Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_mk_print.pdf ·...

222
Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА ЗА I ГОДИНА Угостителско -туристичка струка

Upload: others

Post on 13-Sep-2019

20 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева

ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

ЗА I ГОДИНА

Угостителско -туристичка струка

Page 2: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

Рецензенти:Проф. д-р Михајло Будиноски , Факултет за туризам при Универзитетот за туризам и менаџмент, СкопјеСилвана Кржовска, професор. во Гимназијата „Јосип Броз Тито“, СкопјеБилјана Николовска, професор во СУГС „Лазар Танев“, Скопје

Лектор:Павлина Лешоска

Издавач:Министерство за образование и наука на Република Македонија

Печати: Графички центар дооел, Скопје

Тираж:650

Со решение на Министерот за образование и наука на Република Македонија бр. 22-4479/1 од 09.08.2010 година се одобрува употребата на овој учебник.

CIP – Каталогизација во публикацијаНационална и универзитетска библиотека “Св.Климент Охридски” , Скопје911.3:338.48 (075.3)СТОЈМИЛОВ, Александар Туристичка географија за l година : угостителско-туристичка струка / Александар Стојмилов, Васе Ордева. - Скопје : Министерство за образование и наука на Република Македонија, 2011. - 223 стр. : илустр. ; 29 смISBN 978-608-226-185-01. Ордева, Васе [ автор ]COBISS.MK-ID 86475018

Page 3: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

ПРЕДГОВОР

Учебникот Туристичка географија за прва година угостителско-туристичка струка е напишан по најновата наставна програма изготвена во Бирото за развој на образованието при Министреството за образование и наука на Република Македонија, како и врз современата концепција за изготвување на учебници. При неговото пишување користени се најновите резултати од проучувањето на туризмот и туристичката геиграфија.

Предметот Туристичка географија покрај теоретско-стручната има и стручно-практично значење. Затоа во учебникот се разработени елементите на туристичките движења и факторите кои ги условуваат тие движења. Потоа презентирани се главните правци на туристичките движења во светот, и во најразвиените туристички регии и земји. Посебна тематска целина е посветена на туристичко-географските карактеристики на Република Македонија . Прикажана е атрактивната основа на туризмот во нашата држава и изложен е развојот на туризмот и влијанието на туристичките движења врз трансформацијата на географската средина кај нас Заради специфичниот карактер на содржините и целите што треба да се остварат преку предметот туристичка географија во реализацијата на наставниот процес и користењето на учебникот потребна е примена на повеќе наставни методи како опишување, објаснувње, демонстрирање, дискутирање и решавање на кокретни практични проблеми.

Речникот и стилот во пишувњето на учебникот е прилагоден спрема возраста на учениците од средното образование. Бројките и табелите иако се составен дел на натавното градиво, не треба да се учат напамет, тие се дадени само да се прават споредби и да се развива способноста кај учениците за забележување, мислење, расудување и заклучување.Сигурно дека учебникот не овозможува се. На учениците и на наставниците останува слобода во креативноста. Само нивното широко ангажирање води кон саканата цел и тоа е гаранција дека стекнатите знаења успешно ќе ги применуваат во угостителско-туристичката пракса.

Од авторите

Page 4: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија
Page 5: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

1

УВОД ВО ТУРИСТИЧКАТА ГЕОГРАФИЈА

1. ПРЕДМЕТ И ЗАДАЧИ НА ПРОУЧУВАЊЕ НА ТУРИСТИЧКАТА ГЕОГРАФИЈА

Туризмот во современиот свет се карактеризира со дина-мичност и масовност во развојот. Таа масовност се однесува и за меѓународните туристички движења и за развојот на туризмот во одделните земји и региони.

Брзата индустријализација и урбанизација се повеќе дове-дуваат до загадување на природната средина и до зголемување на психофизичкиот замор кај луѓето што живеат и работат во овие доста дехуманизирани простори. Кај работниот човек се повеќе е присутна потребата за промена на средината во простори што се уште се чисти и незагадени со цел да се задоволат рекреативните потреби. На друга страна, помногубројни се и патувањата за задоволување на определени културни и образовни потреби. Сето тоа доведе до создавање на еден посебен вид движења - туристички движења и концентрација на луѓе во определени простори и во определено време како туристи. Нивниот број е во постојан пораст. Така, додека во 1965 година во светот се забележани 113 милиони туристи, од кои земјите во коишто престојувале туристите оствариле 11,8 милијарди (САД) долари, во 2004 година тој број се наголемува на 763 милиони туристи, а девизниот прилив пораснува на 623 милијарди долари.

Масовниот развој на туризмот се јавува и како последица на низа значајни економско-социјални промени како што се: зголемување на заработувачката, порастот на слободното време, користењето на надоместокот за годишниот одмор, здравственото

Page 6: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

2

осигурување, стекнувањето на правото на пензија кај се поголем број луѓе и сл. Под влијание на сите овие фактори, туристичките потреби денес прераснаа од категоријата луксузни (како што биле во минатото), во категоријата егзистенцијални и од субјективни во објективни потреби. Од порано индивидуални, тие денеска стекнаа значење на широко признати општествени потреби. Туризмот не е веќе временски ограничен ниту повремен феномен. Тој е последица и дел на начинот и условите на живеењето на современиот човек. Оттаму во неговиот развој се јавуваат законитости какви што постојат и во самиот општествен прогрес.

При дефинирањето на туризмот се поаѓа од човекот-турист, бидејќи тој е главен субјект и зазема централно место во оваа сложена општествено-економска појава. При тоа се земаат две битни обележја на поимот турист:

1) патување во друго место и привремена промена на местото на живеење и

2) патувањето се презема за задоволување на одредени рекреативни, културни и други потреби.

Спрема нашата статистика за турист се смета секое лице кое привремено престојува во некое место надвор од своето постојано живеалиште и тамо преноќува барем една ноќ во угостителски или некој друг објект за сместување. Однесувањето на човекот за време на туристичкото патување и престој се разликува од она во постојаното место на живеење. Туристот има подруг ритам на живот, начин на сместување, на исхрана и разонода. во постојаното место на живеење. По правило туристот станува потрошувач на добра и услуги, а троши средства што ги има остварено во друго место и во друго време.

Туризмот претставува сложен и комплексен социоекономски и просторен феномен. Тој може да се следи од различни научни гледишта. Со неговиот развој се јавиле низа нови научни дисциплини кои секоја од свој аспект го проучувала овој феномен. Такви се: основите на туризмот, економиката на туризмот, туристичката географија, социјологијата на туризмот и др. Меѓу нив

Page 7: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

3

туристичката географија зазема посебно место. Таа ги проучува просторните карактеристики на туризмот. Туризмот меѓу сите општествени движења најјасно е определен со одредени просторни релации. Тие релации се: местото од каде што тргнуваат туристите, правците по кои се движат и местата каде што доаѓаат и престојуваат туристите. Овие просторни релации се одраз на квалитетно различните географски средини. Географската средина пак ја сочинуваат различни елементи кои имаат свое влијание врз туризмот и туристичките движења. Така на пример некои подрачја по особините и богатството на туристичките ресурси, туристички се мошне атрактивни, други се посиромашни, а трети имаат само транзитно значење. Во некои случаи туристичките движења во целина можат да влијаат врз трансформацијата на пејзажот и на географската средина.

Предмет на проучување на туристичката географија се просторните карактеристики на туризмот при што туристичките движења имаат централно место во тие проучувања.

Задачата, пак, на туристичката географија е да ги проучува факторите што влијаат на масовноста, правците и структурата на туристичките движења, потоа да ги проучува елементите и мотивите на туристичките движења, видовите на туристичките места како и просторната разместеност и концентрацијата на туристичкиот промет и неговото влијание врз просторот.

Туристичката географија се дели на општа и посебна тури-стичка географија. Општата туристичка географија ги проучува просторните карактеристики и законитости на туризмот и туристичките движења воопшто, а посебната туристичка географија ги проучува просторните карактеристики и законитости на туризмот и туристичките движења во одредени подрачја или држави, како на пример во Република Македонија. Нејзин предмет е и да ги опишува, анализира и објаснува просторните карактеристики на туризмот во Македонија, како и правците на туристичките движења. Потоа елементите и мотивите на туристичките движења, обемот и карактеристиките на туристичкиот промет во Македонија.

Page 8: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

4

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ

� Каков феномен претставува туризмот? � Колкав е бројот на странските туристи во светот во 2004

год. и каков девизен прилив реализирале тие? � Што претставува предмет на проучување на

туристичката географија? � Кои се задачите на проучување на туристичката

географија?

2. МЕСТОТО НА ТУРИСТИЧКАТА ГЕОГРАФИЈА ВО СИСТЕМОТ НА ТУРИЗМОТ

Во периодот по Втората светска војна туризмот толку брзо се развива и шири што денеска веќе е присутен во целиот свет. Со омасовувањето и евидентирањето на неговите благодети - економски, културни, здравствени, политички - се наметнала и потребата од научно проучување на туристичкиот феномен. Во тој поглед посебно се истакнала и развила туристичката географија, економиката на туризмот, туристи-чкото право, туристичката психологија и др. Секоја од овие научни дисциплини формирала свој домен и самостоен метод на проучување на туризмот. Меѓутоа, сите заедно меѓу себе тесно се поврзани и се надополнуваат.

Во најново време со развојот на стручната и теориската мисла за туризмот, како негови фундаментални научни дисциплини се издвоиле туристичката географија и економиката на туризмот.

Туристичката географија, своите почетоци ги бележи во патописната литература. Подоцна во с@ понагласените промени во просторот кои се јавуваат под влијание на туристичкиот промет, интересирањето за оваа научна дисциплина осетно се зголемува, а со тоа се забрзува и нејзиниот развој.

Пристапот на туристичката географија спрема туризмот де-неска главно е насочен во два правца. Едниот од нив е применлив, а вториот фундаментален правец. Авторите што го застапуваат пр-

Page 9: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

5

виот- применливиот пристап, тежиштето на своите проучувања го насочуваат главно, кон примената на туристичко-географските знаења. Најмногу внимание се посветува врз влијанието или зна-чењето што го имаат одделните фактори, природни или опште-ствени, за развој на туризмот.

Вториот, фундаменталниот концепт на туристичката географија се карактеризира со тоа што како основен предмет на проучување ги зема туристичките движења. Проучувајќи ги елементите, факторите, формите и мотивите на туристичките движења, како основни фундаменти на туризмот, туристичката географија добива централно место меѓу научните дисциплини што го проучуваат туризмот.

Туристичката географија при своите проучувања користи ре-зултати од сите научни дисциплини кои го истражуваат туризмот. Притоа доста се потпира и врз резултатите на сродните географски дисциплини. Така таа стои во тесна врска и со природно-географските и со општествено-географските дисциплини. Со природно-географските дисциплини туристичката географија е во тесна врска геоморфологијата, климатологијата, хидрографијата, биогеографијата и др. За туристичката географија мошне е важно да се знаат видовите на туристичките ресурси (геоморфолошки, хидрографски, биогеографски и сл.), потоа нивните туристички својства, како и нивната распространетост. Од степенот на нивното познавање условени се и можностите за туристичкото активирање и искористување.

Туристичката географија доста резултати користи и од општествено-географските дисциплини како од социјалната географија, стопанската географија, медицинската географија, по-литичката географија и др. Меѓу нив социјалната географија односно географијата на населението и населбите има најголемо значење. Географските проучувања на населението и тоа на сите негови карактеристики како: бројно движење, полова, старосна, образовна структура и сл. се од посебна важност и овозможуваат добивање на реална слика за обемот и структурните кара-ктеристики на туристичките движења. Тесна врска постои и меѓу туристичката

Page 10: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

6

географија и географијата на населбите. Под влијание на туризмот многу населени места добиле специфична физио-номија, а се појавиле и нови чисто туристички населби. Така де-неска постојат градски населби во кои туризмот е само една од нивните бројни функции како Москва, Париз, Рим, но постојат и места во кои туризмот е единствена или нивна примарна функција како: Кан, Ница, Дубровник и др. Стопанско географските проучувања имаат посебно значење за туристичката географија. Овде особено е важно одредувањето на местото на туристичкото стопанство воопшто или на некоја земја посебно, потоа влијанието и зависноста меѓу туризмот и другите стопански дејности, на влијанието на туризмот врз трансформацијата на просторот и сл.

Во комплексното проучување на туристичките движења, туристичката географија користи резултати покрај од туристичките, географските уште и од низа други науки. Такви се историјата, етнологијата, социологијата, психологијата и др.

Туризмот како комплекс во основа се состои од туристички движења и туристичко стопанство. Без туристичко движење нема туристичко стопанство. Колку туристичките движења се помасовни толку и туристичкото стопанство е поразвиено. Затоа научните дисциплини што ги проучуваат овие два најважни фундаменти на туризмот - туристичката географија и економиката на туризмот, треба постојано да се развиват и усовршуваат, а со тоа ќе се овозможи и забрзан развој на туризмот.

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ � Кои научни дисциплини се развиле напоредно со развојот на

туризмот? � Со што се карактеризира фундаменталниот концепт на

туристичката географија? � Во своите проучувања туристичката географија покрај

своите сопствени користи и други научни резултати! Кои се дисциплините чиишто научни резултати ги користи таа?

Page 11: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

7

ДА ЗАПОМНИМЕ

Туристичката географија има за задача да ги проучува елементите и факторите што влијаат на масовноста, правците и структурата на туристичките движења, мотивите за туристичките патувања, видовите на туристичките места како и просторната разместеност и концентрацијата на турис-тичкиот промет и неговото влијание врз геогравската сре-дина.

ТЕМА ЗА ДИСКУСИЈАВлијанието на географската средина врз туристичкитедвижења и развојот на туризмот.

ЕЛЕМЕНТИ НА ТУРИСТИЧКИТЕ ДВИЖЕЊА

Туристичките движења претставуваат специфичен вид движења на луѓето кои се различни од другите движења. Под туристичко движење подразбираме такво движење со кое се задоволуваат одредени туристички потреби. Постојат четири групи елементи кои ги карактеризираат туристичките движења. Тоа се рекреативните, културните, просторните и функционалните елементи.

РЕКРЕАТИВНИ ЕЛЕМЕНТИ НА ТУРИСТИЧКИТЕ ДВИЖЕЊА

Потребите на луѓето да се вклучат во туристичките движења во основа може да се групираат во два вида: рекреативни и културни. Преку рекреативните елементи, главно, се овозможува јакнење на здравствената кондиција и обновување на работниот потенцијал во човечкиот организам. Самиот збор рекреација кој е од латинско потекло означува повторно создавање, обновување.

Page 12: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

8

Во туристичките движења со самата промена на средината, и ако тие патувања се одвиваат во чиста природа, богата со кислород, зеленило и сончева светлина се подобрува психофизичката состојба на човекот, а се подобруваат и физиолошките функции на човечкиот организам како дишењето, крвотокот, метаболизмот и сл. За омасовување на туристичките движења големо влијание има средината во која живее и работи човекот. Концентрацијата на голем број луѓе во градовите, урбанизацијата, потоа, индустријализацијата со сите придружни појави како што се аерозагаденоста, бучавата и слично, негативно влијаат врз здравјето на луѓето. Во градовите луѓето се одвоени од природата и немаат доволно можности за рекреација. Перманентната загаденост на воздухот, бучавата и заморот имаат различни форми на реакција кај луѓето, од лесен замор до често тешки професионални заболувања. Затоа се јавува потреба за привремена промена на престојот и тоа во места во кои не се јавуваат наведените негативни појави. Парковите и слободните простори во природата, во хигиенска смисла се сосема спротивни амбиенти од индустријализираните и загадени подрачја.

Како најзабележителни последици во современата цивилизација се јавуваат загаденоста на воздухот, бучавата и заморот.

За загаден воздух се смета оној воздух кој во себе содржи поголема концентрација на гасови, пара и цврсти материи кои штетно влијаат на човечкиот организам. Главни извори кои ја загадуваат атмосферата се индустријата, автомобилскиот, железничкиот и другите видови сообраќај, како и разните органски и неоргански материи и отпадоци.

Во градските населби концентрацијата на штетните честици во воздухот не е насекаде иста. Таа е директно зависна од функциите што се извршуваат во одделните градски подрачја. Така аерозагаденоста е поголема на булеварите, во индустриските и железничките реони, а далеку помала во парковите и станбените зони. Според одредени медицински норми количината на правта во

Page 13: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

9

станбените зони не би требало да биде поголема од 2 мг во еден кубен метар. Јаглерод моноксидот не е опасен ако се наоѓа во концентрација до 2% но при концентрација од 8-10% веќе е смртоносен. Сулфур диоксидот е смртоносен при концентрација од 1,4 грама во кубен метар додека сулфурната киселина мошне е опасна ако се јави и во концентрација од само 6 милиграми во еден кубен метар. Денеска над сите индустриски развиени земји се смета дека воздухот е доста загаден.

Индустријата - најголем загадувач на човековата околина� (фото А. Стојмилов)

Бучавата во градските населби исто така има штетни последици врз населението. Неа ја создава индустријата, сообраќајот, односно работата на машините, автомобилските мотори и сл. Бучавата ја смалува концентра-цијата кај човекот, го нарушува вниманието, а ако е многу силна, над 120 децибели, предизвикува болка и ги оштетува органите за слух. Утврдено е дека постојаната бучава влијае врз психофизичките особини на

� Најголем број од сликите се од фотодокументациониот фонд на авторот на учебникот

Page 14: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

10

современиот човек, поточно предизвикува психофизички замор кај него, поради што е потребна рекреација и одмор во мирна природа.

Заморот е најкомплексен и штетен одраз на современата цивилизација. Од медицински аспект заморот е дефиниран како преодна, нормална физиолошка состојба во вид на привремено ослабување на работниот потенцијал по силна или долга активност. Кај разни видови активности, заморот различно се манифестира, во зависност од оптоварувањето на одделните органи кај човекот. Затоа разликуваме и различни симптоми на замор како: исцрпеност, невнимателност, неконцентрираност и сл. Во целина заморот е повеќе психичка појава поради што и туристичката рекреација има извонредно значење преку која човекот активно се одмора.

Наспроти аерозагаденоста, бучавата и заморот како штетни последици на современата цивилизација, се јавуваат освежувањето и одморот како основни рекреативни елементи. Одморот е најкомплексен рекреативен елемент. Преку него се воспоставува рамнотежа меѓу активноста и заморот што произлегува од неа. Тој се дели на дневен, неделен, или празничен и годишен одмор.

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ

� Кои се најкарактеристичните штетни последици во современата цивилизација?

� Од што зависи концентрацијата на штетните честици во воздухот во одделните делови над градот?

� Како влијае бучавата врз човечкиот организам? � Како е дефиниран заморот од медицински аспект? � Кои се најглавните рекреативни елементи?

ИСТРАЖУВАЈ: � Евидентирај ги индустриските објекти кои најмногу го

загадуваат воздухот во твојот град

Page 15: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

11

КУЛТУРНИ ЕЛЕМЕНТИ НА ТУРИСТИЧКИТЕ ДВИЖЕЊА

Културните елементи на туристичките движења ги опфаќаат сите оние ефекти кои културно ја збогатуваат човековата личност во едно туристичко патување. По рекреативните, тоа се втора важна група елементи во туристичките движења кои се сметаат за многу постари бидејќи биле познати уште во далечното минато.

Главни културни елементи врз кои се базираат туристичките движења се: информирањето, запознавањето, контактирањето и доживувањето. Преку туристичките патувања секоја личност културно се збогатува и се прошируваат нејзините културни видици.

Информирањето е еден од најзастапените и истовремено еден од наједноставните културни елементи на туристичките движења. Сетилните опсервации даваат најкомплексна и најреална претстава за предметите и појавите во местата кои ги посетуваат туристите. За одредени предмети и појави туристите може да се информираат и преку пропагандни проспекти, разгледници, потоа печатот, радиото и телевизијата, или филмот, но сепак тоа што ќе се посети и види останува во најтрајно сеќавање. Впечатоците за предметите и појавите кај туристите добиени преку информирањето се различни. За некои предмети тие ќе бидат многу впечатливи, а за други само бледи слики и нејасни сеќавања.

Наједноставните туристички информации се остваруваат преку естетски обликуваните пропагандни проспекти и разгледници. За да ја извршат наполно својата информативна функција тие треба да бидат богато илустрирани, проследени со минимален но ефектен текст, сугестивни и секогаш објективно да ги прикажуваат предметите и појавите.

Како заклучок може да се каже дека информираноста е доста важен елемент на туристичките движења која и со масовноста и со траењето на впечатоците во значајна мера ги поттикнуваат овие движења.

Запознавањето претставува втор важен културен елемент на туристичките движења кој бара многу поактивен однос на туристите

Page 16: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

12

спрема објектите и појавите кои се посетуваат. Туристот кој посетува некој објект за информирање се задоволува со обичен проспект или со краток напис, додека оние туристи коишто сакаат нешто да запознаат мораат многу повеќе да се задржат и да бараат пошироки објаснувања или комплетни монографии. Затоа за запознавањето потребно е и подолго разгледување но и повисоко културно ниво на туристите. За запознавањето покрај поголемото ангажирање на туристите потребно е и нивно активно расудување. На пример при посетата на еден голем град каков што е Лондон информативно на туристот му се потребни два до три дена, додека за негово запознавање му се потребни најмалку десет дена. Тогаш претставите на туристите за овој град се многу појасни, посигурни, и потрајни.

Контактирањето е исто така значаен елемент преку кој се искажува непосредниот однос на туристот спрема различните категории на туристички објекти и појави. Контактирањето на туристите со туристичките објекти и појави се остварува низ информираноста и запознавањето. Тоа како цел на туристичкото патување е подостапно на оние туристи кои солидно го познаваат јазикот на своите домаќини, бидејќи само така може најдобро да им се приближат и да ги запознаат луѓето и местата во коишто престојуваат, или низ коишто патуваат. Иако мал број туристи патуваат заради контактирање, сепак контактирањето е постојано присутен елемент во текот на целото туристичко патување. Водачите, услужните лица во угостителските објекти, бензинските пумпи, јавниот сообраќај, службениците во туристичките агенции и др. всушност се најнепосредни домаќини и од контактирањето со нив туристите најчесто ги изведуваат своите заклучоци за гостопримството и сите други карактеристики за домаќините. Основното значење на контактирањето како културен елемент на туристичките движења лежи во ширењето на друштвеноста, патриотизмот, и интернационализмот.

Доживувањето е најпотполн културен елемент на тури-стичките движења. Со него се искажува најактивниот однос спрема

Page 17: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

13

туристичките појави и објекти. За целосно доживување е потребно туристите да располагаат и со адекватно културно ниво. Меѓутоа сите туристички објекти и појави не се доживуваат на ист начин. Најмногу се доживува она што е динамично, променливо, и разновидно. Такви се на пример туристичките манифестации, бидејќи тие во најголема мерка ги ангажираат сетилата на човекот, ги предизвикуваат емоциите и ги побудуваат чувствата. Доживувањето остава видливи траги во човечката психа и затоа претставува важен културен елемент за секое туристичко патување. Доживувањето најмногу се остварува преку патувањето. Секое друго претставување на туристичките објекти и појави (со филм, музика и сл.) во однос на непосредното доживување остварено преку туристичкото патување, остава во сеќавањето бледа слика и таа со време исчезнува.

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ

�Кои ефекти ги опфаќаат културните елементи на туристичките движења?

�Кои се четирите главни културни елементи врз кои се базираат туристичките движења?

�Која е разликата меѓу информирањето и запознавањето? �Што претставува доживувањето?

ПРОСТОРНИ ЕЛЕМЕНТИ НА ТУРИСТИЧКИТЕ ДВИЖЕЊА

Просторните елементи ги означуваат просторните односи на туристичките движења спрема туристичките објекти, појави и места. Туристичките објекти и појави се познати уште под заедничкото име туристички мотиви или туристички ресурси. Во просторните елементи се вбројуваат: геотуристичката положба, разместеноста, територијалноста и поврзаноста на туристичките ресурси.

Геотуристичката положба претставува просторен однос на една туристичка појава, објект или туристичко место спрема

Page 18: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

14

правците на туристичките движења. Спрема големината на влијанието разликуваме: светска, континентална, регионална и локална геотуристичка положба. Светска геотуристичка положба е просторен однос на туристичката област, појави или места односно земји спрема светските туристички токови. Така на пример еден светски туристички ток поаѓа од Северна Америка преку Атлантскиот Океан и води за Европа. Оттука сите атлантски земји во Европа како Шпанија, Португалија, Франција, Белгија, Холандија и Велика Британија имаат светска геотуристичка положба.

Континентална геотуристичка положба имаат оние земји кои се наоѓаат на правецот на туристичките движења од Северна, Средна и Западна Европа спрема Средоземното Море. Такви се Швајцарија, Австрија, Италија и Грција. Регионалната геотуристичка положба го означува односот меѓу туристичките движења кои се одвиваат од едно во друго подрачје, додека локалната положба се однесува за туристичките места кои лежат покрај излетничките туристички правци.

Добра геотуристичка положба се смета дека имаат оние места коишто се наоѓаат во простори каде се сечат или допираат два или повеќе туристички тока. Такви се најчесто големите градови како Париз, Виена, Белград и др.

Разместеноста претставува просторен елемент преку кој се искажуваат просторните односи кои се јавуваат меѓу туристичките ресурси. Овде прво го разликуваме односот на одредена територија - туристички регион спрема вкупниот број на туристички објекти и појави што се јавуваат во него и второ, меѓусебен однос меѓу одделните туристички објекти и појави. Преку односот на определена територија спрема вкупниот број на туристички објекти и појави се изразува нивната густина. Доколку е таа густина поголема дотолку и потенцијалните можности за туристичката посета се поповолни и обратно.

Што се однесува, пак, до меѓусебните односи во разместеноста на одделните туристички ресурси, тие можат да бидат линеарни и групни. Линеарна разместеност имаме кога мотивите се наоѓаат

Page 19: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

15

приближно во една линија. Таков случај имаме во речните долини, покрај морските брегови или на сообраќајниците. Групна разместеност на мотивите се јавува во котлинските и планинските области.

Мон Блан со своите 4810 м. н.м. е највисока точка на Европа, во текот на целата година е привлечен за туристите

Територијалноста е просторен елемент со кој се искажува односот меѓу туристичките ресурси и матичните места односно местата од коишто доаѓаат туристите. Секој туристички ресурс, спрема степенот на својата атрактивност има соодветна контрактивна туристичка зона, односно зона кон која гравитираат туристичките движења. Средоземното Море на пример има голема контрактивна зона и таа ја опфаќа цела Европа. Од матичните места

Page 20: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

16

и подрачја пак се шири дисперзивна туристичка зона. Таа ги опфаќа туристичките ресурси и доколку еден град е поголем има и поголема дисперзивна зона.

Поврзаноста претставува таков елемент кој ги обединува останатите просторни елементи на туристичките движења преку сообраќајот како нивна компонента. Историски гледано туристичките движења се јавуваат по развојот на индустријата. Меѓутоа, дури и со развојот на сообраќајот тие добиваат во својата масовност. Денес поврзаноста, односно развиеноста на сообраќајот е еден од најважните фактори за туристичките движења. Со подобрувањето на поврзаноста помеѓу матичните и туристичките места се омасовуваат туристичките движења и обратно - зголемениот туристички промет влијае врз подобрување на сообраќајот. Во најново време туристичките движења станале толку масовни што станаа главен фактор за развој на сообраќајот, а имаме и појави на специфичен туристички сообраќај.

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ

�Што означуваат просторните елементи на туристичките движења?

�Кои се главните видови просторни елементи во туристичките движења?

�Што претставува геотуристичката положба и кои видови геотуристичка положба постојат?

�Која е разликата меѓу контрактивната и дисперзивната зона?

ФУНКЦИОНАЛНИ ЕЛЕМЕНТИ НА ТУРИСТИЧКИТЕ ДВИЖЕЊА

Секое патување има свои развојни форми. Тоа се негови функционални белези кои се нарекуваат функционални елементи. Во туристичките движења како главни функционални елементи се издвојуваат патувањата и престојувањата.

Page 21: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

17

Под туристичко патување се подразбира времето кое туристот го минува во движење - патување. Секое туристичко патување се состои од три етапи и тоа: претходна, главна и повратна етапа.

Претходната етапа го опфаќа оној дел од туристичкото движење во кое туристот го минува просторот од местото на живеење до местото односно пределот во кој ќе се проведе одморот. Така на пример, ако некој странец годишниот одмор планирал да го проведе во Македонија, тогаш тој ќе настојува по најкраток пат да стигне до неа. Претходната етапа се смета од местото на поаѓање до нашата граница. Траењето на претходната етапа зависи од содржината на главната етапа, од начинот на транспортот, од разместеноста и атрактивноста на туристичките ресурси и од видот на туристичкото движење. Колку главната етапа е подолга и посодржајна, толку претходната етапа временски ќе биде пократка. Така на пример, ако патувањето во претходната етапа е со автомобил, таа ќе биде пократка отколку ако е со воз, а ако се изведе со авион таа ќе биде најкратка. На должината и стабилноста на претходната етапа влијаат и разместеноста и атрактивноста на туристичките објекти и места што се посетуваат. Така, на пример, со поминувањето низ атрактивни туристички места кои предизвикуваат интерес за задржување и посета се скратува или изменува правецот на претходната етапа.

Главната етапа е најважен дел на туристичкото движење бидејќи во неа се реализира целта на патувањето. Нејзиното издвојување од претходната етапа за одделните туристичките места или подрачја се врши врз база на географската структура на туристите и можните форми на транспорт. Главната етапа е најдолга кога се изведуваат екскурзивни патувања, а најкратка, па дури и не постои кај рекреативните туристички движења. Ваков е случајот со бањскиот, планинскиот или приморскиот туризам. Овде главната етапа се губи и преминува во стационарен престој на туристите.

Повратната етапа на туристичкото патување ниту во функционален ниту во економски поглед нема големо значење. Тоа се маршрути со ретки и само по потреба застанувања. Во оваа фаза

Page 22: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

18

од патувањето туристите се заситени од впечатоците, а и немаат доволно парични средства поради што и самото патување е најмалку подложно на измени. За разлика од претходната етапа кај која стабилноста се смалува со приближувањето кон главната етапа, во повратната фаза стабилноста се зголемува со приближувањето, кон матичните места, односно кон местото од каде е почнато патувањето. Со приближувањето кон појдовното место, туристичките објекти и места се веќе познати, односно порано видени, поради што и не постои интерес за задржување или измена на правецот на патувањето.

Престојувањето претставува втор функционален елемент на туристичкото патување. Под престојување се подразбира времето кое туристот го минува во едно место заради задоволување на своите рекреативни потреби. На должината на престојувањето влијаат многу фактори меѓу кои туристичката атрактивност на местата и платежната можност на туристите имаат најголемо значење. Како други чинители се сметаат квалитетот на услугите, временските прилики, содржината на престојувањето и сл.

Туристичкото престојување се изразува преку бројот на посетителите и со бројот на ноќевањата. Бројот на посетителите не е многу реален показател бидејќи кај нас се евидентираат само туристите кои ноќеваат, а во едно туристичко место во кое има повеќе објекти еден турист може да ги менува објектите за ноќевање и се евидентира како повеќе туристи да престојувале.

Бројот на ноќевањата е многу поверодостоен податок поради што е и многу покорисен за анализа. Така, на пример, месеците со најголем број ноќевања го покажуваат максималниот туристички промет во едно место. Во тој период сместувачките капацитети наполно се искористени и се реализирани најголеми економски ефекти.

Page 23: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

19

МЕЃУСЕБНА УСЛОВЕНОСТ И ПОВРЗАНОСТ НА ЕЛЕМЕНТИТЕ НА ТУРИСТИЧКИТЕ ДВИЖЕЊА

Сите четири групи елементи на туристичките движења меѓу себе се тесно поврзани и условени. Само преку нивното единство може целосно да се објасни туристичкото движење како своевиден феномен. Тоа значи дека секоја група елементи не можеме да ја набљудуваме одвоено туку само во заедница со другите.

Просторните и функционалните ја сочинуваат квантитативната, а рекреативните и културните квалитативната група елементи. Меѓутоа и овие две групи не може да се следат одвоено бидејќи секое туристичко движење истовремено е и рекреативно и културно, поточно во себе содржи и рекреативни и културни елементи, потоа има свои просторни карактеристики и специфични функционални обележја. Запознавањето на елементите на туристичките движења е важен услов за нивно регулирање бидејќи промената само на една група елементи повлекува измени и во другите елементи.

Движењето на луѓето е нивна природна и културна особина. Причините за движењето се различни, но најмногу се предизвикани поради ширење на културата и за задоволување на здравствено - рекреативните потреби на населението. Туристичките движења како основна и примарна категорија на туристичкиот феномен, само се една од бројните форми на движења на населението. Познато е дека ваквите движења на населението можат да бидат од економски, политички, религиозен и друг карактер. За разлика од нив туристичкото движење во својата основа ја има желбата на субјектот, личноста, односно туристот. Овде желбата на туристот се манифестира во сите фази во туристичкото движење и во сите домени на туристичкиот феномен. Така според желбата на туристите се формира превозот на туристичкото патување, се избира превозното средство, се одредува должината на престојот и сл. Нема туризам без патувања, бидејќи во патувањето се остваруваат разновидни ефекти, пред с@ здравствени и културни, кои го карактеризираат овој феномен. И теоретски и практично гледано,

Page 24: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

20

туристичкиот престој, поточно човек не може да стане турист без да преземе односно да се вклучи во некое туристичко патување. Во разгледување на елементите во туристичкото патување, а поконкретно и фазите, туристичкото движење може во најголем дел да се состои од патувања, а престојот во одредени места да биде само минимален. Затоа велиме дека односот меѓу патувањето и престојот е еден мошне важен елемент во следењето и проучувањето на едно туристичко движење. Всушност, преку следењето на функционалните елементи на едно туристичко движење можат да се согледаат неговите влијанија врз рекреативните и културните елементи. На пример, кај рекреативните движења престоите се најдолги, додека кај екскурзивните, престојот ќе зависи од потребата за запознавање на туристичките знаменитости во местата што се посетуваат, а кај излетничките движења тој најмногу ќе зависи од времетрањето на излетот.

И на крајот, нема туризам без одреден престој и нема туризам во секаков простор. Затоа велиме дека туризмот е просторна појава бидејќи само во одредени простори може да се задоволуваат туристичките потреби и да се одвиваат туристичките движења.

Туристичките движења се индикатор за различните типови простори. Две подрачја мора меѓусебе да се разликуваат за да се формира меѓу нив туристичко движење. Колку еден простор е поатрактивен за туристичките движења толку ќе се поголеми и неговите потенцијални можности за развој на туризмот.

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ

�Кои се главните функционални елементи на едно туристичко движење?

� Од кои етапи се состои едно туристичко патување и што опфаќа претходната етапа?

� Зошто главната етапа претставува најважен дел од едно туристичко движење?

�Што претставува престојувањето?

Page 25: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

21

ДА ЗАПОМНИМЕ Постoјат четири групи елементи кои ги карактеризираат

туристичките движења: рекреативни преку кои главно се овозможува јакнење на здравствената кондиција и обновување на работниот потенцијал во човечкиот организам; културни - оние кои културно ја збогатуваат човечката личност во едно туристичко патување; просторни - кои ги означуваат просторните односи на туристичкоте движења спрема туристичките објекти, појави и места и функционални - кои се манифестираат преку патувањето и престојувањето.

ТЕМА ЗА ДИСКУСИЈАСличности и разлики меѓу туристичките и другите миграционидвижења.

Page 26: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

22

ФАКТОРИ ЗА ТУРИСТИЧКИТЕ ДВИЖЕЊА

Туризмот е дејност што се јавува на определен степен од општествено-економскиот развој. Тој настанува и се развива кога ќе се создадат услови луѓето привремено да го напуштаат местото на постојаното живеење и да поминуваат извесно време во туристички места, излетишта или пак на патување, а заради разонода, рекреација, одмор, дополнување на знаењата, лекување и сл.

Туристичките движења се јавуваат како последица на низа околности што потикнуваат и овозможуваат нивно нормално одвивање. Нив ги викаме фактори за развој на туристичките движења. По својата содржина тие се од различна природа. Едни влијаат врз насочувањето на туристичките текови, други овозможуваат зголемување обемот на туристичкиот промет и туристичката потрошувачка, додека трети придонесуваат за формирање на нови видови туристички движења. Сепак, сите заедно може да се групираат во три поголеми групи:

1. иницијативни фактори,

2. рецептивни фактори и

3. посреднички фактори.

Иницијативните фактори делуваат во матичните места и го условуваат движењето на туристите, рецептивните во рецептивните туристички места, а посредничките и во едните и во другите. Според големината на влијанието факторите може да се поделат на: локални, регионални, национални и фактори со меѓународно значење, а во зависност од траењето на дејствието тие се делат на повремени и постојани.

Page 27: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

23

1. ИНИЦИЈАТИВНИ ИЛИ ПОКРЕНУВАЧКИ ФАКТОРИ

Во иницијативни или покренувачки фактори ги вбројуваме оние фактори што ги иницираат потребите за туристички патувања. Тие се јавуваат и дејствуваат во местата на постојано живеење на луѓето и силно влијаат врз правците на туристичките текови. Иницијативните фактори се делат на две групи и тоа: објективни и субјективни фактори.

Во групата на објективни фактори ги вбројуваме: животната и работната средина, слободното време, расположливите слободни средства и други објективни фактори.

За омасовување на туристичките движења големо влијание има средината во која живее и работи човекот - работната и животната средина. Концентрацијата на голем број луѓе во градовите, потоа индустријализацијата со сите придружни појави, како што се аерозагаденоста, бучавата и слично, негативно влијаат врз здравјето на луѓето. Затоа се јавува нагласена потреба за привремена промена на престојот и тоа во местата во кои не се јавуваат приведените негативни појави.

За развој на туризмот од суштествена важност е расположливиот фонд на слободното време. Тој може да се користи за разни цели, но и туристичките движења се во директна зависност од неговата должина. Овде не се мисли само на времето што може да се користи за годишен одмор или на слободното време што е на крајот на неделата, туку и на слободното време што е потребно за секојдневно обновување на работната способност.

Во порастот на слободното време во многу земји како и во нашата, е остварен задоволителен развој. Така од некогашната 70-часовна работна недела, се помина на 48-часовна, па на 42-часовна, а веќе има земји во кои се подготвува 36-часовна, односно 30-часовна работна недела.

Денеска постои тенденција во сите развиени земји работната недела да се намали на пет дена, а должината на платениот годишен одмор да изнесува минимум три недели.

Page 28: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

24

Вклучувањето на луѓето во туристичките движења, зависи како од состојбата на животната и работната средина, така и од слободното време и расположливите материјално-финансиски средства. Се смета дека туризмот се јавува и омасовува кога кај поголем број лица нивото на приходите почнува да ја надминува границата што е нужна за задоволување на основните животни потреби. Со други зборови кога личниот стандард ќе достигне определен степен и ќе се задоволат неопходните потреби за живот, се создаваат услови за задоволување и на други секундарни потреби, меѓу кои и на туристичките. Самиот стандард пак е одраз како на висината, така и на расподелбата на националниот доход. Досегашните проучувања покажуваат дека при национален доход од над 1000 САД долари по жител се задоволуваат примарните потреби и остануваат средства за задоволување на секундарните потреби.

Во последните 20 години низа земји во светот остваруваат брз пораст на општествениот производ и националниот доход, а со тоа растат и реалните примања. Ова придонесе средствата за туристичка потрошувачка перманентно да се зголемуваат, а со тоа нагло се зголемува и бројот на туристите.

Во формирањето на туристичката побарувачка покрај наведените делуваат и некои други фактори. Меѓу нив спаѓаат разни социјално-туристички придобивки, дејствувањето на одредени општествени организации, како и придонесот што го даваат самите претпријатија или поединци за зголемување на туристичкото движење. Во групата на социјално-туристички придобивки спаѓаат разните социјални повластици и погодности што ги дава државата (на пример за државни празници, школски екскурзии и сл.) и одделни претпријатија (сообраќајни - за патување, угостителски - за сместување) и сл. За омасовување на туристичките движења голем придонес имаат и одредени организации како: туристичките сојузи, Феријалниот сојуз, Сојузот на извидниците, Планинарскиот сојуз, Авто-мото сојузот и други слични на нив.

Page 29: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

25

Во субјективни иницијативни фактори ги сметаме оние фактори што зависат лично од човечките субјективни сознанија за вклучување во туристичките текови. Тие се карактеризираат со тоа што се јавуваат и дејствуваат по постоењето на објективните фактори. Главно се темелат врз психолошки моменти и мошне придонесуваат во формирањето на туристичките сознанија кај поширок слој од населението.

Меѓу поголемиот број субјективни фактори, ги истакнуваме оние што се позначајни, а тоа се: традицијата, културното и образовно ниво на населението, личните потреби и склоности (за закрепнување, рекреација, одмор), социјалната средина (политичката ситуација, модата, роднинските врски) и слично.

Традицијата, односно навиките да се оди на годишен одмор е еден од факторите што доста влијае кај луѓето дали ќе се вклучат во туристичките движења или не. Често и кога постојат објективни услови, човек има и пари и време, не го користи одморот како турист, едноставно не е склон да патува. Оттаму постојат разлики помеѓу одделни земји во поглед на учеството во туристичките патувања. Глобално гледано, во Европа навиките за туристички патувања се поголеми кај населението од Западна, Средна и Северна Европа, отколку кај населението од земјите на другите делови на континентот.

Културното и образовното ниво на населението исто така се значајни фактори. Утврдено е дека луѓето со повисока култура и образовно ниво помасовно се вклучуваат во туристичките движења.

Меѓу субјективните фактори уште се вбројуваат туристичката пропаганда и информативна служба. Во тој однос мошне сугестивно влијаат и мислењата на лица што порано престојувале во определено место, со други зборови, овде играат значајна улога сите оние фактори што во современиот живот влијаат врз формирањето на јавното мислење.

Page 30: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

26

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ

�Во колку групи се делат факторите за развој на туризмот и кои се тие?

�Како ги делиме објективните фактори и кои се нивните карактеристики?

�Кои се тие субјективни фактори? Какво влијание има туристичката пропаганда врз масовностана туристичките патувања

ДА ЗАПОМНИМЕ Под иницијативни или покренувачки фактори ги вбројуваме

оние фактори кои ги иницираат потребите кај лиѓето за туристички патувања. Тие се јавуваат и дејствуваат во местата на постојано живеење. Се делат на објективни - состојбата во животната и работната средина, слободното време, расположливите финансиски средства и др. и субјективни - традицијата за патување, културното и образовно ниво на населението, личните склоности, политичката ситуација и др.

2. РЕЦЕПТИВНИ ФАКТОРИ

Додека иницијативните фактори дејствуваат врз човекот да го промени привремено местото на својот престој за да задоволи одредени рекреативни или културни потреби, дотогаш рецептивните фактори дејствуваат врз привлекување на туристите во туристичките места. Оттука под рецептивни фактори се подразбира постоење на добра и услуги од определен квалитет во едно место што се во состојба да ги задоволат потребите и желбите на туристите. Тие може да се групираат во пет основни групи и тоа: атрактивна група фактори, туристичко-географска положба, комуникативни фактори, угостителство, туристичка политикаи други дејности.

Page 31: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

27

а) АТРАКТИВНИ ФАКТОРИ

Атрактивната група на фактори ја чинат во основа туристичките ресурси. Тие претставуваат атрактивни појави и предмети во природата и општеството кои имаат својство да привлекуваат туристи. Таквото својство му го овозможуваат атрибутите што туристичките ресурси во себе ги содржат. Атрактивноста кај сите туристички ресурси главно ја определуваат четири атрибути и тоа: рекреативниот, куриозитетниот, знаменитиот и естетскиот. За да биде еден објект или појава туристички ресурс треба да располага барем со еден од овие четири атрибути. Меѓу нив секако најважен е рекреативниот атрибут. Тој претставува такво својство на ресурси, што преку определени агенси (вода, воздух, светлина) дејствува главно врз физиолошките функции на човекот. Туристичките ресурси се делат на две групи: природни и антропогени

ПРИРОДНИ ТУРИСТИЧКИ РЕСУРСИ

Природните туристички ресурси се одраз на географската средина. Според потеклото се делат на: геоморфолошки, климатски, хидрографски и биогеографски. Се случува во некои простори да се сретнат и повеќе видови на туристички ресурси. Таквите места туристички се мошне атрактивни.

Геоморфолошки туристички ресурси. Под овие ресурси се подразбираат атрактивни форми во релјефот на Земјината површина. Меѓутоа сите форми на релјефот не се подеднакво атрактивни, па според тоа и немаат еднаква туристичка вредност. Од релјефните форми за туризмот особено значајни се: планините, вулканите, пештерите и клисурите.

Рекреативно-атрактивната вредност на планините им ја дава нивната вертикална и хоризонтална расчленетост, пространството и положбата во однос на густо населените рамници. Алпите, Карпатите и Пиринеите во Европа или Апалачките во Северна

Page 32: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

28

Америка, имаат големо туристичко значење бидејќи се наоѓаат во близината на густо населените и економски развиени рамници. Наспроти овие, планините во Средна Азија, немаат поволна положба спрема населените и развиени подрачја поради што и немаат така големо туристичко значење.

Особено голема атрактивно-рекреативна вредност кај планините имаат врвовите, потоа планинските падини и зарамнети површини. Од планинските врвови, како највисоки точки се добива најголема прегледност. Тие се користат од страна на туристите како месторазгледник. За да бидат попристапни се поврзуваат со жичари кои во Алпите често достигнуваат до некои од највисоките врвови. Планинските врвови претставуваат мошне посетувани излетнички пунктови, планинските падини се често идеални терени за зимски спортови, додека планинските зарамнети површини се користат за изградба на туристички објекти.

Денеска се смета дека планините со над 500 метри надморска висина се привлечни за развој на туризмот. Современиот туризам покажува силна тенденција кон продирањето на с@ повисоките предели во планинските комплекси. Така на Алпите се градат објекти и над 3500 м.н.в. (највисокиот европски хотел до кој води и железница се наоѓа во централните Швајцарски Алпи на превојот Јунгфрау-3454 м.н.в.), додека во Перу има туристички места и на уште поголеми височини.

Во светот без сомнение најголемо туристичко значење имаат Алпите. По нив следуваат Карпестите Планини во Северна Америка, Андите во Јужна Америка, Хималаите, Килиманџаро,Кавказ и други.

Вулканите се исто така, туристички мошне атрактивни релјефни форми. Привлечни се и купастите облици на угаснатите вулкани како што е Килиманџаро (5890 м.н.в.). Но поатрактивни се активните вулкани кои преку разни форми побудуваат голем интерес кај туристите. Денес во светот постојат 624 активни и голем број на угасени вулкани. Меѓу најпосетените активни вулкани се

Page 33: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

29

вбројуваат Фуџијама (3773 м.н.в.) Јапонија, Мауна Лоа на Хавајските острови, Попокатепетл во Мексико, Везув во Италија и др.

Пештерскиот украс - се попривлечен за туристите

Пештерите. Туристичката атрактивност на геоморфолошките појави главно е врзана за нивните естетски и куриозитетни елементи. Овие елементи кај пештерите се најразвиени, па затоа тие предизвикуваат и голем интерес кај туристите. Извонредните пештерски накити: сталактитите, сталагмитите и слично, пештерските ходници, низ кои често течат реки со водопади или пештерските езера, преку целата година привлекуваат бројни туристи. Најголеми и најпосетени пештери во светот се: Мамутовата пештера во САД со мрежа на канали околу 100 км., потоа Јеноланската во Австралија, Холон во Швајцарија, Постоинаво Словенија и др. Инаку најмногу проучени пештери има во САД-12809. Од нив 192 се уредени за посета на туристи. Потоа следува Италија со 8379 и Франција со 7000 прочуени пештери.

Page 34: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

30

Клисурите и кањоните се морфолошки реткости поради кои се мошне атрактивни. Најголем кањон во светот е Големиот кањон во Колорадо кој е долг околу 320 км. со просечна длабочина од 1800 метри. Тој е еден од најпосетуваните вакви објекти во светот.

Туристички вредности на климата. Климата претставува еден од главните природни фактори за развој на туризмот. Човечкиот организам мошне е подложен на влијанието на разните атмосферски елементи кои ја сочинуваат климата на одреден простор. Некои климатски типови делуваат позитивно на човековиот организам, особено на неговото расположение, а други дестмулативно и негативно. Затоа луѓето на кои им е потребен одмор ги бираат оние предели кои климатски најмногу им одговараат.

На Земјината површина постојат 11 климатски појаси и тоа: екваторски, 2 тропски, 2 суптропски, 2 умерени, 2 супполарни и 2 поларни. Климата во умерените и суптропските појаси е најзначајна за туристичките движења. Во умерениот појас за развој на туризмот посебно важни се средоземниот или медитеранскиот тип и планинскиот тип клима.

Медитеранската клима има особено поволно дејство врз човековото здравје. Таа произлегува, пред с@, од богатството на воздухот со кислород и озон, потоа од интензивната инсолација, погодната релативна влажност и малиот процент на прав и микроби во воздухот. Привлечноста на медитеранската клима ја чини релативно големиот број на сончеви часови кој се движи над 2300 годишно и погодната температура на воздухот. Ница, на пример, има средна годишна температура 15,2, Дубровник 16,3оС. Дејството на оваа клима врз човековиот организам во целост е стимулативно.

Големо значење за човековиот организам има и планинската клима. Во медицински поглед за планинската клима, е најзначајно тоа што со наголемување на височината опаѓа воздушниот притисок, а се зголемува хемоглобинот во крвта кај човекот. Над 1000 метри надморска височина правта и микробите скоро и не постојат, а осетно е наголемен интензитетот на ултравиолетовото зрачење,

Page 35: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

31

затоа освен на море сончањето е мошне корисно и на планина. Погодните теренски услови и долготрајната снежна покривка овозможиле бројни планински места да станат прочуени зимско-спортски-туристички центри. Такви се: Шамони, Давос, Сент Мориц и др. во Алпите, Аспен во Карпестите Планини, Портило во чилеанските Анди и др.

Хидрографски туристички ресурси. Фактот што најголем дел од туристичките движења денес се насочени кон водените басени на Земјата ја потврдува констатацијата дека хидрографските туристички ресури се најпривлечни во современиот туризам. Туристичката вредност на водите се состои во можноста што тие ја даваат за сончање и капење на туристите, потоа за разни спортувања (пливање, веслање, риболов и сл.). Капењето комбинирано со сончање делува стимулативно на пооделни функции на организмот: го засилува варењето и апетитот, дејствува на нервниот систем и слично, односно се одразува мошне поволно на физичките и психичките состојби на човекот.

Меѓу бројните хидрографски туристички ресурси како поважни ги издвојуваме следните: океаните, морињата, езерата, реките, термоминералните извори, гејзерите и ледниците.

На бреговите од големите водени површини океаните и морињата е сконцентриран најголемиот дел од современиот туризам. Во тој поглед најзначајно место заземаат Средоземното и Карипското Море. Средоземното Море на своите брегови апсорбира скоро половина од целокупниот европски, па и голем дел од светскиот туристички промет. Таквата посетеност резултира од неговите бројни и квалитетни атрактивно рекреативни особини. Покрај долгите песокливи плажи, високата температура на водата (средната летна се движи помеѓу 24 и 28оС, а средната годишна околу 17оС). Потоа поволен е салинитетот (просечниот салинитет изнесува 38%) кој има голема здравствена и хигиенска улога, проѕирноста, бојата и слично. Голема туристичка привлечност на Медитеранот му дава и неговата мирна површина, особено во летниот период кога дуваат слаби и пријатни ветрови.

Page 36: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

32

Покрај морињата, и езерата се мошне привлечни туристичките ресурси. Нивната туристичка вредност ја зголемува посебно местоположбата. Некои на пример се наоѓаат во рамнини (Блатното во Унгарија, Големите Езера меѓу САД и Канада) кои се густо населени или се сместени во планинските предели каде заедно со климата и вегетацијата дава услови за квалитетна рекреација. Од Земјината површина се цени дека 1,8% е покриена со езера. Најголемо е Каспиското Езеро (371000 км2), а најдлабоко е Бајкалското (1520 м). Најмногу езера има во Финска 75000, потоа Русија околу 25000. Меѓутоа во туристички поглед најпознати се швајцарските езера (кои ги има над 1500, а поважни се Тунското Езеро, Женевското, Бриенското и Боденското), потоа италијанските, Блатното Езеро во Унгарија, Мозурските Езера во Полска, Големите Езера во Северна Америка и др.

И реките претставуваат атрактивни туристички ресурси. Тие даваат можности за рекреација на луѓето (капење, веслање, риболов) и за психички одмор. Туристичкото значење на реките зависи од нивната должина, полноводност и физичко-хемиските и биолошки особини на водата.

За речните токови се врзани низа куриозитетни хидролошки појави како водопади, слапови, понори и друго, кои се честа цел на туристичките патувања. Голема туристичка репутација во светот има водопадот на Нијагара каде на широчина од 1200 метри и височина од 50 метри секоја секунда се спушта по 7500 м3 вода. Околу него изградени се бројни модерни хотели.

Гејзерите се термални водоскоци кои најмногу се јавуваат во вулканските и земјотресните области. Претставуваат посебни природни реткости поради што се посетувани од туристите. Најмногу гејзери има во Исланд, во Јелоустонскиот национален парк (САД), на Нов Зеланд и на Камчатка. Најпосетени се гејзерите во Јелоустонскиот национален парк, каде гејзерот Стар Верник е познат во целиот свет.

Термоминералните извори и во минатото, особено во Римскиот период, биле користени за лекување и рекреација.

Page 37: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

33

Атрактивноста им се базира врз рекреативните елементи (физичко-хемиските особини на водата: температура, хемиски состав и слично), како и врз естетските и куриозитетските особини. Овие води се користат преку пиење и капење (хидротерапија), а на поедини места се употребува и лековита кал (фанго), како продукт на термалните извори. Овие туристички ресурси главно се користат од домашните туристи. Меѓународно туристичко значење имаат помал број бањи како: Виши, Баден-Баден, Визбаден, Карлови Варии некои други.

Баден-Баден, една од најпознатите бањи во Европа

Меѓу хидрографските туристички ресурси спаѓаат и ледниците кои претставуваат хидролошки појави врзани за големите надморски височини и за поларните географски широчини. Ледниците што се спуштаат од алпските врвови денеска се најпосетени вакви објекти во светот. Такви се ледниците од Мон

Page 38: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

34

Блан спрема кои жичара води до 3842 метри и претставуваат највисока точка во светот до која достигнува туристичка жичара, потоа ледникот Алеч во Бернските Алпи долг 26,8 км и ледниците околу Вилдшпиц во Австрија.

Биогеографски туристички ресурси. Растителниот и животинскиот свет има посебно значење за развој на туризмот во одреден простор. Помеѓу нив вегетацијата заради своите поизразени атрактивни својства има и поголемо значење. Туристичката вредност на растителниот свет главно се темели врз хигиенско-рекреативната и естетско-декоративната функција.

Полињата на лалиња во Холандија претставуваат значајна туристичка атракција

Хигиенско-рекреативната или здравствената функција кај растителниот свет, посебно шумите се манифестираат преку

Page 39: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

35

својствата што ги имаат растенијата да го прочистуваат воздухот. Тие го асимилираат јаглен диоксидот, а го ослободуваат кислородот. Потоа ги модифицираат климатските елементи, особено температурата и ветровите, ја апсорбираат прашината, ја намалуваат бучавата и сл. Пресметано е, на пример, дека боровата шума задржува годишно по 30 до 35 тони, а буковата двапати повеќе, 68 тони прашина по ха. Во индустриските населби се среќаваат од 100000 до 500000 честици прашина и чад во 1 кубен сантиметар воздух, над отворените тревни предели-5000, а во шумите само 500 честици. Во однос на бучавата со мерење е докажано дека шума во ширина од 200 метри ја смалува бучавата за 35 до 45 децибела. Шумските комплекси, особено боровите шуми, преку испарувањето на разни ароматични супстанции во голема мера делуваат на расположението и здравјето на луѓето.

Естетско-декоративните елементи се манифестираат преку формата и бојата на растителните претставници. Додека куриозитетните елементи пак, се однесуваат на ретките видови (трендафилите во Бугарија, секвоите во Северна Америка, полињата на лалиња во Холандија и други).

И животинскиот свет има значење за развој на туризмот. Тој е привлечен преку ловот, риболовот, јавањето, борбата со бикови и сл. Врз база на богатството од поедини видови во одредени простори, на пример, ловен дивеч или риби се развива ловниот, односно риболовниот туризам.

Како самостојни биогеографски ресурси се сметаат националните паркови. Тоа се одделни територии на Земјата во кои природата останала до денеска неизменета. Националните паркови се еден вид природна лабораторија и со закон се заштитени. Површината на таквите заштитени простори во одделни земји е различна. На пример, во Швајцарија 6% од територијата е заштитена. Инаку најголемиот национален парк се наоѓа во Канада-Вуд Буфало 44807 км2. Потоа следува националниот парк Чава во Мозамбик-27765 км2, па Кригер во Јужноафриканска Република-

Page 40: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

36

19910 км2. Во Русија најголем национален парк е Камчатка-9640 км2, а во САД, Јелоустонскиот со 8852 км2.

Јелоустонски национален парк

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ

�Што претставуваат туристичките ресури и какви својства имаат тие?

�Кои се природни туристички ресурси и како се делат? �Наброј ги факторите кои условиле таква концентрација на

туристи на бреговите на Средоземното и Карипското Море. �Врз што се темели туристичката вредност на растителниот

свет?

ИСТРАЖУВАЈ � Во околината на твоето место на живеење, посети еден

природен туристички ресурси опиши ги неговите туристички атрибути.

Page 41: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

37

АНТРОПОГЕНИ ТУРИСТИЧКИ РЕСУРСИ

Антропогените туристички ресурси се во врска со општествениот и историскиот развиток на една земја. Тие на одреден начин ги задоволуваат културните потреби на човекот. Преку органите за вид и слух, антропогените ресурси дејствуваат непосредно на психата кај посетителите.

Тука спаѓаат културно-историските споменици, етносоцијалните вредности, разните манифестации и други.

Културно-историски споменици. Културно-историските споменици претставуваат специфични туристички ресурси што настанале во различни временски периоди и имаат различни својства. Тие претставуваат неподвижни и подвижни материјални предмети од минатото и сегашноста кои без обѕир на материјалот и димензиите ја манифестираат културата на одреден народ. Туристичкото значење на овие ресурси доста е неуедначено. Додека едни имаат непроценлива уметничка вредност и може да претставуваат самостојни туристички ресурси, дотогаш повеќе од нив се со помала туристичка вредност и не можат самостојно да привлекуваат посетители, туку туристички се искористуваат во склоп со другите ресурси.

Во оваа група ресурси спаѓаат: археолошките наоѓалишта, градбите од сакралната архитектура (манастирите, црквите, џамиите, дворците, замоците и тврдините), меморијалните надградни споменици и плочи, некрополите и др. Со поголема туристичка атрактивност се истакнуваат материјалните споменици во подрачјата на архитектурата, вајарството и сликарството.

Во поглед на епохите туристички најпривлечни културно-историски објекти се оние од античкиот период, потоа од феудализмот и раниот капитализам. Меѓутоа, мошне се посетувани и оние од најновата историја, па и современите остварувања.

Спомениците на старите цивилизации особено се сретнуваат во Египет, Грција, Италија, односно во средоземната област, како и во Мексико, Перу, Кина, Јапонија, Бурма, Индија и други земји.

Page 42: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

38

Кеопсовата пирамида во Египет стара преку 5000 години, висока 146 метри или Кинескиот ѕид долг 2450 км, претставуваат светска атракција и од година во година привлекуваат се поголем број туристи.

Кинескиот ѕид-значаен туристички мотив. Долг е 2450 м, висок 16м и широк од 5-8м. Во 1987 год. запишан е во листата на УНЕСКО.

За туризмот посебно значење имаат археолошките локалитети. Меѓу нив особено се истакнуваат откриените римски градови Помпеа и Херкуланум уништени во 79 година од н.е. по ерупцијата на Везув. Денеска се цени дека Помпеја секоја година ја посетуваат над половина милион туристи.

Од подоцнежните периоди значаен е феудализмот. Во него црквата има доминантен фактор во општеството и нема уметност која не носи нејзин директен или индиректен белег. Западна Европа била под влијание на римската црква. Во архитектурата се јавуваат повеќе стилови како: романтиката, готиката, ренесансата и барокот.

Page 43: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

39

Источна Европа, пак, била под влијание на Византија. И тука се создаваат бројни ремек дела од архитектурата, вајарството и сликарството. Со продорот на Маврите и Турците во Јужна Европа се пренесува и ориенталната архитектура.

Венеција, град богат со споменици од минатото. Изграден е на повеќе од 100 острови и лагуни. Куќите се подигнати на столбови забиени во морето. Сообраќајот во градот се одвива ислучиво со гондоли,

нема автомобили ниту товарни возила.

Споменици од сиве овие епохи и правци во уметноста најмногу се сочувани во Италија, Грција, Шпанија, Франција, Австрија и други земји и туризмот и покрај природните погодности во голема мера се развива и врз нивното постоење. Во некои земји нагласено е присуството на повеќе стилови и влијанија. На пример, Шпанија - христијанската и маварската култура или балканските земји во кои се сретнуваат споменици скоро од сите стилови и влијанија.

Page 44: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

40

Втората група на антропогени туристички ресурси ја чинат етносоцијалните појави и објекти. Тие ја изразуваат специфичноста на одделни земји и народи, а се манифестираат преку обичајната култура, музичкиот фолклор, носијата и др. За оваа група на ресурси е карактеристично што е мошне хетерогена, бидејќи со еден збор опфаќа с@ што го чини животот на еден народ.

Сепак, за туризмот особена важност имаат оние претпријатија што се бават со такви културни дејности кои имаат за цел да ја собираат, проучуваат, чуваат и презентираат уметничката етнографската и материјална култура на еден народ. Такви се пред с@ музеите, библиотеките, галериите, етнопарковите и сл. Меѓу нив музеите се најпосетени од страна на туристите и во голема мера ја надополнуваат содржината на туристичкиот престој. Парискиот Лувр, Британскиот музеј во Лондон, Ватиканскиот музеј во Рим, Прадо во Мадрид, Ермитаж во Санкт Петербург и други, се вбројуваат во најпривлечни туристички објекти од овој вид во светот. Само во САД постојат 8300 музеи,низ кои секоја година поминуваат по оклу 800 милиони посетители.

Лувр, еден од најпознатите светски музеи, во кој се чуваат највредните артефакти од историјата на светската цивилизација

Page 45: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

41

Манифестациите преку кои се прикажуваат разни културно-уметнички, спортски и стопански достигнувања (традиционални приредби, фестивали, спортски натпреварувања, шампионати, конгреси, саеми, изложби и друго), покрај нагласеното културно-спортско и стопанско значење имаат и туристичко обележје.

Во тој поглед посебно се истакнуваат оние манифестации кои имаат меѓународно значење. Такви се, на пример, Олимпијадите, континенталните првенства, спартакијадите, универзијадите и слично. И културните манифестации се привлечни за туристите. Светските фестивали редовно го зголемуваат бројот на туристите и финансиските ефекти во земјите, односно градовите каде се одржуваат. Така меѓу европските туристички центри посебно место заземаат оние во кои се одржуваат филмските фестивали како Венеција, Кан, Прага, потоа Салцбуршкиот музички фестивал, или градовите во кои се одржуваат европските фолклорни фестивали и сл. Слично значење имаат и оперските и театарските куќи и ансамбли, на пример Метрополитен операта во Њујорк, оперскиот ансанбл на Миланската скала, Московскиот балет и други.

И големите стопански приредби ја зголемуваат посетеноста во местата каде се организираат. Познати такви приредби се велесаемите како оној во Милано, Базел, Виена, Загреб и други. Меѓутоа, уште попосетени од нив се светските изложби кои се одржувани во разни градови во светот - Париз, Лондон, Брисел, Њујорк и Монтреал.

Конгресите, национални или светски, потоа останатите научни собири имаат исто така мошне атрактивно дејство за местата во кои се одржуваат. За овој вид манифестации е врзан посебен вид таканаречен конгресен туризам кој се смета за доста доходен. Меѓутоа тој бара и изградба на посебни големи простори, опрема и добра организација. Затоа, туристичките места секогаш настојуваат да бидат домаќини на такви собири.

Во групата на антропогени туристички ресурси се вбројуваат и амбиентите кои чинат различни типови на населби, стопански

Page 46: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

42

објекти, сообраќајни објекти и слично, потоа гастрономијата, општествено-политичкиот систем како и пејзажите, кои претставуваат комплекси составени од природни и антропогени елементи.

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ

�Кои се карактеристиките и како се делат антропогените туристички ресурси?

�Наброј ги земјите во кои има најмногу културно-историски споменици и објасни го нивното значење за туризмот?

� Какво е значењето на манифестациите за омасовување на туризмот?

ДА ЗАПОМНИМЕРецептивните фактори се наоѓаат во туристичките места и тие

дејствуваат врз привлекувањето на туристите. Меѓу нив позначајни се атрактивните фактори. Атрактивноста на туристичките ресурси главно ја определуваат четири атрибути: рекреативност, куриозитетност, знаменитост и естетичност. Туристичките ресурси се поделени во две групи: природни - геоморфолошки, климатски, хидрографски и биогеографски и антропогени туристички ресурси во кои спаѓаат културно-историските споменици, етносоцијалните вредности, разните манифестации и др.

ТЕМА ЗА ДИСКУСИЈАКако влијае видот на туристичките ресурси врз должината напрестојот на туристите.

б) ТУРИСТИЧКО-ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА

Развојот на туризмот во едно место или земја мошне е зависен од неговата, односно нејзината туристичко-географска положба. Обемот на туристичкиот промет и видот на туризмот во тесна зависност се од таа положба. Оние земји што имаат поволна туристичко-географска положба велиме дека имаат еден од условите за развој на туризмот и обратно. Затоа туристичко-

Page 47: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

43

географската положба претставува значаен фактор за развој на туризмот. Таа искажува однос на поодделни мотиви, места или земји спрема правците на туристичките движења. Според тој однос разликуваме: светска, континентална, регионална и локална туристичко-географска положба.

Светска туристичко-географска положба имаат оние земји преку кои минуваат или се наоѓаат на светските туристички токови. Таков еден ток, на пример се движи од Северна Америка преку Атлантикот за Европа. Сите земји што се наоѓаат на правецот на овој туристички ток како Франција, Белгија, Холандија, Велика Британија, Португалија и Шпанија имаат добра светска туристичко-географска положба.

Континентална туристичко-географска положба имаат оние земји кои се наоѓаат на правците на туристичките движења во поодделните континенти. Во Европа, на пример туристичките движења се насочени спрема Средоземното Море и Алпите. Така од Северна и Средна Европа спрема средоземјето водат три туристички тока и тоа еден спрема Пиринејскиот Полуостров, втор спрема Апенинскиот и трет спрема бреговите на Балканскиот Полуостров. Земјите кон кои водат овие токови или се наоѓаат на нив, како Шпанија, Италија, или Швајцарија и Австрија имаат поволна туристичко-географска положба.

Регионалната положба означува однос спрема туристичките движења од едно во друго подрачје, додека локалната положба искажува однос спрема локалните токови како излетничките туристички правци и сл.

Најповолна туристичко-географска положба имаат оние места каде што се сечат два или повеќе туристички правци. Но, вредноста на туристичко-географската положба зависи и од поврзаноста како и од сообраќајните средства со кои се врши патувањето. На пример, кога се патува со авион корист имаат само авионската компанија и двата аеродрома. Но кога се патува комбинирано, на пример со брод и железница, авион-брод, или автомобил-железница и слично, тогаш корист ќе имаат повеќе туристички места.

Page 48: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

44

Во однос на положбата главно разликуваме поволна и неповолна туристичко-географска положба.

в) КОМУНИКАТИВНИ ФАКТОРИ

Сообраќајот претставува основа за туристичките движења. Затоа, оправдано се наведува дека без сообраќај нема туризам. Дури и самиот збор туризам во многу јазици означува патување, шетање. Затоа, развојот и унапредувањето на туризмот тесно е поврзано со развојот на сообраќајот и сообраќајните средства. Со зголемување и усовршување на сообраќајните средства и подобрување на нивната структура овозможен е масовен, брз и евтин превоз на голем број луѓе. Со тоа новите сообраќајни средства извршиле големо влијание врз развојот на туризмот, но и туризмот има свое влијание врз развојот на сообраќајот и усовршувањето на сообраќајните средства.

И самите сообраќајни средства, (брод “Квин Елизабет”, авион “Конкорд” или жичари), и одделни сообраќајници (туристичката сообраќајница “Грослокнер”, автострадата “Сонце” во Италија) често претста-вуваат посебна туристичка атракција и вредност. Од друга страна сообра-ќајниците пак ги одредуваат правците на туристичките движења како што и туристичките тенденции често го одредуваат правецот при изградбата на одредени сообраќајници.

Со омасовување на туризмот и појавата на нови форми туризам како авто-мото туризмот, настануваат промени и во сообраќајот. Денеска туристите с@ помалку се задржуваат во одредени туристички места, а с@ повеќе одморот го поминуваат во патување. Тенденцијата за пократко време да се види што повеќе, придонела за омасовување на сообраќајот, потоа развој на нови форми сообраќај и усовршување на сообраќајните средства.

Според просторот во кој се одвива, сообраќајот се дели на: копнен, воден и воздушен. Копнениот може да биде патен и железнички, а водениот поморски, езерски, речен и каналски. Сите набројани видови на сообраќај имаат определена улога во

Page 49: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

45

туристичките движења. Меѓутоа, секое од сообраќајните средства во туристичкиот промет треба да обезбеди сигурност, удобност, брзина и редовност. Туристите во зависност од своите потреби и можности избираат сообраќајна гранка и сообраќајно средство, а обично се одлучуваат за оние земји и подрачја, каде постојат квалитетни сообраќајни услуги.

1. Автомобилски сообраќај...45 %

2. Авионски сообраќај...........43 %

3. Воден сообраќај.................. 7 %

4. Железнички сообраќај.........4 %

5. Останати видови сообраќаj 1 %

Видови сообраќај кои туристите најмногу го користеле за патување во 2004 година

Патен сообраќај. Денеска патниот сообраќај во превозот на туристите игра најзначајна улога. Тоа е резултат, од една страна, на брзиот развој на автомобилската индустрија во светот и перманентниот пораст на патнички автомобили и од друга страна на постојаното проширување и модернизација на патната мрежа. Иако од појавата на првиот автомобил, во 1885 година до денеска не е долг временскиот период, сепак бројот на автомобилите е многу зголемен. Во 1900 година во светот сообраќале само 11 илјади автомобили, тој број денеска изнесува над 350 милиони. Од тоа само во САД има повеќе од 130 милиони.Развојот на автомобилизмот и мото-туризмот е условен и од изградбата и модернизацијата на патната мрежа. Од 1815 година кога англичанецот Мак Адам го изградил првиот современ пат, во Англија започнува брзо ширење и на патната мрежа. Првиот модерен авто-пат изграден е во Италија (Рим-Падова), а потоа во Германија (Минхен-Франкфурт). Овие земји и денеска имаат најмногу авто-патишта (Германија - 5000 км, Италија - 4000 км). Инаку, во светот вкупната должина на патната мрежа изнесува 18,1 милион км. Во неа Европа учествува со 5,5 милиони км.

Page 50: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

46

Најважни правци на автомобилскиот сообраќај во Европа кои ги поврзуваат матичните подрачја со туристичките места се:

а) Лондон - Париз, Марсеј - Џенова - Рим - Палермо (Е-1)

б) Хелсинки - Стокхолм - Копенхаген - Хановер - Женева - Барцелона - Мадрид - Лисабон (Е-4).

в) Брисел - Виена - Будимпешта - Белград - Скопје - Солун - Истанбул (Е-5).

г) Лондон - Хановер - Берлин - Варшава - Москва (Е-8).

Покрај автомобилот за омасовување на туристичкиот промет големо значење има и автобусот. И нивниот број е во постојан пораст. Вкупно во целиот свет има 62 милиони автобуси, а најмногу има во САД - 22 милиони, потоа Јапонија - 10 милиони итн. С@ поголемата застапеност на автомобилот и автобусот во туристичките движења доаѓа од таму што тие се независни, удобни, спремни во секое време за тргнување и се во состојба да задоволуваат бројни желби на туристите. Тие овозможуваат слободен избор на времето на поаѓањето и патот, го скратуваат времето при патувањето и дозволуваат без тешкотии премин од едно сообраќајно средство на друго.

Модерен автобус за превоз на туристи

За унапредување на авто-мото туризмот, заштита на интересите на автомобилистите, олеснувања на царинските и гранични формалности и заштита на интересите на националните

Page 51: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

47

здруженија и клубови, во светот постојат повеќе меѓународни организации и клубови. Меѓу нив поважни се: Светската организација за туризам и автомобилизам (OTA), Меѓународна автомобилска федерација (FNA) и Меѓународната мотоци-клистичка федерација (FIM).

Железнички сообраќај. Откривањето на железницата не довело само до унапредување на индустријата туку создало и основни услови за појава и омасовување на туризмот како нов општествено-економски феномен. Од Англија, каде е пуштена во сообраќај првата пруга (помеѓу Стоктон и Дарлингтон - 1825 година), железничкиот сообраќај почнал брзо да се шири низ останатите држави во Европа и светот. Најинтензивна изградба на железнички пруги се јавува во втората половина на XIX век. Денеска најдолга железничка мрежа има Англо-Америка - 428100 км, потоа доаѓа Европа - 403400 км, па Азија 199100 км, Латинска Америка - 140100 км, Африка 73900 км и Австралија и Океанија - 49200 км.

Постанокот и еволуцијата на туризмот во тесна врска е со постанокот и развојот на железничкиот сообраќај. Овој вид сообраќај овозможил омасовување на туризмот и развој во оние региони, кои порано за туристите биле непристапни. Од друга страна и туризмот придонел за усовршување на железничката мрежа. Тоа усовршување главно се огледува во зголемувањето на брзината и во подобрувањето на удобноста. Зголемување удобноста на патувањето е придружена со постојано усовршување на ентериерот на вагоните и тоа од воведувањето на класи, па с@ до вагон ресторани (во Канада 1867 година) и спални коли (во САД 1880 година). Во Европа првиот воз со спални коли и вагон ресторан е пуштен во 1883 година и тоа на линијата Париз - Истанбул “Ориент-експрес”.

Во поново време, секоја година со чисто туристичка намена се воведуваат во сообраќај и таканаречени агенциски возови. Нив ги договараат туристичките агенции и железничките асоцијации, и сообраќаат на најважните туристички правци во Европа, од Средна Европа спрема Шпанија, Италија и Грција. За потребите на туристите

Page 52: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

48

исто така се пуштаат ексклузивни возови, специјални излетнички возови, а постојат и жичани железници како специфичен вид на туристички сообраќај.

Од 1910 година кога првпат се појавила жичарата во Европа и тоа во Тирол, па до денес, Алпите па и другите планини во Европа и светот во голема мера се прошарани со разни типови на овие чисто туристички сообраќајници. Тие на туристите им овозможуваат да навлезат во најнепристапните, но туристички најатрактивни делови на планините. Напредокот во сообраќајните средства направил планинските простори да се доближат и да станат достапни за с@ побројното градско население. Во Алпите, Пиринеите, Апенините, Карпатите, карпестите и другите планински масиви, изградени се повеќе планински центри кои располагаат со бројни жичари и ски-лифтови. Франција има на пример 118 такви центри со 790 жичари, од кои само Шамони има 35, Куршевел 29 и сл. Швајцарија има 43 центри со над 500 различни жичари, Австрија 51 центар со околу 1200 жичари од разни типови и сл. Жичарите дале силен поттик за развој на планинскиот, посебно на зимско-спортскиот туризам.

Воз на една шина, најнов изум на техниката во Јапонија

Page 53: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

49

Воден сообраќај. Користењето на реките и морињата, како природни патишта е старо колку и човечкиот род. Всушност и најстарите цивилизации се јавиле по долините на реките. Уште околу 4200 години пред новата ера по Нил се патувало со лотки од папируси, а околу 2500 година п.н.е. направени се и првите бродови од дрво. Големите географски откривања, плод се меѓу другото и на развиениот поморски сообраќај, а и самите влијаеле врз развојот на поморството. Индустриската револуција, пронаоѓањето и воведувањето на парната машина (првиот брод на погон со пара пуштен во сообраќај во 1807 година на реката Хадсон во САД) придонеле за понатамошен брз развој на водниот сообраќај.

Историски гледано поморскиот сообраќај одиграл значајна улога во развојот на меѓуконтиненталниот туризам. Меѓутоа, подоцна со појавата на авионскиот сообраќај опаѓа улогата на бродовите во прекуморските превезувања на патниците. Така, на пример, во 1957 година преку Атлантскиот Океан брод користеле во превозот 1027000 патници, а авион 1019000 патници. Во 1968 година бројот на патниците со брод опадна на 374000, а на патниците со авион се наголемил на 5752000.

Сепак, поморскиот сообраќај и до денеска задржал некои предимства. Современите патнички прекуокеански бродови всушност се прави пловни хотели кои можат да примаат до 2000 патници, а развиваат брзина и до 60 км на час. Тие обезбедуваат најголем можен конфор и разонода. Имаат кино-сали, базени за капење и бројни други простории. За да привлечат што повеќе патници - туристи, бродовите се ориентираат кон организирање на долги кружни патувања - крстарења. Најголем дел од светскиот поморски сообраќај се одвива помеѓу Европа и Северна Америка, а крстарењата најмногубројни се на бреговите на Средоземното Море.

Прибежната патничка пловидба особено е развиена долж разгранетите брегови покрај кои има и острови. Во рамките на неа денеска с@ повеќе се развива траектната пловидба, со која бројни патници и моторизирани туристи се превезуваат до соседните

Page 54: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

50

острови. Траектите се користат и за остварување на директни железнички врски (Довер-Кале, Малме - Копенхаген) или поврзување на две држави (Бар-Бари) и сл.

Посебен вид патничко-поморски сообраќај се обавува со туристичките јахти. Тоа е таканаречен јахтинг туризам. Развиен е околу големите приморски летувалишта како: Венеција, Ница, Торемолинос, Бијариц, Акапулко и други. Денеска во светот постои огромна туристичка флота која се состои од мали или поголеми јахти, едрилици, чамци и сл. и служи за користење, спортски риболов, подводни активности и за забава и разонода. Приморските земји за развој на овој вид туризам градат посебни станици “Марини” кои служат за прифаќање, сместување или зимување на овие пловни објекти.

Речниот сообраќај има помало значење за туризмот. Неговата улога главно се сведува за развој на спортскиот и излетничкиот туризам. Во Европа најголемо туристичко-сообраќајно значење имаат реките Дунав, Рајна, Сена и Волга. Поголемо туристичко сообраќајно значење од реките имаат езерата. Такви се во Европа Алпските езера, а во Северна Америка Големите Езера.

Воздушен сообраќај. Воздушниот сообраќај е еден од најновите видови сообраќај кој се јавил и развил во текот на ЏЏ век. Првиот авион се појавил во 1903 година, кога браќата Рајт летале 260 метри на височина од 2-3 метри над земјата. Сепак, авионот долго останал мало, несигурно, неудобно и скапо превозно средство. Како редовно сообраќајно средство во патничкиот промет авионот се јавува околу 1930 година. Меѓутоа, с@ до Втората светска војна неговото значење за туризмот е мало. Подоцна, од година во година се воведуваат с@ понови и помодерни типови на авиони со цел да се зголеми брзината, должината на летањето и капацитетот на патничките места. Денеска веќе, турбомлазните авиони летаат на височина до 11 км, со брзина до 1000 км, и без спуштање може да прелетаат до 10000 км.

Од гледиште на туристичките потреби, покрај конфорноста, сигурноста и олеснетиот транзитен премин на границата, брзината

Page 55: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

51

игра главна улога во изборот на авионот за превоз, бидејќи на туристите им овозможува подолг престој во местата за одмор и посета на доста оддалечени места без да се изгуби многу време за превоз. Затоа за авионот се наведува дека извршил револуција не само во сообраќајот туку и во туризмот. Тоа е всушност трета револуција во омасовувањето на туризмот и тоа по оние што ги има извршено железничкиот и автомобилскиот сообраќај.

Покрај воведувањето на туристички класи и пристапни цени во авионскиот сообраќај за туризмот е посебно важно воведувањето на сезонските линии и чартер-летовите. Големите авиони со својата брзина на долгите релации с@ повеќе ги потиснуваат другите сообраќајни средства.

Интерконтиненталните патувања главно се изведуваат преку редовниот линиски промет. Таков е случајот кај патувањата помеѓу Северна Америка и Европа, додека кај авионскиот промет внатре во Европа, посебно помеѓу емитивните и рецептивните земји, улогата на чартер аранжманите во туризмот е мошне значајна. На пример во 1968 година на релацијата Европа - Северна Америка 91,6% од патниците патувале со редовните авионски линии, а истата година од Европа во Шпанија 63% од авионските патници дошле преку чартер аранжманите.

Авионот, се повеќе користено средство за патување на туристите, посебно на долги релации

Page 56: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

52

Во туристичкиот сообраќај при изборот на сообраќајните средства се забележува дека сигурноста, брзината, конфорноста и цената на превозот се главни фактори кои дефинитивно одлучуваат. Според сегашната состојба најголема сигурност дава железницата. Таа има само 0,04 смртни случаи на 100 милиони патнички милји. Авионот има 0,4 а автомобилот дури 2,8. Во поглед на брзината на авионот му нема конкурент, додека во однос на удобноста преовладува бродот. Што се однесува пак на цената на превозот предност има автомобилот, особено ако се користи од 3 или 4 лица.

Исто така, се забележува дека во изборот на сообраќајното средство, туристите често се определуваат во зависност од оддалеченоста на местото за одмор. Кога е во прашање патување на кратки релации и до 1000 км (во еден правец) главно се користи автомобил, на релации до 1500 км се користи железница, а на подолги релации од 1500 км се користи авион. Меѓутоа, често при патувањето се прават комбинации - железница - брод, брод - авион и сл.

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ:

� Кое сообраќајно средство најмногу се користи во туристичките патувања денеска и зошто?

� Анализирај го прегледот за учеството на поедини видови на сообраќај во странскиот туристички промет. Што забележуваш?

�Кои се најважни правци на автомобилскиот сообраќај значајни за развојот на туризмот во Европа?

�Наброј ги факторите кои влијаат врз изборот на сообраќајните средства при патувањето?

ДА ЗАПОМНИМЕ : Во туристичките движења сите видови на сообраќај имаат

определена улога. Туристите во зависност од своите потреби и можности ги избираат оние сообраќајни средства кои во основа обезбедуваат сигурност, удобност, брзина и

Page 57: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

53

редовност. Денеска, автомобилскиот сообраќај го користат 45% од туристите и тој игра најзначајна улога во туристичките патувања. Железничкиот сообраќај овозможил омасовување на туризмот, поморскиот одиграл значајна улога во развојот на меѓуконтиненталниот туризам, а авионскиот сообраќај ги омасовил интерконтиненталните патувања.

ТЕМА ЗА ДИСКУСИЈА: Сообраќајот претставува основа на туристичките движењабидејки бес сообраќај нема туризам.

Page 58: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

54

ГЛАВНИ ПРАВЦИ НА ТУРИСТИЧКИТЕ ДВИЖЕЊА ВО СВЕТОТ И ТУРИСТИЧКО-ГЕОГРАФСКИ

РЕГИОНИ ВО СВЕТОТ

ГЛАВНИ ПРАВЦИ НА ТУРИСТИЧКИТЕ ДВИЖЕЊА ВО СВЕТОТ

Туризмот во светот како општествено-економски феномен од година во година добива сé поголемо значење. Меѓународниот туристички промет бележи раст во целиот повоен период. Меѓутоа, за последните дваесет години тој доживува експанзија. Денеска туристички движења се присутни во целиот свет. Се цени дека во 2004 година 763 милиони туристи учествувале во меѓународниот туристички промет. Оваа маса на туристи остварила 623 милијарди долари приход од туризмот.

На ваквата масовност и динамика на меѓународниот туризам влијаеле низа фактори. Покрај економските и културните фактори, атрактивноста на туристичките подрачја, на масовноста на туристичките движења влијаеле постојаниот пораст на населението во светот и неговиот стопански просперитет. Потоа, подобрување на комуникативните услови, либерализацијата на граничните формалности, ширење на информативно-пропагандната служба и сл.

Денес многу рестриктивни мерки кои порано ги ограничувале туристичките патувања се укинати. Така либерализирани се односите во размената на туристите меѓу голем број земји, а тоа овозможило значајно омасовување на туристичките движења.

Најголем дел од меѓународниот туристички промет се остварува во Европа. Во 2004 година во неа патувале од една во

Page 59: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

55

друга земја 416 милиони туристи што претставува 54.5% од вкупниот меѓународен туристички промет во светот. Втор континент, во кој е забележан најголем број туристи е Азија. Во 2004 година овде престојувале 190 милиони туристи и таа учествува со 25% во меѓународниот туристички промет. На трето место следува Америка каде во анализираната година престојувале 126 милиони туристи и во светскиот туристички промет учествувале со 16,5%. Африка, по меѓународниот туристички промет што се одвива во неа се наоѓа на последно место. Во 2004 година на овој континент престојувале 33,2 милиони туристи односно таа во меѓународниот туристички промет учествувала само со 4,0%.

Во мил. странски туристи (Вкупно Свет 763)

416; 55%126; 16%

190; 25%33; 4%

ЕВРОПААМЕРИКААЗИЈА И АВСТР.АФРИКА

Учество на одделните континенти во вкупниот туристички промет во светот во 2004 година

Во правците кај континенталните туристички движења, односно туристичките движења одделните континенти се јавуваат со одредени специфичности. Така на пример во Европа општа тенденција е туристичките движења да се насочат од север кон југ. Поточно во летниот период кон топлиот Медитеран, а во зимскиот кон Алпите. Всушност во Европа се издвојуваат три континентални туристички правци. Еден централен кој води спрема Италија и средниот Медитеран, втор западен кој води спрема Пиринејскиот Полуостров и трет кој води спрема Балканскиот Полуостров.

Во Северна Америка се издвојуваат четири туристички правци. Три се насочени кон југ кон топлиот американски брег и тоа еден крак кон Флорида, втор кон Мексиканското Приморје и трет кон

Page 60: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

56

Калифорнија. Четвртиот континентален правец на овој континент е насочен кон Големите Езера.

На Азискиот континент најпосетени подрачја се: Кина, Јапонија, Хонг-Конг, Сингапур, Индија и Источномедитеранското Приморје. Кон овие подрачја се насочени и главните туристички токови. За Африка пак најголемиот дел од туристичкиот промет се одвива во африканското Средоземје на север потоа во Кенија на исток и во Јужноафриканската Република на југ.

Меѓу интернационалните туристички правци најразвиен е туристичкиот ток меѓу Северна Америка и Европа, познат под името трансатлантски туристички правец. Овој тек е многу поразвиен од Америка кон Европа додека во обратен правец е со помал интензитет. Втор значаен интерконтинентален туристички правец се одвива меѓу Европа и Јужна и Југоисточна Азија со краен домет Австралија. Секоја година маса туристи од Европа патуваат во Индија, земјите на Индокина и Австралија, а во последните години доста туристи во Европа престојуваат и од земјите на Азија. Трет меѓуконтинентален туристички правец се одвива меѓу Европа и Африка и четвртиот е таканаречен пацифички, а се одвива меѓу Америка и Азија.

Во иднина се очекува туризмот во светот да го задржи досегашното темпо на пораст. Така ВТО ( Светската туристичка организација ), предвидува ако во 2004 година во светот пре-стојувале 763 милиони странски туристи , во 2010 година се очекува тие да достигнат една милијарда , а во 2020 година 1560 милиони туристи, што значи годишен раст од 4,1%.

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ �Кои фактори влијаеле врз омасовувањето на меѓународните

туристички движења? �Зошто во Европа се одвива најголем дел на меѓународниот

туристички промет? �Наброј ги главните туристички правци во Европа и Северна

Америка и анализирај ја нивната насоченост. �Кои се главните интерконтинентални туристички правци?

Page 61: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

57

ТУРИСТИЧКО-ГЕОГРАФСКИ РЕГИОНИ ВО СВЕТОТ

ТУРИСТИЧКИ РЕГИОНИ ВО ЕВРОПА

1. МЕДИТЕРАНСКИ ТУРИСТИЧКИ РЕГИОН Природни погодности за развој на туризмот

Медитеранскиот туристички регион го зафаќа Средоземното Море и неговите прибрежни делови. Средоземното Море лежи меѓу Европа, Азија и Африка. Преку Суецкиот Канал е поврзано со Црвеното Море, преку Босфорот и Дарданелите со Црното Море, а преку Гибралтарскиот Мореуз е споено со Атлантскиот Океан. Се протега во правец запад - исток во должина од 3860 км и има просечна ширина од 600 км. Зафаќа површина од 2505000 км2

додека просечната длабочина му изнесува околу 1500 метри. Со Месинскиот Мореуз и Сицилијанскиот Проток поделено е на два дела - западен и источен Медитеран. Следната поделба е според бреговата припадност. Според неа имаме: европско Средоземје, северниот брег на Средоземното Море, источно Средоземје или Левант и африканско Средоземје кое го опфаќа јужниот брег на Медитеранот.

Бреговите му се добро разгранети, особено егејскиот и јадранскиот брег. Должината на бреговата линија изнесува 26600 км, и е богата со пространи песокливи плажи кои даваат извонредни услови за развој на летниот стационарен туризам. Покрај Јадранското и Егејското како посебни мориња уште се издвојуваат: Тиренското, Лигуриското, Јонското и Мраморното Море, а од заливите Лионскиот, Џеновскиот, Трстјанскиот, Бокакоторскиот, Коринтскиот и Голем и Мал Сирт.

Најистакнати форми на бреговата разгранетост се големите полуострови: Пиринејскиот, Апенинскиот, Балканскиот и Мало-азискиот, а во самиот басен се наоѓаат голем број острови како Балеарските Острови, Корзика, Сардинија, Сицилија, Малта, Крит,

Page 62: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

58

Кипар, Егејскиот и Јадранскиот архипелаг и др. Сите тие се карактеризираат со атрактивни пејзажи и денеска претставуваат значајни туристички средишта.

Азурен Брег

Во медитеранскиот басен владее медитеранска клима која со сите свои карактеристики спаѓа меѓу најпогодните климатски типови за развој на туризмот. Таа се одликува со суви, влажни и мошне топли лета и благи зими, доста богати со врнежи. Во летната половина на годината продираат тропски воздушни маси од северноафриканската пустина кои предизвикуваат високи температури и ведро време. Во зимската половина на годината, пак, продираат морски воздушни маси од Атлантикот кои донесуваат топло време со доста врнежи.

Високата температура на воздухот со интензивната инсолација даваат оптимални услови за масовен туризам. Средната темпе-ратура на воздухот во јули е насекаде меѓу 24 и 28оЦ. Најмалку четири месеци во годината во ова подрачје температурата на воздухот е над 18оЦ, што е мошне погодно за туристички престој. За

Page 63: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

59

населението од Средна и Северна Европа, Средоземјето е особено привлечно со големата инсолација. Така, додека бројот на сон-чевите часови во северните делови на Британија изнесува 700, во Средна Европа меѓу 1500 и 2000 часови во Средоземјето тој број во текот на годината е над 2500 сончеви часови (Ница 2884, Хвар 2715).

И температурата на водата е мошне висока. Така на пример во август кај Малта таа изнесува 25оЦ, кај Марсеј 21оЦ, кај Дубровник 23оЦ и сл. Освен во летниот, и во зимскиот период климата е доста погодна за престој, така што голем број места во Средоземјето се развиле и во познати зимувалишта.

Монако

Постојат и други туристички предности на Средоземното Море над другите мориња. Тоа се солинитетот (40%), провидноста до 56

Page 64: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

60

метри, бојата на водата и сл. И медитеранската вегетација прет-ставува значаен примарен услов за развој на туризмот во средоземниот регион. Веќе на широко се познати здравствените и естетските својства на медитеранската вегетација. Маслинката, лозата, смоквата, портокалот и лимоните се посебен декор, додека боровите шуми даваат посебен туристички квалитет на овој простор.

Остатоци од колосеумот во Рим

Културно историското наследство во Средоземјето и по својата бројност и разновидност и по својата атрактивност претставува првостепена туристичка вредност. Средоземјето е област со многу стара култура и цивилизација. Овде долгата и континуирана населеност и богата историја оставиле низа споменици, единствени по атрактивноста кои привлекуваат туристи од целиот свет.

На бреговите на Нил каде се развила старата египетска цивилизација до денес се сочувани гробниците на египетските

Page 65: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

61

владетели - пирамидите, кои зборуваат за високата градителска култура на старите Египќани.

Островот Крит бил прв центар на европската цивилизација. Од него 3000 години пред нашата ера почнала да се шири културата и уметноста кон Европа. По критската, на Пелопонез се развива микенската цивилизација. Потоа следуваат елинската или грчката цивилизација, па римската, за да бидат зафатени во раниот среден век Шпанија и Португалија и од маварската култура. На преминот меѓу средниот и новиот век овде се јавува ренесансата и тоа најпрвин во Италија, а потоа се шири низ целото Средоземје и Европа. Со откривањето на Америка и новиот поморски пат за Индија, трговијата и воопшто стопанскиот развој на Средоземјето почнува да опаѓа. Стопанскиот и културниот живот од овде се пренесува во Северозападна Европа. Меѓутоа, Средоземјето наследило огромно културно богатство претставено преку споменици од сите уметнички стилови и сите историски епохи. Скоро сите средоземни земји денеска активно го користат ова богатство во туризмот кој го зафати целото подрачје од анда-лузиската ривиера па сé до Кавказ.

Благодарение на погодните природни услови, концентра-цијата на културни историски споменици, Медитеранот денеска се развил во една единствена туристичка целина. Овде се издвојуваат седум туристички регии и тоа: Пиринејскиот Полуостров, Азурниот брег, Апенинскиот Полуостров, Балканскиот Полуостров, Црно-морскиот туристички регион, Левантското Приморје и Афричкото средоземие.

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ

� Наброј ги туристичките одлики на медитеранското подрачје кои се карактеристични за развој на туризмот?

� Од кои цивилизации во ова подрачје останале забележителни споменици и какво е денес нивното користење во туризмот?

Page 66: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

62

РАЗВОЈ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА ТУРИЗМОТ ВО ШПАНИЈА

Шпанија е една од најразвиените туристички земји во Европа па и светот. Зафаќа површина од 505000 км2 и во неа живеат 40 милиони жители или по 78 жители на км2. По површина таа е трета земја во Европа, а по обемот на туристичкиот промет од 53,6 милиони туристи во 2004 година е втора веднаш по Франција. Природните особености и богатото културно историско наследство се основните предуслови за туристичкиот развој на оваа земја.

Во туристичкиот развој на Шпанија најзначајна улога одиграла нејзината медитеранска положба каде климата е суптропска, потоа атлантското влијание кое е присутно во северниот дел на земјата, додека нејзиниот средишен дел има специфични физичко-географски карактеристики и има континентални одлики. Шпанија располага со долги морски брегови на кои постојат песокливи плажи, мошне погодни за развој на летниот капалиштен туризам. Така само медитеранскиот брег е долг околу 760 км. Прочуениот шпански брег Коста дел Сол е долг преку 200 км, а веднаш покрај него се издига високата Сиера Невада со врвот Мулхасен висок 3481 метар. Таа наполно го заштитува овој долг брег од ладните северни ветрови поради што Малага, најголемиот град во оваа област е најтопол град во Европа (во Малага единствено во Европа вирее шеќерната трска). Овде температурите се високи и во зимскиот дел од годината, јануари има просечна температура од 15оЦ, поради што тој претставува и своевидно зимско одморалиште. Покрај Коста дел Сол, како самостојни туристички региони се формирале уште Коста де ла Луз, потоа Коста Бланка, Коста Дорадо, Коста Брава.

Во северниот дел на Шпанија како посебен регион се формирало Кантабриското Приморје. Потоа туризмот силно е развиен на Балеарските и Канарските Острови како и во поголемите градови кои се наоѓаат во внатрешноста на земјата. Тоа особено се однесува за Мадрид, Севилја, Кордоба, Гранада и др.

Шпанија располага со бројни планински масиви. Меѓу нив со развиен туризам особено се истакнуваат Пиринеите и Сиера Невада.

Page 67: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

63

Последната иако се издига веднаш покрај Средоземното Море ги има сите карактеристики на високопланински регион и развиен зимско-спортски туризам.

Освен природните погодности Шпанија располага со бројни и многу атрактивни културно-историски споменици. Меѓу нив посебно се значајни оние градени во времето на Римјаните, потоа на Маврите како и подоцна за време на ренесансата. Севилја со кралевскиот дворец Алказар, Кордоба со катедралата која има 900 столбови, Гранада со прочуената Алхамбра, Мадрид, Толедо и уште низа други значајни места претставуваат градови музеи. Голема атракција за туристите претставува и коридата - борба со бикови.

Панорама на Барцелона

Следниот значаен фактор за развој на туризмот во Шпанија е солидната материјална база. Шпанија располага со над 120000км современа патна мрежа и сите туристички места се поврзани со асфалтирани патишта. За потребите на туризмот изградила современи аеродроми и тоа во сите поголеми туристички региони. Така, меѓународни аеродроми постојат во Мадрид, Малага, Барцелона, Севилја, Валенсија, Сантандер, Билбао и други градови.

Page 68: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

64

На Балеарските Острови има дури 6 аеродроми, односно на секој остров по еден аеродром. Ваквата сообраќајна поврзаност овоз-можува посетеноста да се одвива непречено преку целата година.

Брзиот развој на туризмот во оваа земја е овозможен и преку постојаната изградба на сместувачки капацитети. Така додека во 1970 година таа располага со 2750000 легла, во 1985 година тој број се наголемува на преку 10 милиони легла. Од нив 1 милион се во основни капацитети, поточно хотелите располагаат со 622000 легла, а комплементарните капацитети со над 9 милиони легла.

Мадрид - туристичка раскрсница на Шпанија

Разновидното природно и@ културно-историско богатство, потоа развиената материјална база и добрата организациска поставеност на туризмот овозможиле брз развој на оваа дејност и влијаеле Шпанија да стане една од водечките туристички земји во светот. Почнувајќи од 1949 година па с@ до денеска, туризмот во оваа земја е во постојан пораст. Така додека во 1960 година се забележани 6 милиони странски туристи, во 2004 година нивниот

Page 69: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

65

број изнесува 53,6 милиони. Истата година од туризмот Шпанија реализирала 45,2 милиарди долари. Најголем број од туристите биле од Германија, Велика Британија и Франција.

Со развојот на туризмот во Шпанија раководи министерството за информации и туризам. Според еден закон на ова министерство од 1981 година Шпанија е поделена на девет туристички области. Тие претставуваат заокружени туристички целини и служат како основа за водење на туристичката политика. Тоа се следните области: 1. Коста Брава 2. Коста Бланка 3. Коста дел Сол 4. Кантабриското Приморје 5. Пиринеите 6. Балеарските Острови 7. Канарските Острови 8. Мадрид со околината и 9. Кастилскиот регион. До 1965 година првата област, односно Коста Брава со Коста Дорадо претставувале најразвиена туристичка област во Шпанија.

14.2

1.1

24.1

1.5

30.1

3.4

38

7

27.5

8.1

53.645.2

0

20

40

60

1965 1970 1975 1980 1985 2004

Туристи во мил. и девиз. прилив во млрд. САД $

СТРАНСКИ ТУРИСТИДЕВИЗЕН ПРИЛИВ

Движење на туристичкиот промет во Шпанија од 1965 до 12004 година

Во неа туризмот почнал да се развива веднаш по Првата светска војна со отворањето на познатите летувалишта. С'Агаро, Тосас, Калдетос и Ситкез. Денеска главно туристичкото средиште е Барцелона. По 1965 година туризмот почнал брзо да се развива и на Балеарските Острови. И денеска тие се најразвиени туристички области во Шпанија. На овие острови се подигнати скоро 30% од сместувачките капацитети во земјата и нормално на нив се одвива и најголемиот дел од туристикиот промет во Шпанија.

Page 70: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

66

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ

�Каква улога има медитеранската положба во развојот на туризмот во Шпанија?

�Најди ги на карта градовите кои се богати со културно-историски споменици.

�Во кои градови постојат меѓународни аеродроми и анализирај ја нивната разместеност?

�На колку туристички области е поделена Шпанија, кои се тие и во кои денеска туриизмот е најразвиен?

РАЗВОЈ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА ТУРИЗМОТ ВО ФРАНЦИЈА

Франција е западноевропска, атлантска, медитеранска и алпска земја. Зафаќа површина од 547 илјади км2 и во неа живеат околу 60 милиони жители или по 110 жители на км2.

Има развиен туризам и по обемот на туристичкиот промет е прва земја во Европа. Во 2004 година во неа престојувале 71 милион туристи што е за 17,4 милиони туристи повеќе отколку во Шпанија и 34 милиони туристи повеќе отколку во Италија.

Ваквата туристичка посетеност на Франција е резултат на богатството од природни и антропогени туристички ресурси како и развиеноста на материјалната база. Така од природните атрактивности погодни за развој на туризмот таа располага со над 3100 км долга брегова линија која има многу нагласени контрасти. Брегот на северната Фландриска низина е низок, песоклив и орабен со песочни дини. Брегот околу полуостровот Бретања се карактеризира со ријаси, 'ртови, а има и голем број острови. Брегот на Аквитанскиот басен е низок, мочуриштен, но има и доста дини. Сличен на него е медитеранскиот брег западно од вливот на Рона. Спротивен на него е брегот кој се протега на исток од устието на реката Рона. Тој е развиен со бројни мали полуострови и клифови. Долж брегот на Атланскиот океан, Ламанш и Северното Море се движат силни морски струи и тие брегови се изложени на западните

Page 71: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

67

ветрови и честа е појавата на бранови. Средоземното Море е потопло и помирно. Затоа и туризмот на медитеранскиот брег е поразвиен отколку на атлантскиот. На Азурниот брег се развиле бројни одморалишта како: Ница која се смета за престолнина на светскиот туризам, потоа Монако со Монте Карло, Кан и други, а на атланскиот брег најпознато е одморалиштето Бијаритц.

Планините во Франција се делат на стари масиви - Ардените, Вогезите и централниот масив и млади планини - Пиринеите, Алпите и Јура. Старите Планини се ниски со зарамнети врвови и на нив е развиен викенд туризмот. Младите планини се високи, на пример, Француските Алпи имаат 15 врвови повисоки од 4 илјади метри, на нив снегот долго се задржува и имаат погодни терени за скијање, поради што е многу развиен зимско-спортскиот туризам. Франција денеска има најголема површина во Европа уредена за алпско скијање. Таа изнесува 1200 км2 и во овие простори постојат 3270 жичари и ски-лифтови за превоз на скијачите. Само Ле Труа Вал има 85 км2 уредена површина, а Вал Дизер има 65 км2. Овде се развиле познатите зимско-спортски центри: Гренобл, Шамони, Межев, Куршевел и др. Зимско-спортскиот туризам е развиен и на Пиринеите. Познат зимско-спортски центар на нив е Ла Монжи.

Панорама на Шамони. Во околината на градот постојат 74 ски-патеки со вкупна должина од 170 км. На нив се изградени 50 жичари и ски-лифтови. Овде се наоѓа најдолгата светска патека за скијање со должина од 22 км. Таа почнува под Мон Блан, на височина од 3842 метри и се спушта до градот Шамони на надморска височина од 1035 м.

Page 72: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

68

Франција е мошне богата со термо-минерални извори. Во оваа земја денеска постојат 120 модерно уредени бањи во кои има изградено над 1000 хотели. Бањата Виши во централниот дел на Франција по својата уреденост има светска репутација, Екс ле Бен во Алпите е познат центар за лекување на ревматични заболувања, а бањата Вител со бројните базени е центар за олимписки тренинзи. Лишон на Пиринеите е познат по топлите сулфурни извори (ги има 68), и лекувалиште за дишните органи и астма. Покрај природните погодности за развој на туризмот Франција располага и со бројни културно-историски споменици. Нејзиниот главен град Париз се смета за светска метропола на културата. Во него се наоѓаат 30 специјализирани музеи, 7 богати библиотеки, 15 уметнички салони, црквата Нотр-Дам, Ајфеловата кула висока 320 метри, уметнички кварт Монмартр и др. Низ цела Франција постојат бројни манастири и стари замоци особено во долината на Лоара, а на Пиринеите е градот Лурд еден од најголемите центри за религиозен туризам во светот.

Франција има развиена сообраќајна мрежа која претставува солидна база за развој на туризмот и овозможува непречено движење на туристите. Најголем дел од туристичкиот промет се одвива преку автомобилскиот сообраќај за кој постои должина на патна мрежа од околу 900 илјади км. По должината на патната мрежа Франција е втора земја во светот веднаш по САД. Должината на железничката мрежа изнесува 32 илјади км и по уреденоста, конфорот и брзината таа е меѓу првите во Европа. И железничката мрежа како и патната е насочена спрема Париз. Франција се смета за колевка на авионскиот сообраќај. Нејзината воздушна компанија Ер Франс одржува врски со сите поголеми градови во Франција како и со сите делови од светот. Меѓу многубројните аеродроми во Франција најголем и најмодерен е парискиот аеродром Орли.

Вториот важен елемент од материјалната база за развој на туризмот, угостителството исто така е добро развиено. Француското угостителство модерно е опремено и спаѓа меѓу најсовремените во светот. Во 1965 година Франција располагала со 2100 илјади легла,

Page 73: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

69

во 1975 година тој број се наголемува на 2350, а денеска е над 2500 илјади легла од кои 30% се во хотели, а другите во комплементарни објекти. Само Париз има 60000 кревети во хотели. Веднаш по него по бројот на хотелите е Ница. Во неа уште во 1965 година постоеле 550 хотели со скоро 30000 илјади легла, и Шамони престолнината на алпинизмот, во таа година располага со 23000 туристички легла, додека тој број денеска е далеку поголем.

Париз - културен центар на Европа

Во Франција се развиени сите видови на современиот туризам. Меѓу нив сепак доминираат капалишниот туризам најразвиен на Азурниот брег, зимско-спортскиот туризам на Алпите и Пиринеите. Бањскиот туризам во бањите на централниот масив и конгресниот туризам во Париз. Во 1980 година се одржани 640 меѓународни и 2530 домашни конгреси на кои присуствувале 800 илјади лица, односно реализирале 2,5 милиони ноќевања.

Туристичкиот промет во оваа земја постојано се зголемува. Така во 1960 година во неа престојувале 5,6 милиони, во 1980 година тој број се наголемува на 30,1 милион за да достигне во 2004 година 71 милион туристи. Напоредно со тоа се зголемува и

Page 74: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

70

девизниот прилив на туризмот. Во 1980 година Франција од туризмот реализирала 7,2 милијарди, а во 2004 година 40.8 милијарди американски долари со што туризмот станал важен фактор за урамнотежување на нејзиниот платен биланс.

Азурен Брег - плажа во Ница

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ

�Со колкава должина на бреговата линија располага Франција и со што се карактеризира таа?

�Кои планини се погодни за развој на зимско-спортскиот туризам во Франција, колкава е површината уредена за таа намена и најди ги на карта познатите зимско-спортски центри.

�Наброј ги и најди ги на карта познатите бањи на Франција. �Како се зголемува туристичкиот промет во Франција, колку

изнесува во 2004 година и колку е реализиран девизен прилив?

Page 75: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

71

РАЗВОЈ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА ТУРИЗМОТ ВО ИТАЛИЈА

Италија е јужноевропска медитеранска земја. Наоѓајќи се на Апенинскиот полуостров таа длабоко навлегува во централното Средоземје на една страна, а на друга преку превоите на Алпите поврзана е со Европа. Има добра туристичко-географска положба. Зафаќа површина од 301000 км2 и во неа живеат 58 милиони жители. Туризмот во Италија има долга традиција. Првите туристи во неа почнале да доаѓаат уште во минатиот век и тоа најпрвин на Лигуриската ривиера поточно во Џенова. Во 2004 година во неа престојувале 37 милиони туристи и Италија остварила 35,7 милиарди американски долари девизен прилив од туризмот.

Италија располага со бројно, разновидно и атрактивно туристичко богатство како привлечна сила и солидна материјална база врз која се целата површина, скоро во сите делови на нејзината територија. Сепак најголем дел од тој промет се одвива на морските брегови, потоа во големите градски центри и во италијанските Алпи.

Италија ја заплискуваат пет мориња и таа располага со 7600 км морски брег. Најголема туристичка важност стекнале Лигуриската ривиера, Јадранската ривиера, Тиренската ривиера и Јужна Италија.

Лигуриската ривиера има лачна форма. Се протега околу Џеновскиот Залив на должина од 270 км. Се состои од два дела - западен познат под името Ривиера ди Поненте и источен дел или Ривиера ди Леванте. Двата дела од оваа пространа ривиера се спојуваат во Џенова како нивен центар.

Јадранската ривиера се карактеризира со низок и мочуриштен брег, но има и долги плажи. На пример плажата кај Римини е долга 25 км.

Брегот на Тиренското Море е каменит и стрмен, но и на него се развиле повеќе туристички места. Тие обично се формирале долж брегот на Тоскана, со центар во Ливорно, Лација со центар во Рим и Кампања со центар во Неапол. Во Јужна Италија како посебни

Page 76: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

72

туристички простори се развиле Апулија, Калабрија и Сицилија. Овие региони поседуваат услови како за летен така и за зимски престоен туризам.

Втората атрактивна зона на италијанскиот туризам ја сочинуваат планините, пред с@ Алпите и одделни делови на Апенините, посебно Абруците. Италијанските Алпи познати под името Доламити се протегаат лачно долж северната граница на државата. Висината им поминува 4000 м и ја штитат земјата од ладни северни ветрови. Нивните највисоки делови се под вечен снег и лед, а и пониските делови во зимскиот период изобилуваат со снег. Погодните релјефни форми и дебелата снежна покривка овозможиле многу рано овде да се развие зимско-спортскиот туризам. Главен центар за зимскиот туризам е Кортина д'Ампецо. Во нејзината околина има скијачки патеки со должина над 100 км, голем број жичари и џиновска скокалница. Во 1956 година овде се одржани зимските олимписки игри. Источно од Кортина се развил туристичкиот центар Мисурена, а западно Каназен. Многу значајнозимско-спортско средиште е и Торино со центар во Сетриере. Во 2005 година во него се оджаа Зимските олимписки игри.

Подрачје Ски центри Ски лифтови Жичари

должина на ски патеки

Број на ски школи

Торино 15 100 29 620 12Кунео 15 108 12 440 12Аоста 16 90 40 650 15Сондрио 10 90 25 420 10Тренто 40 220 110 700 35Болцано 50 300 107 1450 40Белуно 20 110 30 760 18Други подрачја 90 400 80 1350 70

Зимско-спортски центри во италијанските Алпи

Голем привлечен амбиент имаат италијанските езера и тоа посебно оние кои се наоѓаат во подножјето на Алпите. Настанале на

Page 77: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

73

допирот на Алпите и Ломбардија. Тие имаат мала надморска височина и до нив допира и влијанието на медитеранската клима, што им овозможило да станат и познати капалишта. Такви се Комо, Маџоре, Гарда и др.

Италија е мошне богата и со термоминерални извори. Меѓу нив најпознати се бањите Салео Маџоре западно од Болоња која спаѓа меѓу најпознатите во Европа, Абано Терме западно од Падова и бањите Бањи ди Тиволи и Бикорело во околината на Рим. За туристите мошне се привлечни и вулканите Етна, Везув, Стромболи и Вулкано. Мошне се атрактивни и излетите до Везув кој во 79 година од нашата ера со ерупција ги затрупал римските градови Помпеја, Херкуланум и Стабију.

Голем дел од туристичкиот промет во Италија, се одвива во туристичките места богати со културно-историски споменици, на пример за Рим се наведува дека ниту еден град во светот не е така богат со антички споменици како него. Секој негов дел се смета за посебен лист од светската историја. Во градот има 150 плоштади и голем број музеи. Најстарите споменици се сконцентрирани околу колосеумот, а во Рим е и малата држава Ватикан со грандиозната црква Свети Петар. Не помалку привлечна за туристите е и Венеција. Таа има единствена географска положба бидејќи лежи на околу 300 острови, кои меѓу себе се споени со неколку стотини мостови. Со копното ја поврзува насип долг 3,6 км преку кој води железничка пруга и автопат. За сместување на туристите постојат околу 180 хотели и за посета над 20 музеи и галерии. Богати со културно-историски споменици се и Милано, Џенова и Неапол.

Меѓутоа туризмот во Италија не е резултат само на погодните природни услови и богатството од културно-историски споменици туку тој е условен и од постоењето на бројни други фактори меѓу кои особено развиениот сообраќај и постоењето на широка мрежа од сместувачки капацитети.

Меѓу одделните видови сообраќај за развој на туризмот најголемо значење има автомобилскиот сообраќај. Во реализација на туристичките движења тој учествува со 70%. Италија располага со вкупна должина на патна мрежа од над 480 илјади км од кои скоро

Page 78: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

74

6000 се модерни автостради. Меѓу нив најпознати се: автострада Дел Соле (автострада на Сонцето) која поаѓа од Милано и преку Рим и Неапол води до Катанија на Сицилија. Долга е 1 392 км. Втората е автострада Дел Фиори (автострада на цвеќето) која ја поврзува Азурната обала во Франција со Лигуриската ривиера во и на италијанската страна е долга 113 км. Потоа следува Транс-апенинската автострада која ги поврзува Рим со Јадранско-италијанското подрачје и автострадата по долината на реката Аосте.

Кортина д'Ампецо - најголем зимско-спортски центар во Италија

Таа ја поврзува Женева преку Монблан со италијанските туристички центри. Железничкиот сообраќај по своето значење е исто така важен за развој на туризмот. Италија располага со вкупна

Page 79: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

75

должина на железничка мрежа околу 20000 км. За туристичкиот промет важни се интеревропските возови како “Алпе”, “Холанд-Италиен”, “Рома”, “Лигура”, “Адрија” и др. Големо значење има и воздушниот сообраќај. Римските аеродроми “Чаипино” и “Фиу-мичино” се познати ширум светот, а вакви аеродроми има и во Милано.

Црквата Свети Петар во Рим

За престој на туристите Италија располага со доста развиена база на сместувачки капацитети. Денеска Италија располага со повеќе од 5 милиони легла, од кои 33% се во основни капацитети, а другите 67% во комплементарни капацитети. Основна карактеристика на сместувачката база е што во неа преовладуваат мали хотели и пансиони. Така просечната големина на основните сместувачки капацитети изнесува 42 кревети, што овозможува нивно флексибилно приспособување според барањето на туристите.

Page 80: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

76

Туризмот во Италија почнал да се развива многу рано. Лигуриската ривиера уште во минатиот век била познато туристичко средиште. Меѓутоа, модерниот туризам во оваа земја започнал да се развива особено во периодот меѓу двете светски војни. Експанзија, пак, во развојот на туризмот Италија доживува во годините по Втората светска војна. Од 1948 година па до 1960 година масовниот туристички промет е помаган преку разните организациски мерки. Во следните години тој континуирано се зголемува. Најголем промет меѓу странските туристи остваруваат туристите од Германија, на второ место се туристите од САД, на трето туристите од Австрија и сл.

Напоредно со зголемувањето на туристичкиот промет е зголемуван девизниот прилив од туризмот. Така додека во 1965 година Италија од туризмот реализирала 1280 милиони долари, во 2004 година тој прилив се наголемува на 35,7 милијарди долари. Со тоа туризмот станал значаен фактор. Но целокупното италијанско стопанство е истовремено важен фактор во урамнотежувањето на платниот биланс.

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ

� Колкава е должината на морскиот брег во Италија и кои туристички ривиери се наоѓаат во неа? � Во кој дел од Италија е развиен зимско-спортскиот туризам и пронајди ги на карта познатите зимско-спортски центри. � Кои градови во Италија се јавуваат со значаен туристички промет? � Наведи го бројот на туристите во 2004 година и висината на девизниот прилив од туризмот.

Page 81: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

77

РАЗВОЈ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА ТУРИЗМОТ ВО ГРЦИЈА

Грција е медитеранска туристичка земја во која туризмот извонредно брзо се развива. Наоѓајќи се во југоисточна Европа во близината на Мала Азија и Африка и важните мореузи и канали - Босфор и Суец, Грција има извонредно поволна географска, а со тоа и туристичка положба. Навлезена длабоко во Медитеранот, таа отсекогаш имала карактер на мост преку кој минувале разни култури и цивилизации кои оставиле свои траги ширум земјата.

По површина Грција е мала земја. Се простира на 133 илјади км2, а на таа територија живеат околу 10 милиони жители. Најголем дел од населението е сконцентриран во Атина, над 4 милиони жители и тоа е најголем град не само во Грција туку и на Балканот, а потоа во Солун околу 700 000 жители. Патрас и др.

Развојот на туризмот во Грција се базира врз погодната клима, топлото море и богатото културно-историско наследство. Грција во најголем дел има суптропска клима, која е многу значајна од аспект на туризмот. Пиндските планини, кои се протегаат од север спрема југ, во климатски поглед ја делат земјата на два дела. Просторот западно од Пинд е повлажен и потопол, а источно од оваа планина зимите се поостри и врнежите помали. Во Грција средната јануарска температура се движи меѓу 4 и 12оС, а јулската од 25 до 27оС. Тоа покажува дека зимите не се многу ладни, а летата не многу топли. Тоа овозможува престојот во неа да биде пријатен и во зимскиот и во летниот период од годината. Преку целата година има доста сонце и нема силни ветрови.

Втора карактеристика на нејзината природа е извонредно големата брегова разгранетост. Должината на брегот изнесува 15000 км, затоа Грција и Норвешка спаѓаат во редот на земји со најразгранети брегови во светот. Околу копнениот дел на Грција се наоѓаат 2000 острови кои претставуваат една петина од површината на државата. Островите се групирани во архипелази. Во Егејското Море се Кикладите и Спорадите, а во Јонското Море се Јонските

Page 82: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

78

Острови. Најголемо стопанско туристичко значење имаат островите: Родос, Крит и Крф.

Театарот во Епидаурус

Грција е земја со богато историско минато. Преку неа се ширела старата египетска, асирско-вавилонска, феничанска, критска и персиска култура, а на нејзино тло се јавила и достигнала највисок развој старата елинска, а подоцна и византиска цивилизација.

Атина со Акропол

Page 83: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

79

На Пелопонез во долината на реката Алфеа се наоѓа старата Олимпија која била културно, спортско и национално средиште на старите Елини. Во неа во 776 годна пред нашата ера се одржале првите олимписки игри и подоцна продолжиле да се одржуваат секоја четврта година. Овие игри се обновени во 1896 година во Атина. Културно-историски споменици има низ сите делови на Грција. Голем дел од нив се археолошки наоѓалишта како Делфи со Аполоновите храмови, археолошкиот локалитет Микена на Пелопонез, на Крит, на Родос, Лезбос, Делос и уште на низа други места ширум Грција. Сепак најпосетено место од страна на туристите е Атина. Тоа е градот на Перикле, Платон, Софокле и уште на цела плејада на грчки филозофи кои уште во стариот век ја ширеле духовната култура низ Европа. Атина била културно средиште и собиралиште на најобразованиот свет од тоа време. Едно од највредните и најпознати нејзини туристички вредности е секако Акрополисот. Тоа е мало ритче кое е високо само 60 метри и од морето е оддалечено 8 км. Неговите монументални храмови Еретеон и Партенон претставуваат единствени архитектонски дела во светот кои датираат од 2500 година п.н.е. И други споменици како Дионисовиот театар, Олимпискиот стадион и др. ја прават Атина посебно значајна во светот на туризмот. Прочуената Плака ги привлекува не само бројните туристи туку и самите атињани. Во неа ноќе сите заедно уживаат во познатата грчка музика и песна.

На северниот дел од Грција во Егејска Македонија на полуостровот Атос е познатата Света Гора. Овде на површина од 339 км2 се наоѓа комплекс од 22 манастири. Меѓу нив најзначаен е Хиландар кој е најстара оставнина на Стеван Немања. Света Гора покрај големото верско значење, претставува и туристичка атракција од првостепена важност.

Покрај поволните природни карактеристики и значајно културно-историско наследство Грција има и погодна сообраќајно-туристичка положба. Поморскиот и воздушниот сообраќај имаат доминантна улога во туризмот на оваа земја. Грција е земја со традиционално развиен поморски сообраќај. Тој има нагласено

Page 84: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

80

значење и во туристичкиот промет. Денеска оваа земја располага со трговска флота од околу 40 милиони БРТ. За потребите на туризмот покрај традиционалните прекуокеански и други пловидбени линии изградена е густа мрежа на јахтинг пристаништа. Скоро на секој остров постои по најмалку еден ваков објект. Во пристаништето Пиреј водат 45 патнички и 15 патничко-товарни линии. Островот Крф го тангираат 14 поморски патнички линии. Сепак најголем број од странските туристи во Грција доаѓаат со авион. Во 1985 година на пример 74% од вкупниот број туристи во оваа земја дошле со авион. Поморскиот сообраќај го користеле 11%, автомобилскиот 12,5%, а железница само 2,5% од странските туристи. Аеродромите во Атина, Солун и Родос се главни преку кои пристигнуваат туристите, а најголем дел од тој промет се врши преку чартер-туризмот. Патната мрежа ја сочинуваат 37,5 илјади км патишта, додека железничката мрежа е далеку помала - 2461 км. Во патничкиот сообраќај најважни се сообраќајниците Солун - Атина и сообраќајницата Неа Виа Егнација која води преку северниот дел на државата.

Грција с@ повеќе се вклучува во меѓународниот туризам. Таа денеска не е само земја на антички старини, туку изобилува и со модерни сместувачки капацитети и уредени терени за рекреација. Во 1985 година располагала со 512 илјади легла од кои 334 илјади биле во основните сместувачки капацитети, а 178 илјади во комплементарни објекти. Кај основните сместувачки капацитети најголемо е учеството на хотелите 92,5% додека кај компле-ментарните капацитети преовладуваат приватните соби и апарт-мани со 60%.

Грција во туристички поглед е традиционално рецептивна земја. Туризмот во неа главно почнува да се развива по 1960 година. Во 1965 година оваа земја ја посетиле 487 илјади странски туристи. Десет години подоцна, 1975 година тој број изнесува 2642 илјади, а 202 година се зголемува на 15 милиони странски туристи. Тоа јасно покажува дека туризмот во Грција се развил со нагласено динамичко темпо.

Page 85: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

81

Во структурата на туристичкиот промет најголемо е учеството на туристите од Велика Британија - 20,2%, потоа следуваат туристите од Германија - 16,0%, на трето место се туристите од САД - 7,1% и сл.

0,5

2,6

4,86,5

15

10,7

1

621

193

108 1,

733

1,42

5

0

2

4

6

8

10

12

14

16

1965 1970 1975 1980 1985 2002

pose

ti v

o (

000.

000)

Stranski posetiteli Devizen priliv milioni SAD $

Во 2002 година Грција од странскиот туризам остварила 10,7 милиарди долари. Со ваквиот приход од туризмот Грција покрива голем дел од дефицитот на трговскиот биланс. Најголем дел од туристичкиот промет во оваа земја се остварува во атинското туристичко подрачје. Во него се наоѓаат и најголем број од хотелските легла во Грција, околу 6000. На второ место е островот Родос, . Покрај овие две подрачја во Грција, се издвојуваат уште четири туристички регии: пелопонеска, критска, крфска и солунско-халкидичка туристичка регија.

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ

� Зошто за Грција велиме дека има поволна туристичко-географска положба?

Туристичкиот промет и девизен прилив од туризмот во Грција

Page 86: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

82

� Колкав е бројот на островите околу Грција и со колкава должина на бреговата линија располага оваа земја?

� Најди ја на карта старата Олимпија и одговори какво значење имаат културно-историските споменици за развој на туризмот во Грција?

� Кој вид на сообраќај најмногу го користат странските туристи при посетата на Грција и зошто?

� Прикажи го графички туристичкиот промет во Грција за 1965, 1975 . 1985 и 2002 година и одговори каков заклучок можеме да извлечеме?

� Најди ги на карта туристичките региони во Грција, одговори кој е најпосетен и зошто?

ИСТРАЖУВАЈ: � Посети неколку туристички агенции и преку разговор откри

каде туристите од Македонија најмногу престојуваат во Грција

РАЗВОЈ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА ТУРИЗМОТ ВО БУГАРИЈА

Бугарија се наоѓа во источниот дел на Балканскиот Полуостров. Зафаќа површина од 111 000 км2 и во неа живеат околу 8 милиони жители. Според положбата таа е балканска, подунавска и црноморска држава. Преку нејзината територија води важен меѓународен пат кој ја поврзува Западна и Средна Европа со Истанбул и Југозападна Азија. Дунав исто така ја поврзува со низа средноевропски држави, а преку Црно Море е поврзана со сите приморски земји во светот.

Бугарските пејзажи се мошне разновидни. Високите планини испресечени се со сликовити клисури и длабоки долини. Во средината на државата се протега извонредно атрактивна Долина на Ружите, а на исток е Црното Море чиј брег го красат бројни песочни плажи.

Туризмот во Бугарија не е развиен како во соседна Грција. За тоа не постојат ни такви природни погодности. Меѓутоа и во неа

Page 87: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

83

постојат бројни и разновидни туристички атрактивности врз база на кои Бугарија настојува интензивно да го развие туризмот.

Најголем и најзначаен туристички потенцијал во оваа земја претставува нејзиниот Црноморски брег. Тој е долг 384 км. Од таа должина 34% заземаат плажите. Нивната вкупна површина изнесува 9 км2. Ваквата површина на плажи заедно со погодните температурни прилики (во четири месеци во годината: јуни, јули, август и септември, и температурата на водата, и температурата на воздухот се повисоки од 18оС) овозможуваат масовен развој на летниот стационарен туризам. Одејќи од север кон југ овде се развиле големите бугарски туристички центри како: Албена со околу 40 хотели, Златни Песоци со околу 70 хотели, Дружба со 10 хотели, Варна - трет град по големина во државата и најголем туристички центар, Сончев Брег со плажа долга 7 км и сместувачки капацитети распоредени во 100 хотели, Несебар познат како бугарски “Св. Стефан” бидејќи по положбата многу личи на “Св. Стефан” во Црна Гора, Бургас - втор по големина на бугарското црноморје, Поморје, Созопол и др.

Меѓу планините во Бугарија се истакнуваат пет планински масиви и тоа: Стара Планина, Рила, Пирин, Родопите и Витоша. Стара Планина или Балкан е најдолгата бугарска планина 550 км и ја дели Бугарија на два дела: северен и јужен. Рила, пак е највисока планина на Балканскиот Полуостров. Врвот Мусола 2925 м.н.в. доминира над другите 90 врвови кои се повисоки од 2000 метри надморска височина. Пирин е највисоката планина во Пиринска Македонија, има 45 врвови повисоки од 2600 метри. Родопските Планини се богати со термоминерални извори, а Витоша е оддалечена само 8 км од центарот на Софија и претставува нејзино главно излетиште. На овие планини се развиле неколку зимско-спортски центри. Така на Родопите се развил зимско-спортскиот центар Пампорово кој се наоѓа на 1600 м надморска височина и од Пловдив е оддалечен 84 км. На планината Рила е зимскиот центар Боровец. Се наоѓа на 1230 метри надморска височина, а од Софија е

Page 88: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

84

оддалечен 70 км. На планината Пирин е зимскиот центар Банско и др.

Несебар - атрактивно туристичко место на бугарското Црно Море

Во планинските простори на Бугарија се наоѓаат и бројни природни знаменитости кои претставуваат извонредна туристичка атракција и како такви од година во година привлекуваат с@ повеќе туристи. Такви се на пример, белоградските карпи кои личат на разни животински и човечки фигури, мелничките пирамиди во близината на Мелник, каменитите столбови западно од Варна, каменитите мостови кај Пампорово и др. Бугарија е мошне богата и со пештери. Некои се извонредно атрактивни и доста посетени како на пример: Магура, Леденика, Снежанка, Сива Дупка, Бачо Киро и др.

Следниот туристички потенцијал на Бугарија го сочинуваат нејзините термоминерални извори. Вкупно во државата ги има околу 530 и се користат уште од најстари времиња. Меќу нив најпозната е бањата Хисар која се наоѓа во јужното подножје на Средна Гора. Има 16 термоминерални извори со температура на

Page 89: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

85

водата од 47оС. Велинград е Бања во Родопите со околу 70 извори чија температура на водата се движи од 37 до 90оС. Во околината на Ќустендил се наоѓаат 40 термоминерални извори со температура до 75оС. Голем бањски центар претставува и градот Сандански во Пиринска Македонија. Овде температурата на термоминералната вода е до 62оС и се користи главно за лекување на ревматични и кардиоваскуларни болести. Не помало значење за развој на туризмот во Бугарија имаат и културно-историското, архи-тектонското и етнографското наследство. Во 163-те музеи кои се основани низ сите делови на државата се чуваат над 10 милиони експонати кои се свидетели за богатото културно наследство на оваа земја. Кај туристите особен интерес предизвикуваат уни-катните праисториски цртежи од првобитниот човек во пештерата Магура. Потоа бројните тврдини како онаа на Казанли или Велико Трново и др. Меѓу манастирите особено се истакнува Рилскиот манастир, Бојанската црква, црквата Св. Софија и црквата Александар Невски во Софија, Бачковскиот манастир во околината на Пловдив, од градовите музеи, Велико Трново, и од парковите националниот парк “Шипка” со величествениот споменик на слободата.

Рилски манастир

Page 90: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

86

Бугарија располага со развиена сообраќајна мрежа. Вкупната должина на автомобилските патишта изнесува 31000 км. Меѓу нив, пет се од меѓународно значење. Таков е патот Е-5 (Париз-Виена-Белград-Софија-Истанбул), потоа Е-20 (Москва-Букурешт-Русе-Софија-Благоевград-Солун), Е-27 (Трст-Дубровник-Подгорица-Скопје-Софија-Велико Трново-Варна) и др. Покрај тоа Бугарија располага и со железничка мрежа во должина од 4000 км, како и со авионски сообраќај чија главна раскрсница е Софија.

Туристичките места во Бугарија се екипирани и со адекватни сместувачки капацитети. Вкупниот број на легла е во постојан пораст и денеска изнесува 600 000. Од нив 20% се во хотели, 21% во работнички одморалишта, 31% во приватни домаќинства и другите во кампови, ученички домови и сл. Најголем број од сместувачките капацитети околу 65% е сконцентриран на Црноморското крајбрежје. Развојот на туризмот во Бугарија се одвивал паралелно со изградбата на материјалната база. Така до 1960 година обемот на туристичкиот промет бил незначителен. Во таа година на пример Бугарија ја посетиле само 200000 странски туристи. Во наредните години, државата посветува с@ поголемо внимание врз развојот на туризмот. Меѓу другото формиран е Државен комитет за туризам како политички извршен орган, а во организационен поглед голема функција одиграла државната туристичка организација “Бал-кантурист”. Бугарија отворила свои претставништва за туризам во дваесет и три земји во светот. Сето тоа придонело туризмот во оваа земја значително да се развие.

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ

� Кој е најзначителен туристички потенцијал во Бугарија? Колкава е должината на бреговата линија и површината на плажите?

� Кои се познати туристички места на бугарското Црноморје? � Наброј ги познатите бањски места во Бугарија и најди ги на

карта.

ДА ЗАПОМНИМЕ:

Page 91: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

87

Во Медитеранскиот туристички регион се развиле 7 тури-стички регии:

1. Пиринејски Полуостров со најразвиен туризам во Шпанија ( 53 милиони туристи и 45 милијарди долари приход од туризмот).

2. Азурен Брег ( Франција со 71 милион туристи и 40 милијарди долари приход ),

3. Апенински Полуостров ( Италија со 37 милиони туристи и 35,7 милијади долари приход),

4. Балкански Полуостров ( Грција со 15 милиони туристи и 10,7 милијарди долари приход).

5.. Црноморска регија ( Бугарија со 5 милиони странски туристи во 2004 година).

6. Левантско Приморје ( Либан, Израел и др.), 7. Афричко Средоземије (Египет, Тунис и др.)

ТЕМА ЗА ДИСКУСИЈА:

Изградба на аеродроми и улогата на авионскиот сообракај во развојот на туризмот во земјите од Медитеранскиот регион.

2. АЛПСКИ ТУРИСТИЧКИ РЕГИОН

Алпите по Медитеранот се најразвиен туристички регион во Европа. Претставуваат пространа високопланинска област која се простира од брегот на Средоземното Море на запад па до Панонската Низина на исток. Алпите се долги околу 1200 км, а широки меѓу 135 и 260 км. Се шират низ шест држави и тоа: Франција, Швајцарија, Австрија, Италија, Словенија и Германија. Сите тие се познати уште и како алпски земји.

Во релјефен поглед, Алпите се сложен високопланински регион. На една страна се јавуваат пространи масиви, а на друга долги вериги. Испресечени се со длабоки долини, а меѓу себе се

Page 92: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

88

поврзани со високи превои. Такви превои се: Симплон 2009 м, Светиготхард 2112 м, Мал и Голем Св. Бернард, Бренер 1370 м и др. Една голема долина која води меѓу Боденското Езеро и езерото Комо ги дели Алпите на два дела: Западни и Источни Алпи.

Алпски планински венец во Европа - Италјански Алпи

Западните Алпи се изразито високи планини, со широки и доста благи падини на француската страна, и со стрмни падини и остри врвови на италијанската страна. Во западните Алпи се наоѓа највисокиот врв не само во овие планини туку и во Европа, Мон Блан 4786 м, а 15 врвови само во Француските Алпи се повисоки од 4000 метри. Источните Алпи се пониски но пошироки од западните. Во нивниот средишен дел се јавуваат бројни гребени со алпски релјеф и тука е највисокиот врв Грос Глокнер 3798 м. Северно и јужно од овие гребени се протегаат пред-Алпите кои се со средна висина и се карактеризираат со развиен карстен релјеф.

Алпите спаѓаат во групата на млади набрани планини. На нивната релјефна структура покрај набирањето голема улога одиграла и глацијацијата. Воопшто Алпите се одликуваат со високи и остри врвови, стрмни планински страни и длабоко всечени

Page 93: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

89

леднички и речни долини. Целиот овој планински регион претставува извонредно атрактивна област со единствени природни услови за туристички развој. Нагласената морфолошка и пејзажна разновидност, највисоки планински врвови во Европа, голем број глацијални езера и уште низа други атрактивни појави придонеле ова подрачје да стане најзначајна планинско-туристичка област не само во Европа туку и во светот. Алпите бидејќи лежат во близина на Атланскиот Океан и Средоземното Море и имаат голема надморска височина се карактеризираат со специфична така-наречена алпска клима. Пред с@ на нив паѓаат доста врнежи. Во зимскиот дел од годината тие се во вид на снег кој образува долготраен снежен покривач, многу важен за развој на зимско-спортскиот туризам. На поголемите надморски височини снежниот покривач подолго трае. Над 2500 м, во западните и над 3200 м во источните Алпи се одржува вечен снег. На Алпите има 1200 ледници. Тие зафаќаат вкупна површина од 4140 км2. Меѓу нив најголем е ледникот Алеч кој е долг 26,8 км и зафаќа вкупна површина од 160 км2. Една од климатските особености на овој висок регион е појавата на долински и фенски ветрови.

На Алпите се јавува вертикална климатска зоналност. Имено приморските Алпи имаат суптропско-средоземна клима, повисоките алпски делови имаат умерено-континентална клима и во високите планински подрачја владее алпска клима. Сите овие видови имаат свое значење за развој на туризмот.

Алпите претставуваат, главно, хидрографско средиште на Европа. Во нив се наоѓаат изворишните делови на Рајна, Рона, По, Адиџе и десните притоки на Дунав. Реките овде течат низ живописни клисурски и кањонски долини и преку цела година се полноводни. Густата речна мрежа ја надополнуваат многубројните алпски езера формирани во циркови или терминални басени. Такви се Леканското, Боденското, Фирвалдшетското, Циришкото, Лаго Маџоре, Комо, Гарда и др.

Page 94: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

90

Панорама на Давос во лето

И растителниот свет во Алпите зонално е распореден во пет катови. Првиот кат се јавува до 800 м надморска височина и се одликува со средоземно климатско влијание. Се јавува во приморските Алпи и на јужните падини на италијанските Алпи. Постојано е населен и се карактеризира со ретки дабови шуми, лозја, житни култури и овоштарници. Вториот кат е до 1800 м.н.в., има умерена клима во листопадни и четинарски шуми. Третиот е суватски појас и тој се простира до 2300 м.н.в., а се карактеризира со ладна планинска клима, долг снежен покривач, од растителниот свет овде се јавуваат високопланиниски пасишта. Четвртиот е алпски појас кој допира до границата на вечниот снег. Има сурова клима со ретка планинска вегетација. И последниот, петтиот е појасот на вечен снег и лед. С@ до појавата на зимско-спортскиот туризам и алпинизмот, во него ретко завлегувал човекот.

Page 95: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

91

Гармиш Партенкирхен - најпознат зимско-спортски центар во Германија

Туризмот во Алпите започнал да се развива уште во минатиот век. Први кон Алпите се насочуваат алпинистите. Французинот Жак Балмат од Шамони, уште 1786 година, прв во историјата го освојува Мон Блан. Во 1857 година е основан и првиот алпинистички клуб. Напоредно со алпинизмот почнува да се развива и здравствениот туризам. Алпските климатски места се јавуваат како многу погодни за лекување особено на туберкулозата. Санаториуми за лекување на оваа, во минатото многу раширена болест, се подигаат насекаде низ Алпите. Во тој поглед многу се прочуле местата Бријансон во Франција, Арос и Давос во Швајцарија, Бадгаштајн во Австрија и др. Со каква масовност се ширел овој вид туризам покажува примерот со Давос. Во него за кратко време биле изградени 40 санаториуми.

Page 96: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

92

Во втората половина на 19 век во Алпите се јавува и скијањето. Тоа брзо се развива и до денеска останува главен фактор во развојот на туризмот во Алпите. Првото скијачко друштво во Австрија е основано во Виена во 1892 година. Само четири години подоцна во 1896 година, такво друштво е основано и во Франција во Гренобл. Подоцна со изградбата на патната мрежа и со развојот на автомобилизмот туризмот навлегува во с@ повисоките делови на Алпите. Во тој правец посебен придонес дале жичарите и ски-лифтовите.

Денеска во Алпите постојат околу 280 туристички места од кој најголем број се зимско-спортски центри. За скијање има уредено скоро 3000 км2 површина, а на овие терени постојат 11000 жичари и ски-лифтови за превоз на скијачите. Сент Мориц, Давос, Арос, Вал д'Изер, Куршевал, Гармишпартенкирхен, Кортина д'Ампецо, Инсбрук, Кицбихел и уште многу други претставуваат светски туристички центри.

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ

�Како се поделени Алпите и кои се нивните карактеристики? �Кои се поважни алпски езера, каде се формирани и со какви

пејзажи се карактеризираат? �Каква улога во развојот на туризмот во Алпите одиграле

алпинизмот, лекувањето на туберкулозата и скијањето?

РАЗВОЈ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА ТУРИЗМОТ ВО АВСТРИЈА

Австрија е мала алпска земја. Зафаќа површина од 84 илјади км2 и е населена со 8 милиони жители. Се наоѓа во просторот на источните Алпи и во Виенскиот басен. Источните Алпи овде се протегаат од запад спрема исток и зафаќаат три четвртини од земјата. Поделени се на Централни Алпи кои се наоѓаат од северната и јужната страна на Централните Алпи и се претставени со: Зимерските, Есталските, Кицбихелските, Таврите и Корушките

Page 97: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

93

Алпи. Меѓу себе се поврзани со Албершкиот, Бренерскиот, Тауернскиот Семеринг и други превои. Пред-Алпите се поделени на севернотиролски, салцбуршки и австриски пред-Алпи на север и Крањски и Јулиски Алпи на југ.

На ободот на Алпите се наоѓаат повеќе котлини и низини меѓу кои најголемо значење имаат Корушката и Штаерската Котлина потоа Виенскиот басен и Подунавјето.

За австрискиот алпски простор карактеристични се две природно-географски особености: преовладување на кристалните шкрилци во геолошкиот состав и надморската височина под 4000 метри. И двете карактеристики имаат свое значење за туризмот. Варовитите Алпи на пример се мошне стрмни со голи страни, избраздени со точила поради што се непогодни за скијање; дотогаш Средишните Алпи кои се изградени од шкрилци имаат заоблени врвови, благи страни без сипари и претставуваат идеални терени за скијање и за сите зимско-спортски активности. Затоа, скоро сите големи зимско-спортски центри се развиле на кристалните терени во средишните Алпи. Денеска Австрија има околу 800 км2 уредена и опремена површина за алпско скијање.

Австриските Алпи се карактеризираат со нагласена континенталност во климата. Врнежите се движат меѓу 1500 и 2000 л/м2 во текот на годината, температурата е доста снижена, што овозможува долго задржување на снежниот покривач и појава на пространи ледници. На пример во Тиролските планини на 1800 м надморска висина снегот се задржува скоро седум месеци, а на поголемите висини од 2700 м тој останува преку цела година. Тоа значи дека скијањето овде може да трае и по седум месеци во текот на годината.

Појавата пак на ледниците како Пастерце на Тауерн и Ецтал во западен Тирол, претставуваат природна атрактивност која привлекува голем број посетители во летниот период од годината.

Page 98: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

94

Панорама од Тирол, Австрија

Меѓу хидрографските објекти во Австрија мошне значајни за развој на туризмот се бројните австриски езера и бањите. Овде познати глацијални езера со мошне живописни пејзажи се: Халштатското, Траунското, Зелското, Врпското, Милштатското и др. Меѓу бањите прочуени се Бадгаштаин и Халгаштаин од северната страна на високите Тури и Баден југозападно од Виена.

Австрија, покрај со природните убавини значаен туристички промет остварува и врз база на богатото културно-историско наследство. Во тој поглед посебно се истакнуваат Виена и областа Тирол. Виена не е само главен град на државата со најмногу жители (со пошироката околина скоро 2 милиони), тој поради богатствата со

Page 99: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

95

културно-историските споменици и развиена материјална база претставува и најголем туристички центар во државата. Тоа е град “раскрсница на световите” полн со музеи, галерии и библиотеки. Има 11 големи библиотеки, 14 историски збирки, 21 музеј, 22 природнонаучни и технички музеи и сл. Националната библиотека во Виена се вбројува меѓу најголемите и најубаво уредени библиотеки во светот. За сместување на бројните посетители постојат 150 хотели во кои има околу 18000 легла. За Виена се наведува дека има “постојана сезона” бидејќи туристите во неа престојуваат преку цела година.

Парламентот во Виена

Тиролската област, пак се смета за најкомплексен туристички регион не само во Австрија, туку во целото алпско подрачје покрај природните погодности токму и заради богатото културно-историско и етнографско наследство. Овде скоро секоја населба изобилува со споменици од минатото. Инсбрук е полн со барокни споменици. Тиролската носија по својата атрактивност е позната низ цела Европа, а тиролците денеска постигнале совршенство во

Page 100: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

96

изработката на разновидни предмети за спомен, кои туристите редовно ги купуваат.

Следните две дејности врз кои се базира туристичкиот промет во Австрија се исто така солидно развиени. Тоа се сообраќајот и угостителството. Во сообраќаен поглед Австрија иако е мала земја, се граничи со шест држави и има многу важна транзитна функција. Низ неа водат две значајни железнички линии по кои сообраќаат познатите возови: Транс-Еуропа-Експрес и Алберг-Ориент-Експрес. За развој на туризмот многу е важна железничката линија Виена-Инсбрук - границата со Швајцарија, бидејќи таа ги поврзува сите значајни туристички места во Тиролската област. Во алпскиот простор многу важна улога играат жичарите и ски-лифтовите. Од сите алпски земји Австрија располага со најголем број вакви објекти. Денеска, вкупно механички справи за превоз на скијачите овде има нсд 4000, што претставува 33% од бројот на вакви справи во алпските земји. Австрија располага и со густа мрежа на автомобилски патишта. Позната е австриската автострада по долината на реката Ин. Тоа е европскиот пат Е-6 кој од Салзбург води на запад преку Тирол за Цирих во Швајцарија. Туристички движења во Австрија се одвиваат и по реката Дунав, а значајна улога игра и авионскиот сообраќај. Двата меѓународни аеродроми во Виена и Салзбург во тој поглед во голема мера ги задоволуваат потребите на туристите.

Вкупните сместувачки капацитети во Австрија изнесувале повеќе од 1 200 000 легла. Од нив во основни капацитети биле 55%, а во комлементарни капацитети 45%. Австрија се карактеризира со постојан пораст на леглата во хотелите. Благодарение на атрактивностите и разновидни природни туристички ресурси и развиената материјална база Австрија израснала во една од туристички најразвиените земји во светот. Туристичкиот промет е во постојан пораст. Така додека во 1965 година Австрија ја посетиле 6,4 милиони странски туристи кои реализирале 43,1 милион ноќевања, во 2004 година тој број се наголемува на 19,4 милиони посетители. Австрија најмногу ја посетуваат туристи од Германија. Тие

Page 101: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

97

учествуваат со 65% во вкупниот број туристи. По нив следуваат туристите од Холандија со 10%, Британците со 5% и др. Меѓу деветте федерални покраини колку што постојат во Австрија, најголем туристички промет се остварува во покраината Тирол 40%. На второ место е Салцбуршката покраина со околу 20% и сл.

Најголем дел од туристичкиот промет се одвива во неколку познати зимско-спортски центри како Киршберг, Обергург, Лермос, Сеефелд, Хошолден, Оберау, Кицбихел и Вент.

Напоредно со развојот на туризмот зголемуван е и девизниот прилив од туризмот. Така додека во 1965 година Австрија од туризмот реализирала 561 милион долари, во 2004 година таа сума се зголемува на 15,4 милијарди долари. Туризмот претставува многу значаен фактор во стопанскиот развој на Австрија, бидејќи учествува со околу 25% од вкупната вредност на извозот.

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ

�Како се поделени планините во Австрија и кои се нивните погодности за развој на туризмот?

�Во атласот најди ги познатите езера и бањи во Австрија? �Кои важни европски патишта минуваат низ Австрија? �Анализирај ја динамиката на странскиот туристички промет

во Австрија, што може да се заклучи?

РАЗВОЈ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА ТУРИЗМОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА

Швајцарија е мала земја во Алпите, сместена меѓу Германија, Франција, Италија и Австрија. Зафаќа површина од 41000 км2, а во неа живеат 7,3 милиони жители или по 173 ж/км2.

Швајцарија спаѓа во групата на туристички најразвиени земји во светот. Нејзината посебна специфичност како туристичка земја се состои во тоа што својата атрактивност ја базира врз извонредно поволните планински и климатски услови за рекреација. Во тој поглед таа е многу слична на Австрија.

Page 102: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

98

Во релјефен поглед Швајцарија е висока планинска земја со просечна височина од 1370 м.н.в. На југ, и исток се издигаат Алпите, а на запад и северозапад е планината Јура. Меѓу нив се шири швајцарската висорамнина Мителанд.

Швајцарија, главно, го зазема просторот на западните Алпи кои се повисоки од источните, врвовите се над 4500 м.н.в. Исполнети се со бројни ледници, а одвоени со превои како Симплон, Св.Готхарт и др. Составени се од шкрилци што значи дека имаат заоблени врвови и благи страни мошне погодни за развој на зимските спортови. Такви се Пенинските, Лепонтските, Бернските, Ретиските и Гларнските Алпи. На Пенинските Алпи се врвовите Монте Розе (4638 м.н.в.) и Метерхорн (4505 м.н.в.) а на Бернските Алпи исто така се познатите врвови Јунгфрау (4167 м.н.в.) и Финстерархорн (4275 м.н.в.).

Швајцарски Алпи - панорама на глечер

Page 103: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

99

Воопшто земено релјефот на Швајцарија е многу атрактивен и дава широки можности за развој на туризмот. Посебно се значајни можностите за развој на скијањето. Швајцарија денеска располага со околу 840 км2 уредени и опремени површини за скијање. Само во зимско-спортскиот центар Лах има 40 км2 ваква површина за скијање.

За развој на туризмот во Швајцарија значајна е и климата. Во неа се судруваат влијанијата на три типа клима. Медитеранска од југ, океанска од запад и умерено-континентална од север. Во високите планински области владее алпска клима со ладни и снежни зими и свежи лета. Покрај релјефните услови овде за скијањето погодна е и снежната покривка. Конкретно во зимско-спортските центри висината на снежниот покривач често надминува четири метри, а снегот се задржува подолго од шест месеци. Врвовите и гребените на Алпите се постојано под снег, а се јавуваат и бројни ледници. Меѓу нив посебно туристичко значење има ледникот Алеч кој со својата должина од 24 км од година во година привлекува се поголем број посетители.

Планинарски дом во подножјето на Монте Розе

Page 104: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

100

Живописниот пејзаж на Швајцарија го надополнуваат и бројните езера и термоминералните извори. Меѓу глацијалните езера по својата убавина се истакнуваат Боденското, Циришкото, Женевското и Нешателското Езеро. Од бањите во Швајцарија широка репутација имаат: бањата Баден кај Цирих, Јувердон на брегот на Нешателското Езеро, Леукарбад во долината на Рона и Бад Рагаз во Источна Швајцарија.

Интерес кај посетителите побудува и самата организација на Швајцарија како држава. Таа е стара држава формирана уште во XIII век и тоа од делови од Германија, Франција и Италија. Затоа и денеска во неа германски зборуваат 70% од населението, 20% зборуваат француски и 9% италијански. Меѓутоа сите заедно сочинуваат една - швајцарска нација. Благодарение на својата положба и традиционална неутралност таа денеска има интер-национална функција. Во неа се акумулира капитал од сите земји во светот, поточно претворена е во светска банка и секоја година се одржуваат голем број меѓународни конгреси, конференции, советувања и сл. Повеќе швајцарски градови претворени се во седишта на низа меѓународни организации како: Меѓународниот црвен крст, Светската здравствена организација, Меѓународната организација на трудот, Меѓународната организација за бегалци, Меѓународната банка, Европската економска комисија на Обе-динетите нации и др.

Швајцарија има развиена рецептивна туристичка база. Забележувајќи го значењето на природните убавини таа почнала многу рано да ја изградува и комплетира материјалната база за потребите на туризмот. Традиционалната транзитна функција придонела сообраќајната мрежа до максимум да се модернизира и усоврши. Швајцарија денеска располага со 4500 км железничка мрежа која целосно е електрифицирана, потоа околу 70000 км автомобилски патишта, а меѓународните аеродроми во Женева, Цирих и Базел претставуваат значајни раскрсници на воздушниот сообраќај во Европа. Планинските железници и жичари се посебна карактеристика за Швајцарија. Овде сите туристички места без

Page 105: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

101

обзир на нивната надморска височина и релјефна предиспозиција сообраќајно добро се поврзани. Зимско-спортските центри се опремени со повеќе од 1540 механички справи (жичари и ски-лифтови) за превоз на скијачите.

Женева, значајно туристичко средиште на Швајцарија

Во Швајцарија и угостителството кое овде се води како хотелска индустрија е високо развиено. Бројот на сместувачките капацитети постојано е во пораст. Во 1985 година Швајцарија располага со 1135 илјади легла, а денеска над 1 300 000. Од нив 25% се во основни капацитети, а 75 % во комплементарни објекти.

Page 106: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

102

Кај основните капацитети најголем број од леглата биле во хотели , а кај комплементарните капацитети, во приватните домаќинства.

Големо внимание Швајцарија посветува и на информативно-пропагандната служба. На секој важен пункт во оваа земја изложени се детални известувања за сите услуги што може посетителот да ги добие при својот престој. Туризмот во Швајцарија се одликува и уште со една карактеристика. Тоа е постоењето на голем број туристички агенции. Денеска овде работат повеќе од 1300 туристички агенции што спрема бројот на жителите , тоа е прва земја во светот.

Од година во година оваа земја ја посетуваат се поголем број туристи. Нивниот број во последните години се движи околу 10 милиони Ваквата посетеност овозможила остварување и на значителен девизен приход. Во 2004 година тој изнесувал 9 милијарди американски долари. Туризмот е една од највиталните гранки во стопанството на оваа земја. По остварениот приход тој доаѓа на трето место веднаш по машинската и хемиската индустрија.

Најголем број од странските посетители се од Германија. По нив доаѓаат туристи од Италија, Франција и сл. Меѓу туристичките места најпосетени се: Сент Мориц, Арос и Давос во југоисточниот, Цирих, Баден и Луцерн во северниот, Венген и Гринделвалд во средишниот, Зеријат, Вербис и Лозана во западниот и Лугано и Локарно во јужниот дел на Швајцарија.

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ

�Врз кои туристички атрактивности се базира туристичкиот развој на Швајцарија?

�Колкава е уредената површина за скијање во Швајцарија и со колку механички средства за превоз на скијачите е опремена таа?

�Кои меѓународни организации имаат свои седишта во Швајцарија и каков е нивниот придонес за развој на туризмот?

Page 107: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

103

�Колку странски туристи денеска ја посетуваат Швајцарија и каков девизен ефект во 2004 година таа реализирала од туризмот?

ИСТРАЖУВАЈ � Во туристичката карта на Швајцарија, разврсти ги турис-

тичките места на: езерски, бањси и зимско-спортски. Што констатира?

ДА ЗАПОМНИМЕ:

Како алпски држави се сметат: Франција, Швајцарија, Австрија, Италија, Словенија и Германија. Сите тие се карактеризираат со развиено туристичко стопанство. Во нив туризмот се развил врз база на зимските спортови за кои на Алпите постојат оптимални природни услови. На овие планини за скијање има уредено околу 3000 км2, површина со изградени повеќе од 11 000 жичари и ски ливтови. Како туристички центри со меѓународно значење се јавуваат: Шамони, Давос, Инсбург, Дармишпартенкирхен, Кортина д, Ампецо, Крањска Гора и др. Швајцарија годишно ја посетуваат по околу 10 милиони странски туристи , а Австрија двапати повеќе, по скоро 20 милиони.

ТЕМА ЗА ДИСКУСИЈА Зимските олимписки игри и развојот на туризмот во

алпските земји.

ТУРИСТИЧКИ РЕГИОНИ ВО РУСИЈА И НИВНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ

Русија како најпространа земја во светот (17100 илјади км2 , во која живеат 145 милиони жители), располага со голем број и многу вредни туристички атрактивности. Како природните така и создадените вакви вредности се сретнуваат низ целата територија на државата. Сепак во одредени простори нивната концентрација е

Page 108: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

104

понагласена, било да се тоа релјефни, климатски, хидрографски или биогеографски погодности, или туристички атрактивности од антропогено потекло. Некои од овие простори денеска се јавуваат веќе со развиен туризам, во други туризмот дури сега се развива, а трети с@ уште туристички само се потенцијални.

За летниот туризам најразвиена е Руско-црноморскиот тури-стички регион, со развиен планински и зимско-спортски туризам се истакнува Кавказ, меѓу туристичките езера најпознато е Бајкалското Езеро, а меѓу големите градови со нагласена туристичка посетеност се јавуваат Москва и С. Петербург.

Руско-црноморскиот туристички регион е најразвиен тури-стички простор во Русија.

Сочиската ривиера го зафаќа Кавкаското-црноморско при-морје и се протега во должина од 145 км, започнува од Новорусиска и завршува со Адлер кој е на границата спрема Грузија. Во заднината на ривиерата се издига Кавказ кој ја штити од продорот на ладните ветрови, поради што и овде се јавува медитеранска клима, многу погодна за одмор. Идејќи од северозапад спрема југоисток како туристички места се јавуваат потоа Новорусиска, Гелендџик, Таупсе, Мацеста, Сочи и Адлер. Меѓу нив Сочи е најголем туристички центар. Развојот на туризмот во него е тесно поврзан со уредувањето на термоминералните извори во Мацеста која порано била одделена, а денеска е скоро споена со Сочи. Интензивна изградба се јавува по 1921 година кога Сочи бил прогласен за “државно-климатско-балнеолошко лекувалиште”. Во 1946 година во него имало 43 санаториуми, а во 1962 година тој број се зголемил на 54. Значајни можности во туристичкиот развој на Сочи се отворени со изградбата на новиот плоштад во 1936 година, кога е пробиена една од најубавите и најдолги авении (долга 10км) на Црноморското Приморје. Околу авенијата на површина од 16 ха оформено е голема ботаничка градина во која денеска се одгледуваат преку 1600 растителни видови. Секоја година се смета дека Сочи го посетуваат над 3 милиони посетители. Туризмот освен

Page 109: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

105

покрај брегот се шири и кон Кавказ посебно кон туристичкото место Красна Полјана.

Планинскиот туризам во Русија е развиен на повеќе планини како на Урал, Алтај, меѓутоа, најразвиен е на планината Голем Кавказ. Тоа е просторна планина која, слично на големиот Кинески Зид, се протега во должина од 1000 км меѓу Црното Море на запад и Каспиското Море на исток. Припаѓа на групата млади верижни планини која со своите пејзажни карактеристики многу потсетува на Алпите. Во централниот дел е потесна, а во западниот и источниот поширока. Во најголем дел е составена од кристални шкрилци. Планинската верига е висока меѓу 4000 и 5000 метри н.в., а од неа се издигаат повеќе врвови и над 5000 метри н.в. Такви се Елбрус 5663 метри, Шара 5058 метри, Казбег 5047 метри, Домбај 4047 метри и др. Климата е високопланинско-алпска со многу изразен глацијален процес. Сите високи врвови на Кавказ се под вечен снег и лед. Утврдено е дека овде постојат рамно 1400 ледници. Тие покриваат близу 2000 км површина, а некои се долги и над 12 км. Во нивните подножја се наоѓаат голем број глацијални езера.

Покрај големиот број реки кои се спуштаат од Кавказ оваа планина се карактеризира со бројни термоминерални извори околу кои денеска се развиле специфични туристички населби. Во тој поглед посебно се истакнуваат Пјатигорск, Кисловодск, Јесентуки, Мацеста и др. Кавказ има богата и мошне развиена флора. На него растат преку 6000 растителни видови. Покрај специфичната географска положба, разновидната физичко-географска структура, Кавказ се карактеризира со сложено етничко-културна структура. Познат е како “кошница на народи”. Овде живеат Руси, Грузинци, Азербеџанци, Абхази, Черкези, Дагестанци, Кабадини и др.

Сето тоа го прави Кавказ туристички многу атрактивен. Балнеоло-шкиот и зимскиот се најзастапени видови туризам. Главен центар за првиот вид е Пјатигорск, а за вториот вид Дамбај.

Page 110: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

106

Панорама на вечно покриениот со снег Казбег 5047 м.н.в.

Бајкалскиот туристички регион го зафаќа Бајкалското Езеро и просторот околу него. Се наоѓа во јужниот дел на источен Сибир. Самото Бајкалско Езеро има издолжена форма и се протега во правец југозапад-североисток. Долго е 636 км, а најголемата широчина изнесува 79 км. Зафаќа површина од 31500 км2. Тоа е најдлабоко езеро во светот - 1620 м. Настанато е по тектонски пат и се наоѓа на надморска височина од 455 м и окружено е со планини високи до 2000 м.н.в. Во хидрографски поглед претставува огромен

Page 111: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

107

резервоар на слатка вода. Во него се вливаат околу 300 помали реки, а од него истекува само една - Ангара. Во езерото се наоѓаат преку 40 острови меѓу кои најголем е островот Олхон.

Москва, главна туристичка раскрсница во Русија

Следната карактеристика и туристичка атрактивност на Бајкалското Езеро е богатството од специфичен жив свет. Во езерото живеат околу 1800 растителни и животински видови од кои три четвртини се ендеми, односно видови кои живеат само овде и никаде на друго место во светот. Оттука и големиот интерес кај туристите не само од Русија туку и од целиот свет за посета на ова езеро. До езерото водат две железнички линии. Едната, сибирската железница води покрај југозападниот, а втората Бајкалско-амурската покрај североисточниот крај на езерото. На брегот на езерото се развиле повеќе населби кои покрај другите се развиваат и како туристички места. Такви се на истекот на Ангара, Бајкал и Листвјанка потоа Иркутск, Слјудјанка, Бабушкин, Улан-Уде, Бургузен и др. Главна и најголема населба е Иркутск. Има над половина милион жители и поврзан е со железнички, автомобилски, авионски и речен сообраќај. Претставува индустриско и научно средиште.

Page 112: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

108

Значаен дел од туристичкиот промет во Русија се одвива и во големите градови. Меѓу нив посебно се истакнуваат Москва и С. Петербург. Кон нив, туристичките токови главно се насочени поради богатството од културно-историско наследство со кое тие располагаат, а имаат и развиена солидна материјална база. Развојот на туризмот во Русија има релативно долга традиција. Одредени туристички активности овде постојат уште пред Првата светска војна. Во период меѓу двете светски војни туризмот особено се развива во одредени места на Црноморското Приморје. Сепак широки размери во развојот, туризмот доживува во годините по Втората светска војна. При тоа ширење долги години исклучително внимание во развојот се посветува само на домашниот туризам. Странскиот туризам се до седумдесеттите години бил едноставно негиран. Во последните години Русија ја посетуваат по околу 20 милиони странски туристи, кои годишно реализираат по околу 5 милијарди САД долари.

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ

�Во кои региони во Русија е развиен туризмот? �Најди ги на карта туристичките места на сочинската ривиера? �Кои видови туризам е развиен на планината Кавказ и во кои

туристички места? �Врз што се базира развојот на туризмот во Бајкалскиот

туристички регион?

Page 113: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

109

ТУРИСТИЧКИ РЕГИОНИ ВО СЕВЕРНА И СРЕДНА АМЕРИКА

ТУРИСТИЧКИ РЕГИОНИ ВО САД

Северна Америка, по Европа, е континент на кој се одвива најголем дел од туристичкиот промет во светот. Така во 2004 година од 763 милиони странски туристи што учествувале во меѓународниот туристички промет 126 милиони или 16,5% престојувале на овој континент. Карактеристично е што и девизниот прилив што државите од овој простор го реализирале од туризмот, а кој изнесува 131 милијарда долари, во светски размери учествува со 21%.

Во Северна Америка најобемен туристички промет се одвива во Соединетите Американски Држави. Во нив годишно престојуваат по околу 45 милиони странски туристи со што таа во светски размери го зазема третото место по Франција и Шпанија. Овој туристички промет се одвива низ целата територија на САД. Сепак со нешто понагласена концентрација се одликуваат Големите Езера или во поширока смисла американскиот североисток, потоа Карпестите планини, Флорида и Хавајските Острови.

Туристичкиот регион на Големите Езера го зафаќа просторот околу Езерата како и американскиот североисток. Во административно-територијален поглед ги опфаќа северно-атлантските, средно-атлантските и северните делови од приезерските федерални држави. Во природно-географски поглед регионот се состои од тесно Атлантско Приморје, ниски делови од северните Апалачи и брановидна моренска покраина покрај јужниот брег на Големите Езера. Во антропогеографски поглед тоа е најгуст населен дел на САД. Овде се наоѓаат седум од десетте најголеми градски агломерации во државата. Меѓу нив посебно се истакнуваат Њујорк и Чикаго. Во стопански поглед овде е остварена најголема концентрација на индустријата во САД па и во светот. Како последица на овие фактори североисточниот регион се јавува како

Page 114: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

110

простор со најмасовен инцијативен туризам во државата. Меѓутоа овде е развиен и многу обемен излетнички туризам кој се одвива во околината на големите градски подрачја како и многу динамичен деловен туризам кој се манифестира во самите градски центри.

Њујорк. Статуа на слободата

Најинтересна природна појава, а истовремено и многу важна експлоатациска површина во овој регион претставуваат Големите Езера. Тоа е група од пет езера, Горно, Мичиген, Хјурон, Ири и Онтарио кои се протегаат долж граничниот појас меѓу САД и Канада. Зафаќаат вкупна површина од 246050 км2 и претставуваат најголема слатководна езерска површина во светот. Површината на езерата се спушта скалесто кон исток. Меѓу себе се поврзани со широки истеци од кои е најпозната Нијагара меѓу езерата Ири и Онтарио. На неа е прочуениот Нијагарин водопад кој со Козјиот Остров е поделен на два дела: десен - американски кој е широк 300 м, и висок 51 м, и лев

Page 115: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

111

- канадски, чија широчина изнесува 800 м, а височина 48 м. Тоа е една од највеличествените природни убавини во светот. Секоја година огромна маса туристи како од САД така и од светот доаѓаат да ја видат оваа единствена природна атракција за чие прифаќање во околината на водопадот се изградени бројни сместувачки капацитети.

Туристичкиот регион Карпести Планини, се простира долж западниот дел на САД. Зафаќа површина од 2,5 милиони км2 или една третина од територијата на државата, а во неа живеат само околу четири милиони жители. Претставуваат систем од верижни планини кои се протегаат меридијански преку северно-американскиот континент во должина од 3200 км широки се до 700 км, а високи над 4000 м. Највисокиот врв се наоѓа во јужниот дел на Карпестите Планини, тоа е врвот Елберт висок 4398 м.н.в. Имаат суптропска, умереноконтинентална, континентална и планинска клима, која зависи од географската широчина и надморската височина. Снежната граница на север е на околу 2500 м.н.в., а на југ на околу 4000 м.н.в. Во нив се наоѓаат извориштата на повеќе големи реки како: Колорадо, Колумбија, Мисури, Рио Гранде и др.

Големиот Кањон на реката Колорадо

Page 116: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

112

Меѓу карактеристиките со кои се одликуваат Карпестите Планини се нивните ретки природни појави. Најизразити природни убавини опфатени се во повеќе национални паркови. Тие се најомилени туристички објекти на Американците. Годишно нив ги посетуваат преку 40 милиони туристи.

Според тоа тие се и важен економски фактор во животот на населението на планинскиот запад. Такви се: Јелоустонскиот, национа-лниот парк Глациер, Луиспаркот, националниот парк Рокси и др.

Јелоустонскиот национален парк зафаќа површина од 18000 км2 и се наоѓа меѓу 2000 - 3000 метри надморска височина. Во него никој не смее постојано да се насели. Од оваа територија на смее ништо да се изнесе. Како најзначајни природни реткости во овој парк се вбројуваат: Мамутовите извори, гејзерите и Јелоустонското Езеро. Мамутовите извори се одликуваат со појава на врело варовита вода која се јавува во 50 басени скалесто поредени еден над друг. Топлата вода се прелива од еден во друг басен, а од басените се крева густ облак од пара.

Гејзерите се наоѓаат на таканаречената гејзерска област во која се јавуваат околу 700 извори со врела вода и пареа. Меѓу нив значајни се: Екцелзиор, Голем гејзер, Крвав гејзер, Стари верник, Кошница и др. Екцелзиор е најголем гејзер на светот. Од него избива воден столб широк 20-25 м, а водата се издига до 95 м височина. Скоро во средината на паркот се наоѓа големото Јелоустонско Езеро. Низ него протечува Јелоустонската река која по истекувањето од езерото прави два големи водопади од кои првиот е висок 45 м, а вториот 120 м. Во таа длабока провалија реката се претвора во голема мешавина на пена и облаци од капки. Кога ќе огрее сонцето се појавува и виножито така што целата оваа долина се претвора во една неповторлива слика.

Во планинскиот запад од САД постојат уште голем број туристички атрактивности, за нивно сочувување овде се формирани 29 национални паркови. Меѓу нив, покрај наведените уште се истакнуваат: Националниот парк Голем Кањон во Аризона,

Page 117: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

113

Јосемитскиот национален парк во Калифорнија, Олимпискиот национален парк во државата Вашингтон и др. Овде се развиле и повеќе зимско-спортски центри.

Поглед кон Карпестите Планини

Флоридскиот туристички регион се наоѓа во југоисточниот дел на државата. Го зафаќа полуостровот Флорида и претставува една од најзначајните подрачја за летен и зимски престоен туризам на Американците. Зафаќа површина од 152000 км2 и претставува посебна федерална држава населена со преку 6 милиони жители. Во релјефен поглед полуостровот Флорида претставува ниска добра пошумена варовита покраина со многу езера и мочуришта. Има топла и влажна суптропска клима со доста благи зими. Големи површини се наоѓаат под овоштарници и тоа посебно на лимони, портокали и друго јужно овошје. Потоа има големи плантажи на шеќерна трска и ориз. По Втората светска војна на Флорида многу брзо се развил туризмот. Таа денеска претставува едно големо одморалиште на индустрискиот североисток. Со модерни хотели и

Page 118: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

114

луксузни вили е покриен скоро целиот брег на Флорида. Побогатата клиентела, пак, престојува во големиот туристички центар на Мајами Бич или сличниот на него Палм Бич. Мајами Бич е и најголем град на Флорида (околу 400000 ж) и претставува значајна воздушна раскрсница за земјите од Латинска Америка. Од крајниот јужен 'рт на полуостровот па с@ до пристаништето Ки Вест, а преку бројните корални острови премостено е морето и создадена е светска атракција - мост долг 114 км. На источниот брег на Флорида изградена е голема американска база за лансирање на космички ракети, Кејп Кенеди. На југозападниот брег, пак, формиран е голем национален парк познат под името Еверглад.

Парк во Мајами, Флорида

Туристичкиот регион Хавајски Острови го сочинуваат 24 острови во Тихиот Океан. Претставуваат Федерална држава на САД со површина од 16635 км2 и со население од околу 800 илјади жители. Се простираат од југоисток спрема северозапад во должина

Page 119: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

115

од околу 3000 км. По настанок се вулкански и коралски. Живите вулкани Маун Лоа и Мауна Кеа имаат купи високи преку 4000 м надморска височина и бидејќи од нив с@ уште избива вжарена вулканска лава, претставуваат светска туристичка атракција.

Хонолулу, главна туристичка дестинација на Хавајските Острови

Климата е тропска но под влијание на океанот доста ублажена и погодна за престој преку целата година. Најладниот месец февруари има просечна температура од 20оЦ, а најтоплиот август 24оЦ. На островите се јавуваат бројни природни реткости и формиран е национален парк Хаваи. Хавајските староседелци - Канаки со својот богат и разновиден фолклор исто така привлекуваат голем број туристи. Хавајскиот пејзаж е специфичен и по големите плантажи од ананас, банани и шеќерна трска. Хаваите денеска се најголем извозник на ананас во светот. Главниот град на Хаваите Хонолулу (преку 300000 ж) е најзначаен туристички центар

Page 120: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

116

и најголема раскрсница за поморскиот и воздушен сообраќај во цела Океанија. Годишно на Хаваите престојуваат над еден милион туристи од кој месното население остварува значајни приходи.

Туризмот во Соединетите Американски Држави е во постојан пораст. За тоа постојат сите предуслови. Покрај богатата и разновидна природа и создадена атрактивна база, на многу високо ниво се наоѓа и материјалната база. Сместувачките капацитети обично се групирани во големи хотелски синџири во кои се настојува услугите да бидат со висок квалитет. Во сферата на туристичкото посредништво дејствуваат околу 25000 патничкиагенции кои се раширени низ целата територија на државата. Во САД е развиен и домашниот и странскиот туризам. Обемот на странскиот туристички промет се движел од 7,3 милиони во 1965 година преку 15,6 милиони во 1975 година до 46,1 милион во 2004 година.

0

10

20

30

40

50

1965 1970 1975 1980 1985 2004

ПОСЕТИТЕЛИ

Странскиот туристички промет во САД

Во 2004 година САД од странски туризам оствариле 74,5 милијарди долари. На друга страна жителите на САД многу патуваат и во странство. Се смета дека годишно во сите делови на светот престојуваат по околу 25 милиони туристи од САД. Тие се добри потрошувачи, затоа сите земји настојуваат да привлечат што поголем број туристи од САД.

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ

�Кои се поголемите туристички региони во САД?

Page 121: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

117

�Која е најзначајната туристичка атракција во североисточниот регион?

�Колку национални паркови има во планинскиот запад и кои атрактивни појави се карактеристични за Јелоустонскиот национален парк?

�Постојат ли национални паркови во Флорида и на Хаваите? �Кои други национални паркови ги знаеш во САД и најди ги на

картата? �Развојот на туризмот на Хавајските Острови се базира врз

присуството на живите вулкани, потоа квалитетната клима и тропската вегетација. Колку изнесува средната температура на воздухот во месеците февруари и август?

� Колкав број странски туристи престојувале во САД во 1965, 1975, 1985 и 2004 година?

МЕКСИКО КАКО ТУРИСТИЧКА ЗЕМЈА

Мексико е најголема средноамериканска држава. По површина од 1972 илјади км2 се вбројува меѓу деветте најголеми држави во светот. Во него живеат над 100 милиони жители или по 50 жители на 1 км2. Се наоѓа меѓу Соединетите Американски Држави на север, Мексиканскиот Залив на исток, Хондурас и Гватемала на југ и Тихиот Океан на запад. По својата положба претставува копнен мост меѓу Северна и Јужна Америка.

Ваквата положба, потоа разновидните пејзажи, од тропски предел на југ преку високите планини покриени со вечен снег и лед во средината до пространи пустини на север, како и богатото културно минато, овозможиле Мексико денеска да стане и позната туристичка земја. Малку се земјите во светот со толку нагласени природни и општествени контрасти и со толку славно минато како што е тоа Мексико.

Базата на туризмот во Мексико ја сочинуваат природните погодности и културно-историското наследство. Меѓу природните атрактивности посебно се истакнува вулканскиот релјеф, како и

Page 122: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

118

10000 км долгата брегова линија покрај Тихиот Океан, Мекси-канскиот Залив и Карипското Море.

Панорама на вулканскиот врв Попокатепетл

Мексико е земја со разнолик релјеф и големи спротивности во неговите форми. Расположен е на една пространа висорамнина околу која се издигаат високи планини, на две прибрежни низини и на два полуострова, Јукатан и Калифорнија. Висорамнината се наоѓа во средишниот дел на државата и зафаќа најголем простор. Од прибрежните низини одвоено е од запад со планината Сиера Мадре Оксиентал и од исток со Сиера Мадре Ориентал. Овие две планини кон југ се приближуваат и тука се јавува најголемата вулканска активност во Мексико. Познати вулкани се: Попокатепетл 5490 м.н.в., Оризаба 5747 м.н.в., Толуко 4558 м.н.в., Колима 3960 м.н.в. и др. Во најголем дел тоа се стари вулкани но има и млади на пример вулканот Парикутан се појавил 1943 година, постоел девет години и во 1952 година изгаснал. Меѓувремено го покрил градот Сан Хуан. Овде за првпат луѓето од едно поколение виделе како на рамница никнува вулкан, како тој расте и ја разорува целата провинција и како неочекувано изгаснува.

Page 123: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

119

Скоро во средишниот дел на висорамнината се развил Мексико Сити, главниот град на државата. Со своите над 18 милиони жители е втор град по големина во светот, веднаш по Њујорк. Тоа е најголем сообраќаен, индустриски, финансиски, трговски и културен центар на Мексико. Покрај тоа претставува и главно туристичко средиште на земјата бидејќи располага со голем број културно-историски споменици. Во околината на овој мегалополис поточно во подножјето на високите околни вулкани се развиле низа мали градови кои се одликуваат со споменици од старата ацтешка култура и убави природни пејзажи. Во ново време паралелно со главниот град и тие станале центри на многу жив туристички промет, особено на туристите од САД. Такво привлечно туристичко место е гратчето Тако кое е прочуено по изработката на уметнички предмети од сребро.

Мексико - споменик од старите цивилизации

Од Мексико сити кон југозапад води модерен автопат кој избива директно во Акапулко, најголемиот туристички центар на тихоокеанската-мексиканска туристичка област. Акапулко е град со скоро 400 илјади жители и покрај океанскиот брег се простира плажа долга 10 км. На југ од Акапулко во Теуантепечкиот Залив се развило уште едно туристичко место Салина Круз. На север во

Page 124: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

120

Калифорнискиот Залив, поради присуството на ладната кали-форниска струја нема некои значајни туристички места. Тука е вториот по големина град во земјата Гвадалахара со преку 2 милиони жители но тој е далеку од брегот и се развил благодарение на рудниците за сребро кои се наоѓаат во неговата околина.

Источно мексиканско крајбрежје - Акапулко

Источното мексиканско крајбрежје има поповолни климатски и хидрографски услови за развој на туризмот и овде се развила третата туристичка зона во Мексико. Тоа е низок и песоклив брег со многу приморски езера. Површинската температура на водата поради присуството на топлата голфска струја е висока преку целата година. Во февруари се движи меѓу 17 и 25оЦ, а во август достигнува и до 29оЦ. Тоа значи дека овде е можно капење скоро преку целата година, поради што се развиле повеќе туристички места. Меѓу нив најпознати се Мерида на брегот на полуостровот Јукатан и Веракруз во заливот Кампеш. За мексиканските приморски туристички места карактеристично е што има недостиг на вода за пиење и се јавува како голем ограничувачки фактор во развојот на туризмот.

Голема привлечна база во развојот на туризмот во Мексико претставуваат и културно-историските споменици кои се јавуваат низ целата територија на земјата. Мексико е татковина на неколку стари култури. Големи траги во материјалната култура оставиле

Page 125: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

121

Толтеците, Астеците и Маите. Споменици од Толтеците и Астеците има на мексиканската висорамнина, додека од Маите на Јукатан каде што тие и живееле.

Мексико се карактеризира уште со низа други специфичности. Од него потекнува пченката која во 16 век е пренесена во Европа. Таа и денеска е основна храна на Мексиканците но и симбол на плодност. По пченката, кактусот е второто значајно растение за Мексико. Всушност кактусот е симбол на Мексико. Го има во грбот на државата, на знамето, на парите и сл. Сродна на кактусот е агавата, од чиј сок Мексиканците ги прават своите национални пијалаци - пулке (вид вино) и текила (ракија). Кога на овие специфичности се додаде и мексиканската гостопримливост и песна тогаш се добива одговор на прашањето зошто Мексико од година во година туристички е с@ повеќе посетено. Во 1965 година во оваа земја престојувале 1,2 милиони странски туристи, во 1975 година тој број се зголемува на 3,2 милиони, а во 2004 година достигна 20,6 милиони. Туристите од САД учествувале со скоро 90% во вкупниот туристички промет. Најпосетени туристички места се: Мексико Сити и Акапулко.

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ

�Врз кои природни атрактивности се базира развојот на туризмот во Мексико?

�Најди ги на карта познатите вулкани во Мексико? �Зошто туризимот не е развиен во калифорниското крајбрежје

на Мексико? �Колку странски туристи престојувале во Мексико во 2004

година и од која земја најмногу биле тие?

Page 126: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

122

РАЗВОЈ И ПЕРСПЕКТИВИ НА ТУРИЗМОТ ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ЈУЖНА АМЕРИКА, АФРИКА, АЗИЈА И АВСТРАЛИЈА

Освен во Европа и Северна Америка туризмот доста е раширен и во другите делови на светот. Скоро да нема држава во светот во која туризмот не е присутен и поради стопанските ефекти што од него се добиваат, да не му посветува внимание за негов развој.

Бенарес, капење на богопоклониците во реката Ганг

Во пошироки размери најголем дел од туристичките движења по оние што се одвиваат во Европа и Северна Америка, се насочени кон земјите од Азија. Во овој простор во 2004 година престојувале

Page 127: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

123

вкупно 190 милиони туристи или 25% од вкупниот туристички промет во светот. Од странскиот туристички промет овде е реализирано 146 милијарди долари што претставува 23,5% од вкупниот девизен прилив кој во наведената година во светот изнесува 623 милијарди долари. Во Азија досега се манифестирани повеќе видови туристички движења. Меѓу нив по масовноста и специфичноста посебно се издвојуваат патувањата поради религиозни цели и таканаречените запознавачки патувања.

Религиозниот туризам, или патувањата поради религиозни цели се насочени кон неколку центри. Христијаните на аџилак патуваат во Ерусалим, муслиманите во Мека и Медина на Арабискиот Полуостров, а индусите во Бенарес, односно Варанас во Индија. Во секој од овие центри годишно престојуваат по повеќе милиони посетители и тие денеска претставуваат најголеми верски центри во светот.

Вториот, запознавачкиот туризам најмногу е присутен во земјите од Источна Азија. Овде се јавуваат некои мали држави но се карактеризираат со голема туристичка посетеност. На пример најпосетена земја на целиот континент е Хонконг во кој во 2004 година престојувале 22 милиони туристи. Карактеристично е што големите држави се послабо посетени на пример во Јапонија во наведената година престојувале само 2 милиони странски туристи, во Индија 1,2 милиони и сл.

Четвртата просторна целина по обемот на туристичката посетеност е Јужна Америка. Во неа во 2004 година престојувале 16 милиони странски туристи што претставува 2% од вкупниот туристички промет во светот. Вкупно овие туристи оствариле 10,6 милијарди долари. Како земји со поголема туристичка посетеност се јавуваат: Бразил, Аргентина, Перу, Венецуела и Колумбија. Меѓу градовите како најпосетени се истакнуваат: Рио де Жанеиро, Буенос Ајрес, Лима, Каракас и Богота.

Меѓу континентите Африка го зазема петтото место по обемот на туристичкиот промет. Во 2004 година во неа престојувале 33,2 милиони туристи и тие оствариле вкупно 18,3 милијарди долари. Од

Page 128: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

124

видовите на туристичкиот промет на овој континент е застапен ловниот, односно таканаречениот сафари туризам, а меѓу странските туристи најмногу се присутни туристите од Европа. Како земја со развиен сафари туризам е Кенија. Во неа годишно престојуваат по околу еден милион странски туристи. Вториот вид е летниот престоен туризам. Тој е најмногу развиен во земјите кои излегуваат на африканското Средоземје. Такви се Мароко, Тунис, и Египет.

Рио де Жанеиро, панорама

Австралија е туристички најмалку посетен континент. Меѓутоа, за неа е карактеристично што бројот на странските туристи е во континуиран пораст.

Така додека во 1965 година во Австралија престојувале само 173 илјади странски туристи во 2004 тој број се наголемува на 10,2 милиони посетители. Меѓу нив најголем е бројот на туристите од

Page 129: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

125

Европа. За Нов Зеланд е карактеристично што иако е далеку помал од Австралија, во однос на неа релативно доста е посетен. Меѓу градовите во Австралија најпосетени се Сиднеј, Мелбурн и Перт, а на Нов Зеланд, Велингтон и Окланд.

Сиднеј со 3,3 милиони жители најголем град во Австралија

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ

�Во 1965 година на азискиот континент престојувале 4,3 милиони туристи. Колку странски туристи престојувале во 2004 година и колку изнесува зголемувањето во однос на 1965 година?

�Кои се познати центри за религиозен туризам во светот? �Наброј ги земјите со поразвиен странски туризам во Африка? �Од кој континент доаѓаат најмногу туристи во Австралија и

зошто?

Page 130: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

126

ТУРИСТИЧКО-ГЕОГРАФСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

1. ТУРИСТИЧКО - ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

За развој на туризмот во Македонија особено значење има нејзината туристичко - географска положба. Преку неа се искажува туристичката вредност на туристичките ресурси, а во одредени случаи, географската положба и самата има туристичка вредност.

Во просторен поглед Македонија лежи во централниот дел на Балканскиот Полуостров и претставува карактеристична балканска држава. Има поволна географска положба бидејќи низ неа водат важни меѓународни сообраќајни комуникации кои ја поврзуваат со соседните земји, а на релативно мала оддалеченост се наоѓаат Егејското и Јадранското Море. Егејското Море, на пример преку Солунскиот Залив е доближено најдлабоко до централните делови на Балканскиот Полуостров, а границата на Република Македонија од него е оддалечена само 80 км.

По долината на реката Вардар, води главната сообраќајница на Балканот: Белград - Скопје - Атина. Таа на југ Републиката ја поврзува со Егејското Море и Медитеранот, а на север со земјите од Средна и Западна Европа.

По долината на реката Лепенец, Македонија има добри природно - географски и сообраќајни врски со Косово, а преку него и со Јадранското Море.

На југ кон Грција, освен автопатот и железничката линија што минуваат по Вардарската долина, Македонија е поврзана и со сообраќајници кои водат од Битола за Лерин и од Дојран за Кукуш.

Page 131: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

127

На исток, кон соседна Бугарија, водат три патни правци. Едниот патен правец минува по долината на Крива Река и Крива Паланка, вториот по долината на Брегалница и Делчево и третиот преку Струмичката Котлина и Струмица. Меѓу нив најголемо значење има првиот патен правец кој директно го поврзува Скопје со Софија.

На запад, кон соседна Албанија, исто така, водат три патни правци. Тие минуваат низ Дебарската, Охридската и Преспанската Котлина, а најголемо значење има патниот правец што води преку Струга и Ќафа Сан, бидејќи тој н@ поврзува не само со Тирана туку и со Јадранското Море, односно пристаништето Драч.

Патна мрежа во Република Македонија

Затоа велиме дека Македонија претставува значајна рас-крсница и природен мост меѓу Балканските држави. Таквата мошне комуникативна положба е значајна и за туристичките движења. Од

Page 132: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

128

Средна Европа еден значаен туристички ток е насочен кон Балканскиот Полуостров и овде се расчленува на три крака: кон Јадранското, Егејското и Црното Море. Кракот кој е насочен кон Егејското Море и Источното Средоземје директно поминува низ Македонија. Сите земји што се наоѓаат на овој туристички правец меѓу кои и Македонија имаат поволна туристичко - географска положба и добри услови за развој на странскиот туризам.

Во функционален поглед туристичко - географската положба на Македонија се дефинира како транзитна, контактна и поливалентна. Транзитноста особено е нагласена во правецот север - југ по долината на Р. Вардар, каде од северната граница на Р. Македонија, па до јужната, кај Гевгелија, должината на патот изнесува околу 220 км. Во иднина, со изградбата на Балканската трансверзала која треба да ја поврзува Тирана со Скопје и со Софија, односно Јадранското со Црното море (Драч со Варна) треба да се очекува транзитот да се зголеми и во правецот запад - исток. Оваа функционална особина на туристичко - географската положба на Македонија особено е значајна за развој на меѓународниот транзитен туризам. Развојот на овој вид туризам во нашата Република покрај од квалитетот на сообраќајната мрежа, во директна зависност е и од напорите што ги вложуваат Грција, Бугарија и Албанија за развој на странскиот туризам.

Контакната географска положба на Македонија е изразена преку нејзините четири гранични земји: Бугарија, Србија, Грција и Албанија. Голем дел од Македонците како малцинства живеат во соседните држави, особено во Грција и Бугарија. Сето тоа ја нагласува контакноста и има значење за развој на меѓународниот туризам, посебно на малограничниот туристички промет.

Туристичко - географската положба на Македонија е поли-валентна во однос на физиономијата на подрачјата што се сретнуваат во неа. Така на територијата на Републиката се наоѓаат бројни котлини, високи планини и пространи езера. Сите тие меѓу себе се разликуваат, но во туристички поглед се дополнуваат и овозможуваат развој на повеќе видови туристички промет.

Page 133: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

129

Магистрален пат М4, делница од Автопатот Скопје- Тетово - Гостивар

Овде поливалентноста се манифестира на тој начин што различните туристички ресурси како планините, езерата, бањите или културно - историските споменици кон себе привлекуваат различни видови на туристички движења.

Од изложеното следува заклучок дека туристичко – географ-ската положба на Македонија поседува посебни туристички вредности и претставува важен фактор за развој на туризмот.

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ

� Како е дефинирана туристичко - географската положба на Македонија?

� Наброј ги патните правци кои нашата земја ја поврзуваат со соседните држави ?

� Кои се функционалните карактеристики на туристичко - географската положба на Македонија?

ИСТРАЖУВАЈ: � Формирај три туристички патувања во одделни делови на

Републиката. Од картата за патната мрежа одреди ја должината во километри за секое патување.

Page 134: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

130

2. АТРАКТИВНА ОСНОВА НА ТУРИЗМОТ И ТУРИСТИЧКИТЕ ДВИЖЕЊА НА Р.МАКЕДОНИЈА

Атрактивноста на туристичките ресурси е еден од најважните елементи во формирањето и насочувањето на туристичките движења.

Туристичко-ресурсниот потенцијал на Македонија по составот, богатството и атрактивноста е многу разновиден. Меѓутоа, таквиот потенцијал с@ уште во потполност не се одразува врз обемот и темпото на порастот на туристичкиот промет. Туристичката конјуктура на Македонија с@ уште повеќе е последица на општата туристичка експанзија во Европа, а не на афирмацијата на нашето ресурсно богатство. Денеска поврзаноста на атрактивната основа и масовноста на движењата е очигледна. Затоа се наложува неминовна потреба од посебно запознавање на целокупната атрактивна база врз која се засновува развојот на туризмот во Републиката. Бидејќи групата на природните туристички ресурси во Македонија е далеку поизразита логично е да се започне со нивното запознавање.

1. Езерата како главен природен туристички потенцијал

Езерата претставуваат најатрактивни туристички ресурси во Република Македонија. Тие денеска се најпосетени и истовремено се главен туристички потенцијал. Вкупно ворепубликата има околу 160 езера. Меѓу нив три се големи тектонски езера, 15 се поголеми вештачки акумулации и 25 се поголеми глацијални езера. Во зависност од атрактивноста тие се јавуваат како самостојни или коплементарни туристички простори. Како самостојни се издвојуваат големите тектонски езера: Охридското, Преспанскотои Дојранското Езеро, од природните и Мавровското од вештачките

Page 135: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

131

езера, а во комплементарната група ги вбројуваме глацијалните езера и сите останати вештачки езера. Меѓу глацијалните езера особено се истакнуваат Боговинското, Црното и Белото Езеро на Шар Планина, Големото и Мало Езеро на Пелистер, Подгоречкотои Вевчанското Езеро на Јабланица и Големото и Мало Солаковско Езеро на Јакупица. Од вештачките езера посебно туристичко значење имаат оние кои се изградени во близината на градските населби а такви се : Матка кај Скопје, Младост кај Велес, Тиквешкото Езеро кај Кавадарци, Гратче кај Кочани, Шпиље кај Дебар, и др.

Големото туристичко значење на македонските езера е резултат пред с@ , на нивната висока атрактивно - рекреативна вредност како и на мошне квалитетните физичко - хемиски карактеристики на водата. Така само четирите големи езера : Охридското, Преспанското, Дојранското и Мавровското располагаат со вкупна водена површина од 679,2 км2, од која на територијата на Р. Македонија се наоѓа 447,5 км2. За развој на туризмот мошне важен елемент е должината и разгранетоста на нивната брегова линија. Во тој поглед нашите големи езера имаат вкупна должина на бреговата линија од 250 км, а од неа на територијата на Р. Македонија се наоѓаат 145,1 км, односно приближно колку што изнесува и должината на Црногорското приморје без Бока Которскиот Залив. Со најголема брегова линија располага Охридското Езеро - 56,7 км, потоа Преспанското - 50,4 км, па Мавровското - 23 км, а со најмала Дојранското Езеро - 15 км.

Наредниот важен елемент при оценување на погодноста за развој на туризмот од морфолошки аспект кај езерата е присуството на плажи и површини погодни за изградба на туристички објекти и туристичка инфраструктура. Од тој аспект големите езера распо-лагаат со вкупна должина на плажи од 43,5 км, односно површина од 161, 50 ха. Со примена на нормата од 500 капачи на 1 ха плажа, се добива вкупниот капацитет на езерските плажи и тој изнесува 97000 капачи.

Page 136: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

132

Јужниот брег на Охридско Езеро со манастирот �Св. Наум�

Најголемите плажи се јавуваат на брегот на Охридското езеро. Нивната вкупна површина изнесува 82,20 ха и тие имаат најголем капацитет од 49320 капачи.

Број и капацитет на поголемите плажи кај тектонските езера во Р. Македонија

Езеро бр.на плажи површина во ха Вк.бр.на капачи Охридско езеро 10 82,20 49320 Преспанско езеро 6 67,80 40680 Дојранско езеро 4 11,50 6900 Вкупно 20 161,50 96900

По Охридското следуваат плажите на Преспанското Езеро. Нивниот капацитет изнесува 40680 капачи а со најмала површина на плажи располага Дојранското Езеро само со 11,50 ха, на кој може да престојуваат по 6900 капачи.

Поединечно пак најдолга плажа на македонските езера има Преспанското Езеро. Тоа е плажата Крани - Наколец, која е долга 8 км и има површина од 40 ха. На неа одеднаш може да се сончаат и капат по 24000 посетители. На Охридското Езеро најдолга е плажата кај Св. Стефан 4 км, меѓутоа најголема по капацитет е плажата

Page 137: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

133

“Андон Дуков”. Таа може да прими по 10500 капачи, додека најквалитетна е плажата кај Св. Наум.

Брегот на Дојранско Езеро

Положбата пак со должината на туристичката сезона на пооделните езера е поинаква. Таа е резултат на физичките особини на водата, пред с@ на температурата. Гледано од тој аспект можности за најдолга сезона дава Дојранското Езеро. На него времетраењето на летниот стационарен капалиштен туризам може да трае речиси 160 дена во годината. На Охридското Езеро капалишната сезона се максимира на време од 120 дена, додека на Преспанското Езеро таа се движи помеѓу 90 и 100 дена.

Северниот брег на Преспанско езеро

Page 138: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

134

Средна месечна температура на водата во тектонските езера на Македонија

Согледувајќи го повеќестраното значење на природните езера во Македонија во 1977 година е донесен посебен закон за заштита на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Согласно него, нивните води, крајбрежја, извори и водотеци, поради карак-теристичните одлики и природни убавини, геолошки, геомор-фолошки и други научни вредности, потоа културно - естетско, образовно, воспитно, здравствено, рекреативно, туристичко и друго стопанско значење се прогласени за споменици на природата од особено значење за Републиката и се ставени под посебна заштита.

Заштита е извршена со цел да се: сочуваат езерата во природна состојба, да се создадат повисоки услови за одржување и развој на живиот свет во езерата, да се спречат дејствијата со кои може да се нарушат природните убавини на езерата и да се регулира односот на човекот кон езерата, заради нивно трајно и рационално користење. Сето тоа е стремеж, она што природата го негувала со милениуми да се сочува, оплеменува и користи за доброто на постојните и идните генерации.

Page 139: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

135

Ретки се просторите на Земјината топка што природата така богато ги дарувала и така хармонично ги вкомпонирала а човекот со својата активност, посебно преку бројните културно - историски споменици ги оплеменил како што е тоа случај со Охридското Езеро. Поради тоа езерото е означено како единствен природен споменик во Европа и од страна на УНЕСКО е прогласено за светско природно наследство. Тоа за туризмот има големо значење, но од аспект на заштитата претставува и голема обврска. Затоа с@ што ќе се гради покрај езерото треба да се прави со големо внимание и стручност.

Преспанското и Дојранското Езеро исто така сами по себе претставуваат природни реткости со големи природни вредности. Дојранското Езеро на пример е извонредно богато со риба. Годишниот улов на риба на еден хектар површина во одредени години изнесувал и до 500000 кг. Многу е атрактивен и самиот начин на ловење на рибата со помошта на птици, а таков начин се смета дека е задржан само уште на некои езера во Кина. Тоа го прави ова езеро привлечно и за домашните и за странските туристи.

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ:

�Кои езера се јавуваат како самостојни, кои како комплементарни туристички ресурси ?

�Колку изнесува вкупната водена површина, а колку вкупната должина на бреговата линија на нашите големи езера ?

�Со колкава површина на плажи располагаат Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро и колку капачи можат тие да примат ?

ИСТРАЖУВАЈ: � Во улога на туристички водич направи план за седумдневно

патување по туристичките места на нашите големи езера.

Page 140: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

136

2. Значењето на другите хидрографски туристички ресурси

Од другите хидрографски туристички ресурси со кои располага Републиката, а кои по своето значење доаѓаат веднаш по езерата се термоминералните извори. Тие како посебни хидрографски објекти се мошне распространети. Вкупно во Р. Македонија се јавуваат повеќе од 65 термоминерални извори. Туристичките вредности на овие извори врзани се за нивните амбиенталнопејзажни карактеристики и за здравствено - рекреативната функција. Во развојот на туризмот особено во омасовување на домашниот туризам овој вид извори играат важна улога.

До сега како самостојни бањски места се формирани следните осум бањи: Катлановска Бања, Бања Бањиште, Косоврашка Бања, Негорска Бања, Струмичка Бања, Бања Кежовица, Кумановска Бања и Кочанска Бања. Меѓутоа преку бушење, термоминерални води се откриени на повеќе места низ Републиката како во с. Подлог кај Кочани, с.Истибање кај Виница, с.Смоквица во Гевгелиската котлина и др. Водата од овие извори главно се користи за затоплување на оранжерии и како таква во сите локалитети таа може да се користии за здравствено - рекреативни цели, односно да се изградат бањски објекти. Термоминералната вода од минералните бањи е различна по хемискиот состав , температурата на водата и минерализацијата. Изворите се јавуваат во различни климатски подрачја на Републиката и на различна надморска височина.

Физичко - хемиски својства на водата на одделните термоминерални извори

Име Место Надмо-

рска височина

количина на вода л/сек.

Темпе-ратура во оЦ

Хемиски состав

Катлановска Б. Скопска кот. 230 15 50 сулфурно - алкална

Бања Бањиште Дебарска кот. 870 91 38 сулфурно - карбон.

Бања Косоврасти Дебарска кот. 590 120 48 сулфурно - карбон.

Page 141: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

137

Негорска Бања Гевгелиска к. 60 5 36 натриумско - сулф.

Бања Банско Струмичка к. 275 54 72 натриумско - сулф.

Бања Кежовица Штип 263 20 57 сулфурно - радиоак.

Кумановска бања

Кумановска кот. 305 6 30 магнез. -

хидрокарб.

Кочанска бања Кочанска к. 350 30 54 магнез. - хидрокарб.

Бања Банско, Хотел �Цар Самоил�

Бањите во Македонија, по низа особености, доста се разликуваат помеѓу себе. Така на најмала надморска височина се наоѓа Негорска Бања - 60 м, а на најголема бањата Бањиште кај Дебар (на 870 метри надморска височина). Потоа според количината на водата со која располагаат нивните извори, со најмала количина располага Кумановска Бања - 6 л/сек., а со најголема Косоврашка Бања - 120 л/сек. Водата од Кумановска Бања се карактеризира и со најниска температура до 30 оС, додека највисока температура има водата од Бањата Бањско до 72 оС. Во

Page 142: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

138

поглед на хемискиот состав водата кај најголем дел од нашите бањи е сулфурна, односно сулфурноалкална, - Катлановска Бања, потоа сулфурнокарбонатна - Бањата Бањиште и Косоврашка Бања или сулфурнорадиоактивна - Бањата Кежовица кај Штип. Две бањи имаат натриумскосулфурна вода : Негорска Бања и Бања Бањско, и две бањи имаат магнезиумскохидрокарбонантна вода: Кумановска и Кочанска Бања.

Освен овие елементи кои ги даваат главните својства на водата, таа во нашите бањи содржи и поголем број ретки елементи како: литиум, цезиум, берилиум, рубидиум и др. и тие исто така влијаат врз зголемување на лековитите својства на водата. Водата од некои бањи содржи поголемо количество на растворени гасови. Во тој поглед посебно се истакнува Косоврашка Бања која по содржината на сулфур водород 31 мг/л. го зазема третото место меѓу бањите во Европа. Водата од оваа бања се карактеризира и со значајна застапеност на животински свет во себе. Тоа се сулфурните бактерии и алгите. Тие во некои бањи во Европа особено во Франција се користат за лекување на разни кожни заболувања. Водата од бањата Кежовица се смета за најрадиоактивна, а во Негорска Бања покрај водата за лекување се користи и термалната кал за пелоидна терапија. Сето тоа покажува дека нашите бањи даваат широки можности за развој на бањскиот туризам.

КатКатлановска Бања на брегот на реката Пчиња

Page 143: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

139

Покрај термоминералните во Македонија се јавуваат и само минерални извори. Нивниот број е исто така значаен, се јавуваат во повеќе локалитети во Републиката и имаат одредено значење за развој на туризмот. Такви извори има во Скопската Котлина, меѓу кои најпознати се Катлановските минерални извори и минералните извори кај Волково, потоа во Пелагонија - минералните извори кај Битола, на Кожуф Планина - минералниот извор кај с. Коњско и др. Водата кај некои од овие извори, на пример, од изворите кај Битола, се користи за индустриско производство на кисела вода, тоа е познатата “ Пелистерка “ додека од други, како на пример од изворот на Кожуф кој е познат како “ Смрдлива Вода “, се користи за здравствено - рекреативни цели. Околу изворот има направено објекти за сместување и услужување на посетителите, така што во текот на годината, а посебно во летниот период овде престојуваат значаен број на посетители.

Меѓу останатите хидрографски објекти особено се атрактивни и имаат значење за развој на туризмот, врутоците и одреден број на реки во Републиката. Како еден од најјаките и најзначајни врутоци се смета врутокот Рашче кој се наоѓа на излезот на Вардар од Дервенската Клисура од кој Скопје се снабдува со вода, потоа врутокот Острово кај Манастирот Св. Наум. Од некои врутоци потекнуваат и нашите познати реки, како што е Вардар чиј вруток лежи кај селото Вруток, реката Треска, чиј вруток е кај селото Извор, потоа врутокот на Бабуна, на Кадина Река и др. Во крајбрежјето на Охридското Езеро, недалеку од Охрид, се познатите Билјанини извори, а недалеку од Струга е мошне интересниот вруток Шум, кој со своето мало езерце служи и како мрестилиште на пастрмка.

Реките во Македонија претставуваат големо природно богатство. Покрај нивното повеќекратно значење тие се важни и за развој на туризмот. Како и езерата и реките според туристичкото значење се делат на самостојни и комплементарни туристички ресурси. Како самостојни туристички ресурси се јавуваат оние реки кои се одликуваат со значителни рекреативни својства. Такви се кај нас Радика, Треска, Вардар и други. На нив најмногу е развиен

Page 144: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

140

рекреативниот риболов. Нивните текови особено се атрактивни од клисурестите делови, а најмногу во кањоните. Таков е кањонот на Радика, на Треска и сл.

Демиркаписка Клисура, природна атракција во долината на реката Вардар

Река Радика

Page 145: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

141

Многу повеќе се застапени реките како комплементарни туристички ресурси. Нивната атрактивност се вклопува во пејзажниот амбиент на околината и на тој начин ја зголемува атрактивноста на поширокиот простор. Такви се скоро сите планински реки во Македонија. На некои од нив како на пример на Шарските или Корабските реки се јавуваат и водопади кои со својата убавина му даваат посебно обележје на пејзажот.

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ:

�Кои се осумте бањски места во Македонија и најди ги местата на карта ?

�Во кои места на Македонија се наоѓаат минерални извори ? �Кои од останатите хидрографски објекти имаат посебно

значење за развој на туризмот ?

ИСТРАЖУВАЈ: � Анализирај ја табелата за физичко-хемиските својства на

водата и класифицирај ги бањите спрема тие својства.

3. Планините како комплексни природни туристички ресурси

Република Македонија има мошне интересна релјефна структура. Исполнета е со планини, котлини, долини, клисури, премини и други релјефни форми. Со таквата структура таа личи на релјефен мозаик, односно на шаховска табла. Сепак Македонија е главно планинска земја а планините даваат мошне поволни можности за развој на туризмот. Вкупно во Републиката постојат 34 ниски, средновисоки и високи планини. Меѓу нив најголеми погодности за развој на туризмот имаат високите планини. Нив ги има 14 и се сретнуваат низ целата Република. Тоа се следните планини: Кораб ( Голем Кораб - 2764 м.н.в.), Шар Планина ( Титов Врв - 2747 м.н.в.), Баба ( Пелистер - 2601 м.н.в.), Јакупица ( Солунска Глава - 2539 м.н.в.), Ниџе (Кајмакчалан - 2520 м.н.в. ) Дешад (

Page 146: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

142

Веливар - 2373 м.н.в.), Стогово (Бик Дорук - 2268 м.н.в.), Галичица (2265 м.н.в.), Јабланица (Црн Камен - 2257 м.н.в.), Осогово (Руен - 2252 м.н.в.), Бистра (Меденица - 2163 м.н.в.), Кожуф (Дудица - 2132 м.н.в.), Сува Гора (Добра Вода - 2062 м.н.в.) и Беласица (2029 м.н.в.).

Главна туристичка карактеристика на нашите високи планини е што сите располагаат со погодна експозиција и благи наклони, така што даваат извонредни можности како за развој на летниот планински туризам, така и за развој на зимско - спортскиот туризам.

Денеска на нашите планини постојат 6 зимско - спортски центри и тоа: Попова Шапка на Шар Планина, Маврово на Бистра, Крушево на Бушева Планина, Ниже Поле на Пелистер, зимскиот центар на Галичица и Пониква на Осогово.

Пониква, зимско-спортски ценѕар на планината Осогово

Со детални проучувања на терените за зимски спортови утврдено е дека на високите планини во Македонија може да се формираат вкупно 30 зимско - спортски центри со вкупна денивелација (висинска разлика) на скијачките патеки од 115 км.

Најмногу скијачки центри може да се формираат на Шар Планина и тоа 8. Таа располага и со најголема должина на скијачки

Page 147: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

143

патеки - 48 км, поточно таа со условите за трасирање на скијачки патеки се приближува кон вкупните можности на сите планини во Р.Словенија. На второ место по Шар Планина е Пелистер. На неа може да се изградат 5 зимско - спортски центри со вкупна должина на скијачките патеки од 22 км. Овие две планини учествуваат со преку 60 % од вкупната денивелација на скијачките патеки во Македонија. Со примена на меѓународни норми во користењето на скијачките патеки, се доаѓа до заклучок дека максималниот капацитет на нашите зимско - спортски центри е околу 115000 скијачи кои може да се скијаат во исто време.

Пелистер - излетничка планина на населението од Битола

Вториот тип на планини, средновисоките планини чија височина се движи помеѓу 1000 и 2000 м.н.в., исто така даваат широки можности за развој на туризмот и тие се јавуваат низ целата територија на Републиката, а нивниот вкупен број е исто колку и бројот на високите планини - 14. Меѓу нив поважни се: Бушева Планина (1158 м.н.в.), Бабуна (1499 м.н.в.), Плакенска Планина(1999 м.н.в.), Огражден (1639 м.н.в.), Малешевските Планини (1744 м.н.в.), Плачковица (1754 м.н.в.), Скопска Црна Гора (1651 м.н.в.) и

Page 148: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

144

др. Кога ги разгледуваме овие планини од аспект на можностите за развој на туризмот може да констатираме дека тие нудат поволни услови за развој на летниот планински стационарен туризам. Истражувањата вршени во тој правец покажуваат дека на нашите планини можно е формирање на вкупно 75 туристички локалитети. Денеска главно на нив е развиен детско - младинскиот туризам и вакви одморалишта постојат на Бушева Планина кај Крушево, на Плачковица, на Голак кај Делчево, на Скопска Црна Гора, Водно и др.

Во биоклиматски поглед планините се карактеризираат по тоа што со зголемување на височината опаѓа воздушниот притисок, се смалува количеството на кислородот, а се смалува и процентот на правта и бројот на микробите во воздухот. Над 1000 м.н.в. правта и микробите скоро исчезнуваат. За планинската клима во целост може да се каже дека на човечкиот организам делува стимулативно и ја зголемува неговата отпорност. Таа делува врз зголемување на црвените крвни зрнца, а во помала мера и врз зголемување на хемоглобинот. Планинската клима поволно делува на психата, а преку зголемената инсолација и на пигментацијата. Зато се наведува дека на планина и под сенка може да се поцрне.

Попова Шапка

Page 149: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

145

Медицинските стручњаци планинските места во зависност од климата што владее на нив ги делат на планински места со: Алпска(1200 до 2000 м.н.в.), Субалпска (600 до 1200 м.н.в.) и Суппланинска клима (до 600 м.н.в.).

Од чисто туристички аспект планините може да се групираат во три групи: излетничко - рекреативни, спортско - манифестациски и планини со комбинирано значење. Излетничко - рекреативните планини се карактеризираат по својата положба, односно се наоѓаат во близина на градските населби. Такви се Водно до Скопје, Бабуна до Прилеп, Плачковица до Штип, Радовиш, Виница и Берово и други планини.

Втората група ја чинат планини за спортско – манифе-стациски туризам. На нив постојат можности за одвивање на зимски спортови и тие привлекуваат не само спортисти туку и доста туристи. Особено бројот на туристите е поголем кога се одржуваат разни натпревари, шампионати и сл. Такви се на пример: Шар Планина, Бистра, Пелистер, Галичица, Осогово и други.

Третата група се планини со комбинирано значење. На нив е застапен и излетничко - рекреативниот и спортско – манифе-стацискиот туризам. Такви се на пример Шар Планина за Тетово.Попова Шапка е зимско - спортски центар од европско значење. Потоа Пелистер за Битола. Ниже Поле нуди услови и за одржување на скоро сите зимско - спортски манифестации и др. планини.

За планините е карактеристично што претставуваат простор во кој нормално функционираат и двете туристички сезони во годината. Дали ќе доминира зимската или летната сезона зависи од повеќе фактори при што организациските мерки и пропагандата играат многу значајна улога.

За атрактивноста на нашите планини од посебно значење се климата и шумовитоста. Тоа се два најважни фактора кои ги определуваат нивните рекреативни особини. Во климатски поглед, особено на високите планини се разликуваат две годишни времиња - летно и зимско кои посебно се одразуваат на туристичките

Page 150: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

146

движења. Летата на нашите планини се свежи и пријатни за разлика од жешките и тешкоподносливи места во котлините. На планините на височина до 1000 м.н.в., средната јулска температура на воздухот изнесува до 18 оС, додека во котлините таа е над 25 оС.

За зимскиот туризам на планините од посебно значење е времетраењето и дебелината на снежната покривка како и должината на траењето на сончевиот сјај, како и големата чистина на воздухот за разлика од големата аерозагаденост во котлините.

Во релјефот на Македонија покрај планините како крупни релјефни форми има и други форми на релјефот кои може да се користат од туристички аспект. Такви се на пример пештерите, кањоните, клисурите и уште некои други форми кои поретко се сретнуваат во релјефот.

Пештерски украс од пештерата Убавица , Гостиварско

Како земја во која доста е застапен карстот во неа се развиени и карсните форми, и тоа како површинските: вртачи, ували, помали карсни полиња и сл., така и подземните: јамите и пештерите. Меѓу сите нив пештерите туристички се најатрактивни.Меѓутоа

Page 151: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

147

Македонија не е така богата со пештери, а и тие што ги има се мали и не се така богати со пештерски накит. Вкупно во Републиката до сега се испитани и регистрирани околу 105 пештери и 12 јами. Најинтересни и најпознати се пештерите “Ѓоноица” или “Убавица” на планината Буковиќ, на стариот пат помеѓу Гостивар и Кичево, потоа пештерата Бела Вода во Демиркаписката Клисура, пештерата Понор во клисурата Пешта на реката Бабуна, пештерата Дона Дукана планината Жеден, Змејовица во Поречје, Самоска Дупка на Галичица, Алилица и Калина Дупка на Бистра и др. Од откриените јами попознати се: Горен и Долен Биеш на Даутица, Ледена Јама под Солунска Глава на Даутица, Чавкарник на Бистра и др.

Смоларски Водопад на планината Беласица

Долж речните долини во Република Македонија се јавуваат голем број на клисури кои му даваат уште еден белег на и така сложениот релјеф. Клисурите како природна, а често пати и единствена врска помеѓу одделените котлини битно влијаат врз комуникациската способност на просторот но по својата атрактивност значајни се и за развој на туризмот. Вкупно во Републиката се јавуваат околу 14 поголеми клисури и скоро сите се одликуваат со специфични убавини. Меѓу нив најдолга а и најатрактивна е клисурата на реката Радика која е долга 42,5 км, а на просторот наречен Барич таа претставува кањон чии страни се

Page 152: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

148

скоро вертикални и високи преку 1500 метри. На реката Вардар помеѓу трите големи клисури: Дервенската, Таорската и Демиркаписката, најатрактивна е последната - Демиркаписката клисура. Нејзината туристичка вредност ја зголемува и фактот што низ неа води и современа патна сообраќајница како и железничка линија. Потоа на самиот влез во клисурата е и познатата пештера Бела Вода, која ако се уреди може да претставува посебна туристичка атракција. Туристички многу привлечни се и Скочавирската Клисура на Црна Река и клисурата на реката Треска. На последната е и продолжениот кањон Матка, во кој е подигнато вештачкото езеро со хидроцентрала “Матка”, а се наоѓаат и десетина доста атрактивни пештери. Сите овие атрактивности и близината на градот Скопје овозможиле таа да стане една од главните излетишта на населението од овој град.

Сулфатара Дувало кај селото Косељ, Охридско

Меѓу останатите форми во релјефот, доста атрактивни и вниманието на туристите го привлекуваат вулканиските купи во околината на Кратово, изливите на вулкански стени кај селото Младо Нагоричане кај Куманово и особено поствулканската појава - сулфатарата Дувало во селото Косељ кај Охрид. За сите нив е карактеристично што с@ уште не го нашле своето право место во

Page 153: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

149

туризмот на Републиката. Нивното пропагирање може многу поволно да се одрази на целокупниот туристички промет, а тоа го помогнува и квалитетната мрежа на патиштата која води низ клисурите.

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ:

�Колку планински масиви постојат во Македонија и како се поделени тие?

�Колку вкупно зимско - спортски центри може да се формираат на високите планини и кои планини се најпогодни за овој вид туризам ?

�Како делува во биоклиматски поглед планинската клима ? �Како ги делиме планините од туристички аспект ?

4. Туристички атрактивни својства на растителниот и животинскиот свет

Флората и фауната во Македонија имаат значителни туристички вредности и даваат широки можности за користење во туристички цели. Растителниот и животинскиот свет се одликуваат со богатство и различност во видовите и нивната разместеност е во тесна врска со природните услови. Се карактеризираат со законитост и тоа како во вертикална така и во хоризонтална положба.

Меѓу растителниот свет, од физиолошките типови, шумите се најзначајни за туризмот. Денес во Р. Македонија шумите и шумското земјиште зафаќаат површина од 950 000 ха, или 37 % од нејзината вкупна територија. Од нив шумите во националните паркови покриваат површини од 43589 ха, а шумите во излетничките места 1103 ха. Доста е голема и површината на заштитените шуми кои се надвор од националните паркови - 17617 ха, како и на шумите со посебна намена - 8997 ха, кои се исто така значајни за развој на туризмот.

Page 154: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

150

Националните паркови и резервати особено ја потврдуваат улогата на растителниот и животинскиот свет со композицијата на пејзажот како посебно атрактивни туристички простори. Во биографски поглед националните паркови може да опстојуваат како самостојни туристички простори, а такви може да бидат и комплексите на шумите во близината на поголемите градски и индустриски центри. Националните паркови всушност ја за-штитуваат типската разновидност, реткоста на видовите или историската знаменитост на просторите. Во флористичко - фаунистички поглед во нив се застапени доста голем број на ендемни реликтни растителни и животински видови. Флората исто така се карактеризира со извонредни контрасти, носејќи во одделни региони типични медитерански белези, а во високите планини - елементи од алпската вегетација.

Гол Човек, ендемично дрво на планината Кожуф

На територијата на Република Македонија постојат тринационални парка и еден резерват. Националните паркови се: Пелистер, Маврово и Галичица, а резерват е Јасен на планината Јакупица.

Page 155: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

151

Национални паркови и резервати во Р.Македонија

Национален парк општина Површина во ха

Надморска вис.

Пелистер (1948 г.) Битола 10400 600 - 2600 Маврово (1949 г.) Гостивар 73088 400 - 2200 Галичица (1958 г.) Охрид - Ресен 23000 700 - 2255 Јасен (резерват) Скопје - Кисела Вода 10000 376 - 2180

Пелистер е најстар национален парк во Македонија. Како национален парк прогласен е уште во 1948 година. Зафаќа вкупна површина од 10400 ха со висинска разлика од 600 до 2600 м. Под шуми се наоѓаат 5377 ха, потоа под планински пасишта, видиковци и геоморфолошки формации 2393 ха и под високопланински пасишта 2630 ха. Шумата од Молика (вид на ендемичен и реликтен бор за првпат откриен од страна на Гризебах во 1829 година ), е посебна вредност на паркот. Се простира на површина од 1300 ха (чисти состојки) и претставува резерват. Во паркот се застапени повеќе видови на дрвја, така што во неговата дендофлора се јавуваат 29 % од вкупната македонска дендофлора.

Паркот се карактеризира и со тоа што на релативно мало подрачје се сконцентрирани голем број специфични природни реткости. Пелистер како висока планина за време на плеистоценот била под лед и од тогаш се останати циркови, валови и морени како специфични глацијални форми во релјефот. Во два цирка се сочувани леднички езера - Големото езеро кое се наоѓа на 2218 м надморска височина и зафаќа површина од 4,2 ха и Малото езерокое е на надморска височина од 2180 м. Потоа во паркот се сретнуваат камените реки како специфични морфолошки форми и редок природен феномен. Националниот парк Пелистер е поделен во три зони: строго заштитена зона со површина од 1600 ха, рекреативна зона со повеќе туристички и спортски објекти и стопанска зона.

Националниот парк Маврово е прогласен со закон во 1949 година, а опфаќа површина од 73088 ха, и е најголем национален парк во Македонија. Во законот со кој е прогласен за национален

Page 156: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

152

парк се вели: “Заради особените природни убавини историското и научното значење, шумите и шумските предели околу Мавровското Поле се прогласуваат за национален парк”. Покрај Маврово и околните шуми, паркот зафаќа и дел од долината на реката Радика, како и делови од планините Бистра, Кораб и Шар Планина. Во паркот се наоѓаат 52 врва повисоки од 2000 метри надморска височина и највисокиот врв во нашата земја Кораб со 2764 метри надморска височина. Овие предели претставуваат ретка природна убавина со сите карактеристични природни форми на флората и фауната на Македонија.Под шума во паркот се наоѓаат 28252 ха, под шумски пасишта 6039 ха, високопланински пасишта 29338 ха и под голини и неплоден камењар 9460 ха.

Панорама од националниот парк Маврово

Планината Галичица која се издига помеѓу Охридското и Преспанското Езеро за национален парк е прогласена во 1958 година. Основните мотиви заради кои оваа планина е прогласена за национален парк се : специфичната географска положба што Галичица ја зазема помеѓу двете езера и со нив чини единствена

Page 157: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

153

природна целина, потоа богатството со растителни и животински видови - во паркот се сретнуваат околу 130 разни видови на дрвја, како и извонредно развиениот релјеф со впечатливи и прекрасни видици.

Националниот парк Галичица зафаќа површина од 23000 ха, од кои шумите покриваат 12790 ха, додека другата површина претставува планински пасишта, обработливо земјиште и населби.

Вкупната површина на националните паркови и резерватот Јасен изнесува 116488 ха и во однос на површината на целата Република претставува релативно доста голем простор. Посебно треба да се истакне дека овие простори се богати со таканаречен крупен влакнест и перјест дивеч како: мечка, рис, срна, дива коза, дива свиња, волк, лисица, куна, јазовец и многубројни претставници од птици.

Освен националните паркови во Македонија постојат и други заштитени простори како: строги природни резервати, - ботаничко зоолошкиот резерват на островот Голем Град во Преспанско Езеро, оринтолошкохидролошкиот резерват Катлановска Бања, резерватот на птици пејачки кај с. Трубарево - Скопско и др. Потоа научно-истра-жувачки природни резервати како орнитолошкиот резерват на брегот на Дојранското Езеро, шумскиот резерват Јелак на Шар Планина, резерватот на степска вегетација Орлово Брдо кај Криволак и др. Во категоријата споменици на природата спаѓаат : Охридско, Преспанско и Дојранско Езеро, кањоните на реките Треска, Радика и Црна Река, Маркови Кули кај Прилеп, изворите на реката Вардар, на реката Треска, на Црни Дрим кај Св.Наум, термоминералните извори на Катлановска Бања, Бањиште и Косоврашка Бања, Демиркаписката Клисура, Базалтните Купи кај Куманово, Палеонтолошкото наоѓалиште кај Т. Велес и др.

Со закон се заштитени и 53 видови на растенија и 48 видови на птици во Републиката кои се наоѓаат надвор од природните резервати. Тие се или ендемични или нивниот опстанок е загрозен, а се од особено значење за науката.

Page 158: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

154

Срни, ловно богатство на нашите планини

Од животинскиот свет во Македонија посебна туристичка вредност има ловниот дивеч. Ловот често претставува самостоен мотив за привлекување на туристи и оние простори кои располагаат со ловен дивеч, претставуваат значајни потенцијални подрачја за развој на туризмот. Вакви ловишта и ловни зони постојат скоро во сите општини во Републиката. Нивната вкупна површина изнесува околу 3 милиони хектари.

Како поуредени ловишта во Републиката се сметаат: Дојран - за диви свињи, Богословец - за еребици, Катланово - за фазани, Маздрача на Шар Планина - за диви свињи и диви кози, Брзовец на Бистра - за диви кози и др.

Ловните резервати се исто така, значајни туристички про-стори. Богатиот и разновиден растителен свет и другите природни погодности условиле во нив да се развие и богат животински свет. На туристичката вредност на нашиот животински свет, влијаело неговото сиромаштво во Западна и Средна Европа, како најголеми

Page 159: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

155

матични зони на меѓународниот ловен туризам. Меѓутоа ловниот туризам во нашата земја сé уште нема развиена традиција.

Речен рибар

Вид на дивеч, површина на која живее во ха и предели со најголема застапеност во Р.Македонија

I. Ситен ловен дивеч1 Зајак 700000 Во сите котлини и ридски предели II. Крупен ловен дивеч1 Дива

свиња 470000 Дојранско, Демиркаписко, Кожуф, Шара, Кораб,

Бистра, Јабланица, Јакупица и др. 2 Срна 586000 Сите планини во Р.Македонија 3 Дива

коза 78000 Кораб, Бистра, Шар Планина, Стогово, Караџица и

др. 4 Елен 10000 Кожуф, (Дошница).

Page 160: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

156

III. прелетен ловен дивеч1 Полска

еребица 700000 сите земјоделски подрачја во Р. Македонија

2 Горска еребица

400000 Богословец, Страцин, Демир Капија, Маврово, Сува Гора, Жеден и др.

3 Фазан 100000 Скопска Котлина, Полог, Кочанска Котлина, Гевгелиска Котлина и др.

Риболовот на нашите езера како и оној на реките, претставува исто така своевидна туристичка атракција. За овој вид туристичко - рекреативни активности постојат широки можности на сите природни и вештачки езера, потоа на поголемите реки како и на планинските потоци. Вкупната погодна површина за рибарење во Р. Македонија изнесува околу 55000 ха. Од неа најголем дел се наоѓа на природните езера - 46400 ха, потоа следуваат вештачките акумулации - 5670 ха, па речните токови - 2200 ха, и рибниците околу 860 ха.

Дојранско Езеро, најстар начин на риболов

Page 161: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

157

Ендемични животни, како и ендемични растенија се оние кои ги преживеале големите климатски промени во ледената епоха. Денеска најмногу ендемични видови на животни се јавуваат во нашите езера. Посебен куриозитет на нашата фауна претставуваат реликтите од терциерната фауна. Така скоро половината од животинските видови во Охридското Езеро постојат уште од пред ледената доба. Затоа ова езеро е наречено музеј на прастари животни и претставува најбогато езеро со фаунистички ендеми во Европа. Во нашите високопланински глацијални езера се задржал ендемичниот тритон. Дојранското езеро пак спаѓа меѓу најбогатите езера со риба во Европа, а за туристите посебно е интересен специфичниот начин на ловење риба, со помош на птици, кој систем на риболов денес не се применува на ниту едно друго езеро во Европа.

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ:

�Колкава површина покриваат шумите во Македонија а колку од нив се во состав на националните паркови ?

�Наброј ги националните паркови и најди ги на карта ? �Кои се другите заштитени простори во Македонија и кои од нив

спаѓаат во категоријата споменици на природата ?

ИСТРАЖУВАЈ: Кој карактеристичен дивеч живее во уредените

ловишта во Република Македонија

ДА ЗАПОМНИМЕ:Езерата претставуваат најатрактивни туристички ресурси во нашата земја. Нивниот број во Републиката изнесува околу 160. Од нив 3 се големи тектонски езера, 15 се поголеми вештачки акомулации, 25 се позначајни глацијални езера, останатите се мали природни и вештачки езеррца. Вкупно во Р. Македонија има повеќе од 65 термоминерални извори. Како самостојни бањски места сеформирани 8 бањски места. На нашите планини постојат 6 зимско-спортски ц ентри и тоа:

Page 162: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

158

Попова Шапка на Шар Планина, Маврово на Бистра, Крушево на Бушева Планина, Ниже Поле на Пелистер, Пониква на Осогово и Галичица на Галичица. флората и фауната во Македонија имаат значителни туристички вредности и пружаат широки можности за користење во туристички цели. Како самостојни туристички простори се издвојуваат националните паркови - Пелистер, Маврово и Галичица.

ТЕМА ЗА ДИСКУСИЈА: Како влијаат природните услови на нашите езера и

планини (на пример температурата на водата и време-траењето на снежниот покривач), врз должината на туристичката сезона.

5. Антропогени туристички ресурси

Република Македонија се карактеризира со изобилство од антропогени творби кои се мошне атрактивни и претставуваат значајна погодност за развој на туризмот . Динамичкиот историски развиток на Македонија од времето на древните Македонци па сé до најновиот период оставиле низа траги во материјалната и духовната култура на македонскиот народ и националностите што живеат во неа. Атрактивноста и туристичката вредност на антропо-гените туристички ресурси определени се од територијалната специфичност и од националното обележје. Големиот број на националности со специфични етнички обележја, како последица на бурниот и сложен историски развиток, укажуваат на атрактивноста и привлечноста на оваа група туристички ресурси.

Врз вредноста на овие ресурси влијаат повеќе фактори на туристичката валоризација. Меѓу нив положбата, поточно односот спрема главните правци на туристичките движења и близината и големината на туристичките дисперзиви се најважни. Сепак нивната вредност најмногу зависи од сопствената атрактивност, потоа од бројната застапеност и разместеноста како и од присуството на природните туристички ресурси.

Page 163: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

159

Антропогените туристички ресурси кај нас главно може да се категоризираат во три групи и тоа: Културно - историски споменици, етнографски вредности и манифестациите како туристички привле-чности.

Културно - историските споменици поради бројната застапеност и знаменитоста имаат посебно значење за развој на туризмот. Нив на територијата на Републиката вкупно ги има околу 700, од кои околу 20 се од времето на праисторијата, 40 од античкиот период, 70 од средновековниот, 100 од времето на преродбата и од НОВ, и 300 од областа на народната архи-тектура. Ова споменично богатство се сретнува низ целата територија на Македонија. Сепак најголем број споменици се јавуваат околу Охридското Езеро, повеќе од 180, потоа следува Скопското подрачје - 120, па Гостиварското - 70, Крушевското - со Битолското - 50 и др.

Од аспект на туризмот посебно значење имаат археолошките лока-литети. Од нив повеќето зачувале траги на римската цивилизација, бидејќи нивните градови биле врзани главно за големите комуникации како Виа Игнација, или онаа што водела долж реката Вардар. Најдобро сочувани споменици од тој период се амфи-театрите во Стоби , Скупи, Хераклеа и Лихнидос. Иако овие културно - историски споменици од предсловенската цивилизација не може да се сметаат како посебен мотив за масовен туристички промет, сепак со својата знаменитост ја зголемуваат вредноста на локалитетите во кои се наоѓаат.

Доаѓањето на Словените во VI и VII век претставува најважен настан во историјата на Македонија. Тогаш пред се од основа се изменила етничката структура на оваа територија. Потоа Маке-донските Словени постепено дале и печат на физиономијата на населбите. Раниот феудален период во Македонија траел од VII до XII век и тогаш е основана и првата македонска држава – Само-иловото Царство и е воспоставено црковното влијание - Охридската архиепископија. Многу побројни и поатрактивни се спомениците од XII до XV век кога почнале да се создаваат градските населби и

Page 164: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

160

кога се подигнати многу манастири и други згради ширум целата територија на Македонија. Од тоа време се сочувани бројни цркви и манастири како: Св.Софија во Охрид, Св. Наум и Св.Јован Канео на брегот на Охридското езеро, Св. Јован Бигорски во долината на реката Радика, Св. Архангел - Михајло во с. Лесново кај Пробиштип, Св.Јоаким Осоговски кај Крива Паланка, Св. Богородица во с. Вељуса кај Струмица, Св. Пантелејмон во с. Нерези - Скопје и уште многу други. Во Македонија постојат и голем број на тврдини кои не се доволно проучени. Вакви споменици се наоѓаат во Охрид, Прилеп, Скопје, Штип, Струмица, Валандово, Демир Капија ( легендарниот Стрезов град во Просек ) и во други места.

Археолошки локалитет Хераклеа кај Битола

Посебно место меѓу културно - историските вредности заземаат спомениците во Охридското подрачје. Овде во минатото се наведува дека имало толку цркви и манастири колку што има денови во годината, односно имало околу 365 вакви објекти. Најголем дел од нив денеска се разрушени, но некои како црквата Св. Софија, манастирскиот комплекс Св. Наум или Св. Јован Канео се

Page 165: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

161

сочувани и со својата архитектура и фрескосликарство имаат не само непроценливо научно , туку и големо туристичко значење.

Св. Јоаким Осоговски, еден од најпознатите културно-историски споменици Р. Македонија

И од времето на турското владеење останале доста споменици на материјалната култура во Македонија. Тие споменици не се претставени само со џамии туку и со архитектонски елементи во населбите така што имаат посебен атрактивен елемент и имаат своевидна туристичка вредност. Такви се: Султан Муратовата џамија во Скопје, која е единствена оставнина на турски султан во Македонија подигната од страна на султанот Мурат ИИ во 1436 година, потоа Исак Беговата џамија, Мустафа Пашината џамија исто така во Скопје, во Битола Ајдар кади џамија и Исак џамија и Јени џамија, Шарена џамија во Тетово и др.

Не помало внимание кај туристите побудуваат и објектите од народната архитектура. Тие се сконцентрирани во градовите: Охрид, Крушево, Струга, Т. Велес, Кратово и други градови во Републиката. И македонските села со својата архитектура импресионираат во повеќе краеви - долината на Радика,

Page 166: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

162

Малешевијата, Дримкол и други места. Тие покрај оригиналната градба на куќите, интересната физиономија на маалата, атрактивни се и по својата вклопеност во природниот амбиент.

Спомениците од времето на преродбата и народно-ослободителната борба се сретнуваат исто така, низ целата територија на Републиката. Меѓу нив особено се истакнува споменикот “Македонија” во Крушево, потоа спомен гробницата во Прилеп и Кичево и повеќе споменици во Скопје, Охрид, Гостивар и други градови од Македонија. Сите тие го обележуваат непо-средното бурно минато на македонскиот народ, а евоци-рањето на спомените што тие ги обележуваат побудува посебен интерес кај посетителите.

Споменик Илинден , Крушево

Етнографските специфичности со кои Македонија се карактеризира, претставуваат значаен привлечен фактор и важен елемент за развој на туризмот. Тие се однесуваат на начинот на живеењето на македонскиот народ и на националностите што

Page 167: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

163

живеат во Македонија, потоа на нивната материјална и духовна култура, на фолклорот, исхраната, носијата, поточно сето она што го чини животот на ова население.

Нашето фолклорно богатство: обичаите, игрите, песните, носиите и сл. се карактеризираат како по својата атрактивност така и по својата суптилност и содржајност. Своето уметничко творештво и талент нашиот народ го внел во сите предмети кои ги користи во секојдневната употреба. Со тоа на еден оригинален и рустикален начин е соединето убавото со практичното. Сепак, во поглед на атрактивноста и туристичката привлечност на прво место стојат нашиот музички фолклор и носијата.

Народните игри претставуваат вонредно богатство на секое подрачје во Македонија поодделно. Тие се особено атрактивни и содржајни во Скопска Црна Гора, Мариово, Мијачките предели и во планинските краеви во Источна Македонија. Често имињата на игрите многу говорат за нивното потекло и специфични карактеристики. На пример преку “Тешкото” се прикажува тешкиот живот на нашиот народ и неговата борба за слобода. Тоа најсилно делува на гледачите кога го играат Мијаците. Не помалку атрактивни од него се и “Арамиското”, “Комитското” и др. Со својата обредна содржина се истакнуваат русалиските игри од околината на Гевгелија. Тие се изведуваат од Божик до Богојавление, со дрвени сабји и секири и претставуваат привлечна туристичка атракција.

Песната кај нашиот народ е редовен придружник на сите полски работи , празнувања, свадби и собири. Многу привлечни во Македонија се зборовите од песните на жетварите, потоа нема празник за кој не се пее некоја пригодна песна ( “коледни”, “велигденски”, “ѓурѓовденски” и др. ) а без песни не се прави ни една свршувачка или свадба. Македонскиот народен мелос е мошне пријатен поради што успешно се вклопува во туристичката понуда.

Page 168: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

164

Женска носија од Мијачкиот крај

И народните носии во Македонија многу се разликуваат едни од други. На прво место, поинаку се носат Македонците од националните малцинства. Така кај населението во селата од сливот на реката Радика се јавува прочуената реканска или мијачка носија, каде мажите носат бели “бечви”, а на горниот дел од телото тешко “кепе” или “забанче”. Кај женските особено е украсена кошулата со црвен конец, а “елекот” со златни филигрански копчиња и срма. Во северозападните делови на Охридско- струшката област Албанците и Власите имаат китнеста носија “Тоска”. Кај Мариовците преовладува облеката од бел шајак, при што носијата на Мариовката се одликува со големо богатство од украси, каде особено се истакнуваат “сагиите” со црвените реси и невестинските “нетопи” на главите. Во околината на Гевгелија се јавува оригиналната русалиска носија, во која жените главата задолжително ја украсуваат со цвеќе. Во Скопско,

Page 169: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

165

посебно во Скопското црногорие, мажите носат бели гаќи, преку кои имаат бела ѕвонеста кошула која ја препашуваат со широк црвен појас. Власите од Источна Македонија пак носат црна облека со особен крој на ракавите, а жените широк набран фустан со голем струк. Најмногу го привлекува вниманието нивната носија на главата, во облик на тешко зафрлена капа и тетовиран крст на челото меѓу веѓите.

Добар дел од ова фолклорно богатство е собрано и се чува во околу 50 музеи кои се наоѓаат скоро во сите поголеми градови на Македонија. Во тој поглед особено се истакнуваат музеите на Македонија во Скопје чии изложби се и најпосетувани од страна на туристите.

Македонскиот фолклор секогаш привлечен за туристите

Комплети или делови од македонската носија како и носијата на националностите високо се ценат како сувенири, а играчите и ансамблите во народна носија претставуваат голема атракција за секој турист. Погоден начин за презентирање на народните песни и игри се и одржувањето на разните фолклорни манифестации како Галичката Свадба, Охридските староградски песни и др.

Page 170: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

166

Не помало значење за привлекува-њето на одредена туристичка клиентела се и стопанските манифестации, особено изложбите како и спортските манифе-стации посебно ако се од повисок ранг. Тие со својата привлечност и условите што ги даваат за посета на масовна туристичка клиентела ја чинат третата група туристи-чки ресурси кои имаат исто така свое значење за развој на туризмот.

Всушност сите видови манифестации кои се одржуваат во нашата Република ја збогатуваат нејзината туристичка понуда. Меѓу нив особено се истакнуваат: “Охридско лето”, “Балкански фолклорен фестивал” во Охрид, “Струшки вечери на поезијата” во Струга, “Мајски оперски вечери” и “Семинарот за македонски јазик”, во Скопје, Ликовната колонија во Струмица, Керамичката колонија во Ресен, Рациновите средби во Т.Велес,

Дојрански ракувања во Дојран, “Десет дена на Крушевската Република” во Крушево, “Илинденските денови” во Битола, манифестациите кои ги организира Скопскиот саем и други слични манифестации кои се организираат низ Републиката.

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ:

�Од што зависи туристичката вредност и туристичкото искористување на антропогените ресурси ?

�Како се групирани антропогените туристички ресурси во Македонија и кои се нивните главни претставници?

�Што од фолклорното богатство е посебно значајно за туризмот и како се презентира тоа ?

Во улога на туристичкуводи на туристички водич напрви план за 10 дневна посета на нашите значајни манастири.

ИСТРАЖУВАЈ: � Посети некој значаен културно-историски споменик во

околината на твоето место на живеење и опиши го неговото туристичко значење.

Page 171: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

167

ДА ЗАПОМНИМЕ:Антропогените туристички ресурси поради бројната застапеност во Р. Македонија и нивната нагласена знаменитост, имаат посебно значење за развој на туризмот. Категоризирани се во три групи: културно-историски споменици чии број изнесува околу 700, етнографски вредности и манифестациите како туристичка привлечност. Етнографските специфичности ги сочинуваат матерјалнаѕта и духовната култура на македонското население како, фолклорот, исхраната, носијата и сл. И манифестациите од секаков вид ја збогатуваат туристичката понуда во местата каде се оддржуваат.

3. УГОСТИТЕЛСТВОТО КАКО ФАКТОР ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ

Еден од најзначајните елементи во туристичката рецептива и основен фактор во туристичката понуда во одредено туристичко подрачје е угостителството. Капацитетите за сместување и исхрана ги одредуваат димензиите на туристичкиот промет и директно влијаат врз неговиот обем.

Вбројувањето на туризмот во дејностите од посебен општествен интерес за Републиката, овозможи туристичкото стопанство да се здобие со солидна материјална база. Основна карактеристика на вкупната туристичка понуда на сместувачките капацитети е што нивниот обем во целиот повоен период е во постојан раст. Напоредно со тоа е зголемуван и бројот на вработените во угостителството.

Ако се анализира развојот на угостителството ке се забележи додека пред војната во Македонија имало само околу 910 легла, во годините на војната тој постојано се шири, поточно на секој десет години се зголемува за скоро два пати. Во 1960 година Републиката располагала со 10626, во 1980 со 52400 а во 1990 година тој број се зголеми на 82400 легла. во следните години бројот на леглата е во стагнација или опаѓа. Така во2000 година тој број се намалува на 73 000 легла. Најголем подем во изградбата на нови угостителски

Page 172: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

168

објекти е остварен во периодот од 1970 до 1985 година, кога условите за изградба биле и најповолни (рок на отплата на кредитите над 20 години, ниски, каматни стапки до 3%, без обезбедување на сопствено учество на инвеститорите и со одобрување од страна на банките на дополнителна антиципативна камата. Во овој период од 15 години се изградени околу 50000 легла, или секоја година угостителството е проширувано за по 3300 легла. Тогаш се изградени најголем дел од хотелските сместувачки капацитети во Републиката. Меѓу нив познати се хотелите: “Метропол” и “Десарет” во Охрид, “Дрим” во Струга, “Континентал” и “Олимписко село” во Скопје, како и хотелите во Битола, Крушево, Штип, Кичево, Св. Николе, Берово, Радовиш и во други градови.

Развој на угостителството во Р.Македонија за период од 1940 до 2000 година

910 419110626

20127

52400

8240073760

3800 699512645 13633 10400

0100002000030000400005000060000700008000090000

1940 1955 1960 1970 1980 1990 2000

br.na legla br.na vrab.

Во поглед на просторната разместеност на угостителските капацитети, карактеристично е што над 80% од вкупниот број на легла во Републиката се наоѓаат во езерските туристички места, на второ место е Скопје со учество од 5%, на трето се планинските туристички места со учество од 4% и на крајот се бањските туристички места со учество од само 2%.

Page 173: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

169

Хотел "Монтана"- Крушево

Паралелно со развојот на сместувачките капацитети се проширувани и капацитетите за исхрана и точење на пијалаци. Нивниот обем изразен преку број на седишта покажува дека во 2000 година изнесува 130 000 седишта што покажува дека и тие претставуваат доста развиена рецептивна база на туризмот. Денеска најголем број на легла се наоѓаат во домаќинствата (приватните соби) - 26 000 легла, хотелите со 14 000 легла се на второ место, додека камповите со 12 000 легла го заземаат третото место.

Хотел "Континентал"- Скопје

Page 174: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

170

Застапеност на леглата по видови на објекти

Вид на објекти 1970 година % 1990

година %2000

година %

Хотели вкупно 3300 16,4 13000 15,8 14468 19,6

А категорија 838 - 3654 - - -

Б категорија 500 - 8320 - - -

Ц категорија 1560 - 423 - - -

Д категорија 400 - 592 - - -

Пансиони 148 1,0 22 - 46 -

Преноќишта 200 1,2 89 - 159 0,2

мотели 590 3,0 549 0,7 1018 1,4

турис.населби 901 4,5 852 1,1 456 0,6

кампови 2437 12,0 18295 22,2 12608 17,2

Бањски лекувал. 1438 7,2 1743 2,1 1225 1,7

Планин.домови 401 2,0 110 0,1 204 0,3

Одморалишта 3034 15,3 8358 10,5 7561 10,2

Детски и млад.лет. 2780 14,3 7945 9,5 7976 10,8

Прив.смест. кап. 292 1,6 1564 2,0 1900 2,6

Приватни соби 4337 21,15 29895 36,0 26138 35,4

Вкупно 20127 100% 82400 100% 73759 100%

Од прегледот се гледа дека во последните дваесет години извршени се значајни промени во застапеноста на бројот на леглата по видови на објекти. Забележливо е зголемено учество на леглата

Page 175: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

171

во приватните соби и тоа од 21,5 % во 1970 година на 36,0 % во 1990 година. Слична е состојбата и со учеството на леглата во камповите, додека намалено е учеството на бројот на леглата во бањските лекувалишта од 7,2% во 1970 година на 2,1% во 1990 година, потоа учеството на леглата во одморалиштата, детските и младински летувалишта, туристичките населби и сл. Во некои објекти е присутно и значајно опаѓање во бројот на леглата, иако во целост вкупниот број на легла е намален за четири пати. Најголемо вакво намалување се забележува кај хотелите од Ц категорија и тоа од 1560 легла во 1970 година на 423 легла во 1990 година, што може да се окарактеризира како позитивна тенденција бидејќи се работи за легла во објекти од лош квалитет.

Хотел "Бисер"- Струга

Досегашниот развој на угостителството н@ упатува на заклучок дека ако тоа сака да ги задоволува потребите на туризмот, мора перманентно да се шири и приспособува кон современите барања на гостите. На туристичкиот пазар скоро редовно е присутна неусогласност помеѓу побарувањето, посебно на современи угостителски објекти кои во нашите туристички места не се така нагласено присутни.

Page 176: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

172

4. КОМУНИКАТИВНИ ФАКТОРИ ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ

Сообраќајната поврзаност на нашата држава со останатите држави на Балканскиот Полуостров и пошироко и состојбата на сообраќајниците во самата Република Македонија имаат огромно значење за развој на туризмот. Посебно ако се земе во обзир дека таа е доста оддалечена од изворите на странската туристичка побарувачка, тогаш само добрата сообраќајна поврзаност може да ја ублажи ваквата состојба.

Во Републиката денес се застапени патничкиот, желез-ничкиот, воздушниот, водениот, ПТТ сообраќајот, градскиот сообраќај и жичарниците како современи сообраќајни гранки. Потоа во ридско планинските подрачја, с@ уште постојат и некои традиционални видови на патниот сообраќај како колскиот, товарниот, па дури и пешачко - носечкиот.

За развој на туризмот одделните видови на сообраќај имаат различен придонес и значење. Најголем број од туристите кои престојуваат во Републиката го користат патничкиот сообраќај додека учеството на железницата не е така нагласено. Жичарниците пак , како чисто туристички сообраќајни средства во последните години с@ повеќе се градат, посебно во планинските туристички центри.

Патниот сообраќај во Македонија во превозот на туристите игра најзначајна улога. Тој е најразвиен вид на сообраќај во Републиката. Сите места се поврзани со асфалтни патишта, а такви патишта се изградени и до сите туристички центри и туристички локалитети. Вкупната должина на патната мрежа во 2004 година изнесува 13 100 км. Најголем дел од неа или 64,5 % се патишта од локално значење, потоа 26,6 % се регионални патишта и 8,9 % се магистрални патишта. Според видот на коловозот тие патишта се современ коловоз, асфалт, и камена коцка, потоа патишта со толченик и земјени патишта. Должината на патиштата со современ коловоз изнесува 5100 км, потоа следуваат земјените патишта и на крајот се патиштата со толчаник.

Просечната густина на патната мрежа во Републиката изнесува 41 км на 100 м2 површина, што е мала и с@ уште не е усогласена со

Page 177: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

173

општите потреби на земјата и е многу помала од густината на пример на патната мрежа во Р.Словенија.

Според квалитетот, стопанското, односно туристичкото значење најважен магистрален а воедно и меѓународен патен правец во Република Македонија е патот Е - 75. Тој поаѓа од Остенде на брегот на Северното Море во Белгија и води преку: Брисел - Нирнберг - Виена - Будимпешта - Белград - Скопје - Солунза Атина во Грција односно Анкара во Турција. Во Македонија покрај како Е-75 се води и како М-1, започнува на границата кон СР Југославија и преку Куманово, Петровец, Велес, Неготино, Гевгелија води до граничниот премин Богородица на македонско - грчката граница. Неговата вкупна должина изнесува 201 км. Изграден како дел од автопатот “Братство - единство “ во поранешна Југославија во периодот од 1959 година до 1964 година. Од 1977 година па наваму е започната негова модернизација и досега таа е извршена на делницата Куманово - Петровец - Велес - Деми Капија и Гевгелија - Богородица. Модернизиран е исто така и кракот Петровец - Скопје, така што на овие делници постои и втора коловозна лента. Патот М-1 е главна артерија на патната мрежа на Република Македонија. Тој минува низ централниот дел на државата и на него се надоврзуваат сите наши најважни магистрални патни правци. Такви се магистралниот правец М-2. Куманово - Крива Паланка - Граница со Бугарија, потоа М-3. скопје - Блаце , М-4. Скопје - Тетово - Гостивар - Кичево - Струга - граница со Албанија, М-5. Охрид - Битола - Прилеп - Веле - Штип - Кочани - Делчево - граница со Бугарија и М-6. Штип - Радовиш - Струмица - Ново Село - граница со Бугарија.

Магистралните патни правци меѓусебно се поврзани со регионални патишта. Меѓу нив поважни се: Кичево - М. Брод, Прилеп, Кичево - Демир хисар - Битола; Куманово - Св. Николе - Кадрифаково; Крупиште - Пробиштип- Кратово - Страцин; Криволак - Крива Лаковица и др.

Денес во нашата Република сообраќаат повеќе од 300 000 патнички автомобили и 2500 автобуси.

Во последните години патниот сообраќај има доминантно учество во превозот на патници. Тоа изнесува скоро 90% од вкупно предвидените патници во сите сообраќајни гранки, што е резултат

Page 178: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

174

на влијанието на повеќе фактори, како и на бројните предности што ги има тој во однос на другите сообраќајни гранки.

Најголем број од посетителите на нашите туристички места до нив пристигнуваат со автобус или сопствен автомобил. Овој вид на превоз се покажа како најпогоден, бидејќи возилото се користи како за патување на целата фамилија до избраното туристичко место, со попатни задржувања по сопствени желби (што не е случај со останатите превозни средства) така и за излети или одење до плажите како и за други потреби во текот на престојот во туристичките места.

Превозот на патници со железница во Македонија има с@ помало значење. Во тој поглед, посебно туристичките патувања сведени се на минимум. Тоа е и последица на фактот што нашите најважни туристички подрачја па и места како Охридското, Преспанското, Дојранското и Мавровското подрачје не се поврзани со железнички пруги. Исто така од железничките станици доста се оддалечени зимските и останатите туристички места кои претставуваат посебен туристички мотив.

Должината на железничката мрежа денеска во нашата Република изнесува 925 км и се состои од пруги со нормален колосек. На неа постојат 120 железнички станици преку кои се обавуваат сите дејности поврзани со нормалното одвивање на железничкиот сообраќај. Просечната густина на железничката мрежа изнесува 2,7 км пруга на 100 км2 површина што е сосема мала густина. Во вкупниот превоз на патници во Републиката железницата учествува со околу 10,5% кое во однос на патниот сообраќај е незначително.

Водениот сообраќај во Републиката е застапен на Охридското и Преспанското Езеро. Езерскиот сообраќај на нив е од сезонски карактер и има изразено излетничко - туристичко обележје. Главни правци на кои се превезуваат туристите се : Охрид - Св. Наум и Охрид - Струга на Охридското Езеро и правецот Отешево - Претор на Преспанското Езеро. За превоз на патници езерскиот сообраќај располага со четири мали езерски брода со 360 патнички места. За излетнички цели во голема мера се користат и малите кајчиња кои се присутни на сите езера а најмногу на Охридското каде само во Охрид има регистрирано оклу 2200 моторни чамци. Денес

Page 179: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

175

езерскиот сообраќај превезува околу 7 000 патници годишно и има симболично учество во нашиот вкупен патнички превоз.

Воздушниот сообраќај како најмлада сообраќајна гранка во Републиката игра значајна улога во превозот на патници и стока, особено во времето по нејзиното осамостојување. Тој се одвива преку одредиштата во Скопје и Охрид. Аеродромот “Петровец” кај Скопје се наоѓа 16 км од градот и располага со полетно - слетувачка патека долга 2450 метри и широка 45 метри, на него може да полетуваат и слетуваат и најтешки авиони. На оваа локација аеродромот постои од 1963 година, додека стариот аеродром кој се наоѓал во непосредна близина на Скопје бил изграден уште во 1928 година.

Аеродромот “Охрид” се наоѓа на 10 км оддалеченост од градот Охрид. Изграден е во 1952 година кога се користел само при поволни временски услови. Во 1970 година е модернизиран и оспособен за ноќно одвивање на сообраќајот. Тој одигра значајна улога во развојот на странскиот туризам во Охридскиот регион.

Денеска воздушниот сообраќај главно се врши со изнајмени авиони од други авиокомпании.

Со брод на Охридското Езеро

Page 180: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

176

Во 1990 година во воздушниот сообраќај се превезени 521000 патници, а во 2000 година тој број се наголемува на околу1 милион патници. При тоа значително поголем пораст на патници се остварува преку аеродромот “Петровец”, но туристичкиот промет е далеку повеќе нагласен на аеродромот “Охрид”.

Освен наведените сообраќајни гранки за развој на туризмот свое значење имаат и ПТТ сообраќајот, градскиот сообраќај и посебно жичарниците. ПТТ сообраќајот се одликува со релативно добра развиеност. Вкупно во Републиката постојат 295 пошти. Сите туристички места се поврзани со овој вид сообраќај.

Организиран градски сообраќај во Републиката има во Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Кичево, Тетово. Велес, Штип, Куманово, Струмица и Кочани.

Тој се извршува со околу 800 автобуси кои располагаат со повеќе од 100 000 седишта. Тие покриваат над 150 градски линии, а за туризмот посебно значење имаат оние кои водат до излетничките места на градските населби.

Во зимско - спортските центри на Македонија за сообраќајни цели се користат и жичарници, ски лифтови и др. Тие се застапени на Попова Шапка, Маврово, Крушево, Пелистер, Галичица и на Пониква на Осогово.

Нивното искористување како и бројно зголемување е во непосредна врска со натамошниот развој на туризмот во овие планински подрачја.

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ:�Кој вид на сообраќај најмногу се користи од страна на

туристите и зошто? �Кој е најважен патен правец во Македонија, со која ознака е

обележан и низ кои градови во Европа поминува ? �Наброј ги останатите магистрални патни правци во

Македонија ? �Зошто велиме дека железничкиот сообраќај има помало

значење за развој на туризмот ?

Page 181: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

177

�Кои се другите видови на сообраќај во Републиката и какво е нивното значење за туризмот ?

ДА ЗАПОМНИМЕ:

Капацитетите за сместување и исхрана директно влијаат врз обемот на туристичкиот промет. Република Македонија во 2000 година располагала со 70 000 легла. Од нив 80% се наоѓаат во езерските туристички места, а во однос на видовите на објекти најзастапени се леглата во приватните домаќинства - 26 000.

Во превозот на туристи, патниот сообраќај во Македонија игра најзначајна улога. Во тој поглед позитивно е што сите наши туристички места се поврзани со асфалтни патишта. Магистралната патна мрежа ја сочинуваат 6 магистрални патни правци:

М-1. Куманово - Скопје - Велес - Гевгелија ( Е - 75), (К-10)

М-2. Куманово - Крива Паланка (К-8)

М-3. Скопје - Блаце

М-4. Скопје - Тетово - Гостивар - Струга (К-8)

М-5. Охрид - Битола - Прилеп - Велес - Штип - Делчево

М-6. Штип - Радовиш - Струмица - Ново Село.

Page 182: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

178

РАЗВОЈ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА ТУРИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА

МАКЕДОНИЈА

РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ДО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

Развојот на туризмот во Р. Македонија тесно е поврзан со развојот на туризмот во поранешна Југославија. Бавниот развој на стопанството во овој дел на Југославија имал влијание и врз појавата и развојот на туризмот. Така во Македонија иако постојат бројни туристички атрактивности, сепак туризмот во неа се јавува прилично доцна. Ако изоставиме некои поединечни посети на разни истражувачи или мали групни излети од неодамнешното минато се забележува дека првата организирана туристичка дејност овде се јавува во 1927 година, кога во Скопје е основано и првото туристичко друштво “Југ”. Во почетокот неговата активност не била голема, не само поради тоа што тогаш слабо биле развиени навиките на луѓето за патување, туку и поради лошата состојба на патиштата и слабата материјална база, односно непостоењето на сместувачки капацитети.

Во 1930 година бил основан советодавен одбор за развој на туризмот, а во него влегле претставници на стопански и научни установи. За да си ја подобри својата материјална положба друштвото “Југ” истата година станало акционер на тогашен “Путник”, откупувајќи 25 акции во износ од 25000 динари. На тој начин друштвото се здобило со право да отвори во Скопје филијала на “Путник” и билетарница, потоа вршело туристичка пропаганда, прифаќало туристи и сл.

Page 183: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

179

Подоцна, развивајќи ја својата дејност по формирањето на туристички друштва во повеќе градови во Македонија, оваа организација прераснала во Сојуз на туристички друштва и станала член на Планинарското друштво на Југославија. Со ширење на туристичката активност во внатрешноста на Македонија биле основани и повеќе туристички друштва. Така, на пример, во Тетово било основано друштвото “Шар Планина”, во Охрид друштвото “Билјана”, во Битола друштвото “Јужни езера” и планинарското друштво “Пелистер”, во Крушево “Корија”, во Штип “Брегалница”, а помали секции постоеле во Куманово, Кочани, Прилеп и Т. Велес.

На одделни планини Сојузот организирал изградба на планинарски домови. Прв таков дом бил изграден на Љуботен во 1930 година со 15 кревети, потоа следната 1931 година таков дом бил изграден на Кајмакчалан со 20 кревети, а третиот на “Попова Шапка” исто така со 20 кревети. Во 1937 година во Маврово со средства што ги одобрила бановината бил изграден за тоа време релативно голем туристички дом со 70 легла. Една година подоцна односно во 1938 година на Пелистер биле изградени два планинарски дома, еден кај Бегова Чешма, друг на Копанки. И двата располагале со по 10 кревети.

Интересно е да се напомене дека на нашите планини, покрај планинарските домови, се градени и детски одморалишта. Тие биле подигнати дури и порано од планинарските домови. Такви детски одморалишта во Македонија биле изградени во 1926 година и тоа во две туристички места. Едното било подигнато на Пелистер и било познато под името на неговиот градител - детско одморалиште “Штампаревац”, а второто во Крушево кое и денеска постои под името “Шула Мина”. Одморалиштето на Пелистер се состоело од четири згради и располагало со 200 кревети, а одморалиштето во Крушево имало 6 павилјони во кои биле сместени исто така 200 кревети. Одморалиштата со струја се снабдувале од сопствени агрегати, а она на Пелистер имало и мал базен за пливање. Средства за нивна изградба дала тогашната Вардарска бановина.

Page 184: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

180

Од ова, може да се заклучи дека првите организирани туристички активности во Македонија почнале да се одвиваат околу триесеттите години на овој век и биле главно насочени кон нашите планини. Истовремено, туристички активности се одвивале и во нашите езерски и бањски места. Во тој поглед особено се истакнувал Охрид во кој биле изградени хотелите: “Велика Србија” и “Српски Краљ”, на Дојранското Езеро одреден број на вили, а во Катлановска Бања, во 1934 година хотелот “Пчиња” со 64 соби и 156 кревети.

Широка активност Сојузот на туристичките друштва развил и во ширењето на пропагандата. Така, на пример, во негова редакција биле отпечатени неколку туристички водичи како: “Скопје и неговата околина”, потоа “Охрид”, водичот “Туризам во Вардарската бановина” и “Бањи во Вардарската бановина”. Друштвото “Путник” пак од своја страна издало “Туристички патопис за Македонија”, а и планинарските друштва издавале свои пропагандни материјали. Во тој поглед треба да се одбележат и изложбите кои имале силен пропаганден ефект. Таква една забележителна изложба на фотографии за убавините на Македонија била организирана во Скопје во 1933 година.

До 1940 година во сите туристички места во Македонија имало вкупно околу 910 кревети. Најголем туристички промет е забележан во 1938 година кога во Македонија престојувале 67060 домашни туристи кои оствариле 165178 ноќевања. Од нив 61632 биле домашни туристи, а 5428 странски туристи. Домашните туристи оствариле 152042 ноќевања, а странските 13136 ноќевања. Меѓу езерските места најмногу туристи престојувале во Охрид и Струга, од планинските во Крушево, а од бањските во Катлановска бања.

Page 185: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

181

РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ПО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

Развојот на туризмот во повоениот период во нашата земја е во директна зависност од развојот на целокупното стопанство. Притоа, треба да се има предвид дека непосредно по Втората светска војна беше наследена мала по обем и квалитетно слаба матерјална база за развој на туризмот. Во периодот на обновата на македонското стопанство кое било дел од југословенското стопанство, целокупните напори биле насочени кон оние гранки на стопанството кои можеле да обезбедат поголема акумулација потребна за остварување на првиот петгодишен план. Поради тоа на туризмот не му било обрнувано доволно внимание. Всушност областа на услужните дејности во економската политика, долго време не спаѓала во т.н. приоритетни гранки на стопанскиот развој на земјата. Тоа се одразило и врз развојот на туризмот како дел од услужните дејности.

Во подоцнежниот период на туризмот од страна на државата почнува да му се посветува поголемо внимание, а со тоа се забрзува и неговиот развој. Сепак глобалната анализа на туристичкиот промет укажува дека неговиот развој не бил хомоген и стапката на порастот на прометот била различна по одделни временски периоди. Како се движел туристичкиот промет по години го покажува следниот графикон.

Движење на туристичкиот промет од 1950-2000 год.(во000)

311495 302868

4651282 970

3081

974

3099

632

2434

0

1000

2000

3000

4000

1950 1960 1970 1980 1990 2000

ПОСЕТИТЕЛИНОЌЕВАЊА

Целокупниот развој на туризмот може да се подели во три периоди и тоа:

Page 186: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

182

1. административен период,

2. период на работничко самоуправување и

3. период на пазарно стопанисување.

Во првиот период, кој е познат како период на админи-стративно управување со стопанството и кој траел од 1945 до 1952 година, главно се развивал домашниот туризам. Напорот на заед-ницата бил насочен кон истакнување на здравствено-рекреативната и културно-воспитната функција на туризмот. Економските ефекти од туризмот биле занемарени.

Во вториот период,кој трае од 1953 до 1990 година, и е познат како самоуправно социјалистички период, домашниот туризам постепено се поставува на економска основа, а се посветува и големо внимание врз развојот на странскиот туризам. Во овој период особено е значаен развојот на туризмот од 1965 до 1980 година. Во таа година е започната стопанската реформа со која туризмот добива нагласена улога. Посебно внимание се посветува во развојот на странскиот туризам бидејќи преку него стопанството мошне ефикасно се вклучува во меѓународната поделба на трудот и преку него се обезбедуваат значајни девизни средства. Од година во година во туризмот се вложуваат се поголеми финансиски средства, со што постојано се подобрува неговата материјална база. Како резултат на тоа и туристичкиот промет бележи пораст. Така во 1990 година меѓу анализираните години, е забележан најголем број на посетители - 974 илјади и тие оствариле најголем број на ноќевања - 3 099000.

Следниот десетгодишен период се карактеризира со одредена стагнација и кај посетителите и во остварените ноќевања, бидејќи во 1990 година е реализиран ист промет како и во 1980 година. Тоа е последица како на нафтената криза која имала силно влијание на туристичките патувања, но и на стопанската стагнација што го зафати нашето стопанство. Во овој период стагнира и просечниот престој кој е стабилизиран на 3,2 дена.

Page 187: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

183

Третиот период од 1991 година па наваму е специфичен по тоа што Македонија станува самостојна и суверена држава и туризмот отпочнува да се развива во услови на пазарно стопанство. Општествените туристички агенции, особено оние кои беа од југо-словенски размери се трансформираат во самостојни претпријатија, а се формираат и голем број на приватни агенции, кои се каракте-ризираат со мал број на вработени.

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ:

��На колку периоди го делиме развојот на туризмот во Р. Македонија и кои се тие периоди?

�Кои се карактеристиките на одделните периоди? �Зошто опаѓа туризмот во периодот од 1990 година па

навамуна?

ИСТРАЖУВАЈ: �Колкав е бројот на туристичките агенции во твојот град и колку

вработени има во нив.

1. РАЗВОЈ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДОМАШНИОТ ТУРИЗАМ

Домашниот туризам го опфаќа туристичкиот промет што го остваруваат домашните туристи во Р. Македонија.

Ако се анализира развојот на домашниот туристички промет ќе се забележи дека тој во целиот повоен период е во постојан раст, но со определени осцилации, а во одредени години и стагнации.

Така во првите повоени години, во административниот период, тој бележи интензивен развој. Тогаш општествената заедница преземала низа мерки за поттикнување на неговиот развој. Меѓу другото, на пример се основаат работнички младински и детски одморалишта, во комерцијалното угостителство се дава

Page 188: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

184

попуст во висина од 15% на пансионските цени, а е одобруван и 50% попуст во сообраќајните услуги при патувањето на годишен одмор.

Во 1952 година, паралелно со воведувањето на новиот стопански систем, е прекината можноста за основање на одморалиштата. Потоа, се преминува и на формирање нови цени во угостителството кои биле значително повисоки од цените во претходните години што осетно влијаело врз смалувањето на домашниот туристички промет.

Развој на домашниот туризам (во 000)

164541

194

716392

1879

412

1928

408

1941

0

500

1000

1500

2000

1960 1970 1980 1990 2000

ПОСЕТИТЕЛИНОЌЕВАЊА

Од 1952 до 1964 година домашниот туризам се развивал во границите што ги овозможувале реалните лични примања на населението во Македонија. Сепак државата како компензација за укинатите одморалишта воведува посебен попуст во комерцијалното угостителство (40% во сезоната и 60% вон сезоната). Подоцна и овој попуст е укинат а државата дава директни дотации на масовните организации (младинската, феријалната и др.) кои со својата активност го развивале туризмот.

Во 1957 година повторно се дозволува претпријатијата да основаат одморалишта но тие веќе не биле од затворен тип и работеле со сопствена сметка. Паралелно со тоа поттикнуван е и развојот на сместувачките капацитети во приватните домаќинства.

Периодот од 1965 па до 1990 година, во развојот на домашниот туризам посебно е значаен. Всушност, уште во 1965 година се укинати сите мерки што пошироката заедница ги давала за унапредувањето и развојот на домашниот туризам. Така, укината

Page 189: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

185

е картата (к-15) што се давала како попуст при патувањето на годишен одмор, потоа заводите за социјално осигурување престануваат да им плаќаат на своите осигуреници за бањско и климатско лекување, а се преземаат и други мерки кои имале значаен одраз врз обемот на домашниот туризам. Сепак како резултат на порастот на општествениот и личниот животен стандард, како и на постојаното подобрување на материјалната база на туризмот, во осумдесеттите години во Македонија е остварен најголем обем на домашен туризам. Вкупно во Републиката во 1980 година престојувале 760000 домашни туристи кои оствариле и најголем број од 2684000 ноќевања. Потоа во следните години доаѓа до одредена стагнација, а по 1990 година и до намалување на домашниот туризам во Републиката.

Домашниот туризам во Р. Македонија се одликува со повеќе карактеристики. Меѓу нив поважни се: просторна нерамномерност и нагласена сезонска концентрација.

Македонија има мошне специфична посетеност на туристите според видовите на туристички места. Така туристите од Македонија најмногу ги посетуваат езерските туристички места, потоа следува Скопје како главен град на државата, додека прометот во другите туристички места речиси е воедначен.

Посетители и ноќевања на домашни туристи по видови на места во 2000 год.(во 000)

28 38 20149

53 134256

1536

50 83

0

200

400

600

800

1000

1200

1400

1600

СКОПЈЕ БАЊ.М ПЛАН.М ЕЗЕР.М НЕТУР.М

ПОСЕТИТЕЛИНОЌЕВАЊА

Page 190: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

186

Освен езерските места значаен удел во ноќевањата имаат и бањските места што е резултат на подолгиот престој кој се остварува во нив. Планинските места, иако релативно доста се посетени, остваруваат помал број ноќевања, што е резултат на краткиот престој на туристите во нив.

Со наголемување на обемот на домашниот туристички промет се повеќе доаѓа до израз неговата сезонска концентрација, односно најголем дел од прометот се одвива во летниот период од годината. Всушност домашниот туристички промет главно се одвива во летната половина од годината и тоа од месец мај до септември. Во овие пет месеци во 2000 година се реализирани над 70% од вкупниот број на ноќевања во Македонија, додека само месеците јули и август оствариле повеќе од половината од ноќевањата во нашата земја. Исто така може да се извлече заклучок дека прометот се зголемува и во зимските месеци особено во јануари, што се објаснува со помасовното присуство на зимските рекреативни движења. Главниот град на Републиката, Скопје, се карактеризира со релативно воедначен туристички промет. Тоа е резултат на фактот што него го посетуваат и лица што не се туристи туку престојуваат заради службени потреби.

Следната карактеристика на домашниот туристички промет е неговата мобилност, односно краток престој во туристичките места. На ова многу влијаат посебно во Скопје, и патувањата за службени потреби што по правило се кратки.

И на крајот кога зборуваме за домашниот туризам, секако треба да ги спомнеме и патувањата на нашите туристи во другите земји. За овие патувања е карактеристично што с@ до 1965 година нивниот обем е мал. Тогаш со укинувањето на визите помеѓу нашата земја и низа други држави, се јави значаен пораст на бројот на патувањата во странство. Карактеристично за овие патувања е што паралелно со зголемувањето на бројот на патувањата се зголемува и одливот на девизите по таа основа, а тоа негативно влијае врз туристичкиот биланс на Републиката.

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ:�Зошто во административниот период домашниот туризам

бележи интензивен развој?

Page 191: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

187

�Од која година започнува изградбата на одморалиштата од отворен тип?

�Колкав е обемот на домашниот туристички промет во 1980 година и со каква тенденција тој се развивал во подоцнежните години?

�Кои се поважните карактеристики на домашниот туристички промет?

РАЗВОЈ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА СТРАНСКИОТ ТУРИЗАМ

Странскиот туристички промет има посебно значење за нашата Република. Странскиот туризам всушност предизвикува и овозможува прелевање на потрошувачката од една земја во друга. За подмирување на оваа потрошувачка потребни се одредени финансиски средства кои туристите ги донесуваат од своите земји. На тој начин преку странскиот туризам се реализираат девизи за кои претходно не е извезена стока. Затоа за девизниот прилив остварен од странскиот туризам, често се употребува терминот “невидлив извоз”, а странскиот туризам се именува и како “извоз”. Тој на нашата Република како рецептивна земја им донесува девизи при што ни стоката ни услугите не ја поминуваат државната граница, туку потрошувачите, односно странските туристи, доаѓаат и ги консумираат на лице место. По правило ефективно ништо не се извезува, а се реализира девизен приход.

Една од основните карактеристики на овој вид извоз е што преку странскиот туризам во меѓународната размена се вклучуваат и такви стопански и нестопански дејности кои без туризмот би останале неискористени. Така на пример, преку туризмот се “извезува” и стока, во прв ред прехранбена, која инаку не би можела да се извезе. Потоа со “извозот” преку туризмот со оглед дека се одвива на лице место, нема голема конкуренција, а цените по правило се значително повисоки од оние кои се постигнуваат со извозот на стока (овошје, зеленчук и сл.) на странскиот пазар.

Page 192: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

188

Странскиот туризам денеска стана значаен извор на девизен приход. Затоа скоро нема земја во светот, независно од степенот на развиеноста, големината и акумулираното национално богатство која не го поттикнува неговиот развој.

Во тој правец и нашата Република прави значајни напори и има постигнато одредени резултати. Во изминатиот период нему е посветувано посебно внимание и како резултат на тоа тој бележи постојан раст.

Девизен прилив и одлив (во милиони УСД долари) по основ на туризмот во Р. Македонија

________________________________________________________ Година Прилив Одлив Нето ________________________________________________________ 1995 19,45 27,25 -7,80 2000 37,94 34,28 3,66 2005 83,90 59,65 24,25 2006 129,17 70,72 58,45 ________________________________________________________

Развој на странскиот туризам (во 000)

138

327 271

566 578

1202

562

1170

224

493

0

200

400

600

800

1000

1200

1400

1960 1970 1980 1990 2000

ПОСЕТИТЕЛИНОЌЕВАЊА

Првите повоени години, од 1945 до 1952 година, се карактеризираат со забавен развој на странскиот туристички промет. Тогаш односите се мошне добри, барем во првите повоени години, со источноевропските земји и како резултат на тоа приливот на туристи од нив е доста голем. Меѓутоа, по донесувањето на

Page 193: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

189

резолуцијата на Информбирото во 1948 година доаѓа до стагнација на странскиот туристички промет. Таа стагнација трае с@ до 1952 година.

Во годините од 1953 па наваму, развојот на странскиот туризам се карактеризира со преземање на бројни мерки од страна на државата за негово унапредување. Меѓу другото се подобрува материјалната база, поточно се градат современи објекти за сместување на странските туристи, како: “Палас, “Десарет” и “Метропол” во Охрид, “Гранд хотел” и “Континентал” во Скопје, “Монтана” во Крушево, “Скопје” на Попова Шапка и др. Потоа се отвораат туристички “претставништва во странство и се издвојуваат значајни средства за туристичка пропаганда преку која во склоп на Југославија се презентираат на странскиот туристички пазар и туристичките можности на Македонија. Значајна улога во тој поглед одиграло и смалувањето на пасошните и царинските формалности. На тој начин се создадени услови за пазарен развој на странскиот туризам така што во 1980 година е реализиран максимум од 578000 странски посетители кои оствариле 1 2о2000 ноќевања.

Странскиот туристички промет во Македонија се каракте-ризира со високо учество на туристите од Германија во вкупниот обем на прометот, потоа со мошне големата сезоничност и со неуедначениот просторен распоред.

Во структурата на странскиот туристички промет низа години се забележува дека туристите од Германија, Холандија,Грција и Италија се најмногубројни, додека учеството на туристите од другите земји е помало.

Во Македонија најбројни се туристите од Србија и Црна Гора. Во последните години од оваа земја во нашата Република престојуваат по околу 35000 туристи или тие учествуваат со околу 15% во вкупниот број туристи. По нив следуваат туристите од Бугарија, чие учество се движи по околу 12 % па туристите од Албанија, Грција, и сл.

Page 194: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

190

Во бројот на реализираните ноќевања состојбата е слична. Имено на прво место се туристите од Србија и Црна Гора, на второ туристите од Албанија на трето од Бугарија и сл.

Ако се анализира просечниот престој на странските туристи ќе се забележи дека тој е мошне мал и во просек изнесува околу 2 дена.Тоа покажува дека странскиот туристички промет во нашата Република во најголем дел има транзитно обележје.

Следната карактеристика на странскиот туристички промет во Македонија е неговата нагласена сезонска концентрација. Странските туристи најмногу престојуваат во летните два месеци, јули и август, додека во останатите месеци, нивното учество е незначително. Тоа е негативна карактеристика што доведува до нерамномерно користење на сместувачките капацитети, нерационално користење на работната сила и воопшто работење со ниска рентабилност.

Неуедначената просторна дистрибуција е исто така значајна карактеристика на странскиот туризам во Македонија. Во тој поглед најголем број на туристи и на ноќевања се остваруваат во Охрид и Скопје.

Посетители и реализирани ноќевања од странски туристи по видови туристички места во 2000 год.

(во 000)

89

158

3 12 7 19

80

233

4471

0

50

100

150

200

250

СКОПЈЕ БАЊСКИ Т. ПЛАНИН. Т. ЕЗЕРСКИ Т. НЕТУР. Т.

ПОСЕТИТЕЛИНОЌЕВАЊА

Од графиконот се гледа дека Скопје апсорбира најголем дел од странскиот туристички промет во Македонија. Во 2000 година во

Page 195: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

191

него престојувале над 40% од вкупниот број странски туристи во Републиката. Кај бројот на ноќевањата тоа предимство го држат езерските места. Во Скопје тие просечно престојувале 1,8 дена а во Охрид 4,1 ден, што покажува дека Скопје во областа на странскиот туризам има изразито транзитна функција, а Охрид стационарна.

Учеството на бањските и планинските туристички меставо реализирањето на странскиот туристички промет е незначително. Според податоците на Народната банка на Македонија, од странскиот туризам во Македонија се остварува околу 30 милијарди САД долари годишно. Меѓутоа, факт е дека девизниот прилив од туризмот може да биде и поголем. Сега с@ уште пласманот на нашите туристички капацитети на странските туристички пазари не е адекватен на можностите со кои располага Републиката.

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ:

�Зошто за странскиот туристички промет се употребува и терминот “невидлив извоз”?

�Кои мерки се преземаат по 1953 година за развој на странскиот туризам?

�Кои се главните карактеристики на странскиот туризам во Македонија?

�Од која држава најмногу туристи престојуваат во нашата Република, а од која пак остваруваат најголем број на ноќевања?

ДА ЗАПОМНИМЕ:

Првата организирана туристичка дејност во Македонија се јавува во 1927 година. Тогаш е формирано првото туристичко друштво “Југ” во Скопје. Досегашниот развој на туризмот може да се подели на четири периоди и тоа:

1. Период меѓу двете светски војни, 2. Административен период, 3. Период на работничко самоуправување 4. Период на пазарно стопанство.

Page 196: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

192

Позначителен развој туризмот бележи во третиот период кој трае од 1953 до 1990 година. Во периодот на пазарното стопанство се јавува стагнација и опаѓање на туристичкиот промет. Домашните туристи најмногу ги посетуваат езерските туристички места, а странските Скопје.

ТЕМА ЗА ДИСКУСИЈА: Политичко - безбедната состојба на Балканот и развој на

туризмот во Р. Македонија..

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ТРАНЗИТНИТЕ ТУРИСТИЧКИ ДВИЖЕЊА

Транзитниот туризам за нашата Република претставува значаен потенцијал. Поволната геопрометна положба на Македонија и нагласената транзитност на туристите преку неа, покажуваат дека можностите за добивање на поголеми економски ефекти од овој вид туризам кај нас с@ уште не се доволно искористени.

Во последните години, поради настанатите општествено-политички промени, обемот на овој вид туристички промет во Македонија е осетно намален. Меѓутоа, во минатите години, посебно во периодот од седумдесеттите до осумдесеттите години, транзитното поминување низ нашата Република беше исклучително големо. Така, само на граничниот премин Богородица кон Грција, годишно тогаш поминуваа по повеќе од 5 милиони туристи. Од нив околу 80% биле странски туристи. Тоа покажува дека со стабилизирање на политичките односи со соседите посебно, со Грција, тој туристички промет може повторно да се остварува, а секако и да се надмине.

Овој вид туристи при патувањето низ нашата Република, најмногу користат сопствено патничко возило или автобус. Предностите на патничкиот автомобил за транзитните туристички движења произлегуваат од можностите што тој им ги дава на

Page 197: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

193

патниците, посебно што своето патување може да го прилагодуваат според времето и правецот на патувањето. Потоа, патувањето со автомобил може да биде и поевтино од патувањето со други превозни средства, посебно кога се патува фамилијарно.

Транзитното патување е потчинето на одредена цел на патувањето, а тоа е да се стигне до одредена туристичка дестинација. На таа цел се подредени и попатните задржувања кои обично се кратки и се вршат во транзитните места. По правило тоа задржување зависи од должината на патувањето, атрактивноста на местото или просторот низ кој се патува, специфичноста на туристичката понуда и посебно потребите на туристите. Според тоа, времето на задржувањето во поедини транзитни места може да биде сведено само на краток одмор и освежување но и продолжено на еден до два дена ако се работи за поголем градски центар како што е пример Скопје, или за многу атрактивни простори како што е Демиркаписката клисура, долината на Радика, националниот парк “Маврово” и сл.

Поради мобилноста и масовноста, транзитниот вид на туристички патувања, наметнуваат и специфични барања во организирањето на туристичката понуда како изградба на посебен вид сместувачки капацитети - мотели, бензински пумпи, сервиси за поправка на возила, продавници за автоделови и друга трговска стока која автотуристите ја бараат при патувањето.

Поради мошне фреквентната сообраќајно-географска положба, Македонија е испресечена со повеќе фреквентни транзитни туристички правци. Меѓу нив по обемот на транзитот посебно се истакнуваат Скопје - Гевгелија, односно граничниот премин Богородица и Скопје - Охрид преку Кичево. Првиот води по долината на Вардар и минува низ средишниот дел на Републиката, а вториот низ западниот дел на Македонија, поточно едниот се одвива по меѓународниот пат “Е-75”, а другиот по магистралниот пат М-4. Во однос на овие два главни лонгитудинални правци се насочени повеќе трансверзални правци. По нив, за разлика од

Page 198: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

194

претходните, преовладуваат или доминираат домашните транзитни туристички движења.

Транзитните туристички правци во нашата држава с@ уште не се доволно опремени и уредени. Нема доволно сместувачки капацитети, бензински пумпи, сервисни работилници, продавници за сувенири и сл. Тоа особено се чувствува во летната туристичка сезона. Уште послабо е организирана туристичката понуда за туристите кои низ нашата земја минуваат со железница.

Освен транзитниот туризам, во Македонија се присутни и странските излетнички туристички патувања и малограничните посети. Тие се присутни од сите соседни држави, односно се одвиваат на сите 14 гранични премини. Сепак најголем транзитен, излетнички и малограничен промет се одвива преку граничните премини Богородица на границата спрема Грција, Табановце на границата спрема Србија, Деве Баир на границата спрема Бугарија, и Ќафасан на границата спрема Албанија. Интензивен излетнички промет посебно се одвива во деновите сабота и недела како и за време на верските празници.

Во врска со економските ефекти од овие движења, тие иако се интензивни и обемни не се задоволителни. За подобрување на таа состојба неопходно е потребна целосна инфраструктурна опременост како на нашите гранични премини така и на транзитните правци.

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ:

�Врз што се должи присуството на транзитниот туризам во Македонија?

�Кои се главните карактеристики на транзитниот туристички промет?

�Кои се најфреквентни транзитни туристички правци во нашата Република?

�Кои други видови туристички патувања освен транзитните се одвиваат преку нашите граници?

Page 199: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

195

ЕЗЕРСКИ ТУРИЗАМ

Македонските езера претставуваат посебни амбиентални целини, особено големите тектонски езера, чија атрактивна вредност ја прават хидроклиматскиот комплекс, бројните културно-историски споменици и специфичниот пејзаж. На сите туристички места овде им е заедничко езерското поднебје и убавите плажи. Меѓутоа, секое езерско туристичко место се карактеризира и со свои специфични одлики.

Преку проучување на просторните можности на езерата, утврдено е дека на сите езера во Републиката може да се формираат 38 туристички места. Од нив 26 се наоѓаат на трите големи природни езера: Охридското, Преспанското и Дојранското, а останатите 12 се разместени по другите езера во Македонија. На Охридското Езеро се оформиле и развиле најголем број на туристички локалитети и тоа: на источниот брег се Охрид, Горица, Св.Стефан, Елешец, Лагадин, Пештани, Градиште, Трпеица, Љубаништа и Св. Наум; на северниот брег: Андон Дуков, Струга, и на западниот брег: Калишта и Радожда. Во крајбрежјето на Преспанското Езеро има повеќе локалитети: Царина, Отешево, Претор, Асамати, Крани и др., а на Дојранското Езеро само три и тоа: Стар Дојран, Нов Дојран и Ачикот.

Сообраќајната поврзаност, како еден од најважните фактори од материјалната база на туризмот помеѓу езерските места и градовите во Републиката, како емитивни центри на туристите релативно е добра. Така сите езерски места се поврзани со автомобилски патишта, а како недостаток се јавува тоа што ниту едно од нив нема железничка врска. Со изградбата на современ аеродром во Охрид создадена е можност за доаѓање на туристите од сите делови на Европа и светот. Денеска благодарение на аеродромот доста е зголемен бројот на странските туристи кои престојуваат во повеќеместа на брегот на Охридското Езеро.

Во изминативе години во езерските туристички места се вложени значајни финансиски средства со кои се изградени бројни

Page 200: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

196

сместувачки капацитети и инфраструктурни објекти. Така денеска езерските туристички места располагаат со солидна материјална база и во нив се остварува најголем дел од туристичкиот промет во Македонија. Во 2000 година 80% од сметувачките капацитети во Македонија се наоѓале во езерските туристички места, поточно во нив постоеле 59 000 легла. Меѓутоа, овде веднаш треба да ис-такнеме дека релативно мал е бројот на леглата во хотелите, односно во основните капацитети, а повеќе е во другите компле-ментарни капацитети и тоа во одморалиштата, камп терените и во приватните домаќинства.

Панорама на Струга

Меѓу езерските туристички места, иако сите располагаат со одредена инфраструктурна опременост, постои разлика во физиономијата и функцијата. Така некои туристички места односно локалитети функцио-нираат како исклучиво сезонски туристички населби со капењето како примарна функција, на пример “Градиште”, “Радожда”, “Претор”, “Ачикот” и други во кои покрај во летниот, туризмот е присутен и во останатите периоди, на пример

Page 201: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

197

“Отешево”, “Горица”, Стар Дојран”, “Маврово” и трети во кои покрај туризмот развиена е и индустријата, како Охрид и Струга.

Кај езерскиот туризам, домашниот и странскиот туристички промет имаат определени карактеристики.

Развој на езерскиот туризам (во 000)

1980 год. 1990 год. 2005 год. туристи посет. ноќев. прест. посет. ноќев. прест. посет. ноќев. прест.домаш. 278 1620 5,8 307 1882 6,1 201 1231 6,0 стран. 50 150 3,0 55 226 5,9 70 185 2,6 Вкуп. 328 1770 5,4 362 2108 5,8 271 1416 5,2

Од извршената анализа се забележува дека езерскиот туризам кај нас е во стагнација. Така додека во 1990 година во езерските туристички места престојувале 362000 туристи кои оствариле 2108000 ноќевања во 2005 година нивниот број се намалил на 271000 туристи кои реализирале 1416000 ноќевања.

Паралелно со бројот на туристите стагнира и нивниот про-сечен престој. Тој во 1990 година изнесува 5,8 дена, а во 2005 година 5,2 дена.

Следната карактеристика на езерскиот туризам е неговото значајно учество во вкупниот туристички промет на Републиката. Всушност, тој денеска е најзастапен вид на туристички промет во Македонија. Така во 2005 година во вкупниот број на посетители во Републиката езерскиот туризам учествувал со 53% а во вкупниот број на ноќевања со 74 %.

Како посебна карактеристика кај езерскиот туризам се јавува неговата нагласена сезоничност. Така најголем дел овој вид туризам остварува во летните два месеца - јули и август. Потоа, сé уште големо е учеството на домашниот туризам. Странските туристи учествуваат помалку.

Page 202: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

198

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ:

�Каква е материјалната база на езерските туристички места и во 2000 година со колкав број на легла располагаат?

�На туристичка карта најди ги туристичките места на големите езера.

�Кои се главните карактеристики на езерскиот туризам во Р. Македонија?

�Разгледај ја табелата за развојот на езерскиот туризам; што можеш да заклучиш од неа посебно во однос на должината на престојот.

ПЛАНИНСКИ ТУРИЗАМ

Планините во Македонија, чиј број е 35, располагаат со бројни природни атрактивности за развој на туризмот. Во тој поглед особено се истакнуваат релјефните погодности, потоа климатските, хидрографските и биогеографските привлечности.

Меѓу релјефните карактеристики, особено туристички се значајни: врвовите за алпинизам, падините за зимско-спортски туризам и зарамнетите терени за летен стационарен туризам како и изградба на сместувачки капацитети и придружни објекти - спортски терени, трговски, занаетчиски дуќани и сл.

Посебно треба да се нагласи дека нашите планини, односно нивните падини, располагаат со голем потенцијал за зимско-спортскиот туризам. Врз основа на досегашните испитувања е утврдено дека на македонските планини може да се формираат 30 смучарски центри кои располагаат со 115000 метри денивелација, односно можен капацитет на терени за скијање. Се смета дека на 1 метар денивелација може да се скија 1 скијач. Тоа значи дека Македонија има капацитет од 115000 скијачи, а практиката потврдува дека во зимските центри на секој скијач доаѓа и еден нескијач, што пак покажува дека на нашите зимско-спортски центри може да престојуваат по околу 230000 туристи.

Page 203: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

199

Планинската клима со своите свежи лета, чистиот воздух богат со кислород, интензивната инсолација богата со ултравиолетни зраци, го закрепнува организмот, го зголемува апетитот и човекот го прави поотпорен на болести. Од тоа се гледа големата туристичка вредност на планинската клима, која создава можност на нашите планини да се развива не само летниот стационарен туризам, туку и преку климатското лекување и здравствениот туризам. Истражувањата вршени во тој правец покажуваат дека на планините во Македонија е можно формирање на вкупно 75 туристички локалитети. Сите тие располагаат со значајни атрактивно-рекреативни вредности и даваат квалитетни услови за развој на планинскиот туризам.

Биогеографските туристички вредности се исто така разновидни и се карактеризираат со богат растителен и животински свет, кој, освен за рекреација, создаваат можност и развој на ловен и риболовен туризам. Нашите шуми имаат посебни пејзажни вредности, додека високопланинските пасишта, пак, освен за сточарство, се значајни за излети и прошетки и посебно за зимско-спортски туризам зашто се извонредно погодни за трасирање на скијачки патеки.

Развојот на планинскиот туризам во Македонија има релативно долга традиција. Од историскиот развој на туризмот познато е дека уште во триесеттите години од овој век започнува изградбата на сместувачки капацитети - планинарски домови и куќи на нашите планини. Меѓутоа формирањето на планинските туристички места и развојот на планинскиот туризам се до денеска се одвивал со доста забавено темпо.

Така од потенцијалните 75 туристички локалитети, на планините во Македонија туристички промет се одвива само во 26 локалитети, односно активирани се 35% од потенцијалните можности. Во 2005 година во нив престојувале 43000 туристи кои оствариле 122000 ноќевања.

Page 204: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

200

Крушево - зима

Развој на планинскиот туризам (во 000)

1980 г. 1990 г 2005 г.Туристи посет. ноќев. прест. посет. ноќев. прест. посет. ноќев. прест.домашни 51 214 4,2 43 150 3,5 35 98 2,8 странски 2 5 2,5 4 9 2,2 8 24 3,0 Вкупно: 53 219 4,1 47 159 3,4 43 122 2,8

Планинскиот туризам во Македонија во последните години се наоѓа во стагнација. Така додека во 1990 година во планинските туристички места на Републиката престојувале 47000 туристи кои оствариле 159000 ноќевања во 2005 година, бројот на посетителите изнесува 43000 кои оствариле 122000 ноќевања. Во 1990 година планинскиот туризам во вкупниот туристички промет на Репу-бликата во бројот на ноќевањата учествува со 7 % а во 2005 година тоа учество се намалува на 6 %. Со ваквото учество планинските туристички места го заземаат третото место, односно по Скопје и езерските места.

Една од основните карактеристики на планинскиот туризам во Македонија е мошне краткиот престој на туристите. Тоа покажува дека планинскиот туризам с@ уште нема нагласен стационарен карактер.

Page 205: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

201

Втора карактеристика на планинскиот туристички промет е неговата двосезоничност. Нашите планински туристички места, како последица на релјефните и климатски услови даваат можности за постоење и на летна и на зимска сезона. Јануари како претставник на зимската и август како претставник на летната туристичка сезона се најпосетени месеци.

Третото обележје на планинскиот туризам во Македонија е големото учество на домашниот туризам. Во 2005 година во вкупниот број на туристи тие учествувале со 81%, а исто толкаво е учеството и во бројот на ноќевањата . Тоа јасно укажува дека планинските туристички места с@ уште не се афирмирани надвор од границите на нашата земја. Тоа е последица меѓу другото и од малиот број на квалитетни комерцијални капацитети, слабата опременост со жичари и ски лифтови како и неадекватната пропаганда.

Помеѓу планинските места најпосетена е Попова Шапка, по неа следува Маврово, на трето место е Крушево и на четврто Пелистер. Овие четири места се главни носители на планинскиот туризам во Републиката. Останатите планински места како Пониква на Осогово, Голак кај Делчево, Туртел на Плачковица, Љуботен на Шар Планина и др. далеку послабо се посетени.

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ:

�Освен зимско-спортскиот кои други видови на туризам можат да се развијат на нашите планини?

�Колку планински туристички места може да се формираат на нашите планини и колку од нив денеска се активирани?

� Кои се главните карактеристики на планинскиот туризам во Македонија?

Page 206: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

202

БАЊСКИ ТУРИЗАМ

Потенцијалните можности за развој на бањскиот туризам во Македонија доста се нагласени. Така на територијата на Републи-ката се јавуваат околу 65 термоминерални извори меѓу кои осум се активирани како природни лекувалишта во кои е застапен стацио-нарниот туризам и е доста нагласен излетничкиот туризам. Бањи со развиен бањски туризам се: Катлановска Бања кај Скопје, Бањиште и Косоврашка Бања кај Дебар, Провска Бања кај Куманово, Кежовица кај Штип, Бања кај Кочани, Банско кај Струмица и Негорска Бања кај Гевгелија.

Бања Банско - Остатоци од римска бања

Бањскиот туризам е сврзан за карактеристиките на водата на термоминералните извори и амбиентално-пејзажните каракте-ристики на околината. Нашите бањи располагаат со повеќе рекреативни елементи кои во основа ја сочинуваат нивната туристичка понуда. Меѓу нив најзначаен, истовремено и основен

Page 207: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

203

елемент, е термоминералната вода со своите лековити својства. Водата од нашите бањи има често сложен хемиски состав, поточно содржи во себе разни елементи, гасови кои заедно со темпера-турата, овозможуваат лекување на поголем број болести. Така на пример во Катлановска Бања со успех се лекуваат следните бо-лести:

1. ревматични заболувања,

2. болести на желудникот и цревата,

3. болести на половите органи,

4. заболување на нервите,

5. заболување на бубрезите и мочните патишта,

6. заболување на крвните садови,

7. кожни заболувања,

8. болести на метаболизмот,

9. заболувања на патиштата за дишење,

10. кардиоваскуларни заболувања и др.

Со слични лековити својства располагаат и останатите бањи во Републиката.

Бањските локалитети како специфични простори имаат свои посебни пејзажни вредности.Таа специфичност е како резултат на самите географско-геолошки фактори но и на функцијата што ја имаат бањите. Бањскиот пејзаж, пред с@ го чинат природната вегетација, дрвјата и зеленилото. Тие со својата распространетост, содржајност, комплексност и заемна поврзаност го чинат просторот посебно атрактивен и привлечен. И не само тоа, пејзажот со своите повеќекратни функции како: санитарната, хигиенската, заштитната, декоративната и др. имаат големо значење за посетителите. Во тој поглед посебно се одликуваат Струмичка и Негорска Бања како и бањата Бањиште кај Дебар.

Во 2000 година бањските места во Македонија располагале со 1900 легла или само 2,6% од вкупниот број легла во Републиката. Тоа покажува дека бањите имаат најмал број на сместувачки

Page 208: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

204

капацитети меѓу туристичките места во нашата земја. Иако, денеска во секоја бања постои најмалку по еден хотелски објект, сепак тоа не е доволно за помасовен развој на бањскиот туризам. Со нешто повеќе и поквалитетни сместувачки капцитети располагаат Де-барски бањи, Катлановска и Струмичка Бања но и тие се градени пред повеќе години така што веќе е потребно нивно осовре-менување.

Користењето на нашите бањи за здравствено-рекреативни цели има долга традиција. На пример за Катлановска и Струмичка бања се знае дека активно се користени уште од страна на Римјаните. Тоа го потврдуваат археолошките откритија, преку кои се откриваат бањски објекти од тоа време. Овие бањи, подоцна активно биле користени и за време на турското владеење. Остатоци од турски бањи денеска се сретнуваат скоро во сите наши бањи што зборува дека во овој период тие биле посебно уредувани и доста масовно користени. Сепак, за бањскиот туризам може да се каже дека забрзано отпочнува да се развива дури во годините по ослободувањето. Како се движел развојот на бањскиот туризам е прикажано на следната табела:

Развој на бањскиот туризам (во 000)

1980 год. 1990 год 2005 год.туристи посет. ноќев. прест. посет. ноќев. прест. посет. ноќев. прест. домашни 28 242 8,6 25 128 5,1 18 111 6,1 странски 1 4 4,0 5 8 1,6 3 13 4,3 вкупно: 29 246 8,4 30 136 4,5 21 124 5,5

Во последните 25 години, посетеноста на нашите бањи се движи помеѓу 21 и 30 илјади туристи, а бројот на ноќевањата од 124 до 250 илјади.. Со тој промет, бањските места во однос на другите туристички места се наоѓаат на последно место.

Меѓу бањските места, според остварениот туристички промет, на прво место се Дебарски Бањи - Бањиште и Косоврашка Бања, потоа следува Катлановска, па Струмичка Бања и сл.

Page 209: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

205

Бањскиот туризам во Македонија се карактеризира со релативно рамномерна застапеност на туристичкиот промет во сите месеци од годината, односно нешто послаба сезонска нагласеност во однос на останатите видови туризми, потоа намалување на просечниот престој и мало учество на странски туристи во вкупниот туристички промет. Намалувањето на просечниот престој во нашите бањи е посебно забележливо бидејќи во 1980 година тој изнесувал 8,4 додека во 2005 година опаѓа на 5,5 дена.

Освен во наведените туристички места во Македонија значаен туристички промет се остварува и во Скопје, а одредена посетеност се јавува и во нетуристичките места. Така, во Скопје во 2005 година престојувале 108000 туристи кои оствариле 191000 ноќевања, односно во вкупниот промет на Републиката, Скопје учествува во бројот на туристите со 21% и во бројот на ноќевањата со 9%. Тоа јасно укажува дека туризмот во нашиот главен град има нагласено транзитен карактер. Меѓутоа за туризмот во Скопје посебна специфичност е што се јавува високо учеството на странскиот туризам. Така на пример во 2005 година странските туристи во вкупниот туристички промет на градот учествуваат со скоро 76%. Со тоа Скопје се јавува како најважен центар на странскиот туризам во Републиката.

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ:

�Какви услови постојат за бањскиот туризам во Македонија? �Наброј ги активираните бањски места. �Кои се главните карактеристики на бањскиот туризам? �Каква е улогата на Скопје во развојот на туризмот во

Македонија?

Page 210: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

206

ТУРИСТИЧКИ РЕГИОНИ ВО Р. МАКЕДОНИЈА

Врз основа на природните и другите особености како туристичко-географската положба, разместеноста и атрактивноста на туристичките ресурси, состојбата на материјалната база, обемот и структурата на туристичкиот промет во Македонија јасно се издвојуваат три поголеми просторни туристички целини поточно туристички региони и тоа: источен, западен и средишен туристички регион. Потоа регионите се делат на туристички подрачја, подрачјата на туристички зони, а зоните на туристички места односно локалитети.

Туристичкото место опфаќа повеќе видови на туристички ресурси и објекти со формите на туристичките активности што во нив се одвиваат. Според нашата статистика за туристичко место се смета секое место кое ги исполнува следните услови: 1.атрактивни (природни) убавини, лековити извори, разновиден растителен и животински свет, културно-историски споменици и др. 2. комуникативни (пристапност, сообраќајни врски и сл.) и 3. рецептивни (угостителски, трговски и занаетчиски објекти, ПТТ, паркови, плажи и сл). Во основа туристичкото место претставува просторен комплекс во кој се одвива туристичкиот феномен.

Во поглед на туристичките активности туристичките места можат да бидат со една или повеќе функции. И како што туристичките објекти, врз чие искористување се базира туристичкото стопанство, се разликуваат од индустриските, рударските, аграрните и другите категории на стопански објекти, така и туристичките места се специфични по физиономијата и функциите. При тоа естетската компонента во физиономијата и услужноста во функциите, претставуваат основно обележје на туристичките места.

Туристичката зона претставува просторна целина која обединува повеќе туристички места, повеќе зони формираат туристичко подрачје а повеќе подрачја туристички регион.

При систематизацијата на просторот на Р. Македонија за потребите на туризмот присутни се следните поставки:1.

Page 211: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

207

Максимално искористување на природните и останатите потенцијали погодни за развој на туризмот, 2. Активирање на нови простори и развој на неразвиените подрачја, 3. Формирање на оптимална понуда преку диференцирање на туристичките простори, 4. Создавање можности за усогласување на туристичката понуда со туристичката побарувачка, 5. Запазување на барањата за заштитата и унапредување на животната средина, 6. Откривање на колизиите до кои може да дојде помеѓу туризмот и останатите стопански дејности, 7. Формирање на интегралност (внатрешна помеѓу самите локалитети, на пример во општината, и надворешна, преку зоните со туристичките подрачја, региони и Републиката во целина) и други.

Врз база на сите релевантни фактори за развој на туризмот, а со примена на изнесените критериуми во Просторниот план на Р. Македонија издвоени се 172 туристички локалитети, 58 туристички зони, 14 туристички подрачја и три туристички региони.

Региони Подрачја Зони Локалитети I. Источен 1. Малешевско 3 9 2. Овчеполско-кочанско 6 14 3. Осоговско 4 10 4. Струмичко-радовишко 3 10 II. Средишен 1. Кумановско 3 6 2. Скопско 4 10 3. Тиквешко 6 12 4. Гевгел-дојран. 5 10 III. Западен 1. Полошко-кичевско 6 24 2. Мавровско-радичко 3 16 3. Охридско-струшко 3 18 4. Преспанско 2 10 5. Пелагониско 7 17 6. Мариовско 2 6 Вкупно: 14 58 172

Источниот регион се состои од четири подрачја, 17 зони и 43 туристички локалитети. Негова основна карактеристика е што има котлинско-планински карактер, потоа има термоминерални извори, така што во него е застапен планинскиот и бањскиот туризам. Овче

Page 212: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

208

Поле и Осогово се богати со ловен дивеч и даваат можности за развој на ловниот туризам. Преку регионот поминуваат три патни правци кои ја поврзуваат Македонија со соседна Бугарија и истовремено го овозможуваат развојот на транзитниот туризам.

Средишниот регион е претежно транзитен почнувајќи од Куманово па преку Скопје, Т. Велес, Неготино до Гевгелија. Него го сочинуваат четири туристички подрачја, 18 туристички зони и 38 туристички локалитети. Во овој регион се наоѓаат и три бањски места (Кумановска, Катлановска и Негорска Бања) така што е развиен и бањскиот туризам, а присуството на Дојранското Езеро, дава значителни можности и за развој на езерскиот туризам.

Западниот туристички регион претставува езерски и планински простор. Овде се нашите познати планини Шар Планина, Бистра, Пелистер и др. кои даваат широки можности за развој на планинскиот и посебно зимско-спортскиот туризам. Потоа, во овој дел на Македонија се и двете наши големи тектонски езера - Охридското и Преспанското кои претставуваат најважен хидрографски туристички потенцијал во Македонија. Регионот го сочинуваат 6 туристички подрачја, 23 туристички зони и 91 туристички локалитет. Освен планинскиот и езерскиот постојат предиспозиции за развој и на транзитниот туризам.

Според атрактивноста на туристичкиот простор, развиеноста на материјалната база, остварениот број на туристи и ноќевања, функционално најразвиен е западниот туристички регион. Во него, а воедно и во цела Македонија, најголем придонес во туристичкото стопанство остварува охридско-струшкото подрачје.Средишниот туристички регион, по остварувањата во туристичкиот промет и придонесот во туристичкото стопанство, нешто застанува зад западниот, а покажува подобри резултати од источниот. Меѓу четиринаесетте подрачја функционално скопското по охридско-струшкото е најактивно во Македонија. Источниот регион остварува најмал туристички промет и неговото учество во развојот на туристичкото стопанство на Републиката е незначително.

Page 213: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

209

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ:

�Кои поставки се применети при систематизацијата на просторот на Р. Македонија?

�Колку региони, подрачја, зони и локалитети се издвоени на територијата на Македонија?

�Кои се главните карактеристики на туристичките региони?

Page 214: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

210

ТУРИЗМОТ КАКО ФАКТОР ЗА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ТУРИСТИЧКИТЕ

ПРОСТОРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

За туризмот е карактеристично дека претставува просторна појава и тесно е поврзан со просторот. Тоа значи дека тој е одреден со определени просторни обележја а тоа се: местото од каде поаѓаат туристите, правците по кои се движат и просторите во кои престојуваат туристите. Од својот настанок па до денеска, во просторите во кои се одвива, туризмот се јавува како нивен многу важен трансформатор. Како и за најголем број стопански гранки и туризмот во значајна мера се потпира врз природата, врз нејзините ресурси, и таа претставува примарен елемент на туристичката понуда. Планинските предели, шумските комплекси, снежните терени, езерските крајбрежја, термоминералните извори претставуваат примарни туристички ресурси кон кои се насочени најголемиот дел од туристичките движења во Македонија.

Со развојот на туризмот, посебно во туристички атрактивните предели, се врши и нивна физиономска и функционална трансформација. Во измената на географскиот пејзаж, најмногу влијаела изградбата на туристичката инфраструктура. Во тој поглед сосема е разбирливо дека најголеми промени туризмот има извршено во крајбрежните простори на нашите езера. Овде се изградени најголем број хотели, потоа одморалишта, кампови и др. Многу плажи се уредени и покрај нив се изградени кампови за сместување на туристите. Покрај брегот на сите езера изградени се современи сообраќајници како и повеќе пристапни патеки до езерските води.

Page 215: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

211

Во планинските предели покрај сместувачките капацитети во промена на пејзажот делуваат и шумските патишта, трасирањето на скијачките патеки, изградбата на жичарите и ски лифтовите и сл. Засилена трансформација во последните години особено е забележлива во нашите зимско-спортски центри.

Со специфична физиономија се одликуваат и бањските места. Кај нив заради нагласената здравствено-рекреативна, хигиенско-санитарна и естетска функција трансформацијата е доста забележлива. Овде модерните хотели место да го украсуваат, често го нарушуваат пејзажот. Таков е примерот на хотелот “Цар Самоил” во Струмичка Бања, новиот хотел во Косоврашка Бања и др. Инаку бањските места често во светот, претставуваат прави паркови и се обрнува посебно внимание на нивното хортикултурно уредување.

Многу нагласена трансформација во просторот се јавува кај викенд населбите. Изградбата на викенд објекти во Македонија особено е интензивирана по 1970 година. Освен во чисто туристичките места тие многу се присутни и во околината на поголемите градови како на пример Скопје. Овде се јавуваат како самостојни викенд населби Матка, Мала Река, Орешани и сл, или во вид на цели зони од викенд куќи како што е случајот со подножјето на Скопска Црна Гора.

Покрај позитивното влијание на туризмот во трансфор-мацијата на туристичките простори, тој има и негативно влијание. Станува збор за преголемата концентрација на туристи во одредени туристички места, за презаситеност во урбанизацијата, за после-диците од сообраќајот, за едно карактеристично однесување за време на привремениот престој на туристите поради што се манифестираат и ред негативни влијанија.

Проблемот на релацијата туризам - капацитет на просторот се манифестира преку туристичкиот промет. Со тој проблем денеска се судруваат скоро сите рецептивни туристички подрачја во светот. Во нашата Република вакви туристички места нема многу, но сепак се јавуваат, а најмаркантно е Дојранското Езеро. Во летниот период на неговите брегови туристичката посетеност далеку е поголема

Page 216: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

212

отколку што дозволуваат природните услови. Така на пример максималниот потенцијал на сите плажи на езерото изнесува 7200 капачи, меѓутоа на нив, особено за време на викендите во летната сезона престојуваат и до 50000 посетители. Во тие временски интервали туризмот се јавува не само како корисник туку и како голем загадувач на просторот. По намалување нивото на езерото со испуштање на водата од страна на Грција, нарушувањето на природните вредности на просторот се уште поизострени.

Изградбата на сообраќајната инфраструктура во најголем дел има позитивно влијание за развој на сите дејности па и на туризмот. Меѓутоа, често се случува, уште при самото трасирање на одредени сообраќајници да не може да се заобиколат поедини природни реткости или комплексни амбиентални целини и истите биваат или сосема уништени или во значајна мера нарушени. Потоа од безбедносни причини автопатот е ограден со жица и на тој начин во потполност е оневозможено природното движење на животинскиот свет. Потоа со изградбата на кружните сообраќајници околу нашите езера во голема мера е намалена можноста за комуницирање помеѓу водата и копното. Со тоа е нарушена еколошката рамно-тежа.

Во периодите кога туристичката сезона достигнува зенитна состојба, се јавува максимална оптовареност на сообраќајниците со возила и тогаш долж транзитните туристички токови авто-мобилскиот сообраќај се јавува како голем загадувач на средината. Тогаш не само воздухот туку и земјиштето и тревата околу ту-ристичките сообраќајници максимално се загадуваат со што осетно се нарушува еколошката рамнотежа.

Во последните години вегетацискиот покривач с@ повеќе е загрозен од пожари. Потоа неодговорната рака на поединци е опасност и за други вредности на географската средина. Во одредени случаи под удар се и многу значајни културно - историски споменици особено со кражби на нивното споменично богатство, во уништувањето на пештерскиот украс, искоренување на дрвјата, фрлање на отпадоци, загадување на водата, противзаконско

Page 217: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

213

отстрелување на дивеч и др. Се нарушува природната средина и се намалува нејзината туристичка вредност, а со тоа се оневозможува и нејзиното поцелосно туристичко искористување.

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ:

�Како влијаела изградбата на инфраструктурата во трансформацијата на туристичките простори?

�Викенд куќите претставуваат специфични туристички објекти. Како делуваат во измената на пејзажниот лик на просторот?

ИСТРАЖУВАЈ: � Туризмот освен позитивното има и негативно влијание во

туристичките подрачја. Опиши го тоа влијание кај едно од македонските езера.

ДА ЗАПОМНИМЕ:

Во нашата држава застапени се повеќе видови на туристички промет. Меѓу поважните спаѓаат: транзитниот, езерскиот, бањскиот, туризмот во градовите и некои алтернативни видови на туризам. Транзитниот туризам е резултат на поволната географска положба. Во 2000 година езерскиот туризам учествувал со 53% во бројот на туристи и 72% во бројот на нокевањата, планинскиот туризам со 9,6 % во бројот на туристи и 6,3% во бројот на нокевања и бањскиот туризам со 3,6% во бројот на туристи и 6,5% во осѕтварениот број на нокевања.

ТЕМА ЗА ДИСКУСИЈА: Бањите се најстари туристички места во нашта земја, а

во нив престојуваат најмал број на туристи.

Page 218: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

214

Речник на помалку познати зборови

денивелација - висинска разлика кај скијачките патеки;

егзистенција - живеачка, бидување;

иницира - потикнува, покренува;

рекреација - повторно создавање или обновување на физичките и психичките способности намалени или загрозени во текот на работата. Се остварува преку одмор и разонода;

термална кал - земјиште навалжнето со термоминерална вода;

турист - лице кое привремено престојува во некое место и таму преноќува најмалку една ноќ;

туристичка валоризација - одредување вредност на еден туристички ресурс;

туристички промет - статистичка категорија со која се одредува физичкиот обем во туризамот. Се искажува преку број на туристи и број на ноќевања;

туристички ресурс - појава и предмет во природата и општеството кој има својство да привлекува туристи. Таквите својства му го овозможуваат туристичките атрибути;

туристички атрибут - својство на туристички ресурс кое го определува неговото значење или неговата вредност;

туристичка потрошувачка - дел од личната потрошувачка која населението ја издвојува за реализирање на туристичко патување;

туристички биланс - приказ на сите приходи и расходи во туристичкиот промет за одреден временски период;

туристичка пропаганда - инструмент на туристичката политика со која се остваруваат предходно дефинирани цели.

Page 219: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

215

С О Д Р Ж И Н А

УВОД ВО ТУРИСТИЧКАТА ГЕОГРАФИЈА ........................................1 1. ПРЕДМЕТ И ЗАДАЧИ НА ПРОУЧУВАЊЕ НА ТУРИСТИЧКАТА ГЕОГРАФИЈА ..............................................1 2. МЕСТОТО НА ТУРИСТИЧКАТА ГЕОГРАФИЈА ВО СИСТЕМОТ НА ТУРИЗМОТ...................................................4

ЕЛЕМЕНТИ НА ТУРИСТИЧКИТЕ ДВИЖЕЊА ..................................7 РЕКРЕАТИВНИ ЕЛЕМЕНТИ НА ТУРИСТИЧКИТЕ ДВИЖЕЊА ...........................................................................7 КУЛТУРНИ ЕЛЕМЕНТИ НА ТУРИСТИЧКИТЕ ДВИЖЕЊА .....11 ПРОСТОРНИ ЕЛЕМЕНТИ НА ТУРИСТИЧКИТЕ ДВИЖЕЊА .........................................................................13 ФУНКЦИОНАЛНИ ЕЛЕМЕНТИ НА ТУРИСТИЧКИТЕ ДВИЖЕЊА .........................................................................16 МЕЃУСЕБНА УСЛОВЕНОСТ И ПОВРЗАНОСТ НА ЕЛЕМЕНТИТЕ НА ТУРИСТИЧКИТЕ ДВИЖЕЊА....................19

ФАКТОРИ ЗА ТУРИСТИЧКИТЕ ДВИЖЕЊА...................................22 1.ИНИЦИЈАТИВНИ ИЛИ ПОКРЕНУВАЧКИ ФАКТОРИ .........23 2. РЕЦЕПТИВНИ ФАКТОРИ.................................................26 а) АТРАКТИВНИ ФАКТОРИ.................................................27 ПРИРОДНИ ТУРИСТИЧКИ РЕСУРСИ...................................27 АНТРОПОГЕНИ ТУРИСТИЧКИ РЕСУРСИ .............................37 ТУРИСТИЧКО-ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА .............................42 б) КОМУНИКАТИВНИ ФАКТОРИ........................................44

ГЛАВНИ ПРАВЦИ НА ТУРИСТИЧКИТЕ ДВИЖЕЊА ВО СВЕТОТ И ТУРИСТИЧКО-ГЕОГРАФСКИТЕ РЕГИОНИ ВО СВЕТОТ........................................................................................54

ГЛАВНИ ПРАВЦИ НА ТУРИСТИЧКИТЕ ДВИЖЕЊА ВО СВЕТОТ...............................................................................54

ТУРИСТИЧКО-ГЕОГРАФСКИ РЕГИОНИ ВО СВЕТОТ......................57 ТУРИСТИЧКИ РЕГИОНИ ВО ЕВРОПА.........................57

1. МЕДИТЕРАНСКИ ТУРИСТИЧКИ РЕГИОН ........................57 РАЗВОЈ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА ТУРИЗМОТ ВО ШПАНИЈА...........................................................................62

Page 220: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

216

РАЗВОЈ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА ТУРИЗМОТ ВО ФРАНЦИЈА......................................................................... 66 РАЗВОЈ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА ТУРИЗМОТ ВО ИТАЛИЈА............................................................................ 71 РАЗВОЈ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА ТУРИЗМОТ ВО ГРЦИЈА............................................................................... 76 РАЗВОЈ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА ТУРИЗМОТ ВО БУГАРИЈА........................................................................... 82 2. АЛПСКИ ТУРИСТИЧКИ РЕГИОН ..................................... 87 РАЗВОЈ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА ТУРИЗМОТ ВО АВСТРИЈА .......................................................................... 92 РАЗВОЈ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА ТУРИЗМОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА ..................................................................... 97 ТУРИСТИЧКИ РЕГИОНИ ВО РУСИЈА И НИВНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ........................................................... 103 ТУРИСТИЧКИ РЕГИОНИ ВО СЕВЕРНА И СРЕДНА АМЕРИКА…………………………………………………………………..… 109 ТУРИСТИЧКИ РЕГИОНИ ВО САД...................................... 109 МЕКСИКО КАКО ТУРИСТИЧКА ЗЕМЈА ............................. 117 РАЗВОЈ И ПЕРСПЕКТИВИ НА ТУРИЗМОТ ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ЈУЖНА АМЕРИКА, АФРИКА, АЗИЈА И АВСТРАЛИЈА... 122

ТУРИСТИЧКО - ГЕОГРАФСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА....................................................... 126

1. ТУРИСТИЧКО - ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ............................................. 126 2. АТРАКТИВНА ОСНОВА НА ТУРИЗМОТ И ТУРИСТИЧКИТЕ ДВИЖЕЊА НА Р.МАКЕДОНИЈА ............. 130 1. ЕЗЕРАТА КАКО ГЛАВЕН ПРИРОДЕН ТУРИСТИЧКИ ПОТЕНЦИЈАЛ................................................................... 130 2. ЗНАЧЕЊЕТО НА ДРУГИТЕ ХИДРОГРАФСКИ ТУРИСТИЧКИ РЕСУРСИ.................................................... 136 3. ПЛАНИНИТЕ КАКО КОМПЛЕКСНИ ПРИРОДНИ ТУРИСТИЧКИ РЕСУРСИ.................................................... 141 4. ТУРИСТИЧКИ АТРАКТИВНИ СВОЈСТВА НА РАСТИТЕЛНИОТ И ЖИВОТИНСКИОТ СВЕТ...................... 149 5. АНТРОПОГЕНИ ТУРИСТИЧКИ РЕСУРСИ ....................... 158 3. УГОСТИТЕЛСТВОТО КАКО ФАКТОР ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ....................................................................... 167

Page 221: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

217

4. КОМУНИКАТИВНИ ФАКТОРИ ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ .......................................................................172

РАЗВОЈ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА ТУРИЗМОТ ВО Р. МАКЕДОНИЈА ...........................................................................178

РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ДО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА .....178 РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ПО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА ..............181

РАЗВОЈ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДОМАШНИОТ ТУРИЗАМ .........................................................................187 РАЗВОЈ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА СТРАНСКИОТ ТУРИЗАМ .........................................................................192 КАРАКТЕРИСТИКИ НА ТРАНЗИТНИТЕ ТУРИСТИЧКИ ДВИЖЕЊА .......................................................................195 ЕЗЕРСКИ ТУРИЗАМ ..........................................................198 ПЛАНИНСКИ ТУРИЗАМ....................................................202 БАЊСКИ ТУРИЗАМ ..........................................................206

ТУРИСТИЧКИ РЕГИОНИ ВО Р. МАКЕДОНИЈА............................206 ТУРИЗМОТ КАКО ФАКТОР ЗА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ТУРИСТИЧКИТЕ ПРОСТОРИ ВО Р. МАКЕДОНИЈА .....................210

Page 222: Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева geografija_MK_PRINT.pdf · географските карактеристики на Република Македонија

Д-р Александар Стојмилов Васе Ордева, проф.

ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА ЗА I ГОДИНА

Угостителско -туристичка струка

Лектура и коректура: Андријана Павлова

Технички уредник: Инг. Горан Стојмилов