2-Инфлација

16
УНИВЕРЗИТЕТ "ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ" ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ - ШТИП СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ ОСНОВИ НА ЕКОНОМИЈА Тема: ИНФЛАЦИЈА Ментор: Кандидат: Проф.д-р Љупчо Блажевски Славица Ефтимова индекс:071293

Upload: a-

Post on 08-Feb-2016

48 views

Category:

Documents


3 download

DESCRIPTION

с

TRANSCRIPT

Page 1: 2-Инфлација

УНИВЕРЗИТЕТ "ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ"

ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ - ШТИП

СЕМИНАРСКА РАБОТА

ПО ПРЕДМЕТОТ ОСНОВИ НА ЕКОНОМИЈА

Тема:

ИНФЛАЦИЈА

Ментор: Кандидат:

Проф.д-р Љупчо Блажевски Славица Ефтимова

индекс:071293

Page 2: 2-Инфлација

Штип, Ноември, 2011

СОДРЖИНА

Краток извадок (Abstract)..............................................................................3

Abstract.............................................................................................................4

1. Вовед............................................................................................................5

2. Инфлација - поим, суштина, видови.......................................................6

2.1Видови инфлација од аспект на интензитетот на инфлација...........6

4. Трошоци од инфлацијата.........................................................................8

5. Основи видови на инфлација од аспект на причините што ја усло-

вуваат..............................................................................................................10

5.1 Инфлација од страна на побарувачката..............................................10

5.2 Трошочна инфлација..............................................................................10

5.3 Стагфлација.............................................................................................11

6. Инфлација во Македонија.......................................................................12

Фактори за движењето на инфлацијата во 2010 година.......................14

7.Заклучок (Concluding remark)..................................................................15

Користена литература( References)..........................................................16

2

Page 3: 2-Инфлација

Краток извадок (Abstract)

Во овоаа семинарска работа, најнапред ќе го дефинираме поимот

инфлација. Потоа ќе говориме за детерминантите на инфлацијата, односно за

различните типови инфлација. Посебно внимание ќе посветиме на

последиците (трошоците и користите) од инфлацијата. Бидејќи генерално

инфлацијата, особено високата инфлација, е негативна економска појава,

економско - политичките власти преземаат соодветни мерки за нејзино држење

под контрола. Во тој поглед, особено значајна е улогата на монетарната

политика, чија основна директна цел е постигнување стабилност на

националната валута, односно имплицитно одржување на релативна

стабилност на општото ниво на цените. На крај ќе говориме за инфлацијата во

Македонија во 2010 година како и за факторите за нејзиното движење.

Клучни зборови: индексот на потрошувачките цени, умерена инфлација,

галопирачка инфлација, хиперинфлација

3

Page 4: 2-Инфлација

Abstract

In this seminary, first we will define the notion of inflation. Then we will talk

about the determinants of inflation, regarding for different types inflation. Particular

attention will be devoted to the consequences (costs and benefits) of inflation. For

general inflation, particularly high inflation is negative economic phenomenon,

economic - political authorities take appropriate measures to control posture. In this

regard, particular importance is the role of monetary policy, whose immediate goal is

to achieve stability of national currency, or implicitly maintain relative stability in the

general price level. Finally, we will talk about inflation in Macedonia in 2010 and the

factors of its movement.

Key words: Consumer price index, moderate inflation, galloping inflation, hyper

inflation

4

Page 5: 2-Инфлација

1. Вовед

Инфлацијата е најсложена и најкомплексна економска појава. Постои

во сите земји со пазарно стопанство, но повеќе во земјите во транзиција во

периодот на трансформација кон пазарна економија. Инфлацијата е

состојба во стопанството кога паричните фондови ги надминуваат

стоковните фондови при што доаѓа до подигање на општото ниво на

цените. Од аспект на висината на стапката и развојната динамика,

инфлацијата може да биде: умерена, галопирачка и хиперинфлација. Во

современи услови се смета дека зголемувањето на количеството на пари

води до намалување на куповната способност на прите. Од друга страна

пак, се смета дека причината произлегува од недостиг на општото

предлагање.

Вториот смисол на поимот инфлација кој бил прифатен до крајот на

19 век, означува зголемување на количеството пари во економијата. Секое

ново количество на пари се користи за размена на добра и услуги.

Зголемувањето на количеството пари означува покачување на

побарувачката на добра од страна на оние побарувачи кои први ги

придобиваат новите пари.

Инфлацијата најчесто се мери преку индекс на општото ниво на

цени, од кои најчесто со помош на CPI 1 или cunsomer price index. Овој

индекс го вклучува трошоците потребни за сите добра и услуги на едно

просечно урбано семејство во рок од една година. Инфлацијата упростено

е процентуална промена на општото ниво на цените.

1CPI – consumer price index – Со овој индекс се пресметуваат трошоците на живот во многу земји и се земаат цените на добрата и услугите што ја сочинуваат т.н потрошувачка кочничка( добрата неопходни за опстанок на четери члено семејство).

5

Page 6: 2-Инфлација

2. Инфлација - поим, суштина, видови

Инфлацијата влегува во редот на најсложените економмски појави.

Постои во сите земји со пазарно стопанство, но и во сите земји во

транзиција. Луѓето се плашат од галопирачка инфлација бидејки таа

придонесува за постојано зголемување на цените на производите и

услугите и го намалува нивниот животен стандард.

Хиперинфлацијата пак иако е ретка појава доколку се јави го

разорува економското ткиво на земјата. Порастот на цените на сите стоки и

услуги го оневозможува работењето на претпријатијата , а животот на

најголемиот број на луѓе го прави неподнослив. Инфлацијата е состојба во

стопанството кога паричните фондови ги надминуваат стоковите фондови

поради што доаѓа до подигање на општото ниво на цените. Практично

општото ниво на цените се мери преку пресметување на индекси на

цените. Најпознат индекс на цените преку кој се мери општото ниво на

цените, односно инфлацијата е индексот на потрошувачките цени или кај

нас се нарекува индекс на цените на мало.

ниво на цени (t) - ниво на цени (t-1)

IR= ––––––––––––––––––––––––––––––––––– x 100

ниво на цени (t-1)

2.1 Видови инфлација од аспект на интензитетот

на инфлација

Од аспект на висината на стапката и развојната динамика,

инфлацијата може да биде умерена, галопирачка и хиперинфлација.

6

Инфлација

Хиперинфлација Индекс на трошоците за живот

Галопирачка инфлација

Умерена инфлација

Трошоци од распределба на доходоти богатството

Page 7: 2-Инфлација

УМЕРЕНА ИНФЛАЦИЈА - при умерена инфлација стапката на

инфлација на годишно ниво е едноцифрена. Ваков тип на инфлација имаат

скоро сите високоразвиени земји со пазарна економија. Цените на стоките

и услугите покажуваат релативно висока стабилност, а со тоа и

националната парична единица манифестира релативно висока

стабилност. Луѓето имаат доверба во парите бидејќи знаат дека тие во и во

догледно време ќе имаат горе долу иста вредност. Затоа во економиите со

умерена инфлација не се троши време и други ресурси за замена на

парите во друг имот, односно во недвижности.

ГАЛОПИРАЧКА ИНФЛАЦИЈА - при овој вид на инфлација цените

почнуваат брзо да растат и годишната стапка на нифлацијата станува во

почетокот двоцифрен, а подоцна и трицифрен - 20, 50, 100 или 200 и

повеќе. Кога стопанството ќе навлезе во галопирачка инфлација таа се

потхранува самата себеси, зема внатрешен замав, почнува брзо да расте и

тешко да се контролира, особено кога стапката на инфлација на годишно

ниво ќе достигне троцифрен износ, односно ќе надмине 100%. Овој тип на

инфлација веќе продуцира сериозни тешкотии во стопанството. Брзиот

раст на цените ги обезвреднува парите.Луѓето ја губат довербата во

националната парична единица и настојуваат да се ослободат од парите -

најчесто складираат разновидни стоки или пак купуваат недвижности.

Договорите во себе содржат клаузула за индексираење со што се настојува

да се ублажат негативните последици од обезвреднувањето на домашната

парична единица.Каматните стапки често пати навлегуваат во зоната на

негативни вредности.На пример ако номиналната каматна стапка во

стопанството е 10%, а инфлацијата неочекувано достигне 15%, реалната

каматна стапка е -5%.

ХИПЕРИНФЛАЦИЈА - ова е најсериозната и најопасната форма на

инфлација кога цените растат милион или дури и милијарда годишно.Во

економската историја најпознати се хиперинфлациите во Германија,

Унгарија, а во пново време и во СР Југославија. Непосредно после Првата

светска војна поразената Германија мораше да плаќа големи репарации за

7

Page 8: 2-Инфлација

воените штети. Во такви услови германската влада до крај ги ослободи

монетарните кочници и почна неконтролирано да печати пари. Тоа

предизвика стравотна хиперинфлација. За неполни две години, од

почетокот на 1992 година па негде при крајот на 1993година индексот на

цени порасна од 1 на 10.000.000.000 . Обезвреднувањето на парите беше

енермно, ако на почетокот на 1992година поседувавте акции вредни 300

милиони долари, две години подоцна со нив не можевте да купите ни една

бонбона.Во нормални услови луѓето одат на пазар со пари во џебот и ги

полнат корпите со најразновидни производи. Во хиперинфлацијата морате

да појдете на пазар со полни корпи пари за да можете да купите неколку

производи. Последиците од хиперинфлацијата беа катастрофални.Таа

предизвика страшна распределба на националното богатство, силно ги

искриви релативните цени, комплетно го разора монетраниот систем на

земјата и дефинитивно го донесе Хитлер на власт.

4. Трошоци од инфлацијата

Навистина е тешко да се утврдат сите ефекти и трошоци што

произлегуваат од една сложена појава како што е инфлацијата. Какви ќе

бидат трошоците од инфлацијта најпрвин зависи од тоа дали е таа

очекувана или неочекувана.

Очекувана инфлација е онаа која сите групи и индивидуи во

економијата можат да ја предвидат и да се заштитат себеси од негативните

ефекти кои таа ги предизвикува. Обратно стојат работите со неочекуваната

инфлација.

Доколку инфлацијата е очекувана и врамнотежена таа скоро и да не

предизвикува посебни негативни ефекти.На пример, во едно стопанство

цените на стоките секоја година растат за 5% луѓето и за следната година

очекуваат 5% пораст на општото ниво на цените и нема никого да го

изненади. Ќе им се зголемат трошоците за храна, облека, стан, огрев,

здравство, но за 5% ќе се зголемат и нивните доходи, за 5% ќе пораснат и

номиналните камтни стапки, поради што никој нема да осиромаши, имотите

на луѓето ќе ја задржат истата реална вредност. Но во практиката

8

Page 9: 2-Инфлација

инфлацијата многу почесто е неочекувана и тогаш предизвикува големи

тешкотии.

Во економската литература вообичаено трошоците се

класифицираат на следниов начин:

• трошоци од прераспределба на доходот - во услови на инфлација

највеќе губат луѓето што имаат фиксни,непроменливи доходи, односно

примања. Таков е случајот на пример, со вработените во јавната

администрација: чиновници, офицери, полицајци. Во услови на инфлација

редовно губат и доверителите, а добиваат должниците. Ако замислиме

дека должиме 100 000 парични единици и дека нашата годишна рата е

10.000 паришни единици. Ако дојде до неочекувана инфлација, до општ

пораст на цените, нашата рата и понатму ќе остане 10.000 парични

единици, кои заради инфлацијата реално вредат помалку, а згора на тоа

нашите примања ќе пораснат и долгот ќе го вратиме многу полесно. Во

услови на инфлација добиваат работниците кои се организирани во силни

синдикати, а губат оние кои се синдикални неорганизирани.

• трошоци во однос на бруто-националниот производ - економските

испитувања, а и практиката на земјите со развиено пазарно стопанство

потврдуваат дека директните загуби во бруто национаниот производ

условени од инфлацијата не се многу големи. Умерената инфлација скоро

и да не предизвикува загуби во производството, а доколку се јават тие

често се незначителни. Хиперинфлацијата во Германија предизвика

помали загуби во GNP на земјата во споредба со Големата светска

економска криза од 1929-1933 год. Но т.н индиректни трошоци од

инфлацијата се големи. Станува збор за трошоците односно намалувањето

на бруто националниот производ на земјата, што се условени од напорот

високата стапка на инфлација да се доведе на ниска, едноцифрена

инфлација.За да тоа се направи државата мора силно да ја намали масата

пари во оптек, понатаму буџетската потрошувачка, а често треба да ги

замрзне и платите на вработените. Тоа предизвикува силно опаѓање на

брутонационалниот производ. Така на пример, Република Македонија во

периодот 1992-96год. изгуби скоро половина од својот брутонационален

производ - тоа беше цена што мораше да се плати за за да стапката на

инфлација од скоро 2000% на годишно ниво се врати на 5-6%

9

Page 10: 2-Инфлација

• други трошоци од инфлацијата - промените на цените во време на

инфлација ги предизвикуваат и т.к " menu costs ". Имено заради промена

на цените на јадењата и пијалоците рестораните мораат да печатат нови

мени, трговците да ги менуваат етикетите со цените на сите производи што

ги продаваат, заради губењето на вредноста на металните апоени,

неопходно е да се штелуваат автоматите за продажба на освежителни

пијалоци, кафе и цигари, мораат исто така да се штелуваат и таксиметрите.

5. Основи видови на инфлација од аспект на причините што

ја условуваат

5.1 Инфлација од страна на побарувачката

Овој вид на инфлација е условен од промените т.н шокови на страна

на агрегатната побарувачка во економијата. Овој вид настанува кога доаѓа

до пораст на агрегатната побарувачка над производниот потенцијал на

стопанството. Зошто во стопанството доаѓа до пораст на агрегатната

побарубачка? Причини можат да бидат промените во монетарниот или во

реалниот сектор. Промените во монетарната политика, односно печатење и

емисија на дополнителни количини пари - "монетарни дождови". Постојат

економисти кои што веруваат дека инфлацијата, на долг рок секогаш и

насекаде е монетарен феномен. Но, инфлацијата на страна на

побарувачката без сомнение може да биде условена и од промената на

реалните фактори: зголемена потрошувачка на државата(фискални

дефицити), зголемување на инвестициите на претпријатија и друго. Сите

овие фактори ја зголемуваат агрегатната побарувачка што може да биде

причина за инфлација.

5.2 Трошочна инфлација

Настанува како резултат на пораст на производните трошоци на

претпријатијата во прв ред на наемнините на работниците, понатаму на

цените на увозните суровини и друго.Наемнините на работниците во

современите пазарни стопанства растат и во услови кога постои висока

стапка на невработеност и недоволна искористеност на другите

производни капацитети. Ваквиот феномен прв пат се јавува по Големата

10

Page 11: 2-Инфлација

светска економска криза. Многу економисти причините за тоа ги гледаат во

злоупотребата на монополската моќ од страна на синдикатите. Имено

работниците преку своите синдикати, за да го задржат реалното ниво на

платите,постојано бараат зголемување на наемнините. Ако работниците

бараат зголемување на платите за 5% и ако таквото барање им биде

задоволено од страна на работодавачите, тоа ќе предизвика пораст на

производните трошоци на претпријатието.

Зголемените производни трошоци ќе бидат вградени во цените на

финалните производи, односно ќе ги зголемат цените на производите и

услугите, вклучувајќи ги, се разбира и цените на средствата за животот на

работниците. Тоа ќе покрене ново барање на синдикатите за зголемување

на платите, за да се задржи нивното реално ниво, што потоа повторно ќе се

одрази на висината на цените на стоките и услугите.

5.3 Стагфлација

Повоениот економски раст во земјите со пазарна економија одеше

по една нагорна линија се до крајот на 60-те и почетокот на 70-те години.

Релативно високите и стабилни стапки на пораст на бруто националниот

производ во овој период предизвикува инфлаторен притисок кој се

сметаше за нормална,придружна појава на динамичниот стопански раст и

развој. Меѓутоа на преодот од 60-тите во 70-тите години, за прв пат се јави

феноменот на стагфлација - инфлација истовремено придружена со

релативно висока невработеност и ниски, па дури и стагнантни стапки на

движење на производството.2 Економската теорија со тек на време

утврдила дека причините за стагфлација треба да се бараат во веќе

консолидарните монополистички структури на пазарите, во постоењето на

моќни синдикати и во постоењето на државна интервенција од

дефицитарен карактер.

2Како најгоелма причина за огромниот пораст на цените претставуваат двата нафтени шока, едниот 1973/1974 и втроиот 1979/1980 год. Кои го приредиле земјите извознички на нафта ОПЕК и со тоа повеќекратно ја зголемија цената на нафтата и предизвикаа сероизни потреси на светската економска сцена. Релативната цена на нафтата се зголеми речиси трипати.

11

Page 12: 2-Инфлација

6. Инфлација во Македонија

Просечната стапка на инфлација во 2010 година изнесуваше 1.6%

( негативна стапка од 0.8% во 2009 година). Притоа, најзначителен ефект

врз инфлацијата имаа растечките цени на енергијата, а во втората

половина на годината и зголемените цени на храната на глобалниот пазар.

Во услови на постепено закрепнување на глобалната побарувачка и

шокови на страната на понудата, во текот на 2010 година цените на

енергентите и на храната почнаа забрзано да растат. Растот на

инфлацијата во домашната економија постојано забрзуваше во текот на

годината. Во првата половина на годината, просечната годишна инфлација

изнесуваше 0.8%, предизвикана од зголемувањето на цената на

електричната и топлинската енергија и растот не светските цени на

нафтата. Во овој период, цените на храната и понатаму се намалуваа,

неутрализирајќи дел од растот на цените на енергентите. Растот на

домашната инфлација забрза во втората половина на годината и достигна

2.3%. Имено, растечката динамика на светските цени на енергијата беше

надополнета со растот на светските цени на храната, што постепено се

пренесе и врз домашните цени. Во понатамошниот текст селудува табела3

за промените во цените на одделни добра и услуги по категории

процентуално.

3Извор: Државен завод за статистика и пресметки на НБРМ, Годишен извештај за работењето на НБРМ во 2010 година , стр. 38

12

Page 13: 2-Инфлација

Вкупниот придонес на промените на цените на прехранбената

компонента од инфлацискиот индекс во 2010 година беше незначителен.

Така, во текот на 2010 година, цените на храната забележаа минимален

просечен раст од 0,3% во однос на 2009 година и придонесоа со 0,1 процентен

поен за вкупната промена на потрошувачките цени. Гледано по поткомпоненти,

ваквиот раст во целост произлегува од зголемените цени на преработената

храна (главно на месото и растителните масти), во услови на намалени

просечни цени на свежата храна (мелено жито, јајца и риба). Динамичката

анализа покажува различни движења на оваа компонента во текот на годината,

односно негативни годишни стапки на промена на цените од прехранбената

компонента во првата половина на 2010 година и нивно зголемување во

вториот дел од годината. Намалувањето на домашните цени на храната во овој

период соодветствуваше со истовремениот пад на странските ефективни цени

на храната од 2,4%. Ваквите годишни стапки карактеристични за првата

половина на 2010 година главно се објаснуваат со базниот ефект (повисока

споредбена основа од првата поливина на 2009 година). Од друга страна,

постојаниот раст во втората половина на годината е комбинација од базниот

ефект и од растот на цените на храната, согласно со растот на светските и

странските ефективни цени на храната (види прилог 2 за влијанието на базните

ефекти и ценовната динамика врз инфлацијата).

13

Page 14: 2-Инфлација

Фактори за движењето на инфлацијата во 2010 година

Годишната промена на потрошувачките цени во втората половина

на 2009 година постојано се одржуваше во негативна зона. Од почетокот

на 2010 година дојде до годишен раст на инфлацијата, којшто се засили во

текот на годината. Всушност, годишната стапка на промена на вкупниот

индекс на потрошувачки цени од -1,6%, колку што изнесуваше во декември

2009 година, достигна 3% во декември 2010 година. Слична динамика

забележа и базичната инфлација, односно вкупната инфлација со исклучување

на храната и енергијата.

Ваквите промени во динамиката на инфлацијата, во основа,

произлегуваат од два фактора: 1) пренесен раст (ефект од споредбена

основа)25, при што во втората половина на 2009 година, нивото на цените се

намали, под влијание на намалувањето на светските цени, по нивниот висок

раст во дел од 2008 година, а во согласност со глобалните рецесиски

тенденции и 2) новиот раст на цените, пред с на храната и енергијата во 2010ѐ

година, предизвикан од негативните шокови на страната на понудата и

истовремениот раст на глобалната побарувачка. Во рамките на овој прилог

правиме расчленување на годишниот раст на инфлацијата во 2010 година

на пренесена инфлација и на нов раст на цените во текот на годината.

14

Page 15: 2-Инфлација

7.Заклучок (Concluding remark)

Поимот инфлацијата е глобален феномен,кој пред се се должи на

зголемувањето на цените на храната и на енергенсите. Таа постои во сите

земји со пазарно стопанство, но и во сите земји во транзиција. За жал од

претходно наведеното можеме да заклучиме дека главна и основна причина за

инфлацијата е лошата политика или лошите политичари.

Инфлацијата е економско пореметување со кое државата мора да се

бори. Ако инфлацијата ја посматраме како вишок на побарувачката над

понудата јасно е дека државата влијае на смалување на побарувачката на

различни начини. Но право и единствено решение е воведување

антиинфлаторна политика, која опфаќа рестриктивна монетарна и фискална

политика во бараната комбинација. Неопходно е да се покаже на граѓаните

дека сите во државата подеднакво носат опоравување на времето, а не само

работникот кој издвојува високи даноци од своите и така мали плати, со тоа се

постигнува потребниот социјален мир кој е неопходен за опоравување на

државата од инфлација.

Кога станува збор за Македонија влегувањето во НАТО и ЕУ треба да

има позитивен ефект, посебно за економијата и стабилноста, со што голем број

странски инвеститори би се одлучиле да инвестираат во земјата и би се

забрзал економскиот раст, а воедно тоа би придонело и за намалување на

високата стапка на невработеност.

15

Page 16: 2-Инфлација

Користена литература ( References)

• Извештај за движењето на инфлацијата, симнато од Официјалната

веб страна на државниот завод за статистика на Република

Македонија, на ден 23.11.2011год.

www.stat.gov.mk

• Годишен извештај за работењето на НБРМ во 2010 година, симанто,

од официјалната веб страна на Народна банка на Република

Македонија, на ден 22.11.2011год.

www.nbrm.gov.mk

• Фити Т (2004), Макроекономија,Универзитет Св.`` Кирил и Методиј``

Економски факултет, Скопјe, 156-166стр.

16