj 93 25 Јули 2008

www.amakpres.com.mkmarketing 070 / 462-362

ОХРИДСКИ МАРАТОН

M A K E D O N I J A - MOJATA DR@AVA

Testovi na znaewe za: osnovni {koli, sredni {koli, matura, fakulteti, vozrasni,... Testovi: pedago{ki. psiholo{ki, za inteligencija, e-testing,...

Nastava: podgotvitelna, tutorska, priemni ispiti, matura, za vozrasni, e-u~ewe,...

www.pisi.com.mk e-mail: [email protected] ++ 46 230-560; 46 230-561; 46 230-562 ++ 32 380-418

M A T U R A

MAKEDONSKI JAZIK MATEMATIKA ANGLISKI JAZIK INFORMATIKA FIZIKA HEMIJA BIOLOGIJA PROEKTNA ZADA^A ISTORIJA GEOGRAFIJA MUZI^KA UMETNOST LIKOVNA UMETNOST

U^ILI{NA NASTAVNA PROGRAMA

1. M A T E M A T I K A

2. A N G L I S K I J A Z I K

3. I N F O R M A T I K A

4. M A K E D O N S K I J A Z I K

5. P R O G R A M I R A W E

6. F I Z I KA

7. H E M I J A

8. B I O L O G I J A

Obrazoven centar, Ohrid, {tip Do 31.05 REZERVACII NA MESTA: OD 4-TO ODD. OSNOVNO DO 1-VA GOD. SREDNO

КУЛТУРА

СТОЈЧЕВ НЕПРИКОСНОВЕН ВО ОХРИД- СЕДМА ПОБЕДА НА БУГАРИНОТ

КУЛТУРА

ХАОС И БЕЗРЕДИЕ НА ПРИСТАНИШТЕТО ВО ОХРИД

КОНЦЕРТИ НА КЛАСИЧНА МУЗИКА НА БРОДОТ “ГАЛЕБ„ И ЛАПИДАРИУМОТ

definitivno najevtinowww.don.com.mk

Page 2: АМАК ПРЕС 93

2 AMAK PRES

LOKAL

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецотТел:046/263-781 факс 046/263-784

E-mail: [email protected]За издавачот:

Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски [email protected]; Уредник: Анѓела Белевска Новинари: Сузана Вренцовска; Крсте Спасески; Техничка редакција: Стојан Стојановски 2С студио

Маркетинг менаџер: Славица Стевоска; Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

ХАОС И БЕЗРЕДИЕ НА ПРИСТНИШТЕТО ВО ОХРИД

Сезонава како ни една до сега на пристаништето

во Охрид владее хаос во оглед на организацијата на всидрувањето на бродовите и пречекот на туристите кои сакаат да се пловат со бродовите по езерото.Бродовите се паркраат како ќе стигнат, без ред и едноставно кој прв ќе зафати место, а неретко стојат паркирани еден покрај друг и туристите доколку сакаат да влезат во еден брод мора да поминуваат низ друг брод паркиран веднаш до него. Ваквиот хаос неретко создава нервоза и тензии меѓу самите бродари и прави да се создава една грда глетка пред туристите каде бродарите буквално се грабаат за секој турист. Посадите од бродовите заради немањето ред на пристаништето се приморани на сите можни начини да се обидуваат да дојдат до туристите, па така се служат со се што им е на располагање, а сето тоа прави една грда глетка пред граѓаните и туристите кои секојдневно се на пристаништето, а создава и тензии помеѓу бродарите. Денес со цел да се надминат проблемите бродарите и сопствениците на бродови одржале состанок со Капетанот на Охридската капетанија на кој се постигнал компромис бродовите да се паркираат по одреден редослед

кој ќе се направи и ќе се менува секојдневно. Се договоривме бродовите да се паркираат по однапред зададен редослед и денес очекувам бродарите и сопствениците да го потпишат овој записник по што со правната служба ќе изнајдеме начин да изрекуваме санкции и казни ако некој не го почитува договореното. Исто така се договоривме да се измени начинот на кој до сега се продаваа картите и од сега тие ќе се продаваат само на бродовите, а не како до сега по целото пристаниште – вели Капетанот Настоски. Тој отворено вели дека државата треба да го даде пристаништето на стопанисување на Локаланта самоуправа со цел подобро

да се менаџира. Ставот на Локалната е дека крајбрежјето треба да и проипадне на Локалната, но упатувањата Капетанот Настоски треба да ги даде во неговото министерство, а ние не можеме да стопанисуваме со пристаништето додека не се врати крајбрежјето на Општина Охрид. Врз база на што да стопанисуваме, врз наша желба или врз желбата на капетнот? Се согласуваме но тоа е само сегмент од ставот дека целото крајбрежје и езерото па и пристанитшето треба да се на локалната но, тоа не го прави лоакалнта самоволно туку државата и ресорното министерство согласно законот треба да си донесат решенија и

ПРИСТАНИШТЕ СТАНА ПРЕТЕСНО ЗА ПЛОВИЛАТА ЧИЈ БРОЈ СЕКОЈА ГОДИНА РАСТЕ, А АЛАРМАНТНА Е СОСТОЈБАТА ВО СВЕТИ НАУМ, КАДЕ ШТО МОЖЕ ДА СЕ ПАРКИРА САМО ЕДЕН ОД ПЕТТЕ БРОДА

Page 3: АМАК ПРЕС 93

тогаш нека упатува некој на локалната. Депласирано е ова во инцидентите кои се случиле или не се случиле помеѓу бродовите Глаеб, Кристина и Македонија да се инволвира локаланта. Општината не е инволвирана страна и можеме само да жалиме во име на граѓаните и гостите што поединци и гурпи прават сцени кои оставаат неубав впечаток, но тоа е работа на

Капетанот Настоски и Полицијата – изјави Никола Манески портпарол на градоначалникот. Бродарите велат дека останува само да се надеваат дека некогаш државата ќе се одлучи да изгради марина или да го пришири постојното пристаниште кое мора што поскоро да го згоелми својот капацитет. Ние Галеб секогаш го

паркиравме на истото место, но сега бродот на бродови е зголемен и не се сега само 2 брода туку се 6 или 7 кои редовно пловат. На пристништето се прави голема гужва и хаос и неретко се доаѓа во ситуација кога бродовите може да се судрат меѓусебно. Така пред некој дена на нас налета друг брод и благодарение на вештината на капетанот се избегна поголема несреќа – вели Игор Цветковиќ, менаџер на Бродот Галеб.Во Охрид последниве години порасна бројот на бродови, поголемиот дел од нив некако успеваат да се паркираат на пристаништето но дел од нив и не се ни обидуваат, па така бродот Кан кој е во сопственост на Велија Рамкоски стои паркиран во каналот, а на пристанишптето нема место ни за луксузната јахта на Трифун Костоски.

БЛИСКА СРЕДБА МЕЃУ ГАЛЕБ И КРИСТИНА

Како што објави порталот Мегастар на 12 овој месец дошло до блиска средба помеѓу бродовите Галеб и Кристина. Како што дознаваме бродот Кристина брзајќи да го заземе прв местото за паркирање на пристаништето за влакно не удрил во бродот Галеб кој бил полн со туристи. Како што дознаваме катастрофата била избегната само благодарение на умешноста на капетанот на Галеб, Горан Устијаноски кој успеал да и избега на забрзаната Кристина. Повеќето очевидци влеат дека не им е јасно како можел бродот Кристина да налета со таква брзина директно кон

бродот Галеб и се поставува прашањето дали посадата на бородот е невешта во управувањето или се имало интенција во целото дејствие. Во Охридксата Капетанија бил изготвен и записник со изјави за овој немил настан кој за среќа не резултирал во несакан правец.

Љ.Т.

АКО НЕМА ПАРИ ЗА САНАЦИЈА НА ПРИСТАНИШТЕТО ИМА ПАРИ ЗА НОВА ФАСАДА НА КАПЕТАНИЈАТА

Page 4: АМАК ПРЕС 93

6 AMAK PRES

ЛОКАЛ

АНТИКОРУПЦИСКА БАРА ОДГОВОРНОСТ ОД ПЕТРЕСКИ

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК)

поведе иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на градоначалникот на Општина Охрид Александар Петрески, соопшти денеска на прес-конференција претседателката на Комисијата Мирјана Димовска. Антикорупциската комисија на 15 јули до Основното јавно обвинителство поднело иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на Петрески врз основа на Законот за спречување на корупцијата поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело злоупотреба на положба и овластување. С п о р е д Антикорупциска, Петрески ги пречекорил границите на своите службени

овластувања со тоа што не ги почитувал и не постапил по дадените препораки по извршената ревизија за јавните набавки за 2006 и за 2007 година од страна на внатрешниот ревизор на општина Охрид и не направил корекции, со што го прекршил Законот за јавни набавки. Препораките се однесуваат на неизвршени задолжителни законски обврски на општината и на градоначалникот во однос на водењето регистар на постапката за јавни набавки, изготвување план за јавни набавки, донесување интерен акт за регулирање постапка за јавни набавки и ангажирање соодветно стручно лице - координатор за спроведување на законските обврски во процесот на јавните набавки, изјави Димовска.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОХРИД АЛЕКСАНДАР ПЕТРЕСКИ НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ЈА ТЕРА ПРАВДАТА ДО КРАЈ И ДЕКА ВО КОНСУЛТАЦИЈА СО АДВОКАТИ ЌЕ ПОДНЕСЕ КРВИЧНИ ПРИЈАВИ ПРОТИВ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА И ПРОТИВ НОВИНАРОТ ДРАГАН ПАВЛОВИЌ ЛАТАС.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОХРИД АЛЕКСАНДАР ПЕТРЕСКИ НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ЈА ТЕРА ПРАВДАТА ДО КРАЈ И

ПЕТРЕСКИ СО КРИВИЧНИ ЗА АНТИКОРУПЦИСКА И ЗА ЛАТАС ? ?

Ќе поднесам кривична пријави за Димоска а за кривичната или

тужбата против Латас ќе се консултиурам со адвокати бидејќи сите видоа во дневникот на Сител како се информира за случајот со мене.. Ова е предлог за Кривична пријава, а таа се уште не е поднесена, а Латас во своите коментари низ

Дневникот се надоврза дека го апселе Бучко, па Заев и сега јас сум бил на ред. Ќе се консултирам со адвокатите и ако има полезност од поведување правна постапка ќе ја поведам, а ако ме советуваат да не поведувам тогаш нема да поведам - изјави за Мегастар градоначалникот на Охрид, Александар Петрески

Петрески рече дека сега среде сезона се правела ревизија на работењето на Општина Охрид и дека јасно е дека централанта власт се обидува што е можно повеќе да го попречи него во работењето, посебно сега во пресрет на локалните избори. Сега прават ревизија, среде сезона, и јас наместо да

се заниамвам со работење и со се што се случува во лето во Охрид, јас ќе се заниамвам со ревизорот, Димоска и со Латас - ијави градоначалникот Петрески кој додаде дека ова се прави за да не може тој успешно да функционира и дека е дел од хајакта против успешните во СДСМ.

БАРА ИЗВИНУВАЊЕ ОД АНТИКОРУПЦИСКА

Page 5: АМАК ПРЕС 93

Неколку пoмали и една потешка сообраќајна несреќа кои се случија на 20 јули во Охрид

предизвикаа целосен колапс на

с о о б р а ќ а ј о т на Булеварот Туристичка и на автопатот и регионалниот пат кој води до Св. Наум Застојот се одвиваше во двата правци и кон плажите и од плажите кон Охрид, а колоната се протегала до Градиште од едната страна и до хотелот Дончо од другата страна. И л ј а д н и ц и туристи и

граѓани на Охрид со часови чекаа да се вратат во градот, а сообраќајот конечно се деблокира околу 20 00 часот.

Колапсот најтешко се расчисти на крстосницата кај Мини Маркет каде таксистите со свирежи и меѓусебни конфликти ја празена нервозата. Во неможност да се превезат со јавниот превоз илјадници луѓе од плажите тргнаа кон Охрид пеш, а сообраќајот по колапсот, од како се деблокира се расчистуваше повеќе часови. После собраќајките кои се случиле на патниот правец Охрид-Св. Наум колоната се протегала до селото Љубаништа, па така некои од луѓето кои заглавиле во гужвата по сопствен избор за да стигнат побрзо тргнале преку планината Галичица за Охрид, но во близина на Ресен на патот за Охрид имало исто така собраќајка па немале избор и морале и таму да чекаат неколку часа. Од Полицијата не информираа дека во викендот на подрачјето на Охрид се случиле 14 сообраќајни несреќи.

Љ.Т.

с о о б р а ќ а ј о т Колапсот најтешко се расчисти на

ОХРИД ГО ПРЕЖИВЕА НАЈГОЛЕМИОТ СООБРАЌАЕН КОЛАПС ДО СЕГА

Page 6: АМАК ПРЕС 93

ЛОКАЛ

Велосипедската патека која се протега

во должина на улицата Македонски Просфетители е целосно узурпирана во делот од рампата пред поштата па се до ресторанот на Мегдоналдс. Во овој дел приватна фирма стопанисува со паркингот во центарот

на Охрид и најверојатно во налетот на летната гужва започнала да ја издава и површината која е предвидена за велоспедска патека, со што фирмата наплаќа и за паркинг надвор од обележаното место. Фотографијата зборува доволно.

Велосипедската на Охрид и најверојатно

УЗУРПИРАНА ВЕЛОСИПЕДСКАТА ПАТЕКА

ПОЛИЦАЈЦИ НА ВЕЛОСИПЕДИ И СКУТЕРИ ПАТРОЛИРААТ НИЗ ОХРИД

Полицајци на в е л о с и п е д и од неодамна

крстосуваат низ Охрид, каде

што се грижат за јавниот ред и мир. Полицајците- велосипедисти поминуваат специјален тренинг во кој ги совладуваат техниките на велосипедско возење и другите вештини нна интервенции. Во моментов се шестмина со тенденција нивниот број да се зголемува во екот на туристичката сезона. “ В о в е д у в а њ е т о патролна дејност со велосипед низ централното градко подрачје како и по брегот на езеротозначително ќе ги подобри ефикасноста

и ефективноста во извршувањето на полициските работи во летниот период на зголемена раздвиженост низ градот, особено во централното градско подрачје. Овој проект е замислен како обид да се обезбеди уште поблизок контакт со граѓаните и можност за зголемена мобилност на полицијата во центарот. Тоа ќе биде чможност полиоцијата да ги прошири своите можности на дејствување, пред се,на превентивен план, а јавноста да ја перципира како сервис и служба на располагање“,

изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Вакви велосипедски полициски патроли покрај во Охрид се воведени во Скопје и во Кавадарци а во најскоро време ќе се спроедуваат и во други градови во М.акедонија. Што се однесува до Охрид, веќе има полициски патроли на скутери, кои патролираат по езерото и плажите за да се зголеми безбедноста на капачите.

Ангела Белевска

Page 7: АМАК ПРЕС 93

7www.amakpres.com.mk

ПОЛИЦАЈЦИ НА ВЕЛОСИПЕДИ И СКУТЕРИ ПАТРОЛИРААТ НИЗ ОХРИД

ВО ТЕКОТ НА СЕЗОНАТАКРАДЦИТЕ ОПЕРИРААТ ПО ПЛАЖИТЕ

НЕ ПОКАЖУВАЈТЕ НАКИТ, ФОТОГРАФСКИ АПАРАТ, КАМЕРА И ДРУГИ ВРЕДНОСНИ ПРЕДМЕТИ, КОИ МОЖЕ ДА ПРИВЛЕЧАТ ВНИМАНИЕ НА КРАДЦИТЕ, И ИЗБЕГНУВАЈТЕ ДА НОСИТЕ МНОГУ ПАРИ, ОВА Е НАЈДОБАР НАЧИН ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ ОД КРИМИНАЛОТ ВО ТЕКОТ НА ЛЕТОТО

Десетици туристи во Охрид деновиве додека престојувале на плажа биле ограбени.

Велат се краде се - облека, полначи за мобилни телефони, скапи предмети и пари - се што ќе им фати око. Туристите се жалат дека не се чуствуваат безбедно и дека, никој не им гарантира за предметите што ги оставаат на плажата иако, како што велат плажите се приватни. - Додека пливавме со жена ми и со ќерката од торбата ни беше украден мобилниот телефон. Тој ден имаше премногу гужва на плажата но за жал никој ништо не видел - раскажува еден турист од Скопје. Кражбата ја пријавиле во полиција но, велат, не очекуваат дека тоа нешто ќе помогне. Од СВР Охрид потврдуваат дека е зголемен бројот на кражби со почетокот на сезоната и зголемениот бран туристи во Охрид. Од таму велат дека во најголемиот дел предмет на кражбите се мобилни телефони оставени од граѓаните необезбедени на плажите или угостителските објекти. Од страна на полициските службеници минатиот месец три лица се фатени непосредно по извршената кражба но во споредба со бројот на случаи таа бројка е премногу мала.- Дојдовме на одмор а не ограбија

реагира друг туриста кој за време на одморот остана без својата видео камера. „Ни преседна и одмор и се, да знаевме дека ова ќе ни се случи ќе си седевме дома, вели ограбениот битолчанец. Но ова не е ништо ново. По охридските плажи се крадело и во изминатите години. Стариот занает станува традиционален вдолж охридското крајбрежие. Според експертите претежно по плажите оперираат мажите на возраст од 20 до 30 години. Многу од нив, велат психолозите, на кражба се решаваат од очај и немаштија иако има и такви кои тоа го прават од навика. Не е мал бројот ниту на оние кај кои е во прашање патологија. Следна задача после успешниот обид на кражбата е предметите да се продадат. Идеално место за тоа се улиците и охридскиот парк. Се нуди украдената роба за цена која е далеку испод реалната а може да го земете производот и за онолку колу ќе понудите па макар тоа било и смешна сума.Додека седев на клупа во паркот сред бел ден дојдоа две лица и одма ми понудија камера. Ја продаваа за 6000 но не помина ни 5 минути цената стигна до 500 денари. Рекоа дека камерата

ја нашле на плажа но кога почнав да ги распрашувам од каде се ја ставија камерата во торба и избегаа. Во тој момент неуспеав да повикам полиција. Единствено што ми текна беше да ги сликам, раскажува една охриѓанка. Еден сопственик на плажа чиј идентитет поради темата не сакаше да го откриеме а уште помалку името на неговата плажа признава дека е сведок на повеќе кражби. Тој крадците накратко ги опишува како досетливи и снаодливи луѓе кои откако ќе бидат откриени најчесто молат да бидат пуштени со договор без да биде вмешана полицијата. „Сепак, во одделни случаи мора да се повика и полицијата, бели сопственикот на плажа. И додека традицијата на крадење по охридските плажи продолжува а полицијата е немоќна да се справи со се поголемиот број крадци останува граѓаните и туристите сами да се штитат од криминалот во текот на летните одмори. Најдобар начин за тоа е накитот, фотографски апарат, камера и други вредносни предмети, кои може да привлечат внимание на крадците, да го остават дома.

Сузана Вренцовска

Page 8: АМАК ПРЕС 93

8 AMAK PRES

LOKAL

Управникот на „Уни-верзитетското од-моралиште- Кон-

гресен центар Охрид , 54-годишниот П.А зарабо-ти кривична пријава. СВР го сомничи дека е стоти-тел на пет кривични дела од кои три за проневера на службената должност, злоупотреба на службена-та положба и овластување како и за фалсификување и уништување на деловни книги. Според извештајот на СВР Охрид пријавениот во изминатите три години како раководител на Конгресни-

от центар со искористување на на службената полож-ба и овластување како и со неизвршување на службена-та должност, во три навра-ти противправно присвоил вкупно 488.468 денари. Па-рите кои биле уплатени во готово, на П.А му биле дове-рени во Службата од проме-тот за сместување на гости во одморалиштето кој наме-сто да ги внесе на сметка на Универзитетот и книговод-ствено да ги евидентира про-тив правно ги присвоил за себе. Во повеќе наврати П.А поголем дел од примените

парични средства во готово од гостите и од одржаните семинари ги земал за себе а само мал дел ги уплаќал на сметка на универзитетот. За одржаните конгреси и семи-нари во Конгресниот центар парите ги примал на своја лична сметка а потоа ги по-дигнувал и против правно ги присвојувал Исто така на име награди за себе и за неколку други вработени на крајот од минатата година пред новогодишните празници одобрил исплата со која се почастиле по 100 евра

употребувајќи стар печат а парите книговодствено не ги евидентирал. Со цел да ги прикрие трагите пријавениот уништил дел од финансиска-та документација. Истражен судија при основниот суд Oхрид му одреди мерка притвор во траење од 30 дена а СВР Охрид ќе го гони и за други проневери на сред-ства од готовински уплати за кои постојат сознанија и најавуваат целосно расветлување на случајот.

С.В

ПАРИТЕ НАМЕСТО НА СМЕТКА ГИ СТАВАЛ ВО ЏЕБ

Управникот на „Уни-верзитетското од-

от центар со искористување на на службената полож-

парични средства во готово од гостите и од одржаните

употребувајќи стар печат а парите книговодствено не

КРИВИЧНА ЗА УПРАВНИКОТ НА УНИВЕРЗИТЕТСКОТО ОДМАРАЛИШТЕ

Page 9: АМАК ПРЕС 93

www.amakpres.com.mk 9www.amakpres.com.mkwww.amakpres.com.mk 9

Page 10: АМАК ПРЕС 93

10 AMAK PRES

Во кругот на најблиските во ка-фулето Кадмо во

Охрид Ѓоко Танески го

промовираше својот најнов видео спот за песната „Но-виот ден“ Спотот е снимен токму во Кадмо, причина

повеќе што и финалниот производ за песната беше пуштен токму тука пред неговите пријатели и род-нините. Според Ѓоко тоа се луѓето кои заслушуваат први да го погледнат спотот. Најомилениот посетител во охридското кафуле беше керкичката Анастасија. Осум и пол месечната прин-цеза единствено за изјавите го оставаше тато Ѓоко раат. Останатото време беше во негово друштво. Што се однесува до познатите фаци тука неможеа да се забележат. Никој од естра-дата не присуствуваше на промоцијата на својот коле-га. Танески избегнувајќи го

одговотот единствено рече: Пресреќен сум што вечерва со мене се оние кои нешто ми значат во животот мојата фамилија и моите долгого-дишни пријатели кои се ток-му од Охрид .Спотот за првата песна од најновиот албум е изработен во студиото на продукцијата Кумев брадрс а снимен е во месец мај во Кадмо. Автори на Новиот ден се Франц и Пере. Танески најави дека за брзо време ќе биде напра-вен спот за уште една негова песна од албумот кој треба да излезе во септември а ќе брои 10 песни.

Фото и текст: С.В.

повеќе што и финалниот

ЃОКО ПРЕД СВОИТЕ НАЈБЛИСКИ ГО ПРОМОВИРАШЕ НОВИОТ ДЕН

ZABAVA

КОНЦЕРТ НА ЛЕНИ КРАВИЦ ВО ОХРИДНА 3 АВГУСТ ВО СРЦ “БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“

На трети август во Спортско Рекреа-тивниот Центар,

“Билјанини Извори“ кон-церт ќе одржи легендата на рок музиката, Лени Кравиц.Од продукциската куќа „Авалон“ што е организатор на концертот не откриваат пикантерии до моментот на

случувањето на настанот. Се знае дека пред настапот на Кравиц неколку композиции ќе изведат членовите на гру-пата “Ареа“. Сцената која ќе биде поставе-на на теренот кај Билјанини извори ќе биде долга 20 и широка 16 метри со вкуп-на зафатнина од 320 метри

квадратни. Спортската сала ќе му биде на расолагање на тимот на Кравиц и тие ќе ја уредуваат .Иако организаторите не са-каат да откриваат детали за концертот до кој не де-лат неколку дена , ние до-знавме дека легендарни-от пеач и неговиот тим во Охрид ќе пристигнат со 8 автобуси . Во седум од нив ќе биде сместена опремата и инструментите а автобу-сот во кој ќе патува Лени е луксузен и наликува на еден од најубавите апартмани, со неколку соби, тоалет и најсовремено џакузи. Аме-риканскиот музичар иако има 44 години изгледа пре-убаво и е најпосакуваниот “плен“ за голем број девојки ширум светов. Иако е така, рок пеачот во Охрид ќе при-стигне со својата група му-

зичари и секако со домашно-то милениче, песот од расата “Чивава“.Билетите за концертот веќе се распродадени. Секој по-единец кој ќе биде сместен во златниот круг односно во непосредна близина на легендарниот пеач ќе плати по 1500 денари. Оние што концертот ќе го следат во седечка положба ќе платат по 1 200 денари а обичните влезни билети чинат 1 000 денари.Се очекува за Илинденските празници во Охрид да има над 25 000 туристи кои ќе дојдат по повод Илинден, концертот на Лени Кравиц и секако Меѓународната Илинденска Регата, “Илин-ден 2008“што ќе се одржува од 31-ви јули до 2-ри август.

Ангела Белевска

Page 11: АМАК ПРЕС 93

11

КОНЦЕРТ НА ЛЕНИ КРАВИЦ ВО ОХРИД

Page 12: АМАК ПРЕС 93

12 AMAK PRES

ВО ОХРИД

ФЕСТИВАЛ НА СТАРАТА ГРАДСКА МУЗИКА “ОХРИДСКИ СТАРОГРАДСКИ ПЕСНИ“

КУЛТУРА

Наскоро во Охрид ќе биде об-новен фестивалот на старата градска музика ,“Охридски

староградски песни“ што не се одржу-вал повеќе од петнаесет години. Во полза на фестивалот ќе биде обновена познатата женска пеач-

ка група АХРИДА. За таа цел секоја недела во ЦК “Григор Прличев“ ќе се одржуваат аудиции на кои музичките педагози Наум Гавриловски и Билјана Малезанова ќе ги одбираат најдобрите вокали. Фестивалот “Охридски ста-

роградски песни“ ќе се одржува во организација на Центарот за Култура “Григор Прличев“ а финансиски ќе биде поддржан од Министерството за Култура.

А.Б

ВО МЕСЕЦ АВГУСТ

КОНЦЕРТИ НА КЛАСИЧНА МУЗИКА НА БРОДОТ“ ГАЛЕБ“ И ВО ЛАПИДАРИУМОТ

ПРВ ПАТ ВО ОХРИД ЌЕ СЕ ОДРЖУВА КОНЦЕРТ НА КЛАСИЧНА МУЗИКА НА БРОД. ТАА НОЌ ИТАЛЈАНСКИ ФИЛМАЏИИ НА БРОДОТ “ГАЛЕБ“ ЌЕ СНИМААТ КАДРИ ЗА ДОКУМЕНТАРНИОТ ФИЛМ ЗА МАКЕДОНИЈА...

На 8-ми и 9-ти август во Лапида-риумот кај куќата на Робевци и на бродот “Галеб“ ќе се одржат

два концерти на класична музика кои се дел од фестивалот “Охрид те са-кам“. Младата пијанистка и уметнич-ки директор на фестивалот, Емилија Маринова, на двете концертни ноќи на пијано ќе отсвири македонски песни и италјански канцони.“Со двата концерти кои ни претстојат го завршуваме летниот циклус на фе-стивалот “Охрид те сакам“ кој беше отворен во месец мај со мојот и наста-пите на Марко Албрицио од Италија и Емилија Ботевска од Скопје. Минатиот месец во општинската сала концерти на пијано одржаа италјанските уметни-ци, Стефано Бигони и Миќеле Пентре-

ла. Секако фестивалот ќе продолжи по завршувањето на летните одмори и се настојува да добие традиционален ка-рактер. Од септември натака ќе се од-ржуваат по четри концерти секој месец со цел да имаме опстојување на фести-вал на класична музика преку целата година“, изјави Емилија Маринова.Невообичаен но интересен за музича-рите и публиката ќе биде концертот кој на 9-ти август ќе се одржи на бродот “Галеб“.“Мој животен сон беше да настапувам на брод среде езеро или море. Интерес-но е што токму тогаш група италјански филмаџии ќе снимаат документарен филм за Македонија. Токму таа вечер од бродот “Галеб“ тие ќе ги снимаат убавините од Охрид а во филмот во

еден негов дел ќе биде прикажан кон-цертот. Верувам дека амбиентот ќе биде преубав “, истакна Маринова.Таа вечер Емилија ќе свири на елек-трично пијано а ќе биде придружува-на од гитаристот Дамјан Пејчиновски и тапанарот Јордан Манов. Се оче-кува ноќта да се реализира еден од најубавите културни настани кои италјанските режисери и глумци ќе го склопат во впечатлив репрезентативен филм за Македонија.Покровител на фестивалот на класична музика, “Охрид те сакам“, е локалната самоуправа од Охрид. Со овој фести-вал се очекува културно заживување во градов и вон туристичката сезона.

Ангела Белевска

Page 13: АМАК ПРЕС 93

13www.amakpres.com.mk 13www.amakpres.com.mkwww.amakpres.com.mk

Page 14: АМАК ПРЕС 93

1

ЗДРАВЈЕ

СО ФЛУОРИЗИРАНО МЛЕКО ПРОТИВ КАРИЕСОТ КАЈ ДЕЦАТА

Оралното здравје кај децата е основа за непречен здрав развој на младиот организам.

Последица на расипаните заби се бројните болести кај човекот, нив ќе ги сопреме ако навреме го лекуваме забниот кариес, ова беше заклучено на средбата на стоматолозите од Македонија што неодамна се одржа во Охрид. Македонија е првата земја на Балканот во која се донесе и е имплементирана националната стратегија за превенција на оралното здравје кај децата од нивното раѓање до 14 годишна возраст.“Стратегијата практично ќе отпочне да се реализира од септември оваа година низ сите детски градинки во земјава со што ќе бидат опфатени околу 30 000 деца од предшколска возрст а за

период од две години ќе бидат опфатени 430 000 деца на возраст до 12 години“, изјави раководителот на секторот за стоматологија при Министерството за здравство, Бранко Милошоски. Националниот координатор за орално здравје, проф. д-р Миле Царчев, истакна дека стратегијат за орално здравје практично ќе се спроведува преку неколку чекори, прво ќе се залеваат клисурите односно ќе се запечатуваат местата каде има кариес, а потоа на децата ќе им се дава флуоризирано млеко. Лекувањето на детските заби со употреба на флуоризираното млеко, финансиски е подржано од англиската фондација “Боров“ .“Со задоволство можам да кажам дека стратегијата се импламентира во најдобар ред а и шемите

за флуоризирано млеко кои од септември ќе се спроведуваат низ сите детски градинки се одлични“, рече претседателот на фондацијата Боров, Најџел Боров. Во реализирањето на проектот за превенција на оралното заболување кај децата до 14 годишна возраст ќе бидат вклучени 220 државни стоматолози кои за таа цел практично ќе ги обучуваат нивни колеги од земјите во кои веќе се применува флуоризираното млеко како превентивна мерка против забните болести. По две години од практичното применување на проектот се очекува кариесот кај децата да биде редуциран до 70 %.

Ангела Белевска

МАКЕДОНИЈА Е ПРВАТА БАЛКАНСКА ЗЕМЈА ВО КОЈА Е ДОНЕСЕНА СЕ ИНПЛЕМЕНТИРА А ОД СЕПТЕМВРИ И ЌЕ СЕ СПРОВЕДУВА НАЦИОНАЛНАТА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА ОРАЛНИТЕ ЗАБОЛУВАЊА КАЈ ДЕЦАТА ДО 14 ГОДИШНА ВОЗРАСТ. СО ПРОЕКТОТ КОЈ СТАРТУВА ЗА ДВА МЕСЕЦИ ЌЕ БИДАТ ОПФАТЕНИ 30 000 ДЕЦА НА ПРЕДШКОЛСКА ВОЗРАСТ ИЛИ 430 000 ДЕЦА ВО ПЕРИОД ОД ДВЕ ГОДИНИ СО ШТО СЕ ОЧЕКУВА КАРИЕСОТ КАЈ МЛАДИТЕ ДА СЕ НАМАЛИ ЗА 70 %

Page 15: АМАК ПРЕС 93

www.amakpres.com.mk 15

СПОРТ

ПРОФЕСИОНАЛНА АТЛЕТСКА ПАТЕКА ЌЕ СЕ ПОСТАВУВА ВО ОХРИДАтлетска професионална

патека во вредност од 450 000 долари ќе се поставува

во Охрид. Првата атлетска патека во Македонија е донација на Светската атлетска федерација, а во реализација на проектот учествува и македонскиот олимписки комитет кој обезбеди 50 000 долари. Светската атлетска федерација ни доделува 400 000 долари за поставување на патеката. Останатите срества ги обезбеди МОК кој е и партнер на проектот. Во изминативе 4-5 месеци лобиравме кај меѓународните институции и успеавме да ја стекнеме нивната подршка. Она што следува е втората фаза на потпишување на договорот од страна на интернационалните институции, вели Иван Цветковски директор на јавното претпријатие„Билјанини Извори“ од Охрид, за стопанисување со спортски објекти.

Според Цветкоски Скопје беше градот каде требаше да се постави патеката но поради зафатите кои моментално се прават на градскиот стадион изборот за поставување падна на Охрид За жал на скопјани а за среќа на охриѓани, ја искористивме состојбата со Градскиот стадион во Скопје со оглед дека се реновира, атлетската патека која беше наменета за таму е пренасочена за Охрид. АФМ и сите 25 атлетски клубови во Македонија ни дадоа комплетна подршка. Охрид кој испраќа атлетичар на Олимписките Игри во Пекинг заслужува ваков третман, вели Цветкоски. Според најавите со реализација на проектот ќе се започне во септември а работите ќе финишираат за месец дена. Изведувач на работите ќе биде италијанската реномирана фирма „Мондо“ која има долгогодишна соработка со светската атлетска интернационала.

Претседателот на АФМ Цветко Грозданов вели дека со поставувањето на атлетската патека условите за работа во голема мера ќе се подобрат а тоа според него ќе допринесе за далеку подобри спортски резултати.Условите за работа кои ги имаат нашите атлетичари се очајни. Наместо резултати поголема е веројатноста да се здобијат со повреди. Со поставување на една ваква квалитетна патека многу работи ќе се изменат, вели првиот човек на АФМ. Македонија е единствената земја од европските која нема професионална атлетска патека. Ова, спотед спортските работници, ќе овозможи и кај нас да се одржуваат значајни меѓународни првенства, а Охрид да биде центарот каде ќе пристигнува атлетската елита. С.В

1

Page 16: АМАК ПРЕС 93

16 AMAK PRES

Охридскиот пливачки маратон и оваа година помина во знакот на Петар Стојчев кој повторно

се закити со ловоров венец. Фантастич-ниот бугарин по седми пат триумфира-ше во Охрид поминувајќи низ целта со време 6 часа 14 минути 51 секунда 43 стотинки. Во возбудлив и драматичен финиш, рамо до рамо по две секунди целта ја помина австралијанецот Брен-дан Капел, а по него со заостанување од само 21 стотинка и французинот Стефан Гомез. Ова беше тешка трка, имаше јака конкуренција. Среќен сум што по сед-ми пат победувам тука во Охрид, рече 33-годишниот Стојчев по трката. И покрај најавите дека ова е последната трка за него во Охрид тој рече дека ќе допатува и следната година во обид да ја освои и осмата победа.Нашиот Томи Стефаноски кој 30-километарската патека „Климе Савин“ ја пливаше заедно со најдобрите допли-ва четврти што е втор негов најдобар успех на овој маратон по оној во 2001 година кога беше трет. Повратникот на

охридскиот маратон го делеа само 20 стотинки од третото место. Навистина сум изненаден од мојот пласман, неочекував до крај да пли-вам со најдобрите. Еден час пред цел-та темпото беше лесно но последните метри беа пеколен финиш. Дадов се од себе и до крај испливав со најдобрите, изјави СтефаноскиДебитантскиот настап на Стефани Би-лер (Германија) и го донесе првото ме-сто оставајќи ја зад себе минатогодиш-ната победничка Естер Нунез Морера. Билер најави дека ќе учествува и след-ната година во одбрана на титулата. Од останатите македонските маратонци трката ја завршија Евгениј Поп Ацев(11 место), Илија Стојаноски(12место) и Игор Димовски (14 место). На 22 Охридски пливачки маратон од пријавените 32 маратонци старту-ваа 27 а трката ја завршија 23 плива-чи. Италијанците Филипо Пупулин и Андреа Волпини и Бојан Живановиќ од Србија не допатуваа во Охрид, а на стартот не се појави и наши-от Никола Кутаноски. Маријан Мир-

чески и Миро Крстески неуспеаа да допливаат а трката предвреме ја завршија и Јанош Деметер(Србија), Лаура Волпи(Италија) и Марианела Мендоза(Аргентина).И покрај тоа што годинашниов охрид-скиот маратон ги собра најдобрите од светската ранг листа сепак ако се суди според резултатите на времето ова е еден од најслабите маратони.Покровител на манифестацијата и оваа година беше претседателот на Репу-блика Македонија Бранко Црвенкоски, а наградниот фонд изнесуваше 25 000 долари. Стојчев и Билер заработија по 2500 долари плус бонус за генералниот пласман. Бугарскиот победник доби и дополнителни 1000 долари кои ги до-нираше уметникот Мице Јанкулоски.Како и изминатата година така и оваа едвај неколку стотина граѓани и случајни минувачи ја проследија најстарата спортска манифестација која некогаш беше следена од повеќе илјадна публика.Инаку Охридскиот пливачки маратон за прв пат е одржан во далечната 1962

СТОЈЧЕВ НЕПРИКОСНОВЕН ВО ОХРИД- СЕДМА РЕКОРДНА ПОБЕДА ЗА БУГАРИНОТ

СПОРТ

Page 17: АМАК ПРЕС 93

www.amakpres.com.mk 17

СПОРТгодина и е еден од најпривлечните маратони за светските пливачи. Оваа година се одржa 22-то изда-ние после возобновувањето на оваа манифестација која неколку години наназад го губи својот рејтинг поради слабата организација и несоодветни-от третман од луѓето кои се задолже-ни за подготовките и организацијата на некогаш најголемата спортска манифестација.Охридскиот пливачки маратон од мина-тата година е едно скалило подолу и е во рангот на гран при натпреварувања.

СТОЈЧЕВ ДОБАР И ВО БОРЕЧКИ ВЕШТИНИ МУ ОДИ И ПЛИВАЊЕТО

И ТЕПАЊЕТО

Инцидентот по завршувањето на трката во кој победникот Стојчев со нога го удри Стефан Гомез по што следеше вербална расправија, а финишираше кога меѓусебно се исплукаа фрли темна сенка врз маратонот. Двајцата учесници во

овој немил настан со своја приказна. Стојчев непризнава дека го удрил французинот а тој пак цели два часа се виткаше од болка. Интервенираше и итната медицинска служба.Наместо честитки за победата добив навреди и погрдни зборови за мене и мојата мајка. Се револтирав но не вратив- вака се бранеше Стојчев по обвинувањата од Стефан Гомез дека физички бил нападнат од бугаринот без никаква основа.Не знам зошто, без никаква причина се доближи до мене и ме удри, низ грч објаснуваше Гомез кој после инцидентот и повеќе од 6 часовното пливање едвај успеа да излезе од вода. Делегатот на ФИНА Валериос Бело-ваз најави дека ќе поведе постапка за неспортското однесување а доколку се утврди вина кај Стојчев ќе следува и казна.

ФОРМИРАЊЕ НА ПОСЕБНА АГЕНЦИЈА ЗА СПАС НА МАРАТО-

НОТ

Oхридскиот пливачки маратон и оваа година не го доби заслужениот трет-ман. Подготовките во голем дел се завршуваа последните неколку денови пред одржувањето а проблем според техничкиот организатор, ПК Охридски Бранови, се средствата кои Пливачката федерација навремено не ги префрли-ла. -Добивме срества само колку да не се „удавиме“, велат од Охридски бра-нови. На минута до дванаесет се правea под-готовките, под разни притисоци, и го-леми напори да не се дозволи да згасне една долга традиција, вака накратко ја опишуваат состојбата со подготовките луѓето задолжени за организација на маратонот. Се работи за околу 20 000 евра, сред-ства потребни за техничката подготов-ка на маратонот. Оваа држава издвојува

далеку поголеми срества за избори на убавици а несака да префрли пари од кои зависи одржувањето на маратонот, обвинува Никола Маленко од органи-зациониот одбор на маратонот. Според него Пливачката федерација парите од маратонот ги пренаменува за други спортови а голем дел од нив се трошат за, како што вели, разни екскурзии на кој пливачите се пласираат на послед-ните места. Решението за да се врати угледот на оваа најстара манифестација и да го добие заслужениот третман од ПК Охридски Бранови го гледаат во формирање на посебна федерација за маратонско пливање со седиште во Охрид која би се финансирала и од оп-штинскиот и од државниот буџет како и од Агенцијата за спорт и млади. Само на тој начин, велат техничките органи-затори, поготовките би се правеле низ текот на целата година а не како што стана пракса последниве неколку годи-ни, на неколку дена пред одржувањето на маратонот.

ПОСЛЕ 15 ГОДИНИ НА СТАРТОТ СЕ ПОЈАВИ ОХРИЃАНЕЦ

После 15 години за прв пат на стартот се појави охриѓанец. Сепак 33-годишниот Маријан Мирчески не успеа да стиг-не до целта. Некаде кај Десарет после повеќе од 5 часа пливање се откажа од трката.Желбата беше преголема да се биде дел од една ваква манифестација и среќен сум што сонот конечно ми се оствари. Активно со пливање се занимавам од 15 годишна возраст, а маратонот го сваќам како врв на мојата кариера, вели Мир-чески кој со едномесечна подготовка дебитираше во маратонско пливање.Александар Маленко беше последниот охриѓанец кој со само 14 години на па-теката Климе Савин го постави рекор-дот 5 часа 13 минути.

Сузана Вренцовска

Page 18: АМАК ПРЕС 93

БЕЛИТЕ ЕДРА ЌЕ ГО КРАСАТ ЕЗЕРОТОСПОРТ

ЈУБИЛЕЈНО ПО 40-ТИ ПАТ

Јубилејно по 40-ти пат во водите на Охридското Езеро на нашиот најголем национален

празник Илинден ќе се одржи најмасовната спортска манифестација, Меѓународната Илинденска едриличарска регата. Во трите натпревапувачки денови, 31 јули, 1 и 2 август учество ќе земат над 100 едриличари од 10 земји од Балканот и Европа. На регатното поле Канео-Парк-Пристаниште-Канео покрај четирите клубови од Македонија, двата охридски АМАК СП и Стрмец, Снегар од Струга и Пампур од Скопје, во седумте класи ќе се натпреваруваат и едриличари од Италија, Романија, Турција, Хрватска, Србија, Бугарија, Црна Гора, Словенија и Швајцарија. Со ова регатата ќе биде најмасовна манифестација која воопшто се одржала кај нас.-Во изминатиов период интензивно се подготвувавме во одбрана на титулата , најдобар клуб на регатата. Секојдневните тренинзи и бројните настапи на меѓународните регати кои се влезени во календарот на натпревари

ќе допринесат и оваа година по 4-ти пат да ја освоиме најпрестижната награда ,,Златната маска,, која се доделува на севкупниот победник на регатата, вели Кате Бујароска од ЕК АМАК СП БОФОР, клуб кој и годинава е организтор на регатата.

Покровител на оваа спортска манифестација е Агенцијата за спорт и млади а е помогната и од Едриличарската федерација на Македонија.

Сузана Вренцовска

ДА ИЗРАЗИМЕ БЛАГОДАРНОСТ ДО ОНИЕ ДОКТОРИ КОИ ГО ПРАВАТ ЧОВЕЧКИОТ ЖИВОТ ПОПОДНОСЛИВ, ПОЛЕСЕН

ГОЛЕМИНАТА НА ДОКТОРСКИОТ ЗАНАЕТПреку ова писмо ние, неколку

пациенти, сакаме да изразиме голема благодарност д-р неуро

психијатар Васе Кочовска од Општата болница во Охрид. Веќе подолго време( а не само ние сигурно има и многу повеќе пациенти, но не секој има храброст и сака да каже дека бил пациент на нервната амбуланта во Охрид) чуствуваме потреба да изразиме блегодарност до еден врвен специјалист во својата струка. Доктор за болести кои неможат да се видат и допрат или да се регистрираат со помош на медицински апарати. Болести кои лебдат над нас и ногупати се необјасливи, нејасни и за нас обичните луѓе се чинат безизлезни.„Лично имам посетувано ординации за третирање нервни болести и во Скопје

и во Охрид, и приватни и државни. Бев на преглед кај повеќе специјалисти, професори до началници на клиники. Незнам дали е случајно или не но моите проблеми како и на многу други со кои разговарав, завршуваат со прегледите кај Д-р Васе Кочовска. Моите проблеми исчезнаа на чудесен начин, за релативно краток период, и за разлика од претходно со многу помалку лекови. Преку разговори, посети и максимална посветеност, д-р Кочоска го постигна тоа што многумина пред неа очајнички се обидуваа. Токму таквиот начин на третирање, големата стручност и претпазливост при избор на лекови ја прават различна од нејзините колеги.Повеќе од 2-3 години шетање по различни ординации, пиење разни антидепресиви... повторно продолжив нормално да живеам, но што е уште

поважно не само јас Васил Чаковски, туку и многу други: З.Ј, Д.С, Г.Ц, Г.П, Л.Р...... кои во овој момент имаат исто чуство како и јас-да изразат благодарност до Вас докторке што не повративте во нормален живот од кој мислевме дека сме многу далеку“ Текстот е напишан да се искаже благодарност од повеќе пациенти до д-р Васе Кочовска како и да им се помогне на сите оние пациенти кои лутаат барајќи излез а се движат низ лавиринтот од нервни ординации. Благодарност и до АМАК ПРЕС кој секогаш има разбирање и простор за обичните граѓани и нивните проблеми.Со почит

Васил Чаковски

Page 19: АМАК ПРЕС 93
Page 20: АМАК ПРЕС 93

40-ТА ИЛИНДЕНСКА МЕЃУНАРОДНА ЕДРИЛИЧАРСКА РЕГАТА

31 ЈУЛУ - 2 АВГУСТ