Одржлив енергетски развој.docx

17
1. Наброј 3 дефиници за тоа шо преставува одржливиот развој? - Одржлив развој е развојот кој ги исполнува сегашните човечки потреби без загрозување на можностите на идните генерации да ги исполнуваат своите потреби. - Балансирање на економските, социјалните, еколошките и технолошките разгледувања со исовремено вградување на етичките вредности. - Терминот одржливост се однесува на способноста на опшеството, екосистемите или било кој систем да можи да продолжи да функционира до бесконечност без при тоа да биде принуден да ги исцрпи своите клучни ресурси. 2. Начини на квалификација на горивата и енергетските ресурси? Според формата во која се јавува енергијата може да се подели на: - Примарна – која се наоѓа или појавува во природата - Трансформирана енергија: o Според степенот на употреба енргијата може да биде: - Конвенционална - Неконвенционална o Примарната енергија може да се подели на: - Обновлива - Необновлива

Upload: -

Post on 30-Jan-2016

34 views

Category:

Documents


0 download

DESCRIPTION

Одржлив енергетски развој.docx

TRANSCRIPT

Page 1: Одржлив енергетски развој.docx

1. Наброј 3 дефиници за тоа шо преставува одржливиот развој?- Одржлив развој е развојот кој ги исполнува сегашните човечки потреби без

загрозување на можностите на идните генерации да ги исполнуваат своите потреби.

- Балансирање на економските, социјалните, еколошките и технолошките разгледувања со исовремено вградување на етичките вредности.

- Терминот одржливост се однесува на способноста на опшеството, екосистемите или било кој систем да можи да продолжи да функционира до бесконечност без при тоа да биде принуден да ги исцрпи своите клучни ресурси.

2. Начини на квалификација на горивата и енергетските ресурси? Според формата во која се јавува енергијата може да се подели на:

- Примарна – која се наоѓа или појавува во природата - Трансформирана енергија:

o Според степенот на употреба енргијата може да биде:- Конвенционална- Неконвенционална

o Примарната енергија може да се подели на:- Обновлива - Необновлива

3. Блок шема – поделба на горивото според агрегатната состојба?

Page 2: Одржлив енергетски развој.docx

4. Причини и трендови кои влијаат на развојот и користењето на ОИЕ?o Причини за развој на ОИЕ:

- Придонес кон стабилизирањето на климата (клучно!);- Придонес кон сигурноста на снабдување со енергија;- Придонес кон зголемуваето на произвотството на ”зелена енргија”;- Иновации и на нив базиран стопански раст;- Нови работни места.

5. Основни постулати на стратегијата за енергетскиот развој на ЕУ?- 20% Намалување на емисијата на гасови одговорни за ефектот на стаклена

градина;- 20% Намалување на потрошувачката на енергија;- 20% Учество на обновливите извори на енергија во задоволување на вкупните

потреби за енергија;- Во рамките на ЕУ се предвидува до 2020 год учество на ОИЕ во произвотството

на електрична енергија да изнесува околу 34%.

6. Објасни го складирањето на енергијата со помош на комбинацијата фотонапонска електрана - Реверзибилна хидроелектрана- Генерално, најголемо количество на енергија може да се скалдира преку

реверзибилните хидроелектрани или т.н. пумпно – акумулациони хидроелектрани (ПАХЕ). Со примена и изградба на т.н реверзибилни хидроелектрани се овозможува да енергијата добиена од сончевата електрана се користи за напојување на пумпните агрегати кои ја пренесуваат водата од долната во горната акумулација и на тој начин ја прават достапна за користење во периодите кога е потребна, а кога немаме доволно сончево зрачење за да ја добиеме од сончевата електрана. На овај начин се постигнува и баланс меѓу вишоците на енергија кои се јавуваат во летните месеци со недостатоците на енергија кои се карактеристични за зимските месеци во текот на годината. Ваквите одржливи хибридни системи, можат во иднина значително да допринесат одржливото снабдување со енергија на многу земји.

7. Шо преставува фактор на капацитет, наведи 2 примери за негова пресметка?- Факторот на капацитет CF на некоја енергетска постројка не треба да се меша

со нејзината ефикасност, ниту со факторот на расположливост, оти тој преставува однос на вистински произведената енергија во текот на целиот период на набљудување и анализа на постројката и енергијата која таа

Page 3: Одржлив енергетски развој.docx

постројка која би ја призведила доколку во тој период работи со максимална исталирана снага, т.е:

-CF=

EPEN

∗100%=∫0

T

P (t )dt

PN∗T- EP=PN∗T∗CF

8. Образложи ја произвоствената цена на енергијата како индикатор на одржливост кај различни технологии за произвоство на енергија?- Цената на енергијата добиена од сончеви фотонапонски постројки е околу 5 до

6 пати поголема од цената на енергијата добиена од класичните енергенси, јагленот и гасот. Но, оваа разлика до ден на ден се намалува со намалување на цената на енергијата добиена од фотонапонските системи. На оваа цена треба да се додаде и цената за транспорт на електричната енергија, која изнесува околку 1 EUR [cent /kWh] и таа особено доаѓа до израз при подолги релации на пренос на елктричната енергија преку трасите на далеководите.

9. Со кои проблеми се соочува денешниот систем за снабдување и користење на енергијата?- Економски – енергијата станува се поскапа – се повеќе и повеќе луѓе ја користат

се повеќе и повеќе, се потешко се доаѓа до енергија, се потешко се пронаоѓа, вади од земјата итн.

- Физички: резервите на фосилни горива се ограничени (нафта, земјен гас..)- Влијание врз околината: Локални, регионални и глобални проблеми со

загадувањето на околината: воздух, вода, почва, излевање на нафта, глобално затоплување – промена на климата, влијаниа врз озонската обвивка,...

- Геополитички: Намалувањето на резервите на енергија (нафта, гас,..) и чистата вода ќе бидат причинител на војни и кризи.

Page 4: Одржлив енергетски развој.docx

10. Како може да се добива водород преку ОИЕ – објасни преку блок шема?

11. Шо преставуваат и како се дефинираат ресурсите на енергија на ветрот во одреден регион? - Ветерните ресурси на светско ниво се огромни и може да задоволат значителен

дел од потребите за електрична енергија. Пред да биде изработен проектот за изградба на ветерна електрана на одредена локација потребно е повеќегодишно следење и мерење на параметрите на ветерот, како шо се зачестеност, брзина и насока на то место. За таа намена се користат анемометри, поставени на столб на различни висини, а податоците кои тие ги мерат се испраќаат и се собираат во соодветна компјутерска база со податоци, за да се искористат за споредба со долгорочни податоци од 10 – 20 год од локалната метереолошка станица. Крајна цел на испитувањето е да се предвиди енергијата која ќе се добие од ветерниците, а со тоа и приходот.

12. Шо преставуваат когенерациските системи за произвоство на енергија – принципиелна шема? ?- Когенерација (комбинираната топлина и електрична топлина или CHP) е процес

на истовремено произвотство на електрична енергија и корисна топлинска енергија во единствен процес. Когенерцијата ја користи отпадната топлина која настанува при нормално произвотство на електрична енергија во термоцентрали и најчесто се користи за греење на градежни објекти па дури и на цели населби, а ретко во др произвоствени процеси. Топлинската енергија може да се користи за произвоство на пареа, за греење на вода или воздух, во процесто на тригенерација каде шо дел од енергијата се користи и за ладење.

Page 5: Одржлив енергетски развој.docx

Когенерацијата е термички ефикасна употреба на гориво. При конвенционално произвотство на електрична енергија, дел од енергијата се испушта во животната средина како отпадна топлина, а во когенерацијата таа топлинска енергија ќе стане корисна. Главна предност на когенерацијата е зголемување на енергетската ефикасност.

13. Кои се пречките за когенеративно произвоство на енергија?- Недостаток на јасно дефинирана и едноставна постапка за приклучување на

мрежата, и градежно – техничките процедури за изградба на когенерациските постројки;

- Неповолен однос за цената на електричната енергија и горивата кои фаворизираат користење на електрична енергија;

- Непостоење од утврдувања и постапки за стекнување на право за продажба и износот на откупните цени за вишокот на електрична енергија;

- Недоволна заинтересираност и разбирање на финансиските институции за финансирање на проектите за енергетска ефикасност општо и за когенерацијата;

- Непостоење на фискални и др стимулациски мерки;- Информирање и едукација за потенцијалните корисници;- Бавна динамика за носење и имплементација на законите, а посебно

непостоење на специфичен законски акт за когенерација во кој целокупната проблематика целокупно составено би се дефинирала.

14. Трансформација на сончевата енергија во топлинска – пасивни и активни технологии?- Со примена на активни и пасивни термални енергетски системи за

искористување на сончевата енергија може да се придонесе за значително намалување на искористувањето на необновливите извори на енергија.

- Пасивно затоплување се однесува на некои архетонски техники или решенија при дизајнирање на објектите, при шо самиот дизајн на објектот овозможува шо поголемо апсорбирање на соларната енергија во текот на денот во зимскиот период и потоа оваа акумулирана енергија се користи како замена на топлина која шо инаку би се обезбедила по пат на дирекно согорување на фосилни горива или со затопливање со користење на електрична енергија. Употреба на т.н Тромбеов ѕид. Обично ова се тешки, црно обеоени бетонски ѕисови кои се поставуват позади стакла поставени на јужната страна со цел да се апсорбира шо е можно повеќе топлинска енергија од сончевите зраци и таа да се емитира во подолг период од неколку часа. Стаклото шо се наоѓа пред овие ѕидови има

Page 6: Одржлив енергетски развој.docx

улога на “стаклена градина” и задржува шо е можно поке соларна топлинска енергија. Воздухот кој шо циркулира во просторот меѓу стаклото и ѕисот ја апсорбира топлината акомулирана во ѕидот и ја пренесува во останатите делови во просторијата или делови од објектот.

- Активно затоплување со сончева енергија обично се реализира со помош на сончеви колектори, монтирани на покривот од стамбениот објекит, за затоплување на вода или некој др флуид кој шо понатаму циркулира низ останатите делови од објектот. Овие активни сончеви колектори исто така можат да се користат како извор на топла вода за докаќинствата, или за дирекно загревање на базенот. Економичноста на соларното загревање на вода очигледно зависи од цената на алтернативните извори на енергија шо се користат за оваа цел, главно електричната енергија и природниот гас, како и самата локација на објектот.

15. Искористување на сончевата енергија во Македонија?- Можностите за искористување на сончевата енергија се значителни со оглед на

нејзината геогравска позиција и климатските карактеристики како шо се вишок интензитет подолготрајно сончево зрачење и жешки и суви лета. Просечното годишно сончево зрачење е 1358 [kWh /m2]. Со огледа на потенцијалите досегашното искористување на сончевата енергија за добивање на топлинска е мали и недоволно. Инсталирани се околку 4 000 колекторски системи за искористување на сончевата енергија за затоплување на вода со учество во потрошувачката на финалната енергија од 7.4 [GWh], односно 0.04% шо се должи на долгиот период на враќање на инвестираните средства и до 10 год и моменталната ниска цена на електричната енергија. Интересот за изградба на фотонапонски електрани за произвотство на електрична енергија е голем шо пред се се должи на поволните повластени тарифи за нејзино произвотство со ваква технологија. Изградени се неколку фотонапонски електрани со поединечна снага од 1 [MWe].

16. Мерки за поголема примена на енергијата на ветрот и нејзино поголемо искористување?- Зголемување на капацитетите и поголемо разгранување на електропреносната

мрежа за да се овозможи увоз и извоз на енергија според потребите- Прогноза за зачестеноста и параметрите на ветерот во одредено подрачје- Складирање на енергија - то исклучиво се прави преку Пумпно –

акумулационите хидро централи, но во тек се испитувања и на др вакви техники (со компримиран воздух, бактерии, водород итн).

Page 7: Одржлив енергетски развој.docx

- Ограничување на произвотство на ветерните електрани – во суштина значи неискористување на бесплатната енергија, но привремена употреба на оваа мерка е оправдана и не треба да се отфрли.

- Зголемена употреба на гасните централни турбини со отворен циклус – новата генерација на ефикасни гасни електрани овозможува брза реакција, вклучување – исклучување при појава на поголеми варијации во работата на ветерните електрани.

17. Влијание на ветерните електрани врз животнaта средина?- Намалување на емисиите – на гасови, посебно на стакленички гасови, со

помасовна примена на ветерните електрани, потребно е да се наведе дека докрај не е можно да се пресмета, поради големиот број на влијатели фактори, проценките покажуваат дена на еден електрична енергија произведена од ветер наместо од јаглен, нафта и природен гас допринесува за намалување на емнисијата на CO2 за 1, 0.75, и 0.5 килограми соодветно.

- Визуелен ефект - во однос на влијанието врз животната средина, ветерната енергија едноставно придонесува за визуелно нарушување на приодниот амбиент на место каде се монтирани ветрните турбини. Поради малата густина која ја има енергијата на ветрот, ветерните фарми зафакаат голема површина. Бучавата која ја предизвикуваа првите модели на ветерни турбини пред се се должеше на бучавата од преносникот и лопатките. Со напредувањето на технологијата на нивен развој бучавата од преносникот е целосно елиминирана, додека бучавата од лопатките е со мал интензитет и ја наминуваат останатите амбиентни звуци кои се јавуаат во околината на турбината.

18. Адаптација на човекот и превземање на мерки за намалување на емисите на CO2?- За решавање на овие проблеми се предлага адаптација во која човекот

едноставно би се научил да се прилагоди на промените на глобалната клима и превземање на мерки со кои би се ограничела емисијата на CO2. Човештвото е адаптирано и може секогаш да научи да живее под нови услови ако тие не се многу сурови и не се случуваат премногу брзо. Некои од мерките за намалување на емисите на јаглеродот шо се превземаат или најмалку разглдуваат вклучуваат воведување на построги стандарди за потрошувачка на гориво кај новите автомобили, мерки за зголемување на ефикасноста кај енергетски интензивните индустриски процеси, произвотствона топлинска

Page 8: Одржлив енергетски развој.docx

енергија и мерки за штерње на енергија како подобрена изолација на куќите и комерцијалите згради.

- Менувањето на типот на гориво при добивање на енергија од јаглен на природен гас или употребата на нуклеарната енергија може да овозможи големи редукции на емистие на CO2.

- Во некои случаи пошумувањето се интензивира не само да се обноват дрвата кои шо се изгубени при произвотство на дрвена граѓа, и за да се зголеми улогата на глобалната биомаса како заштитник на CO2.

19. Карактеристики, класификација, настанување, резерви и потрошувачка на јаглен?

Карактеристики- Црно или црно – кафеава седимнтна карпа од органско потекло- Се експлатира од земјата преку површински или јамски рударски копови- Состав и првенствено јаглерод и јаглерододороди како и др супстанции- Исклучително важно гориво од кој се добива голем дел од електричната

енергија денес во светот (САД=50%, Србија>85%, Макдедонија=70 и 80%)

Класификација- Лигнит Hd= од 6 до 12.5 [MJ/kg]- Кафеав јаглен Hd= од 12.6 до 24 [MJ/kg]- Камен јаглен, Антрацит Hd= од 25 до 36 [MJ/kg]

Настанување на јагленот- Фаза1 – хумификација – акумулација, промена и трансформација на органската

материја во тресет и сапропел на површината ан земјата во водена средина под влијание на микробактериски фактори и под анеаробни услови во текот на десетици илјади години

- Фаза2 – јагленификација (карбонизација) – дијагенеза и метаморфизма на тресетот кој се претвора во лигнит, кафеав јаглен и камен јаглен и антрацит (под дејство на голем притисок, висока температура при аеробни услови, без присуство на кислород се истиснува водата од тресот, се зголемува процентот на C во органски материи, а се намалува процентот на O, H и N).

Резерви- Најголемите резерви се на северната хемисвера, првенствено помеѓу 35 и 50

степен на северна геогравска ширина. Потрошувачка

Page 9: Одржлив енергетски развој.docx

- Моменталната годишна потрошувача е околу 3.7 милијарди тони (камен и кафеав јаглен), и 0.9 милијарди тони лигнит.

20. Кои се индикаторите за одржливоста на ОИЕ и шо тие поединечно значат?- Цената на произведената енергија – при шо нејнеекономичната варијанта не е

одржлива;- Емисијата на CO2 - доста важен параметар на одржливоста;- Расположливост и ограничувања – некои ОИЕ можат да бидат доста ограничени- Ефикасност и трансформација на енергијата – доста се важни за правилно

толкување на резултатите од компарацијата. Поефикасните процеси ќе имаат пониски произвотствени барања и пониски инвестиции и експлотаторски трошоци. Кај помалку ефикасните процеси има мн поголем простор за технички подобрувања и иновации;

- Расположливост и ограничувања во смисла на зафаќање на обработливо земјоделско земјиште – ова се важни индикатори со оглед на фактот дека технологиите на ОИЕ често влијаат врз земјоделското произвотство и биодиверзитетот;

- Потрошувачка на вода – овај индикатор е доста важен во пределите во кои има недостаток на вода. Сигурно не е одржливо ако произвотството на енергија е пропратено со голема потрошувачка не енергија и испарувања. ;

- Социјални влијанија – овај индикатор е мнoгу важен за конкретно да се одредат и измерат можните ризици по населението и човештвото, па во таа смисла подобро да се прифатат последиците, односно подобро да се разберат некои технологии кои често се предмет на јавни расправии.

21. Кои се предностите на когенерацијата – блок шема?

Page 10: Одржлив енергетски развој.docx

22. Линиско фокусирање на сончевата енергија – концепт на централен приемник?- Системите за линиско фокусирање на сончевата енергија ја рефлектираат и

насочуваат сончевата енергија кон оската на централно поставената цевка во која циркулира медиум кој ја апсорбираа таа енергија и како такви се користат системите со параболични огледала и т.н Fresnel системи.

- Постројките на концентрирана сончева енергија со концепт на централен приемник или соларна енергетска кула се состојат од голем број на огледала, хелиостати, кои се подвижни по две оски и се во можност автоматски да го следат движењето на сонцето и да ги фокусираат рефлектираните сончеви зраци кон разменувачот на топлина, приемник шо се наоѓа на врвот на централната кула.

23. Шо преставува ефект на стаклена градина и кои гасови го предизвикуваат?- Сончевата радијација кој шо е произведена како резултат на многу висока

температура на сонцето е составена примарно од кратко брановно зрачење кое е видливо или скоро видливо, за кое атмосверата во голем дел е пропустлива. Со други зборови иако мал дел од оваа радијација се рефлектира од земјената атмосвера назад во вселената, повеќето од неа минува право низ неа (како атмосверата да е прозорско стакло) и ја затоплува површината на земјата. Топлата земја потоа реемитува дел од оваа енергија назад во вселената, па

Page 11: Одржлив енергетски развој.docx

затоа шо таа сега е произведена на релативно ниска температура примарно е со долга бранова должина или зрачење со инфрацрвени бранови. Некои од гасовите во земјината атмосвера исто како и прозорско стакло се особено непропустливи (или имаат мала пропустливост) за ова долго браново зрачење и затоа се наречени стаклечки гасови. Поради ова голем дел од ова долго браново зрачење се рефлектира назад на површината на земјата и доаѓа до дисбаланс на енергијата апсорбирана од земјата и оваа која шо е реемитувана назад шо резултира со загревање на површината на земјата и околината атмосфера исто како во стаклена градина.

- Гасови кои го предизвикуваат се: јаглерод диоксид CO2, метан C H 4, диазот оксид N2O и др гасови како шо се хлоро-флуоро-карбонатите кои шо ги има во мали количини.

24. Кои видови на примарна енергија се користат во светот и колкав е нивниот удел? Примарната енергија може да се подели на:

- Обновлива – хидроенергија, плима и осека бранови, ветер, геотермална енергија, енергија на земјата, сончева енергија (10%) , биомаса (7%).

- Необновлива – нафта (35%), природен гас и јаглен по приближно (21%), нуклеарна енергија (6%).

25. Објасни ги Екоцентричната, Антропоцентрична и Биоцентричната интрепетација на одржливиот развој?- Екоцентрична - покажува забележлив степен на грижа за екосистемите.- Антропоцентрична – тежи да го постави човекот во центарот на проблемот.- Биоцентрична – ја нагласува заштитата на биосферата.

26. Скицирај го шемацкиот приказ на проблемот на загадувањето на локално ниво?

Page 12: Одржлив енергетски развој.docx

27. Кои се мерките кои може да се превземат за намалување на степенот на емисија наполутантите? - Енергетска ефикаснист - подобрување на енергетската ефикасност во

индустријата, развојот и промена на нови технологии со ниска специфична потрошувалака на енергија, намалување на потрошувачката на енергија за греење преку подобрување на изолацијата на објекитите и регулација на греењето и сл.

- Промена на структурата на примарните извори на енргија – со оглед на откриените резерви во иднина се очекува нивно користење, но со поголемо учество на ” најчистото” од нив природниот гас.

- Ефикасност на термоенергетските објекти – економски најисплатлив метод за намалување на емисијата на штетни матери од термоенергетски објекти и CO2 е наголемување на енергетската ефикасност на објектот. Со наголемување на коефициентот на полезно дејство на објектот истовремено се намалуваат и потрошувалаката на гориво и емисијата на полутантите. Др мерки се и горилници за согорување на јагленова прашина со ниска продукција на N Ox.

- Примена на системи за прочистување на димните гасови – честичките од димните гасови се прочистуваат со висока ефикасност, и употребата на десулфурузација.

Page 13: Одржлив енергетски развој.docx