ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА...

49
Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година 1 од 49 20140732264 РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДИРЕКЦИЈА ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ СКОПЈЕ Операторот на системот за дистрибуција на топлинска енергија Дистрибуција на топлина БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ - Скопје, врз основа на член 117 од Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/11, 136/11, 79/13, 164/13 и 41/14) по претходно одобрение од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, со Решение бр. 02-1065/1, од 29.4.2014 година, на ден 6.5.2014 донесе МРЕЖНИ ПРАВИЛА ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ЗА ГРЕЕЊЕ 1. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Предмет на уредување (1) Со овие Мрежни правила за дистрибуција на топлинска енергија за греење (во понатамошниот текст: Мрежни правила) се уредуваат: 1) техничко-технолошките услови за приклучување на потрошувачите и на производителите на топлинска енергија на системот за дистрибуција на топлинска енергија, засновани на начелата на недискриминаторност, објективност и транспарентност, 2) техничките и другите услови што треба да ги обезбедат корисниците на системот за дистрибуција на топлинска енергија, 3) мерките, активностите и постапките во случај на хаварии, 4) условите и начинот за пристап на трети страни на системот за дистрибуција на топлинска енергија, засновани на начелата на недискриминаторност, објективност и транспарентност, 5) функционалните барања и класата на точност на мерните уреди, како и начинот на мерење и пресметка на испорачаната топлинска енергија во дистрибутивната мрежа и на мерните места на потрошувачите, 6) содржината на плановите за развој на дистрибутивниот систем, како и начинот и постапката според која корисниците на системот ги доставуваат неопходните податоци за изготвување на плановите за развој, 7) начинот и постапката за обезбедување на системската резерва и системските услуги од страна на регулираниот производител, 8) начинот и постапката на размена на податоците меѓу операторот на дистрибутивниот систем, регулираниот производител, производителите и снабдувачите, 9) начинот и постапката за известување на корисниците на системот. Член 2 Дефиниции и користени кратенки (1) Изразите употребени во овие Мрежни правила го имаат следното значење: 1) Безбедност е способност за обезбедување на заштита на здравјето и животот на луѓето, заштита на животната средина и имотот со преземање на технички и други видови

Upload: others

Post on 24-Mar-2020

20 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

1 од 49

20140732264

РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ДИРЕКЦИЈА ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈАДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ СКОПЈЕ

Операторот на системот за дистрибуција на топлинска енергија Дистрибуција на топлина БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ - Скопје, врз основа на член 117 од Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/11, 136/11, 79/13, 164/13 и 41/14) по претходно одобрение од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, со Решение бр. 02-1065/1, од 29.4.2014 година, на ден 6.5.2014 донесе

МРЕЖНИ ПРАВИЛА ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ЗА ГРЕЕЊЕ

1. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1Предмет на уредување

(1) Со овие Мрежни правила за дистрибуција на топлинска енергија за греење (во понатамошниот текст: Мрежни правила) се уредуваат:

1) техничко-технолошките услови за приклучување на потрошувачите и на производителите на топлинска енергија на системот за дистрибуција на топлинска енергија, засновани на начелата на недискриминаторност, објективност и транспарентност,

2) техничките и другите услови што треба да ги обезбедат корисниците на системот за дистрибуција на топлинска енергија,

3) мерките, активностите и постапките во случај на хаварии,4) условите и начинот за пристап на трети страни на системот за дистрибуција на

топлинска енергија, засновани на начелата на недискриминаторност, објективност и транспарентност,

5) функционалните барања и класата на точност на мерните уреди, како и начинот на мерење и пресметка на испорачаната топлинска енергија во дистрибутивната мрежа и на мерните места на потрошувачите,

6) содржината на плановите за развој на дистрибутивниот систем, како и начинот и постапката според која корисниците на системот ги доставуваат неопходните податоци за изготвување на плановите за развој,

7) начинот и постапката за обезбедување на системската резерва и системските услуги од страна на регулираниот производител,

8) начинот и постапката на размена на податоците меѓу операторот на дистрибутивниот систем, регулираниот производител, производителите и снабдувачите,

9) начинот и постапката за известување на корисниците на системот.

Член 2Дефиниции и користени кратенки

(1) Изразите употребени во овие Мрежни правила го имаат следното значење:1) Безбедност е способност за обезбедување на заштита на здравјето и животот на

луѓето, заштита на животната средина и имотот со преземање на технички и други видови

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

2 од 49

безбедносни мерки при производство, пренос и дистрибуција на енергијата или енергентите;

2) Грејна инсталација на објектот е севкупност од циркулациони пумпи, цевководи, вентили и служи доведената топлинска енергија до топлинските станици да ја дистрибуира до грејната инсталација на потрошувачот и да овозможи затоплување на поедините имоти. Кога кон една топлинска станица се приклучени повеќе од еден објект секој од приклучните цевководи на поеднините објекти се елемент на грејната инсталација на поедините објекти. Границата помеѓу топлинската станица и потрошувачот при директен систем на греење е мешачкиот дел а при индиректен систем на греење е топлиноизменувачот;

3) Грејна инсталација на потрошувачот ја сочинуваат грејни тела на потрошувачот и припадните приклучни цевки и арматура кои се надоврзуваат на грејната инсталација на објектот;

4) Топловодна дистрибутивна мрежа (во понатамошен текст дистрибутивна мрежа) е мрежа од меѓусебно поврзани водови, пумпи и друга опрема и постројки која што претставува составен дел на дистрибутивен систем и преку која се пренесува топлинска енергија од местата на приклучок на производните постројки на влезот на дистрибутивната мрежа до приклучоците на дистрибутивниот систем за потрошувачите;

На влез во дистрибутивната мрежа границата помеѓу дистрибутерот и регулираниот производител односно производителот се верификуваните мерни уреди во сопственост на дистрибутерот. На излез од дистрибутивната мрежа границата помеѓу дистрибутерот и потрошувачите се местата на поврзување на приклучоците со дистрибутивната мрежа;

5) Дистрибуција на топлинска енергија е пренесување на топла вода или пареа преку дистрибутивна мрежа и управување со системот за дистрибуција на топлинска енергија на определено подрачје заради испорака на топлинска енергија на купувачите, не вклучувајќи снабдување со топлинска енергија;

6) ЕСКО е правно лице што обезбедува енергетски услуги или други мерки заради подобрување на енергетската ефикасност кај своите корисници и кое прифаќа извесен степен на финансиски ризик при извршување на работите, а плаќањето на услугите е целосно или делумно засновано на постигнатото подобрување на енергетската ефикасност или постигнување на други договорени критериуми;

7) Загуби во дистрибутивен систем е разликата помеѓу вкупно преземената топлинска енергија на влез во дистрибутивната мрежа и вкупно испорачаната топлинска енергија на мерните места на потрошувачите;

8) Корисник на дистрибутивен систем за топлинска енергија е физичко или правно лице кое го користи дистрибутивниот систем заради предавање и/или преземање на топлинска енергија за греење, односно производителите, потрошувачите и снабдувачите со топлинска енергија;

9) Купувач на топлинска енергија е физичко или правно лице кое купува топлинска енергија за сопствена потрошувачка или за натамошна продажба;

10) Мерен уред на влез во топлинската станица е уред за мерење на испорачаната топлинска енергија од дистрибутивната мрежа во објектот;

11) Мерен уред на влез во дистрибутивна мрежа е уред за мерење на испорачаната топлинска енергија од производителот во топловодната дистрибутивната мрежа;

12) Мерно место е местото каде е лоциран мерниот уред на топлинска енергија;13) Оператор на системот за дистрибуција на топлинска енергија (во

понатамошниот текст: Дистрибутер) е правно лице носител на лиценца, кое врши дејност дистрибуција на топлинска енергија и управува со системот за дистрибуција на топлинска енергија и е одговорен за работењето на дистрибутивниот систем, неговото одржување,

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

3 од 49

развој и за обезбедување долгорочна способност на системот за задоволување на разумните потреби за дистрибуција на топлинска енергија, не вклучувајќи снабдување со топлинска енергија;

14) Потрошувач на топлинска енергија за греење (во понатамошниот текст: Потрошувач) е купувач кој набавената топлинска енергија ја користи за сопствена потрошувачка;

15) Приклучок на дистрибутивен систем за топлинска енергија е функционална врска на водови (цевководи), опрема и уреди со кои објектите и инсталациите на корисникот се поврзуваат на дистрибутивниот систем;

Границата помеѓу грејната инсталација на објектот и приклучокот на дистрибутивниот систем се излезните вентили за затворање на грејната инсталација од објектот на потрошувачот. Границата помеѓу приклучокот на дистрибутивниот систем и дистрибутивната мрежа е местото на поврзување на приклучокот со дистрибутивната мрежа.

16) Приклучување претставува операција на ставање на приклучокот во функција; 17) Пристап на трета страна е обврска на операторот на системот за дистрибуција на

топлинска енергија да овозможи на објективен и недискриминаторен начин користење на системот под регулирани услови и по претходно објавени тарифи;

18) Производител на топлинска енергија е носител на лиценца кој врши енергетска дејност производство на топлинска енергија за греење без обврска да го почитува температурниот режим за работа на топланите на регулираниот производител;

19) Регулиран производител на топлинска енергија (во понатамошниот текст: Регулиран производител)е носител на лиценца кој врши енергетска дејност производство на топлинска енергија, кој има обврска да обезбедува топлинска енергија за потребите на потрошувачите и системски услуги за потребите на операторот на системот за дистрибуција на топлинска енергија на кој што производителот е приклучен, по регулирани услови, цени и тарифи;

20) Распределувач на надоместокот за топлинска енергија е уред со кој се овозможува распределба на надоместокот за потрошената топлинска енергија на ниво на потрошувач (во понатамошниот текст: распределувач);

21) Сигурност е сигурност во снабдувањето и обезбедувањето на топлинска енергија и техничка сигурност на енергетските системи;

22) Систем за дистрибуција на топлинска енергија (во понатамошниот текст: дистрибутивен систем) е систем од меѓусебно поврзани водови, објекти, уреди и постројки за пренос или дистрибуција на топлинска енергија кој што претставува интегрирана техничко-технолошка и функционална целина, а служи за испорака на топлинска енергијата од производителите, односно изворите до потрошувачите;

23) Системски или помошни услуги се неопходни услуги за работата на системот за дистрибуција на топлинска енергија заради обезбедување на сигурно и доверливо работење и управување со системот;

24) Снабдувач со топлинска енергија (во понатамошниот текст: Снабдувач) е носител на лиценца кој ги снабдува потрошувачите со топлинска енергија и може да врши трговија со топлинска енергија;

25) Топлинска енергија е енергија во облик на топла вода или пареа добиена во постројки за производство на топлинска енергија со користење на горива (фосилни, биомаса или биогас), геотермални извори или сончева енергија;

26) Топлоносител е топлата вода со која се пренесува топлинската енергија од производителот на топлинска енергија до потрошувачот на топлинска енергија за греење;

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

4 од 49

27) Топлинска енергија за греење е енергија во облик на топла вода или пареа добиена во постројки за производство на топлинска енергија наменета за греење на простории во објекти;

28) Топлинска станица е дел од дистрибутивен систем за топлинска енергија кој се надоврзува на дистрибутивната мрежа и служи за регулација на влезните параметри на топлоносителот во грејната инсталација на потрошувачот и мерење на испорачаната топлинска енергија;

Топлинската станица е составен дел од функционалната целина на приклучокот на дистрибутивниот систем и е сместена во физички обезбеден простор со контролиран пристап.

29) Часови на работа на системот во едно деноноќие h е бројот на часови во кои регулираниот производител испорачува топлинска енергија во дистрибутивната мрежа и/или дава системски услуги со цел во периодот од 06.00 до 21.00 во текот на грејната сезона, кај потрошувачот да се обезбеди внатрешна собна температура од 20+1°С;

30) Часови на работа на системот H е сума од часовите на работа на системот во едно деноноќие h во периодот на пресметка.

2. ТЕХНИЧКО-ТЕХНОЛОШКИ УСЛОВИ И ПРИСТАП НА ТРЕТИ СТРАНИ НА СИСТЕМОТ

ЗА ДИСТРУБУЦИЈА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ЗА ГРЕЕЊЕ

2.1 ПРАВИЛА ЗА ПРИКЛУЧУВАЊЕ

Член 3Цел на правилата за приклучување

(1) Целта на правилата за приклучување утврдени со овие Мрежни правила е да се утврдат:

1) техничките, проектните и оперативните критериуми кои треба да бидат исполнети од страна на секој барател за приклучување на дистрибутивниот систем,

2) техничките, проектните и оперативните критериуми кои дистрибутерот треба да ги исполни, а кои се однесуваат на делот на дистрибутивна мрежа на местото каде што се бара да се изврши приклучувањето,

3) техничките, проектните и оперативните критериуми кои треба да бидат исполнети од страна на секој барател за исклучување од дистрибутивниот систем,

4) техничките, проектните и оперативните критериуми кои треба да бидат исполнети од страна на секој барател за изменување на приклучокот и топлинса станица,

5) техничките, проектните и оперативните критериуми кои треба да бидат исполнети од страна на секој барател за дислокација на дел од дистрибутивниот систем.

Член 4Техничко-технолошки услови за приклучување

(1) Сите постројки за производство и потрошувачка на топлинската енергија треба да бидат приклучени на дистрибутивниот систем во согласност со важечките технички стандарди и со цел да се избегне нарушување на доверливоста на целиот систем.

(2) Производителот на топлинска енергија со приклучувањето кон дистрибутивниот систем не треба да предизвика зголемување на трошоците за дистрибуција на топлинска

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

5 од 49

енергија и не треба да предизвика пореметување на хидрауличните параметри на дистрибутивната мрежа.

(3) Објектите на корисниците, за да бидат приклучени на дистрибутивниот систем треба да ги задоволат техничките барања во однос на техничкото решение за приклучок, топлинска станица, уредите за мерење и комуникациските системи определени со овие Мрежни правила и Посебните технички услови за проектирање, изведба и одржување на системот за дистрибуција на топлинска енергија.

(4) Посебните технички услови за проектирање, изведба и одржување на системот за дистрибуција на топлинска енергија ги донесува Дистрибутерот и ги објавува на својата веб страна.

2.1.1 ПОСТАПКА ЗА ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ДИСТРИБУТИВНИОТ СИСТЕМ ЗАРАДИ ПРЕЗЕМАЊЕ НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ЗА

ГРЕЕЊЕ

Член 5Барање на претходна согласност за пристап

и Решение за претходна согласност

(1) Барателот за приклучување (физичко или правно лице) на дистрибутивниот систем заради преземање на топлинска енергијата за греење, постапката за приклучување на својот објект на дистрибутивниот систем ја отпочнува со поднесување на Барање за претходна согласност за пристап на системот за дистрибуција до Операторот на системот за дистрибуција на топлинска енергија.

Барањето треба да ги содржи следните податоци: 1) податоци за барателот, 2) адреса на објектот, 3) тип на објектот, 4) податоци за инвеститорот, 5) површина за затоплување (m2), 6) инсталирана топлинска моќност (kW) 7) ситуација 1:1000 со вцртана локација на топлинската станица. 8) основен проект за термотехника за внатрешната грејна инсталација на објектот со

следниве податоци:1. рекапитуалација на проектирани топлински потреби по групи на потрошувачи (W),2. рекапитулација на грејни површини, односно зафатнините на просториите кои се

греат (m2, m3),3. пресметка на трансмисионите и вентилационите загуби на објектот со спецификација

на употребените коефициенти за пренос на топлина,4. хидраулична пресметка на цевната мрежа и режим на регулација,5. графички и аналитички приказ на падовите на притисок на водовите и уредот во

топлинската станица,6. изведбени цртежи.(2) Постапка за приклучување на дистрибутивен систем заради преземање на топлинска

енергија за греење согласно овие Мрежни правила спроведува и корисник кој нема преземано топлинска енергија во период подолг од 2 години.

(3) Дистрибутерот, во рок од 7 дена по добиеното Барање за претходна согласност за пристап на системот за дистрибуција, издава Решение за претходна согласност за пристап на системот за дистрибуција.

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

6 од 49

(4) Во случај на позитивно Решение за претходна согласност за пристап на системот за дистрибуција, Решението покрај основните податоци за потенцијалниот корисник и ги соджи следниве податоци:

1) краен рок за отпочнување на изведба на приклучокот и топлинската станица, кое во зависност од сложеноста на објектот не може да биде подолг од 2 години од датумот на издавање на Решението за претходна согласност за пристап на системот за дистрибуција,

2) максимално одобрената топлинска моќност и количина на топлинска енергија што ќе се презема од дистрибутивниот систем,

3) основни технички податоци за приклучување,4) надоместокот кој треба да ги плати барателот за создавање на технички услови во

дистрибутивниот систем 5) рокот во кој барателот треба да го плати надоместокот за создавање на технички

услови во дистрибутивниот систем 6) правна поука(5) Доколку барателот за приклучување не го плати надоместокот за создавање на

технички услови во дистрибутивниот систем во наведениот рок, Решението за претходна согласнот престанува да важи по неговата правосилност.

(6) Доколку Операторот на системот за дистрибуција на топлинска енергија го одбие Барањето за претходна согласност за пристап на системот за дистрибуција, во Решението ќе ги образложи причините поради кои барањето е одбиено.

(7) Против Решението барателот може да поднесе жалба до Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија.

(8) Операторот на системот за дистрибуција на топлинска енергија жалбата и одговорот по наводите од жалбата ги доставува до Регулаторната комисија за енергетика.

Член 6Барање за техничко решение за приклучок

и топлинска станица

(1) Барателот за приклучување (физичко или правно лице) на системот за дистрибуција на топлинска енергија заради преземање на топлинска енергија за греење, кој за објектот има издадено Решение за претходна согласност за пристап на системот за дистрибуција од Дистрибутерот и платен надоместок за создавање на технички услови во дистрибутивниот систем, поднесува Барање за техничко решение за приклучок и топлинска станица во рокот определен во Решението за претходна согласност за пристап на системот за дистрибуција.

Член 7Техничко решение за приклучок и топлинска

станица

(1) Дистрибутерот, во рок од 15 дена од приемот на Барањето за решение за приклучок и топлинска станица, ќе издаде Техничко решение за приклучок и топлинска станица.

(2) Техничкото решение за приклучок и топлинска станица, покрај основните податоци за потенцијалниот корисник, ги соджи следниве податоци и прилози:

1) скица на приклучок,2) податок за инсталирана моќност на објектот во kW,3) затоплуван простор во m2 и m3,4) место на преземање и место на мерење на топлинска енергија,

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

7 од 49

5) услови за користење на системот за дистрибуција,6) услови под кои приклучната шахта е достапна за дистрибутерот,7) детална проценка на трошоците за изградба на приклучокот и топлинската станица и

проценка на трошоците за создавање на техничките услови во дистрибутивниот систем, согласно Методологијата за пресметка на надоместокот за приклучување која е составен дел од овие Мрежни правила,

8) спецификација на елементи и опрема во топлинската станица со димензија, карактеристики и стандарди,

9) скица на топлинската станица,10) скица на простор за сместување на топлинската станица,11) опис на ормарчиња за мерно-регулациона и комуникациска опрема со скица за

поставување на кабли и поврзување.

Член 8Проектирање на приклучок и топлинска станица

(1) Проектот за приклучокот и топлинската станица треба да биде изготвен според Техничкото решение за приклучок и топлинска станица од страна на лиценцирани фирми за проектирање, ревидирани од лиценцирани фирми за ревизија и мора да биде верифициран од страна на дистрибутерот.

(2) Дистрибутерот за сметка на барателот може да изготви проект за прилучокот и топлинската станица.

Член 9

Изведба на приклучок и топлинска станица

(1) Изведбата на приклучокот и топлинската станица во сите фази е на трошок на барателот.

(2) Во случај кога приклучокот и топлинската станица ги гради барателот, ќе го плати на дистрибутерот само делот од надоместокот за приклучување што се однесува за создавање технички услови во системот за приклучување на нови корисници или зголемување на капацитетот на постојни приклучоци.

(3) Барателот писмено ќе го извести дистрибутерот за датумот кога ќе почне да го изведува приклучокот и топлинската станица. Кон писменото известување Барателот доставува и копија од проектите од член 8 од овие Мрежни правила и назначува одговорно лице за комуникација со техничкиот надзор на дистрибутерот.

(4) Врз основа на Проектот за приклучок и топлинска станица и Посебните технички услови за проектирање, изведба и одржување на дистрибутивен систем, барателот за приклучување пристапува кон изградба на приклучокот и топлинската станица, при што дистрибутерот:

1) врши технички надзор во сите фази на изградба на приклучокот и топлинската станица,

2) за резултатите од техничкиот надзор на секоја фаза на изградба на приклучокот и топлинската станица писмено го известува одговорното лице на барателот,

3) оперативно го организира спојувањето на приклучокот со дистрибутивната мрежа,4) издава Потврда за изведен приклучок, Потврда за изведено приклучување и Потврда

за изведена топлинска станица, со кои потврдува дека приклучокот, топлинската станица и приклучувањето се изведени целосно согласно проектите и Посебните технички услови за проектирање, изведба и одржување на системот за дистрибуција на топлинска енергија.

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

8 од 49

(5) Приклучокот се изведува преку приклучна шахта на секундарната топловодна дистрибутивна мрежа со затварачка арматура, така што приклучната шахта е достапна во секое време на дистрибутерот.

(6) По исклучок, новиот приклучок може да се изведува и на постоечки приклучок во случај кога приклучокот е во сопственост на корисник и не е предаден во владение на дистрибутерот, ако корисникот на постоечкиот приклучок и имот дозволи приклучување на новиот корисник по претходно решавање на имотно-правните односи.

Член 10Пробна испорака на топлинска енергија за ново приклучен потрошувач на

дистрибутивната мрежа

(1) Барателот за приклучување на дистрибутивниот систем, кој има добиено Потврда од дистрибутерот за изведен приклучок, топлинска станица и приклучување, до снабдувачот поднесува Барање за пробна испорака на топлинска енергија. Кон барањето приложува:

1) доказ за уплата за топлинска енергија на снабдувачот за периодот на пробно греење согласно Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија,

2) список со податоци на потенцијални потрошувачи согласно член 154а од Закон за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/11, 136/11, 79/13, 164/13 и 41/14)

3) потврда за извршено испитување под притисок со вода на внатрешната инсталација на објектот од страна на изведувачот и надзор од страна на инвеститорот

(2) Периодот на пробната испорака го одредува снабдувачот и трае најмногу до 30 дена.

(3) За време на пробната испорака на топлинска енергија дистрибутерот врши контрола и испитување на функционалноста на секој дел од топлинската станица и приклучокот пооделно и како целина.

(4) Во случај на утврдена нефункционалност на дел од топлинската станица и приклучокот пооделно и како целина, дистрибутерот ја прекинува испораката на топлинска енергија. Испораката продолжува по отклонување на недостатоците од страна на барателот за приклучување.

(5) Во случај на утврдена функционалност на сите делови на топлинската станица и приклучокот во периодот на пробна испорака, Дистрибутерот изготвува Потврда за функционален прием на приклучокот и топлинската станица, која ја доставува до снабдувачот и инвеститорот.

(6) По завршување на пробната работа снабдувачот изготвува Изјава за термоенергетски прием на грејната инсталација на потрошувачите и објектот која ја доставува до дистрибутерот, инвеститорот и потрошувачите.

Член 11Решение за согласност за пристап на дистрибутивниот систем заради преземање на

топлинска енергија за греење

(1) Врз основа на Потврда за функционален прием на приклучокот и топлинската станица и Изјавата за термоенергетски прием на грејната инсталација Дистрибутерот издава Решение за согласност за пристап на дистрибутивниот систем заради преземање на топлинска енергија за греење.

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

9 од 49

(2) Решение за согласност за пристап на дистрибутивниот систем заради преземање на топлинска енергија за греење ги содржи основните податоци за барателот, крајниот рок за започнување на редовна испорака на топлинска енергија и правна поука.

(3) Во случај на негативно Решение за согласност за пристап на дистрибутивниот систем заради преземање на топлинска енергија за греење, покрај правната поука и основните податоци за барателот, дистрибутерот ќе ги образложи причините поради кои Решението е негативно.

(4) По добивање на позитивно Решение за согласност за пристап на дистрибутивниот систем заради преземање на топлинска енергија за греење и платен надоместок за приклучување, Потрошувачот стекнува право за преземање на топлинска енергија за греење.

(5) Меѓусебните права и обврски поврзани со преземање или предавање на топлинска енергија за греење се уредуваат со договори меѓу корисниците на дистрибутивниот систем.

Член 12Владение, управување и одржување на новиот приклучок и топлинската станица

(1) Потрошувачот може да избере еден од следните случаи за натамошо владение на приклучокот и топлинската станица:

1) да го предаде приклучокот и/или топлинската станица во владение на дистрибутерот 2) да го задржи приклучокот и топлинската станица во владение.(2) Потрошувачот, од став (1) алинеа 1) од овој член го предава приклучокот и

топлинската станица во владение на дистрибутерот без надоместок, при што сопственоста останува непроменета.

(3) Опремата и уредите од приклучокот и топлинската станица кои се предмет на предавање во владение на дистрибутерот се наведени во Записник потпишан од двете страни.

(4) Трошоците за одржување на приклучокот се на сметка на дистрибутерот. (5) Потрошувачот може да побара од операторот да му го врати владението на

приклучокот и топлинската станица. (6) Ако потрошувачот, од став (1) алинеа 2 од овој член, го задржи приклучокот во

владение треба да:1) му овозможи на дистрибутерот управување со приклучокот и топлинската станица

согласно овие Мрежни правила;2) обезбеди одржување на приклучокот и топлинската станица, кое може да биде од

страна на правно лице регистрирано за вршење дејност одржување на топлински инсталации, кое ќе ги почитува важечките технички стандарди за изведба и одржување на приклучокот. Одржувањето секогаш се изведува во присуство на овластено лице на дистрибутерот.

(7) Доколку потрошувачот не обезбедил одржување на приклучокот и топлинската станица, во случај на дефект на приклучокот и писмена пријава од корисникот за санација на дефектот до дистрибутерот, дистрибутерот ќе ја изврши санацијата на дефектот, при што трошоците за извршената санација ќе бидат покриени од страна на потрошувачот.

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

10 од 49

2.2 МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ПРЕСМЕТКА НА НАДОМЕСТОК ЗА ПРИКЛУЧУВАЊЕ

Член 13Методологија за пресметка на надоместокот за приклучување

(1) Надоместокот за приклучување го плаќа барателот за приклучување и се состои од:1) надоместок за проектирање и изградба на приклучок и топлинска станица,2) надоместок за создавање технички услови во дистрибутивниот систем за

приклучување на нови корисници (2) Дистрибутерот ќе им обезбеди на лицата кои бараат приклучување на

дистрибутивната мрежа процена на трошоците за изградба на приклучокот и топлинската станица и процена на трошоците за создавање на техничките услови во дистрибутивниот систем за приклучување на нови корисници,

(3) Методологијата за пресметка на надоместокот за приклучување ја изготвува дистрибутерот и е составен дел од овие Мрежни правила (Прилог 1).

2.3 ПОСТАПКА ЗА ИСКЛУЧУВАЊЕ НА КОРИСНИК ОД ДИСТРИБУТИВНИОТ СИСТЕМ

Член 14Исклучување по барање

(1) Секој потрошувач може да побара исклучување од системот за дистрибуција на топлинска енергија.

(2) Барањето на потрошувачот од став (1) на овој член го доставува до Снабдувачот кој, доколку утврди дека потрошувачот ги исполнил сите достасани обврски за преземената топлинска енергија согласно договорот за снабдување, барањето на потрошувачот за исклучување го доставува до дистрибутерот.

(3) Во случај да се исклучува целото мерно место, дистрибутерот го реализира исклучувањето.

(4) Во случај потрошувачот да се исклучува од грејната инсталација на објектот, дистрибутерот ги обезбедува потребните технички услови за извршување на исклучувањето и го известува потрошувачот за денот и часот, односно периодот во кој може да се изврши исклучувањето.

(5) Потрошувачот го известува дистрибутерот за завршеното исклучување кој треба во најкус можен рок да ја стави грејната инсталација во функција и да овозможи испорака на топлинска енергија до останатите потрошувачи на мерното место.

(6) Исклучувањето на потрошувач од грејната инсталација се врши исклучиво во периоди во кои нема испорака на топлинска енергија.

(7) Контролата на извршеното исклучување ја врши снабдувачот. За извршеното исклучување се составува Записник кој се потпишува од страна на снабдувачот и потрошувачот кој барал исклучување.

(8) Потрошувачот кој бара исклучување ги поднесува сите трошоци поврзани со исклучувањето согласно член 6 и член 7 од Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија.

(9) Исклучениот потрошувач треба да им овозможи на дистрибутерот и снабдувачот пристап до мерното место, односно грејната инсталација, заради контрола на неовластено користење на топлинска енергија и отчитување на мерачот или распределителот.

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

11 од 49

Член 15Присилно исклучување

(1) Присилно исклучување на корисници од дистрибутивниот систем може да спроведе снабдувачот, во случај кога потрошувачот не ги исполнува условите од договорот за снабдување со топлинска енергија, а по обезбедување на услови за реализација од страна на дистрибутерот.

(2) Присилно исклучување на корисници од системот може да спроведе дистрибутерот во случај кога корисникот неовластено превзема топлинска енергија, предизвикува дерегулација на системот, ја загрозува безбедноста на извршителите и функционалноста на системот заради техничка неисправност на грејната инсталација и опремата во топлинската станица, за што писмено ќе ги извести корисникот и снабдувачот.

Член 16Место и начин на исклучување

(1) Сите постројки за производство и потрошувачка на топлинската енергија треба да бидат исклучени од дистрибутивната мрежа во согласност со важечките технички стандарди и со цел да се избегне нарушување на доверливоста на целиот систем.

(2) Местото на исклучување кај корисниците е местото каде се врши примопредавање на топлинската енергија, при што се применува начин на исклучување кој што не предизвикува физичко оштетување на дел од системот, а се оневозможува повторно приклучување без најава кај дистрибутерот.

(3) Место на исклучување кај потрошувачите се приклучоците на грејните тела или приклучокот на инсталацијата која ги поврзува грејните тела на потрошувачот.

(4) Исклучениот корисник е физички одвоен од:1) дистрибутивната мрежа,2) топлинската станица и3) грејната инсталација.(5) До колку сите потрошувачи од едно мерно место бараат да се исклучат,

исклучувањето може да се реализира и од топлинската станица (доколку постои техничка можност), или од шахта, при што до снабдувачот се доставува писмена согласност од сите потрошувачи.

(6) При исклучување на топлинската станица од дистрибутивниот систем која му била претходно дадена во владение на дистрибутерот, дистрибутерот во рок од 1 месец треба да направи примопредавање на просторијата и топлинската станица на претставник на корисникот, со записник во кој се наведени елементите кои се вградени.

2.4 ПОСТАПКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРИКЛУЧОК И ТОПЛИНСКА СТАНИЦА

Член 17Барање за согласност за изменување на постоен приклучок и топлинска станица

(1) Постојниот корисник – потрошувач на топлинска енергија до дистрибутерот поднесува Барање за согласност за изменување на постоен приклучок и топлинска станица, во случаи ако:

1) ја зголемува приклучната инсталирана моќност над 20% во однос на претходно одобрената,

2) го менува постојниот приклучок,

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

12 од 49

3) врши промени на мерната опрема,4) врши одделување на едно мерно место на поголем број мерни места на иста

локација.

Член 18Решение за согласност за измена на приклучок и топлинска станица

(1) Дистрибутерот, во рок од 15 дена по добиеното Барање за согласност за изменување на постоен приклучок и топлинска станица издава Решение за согласност за измена на приклучок и топлинска станица.

(2) Решение за согласност за измена на приклучок и топлинска станица, освен податоци за барателот и правна поука, содржи Техничко решение за измената, и технички услови кои, согласно Посебните технички услови за проектирање, изведба и одржување на дистрибутивниот систем, треба да бидат исполнети од Барателот за да приклучокот и топлинската станица по изведената измена бидат ставени повторно во функција и приклучени кон дистрибутивниот систем.

(3) Во случај на одбивање на Барањето за согласност за изменување на постоен приклучок и топлинска станица, во Решението покрај правната поука и основните податоци за барателот, дистрибутерот ќе ги образложи причините за одбивањето на барањето.

Член 19Изведба на измените на приклучокот и топлинска станица

(1) Изведбата на измените на приклучокот и топлинската станица во сите фази е на трошок на барателот.

(2) Барателот ќе го плати на дистрибутерот само делот од надоместокот за приклучување што се однесува за создавање технички услови во системот за приклучување на нови корисници само за зголемената приклучна моќност.

(3) Барателот писмено ќе го извести дистрибутерот за датумот кога ќе почне да ја изведува измената на приклучокот и топлинската станица и ќе назначи одогворно лице за комуникација со техничкиот надзор на дистрибутерот.

(4) Врз основа на Решението за согласност за измена на приклучок и топлинска станица и Посебните технички услови за проектирање, изведба и одржување на дистрибутивен систем, барателот пристапува кон измена на приклучокот и топлинската станица, при што дистрибутерот:

1) врши технички надзор во сите фази на изведбата2) за резултатите од техничкиот надзор на секоја фаза на изведбата писмено го

известува одговорното лице на барателот,3) оперативно го организира спојувањето на приклучокот и топлинската станица со

дистрибутивната мрежа,4) издава Потврда за изведени измени на приклучок и топлинска станица, со кои

потврдува дека измените се изведени целосно согласно Решението за согласност за измена на приклучок и топлинска станица и Посебните технички услови за проектирање, изведба и одржување на дистрибутивниот систем.

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

13 од 49

2.5 ПОСТАПКА ЗА ДИСЛОКАЦИЈА НА ДЕЛ ОД ДИСТРИБУТИВНА МРЕЖА

Член 20Барање за согласност за дислокација на дел

од дистрибутивната мрежа

(1) Секое правно и физичко лице може да поднесе Барање за согласност за дислокација на дел од дистрибутивната мрежа, доколку дислокацијата не е во спротивност со овие Мрежни правила и другите законски и подзаконски акти.

Член 21Решение за согласност за дислокација на дел

од дистрибутивната мрежа

(1) Дистрибутерот, во рок од 15 дена по добиеното Барање за согласност за дислокација на дел од дистрибутивната мрежа издава Решение за согласност за дислокација на дел од дистрибутивната мрежа.

(2) Решението за согласност за дислокација на дел од дистрибутивната мрежа, освен податоци за барателот и правна поука, содржи Техничко решение за дислокација на дел од мрежата како и сите технички услови кои, согласно Посебните технички услови за проектирање, изведба и одржување на дистрибутивниот систем, треба да бидат исполнети од Барателот за да новоизградениот дел од дистрибутивната мрежа биде ставен во функција.

(3) Во случај на негативно Решение за претходна согласност за дислокација на дел од дистрибутивната мрежа, покрај правната поука и основните податоци за барателот, дистрибутерот ќе ги образложи причините поради кои Решението е негативно.

(4) Проектот за новиот дел од дистрибутивната мрежа треба да биде изготвен според Техничкото решение за изведба кое е составен дел од Решението за согласност за дислокацијата од страна на лиценцирани фирми за проектирање, ревидирани од лиценцирани фирми за ревизија и мора да биде верифициран од страна на дистрибутерот.

(5) Дистрибутерот за сметка на барателот може да изготви проект за новиот дел од дистрибутивната мрежа.

Член 22Изведба на дислокација на дел од дистрибутивната мрежа

(1) Изведбата на дислокација на дел од дистрибутивната мрежа во сите фази е на трошок на барателот.

(2) Дислокациите се изведуваат од 01.05 до 01.09(3) Барателот писмено ќе го извести дистрибутерот за датумот кога ќе почне да го

изведува новиот дел од дистрибутивната мрежа и назначува одговорно лице за комуникација со техничкиот надзор на дистрибутерот.

(4) Врз основа на Решението за согласност за дислокација на дел од дистрибутивната мрежа, Проектот за новиот дел од мрежата и Посебните технички услови за проектирање, изведба и одржување на дистрибутивен систем, барателот пристапува кон изведба на новиот дел од дистрибутивната мрежа, при што дистрибутерот:

1) врши технички надзор во сите фази на изведбата,2) за резултатите од техничкиот надзор на секоја фаза на изведбата писмено го

известува одговорното лице на барателот,

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

14 од 49

3) оперативно го организира спојувањето на новоизградениот дел од дистрибутивната мрежа на дистрибутивниот систем,

4) издава Потврда за изведениот дел од дистрибутивната мрежа, со кои потврдува дека новоизградениот вод е изведен целосно согласно Решението за согласност за дислокација на дел од дистрибутивната мрежа, Проектот и Посебните технички услови за проектирање, изведба и одржување на дистрибутивниот систем.

3. ТЕХНИЧКИ И ДРУГИ УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ОБЕЗБЕДАТ КОРИСНИЦИТЕ НА ДИСТРИБУТИВНИОТ СИСТЕМ

Член 23Определување на место на разграничување меѓу

корисниците на дистрибутивната мрежа

(1) Границата помеѓу дистрибутерот и регулираниот производител односно производителот се верификуваните мерни уреди во сопственост на дистрибутерот;

(2) Границата меѓу дистрибутерот и снабдувачот со топлинска енергија е мерното место, односно мерниот уред на влез во топлинската станица со кој се мери испорачаната топлинска енергија на влез во објектот;

(3) Границата помеѓу дистрибутерот и потрошувачите се местата на поврзување на приклучоците со дистрибутивната мрежа.

Член 24Технички и други услови кои треба да ги обезбеди регулираниот производител

(1) Регулираниот производител треба:1) да обезбеди сигурно, безбедно, континуирано и квалитетно производство на

топлинска енергија за потребите на потрошувачите,2) да обезбеди енергија за покривање на загубите во системот, системска резерва и

системски услуги за одржување на потребни работни параметри (температура и притисок) во рамките на системот за топлинска енергија,

3) да врши испорака на произведената количина на топлинска енергија до точката на прием на дистрибутивната топловодна мрежа,

4) да врши мерење на испорачаната топлинска енергија во дистрибутивната мрежа со сопствени верификувани мерила во функција на контролно мерење на мерењето што го врши дистрибутерот со своите верификувани мерила,

5) на носителите на лиценца за вршење на енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија и снабдување со топлинска енергија да им ги обезбеди сите потребни информации за извршување на нивните обврски од лиценците,

6) да управува со работата на постројките за производство на топлинска енергија во согласност со закон, други прописи, Мрежните правила и условите и критериумите пропишани во лиценцата,

7) да ги одржува квалитетно своите производни единици, приклучокот кон дистрибутивната мрежа и мерачите на топлинска енергија со кои се врши контролно мерење на топлинската енергија која ја испорачува во дистрибутивниот систем,

8) да ги извести дистрибутерот за евентуалните намалувања или прекини на испораката на топлинската енергија, причините на прекинот на производство на топлинска енергија, како и очекуваното време на траењето на прекинот.

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

15 од 49

Член 25Технички и други услови кои треба да ги обезбеди производителот

(1) Производител треба:1) да обезбеди сигурно, безбедно, континуирано и квалитетно производство и испорака

на топлинска енергија до точката на прием во дистрибутивната мрежа,2) да врши мерење на испорачаната топлинска енергија во дистрибутивната мрежа со

сопствени верификувани мерила во функција на контролно мерење на мерењето што го врши дистрибутерот со своите верификувани мерила,

3) да му ги обезбеди на дистрибутерот сите потребни податоци и информации кои се неопходни за извршувањето на неговите обврски од лиценцата,

4) да го извести дистрибутерот за евентуалните намалувања или прекини на испораката на топлинската енергија, како и очекуваното време на траењето на прекинот.

Член 26Технички и други услови кои треба да ги обезбеди потрошувачот

(1) Потрошувачот кој е приклучен на дистрибутивниот систем треба:1) да ја одржува грејната инсталација и приклучокот согласно условите наведени во

член 12 од овие Мрежни правила и на начин кој нема да го наруши квалитетот на греењето на други потрошувачи, како и да не го загрози нивното здравје и имот,

2) секоја постапка на одржување на грејната инсталација и приклучокот да ја пријави кај дистрибутерот при што дистрибутерот извршува празнење на хемиски подготвената вода од инсталациите,

3) да ги надомести трошоците за празнење на хемиски подготвената вода од инсталацијата согласно со Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија, во период определен од страна на дистрибутерот,

4) да не ја попречува испораката на енергија на други корисници,5) да не врши манипулација со мерните уреди, 6) да не врши празнење на хемиски подготвената вода од грејната инсталација и

топлинска станица, 7) да обезбеди непречен пристап до топлинската станица, мерните уреди и грејната

инсталација на овластените лица на дистрибутерот,8) да ја одржува хигиената во пристапните простории и во просторијата на топлинската

станица,9) да обезбеди континуирано напојување со електрична енергија на уредите во

топлинската станица,10) во најкус можен рок да пријави кај дистрибутерот дефект односно оштетување на

приклучокот, мерните уреди и грејните инсталации, 11) да не врши приклучување на свој објект, уред или инсталација и да не овозможува

приклучување на друг корисник без согласност на дистрибутерот,12) да не ја користи опремата и уредите во топлинските станици и грејната инсталација

спротивно на препораки и упатства од дистрибутерот,13) да не вградува во топлинската станица и во внатрешната инсталација елементи кои

не се во согласност во Посебни технички услови за проектирање, изведба и одржување на дистрибутивен систем, а кои предизвикуваат внатрешна корозија и не се отпорни на топлоносител со pH еднаков на 9,5.

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

16 од 49

4. МЕРКИТЕ, АКТИВНОСТИТЕ И ПОСТАПКИТЕ ВО СЛУЧАЈ НА ХАВАРИИ

Член 27Заштита на системот

(1) Со цел да се обезбеди заштита на дистрибутивниот систем, проектирањето и изведбата на дистрибутивната мрежа се врши на начин кој ќе овозможи исклучување на пооделните делови на дистрибутивната мрежа поради било какво пореметување, за тоа да не се одрази на останатите делови од системот за дистрибуција на топлинска енергија.

(2) Заштитата на дистрибутивниот систем се постигнува преку вградување на затварачка арматура заради изолирање, заштита од ангажирање на проток над дозволениот заради спречување на хидраулична дерегулација на дистрибутивната мрежа, продор на хемиски нетретирана вода од инсталацијата на објектот во дистрибутивната мрежа и друго.

(3) Дистрибутерот со свои интерни акти уредува правила и стратегии за преземање на мерки и постапки за безбедно функционирање на дистрибутивниот систем, како и за ефикасно отстранување на можни дефекти во дистрибутивниот систем.

Член 28Одбранбен план

(1) Заради спречување на ширење и пренесување на појави и настани кои што предизвикале или би можеле да предизвикаат дефекти или нарушувања на граничните вредности во дистрибутивната мрежа и заради отстранување на дефектите и нарушувањата, дистрибутерот донесува Одбрамбен план во кој се пропишани превентивни мерки и корективни дејствија.

(2) Заради спроведување на превентивните мерки, дистрибутерот врши и периодични проверки на системот за дистрибуција на топлинска енергија со испитен притисок, за откривање на потенцијално слабите места на системот.

(3) Превентивните мерки се состојат во управување на дистрибутивната мрежа на таков начин со што ќе се постигне елиминирање на можноста појавениот дефект на било кој дел од дистрибутивната мрежа да прерасне во големо пореметување на системот.

(4) Корективните дејствија се состојат во изолирање на делот од дистрибутивната мрежа каде што се појавил дефектот, за да се избегне понатамошно ширење на последиците од дефектот и да се одржи поголемиот дел од дистрибутивната мрежа во нормални услови.

(5) Одбранбениот план содржи:1) мерки за заштита при зголемени губитоци на топлоносителот,2) мерки за заштита од дерегулација на дистрибутивната мрежа.

Член 29Мерки за заштита при зголемени губитоци

на топлоносителот

(1) Одбранбениот план треба да се предвидат мерки и дејствија со кои ќе се намалат, односно спречат :

1) последиците од влијанието на зголемените губитоци на топлоносителот на работењето на постројките на регулираниот производител на топлинска енергија кои може да доведат до испад на топланите,

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

17 од 49

2) промените на параметрите за квалитетот на топлинската енергија на местото на испорака, настанати поради зголемување на губитоци на топлоносителот.

Член 30Мерки за заштита од дерегулација на

дистрибутивниот систем

(1) За одржување на потребниот проток на топлоносителот во дистрибутивната мрежа, неопходно е местата на приклучок на корисниците да бидат обезбедени со соодветни регулатори (ограничувачи) на протокот на топлоносителот и друга опрема која е во функција на одржување на протокот кај корисниците.

(2) Во случај на дерегулација на функционирањето на дистрибутивната мрежа, односно промена на параметрите на топлоносителот на местата на приклучување на корисниците на дистрибутивната мрежа предизвикани од несоодветен начин на приклучување и користење на дистрибутивната мрежа од страна на корисниците, дистрибутерот треба:

1) да изврши контрола на местата за можната појава и да ги утврди причините за настанатата дерегулација на функционирањето на дистрибутивната мрежа;

2) да преземе мерки за елиминирање на утврдените причини за појавата на дерегулација на функционирањето на дистрибутивната мрежа.

5. ФУНКЦИОНАЛНИТЕ БАРАЊА И КЛАСАТА НА ТОЧНОСТ НА МЕРНИТЕ УРЕДИ, КАКО И НАЧИНОТ НА МЕРЕЊЕ И ПРЕСМЕТКА НА ПРЕЗЕМЕНА И ИСПОРАЧАНА

ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ВО И ОД ДИСТРИБУТИВНИОТ СИСТЕМ

Член 31Мерење и мерно место

(1) Мерење на топлинската енергија која дистрибутерот ја презема во дистрибутивниот систем од регулираниот производител и од производителите на топлинска енергија се врши со мерни уреди за топлинска енергија за кои Бирото за метрологија има издадено сертификат за верификација (во понатамошен текст мерни уреди) кои се во сопственост на дистрибутерот и се поставени на точно дефинирано место на влез во дистрибутивниот систем.

(2) Мерење на топлинската енергија која дистрибутерот ја испорачува на мерните места на потрошувачите се врши со верификувани мерни уреди на топлинска енергија поставени на точно дефинирано место во топлинската станица.

(3) На едно мерно место, односно на една топлинска станица, може да има приклучено повеќе потрошувачи.

Член 32Мерни уреди

(1) Дистрибутерот врши набавка, верификација, поставување и одржување на мерните уреди во топлинските станици на кои се приклучени објектите на потрошувачите.

(2) Дистрибутерот ќе набави и постави мерен уред на мерното место приклучено без мерен уред во топлинска станица на приклучен потрошувач на дистрибутивниот систем, а потрошувачот ќе обезбеди пристап до мерното место за непречена реализација на истото. Необезбедувањето на пристап за поставување на мерен уред ќе се смета за неовластено

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

18 од 49

преземање на топлинска енергија согласно член 42, став 1, алинеа 4 од овие Мрежни правила.

(3) Мерниот уред на топлинска енергија кој дистрибутерот го набавил и го поставил на мерното место во топлинската станица на потрошувачот заради мерење на топлинската енергија која се испорачува на мерното место е сопственост на дистрибутерот.

(4) Уредите врз основа на кои се врши локално распределување на топлинската енергија помеѓу различни потрошувачи во еден објект за кои што има еден мерен уред се составен дел од системот за мерење на потрошената топлинска енергија во објектот и се во сопственост на дистрибутерот.

(5) Регулираниот производител и производителите на топлинска енергија ги набавуваат, поставуваат, одржуваат контролните мерни уреди, кои се нивна сопственост и со кои се мери предадената топлинска енергија во дистрибутивниот систем.

(6) Потребниот простор, комплетната инсталација и трошоците за ел.енергија кои ги користат верификуваните мерни уреди, ги обезбедуваат корисниците на дистрибутивниот систем (регулираниот производител, производителот и потрошувачите).

(7) Типот, карактеристиките и местоположбата на мерните уреди ја утврдува операторот на системот за дистрибуција во зависност од техничките можности на приклучното место и истата може да биде во или надвор од границите на имотот на корисниците.

(8) Опремата преку која може да се влијае на точноста и исправноста на мерењето и/или на пресметката на преземената и испорачана топлинската енергија потребно е да биде пломбирана од страна на дистрибутерот.

(9) Контрола, замена на неисправен мерниот уред и редовна верификација врши дистрибутерот на свој трошок.

(10) Контрола на мерниот уред во топлинската станица, негова замена и вонредна верификација може да побара потрошувач или група на потрошувачи на мерното место со поднесување на писмено барање до Снабдувачот кој контролата, замената и вонредната верификација ја организира во договор со барателот и дистрибутерот.

(11) Ако при вонредна верификација на мерниот уред, по барање на потрошувачот се утврди дека мерниот уред е неисправен, трошокот за контрола, замена и вонредна верификација на мерниот уред е на товар на дистрибутерот, а во спротивно сите трошоци се на товар на лицето кое ја побарало вонредната верификација. Потрошената топлинска енергија на мерното место во периодот за кој мерењето се прогласува за неисправно се пресметува согласно член 38 од овие Мрежни правила.

Член 33Стандарди на мерната опрема

(1) Мерните уреди треба да бидат со соодветна класа на точност и прописно пломбирани и верификувани на начин и рок утврдени со Законот за метрологија и други прописи.

(2) Мерните уреди треба да:1) бидат соодветно опремени за мерење на проток на топлоносителот, температура на

влезната и повратната линија на топлоносителот, да имаат единица за пресметка на енергија и да бидат димензионирани според потребите на соодветниот корисник,

2) одговараат на МКС ЕН 1434 стандарди,3) имаат класа на точност согласно важечките прописи.(3) Сите карактеристики на мерната опрема и поставувањето се одредени во Посебните

технички услови за проектирање, изведба и одржување на дистрибутивен систем.

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

19 од 49

Член 34Мерени големини на топлоносителот на влез во дистрибутивната мрежа

(1) Мерните уреди инсталирани на цевководите на излез од секоја поединечна топлана, односно на влез на цевководите од дистрибутивната мрежа, треба да мерат и локално да ги покажуваат следниве податоци:

1) измерена кумулативна топлинска енергија во kWh или MWh (GJ),2) протекнат кумулативен волумен на топлоносителот во m3,3) температура на топлоносителот на влез во дистрибутивната мрежа во оC,4) температура на топлоносителот на поврат од дистрибутивна мрежа во оC,5) моментален проток на топлоносителот во m3/h или l/s,6) моментална моќност (kW, MW).

Член 35Мерени големини на топлоносителот на мерно

место во топлинските станици

(1) Мерните уреди, инсталирани на мерните места во топлинските станици во објектите на потрошувачите треба да мерат и локално да ги покажуваат следниве податоци:

1) измерена кумулативна топлинска енергија во kWh или MWh,2) протекнат кумулативен волумен на топлоносителот во m3,3) температура на топлоносителот на влез во топлинската станица на објектот во оC,4) температура на топлоносителот на излез од топлинската станица на објектот во оC,5) моментален проток на топлоносителот во m3/h или l/s,6) моментална моќност (kW, MW).(2) Мерните уреди треба да бидат во состојба да работат најмалку шест месеци без

надворешен извор на енергија.

Член 36Отчитување на мерни уреди на влез во дистрибутивната мрежа и во топлинските

станици

(1) Отчитувањето на мерни уреди на влез во дистрибутивната мрежа се врши од страна на дистрибутерот во присуство на преставници на регулираниот производител, производителот и Регулаторната комисија за енергетика со отчитување на лице место, првиот ден во месецот во 08:00 часот, при што се изготвува записник кој го потпишуваат сите присутни преставници, со состојба на калориметрите во 24:00 часот во последниот ден во месецот, кај мерните уреди каде што има вградена мемориска единица. При промена на цената се врши дополнително читање.

(2) Записникот за отчитаните состојби на мерните уреди на влез во дистрибутивната мрежа е пропишан на образец даден во Прилог 2 кој е составен дел на овие Мрежни правила.

(3) Отчитувањето на мерните уреди во топлинските станици се врши од страна на дистрибутерот, далечински преку мониторинг систем, со отчитување на лице место или со самоотчитување еднаш месечно а при промена на цената се врши дополнително читање.

(4) Снабдувачот може да изврши контрола на отчитаната топлинска енергија на мерните уреди во присуство на овластено лице од дистрибутерот.

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

20 од 49

(5) Контрола на отчитаната топлинска енергија може да побара потрошувач или група на потрошувачи на мерното место со поднесување на писмено барање до Снабдувачот кој контролата ја организира во договор со барателот и дистрибутерот.

(6) Потрошувачите добиваат податоци за потрошената топлинска енергија за секој месец во доставените фактури.

Член 37Определување на испорачаната топлинска енергија на мерно место со пресметка

(1) Определување на испорачаната топлинска енергија на мерно место со пресметка се врши во случај:

1) на неисправен мерен уред,2) мерилото во целиот период или во дел од периодот било нефункционално заради

проток на топлоносителот вон мерниот опсег на мерилото,3) ако од оправдани причини, не е прочитана регистрираната топлинска енергија на

мерниот уред. (2) Во случајот од ставот 1, алинеја 3 на овој член, при првото следно читање

надоместокот ќе се изедначи соодветно на потрошената топлинска енергија кај потрошувачите.

Член 38Пресметка на испорачаната топлинска енергија на мерно место преку топлинска

моќност

(1) Испорачаната топлинска енергија на мерно место со пресметка се врши преку топлинска моќност според следната формула:

Epre = Wan × [(20−tnsr)/(20−tnpr)] × H

Член 39Пресметка на преземената топлинска енергија од регулираниот производител во

дистрибутивната мрежа

(1) Во случај на неисправност на верификуваниот мерен уред на влез во дистрибутивната мрежа кој е сопственост на дистрибутерот, преземената топлинска енергија во дистрибутивната мрежа се одредува според измерената енергија на соодветниот верификуван и исправен мерен уред сопственост на регулираниот производител.

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

21 од 49

(2) При истовремена неисправност на мерниот уред на влез во дистрибутивната мрежа кој е сопственост на дистрибутерот и на мерниот уред на излез од производната постројка кој е сопственост на регулираниот производител, предадената топлинска енергија во дистрибутивната мрежа се определува преку потрошеното гориво според следната формула:

Q = Bg * Hd *η

Член 40Преземена топлинска енергија од производители

во дистрибутивната мрежа

(1) Мерењето на превземената топлинска енергија од производители на топлинска енергија се врши со верификуван мерен уред на влез во дистрибутивната мрежа кој е сопственост на дистрибутерот,

(2) Во случај на неисправност на верификуваниот мерен уред на влез во дистрибутивната мрежа кој е сопственост на дистрибутерот, преземената топлинска енергија во дистрибутивната мрежа се одредува според измерената енергија на соодветниот верификуван и исправен мерен уред сопственост на производителот.

6. НЕОВЛАСТЕНО ПРЕЗЕМАЊЕ НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ОД ДИСТРИБУТИВНИОТ СИСТЕМ

Член 41Случаи на неовластено преземање на топлинска енергија од дистрибутивната мрежа

(1) Под неовластено преземање на топлинска енергија од дистрибутивниот систем се подразбираат следните случаи:

1) ако корисникот извршил приклучување на својот објект на дистрибутивната мрежа, без Решение за согласност за пристап на дистрибутивниот систем и без склучен договор за снабдување на топлинска енергија со снабдувачот,

2) по исклучување на корисникот од дистрибутивната мрежа од страна на дистрибутерот, корисникот повторно самоволно се приклучил на дистрибутивната мрежа,

3) ако корисникот извршил манипулација врз мерниот уред при што превзема нерегистрирана количина на топлинска енергија,

4) ако корисникот превзема нерегистрирана количина на топлинска енергија без мерна опрема,

5) ако корисникот извршил премостување на мерната опрема, при што превзема нерегистрирана количина на топлинска енергија,

6) ако корисникот вградил мерна опрема која не е одобрена и/или вградена од дистрибутерот,

7) ако корисникот превзема топлинска енергија преку оштетена мерна опрема и/или заштитната пломба е отстранета, со што е оневозможено правилно регистрирање на преземената количина на топлинска енергија.

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

22 од 49

Член 42Определување на неовластено преземена топлинска енергија на мерно место

(1) Неовластено преземената топлинска енергија на мерно место се пресметува преку топлинска моќност и се определува на следниот начин:

Epre = Wan × [(20−tnsr)/(20−tnpr)] × H

(2) Максималниот период за пресметка на неовластеното користење на топлинска енергија од дистрибутивната мрежа изнесува 1 (една) година наназад од денот на утврдување на неовластеното користење на топлинска енергија.

(3) Периодот за пресметка на неовластено користење на топлинска енергија од дистрибутивната мрежа може да биде пократок од 1 (една) година и во тие случаи ќе се земе датумот од документацијата на дистрибутерот:

1) момент на настанување на неовластеното користење, во случај каде истото може да се утврди,

2) последна извршена контрола на мерното место и приклучокот кога не е утврдено неовластено превземање (отчитување на мерниот уред не се смета како контрола на мерното место и приклучокот)

3) замена, одјава и пријава на мерниот уред,4) последно востановено неовластено користење на топлинска енергија,(4) За месец во кој е утврдено неовластено преземање на топлинска енергија од

дистрибутивната мрежа, периодот на неовластено преземање е целиот месец.(5) За периодот на неовластено користење на топлинска енергија се применуваат

важечките цени за топлинска енергија и моќност. Вкупниот надоместок кој се фактурира на потрошувачот за неовластeно преземање на топлинска енергија се добива така што пресметаната количина на топлинска енергија, добиена според равенката од став (1) на овој член, ќе се помножи со важечкиот тарифен став за топлинска енергија за соодветната категорија на потрошувач.

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

23 од 49

Член 43Постапка на утврдување на неовластено преземање на топлинска енергија на мерно

место

(1) Собирање на податоци за откривање на неовластено преземање на топлинска енергија се врши при:

1) Редовно отчитување на мерни уреди,2) Анализа на потрошувачка на топлинска енергија,3) Анализа на загуби на опрделени подрачја,4) Анализа на оптоварувања на делови од дистрибутивната мрежа во однос на

испорачаната топлинска енергија,5) Одржување на мерно место и приклучок,6) Редовна или вонредна верификација на мерна опрема,7) Пријава од страна на вработен кај дистрибутерот или трето лице,(2) Врз основа на податоците од став (1) на овој член, за мерното место и/или мерната

опрема за кои постои сомневање дека неовластено се превзема топлинска енергија, дистрибутерот изготвува Работен налог за контрола на мерно место и/или мерна опрема.

(3) Во случај кога ќе се открие неовластено преземање на топлинска енергија, при извршување на било кои други редовни активности (замена на мерен уред, исклучување, одржување и сл.) од страна на стручни лица на дистрибутерот, се изготвува Записник за утврдување на неовластено преземање на топлинска енергија, без претходно издаден работен налог.

(4) Неовластено преземање на топлинска енергија можат да утврдат најмалку две стручни лица на Дистрибутерот.

(5) Стручните лица задолжително треба да поседуваат легитимација издадена од страна на дистрибутерот, која на барање на потрошувачот се должни да ја покажат. Потрошувачот или негов преставник има право да присуствува на контрола на мерното место.

(6) Доколку при контрола на мерното место и/или на мерната опрема се утврди неовластено преземање на топлинска енергија, стручните лица на дистрибутерот задолжително треба да изготват Записник за утврдување на неовластено преземање на топлинска енергија и да обезбедат доказ (мерна опрема, оштетени пломби, фотографии и сл.).

(7) Дистрибутерот ја чува документацијата со која се утврдило неовластеното преземање на топлинска енергија (Записник за утврдување на неовластено преземање на топлинска енергија, Работен налог за контрола на мерното место, фотографии и сл.).

(8) Работниот налог особено содржи:1) Податоци за мерното место,2) Податоци за мерната опрема,3) Податоци за стручните лица на дистрибутерот.(9) Записникот за утврдување на неовластено преземање на топлинска енергија особено

содржи:1) Податоци за мерното место,2) Датум на утврдување на неовластено преземање на топлинска енергија,3) Податоци за лицата кои извршиле контрола на мерното место и/или мерната опрема,4) Начин на кој е извршено неовластено преземање на топлинска енергија,5) Ангажирана моќност на потрошувачот. (10) Записникот за утврдување на неовластено преземање на топлинска енергија треба

да го потпишат најмалку две стручни лица на дистрибутерот и потрошувачот, односно

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

24 од 49

негов преставник, доколку е согласен со записникот. Доколу потрошувачот е или неговиот преставник не е согласен со записникот, тогаш треба да се потпише на место “Не сум согласен со записникот“. Доколку потрошувачот одбива да го потпише записникот, стручното лице на дистрибутерот задолжително го потпишува текстот “Потрошувачот одбива да го потпише записникот“. Доколку потрошувачот не е присутен при контролата на мерното место и/или мерната опрема, се пишува “Потрошувачот не е присутен“.

Член 44Постапка за наплата на неовластено преземената топлинска енергија на мерно место

и исклучување на потрошувач од дистрибутивниот систем

(1) Кога кај потрошувачот е утврдено неовластено презвемање на топлинска енергија, на потрошувачот му се остава еден примерок од Записникот за утврдување на неовластено преземање на топлинска енергија. Доколку потрошувачот не бил присутен при изготвување на записникот или одбил да го потпише записникот, дистрибутерот ќе му го достави по пошта.

(2) Дистрибутерот изготвува пресметка на неовластено преземената количина на топлинска енергија согласно член 43 од овие Мрежни правила.

(3) Пресметката со примерок од записникот за утврдување на неовластено преземање на топлинска енергија, работен налог за контрола на мерното место, фотографии и сл. кои ги поседува дистрибутерот му ги доставува на снабдувачот.

(4) Снабдувачот, врз основа на документите добиени од дистрибутерот изготвува фактура и му ја доставува на потрошувачот.

(5) Доколку потрошувачот не ја плати фактурата во рок од 8 (осум дена), дистрибутерот може да го исклучи потрошувачот од дистрибутивниот систем.

(6) Во случаи на неовластено преземање на топлнска енергија од член 42 став (1) алинеа 1, 2, 4, 5 и 6 од овие Мрежни правила, Дистрибутерот може да го исклучи потрошувачот од дистрибутивниот систем без предупредување.

(7) Дистрибутерот не е одговорен за настанување на евентуална материјална или нематеријална штета на потрошувачот заради исклучувањето од ставовите (6) и (7) на овој член.

(8) По утврдување на неовластено преземање на топлинска енергија дистрибутерот може да покрене судска постапка согласно закон.

Член 45Приклучување на потрошувач кој е исклучен поради неовластено преземање на

топлинска енергија

(1) Во случај кога потрошувачот е исклучен согласно став (1) и став (2) од член 42 од овие Мрежни правила, може да поднесе Барање за приклучување откако ќе ја плати фактурата за неовластено преземање и ќе го плати недоместокот за приклучување согласно Одлуката за определување на трошоците за исклучување и приклучување на топлинска станица (мерно место) на корисник од/на топловодна дистрибутивна мрежа која ја донесува дистрибутерот по претходно одобрување на Регулаторната комисија за енергетика.

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

25 од 49

7. СОДРЖИНАТА НА ПЛАНОВИТЕ ЗА РАЗВОЈ НА ДИСТРИБУТИВНИОТ СИСТЕМ И НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА СПОРЕД КОЈА КОРИСНИЦИТЕ НА СИСТЕМОТ ГИ

ДОСТАВУВААТ НЕОПХОДНИТЕ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ПЛАНОВИТЕ ЗА РАЗВОЈ

7.1. ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПЛАНИРАЊЕ

Член 46Правила за планирање

(1) При планирањето на одржувањето и развојот на системот за дистрибуција на топлинска енергија се применуваат критериумите за проектирање и постапките определени со овие Мрежни правила имајќи ги предвид барањата и потребите на сите корисници на системот за дистрибуција.

(2) Идејните проекти за развој, односно за проширување на системот за дистрибуција кои се однесуваат за период од најмалку три години, дистрибутерот е должен да ги објави на својата веб страна.

(3) Дистрибутерот системот за дистрибуција го планира, проектира и гради согласно генералниот и деталните урбанистички планови.

Член 47Принцип за планирање

(1) Планирањето на одржувањето и развојот на дистрибутивниот систем, треба да се засновува на два битни функционални аспекти, и тоа:

1) Адекватност како способност на дистрибутивниот систем да ја преземе и испорача потребната топлинска енергија до потрошувачите во дефинираното време за испорака, земајќи ги во предвид и разумно очекуваните непланирани испади на елементите на дистрибутивната мрежа. При планирањето, адекватноста на дистрибутивниот систем се постигнува со димензионирање на елементите на дистрибутивниот систем во согласност со прифатениот критериум за исполнување на минималните барања на дистрибутивниот систем во однос на испадот на било кој елемент од дистрибутивниот систем при што не смее да се загрози безбедноста на работењето на дистрибутивниот систем заради постигнување на номиналните вредности на притисокот или температурата во рамките на толерантното поле, односно граничните вредности, како и резервни варијанти на снабдување со топлинска енергија во случај на изолирање на дел од дистрибутивниот систем за задоволување на потребите на корисниците.

2) Сигурност е способност на дистрибутивниот систем да ги надмине ненадејните пореметувања и непредвидени испади на елементите.

(2) При анализа на системот за дистрибуција треба да се дефинираат случајните пореметувања и расположивите корективни мерки за соодветните пореметувања, односно:

1) Расположива разлика на притисок на приклучното место на потрошувачот, при што дистрибутивниот систем треба да се димензионира така да на секое место на приклучок на влез на објектот биде задоволена минималната граница за разликата на влезниот и излезниот притисок, која обезбедува неопходен проток на топлоносител за испорака на потребната количина на топлинска енергија во сите услови на испорака и постигнување на гарантираната температура во просториите кои се грејат. Минималната разлика на влезниот и излезниот притисок на местото на приклучување не може да биде помала од p = 0,5 bar.

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

26 од 49

2) Протокот на приклучокот (во топлинската станица) треба да биде доволен да обезбеди гарантиран проток за најнеповолниот потрошувач во најнеповолните услови на работа.

3) Протокот низ дистрибутивната мрежа треба да обезбеди гарантирани протоци на најнеповолните приклучни места во најнеповолните услови на работа.

4) Вредностите на притисокот на топлоносителот на местото на приклучокот да бидат над долните гранични вредности на притисокот потребни да обезбедат полнење на инсталацијата на корисникот со топлоносител, а во спротивно приклучувањето на потрошувачот да биде со индиректен систем или други технички решенија.

5) Дистрибутивната мрежа се смета за стабилна кога после издвојување на одредена делница, останатиот дел од системот за дистрибуција на топлинска енергија може да работи нормално и преку истиот може да се врши ненарушена (редовна) испорака на топлинска енергија на корисниците.

Член 48Основни технички податоци за дистрибутивната мрежа кои се користат при

планирање

Член 49Податоци за планирање

(1) Во однос на податоците за планирање се применуваат следните правила:1) Доверливост на системот за дистрибуција на топлинска енергија се оценува со

анализа на енергетскиот систем за топлинска енергија за греење со симулации на дистрибутивната мрежа за задоволување на предвидените потреби на потрошувачите при што се утврдува потребата од подобрување и зајакнување на дистрибутивната мрежа. Податоците кои се неопходни за оценување на доверливоста на дистрибутивната мрежа ги утврдува дистрибутерот и истите се доставуваат од страна на регулираниот производител на топлинска енергија, производителите и снабдувачот, по барање на дистрибутерот.

2) Прелиминарни податоци за планирање се податоци кои што му се потребни на дистрибутерот да може да врши планирање на системот, а се однесуваат на предвидените развојни планови на кориснициите на системот за дистрибуција. Корисниците на системот за дистрибуција достават до дистрибутерот податоци за нивните постројки за производство и потрошувачка на топлинска енергија, како и прелиминарни планови заради изготвување на студии и развојни планови.

3) Официјaлни податоци за планирање се податоците од договорите меѓу корисниците на дистрибутивниот систем нивните измени и дополнувања, податоците од развојните планови на корисниците на дистрибутивниот систем како и податоците кои се барани од дистрибутерот во согласност со правилата за планирање, стануваат официјални податоци за планирање и истите ја дефинираат основата за планирање на системот за дистрибуција.

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

27 од 49

7.2. ОЦЕНКА НА ДОВЕРЛИВОСТ НА СИСТЕМОТ ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА

Член 50Правила за одржување на доверливост на дистрибутивниот систем

(1) Остварувањето на законски утврдената надлежност за одржување и развој на дистрибутивниот систем, како и извршувањето на обврските за обезбедување на јавна услуга кои што се однесуваат на сигурно, навремено и квалитетно снабдување со топлинска енергија за греење, дистрибутерот го уредува со Правила за одржување на доверливост на дистрибутивниот систем.

(2) Правилата за одржување на доверливоста на дистрибутивниот систем треба да бидат засновани на:

1) прогнозираните потреби за топлинска енергија за греење,2) оценка на адекватноста на производните капацитети,3) оценка на адекватноста на дистрибутивната мрежа.(3) Правилата за одржување на доверливоста на дистрибутивниот систем треба да ги

содржат мерките со кои треба да се обезбеди задоволување на идната потрошувачка.

8. НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА СИСТЕМСКАТА РЕЗЕРВА И СИСТЕМСКИТЕ УСЛУГИ ОД СТРАНА НА РЕГУЛИРАНИОТ

ПРОИЗВОДИТЕЛ

Член 51Договори

(1) Дистрибутерот, по претходно одобрение од Регулаторната комисија за енергетика, а во согласност со важечките закони , овие Мрежни правила и Правилата за снабдување со топлинска енергија,склучува Договор со регулираниот производител на топлинска енергија со времетраење не покусо од една година за:

1) обезбедување на системска резерва,2) системски услуги за обезбедување на потребните работни параметри во

дистрибутивниот систем,3) топлинска енергија за покривање на загубите во дистрибутивниот систем,4) топлинска енергија за потребите на потрошувачите.(2) Со договорот од ставот (1) на овој член, особено ќе се уредат:1) начинот и постапката за обезбедување на системска резерва и системските услуги, во

согласност со овие Мрежни правила;2) начинот на плаќање на услугите и топлинската енергија што регулираниот

производител ги обезбедува во дистрибутивниот систем.(3) Дистрибутерот ја доставува до Регулаторната комисија за енергетика целокупната

документација во врска со извршувањето на Договорите со регуалираниот производител и производителите, како и финансиски извештаи и ревизија на финансиските извештаи изработени од овластен ревизор, извештаи за работењето и други податоци согласно со условите пропишани со лиценцата издадена од Регулаторната комисија за енергетика.

(4) Основни елементи на договорот кои дистрибутерот ги склучува со регулираниот производител се:

1) предмет на договорот,2) определување на количини, рокови на испорака и цена,

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

28 од 49

3) начин на фактурирање, плаќање и обезбедување на гаранции за плаќање,4) дефинирање на мерењето и пресметка на топлинската енергија.

Член 52Квалитет, регулација и контрола на квалитетот на топлинската енергија испорачана

во дистрибутивната мрежа

(1) Регулираниот производител на топлинска енергија испорачува топлинска енергија (од сопствено производство и/или од производители) во дистрибутивната мрежа според климатските услови и потребите на потрошувачите за во периодот од 06.00 до 21.00 во текот на грејната сезона, кај потрошувачот да се обезбеди внатрешна собна температура од 20+1°С.

(2) Заради обезбедување на обврската од став (1) од овој член, Регулираниот производител своите постројки треба да ги управува според Прилог 3 – Посебните технички и технолошки услови за работа на топланите кои се составен дел на овие Мрежни правила.

(3) Регулацијата на испорачаната топлинска енергија во дистрибутивната мрежа регулираниот производител ја врши со регулација на температурата на топлоносителот според следнава табела:

Температурен дијаграм за испорака на топлинска енергија во дистрибутивна мрежа во зависност од температурата на надворешниот воздух

(4) Регулираниот производител извршува постојан мониторинг на параметрите на топлоносителот на влез во дистрибутивната мрежа и податоците ги доставува до дистрибутерот.

(5) Температурата на надворешниот воздух според која се применува температурниот дијаграм за работа на секоја поединечна постројка за производство на топлинска енергија, се мери со мерен уред кој редовно се контролира со еталонски уред верифициран согласно Законот за метрологија.

(6) Регулираниот производител во своето работење го спроведува температурниот дијаграм за работа на топланите. На барање на дистрибутерот на топлинска енергија, температурниот дијаграм за работа на топланите може да претрпи измени на протокот и температурата на топлоносителот, а во рамките на капацитетот на топланите.

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

29 од 49

Член 53Квалитет, регулација и контрола на квалитетот на топлинската енергија испорачана

на потрошувачите

(1) Регулацијата на испорачаната топлинска енергија во грејната инсталација на потрошувачите дистрибутерот ја врши со регулација на температурата на топлоносителот според следнава табела:

Температурнен дијаграм за испорака на топлинска енергија на влез во грејната инсталација на

потрошувачот во зависност од температурата на надворешниот воздух

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

30 од 49

- Температурните режими во табелата означени со 1.0 до 1.7* претставуваат нумерички дијаграми на греење, каде влезните температури во грејната инсталација произлегуваат од електронските регулатори на греење во топлинската станица.

(2) Температурата на надворешниот воздух се мери со сензор кој е составен дел од опремата за регулација.

(3) Температурниот дијаграм за одреден објект го дефинира снабдувачот врз база на измерените внатрешни температури во периодот на пробното греење. Снабдувачот може да побара измена на првично поставениот температурен режим.

(4) Во зависност од потребите на потрошувачите и термо-техничките карактеристики на нивните објекти и инсталации, може да се воспостави и поинаков температурен режим од тој наведен во став (2) на овој член, претходно одобрен од снабдувачот и кој мора да биде во согласност со Правилата за снабдување со топлинска енергија.

(5) Дистрибутерот најмалку еднаш месечно извршува контрола на параметрите на топлоносителот на влез во грејната инсталација во објектот, вклучително и на исправноста на вградената мерно-регулациона опрема.

(6) Дистрибутерот извршува контрола на параметрите на топлоносителот во топлинската седница и по писмено барање на снабдувачот или потрошувачите.

(7) Дистрибутерот во рок од 24 часа од пријавата треба да го отклони дефектот во топлинската станица кој предивикла дерегулација на параметрите на топлоносителот.

9. НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА РАЗМЕНА НА ПОДАТОЦИТЕ МЕЃУ ОПЕРАТОРОТ НА ДИСТРИБУТИВНИОТ СИСТЕМ, РЕГУЛИРАНИОТ

ПРОИЗВОДИТЕЛ И СНАБДУВАЧИТЕ

Член 54Оперативни технички податоци за дистрибутивниот систем

(1) Дистрибутерот воспоставува, одржува и ажурира база за дистрибутивниот систем и за корисниците на дистрибутивниот систем кои особено содржат податоци за:

1) елементите во топлинските станици;2) елементите во шахтите;3) должините и димензиите на цевководите во дистрибутивната мрежа;4) инсталираната и ангажираната моќност на потрошувачите;5) температурните режими во секоја топлинската станица;6) параметрите на топлоносителот низ дистрибутивниот систем (проток, притисок,

температура во потисниот и повратниот цевковод);7) оптовареноста на дистрибутивниот систем;8) испорачаната топлинска енергија во и од дистрибутивниот систем;9) загубите на енергија од истекување на топлоносителот;10) загуби на енергија во целост11) настаните во дистрибутивниот систем.(2) Дистрибутерот ги определува условите и начинот на користење на техничките

податоци од базата податоци од ставот (1) на овој член.

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

31 од 49

Член 55Постапување со доверливи податоци

и информации

(1) Дистрибутерот постапува во согласност со Законот за енергетика и со други закони со податоците и информациите кои ги доставуваат корисниците на дистрибутивниот систем, во согласност со овие Мрежни правила, односно со податоците и информациите кои се однесуваат на барањето за приклучување кон дистрибутивниот систем и со податоците и информациите кои се потребни за планирање, функционирање и за одржување на дистрибутивниот систем, да постапува во согласност со Законот за енергетика и со други закони.

Член 56Табела за презентација на измерените големини на мерен уред на цевковод во

топлана

(1) Податоците од член 36 на овие Мрежни правила кои што се однесуваат на измерените големини на мерниот уред, инсталиран на цевковод низ кој се внесува топлоносителот во дистрибутивната мрежа, регулираниот производител и другите производители на топлинска енергија ги меморираат во компјутерска база на податоци во табела како што е прикажано а заради презентирање на податоци од претходен период на часовно, просечно дневно, просечно месечно и просечно годишно ниво.

Табела за презентација на измерени големини на мерен уред на цевковод во топлана

(2) Согласно Табелата од став 1 на овој член, имајќи ги во предвид измерените големини на секој цевковод поединечно, а во рамките на производната единица (топлана), регулираниот производител на топлинска енергија треба да ги презентира на часовно ниво, следните збирни просечни податоци:

Табела за презентација на збирните просечни податоци на мерен уред во топлана

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

32 од 49

Член 57Доставување на мерените податоци

(1) Регистрираните измерени големини на ниво на цевковод, презентирани во Табелата од став (1) на член 58 од овие Мрежни правила, регулираниот производител и другите производители на топлинска енергија ги доставувааат до дистрибутерот, снабдувачот и до Регулаторната комисија за енергетика во писмена и во електронска форма најдоцна до третиот ден од тековниот месец за претходниот месец.

(2) Пресметаните просечни големини на ниво на топлана, презентирани во Табелата од став (2) на член 58 од овие Мрежни правила, регулираниот производител на топлинска енергија ги доставува до дистрибутерот, снабдувачот и до Регулаторната комисија за енергетика во писмена и во електронска форма најдоцна до третиот ден од тековниот месец за претходниот месец.

(3) По барање на Регулаторната комисија за енергетика и снабдувачот, дистрибутерот е должен да овозможи увид во програмот со кој се следи, контролира и управува испораката на топлинската енергија на ниво на мерно место.

Член 58Собирање на мерените податоци

(1) Корисниците на системот за дистрибуција треба да му овозможат на дистрибутерот електронски да ги собира меморираните податоци на местото на мерење, односно во нивните постројки.

10. НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ НА КОРИСНИЦИТЕ НА СИСТЕМОТ

Член 59Известување при планирани

прекини

(1) За планиран прекин во дистрибуцијата на топлинската енергија дистрибутерот ги известува потрошувачите преку својата веб-страна и преку средствата за јавно информирање, најмалку три дена пред прекинот.

(2) За денот и часот на привремениот прекин дистрибутерот писмено ги известува снабдувачот и производителите најмалку три дена пред планираниот прекин.

Член 60Известување при непланирани прекини

(1) За непланиран прекин во дистрибуцијата на топлинската енергија дистрибутерот ги известува потрошувачите преку својата веб-страна за настанатата виша сила и другите околности на непланираниот прекин, како и за очекуваното времетраење потребно за воспоставување на нормална испорака на топлинска енергија.

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

33 од 49

11. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 61Владение, управување и одржување на приклучок и топлинска станица на веќе

приклучени корисници на дистрибутивниот систем

(1) Операторот на дистрибутивниот систем, најдоцна еден месец по влегувањето во сила на овие Мрежни правила ќе побара изјаснување од корисниците приклучени на дистрибутивниот систем кои превземаат топлинска енергија за греење, дали ќе го предадат во негово владение приклучокот и/или топлинската станица.

(2) Корисниците приклучени на дистрибутивниот систем за топлинска енергија треба да се изјаснат дали ќе го предадат во владение на операторот на дистрибутивниот систем приклучокот и/или топлинската станица согласно член 12 од овие Мрежни правила најдоцна до 31.12.2014 година.

(3) Сите корисници кои нема да се изјаснат до 31.12.2014 година ќе се смета дека не го предале во владение приклучокот и/или топлинската станица.

(4) Одржувањето на приклучокот и/или топлинската станица на веќе приклучените корисници на дистрибутивниот систем, кои не ги предале во владение на операторот, е на трошок на корисниците.

(5) Одржувањето на приклучокот и/или топлинската станица на веќе приклучените корисници на дистрибутивниот систем, кои ги предале во владение на операторот, е на трошок на операторот на дистрибутивниот систем.

Член 62Надоместок за создавање технички услови во

дистрибутивниот систем

(1) Сите баратели за приклучување на дистрибутивниот систем кои до денот на влегување во сила на овие Мрежни правила платиле комунална такса за уредување на градежно земјиште за топлификационен систем во Град Скопје не плаќаат надомест за создавање на технички услови во дистрибутивниот систем.

Член 63Измени и дополнувања

(1) Измени и дополнувања на овие Мрежни правила се врши на ист начин и постапка како и за нивно донесување.

Член 64Влегување во сила на Мрежните правила

(1) Овие Мрежни правила влегуваат во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

Бр. 02-14016 мај 2014 година Управител,

Скопје Александра Маројевиќ, с.р.

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

34 од 49

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

35 од 49

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

36 од 49

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

37 од 49

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

38 од 49

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

39 од 49

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

40 од 49

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

41 од 49

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

42 од 49

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

43 од 49

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

44 од 49

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

45 од 49

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

46 од 49

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

47 од 49

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

48 од 49

Службен весник на РМ, бр. 73 од 08.05.2014 година

49 од 49