Препарати за лична хигиена - elena

21

Click here to load reader

Upload: ane-red

Post on 29-Jul-2015

638 views

Category:

Documents


10 download

TRANSCRIPT

Page 1: Препарати за лична хигиена - Elena

СУГС”Димитар Влахов” - Скопје

Проектна задача за државен испит

Тема : КОЗМЕТИЧКИ ПРЕПАРАТИ ЗА ЛИЧНА ХИГИЕНА

Ментор:Сања Атанасова Предмeт: КОЗМЕТОЛОГИЈА Вонреден ученик :

Елена Томова

Струка : лични услуги Профил : козметички техничар

МАРТ, 2011

Page 2: Препарати за лична хигиена - Elena

Содржина на темата:

Вовед ................................................................................................... 3

Главен дел .......................................................................................... 4

- Сапуни .................................................................................................. 5

- Шампони .............................................................................................. 6

- Препарати за капење .......................................................................... 7

- Води за уста ........................................................................................ 8

- Пасти за заби ...................................................................................... 9

Прилог на илустрации ............................................................... 10, 11

Заклучок ........................................................................................... 12

Page 3: Препарати за лична хигиена - Elena

ВОВЕД

За да биде корисен за себе и за општеството секој човек треба да биде

здрав . Затоа , грижата за личното здравје е должност на секој поединец.

Одржувањето на личната хигиена има големо значење за здравјето на

човекот.

Личната хигиена ги проучува мерките и активностите што треба да ги

преземе секој поединец , за да го заштити , зајакне и унапреди своето

здравје , а со тоа и да ја заголеми отпорноста спрема болестите .

Личната хигиена ги опфаќа одржувањето на хигиената на телото ,

хигиента на одделните органи и системи , како што се : устата , забите ,

сетилата за вид и слух , половите органи , органите за дишење и

варење, но исто така и нарушувањата што настанауваат поради

недоволна лична хигиена .

Во препарати за лчна хигиена спаѓаат : средства за миење и чистење на

кожата , средства за капење , и средства за одржување на усната

шуплина т.е. сапуни , шампони , пасти за заби и води за уста . Во

процесот на чистење на телото учествува и самиот организам т.е.

микрофлората на кожата ги разградува органските супстанции на неа .

Во усната шуплина , плунката содржи специфична микрофлора која ги

разградува остатоците од храна . Ова чистенње не е доволно па затоа

се користат средства за лична хигиена .

Page 4: Препарати за лична хигиена - Elena

Главен дел :

Личната телесна хигиена го опфаќа одржувањето на чистотата на кожата

, рацете , нозете , како и на косата , усната шуплина и сотанатите

делови на телото .

1. САПУНИ

Сапуните се познати многу одмана и се користат на одржување на

хигиена на кожата на телото .

2. ШАМПОНИ

Шампоните се препарати за лична хигиена со широка примена .

Содржат Површинско Активни Материи (ПАМ) , кои можат да

отстрануваат нечистотии од телото , а не делуваат штетно на

кожата и нејзините израстоци . Шампонот највеќе се користи за

отсранување нечистотии од коста .

3. ПРЕПАРАТИ ЗА КАПЕЊЕ

Освен сапуните и шампоните се користат и препарати за капење :

соли , масла и пудери .

4. ВОДИ ЗА УСТА

Водите за уста се користат за општа нега на усната шуплина .

5. ПАСТИ ЗА ЗАБИ

Пастите се најважни препарти за чистење на забите и за хигиена

на усната шуплина .

Page 5: Препарати за лична хигиена - Elena

1. САПУНИ

Уште кај Египјаните е пронајдена материја слична на сапунот ,

а старите Грци користеле за чистење разни сокови од билки ,

Римјаните правеле сапун од пепел од дрво и лој . Во VII век во

Европа е донесен сапунот со цврста конзистенција ,

благодарејќи на Ca(OH)2 . Во Европа почнува производството

на сапун , кој бил скап производ , недстапен за широките

народни маси , што било прочина за многу заболувања . Денес

се добива сапун со хемиски процес – сапонификациија , одкако

Na2CO3 се произведува индустриски .

Наглиот развој на индустријата бара нови и ефикасни средства

за чистење – детергенти , а ги истиснува сапуните .

Состав , видови и изработка на сапуните

Сапуните се соли на неоргански или органски алкалии (моно ,

диетаноламин ) и виши масни киселини (палмитинска ,

стеаринска , олеинска ). Под сапуни се подрзабираат алкални

соли на вши масни киселини и се употребуваат за лична

хигиена . Сапуните можат да бидат обични (тоалетни ) и

медицински . Можат да бидат цврсти , меки ,тешни и во прав .

Обичните сапуни наменети се за перење и немаат специјални

додатоци .

Медицинските сапуни освен солите , содржат лековити и други

додатци . Се употребуваат како подлоги за лековити препарати

.

Толаетните сапуни се изработуваат од Na2CO3 и виши масни

кислени , со специјалнио додатоци од квалитетни суровини :

маст . лој , масло од плама , масло од кикирики , масло од

кокос и др.

Квалитетнитре сапуни треба да имаат приближно неутрална

реакција , растворени во вода добро да се пенат , да имаат

црвст и постојан облик , убаво да мирисаат и убаво да

изгледаат .

Page 6: Препарати за лична хигиена - Elena

Може да се додаваат други средства (Пр: ланолин 0.5-2 %) .За

отсранување на недостатоци на кожата се додаваат активни

материи : феноли , борна киселнина и др .

За добар изглед се додаваат оптички исполнители ( TiO2 за

белина ) .Мириси се додаваат во тоалетните сапуни и не треба

да предизвикуваат алергиски реакции . Се додаваат од 0.5-3

% .

Производството се врши на два начина :

- со хидролиза на масти и масла со алкалии ;

- со неутраллизација на чисти виши масни киселинини и

алкални карбонати .

При изработка со хидролиза како спореден продукт се добива

глицеринот , кој ја омекнува конзистенцијата , па затоа тој се

отстранува со NCI . Изработката оди во повеќе фази :

изработка на сапунска маса , ситнење на маста , сушење ,

додавање на активни и мирисни материи и формирање на

калапи од сапун . Се користат и сапуни на земноалкални

метали . Тие немаат чистечки својства , прашкасти се и се

употребуваат при добивање на пудри .Примената на сапуните

е многустрана : за одржување на чистотата на кожата , како

носители на лекови , за изработка на емулзии и како

емулгатори. Како носители на лекови , сапуните имаат улога да

го овозможат бабрењето на кожата.

Page 7: Препарати за лична хигиена - Elena

2. ШАМПОНИ

Шампоните се препарати за лична хигиена со широка примена .

Содржат Површинско Активни Материи ( ПАМ ) , кои можат да

отсрануваат нечистотии од телото , а не делуваат штено на

кожата и нејзините израстоци . Воглавно се користат за

отстранување на нечистотии од темето на галвата, за миење

на телото и косата . Можат да бидат течни , во облик на

прашаци , желеа и креми . За да бидат добри препарати треба

да емулгираат , да ја омекнуваат водата за миење , лесно да

пенат со стабилна пена и тоа во присуство на сапуни.

Шампоните несмеат да бидат токсични и треба убаво да

мирисаат . Косата измиена со вакви шампони е мека , сјана ,

мазна и мирисна . Сапуните сеуште се користат за миење на

телото , меѓутоа тие формираат земно алкални сапуни во

присуство на тврда вода , кои тешко се испираат . Затоа се

додава на пр : ЕДТА (етилендиаминотетраацетат ) .

Суровините за израбитка на шампони можат да бидат со

анјонски , катјонски и нејонски карактер. Со анјонски карактер

се употребуваат алкилсулфати. Пр: игепон-Т е кондезационен

производ меѓу олеинската киселина и

метилетиламиносулфонската киселина.

Од катјонски суровини се користи сепаминот кој е

кондезационен продукт на стеаринската киселина и

диеталаминоацетатот. Сапамините се т.н кисели

сапуни,бидејќи во воден раствор реагираат слабо кисело. Во

шампоните се ставаат ПАМ за неутрализација на

електрицитетот на косата,а се користат и антисептици.

Нејонските ПАМ се комбинираат со анјонски и катјонски

суровини. Попомагаат создавање на пена и ја стабилизираат

истата.

Page 8: Препарати за лична хигиена - Elena

3. ПРЕПАРАТИ ЗА КАПЕЊЕ

Солите за капење можат да бидат во вид на прав или

кристали . Улогата им е да ја омекнуваат водата .

Пријатно се обоени и намирисани . Можат да содржат средства

за освежуванње и шумечки средства .

Тие немаат чистечка улога .

Содржат NaCI , KCI , Na2CO3 , K2CO3 , бои и парфеми . Како

омекнувачи делуваат NaHCO3 , KHCO3 . NaCI е носач на бојата

и парфемот .Бојата треба да е растворлива во вода , а

парфемот да е освежувачки и цветен .

Ефервесцентните соли содржат и мало количество лимонска и

винска кислена , кои при растварање во вода делуваат на

карбонатите и ослободуваат CO2 , што предизвикува шумечки

ефект и создава пена .

Маслата за капење имаат задача да ја намирисаат и благо да

ја замастат кожата . Можат да бидат емулгирани и

неемулгирани .

За неемулгираните се користи рицинусово масло .При

употреба маслата за капење испливуваат на површината во

облик на тенка скрама , кој постепено се нанесува на кожата .

Секогаш содржат парфеми , кои се солубилизирани поради

лесно растварање .

Пудрите се применуваат после капење за да дадат мазен

изглед . Содржат 60 -90 % талк , MgCO3 како фикстаор на

парфемот .

Може да содржат и антисептици .

Page 9: Препарати за лична хигиена - Elena

4. ВОДИ ЗА УСТА

Овие препарати се користат за општа нега на усната шуплина .

Тоа се водено – алкохолни раствори на етерски масла ,

активни супстанции и боја . Како растворувач се користи

етанолот со солубилизатор за етерското масло.Од етерските

масла се употребуваат : aeteroleum anisi , menthae , eucalypti ,

chamomillae и др со дезинфекциско и дезодорирачко дејство .

Можат да содржат и разблажени екстракти на танински дроги ,

антисептици (бензоева кислена ) , салол ( фенилестер на

салицилна киселина ) , а може и анестетици . Во водите за уста

се додаваат и коректори на вкусот : сахарин и Na- цикламат .

Како бои се користат карамел , бои од растително и синтетско

потекло . Се изработуваат концентрирани , а се употребуваат

разблажени во во вода , со иапираање на устата .

Page 10: Препарати за лична хигиена - Elena

5. ПАСТИ ЗА ЗАБИ

Пастите се најважни препарати за чистење на забите и за

хигиена на усната шуплина . Треба да го отсранат остатоткот д

храна од забите , непријатните мириси и да го спречат

созадавањето на забен камен . Под паста за заби се

подрзабира средство со цврста или полуцврста

конзистенција ,смеса на абразивни , врзувачки , влажнечки

средства , стредства за созавање на пена и додатоци на

коректори , конзерванси , антисептици бои и др . Потрошувачот

ја цени пастата по тоа каква белина обезбедува , по сјајот на

забите , како ги отстранува наслагите и миристе , по вкусот ,

пената и бојата . Постојат хигиенскки и медицински пасти .

Како суровини се користат :

-абразивни средства , кои ги полират и мазнат забите по

површината.

Примери се CaCO3 , MgO , MgCO3 , каолинот , бентонинот ,

AI2O3 , силикатите .Честиците треба да бидат помали од 30 м .

CaCO 3 е бел кристален прашок и реагира салбо алкално .

Дава бели пасти со добар сјај , со pH = 8,5-9 .Не се употребува

сам , туку во комбинација со други .

Ca 2 P 4 O 7 – калциумпирофосфатот се употребува во пасти со

флуориниди . Каолинот хемиски е инертен , добро полира , но

во големи колицини дава вкус на земја .

AI ( OH )3 и бентонитот даваат гелови и добра конзистенција на

пастата .

- врзувачки средства , кои представуваат хидро колиди (

Carragen , Na- алгинат , метилцелулоза ).

Carragen- от е прашак и дава бистри раствори со вода ,

глицерол и сорбитол. Мора да се конзервира со формалдехид .

Na - алгинатот се користи во пасти кои не се кесиели и не

содржат слободни Са- јони , кои даваат нерастворливи

алгинати .Метилцелулозата дава добра термална стабилност

Page 11: Препарати за лична хигиена - Elena

и за неа не се потребни конзерванси (бидејќи неа не ја напѓаат

микроорганизми ).

-средства за влажнење се глицеролот , 70 % - ниот сорбитол ,

пропиленгликолот и др . Се користат за да не се исуши

пастата , па да не може да се истисне од амбалажата .

- средства за пенење се алкисулфати ,сулфонирани масни

алкохоли , во концетрација од 0,5-2 %.

-коректори на вкус ( Na-сахарат , Na-цикламат , глукоза и

сахароза ) на мирис (ментол , етерско масло на мента ) .

-конзервасни (Na- бензоатот -2% ) се додаваат поради

големото количество на вода .

-антисептици

-бои ,

-како средства за белење се користат перборатот и

перхлоратот ,

-се додава и F(флуорот) во тераписките пасти .

Page 12: Препарати за лична хигиена - Elena

ЗАКЛУЧОК :

Здравото и убаво тело е клуч на задоволството , негуваното лице и

белите заби ке ве направат посреќни , позадоволни и ќе ве исполни

со поголема самодовреба . Сите сакаме да имаме сјајна коса и

совршено мазна кожа , но погрешно одбраните препарати за лична

хигиена седено колку чинат се претвараат во непријатели за нашето

тело. Затоа правилното одбирање на препаратите за лична хигиена е

многу битнно , како и познавањето на истите .

Грижете се секој ден за вашата лична хигиена , негувајте ја со здрави

препарати според вашиот тип на кожата ,живејте здраво и редовно

посетувајте стоматолог .

Page 13: Препарати за лична хигиена - Elena

Прилог илустрации:

Сапуни Течни сапуни

Шампон за коса

Препарати за капење

Page 14: Препарати за лична хигиена - Elena

Вода и спреј за уста

Паста за заби

Page 15: Препарати за лична хигиена - Elena

Користена литература:

1. Учебник „Основи на козметологија“

2. http://goldpharma.com

3. http://szerbiainfo.hu/showCategory/6886/higijena-i-kozmetika