§ Ô Ï ê § Û - РОМА С.О.С.romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/12/roma_sos... ·...

16

Upload: others

Post on 22-Feb-2020

4 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: § Ô Ï ê § Û - РОМА С.О.С.romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/12/Roma_SOS... · 2016-12-01 · 2 § Ô Ï ê § Û | Ë Ý ¹ ¼ ê é Ø ¸ ½ Û ¼ 1Трето
Page 2: § Ô Ï ê § Û - РОМА С.О.С.romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/12/Roma_SOS... · 2016-12-01 · 2 § Ô Ï ê § Û | Ë Ý ¹ ¼ ê é Ø ¸ ½ Û ¼ 1Трето

2 БИЛТЕН Бр.3 | 24 Јуни – 24 Ноември 2016

�Трето издание1 на здружението РОМА С.О.С. Прилеп, за периодот 24 Јуни до 24 Ноември 2016 година, како алатка преку кои се иницираат дискусии и реaкции на “Ромскиот Граѓански Парламент (РГП)“, со цел:

- информирање на јавноста за реализираните активности од проектот,- илустрација на напредокот кој се постигнува квартално,- едукација на ромската заедница за прашањата кои што се од интерес и нивно поттикнување да се вклучат во зaстапување и заштита на правата.

Во ова издание:

1. БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

1.1. ОБВРСКИ ВО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКИТЕ

1.1.1. Обврски во пристапот до лична документација

1.1.2. Обврски во пристапот до социјална заштита

2. ПРИСТАП ДО ПРАВДА ЗА ДОКУМЕНТИРАНИ СЛУЧАИ ПОД СОМНЕВАЊЕ ЗА СТОРЕНИ ЛЕКАРСКИ ГРЕШКИ

– Целосно оневозможен, или овозможен но игнориран?

3. “РОМСКИ ГРАЃАНСКИ ПАРЛАМЕНТ“ – ПРИЛЕП

3.1. ЗАКЛУЧОЦИ ОД ТРЕТА СРЕДБА

3.2. ОДДРЖАНА ВОНРЕДНА СРЕДБА: Безбедноста на жителите во населба Тризла

4. “РОМСКИ ГРАЃАНСКИ ПАРЛАМЕНТ“ - БИТОЛА

4.1. ЗАКЛУЧОЦИ ОД ВТОРА СРЕДБА

1 Билтен бр.1 http://romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/03/Roma_SOS_Bilten_Mart_WEB.pdf

Билтен бр.2 http://romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/07/Bilten_2_Juli.pdf

Page 3: § Ô Ï ê § Û - РОМА С.О.С.romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/12/Roma_SOS... · 2016-12-01 · 2 § Ô Ï ê § Û | Ë Ý ¹ ¼ ê é Ø ¸ ½ Û ¼ 1Трето

3ПРАВА И ОБВРСКИП

РО

ЕК

Т “ЗД

РАВ

ЈЕТО

НА

РО

МИ

ТЕ - О

СН

ОВ

НО

ЧО

ВЕ

КО

ВО

ПРА

ВО

6”

1 БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Преку бесплатната правна помош секојдневно се обезбедува асистенција во проследување на административната процедура на барањата на Ромите за остварување на правата преку правни совети, пополнување на документација, посредување во комуникацијата со надлежните институции и едукација за примената на законските одредби.

ОБЛАСТ

Документирани случаи

Здравствено осигурување Социјална

заштита

Лична документација

Пензиско и инвалидско

осигурувањеАсистенција во административна постапка

17 20 7 1

Подготвени жалби / 1 / 1Подготвени тужби / 1 / /Пополнети барања / 5 7 /

Случаите поврзани со здравствено осигурување се однесуваат на:

� Остварување на правото по прв пат заради стекнување полнолетство, промена на основот на здравствено осигурување заради промена на статусот од вработен во невработен, вклучување на нов член на се-мејството на осигуреникот заради новороденче.

Случаите поврзани со социјална заштита се однесуваат на:

� Остварување и продолжување на правото на социјална парична помош и постојана парична помош (по старост, болест, самохран родител), паричен надоместок за помош и нега од друго лице, еднократна парична помош.

Случаите поврзани со жалби и тужби од социјална заштита се однесуваат на:

� Решение на ЦСР Прилеп со кое се одбива барањето за еднократна па-рична помош за погребнина, поради тоа што барателот не се наоѓал во положба на социјален ризик. Согласно упатството за правно средство против решението со кое се одбива барањето за еднократна парична помош беше напишана и доставена жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, преку ЈУМ ЦСР Прилеп до Министерот за труд и социјална политика.

� Решение на Министерство за транспорт и врски со кое се одбива ба-рањето за добивање социјален стан под закуп, изграден по “Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Македо-нија” во општина Прилеп, поради тоа што барателот е станбено обезбе-ден во стан во кој има солидни услови за живеење. Согласно упатството за правно средство против решението со кое се одбива барањето за до-бивање социјален стан под закуп беше напишана и доставена тужба во рок од 30 дена до Управен суд на Република Македонија.

Page 4: § Ô Ï ê § Û - РОМА С.О.С.romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/12/Roma_SOS... · 2016-12-01 · 2 § Ô Ï ê § Û | Ë Ý ¹ ¼ ê é Ø ¸ ½ Û ¼ 1Трето

4 БИЛТЕН Бр.3 | 24 Јуни – 24 Ноември 2016

Случаите поврзани со барања за лична документација се однесуваат на:

� Барање за извод од матична книга на родени, барање за издавање на лична карта, барање за издавање на патна исправа.

Случаите поврзани со жалби од пензиско и инвалидско осигурување се однесуваат на:

� Решение на Фонд на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија – Стручна служба, филијала Велес со кое се одбива барањето за оствару-вање право на инвалидска пензија, поради тоа што Комисијата за оцена на работната способност констатирала дека кај барателот не постои трајно губење на работната способност (општа неспособност за работа), ниту про-фесионална неспособност за работа заради остварување право на инвалид-ска пензија. Согласно упатството за правно средство, против решението со кое се одбива барањето за остварување на правото на инвалидска пензија беше напишана и доставена жалба во рок од 15 дена до Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен преку Фонд на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија – Стручна служба, филијала Велес.

Случаите поврзани со барања од социјална заштита се однесуваат на:

� Поднесување на барање за советување и давање на деца во Дом за деца без родители, барање за одржување средба со малолетни лица, барање за назначување на посебен старател за остварување на правото на здравстве-но осигурување и право од областа на социјална заштита, барање за назна-чување на старател на малолетни деца.

1.1.1. ОБВРСКИ ВО ПРИСТАПОТ ДО ЛИЧНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

ИЗДАВАЊЕ НА ЛИЧНА КАРТА

� Граѓанинот може да има само една лична карта. Секој граѓанин со наполнети 18 години живот должен е да има лична карта.

� При промена на адресата на живеалиштето, граѓанинот е должен да поднесе барање за замена на личната карта со нова.

� Секој граѓанин има обврска доколку истече рокот на важност на личната карта да поднесе ново барање за издавање на лична карта.

� Граѓанин кој ќе загуби лична карта или на друг начин ќе остане без неа должен е да пријави во Министерството за внатрешни работи и да поднесе барање за издавање на нова лична карта.

� Министерството за внатрешни работи има обврска најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето, да му издаде лична карта на граѓанинот.

БРАЧНА ЗАЕДНИЦА � Брак можат да склучат две лица од различен пол со слободно изјавена волја

пред надлежен орган. � Не може да склучи брак лице кое не наполнило 18 години од животот. � Не може да склучи нов брак лице додека порано склучениот брак не му

престане.

1.1. ОБВРСКИ ВО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКИТЕ

Page 5: § Ô Ï ê § Û - РОМА С.О.С.romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/12/Roma_SOS... · 2016-12-01 · 2 § Ô Ï ê § Û | Ë Ý ¹ ¼ ê é Ø ¸ ½ Û ¼ 1Трето

5ПРАВА И ОБВРСКИП

РО

ЕК

Т “ЗД

РАВ

ЈЕТО

НА

РО

МИ

ТЕ - О

СН

ОВ

НО

ЧО

ВЕ

КО

ВО

ПРА

ВО

6”

� Лицата кои имаат намера да стапат во брак имаат обврска да поднесат пријава до Управата за водење на матичните книги на венчаните, како и извод од матична книга на родените.

� Матичарот од Управата за водење на матичните книги на венчаните има обврска да провери дали постои законска пречка за склучување на бракот.

� Матичарот е должен со решение да го одбие склучувањето на бракот, ако утврди дека според законот не е дозволено неговото склучување.

УПИС НА НОВОРОДЕНЧЕ

� Родителите имаат обврска да го пријават раѓањето на своето дете во матич-ното подрачје на кое се родило детето во рок од 30 дена, во спротивно ќе биде потребна постапка за дополнителн упис.

� При пријавувањето на детето, доколку постојат и се познати двајцата ро-дители потребно е да се пријават податоци и од мајката и од таткото, со што би се одминала дополнителната постапка за признавање татковство/мајчинство.

� Управата за водење на матичните книги на родени има обврска да ја прове-ри целокупната документација и да изврши упис на новороденчето.

1.1.2. ОБВРСКИ ВО ПРИСТАПОТ ДО СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

ПРАВО НА СОЦИЈАЛНА ПАРИЧНА ПОМОШ

� Граѓанинот при остварување на правото на социјална парична помош има обврска да поднесе барање со целокупна документација, како и наведу-вање на сите членови на домаќинството и фактичката (реалната) адреса на живеење во барањето.

� За секоја промена што ќе настане во текот на користењето на правото има обврска да го извести Центарот за социјална работа.

� По поднесеното барање Центарот за социјална работа има должност да из-врши непосреден увид заради утврдување на фактичката состојба на бара-телот и домаќинството, како и да донесе решение со кое го одобрува или одбива барањето за социјална парична помош во рок од 60 дена од денот на поднесување на барањето.

ПРАВО НА РОДИТЕЛСКИ ДОДАТОК ЗА ДЕТЕ

� Барателот (мајката) на правото на родителски додаток за дете има обврска непосредно да се грижи за детето за кое поднела барање, децата од прет-ходниот ред на раѓање да не се сместени во установа за социјална заштита, згрижувачко семејство или не се дадени на посвојување и да не и е одземе-но родителското право над децата од претходниот ред на раѓање.

� Исто така за време на бременоста потребно е да вршела здравствени пре-гледи и контроли кај избран лекар - специјалист по гинекологија и акушер-ство, задолжителна вакцинација на дететото, како и да биде запишано и редовно ја следи наставата во основно училиште.

� Центарот за социјална работа има должност во рок од 60 дена по барањето да донесе решение со кое се одбива или одобрува барањето за оствару-вање на правото на родителски додаток за дете.

Page 6: § Ô Ï ê § Û - РОМА С.О.С.romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/12/Roma_SOS... · 2016-12-01 · 2 § Ô Ï ê § Û | Ë Ý ¹ ¼ ê é Ø ¸ ½ Û ¼ 1Трето

6 БИЛТЕН Бр.3 | 24 Јуни – 24 Ноември 2016

Од нашата досегашна работа во однос на пристапот до правда за Ромите, ние заклучивме:

ДЕЛ 1. ИСТИОТ Е ЦЕЛОСНО ОНЕВОЗМОЖЕН:

Случај Анета Неџипоска (Прилеп) ... смрт од непознати причиниво 2015 година ...

� Иако РГП достави Реакција на 24.03.2016 година, до денес од страна на Одборот за судско медицински вештачења при Медицински факултет – Скопје, каде документацијата е доставена на вештачење, нема наод и мислење по однос на случајот и не се утврдени причините за смртта на три годишното девојче. Единствен одговор кој што е добиен е одгово-рот од ОЈО Прилеп:

2 ПРИСТАП ДО ПРАВДА ЗА ДОКУМЕНТИРАНИ СЛУЧАИ ПОД СОМНЕВАЊЕ ЗА СТОРЕНИ ЛЕКАРСКИ ГРЕШКИ

Page 7: § Ô Ï ê § Û - РОМА С.О.С.romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/12/Roma_SOS... · 2016-12-01 · 2 § Ô Ï ê § Û | Ë Ý ¹ ¼ ê é Ø ¸ ½ Û ¼ 1Трето

7ПРАВА И ОБВРСКИП

РО

ЕК

Т “ЗД

РАВ

ЈЕТО

НА

РО

МИ

ТЕ - О

СН

ОВ

НО

ЧО

ВЕ

КО

ВО

ПРА

ВО

6”

Дополнително беше испратено Ургениција од страна на родителите на Анета преку адвокатската канцеларија Петличковски до ОЈО Прилеп на ден 18.05.2016 година, со цел укажување на потребата од превземање на сите неопходни мерки согласно нивните законски овластувања да се побара што поскоро завршување на вештачењето од страна на Одборот. И по оваа ургенција сеуште нема одговор од страна на Одборот.

ДЕЛ 2. ВО СИТУАЦИЈА КОГА Е ОВОЗМОЖЕН, ТОЛКУ ДОЛГО ВРЕМЕ СЕ ИГНОРИРА ОДНОСНО ОДОЛГОВЛЕКУВА ШТО НА КРАЈОТ ЗАВРШУВА СО ПОГОЛЕМО ЧУСТВО НА НЕПРAВДА ОТКОЛКУ НА ПРАВДА.

Случај Сабина Веселова (Битола) ... смрт на родилказа време на породување

од непознати причиниво 2012 година ...

� Поради тоа што Пресудата сеуште не е правосилна (од 22.03.2016), а предметот е пред Апелационен суд Битола, на ден 07.11.2016 година, поднесена е писмена Ургенција до Претседател на Апелационен суд за забрзување на постапката од страна на ополномоштениот адвокат во име на оштетените.

На ден 24.11.2016 година се одржа јавна расправа во Апелациониот суд Битола по жалбата на Основно јавно обвинителство Битола и жалбата на обвинетата, за преиспитување на пресудата на Основен суд Битола. Расправата се одржа по барање на обвинетата во согласност со Законот за кривична постапка. Судскиот совет од тројца судии го разгледа предметот и наводите на жалбите на двете страни, по што се очекува да се донесе соодветна одлука.

Случај Ајтен Јашар (Битола) ... смрт на новороденче од непознати причини ...

� Апелациониот суд Битола на 30.08.2016 година донесе Пресуда со која жалбата поднесена на 15.02.2016 на тужителите се уважува, а Пресуда-та на Основниот суд Битола се преиначува и се пресудува, на начин што тужбеното барање на тужитeлите делумно се усвојува, а тужениот се задолжува да им плати на тужителите на име повреда на личните права износ од 30.000,00 денари.

Против преиначената пресуда поднесена е Ревизија до Врховен суд на Република Македонија, поради фактот што досудениот износ е премногу мал, со оглед на тоа што повредени се личните права на тужителите, правото на информираност, непредавањето на посмртните останки на детето, односно повредено е правото на верски обреди, правото на последно почивалиште.

Page 8: § Ô Ï ê § Û - РОМА С.О.С.romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/12/Roma_SOS... · 2016-12-01 · 2 § Ô Ï ê § Û | Ë Ý ¹ ¼ ê é Ø ¸ ½ Û ¼ 1Трето

8 БИЛТЕН Бр.3 | 24 Јуни – 24 Ноември 2016

Случај Фарије Адемоска (Прилеп) ...смрт на новороденче поради компликации при породување

во 2013 година...

� Добиен вешт наод од страна на овластен вештак, во кој е утврдено дека во третманот не е направен никаков пропуст, напротив презмени се сите неопходни мерки со што е спасен со најмала можна компликација животот на пациентката.

Случај Елиф Шакирова – Алиова (Штип) ...компликации при оперативен зафат кои

резултирале со три мозочни удари и хендикепираност во 2013 година...

� Добиен вешт наод од страна на овластен вештак, во кој е утврдено дека не постои причинско - последична врска помеѓу оперативниот зафат кој е извршен во месец март 2013 година во Универзитетска клиника за ги-некологија и акушерство Скопје и здравствените проблеми кои уследиле потоа. Медицинскиот третман при хоспитализациите и препораките за продолжително домашно лекување биле соодветни.

Случај Анифа Мефаил (Прилеп) ...смрт на новороденче при породување во 2016 година...

� Врз основа на целокупната документација за случајот (препис од меди-цинско досие и обдукционен наод), добиено е мислење од специјлист гинеколог - акушер, во кој е утврдено дека во третманот на пациентка-та од страна на здравствените работници преземени се сите мерки по правилата и насоките на медицина базирана на докази, при што не е направен никаков пропуст во дијагностиката, третманот и лекувањето.

Во однос на новороденото, станува збор за предвремено родено, чие раѓање било компликувано со одвојување на постелката од ѕидот на матката. Според службата за патолошка анатомија, директно можна причина за ваквата состојба во овој случај е кратката папочна врвца (10 цм) и нејзината несоодветна поставеност во матката, односно околу плодот.

СЛУЧАИ КОИ БЕА ВО ФАЗА НА УТВРДУВАЊЕ НА ОСНОВ

ЗА ПОВЕДУВАЊЕ ПОСТАПКА

Page 9: § Ô Ï ê § Û - РОМА С.О.С.romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/12/Roma_SOS... · 2016-12-01 · 2 § Ô Ï ê § Û | Ë Ý ¹ ¼ ê é Ø ¸ ½ Û ¼ 1Трето

9ПРАВА И ОБВРСКИП

РО

ЕК

Т “ЗД

РАВ

ЈЕТО

НА

РО

МИ

ТЕ - О

СН

ОВ

НО

ЧО

ВЕ

КО

ВО

ПРА

ВО

6”

Случај Симона Блажеска (Прилеп) ...смрт на родилка за време на породување...

� За случајот на 21 годишна родилка од Прилеп која почина на 19 фев-руари 2016 неколку часа по породувањето, а за кој здружението РОМА С.О.С. Прилеп упати писмена реакција со загриженост, изготвен е из-вештај од страна на Одборот за судско медицински вештачења во кој се се заклучува дека смртта кај родилката настанала поради хеморагичен шок предизвикан од обилно крвавење од раскинатата матка. Раскину-вањето на матката настанало поради стимулацијата на породување-то со интравенски ‹синтоцинон› на веќе постојна активна матка, што придонело за брзо породување. На 17 август поднесен е обвинителен предлог за кривичното дело „Тешки дела против здравјето на луѓето“ против гинекологот кој го водел породувањето, а првото рочиште е за-кажано за 25 ноември 2016 година.

Случај Себихан Мемедова (Битола) ... дискриминација по основ на етничка припадност...

� Ноември 2016 година – 34 годишна жена која била пред почеток на деветти месец од бременоста се здобила со болки, кои дотогаш не ги чувствувала во текот на бременоста, при што заедно со својот сопруг се упатиле на одделнието за гинекологија во ЈЗУ Клиничка болница “Д-р Трифун Пановски” Битола. Дежурната докторка им се обратила со збо-ровите “Вас Ромите малку да ве фати болка веднаш идите”, додека пак здравствената легитимација била фрлена од нејзина страна, при што изјавила ”Mногу смрди, каде ја чувавате? Да не ја чувавте во шпоре-тот?”. Во исто време имало и други пациенти не-Роми, а жената била подоцна прегледана по расправијата со нејзиниот сопруг. Случајот е документиран по лична пријава од страна на сопругот.

ПРИЈАВЕНИ НОВИ СЛУЧАИ ЗА РАЗГЛЕДУВАЊЕ

Page 10: § Ô Ï ê § Û - РОМА С.О.С.romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/12/Roma_SOS... · 2016-12-01 · 2 § Ô Ï ê § Û | Ë Ý ¹ ¼ ê é Ø ¸ ½ Û ¼ 1Трето

10 БИЛТЕН Бр.3 | 24 Јуни – 24 Ноември 2016

На средбата беа присутни претставници на релевантни институции како говорници кои по барање на РГП беа поканети, и кои на крај од дискусијата се заложија за следното:

Министер без ресор г-дин Мустафа

� Потребно е вработување на лице од ромската заедница во Центарот за социјална работа со цел да се овозможи полесна комуникација и да се зајакне довербата за услугите од социјална заштита, со оглед на тоа што најголемиот број на корисници се лица од ромската заедница.

� Потребно е зајакнување на улогата на Ромскиот Информативен Центар во промоција на правата во ромската заедница, како и поголема нивна препознатливост, со оглед на нивната основна задача да ги следат но-востите и да бидат присутни на терен односно да ги споделуваат инфор-мациите со Ромите.

Директор на Општа болница г-дин Ристески

� Потребно е да се исклучи авансната наплата за отворање на историја на болест при болничко лекување, со оглед на тоа што истото може се-риозно да влијае на здравјето на Ромите кои не секогаш се во можност да обезбедат средства пред добивање на потребната услуга, а тоа би можело да резултира со негативни и сериозни последици по нивниот живот.

Директорка на Центар за социјална работа г-ѓа Јованоска

� Потребни се поредовни информативни средби помеѓу ЦСР и ромската заедница со цел приближување на измените и дополнувањата во про-цедури/правилници поврзани со правата од социјална заштита, со ог-лед на тоа што истите се носат во краток рок и нивното непроследување помеѓу корисниците резултира со прекин на правата.

3 “РОМСКИ ГРАЃАНСКИ ПАРЛАМЕНТ“- ПРИЛЕП

3.1. ЗАКЛУЧОЦИ ОД ТРЕТА СРЕДБА

�“Ромскиот Граѓански Парламент” - Прилеп на ден 12.07.2016 година одржа трета средба со цел, да се отвори дискусија помеѓу Ромите и

институциите на тема “Проактивна улога – потреба на заедницата и инсти-туциите при остварување на правата” од интерес за пречките и бенефици-ите во пристапот до услуги, и притоа да се идентификуваат координирани заеднички акции во понатамошната соработка.

Page 11: § Ô Ï ê § Û - РОМА С.О.С.romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/12/Roma_SOS... · 2016-12-01 · 2 § Ô Ï ê § Û | Ë Ý ¹ ¼ ê é Ø ¸ ½ Û ¼ 1Трето

11ПРАВА И ОБВРСКИП

РО

ЕК

Т “ЗД

РАВ

ЈЕТО

НА

РО

МИ

ТЕ - О

СН

ОВ

НО

ЧО

ВЕ

КО

ВО

ПРА

ВО

6”

Раководител на Управа за водење на матична книга г-дин Јорданоски

� Потребна е промоција на новиот Прирачник за водење на матична кни-га (наскоро ќе се издаде) во ромската заедница, со оглед на сеуште еви-дентниот проблем поврзан со ненавремен упис на новороденчиња, не-признавање татковство и несклучување брачна заедница, што директно влијае на добивањето лични документи и пристап до права/услуги.

Медиумска покриеност на ТВ Шутел, Канал Визија, ПАТОКАЗ, ТВ НОВА, ТВ МЕГА, МРТВ, Македонската Информативна Агенција, ТВ СИТЕЛ, ТВ КАНАЛ 5, Радио мрежа КАНАЛ 77 - Портал ЛИБЕРТАС, Портал КУРИР, Портал ПРЕС 24, Портал ЛИДЕР, Портал РЕПОРТЕР.

�Последователна активност на РГП е изработката на Евалуционен прашалник за членовите на РГП, преку кој се обезбедија податоци за

активноста на членовите на РГП, предлози за нови активности на идните средби, присутво на постоечките или нови членови, одржување на подгот-вителни средби пред одржување на РГП, пречки при искажување на ста-вови, мислења со кои се соочуваат членовите при одржување на средбата.

Page 12: § Ô Ï ê § Û - РОМА С.О.С.romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/12/Roma_SOS... · 2016-12-01 · 2 § Ô Ï ê § Û | Ë Ý ¹ ¼ ê é Ø ¸ ½ Û ¼ 1Трето

12 БИЛТЕН Бр.3 | 24 Јуни – 24 Ноември 2016

Загриженоста произлезе од нерегулираниот сообраќај на овие улици, предизвикан од несовесни “возачи” на моторни возила, нерегистрирани и во неисправна состојба, а често пати управувани од малолетни лица и без соодветна документација, кои се потенцијални предизвикувачи на живото-загрозувачки последици.

Ваквата состојба во сообраќајот во населба Тризла во Прилеп се влошува и поради пасивноста на припадниците на Министерството на внатрешни работи и неспроведување на теренски акции и контроли за регулирање на сообраќајот на патиштата, како и контрола на возилата и возачите на патиштата, а чија должност е преземање на мерки за безбедност на сообраќајот на патиштата и заштита на жителите.

РЕЗУЛТАТ: � Поднесена РЕАКЦИЈА до Министерство за внатрешни работи на РМ,

Сектор за внатрешни работи – Битола, Полициска станица – Прилеп, Ло-кална Самоуправа - Прилеп од 27 членови на РГП со цел:

1. ИТНО да се подготви план за координирани редовни контроли, терен-ски акции, како и да се превземат и спроведат посебни мерки за без-бедност низ улиците во населба Тризла, Прилеп, од страна на органите до кои е упатена оваа реакција, согласно надлежностите кои ги имаат. Укажна е и потребата да се преиспита сообраќајот и да се регистрира зголемениот број на несовесни “возачи”, кои немаат исправни моторни возила и документи, ниту соодветно искуство и возраст за управување со моторно возило, а најмалку сообраќајна култура.

2. Да се превземат активности за обележување на пешачки премини, по-ставување на соодветни технички средства т.н “легнати полицајци” и сообраќајни знаци на најфрекфентните места за движење со цел пого-лема безбедност на околината на патот, како и да се отстранат пречките на тротоарите кои претставуваат узурпација на површината определена за движење на пешаците.

3.2. ОДДРЖАНА ВОНРЕДНА СРЕДБА: БЕЗБЕДНОСТА НА ЖИТЕЛИТЕ ВО НАСЕЛБА ТРИЗЛА

�01.09.2016 - Вонредната средба се одржа во просториите на здруже-нието поради загриженоста во врска со одвивањето на сообраќајот

во населба Тризла во Прилеп, а посебно на улиците Дабничка, Дојранска, Кораб, Тризла, Мице Козар, Беровска и Ердован Шабаноски.

Page 13: § Ô Ï ê § Û - РОМА С.О.С.romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/12/Roma_SOS... · 2016-12-01 · 2 § Ô Ï ê § Û | Ë Ý ¹ ¼ ê é Ø ¸ ½ Û ¼ 1Трето

13ПРАВА И ОБВРСКИП

РО

ЕК

Т “ЗД

РАВ

ЈЕТО

НА

РО

МИ

ТЕ - О

СН

ОВ

НО

ЧО

ВЕ

КО

ВО

ПРА

ВО

6”

ГРАЃАНИТЕ ПОБАРАА, ИНСТИТУЦИИТЕ ПОСТАПИЈА!

Одговор од Министерство за внатрешни работи и Локална самоуправа – Прилеп по Реакцијата е добиен во ноември 2016. Поставени се сообраќајни знаци за прв пат во населбата Тризла со цел да се регулира сообраќајот и да се подобри безбедноста во околината.

� Уништувањето на сообраќајните знаци е казниво со закон!

� Пат со првенство за мину-вање: Возачот е должен да му дозволи на возилата што наидуваат од спротивната страна, први да поминат. Во спротивно се предвидени глоби (казни).

� Задолжително запирање: Возачот е должен да застане пред знакот и потоа откако утврди дека нема пречки или друго движење на патот, да продолжи со возење. Во спротивно се предвидени глоби (казни).

Page 14: § Ô Ï ê § Û - РОМА С.О.С.romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/12/Roma_SOS... · 2016-12-01 · 2 § Ô Ï ê § Û | Ë Ý ¹ ¼ ê é Ø ¸ ½ Û ¼ 1Трето

14 БИЛТЕН Бр.3 | 24 Јуни – 24 Ноември 2016

Прекината е праксата за авансно плаќање при болничко лекување, како и неиздавањето отпусни писма за пациентите кои не се во можност веднаш да ја платат партиципацијата во Клиничка Болница “Д-р Трифун Пановски” Битола, а потврдено со одговорот и спроведената постапка на заменик - На-родниот правобранител кој го утврди следното:

� не е спорна обврската на пациентот да ја плати париципацијата за болничко лекување, туку начинот на наплата. Не смее, поради не-плаќање на обврската, граѓанинот да трпи понатамошни последици по неговото здравје (обезбедување терапија), - авансното плаќање за здравствена услуга како инструмент на осигурување дека здрав-ствената услуга ќе биде наплатена, и е регулирана со интерни акти на болницата,е спротивна на закон и не смее да се применува,

� раководното лице на болницата потврди дека праксата за авансно плаќање од пациентите ќе биде прекината, како и условувањето за издавање на отпусна листа и тоа со претходно регулирање на начи-нот на плаќање на партиципација за болничко лекување.

� паралелно, добиена е покана од страна на Фонд за здравствено осигурување Македонија за одржување на средба со цел разгледу-вање на поднесената Реакција.

4 “РОМСКИ ГРАЃАНСКИ ПАРЛАМЕНТ“ - БИТОЛА

4.1. ЗАКЛУЧОЦИ ОД ВТОРА СРЕДБА

�На ден 15.07.2016 година одржа втора средба со цел да се отвори дис-кусија помеѓу Ромите на тема “Проактивна улога – потреба на заедни-

цата и институциите при остварување на правата” од интерес за пречките и бенефициите во пристапот до услуги и притоа да се презентираат резултати-те од поднесената Реакција, поднесена по првата одржана средба.

Page 15: § Ô Ï ê § Û - РОМА С.О.С.romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/12/Roma_SOS... · 2016-12-01 · 2 § Ô Ï ê § Û | Ë Ý ¹ ¼ ê é Ø ¸ ½ Û ¼ 1Трето

15ПРАВА И ОБВРСКИП

РО

ЕК

Т “ЗД

РАВ

ЈЕТО

НА

РО

МИ

ТЕ - О

СН

ОВ

НО

ЧО

ВЕ

КО

ВО

ПРА

ВО

6”

Во насока на наоѓање потенцијално решение за депониите во населба Баир кои сериозно влијаат на здравјето на населението, беше одлучено следното:

� работна група од 4 лица да се залага во наредните месеци и да ја пре-испита состојбата на терен со цел да се дефинираат одредени предлог-решенија,

� спроведување на еколошка акција како воведен старт во долгорочно отстранување на депонијата,

� присуство на директорот на ЈП Комуналец Битола на наредна средба, со цел да се изнајде финално прифатливо решение за надминување на проблемот.

РЕЗУЛТАТ: � По одржани две средби од страна на координативното тело и нивното

лобирање, за што била реализирана и една теренска посета на местото Петочна Вода, ЈП Комуналец Битола превзеде мерки за расчистување на депонијата во септември 2016.

Page 16: § Ô Ï ê § Û - РОМА С.О.С.romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/12/Roma_SOS... · 2016-12-01 · 2 § Ô Ï ê § Û | Ë Ý ¹ ¼ ê é Ø ¸ ½ Û ¼ 1Трето

16 БИЛТЕН Бр.3 | 24 Јуни – 24 Ноември 2016

Овој Билтен е овозможен со финансиска поддршка на Фондација Отворено Општество – Македонија преку Иницијативата за

Право и Здравје - Њујорк

Почитувањето на правата е директно поврзано со почитувањето на обврските.

Ниедно право не може да се оствари без да се исполнат условите за уживање на тоа право, и тоа:

� од страна на граѓаните, преку поднесување барање и следење на процедурите,

� од страна на државата/институциите, преку информирање и постапување во предвидените рокови.