116 год. lxvii 31 август 2011, среда · дина за трговија со...

24
Стр. 2689. Одлука за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во техно- лошко индустриската развојна зона Скопје 1 и за висината на закупнината................. 2 2690. Правилник за постапката за барање на суперанализа (*)........................................... 3 2691. Правилник за трговија со материјал за вегетативно размножување на виновата лоза (*) 3 Огласен дел..................................................................................................................... 1-24 Број 116 год. LXVII 31 август 2011, среда Цената на овој број е 120 денари www.slvesnik.com.mk [email protected] СО Д РЖИНА

Upload: others

Post on 26-Sep-2019

2 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: 116 год. LXVII 31 август 2011, среда · дина за трговија со материјал за вегетативно размножување на винова

Стр.

2689. Одлука за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во техно-лошко индустриската развојна зона Скопје 1 и за висината на закупнината................. 2

2690. Правилник за постапката за барање на суперанализа (*)........................................... 32691. Правилник за трговија со материјал за вегетативно размножување на виновата лоза (*) 3

Огласен дел..................................................................................................................... 1-24

Број 116 год. LXVII 31 август 2011, среда Цената на овој број е 120 денари

www.slvesnik.com.mk [email protected]

С О Д Р Ж И Н А

Page 2: 116 год. LXVII 31 август 2011, среда · дина за трговија со материјал за вегетативно размножување на винова

Стр. 2 - Бр. 116 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 31 август 2011

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 2689.

Врз основа на член 36 став 3 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Репуб-лика Македонија” бр.59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10 и 51/11) и член 8 став 6 од Законот за технолошки индустриски развојни зони („Службен весник на Република Македонија” бр. 14/07, 103/08, 130/08, 139/09 и 156/10), Владата на Република Маке-донија, на седницата одржана на 29.8.2011 година, до-несе

О Д Л У К А

ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ПЕРИОДОТ НА ЗАКУП НА ГРАДЕЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ ВО ТЕХНОЛОШКО ИНДУСТРИСКАТА РАЗВОЈНА ЗОНА СКОПЈЕ 1

И ЗА ВИСИНАТА НА ЗАКУПНИНАТА

Член 1 Со оваа одлука се определува периодот на закуп на

градежното земјиште во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1 и висината на закупнината за за-купопримачот Друштво за производство, трговија и ус-луги СМР АУТОМОТИВС СИСТЕМС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ СКОПЈЕ, со седиште во Скопје.

Член 2

Градежното земјиште кое се дава во долготраен за-куп претставува дел од КП 602/5 со површина од 27.684,0 м2 според Имотен лист за КО Бунарџик и Гео-детскиот Елаборат за посебни намени за реализација на урбанистички план бр. 496-3 од 11.7.2011 година, сопс-твеност на Република Македонија и претставува гра-дежно земјиште според извод од Урбанистичкиот план бр. 148 локалитет/населено место Илинден, Општина Илинден, издаден од Република Македонија Општина Илинден под бр.10-2807/2 од 05.7.2011 година, врз ос-нова на Урбанистички проект за ТИРЗ Скопје 1 со тех-нички бр.Ф 1607 од 2008 година, одобрен по извршена ревизија, од Комисијата при Министерство за транс-порт и врски под бр.16-8774/3 од 1.9.2008 година.

Член 3

Градежното земјиште од член 2 од оваа одлука се дава во долготраен закуп за период кој изнесува 35 (триесет и пет) години, сметано од денот на склучува-ње на Договорот за долготраен закуп на градежно зем-јиште.

Член 4 Висината на закупнината за градежното земјиште

од член 2 на оваа одлука изнесува: Во првите пет (5) години, закупнината за градежно-

то земјиште изнесува 0,1 евро годишно за метар ква-дратен во денарска противвредност според средниот курс од Народна банка на Република Македонија на де-нот на исплата, односно 2.768,4 евра за една (1) година, одредено како фиксен износ.

По истекот на првите пет (5) години сметано од де-нот на склучување на Договорот за долготраен закуп на градежно земјиште, закупнината за земјиштето на-ведено во член 2 од оваа одлука, ќе се одредува за се-која година посебно, и ќе има можност за нејзино зго-лемување со пресметување на вредноста на официјал-ната инфлациска стапка во Република Македонија за претходната година, но не повеќе од 5% на годишно ниво, која ќе биде максималната стапка на зголемува-ње.

Истовремено, по склучување на Договорот за дол-готраен закуп на градежно земјиште, а врз основа на претходно писмено известување од Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони, закупоприма-чот доставува доказ за уплатен износ на сметката на Буџетот на Република Македонија во висина од 2.768,4 евра во денарска противвредност според средниот курс од Народна банка на Република Македонија на датумот на уплата, што претставува закупнина за првата (1) го-дина.

По истекот на првата (1) година, закупнината за долготраен закуп на градежното земјиште наведено во член 2 од оваа одлука се плаќа за секоја година одна-пред најдоцна на истиот датум на кој е склучен Дого-ворот за долготраен закуп на градежно земјиште, на сметката на Буџетот на Република Македонија, за што претходно ја известува Дирекцијата за Технолошки ин-дустриски развојни зони.

Член 5 Оваа одлука влегува во сила со денот на објавува-

њето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 51–4482/1 Претседател на Владата

29 август 2011 година на Република Македонија, Скопје м-р Никола Груевски, с.р.

Page 3: 116 год. LXVII 31 август 2011, среда · дина за трговија со материјал за вегетативно размножување на винова

31 август 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 116 - Стр. 3

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО

2690. Врз основа на член 35 став 5 од Законот за ѓубриња

(,,Службен весник на Република Македонија” бр. 110/07, 20/09 и 17/11), министерот за земјоделство, шу-марство и водостопанство, донесе

П Р А В И Л Н И К

ЗА ПОСТАПКАТА ЗА БАРАЊЕ НА СУПЕРАНАЛИЗА (∗)

Член 1

Со овој правилник се пропишува постапката за ба-рање на суперанализа.

Член 2

Ако една од странките не се согласува со добиени-те резултатите од испитувањата од овластената лабо-раторија, може во предвидениот рок од член 35 од За-конот за ѓубриња да поднесе барање за суперанализа.

Член 3

Постапката за суперанализа се спроведува по под-несеното барање од правно или физичко лице реги-стрирани за производство, увоз и трговија со ѓубриња до Фитосанитарна управа.

Кон барањето од став 1 од овој член се доставува следната документација:

- извештај од направените анализи на увозникот и производителот добиени од Фитосанитарната управа односно овластена лабораторија;

- записник од извршената контрола од Државниот земјоделски инспекторат и

- примерок што бил обележен од инспекторот на Државниот инспекторат за земјоделство при земање на примерокот.

Примерокот доставен од подносителот на барањето со писмен акт се доставува до овластена лабораторија за суперанализа во кои треба да бидат назначени сите параметри за испитување од страна на лабораторијата.

Овластената лабораторија врз основа на извршени-те анализи на примероците подготвува и доставува из-вештај до Фитосанитарната управа.

Член 4

Доколку со повторно барање за суперанализа се спроведе суперанализа, а резултатот од истата се исти како од претходната анализа, трошоците за повторна суперанализа се на товар на барателот.

Член 5

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во ,,Службен весник на Репуб-лика Македонија”.

Бр. 17-319/5 Министер за земјоделство, јули 2011 година шумарство и водостопанство, Скопје Љупчо Димовски, с.р. ∗ Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата на Европскиот парламент и Совет бр.2003 /2003 од 13 октомври 2003 година која се однесува на вештачките ѓубриња со CELEX бр. 32003R2003.

2691. Врз основа на член 6 став 2, член 8 став 11 и 12,

член 15 став 2, член 16 став 3, член 17 став 3, член 18 став 5, член 27 став 3 и член 29 став 2 од Законот за се-менски и саден материјал на земјоделски растенија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 39/06, 89/08, 171/10 и 53/11), министерот за земјоделство, шу-марство и водостопанство, донесе

П Р А В И Л Н И К

ЗА ТРГОВИЈА СО МАТЕРИЈАЛ ЗА ВЕГЕТАТИВНО РАЗМНОЖУВАЊЕ НА ВИНОВАТА ЛОЗА (∗)

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1 Предмет

Со овој правилник се пропишуваат: - Видовите и количините на материјал за размножу-

вање и саден материјал на производителите на мали количини наменети за лична употреба;

- Вид и категории на материјал за размножување и саден материјал од винова лоза кои се ставаат во трго-вија;

- Услови, начин и постапка за производство на офи-цијално сертифициран материјал за размножување од винова лоза, како и начинот на водење на евиденција на производството;

- Начинот на пакувањето и етикетирањето, формата и содржината на етикетата на материјалот за размно-жување и саден материјал од винова лоза;

- Трговија со материјал за размножување и саден материјал од винова лоза;

- Начинот и постапката за вршење на стручна кон-трола над производството на материјалот за размножу-вање и садниот материјал и

- Услови за увоз на материјал за размножување и саден материјал од винова лоза, како и исклучоци при увоз.

Член 2

Значење на поимите Поимите употребени во овој правилник ќе го имаат

следното значење: 1. Винови лози се растенија од родот Vitis (L.), на-

менети за производство на грозје или за употреба како материјал за разможување и саден материјал на вино-вата лоза;

2. Сорта е група на растенија во рамките на најни-ска ботаничка класификација, која се:

- определува со изразени карактеристики кои про-излегуваат од одреден генотип или од комбинација од генотипови;

- разликува од било која друга група на растенија, барем по една од изразените карактеристики и

- третира како целина доколку тие карактеристики во размножувањето се постојани; ∗ Со овој правилник се врши усогласување со Директива 68/193/ЕEЗ на Советот на Европската Унија од 9 април 1968 го-дина за трговија со материјал за вегетативно размножување на винова лоза, CELEX брoj 31968L0193 .

Page 4: 116 год. LXVII 31 август 2011, среда · дина за трговија со материјал за вегетативно размножување на винова

Стр. 4 - Бр. 116 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 31 август 2011

3. Клон е вегетативно потомство од сорта што е идентично на избраната лоза во поглед на матичната сорта, во однос на фенотипските карактеристики и здраствената состојба;

4. Материјал за размножување e: а). Садници – лозови садници се млади растенија на

винова лоза, кои можат да бидат: - ожилени резници - добиени од некалемени зелени

или зрели ластари наменети за садење како подлоги или за калемење на стално место;

- ожилени калеми - добиени со спојување-калемење на зелени или зрели делови од ластари на винова лоза, од кој подземниот дел пуштил корен;

б) делови од млади растенија на винова лоза се: - зрели ластари се едногодишни ластари; - зелени ластари се нездрвенети во тековната година; - резници од подлоги за калемење се делови од зрел

или зелен ластар наменети за формирање на подземен дел (корен) кога се припремаат (произведуваат) ожиле-ни калеми;

- резници за ожилување се делови од зелен или зрел ластар наменети за производство на ожилени резници;

- калем гранки се делови од зрел или зелен ластар наменети да го формираат надземниот дел кога се при припремаат (калемат) ожилени калеми или кога се ка-лемат на стално место (in situ);

- резници за ожилување се делови од зелен или зрел ластар наменети за производство на ожилени резници;

5. Место на производство е самостојна организаци-ја или производна единица вклучувајќи полиња, обје-кти, механизација и опрема каде се одвива производс-тво, преработка, пакување или тргување со материјал за разможување и саден материјал на виновата лоза. Местото за производство може да биде составено од повеќе производни единици;

6. Производна единица е лозов расадник, вкорени-лиште, матични насади, стакленик или други објекти или полиња од каде се обезбедува материјал за размо-жување и саден материјал од виновата лоза или истиот се произведува;

7. Лозов расадник е организирана целина од производ-ни единици наменети за производство на материјал за размножување - садници или делови од млади растенија;

8. Матичник, матични насади, матични лозја, лозо-ви насади од матични растенија за производство на ма-теријал за размножување се делови од млади растенија;

9. Вкоренилиште, место за вкоренување, ожилува-ње на резниците за подлогите или резниците за ожиле-ни лозови калеми, место каде се формираат садниците во текот на една вегетација;

10. Снабдувач на материјал за размножување и са-ден материјал од винова лоза (во понатаможен текст снабдувач) е секое домашно или странско правно или физичко лице кое врши една или поваќе од следниве дејности:производство, пакување, етикетирање, трго-вија, увоз или извоз на материјал за размножување и саден материјал од винова лоза;

11. Простории за преработка, пакување или тргува-ње се магацини, ладилници, силоси, простории за паку-вање и други простории наменети за таа цел;

12. Овластена лабораторија е лабораторија за спро-ведување на дијагностички испитувања и други тесто-ви на материјал за размножување и саден материјал од виновата лоза во согласност со регулативите за семе и материјал за размножување на земјоделски растенија, или лабораторија овластена за спроведување на дијаг-ностички испитувања за штетни организми во соглас-ност со Законот за здравјето на растенијата; (*1)

13. Надлежен орган е Управата за семе и саден ма-теријал (во понатамошниот текст: Управата) во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водо-стопанство;

14. Официјален орган за сертифицирање е правно лице на кое му е доделено јавно овластување за струч-на контрола на поле и во лабораторија на материјал за размножување и садниот материјал од винова лоза;

15. Партија е број и количество на материјал за размножување и саден материјал од винова лоза, сорта и категорија, која се препознава по потеклото, е со ист квалитет и е хомогена по состав;

16. Категории на материјал за разможување се пре-досновен материјал за разможување, основен матери-јал за разможување, сертифициран, материјал и стан-дарден материјал;

17. Официјално испитување е испитување спрове-дено од страна на:

- Официјален орган за сертифицирање , во процеду-ра на официјална сертификација на предосновен, осно-вен и сертифициран материјал за размножување;

- фитосанитарен инспектор во случај на стандарден материјал за размножување и саден материјал од вино-вата лоза;

18. Официјални мерки мерки преземени од страна на:

- Официјален орган за сертифицирање, врши проце-дура за официјално сертифицирање на предосновен, основен, сертифициран материјал за размножување и саден материјал од виновата лоза;

- овластена фитосанитарна лабораторија која врши испитување на здравствената исправност на материја-лот за размножување и саден материјал од виновата ло-за.

II.ВИД И КАТЕГОРИИ НА МАТЕРИЈАЛ ЗА РАЗМНОЖУВАЊЕ И САДЕН МАТЕРИЈАЛ

ОД ВИНОВА ЛОЗА

Член 3 Вид и категории на материјал за размножување и

саден материјал од винова лоза Како материјал за размножување и саден материјал

од винова лоза кое е наменето за производство на гроз-је може да се употребува само растение од видот Vitis vinifera.

1.Материјал за размножување и саден материјал од винова лоза, може да се тргува со следните категории:

а) предосновен материјал за размножување е мате-ријал за размножување:

Page 5: 116 год. LXVII 31 август 2011, среда · дина за трговија со материјал за вегетативно размножување на винова

31 август 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 116 - Стр. 5

- кој бил произеден во одговорност на одгледувачот согласно прифатените практики за оддржување на сор-тата и, каде што е применливо, на клонот и за заштита од болести,

- кој е наменет за производство на основен или сер-тифициран материјал за размножување,

- кој ги исполнува условите за категоријата предос-новен материјал за размножување согласно овој пра-вилник и

- каде со официјална проверка била откриено дека ги задоволува горенаведените услови.

б) основен материјал за размножување е материјал за размножување:

- кој бил произеден од иницијален материјал со од-говорност на одгледувачот согласно прифатените пра-ктики за оддржување на сортата (и каде што е примен-ливо, на клонот) и за заштита од болести,

- кој е наменет за производство на основен или сер-тифициран материјал за разможување,

- кој ги исполнува условите за категоријата основен материјал за размножување согласно овој правилник,

- каде со официјална проверка било потврдено дека ги задоволува горенаведените услови;

в) сертифициран материјал за размножување е ма-теријал за размножување:

- кој е добиен директно од основен материјал за разм-ножување или почетен материјал за размножување,

- кој е наменет за производство на садници-млади растенија или делови на растенија за употреба во про-изводство на репроматеријал, или за производство на грозје што ги исполнува условите за сертифициран ма-теријал за размножување согласно овој правилник и

- каде со официјална проверка било потврдено дека ги задоволува горенаведените услови;

г) стандарден материјал за размножување САС (Conformitas Agraria Communitatis):е материјал за размножување

- кој има идентитет и чистота на сортата, - кој е наменет за производство на садници-млади

растенија или делови на растенија за употреба во про-изводство на репроматеријал или за производство на грозје,

- кои ги исполнува условите согласно овој правил-ник за стандарден материјал за разможување и

- каде со официјална проверка била откриено дека ги задоволува условите поставени во оваа точка.

III. ПРОИЗВОДСТВО НА МАТЕРИЈАЛ ЗА РАЗМНОЖУВАЊЕ ОД ВИНОВА ЛОЗА

Член 4

Производители на саден материјал за лична употреба За производителите на саден материјал за лична

употреба кои произведуваат до вкупно 100 броја лозо-ви садници, упис во Регистерот на снабдувачи не е за-должителен согласно член 6 став 1 од Законот за се-менски и саден материјал за земјоделски растенија.

Член 5 Услови, начин и постапка за производство на офи-цијално сертифициран материјал за размножување

од винова лоза (1) Условите, начинот и постапките за производс-

тво на материјал за размножување и саден материјал од винова лоза се дадени во Прилог 1 кој е составен дел од овој правилник.

(2) Снабдувачот треба производството на материја-лот за размножување и саден материјал од винова лоза да го пријави до Управата и официјалниот орган за сертифицирање, со пријава за стручна контрола на про-изводството на материјал за размножување и саден ма-теријал од винова лоза, на образец со формат А4 во бе-ла боја, даден во Прилог 3 кој е составен дел од овој правилник.

(3) Снабдувачот го произведува материјалот за размножување под контрола и организација на офици-јалниот орган за сертифицирање. Снабдувачот треба да соработува со официјалниот орган за сертифицира-ње врз основа на меѓусебен писмен договор.

(4) Снабдувачот треба да ги следи и евидентира следните критични точки во процесот на производство, кои директно влијаат врз квалитетот на материјалот за размножување и садниот материјал:

- план и начин на производство; - квалитет на употребен материјал за размножување

во производството; - начин на сеење на семето, односно садење и пре-

садување на материјалот за размножување; - технологија на одгледување на матичните расте-

нија и растилата во расадникот; - начини и постапки за размножување на материја-

лот; - хемиски средства со кои се третира материјалот за

размножување и садниот материјал; - хигиена; - вид на амбалажа; - начин на пакување и етикетирање и - складирање, чување и транспорт. (5) Материјалот за размножување и садниот мате-

ријал од винова лоза треба да биде означен и одвоен од останатото меркантилно производство со заштитен по-јас од најмалку 3 метри. За време на производството материјалот за размножување треба постојано да биде одржуван без страна вегетација.

Член 6

Начин на водење на евиденција на производството

(1) Снабдувачот треба да води евиденција за офи-

цијално сертифицирани матични растенија од сите ка-тегории, со следните податоци: снабдувач (адреса, ре-гистарски број и датум на упис во регистарот); локаци-ја; скица на локацијата со вцртани матични растенија; категорија; здравствен статус; вид на матични растени-ја; потекло на употребениот материјал за матични рас-тенија; година и растојание на садење; податоци за официјално сертифицираните матични растенија по сорти, клонови, категорија, пакети, снопови во еден па-кет, садници во еден сноп, вкупен број на садници.

Page 6: 116 год. LXVII 31 август 2011, среда · дина за трговија со материјал за вегетативно размножување на винова

Стр. 6 - Бр. 116 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 31 август 2011

(2) Евиденцијата за матичните растенија треба да биде заверена и потпишана од снабдувачот и од одго-ворно лице на официјалниот орган за сертифицирање.

(3) Снабдувачот треба да води евиденција за произ-ведените матични растенија на бела хартија во А4 фор-мат секоја година, со податоци на образец даден во Прилог 9, кој е составен дел на овој правилник.

(4) Снабдувачот треба да води евиденција за произ-ведениот материјал за размножување и саден материјал на бела хартија во А4 формат секоја година, со подато-ци на образец дадени во Прилог 10 кој е составен дел на овој правилник.

(5) Снабдувачот со добивање на конечниот серти-фикат за трговија со материјал за размножување и са-ден материјал од винова лоза кој е произведен во Ре-публика Македонија може да го стави во трговија, на регистрираните продажни места за винова лоза.

Член 7

Здравствена исправност

(1) Материјалот за размножување и садниот мате-

ријал од винова лоза за да биде ставен во трговија, тре-ба да ја исполнува и здравствената исправност соглас-но прописите од областа за здравје на растенијата.

(2) Проверка и контролата на здравствената исправ-ност се врши од страна на овластена лабораторија за здравствена исправност на рaстенијата.

Член 8

Поблиски услови во однос на квалитетот

(1) Материјалот за размножување и саден материјал

од винова лоза за да биде ставен во трговија, треба да ги исполнува условите за квалитет, кои се дадени во Прилог 2, кој е составен дел од овој правилник.

(2) Земените мостри и извршените тестови за про-верка на квалитетот на материјалот за размножување и саден материјал од винова лоза треба да се вршат по-стојано за време на вегетацијата заради пратење на здравствената состојба на растенијата кои се пласираат на пазарот.

(3) Тестовите за проверка на квалитетот се вршат на:

- матични растенија кои се наменети за производс-тво на материјалот за размножување и саден материјал од винова лоза произведен во Република Македонија,

- материјалот за размножување и саден материјал од винова лоза произведен во Република Македонија,

- материјалот за размножување и саден материјал од винова лоза произведен во други земји,

- материјалот за размножување и саден материјал од винова лоза за органско производство.

IV.УСЛОВИ ЗА ПОДГОТОВКА ЗА ТРГОВИЈА СО МАТЕРИЈАЛ ЗА РАЗМНОЖУВАЊЕ И САДЕН

МАТЕРИЈАЛ

Член 9

Начин на пакување (1) Снабдувачот, материјалот за размножување и

садниот материјал може да го пласираат на пазар паку-ван во еден или повеќе пакети или снопови, ожилени ка-леми од винова лоза со исти карактеристики, наведени во Прилог 7, точка а) и точка б) кој е составен дел на овој правилник. Пакувањата или сноповите можат да би-дат споени заедно, на тој начин што спојувањето да биде направено така што ако при оштетувањето на спојува-њето да не може повторно да се спои на ист начин.

(2) Материјалот за размножување и саден материјал од винова лоза при ставање во трговија треба да е хо-моген, во запечатени пакувања.

(3) При пакување на материјалот за размножување и садниот материјал треба да се употребува амбалажа од материјали кои најсоодветно можат да го заштитат материјалот од оштетување при транспорт, манипула-ција и складирање.

Член 10

Форма и содржина на етикетата

(1) Материјалот за размножување и саден материјал

од винова лоза за да биде ставен во трговија треба да биде етикетиран. Етикетата треба да е направена од претходно не употребуван материјал и отпорна на вла-га. Содржината на етикетата треба да биде испечатена со неизбришлива, фотостабилна боја и напишана на македонски јазик. Димензијата на етикетата треба да изнесува 100 mm x 70mm.

(2) Во зависност од категоријата на материјалот за размножување и садниот материјал етикетата треба да биде со:

-Бела боја со дијагонална виолетова линија за пре-досновен материјал за размножување и саден матери-јал;

-Бела боја за основен материјал за размножување и саден материјал;

-Сина боја за сертифициран материјал за размножу-вање и саден материјал;

-Портокалова боја за стандарден (САС) материјал за размножување и саден материјал;

(3) Етикетата треба да ги содржи податоците наве-дени во Прилог 8 точка А) и точка Б) кој е составен дел на овој правилник.

(4) Етикетата треба да е прицврстена на надвореш-ната страна од пакетот или снопот со материјал за размножување или садениот материјал од винова лоза со помош на печат.

Page 7: 116 год. LXVII 31 август 2011, среда · дина за трговија со материјал за вегетативно размножување на винова

31 август 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 116 - Стр. 7

(5) Покрај етикетата наведена во став 1 од овој член, материјалот за размножување и садниот матери-јал од винова лоза треба да содржи придружни фитоса-нитарни документи, кои ја гарантираат здравствената состојба на растенијата согласно Правилникот за па-соши за растенија (*2).

Член 11

Начин на водење на евиденција на материјал за

размножување и саден материјал од винова лоза кој се става во трговија

Материјалот за размножување и садниот материјал

од вонова лоза можат да се стават во трговија само ако е зачуван неговиот идентитет до испорачување на крај-ниот потрошувач, на строго определени продажни ме-ста и ако:

1) Снабдувачот води евиденција за набавен матери-јал за размножување и саден материјал од винова лоза, на образец со формат А4 во бела боја, даден во Прилог 11 кој е составен дел од овој правилник;

2) Снабдувачот води евиденција за продаден мате-ријал за размножување и саден материјал од винова ло-за, на образец со формат А4 во бела боја, даден во Прилог 12 кој е составен дел од овој правилник;

3) Снабдувачот води евиденција за непродаден ма-теријал за размножување размножување и саден мате-ријал од винова лоза, на образец со формат А4 во бела боја, даден во Прилог 13 кој е составен дел од овој правилник.

V. СТРУЧНА КОНТРОЛА НА ПРОИЗВОДСТВО НА

МАТЕРИЈАЛ ЗА РАЗМНОЖУВАЊЕ И САДЕН МАТЕРИЈАЛ ОД ВИНОВА ЛОЗА

Член 12

Начин и постапка за вршење на стручна контрола на материјал за размножување и саден материјал од винова лоза и надлежности на официјалниот орган

за сертифицирање (1) Стручна контрола над производството на мате-

ријал за размножување и саден материјал, се врши врз основа на пријава поднесена од снабдувачот, најдоцна до 15 февруари во тековната година. Содржина на при-јавата за стручна контрола е дадена во Прилог 3 на овој правилник;

(2) Овластениот орган за сертифицирање врши нај-малку две стручни контроли на производството во те-кот на вегетацијата. Контролата се врши на матични растенија, материјалот за размножување и садениот материјал од винова лоза произведен во тековната го-дина;

(3) При стручните контроли се утврдува бројот на матичните растенија кои се во производство, состојба-та со нивната вегетативна развиеност и се врши про-ценка на количината на материјал за размножување кој може да се добие од нив;

(4) При стручните контроли се утврдува сортната чистота и вегетативната развиеност на садниот матери-јал, при што истовремено и се утврдува дали истиот ги исполнува условите наведени во Прилог 1 на овој пра-вилник;

(5) Стручните контроли се вршат со присуство на одговорното стручно лице за производство на матери-јал за размножување и саден материјал од винова лоза;

(6) За секоја стручна контрола на производството на материјалот за размножување и садниот материјал, овластениот орган за сертификација составува запис-ник, во два примерока, за извршена стручна контрола на производството на материјал за размножување и са-ден материјал од винова лоза, на образец со формат А4 во бела боја, даден во Прилог 4 кој е составен дел од овој правилник;

(7) Овластениот орган за сертифицирање врши кон-трола на категоријата и квалитетот на сортата, сортна-та и клонската чистота, како и здравствената исправ-ност на материјалот за размножување и саден матери-јал од винова лоза;

(8) Овластениот орган за сертифицирање го контро-лира производството на материјал за размножување од подигање на матични насади, одгледување на матични-те насади, берба на делови од винова лоза, калемење, стратификување, производство на саден материјал во вкоренилиште, вадење на садниците, пакување и етике-тирање на материјал за размножување;

(9) На крајот од производството овластениот орган за сертифицирање издава сертификат за извршена стручна контрола на производството на материјалот за размножување и саден материјал од винова лоза, на образец со формат А4 во бела боја, даден во Прилог 5 кој е составен дел од овој правилник;

(10) Снабдувачот ги доставува записникот и серти-фикатот за извршена стручна контрола за производс-твото на материјалот за размножување и садниот мате-ријал од винова лоза , како и соодветниот документ со кој се потврдува здравствената состојба на материјалот за размножување до Управата, за издавање на Серти-фикат за конечно сертифициран материјал за размно-жување и саден материјал од винова лоза, на образец со формат А4 во бела боја, даден во Прилог 6 кој е со-ставен дел од овој правилник;

(11) Овластениот орган за сертифицирање за вршење на стручна контрола на насади на материјал за размно-жување и саден материјал од винова лоза, до Управата доставува годишен извештај за извршените стручни кон-троли согласно член 17, став 2 од Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија.

VI.УВОЗ НА МАТЕРИЈАЛ ЗА РАЗМНОЖУВАЊЕ И

САДЕН МАТЕРИЈАЛ ОД ВИНОВА ЛОЗА

Член 13

Услови за увоз на материјал за размножување и саден материјал од винова лоза

Покрај исполнување на условите од членовите 26 и

27 од Законот за семенски и саден материјал за земјо-делски растенија, снабдувачот треба да достави изве-штај за увезените количества на материјал за размно-жување и саден материјал од вид и категорија наведени во член 3 од овој правилник до Управата, најдоцна 30 дена од денот на увозот.

Page 8: 116 год. LXVII 31 август 2011, среда · дина за трговија со материјал за вегетативно размножување на винова

Стр. 8 - Бр. 116 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 31 август 2011

Член 14

Увоз на саден материјал од винова лоза во орги-

нално пакување за лична употреба

Саден материјал во оргинално пакување за лична

употреба може да се увезува согласно член 29 од Закон

за семенски и саден материјал од земјоделски растени-

ја и тоа најмногу во количество до 30 броја.

VII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 15

Преодни одредби

Матичните растенија од категорија САС, одбрани и

признати согласно Правилникот за постапката за одби-

рање и признавање на матични растенија и насади за

производство на земјоделски саден материјал („Служ-

бен весник на СРМ“ бр. 13/76), се смета дека ги испол-

нуваат условите за матични растенија согласно овој

правилник, до 30 септември 2012 година.

Член 16 Престанок на важноста на прописите

Со денот на влегувањето во сила на овој правилник

престануваат да се применуваат Правилникот за нор-мите на квалитетот, пакувањето, пломбирањето и дек-ларирањето на садниот материјал на земјоделски рас-тенија („Службен весник на СРМ“ бр. 45/75), Правил-никот за утврдување на сортната чистота на земјодел-скиот саден материјал („Службен весник на СРМ“ бр. 13/76) и Правилникот за постапката за одбирање и признавање на матични растенија и насади за произ-водство на земјоделски саден материјал („Службен весник на СРМ“ бр. 13/76).

Член 17

Влегување во сила на правилникот

Овој правилник влегува во сила осмиот ден од де-

нот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

Бр. 18-265/3

1 август 2011 година Министер, Скопје Љупчо Димовски, с.р.

(1)Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија” бр. 29/05, 81/08, 20/09,

57/10 и 17/11) усогласен со Директивата 2000/29/ЕЗ на Советот на Европската Унија од 8 мај за воведување на

заштитни мерки против штетните организми на растенијата или растителните производи и нивно ширење во

Заедницата, CELEX брoj 32000L0029.

(2) Правилник за пасоши за растенија(„Службен весник на Република Македонија” бр. 131/10) ) усогласен

со Директивата 2000/29/ЕЗ на Советот на Европската Унија од 8 мај за воведување на заштитни мерки против

штетните организми на растенијата или растителните производи и нивно ширење во Заедницата, CELEX брoj

32000L0029 и Директивата 92/105/ ЕЗ од 3 декември 1992 година за воведување на степен на стандардизација

за пасош за растенија, кој се користи за движење на одредени растенија, растителни производи или други обје-

кти во Заедницата и воведување на детални процедури поврзани со издавањето на вакви пасоши за растенија и

условите и деталните процедури за нивна замена, CELEX брoj 31992L0105.

Page 9: 116 год. LXVII 31 август 2011, среда · дина за трговија со материјал за вегетативно размножување на винова

31 август 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 116 - Стр. 9

Page 10: 116 год. LXVII 31 август 2011, среда · дина за трговија со материјал за вегетативно размножување на винова

Стр. 10 - Бр. 116 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 31 август 2011

Page 11: 116 год. LXVII 31 август 2011, среда · дина за трговија со материјал за вегетативно размножување на винова

31 август 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 116 - Стр. 11

Page 12: 116 год. LXVII 31 август 2011, среда · дина за трговија со материјал за вегетативно размножување на винова

Стр. 12 - Бр. 116 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 31 август 2011

Page 13: 116 год. LXVII 31 август 2011, среда · дина за трговија со материјал за вегетативно размножување на винова

31 август 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 116 - Стр. 13

Page 14: 116 год. LXVII 31 август 2011, среда · дина за трговија со материјал за вегетативно размножување на винова

Стр. 14 - Бр. 116 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 31 август 2011

Page 15: 116 год. LXVII 31 август 2011, среда · дина за трговија со материјал за вегетативно размножување на винова

31 август 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 116 - Стр. 15

Page 16: 116 год. LXVII 31 август 2011, среда · дина за трговија со материјал за вегетативно размножување на винова

Стр. 16 - Бр. 116 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 31 август 2011

Page 17: 116 год. LXVII 31 август 2011, среда · дина за трговија со материјал за вегетативно размножување на винова

31 август 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 116 - Стр. 17

Page 18: 116 год. LXVII 31 август 2011, среда · дина за трговија со материјал за вегетативно размножување на винова

Стр. 18 - Бр. 116 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 31 август 2011

Page 19: 116 год. LXVII 31 август 2011, среда · дина за трговија со материјал за вегетативно размножување на винова

31 август 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 116 - Стр. 19

Page 20: 116 год. LXVII 31 август 2011, среда · дина за трговија со материјал за вегетативно размножување на винова

Стр. 20 - Бр. 116 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 31 август 2011

Page 21: 116 год. LXVII 31 август 2011, среда · дина за трговија со материјал за вегетативно размножување на винова

31 август 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 116 - Стр. 21

Page 22: 116 год. LXVII 31 август 2011, среда · дина за трговија со материјал за вегетативно размножување на винова

Стр. 22 - Бр. 116 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 31 август 2011

Page 23: 116 год. LXVII 31 август 2011, среда · дина за трговија со материјал за вегетативно размножување на винова

31 август 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 116 - Стр. 23

Page 24: 116 год. LXVII 31 август 2011, среда · дина за трговија со материјал за вегетативно размножување на винова

Стр. 24 - Бр. 116 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 31 август 2011

www.slvesnik.com.mk [email protected]

Издавач: ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ц.о.-Скопје бул. "Партизански одреди" бр. 29. Поштенски фах 51. Директор и одговорен уредник - Тони Трајанов. Телефон: +389-2-55 12 400. Телефакс: +389-2-55 12 401. Претплатата за 2011 година изнесува 10.100,00 денари. „Службен весник на Република Македонија“ излегува по потреба. Рок за рекламации: 15 дена. Жиро-сметка: 300000000188798. Депонент на Комерцијална банка, АД - Скопје. Печат: ГРАФИЧКИ ЦЕНТАР ДООЕЛ, Скопје.