Упатство за користење на М-Банкарство на ... · 2020-01-22 ·...

17
Упатство за користење на Мобилно банкарство на Еуростандард Банка

Upload: others

Post on 04-Mar-2020

3 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: Упатство за користење на М-Банкарство на ... · 2020-01-22 · Апликацијата е наменета за корисниците на електронско

Упатство за користење на Мобилно банкарство на Еуростандард Банка

Page 2: Упатство за користење на М-Банкарство на ... · 2020-01-22 · Апликацијата е наменета за корисниците на електронско

1. Вовед Мобилната апликација на Еуростандард банка е апликација за мобилни телефони и таблети преку која е овозможен едноставен пристап до многу услуги на банката. Апликацијата се презема бесплатно од App Store за корисниците на уреди со IOS оперативен систем и Google Play за корисниците на уреди со Android оперативен систем. За користење на апликацијата потребно е да имате интернет врска. Апликацијата е наменета за корисниците на електронско банкарство на Еуростандард банка, но поради достапноста на јавни содржини истата може да ја користат и лица кои не се клиенти на банката или не се корисници на електронско банкарство.

2. Јавни содржини на мобилната апликација Од насловната страна на мобилната апликација може да се пристапи до новости и промоции поврзани со активностите на банката. Исто така може да се следи актуелниот девизен курс како и да се најдат најблиските банкомати и филијали на банката.

3. Најавување на апликацијата За пристап до своите продукти неопходно е да се најавите на апликацијата. При клик на М-Банкарство се отвора форма за најавување (сл.1).

Сл.1

Најавувањето е со истото корисничко име и лозинка што се користи и за веб апликацијата. Доколку немате корисничко име и лозинка обратете се во некоја од филијалите на банката за добивање на истите. На мобилната апликација може да се најавувате и со пин. За да се избере овој начин на најавување покрај корисничкото име и лозинката потребно е да се штиклира Најава со пин и да се кликне Најави се. Во следниот чекор се запишува и потврдува пинот и се клика копчето Зачувај пин. Во понатамошното користење на апликацијата, најавувањето е само со внесување на избраниот пин. Доколку не сакате повеќе да се најавувате со пин, потребно е да се кликне копчето Поништи пин.

Page 3: Упатство за користење на М-Банкарство на ... · 2020-01-22 · Апликацијата е наменета за корисниците на електронско

4. Ресетирање на лозинка Доколку ја заборавивте вашата лозинка и имате потреба од нејзино ресетирање, ве молиме обратете се во некоја од филијалите на банката.

5. Промена на лозинка 1. Најавете се на мобилната апликација 2. Кликнете ја иконата за мени во горниот десен агол. Од десната страна ќе се отвори главното

мени на апликацијата 3. Кликнете на Промена на лозинка и пополнете ја соодветната форма (сл.2) 4. Кликнете го копчето Сними

Сл.2

6. Обновување на податоците При кликање на копчето за обновување на податоците, сл.3, може да ги обновите податоците на цела група на продукти или само на еден конкретен продукт.

Сл.3

За обновување на податоците на цела група на продукти, кликнете го копчето до името на групата, на страната М-Банкарство (сл.4). На овој начин ќе се преземат последните податоци за сите продукти во соодветната група. Копчето за обновување на податоците само на еден продукт се наоѓа на страната Инфо за продуктот (Сл.5).

Page 4: Упатство за користење на М-Банкарство на ... · 2020-01-22 · Апликацијата е наменета за корисниците на електронско

Сл.4 Сл.5

7. Како да проверам детали за сметка, картичка, кредит? 1. Најавете се на апликацијата 2. Кликнете на сметката, картичката или кредитот што сакате да го проверите 3. Кликнете на табот Инфо (Сл.5)

8. Преглед на дневен извештај на денарска трансакциска сметка 1. Најавете се на апликацијата. После најавувањето ќе се прикаже листа од сите продукти за кои

имате некакво овластување (сл.4). 2. Кликнете на денарска трансакциска сметка што сакате да ја проверите. Ќе се отвори екран со

дневен извештај (сл.6). Во дневниот извештај се прикажуваат вкупен број и износ на трансакции кои треба да се реализираат во тековниот ден или идни трансакции за избраната сметка.

3. Доколку бројот на трансакции е поголем од 0, при кликање на соодветното поле, се прикажува листа од сите трансакции за избраниот тип (сл.7).

4. Деталите за трансакцијата се прикажуваат после кликање на трансакцијата (Сл.8).

Page 5: Упатство за користење на М-Банкарство на ... · 2020-01-22 · Апликацијата е наменета за корисниците на електронско

Сл.6 Сл.7

Сл.8

9. Преглед на трансакции за одреден период 1. Најавете се на апликацијата 2. Изберете го продуктот за кој сакате да направите преглед на трансакции. Преклед на

трансакции има на сите типови на продукти, освем на кредит.

Page 6: Упатство за користење на М-Банкарство на ... · 2020-01-22 · Апликацијата е наменета за корисниците на електронско

3. Доколку изберете продукт различен од денарска трансакциска сметка, при клик на продуктот се отвора екран за преглед на трансакции. Доколку изберете продукт од денарски платен промет, потребно е да кликнете не табот Трансакции кој се наоѓа во долниот дал на екранот.

4. Со кликање на копчето со икона за филтер, се отвора форма (Сл.9) преку која може да се направи филтрирање на трансакциите.

Сл.9

5. Филтерот кај продукти од денарски платен промет овозможува пребарување по почетен датум (датум од), краен датум (датум до), почетен износ (износ од), краен износ (износ до) и тип на трансакција. Кај останатите продукти пребарувањето е само по почетен и краен датум. Изборот на почетен и краен датум е задолжителено. За да се направи филтрирање неопходно е да се кликне на копчето Пребарај.

6. Доколку не направите филтрирање на трансакциите, во листата на трансакции иницијално се прикажуваат сите трансакции направени во периодот помеѓу тековниот ден и еден месец претходно, доколку избраниот продукт припаѓа на физичко лице. Ако продуктот е на правно лице тогаш иницијалната листа на трансакции ги содржи трансакциите направени на тековниот и претходниот ден.

7. Резултатот од филтрирањето се прикажува како листа на трансакции (Сл.10) 8. Клик на трансакцијата отвора екран на кој се прикажуваат детали за трансакцијата (Сл.8)

Page 7: Упатство за користење на М-Банкарство на ... · 2020-01-22 · Апликацијата е наменета за корисниците на електронско

Сл.10

10. Како да проверам резервирани средства на картичка 1. Најавете се на апликацијата 2. Кликнете ја картичката за која сакате да проверите резервирани средства 3. Кликнете на табот Резервирани. Доколку имате резервирани средства на картичката ќе се

прикаже листа од сите резервации (Сл.11)

Page 8: Упатство за користење на М-Банкарство на ... · 2020-01-22 · Апликацијата е наменета за корисниците на електронско

Сл.11

11. Како да проверам месечен извештај кај кредитни картички 1. Најавете се на апликацијата 2. Кликнете ја кредитната картичка за која сакате да проверите месечен извештај 3. Кликнете го табот Месечен, ќе се отвори екран на сл.12

Page 9: Упатство за користење на М-Банкарство на ... · 2020-01-22 · Апликацијата е наменета за корисниците на електронско

Сл.12

4. Иницијално се прикажува месечен извештај за предходниот месец. 5. Со помош на филтерот може да се избере месечен извештај за произволен месец.

12. Листа на уплати на кредит 1. Најавете се на апликацијата 2. За да можете да видите листа на уплати на кредит потребно е да имате кредит кој не е

револвинг. Кликнете на кредитот. 3. Ќе се прикаже екран како на сл.13.

Page 10: Упатство за користење на М-Банкарство на ... · 2020-01-22 · Апликацијата е наменета за корисниците на електронско

Сл.13

4. Со помош на филтерот се избира за кој период да се прикаже листа на уплати.

13. Амортизационен план на кредит 1. Најавете се на апликацијата 2. Клинкете на кредит кои не е револвинг 3. Кликнете го табот Амортизационен, ќе се прикаже екран како на сл.14. 4. За амортизациониот план се прикажува само дата на доспевање на ратата, ануитет, останат

долг и каматна стапка. Комплетен амортизационен план може да најдете на веб апликацијата.

Page 11: Упатство за користење на М-Банкарство на ... · 2020-01-22 · Апликацијата е наменета за корисниците на електронско

Сл.14

14. Промена на дневен лимит на картичка 1. Најавете се на апликацијата 2. Кликнете на картичката за која сакате да промените дневен лимит 3. Кликнете на табот лимити. 4. Ќе се прикаже екран како на сл.15 5. Поставете износ што сакате да биде дневен лимит на картичката за АТМ и ПОС. 6. Со кликање на копчето Зачувај се генерира налог за промена на дневен лимит на картичка (Сл.

16). 7. Кликнете Потпиши. Се отвора форма во која треба да потврдите дека сакате да го потпишете

налогот. 8. Повторно изберете потпиши. Доколку налогот е успешно потпишан во долниот дел на екранот

ќе се појави порака “Успешно променет дневен лимит на картичка”. Ако настане грешка при потпишувањето ќе се појави соодветна порака за грешката.

9. За основна картичка промена на дневен лимит може да направи сопственикот на картичката. За дополнителна картичка промена на дневен лимит може да направи само лицето кое е носител/управител на трансакциската сметка за која е издадена дополнителна картичка.

Page 12: Упатство за користење на М-Банкарство на ... · 2020-01-22 · Апликацијата е наменета за корисниците на електронско

Сл.15 Сл.16

15. Блокада на картичка 1. Најавете се на апликацијата 2. Кликнете на картичката што сакате да ја блокирате 3. Кликнете на табот лимити. 4. Ќе се прикаже екран како на сл.15 5. Кликнете го копчето Блокирај картичка. Ќе се прикаже налог за блокирање на картичка. 6. Кликнете Потпиши. Се отвора форма во која треба да потврдите дека сакате да го потпишете

налогот. 7. Повторно изберете потпиши. Доколку налогот е успешно потпишан во долниот дел на екранот

ќе се појави порака “Картичката е блокирана. За деблокирање обратете се во најблиската експозитура”. Ако настане грешка при потпишувањето ќе се појави соодветна порака за грешката.

16. Како да креирам и платам налог? 1. Најавете се на апликацијата 2. Изберете продукт од Денарски платен промет за која сакате да креирате налог 3. Доколку вашето овластување над избраниот продукт дозволува креирање на налози, во

долниот дел на екранот ќе има таб Налози. Кликнете го табот Налози. 4. Ќе се прикаже екран како на сл.17 5. Изберете налог кој сакате да го креирате. Ќе се прикаже екран со соодветните полиња за

налогот (сл.18). 6. Пополнете ги сите полиња од налогот 7. Кликнете Сними. При снимањето на налогот се прават соодветни валидации, па доколку се

појави порака за невалиден податок, истиот треба да се корегира. 8. Доколку налогот е точно пополнет ќе се појави екран со снимениот налог (сл.19) 9. Снимениот налог може да се потпише, да му се промени датумот на валута или да се поништи. 10. За да се направи плаќање на налогот потребно е истиот да се потпише. Кликнете на Потпиши.

Page 13: Упатство за користење на М-Банкарство на ... · 2020-01-22 · Апликацијата е наменета за корисниците на електронско

11. Ќе се отвори прозорец во кој со кликање на копчето Потпиши треба да потврдите дека сакате да го потпишете налогот

12. Ако потпишувањето е успешно ќе се прикаже порака Налогот е успешно потпишан и ќе бидете редиректирани на страната Листа на налози. Доколку се јави грешка при потпишувањето истата ќе се прикаже на екранот.

13. Само успешно потпишаните налози се пренесуваат во банка за реализација!

Сл.17 Сл.18

Page 14: Упатство за користење на М-Банкарство на ... · 2020-01-22 · Апликацијата е наменета за корисниците на електронско

Сл.19 Сл.20

17. Каде можам да ги видам креираните налози? 1. Најавете се на апликацијата 2. Изберете продукт од Денарски платен промет за која сакате да да ги видите креираните

налози 3. Доколку вашето овластување над избраниот продукт дозволува креирање на налози, во

долниот дел на екранот ќе има таб Налози. Кликнете го табот Налози. 4. Ќе се прикаже екран како на сл.17 5. Клик на Листа на налози ќе отвори екран како на сл.21 6. Со помош на филтерот (сл.22) изфилтрирајте ги налозите што сакате да ги видите. Филтерот

овозможува филтрирање по датум од, датум до, статус и тип на налог. Датумот по кој се филтрира е датум на валута на налогот и е задолжителен филтер.

7. Доколку не направите филтрирање на налозите, во листата на налози иницијално се прикажуваат сите налози за кои датумот на валута е помеѓу тековниот ден и еден месец претходно, доколку избраниот продукт припаѓа на физичко лице. Ако продуктот е на правно лице тогаш иницијалната листа на налози ги содржи налозите направени на тековниот и претходниот ден.

Page 15: Упатство за користење на М-Банкарство на ... · 2020-01-22 · Апликацијата е наменета за корисниците на електронско

Сл.21 Сл.22

18. Како да поништам налог? 1. Најавете се на апликацијата 2. Изберете продукт од Денарски платен промет за кој сакате да поништите налог 3. Доколку вашето овластување над избраниот продукт дозволува креирање на налози, во

долниот дел на екранот ќе има таб Налози. Кликнете го табот Налози.Ќе се прикаже екран како на сл.17

4. Клик на Листа на налози ќе отвори екран како на сл.21 5. Со помош на филтерот (сл.22) најдете го налогот што сакате да го поништите. Налогот може да

се поништи само ако неговиот статус е Нов. 6. Кликнете на налогот. Ќе се отвори страна со детали за налогот (сл.19). 7. Кликнете на Поништи во долниот дел на екранот. Ако поништувањето е успешно ќе се

прикаже порака Налогот е успешно откажа. Доколку се појави грешка истата ќе биде прикажана на екранот.

8. Налогот исто така може да го поништите и веднаш после креирањето, со кликање на копчето Поништи.

19. Како да променам датум на валута на налог? За да потпишете налог потребно е датумот на валута на налогот да биде работен ден поголем или еднаков на тековниот.

1. Најавете се на апликацијата 2. Изберете го соодветниот продукт од Денарски платен промет за кој имате креирано налог на

кој сакате да промените датум на валута. 3. Кликнете на Налози 4. Клик на Листа на налози ќе отвори екран како на сл.21 5. Со помош на филтерот (сл.22) најдете го налогот на кој сакате да промените датум на валута.

Датум на валута може да се промени само ако статусот на налогот е Нов. 6. Кликнете на налогот. Ќе се отвори страна со детали за налогот (сл.19).

Page 16: Упатство за користење на М-Банкарство на ... · 2020-01-22 · Апликацијата е наменета за корисниците на електронско

7. Кликнете Промени датум. Ќе се отвори прозорец за промена на датум на валута, со предефиниран датум за прв работен ден што може да се избере (сл.23).

8. Доколку е потребно датумот на валута да се промени во некој друг иден датум кликнете на полето со датум. Ќе се отвори календар од кој ќе може да изберите соодветен датум на валута.

9. Кликнете Зачувај 10. Ако промената била успешна ќе се прикаже порака Датумот е успешно променет. Ако

настанала некаква грешка или новиот датум не е работен ден ќе се појави соодветна порака. 11. После промената на датумот, се прикажува налогот со новиот датум на валута.

Сл.23

20. Како да уплатам на кредитна картичка? 1. Најавете се на апликацијата 2. Од листата на продукти изберете ја кредитната картичка на која сакате да направите уплата. 3. Кликнете го табот Надополни. Ќе се отвори налог за уплата на картичка (сл.24). 4. Изберете сметка на налогодавач. Апликацијата дозволува да се направи уплата на кредитна

картичка само од трансакциска сметка која има ист сопственик како и сопственикот на картичката.

5. Напишете сума што сакате да ја уплатите. 6. Кликнете Зачувај. 7. Потпишувањето на овој налог е исто како и за останатите налози 8. Преглед на налог за уплата на картичка се наоѓа во листата на трансакции на сметката од која е

направено плаќањето.

Page 17: Упатство за користење на М-Банкарство на ... · 2020-01-22 · Апликацијата е наменета за корисниците на електронско

Сл.24

21. Како да проверам дали налогот се реализирал? 1. Најавете се на апликацијата 2. Изберете го соодветниот продукт од Денарски платен промет за кој имате креирано налог што

сакате да проверите дали е реализиран. 3. Кликнете на Налози 4. Клик на Листа на налози ќе отвори екран како на сл.21 5. Со помош на филтерот (сл.22) најдете го налогот 6. Кликнете на налогот. Ќе се отвори страна со детали за налогот (сл.19). 7. При крајот на налогот се наоѓа поле Статус на тансакција. Доколку налогот се реализирал,

вредноста во ова поле ќе биде Реализиран. Доколку трансакцијата добие друг статус истиот ќе биде прикажан во ова поле.

22. Статуси на налог Налогот може да има еден од следниве статуси:

1. Нов – зачуван налог во системот 2. Потпишан – налогот е потпишан но сеуште не е пратен до банката за реализација 3. Делумно потпишан – налогот е потпишан само од дел од подписниците 4. Пренесен во банка – налогот е пратен во банка и се чека на негово реализирање 5. Откажан – налогот е поништен од страна на креаторот или лице овластено да го гледа налогот.